trimese~en izve{taj za rabota na...3 беше побаран од страна на ifac...

12
1 ПРЕДЛОГ Врз основа на член 7 став 1 алинеа 16, член 15 став 14 алинеа 5 и член 16 став 6 алинеа 14 од Статутот на Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ), а во врска со член 19 од Законот за ревизија, Собранието на ИОРРМ на седницата одржана на ______.2014 година, усвои Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2013 година Содржина I. Резиме II. Активности на телата на ИОРРМ Собрание Управен одбор Надзорен одбор Комисии на ИОРРМ III. Финансиски информации I. Резиме Институтот на овластени ревизори на РМ доби статус на полноправна членка на IFAC, за што се одлучуваше на седницата на Собранието на IFAC што се одржа на 13 и 14 ноември 2013 година во Сеул, Јужна Кореја. Институтот на овластени ревизори на РМ во 2013 година спроведe настани за континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластените ревизори. Во рамките на Годишната програма за КПУ за 2013 година беа спроведени 9 настани за КПУ или вкупно 72 часа, за да им се овозможи на овластените ревизори да ја исполнат законската обврска да посетуваат најмалку 120 часа за период од три години, односно најмалку 30 часа годишно во рамките на континуирано професионално усовршување од областа на сметководството и ревизијата, согласно член 28 од Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011). За одржување на предавања на темите што беа предвидени во Годишната програма за КПУ за 2013 година се пријавија и беа поканети предавачи од Народна банка на РМ, НЛБ Нов Пензиски Фонд ад Скопје, Економски факултет Скопје, овластени ревизори и претставници на друштвата за ревизија, како и предавачи со други меѓународни сертификати. Вкупно беа опфатени 36 различни теми. Предавањата се однесуваа на континуирано професионално образование (меѓународни сметководствени стандарди, меѓународни стандарди за финансиско известување, меѓународни стандарди за ревизија, законска регулатива, контрола на квалитетот на ревизорските услуги, Кодекс на етика за професионалните сметководители) и континуирано професионално усовршување (актуелни теми). Од 25 до 29 ноември 2013 година, се одржа практичен семинар на тема ‘Практична примена на Меѓународните стандарди за ревизија‘, во времетраење од 5 дена за кои што се признаваа 10 КПУ часови. Спроведувањето на семинарот беше поддржано од страна на Францускиот конзорциум (CNSS и CSOEC). Во мај/јуни 2013 година се одржа обука за предметот Законска регулатива во времетраење од 20 часа. На обуката присуствуваа 13 кандидати за полагање на испитот.

Upload: others

Post on 23-Feb-2020

33 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

1

ПРЕДЛОГ

Врз основа на член 7 став 1 алинеа 16, член 15 став 14 алинеа 5 и член 16 став

6 алинеа 14 од Статутот на Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ), а во

врска со член 19 од Законот за ревизија, Собранието на ИОРРМ на седницата одржана

на ______.2014 година, усвои

Годишен извештај за работа на

Институтот на овластени ревизори на РМ за 2013 година

Содржина

I. Резиме

II. Активности на телата на ИОРРМ

Собрание

Управен одбор

Надзорен одбор

Комисии на ИОРРМ

III. Финансиски информации

I. Резиме

Институтот на овластени ревизори на РМ доби статус на полноправна членка на

IFAC, за што се одлучуваше на седницата на Собранието на IFAC што се одржа на 13

и 14 ноември 2013 година во Сеул, Јужна Кореја.

Институтот на овластени ревизори на РМ во 2013 година спроведe настани за

континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластените ревизори. Во

рамките на Годишната програма за КПУ за 2013 година беа спроведени 9 настани за

КПУ или вкупно 72 часа, за да им се овозможи на овластените ревизори да ја

исполнат законската обврска да посетуваат најмалку 120 часа за период од три

години, односно најмалку 30 часа годишно во рамките на континуирано

професионално усовршување од областа на сметководството и ревизијата, согласно

член 28 од Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011). За

одржување на предавања на темите што беа предвидени во Годишната програма за

КПУ за 2013 година се пријавија и беа поканети предавачи од Народна банка на РМ,

НЛБ Нов Пензиски Фонд ад Скопје, Економски факултет – Скопје, овластени ревизори

и претставници на друштвата за ревизија, како и предавачи со други меѓународни

сертификати. Вкупно беа опфатени 36 различни теми. Предавањата се однесуваа на

континуирано професионално образование (меѓународни сметководствени стандарди,

меѓународни стандарди за финансиско известување, меѓународни стандарди за

ревизија, законска регулатива, контрола на квалитетот на ревизорските услуги,

Кодекс на етика за професионалните сметководители) и континуирано професионално

усовршување (актуелни теми).

Од 25 до 29 ноември 2013 година, се одржа практичен семинар на тема

‘Практична примена на Меѓународните стандарди за ревизија‘, во времетраење

од 5 дена за кои што се признаваа 10 КПУ часови. Спроведувањето на семинарот

беше поддржано од страна на Францускиот конзорциум (CNSS и CSOEC).

Во мај/јуни 2013 година се одржа обука за предметот Законска регулатива во

времетраење од 20 часа. На обуката присуствуваа 13 кандидати за полагање на

испитот.

2

Институтот на овластени ревизори на РМ во 2013 година спроведе две сесии за

полагање на испитот за стекнување на звањето ревизор, кои што беа спроведени

во јуни/јули и декември 2013 година. Во двете испитни сесии, 4 (четири) кандидати

го положија испитот за стекнување на звањето ревизор и се стекнаа со уверение за

ревизор, издадено од страна на ИОРРМ.

Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги усвои Извештај

за проверките за контрола на квалитетот спроведени во согласност со Годишниот

план за контрола на квалитетот за 2012 година. Извештајот беше доставен до

Собранието на ИОРРМ и до Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Во

согласност со Правилникот за начинот и постапката на контрола на квалитетот на

друштвата за ревизија и на овластен ревизор – трговец поединец, Комисијата за

контрола на квалитетот на ревизорските услуги усвои Годишен план за контрола на

квалитет за 2013 година. Во февруари 2013 година, ИОРРМ вработи втор контролор

на квалитет. Во септември 2013 година, започна спроведување на проверки на

контрола на квалитетот според Годишниот план за контрола на квалитет за 2013

година.

Во 2013 година, Институтот започна со разгледување на барања за признавање

на квалификација за ревизор стекната во странство во согласност со

Правилникот за начинот и постапката на добивање уверение за ревизор за лица кои

поседуваат уверение за ревизор стекнато во странство.

Во 2013 година, ИОРРМ спроведуваше активности за усогласување на актите на

ИОРРМ со Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011) и

Статутот на ИОРРМ.

На 5 јули 2013 година, Претседателот на ИОРРМ одржа средба со претседателот

на Комората на проценувачи на Македонија, Надица Младеновска-Крцковска, на кој

што се дикутираше за надлежностите на двете професионални организации, можна

соработка и актуелни прашања во професијата.

На 21 август 2013 година, Претседателот на ИОРРМ одржа средба со

претседателот на Здружението на внатрешни ревизори на Македонија, Слободан

Димитровски, на кој што се дикутираше за надлежностите на двете професионални

организации, можна соработка и актуелни прашања во професијата.

Претставници на ИОРРМ на покана на СУНР, присуствуваа на состаноци при

разгледување на доставени акти од страна на ИОРРМ за добивање согласност од

СУНР.

На 10 октомври 2013 година, Претседателот на ИОРРМ учествуваше на 15-от

Симпозиум на сметководителите на РМ, на тема Економско-финансиската криза и

сметководственото опкружување – предизвици за сметководството, ревизијата и

финансиите и позиционирање на сметководствената професија.

На 17 и 18 октомври 2013 година, Управата за финансиско разузнавање на РМ,

организираше работилница на тема Спречување на перење пари и финансирање на

тероризам за ревизори наменета за претставници на друштвата за ревизија.

IFAC1

Институтот на овластени ревизори на РМ доби статус на полноправна членка на

IFAC, за што се одлучуваше на седницата на Собранието на IFAC што се одржа на 13 и

14 ноември 2013 година во Сеул, Јужна Кореја. На седницата присуствуваа двајца

претставници на Институтот, Љубе Ѓорѓиевски и Драган Димитров, членови на

Управниот одбор на ИОРРМ. Пред доделувањето на полноправното членство, на 19

јуни 2013 година, беше одржан конференциски разговор со претставници на IFAC во

врска со разгледување на барањето на ИОРРМ за полноправно членство. Разговорот

1 International Federation of Accountants.

3

беше побаран од страна на IFAC заради појаснување на одредени прашања во врска

со активностите и актите на ИОРРМ, меѓу другото и за усогласеноста со

Соопштенијата за обврските за членство (SMO 1-7) на IFAC. На 5 и 6 септември 2013

година, Одбор на IFAC донесе одлука Институтот на овластени ревизори да биде

предложен за полноправна членка на IFAC. Барањето на ИОРРМ за полноправна

членка на IFAC беше поддржано од страна на Францускиот конзорциум и активноста

беше спроведена во рамките на договорот за партнерство.

Меѓународна соработка

На 25 мај 2010 година, Институтот на овластени ревизори на РМ потпиша Договор за

партнерство со францускиот конзорциум составен од CNCC и CSOEC. Договорот за

партнерство предвидува тригодишна соработка во три области:

Официјална поддршка од страна на францускиот конзорциум во барањето на

ИОРРМ за членство во IFAC.

Продолжување на соработка во спроведувањето на системот за контрола на

квалитет кој беше воспоставен во 2009 година.

Пренесување и размена на искуства во текот на развојот на акциски план како

што се предлага до IFAC.

На 23 август 2013 година, Претседателот на ИОРРМ одржа состанок со Калина

Шукарова, претставник на Центарот за реформи во финансиското известување

(ЦФРР), Светска банка, со седиште во Виена, во врска со дискусии за статусот на

активностите на ИОРРМ и планови за идни активности, како и можна поддршка од

страна на ЦФРР.

На 15 февруари 2013 година, по иницијатива на Комората на ревизори на Република

Азербејџан, ИОРРМ потпиша Меморандум за разбирање со Комората на ревизори на

Република Азербејџан, во поглед на соработка за:

Меѓусебно советување за различни прашања од значење за професијата, на

европско и меѓународно ниво.

Меѓусебна поддршка во областите на етиката, образованието и квалитетот во

активностите што ги вршат ревизорите, членови на двете професионални

организации.

Заедничко учество и поддршка на национални или меѓународни настани

(семинари, конференции, професионални манифестации што се одржуваат од

страна на двете организации).

Размена на публикации (книги, списанија) и други материјали објавени од

страна на професионалните тела; размена на статии што се со значење за

сметководствената и ревизорската професија во списанијата на телата и/или

на веб локациите на двете организации.

Регионалниот проект РЕПАРИС е 5-годишен проект на Центарот за реформи во

финансиското известување на Светска банка, за поддршка на образованието и

развојот во областа на сметководството и ревизијата. Во проектот се вклучени

претставници од професионалните и надзорните тела од областа на сметководство и

ревизија, универзитетите и владините министерства од Албанија, Косово, Македонија,

Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Молдавија и Црна Гора. Во текот на 2013

година, ИОРРМ учествуваше со своj претставник на работилница на која што се

дискутираше за статусот на активности и проблемите со кои се соочуваат

професионалните тела при спроведување на активностите поврзани со спроведување

на контролата на квалитетот. Презентациите и заклучоците од работилниците се

достапни на линкот на CFRR поставен на веб страната на ИОРРМ.

4

Соработка со Совет за унапредување и надзор на ревизија (СУНР)

На 16 април 2013 година беа доделени првите лиценци за овластен ревизор.

На 07 ноември 2013 година, беше одржана работна средба помеѓу членовите на УО на

ИОРРМ и членовите на СУНР, свикана по иницијатива на членовите на СУНР заради

разгледување на актуелни прашања поврзани со примената на Законот за ревизија од

страна на СУНр и ИОРРМ.

Во 2013 година, СУНР даде согласност на следните акти на ИОРРМ:

Правилник за начинот и постапката на добивање уверение за ревизор

Правилник за начинот и постапката на добивање уверение за ревизор за лица

кои поседуваат уверение за ревизор стекнато во странство.

Годишниот извештај за работа на ИОРРМ за 2012 година.

Годишната програма за работа на ИОРРМ за 2013 година.

На 10 декември 2013 година, СУНР организираше работилница на тема

‘Унапредување на квалитетот во ревизијата, на која што беа поканети членовите на

Управниот одбор и комисиите на ИОРРМ.

Соработка со Министерство за финансии

На 20 ноември 2013 година, по покана на Министерството за финансии се одржа

состанок во врска со предлог законот за изменување и дополнување на Законот за

ревизија, во делот на одредбите поврзани со спроведување на испитот за стекнување

звање ревизор. Последователно, Институтот испрати допис до Министерството за

финансии за да се образложат подетално причините заради кои што овој предлог

закон е неприфатлив и можните последици врз работењето на ИОРРМ. Предлог

Законотз а изменување и дополнување на Законот за ревизија беше усвоен и објавен

во Службен весник на РМ, број 188/2013.

На 19 декември 2013 година, Министерството за финансии испрати допис до ИОРРМ

со кој што се бара мислење по однос на предлог Законот за изменување и

дополнување на Законот за ревизија. Првата верзија на овој предлог закон беше

доставена до ИОРРМ на 10 октомври 2012 година. ИОРРМ побара мислења од своите

членови и достави мислење по новата верзија на предлог законот.

II. Активности на телата на ИОРРМ

Собрание

Собранието на ИОРРМ ги одржа 12-та и 13-та седница.

На седниците беа усвоени следните:

- Годишна програма за работа на ИОРРМ за 2013 година, која што на 28.10.2013

година доби согласност од СУНР.

- Финансиски план на ИОРРМ за 2013 година.

- Правилник за начинот и постапката за утврдување на повредите и за

дисциплинските мерки на членовите на ИОРРМ.

- Одлука за укинување на трајно исклучување од членство во ИОРРМ, за

овластениот ревизор Љупчо Карапанчев.

- Одлука за одобрување на набавка на недвижност.

- Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2012 година, вклучително Годишниот

извештај за проверките за контрола на квалитетот за 2012 година. Годишниот

извештај за работа на ИОРРМ, на 08.10.2013 година доби согласност од СУНР.

- Одлука за усвојување на годишната сметка и ревизорски извештај на ИОРРМ за

2012 година.

5

На 13-та седница беа избрани еден член на Комисијата за регистрација на ревизори и

овластени ревизори, заради истекување на мандатот од 3 години и еден член на

Комисијата за стандарди за ревизија, по лично барање. На седницата беше разгледан

Извештајот на Надзорниот одбор за годишната сметка и ревизорскиот извештај за

2012 година.

Надзорен одбор

Надзорниот одбор одржа три седници на кои беа разгледани следните:

- Годишна сметка за 2012 година и извештајот за извршена ревизија на

годишната сметка на ИОРРМ за 2012 година.

- Тримесечните извештаи на ИОРРМ за периодите кои се однесуваат за 2012

година.

- Тековните тримесечни извештаи за 2013 година, како и финансиското

работење на ИОРРМ во 2013 година.

- Предлог Годишниот извештај за работа на ИОРРМ за 2012 година.

Надзорниот одбор усвои:

- Извештај на Надзорниот одбор на ИОРРМ кон извештајот за работењето на

ИОРРМ, годишната сметка за 2012 година и извештајот на ревизорот, кој што се

доставува до Собранието на ИОРРМ.

- Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на ИОРРМ, по лично

барање од членот, и одлука за именување на член на Управниот одбор на

ИОРРМ, согласно член 17 од Статутот на ИОРРМ. Одлуката за именување на

член на УО треба да биде потврдена на првата следна седница на Собранието

на ИОРРМ.

Управен одбор

Во 2013 година, Управниот одбор одржа десет седници на кои ги усвои следните:

o Тримесечни извештаи за работа на ИОРРМ кои што се доставуваат до Советот за

унапредување и надзор на ревизијата и Надзорниот одбор на ИОРРМ, заради

редовно информирање.

o Ажуриран акциски план за работа на ИОРРМ за период од три години, кој беше

доставен до, и одобрен од страна на, IFAC.

o Одлука за вработување на лицето Марјонка Николовска на местото контролор на

квалитет во ИОРРМ.

o Предлог Годишна програма за работа на ИОРРМ за 2013 година.

o Предлог Финансиски план на ИОРРМ за 2013 година.

o Предлог Правилник за начинот и постапката за утврдување на повредите и за

дисциплинските мерки на членовите на ИОРРМ.

o Годишна програма за обука за Континуирано професионално усовшување за

2013 година.

o Одлука за издавање на уверение за ревизор.

o Одлука за висината на надоместоците за лицата вклучени во спроведување на

КПУ и надоместок за присуство на предавања.

o Предлог Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2012 година.

o Пописниот елаборат од пописната комисија за утврдените состојби при пописот

на средствата и обврските на ИОРРМ со состојба на 31.12.2012 година.

o Одлука за именување на претседатели на Комисии на ИОРРМ.

6

o Предлог Правилник за начинот и постапката за утврдување на повредите и за

дисциплинските мерки на членовите на ИОРРМ, ревидиран според укажувањата

на СУНР.

o Предлог Правилник за начинот и постапката на контрола на квалитетот на

друштвата за ревизија и на овластен ревизор – трговец поединец.

o Предлог Правилник за начинот и постапката на вршење периодична контрола,

ревидиран според укажувањата на СУНР.

o Упатство за давање мислење за веродостојност на програма според која

кандидатот го положил испитот за стекнување на звањето ревизор во странство.

o Одлука за покренување на постапка за спроведување на етичка постапка против

членови на ИОРРМ.

o Циркуларно писмо број 1 – Законски барања за содржината на извештајот на

овластениот ревизор, подготвено од страна на Комисијата за контрола на

квалитетот на ревизорските услуги.

o Циркуларно писмо број 2 – Унифицирање на повикувањето на рамката за

финансиско известување во извештајот на овластениот ревизор во законски

ревизии, подготвено од страна на Комисијата за контрола на квалитетот на

ревизорските услуги.

o Одлука за висината на надоместокот за издавање на потврди.

o Одлука за разрешување на член на Комисијата за образование, обука и

публикации и Одлука за именување на член на Комисијата за образование,

обука и публикации, согласно член 16 став 6 алинеа 43 од Статутот на ИОРРМ.

o Одлука за престанок на членство на член на Комисијата за регистрација на

ревизори и овластени ревизори и Одлука за именување на член на Комисијата

за регистрација на ревизори и овластени ревизори, согласно член 16 став 6

алинеа 43 од Статутот на ИОРРМ.

o Одлука за времено укинување на Одлуката за висината на надоместокот за

присуство на седници за членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор и

комисиите на ИОРРМ.

Управниот одбор, исто така, подготви забелешки на предлог Законот за изменување и

дополнување на Законот за ревизија, по барање на Министерството за финансии, во

поглед на одредбите поврзани со испитот за стекнување звање ревизор, како и

забелешки по однос на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за

ревизија, кој што беше првично подготвен во октомври 2012 година.

Управниот одбор разгледуваше предлози и барања доставени до Управниот одбор од

страна на членовите и комисиите на ИОРРМ, и од страна на надворешни

заинтересирани страни и избра најповолен понудувач за ажурирање/превод на

материјалите за подготовка на кандидатите за полагање на испитот за стекнување

звање ревзиор за предметите Ревизија 1, Ревизија 2, Финансиско сметководство,

Финансиско известување и Законска регулатива.

Комисии на ИОРРМ

1. Комисија за регистрација на ревизори и овластени ревизори

Комисијата за регистрација на ревизори и овластени ревизори:

Подготви предлог Правилник за начинот и постапката на добивање уверение за

ревизор и предлог Правилник за начинот и постапката на добивање уверение

за ревизор за лица кои поседуваат уверение за ревизор стекнато во странство,

при што ги зема предвид укажувањата на Советот за унапредување и надзор

на ревизијата.

7

Подготви предлог Правилник за начин и постапка за вршење периодична

контрола.

Подготви и достави Известување до Управниот одбор на ИОРРМ за лицата кои

стекнале право за добивање уверение за ревизор, врз основа на добиен

Список на кандидати кои ги положиле сите испити од Програмата за полагање

на испитот за стекнување на звањето ревизор, од Комисијата за спроведување

на испитот за стекнување звање ревизор, за испитните сесии што се одржаа во

декември 2012 година и јуни/јули 2013 година.

До Управниот одбор достави Препорака за зачленување на нови овластени

ревизори.

Во 2013 година, Комисијата започна да разгледува доставени барања за

признавање на квалификација за ревизор стекната во странство.

2. Комисија за контрола на квалитетот на ревизорските услуги

Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги:

Подготви и усвои Извештај за спроведените проверки за контрола на квалитет

во 2012 година, кој претставува интегрален дел од Годишниот извештај за

работа на ИОРРМ за 2012 година.

Подготви и усвои Годишен план за контрола на квалитет за 2013 година, кој што

беше доставен до Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

Ги ревидираше постојните прашалници за контрола на квалитет, и усвои нови

форми на прашалници за: Прашалник за внатрешниот систем на контрола на

квалитет, Прашалник за поединечни ревизорски ангажмани, Форма за работи за

понатамошно разгледување и Резиме за проверката на контролата на квалитетот

на друштвото за ревизија/овластениот ревизор трговец поединец.

Подготви и достави Известување до Комисијата за етика во врска со

спроведените проверки на контрола на квалитетот.

Комисијата работеше на подготвување на измени и дополнувања на Правилникот за

начинот и постапката на контрола на квалитетот на друштвата за ревизија и

овластените ревизори – трговци поединци, заради усогласување со Законот за

ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011), Статутот на ИОРРМ и за да

се рефлектира искуството од спроведените проверки за контрола на квалитетот.

Комисијата подготви предлог упатство за утврдување на минимални саати, пресметка

на просечна цена по час, предлог просечна минимална цена по час по ангажман и

предлог минимален надоместок за ревизија, доставено до Управниот одбор на ИОРРМ.

3. Комисија за етика

Комисијата за етика подготви предлог Правилник за начинот и постапката за

утврдување на повредите и за дисциплинските мерки на членовите на ИОРРМ, во

согласност со Законот за ревизија (Службен весник на РМ бр. 158/2010 и 135/2011) и

Статутот на ИОРРМ. Комисијата ги разгледа доставените укажувања од страна на

СУНР во врска со Правилникот за начинот и постапката за утврдување на повредите и

за дисциплинските мерки на членовите на ИОРРМ, како што беше усвоен од

Собранието на ИОРРМ, и подготви корегирана верзија на Правилникот која што ја

достави до Управниот одбор на ИОРРМ.

Комисијата за етика врз основа на доставено Известување од Комисијата за контрола

на квалитетот во врска со спроведените проверки на контрола на квалитетот подготви

предлог до Управниот одбор за покренување на постапка за спроведување на етичка

постапка против членови на ИОРРМ. Врз основа на донесена Одлука за покренување

на постапка за спроведување на етичка постапка против членови на ИОРРМ од страна

на Управниот одбор, Комисијата спроведе постапка согласно важечкиот Правилник за

начинот и постапката за утврдување на повредите и за дисциплинските мерки на

8

членовите на ИОРРМ и усвои предлог одлуки за изрекување на дисциплинска мерка,

кои што ги достави до Управниот одбор.

4. Комисија за образование, обука и публикации

Комисијата за образование, обука и публикации:

Подготви предлог Годишна програма за континуирано професионално

усовршување за 2013 година, со предлог датуми и локации за одржување на

предавањата. Спроведе подготвителни активности за настаните за КПУ кои се

одржaа во 2013 година.

Подготви предлог до Управниот одбор на ИОРРМ за организирање на обука за

кандидатите за полагање на испитот за стекнување звање ревизор.

Подготви Извештај за спроведување на Континуирано професионално

усовршување во 2012 година, кој што беше доставен до Управниот одбор на

ИОРРМ.

Подготви предлог до Управниот одбор на ИОРРМ за избор на најповолен

понудувач за ажурирање/превод на материјалите за подготовка на кандидатите

за полагање на испитот за стекнување звање ревзиор за предметите Ревизија 1,

Ревизија 2, Финансиско сметководство, Финансиско известување и Законска

регулатива. Го разгледа доставениот материјал од страна на изведувачите на

ажурирање/ превод на материјалите за подготовка на кандидатите за полагање

на испитот за стекнување звање ревзиор за предметите Ревизија 1, Ревизија 2,

Финансиско сметководство, Финансиско известување и Законска регулатива, и

достави Известување до Управниот одбор за одобрување на преводот на

учебниците за истите предмети.

Ги подготви тримесечнните изданија на Билтенот на ИОРРМ, кој што преку е-

пошта се доставува до членовите на Институтот.

Организираше спроведување на обука за предметот Законска регулатива во

времетраење од 20 часа. Обуката се одржа на 28 и 30 мај и 01 и 08 јуни 2013

година.

Подготви предлог Упатство за давање мислење за веродостојност на програма

според која кандидатот го положил испитот за стекнување на звањето ревизор

во странство.

Во рамките на постапката за признавање на квалификација за ревизор стекната

во странство, подготви мислења за еквивалентност на програми по барања з

адавање на мислење доставени од Комисијата за регистрација на ревизори и

овластени ревизори.

5. Комисија за спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор

Комисијата за спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор:

Ги утврди резултатите од испитните сесии што се одржаа во декември 2012

година и јуни/јули 2013 година.

Комисијата подготви извештај за спроведувањето на испитот за стекнување на

звање ревизор во декември 2012 година и јуни/јули 2013 година и го достави

до Управниот одбор на ИОРРМ.

Подготви предлог до Управниот одбор на ИОРРМ за објавување на повик за

пријавување на интерес за координатор за спроведување на испитот за стекнување

звање ревизор. Комисијата подготви Повик за пријавување на кандидати за полагање

на испитот и ги разгледа доставените барања за полагање на испитот. Комисијата

извршуваше подготвителни активности за спроведување на испитот.

9

6. Комисија за стандарди за ревизија

Комисијата за стандарди за ревизија изготви предлог забелешки по допис доставен од

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија до Институтот на

овластени ревизори на РМ, во врска со предлог подзаконските акти што

произлегуваат од Законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од

вредност (Службен весник на РМ, бр. 13/2013) и беа предмет на јавна распарава.

Комисијата за стандарди за ревизија работеше на подготовка на Циркуларно писмо во

врска со тоа како да се одрази во ревизорското мислење ситуација кога клиентот

нема подготвено Годишен извештај за работењето.

III. Финансиски информации

Во 2013 година, ИОРРМ оствари приходи од членарина што се однесува на физички

лица и правни лица, спроведување на испитот за стекнување звање ревизор,

спроведување на КПУ, практичен семинар и друго.

Подолу е дадена табела со споредбени информации во однос на Финансискиот план

на ИОРРМ за 2013 година и реализираните приходи и расходи во 2013 година, како и

споредбен податок со 2012 година.

10

Износот е даден како споредбен податок.

Приходи и расходи на ИОРРМ споредбено 2013 год. во однос на 2012 год.

Број на лица

Износ по лице Коментар

ПЛАНИРАНО 2013

РЕАЛИЗИРАНО 2013

РЕАЛИЗИРАНО 2012 2013/2012

(денари) (денари) (денари) (денари)

1 Приходи

1.1 Членарина - овластени ревизори 170 6,000 1,020,000 1,034,000 1,044,400 -1%

1.2 Членарина - друштва за ревизија и ТП 1.00% 3,500,000 3,075,070 3,245,886 -5%

1.3 Надомест за полагање на испитот за ревизор 160 9,200 10 лица по испит 1,472,000 1,686,400 809,600 108%

1.4 Семинари 120 9,000 10 лица по обука 1,080,000 472,400 466,800 1%

1.5 Континуирано професионално усовршување 160 12,000 1,920,000 1,826,000 1,630,000 12%

1.6 Камата 500,000 304,284 566,299 -46%

1.7 Останати приходи 100,000 1,500 30,962 -72%

Вкупно приходи 9,592,000 8,399,654 7,793,947

% од

приходи Коментар ПЛАНИРАНО

2013 РЕАЛИЗИРАНО

2013 РЕАЛИЗИРАНО

2012 2013/2012

(денари) (денари) (денари)

2 Расходи

2.1 Бруто плати и надоместоци 4 вработени 3,000,000 2,928,301 2,195,172 33%

2.2 Расходи за испитот (% од 1.3) 60.00% 883,200 504,375 208,710 142%

2.3 Расходи на семинари (% од 1.4) 60.00% 648,000 373,060 561,279 -34%

2.4 Расход за контрола на квалитет 150,000 41,563 137,735 -70%

2.5 Расход за КПУ (% од 1.5) 60.00% 1,152,000 578,635 955,545 -39%

2.6 Ажурирање на материјали за испитот 1,500,000 250,098

2.7 Канцелариски трошоци 200,000 131,904 123,984 6%

2.8 Административни трошоци 200,000 199,597 225,820 -12%

2.9 Телекомуникациски услуги 150,000 151,715 107,473 41%

2.1 Одржување на состаноци на телата на ИОРРМ 500,000 983,782 423,470 132%

2.11 Закупнина и комуналии 950,000 896,951 929,213 -3%

2.12 Сметководство и ревизија на годишната сметка 130,000 125,850 139,605 -10%

2.13 Совет за унапредување и надзор на ревизија

875,000 811,472 636,047 28%

2.14 Учество на меѓународни конференции 250,000 308,067 59,235 420%

2.15 Членарина (IFAC)

210,000 209,263* 191,400 9%

Вкупно 2.1 - 2.15 10,798,200 8,285,370 6,894,687 23%

2.16 Непредвидени трошоци (% од 2.15) 3.00% 323,946 4,818 319,060 -92%

Вкупни расходи 11,122,146 8,290,188 7,213,747 18%

Нето приходи -1,530,146 109,466 580,200 -120%

3 Дополнителни информации:

3.1 Депозити 13,000,000 13.000.000

3.2 Пренесен дел на вишокот на приходи од прет. год. 15,459,565 15,556,958

11

IV. Анализа на реализирање на активностите од Годишната програма за работа за 2013 година

Планирана активност Статус на реализирана активност

Изготвување и усвојување на Годишна

програма и Финансиски план на ИОРРМ за

2013 година.

Реализирано.

Изготвување и усвојување на Годишен

извештај за работата на ИОРРМ за 2012

година.

Реализирано.

Изготвување на Програма за Континуирано

професионално усовршување на овластените

ревизори за 2013 година, во согласност со

најновите достигнувања во професијата.

Реализирано.

Организирање и спроведување на

Континуирано професионално усовршување.

Реализирано. Настаните беа одржани во мај,

септември и декември 2013 година.

Организирање и спроведување на практични

семинари од областа на ревизијата

Реализирано. Практичен семинар на тема

‘Практична примена на МСР‘ во соработка со

Францускиот конзорциум, одржан од 25 до 29

ноември 2013 година.

Организирање и спроведување на испитот за

стекнување звање ревизор.

Реализирано. Во 2013 година, ИОРРМ

спроведе две сесии на испитот за стекнување

на звањето ревизор.

Усвојување на годишен план за контрола на

квалитет за 2013 година и спроведување на

проверки за контрола на квалитетот кај

друштвата за ревизија и овластените

ревизори – трговци поединци.

Реализирано. Повеќе информации во

Извештајот за спроведените проверки на

контрола на квалитетот за 2013 година кој

што е прилог кон Годишниот извештај за

работа за 2013 година.

Преведување и ажурирање на МСР, МСС,

МСФИ, Кодексот на етика за професионални

сметководители на МФС и Меѓународните

стандарди за контрола на квалитет

Не е реализирано. Министерството за

финансии е надлежно за нивно ажурирање и

објавување во Службен весник на РМ. Од

аспект на МСС И МСФИ, одговорноста

преминува кај Институтот на сметководители

и овластени сметководители на РМ.

Ја следи примената и ги спроведува МСР,

Кодексот на етика за професионални

сметководители на МФС кај друштвата за

ревизија и овластените ревизори – трговци

поединци

Реализирано.

Покренување на дисциплински постапки и

изрекување мерки на членовите поради

повреда на МСР, Кодексот на етика за

професионални сметководители на МФС и

актите на ИОРРМ.

Во 2013 година, беше покрената постапка за

спроведување на етичка постапка, врз основа

на извршена контрола на квалитет.

12

Водење на регистар на овластени ревизори и

регистар на друштва за ревизија и овластени

ревизори – трговци поединци.

Реализирано.

Соработка со професионални асоцијации на

сметководители и други професионални

организации, во земјата и во странство.

Реализирано.

Усогласување на актите на ИОРРМ со Законот

за ревизија (Службен весник на РМ, број

158/2010 и 135/2011).

Делумно реализирано. Во 2014 ќе се

одобруваат усогласените Правилници што се

во надлежност на Комисијата за етика и

Комисијата за контрола на квалитетот на

ревизорските услуги.

Спроведување на тригодишниот акциски план

доставен до МФС, со цел добивање на

полноправно членство во МФС.

Активностите од акцискиот план се

реализирани и/или делумно реализирани.

Март 2014 година Борислав Атанасовски

Претседател на ИОРРМ