unasm bilten br 13 mk

18
Слободан Антовски, претседател на УНАСМ, за новото издание на електронскиот информатор потенцира дека прашањето против невработеноста на младите во Р.Македонија претставува акутен проблем, но исто така е прашање кое има особено значење и за Европската унија. Воедно, синдикатите можат да дадат огромен придонес во борбата против невработеноста кај младите за подобра социјална сигурност, но исто така се дава придонес и за целокупниот развој на општеството. УНАСМ во соработка со Европскиот центар за работнички прашања-ЕЗА и CNV International на еден начин успеваме младите да ги вклучиме во едукативните програми, а со тоа да им се даде можност за полесно изнаоѓање на работа на пазарот на трудот или да биде вклучено во одредена обука или стручно образование. УНАСМ секогаш го повикува ресорното министерство за труд и социјална политика да се вклучува во овие едукативни програми за поддршка на младите и нивната иднина. Во Тирана, Република Албанија во деновите 6 и 7 септември 2014 година се одржа редовен 6 -ти Конгрес на албанскиот синдикат BSPSH. На Конгресот се истакнаа досегашните и идните синдикални активности на синдикатот во однос на воспоставување на социјален дијалог и поактивна политика за вработување на младите. На Конгресот учество зеде и УНАСМ како единствен синдикат од Република Македонија со кој има интезивна соработка со BSPSH во унапредување и промовирање на социјалниот дијалог во двете земји. Претседателот на УНАСМ, г-дин Слободан Антовски пред присутните делегати на Конгресот истакна дека соработката и пријателството со нашите партнери од регионот продолжува и понатаму со цел воспоставување на мерки на поквалитетен достоинствен живот на работниците со институциите, подобрување на социјалниот дијалог и воспоставување на мрежа за реализација на идни синдикални активности за поддршка на младите и жените. На Конгресот учество зеде и Подпретседателката на УНАСМ, г-ѓа Дивна Змејковска. 6-ти Конгрес на BSPSH во Тирана Активна младина за подобра иднина! Септември-Декември 2014 Година 2015, бр.13 УНАСМ Билтен СОДРЖИНА CNV во посета на УНАСМ 2-5 МОТ-социјален дијалог 3 Хуманитарна акција на УНАСМ 5 ЕЗА соработка 6-7 Активности на УНАСМ 8 Активности на СООЖ 9-11 Активности на МСО 12- Активности на РО УНАСМ Охрид 16 СООЖ за подобри социјални услуги 16 Активности на РО УНАСМ Прилеп 17 Електронски информатор Слободан АНТОВСКИ Претседател на УНАСМ УНАСМ полноправна членка на:

Upload: rubin-arizankoski

Post on 08-Apr-2016

232 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Elektronski informator 2015

TRANSCRIPT

Page 1: Unasm bilten br 13 mk

Слободан Антовски, претседател на УНАСМ, за новото издание на електронскиот информатор потенцира дека прашањето против невработеноста на младите во Р.Македонија претставува акутен проблем, но исто така е прашање кое има особено значење и за Европската унија. Воедно, синдикатите можат да дадат огромен придонес во борбата против невработеноста кај младите за подобра социјална сигурност, но исто така се дава придонес и за целокупниот развој на општеството. УНАСМ во соработка со Европскиот центар за работнички прашања-ЕЗА и CNV International на еден начин успеваме младите да ги вклучиме во едукативните програми, а со тоа да им се даде можност за полесно изнаоѓање на работа на пазарот на трудот или да биде вклучено во одредена обука или стручно образование. УНАСМ секогаш го повикува ресорното министерство за труд и социјална политика да се вклучува во овие едукативни програми за поддршка на младите и нивната иднина.

Во Тирана, Република Албанија во деновите 6 и 7 септември 2014 година се одржа редовен 6-ти Конгрес на албанскиот синдикат BSPSH. На Конгресот се истакнаа досегашните и идните синдикални активности на синдикатот во однос на воспоставување на социјален

дијалог и поактивна политика за вработување на младите. На Конгресот учество зеде и УНАСМ како единствен синдикат од Република Македонија со кој има интезивна соработка со BSPSH во унапредување и промовирање на социјалниот дијалог во двете земји. Претседателот на УНАСМ, г-дин Слободан Антовски пред присутните делегати на Конгресот истакна дека соработката и пријателството со нашите партнери од регионот продолжува и понатаму со цел воспоставување на мерки на поквалитетен достоинствен живот на работниците со институциите, подобрување на социјалниот дијалог и воспоставување на мрежа за реализација на идни синдикални активности за поддршка на младите и жените. На Конгресот учество зеде и Подпретседателката на УНАСМ, г-ѓа Дивна Змејковска.

6-ти Конгрес на BSPSH во Тирана

Активна младина за подобра иднина!

Септември-Декември 2014

Година 2015, бр.13

УНАСМ Билтен

СОДРЖИНА

CNV во посета на УНАСМ

2-5

МОТ-социјален дијалог

3

Хуманитарна акција на УНАСМ

5

ЕЗА соработка 6-7

Активности на УНАСМ

8

Активности на СООЖ

9-11

Активности на МСО 12-

Активности на РО УНАСМ Охрид

16

СООЖ за подобри социјални услуги

16

Активности на РО УНАСМ Прилеп

17

Електронски

информатор

Слободан АНТОВСКИ

Претседател на УНАСМ

УНАСМ полноправна членка на:

Page 2: Unasm bilten br 13 mk

Во средината на месец октомври 2014 година се оствари работна посета помеѓу Националната Ф е д е р а ц и ј а н а христијанските синдикати - CNV Internationaal од Кралството Холандија и УНАСМ од Република Македонија. Целтта на работната посета е да се соогледаат резултатите и с о с т о ј б и те о д P M E програмата во период од 2014 – 2016 година која е поддржана од нивна страна. Претседателот Слободан

Антовски истакна дека програмата наиде на големо разбирање од страна на членовите и се реализира со позитивен и синдикален дух која е од суштинско значење за симпатизерите и идните членови на УНАСМ каде што во општеството не п р е п о з н а в а а т п р е к у превземените активности на национално и на регионално ниво. Додека, г- д и н J a n R i d d e r , програмски офицер во CNV Internationaal истакна дека

партнерството помеѓу CNV Internationaal и УНАСМ е во добра релација каде и во иднина ќе ја продолжиме комуникацијата преку в о с п о с т а в у в а њ е н а поинтезивна соработка за реализација на наредни програми во интерес на работниците, младите и жените.

Стр.2 УНАСМ Билтен

CNV Internationaal во работна посета на УНАСМ

Работен состанок во канцеларијата на УНАСМ со г-дин Jan Ridder и претставниците на Координативното тело на УНАСМ, Регионалните организации (Прилеп, Скопје и Охрид) и организациите на жените и младите. На состанокот се потенцираа новите активности од реализацијата на PME програмата (2014-2016) која е поддржана од Националната федерација на христијански синдикати на Холандија—CNV Internationaal.

Page 3: Unasm bilten br 13 mk

На средбата со Амбсадорот присутните ја потенцираа важноста н а и м п л е м е н т и р а њ е т о н а програмата и соработката со CNV Internationaal, но и улогата на УНАСМ во земјата во делот на законските регулативи преку правна заштита на работниците, улогата на жените и младите во општеството, социјалниот дијалог, мобингот, дискриминацијата и трудовата експлоатација.

Во соработка и координација на У Н А С М с о в р а б о т е н и т е од Амбасадата на Кралството Холандија во Р.Македонија, беше реализирана работна посета од страна на УНАСМ. На заедничката работна посета покрај Амбасадорот г-дин Joop Scheffers беа и Претседателот на УНАСМ г-дин Слободан Антовски, Подпретседателката г-ѓа Дивна Змејковска и програмскиот офицер на CNV Internationaal г-дин Jan Rid-der.

Година 2015, бр.13

МОТ го промовира проектот за социјален дијалог

УНАСМ во посета на амбасадата на

Кралството Холандија во Р.Македонија

Стр.3

Промоција на проектот "Унапредување на социјалниот дијалог" финансиран од ЕУ преку ИПА компонентата за развој на човечки ресурси 2007-2013 година, кој ќе се имплементира во период од 24 месеци. Поддршка на социјалниот дијалог е меѓу Владата, работодавачите и синдикалните организации. Проектот ќе биде реализиран од Меѓународната организација на трудот (ILO) и социјалните партнери во Македонија.

Page 4: Unasm bilten br 13 mk

На ден 27 октомври 2014 година од страна на г-дин Jan Ridder, програмски офицер во CNV Interna-tionaal беше реализирана работна средба со претставниците на Регионалната организација на УНАСМ во Прилеп. На средбата присуство зеде и Генералниот секретар на УНАСМ, г-дин Милчо Смилевски. На заедничката средба од страна на програмскиот координатор на програмата за текстил дипл .правник Гоце Б л а ж е с к и г и п р е з е н т и р а активностите и резултатите од Програмата за текстил во рамките на проектот “Синдикално организирање на текстилните работници во Прилеп“ за 2014 година како

составен дел од ПМЕ програмата.

На средбата присуство зеде и Координаторот на секција на млади во рамките на РО УНАСМ Жарко Ѓорѓиевски кој истакна дека состојбата со младата популација не е многу сјајна, каде невработеноста кај оваа популација е голема и покрај позитивните програми и мерки кои ги нуди Агенцијата за вработување. Младите се соочуваат со голем проблем при изнаоѓање на работа во локалната заедница.

Исто така, г-дин Ridder оставри средба и со Претседателот на Независниот

синдикат на полицијата г-дин Кронислав Мантароски, каде ги истакна проблемите на полициските работници, но како најголем проблем се јавува нерегистрирањето на синдикатот од страна на државните институции во Македонија.

Стр.4 УНАСМ Билтен

CNV Internationaal во посета на

Регионалните организации на УНАСМ

Претставникот од CNV Internationaal, г-дин Ridder реализира средба и со претставниците од Регионалните организации на УНАСМ (Охрид и Струга). На средбите се зборуваше околу програмата и проблемите на работниците во градежниот и туристичкиот сектор. Претставните на организациите на УНАСМ потенцираа дека нема доволно почитување на Законот за работни односи кој често се менува во интерес на работодавачите, а со тоа се казнуваат работниците во истоимените и другите сектори.

Page 5: Unasm bilten br 13 mk

При посетата во Прилеп, г-дин Ridder заедно со претставниците на УНАСМ одржа средба со менаџерот на текстилната компанија “Комфи Ангел“ г-ѓа Билјана Јандреоска. На средбата стана збор за начинот на заштита на работниците, дејствувањето на Советот за безбедност при работа, синдикално организирање на работниците, соработката со УНАСМ, и сл. Менаџерот на компанијата истакна дека работниците се организираат во работнички совет кој има улога да ги чуе проблемите на работниците и да изнајди решение заедно со тимот на компанијата.

Година 2015, бр.13

Хуманитарна акција на УНАСМ во Прилеп

CNV Internationaal во посета на

Регионалните организации на УНАСМ

Стр.5

На ден 25 декември 2014 година, во организација на УНАСМ, РО УНАСМ Прилеп, ЗХСА “Преродба“, СОУ “Ѓорче Петров“, ЦДМИ “Виделина“ и МКМ “Пет до дванаесет“ во просториите на домот “Тризла“ во Прилеп се реализира хуманитарна акција под слоганот “Големината на еден човек

се гледа во неговата хуманост“. Акцијата имаше цел да им се помогни на семејствата и работниците од социјален ризик. Присуство на настанот зеде и Подпретседателката на УНАСМ г-

ѓа Дивна Змејковска која истакна дека овие акции се дел од програмата на УНАСМ каде и во иднина ќе бидат поддржувани со цел да ја зајакнеме општествената одговорност и кај работодавачите.

Page 6: Unasm bilten br 13 mk

Од 10-12 септември 2014 година во Охрид се одржа регионален семинар на тема “Улогата на работниците во процесот на креирање и имплементација на нови структурни

политики и социјални реформи во Република Македонија и Република Црна Гора“. Предавач на семинарот г-дин Robert Weber.

Стр.6 УНАСМ Билтен

УНАСМ ја продолжува соработката со EZA

Page 7: Unasm bilten br 13 mk

Во организација на УНАСМ од 09 -11 октомври 2014 во Охрид се реализира регионален семинар на тема: “Да зборуваме за младата

генерација, можни решенија и

стратегии како да се справиме

со невработеноста на младите во

регионот и земјите на ЕУ“.

Предавачи: г-дин Robert Weber од EZA, Германија и проф.др. Константин Петковски.

Година 2015, бр.13 Стр.7

УНАСМ ја продолжува соработката со EZA

Page 8: Unasm bilten br 13 mk

Во организација на УНАСМ се реализира регионален семинар на тема: “Пристојна работа на

полициските работници-Искуства од Македонија, Косово и Албанија“. Семинарот се одржа во Струмица во деновите од 11-14 декември 2014 година со поддршка од CNV Interna-tionaal од Холандија. Присуство на семинарот зедоа претставници од Независните полициски синдикати од Македонија, Косово и Албанија. Се презентираа искуства со акцент на полициските работници и достоинствената работа. Председателот на Независниот полициски синдикат на Македонија (НПС) при УНАСМ, г-дин Кронислав Мантароски со жалење истакна дека состојбата во Македонија и покрај постоење законска регулатива има забрана за пререгистрација и регистрација на нови синдикални организации. Иако се покренати разни дејствија согласно Законот за работни односи нема никаква реакција. По однос на темата истакна дека полициските работници се далеку од достоинствени услови за работа. Предавач на едукативните сесии беше проф.др. Фросина Т. Ременски, Раководител на катедра за полициски науки при Факултетот за безбедност во Скопје.

Стр.8 УНАСМ Билтен

Активности на УНАСМ

Page 9: Unasm bilten br 13 mk

Во организација на СООЖ-УНАСМ на почетокот на месец декември 2014 година во Скопје се реализира едукативен семинар на тема: “Дискриминација и мобинг“. Едукативниот настан е дел од активностите на Програмата за жени со поддршка од CNV International од Холандија. На овој семинар учество зедоа претставници од различни синдикални организации. Во рамките на МТСП е формирана Комисија за заштита од дискриминација која делува како правно лице. Во текот на 2012 година до Комисијата биле поднесени 75 претставки, а во 2013 година вкупно 84 претставки каде најголем број на претставки биле од областа на работата и работните односи. Спрема податоците од Комисијата кои се јавни и на нивната веб страна се истакнува дека во Македонија има дискриминација со високи 86 проценти. Дискриминација се јавува и кај младата популација по основ на пол, националност, вера, и покрај законските регулативо, но често може да се јави и во медиумите. На, семинарот се потенцираше и мобингот кој е еден од најчестите проблеми на работното место. Така што мобингот се дефинира како психолошко малтретирање што се повторува по пат на акција, која има за цел и последица деградација на работничките услови, кој можат да предизвикаат напад и да нанесат штета на човековите права и човековото достоинство, да му наштети на физичкото или менталното здравје или да го компромитира животот и професионалната иднина на жртвата. Предавачи на оваа активност беа д-р. Билјана Страмшак Ѓуровска и Лидија Павиќ, граѓански активист.

Година 2015, бр.13 Стр.9

Активности на СООЖ-УНАСМ

Page 10: Unasm bilten br 13 mk

Во заедничка организација на СООЖ и МСО во рамките на УНАСМ во Прилеп се реализира јавна трибина на тема: “Заштита на човековите права со акцент на жртвите од семејно

насилство“ која се одржа на ден 10 декември 2014 година. На едукативната трибина се потенцираше новиот Закон за спречување на семејно насилство кој стапи на сила од 1 јануари 2015 година со соодветни измени и дополнувања во Кривичниот законик околу овој горчлив проблем. Во текот на 2014 година биле покренати повеќе од 230 постапки за изрекување на привремени мерки за сторителите на семејно насилство. Во општина Прилеп семејното насилство е зголемено за 5 проценти каде укажува за аларматна состојба. Но, исто така мора да ставиме акцент на заштитата на децата, младите, изнемоштените лица со кои се соочуваат со овој проблем. Решавањето на проблемот е да се има добра комуникација и соработка со институциите на системот, граѓанските организации и синдикатите во зголемена заштита и поддршка на жртвите од семејно насилство. Трибината е дел од Меѓународните денови за заштита на жртвите од семејно насилство. Предавачи на оваа трибина беа Снежана Јованоска, директор на Центарот за социјални работи во Прилеп, Стојан Мишев од здружение ЕСЕ од Скопје и Дивна Змејковска, операторка на СОС линија за семејно насилство 15700.

Стр.10 УНАСМ Билтен

Активности на СООЖ-УНАСМ

Page 11: Unasm bilten br 13 mk

Во месец ноември 2014 година во организација на СООЖ се реализираа фокус групи на теми “Мултикултурализам за подобра економска состоја со акцент на пазарот на трудот“ и “Вознимирување на работно место“ кои се одржаа во Скопје. На првата фокус група стана збор за концептот на мултикултурализмот во неговото дескриптивно значење е нашироко прифатен. Да се каже дека некое општество е мултикултурно, значи да се посочи на културното различје на тоа општество.Таквата употреба на концептот е еднаква на значењето на културниот плурализам. Нормативното значење на мултикултурализмот се однесува на можните начини на општествена организација, која за свој принцип го има културното и социо-економската различност каде се насочува кон добавувачите на трудови услуги (работниците), побарувачите на трудови услуги (работодавците) и се обидува да ги разбере резултатите од промените во платата, вработеноста и приходот. Додека, во втората фокус група се даде акцент на вознемирување (малтретирање) на работно место кое по дефиниција се потенцира секое несоодветно, неморално или непристојно однесување коешто претставува повреда на личното достоинство, особено кога предизвикува заплашување, одбивност, деградирање, понижување. Како вршител на вознимирување на работно место може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување без оглед на нивното својство – работодавач во својство на физичко лице, одговорно лице кај работодавач – правно лице, вработен или група вработени кај работодавач или трето лице со кое вработениот или работодавачот доаѓа во контакт при извршувањето на работите на работното место. Во 2013 година, Собранието на РМ го донесе Законот за заштита од вознимирување на работно место. Модератор на фокус групите беше Билјана Чкламовска, дипл.правник.

Година 2015, бр.13 Стр.11

Активности на СООЖ-УНАСМ

Page 12: Unasm bilten br 13 mk

Во текот на месец октомври 2014 година, МСО реализира едукативен семинар на тема: “Социо-економската положба на младите во Р.Македонија“. На семинарот главни теми бea улогата на младите во синдикалното организирање во Македонија, фактори кои придонесуваат за нееднакво позиционирање на трудот-случај на ромската заедница, образованието и пазарот на трудот, активни програми и мерки за вработување на младите и нивно вклучување во пазарот на трудот и права и обврски на младите работници согласно Законот за работни односи. Придобивката од овој едукативен семинар е да младата популација биди поактивна во пазарот на трудот кон подобрување на економските мерки и активно вклучување во локалните заедници. Семинарот се одржа во Крушево од 14-16.10.2014 година. Учесници на семинарот бea претставници од секциите на млади во рамките на РО УНАСМ (Прилеп и Скопје), синдикални организации од ССМ и КСС и граѓански организации. Предавачи на едукативниот семинар беа: Оливера Ставрова од Сектор за труд при МТСП, Гоце Блажески, адвокатите Тони Јовески и Виолета Ангелеска, Несиме Салиоска-НВО Рома СОС.

Стр.12 УНАСМ Билтен

Активности на МСО-УНАСМ

Page 13: Unasm bilten br 13 mk

Во месеците ноември и декември 2014 година се одржаа три едукативни инфо сесии на тема: “Безбедност и здравје на младите работници во земјоделскиот сектор“. Придобивката од овие инфо денови се со цел младите работници да се запознаат за нивната заштита при работа со трактор и приклучни машини како и доближување на законската регулатива до младите за поголема безбедност и здравје при работа во земјоделскиот сектор. Учесници на инфо деновите се млади работници од земјоделскиот сектор од погоренаведените општини. Периодот на реализација е 21-22.11.2014 година и 05.12.2014 година. Инфо деновите се реализираа во три општини во Македонија и тоа: Прилеп, Гевгелија и Виница. Предавачи: Стевка Башеска-Божиноска од Здружение за заштита при работа „28-ми Април“ од Скопје, проф.др. Драги Таневски од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје, Слободан Антовски-Претседател на УНАСМ, Славица Јанкова и Никола Георгиев од МЗЗПР.

Година 2015, бр.13 Стр.13

Активности на МСО-УНАСМ

Page 14: Unasm bilten br 13 mk

Во месец декември во организација на МСО се реализира едукативен семинар на тема: “Младите и земјоделскиот сектор“. За потребите и целите на овој семинар беа предложени и внимателно одбрани тематски области од земјоделските науки кои што беа компатибилни и со профилите односно насоките на учесниците на семинарот. Главни теми на овој едукативен семинар од областа на земјоделството е дел од резултат 2 од програмата за млади со акцент на безбедноста и здравјето на младите работници во земјоделскиот сектор. Воедно, се дискутираше за активните програми и мерки за развој на земјоделството со акцент на младите, интегрална техника во современото земјоделско производство, ГМО-предности и ризици, и влијанието на инсектите врз земјоделските производи. Придобивката од семинарот е одржувањето на семинари од едукативна природа кои се од голема полза за сите целни групи особено за младите како директни учесници во земјоделскиот сектор. Учесниците на семинарот истакнаа дека треба поголемо внимание за да се подобри нивното знаење и искуство кои ќе го пренесат во теорија но и во практиката како и во нивните организации. Едукативниот семинар се реализира во периодот од 15-17.12.2014 година во Неготино. Учесници на овој семинар се претставници од СОУ “Орде Чопела“-Прилеп, СЗУ “Ѓорче Петров“-Кавадарци и членови од секцијата на млади РО УНАСМ Прилеп. Предавачи: проф.др. Звонко Пацаноски, проф.др. Станислава Лазаревска, Доц.др. Иле Цанев од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје и Златко Пенков, Раководител на ПЕ МЗШВ-Неготино.

Стр.14 УНАСМ Билтен

Активности на МСО-УНАСМ

Page 15: Unasm bilten br 13 mk

Во организација на Младинска синдикална организација-УНАСМ и Секцијата на млади при РО УНАСМ Прилеп на ден 07 октомври 2014 година ја спроведоа едукативната работилница на тема: “Изработка на CV, пишување на мотивационо писмо и интервју“. Едукативната работилница е дел од активностите на програмата за млади во рамките на PME програмата 2014-2016 година. Проектот е со цел да им се помогне на младата популација во заштитата и подобрувањето на младинските политики и законските регулативи во Македонија. Програмата на работилницата беше повеќе интерактивна за да може да се вклучат младите кон нејзината реализација. Во текот на првата сесија се зборуваше за кариерни насоки на кои беа објаснети можностите за барање на работа преку подготовка на CV од кои беа презентирани Еуропас и ЕУ CV-то. Во втората сесија од едукативната работилница се зборуваше за мотивационо писмо каде беа објаснети некои техники за негово потполнување и презентација. Исто така се зборуваше и за тоа како да се подготват младите за интервју пред познат работодавач. Во делот на интервју имаше голема активност од страна на учесниците на кои се добиа многу креативни одговори. Работилницата се одржа во Прилеп. Учесници на работилницата беа ученици од средните општински училишта и студенти. Едукатори на работилницата беа Емилија Николоска-Јорданоски и Жарко Ѓорѓиевски, граѓански активисти.

Година 2015, бр.13 Стр.15

Активности на МСО-УНАСМ

Page 16: Unasm bilten br 13 mk

РО УНАСМ Охрид во текот на 2014 година го реализира курсот по англиски јазик кој беше наменет за угостителските работници. Интересот за изучување на англискиот јазик е голем од страна на работниците во овој сектор. По завршувањето на курсот секој учесник добива сертификат. Воедно, се формираше и група за изчување на јазикот и од страна на такси возачите во Охрид каде интересот и кај оваа целна група беше голем. РО УНАСМ Охрид во наредниот период на такси возачите од повеќе фирми ќе им понуди помош за формирање на синдикална организација на регионално ниво.

Стр.16 УНАСМ Билтен

Активности на РО УНАСМ Охрид

РО УНАСМ Охрид и граѓанската организација “Подобра иднина“ од Охрид на ден 20 септември 2014 година, потпишаа Меморандум за соработка. Потпишувањето на меморандумот е со цел да им се помогни на граѓаните на регионално ниво во подобрување на социјалната и правната заштита преку превземање на едукативни активности во заштита од семејно насилство, дискриминација и мобинг, и други активности.

СООЖ потписник на неформалната мрежа за подобри социјални услуги

СООЖ во согласност со активностите од програмата за жени на ден 29 декември 2014 година во Скопје го потпиша Меморандумот за соработка за формирање на неформална мрежа за унапредување на социјалните услуги (ИРИС-МК) заедно со уште 13 граѓански организации од Република Македонија. Целтта на здружувањето е подобрување на социјалните услуги за граѓаните кои се во социјален ризик.

Page 17: Unasm bilten br 13 mk

Регионалната организација УНАСМ – Прилеп согледувајќи ги проблемите на текстилната индустрија во Прилеп и потребата да им се помогне на текстилните работници да можат да ги остварат своите законски права во согласност со Законот за работни односи и другите закони од трудовата сфера, го реализира проектот „Синдикално организирање на текстилни работници

во Прилеп“ како дел од ПМЕ програмата (2014-2016). Текстилните работници од страв да не го изгубат работното место во текстилните компании синдикално не се организирани и не можат да ги заштитат своите законски права. Текстилните работници, особено работничките, се максимално искористувани во работниот процес, а за тоа минимално се платени. Целтта на проектот е платено прекувремено работно време, почитување на потпишаниот Колективен договор со работодавачот и доследно спроведување на Законот за работни односи од страна на работодавачот. Во текот на месеците септември-октомври 2014 година РО УНАСМ Прилеп реализира три едукативни обуки наменети за текстилните работници и тоа: “Лобирање и техники за лобирање“, “Трудово законодавство и Колективни договори“ и “Преговарање и техники за преговарање“. За потребите на проектот беше подготвен и пропаганден материјал (памфлети, постер). Проектот е поддржан од CNV International. Предавачи на обуките беа Убавка Шипинкоска, дипл.психолог и Ирена Сотироска, адвокат.

Година 2015, бр.13 Стр.17

Активности на РО УНАСМ Прилеп

Page 18: Unasm bilten br 13 mk

WWW.UNASMPP.WEEBLY.COM

WWW.OZUNASM.WEEBLY.COM

WWW.MSO-UNASM.MK

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ДЕЛЧЕВО

Ул: “СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ“ ББ

92000 ДЕЛЧЕВО, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Координатор: Димитар МОМЧИЛОВ

Тел: +38933410281

Email: [email protected]

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ОХРИД

БУЛЕВАР ТУРИСТИЧКА ЗГР. РЕМИС 2 – ЛОКАЛ 3

6000 ОХРИД, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Координатор: Благоја ИВАНОСКИ

Тел: +38946251077

Email: [email protected]

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ПРИЛЕП

Ул: „СОТКА ЃОРЃИОСКИ“ ББ (х.Скопје)

7500 ПРИЛЕП, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Координатор: Гоце БЛАЖЕСКИ

Тел: +38948410999

Email: [email protected]

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ СТРУГА

ГРАДСКИ ПАЗАР ББ (на спрат)

6330 СТРУГА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Координатор: Драгица ПОПОСКА

Тел: +38946784495

Email: [email protected]

ул: „Васил Ѓоргов“ бр.39, 1000 Скопје, Република Македонија Тел: +38923230307 Email: [email protected]

за издавачот: Слободан АНТОВСКИ издавач: УНАСМ уредува: Рубинчо АРИЗАНКОСКИ

УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ

АВТОНОМНИ

СИНДИКАТИ НА

МАКЕДОНИЈА

Електронски информатор УНАСМ Билтен Email: [email protected]