viking wat прирачник 2012

21
1 ПРИРАЧНИК ЗА WORK AND TRAVEL УЧЕСНИЦИ Вашиот прирачник за успешно и возбудливо WAT лето! Во него ќе најдете корисни информации и совети, собрани во текот на нашето десетдогишно искуство во областа на програмата за културна размена на младите! Тимот на „Викинг” Сезона 2012

Upload: toshe-urdov

Post on 29-Mar-2016

231 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Usefull information about work and travel program

TRANSCRIPT

Page 1: Viking WAT прирачник 2012

1

ПРИРАЧНИК ЗА WORK AND TRAVEL УЧЕСНИЦИ Вашиот прирачник за успешно и возбудливо WAT лето! Во него ќе најдете корисни информации и совети, собрани во текот на нашето десетдогишно искуство во областа на програмата за културна размена на младите! Тимот на „Викинг” Сезона 2012

Page 2: Viking WAT прирачник 2012

2

Здраво, .........вашето име...............!

Добре дојдовте во програмата Work and Travel USA! Ви Благодариме што ни укажавте доверба и се надеваме дека ќе имате едно навистина незаборавно лето!

Овој прирачник ќе Ви даде корисна информација за програмата. Потребно е да се запознаете со информацијата подолу пред да заминете во САД!

Програмата Work and Travel USA им нуди можност на студенти запишани на додипломски и пост-дипломски студии, да работат и патуваат во Америка во текот на летниот распуст во период не подолг од 5 месеци. По завршувањето на работниот период, одбележан во работната дозвола односно формуларот DS-2019, можете да го планирате Вашето патување низ Америка.

За време на програмата ќе стекнете нови пријателства, ќе ги проширите Вашите хоризонти, ќе ја зголемете Вашата самодоверба, како и нивото на англиски јазик, ќе заработите пари, т.е во целост ќе се забавувате. Една од целите на програмата Work and Travel USA е да се збогатат културните и географски познавања на американците, преку директен контакт со млади луѓе од цел свет. Еве зошто не треба да заборавите дека освен смел авантурист Вие сте и „амбасадор“ на својата земја, така што во целост ке зависи од Вас во какво светло ќе се претставите себеси и својата земја!

Со успех!

Тимот на „Викинг”

1. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ

1.1 Job Offer (Работна понуда)

Вашата работна понуда е договорот со американскиот работодавач. Во работната понуда се наведени основните права и задолженија на двете страни од договорот. Потпишувајќи ја работната понуда, Вие се согласувате со предложените услови.

Затоа пред да ја потпишете работната понуда, обрнете внимание на следното:

• Кој е Вашиот работодавач?

• Каква позиција Ви предложува (какви ќе бидат вашите задолженија)? Промени на таа информација може да направи само Вашиот работодавач.

• Каков е периодот на работните задолженија (точно од која до која дата треба да ги исполните Вашите работни задолженија)? Периодот може да биде променет еднострано и од двете страните, но само при точно утврдени услови (непредвиден пад во работата на работодавачот; во случај на болест на работникот и др.). Доколку сакате да ја напуштите работата порано, потребна Ви е претходна дозвола од спонзорската организација и Вашиот работодавач.

• Каде точно ќе работите (во кое населено место и која ќе биде Вашата работна позиција – ресторан, супермаркет, канцеларија и др.)?

Page 3: Viking WAT прирачник 2012

3

• Колку ќе изнесува Вашата плата?

• Колку часа Ви се гарантираат неделно?

• Има ли можност за т.н. „over-time”? Повеќето работодавачи не гарантираат дополнителни часови на своите работници.

Потпишувањето на работната понуда означува дека се согласувате со сите клаузули во истата и дека стриктно ќе ги исполнувате. Вашиот работодавач исто така е должен да ги исполни сите задолженија кон Вас.

Ако имате некакви проблеми на работното место, поврзете се со спонзорската организација и не превземајте ништо на своја рака. Напуштањето на работата без дозвола од работодавачот или спонзорот е многу сериозно неисполнување на Вашите задолженија и може да доведе до предвремено прекинување на Вашата програма.

1.2 DS-2019

DS-2019 e документ, кој Ви дава право легално да влезете во САД. Датумите наведени во точка 3 (Form Covers Period) го дефинираат периодот во кој можете да работите во САД. По истекот на Вашиот работен период можете да престојувате на територијата на САД уште 30 дена, но само со една цел - туризам.

Вашиот американски спонзор го издава документот DS-2019. Само американски невладини организации лиценцирани од Стејт департментот на САД можат да бидат спонзори на програми за културна размена.

Освен Вашите лични податоци (т.1) и должината на работниот период (т.3), во него е наведено и која е фирмата-спонзор на програмата (т.2), како и вашиот единствен идентификациски број во системот на SEVIS ( DS-2019 number = SEVIS ID number). Од сезоната 2011 спонзорските организации го испраќаат овој документ во Конзулатот на САД и учесниците го добиваат по интервјуто за виза. Документот е потпишан, како од овластен претставник на американскиот спонзор, така и од конзулот на САД кој ве интервјуира. Ако вашиот DS-2019 не е потпишан од фирмата - спонзор или од конзулот, истиот не е валиден и треба соодветно да се завери.

ВНИМАНИЕ! Не можете да влезете на територијата на САД без да приложите оригинален DS-2019 и J-1 виза (тоа се два неразделни документи), така што не ги заборавајте пред да се упатите кон аеродромот!

1.3 J-1 Visa

Тоа е потребен документ при влез во САД, кој ќе биде залепен во Вашиот меѓународен пасош по успешното интервју за виза. Датум на издавање (Issue Date) е датумот на кој се одржало интервјуто. Датум на важност (Expiration Date) во речиси сите случаи е крајот на работниот период што е наведен во член 3 на DS-2019.

Page 4: Viking WAT прирачник 2012

4

ВНИМАНИЕ! Не може да се логирате на територијата на САД по датумот на валидност (Expiration Date) на вашата J-1 виза.

1.4 Медицинско осигурување

Како учесник во програмата Work and Travel USA на "Викинг Травел", ќе имате пристап до информации за медицинското осигурување преку личниот on-line профил, како и во материјалите за Ориентација. Таму ќе најдете детални информации за тоа што покрива осигурувањето и начинот на користење на истото.

ВНИМАНИЕ! Осигурувањето го покрива само работниот период од програмата, како што е наведено во став 3 на DS-2019, но не и 30-дневниот туристички период, кој можете да го искористите по истекот на Вашиот DS-2019.

Корисно е да знаете дека осигурувањето не опфаќа: стоматолошки и општомедицински прегледи; претходно постоечки болести или состојби; трауми при сообраќајни несреќи, доколку Вие сте возеле; болести пренесени по полов пат; практикување на опасни спортови; управување со возило без валидни документи за управување; медицински прегледи и истражувања, кај кои не се дијагностицира болест или се резултат на несреќа; употреба и влијание на опијати; дрога; алкохол и др.

Детални информации во врска со покриеноста на осигурувањето ќе најдете во соодветната осигурителна брошура, која е објавена и на Вашиот личен профил на нашата веб-страна. Таму ќе го најдете и бројот на осигурителната полиса.

1.5 Social Security Card (SSC) and Social Security Number (SSN)

Сите луѓе кои имаат законско право на работа во САД треба да аплицираат за број за социјално осигурување. Како учесници во програмата за културна размена и имајќи право на работа, Вие исто така треба да поседувате таков број. Социјално-осигурителниот број (SSN) им овозможува на оние кои го поседуваат легално да работат во САД за периодот на валидност на формуларот DS-2019. Ако веќе имате издаден SSN при претходното учество во таква програма, не е потребно да аплицирате повторно. Вашиот SSN важи за цел живот. Потребен Ви е само документ кој Ви дава право на работа во САД (на пример DS-2019, ако сте со J-1 виза; I-129, ако сте со H2B виза), како и валидна американска виза.

1.6 Social Security Application (SS-5)

Тоа е формулар, потребен при аплицирање за издавање на број за социјално-осигурување по пристигнувањето во САД и направената SEVIS регистрација. Овој формулар ќе Ви биде доставен од администрацијата во најблиската канцеларија за социјално осигурување.

Начинот за пополнување на SS-5 е следниов:

Page 5: Viking WAT прирачник 2012

5

1. На т.1 напишете име и презиме, како што се напишани во Вашиот меѓународниот пасош; 2.На т.2не пополнувајте ништо; 3.На т.3 напишете го името на градот во кој сте родени, како што е напишано во меѓународниот пасош; 4.На т.4 напишете го датумот на раѓање во формат mm/dd/yyyy(месец, ден, година); 5.На т.5 направете ознака на "Legal Alien Allowed to Work”; 6.Вметнете соодветни обележувачи на точките 6,7и 8; 7.На т.9А напишете го моминското презиме на Вашата мајка, на т.9В не пополнувајте ништо; 8.На т.10а напишете го името на Вашиот татко, на т.10В не пополнувајте ништо; 9.Точки 11,12 и13 оставете ги непополнети; 10.На т.14 напишете го датумот на кој што ги поднесувате документите; 11.На точката 15 напишете го телефонскиот број на работодавачот;

12.На т. 16 напишете ја адресата, на која што ќе сакате да ја добиете Вашата Social Security Card. „Викинг” Ве советува да ја пополните адресата на работодавачот;

13.Потпишете се на т. 17;

14.На т. 18 ставете ознака на “Self”. Не пополнувајте ништо после т. 18.

1.7 I-94 card

Картичката I-94 (Arrival / Departure Record) ќе Ви биде дадена во авион околу 2 часа пред Вашето пристигнување во САД од стјуарди кои Ве служат. Преку овој формулар имиграциските власти утврдуваат кога влегувате и ја напуштате земјата. Покрај тоа, во него е наведен и последниот ден до кој легално можете да престојувате во земјата.

По пристигнувањето во САД, вработен во имиграциските служби ќе стави печат на картичката I-94, ќе одбележи на него D/S, што значи "Duration of Status", и ќе го закачи во Вашиот пасош. D/S е еквивалент на датумите наведени во т. 3 на DS-2019, плус дополнителниот 30-дневен период за туризам.

ВНИМАНИЕ! Чувајте ја закачена во пасош картичката I - 94 до напуштање на САД! Губењето на овој документ може да има многу сериозни последици, а враќањето е тешко, скапо и одзема многу време! Затоа при првата можност направете копија на двете страни на картичката I - 94 и зачувајте си една копија. При напуштање на земјата службеник на имиграциските служби ќе Ви ја земе оригиналната картичка од пасош како потврда дека сте излегле од САД во пропишаниот рок.

Копијата на картичката I – 94 може да Ви притреба и при поднесување на американска даночна декларација, ако Ви се задржани даноци Medicare и Social Security (FICA).

1.8 W-4 (Employee’s Withholding Allowance Certificate)

Откако ќе пристигнете кај работодавачот, тој ќе ви даде формулар W-4, кој треба да го пополните. Вашиот даночен статус во САД е "Non-Resident Alien" и ние Ве советуваме да го напишете следново: • На стр 1, точка А и точка Н напишете 1 (единица); • Оставете ги точките B, C, D, E, F и G непотполнети; • На стр 1, точка 1 впишете го читливо Вашето име, исто како што е испишано во меѓународниот пасош. • На точката 2 впишете го Вашиот SSN (доколку сеуште не сте го добиле, оставете ова поле

Page 6: Viking WAT прирачник 2012

6

празно); •На точката 3 ставете ознака "Single" (ако не сте мажена / женет); •На точката 4 одбележете доколку е потребно; •На точката 5 напишете 1 (еден); •На точката 6 пополнете 0 (нула); • Точка 7 оставете ја непотполнета.

1.9 I-9 (Employment Eligibility Verification Form)

Освен W-4, кај работодавачот ќе пополните и формулар I-9 со кој се информира федералната влада на САД дека имате законско право да работите. Пополнете го само дел 1 (Section 1) на овој документ. Ве советуваме да го направите тоа на следниов начин: напишете го Вашето име како што е во пасош; адреса во САД; датум на раѓање; град; држава; поштенски код и SSN. Ставете ознака на "An alien authorized to work until", а потоа препишете го датумот до кој важи Вашиот DS-2019. Местата 2 и 3 (Section 2, Section 3) на овој формулар се пополнуваат од страна на Вашиот работодавач.

1.10 W-2

Работодавачот е должен според законот, меѓу 01.01. и 15.02. да испрати формулар W-2 на Ваша адреса која е наведена од Ваша страна во W-4 меморандумот. Во формуларот W-2 е забележан вкупниот износ на Вашите приходи и на задржаните даноци. Информациите во овој формулар се користат при составување на американската даночна декларација. Ако до 31.01. не го добиете формуларот W-2, контактирајте со работодавачот.

2.ВАШИТЕ ОБВРСКИ

2.1 Пред заминувањето ...

1. Подготовка на сите потребни документи Направете фотокопии на следните документи и оставете по 2 примероци со Вас и во Вашиот багаж и 1 примерок дома на располагање на Вашите родители: • Авионски билет; • Пасош; • J-1 виза; • DS-2019; • Работна понуда; • Џепарлак (согласно барањата на Стејт департментот на САД, препорачаната сума која треба да ја имате е 1000 $); • лична карта; • Возачка дозвола (ако имате таква); • Меѓународна возачка дозвола (ако имате таква); • SSC (ако веќе сте биле во САД);

Дополнителни документи: • осигурителна полиса; • Social Security Application;

Page 7: Viking WAT прирачник 2012

7

• материјали од Ориентацијата;

Исто така не заборавајте да земете: • Очила или леќи; • Препишани лекови; • Фотоапарат; • Полначот или адаптер за струја; • Кредитни / дебитни картички;

2. Собирање на потребни информации за: идниот работодавач; местото на работа; обврски на работното место; патување до САД; патувањето до работното место; сместување; информации за културата на градот во кој ќе живеете.

2.2 Веке сте во САД ...

2.2.1 Регистрација на SEVIS

Што е SEVIS? Во 2003 година Владата на САД воведе во употреба информатички систем SEVIS (Student Exchange Visitor Information System). Тоа претставува база на податоци со актуелни информации за сите странски студенти кои престојуваат на територијата на САД. Пристап до неа имаат повеќе служби и институции, меѓу кои имиграциони власти, конзулати, спонзорирани организации и др. За да може фирмата - спонзор да го одржи Вашиот редовен статус, треба навремено да ја информирате (преку онлајн регистрација на сајтот) за: • Пристигнување во САД (Arrival Notification): во рок од 3 дена по влегувањето во САД мора да се регистрирате во SEVIS. Тоа се случува на веб страната на фирмата-спонзор. Системот бара да го внесете датумот на кој сте се логирале во САД, бројот на картичка I - 94 и адресата на која престојувате;

ВНИМАНИЕ! Секој обид да се регистрирате во SEVIS пред да сте ја напуштиле Македонија, може да доведе до откажување од страна на имиграциските власти и Одделот за национална безбедност да Ви дозволат на престојувате на територијата на САД. • Промена на адресата: во рок од 48 часа од настаната промена на адресата на престој треба да ја информирате фирмата-спонзор за новата адреса. Не се прифаќаат поштенски сандачиња (PO Box), како и адреса на работодавачот, освен ако не сте сместени во компанијата каде што работите; • Промена на местото каде што сте работеле: промената на работодавачот треба да е претходно договорена и одобрена од американската фирма-спонзор на програмата! Само по добиено одобрение од нејзина страна можете да го напуштите работодавачот без негативни последици. Не заборавајте да ја известите компанијата-спонзор за името и адресата на новиот работодавач!

•Едномесечно ажурирање на податоците во SEVIS: речиси сите спонзорски организации бараат секој месец обновување на регистрацијата во SEVIS со пополнување на Monthly Check-in. Едномесечното обновување на регистрацијата се прави на ист начин како и првичното регистрирање во системот SEVIS, особено преку интернет страницата на спонзорската организација.

Page 8: Viking WAT прирачник 2012

8

ВНИМАНИЕ! Пропустот да ја обновите регистрацијата во SEVIS ќе доведе до негативни последици за вашата програма, па дури и доведува до предвремено прекинување.

ВНИМАНИЕ! Целта на базата на податоци SЕVIS е да се следи движењето на студентите во САД и да има најнови информации за нив, а Вашата врска со SEVIS е фирмата-спонзор - затоа неисполнувањето на горенаведените обврски води до менување на Вашиот статус "out of status" и еднострано откажување на програмата! Овие информации се документираат и има долгорочни негативни последици доколку посакате последователно учество во програмата или аплицирате за било каков вид виза.

2.2.2 Aпликација за Social Security Number (SSN)

Кога ќе пристигнете кај работодавачот, замолете го да Ве насочи кон најблиската канцеларија/биро на Social Security Administration, (оваа информација е наведена и во работната понуда) за да поднесете документи за издавање на SSN. Најблиската канцеларија на социјално-осигурителната администрација можете да ја најдете и на следнава адреса: www.socialsecurity.gov/locator/

Потребни документи за апликација за SSN се: 1. Пасош - оригинал + 1 копија 2. Виза - оригинал + 1 копија 3. Картичка I-94 - оригинал + 1 копија 4. Формулар DS-2019 - оригинал + 1 копија 5. Работна понуда 6. Формулар Social Security Application (SS-5) 7. Уште еден документ за идентификација со слика (лична карта или возачка дозвола)

Viking совет!

Во канцеларијата за социјално осигурување замолете да Ви дадат уверение дека сте аплицирале за SSN. Корисно е да го запишете името на службеникот, датумот на кој сте аплицирале и адресата на канцеларијата за социјално осигурување, каде се обработуваат документите. Вашиот SSN се издава, откако ќе се направи извештај во SEVIS и таму се покаже дека сте се регистрирале успешно во системот, и програмата Ви е активирана и во добра состојба. Пожелно е да аплицирате за SSN околу 10 дена по направена SEVIS регистрација, бидејќи за ажурирањето на Вашиот статус потребно е некое време. За издавање на SSN се неопходни околу 4-6 седмици. За време на постапката за издавање на Вашиот SSN можете да работите легално само кај работодавачот наведен во понудата за работа.

Viking совет!

Ако работодавачот не е запознаен со начинот на кој сметководствено треба да ја обработи Вашата плата пред да го добиете Вашиот SSN,замолете го да ја исконтактира канцеларијата за социјално осигурување или да ја посети следнава веб-адреса: www.ssa.gov/employer/hiring/

Page 9: Viking WAT прирачник 2012

9

Ако во рок од 8 седмици од датумот на поднесување на документи за SSN не го добиете својот SSN, контактирајте со администрацијата на бесплатниот телефон за информации 1-800-772-1213. А ако Вашата картичка за социјално-осигурување од некоја причина не пристигне на наведената адреса (од Ваша страна) во Social Security Application, а веќе имате број, замолете во канцеларијата на администрацијата да Ви ја преиздадат или да Ви обезбедат документ дека овој број е на Ваше име.

3. ПАТУВАЊЕ 3.1 Патување во САД 3.1.1 Подготовка на багажот

Честитки! Штом сте стигнале до редоследот за багажот, Вие сте на прагот на едно навистина возбудливо патување. За да се заштитите од компликации на аеродромот, проверете ги следниве важни работи: • максималната дозволена тежина на багажот зависи од авиокомпанијата со која летате. Запознајте се со правилата означени на Вашиот билет, за да дознаете која е максималната дозволена тежина на куфери и на Вашиот рачен багаж. Оваа информација може да ја проверите кога ќе влезете на интернет страницата на соодветната авиокомпанија. • Одберете голем куфер, но не земајте многу предмети. Овој куфер ќе биде со вас цело патување и не треба да е претежок. Освен тоа крајот на престојот во САД секогаш е поврзан со шопинг и добро е да сте оставиле доволно празно место!

• Земете облека, која е погодна за климата и местото каде што ќе работите. • Уверете се дека електричните уреди кои ќе ги земете со себе можат да работат во американската електрична мрежа (110V) (има разлика и во формата и во обликот на штекерот и контактите). Часовникот (аларм) и електричен адаптер можат да Ви го олеснат престојот. • Добро е да земете и нешто од лекови, како аспирин, аналгин, алергозан, антибиотици и др. • пренесување на храна е апсолутно забрането. Ако сте наполниле 21 година, можете да носите со себе едно шише алкохол и една штека цигари. Во врска со засилените мерки за безбедност, воведени на меѓународните аеродроми, Ви обрнуваме внимание да не се пренесуваат во рачниот багаж течности и да не се загрозува безбедноста на летот со предмети како ножици, ножеви, остри метални предмети, козметички несесери, чадори, кибрит, запалки и др ., бидејќи тие можат да бидат запленети, а Вие да имате сериозни проблеми со контролните органи. За повеќе информации за дозволената количина течности во рачниот багаж посетете ја веб страницата на аеродромот или на авиокомпанијата со која патувате.

3.1.2 Лет

ВНИМАНИЕ! Пред да се упатите кон аеродромот, задолжително внимавајте да не заборавите: 1.Меѓународен пасош; 2.Формулар DS-2019; 3.печатење на електронскиот билет; 4.Друг документ за идентификација (лична карта, возачка дозвола); 5.Вашата работна понуда; 6.Џепарлак (кредитна или дебитна картичка).

Page 10: Viking WAT прирачник 2012

10

Барање на сите авиокомпании е да бидете на терминал за заминување најмалку два часа пред самиот лет. Тогаш е потребно и да се регистрирате (check in) на шалтерите на соодветната авиокомпанија. Авионскиот билет е електронски. Тоа значи дека сте го добиле истиот отпечатен со информации за летовите, а при самото регистрирање е доволно да му го дадете на службеникот својот меѓународен пасош. Тогаш ќе го изберете и своето место во авионот - место до прозорот (window seaт) или до патеката (isle seat). Регистрацијата Ви овозможува да избирате помеѓу повеќе места. Не ја оставајте регистрацијата за во последен момент - тогаш има големи редици и ризикувате да го пропуштите авионот.

За време на регистрацијата (chech-in) го давате багажот, со исклучок на рачната торба, на вработен во авиокомпанијата. Службеникот ќе Ве праша дали го испраќате багажот до крајната дестинација или сакате да имате пристап до него на посредните аеродроми. Ако имате престој на европски аеродром, пократок од 24 часа, подобро е да го испратите багажот директно до крајната дестинација. Осигурете се дека на секој ваш куфер е ставена налепница со број со кој е означен Вашиот багаж. Втор примерок од истата налепница ќе биде залепена и на Вашиот билет.

По регистрацијата службеникот на шалтерите ќе Ви издаде и обезбеди патна картичка (Boarding Pass), на која се означени: • Превозникот (Carrier); • Број на лет (Flight Number); • Излез од кој полетува авионот (Gate); • Време на качување на патниците (Boarding Time); • Место во авионот (Seat).

Патната картичка (Boarding Pass) се дава на вработените на авиокомпанијата, кои Ве пречекуваат на излезот од кој полетува авионот непосредно пред влегување во истиот.

Информации за летот можете да најдете во секое време на електронските информативни табли на аеродромот. На нив секогаш се испишуваат: превозник (Carrier), број на лет (Flight Number), излез (Gate), статус на летот – “Check in” сигнализира почеток на регистрација за летот, а “Boarding” известува дека започнало качувањето на патниците. Осигурајте се дека знаете како да стигнете до соодветниот излез, бидејќи големите меѓународни аеродроми имаат десетици излези, па дури и изградена метро мрежа за движење во рамките на аеродромот и може да потрае повеќе од 30 минути! Во авионот ќе Ве пречекаат стјуарди и ќе Ве упатат кон Вашето место. Пред полетување ќе бидете информирани за стандардите за безбедност на соодветната авиокомпанија (Safety Standards). Слушнете ги внимателно и не ги заборавајте. Забрането е користење на сите електрични апарати, како и на мобилни телефони, при полетување и слетување! За време на летот на патниците, се сервира храна и освежителни пијалоци. На прекуокеанскиот лет се сервираат појадок, ручек или вечера. Тие се вклучени во цената на авио билетот. Ако имате внатрешен лет на територијата на САД, тогаш обично се сервираат лесна храна, а ручек или вечера се плаќаат дополнително. Секогаш обраќајте се до стјуарди, тие се таму за да Ви помогнат.

3.1.3 Аеродромот во Европа

Page 11: Viking WAT прирачник 2012

11

Летот вклучува привремено слетување (stop-over) во Европа. Добро е претходно да бидете информирани за престојот и дали имате право да ја напуштите територијата на аеродромот. Проверете, исто така, и дали имате потреба од транзитна виза (ако не сте државјанин на земја-членка на Европската унија) за престојот во државата во која имате слетување. Paris - Charles de Gaulle Airport (CDG) - http://www.aeroportsdeparis.fr/ADP/en-gb/passagers/home/ Аеродромот "Шарл де Гол" се наоѓа на 23 километри од Париз. Трите терминали на аеродромот се поврзани со бесплатни автобуси (shuttle buses). Лесен начин за движење до градот е метрото, што се наоѓа во зградата на Терминал 2. Rome - Fiumicino International Airport (FCO) - http://www.rome-airport.info/ Аеродром "Фуимичино" се наоѓа на 26 километри југозападно од Рим. Располага со 3 терминали, меѓу кои може да се движите пеш. До Рим можете да стигнете со воз Leonardo Express, кој стигнува до централната железничка станица Termini. Патувањето трае околу 35 мин. London - Heathrow Airport (LHR) - http://www.heathrowairport.com/ Аеродромот се наоѓа на 24 километри западно од Лондон.Меѓу терминалите 1, 2 и 3 може да се движите пеш, а за да стигнете до терминалите 4 и 5 користете ги бесплатните услуги на Heathrow Express Train. До Лондон се стигнува и со воз,патувањето до Paddington Station трае 15-20 мин. Друга можност за движење до градот нуди метро - аеродромот се наоѓа на Piccadilly Line, која води до центарот на Лондон. Amsterdam - Airport Schiphol (AMS) - http://www.schiphol.nl/ Аеродромот на Амстердам се наоѓа на 15 километри од самиот град. Тој има само еден терминал. За да се движите до градот може да се користи железнички транспорт. Железничката станица се наоѓа во централниот дел на аеродромот. Патувањето до Amsterdam Central Station трае 15 мин.

ВНИМАНИЕ! Ако планирате да излезете од аеродромот, задолжително информирајте се однапред за редот на возење со Вашиот транспорт како и за враќање со него и бидете на соодветниот излез (Gate) најмалку два часа пред самиот лет до САД.

Viking совет! За повеќе информации околу превозот од Македонија до Софија, Бугарија посетете ја вашата Викинг канцеларија. 3.1.4 Аеродромот во САД На првиот меѓународен аеродром во САД, на кој ќе слетате Ви претстои да поминете пасошка проверка. На одговорното вработено лице на имиграциските власти треба да му го дадете својот меѓународен пасош, оригиналниот формулар DS-2019 и пополнетата во авионот картичка I-94. Освен тоа, ќе Ви бидат земени биометриски податоци (отпечатоци) и ќе Ви бидат поставени прашања поврзани со Вашето патување до САД, на кои треба да дадете автентични одговори. По пасошката проверка потребно е да се поместите до лентата на која се растоварува багажот (следете знакот Baggage Claim) – погледнете ги знаците или прашајте вработен на аеродромот каде е таа. Ако поради некоја причина не ги најдете куферите на лентата за багаж, контактирајте го одделот

Page 12: Viking WAT прирачник 2012

12

"Изгубен багаж" на соодветната авиокомпанија. Вработените во овој оддел можат да ви дадат информации, кога се очекува да пристигне Вашиот багаж. Во ваков случај потребно е пополнување на формулар во кој треба да наведете адреса за испорака на куферите (авиокомпанијата е должна да го стори тоа бесплатно) и телефон за контакт со Вас. Ве советуваме во ваков случај да дадете точна адреса и телефон на работодавачот. Обично за 3-4 дена куферот ќе биде доставен на адресата која сте ја навеле. Откако ќе го земете багажот ќе преминете на царинска проверка. Ви напоменуваме дека пренесувањето на храна (месо, сирење, овошје, зеленчук, ореви и др.) е апсолутно забрането. Viking совет!

По царинската проверка јавете се на своите родители, за да не се загрижени за вас.

ВНИМАНИЕ! Ако се појават проблеми, контактирајте со вработен во која и да е авиокомпанија

за помош!

4.Пaтување вo САД

Ефтин и удобен начин за движење од градот во кој сте слетале, до Вашиот работодавач, предлага фирмата за автобуски превоз Greyhound. Распоред на линиите може да најдете на адресата www.greyhound.com. Прашајте го службеникот на шалтер „Информации” како најбрзо да пристигнете до автобуска станица на Greyhound (Greyhound Bus Station) или посетете ја претходно веб страната на Вашиот аеродром во САД за повеќе информации:

New York – John F. Kennedy International Airport (JFK): www.kenndyairport.com New York – Newark Liberty International Airport (EWR): www.newarkairport.com Boston – Logan International Airport (BOS): www.massport.com/logan/getti/ Atlanta – Hartsfield Atlanta International Airport (ATL): www.atlanta-airport.com Houston – George Bush Intercontinental Airport (IAH): www.houstonairportsystem.org Miami – Miami International Airport (MIA): www.miami-airport.com Salt Lake City – Salt Lake City International Airport (SIC): www.slcairport.com Los Angeles – Los Angeles International Airport (LAX): www.lawa.org Washington – Washington Dulles International Airport (IAD): www.mwaa.com Chicago – O’Hare International Airport (ORD): www.ohare.com San Francisco – San Francisco International Airport (SFO): www.flysfo.com Detroit – Detroit Metro International Airport (DTW): www.metroairport.com Minneapolis – St. Paul International Airport (MSP): www.mspairport.com Anchorage – Ted Stevens Anchorage International Airport (ANC): www.anchorageairport.com Dallas – Fort Worth International Airport (DFW): www.dfwairport.com

На веб-страната на соодветниот аеродром ќе најдете повеќе информации и за сите локални компании за автобуски превоз, од кои некои нудат навистина евтини и практични релации за повеќето градови во околината. Кога купувате билет, наведете ги имињата на градот и државата до кои патувате. При долги патувања често пати треба да го смените автобусот (stop over). Прашајте го возачот дали е тоа неопходно при Вашето патување, и ако е така, замолете го да Ве потсети кога ќе пристигнете на соодветната автобуската станица. Ако треба промена на автобус не заборавајте го Вашиот багаж. Други варијанти за пристигнување до работодавачот, но значително поскапи од автобуски превоз, се американската железничката компанија Amtrak (www.amtrak.com) или авиокомпании како Jet Blue,

Page 13: Viking WAT прирачник 2012

13

Delta Airlines, US Airways, такси и др. Откако сте ја прецизирале маршрутата и точното време на заминување и пристигнување, добро е да се јавите на работодавачот, да Ве пречека или насочи како да стигнете до местото каде што ќе работите. Одговорноста за организацијата на Вашето патување од аеродромот до работодавачот е целосно ваша.

Viking совет! Автобуските и железничките станици не се едни од најбезбедните места, па не испуштајте го багажот и личните прибор од поглед и однесувајте се одговорно!

5. Патување надвор од САД

Ако за време на програмата имате намера да посетите друга држава, важно е да знаете дека: • Пред да ги напуштите САД, претставник на организацијата - спонзор, треба да го потпише Вашиот формулар DS-2019, на тој начин таа потврдува пред имиграциските власти дека Вашиот статус во програматае во ред. Контактирајте со својата компанија-спонзор за информации како да им испратите свој DS-2019 за потпис; • Можно е за некоја од земјите кои планирате да ги посетите, да Ви е потребна виза (на пример Канада). За подетални информации за визните процедури контактирајте со Амбасадата на соодветната држава во САД; • Враќањето во САД треба да се случи пред вашата J-1 виза да е истечена.

6. Вработување Општи информации Кога ќе почнете со работа работодавачот ќе Ви обезбеди за пополнување два формулари поврзани со оданочувањето - W-4 и I-9 (повеќе информации за нив можете да најдете во делот Задолжителни документи). Препорачуваме да се запознаете подетално со барањата на работодавачот во врска со облеката, однесувањето на работното место, корпоративните стандарди за услуги на клиентите и др., и строго да ги почитувате. Следете го неделниот распоред, доаѓајте навреме на работа, секогаш бидете љубезни и се насмеани - тоа се природни нешта за американската култура. Платата ќе ја добивате во форма на чекови (paycheck), најчесто тоа се случува секоја седмица или на секои две седмици. Чекот кој го добивате е за претходната работна седмица, поточно на крајот на втората седмица во текот на која сте работеле, ќе добиете чек за првата и тн. Внимателно прочитајте ја работната понуда во врска со начинот на исплаќање. Повеќето работодавачи ги исплаќаат вработените на секои две седмици. Секој чек (paycheck) ќе биде придружуван од извод од сметководствениот систем на работодавачот (paystub).Во него е впишан доходот и Ви се задржуваат даноци, како за последниот работен период (седмица), така и за периодот од почетокот на работата за оваа компанија до одредениот датум (Year-to-date или YTD). Чувајте ги сите изводи додека се вратите во Македонија и ја поднесете својата даночна декларација. Обично последниот чек се испраќа во Македонија, освен ако не сте се договориле со работодавачот

Page 14: Viking WAT прирачник 2012

14

за друг начин на плаќање на Вашиот надоместок од последната седмица.

Viking совет!

Чувајте го последниот чек (paycheck)! Тој е потребен за пополнување на Вашата даночна декларација!

7. Реализирање на чекови

Чековите можете да ги реализирате на неколку начини: • Во соодветната банка-издавач (банката, каде Вашиот работодавач е клиент). Обично за тоа не е потребно да имате банкарска сметка и услугата се врши бесплатно; • Во било која банка, (за оваа банкарска услуга е можно да треба да се плати провизија и да Ви е потребна банкарска сметка); • Со отворање на трансакциона сметка на Ваше име во локална банка (checking account). Така ќе бидете сигурни за Вашите пари и ќе можете лесно да ги префрлите на сметка во Македонија по завршувањето на програмата. Викинг Ви ја препорачува оваа опција; • Во големи супермаркети или бензински пумпи. На такви места, често пати се задржува поголема провизија. За да реализирате чек, обично треба да приложите два документи за идентификација со Ваша скорешна фотографија (Picture ID), како на пример Вашиот меѓународен пасош и возачката дозвола или лична карта.

8. Отворање на банкарска сметка

За да отворите банкарска сметка во САД, потребно е да ги приложите во избраната банка следниве документи: • Пасош; • картичката за социјално осигурување (Social Security Card); • точната адреса во САД. Сметките во САД може да бидат дебитни т.е. за плаќање (Checking Account) и за штедење (Savings Account). Подобра е дебитната. Обично при отворањето на с-ка банката издава дебитна картичка и чековна книшка, со кои може да се врши плаќање безготовинско и на интернет. Одвојте го потребното време за да ја најдете банката која нуди најповолни услови, ниски трошоци за услугите и за банкарски трансфери. Вообичаено тоа се големите банки со филијали во поголемите градови во САД.

Viking совет! Прашајте го американскиот работодавач и колегите во која банка се клиенти. Тие ќе Ви дадат корисни совети!

Повеќето банкомати во САД (ATM Machines) нудат можност како за вадење на пари, така и за внесување на пари на сметка. Истото важи и за чекови, но обично трае малку повеќе време во споредба со реализација на истите во банка. Можно е да ја примате неделната плата директно на

Page 15: Viking WAT прирачник 2012

15

банкарска сметка (а не на paycheck), а за таа цел е неопходно да се проверат условите за директен депозит во Вашата банка, како и да го известите работодавачот дека сакате платата Ви да биде директно депонирана на Вашата сметка.

Viking совет!

Кои прашања да поставите при отварање на банкарска сметка: • Имате ли специјални понуди за студенти или за млади? • Дали наплаќате одреден износ ако не се одржи балансот на сметката на минимум? • Дали постои плаќање за банкарските услуги месечно? • Може ли да се користи онлајн банкарство? • Колку чинат чековите? • Колку се наплаќаат пречекорувањата? • Кои други трошоци ќе ги имам за мојата сметка?

9. За даноците во САД

9.1 Оданочување

Важно е да знаете дека приходите на сите луѓе кои работат на територијата на САД, се предмет на оданочување. Од вашите чекови исто така ќе бидат направени однапред направени одбивања. Како учесник во програмата за културна размена, сепак сте обврзани да плаќате само дел од многубројните видови на даноци во САД, имено:

• Федерален данок (Federal Income Tax); • данок на државата во САД во која работите (State Income Tax); • Локален данок (Local Income Tax).

Даночната администрација на САД ги ослободила учесниците во програмата Work & Travel USA од плаќање на даноци за социјално (Social Security) и здравствено осигурување (Medicare). Даноците се задржуваат директно од вашиот Paycheck и се префрлаат на американската даночна администрација. Детални информации за видот и големината на задржаните даноци ќе ги добивате на извод со чековите (paystub), што е препорачливо да го чувате. Вредноста на даночните придонеси зависи од Вашата седмична плата и од државата во која работите.

Viking совет! Ако забележите дека од чековите Ви се задржуваат даноци за социјално и медицинско осигурување, замолете ги работодавачот или неговиот сметководител да исконтактира со американскиот спонзор на Вашата програма!

Ако работодавачот продолжи да прави такви задржувања, замолете го да Ви ги врати неправилно одземените Social Security и Medicare даноци преку издавање на чек на крајот на престојот. Ако сето тоа биде без резултат, задолжително направете копија на картичката I-94 прикачена во пасошот и донесете ја во канцеларијата на Viking. Ние ќе ви помогнеме за враќање на овие даноци

Page 16: Viking WAT прирачник 2012

16

по завршувањето на даночната година. Пред да тргнете, осигурајте се дека Вашиот работодавач располага со точната адреса во Македонија за кореспонденција со вас. На оваа адреса ќе го добиете последниот чек и формуларот W-2. По завршувањето на програмата и на даночната година, преку услугата на Viking Max-Tax Refund, ќе можете брзо, лесно и транспарентно да го вратите маскималниот дел од даноците.

Viking совет! За да се искористат предностите на услугата и да ги добиете даноците што е можно побрзо, Ве советуваме да не контактирате веднаш по враќањето во Македонија.

10. Културен шок!

10.1. Што е културен шок?

Речиси сите учесници во програмата може да доживеат поголеми или помали проблеми со приспособувањето кон новите услови на работа и живот. Културниот шок се дефинира како психолошки шок и произлегува од потребата да се приспособите кон новата околина, култура и луѓето кои може да се радикално различни од оние со кои сте навикнале да се дружите досега. Климата, храната, ситуацијата, навиките на луѓето можат првично да Ви изгледаат неприфатливи или чудни. Англискиот јазик може да не Ви е на очекуваното ниво и да не Ви служи како што сте претпоставувале.

Првично може да се доживее силен стрес од брзиот ритам на живот во САД. Погоре наведеното се однесува во помал или поголем степен за сите Учесници кои посетуваат странска земја.

Поради релативно краткиот престој во САД ефектот од т.н. културен шок за Учесниците во Програмата Work & Travel во САД, е ограничен. Потребно е да се има предвид дека во оваа состојба се наоѓаат повеќето студенти и за неговото надминување е потребно одреден временски период за адаптација.

Меѓу најчестите симптоми на културен шок се:

- Чувство на изолираност, збунетост, нервоза; - Ви недостасуваат пријателите, семејството, често им пишувате или се јавувате на нив,

плачете; - Чувствувате одбивност кон САД и Американците и ги сметате за причина за непријатност; - Мали проблеми “Ве вадат од кожа”; - Ве мачат силни сомнежи да одлучите дали да учествувате во Програмата; - Често си поставувате прашање: “Зошто шефот разговара на толку висок тон ”? или “Ќе

можам ли да си ги вратам средствата кои ги вложив за да учествувам во Програмата”?; - Одбивате да зборувате на Англсики јазик; - Се дружите претежно со студенти од Македонија.

Page 17: Viking WAT прирачник 2012

17

10.2 Како полесно да го надминете културниот шок?

-Комуницирајте со другите студенти и со Американците со кои работите. Веројатно некој од нив поминал низ слична состојба и може да Ви даде вреден совет или едноставно да Ве разбере;

-Сетете се зошто се одлучивте да учествувате во програмата;

-Зборувајте на Англиски јазик! За да го надминете културниот шок, мора да прифатите некои аспекти од новата култура. Дури првично и да се чувствувате несугурни во своето знаење, наскоро ке забележите дека колегите ќе Ве поправаат со добронамерен тон и дека се воодушевуваат од Вашата желба да го подобрите својот Англиски јазик. Ако разговарате само на Македонски, ќе се изолирате од сите кои не го зборуваат тој јазик. Од друга страна пак комуникацијата на Англиски ќе Ве доближи со студентите од различни земји и ќе создадете многу нови и возбудливи пријателства. Најголемата грешка која можете да ја дозволите е да молчите;

-Бидете отворени-обидете се непристрасно да прифаќате нови луѓе, култура и начин на живот. Обидете се да се радувате на разликите и да се збогатите од нив!

11.Корисни информации

11.1 Активности во критични ситуации

Ако се најдете во ситуација која го загрозува Вашиот живот или на некој друг со Вас, јавете се веднаш на телефонскиот број за итни случаи 911!

Ако сте сериозно болни или повредени, жртва на кривично дело или уапсени, контактирајте го веднаш Вашиот Спонзор на бесплатниот телефонски број за 24-часовна врска.

11.2 Избегнување на проблеми

Како учесници во програмата за културна размена, од Вас се очекува да се запознаете со законите на земјата-домаќин и да ги почитувате! Законите во САД се исклучително строги и постапката за пресуда е брза особено при:

-Кражба;

-Употреба на алкохол на јавни места;

-Продажба на алкохол на лица под 21 година;

-Продажба на алкохол и цигари на лица под 21 година;

-Поседување, употреба и проджзба на дрога;

-Нарушување на јавниот ред и мир;

-Оштетување на имот;

-Фалсификување на документи;

Page 18: Viking WAT прирачник 2012

18

-Сексуални односи со лица под 18 години;

-Изјави и активности, изразување дискриминација на раса, пол, сексуална ориентација, верски убедувања и сл.

12.Банкарски трансфер за Вашата заштеда

Еден од најомилените начини за трансфер на пари е со банкарска трансакција.

Заштедата може да ја префрлите на сметка во секоја банка во Македонија. Пожелно е да ја префрлите заштедата една или две недели пред датумот на враќање во Македонија, но при тоа оставајќи доволна сума на пари со која ќе може да ги покриете трошоците пред заминување. За таа цел треба да појдете во Американска Банка, чиј клиент сте, и да го замолите банкарскиот службеник да Ви даде да пополните документ за банкарски трансфер. Во овој документ се бараат следниве информации:

- Beneficiary name -напиште го Вашето име и презиме на латиница и матичниот број;

- Beneficiary address-напишете ја постојаната адреса на живеење (како што стои во Вашата лична карта);

- Bank name -напишете го името на банката во Македонија, во која имате доларска сметка;

- SWIFT/Bank identification code/BIС-побарајте го од банката во Македонија пред да тргнете;

- Bank address-адресата на банката;

-Bank account number (IBAN);

Viking совет!

Пред заминувањето подгответе си генерално или експлицитно полномошно со што ќе дадете можност на свој близок да ја провери достапноста на сметката, за да сте сигурни дека парите Ви пристигнале успешно во Македонија.

13. Sales Tax

Честа појава во САД е цената на производите во продавниците да се пишува како нето,односно без наплатен данок на додадена вредност (Sales Tax). Износот на овој данок и производите на кои се наплаќа, се движи различно во различни земји. Затоа немојте да се изненадите ако на етикетата на некој производ е наведена една цена, а на касата за него платите повисока сума.

14.Разно

-Во САД има четири временски зони- Eastern, Central, Mountain и Pacific.

Page 19: Viking WAT прирачник 2012

19

-Монетата од 25 центи се нарекува “quarter”, монетата од 10 центи е “dime”, монетата од 5 центи е “nikel”, а од 1 цент “penny”.

-Сите телефонски броеви кои започнуваат со 1-800…1-877…или 1-888… се бесплатни и на нив можете да се јавувате од секој телефонски апарат без картичка за телефон или монета.

-Секоја библиотека (public library) нуди ограничен беспалтен пристап до Интернет.

-Билети за метро се купуваат од автомати кои се наоѓаат непосредно пред влезот на подземната железница. Автоматите прифаќаат, како монети, така и банкноти.

-Најефтините места за купување се големите синџири продавници, на пример Walmart;

-Ако планирате да купите автомобил за престојот во САД, консултирајте се со локалните луѓе каде е поефтино да го направите тоа. Обично автомобил на старо може да се купи и за 200-300 УСД. Во повеќето држави се признаваат странски возачки дозволи, но само ако со нив носите и свој пасош. Важно е да знаете дека е потребно да направите посебно осигурување за возење (car insurance).

-Најдостапен начин за транспорт во САД е велосипедот. Таков може да си купите или да изнајмите за време на престојот. Притоа треба да се придржувате кон условите за безопасност. И запомнете дека носењето на шлем (helmet) е задолжително во повеќето држави.

15. Важни адреси и телефонски броеви:

Спонзорски организации:

Spirit Cultural Exchange

137 North Oak Park Avenue, Suite 304

Oak Park, Illinois 60301 USA

Tel. 1 708 763 8940

Toll Free 1 800 390 0978

Fax 1 708 763 8949

Email: [email protected]

Center for International Career Development (CICD)

4530 Union Bay Pl. NE, Suite 214

Seattle, WA 98105, USA

Trainee/Intern Program: +1 (206) 985-2115

Work & Travel Program: +1 (206) 957-7112

Fax: +1 (206) 527-0338

Page 20: Viking WAT прирачник 2012

20

Email: [email protected]

ASSE International

ASPIRE Worldwide Headquarters

228 North Coast Hwy.

Laguna Beach, CA 92651

U. S. A.

Tel: +1 949 497 3310Fax: +1 949 494 3579

E-mail: [email protected]

A Division of

American Pool Enterprises, Inc.

United Work and Travel

11515 Cronridge Drive

Suite Q

Owings Mills, MD 21117

Phone: 410-581-7788

Toll Free: 1-866-IGO2USA

Toll Free: 1-866-446-2872

Fax: 410-581-7950

Viking канцеларии:

www.viking.bg

www.vikingtravel.mk

www.vikingtravel.hr

Амбасади:

Ambasada na Bugarija vo SAD:

1621 22nd St. NW,

Washington DC 20008

Tel.:202-387-7969

Page 21: Viking WAT прирачник 2012

21

www.bulgaria-embassy.org

Ambasada na Makedonija vo SAD:

3050 K Street NW,

Washington DC 20007

Tel.:202-337-3063

Fax: 202-337-3093

Ambasada na Hrvatska vo SAD:

2343 Massachusetts Ave. NW

Washington DC, 20008

Tel.:202-588-8937

E-mail: [email protected]

NOTES:

……………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………….......................