zakon za prevoz na patnici - final

28
УНИВЕРЗИТЕТ “Гоце Делчев“ Штип Факултет за туризам и бизнис логистика Гевгелија Сообраќај во туризмот Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

Upload: ljupka-joshevska

Post on 29-Nov-2014

409 views

Category:

Documents


9 download

TRANSCRIPT

Page 1: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

УНИВЕРЗИТЕТ “Гоце Делчев“ Штип

Факултет за туризам и бизнис логистика

Гевгелија

Сообраќај во туризмот

Закон за превоз на патници во патниот

сообраќај во РМ

Ментор: Доц. д-р Цане Котески Студент: Јошевски Јован

Број на индекс: 17211

Мај, 2011

Page 2: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

Содржина

Вовед..........................................................................................................................3

I. Сообраќајот во Република Македонија................................................................6

1.1. Воздушен сообраќај........................................................................................6

1.2. Патен транспорт..............................................................................................7

II. Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во Република Македонија10

2.1. Видови превоз...............................................................................................11

2.2. Услови за вршење на превоз во патниот сообраќај...................................14

2.3. Превоз на патници........................................................................................15

2.3.1. Линиски превоз на патници....................................................................15

2.3.2. Меѓуопштински линиски превоз на патници.........................................16

2.3.3. Меѓународен линиски превоз на патници.............................................17

2.3.4. Посебен линиски превоз на патници.....................................................18

2.3.5 Слободен превоз на патници..................................................................18

2.3.6.Авто- такси превоз на патници...............................................................19

Заклучок...................................................................................................................20

Користена литература.............................................................................................21

2

Page 3: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

Вовед

Туристичката дејност е хетерогена, односно голем број различни

дејности учествуваат во задоволувањето на потребите на туристите како:

угостителството, сообраќајот, трговијата итн. Сообраќајот како економска

дејност, а во негови рамки и патничкиот сообраќај е овозможува превоз на

туристите од местото на нивниот постојан престој туристичките места и

обратно, како и останати просторни промени на местата врзани за

туристичките патувања. Можеме да сумираме дека од територијален аспект

туристичките услуги се обезбедуваат: во местото на постојан престој; во

процесот на превоз помеѓу местото на постојан престој и туристичките места и

во конкретното туристичко место. Развојот на туризмот во голема мера е

условен од развојот на различните видови транспорт. Улогата на сообраќајот

во туризмот се согледува преку1:

• Превоз на стока за задоволување на потребите на различните

туристички претпријатија

• Превоз на патници:

– Јавен сообраќај

– Сообраќај за сопствени потреби

Поради големата улога на сообраќајот за реализирање на туристичките

движења, од вкупната потрошувачка во туризмот, трошоците за транспортни

услуги во просек се движат од 15-20%. Доколку историски се разгледува

развојот на туризмот, се забележува дека токму сообраќајот имал одлучувачко

влијание врз неговиот развој. Следните три феномени, тогашните

индивидуални патувања ги претвориле во масовен туризам:

1 Николовски, А., “Трговско право“, Скопје, 2007 г.

3

Page 4: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

Железницата и нејзината организација на долги патувања, претставени

од страна на Thomas Cook;

Моторното возило (автомобилот) ги задоволило индивидуалните потраги

во поглед на надворешното поттикнување на патување;

Авионот, кој се разликува од останатите видови транспорт со својот

квалитет, т.е. брзината и растечкиот капацитет.

Од горенаведеното се согледува степенот до кој појавата на железницата,

автомобилот и авионот влијае на претварање на туризмот во масовен

феномен. Се заклучува дека сообраќајот има големо влијание за развојот на

туризмот. Меѓутоа, туризмот има повратно дејство на развојот на самиот

сообраќај. Тоа покажува дека постои меѓузависност во развојот на туризмот и

сообраќајот. Примена на анализа на меѓузависноста во конкретни услови ќе

овозможи да се согледаат и квантитативните односи на ваквата меѓузависност:

1. Во процесот на превоз на туристите не учествуваат само сообраќајните

гранки како економските дејности, туки и неекономските капацитети

(приватни автомобили и останато) почнуваат да вршат економска

функција. При анализа на меѓусебната зависност во развојот на

сообраќајот и туризмот, треба да се земат во предвид, и јавниот

сообраќај и сообраќајот за сопствени потреби.

2. Превозот на стока за задоволување на разните потреби на туристичката

дејност, мора да добие свое место и значење во анализата на

меѓузависноста на развојот на сообраќајот и туризмот (превоз на

прехранбени и репродукциони материјали, разни производи кои

непосредно им се продаваат на туристите итн.).

Во однос на времето на создавање на модерниот сообраќај, на

почетокот на XIX век, ситуацијата квалитативно се променила. Се усовршуваат

железничкиот и поморскиот сообраќај, а во меѓувреме се појавиле и два нови

видови на транспорт, т.е. автомобилскиот и воздушниот сообраќај. Денес,

најважните видови транспорт во превозот на домашни и странски туристи се:

- Железнички сообраќај

- Поморски, речен, езерски и каналски сообраќај

4

Page 5: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

- Воздушен сообраќај

- Патен сообраќај (јавен)

- Користење на патнички автомобили и останати капацитети за сопствени

потреби

Согледувањето на улогите на поединечните видови превоз во

меѓународниот туризам, овозможува да се извлечат неколку заклучоци.

Воздушниот сообраќај има посебно голема улога во превозот на странски

туристи кои ги посетиле следните земји: Австралија, Тајланд, Сингапур,

Хонгконг, Грција, Велика Британија, Египет, Индонезија, Тунис, Турција,

Шпанија, Аргентина, САД и Јапонија. Ова е условено со изразената тенденција

на зголемена улога на организираниот туристички промет и значењето на тур-

операторите во меѓународниот туризам при масовно вклучување на авионски

пакет аранжмани. Се забележува постојан пораст на улогата на воздушниот

сообраќај за туризмот, а намалување на улогата на железничкиот. Големата

улога на автомобилскиот и автобускиот превоз исто така со блага тенденција

се намалува за сметка на воздушниот сообраќај. Поморскиот сообраќај пак,

успева да го задржи своето место во меѓународниот сообраќај. Во

понатамошниот развој се очекува доминација на воздушниот и патниот превоз,

додека поморскиот и речниот сообраќај ќе имаат зголемена улога со благо

покачување на учеството во меѓународниот сообраќај. Железничкиот сообраќај

ќе ја задржи својата важна улога во домашниот туризам, а ќе се намали

неговото учество во меѓународниот.

Во 1990-та година воздушниот сообраќај во светски рамки остварил

приходи од 700 милијарди долари и во оваа индустрија вработувала 2 милиони

работници. Се забележува брз раст на приходите во воздушниот сообраќај.

Значајна е улогата на чартер превозот (околу една четвртина од вкупниот

меѓународен патнички воздушен сообраќај). Во последната деценија доста

значајна е и се поголемата улога на ниско-буџетните авио-превозници во

меѓународниот туризам.

5

Page 6: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

I. Сообраќајот во Република Македонија

Република Македонија како дополнение на својата значајна

местоположба, како раскрсница на Балканот, располага со богата сообраќајна

мрежа. Железничките пруги ја поврзуваат земјата на север со Р. Србија, а на

југ со јужниот сосед Р. Грција. Железничката линија кон север овозможува

поврзаност со Европските земји и Русија. Во 2001 почна изградбата на новиот

додаток од 56 км на линијата Куманово-Бељаковци до бугарската граница. Од

аспект на водните патишта постои само езерски транспорт до Грција и

Албанија. Во продолжение ќе бидат разгледани поединечните видови

сообраќај во земјата.

1.1. Воздушен сообраќај

Воздушниот пристап е важен за економскиот развој на Република

Македонија. Подобрувањето на авиотранспортните системи ќе го олесни

забрзаниот развој на индустријата, меѓународната трговија и туризмот. Патната

и железничката мрежа се еднакво важни за пристап и дистрибуција во земјата.

Во Македонија постојат два меѓународни комерцијални аеродроми:

- Скопскиот аеродром - Александар Велики (главно со однапред резервирани

летови: 93%) и

- Охридскиот ареодром - Св. Павле Апостол (за чартер летови, скоро 100%).

Во 2005 година, во воздушниот сообраќај во Република Македонија

учествувале околу 600.000 патници, од кои 530.000 (88%) поминале преку

Аеродромот во Скопје, а 60.000 (12%) преку Охридскиот аеродром2. Постојат

пет спортски аеродроми и петнаесет писти за слетување за авионите коишто

се користат во земјоделството и трговијата. Двата меѓународни аеродрома ги

контролира владата преку Јавното претпријатие за аеродромски услуги (ЈПАУ).

Бидејќи растојанието меѓу двата аеродрома изнесува само 150 км, не постои

домашен комерцијален авиосообраќај. Република Македонија има еден

авиопревозник - Македонски авиотранспорт (МАТ), кој е во приватна

сопственост и е определен како национален авиопревозник со право на вето и

2 Влада на Република Македонија “ Национална стратегија за развој на туризмот 2009-2013“ стр. 65

6

Page 7: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

контрола врз конкурентите кои влегуваат во овој пазар, како и врз цените на

билетите.

1.2. Патен сообраќај

Сите тековни структурни реформи на македонската влада се во

согласност во напорите на земјата за пристапување кон ЕУ. Меѓу другите

сектори, секторот за патен транспорт треба да одигра клучна улога во

постигнувањето на високите цели, што ги применува ЕУ. Тоа вклучува:

модерна, добро одржувана и интегрирана мрежа на патен транспортен систем,

која е прилагодена на потребите на земјата и го поддржува одржливиот развој

и пораст на домашната економија, како и регионалната и меѓународната

трговија. Географската локација на Република Македонија (20°27'32'' - 22°18'04

источна географска ширина и 41°31'04'' - 42°22'21 северна географска

должина) можат да се сметаат за одлична туристичка вредност, со потврдена

геостратегиска важност, особено во контекст на развој на туризмот, каде што

релевантни категории се следните:

најфреквентни транзитни рути на туристи во Европа;

најзначајни региони од кои доаѓаат патници во Европа;

главни конкурентни дестинации во Европа; и

главни регионални конкурентни дестинации и нивната привлечност за

туристите.

Транспортниот сектор треба да одигра важна улога за домашната

економија. Според Статегијата за македонскиот транспортен ситем (усвоена во

2007), уделот на транспортот, складирањето и комункациските активности во

БДП изнесува 8% во 2005. Во 2005, транспортот, складирањето и

комуникациските активности изнесуваа 16.781 или 9,6% од сите регистрирани

дејности. Според статистичките податоци за бројот на вработени според

сектори на дејности за 2005 година (Статистички годишник, 2006), 3.110 лица

(или 6% од сите вработени во Македонија) работеле во дејности на транспорт,

складирање и комуникации. Инфраструктурата на патниот транспорт на

Македонија се карактеризира со релативно голема густина (освен

7

Page 8: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

националната автопатна мрежа). Вкупната должина на патиштата во

Македонија изнесува 13.494 км:3

906 км главни патишта,

3.806 км регионални патишта;

216 км автопат;

548 км Меѓународни „Е“ патишта;

4.690 км локални;

3.876 км неасфалтирани патишта;

Патната мрежа е добра почетна основа за понатамошен развој. Општата

состојба на патната структура (особено главните и важните регионални

патишта) е на пониско ниво во споредба со европските стандарди и

стандардите во некои соседни земји. Вo глобала, постојните конструкции се

цврсти и со добар квалитет. Главните патишта и автопатишта, каде што се

одвива најголемиот дел од сообраќајот, се во подобра состојба од оние

патишта кои се од второстепена или третостепена важност. Најлоши услови

можат да се забележат на регионалните патишта со слаба фреквенција на

сообраќај. Всушност, повеќето од нив завршуваат како ќор сокак. Две главни

артерии на државната патна мрежа се: Коридор X (добро развиен коридор

север-југ) и Коридор VIII (сè уште се чека почнувањето на формална изградба

во Македонија), кој ги поврзува Црно Море и Јадранско Море. Коридорот X, со

целокупната должина од 172 км, се протега низ земјата во правец север-југ.

Речиси 71% од оваа главна врска е финализирана според стандардите за

модерни автопатишта, а преостанатите делови (приближно 29% од вкупната

должина) се подготвени за понатамошни тендерски постапки. Меѓутоа,

најголемите недостатоци на овој пат може да се надоместат со обезбедување

места за одмор, со модерни услуги и ресторани. Имајќи го предвид големиот

број патници што транзитират низ земјата преку овој коридор (проценката е

околу 3,5 милиони секоја година), повеќе од очигледно е дека на овој пат нема

скоро никакво патно одморалиште/место за одмор и починка, сместување и

други услужни капацитети што можат да ги привлечат тие луѓе и да ги

3 Влада на Република Македонија “Национална стратегија за развој на туризмот 2009-2013“ стр. 64

8

Page 9: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

привлечат да направат пауза од час или два, па дури и да преноќат. Коридорот

VIII, со целокупната должина од 304 км, се протега низ земјата во правец исток-

запад. За жал, овој пат не е доволно развиен и не може да се споредува со

Коридор X. Само 27,6% од вкупната должина е изградена според стандардите

на модерни автопатишта, а преостанатите 8,7% моментално се во изградба.

1.3. Железнички сообраќај

Историјата на железничкиот транспорт во Република Македонија

започнува во 1873 година, кога била изградена железничката пруга од Скопје

до Солун во Грција. Денешната железничка мрежа е долга 925 км со единечна

пруга и нормален колосек. Главната железничка пруга на Коридорот X

(Табановце - Гевгелија, 230 км) е единечна пруга, електрифицирана и

опремена со релеен сигнален систем, кој овозможува добра размена на

информации и комуникации преку оптички кабел. Меѓутоа, последното

обновување на оваа трансконтинентална линија е извршено пред околу 30

години. Вкупната должина на железничката инфраструктура на Коридорот VIII

изнесува околу 307 км на територијата на Македонија. Само 152 км (55%) се

изградени и функционални. Еден дел од 89 км (25% од вкупната должина)

треба да се доизгради за да се поврзе со делот во Бугарија. Од другата страна,

остатокот од 66 км (20% од вкупната должина на коридорот), кој треба да ја

поврзе земјата со Албанија, чека на започнувањето со изградба. Покрај

нецелосната основна инстраструктурна мрежа, постојат неколку фактори кои го

појаснуваат релативно малиот удел на железницата во развојот на земјата.

Главните проблеми се поврзани со географските карактеристики на земјата

(кратки растојанија меѓу главните дестинации во земјата), доцнењето со

техничкиот и технолошкиот развој се пречките за железничката компанија

целосно да го развие својот потенцијал, особено во врска со меѓународниот

сообраќај. Железничката мрежа е под раководство на Македонски железници,

јавно претпријатие кое е единствен давател на железнички услуги во земјата.

Оваа компанија е во големи долгови и овој тренд ќе продолжи доколку не се

спроведат реформи во однос на нејзината структура и управување.

9

Page 10: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

Во 2005 година, железничкиот сообраќај транспортираше околку 0,9

милиони патници, и 3,1 милион тони стока. За жал, железницата нема скоро

никаква улога во развојот на туризмот, имајќи предвид дека железничката

мрежа не достига до главните туристички дестинации (особено езерските и

планинските центри како Охрид, Струга, Преспа, Дојран, Маврово или

Крушево).

1.4. Воден сообраќај

Македонија е мала копнена земја. Пристапот до соседните пристаништа

(особено Солун во Грција и Драч во Албанија) е воспоставен преку патни и

железнички врски (само до Солун). За сите копнени земји, пристапот до

пристаништа е од витално начење за развојот на домашната економија.

Правата на копнените земји се дефинирани со Конвенцијата на ОН за поморско

право (1982), што им овозможува да уживаат во слободен транзит низ

територијата на транзитните држави со сите видови на транспорт. Од тие

причини, од големо значење е Македонија да има склучено посебни

билатерални спогодби со соодветните земји за користење на Стратегиските и

преференцијални пристаништа во регионот врз основа на економските потреби

и заради обезбедување на конкурентност на Македонија во глобалната

економија. Водениот транспорт може да се сретне само на Охридското езеро,

со мали бродови (25-100 патници) и околу 1.300 регистрирани мали чамци (8-

10 патници). До сега, сите билатерални договори меѓу Македонија и Албанија

за регуларен воден транспорт немаат големо значење за регионот.

II. Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во

Република Македонија

Со Законот за превоз во патниот сообраќај се уредуваат условите и

начинот за вршење превоз на патници и стоки во внатрешниот и

меѓународниот патен сообраќај. Превозот на патници и стоки во меѓународниот

патен сообраќај во Република Македонија се врши согласно со овој закон и

10

Page 11: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

меѓународните договори и спогодби што ги ратификувала Република

Македонија.

2.1. Видови превоз

Во Република Македонија ги има следниве видови превоз4:

1. Јавен превоз на патници и стока е превоз кој под еднакви услови им е

достапен на сите корисници. Лиценца е документ со кој се одобрува

вршење на дејност јавен превоз во патниот сообраќај. За вршење на

одделни видови јавен превоз во патен сообраќај се издаваат следниве

видови лиценци:

Во внатрешниот патен сообраќај се:

општински линиски превоз на патници, односно за линиски превоз

на патници во градот Скопје;

меѓуопштински линиски превоз на патници;

слободен превоз на патници;

превоз на патници за сопствени потреби;

авто-такси превоз на патници;

јавен превоз на стоки и

превоз на стоки за сопствени потреби

Во меѓународниот патен сообраќај за:

меѓународен линиски превоз на патници;

меѓународен слободен превоз на патници;

меѓународен превоз на патници за сопствени потреби;

меѓународен јавен превоз на стоки и

меѓународен превоз на стоки за сопствени потреби.

4 “Сл. весник на Р Македонија” бр.68/04 од 05.10.2004 година, “Закон за превоз на во патниот сообраќај“, превземено од www.pravo.org mk

11

Page 12: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

Лиценца може да добие домашно правно или физичко лице ако ги исполнува

следниве услови5:

1) да е впишано во трговскиот регистар за вршењето на превоз во патниот

сообраќај и да има решение за вршење на претежна дејност за одделен

вид на превоз освен лиценци за сопствени потреби;

2) да е сопственик на едно или повеќе возила за одделни видови превози

што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови

пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз, а за

меѓународен линиски превоз на патници да е сопственик на најмалку две

возила;

3) да има вработено возачи во зависност од бројот на моторните возила

(автобуси, моторни товарни возила и друго) што ги исполнуваат

условите предвидени со прописите за безбедност на сообраќајот на

патиштата;

4) да има вработено авто-такси возачи;

5) во возилото за вршење на авто-такси превоз на патници да има вградено

фискален апарат;

6) управителот или овластеното лице одговорно за превоз на има успешно

помината проверка за професионална компетентност;

7) да располага со сопствен капитал од најмалку 2.000 ЕВРА во денарска

противвредност по возило или 50 ЕВРА во денарска противвредност по

тон на најголема дозволена маса на товарно возило односно по седиште

во автобус;

8) да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против

имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај;

9) да има во сопственост капацитет за паркирање и одржување на возилата

или доказ за користење на таков капацитет со рок на важење од најмалку

четири години;

10) во возилата за вршење на општински линиски превоз на патници да има

вградено фискален апарат и

5 “Сл. весник на Р Македонија” бр.68/04 од 05.10.2004 година, “Закон за превоз на во патниот

сообраќај“, превземено од www.pravo.org mk

12

Page 13: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

11) да има вработено возачи кои имаат сертификат за вршење на

меѓународен превоз на патници и стока.

Начинот и постапката за добивање и одземање на лиценца за одделни видови

на превоз ги пропишува министерот за транспорт и врски.

2. Превоз во внатрешен патен сообраќај е секој патен превоз на

територија на Република Македонија;

3. Превоз во меѓународен патен сообраќај е секој патен превоз преку

најмалку една државна граница;

4. Превоз за сопствени потреби е превоз кој физичко или правно кој го

врши за задоволување на потребите при вршење на својата дејност,

односно задачи од својот делокруг;

5. Билатерален превоз на патници и стоки е меѓународен превоз при

кој патниците и стоките се превезуваат меѓу територијата на Република

Македонија и територијата на некоја друга држава;

6. Транзитен превоз на патници и стоки емеѓународен превоз при кој

патниците и стоките се превезуваат преку територијата на одредена

држава без притоа да се истовараат или товараат на територијата на таа

држава;

7. Превоз на стоки за и од трета земја е меѓународен превоз што го

врши превозник кој нема седиште во земјата во која започнува, односно

завршува превозот;

8. Каботажа е секој превоз на патници или стоки меѓу две места во

Република Македонија извршен од страна на странски превозник;

9. Вонреден превоз е превоз на стока кај кој димензиите на возилото или

возилото заедно со стоката на него или вкупната маса на возилото или

негово осно оптоварување се поголеми од пропишаните;

10. Меѓународен линиски превоз на патници е превоз на определена

линија кај која првата станица или постојка се наоѓа на територијата на

Република Македонија, а последната на територијата на странска земја,

како и превоз на определена линија која транзитира преку странска земја

при што последната станица или постојка е на територијата на

Република Македонија;

11. Меѓуопштински линиски превоз на патници е јавен превоз што се

13

Page 14: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

врши на линии меѓу две или повеќе општини, односно меѓу градот Скопје

и определена општина;

12.Општински превоз на патници е јавен превоз кој се врши на

подрачјето на една општина;

13. Слободен превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот

сообраќај е превоз за кој релацијата и другите услови се утврдуваат

посебно за секој превоз меѓу превозникот и корисникот на услугата;

14. Авто-такси превоз на патници е превоз што се врши со патнички

возила со најмногу пет седишта сметајќи го и седиштето на возачот;

15. Патнички превоз е превоз на патници кај кој патниците согласно

возниот ред влегуваат и излегуваат на сите автобуски станици и

постојки;

16.Брз превоз е превоз на патници кај кој патниците согласно со возниот

ред влегуваат и излегуваат на автобуски постројки;

17. Директен превоз е превоз на патници кај кој патниците согласно со

возниот ред влегуваат само на почетната и излегуваат само на крајната

автобуска станица;

2.2. Услови за вршење на превоз во патниот сообраќај

Домашен превозник е правно или физичко лице со седиште во Република

Македонија кое поседува лиценца за вршење на превоз на патници или стоки

во внатрешниот или меѓународниот патен сообраќај и правно или физичко

лице со седиште вo Република Македонија кое врши превоз на патници или

стоки во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај за кои согласно со

одредбите од Законот за превоз на патници не е потребна лиценца,

Домашниот превозник може да врши превоз на патници и стока во

внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај врз основа на лиценца.

Лиценцата за вршење на превоз на патници и стока во меѓународниот патен

сообраќај се издава и на еден од светските јазици. Трошоците настанати во

врска со издавање на лиценците и другата потребна документација за вршење

на превоз во патниот сообраќај ги сноси превозникот. Превозникот може да

започне да врши превоз на патници и стоки во внатрешниот и меѓународниот

14

Page 15: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

патен сообраќај откако ќе добие лиценца. Лиценцата се издава на име на

превозникот и не може да се пренесе на друг превозник. Превозот во патниот

сообраќај се врши со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите

утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата и

посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за одделните видови

на превоз. Посебните техничко- експлоатациони услови за возилата за

одделни видови на превоз ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Потврдата за исполнување на посебни техничко-експлоатациони услови за

возилата со кои се вршат одделни видови превоз во патниот сообраќај ја

издава станица за технички преглед или друга специјализирана институција

овластена од министерот за транспорт и врски. При вршењето на превоз на

патници и стока во внатрешниот патен сообраќај превозникот во возилото мора

да има патен налог. Патен налог е документ кој содржи податоци за видот на

превозот, фирмата, односно името и седиштето на превозникот, името и

презимето на возачот, главните податоци за правецот на возење, регистарски

број на возилото, состојба на броилото на почетокот и на крајот на возењето и

потпис на овластеното лице кое го издало налогот. Странски превозник е

странско правно или физичко лице кое врши превоз на патници или стоки

во меѓународниот патен сообраќај и чие седиште е надвор од границите на

Република Македонија.

2.3. Превоз на патници

Превозот на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај

може да се врши како: линиски и слобоgен превоз на патници. Линискиот

превоз на патници може да се врши како: општински, меѓуопштински,

меѓунароgен и посебен линиски превоз.

2.3.1. Линиски превоз на патници

Општински линиски превоз на патници можат да вршат превозници кои

ќе добијат лиценца за вршење на таков вид превоз. Општински линиски превоз

на патници се врши врз основа на дозвола за определена линија што ја издава

градоначалникот на општината. Превозник кој има лиценца за вршење на

општински линиски превоз на патници може да отпочне со вршење на превоз,

15

Page 16: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

откако ќе добие дозвола и ќе регистрира возен ред за определена линија кај

градоначалникот на општината. Дозволата и возниот ред се издаваат со рок на

важење од четири години. При вршење на општински линиски превоз на

патници превозникот е должен во возилото да има лиценца, дозвола и

регистриран возен ред во оригинал. Превозникот е должен да се придржува

на регистрираниот возен ред иредовно да ја одржува линијата. Качување и

слегување на патници во општински линиски превоз се врши на автобуските

стојалишта согласно со утврдениот и регистриран возен ред. Автобусите на

предната и бочната десна страна на видно место треба даго содржат

бројот на линијата, почетното и крајното стојалиште. Две или повеќе соседни

општини можат да формираат заедничка јавна служба за заедничко

организирање и вршење на општинскиот линиски превоз на патници.

2.3.2. Меѓуопштински линиски превоз на патници

Меѓуопштинскиот линиски превоз на патници се врши на одредена

линија по однапред утврден возен ред, утврдена и објавена цена и други

услови на превозот. Меѓуопштинскиот линиски превоз на патници може да се

врши како патнички, директен и брз. Превозник може да врши меѓуопштински

линиски превоз на патници врз основа на дозвола што ја издава

Министерството за транспорт и врски која се издава во рок на важење од

четири години. Дозволата за вршење на меѓуопштински линиски превоз

содржи: назив на линијата, назив и седиште на превозникот, како и рок на

важење. Составен дел на дозволата е и одобрениот возен ред за линијата

регистриран во Министерството за транспорт и врски. За издадените дозволи

се води евиденција која ја води Министерството за транспорт и врски.

Превозникот е должен да го извршува меѓуопштинскиот линиски превоз на

линијата во согласност со издадената дозвола и заверениот возен ред. За

време на вршењето на меѓуопштинскиот линиски превоз на патници во

возилото мора да се наоѓа дозволата и заверен возен ред во оригинал.

Превозникот самостојно ја утврдува цената на превозот и е должен да го

достави ценовникот до автобуските станици што ги користи согласно си

утврдениот возен ред. Тој е должен преку средствата за јавно информирање

16

Page 17: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

да го објави започнувањето на меѓуопштинскиот линиски превоз според

возниот ред. Возниот ред и правецот на движење (итинерер) не можат да се

менуваат пред истекот на важење на дозволата. За време на важење на

дозволата превозот може привремено да се запре, ако настанат и додека траат

причините кои превозникот не можел да ги предвиди и чии последици не можел

да ги отстрани (виша сила). Ако превозникот не може да го врши

меѓуопштинскиот линиски превоз на патници, за кој има добиено дозвола, тој е

должен е до Министерството за транспорт и врски да поднесе барање за

одобрување за привремен прекин или за трајно запирање на превозот.

Превозникот е должен да продава возни билети на организирани места за

продавање како што се автобуски станици, агенции и претставништва.

Превозникот треба да застане на автобуската станица, односно автобуското

стојалиште во согласност со дозволата и возниот ред за линијата, условите на

станицата и прописите за безбедност.

2.3.3. Меѓународен линиски превоз на патници

Меѓународен линиски превоз на патници меѓу Република Македонија и

друга држава (билатерален) и транзитен превоз преку територијата на

Република Македонија се воспоставува во согласност со меѓународните

договори, а врз основа на претходна согласност на министерствата надлежни

за транспорт на државите низ кои линијата поминува Меѓународниот линиски

превоз на патници се врши врз основа на дозвола која ја издава

Министерството за транспорт и врски на барање на заинтересиран домашен

или странски превозник. Меѓународниот линиски превоз на патници во

меѓународниот патен сообраќај мора да се врши во согласност со возниот ред,

итинерарот и ценовникот што ги завериле министерствата за транспорт каде

што се седиштата на превозниците. Дозволата, возниот ред, итинерарот и

ценовникот во оригинал мор да се наоѓаат во возилото со кое се врши

превозот. Странски превозник може да врши линиски превоз на патници во

транзит преку територијата на Република Македонија само врз основа на

дозвола што ја издава Министерството за транспорт и врски. Со дозволата за

транзит не може да се дозволи качување и слегување на патници на

17

Page 18: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

територијата на Република Македонија доколку со меѓународната спогодба тоа

поинаку не е определено.

2.3.4. Посебен линиски превоз на патници

Посебен линиски превоз е превоз на одреден вид патници со

исклучување на другите патници ако таквиот превоз се врши по утврден возен

ред и на определена релација за: превоз на работници до местото на работа и

назад до местото на живеење или превоз на ученици до училиште и назад до

местото на живеење, превоз на корисници до аеродром и назад и слично.

Возниот ред го утврдува превозникот и го прилагодува на потребите на

нарачувачот на превозот (корисникот на превозот). Патниците во текот на

патувањето можат да се качуваат и симнуваат од автобусот само на одобрени

стојалишта. Дозволата за посебен линиски превоз на патници ја издава

градоначалникот на општината ако превозот се врши на подрачјето на

општината или Министерството за транспорт и врски ако превозот се врши на

подрачјето на две или повеќе општини. Превозникот и нарачувачот на посебен

линиски превоз склучуваат договор за превоз за период во кој ќе се врши

превозот и за патниците кои ќе го користат овој превоз. Патниците кои се

превезуваат при овој вид на превоз мораат кај себе да имаат доказ за

идентификација издаден од нарачувачот на превозот.

2.3.5 Слободен превоз на патници

Слободниот превоз на патници може да се врши во внатрешниот и

меѓународниот патен сообраќај. Слободниот превоз на патници во

внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај е превоз на однапред

организирана група на патници, без попатно качување и слегување на патници,

за кои релацијата, цената на превозот и другите услови се утврдуваат со

договор меѓу превозникот и нарачателот на превозот. Слободниот превоз на

патници може да се врши како повремен и наизменичен.

Повремениот превоз може да се врши како:

"кружно возење" - систем затворени врати (екскурзии, туристички

18

Page 19: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

патувања и слично) кое почнува и завршува во местото на поаѓање, при

што истата група на патници се превезува со истото возило на целиот пат;

превоз на патници со полно возиловозаминување и празно возило во

враќање и

превоз на патници со празно возило во заминување и полно возило при

враќање.

Наизменичен превоз е превоз на претходно организирани групи патници

за повеќе патувања од исто место на поаѓање до исто место на пристигнување.

Секоја група на патници која го извршила патувањето во заминување се враќа

во местото на тргнување со некое подоцнежно возење во ист состав според

термините од циклусот на патувањето согласно со програмата. Првото возење

при враќање и последното возење во заминување се извршуваат со празно

возило. При вршењето на слободен превоз на патници во внатрешниот патен

сообраќај во автобусот мора да се наоѓа договор склучен меѓу превозникот и

нарачувачот на услугата и список на патниците потпишан и заверен од

превозникот. При вршењето на слободен превоз на патници во меѓународниот

патен сообраќај, превозникот мора да има договор склучен меѓу превозникот и

нарачувачот на услугата и правилно и точно пополнет патен лист на пропишан

образец, потпишан и заверен од превозникот и заверен од надлежните

царински служби на Република Македонија.

2.3.6.Авто- такси превоз на патници

Авто-такси превоз на патници можат да вршат правни и физички лица

ако добијат лиценца за вршење на овој вид превоз. Покрај условите за вршење

на авто-такси превоз на патници пропишани со одредбите на овој закон, авто-

такси превозниците мораат да ги исполнуваат и условите пропишани од страна

на советот на општината. Со актот на советот на општината се утврдуваат

условите во врска со:

локацијата и капацитетите на такси станиците,

обележувањето и опремувањето на такси станиците,

бојата на возилата и

тарифата и начинот на користење на такси станиците.

19

Page 20: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

При вршење на авто-такси превоз, вовозилото мора да има вградено

исправен, пломбиран и баждарен таксиметар. При вршењето на превозот

задолжително мора да биде вклучен и таксиметарот и цената на превозот да

се наплатува врз основа на износот утврден во таксиметарот. На покривот на

возилото и на бочните страни со кое се врши авто-такси превоз на патници

мора да биде истакнат називот "ТАХI", а на бочните страни покрај називот

такси и бројот од регистарот на такси превозниците.

Заклучок

За превоз на домашни и странски туристи се користат сите видови

транспорт, и тоа како оние во рамката на јавниот сообраќај, така и

разновидните облици на превоз за сопствени потреби, а првенствено

автомобилот. При извлекувањето на заклучот за нивното поединечно значење

треба да се имаат во предвид одредени напомене од методолошка природа.

Првата напомена се однесува на тоа дека некои туристички земји статистички

ги прибираат и прикажуваат само податоците за начинот на влез на странски

посетители во земјата, и тоа оние кои доаѓаат со железница, авион, морски или

патен превоз. Во овој случај покрај странските туристи се наоѓаат и екскурзисти

(престојуваат пократко од 24 часа), транзитери, а некогаш и лица во

пограничен промет, ако нивниот статус не е решен со меѓудржавна спогодба,

во смисла да не се третираат како странски посетители. Ова може да го

деформира увидот во вистинската улога на поединечните видови превоз кој го

користат странските туристи при влез во земјата. Во случајот кога се опфаќаат

само странски туристи, сликата е поинаква. Другата напомена се однесува на

тоа дека странските туристи по пристигнувањето во одредена туристичка земја

користат различни видови на транспорт во рамки на земјата (изнајмени

автомобили – рент а кар, јахти, бродови, моторцикли и др.) Сегашното ниво на

патничките аеродромски такси претставува пречка за развој на туризмот.

Спроведувањето на Националната стратегија за авијација ќе отвори пат за

отстранување на таквите препреки. Патиштата и водените патиша, со

комплетирањето на планираните градби и одредени подобрувања, ќе бидат

соодветни за предвидениот развој на туризмот. Железницата има многу мал

20

Page 21: Zakon Za Prevoz Na Patnici - FINAL

Јошевски Ј., Закон за превоз на патници во патниот сообраќај во РМ

удел во туризмот во моментов и нема да придонесе многу на среднорочен

план. Сигнализацијата, практично, не постои. Повлекувањето на визниот режим

за земјите-членки на ЕУ и дозволувањето влез со лични карти, исто така, ќе

има големо влијание врз порастот на бројот на пристигнувања на туристи.

Користена литература

1. Николовски, А., Меѓународна шпедиција, Скопје, 2000 г.

2. Николовски, А., Трговско право, Скопје, 2007 г.

3. “Сл. весник на Р Македонија” бр.68/04 од 05.10.2004 година, “Закон за

превоз на во патниот сообраќај“, превземено од www.pravo.org mk

4. Влада на Република Македонија “Национална стратегија за развој на

туризмот 2009-2013“

21