Струмички Весник број 1 (18.04.2011)

9
www.strumicanet.com News you want to know from the Strumica region С С т т р р у у м м и и ч ч к к и и в в е е с с н н и и к к Излегува секој понеделник број 1 / 18 април 2011 издавач: Радио СтрумицаНет СТРУМИЦА ПОЧНА ДА СЕ ГАСИФИЦИРА! Заев го стартува мега проектот... Струмица, 11 април 2011. Денеска стартуваше реализацијата на мега проектот за гасификација на општина Струмица. Според најавите, гасоводот треба да биде даден во употреба во октомври... Во Струмица денеска почна реализацијата на капиталниот проект за изградба на виртуелен гасоводен систем, единствен од ваков вид во овој дел од Балканот. За поставувањето на примарната гасоводна мрежа во должина од 13 километри, односно за завршувањето на првата фаза што ја изведува фирмата “Конти хидропласт“ од Гевгелија, од буџетот на општина Струмица ќе бидат издвоени 57 милиони денари. Според најавите, гасоводот треба да биде даден во употреба во октомври оваа година, пред почетокот на грејната сезона. “За Струмица, овој проект значи раст и развој, нови фабрики, нови работни места. Овој проект значи зголемена конкурентност на струмичкото стопанство, заштеда на енергија за сите. Користењето на природниот гас значи намалување на користењето на скапите нафтени деривати, стопирање на сечење на шумите, намалување на користењето на електричната енергија и заштита на животната средина за сегашните и за идните генерации. И упатувам порака на Владата во заминување. Гасификацијата на Струмица е уште една лекција што треба да ја научите. Ви баравме лист хартија, согласност за кредит за Струмица, кој сами требаше да го враќаме, за уште од лани да почнеме со изградбата на овој проект, и тоа не ни го дадовте. Денес сами го градиме овој проект, а вие немате никакво учество во него“ - изјави на денешната прес конференција градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Со оптималното искористување на природниот гас граѓаните, фирмите и јавните државни и локални институции ќе заштедуваат повеќе од 20 милиони евра годишно. Според директорот на ЈП “Струмица-Гас“, Зоран Китанов, проектната документација за овој мегапроект опфаќа физибилити студија од околу две илјади страници, идеен и основен проект за примарен гасоводен цевковод за снабдување со

Upload: robert-gjorgiev

Post on 23-Mar-2016

236 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

Струмички Весник број 1

TRANSCRIPT

Page 1: Струмички Весник број 1 (18.04.2011)

wwwwww..ssttrruummiiccaanneett..ccoomm NNeewwss yyoouu wwaanntt ttoo kknnooww ffrroomm tthhee SSttrruummiiccaa rreeggiioonn

ССттррууммииччккии ввеесснниикк

ИИззллееггуувваа ссееккоојј ппооннееддееллнниикк –– ббрроојј 11 // 1188 ааппрриилл 22001111 –– ииззддаавваачч:: РРааддииоо ССттррууммииццааННеетт

СТРУМИЦА ПОЧНА ДА

СЕ ГАСИФИЦИРА!

Заев го стартува мега

проектот...

ССттррууммииццаа,, 1111 ааппрриилл 22001111..

Денеска стартуваше

реализацијата на мега

проектот за гасификација

на општина Струмица.

Според најавите, гасоводот

треба да биде даден во

употреба во октомври...

Во Струмица денеска почна

реализацијата на

капиталниот проект за

изградба на виртуелен

гасоводен систем,

единствен од ваков вид во

овој дел од Балканот. За

поставувањето на

примарната гасоводна

мрежа во должина од 13

километри, односно за

завршувањето на првата

фаза што ја изведува

фирмата “Конти

хидропласт“ од Гевгелија,

од буџетот на општина

Струмица ќе бидат

издвоени 57 милиони

денари. Според најавите,

гасоводот треба да биде

даден во употреба во

октомври оваа година, пред

почетокот на грејната

сезона.

“За Струмица, овој проект

значи раст и развој, нови

фабрики, нови работни

места. Овој проект значи

зголемена конкурентност на

струмичкото стопанство,

заштеда на енергија за

сите. Користењето на

природниот гас значи

намалување на

користењето на скапите

нафтени деривати,

стопирање на сечење на

шумите, намалување на

користењето на

електричната енергија и

заштита на животната

средина за сегашните и за

идните генерации. И

упатувам порака на

Владата во заминување.

Гасификацијата на

Струмица е уште една

лекција што треба да ја

научите. Ви баравме лист

хартија, согласност за

кредит за Струмица, кој

сами требаше да го

враќаме, за уште од лани

да почнеме со изградбата

на овој проект, и тоа не ни

го дадовте. Денес сами го

градиме овој проект, а вие

немате никакво учество во

него“ - изјави на денешната

прес конференција

градоначалникот на

општина Струмица, Зоран

Заев.

Со оптималното

искористување на

природниот гас граѓаните,

фирмите и јавните државни

и локални институции ќе

заштедуваат повеќе од 20

милиони евра годишно.

Според директорот на ЈП

“Струмица-Гас“, Зоран

Китанов, проектната

документација за овој

мегапроект опфаќа

физибилити студија од

околу две илјади страници,

идеен и основен проект за

примарен гасоводен

цевковод за снабдување со

Page 2: Струмички Весник број 1 (18.04.2011)

природен гас на јавните

установи, стопанските

објекти и домаќинствата и

елаборат за заштита на

животната средина.

Покрај гасоводната мрежа,

до почетокот на октомври

во Струмица ќе бидат

изградени и две матични

станици за

декомпресирање на

природниот гас кој ќе се

носи од мајката-станица

лоцирана во Петрич,

Бугарија, како и набавка на

специјални цистерни за

транспорт на природниот

гас. Вкупните средства за

гасификација на Струмица

во висина од околу 230

милиони денари ги

обезбедува Општината.

И од ВМРО-ДПМНЕ со прес ја стартуваа гасификацијата

Реакција на Општинската организација на СДСМ Струмица

ССттррууммииццаа,, 1111 ааппрриилл 22001111..

По стартот на изградбата на гасоводната

мрежа во Струмица, пред зградата на

Општина Струмица, портпаролот на ОК на

ВМРО-ДПМНЕ, Неда Бјадова одржа прес

конференција, на која истакна дека ја

поздравуваат секоја иницијатива во Општина

Струмица, без разлика од која страна доаѓа,

но свечено отпочнување со работа на

Проектот за гасификација на Струмица би

можел да биде успешен само доколку во

себе не ги содржи истите непознаници и

нејаснотии што уште пред отпочнувањето на

градежните работи ги содржеше и проектот

“Глобал“, вели Бјадова.

Таа постави и неколку прашања: До кога

локалните моќници на СДСМ ќе се

однесуваат како Струмица да е крава

молзница, чие млеко тие ќе го истураат по

улиците на Струмица? Што ако и овој пат,

како и во случајот “Глобал“, заради

нерасчистени имотни правни и други односи,

граѓаните на Струмица бидат вовлечени во

нов случај, овој пат наречен “Глобал 2“?

По одржаната прес конференција на Неда

Бјадова, со реакција се јавија од

Општинската организација на СДСМ

Струмица во која се вели: “Општинската

организација на СДСМ им порачува на

партиските опоненти од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани целосно го изразуваме нашето

задоволство од Вашата безрезервна

поддршка на нашето членство и се радуваме

што во последен час конечно сфативте дека

наскоро власта во Република Македонија ќе

ја напуштат Груевски и Фамилијата. Овој пат

Вашата идеолошка честичка “ЌЕ”, на 5-ти

јуни навистина ќе стане наша реалност“ –

стои во писмената реакција на ОО на СДСМ

Струмица.

ССррееќќннии ВВееллииггддееннссккии ппррааззнниицции!!

Page 3: Струмички Весник број 1 (18.04.2011)

Премиера на “Сонот на госпоѓа министерка“

ССттррууммииццаа,, 1111 ааппрриилл 22001111..

Синоќа во големата сала на

НУЦК “Антон Панов“ во

Струмица учениците од

драмското ателје на СОУ

“Димитар Влахов“ ја

изведоа претставата “Сонот

на госпоѓа министерка“...

Премиерната изведба на култната комедија “Сонот на госпоѓа министерка“, работена главно според драмските бисери на Бранислав Нушиќ “Власт“ и “Госпоѓа министерка“, привлече двојно повеќе публика од капацитетот на големата сала на Центарот за културата “Антон Панов“ во Струмица.

Имено, проектираните 600 седишта, ниту оддалеку не можеа да го задоволат интересот на публиката за синоќешниот настап на младите актери од Драмското ателје “Димитар Влахов“, ученици во истоименото средно општинско училиште, кои предводени од провокативната режисерска палка на првенецот на струмичкиот театар Кире Ѓорѓиев прозвучија мошне актуелно, впечатливо и со свежина на безмалку вистински професионалци.

Кире Ѓорѓиев повеќе години со осведочен ентузијазам и ангажман успешно работи со аматерските студија во

Струмица и во Ново Село, каде што по негова заслуга опстојуваат и прогресираат иницијативите и желбите на просветните и културните работници од овие простори за уметничко култивирање на драмскиот аматеризам и на експерименталниот сценски израз. Токму тој атрибут на експериментална провокација, инкорпориран во Нушиќевскиот сенс да виреат на универзални почви и во сите општествени конституции каде што до израз доаѓаат болната страст за кариера и власт, претставува основен водвиљ на режиската определба, но и на здружениот и речиси вооедначен актерски тим во “Сонот на госпоѓа министерка“ да го преточат, или поточно да го разоткријат плаштот на властољубието и во наши услови, на наш терен, во нашето поднебје. Оттука и постигнатиот ефект да се претстави Нушиќ во нијанси на нова светлина, без реторични баналности и веќе видена репетиција на идејата и пристапот, туку напротив со истражувачка нитка на пронаоѓање компензација за старите изразни методи кои биле автентични во сосема други општествени прилики услови во минатиот век.

“Настојував претставата да прозвучи, пред се, актуелно, во сегашно време и да ја заинтригира публиката по начинот на едно современо толкување

на Нушиќ, и во таа смисла се трудев да извлечам се што може да се исцеди од капацитетот на младата актерска екипа. Во тоа многу ми помогна разбирањето и соработката со раководството и наставничкиот кадар на СОУ “Димитар Влахов“. Во такви услови и со ваква екипа навистина е задоволство да се работи и твори“ - ни изјави по претставата режисерот Ѓорѓиев.

Во претставата играат учениците: Анастас Цамбулев, Драган Златков, Горан Ников, Катерина Чикаровска, Горан Ја’рмов, Анита Михајлова, Катерина Симиќ, Методи Манолев, Ѓорги Трајков, Љубица Цамбулева, Марија Јовеска, Емилија Арапова, Елизабета Колева, Верица Русоманова, Елена Китанова, Спасе Сулев, Мите Иванов, Саве Здравеска и Димитар Митев.

Драмските експерименти на

аматерите од Струмичко

досега го вкусија нектарот

на успехот и на други сцени

во земјава и во странство, а

според планираните

активности овој тренд ќе

продолжи и годинава.

Page 4: Струмички Весник број 1 (18.04.2011)

Промоција на две нови монографии...

ССттррууммииццаа,, 1122 ааппрриилл 22001111..

По повод 66-годишнината од пробивот на Сремскиот фронт, денеска во Домот на АРМ во Струмица беа промовирани монографиите, “Струмичани на Сремскиот фронт“ и “Боро Поцков – Мирко“ од Ацо Манински и Иван Станоев. Македонската книжневност збогатена за уште два нови монографски трудови во кои на едно место се собрани податоци за и после Народноослободителната војна од минатиот век. Командантот Боро Поцков е една од најмаркантните личности што ги дала Струмица за македонскиот непокор. Според Манински, Боро Поцков има значајно место во македонската историја со тоа што е меѓу првите кои фалсификувал патни исправи за

учество во војната во Шпанија во минатиот век, а учествувал и во ослободувањето на Струмица. Во монографијата “Струмичани на Сремскиот фронт“ се собрани теренски истражувања и лични сведоштва на преживеани од овој значаен историски настан, а се изнесени податоци според која на Сремскиот фронт учествувале околу 460 струмичани.

Промотори на монографиите беа проф. д-р. Љубица Јанчева и проф. Иван Котев. Претходно, во рамите на одбележувањето на 66-годишнината од пробивот на Сремскиот фронт, претставници на Сојузот на борците и други гости и јавни личности од општествениот живот, положија цвеќе пред Споменикот на револуцијата.

Струмичката Полиција

останува без командир

ССттррууммииццаа,, 1144 ааппрриилл 22001111..

Советот на општина Струмица

не избра Командир на

Полициска станица Струмица

од тројцата предложени

кандидати на министерката за

внатрешни работи...

Советот на општина

Струмица на денешната 37-

ма седница не избра

Командир на Полициска

станица Струмица од

тројцата кандидати, кои

министерката за внатрешни

работи Гордана

Јанкуловска му ги предложи

на Советот.

Според мнозинството

советници, предложените

кандидати се или без некое

работно искуство, или без

соодветно образование за

таа функција, а двајца од

тројцата кандидати се од

Радовиш и Валандово.

Според законот за

полиција, по одбивањето на

предлогот, министерот за

внатрешни работи ќе

предложи тројца нови

кандидати. Доколку и тогаш

советниците нема да

изберат Командир, Советот

на министерот му предлага

тројца нови кандидати, а

министерот од деветте

предлагани кандидати ќе

избере Командир на

полициска станица

Струмица. Инаку,

Струмичката полиција веќе

една година е без

Командир.

Page 5: Струмички Весник број 1 (18.04.2011)

Сите 23 советници на денешната седница беа едногласни по останатите 11 точки од дневниот

ред. Ја утврдија приоритетната листа за изведба на канализациони мрежи во населените места

во општина Струмица, ја изменија Програмата за уредување на градежното земјиште, а ги

прифатија и годишните сметки и финансовите извештаи на неколку училишта под надлежност на

општина Струмица.

“Давајќи книга, давате знаење“...

ССттррууммииццаа,, 1155 ааппрриилл 22001111..

Членовите на Англискиот клуб при СОУ “Јане Сандански“ од Струмица организираа хуманитарна

акција во донирање книги за штитениците во Заводот за рехабилитација во Банско.

Под мотото “Давајќи книга, давате знаење“ учениците и вработените од струмичката гимназија

собраа околу 600 книги – лектири, белетристика и книги за деца кои ги предадоа во Заводот за

рехабилитација, а имаа можност да се дружат и со штитениците, кои пак во знак на благодарност

беше организирана мала приредба од најмладиите.

Како што ни рече Мартина Тренова, оваа нема да биде последна активност на Англискиот клуб од

СОУ “Јане Сандански“, бидејќи во блиска иднина следуваат и други проекти.

Хуманитарна Велигденска акција “Од децата за децата“

“Сите заедно правиме една голема работа, ги учиме децата да од себе подаруваат на другите деца“ – рече градоначалникот Зоран Заев отварајќи ја традиционалната хуманитарна акција...

ССттррууммииццаа,, 1166 ааппрриилл 22001111.. Во духот на големиот

христијански празник Велигден, денеска во

Домот на АРМ во Струмица се одржа

традиционалната хуманитарна акција “Од

децата за децата“, во организација на жените

од Струмица. Дека хуманоста нема возраст,

покажаа децата од струмичките основни

училишта и градинки, изработувајќи

прекрасни Велигденски украси, изложувајќи

ги на импровизираните продажни штандови.

Не може да се опише чувството на радост кај

децата кога некој ќе им купи од нивните

изработки. А најчувствителен кон децата

беше градоначалникот Заев, кој купи

Велигденски подарок од секој поставен

штанд. “Вие, родителите на децата,

наставниците, директорите на училиштата и

Page 6: Струмички Весник број 1 (18.04.2011)

градинките, и се разбира децата под

раководство на Организацијата на жените,

сите заедно правиме една голема работа, ги

учиме децата да од себе подаруваат на

другите деца. Преку тоа сите градиме

карактер на нашите деца, подобри личности

за во иднина“ – рече градоначалникот Зоран

Заев, покровител на акцијата, посакувајќи им

среќни и весели Велигденски празници на

сите присутни.

Како што рече Ирина Трајкова, претседател

на Организацијата на жени, оваа е по шести

пат хуманитарна акција. Од денешните

собрани средства и од спонзорства на

струмичките бизнисмени во текот на

следната недела, пред Велигден ќе се

подготват прехрамбени пакети за децата без

родители и со еден родител. Во рамките на

денешната Хуманитарна акција децата се

претставија и со забавно-уметничка програма

наменета за сите присутни во големата сала

при Домот на АРМ во Струмица.

ППООННЕЕДДЕЕЛЛННИИКК,, 2255 ааппрриилл 22001111 оодд 2200::3300 ччаассоотт

СИТЕ ЗАЕДНО ВО ИМЕТО НА ХУМАНОСТА!

Во организација на Младинскиот Совет на општина Струмица на 25 април (понеделник) од 20:30 часот во Спортската сала “Парк“ во Струмица ќе се одржи Велигденски Хуманитарен концерт, “Да ја разбудиме хуманоста“. Настапуваат: Влатко Илиевски, Ѓоко Таневски, Влатко Лозановски, Бојан Маровиќ, Дуле и Коки, Слаткаристика, Браво Бенд, Јупитер, Александра Пилева, Ристе Тевдовски, Александар Белов, Оливера Ѓоѓоска, Џинас Папас Џокси, Dr. IGGY, Дарко Илиевски, Тони Мац и Кире. Водител: Жаре Димитроски од А1 Ексклузив. Покровител: Општина Струмица.

““ССттррууммииччккии ввеесснниикк““ ќќее ииззллееггуувваа ссееккоојј

ппооннееддееллнниикк ии ќќее ммоожжее ддаа ггоо ддооббииввааттее ннаа

ВВаашшииоотт ее--ммааиилл ддооккооллккуу ссее ррееггииссттррииррааттее

ттууккаа.. ИИззддаавваачч ““РРааддииоо ССттррууммииццааННеетт““

Page 7: Струмички Весник број 1 (18.04.2011)

Пензионерите од Куклиш си

добија свој клуб

“Овој Клуб да биде на сите пензионери, да не

се дозволува да има партиски поделби, сите

да бидете собрани заедно“ - им порача

градоначалникот Заев на пензионерите...

ССттррууммииццаа,, 1177 ааппрриилл 22001111..

Пензионерите од селото Куклиш си добија

свој пензионерски клуб. Општина Струмица

дел од просториите на Домот на културата во

Куклиш им ги даде на користење на

пензионерите, а за новиот дом на

пензионерите, градоначалникот Зоран Заев

им подари телевизор.

Отворајќи го вечерва Клубот на

пензионерите, градоначалникот Заев им

порача овие простории да бидат на сите

пензионери, да не се дозволува да има

партиски поделби, сите луѓе да бидат

собрани заедно, да можеме и меѓудругото да

градиме единство.

“Овој Клуб е направен за пензионерите, но

понекогаш ќе ни се придружат и помладите,

бидејќи секогаш ние пензионерите со

младите сме посилни. Вашата желба беше

голема за да имате свој клуб. Со Вашата

желба, со наша помош, а со поддршка на

градоначалникот и претседателот на Советот

на општина Струмица, успеавме да добиеме

Клуб на пензионери во Куклиш“ – рече Данче

Даскаловска, член на Извршниот одбор при

Здружението на пензионери од Струмица.

Во новото катче пензионерите од Куклиш ќе

можат да се дружат, да одржуваат состаноци

и да го минуваат своето слободно време.

Пензионерите задоволни, бидејќи добија

ново катче за дружење.

“Конечно ќе имаме место каде да се

собиреме и да се дружиме. Во овој клуб ги

имаме сите услови и мислам дека ние

пензионерите од селата треба да имаме

вакви клубови за да можеме своето слободно

време да го искористиме дружејќи се“ - ни

рече Киро Тенев, претседател на

пензионерите од Куклиш.

Здружението на пензионерите од Струмица го обезбеди потребниот инвентар за просториите, а ЈПКД “Комуналец“ деновиве го уреди и дворот пред Домот на културата, кој беше целосно запуштен.

Меморијален ловечки турнир во

чест на Ване Арапов

Во организација на Ловното друштво

“Беласица“ од Струмица на стрелиштето кај

Водоча, се одржа Меморијалниот ловечки

турнир во гаѓање на глинени плочки “Ване

Арапов“...

Page 8: Струмички Весник број 1 (18.04.2011)

Денеска во организација на Ловното друштво

“Беласица“ од Струмица на стрелиштето кај

Водоча, по 18-ти пат се одржа

Меморијалниот ловечки турнир во гаѓање на

глинени плочки “Ване Арапов“.

Присутните, кои ги имаше од повеќе ловечки

друштва од Македонија, ги поздрави

претседателот на ЛД “Беласица“, Марјан

Даскаловски, кој истакна дека овој турнир од

ваков вид е најдобар во Република

Македонија и ги собира најдобрите стрелци

од нашата држава.

Стартот го означија градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и синот на Ване Арапов, Митко, кои први пукаа во глинените плочки. Потоа следуваше и натпреварувачкиот дел. Учесниците се натпреваруваа во дисциплината трап во повеќе категории, а по завршувањето на турнирот другарувањето продолжи со ловџиски ручек во ресторанот “Пала“, каде беа доделени пехари и дипломи на најдобрите стрелци. Ловното друштво „Беласица“ е формирано пред 64 години и брои над 500 членови.

Своите искуства во грижата за унапредување на овој спорт струмичките ловџии ги споделуваат со повеќе ловни друштва од земјава и од регионот, меѓу кои со Ловно-риболовното друштво “Беласица“ од Петрич, Бугарија, “Калистра“ од Солун, Грција и “Велебит“ од Велико Село од Војводина, Србија. Членовите на Ловното друштво “Беласица“ се познати и како големи чувари на природата и поборници на заштитата на животните.

Page 9: Струмички Весник број 1 (18.04.2011)

Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, по повод претстојниот голем христијански празник Велигден, до сограданите од православна вероисповест упати честитка со желби за среќни празнични денови, благосостојба во домовите, мир, христијанска љубов и медусебна почит. Во честитката до православните верници, градоначалникот Заев вели:

“На моите сограѓани од

православна вероисповест, по

повод големиот христијански

празник Велигден им ги

упатувам своите искрени

честитки. Посакувам во сите

домови во кои се празнува овој

голем верски празник да

владеат среќата,

спокојството, семејната

благосостојба, меѓусебната

почит и христијанската

љубов“.

Христос воскресе!!!

ССРРЕЕЌЌННИИ ИИ ВВЕЕССЕЕЛЛИИ

ВВЕЕЛЛИИГГДДЕЕННССККИИ ППРРААЗЗННИИЦЦИИ!!

Среќни празници!