Феминизам за почетници (1 дел)

27
Феминизам З А П О Ч Е Т Н И Ц И Сузан Алис Вaткинс, Мариса Руеда и Марта Родригез 1 дел.

Post on 28-Jul-2015

775 views

Category:

Documents


7 download

TRANSCRIPT

Page 1: Феминизам за почетници (1 дел)

1

Феминизам З А П О Ч Е Т Н И Ц И

Сузан Алис Вaткинс, Мариса Руеда и Марта Родригез

1 дел.

Page 2: Феминизам за почетници (1 дел)

2

Што е феминизмот?

Второ име за барањата на жените како човечки суштества да ги имаат сите права!

ИСПИТУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАЖИТЕ (КАКО

ЗБИР) И ЖЕНИТЕ (ИСТО ТАКА КАКО ЗБИР)...

...И ПОБУНА ПРОТИВ СИТЕ СТРУКТУРИ НА МОЌ, ЗАКО-НИ И ОБИЧАИ КОИ ЖЕНИТЕ

ГИ ДРЖАТ ВО ПОНИЗНА, ПОДЛОЖЕНА И ПОТЧИНЕТА

ПОЛОЖБА...

Феминизмот се крева против поделбата на трудот во светот, според која мажите се господари на јавните сфери - работа, спорт, војна, држава - додека жените бесплатно ги извршуваат макотрпните куќни работи и целиот товар на семејството го носат на свој грб.

ЖЕНИ КОИ СВЕСНО ЗАЕД-НИЧКИ СЕ БОРАТ ЗА СВОИТЕ ПРАВА – ТОА Е ЕДИНСТВЕН НАЧИН ДА ГИ ДОБИЕМЕ!

Page 3: Феминизам за почетници (1 дел)

3

Со феминизмот почнува приказната за промената на подредената положба на жените. А кога почнува феминизмот? Одговорот гласи: кога жените почнуваат свесно, масовно и влијателно да се организи-раат за подобрување на својата положба. Но, дотогаш морало да по-минат векови и векови. Многу, многу долго сè било свртено против какви и да било можности за организирано феминистичко дејствува-ње.

Многу жени низ историјата биле извон-редно силни, храбри и способни. Тоа биле славни кралици и царици, бес-трашни воинки, светици, „вештерки“, ученички, поетеси и сликар-ки. Тие ја сочинуваат плеја-дата на најславните во историјата на жените.

Во зорите на феминизмот

Page 4: Феминизам за почетници (1 дел)

4

НИЕ ИМ ПРИПАЃАМЕ НА ОНИЕ ПРИВИ-ЛЕГИРАНИТЕ. МИЛИОНИ ЖЕНИ СЕ БОРЕЛЕ,

САКАЛЕ И УМРЕЛЕ... И СИТЕ ТИЕ ПРИДОНЕЛЕ ЗА БЕСКОНЕЧНОТО ТКАЕЊЕ НА

ИСТОРИЈАТА НА ЖЕНИТЕ.

Page 5: Феминизам за почетници (1 дел)

5

Сестра Хуана Инес, мексиканска ученичка и поетеса, може да послужи како пример за „независна жена“ во вековите кои и претхо-деле на еманципацијата. За својата доба одбрала типичен пат: ма-настир наместо брак, маж и деца. Во самотијата на манастирските ѕи-дини барем имала време за учење и пишување. Напишала вистински ремек-дела на јужноамаериканската поезија, но инквизацијата на крај, сепак, ја замолчала.

Page 6: Феминизам за почетници (1 дел)

6

Неправдите што во име на љубовта им се нанесувале на жените, кај Сор Хуана буделе подеднакво многу гнев како и фактот дека тие не смееле да се образоваат. Таа многу рано ги воочила срамните двојни мерки кои биле верен придружник на машко-женските односи низ исто-ријата и ги опишала со невидлива точност:

Жените најдовте да ги обвинувате, Вие будалести мажи, А пример за она што го прекорувате Во вас, не на друго место, лежи. Кога искрено и настојчиво Нивната цврстина ја кршите, Зошто нечесност им барате, А грев од нив мамите? Го кршите отпорот, нејзината строгост, И потоа важно тврдите Дека вас на тоа ве навела Жешката женска похота. На кого од нив срамот е поголем Што во тој занес секогаш се губи? Нејзиниот, што на неговата мамка паѓа Или неговиот, што се сопнува тогаш? Или кој е поголем виновник, Иако никој не е без дамки. Таа, бидејќи греши за плаќањето Или тој, бидејќи за гревовите плаќа?

Page 7: Феминизам за почетници (1 дел)

7

Феудално минато...

До 18. век европските општества биле засновани на феудален сос-тав кој го сочинувале кралевите, благородниците земјопоседници и свештенството, а сите тие владееле со малите занаетчии, трговци и селани. Се работело, главно, недалеку од дома, на поле или во рабо-тилница. Иако на различни работи, и за различна плата, мажите и же-ните работеле заедно.

Но, тогаш, со развојот на мануфактурите и со

ширењето на градовите, работата почнала да се

одвојува од домот, а машката работа од

женската работа. Првпат во историјата се појавува

замислата за мажите како „хранители на семејството“

и жените како економско зависни „домаќинки“.

ВО ФЕУДАЛИЗМОТ ИМАВМЕ ПОСТОЈАНА

СИГУРНОСТ...

...НО НЕКАКО БЕШЕ НЕПРИРОДНА

Page 8: Феминизам за почетници (1 дел)

8

... и природни права

За време на индустријализацијата настанале нови општествени класи – класата на работниците без земја во своја сопственост и сè поголемата средна класа во градовите.

Новата несигурност создава нова жед за слобода!

...ЕДНАКВОСТ...

ГОСПОДА,

РЕВОЛУЦИЈАТА Е БЛИСКУ!

Монтескје

Лок

...ПРИРОДНИ ЗАКОНИ...

Џеферсон

СТАНУВА ЗБОР ЗА РАЗУМОТ...

А КАДЕ СМЕ ТУКА НИЕ?

Page 9: Феминизам за почетници (1 дел)

9

Просветителство

Во средината на 18. век група просветители од различни земји почнале да ја поткопуваат тиранијата на феудалните општества, втемелена на нас-ледните привилегии на крлеви-те, Црквата и благородниш-твото. На „од Бога дадените права“ на владетелите тие просветени критичари ги спротиставиле „правата на човекот“. Тие биле гласот на незадоволството на новата средна класа во подем, која копнеела за напредок и на која и било доста од нееднаквостите во старите, груби и расипани феудални хиерархии. А во тоа вриење жените почнале да поставуваат прашања за својата нееднаквост – и да се бунат против тиранијата на МАЖИТЕ во семејството.

Page 10: Феминизам за почетници (1 дел)

10

Еден од водечките мислители на просветителството бил Жан-Жак Русо (1712 – 1778), син на женевски часовничар. Тој се нафрлил на сите општес-твени нееднаквости – но една од нив, типично, ја превидел. Еве што пишу-ва Русо во својот Емил (1762), потенцијално дело за воспитувањето:

„Жената и мажот се создадени еден за друг, но нивната заемна

зависност не е еднаква. Мажите зависат од жените со своите желби; жените зависат од мажите со своите желби и со своите потреби. Ние би можеле полесно да живееме без нив, отколку тие без нас. Затоа, целото воспитување на жените

мора да биде насочено кон мажите. Ним да им се умилкуваат, да им

бидат корисни, да ја стекнат нивната љубов и почит, да се

грижат за нив додека се млади, да ги негуваат кога ќе созреат, да ги

советуваат, да ги тешат и да настојуваат животот да им биде

угоден и сладок: тоа се должностите на жените во секоја

доба, на тоа треба да ги учиме уште од нивното детство.“

Page 11: Феминизам за почетници (1 дел)

11

Мери ќе проживее богат и бурен живот. Од личното горчливо ис-

куство знаела на какви сè пре-преки наидува независната жена

која сака да си го заработува својот леб и да стекне образова-ние. Во 1793 г. Мери успеала да собере доволно пари за во Њу-

ингтон Грин, предградие на Лон-дон, да отвори женско училиште.

ПОМИЛ МИ Е СИН МИ!

АХ, НЕ! ПАК ЌЕРКА!

ОНА ШТО КАЈ НЕГО ГО ФАЛЕА КАКО ПАМЕТ И ОСТРОУМНОСТ,

КАЈ МЕНЕ ГО ПРЕКОРУВАА.

ВО УЧИЛИШТЕТО РАБОТЕВМЕ МОИТЕ СЕСТРИ, МОЈАТА ПРИЈАТЕЛКА

ФАНИ БЛАД И ЈАС.

НИКОГАШ НЕМАВМЕ ПОВЕЌЕ ОД 10 УЧЕНИЧКИ.

А БИДЕЈЌИ И БЕВМЕ НОВИ ВО

ТОА, И САМИТЕ УЧЕВМЕ!

Page 12: Феминизам за почетници (1 дел)

12

Соседите на Мери биле дисентери* - радикални презвитеријанци, баптисти и независни, кои не смееле да работат ни во градска ни во државна служба, а им било забрането да работат и на универзитетот. Затоа основале сопствени универзитети, на кои можело слободно да се расправа и отворено да се разгледуваат просветителските замисли.

ПОЛИТИЧКАТА ВЛАСТ ЈА ЛЕГИТИМИРА СОГЛАСНОСТА

НА НАРОДОТ.

А НЕ КРАЛЕВИТЕ ИЛИ БЛАГОРОДНИЧКИТЕ

ПРИВИЛЕГИИ

ПЕТ СААТИ ЗА ДОТЕРУВАЊЕ. НЕ

МИ СЕ ЧИНИ ПРЕТЕРАНО.

КАКО ГРАЃАНИ НА СВЕТОТ, ДОЛЖНИ СМЕ ДА ЈА

ПОДДРЖИМЕ АМЕРИКАНСКАТА РЕВОЛУЦИЈА!

НА ЛЕЈДИ КИНГСБОРОУ И БИЛО ГАЈЛЕ ЗА ОБРАЗОВАНИ-ЕТО НА НЕЈЗИНИТЕ ДЕЦА КОЛ-КУ ЗА СТРАДАЊАТА НА СЕЛА-НИТЕ ОД КОИ ЗАВИСАТ НЕЈЗИ-НОТО БЕЗДЕЛНИЧЕЊЕ И РАС-КОШ!

*Дисентери (анг. dissenters), англиски протестантски верници кои во 18. век истапиле од др-жавната англиканска црква. Ги нарекувале нонконформисти. Не се сложувале со црковните догми и обреди. Барале искрена и доследна побожност втемелена на Евангелието.

Page 13: Феминизам за почетници (1 дел)

13

Мери нејзините пријатели ја поврзале со Џозеф Џонсон, лондонски из-давач кој се залагал за сите потчинети – робови, Евреи, оџачари, злоста-вувани животни, бездомници и гладни. Во 1788 г. Мери влегла во најтес-ното друштво на кружокот на Џонсон и редовно, заедно со други радикал-ни писатели, ја посетувала неговата печатница во St. Paul’s Churchyard.

Во 1987 г. Избила Француската револуција. Во Англија политичката температура ја достигнала највисоката точка.

Page 14: Феминизам за почетници (1 дел)

14

Тиранијата на кралевите во државата и тиранијата на мажите во домот

По петнаесет години поминати во Америка, каде што ја доживеал сета си-ла на револуционерната атмосфера на уставниот експеримент, пријателот на Мери, Том Пејн, се вратил во Англија. Во влијателната книга Правата на чо-векот (1791-92) Том Пејн застанал во одбрана на американските и францус-ките конституционалисти.

Заради таа книга Пејн во 1792 г. е осуден на смртна казна за предавство на Британската круна. Благодарение на навременото предупредување на Блејк, побегнал во Франција.

Мери се фатила за пишувње на својата позната книга, апел кој го насло-вила Одбрана на женските права (1792). Во тоа опсежно дело (повеќе од 300 страници) просветителските замисли за првпат се применети на положба-та на жените. Книгата веднаш доживеала голем успех и станала камен-темел-ник на модерниот феминизам.

НАВИСТИНА ЛИ ТИРАНИЈАТА НА

МАЖИТЕ ВО ДОМОТ Е ИСТО ТОЛКУ ЛОША

КОЛКУ ТИРАНИЈАТА НА КРАЛЕВИТЕ НАД ПОДАНИЦИТЕ?

Page 15: Феминизам за почетници (1 дел)

15

Јасниот и гласен повик на Мери од Одбрана на правата на жените (1792) веќе со векови одекнувал. Нејзините барања за укинување на двојните мерила за машко и женско однесување, за право на жената на независна работа, образование, граѓански и политички живот лежат во темелите на денешниот феминизам.

Не ја одобрувала поделбата на работата меѓу мажите - хранители на семејствата и нивните жени, кои седеле дома „затворени во кафези како некакви птичји видови. Вистина е дека добиваат храна и облека, за што не мораат да мрднат со прст, но во замена тие го даваат своето здравје, слободата и храброста.

Page 16: Феминизам за почетници (1 дел)

16

„Исто така би можеле да ги изучуваат политиката и сите други науки, кога би имале редовно образование. Колку само жените залудно си го трошат животот, а би можеле да работат како лекарки, да водат селско стопанство, продавници и да стојат исправено, да се издржуваат самите со својата работа наместо да ја веднат главата.“

Отишла толку далеку и предложила жените да бираат сопствени политич-ки застапнички, наместо мажите да владеат со жените како што сакаат.

Page 17: Феминизам за почетници (1 дел)

17

НЕ САКАМ ДА МЕ СА-КАШ КАКО БОЖИЦА,

САКАМ ДА ТИ БИДАМ ПОТРЕБНА...

Во 1973 г. Мери отишла во Па-риз, да ја види Револуцијата одблис-ку. А таму, тогаш на вораст од 34 го-дини, силно се заљубила во бившиот капетан на американската војска Гил-берт Имлај (1754 - 1828). На Имлај, авантурист заплеткан во некои матни работи, не му се допаѓале баш нејзи-ните надежи за вечна љубов.

Кога Теророт (Француската револу-ција) бил на врвот и безброј жртви ја губеле главата на гилотина, Мери ос-танала во Париз сама и бремена. Им-лај го опсипувала со писма: „Душата ми е уморна - срцето ме боли“. По ра-ѓањето на нивната ќерка Фани, на кратко и се придружил, а потоа ја пра-тил на шестмесечен поход во Сканди-навија, каде што таа требало да зара-боти пари, додека тој почнал да живее со некоја глумица.

Во 1795, измачена од таа врска, Мери се обидела да се убие, фрлајќи се од мостот Путни. Не се удавила, но затоа се излечила од Имлај. За жал, ќе и останат само уште одвај две години од животот.

Page 18: Феминизам за почетници (1 дел)

18

Мери повторно почнала да заработува за живот. Започнала врска со анар-хистичкиот фолософ Вилијам Гудвин, кој за време на судењата за предавство во 1970тите се зазел за англиските републиканци. Мери умрела во 1797 година раѓајќи ја ќерката, исто така Мери, која ќе се омажи за романтичарскиот поет Перси Биси Шели и ќе напише едно од најдобрите дела на научната фантас-тика воопшто, Франкенштајн (1818).

Page 19: Феминизам за почетници (1 дел)

19

Француската револуција: 1989 г.

Мери Волстонкрафт не била сама. Француската револуци-

ја на жените им понудила можност да ја укинат старата состојба, не само на ниво на

поединец, туку и на општествено ниво.

МАЖИТЕ НИШТО НЕ

РАЗБИРААТ! АКО ГРАДОНАЧАЛНИ-КОТ НЕ НИ ПОМОГНЕ, ОДИМЕ НА ВЕРСАЈ...

И НЕМААТ ХРАБ-РОСТ НИШТО ДА

ПРЕЗЕМАТ!

ПА ЌЕ ГО ДОВЕ-ДЕМЕ КРАЛСКОТО

СЕМЕЈСТВО ВО ПАРИЗ, НЕКА ГИ

ЧУЈАТ БАРАЊАТА НА НАРОДОТ!

Page 20: Феминизам за почетници (1 дел)

20

Париските работнички први ги земале работите во свои раце. Во октом-ври 1789 г., додека господата од Уставотворнотото собрание биле зафате-ни со расправи за новиот француски устав, санкилотките – перачки, шивач-ки, слугинки, трговки, жени на работници – се бунеле заради недостатокот на храна. Околу шест илјади жени марширале до париското Градско собра-ние барајќи намалување на цените на лебот.

Page 21: Феминизам за почетници (1 дел)

21

Јакобинки

Една париска група симпатизери јакобинци ја сочинувале Citoyennes Républicaines Révolutionnaires (револуционерни републикански гра-ѓанки). Облекувале униформи, панталони со црно-бели риги и црвени „шапки на слободата“, а на своите протести носеле оружје. Барале гла-сачко право за жените и право на највисоките граѓански и воени служби во новата Република.

Француските револуционери биле поделени на радикални јакобинци, кои сакале да ја отстранат монархијата и на умерени жирондинци, кои са-кале уставна монархија.

КОНТРОЛАТА НА ЦЕНИТЕ И ПРАВЕДНАТА ПОДЕЛБА НА

ХРАНАТА ЈА ПОВРЗАВМЕ СО ЖЕНСКИТЕ ПРАВА.

НИЗ ФРАНЦИЈА

ОСНОВАВМЕ СВОИ ПОЛИ-

ТИЧКИ КЛУБОВИ.

ЈА ОБЈАВИВМЕ ПРЕМОЛЧЕНАТА

ИСТОРИЈА НА ЖЕНСКОТО ХЕРОЈСТВО.

Page 22: Феминизам за почетници (1 дел)

22

Жирондинки

Под жирондинска власт Собранието донело закон за развод од бракот кој им одел во прилог на жените. Многу од првите феминист-ки исчезнале заедно со жирондинската партија за време на јакобин-скиот Терор во 1793 година.

ЕДНАКВОСТ И СВЕТО ПРАВО НА ИМОТ ЗА МАЖЕ-НИТЕ И НЕМАЖЕ-

НИТЕ ЖЕНИ.

ЖЕСТОКО СЕ ПРОТИВАМ НА „СВЕТОТО ПРАВО НА НАС-

ЛЕДСТВО“ НА ОЛИМП.

Жирондинката Олимд де Гог (1948 – 1793), родена како Мари Гоз, била незаконска ќерка на некој благородник и жена на месар од Монтобан, гратче на францускиот југ. Се побунила против тесногра-дите предрасуди на родниот град и начинот на кој нејзиниот татко се однесувал кон мајка и. Бракот, во кој родила две ќерки, само го пот-врдил нејзиното разочарување.

Побегнала во Париз, го променила името и почнала да настапува во театар. Набргу почнала да пишува театарски претстави и пам-флети, повикувајќи на укинување на трговијата со робови, на отвора-ње јавни работилници за невработените и на национален театар за жени.

Page 23: Феминизам за почетници (1 дел)

23

Како одговор на Декларацијата за правата на човекот која ја об-јавило Собранието, Олимп во 1792 г. објавува Декларација за правата на жените, барајќи еднакви права пред законот, во др-жавата и во образованието.

ТОА МИ Е РАЗУМНО...

ЈАС, ЛИЧНО, САКАМ МАЛКУ „ПОНИЗНО

ОБОЖАВАЊЕ“.

А КОЈА Е ТВОЈАТА МОДА? ТЕРОР?

ПФФ! ОЛИМП СЕ ОБЛЕКУВА ПО ЛАНСКАТА ЖИРОНДИНСКА МОДА!

Page 24: Феминизам за почетници (1 дел)

24

Олимп носела премногу неволји и јакобинскиот Терор не можел да ја по-штеди. Иако била републиканка, објавила апел против кралевите на погубу-вањето. Тоа ја чинело глава.

Џелати и крвници – тоа ли се плодовите на Револуцијата

која требаше да биде гордост на Франција, која требаше

без разлики да се прошири на двата пола и да стане пример на целиот свет? – викала кога

ја воделе во смрт.

Page 25: Феминизам за почетници (1 дел)

25

Тероињ де Мерикур (1766-1817) исто така отворено ја критикувала Револуцијата во која мажите сè повеќе го имале главниот збор. Се родила во Арденес, во сиромашно селско семејство, како Ан-Јозеф Тервањ. Отишла во Париз и до Рево-луцијата за живот заработу-вала како куртизана.

ДОВОЛНО ЖИВЕЕВ ОД СЕКСИПИЛ!

И така наскоро, облечена во јавачка облека, за да биде помалку попречувана, држела говори на големите женски собири на отворено.

ТОА Е ПРОТИВ-ПРИРОДНО. МЕС-ТОТО НА ЖЕНАТА

Е ВО КУЌАТА.

Page 26: Феминизам за почетници (1 дел)

26

Тероињ исто така се приклучила и кон жирондинците. Премногу била упадлива и отворена и затоа морала да стане жртва. Во октом-ври 1793 г., додека минела низ Туилериските градини, ја нападнала група јакобинки.

Кутрата Тероињ се здобила со тешки повреди на главата од кои никогаш не се опоравила.

Ја мачеле главоболки и постојана „меланхолија“. До крајот на животот страдала во лудницата во Салпетриер. Со неа страдал и францускиот феминизам.

Page 27: Феминизам за почетници (1 дел)

27

~ ПРОДОЛЖУВА ~