Руска реч Македонија #10

16
Убавина и тага - руските писатели за есента Кога се пукаше врз Белата куќа Зошто Ерменија не сака во ЕУ? стр. 4-5 Пет најатрактивни новитети стр. 12-13 стр. 10-11 Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“. САБОТА - НЕДЕЛА, 19-20 ОКТОМВРИ 2013 ГОДИНА БРОЈ 10 „Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“ ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД УСТАВНАТА КРИЗА РУСКИ САЕМ ЗА ОРУЖЈЕ 2013 Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“ ruskarec.mk Само на RUSKAREC.MK стр. 14-15 Getty Images / Fotobank Сирија е јадрото на досегашните кризи стр. 2-3

Upload: russia-beyond-the-headlines

Post on 12-Mar-2016

243 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Russia Beyond the Headlines, Macedonian Edition, distributed with Nova Makedonija

TRANSCRIPT

Page 1: Руска реч Македонија #10

Убавина и тага- рускитеписатели заесента

Кога сепукаше врзБелата куќа

ЗоштоЕрменија несака во ЕУ?

стр. 4-5

Петнајатрактивниновитети

стр. 12-13

стр. 10-11

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорназа содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

САБОТА - НЕДЕЛА, 19-20 ОКТОМВРИ 2013 ГОДИНА БРОЈ 10

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 26 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОДУСТАВНАТА КРИЗА

РУСКИ САЕМ ЗАОРУЖЈЕ 2013

Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

ruskarec.mk

Само на RUSKAREC.MK

стр. 14-15

Get

ty Im

ages

/ F

oto

ban

k

Сирија е јадрото на досегашните кризи

стр. 2-3

Page 2: Руска реч Македонија #10

РУСКА РЕЧПОЛИТИКА2 |

� Фјодор Лукјанов

По неочекуваниот пресврт на целата си-риска колизија, Русија одеднаш почна ини-цијатива, која според своите можности ќе овоз-можи да се отстапи од идејата за воена интер-венција. Ова го стори истата таа Русија на којаЗападот со голема самоувереност ѝ ја припи-шуваше главната улога на попречување на ре-гулирањето на кризата. Како се случи Москвапорано да вели само „њет“, а сега одеднаш дастане извор на конструктивни предлози?

Клучната фраза ја изговори министерот занадворешни работи на Русија, Сергеј Лавров,летото во 2012 година на прес-конференција:„Од тоа како ќе се реши сириската криза во го-лема мера зависи идниот модел на реагирањена меѓународната заедница на внатрешнитеконфликти во определени држави“. Токму тоаго определи односот на Москва кон братоу-биствената војна во Сирија.

ПРОТИВ ЛИБИСКИОТ МОДЕЛ

Безредијата во Сирија започнаа во дено-вите кога Советот за безбедност на ОН ја до-несе резолуцијата 1973, со која го одобри ме-шањето на други земји во граѓанската војнаво Либија. Како што е познато, Русија тогашнајде за сходно да не го спречува воведува-њето зони на забранет лет за либискатаавијација, со цел да го заштити мирното на-селение. Документот беше усвоен набрзина,и тоа со мошне неодредена формулација, штоне е вообичаено за, инаку, прецизниот правенстил на Советот за безбедност. Токму овој до-кумент послужи како основа за масовнотоучество на други земји во внатрешниот кон-фликт и за смена на власта.

Ставот на Русија за сириското прашање е

резултат на ситуацијата во Либија. Прво, За-падот тогаш „ја излажа“ Русија, така што таасега е „навредена и лута“. Второ, Русија из-влече недвосмислена порака: недоволно јас-ните формулации подоцна „можеби“ ќе бидатпротолкувани како одобрување на „светскатазаедница“ за примена на сила во корист на ед-на избрана страна во судирот, а тоа, според за-мислата на Западот, е основата за „поната-мошниот модел на реагирање на меѓународ-ната заедница на внатрешните конфликти воопределени држави“.

Како што се заоструваше ситуацијата воСирија, така Русија и Кина доследно ги отфрлаасите нацрт-резолуции во кои се дефинираат ви-

ИДНИОТ МОДЕЛ ЗА РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТИТЕ

Дали руската дипломатијанаправи историскапресвртница во светскитеодноси? По две децениивоени интервенции од странана Западот, војната во Сиријасе развива на нов начин.Прашањето за идниот моделза решавање на конфликтитесе решава токму сега

Светот признава, иакомногумина тоа неволно гоправат, дека Русија погоди воцентарот, со оглед декапредложениот план намногумина ќе им овозможида го зачуваат образот иелегантно да излезат од ќор-сокакот

Сирија е јадрото на досе

Реализацијата или неуспехот на планот за сириското хемиско оружје

AF

P /

Eas

tnew

s

Page 3: Руска реч Македонија #10

РУСКА РЕЧ | 3ПОЛИТИКА

новници и во кои се споменува автоматизам напримена на санкции: ако Дамаск не го напра-ви тоа и тоа, тогаш следуваат некакви мерки,вклучително и вооружени акции. Станувашезбор за тоа да не се допушти либискиот моделда стане легитимен.

ПОГОДОК ВО ЦЕНТАРОТ

Но, состојбата на фронтовите зафатенисо граѓанска војна во Сирија стануваше сѐпосложена, така што дипломатската актив-ност на крајот на краиштата дојде до ќор-со-как. Русија сѐ повеќе инсистираше на тоа де-ка интервенцијата е деструктивна мерка, а

Западот од една страна се плашеше од ин-тервенција, а од друга беше свесен дека безнеа ситуацијата не може да биде свртена вокорист на бунтовниците.

Кога беа применети отровни супстанции,надворешната интервенција стана неизбеж-на. На американскиот претседател БаракОбама веднаш му беше свртено вниманиетово врска со неговите закани поврзани за„црвената линија“ и на изјавата дека „Башарал Асад мора да замине“, така што за негоисполнувањето на ветувањето стана праша-ње на честа. Со голема брзина се наближу-ваше она што Русија повеќе од две годинисе обидуваше да го избегне. Речиси никој воМосква никогаш не се посомнева дека ин-тервенцијата нема да реши ниту еден про-блем во Сирија, туку дека само повеќе ќе јавлоши состојбата. Но, важно е дека војнатаби можела крајно негативно да се одрази напрестижот на Русија, зашто тоа би ги ану-лирало сите поени што таа ги имаше добие-но благодарение на својата доследна линија.

Идејата за меѓународна контрола на хе-

миското оружје, покрај другото, беше и шансада се капитализира она што е постигнато вопретходниот период.

Светот признава, иако многумина тоа не-волно го прават, дека Русија погоди во цента-рот, со оглед дека предложениот план на мно-гумина ќе им овозможи да го сочуваат образоти елегантно да излезат од ќор-сокакот.

БИТКА ЗА ДИПЛОМАТСКАТА ПОБЕДА

Но, битката за дипломатска победа допрвазапочнува.

Прво, преземањето контрола над хемиско-то оружје само по себе е крајно сложена опе-рација, дури и во мирновременски услови. Пот-ребно е тоа да биде координирана акција намногу земји и меѓународни организации, и пот-ребна е доверба меѓу учесниците во конфлик-тот, а неа засега ја нема.

Второ, во оваа варијанта постои страна штоочигледно губи. Тоа е сириската опозиција, закоја одложувањето и отфрлањето на нападитена Башар ал Асад значат губење надеж за пре-сврт во војната. На бунтовниците не може даим се допадне тоа што во целата сириска епо-пеја одеднаш во прв план излегува некоја дру-га тема, онаа истата од која сѐ започна.

Трето, администрацијата на САД е под при-тисок од потребата за брзо постигнување ре-зултат. Обама се плаши да не остави впечатокна неспособен државник и тој страв го наве-дува да реагира импулсивно.

Страната што губи есириската опозиција, за која рускиот план значи губење надеж запресврт во војната

гашните кризи

Од тоа како ќе се решисириската криза во големамера зависи идниот модел нареагирање на меѓународнатазаедница на внатрешнитеконфликти во определенидржави

Сергеј Лавров, министер за надворешни

работи на Русија

Лекции од минатотоПретходните кампањи (Југославија, Ирак, Либија) беа мошне поучни, меѓу друго-

то и во смисла што стана јасно на какви препреки може да се наиде во обидот за регу-лирање слични кризи и како проблемите во целост се извртуваат само за да се постиг-не саканиот резултат.

Сирија е во извесна смисла квинтесенција на многу претходни кризи. Реализа-цијата или неуспехот на планот за преземање на контролата над сириското хемискооружје, ќе покаже дали светот е способен да се учи на грешките и да извлекува поуки,или може само да ги повторува претходните грешки и да прави нови, пофатални од пре-тходните. Прашањето за „идниот модел на реагирање на конфликтите“ се решава ток-му сега.

ќе покаже дали светот е способен да учи од грешките

Page 4: Руска реч Македонија #10

РУСКА РЕЧИСТОРИЈА4 |

� Александар Колесниченко

Уставната криза, која својата кулмина-ција ја доживеа во 1993 година, беше усло-вена од системот на власт во Русија. Споредуставот што беше во сила во тоа време, врхо-вен орган на државната власт беше парла-ментот, Конгресот на народните депутати,избран во 1990 година. Претседателот БорисЕлцин, кој беше избран во 1991 година, неможеше без согласност на парламентот даименува премиер, ниту можеше да го рас-пушти парламентот доколку тој би одбил даја официјализира претседателската одлуказа поставување премиер. Како последица натоа, првиот постсоветски премиер во Русија,Егор Гајдар, под чие раководство во 1992 го-дина беше укината државната регулација нацените, не беше поставен со официјалноодобрение на парламентот, така што за вре-ме на целиот свој мандат функцијата ја врше-ше како „вршител на должност“.

УКАЗ ЗА РАСПУШТАЊЕНА ПАРЛАМЕНТОТ

Во декември 1992 година, парламентот од-би да го потврди именувањето на Гајдар запретседател на владата, со што го натера даподнесе оставка. Дотогаш многу Руси веќе гозамразеа Гајдар, зашто сметаа дека тој е ви-новен за хиперинфлацијата, која ја намали за-работувачката и ја девалвираше заштедата награѓаните. На тој начин парламентот ги добисимпатиите од граѓаните. Веќе во март 1993година членовите на парламентот се обидоада извршат таканаречен импичмент (да му из-

гласаат недоверба) на Борис Елцин, кој во тоавреме ја загуби популарноста. Но не беше пос-тигнатопотребното двотретинско мнозинство.Пропадна и референдумот за доверба на пре-тседателот и на парламентот, кој беше одржанво април.

Есента 1993 година, претседателот Елцинпремина во напад со тоа што на 20 септемврипотпиша указ за распуштање на парламентот.Следниот ден членовите на парламентот го

прогласија указот за неуставен и го разрешијаЕлцин од должноста, именувајќи го за шеф надржавата Александар Руцкој. Потоа во мос-ковската Бела куќа, седиштето на парламен-тот, беше исклучена струјата и водата, а око-лу неа беа разместени полициски кордони,кои, не пуштајќи внатре никого освен нови-нарите, ги присилуваа членовите на парла-ментот да се откажат.

Состојбата на напнатост траеше речисидве недели, сè до 3 октомври, кога по ми-тингот во попладневните часови, поддржу-вачите на парламентот не го пробија кордо-нот околу Белата куќа. Александар Руцкојги повика насобраните да ги заземат Мос-ковското градско собрание и телевизискиотцентар „Останкино“. Но, двата обида беаспречени, а следното утро во Москва влезевојската лојална на Елцин и изврши нападод тенкови врз Белата куќа. Според различ-ни извори, бројот на загинати во трагични-те настани од 1993 година е некаде меѓу 123и 157 лица. Потпретседателот Руцкој и ра-ководителите на парламентот беа уапсени,но во февруари 1994 година беа пуштени наслобода во согласност со одлуката за ам-нестија, која беше донесена за помирувањена учесниците во политичкиот конфликт.

НОВИ ОВЛАСТУВАЊА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Во декември 1993 година на референдумбеше донесен новиот устав и беа одржанипарламентарни избори. Новиот устав ги про-шири овластувањата на претседателот - от-тогаш повеќе не беше можно да се именувакој било од високите официјални лица безнегово одобрение, а неговите укази (уредби)добија статус на закон. Парламентот, споредновиот устав, стана дводомен. Долниот дом,Државната дума, се избира според партис-ки листи и по окрузи. Горниот дом, Советотна Федерацијата, го сочинуваат претстав-ници на регионите.

Освен Конгресот на народни депутати иВрховниот совет, кој ја вршеше функцијата напарламент меѓу заседанијата на Конгресот, вооктомври 1993 година престанаа да постојати другите совети на сите нивоа, од регионал-ни до селски.

На изборите за Државната дума на Руска-та Федерација (РФ) во 1993 година, цензусот

Русија одбележува дваесет години од кулминацијата науставната криза, која заврши со гранатирање на парламентотна 4 октомври 1993 година. Последиците од овие трагичнинастани сѐ уште се чувствуваат во земјата. Новиот устав, којбеше усвоен во декември 1993 година, на претседателот мудаде речиси царски овластувања. Со колапсот на опозицијатана политичката сцена стапија нови партиски водачи, од коипоголемиот дел сѐ уште седат во Државната дума

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД УСТАВНАТА КРИЗА ВО РУСИЈА

Кога се пукаше врз Белата куќа

Руската политика по својатаприрода е неконкурентна.Штом се јавува конкуренција,таа има деструктивенкарактер. Оттука и елитата инародот бегаат од такватаконкуренција и бараатединствен лидер што е восостојба да ги обедини сите

Валериј Фјодоров, директор на Серускиот центар за

проучување на јавното мислење

Page 5: Руска реч Македонија #10

од пет отсто го минаа Комунистичката пар-тија на РФ на чело со Генадиј Зјуганов, кој сепозиционираше како обновена КПСС, и Ли-берално-демократската парија на ВладимирЖириновски, основана во 1992 година. Отто-гаш тие се постојано во Државната дума, иа-ко никогаш не биле мнозинство.

ПАРЛАМЕНТАРНАТА РЕПУБЛИКА Е (НЕ)ПРИРОДНА

Настаните од есента 1993 година гозацврстија влијанието на извршната властнад другите и оневозможија во Русија да се

изгради парламентарна република. Еден одавторите на Уставот на РФ од 1993 година ипотпретседател на фондот „Индем“, Миха-ил Краснов, истакнува дека тогаш тоа билооправдано: „Парламентот не требаше да госпречува претседателот Елцин во спроведу-вањето на реформите“. Но, денес тој уставод „преодниот период“, според Краснов, мо-ра да се измени: „Претседателот треба да јазадржи улогата на стабилизатор, а владатамора да го спроведува курсот што го опред-елува парламентот и да му поднесува из-вештај на парламентот.“

Постојат и поинакви мислења. За Русијапарламентарната република не е природна,а она што е природно е силна претседател-ска или монархиска власт, смета директо-рот на Серускиот центар за проучување најавното мислење (ВЦИОН), Валериј Фјодо-ров: „Руската политика по својата природае неконкурентна. Штом се јавува конкурен-ција, таа има деструктивен карактер. Отту-ка и елитата и народот бегаат од таквата кон-куренција и бараат единствен лидер што ево состојба да ги обедини сите.“

РУСКА РЕЧ | 5ИСТОРИЈА

На 4 октомври 1993 годинаво Москва влезе војскаталојална на Елцин и сотенкови ја гаѓаше Белатакуќа, седиштето напарламентот. Во инцидентитенастрадаа над 120 лица, апотпретседателот на Русија илидерите на парламентот беауапсени. Белата куќа денес еседиште на Владата наРуската Федерација

Во декември 1993 година на референ-дум беше донесен новиот устав и беа одр-жани парламентарни избори. Новиот ус-тав ги прошири овластувањата на пре-тседателот - оттогаш повеќе не беше мож-но да се именува кој било од високитеофицијални лица без негово одобрение,а неговите укази добија статус на закон.

Според различни извори, бројот на загинати во трагичните настани од 1993 година е меѓу 123 и 157 лица

ИТА

Р-Т

АС

С

Page 6: Руска реч Македонија #10

РУСКА РЕЧОПШТЕСТВО6 |

� Дмитриј Виноградов, РИА Новости

Ден пред почетокот на експериментот Па-вел ги трга современите работи што во след-ната половина година нема да ги користи. Гипакува ајпадот и ајфонот, селотејпот и кибри-тот... Наместо сите овие работи, Павел со се-бе „во минатото“ ќе ги земе средновековнитеалатки: кремен и огнило со кои ќе пали оган,тока, чешел со кој, како што тврди Павел, мо-жат да се исчешлаат вошки, точило, старин-ски ножици со пружина, парче восок со кое ќего подмачкува конецот (оти така при шиење-то подобро минува низ кожата) и „секирата ка-ко најважна алатка“. „Со секирата може да сенаправи сѐ што треба, а ако не можете, секи-рата ќе ви послужи со неа да ги направите си-те неопходни алатки“, објаснува Павел.

ЖИВОТ БЕЗ ПЧЕНКА, КОМПИР И ДОМАТ

„Многу предмети не се менувале со веко-ви“, вели Павел, восхитувајќи ѝ се на секира-та. „Нашите предци пронашле оптимална фор-ма“. Сите средновековни „уреди“, освен секи-рата, Павел ги ниже на кожен појас со кој се опа-шува, оти тогаш сѐ уште не постоеле џебови.

Време е да се запали огнот. Павел зема кре-мен, огнило и стара крпа, која ќе послужи ка-

ко трат. Би требало да пламне од првата иск-ра. Долго го трие каменот од огнилото, но тра-тот никако да се запали. Кришум го пали созапалка. Уште денес може така „да се извле-че“, но веќе утре нема да ја има запалката.

Средновековната куќа, реконструиранаспоред археолошките ископини, се наоѓа насамо 45 километри од Москва, покрај про-метниот Јарославски автопат. Необична глет-ка за околината на Москва: низ дворот трча-ат кози и кокошки, а црвенобрадиот селанецво старинска кошула и кожни чизми се оби-дува да запали оган.

Тоа е Павел Сапожников, главниот учес-ник во експериментот. Тој ќе помине поло-вина година сам на новгородскиот имот од 9век, реконструиран според археолошките ис-копини, на менито ќе има храна што се јаде-ла пред илјада години, и ќе мора да ја пре-

ЕКСПЕРИМЕНТ - ВРАЌАЊЕ ВО СРЕДНОВЕКОВИЕТО

Во Подмосковје почна необичен и опсежен експеримент штого спроведуваат љубителите на историските реконструкции:24-годишно момче треба да се откаже од сите современидостигнувања и половина година да живее како во средниотвек, без Интернет, без струја и без облеката од ова нашевреме. Целта на експериментот е да се утврди какофункционираат во практика добро познатите средновековниорудија и што се случува со човекот што на определено време доброволно се изолирал од преостанатиот свет и заминал „во минатото“

Зима од деветтиот век

62.000долари

чини проектот

Необична глетка за околината наМосква: низ дворот трчаат кози икокошки, а црвенобрадиот селанецво старинска кошула и кожени чизми се обидува да запали оган

Page 7: Руска реч Македонија #10

РУСКА РЕЧ | 7ОПШТЕСТВО

живее руската зима без централно греење.Во центарот на имотот се наоѓа долга куќа

со три простории. Во средината е просторијатаво која ќе живее Павел. Во неа има мала печка

и клупа прекриена со кожа од животни намес-то кревет. На плафонот висат сушена риба и пе-чурки, а во аголот се наоѓа каца со кљуква и сосланина. Во собата се чувствува остар мирисна риба, но организаторите на експериментотвелат дека таа треба да стои на топло. Тука е иамбарот полн со различни житарки што им би-ле познати на Европејците во 9 век. Нема пчен-ка, зашто неа ја донел Колумбо кога ја открилАмерика, а тоа се цели 500 години подоцна.

Последната собичка во куќата служи какококошарник и обор за кози. Организаторите на

експериментот на Сапожников му обезбедилепродукти и живина за определено време. Тој,исто така, може да лови зајаци и лисици во окол-ните шуми, но само со помош на стапица, каково средниот век.

КАКО ДА ПРЕЖИВЕЕ КОЗАТА БЕЗ МЕШАНА КРМА

- Нѐ интересираше како може човек да гипреживее есента и зимата, годишните времи-ња во кои храната е оскудна, а денот е кус - објас-нува иницијаторот на проектот Алексеј Овча-ренко. Проектот ќе трае до 22 март, кога споредсловенскиот календар настапува рамнодени-цата и започнува новата година.

Но, Павел не се плаши од студенилото, ту-ку од „гладот за информации“: животот без кни-ги, без весници и без Интернет.

Организаторите на експериментот ќе госледат не само однесувањето на Павел Сапож-ников туку и состојбата на неговите кожни обув-

ки. Една од задачите е да се провери издржли-воста на средновековните обувки. Проектот еповрзан со експерименталната археологија.

- Сакаме да провериме низа дребулии од се-којдневниот живот: колку често мора да се крпатволнените чорапи, колку скии и ножеви се пот-ребни, колку е издржлив покривот со животин-ски кожи - објаснува иницијаторот на проектот.

Во рамките на проектот ќе бидат набљуду-вани и домашните животни. Кога беа доведенина имотот, козите давале по литар и пол млекодневно. Сега, кога повеќе не добиваат мешанакрма (концентрат) и антибиотици, даваат двојнопомалку млеко.

- Сакаме да провериме колку ќе се проме-ни количеството на млеко кај козата и голе-мината на кокошкините јајца. Дали козите икокошките во следната генерација ќе бидатпоситни? Како на нив ќе влијае пасењето и от-суството на хемија во исхраната - вели Овча-ренко.

Експериментот има и социописхолошки ас-пект. Организаторите сакаат да утврдат како мувлијае осаменичкиот живот на човекот.

- Павел намерно го „испративме сам во ми-натото“. Одвојувањето од современите реалиии понирањето во минатото така ќе бидат по-ефектни. Доколку би имал соговорник, неми-новно би се допреле некои современи теми -објаснува Овчаренко.

ЛОГИЧНО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

Павел не е факултетски образован. Завршилчетири години медицински факултет (потеснаспецијалност - давање прва помош за време нанезгоди и катастрофи), а потоа го напуштил иѝ се посветил на историска реконструкција, којастанала негово занимање. Најблиските го под-држуваат во тоа. Неговата свршеница Ирина мупомага да го среди имотот. Вели дека и таа би-ла подготвена да му се придружи, но организа-торите на експериментот решиле поинаку.

- Тој самиот го избира својот пат. Тука е по-сигурно отколку во Москва, иако не се согла-сувам со неговата одлука вака да потроши по-ловина година од својот живот. На крајот на кра-иштата, човек секогаш може да се образува ида направи кариера - вели мајката на Павел, којаисто така се вика Ирина. Таа не се плаши штонејзиниот син „во цутот на младоста“ се осу-дува себеси на доброволно заробеништво.

Блог за животот на ПавелСо оглед на тоа дека експериментот е тежок, психофизичката состојба на Павел ќе се

следи. Зад оградата на имотот ќе го набљудува личност што ќе го опишува неговиот се-којдневен живот, но нема да смее да контактира со Павел. Еднаш месечно ќе биде органи-зиран ден за посета. Тогаш ќе доаѓаат лекар и психолог, кои ќе ја оценуваат психофизичка-та состојба на Павел, а исто така ќе можат да го посетат и членовите на неговото семејствои роднините. Во меѓувреме, тие ќе можат да се информираат за неговиот живот преку бло-гот што ќе го пишуваат „набљудувачите на секојдневието на Павел“ од експериментални-от тим. За овој необичен експеримент ќе биде снимен и филм, чиј главен јунак ќе биде са-миот Павел Сапожников. Според организаторот, експериментот чини околу 2 милиони руб-ли (62.000 американски долари).

Павел намерно го „испративме сам во минатото“.Одвојувањето од современитереалии и понирањето воминатото така ќе бидатпоефектни. Доколку би ималсоговорник, неминовно би седопреле некои современи теми

Алексеј Овчаренко,организатор на проектот

Сакаме да провериме низадребулии од секојдневниотживот: колку често мора да секрпат волнените чорапи,колку скии и ножеви сепотребни, колку е издржливпокривот со животинскикожи, објаснувааторганизаторите на проектот

Дм

итр

иј В

ин

огр

адо

в /

РИ

А Н

ов

ост

и

Page 8: Руска реч Македонија #10

РУСКА РЕЧГЕОПОЛИТИКА8 |

� Арам Тер-Газарјан, РБК

Како што излегува, краткотрајната „гаснавојна“, спогодбите за испорака на руско оружјена Азербејџан и конечниот договор за стапува-ње на Ерменија во Европската Унија и во НА-ТО - сето тоа беше само вовед во засилувањетона билатералните односи меѓу Русија и Ерме-нија. Станува збор за тоа дека двете држави сепотребни една на друга. Русија на Ерменија ѝгарантира заштита од агресија, а Ерменија ѝовозможува на Русија да ги зацврсти своите по-зиции во Западна Азија.

Сепак, во Европа и понатаму се слушаатизјавите дека членството на Ерменија во Ца-ринската унија нема да биде пречка за нејзино-то политичко и економско зближување со Ев-ропската Унија. Сега веќе е невозможно потпи-шување спогодба за асоцијативно членство соЕУ, но и покрај тоа Брисел инсистира на збли-жување со Ереван. Кои се причините за збли-жувањето на Москва и Ереван?

СЕЛЕКТИВНА ТРПЕЛИВОСТ НА БРИСЕЛ

Волку трпелив став кон кавкаската репуб-лика е сосема спротивен од тонот со кој Ев-ропската Унија разговара со Украина, на која ѝе оставено да избере или едно или друго: Русија

или Запад. Експертите сметаат дека причинатасе крие во подобро осмислената политика на ра-ководството на Ерменија. Имено, тоа во пре-тходните години се воздржуваше од недвос-мислено изјаснување „за“ или „против“ Ев-ропската Унија. Згора на тоа, официјален Ере-

ван во локалните медиуми организираше голе-ма пропагандна кампања во прилог на соработ-ката со Брисел, но, притоа, направи сѐ за да неги расипе односите со Кремљ.

Ерменија доследно водеше преговори и соЕвропската Унија и со Русија, очекувајќи од две-те страни да понудат конечни услови за соработ-ка. За Ереван најважно е прашањето за безбед-носта на земјата, зашто Ерменија е притиснатапомеѓу Турција и Азербејџан, двете земји наст-роени непријателски, кои отворено му се закану-ваат на нејзиното постоење, така што Брисел иМосква мораа да понудат гаранции во тој поглед.

Европската Унија не ѝ понуди на Ерменијагаранции дека ќе биде сочувана нејзината те-риторијална целосност, така што изборот пад-на на Москва. Меѓу Русија и Ерменија веќе пос-тои спогодба за заштита на границата, која ва-жи до 2044 година.

КЛУЧОТ ЗА КАВКАЗОТ

Европската Унија, меѓутоа, и понатаму по-кажува интерес за Ерменија, и тој е нешто по-инаков од интересот за Грузија или за Украи-на. Ерменија и за европските земји, и за Русијае клучот со кој може да се зацврсти влијание-то во целиот кавкаски регион. Прво, нејзина-та географска положба е пречка за обединува-ње на Турција и Азербејџан. Второ, доколку

Ерменија се откажа од влегувањето во ЕУ и ја избра Царинската унија со Русија, Казахстан и соБелорусија. По повеќе од една година преговори меѓуЕреван и Брисел, ваквиотпресврт за многумина бешенеочекуван, но експертитенагласуваат дека Ерменијаедноставно внимателно јаизбрала подобрата ипобезбедна понуда

Зошто Ерменија не сака во ЕУ?

Манастирот „Хор Вирап“ (7 век) во подножјето на библиската планина Арарат

Ala

my

/ Leg

ion

Med

ia

Page 9: Руска реч Македонија #10

Брисел во Ереван има „послушно раководст-во“, како што беше она на Михаил Саакашви-ли во Грузија кон крајот на претходната деце-нија, тој во своите раце би имал моќен ин-струмент за влијание на САД преку Анкара,со која Вашингтон е во сојуз. И трето, Русијаво тој случај би била сосема отсечена од блис-коисточниот регион.

ОД МОСКВА ДО ТЕХЕРАН

Од друга страна, за Русија сојузот со Ереванпретставува гаранција за присуство во целиоткавкаски регион и во Западна Азија.

- Одлуката на претседателот на Ерменија,Серж Саркисјан, за придружување кон Царин-ската унија на Русија, Белорусија и Казахстанможе да се протолкува како отстапка, како уце-на, или како сакате. Но факт е дека Ерменија на-вистина имаше што да избира меѓу Русија и Ев-ропската Унија, со тоа што ставот на Ереван суш-тински се разликуваше од ставот на Украина,која најпрво се определи, а потоа почна да се па-зари. Природно е што Европејците, гледајќи јатаквата избрзаност на украинските политича-

ри, му поставија на Киев стриктни услови, штовлијаеше негативно на односите со Русија. Ер-менија, меѓутоа, ја донесе својата одлука врз ос-нова на понудените услови за соработка - ја ко-ментира ситуацијата Владимир Жарихин, змае-ник-претседател на Институтот за проучувањена Заедницата на независни држави.

Според него, Ереван ги разгледа условитешто ги предлага Русија, меѓу другото и пробле-мите што можат да настанат во случај на нејзи-но асоцијативно членство во Европската Унија,и врз основа на тоа се определи.

- Кремљ, секако, покажа вознемиреносткога се дозна за преговорите меѓу Ереван иБрисел. Патем, вознемиреноста на Русија чес-то се третира како уценување. Таков беше, например, случајот со Украина. Но, Русија неуценува, туку само им објаснува на другитеземји какви односи ќе бидат воспоставени подонесувањето конечна одлука, зашто Москваедноставно не може поинаку да постапува.Ерменија го сфаќа тоа - смета Жарихин.

Односите меѓу Москва и Ереван и онака беаблиски, а Царинската унија уште повеќе ќе ги за-

сили. Обете земји веќе им дадоа до знаење на скеп-тиците дека отсуството на заеднички граници нее препрека, туку дополнителен стимуланс за ос-мислување и продлабочување на соработката.

Земјите сметаат на тоа дека ќе биде обно-вен железничкиот сообраќај преку Абхазија иГрузија. Компанијата „Руски железници“ пре-ку Јужнокавкаската железничка пруга фак-тички управува со пругите на Ерменија и ве-ќе изрази подготвеност во нив да инвестираголема сума пари. Во меѓувреме Русија про-должува да се договара со Грузија и со Абха-зија за повторно воспоставување на желез-ничкиот сообраќај на линијата Москва-Суху-ми-Тбилиси, а тоа значи и со Ереван и со Иран.Новото грузиско раководство би требало дабиде заинтересирано за можноста Грузија дастане транзитна територија помеѓу Русија иИран, со оглед на фактот дека веќе успешно сереализира проектот за изградба на железнич-ка пруга Ерменија-Иран.

Така, стапувањето на Ерменија во Царин-ската унија ќе ѝ овозможи на Русија уште под-обро да се зацврсти во регионот и да го добиенајкусиот копнен коридор кон Персискиот за-лив. Москва во повеќе наврати се увери дека ра-ководството на Ерменија не ги менува своитеодлуки, така што може да се потпре на зборотдобиен од владата во Ереван.

ЖИВОТ БЕЗ БЛОКАДА

За Ерменија стапувањето во Царинскатаунија би можело да биде чекор кон решавањетона главниот проблем што ја мачи оваа земја ве-ќе дваесет и три години. Станува збор за уки-нување на блокадата. Земјата не можеше нор-мално да се развива токму поради тоа што е от-сечена од Русија, а нема копнена сообраќајни-ца кон Европа. Поради прекинот на врските сонадворешниот свет, Ерменија во последниве го-

дини практично остана без својата на-учна школа, која беше сметана за еднаод најсилните во Советскиот Сојуз.Дојде до застој и во хемиската и воелектронската индустрија, во ме-талургијата и во машиноградба-та, затворени се наоѓалиштата наважни ретки земни метали.

Ако Ереван ѝ помогне наМосква во убедувањето наТбилиси да го пушти желез-ничкиот сообраќај, тогаш тоаќе биде вистински подарокза ерменската влада, која вопоследниве неколку „постк-ризни“ години со големи на-пори ја спасува економијатана земјата од целосен крах.

РУСКА РЕЧ | 9ГЕОПОЛИТИКА

Ерменија изминативе годинисе воздржуваше однедвосмислено изјаснувањеза или против ЕУ

Украина прво се определи заЕУ, а потоа почна да се ценка.Оттука и строгите услови

За разлика од Русија, ЕУ не ѝ даде на Ерменија

гаранција за терито-ријалната целост:

средба на претседателитена Ерменија и на Русија,

Серж Саркисјан и Владимир Путин

РИ

А Н

ов

ост

и

Page 10: Руска реч Македонија #10

� Екатерина Туришева

Во септември се навршија 156 години одраѓањето на Константин Циолковски, осно-воположник на теориската космонаутика. Ци-олковски во детството прележал шарлах и ре-чиси сосема го изгубил слухот, поради што неможел да оди на училиште. Благодарение наобразованието што го стекнал самостојно, нафлексибилниот ум и на оригиналниот начинна размислување, доаѓал до идеи што изгле-дале како фантастика во негово време.

Ви ги претставуваме петте најинтересниидеи на овој научник, кои биле многу предсвоето време. Некои од нив веќе станаа реал-ност, додека другите сè уште го чекаат своетовреме.

ДИРИЖАБЛ НА РАСКЛОПУВАЊЕ ИЛЕТАЛО ВО ОБЛИК НА ПТИЦА

Еден од првите проекти на младиот са-моук пронаоѓач, иако не бил реализиран, при-влекол внимание кај голем број научници.Станува збор за неговата сопствена кон-

струкција на дирижабл. Проектот бил спе-цифичен по материјалот со кој требало да сеобложи леталото. Циолковски предвидел тоада биде метал (наместо гумирана ткаенина),со што би се овозможило избегнување на опас-ни хемиски реакции и би го изменило обли-кот на леталото во толкава мера што тоа биможело да се склопува и да се расклопува.Благодарение на пресметките и на експери-

ментите, научникот дошол до заклучок декасамо летало од метал може да биде удобно,безбедно, но и исплатливо.

Работејќи во тој правец Циолковски кон-струирал летало слично на авионот, и тоа не-колку децении пред појавата на првите авио-ни. Тоа бил еднокрилец од чист метал со де-бело свиткано крило. Циолковски го нарекол„птицовидно (авијатичко) летало“.

ЛЕТ НА РЕАКТИВЕН ПОГОН

Циолковски станал познат низ целиотсвет по идејата поврзана за летовите во кос-мосот. Во текстот „Слободен простор“, на-пишан во 1883 година во вид на дневник, на-раторот е човек што се наоѓа во простор ка-де што не постои силата на отпорот иЗемјината тежа. Во овој труд за првпат сеизведува заклучок дека реактивното дви-жење е единственото можно движење во кос-мичкиот простор. Во еден подоцнежен труд,„Истражување на космичките пространствасо помош на реактивен уред“, овој заклучоке образложен со законите на механиката. Во

РУСКА РЕЧНАУКА И ТЕХНОЛОГОИЈА10 |

ИДЕИТЕ НА ОСНОВАЧОТ НА ТЕОРИСКАТА КОСМОНАУТИКА

Земјата е колепка начовештвото, но не можезасекогаш да се остане во колепка

Константин Циолковски,научник

Ви претставуваме пет идеи на Константин Циолковски, кои биле многу

пред своето време. Некои визии наосновачот на научната астронаутика ифилозоф, кој верувал во вселенската и

„енергетската“ иднина на човештвото,веќе станаа реалност, додека другите

сѐ уште го чекаат својот момент

Пет визии на Циолковски

NA

SA

Page 11: Руска реч Македонија #10

него Циолковски докажува дека ракета мо-же да лета во космосот.

„РАКЕТНИ ВОЗОВИ“

Со терминот „ракетен воз“ научникот гонарекувал прототипот на повеќестепените ра-кети. Тоа се ракети од неколку делови, кои зе-маат залет на Земјата, потоа летаат низ возду-хот и излегуваат во космичкиот простор. Ко-га на еден степен на ракетата ќе му снема го-риво, замислено е тој да се откачи и да паднена Земјата. Според пресметките на Циолковс-ки, секоја ракета би требала да биде со дол-жина од 30 метри и со пречник од три метри.

Замислата на Циолковски била „возот“ дане биде само исполнување на човековата меч-

та за престој во вселената туку и почеток наерата на интерпланетарниот сообраќај.

КОСМИЧКИ ЛИФТ

За Циолковски ракетите не биле един-ствниот начин да се излезе во отворен космос.Тој осмислил и конструкција со чија помоштоварот и без ракета би можел да биде доста-вен во космичкиот простор. Теоретски, за вак-вата конструкција би требало да се користијаже затегнато од космичкиот апарат до повр-шината на земјата. Доколку неговата идеја биможела да се реализира, би се заштедиле ог-ромни пари и би се решил проблемот на еко-лошката штета што ја нанесува секое ланси-рање на ракета.

ЧОВЕК ВО ВСЕЛЕНАТА

Циолковски бил уверен застапник на чо-вековото освојување на вселената. Идеите запатување низ космосот во неговата претставаза иднината биле нераскинливо поврзани сотеориите за усовршување на човештвото, коенајпрво треба да достигне определена хармо-нија на Земјата, а потоа да почне со освојува-ње на другите планети, создавајќи уште по-совршени ограноци на човековиот род.

Прочуениот научник посветувал особеновнимание на медицинско-биолошките про-блеми за време на долготрајните интерплане-тарни летови. Тој прв предложил користењекостими што ќе го штитат човекот од влијание-то на надворешните фактори. Тоа бил прото-типот на денешниот скафандер.

Во научнофантастичната приказна „Над-вор од Земјата“, Циолковски ја образложилидејата за космички населби, предлагајќи про-ект на конструкција што се движи околусвојата оска и создава вештачка гравитација.Тука, според неговата визија, би можеле да сеорганизираат индустриско и земјоделско про-изводство и развој на цели градови. Денесоваа идеја е отелотворена во проектот на кос-мички населби со тороиден облик, на чиј раз-вој работат научници од Универзитетот воСтанфорд.

РУСКА РЕЧ | 11НАУКА И ТЕХНОЛОГОИЈА

Константин Едуардович Циолковски (1857-1935 г.)

Константин Циолковски е руски и советски научник, филозоф и литерат, основач на аст-ронаутиката и еден од припадниците на филозофскиот правец наречен „руски космизам“.

Неговите трудови од астронаутиката пресудно влијаеле на Сергеј Корољов и на со-ветската вселенска програма, додека во книгата „Волјата на вселената: непознати разумнисили“ тој го застапува своето филозофско учење како панпсихизам.

Верувал во космичката иднина на човекот и во усовршување на човековата раса по патна населување на Млечниот Пат. Една од неговите најпознати изјави е: „Земјата е колепкана човештвото, но не може засекогаш да се остане во колепка“.

Циолковски и „Смерч“

Една идеја на Циолковски нашла при-мена во развојот на модерното оружје. Ста-нува збор за лансирањето ракети под еле-вациски агол помал од 90 степени. Таа небила погодна за лансирање вселенски бро-дови, но затоа сега се користи во системи-те за плотунски оган, какви што се „Ка-ќуша“, „Град“ и „Смерч“.

Vo

sto

ck fo

to

Цртеж на првиот вселенски брод на Константин Циолковски. Од ракописот

„Слободен простор“(„Свободное простран-ство“, 1883 г.). Во овој текст првпат се изве-дува заклучок дека реактивното движење еединственото можно движење во космосот

РИ

А Н

ов

ост

и

Page 12: Руска реч Македонија #10

РУСКА РЕЧВОЈСКА12 |

РУСКИ САЕМ ЗА ОРУЖЈЕ 2013

Петнајатрактивниновитети

На изложбата на вооружување, воена техника и муниција Руски саем за оружје 2013 (Russia Arms Expo 2013),која беше одржана во Нижеб Тагил од 25 до 28 септември, беа презентираницела низа уникатни возила од рускопроизводство. Ви ги претставуваме петте најатрактивни новитети што ги восхитија посетителите

Борбено возило заподдршка на тенкови„Терминатор-2“

„Ро

сијс

каја

газ

ета“

Првпат на изложбата, Руски саем за оружје2013 (Russia Arms Expo 2013) беше прикажанБМПТ-72, нова верзија на борбеното возило заподдршка на тенкови, направено врз база на про-чуениот тенк Т-72. Возилото поседува ураган-ска огнена моќ и во уличните борби може да гиштити тенковите од минофрлачи, а освен тоаможе да решава и самостојни задачи во рамки-те на моторизираните единици.

Основните карактеристики според коиБМПТ-72 се разликува од претходниот моделсо назив „Терминатор“ е усовршениот систем загаѓање, заштитата на лансерот за наведувањеракети од шрапнели и од куршуми од стрелеч-ко оружје и намалениот број членови на екипа-жот (од пет на три лица) со неизменета ефикас-ност во управувањето. Борбената маса на вози-лото е намалена од 48 на 44 тони, но нивото назаштита остана исто.

„Терминатор-2“ ќе биде особено интересенза земјите што во својот арсенал ги поседуваатстарите и мошне доверливи тенкови Т-72, заш-то новите технологии им овозможуваат брзо исо минимални вложувања максимално да ја мо-дернизираат армијата, практично без набавка нанова техника.

„АТОМ“ - тешко борбенооклопно возило на тркала

„Ро

сијс

каја

газ

ета“

� Сергеј Птичкин

БМПТ-72

Проектот под називот „АТОМ“ е една од најголемите сен-зации на изложбата Руски саем за оружје 2013. „АТОМ“ е теш-ко борбено оклопно возило, кое заедно го конструираа фран-цуските и руските експерти. Возилото е тешко 30 тони, имачетири оски и 57-милиметарски топ, кој гаѓа цели и дење иноќе, и од место и во движење. Брзината на гаѓањето е 140проектили во минута, а дострелот му е шест километри. Ипокрај својата голема тежина, возилото може да плови и даноси осум војници со полна опрема. Добро е заштитено од кур-шуми од голем калибар и од нагазни мини. Според зборови-те на конструкторот, заштитата може да се зголемува или дасе намалува со истовремено варирање на огнената моќ.

Page 13: Руска реч Македонија #10

РУСКА РЕЧ | 13ВОЈСКА

Специјален роботизиранпротивпожарен систем СПМ

СПМ е противпожарно возило на гасеници, зашти-тено со цврст оклоп. Во конструкцијата се користени еле-менти од тенковите Т-72 и Т-80. Возилото може да имаекипаж од три лица или да се користи како робот на да-лечинско управување.

Никаде во светот не се произведуваат вакви моќнивозила на далечинско управување, кои можат да се боратпротив огнените стихии во најекстремни услови. Вак-вите роботи-пожарникари се крајно неопходни во вон-редни услови. СПМ е наменет за гаснење пожари вонајопасни услови: во арсенали каде што дошло до екс-плозија на муниција, во жаришта на големи пожари, насондажни дупки за нафта и гас, а, исто така, и на местакаде што можат да бидат присутни отровни супстанцииопасни по човечкиот организам.

„Ро

сијс

каја

газ

ета“

Самоодечкипротивтенковски топ 2С25 „Спрут“

Во Советскиот Сојуз се произведуваше плов-ниот тенк ПТ-76, кој беше распространет низсветот. Тогаш никој друг не правеше пловни тен-кови. Сега ПТ-76 е веќе сосема застарен, а 2С25„Спрут“ претставува нова генерација руски плов-ни тенкови.

„Спрут“ може да плови со брзина од девет ки-лометри на час, а на копно се движи со 70 киломе-три на час. Наменет е за користење во десантнитепадобрански единици и во поморската пешадија,има три члена на екипажот, лесен оклоп и моќен125-милиметарски топ. За време на десант од воз-дух, безбедноста на екипажот е гарантирана.

„Ро

сијс

каја

газ

ета“

„Арена-Е“ е систем конструиран специјално за извоз. Русија прва создаде заштита што овозможува гарантирано уништување на ку-мулативни гранати и на наведени реактивни проектили пред тие да стасаат до тенкот. Новата „Арена-Е“ има сосема нов изглед: системотза заштита е сместен бочно од радарот, а не над него, како што беше претходно. Според претставникот на Коломенското машинско кон-структорско биро, во кое е конструиран овој систем, тој според карактеристиките во моментов е најдобар во светот.

Систем за активна заштита на тенкови „Арена-Е“„Р

оси

јска

ја г

азет

а“

Page 14: Руска реч Македонија #10

РУСКА РЕЧКУЛТУРА14 |

� Аџај Камалакаран

Обележје на руската есен се жолтата излатна боја на лисјата, токму како во ремек-делото „Златна есен“ на Исак Левитан.Уметниците биле особено инспирирани одбојата на ова годишно време, но покрај пре-красниот колорит, есента се карактеризираи со берби, непредвидливи временски ус-лови и со традиционалното собирање пе-чурки и боровинки. Сето ова кај најголе-мите писатели на Русија предизвикувалоизмешани чувства.

За некои од нив есента била темна доба,често симбол на минливоста на животот. Овагодишно време кај Фјодор Михајлович Дос-тоевски предизвикувало носталгија и сеќа-вање на детството, но и одредена доза на теш-котија, која произлегува од фактот за мин-ливоста. Во поголемиот дел од своите делаписателот ова чувство го искажува преку збо-ровите на своите книжевни ликови.

Во „Бедни луѓе“, првиот роман на Дос-тоевски, напишан во форма на преписка,Варвара Доброселова пишува: „Боже, кол-ку ја сакав есента на село! Бев уште дете,но и тогаш многу чувствував. Есенската ве-чер многу повеќе ја сакав од утрото. Се се-ќавам, веднаш до нашата куќа, под ридот,имаше езеро. Тоа езеро - како сега да го гле-дам - тоа езеро е толку широко, светло, чис-то, чисто како кристал“. Во писмото до Ма-кар Девушкин таа продолжува живо да гоопишува ова годишно време на село и „злат-

ната доба“ на своето детство.Доброселова продолжува: „Еве, се расп-

лакав како дете занесена од своите спомени.Толку живо, толку живо се сетив на сѐ, тол-ку јасно ми излезе пред очи сето минато - асегашноста е толку матна, толку мрачна!...Како ќе се заврши сето ова, како?... Знаетели дека некако сум убедена, некако сум уве-рена дека ќе умрам есенва. Јас сум многу,многу болна“. Во своите следни дела Дос-тоевски и понатаму ја користи метафоратана есента: „Ќе избледи твојот фантастичен

Есента е најубавото годишновреме во Русија, кога неботои воздухот се проѕирни и когаветрот со дрвјата носи многуразнобојни лисја. Но кајвеликаните на рускатакнижевност есентапредизвикувала измешаничувства. Читањето нанивните есенски мисли,често скриени меѓупреостанатите делови на големите романи,претставува уште еден начин да се проникне водлабочината на руската душа

Убавина и тага - руските

„[...] Беше она невообичаено есенсковреме, на кое луѓето секогаш му се восхи-туваат, она време кога ниското сонце греепосилно отколку напролет, кога сѐ блескаво реткиот, чист воздух, така што ги засе-нува очите, [...] кога во тие темни, топли но-ќи од небото паѓаат златни ѕвезди, кои не-престајно го плашат и го радуваат човека“.

ЛАВ ТОЛСТОЈ, „ВОЈНА И МИР“

Page 15: Руска реч Македонија #10

РУСКА РЕЧ | 15КУЛТУРА

свет и ќе исчезне, ќе овенат твоите сништаи ќе се расфрлат како жолти лисја од дрвјата“,пишува тој во „Бели ноќи“.

„Како што на сликарот му е неопходнасветлина за на сликата да ги повлече по-следните потези со четкичката, така и менеми е потребна внатрешна светлина, а чувст-вувам дека ја нема доволно во есенските дни“- ова е цитат од Лав Толстој и многумина сонего го објаснувале недостатокот од инспи-рација кај писателот во ова годишно време.Сепак, големиот романописец го достигнал

врвот на поетското творештво со својот описна есента во „Војна и мир“. Неговиот при-каз на временските услови меѓу Бородин-ската битка и влезот на Французите во Моск-ва во целост ги маѓепсува читателите: „...Завреме на целата таа возбудлива и незабо-равна недела, беше она невообичаено есен-ско време на кое луѓето секогаш му се вос-хитуваат, она време кога ниското сонце греепосилно одошто напролет, кога сѐ блеска вореткиот, чист воздух, така што ги засенуваочите, кога градите стануваат снажни и за-

крепнуваат, вдишувајќи го есенскиот ми-ризлив воздух, кога ноќите се дури и топлии кога во тие темни, топли ноќи од неботопаѓаат златни ѕвезди, кои непрестајно го пла-шат и го радуваат човека“.

Во своите „Сеќавања“, Максим Горки рас-казите на Чехов ги споредува со доцна есен.„Што се однесува на расказите на Антон Пав-лович, читателот се чувствува како да е вонекој меланхоличен ден од крајот на есента,кога воздухот е проѕирен и во него јасно сеоцртуваат контурите на голите дрвја, на тес-ните куќи и на сивкавите луѓе“, пишува Гор-ки. Нема сомнеж дека Горки, кој го критику-ва Чехов, не ја сакал есента. „Сето тоа е та-ка чудно - самотно, неподвижно, немоќно.Хоризонтот е син и напуштен, се претопуваво бледникавото небо, и неговиот здив е заст-рашувачки ладен над земјата прекриена созамрзната кал. Умот на писателот, како есен-ско сонце, јасно ги осветлува монотоните па-тишта, кривите улици, малите валкани куќи,кои ситните и несреќни луѓе, притиснати одздодевност и мрзеливост, ги исполнуваат собесмислено, поспано раздвижување“.

Ако некој од великаните на руската кни-жевност страсно ја сакал есента, тоа бил Алек-сандар Сергеевич Пушкин, чии стихови себлиски на срцето на авторот на овие редови:

„Не ги сакаат дните на доцната есенНо таа мене ми е мила, читателу мој,Со убавина тивка, блесок лесенКако дете за кое не се грижи никојМе привлекува таа. Да кажам јасно,Од годишните времиња есента е љубовта моја,Во неа има многу добрина; сосема страсноЈас најдов нешто во неа со мечтата своја“.

Есента особено силно ги инспириралаовие великани на руската книжевност. Чи-тањето на наведените литературни бисери,често скриени меѓу останатите делови на го-лемите романи, претставува еден начин дасе проникне во длабочината на руската ду-ша. Без оглед на тоа какви чувства ова го-дишно време будело во умовите на прочуе-ните писатели, боите, мирисите, сликите извуците на есента, всушност, ги побудиленајкреативните и најдескриптивните спо-собности во нив.

писатели за есента

Исак Левитан, „Златна есен“ (1895 г.)

„Ќе избледи твојот фантастичен свети ќе исчезне, ќе овенат твоите сништа иќе се расфрлат како жолти лисја оддрвјата“.

ФЈОДОР ДОСТОЕВСКИ, „БЕЛИ НОЌИ“

Page 16: Руска реч Македонија #10

РУСКА РЕЧКАЛЕИДОСКОП16 |ИМПРЕСУМ

Ми

хаел

Кл

им

ети

ев /

РИ

А Н

ов

ост

и

AF

P /

Eas

t New

s

Ан

тон

Ден

исо

в /

РИ

А Н

ов

ост

и

Писмата на читателите, колумните иилустрациите означени како „мислење“,како и текстовите од рубриката „погле-ди“ во овој додаток се избрани за да прет -стават различни гледишта и не го изра-зуваат нужно гледиштето на уредникотна проектот „Russia Beyond the Headli-nes“ или на весникот „Росијскаја газета“.Ве молиме вашите писма и коментарида му ги испраќате на уредникот на [email protected]

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“(Москва, Русија).

� Интернет-страница: ruskarec.mk � Еmail: [email protected] � Телефон: +7 (495) 775 3114 � Факс: +7 (495) 988 9213 � Адреса: ул. Правды 24, д. 2,Москва 125993, Россия.

ЕВГЕНИЈ АБОВиздавач и директор на RBTHПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на дода-тоците на RBTH � ВЈАЧЕСЛАВ ЧАР-СКИ извршен уредник за Јужна и заСредна Европа � ЕМИЛ НИАМИ пре-вод, лектура, веб, гостин-уредник на до-датокот „Руска реч на македонски“�ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВпревод, лектура, веб �ЕКАТЕРИНА ТУ-РИШЕВА, МИХАИЛ ВАШЧЕНКО аси-стенција, веб � НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИ-НА РЕШЕТОВА ко-уредници � АНДРЕЈЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илуст-рации � За огласување во овој додаток,ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈАГОЛИКОВА, директор на одделот за од-носи со јавност: [email protected].

� ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на„Руска реч“ во „Нова Македонија“� МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн� САША БЕЛЕВСКА технички уредник

© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседателна редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор,ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Забрането е копирање, дистрибуцијаили преземање на содржините од овојдодаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“.Ве молиме за дозвола да се обратитена телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот [email protected].„Russia Beyond the Headlines“ не сносиодговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Специјалните додатоци за Русија восветските дневни весници ги уредува иги издава „Russia Beyond the Headlines“,во организација на „Росијскаја газета“ одМосква. Во моментов додатоци сеобјавуваат во следниве весници: Le Fi-garo, Франција • The Daily Telegraph,Велика Британија • Süddeutsche Zei-tung, Германија • Еl País, Шпанија • LaRepubblica, Италија • Le Soir и Europe-an Voice, Белгија • Дума, Бугарија • По-литика и Геополитика, Србија • Eleut-heros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Ti-mes и The Wall Street Journal, САД •Navbharat Times и The EconomicTimes, Индија • Mainichi Shimbun, Јапо-нија • China Business News, Кина • So-uth China Morning Post, Кина (Хонгконг)• La Nacion, Аргентина • Folha De S.Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • SydneyMorning Herald и The Age, Австралија •Gulf News, Обединети Арапски Емирати

Електронска пошта на редакцијата„Руска реч“: [email protected]. Повеќе информации на http://ruskarec.mk

СРЕДБА ПУТИН - КЕРИ

Претседателот на

Русија, Владимир

Путин, и американ-

скиот државен

секретар, Џон Кери,

се сретнаа на

официјалното

фотографирање на

самитот на Азиско-

тихоокеанската

економска соработ-

ка, на островот

Бали, на 7 октомври

2013 година.

БЕЗРЕДИЈАВО МОСКВА

Хаос на улиците

во Москва по

безредијата во

реонот Бурјуљово,

на 13 октомври

2013 година.

Околу 380 луѓе беа

уапсени за време

на протестите про-

тив доселениците.

Безредија имаше и

на североистокот

на Москва, каде

што беа уапсени

околу 60 луѓе.

ИСПИТУВАЊЕНА СИЛИТЕ

Украинскиот боксерВиталиј Кличко и

рускиот боксер Александар Поветкинво традиционалното

испитување на силитеза време на мерење-

то, еден ден пред долгоочекуваната

борба на 5 октомври2013 година.