ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

75
ИОРРМ – КПУ 2011 ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Предавач Роберт Манасиев

Upload: gail

Post on 06-Jan-2016

108 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ. Предавач Роберт Манасиев. Содржина. Вовед Поим за трансферни цени Поврзани лица Пазарен принцип (Arm’s Length Principle) Методи за пресметка на трансферни цени Компаративна анализа Регулатива во РМ. 1. ВОВЕД. 1. ВОВЕД. - PowerPoint PPT Presentation

TRANSCRIPT

Page 1: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

ИОРРМ – КПУ 2011ИОРРМ – КПУ 2011

ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

ПредавачРоберт Манасиев

Page 2: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

2

СодржинаСодржина

1. Вовед2. Поим за трансферни цени3. Поврзани лица4. Пазарен принцип (Arm’s Length Principle)5. Методи за пресметка на трансферни цени6. Компаративна анализа7. Регулатива во РМ

Page 3: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

3

1. ВОВЕД1. ВОВЕД

Page 4: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

4

1. ВОВЕД1. ВОВЕД

• Развојот на меѓународната трговија придонесе за:– Пораст на обемот на тргување помеѓу субјекти од

различни земји– Капитално поврзување на субјекти од различни

земји (превземање или основање) и создавање на меѓународни претпријатија – МНП (multinational enterprises - MNE)

• При тоа, МНП во своето работење како групација, се соочува со различни даночни прописи во земјите во кои делува

Page 5: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

5

1. ВОВЕД1. ВОВЕД

• Во зависност од усвоената политика на меѓусебни цени (трансферни цени) помеѓу членките на МНП, истите би можеле:– Да влијаат врз продажните цени на своите зависни

друштва – поврзани субјекти– Да влијаат на висината на остварената нето

добивка– Да влијаат врз висината на данокот на добивка – Да ги финансираат зависните друштва – поврзани

субјекти и обратно, и– Да вршат дистрибуција на добивката според

своите потреби и желби

Page 6: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

6

1. ВОВЕД1. ВОВЕД

• Усвоената политика на трансферни цени од страна на МНП, може во голема мера да влијае врз износот на пресметан и уплатен данок на добивка а со тоа и државата, во која делува едно или повеќе зависни друштва – поврзани субјекти, може да биде оштетена

• Со цел да се спречат злоупотреби од страна на МНП, даночните власти во многу држави, го регулираат ова прашање преку:– Дефинирање на правилата за трансферни цени– Склучување на меѓународни договори за одбегнување

на двојното оданочување

Page 7: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

7

1. ВОВЕД1. ВОВЕД

• Поради различните даночни системи, земјите членки на ОЕЦД (САД, ВБ, Австралија, Јапонија, Германија,Турција, Словенија, и многу други земји, вкупно 32) усвоија:– Упатство за трансферни цени (OECD Transfer Pricing

Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administration), прв пат објавен во 1995 година

– Модел на меѓународен договор (спогодба) за избегнување на двојното оданочување на данокот од доход и данокот на капитал (OECD Model Tax Convention on Income and on Capital), прв пат објавен во 1992 година

Page 8: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

8

2. ПОИМ ЗА 2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Page 9: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

9

2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Трансферни цени се нарекуваат цените по кои се врши прометот на стоки, услуги, права и други средства помеѓу поврзани страни

• Трансферните цени може да бидат:– Внатрешни – промет во рамките на оперативните

сегменти во едно претпријатие– Надворешни – промет помеѓу одделни правни

лица, членки на групација и тоа:• Во рамките на иста земја• Помеѓу резиденти од различни земји

Page 10: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

10

2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Внатрешните трансферни цени, вообичаено предизивикуваат помал интерес кај даночните власти, бидејќи оданочувањето се врши на претпријатието како единствено правно лице, а не одделно на неговите сегменти

• Предмет на интерес на даночните власти се надворешните трансферни цени остварени во прометот помеѓу зависни правни лица во иста земја или помеѓу резиденти на различни земји поради можноста од влијание врз пресметката на данокот на добивка

Page 11: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

11

2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Зависните правни лица во иста земја се подложни на ист даночен систем, што од своја страна може да предизвика помал интерес на даночните власти

• Зависните правни лица во различни земји се подложни на различни даночни системи; оттука можни се намерни или ненамерни влијанија врз пресметката на износот на данок на добивка, па поради тоа овие односи/трансакции предизвикуваат поголем интерес кај даночните власти

Page 12: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

12

2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• За подобро објаснување на проблематиката на трансферните цени, потребно е да се разгледаат следните категории:– Поврзани лица– Пазарен принцип (Arm’s length principle)– Методи на трансферни цени

Page 13: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

13

3. ПОВРЗАНИ ЛИЦА3. ПОВРЗАНИ ЛИЦА

Page 14: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

14

3. ПОВРЗАНИ ЛИЦА3. ПОВРЗАНИ ЛИЦА

• Поимот „Поврзани лица„ се употребува и за правните и за физичките лица

• Правните и физичките лица може да се сметаат за поврзани по основ на:– Капитална и гласачка поврзаност– Договорна поврзаност– Роднинска поврзаност

Page 15: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

15

3. ПОВРЗАНИ ЛИЦА3. ПОВРЗАНИ ЛИЦА

• Одредувањето на поврзани лица (друштва) во Република Македонија се дефинира во многу закони:– Законот за трговските друштва (Правилник за

сметководството)– Законот за банки,– Законот за хартии од вредност,– Законот за данок на додадена вредност,– Други закони и прописи,

Page 16: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

16

3. ПОВРЗАНИ ЛИЦА3. ПОВРЗАНИ ЛИЦА

• Закон за трговските друштва (член 491):„Поврзани друштва се правно самостојни друштва кои се поврзуваат и кои воспоставуваат меѓусебни односи како:1.Друштво кое во друго друштво има учество, значајно учество, мнозинско учество или мнозинско право во одлучувањето или заемно учество и2.Зависно, владејачко друштво и друштва кои дејствуваат заеднички.„

Page 17: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

17

4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП

Page 18: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

18

4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП

• Поимот „Пазарен принцип„ (Arm’s Length Principle), може исто така да се преведе и како:– „доброволен однос„, – „фер однос„, – „фер пазарни приципи„, може да се објасни на повеќе начини:– Како правен термин, означува доброволно склучување

на договор помеѓу две независни и слободни страни. – Во економијата, пазарниот принцип претставува

слободно креирање на односи помеѓу независни страни во согласност со пазарните услови кои постоеле во моментот на креирање на односот помеѓу нив

Page 19: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

19

4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП

• Поради важноста на поимот „пазарен принцип„ (Arm’s Length Principle), за подобро разбирање и примена на правилата за трансферните цени, ОЕЦД го дефинира пазарниот принцип како „меѓународен стандард„ кој што треба да се употребува во усогласена форма од страна на правните лица и даночните власти на државите членки на ОЕЦД

Page 20: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

20

4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП

• Според ОЕЦД, пазарниот принцип постои кога независни претпријатија склучуваат меѓусебна трансакција, согласно условите на пазарот. – Пример: цената на стоката или услугата е

согласно вообичаената пазарна цена за тој вид на стока или услуга

• Секое однесување надвор од овој принцип претставува нарушување на пазарниот принцип

Page 21: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

21

4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП

• Од поврзаните страни, односно од зависните претпријатија членки на МНП, се очекува да го применуваат и почитуваат овој принцип при дефинирањето на меѓусебните деловни односи.

• Доколку нивните меѓусебни односи не се засновани на пазарниот принцип, постои ризик од нарушување на износот на данок на добивка кај некое (едно или повеќе) зависно друштво – поврзан субјект во рамките на групацијата, преку:– Намалување на износот на одданочива добивка во

даночни подрачја со висока даночна стапка и– Зголемување на износот на одданочива добивка во

даночни подрачја со ниска даночна стапка

Page 22: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

22

4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП

• Иако теоретски е добро поставен, во пракса, пазарниот принцип многу тешко функционира поради:– Различни пазарни услови во различни земји– Различни економски интереси помеѓу независни и

зависни претпријатија– Постоење на слободен пазар– Учество на голем број субјекти на пазарот– Недоволно податоци за утврдување на реални

пазарни услови– Разни влијанија врз претпријатијата од страна на

повеќе државни и регулаторни тела

Page 23: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

23

4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП

• Од тие причини, ОЕЦД во својот Модел на меѓународна спогодба за избегнување на двојното оданочување на данокот од доход и данокот на капитал (OECD Model Tax Convention on Income and on Capital), во членот 9, предвидел: „..., ако помеѓу тие две (поврзани) претпријатија во нивните трговски или финансиски односи се создадени или наметнати услови различни од условите кои би биле создадени помеѓу самостојни претпријатија, добивката која би настанала за едно од претпријатијата, кога не би постоеле тие услови, или поради тие услови не настанала, може да биде вклучена во добивката на тоа претпријатие и соодветно оданочена.„

Page 24: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

24

4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП

• За да го задоволи барањето на пазарниот принцип, МНП треба внимателно да да ги дефинира трансакциите во рамките на групацијата и при тоа да внимава на:– Природата на трансакцијата – дали трансакцијата би

настанала (случила) доколку истата би се склучувала помеѓу независни претпријатија

– Трансферните цени – дали утврдените цени помеѓу членките на групацијата се во рамките на вообичаените цени на одреден пазар

• За да го намали ризикот, МНП треба да направи „компаративна анализа„ на пазарните услови во земјите во кои делува

Page 25: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

25

5. МЕТОДИ НА 5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Page 26: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

26

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Во упатството на ОЕЦД за трансферни цени, дефинирани се два типа на методи, и тоа:– Традиционални методи– Методи на трансакциска добивка

• Покрај овие методи, во пракса се појавуваат и други методи за одредување на трансферните цени, кои може да се употребат, доколку методите дефинирани од страна на ОЕЦД не се соодветни за примена.

Page 27: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

27

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Традиционалните методи овозможуваат дефинирање и проверка на трансферната цена остварена во контролирана трансакција, додека пак

• Методите на трансакциска добивка ја мерат и тестираат добивката или загубата остварена во контролирана трансакција

• И двата типа на методи имаат за крајна цел пресметка и проверка на примената на пазарниот принцип (Arm’s Length Principle)

Page 28: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

28

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Традиционални методи1. Метод на споредливи цени (Comparable

Uncontrolled Prices – CUP)2. Метод на трговски цени (The resale price

method)3. Метод на чинење, зголемена за вообичаената

заработувачка (Cost plus method)

Page 29: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

29

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метод на споредливи цени (Comparable Uncontrolled Prices – CUP)•Според овој метод, се врши споредба на остварените трансферни цени помеѓу зависни лица и остварените цени помеѓу независни (неповрзани) лица•Помеѓу овие две цени постои споредливост во случај кога:– Разликата помеѓу нив, не може значајно да влијае врз

цената на слободниот пазар– Со голема доза на сигурност може да се утврди

разликата помеѓу споредливите цени, со цел да се изврши соодветна корекција

Page 30: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

30

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метод на споредливи цени (Comparable Uncontrolled Prices – CUP)•Пример:

Поврзана страна 1

Поврзана страна 2

Неповрзана страна Б

Неповрзана страна А

Контролирана трансакција/цена

Не-контролирана трансакција/цена

Page 31: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

31

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метод на споредливи цени (Comparable Uncontrolled Prices – CUP) •Овој метод е најмногу користен за утврдување на трансферните цени и е многу често префериран од страна на даночните власти•Проблемите во примената на овој метод се :– Тешкотии во идентификување на слична трансакција

помеѓу неповрзани лица– Немање доволно податоци за остварените цени во

трансакција помеѓу неповрзани лица– Разлики во количините и условите за испорака

Page 32: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

32

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метод на трговски цени (The resale price method)• Методот на трговските цени, започнува од цената

по која производот, кој е набавен во контролирана трансакција (поврзана страна), се продава на неповрзани страни. Оваа цена, потоа се намалува за вообичаената трговска маржа, која треба да ги покрие трошоците на работењето и да оствари вообичаена добивка за ентитетот.

• Овој метод особено е погоден за примена кај ентитети чија дејност е поврзана со трговија/дистрибуција

Page 33: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

33

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метод на трговски цени (The resale price method)• Пример:

Структура на цена ИзносПродажна цена (кон независна страна) 140Вообичаена трговска маржа (15 %) - 20Трансферна цена (Пазарен принцип) = 120

Page 34: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

34

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метод на трговски цени (The resale price method)• Некои од проблемите кои се јавуваат при

примената на овој метод се:–Разлика во процесите и функциите помеѓу ентитетите, вклучувајќи ги и користените средства и ризиците во работењето–Ефикасност на менаџментот–Додадена вредност од страна на ентитетот на производите и услугите–Време на лежење на залихата/извршување на услугата–Различни канали на дистрибуција (ексклузивна продажба)

Page 35: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

35

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метод на чинење, зголемена за вообичаената заработувачка (Cost plus method)•Овој метод започнува од трошоците за производство или набавка на производ/услуга на кои се додава вообичаена бруто заработувачка (маржа), која треба да ги покрие трошоците на работењето и да оствари вообичаена добивка за ентитетот.•Овој метод особено е погоден за примена кај ентитети чија дејност е поврзана со производство и услуги

Page 36: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

36

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метод на чинење, зголемена за вообичаената заработувачка (Cost plus method)•Пример:Структура на цена ИзносЦена на чинење 90Вообичаена бруто маржа (35 %) + 30Трансферна цена (Пазарен принцип) = 120

Page 37: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

37

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метод на чинење, зголемена за вообичаената заработувачка (Cost plus method)•Главни проблемите кои се јавуваат при примената на овој метод се:– Методот на пресметка на трошоците на

производство/услуга– Разлика во процесите и функциите помеѓу

ентитетите, вклучувајќи ги и користените средства и ризиците во работењето

– Ефикасност на менаџментот

Page 38: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

38

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Методи на трансакциска добивка1. Метод на нето добивка (Net margin method)2. Метод на поделба на добивката (Profit split

method)

Page 39: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

39

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метода на нето добивка (Net margin method)• Методата на нето добивката врши споредба

на нето добивката со соодветна основа (Приходите од продажба, НВ/ЦЧ на производи/стоки и услуги, средства и друго).

• Остварената нето маржа може да се спореди со вообичаената нето маржа остварена во споредливи неконтролирани трансакции (трансакции помеѓу неповрзани страни) со цел да се провери дали постојат значајни отстапувања од пазарниот принцип

Page 40: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

40

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метода на нето добивка (Net margin method)• Предности на овој метод се:–Помали влијание и разлики кај нето профитната маржа, отколку кај традиционалните методи (цената)–Јавно објавени податоци за остварените нето профитни маржи на слични ентитети (ГС/ФИ)• Слабости на овој метод се:–Влијание на производното/услужното портфолио –Влијание на оперативните трошоци врз нето добивката–Влијание на ефиксноста во работењето–Уникатниот придонес на учесниците во трансакцијата (свесност за бренд, квалитет и друго)

Page 41: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

41

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метода на поделба на добивката (Profit split method)• Методот на поделба на добивката

претставува поделба на вкупната остварена добивка (или загуба) помеѓу поврзаните страни.

• Поделбата на добивката може да се изврши врз основа на:

–Анализа на придонесот (Contribution Analysis), или–Анализа на остатокот (Residual Analysis)

Page 42: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

42

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метода на поделба на добивката (Profit split method)• Анализа на придонесот (Contribution

Analysis) претставува анализа на релативната вредност на активностите извршени од страна на секој од поврзаните страни во трансакцијата, преку што се врши и поделба на добивката (или загубата) остварена од трансакцијата

Page 43: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

43

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метода на поделба на добивката (Profit split method)• Анализа на остатокот (Residual Analysis) се извршува

во два чекори:1.Алокација на вообичаената добивка помеѓу поврзаните страни за покривање на вообичаените (рутински) активности2.Алокација на остатокот (вишокот) на добивка (или загуба) помеѓу поврзаните страни врз основа на специфичните активности или средства* користени во трансакцијата.

* Под „специфични средства„ најчесто се мисли на материјални и нематеријални средства кои вообичаено не би се користеле од страна на независни страни во слична трансакција.

Page 44: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

44

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Метода на поделба на добивката (Profit split method)• Предности на овој метод се:–Дава решение за слабостите/проблемите кај другите методи–Врши вреднување на примената на специфични средства (материјални средства, нематеријални средства, посебен пристап во работењето, know-how и друго)–Дава решение во услови кога двете страни во трансакцијата имаат уникатниот придонес (бренд, специфичен квалитет и друго)–Обезбедува порамномерна дистрибуција на добивката • Слабости на овој метод се:–Комплексна примена

Page 45: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

45

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Останати методи се методи кои се применуваат за одредени трансакции кои не можат да бидат опфатени со стандардните методи за трансферени цени, традиционалните методи или методите за поделба на добивката

• Како останати методи се јавуваат:1. Договор за поделба на заедничките трошоци

(Cost Contribution/Sharing Arrangements)2. Напреден договор за цените (Advance Price

Arrangements)

Page 46: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

46

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Договор за поделба на заедничките трошоци (Cost Contribution/Sharing Arrangements) претставува договор помеѓу деловни страни за поделба на трошоците и ризиците од развој, производство или набавка на средство, услуги или права и за одредување на природата и степенот на учество на секоја од страните во средството, услугата или правото.

* ОЕЦД Правилник за трансферни цени (OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administration)

Page 47: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

47

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Договор за поделба на заедничките трошоци (Cost Contribution/Sharing Arrangements) е особено погоден за следните видови на трансакции/активности:– Развој на нематеријално средство• Истражување и развој во нови производи• Развој на нови методи и знаења (know-how)• Истражување на пазарот/проектирање на продажбите

– Менаџмент услуги– Ко-сопственост врз одредени средства (права)

Page 48: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

48

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Напреден договор за цените (Advance Price Arrangements) претставува договор помеѓу даночен обврзник/обврзници и даночната власт за утврдување на условите (методот, споредбите, корективните разлики и клучните проекции на идните настани) за утврдување на трансферните цени за одреден период, пред настанување на контролираните трансакции.

* ОЕЦД Правилник за трансферни цени (OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administration)

Page 49: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

49

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Овој метод ги избегнува класичните адинистративни, судски и арбитражни механизми за разрешување на проблемите поврзани со трансферните цени, па поради тоа е практичен и евтин

• Примената на овој договор, напреден договор за цените (Advance Price Arrangements), е возможен само доколку е предвиден со даночните прописите во одредена земја.

Page 50: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

50

5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

• Земјите треба да избегнуваат потпишување на унилатерални напредни договори за цени (Advance Price Arrangements), и наместо тоа треба да преферираат билатерални или мултилатерални договори, во кој ќе бидат вклучени земјите во кои поврзаните страни во контролираната трансакција имаат седиште, односно се даночни обврзници

• Во некои земји, правниот систем на земјата не дозволува склучување на вакви договори

• Дилема: Дали е можно потпишување на ваков договор во Република Македонија???

Page 51: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

51

6. КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА6. КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА

Page 52: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

52

6. КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА6. КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА

• Со цел да се примени начелото на „пазарен принцип„ (Arm’s Length Principle), поврзаните страни, потребно е да извршат компаративна анализа на меѓусебните трансакции со споредливи неконтролирани трансакции

• Компаративната анализа претставува документ кој ќе овозможи:– анализа на пазарните услови (принципи), – избор на најсоодветна метода за примена на трансферните

цени,– евиденција за примената на пазарниот принцип – евиденција за разликите помеѓу контролираните и

неконтролираните трансакции

Page 53: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

53

6. КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА6. КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА

• Изготвувањето на компаративната анализа потребно е да се изврши пред да се воспостават контролираните трансакции меѓу поврзаните страни со цел правилна примена на начелото на пазарниот принцип

• Исто така, секоја година, даночниот обврзник треба да провери дали условите на пазарот се промениле до таа мера, што веќе поставените трансферни цени, значајно отстапуваат од начелото на пазарниот принцип

• Податоците содржани во компаративната анализа исто така ќе служат и како материјал за одредување и обелоденување на разликите помеѓу трансферните цени и споредливите неконтролирани трансакции, доколку такви разлики постојат

Page 54: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

54

6. КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА6. КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА

• Постапките за изготвување на компаративната анализа вообичаено вклучуваат:1. Одредување на предметната година2. Детална анализа на даночниот обврзник3. Анализа на контролираните трансакции4. Анализа на постоечките интерни споредливи податоци5. Селектирање на изворите на информации за екстерни

споредливи податоци6. Избор на најсоодветниот метод за трансферни цени7. Идентификување на потенцијалните споредливите податоци8. Пресметка на разликата, доколку настане9. Интерпретација и користење на обезбедените податоци со

компаративната анализа и дефинирање на надомест за извршување

Page 55: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

55

6. КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА6. КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА

• Недостапноста на јавни информации за работењето на сличните (конкурентските) контролирани и неконтролирани ентитети е еден од најголемите проблеми во изготвување на квалитетна компаративната анализа, а со тоа и на:– Правилно одредување на методот на

трансферните цени– Придржувањето до начелото на пазарен принцип – Правилното обелоденување на разликите и– Правилната пресметка на данокот на добивка

Page 56: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

56

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

Page 57: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

57

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

• Трансферните цени се содржат во:– Законот за данок на добивка (Сл. Весник на РМ

80/1993,... 47/2011 ),– Законот за персонален данок на доход (Сл. Весник

на РМ 80/1993,... 171/2010 ),– Царинскиот закон (Сл. Весник на РМ 39/2005,...

53/2011 ),– Одделните меѓународни спогодби за избегнување

на двојното одданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал (член 9), потпишани со повеќе држави (www.ujp.gov.mk)

Page 58: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

58

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

Закон за данок на добивка•Пред измената во 2011 година, објаснувањето на поимот „трансферни цени„ беше содржано во членовите 12 и 13 од ЗДД (Сл. Весник 80/93, ... 85/10). Дефиницијата за трансферните цени во членот 12, гласеше:– „ Деловните расходи што настануваат од испорака

на стоки, материјали и услуги меѓу поврзани правни лица и физички лица се утврдуваат според цените што би се оствариле на домашниот пазар или компаративниот странски пазар, кога не би се работело за однос со поврзани лица.„

Page 59: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

59

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

• Понатаму во членот 12 се објаснуваше поимот за поврзани лица, и

• Во членот 13 се содржеа барањата за:– евидентирање на трансакциите помеѓу поврзаните

лица и остварените трансферни цени и – евидентирање на разликата помеѓу пазарните и

трансферните цени• Со измените на ЗДД од 2011 (Сл. Весник на РМ бр.

47/2011), објаснувањето за трансферните цени се содржи во членот 13 и гласи:

Page 60: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

60

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

„За расходи и помалку искажани приходи од поврзани лица се сметаат:1.Разликата меѓу трансферната и пазарната цена остварена меѓу поврзани лица. Под трансферна цена се смета цената настаната во врска со извршената трансакција на средствата или создавање на обврски меѓу поврзани лица. При утврдување на разликата меѓу пазарната и трансферната цена се користат споредливи цени што би се оствариле на домашниот пазар или компаративниот странски пазар кога не би се работело за однос на поврзани лица, а кога тоа не е можно се користи цената утврдена според методот на чинење, зголемена за вообичаената заработувачка (разлика во цени, заработувачка);„

Page 61: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

61

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

• Понатаму во членот 13, 14 и 15 се објаснувањата за останатите категории на расходи/помалку искажани приходи: камати по заеми од поврзани лица и затезните камати, и

• Во членот 16 од ЗДД е промената во однос на објаснувањето за поимот поврзани лица, која гласи:

„За утврдување на поврзаност меѓу лицата во смисла на овој закон, соодветно се применуваат одредбите на Законот за трговските друштва.„

Page 62: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

62

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

• Промени на ЗДД во 2011 година:– Покрај методот на споредливи цени (Comparable

Uncontrolled Prices – CUP), во случај на неможност од примена на истиот, дозволена е примена и на методот на додавање на бруто маржа на трошоците (Cost plus method)

– Се напушти барањето за евидентирање на остварените трансакции меѓу поврзаните лица,

– Елиминирано е двојното објаснување за поврзаните лица во однос на другите закони, што постоеше претходно.

Page 63: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

63

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

• Што недостасува:– Можност за примена на останатите методи за

пресметка на трансферните цени– Креирање или насоки за креирање на потребната

документација за анализа на трансферните цени (компаративна анализа)

– Појаснување за примената на трансферните цени во дејности во кои постои значајно влијание врз формирањето на цените од страна на регулаторни тела

– Можност за склучување на напредни договори за цени (Advance Price Arrangements)

Page 64: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

64

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

• Очекувани проблеми во примената:1. Недостаток на јавно објавени податоци за:• Остварените цени (споредливи цени)• Остварената бруто маржа (вообичаена заработувачка)

2. Недоволно информации за начинот на докажување дека методот на споредливи цени не може да се примени, по што следи примена на методот на чинење

3. Можна спротивставеност со другите закони:• Закон за данокот на добивка• Закон за акцизни стоки (за увезените стоки)• Царинскиот закон (неусогласеност со ЗДД)

Page 65: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

65

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

• Очекувани проблеми во примената:– Претходно наведените потребни информации,

освен во некои дејности, не се одредени (јавно објавени) или пак, може да кажеме, тешко одредливи, што ги прави главен проблем во правилната примена на одредбите од ЗДД.

– Овие информации најчесто се деловна тајна и нивното стекнување на било кој друг начин, освен легален, би претставувало нарушување на нечие право

Page 66: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

66

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

• Очекувани проблеми во примената:– Како резултат на немањето доволно јавни

податоци, субјектите може да се соочат со повеќе или помалку платен данок на добивка, а со тоа и казна поради ненамерни грешки во:• Утврдување на трансферните цени• Пресметка на основата за оданочување• Пресметка на разликата помеѓу трансферните

цени и пазарните цени• Пресметка на данокот на добивка

Page 67: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

67

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

Трансферни цени во Република Хрватска• Прашањето за трансферни цени е регулирано со Законот за

данок на добивка, членови 13 и 14 (Zakon o porezu na dobit, Narodne novine 177/2004, 90/2005, 57/2006, 146/2008 и 80/2010. www.porezna-uprava.hr)

• Иако се дава предност на методата на споредливи цени (Comparable Uncontrolled Prices – CUP), законот ги признава сите останати методите за трансферни цени, согласно Упатство на ОЕЦД (OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administration),

• Услов за признавање на деловните односи помеѓу поврзаните страни е креирање на податоци за:– Меѓусебните трансакции– Користените методи за трансферни цени и – Образложение за изборот на методите за трансферни цени

Page 68: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

68

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

Дилема: Дали е можно потпишување на напреден договор за цени (Advance Price Arrangements) во Република Македонија ???• Закон за даночна постапка (Службен весник на

РМ бр. 13/2006, ... 57/2011)–„Ратификуваните меѓународни договори за оданочување имаат предност пред националните даночни закони.„ (став 5 член 2 од ЗДП)–Обврзувачка согласност (членови 105 - 108 од ЗДП)

Page 69: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

69

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

Закон за даночна постапка (Службен весник на РМ бр. 13/2006, ... 57/2011)•Обврзувачка согласност

– „По реализација на надворешна контрола, по писмено барање на даночниот обврзник, УЈП треба да му даде објаснување како одредена фактичка состојба ќе биде даночно-правно третирана во иднина (во натамошниот текст: обврзувачка согласност).„ (став 1 член 105 од ЗДП)

– „Обврзувачката согласност писмено се доставува, без условување и се означува како обврзувачка.„ (став 1 член 106 од ЗДП)

– „Податоци за тоа кој временски период и за кои видови даноци треба да важи обврзувачката согласност.„ (точка 4 став 2 член 106 од ЗДП)

Page 70: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

70

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

Закон за даночна постапка (Службен весник на РМ бр. 13/2006, ... 57/2011)•Обврзувачка согласност– „1) Обврзувачката согласност е обврзувачка за

оданочувањето во случај кога фактиката состојба е идентична со фактичката состојба која претставува основа на обврзувачката согласност.„ (став 1 член 107 од ЗДП)

– „1) Обврзувачката согласност престанува да се применува доколку дојде до промена на прописите врз основа на кои е донесена одлуката.„ (став 1 член 108 од ЗДП)

Page 71: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

71

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

• Според одредбите во ЗДП за обврзувачката согласност, може да се смета дека постои некоја форма на договор со даночниот обврзник, бидејќи се исполнети основните елементи за договор пропишани во ЗОО:– Писмена и пропишана форма (член 106),– Предмет на договорот (член 105)

• Делување на едната страна (даночниот обврзник), и• Неделување (воздржување од делување) на другата

страна (УЈП)– Страни во договор (член 105)– Рок на договорот (член 108)

Page 72: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

72

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

• Основната разлика помеѓу напредниот договор за цени (Advance Price Arrangements) и обврзувачката согласност е во времето на случувањето:– Напредниот договор за цени (Advance Price

Arrangements) се склучува пред настанување на контролирана трансакција

– Обврзувачката согласност се случува по настанување на трансакцијата, односно реализација на надворешна контрола од страна на УЈП и на барање на даночниот обврзник

Page 73: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

73

7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ7. РЕГУЛАТИВА ВО РМ

• Предноста во примената на напредниот договор за цени (Advance Price Arrangements) би бил:– Овозможува користење на информациите за пазарните цени,

маржи и други категории поврзани со трансферните цени, кои УЈП може да ги обезбеди од министерствата, управите и агенциите, без притоа да се наруши тајноста на податоците и во исто време да се злоупотребат од било која страна

– Ги елиминира можните ненамерни грешки од страна на субјектите

– Ја спречува можноста од казни и од страна на државата во која учесникот во контролираната трансакција е регистриран даночен обврзник

– Овозможува намалување на активностите на вработените во УЈП (надворешни контроли), а со тоа го поевтинува работењето и на УЈП и друштвата

Page 74: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ
Page 75: ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Благодарам на вниманието

Роберт МанасиевКато Едукација ДООЕЛ Скопје

[email protected]моб. 072 308301