Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

32

Upload: -

Post on 06-Mar-2016

228 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Повеќе инфо на: http://www.ums-vmro-dpmne-delcevo.blogspot.com/ www.ivanov.mk www.timmakedonija.mk

TRANSCRIPT

Page 1: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

1

Page 2: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2014

ПРОГРАМА НА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

Page 3: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

3

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2014

ПРОГРАМА НА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

Page 4: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРОГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ 6

СТОЛБОВИТЕ НА МОЈАТА ПОЛИТИКА 8

МАКЕДОНИЈА: ОТВОРЕНОСТ КОН СИТЕ 10

ЗА ПРИНЦИПИТЕ НА НАШАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА 10

ЗА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА:

ПОЛИТИЧКА, ЕКОНОМСКА, ЈАВНА И КУЛТУРНА 12

ЗА ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА И НАТО 13

ЗА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ 14

ЗА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА 15

ЗА БЕЗБЕДНА И СИГУРНА МАКЕДОНИЈА 17

МАКЕДОНИЈА: ДРЖАВАТА ПРЕД СЀ 17

ЗА ЕКОНОМСКИ СИЛНА И РАЗВИЕНА МАКЕДОНИЈА 18

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО: ЗА СОРАБОТКАТА СО ЗАКОНОДАВНАТА,

ИЗВРШНАТА И СУДСКАТА ВЛАСТ 20

ЗА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ 21

СОДРЖИНА

Page 5: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

5

МАКЕДОНИЈА: ДОМ ЗА СИТЕ 21

ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО 22

ЗА ТРАДИЦИЈАТА 23

ЗА НАШИТЕ СЕМЕЈСТВА 24

ЗА НАШАТА ДИЈАСПОРА 24

ПРОЕКТИ ЗА ФУНКЦИОНАЛНО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО 25

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ 25

1. НАРОДНИ КАНЦЕЛАРИИ 25

2. ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ 25

3. НАЈДОБАР МЛАД НАУЧНИК 26

4. ПРЕТПРИЕМАШТВО 26

5. ДУХОВНИ ДИЈАЛОЗИ 26

НОВИ ПРОЕКТИ 27

1. МАКЕДОНИЈА ПРЕПОЗНАВА И ВРЕДНУВА 27

2. ПРОМОТОРИ НА КУЛТУРА НА УСТАВНОСТ 28

3. ГЛАС НА ГРАЃАНИТЕ 28

4. ЗАЕДНО ВО СВЕТОТ 28

БИОГРАФИЈА 29

СОДРЖИНА

Page 6: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава што го остваривме на 8 Септември

1991 година нè обврзува сите нас да продолжиме да работиме и придонесуваме за создавање на напредна и развиена Македонија.

Ќе се залагам за државно единство, за заштита на виталните државни интереси, унапредување на квалитетот на животот и благосостојбата на граѓаните. Државата пред сѐ. Само во државата граѓаните ја остваруваат слободата и ја уживаат безбедноста.

Мојата цел се држава и општество втемелени врз заемна доверба. Доверба меѓу граѓанинот и државата, меѓу институциите. Клучот за довербата е одговорноста, бидејќи секое стекнато право подразбира и одговорност и секој кој носи одлуки ќе преземе одговорност за своите чекори. Така се гради државата и иднината. Одговорни граѓани во одговорна држава. Партнерство меѓу граѓаните и државата, меѓу државата и бизнис-секторот.

Македонија е држава во која владее правото. Сите сме еднакви пред законите. Со почитувањето на уставно-правниот поредок имаме гарантирани права и слободи на граѓаните. Сите се раѓаме исти под ова Сонце, без разлика на етничката, верската или која било друга припадност. Државата има обврска да ги чува, негува и унапредува соживотот и заедништвото.Ќе се залагам за владеење на правото и за градење на културата на почитување на законите. Правото да важи еднакво за сите. Почитување и заштита на човековите и граѓански права и слободи и правото на човеково достоинство.

ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ

Page 7: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

7

Нашата заедничка визија е граѓаните да можат да работат и да заработуваат пристојна плата. Со работа и создавање нови материјални и интелектуални вредности, можеме да постигнеме благосостојба во нашиот заеднички дом Македонија. Новите работни места ја движат нашата економија напред. Македонија мора да понуди поголеми можности за оние што вредно работат и што се подготвени да го користат својот труд, своите вештини и таленти за да ја обезбедат сегашноста и иднината на своите семејства. Да создадеме услови за да им овозможиме на креативните и иновативните поединци, сопственици и работници да ги развиваат бизнисите, да отвораат нови бизниси и нови работни места.

Република Македонија останува отворена кон сите. Напорите за приклучување кон европското и евроатлантското семејство на држави ги обединува сите граѓани на Република Македонија.

Вооружените сили на Република Македонија се најголемата гаранција за стабилноста и безбедноста на државата. Ги почитуваме нашите мажи и жени во униформа и се залагаме за нивната добробит, подеднакво додека ја носат униформата и кога се во пензија. Ќе се залагам за натамошно јакнење на Системот за национална безбедност. Во соработка со Владата на Република Македонија ќе се залагам за зголемена поддршка за Армијата на Република Македонија во земјата и во мировните мисии во странство.

Сеопфатниот развој на општеството е возможен кога сите негови граѓани живеат со морални вредности и општествени норми и се раководат според златното правило – да се однесуваме кон другите онака како што сакаме и тие да се однесуваат кон нас.

Столбот на секое општество е семејството. Како и до сега, ќе продолжам да правам сѐ што е во мојата моќ за семејството и натаму да остане основен стожер на општеството и уште повеќе да ја зајакне својата улога. Нашите деца имаат право да растат во среќни семејства и да се стекнуваат со квалитетно образование.

Република Македонија е социјална држава која се потпира на начелото на солидарност. Ниту еден човек не смее да биде запоставен и незгрижен. Македонија е дом на сите.

Page 8: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

Доколку ја добијам вашата доверба, во идниот мандат како Претседател на Република Македонија напорно ќе работам и ќе се раководам од овие начела:

1. Државното единство, заштита на виталните државни интереси, унапредување на квалитетот на животот и благосостојбата на граѓаните. Државата пред сѐ. Само во државата граѓаните ја остваруваат слободата и ја уживаат безбедноста.

2. Не прифаќам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Не прифаќам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национа-лен идентитет, посебноста на маке-донската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот.

3. Владеење на правото и градење на културата на почитување на закони-те. Правото да важи еднакво за сите. Почитување и заштита на човековите и граѓански права и слободи и право-то на човеково достоинство.

4. Поддршка на институциите, општи-ните и стопанството за создавање нови работни места. Ќе ги поддр-жувам иницијативите и проектите за вработување на младите и самоврабо-тување. Највисоко на агендата ќе ми биде економската дипломатија. Каде и да одам, ќе продолжам да работам на привлекување странски инвес-тиции во Македонија. Унапредување на домашната патна и енергетска ин-фраструктура.

5. Посветеност на повеќеетничкиот, повеќерелигискиот, повеќејазичниот соживот и почитување на различнос-та во Република Македонија.

6. Доследна примена на Охридскиот рамковен договор, кој е дел од Уставот на Република Македонија. Ако претходната деценија беше де-ценија на права, вторава деценија е деценија на права, но и заемни обвр-ски за сите нас.

СТОЛБОВИТЕ НА МОЈАТА ПОЛИТИКА

Page 9: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

9

7. Отвореност кон сите. Одговорна надворешна политика, промоција на економските и политичките интереси на земјата и заштита на македонскиот културен идентитет.

8. Продолжување на напорите за интегрирање на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

9. Продлабочување на стратегиското партнерство со Соединетите Американски Држави.

10. Натамошно продлабочување на соработката на економски, политички и културен план со сите земји-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.

11. Целосна посветеност на градење добрососедски односи со отворен пристап преку дијалог со заемно почитување. Регионална соработка со земјите од Југоисточна Европа. Поддршка на клучни регионални инфраструктурни проекти. Продолжување на обновата и доизградбата на Коридорите 8 и 10 и нивно поврзување со Јадранско-јонската магистрала.

12. Натамошно јакнење на Системот за национална безбедност. Во соработка со Владата на Република Македонија зголемена поддршка за Армијата на Република Македонија во земјата и во мировните мисии во странство.

13. Поддршка на семејството и залагање за негова посебна заштита од страна на држа-вата и институците. Мора да работиме на намалување на социјалните ризици на кои е изложено семејството. Почитување на жената како столб на семејството, но и како лидер во различни области.

14. Младите се најзначајниот капитал на Македонија. Инвестирањето во образованието на младите е основа за поконкурентна економија, подобар живот и посигурна иднина. Не помалку важни се и дообразбата и доживотното учење кои ги зголемуваат мож-ностите за вработување.

15. Македонија напредна земјоделска земја. Поддршка на Владата на Република Македонија за унапредување на земјоделството. Одговорен однос кон природата и гри-жа за здрава животна средина.

16. Македонија земја на иновации и нови технологии. Развој на научноистражувачката и институционалната инфраструктура за иновации и поттикнување на иноваторството. Инвестирање во обновливи извори на енергија и градење култура на енергетска ефи-касност.

17. Традицијата е дел од идентитетот. Почитување на традицијата и посветеност на заштита и афирмација на културното наследство.

18. Зацврстување на поврзаноста на генерациите иселеници со нашата заедничка татковина Македонија. Враќање кон корените на младите генерации од иселена Македонија.

19. Пензионерите да имаат животен стандард за постигнување квалитетен, активен со-цијален живот.

20. Македонија е земја на солидарноста. Мораме да се грижиме за сиромашните, старите, болните и лицата со посебни потреби.

Page 10: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ЗА ПРИНЦИПИТЕ НА НАШАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Република Македонија ќе продолжи да има одговорна и активна надворешна поли-тика. Македонија ќе остане отворена кон сите. Светот денес не функционира според принципот на исклучивост. Меѓународната заедница денес се темели врз принципите на мултилатерализмот, меѓузависноста, со-работката и отвореноста. Ќе продолжам да ги промовирам државните интереси за кои постои општ консензус меѓу македонските граѓани и да ги заштитувам нашиот иден-титет и достоинство.

Како претседател на рамноправна земја-членка на Обединетите нации, ќе се залагам за постигнување на целите на светската организација – мир, стабилност и развој во светот. Државите и меѓународни-те организации имаат сè поголема потреба за правно уреден меѓународен поредок. Ќе продолжиме активно да придонесува-ме во почитувањето на меѓународното право и општоприфатените принципи и начела што произлегуваат од Повелбата на Обединетите нации.

Република Македонија ќе продолжи да придонесува во остварувањето на Милениумските развојни цели и во ре-шавањето на глобалните предизвици – на-малувањето на сиромаштијата, искорену-вање на гладот и болестите, надминување-то на нерамномерниот раст и развој.

Со сите земји-членки на Советот за без-бедност на Обединетите нации ќе про-должиме да ја продлабочуваме соработката на економски, политички и културен план.

Како земја-членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, Македонија ќе продолжи да придонесува во унапредувањето на состојбата со почитувањето на човековите права и

МАКЕДОНИЈА: ОТВОРЕНОСТ

КОН СИТЕ

Page 11: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

11

правото на човеково достоинство, граѓанските слободи, демократијата и принципите на владеење на меѓународното право во светот.

Ќе продолжиме да ги негуваме и да ги продлабочуваме воспоставените стратешки партнерства. Унапредувајќи ги старите ќе градиме нови пријателства.

Политиката на отвореност кон сите е комплементарна со европската и евроатлантската интеграција. Тие не се исклучуваат туку се надополнуваат, во интерес на македонските граѓани. Како Претседател ќе продолжам со напорите за интегрирање на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

Република Македонија има 5 позитивни извештаи и 5 препораки од Европската комисија за отпочнување на преговори за членство во Европската унија. Напорно работејќи на имплементирање на европските критериуми и стандарди за членство, ние го очекуваме датумот за отпочнување на преговорите. Македонија го заслужува тоа. Исполнувањето на критериумите зависи од нас. Добивањето датум за членство не зависи од нас.

Како одговорен член на меѓународната заедница, Македонија ги исполнува своите преземени обврски. На отворените прашања пристапуваме одговорно. Не го прифаќаме аргументот на силата, туку само силата на аргументите. Тоа важи и за предизвикот со кој се соочуваме уште од првите денови на независноста и што стои на патот за остварување на нашите стратешки цели, прашањето за разликата околу името. На Република Македонија ѝ е потребно решение, но само во рамката што ја даваат резолуциите на Обединетите нации, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Решение што нема да биде на штета на нашиот национален и државен идентитет, јазик, историја и култура. Тоа едноставно нема да го допуштиме. Не прифаќам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Не прифаќам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Како Претседател, нема да дозволам решение за спорот наметнат од Грција, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдумот да се согласни со решението. Ниту еден поединец, ниту група граѓани или политичари, партија, влада или собрание, не може да оди против волјата на народот. Нема да допуштиме Република Македонија и македонските граѓани да бидат обезличени.

Почитувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата, нашиот придонес кон глобалната безбедност и стабилност преку учество во мировните мисии, ќе дадат дополнителен кредибилитет на темелните вредности на НАТО.

Градењето добрососедски односи со заемно почитување, разбирање и меѓусебна доверба и натаму ќе биде приоритет на македонската надворешна политика. Отворените прашања се решаваат само преку дијалог и политички дејствувања, а личната комуникација меѓу државниците има важна димензија во градењето доверба меѓу страните и е незаменлива во политиката и дипломатијата. Ќе продолжам да се залагам сите отворени прашања да ги решаваме со дијалог и лична комуникација.

Како држава и народ сме секогаш подготвени за дијалог. Како претседател на земја со длабока традиција на преплетување на културите, религиите и цивилизациите, ќе продолжам активно да го промовирам дијалогот и македонскиот модел и македонските придобивки во Европа и светот.

Page 12: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРОГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

Како и до сега, активно ќе учествувам на сите регионални и глобални форуми каде интересите на Република Македонија ќе можат да бидат промовирани и заштитени. Нема да дозволам да се зборува за нас, без нас. Нема да дозволам да се одлучува за нас, без нас.

ЗА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА: ПОЛИТИЧКА, ЕКОНОМСКА, ЈАВНА И КУЛТУРНА

Секоја држава во функција на својата дипломатија ги става потенцијалите со кои располага. Македонија има природни богатства и ресурси, што можат да се искористат за развој на економијата, производството и туризмот. Македонија располага со непроценливо материјално и духовно културно-историско наследство. Македонија може да се пофали со напреден модел на интеграција без асимилација втемелен врз вековната традиција на соживот, почитување и прифаќање на различностите. Модел што ги одразува највисоките светски стандарди за почитување на човековите права и правото на човеково достоинство. Културата, интеграцијата нè прават луѓе. Македонија има човечки капитал, врвни уметници, спортисти, иноватори и научници кои можат да го претстават овој модел во светот. Македонија има што да понуди и да каже.

Македонската дипломатија е подготвена да одговори на потребите и предизвиците на 21 век. И во наредниот период, фокусот на македонската дипломатија ќе биде на остварување на стратешките цели – членство во Европската унија и НАТО, зацврстување на старите и градење нови пријателства, унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, отворање нови економски перспективи и промоција на нашето културно-историско наследство.

Економска дипломатија – Високо на агендата ми беше и ќе продолжи да ми биде економската дипломатија. Каде и да одам, ќе продолжам да работам на привлекување странски инвестиции во Македонија, повикувајќи се на успесите што сме ги постигнале во текот на изминатите неколку години. Ќе продолжам да создавам амбиент за поинтензивна економска соработка на Република Македонија со сите партнери. Преку патувања, средби, говори и размена на мислења со политички лидери, преку претставување на поволностите за отпочнување бизниси на светски медиуми. Преку севкупната јавна дипломатија Македонија мора уште поуспешно да ги претстави своите економски поволности, своите најдобри одлики. Со посветеност и заеднички и координирани активности во дипломатијата може да се постигнуваат уште поголеми резултати.

Јавна и културна дипломатија – Како земја со длабока традиција на преплетување на културите, религиите и цивилизациите, Македонија беше иницијатор на Дијалогот меѓу цивилизациите во 2003 година и со тоа стана предвесник на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации. Македонската култура на отвореност и подготвеност за дијалог и меѓусебно разбирање може да понуди вредни сознанија и искуства за она што на глобален план се наметнува како потреба – културите и цивилизациите да комуницираат и да се разбираат меѓу себе. Ќе продолжам активно да го промовирам македонскиот модел и македонските придобивки во Европа и светот. Ќе продолжам да ги поддржувам и Светските конференции за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, по кои Македонија стана препознатлива во светот.

Page 13: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

13

Приоритети и стратешки определби на македонската дипломатија:• Интегрирање во Европската унија и НАТО;• Зголемување на влијанието на Република Македонија во регионот преку активна

билатерална дипломатија и регионална соработка;• Осигурување на пристап до странски пазари, како и привлекување странски

инвестиции во Република Македонија.

ЗА ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА И НАТО

„Само како Македонија и како Македонци сме придобивка за Европа и за светот. Само како Македонија и како Македонци, Европа е придобивка за нас. “

Пелинце, 2 Август 2010

Како Претседател ќе продолжувам со напорите за интегрирање на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

Македонија е природен и културен дел од Европа. Македонските вредности се европски вредности, и ништо не може да го промени тоа. Исполнувањето на европските стандарди и критериуми е нашата сегашност. Нашата иднина е во Европската унија.

Со 5 позитивни извештаи и 5 препораки од Европската комисија за отпочнување на преговори за членство во Европската унија, Македонија е подготвена. Интеграцијата на Македонија во Унијата ќе значи мир, стабилност и напредок за Македонија, Балканот и Европа. Неуморно и секојдневно ќе вложувам напори и ќе ги користам сите мои капацитети за ова да се случи во најблиска иднина.

За 23 години независност, Република Македонија прерасна во држава со изградени институционални и политички капацитети. Во наша моќ е да ја создаваме Европската унија во Македонија, да работиме на спроведување на европските реформи, на достигнување на европски стандарди и критериуми, за доброто на граѓаните. Мора да веруваме во себе и да работиме, да постигнеме преговорите да се сведат на чиста формалност, а прашањето за членство во Европската унија на чисто техничко прашање!

Ја споделувам заедничката визија со сограѓните – да ја интегрираме Македонија во европското семејство, но со нејзините вредности, со неповреден идентитет и ненарушено достоинство.

Гаранција за нашата безбедност е Армијата на Република Македонија. Нашата поширока рамка за безбедност и стабилност е НАТО. Придонесот на Република Македонија кон глобалната безбедност и стабилност е препознат и признат од нашите сојузници. Постојано се потврдува заклучокот од Букурешт дека Македонија ги исполнува сите критериуми за членство во НАТО. Сакаме да ги споделуваме не само обврските туку и придобивките што ги носи полноправното члество во Алијансата.

Ќе инсистирам нашите сојузници во НАТО да ја почитуваат пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Прашањето за членство не е дали, туку кога Македонија ќе си го заземе заслуженото членство во Алијансата.

Page 14: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРОГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

Приоритети за напредок во европските и евро-интеграциските процеси:• Членство на Република Македонија во Европската унија;• Спроведување на европските стандарди и критериуми во Република Македонија;• Активно лобирање за поддршка на Република Македонија помеѓу земјите-членки на

Унијата;• Нашите сојузници во НАТО да ја почитуваат пресудата на Меѓународниот суд на пра-

вдата.

ЗА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ

Македонија е едно домаќинство. За секое домаќинство најважни се соседството и соседите. Добробитта на една нација, во голема мера зависи од благосостојбата на нејзините соседи. Македонија води политика на добар сосед. Повеќе од две децении како самостојна и независна држава го промовираме мирот во регионот, ја развиваме слободната трговија, економската и енергетската соработка меѓу соседите, го продлабочуваме меѓусебното разбирање и почитувањето.

Потребата од подобар живот и повисоки стандарди нѐ упатува на соработка на сите нивоа, на интензивни контакти со кои се создава доверба и се гради заемна почит. Градењето добрососедски односи со заемно почитување, разбирање и меѓусебна доверба и натаму ќе биде приоритет на македонската надворешна политика.

Ќе работиме на заеднички инфраструктурни и енергетски поврзувања. Тоа дополнително ќе ги приближи и поврзе нашите економии и целиот регион ќе го направи поатрактивен за странските инвестиции. Тоа ќе ни овозможи да влеземе во нови, повисоки форми на економска соработка – заеднички настап на земјите од регионот, еднакво и на нашите пазари и на светскиот пазар.

Ќе работам на дополнително зближување на нашите општества. Преку лични контакти со моите соговорници ќе давам пример за тоа како општествата треба да соработуваат.

Ќе работиме на продлабочување на договорната соработка со секоја земја од непосредното и поширокото соседство. Декларативно, ние се разбираме многу добро и се залагаме за соработка. Исчекорот што треба да го направиме е декларативноста во билатералните односи да ја преточиме во практика.

Page 15: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

15

Да имаме заеднички конкретни проекти и заеднички проекти поддржани од Европската унија и да продолжиме да работиме и на полето на интеграциите, економијата, безбедноста, борбата против организираниот криминал, тероризмот; да работиме на продлабочување на прекуграничната соработка, на искористување на развојните фондови на Европската унија кои се однесуваат на културата, туризмот, енергетиката, инфраструктурата, прекугранична-та соработка, заштитата на животната средина и превенција од природни непогоди.

Сите ние заедно на Балканот треба да изградиме стабилен систем на соработка и сојузништво, систем изграден врз заедничките вредности што ги споделуваме како народи, следејќи се од принципите за добрососедство.

Билатералните разлики меѓу соседите не треба да бидат пречка за интеграцијата на земјите од регионот во Европската унија. Разликите не смеат да бидат пречка за продлабочување на соработката на секое поле од заеднички интерес.

Приоритети за продлабочување на меѓу-соседските односи:• Зајакнување на веќе постоечките партнерства и договори кои ги унапредуваат добро-

битот и благосостојбата на нашите граѓани како и склучување на нови во сите области.• Отпочнување на регионални иницијативи, за дијалог и соработка, поддршка на кон-

кретни заеднички проекти и заеднички проекти поддржани од Европската унија, кои се во согласност со националните приоритети, но и со поширокиот европски контекст.

ЗА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА

Како држава што има одговорен однос и кон регионот во кој припаѓа, Република Македонија ќе продолжи активно да учествува во регионална соработка со земјите од Југоисточна Европа, во регионалните иницијативи и организации.

Ќе промовираме нова етапа во регионалната соработка. Соработката не може да се сведе на добри намери и убави желби. Неопходно е визијата што ја има секоја држава за својата иднина да биде дел од визијата за заедничката иднина на регионот. Декларативното зала-гање да ја преточиме во акција за доброто на граѓаните на нашите држави и за кредибилите-тот на регионот, не само во очите на Европа и светот, туку и во очите на граѓаните на наши-те држави. Со тоа настапувам и ќе продолжам да настапувам на сите регионални средби и форуми.

Време е за усогласени приоритети за регионалната соработка, регионалните форуми и механизми. Време е за преструктурирање на регионалните иницијативи. Крајно време е да започнат конкретни проекти и да даваат конкретни резултати, да ги исполнуваат очеку-вањата на граѓаните на нашите држави. Само така ќе се одржи кредибилитетот на соработ-ката. Сите досегашни иницијативи во регионот во голема мера ги исполнија своите цели.

Page 16: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРОГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

Можам да најавам дека настапува времето на конкретни проекти во нашиот регион – проекти кои ќе надминуваат многу од досегашните потфати во нашиот регион.

Ќе продолжам да ја афирмирам идејата за довршување на Јадранско-јонската магистрала и нејзино поврзување со Коридорот 8, со цел овој коридор да има поголема економска исплатливост. Тоа е проект кој суштински ќе го смени регионот, ќе ги направи нашите економии поконкурентни и попривлечни за странските инвеститори. На добар пат сме тоа да го реализираме.

Неопходно е да соработуваме и во областа на заштитата на животната средина и превенцијата од природни непогоди, прашања кои не признаваат државни граници. Ќе продолжиме да работиме на полето на интеграциите, економијата, искористување на развојните фондови на Европската унија кои се однесуваат на културата, туризмот, енергетиката, инфраструктурата, прекуграничната соработка.

Page 17: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

17

ЗА БЕЗБЕДНА И СИГУРНА МАКЕДОНИЈА

Во делот на одбраната ќе продолжам посветено, како и до сега, да преземам мерки од надлежност во согласност со Уставот на Република Македонија, Законот за одбрана и Законот за служба во Армијата на Република Македонија.

Ќе ја имплементираме во целост Стратегијата за одбрана на Република Македонија што ја донесовме во 2009 година.

Целосно ќе го заокружиме тековниот процес на трансформација на Армијата на Република Македонија до крајот на 2015 година, во согласност со новата организациско-формациска структура.

Ќе се заложам субјектите на системот за одбрана во согласност со своите надлежности да ја завршат постапката за донесување на долгорочниот план за развој на одбраната со цел спроведување на планот за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија.

Ќе го продолжиме ангажманот на Република Македонија во меѓународните мировни мисии – ИСАФ, АЛТЕА и УНИФИЛ, и ќе се заложам за зголемување на ангажманот во мировните мисии раководени од Обединетите нации.

Посветено ќе ги исполнуваме сите преземени партнерски цели и обврски во согласност со Акциониот план за членство на Република Македонија во НАТО.

И понатаму ќе се залагам најспособните и најквалитетните кадри да бидат на најодговорните должности во Армијата на Република Македонија. Стручноста и компетентноста ќе бидат единствените критериуми за напредување во Армијата.

Ќе продолжам со проширување на воено-дипломатската одбранбена мрежа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

МАКЕДОНИЈА: ДРЖАВАТА

ПРЕД СЀ

Page 18: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРОГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

ЗА ЕКОНОМСКИ СИЛНА И РАЗВИЕНА МАКЕДОНИЈА

Економскиот раст и развој и натаму ќе остане приоритет. Само силната и растечка еконо-мија може да придонесе за квалитетен живот на македонските граѓани.

Ќе давам поддршка на институциите, општините и стопанството за создавање нови работни места. Ќе ги поддржувам иницијативите и проектите за вработување на младите и самовработување.

Нашата заедничка визија е граѓаните да можат да работат и да заработуваат пристојна пла-та. Со работа и создавање нови материјални и интелектуални вредности, можеме да постиг-неме благосостојба во нашиот заеднички дом Македонија. Новите работни места ја движат нашата економија напред. Македонија мора да понуди поголеми можности за оние што вредно работат и што се подготвени да го користат својот труд, своите вештини и таленти за да ја обезбедат сегашноста и иднината на своите семејства. Да создадеме услови за да им овозможиме на креативните и иновативните поединци, сопственици и работници да ги раз-виваат бизнисите и да отвораат нови работни места.

Малите и средните претпријатија можат да бидат клучен двигател на македонското сто-панство. Полесно се формираат и полесно се адаптираат кон потребите на пазарот. Мора да ги поттикнеме младите и креативните да стануваат претприемачи и на тој начин да го применат знаењето и сами да ја создаваат својата иднина, но и да придонесат кон општест-вениот успех.

Мора да се продолжи со градење на култура на претприемаштво и охрабрување на прет-приемачите. За таква култура треба национален агнажман. Неопходно е продлабочено партнерство меѓу државата, бизнисот и образованието.

Преку активна економска дипломатија, во следниот мандат голем дел од моите активности ќе го посветам на привлекување странски компании кои ќе инвестираат во Македонија, кои не само што ќе донесат свеж капитал во Македонија и ќе вработат луѓе туку со кои ќе де-лиме искуства и ќе учиме едни од други, компании со кои ќе градиме партнерства и заедно ќе ја поттикнеме работата на македонските копмании.

Во наредниот период треба да ги искористиме уште повеќе македонските економски потен-цијали. Македонија е земја со голема земјоделска традиција и препознатливи земјоделски производи. Македонија може да биде напредна земјоделска земја. Ќе и дадам поддршка на Владата на Република Македонија за унапредување на земјоделството. Производството на брендирана квалитетна органска храна и зголемувањето на преработувачките капацитети можат да отворат нови пазари и да создадат нови работни места.

Инвестирањето во инфраструктурата е инвестиција за економскиот раст и развој на Македонија. Инвестирајќи во инфраструктурата, ние инвестираме во поврзување на пазари-те, луѓето и услугите: патиштата, мостовите, железничките пруги, аеродромите – сето ова е од витално значење за Македонија. Во текот на изминатите неколку години е постигнат со години незабележан напредок. Мора да продолжиме по тој пат.

Потребите за електрична енергија на Република Македонија секоја година се зголемуваат за најмалку 4%. За да ја намалиме енергетската зависност и да постигнеме одржлив развој мора да инвестираме во сопствено одржливо производство на енергија. Тоа значи интензи-

Page 19: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

19

вирање на производството на енергија од обновливи извори на енергија, подобрување на дистрибуција, но и зголемување на енергетската култура и ефикасност.

Наша голема цел е Македонија да биде енергетски безбедна и понезависна.

Со отворањето нови рудници за експлоатација на јагленот само делумно се задоволуваат енергетските потреби на македонското стопанство. Македонија е земја на сонцето, водата, ветрот, биомасата. Ќе дадам своја поддршка во активностите за обезбедување на енергетската иднина на Република Македонија. Активно ќе ја промовирам идејата за алтернативни извори на енергија со акцент на обновливи извори на енергија. Затоа, ќе иницирам проект за искористување на геотермалните потенцијали на Македонија. Ќе поттикнувам инвестиции во нови капацитети и нови, поефикасни и поевтини начини за производство и дистрибуција на електрична енергија.

Геотермалната енергија е речиси неискористен потенцијал. Геотермалниот басен во Кочанската депресија е еден од најиздашните басени на Балканот. Со можна експлоатација на геотермалната вода со која Македонија изобилува ќе се заштедат милиони евра за увоз на мазут. Денес, во Македонија се евидентирани преку 25 природни извори на геотермални води со температура поголема од 21°C. Во “Стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија во Македонија до 2020 година“ само од геотермалните води се предви-дува годишно производство од 400 до 440 GWh електрична енергија. Ќе ги поддржам сите проекти со кои ќе се искористува потенцијалноста на геотермалната енергија.

Неопходно е домаќински да ја користиме енергијата, како во индустријата, транспортот, градежништвото, така и во секојдневниот живот. Затоа ќе ги поддржам образовните програми за подигнување на јавната свест за енергетска култура и ефикасност уште од најрана возраст. Веќе иницирав и изработка на курикулум за геотермални ресурси на II циклус на студирање во високото образование како заеднички студии на Факултетот за природни и технички науки во Штип и на Машинскиот факултет од Скопје.

Проектот за развој на научно-технолошки парк во Македонија што го иницирав, ќе продолжи и ќе овозможи современи решенија за производство на чиста енергија. Освен ова ќе иницирам формирање на центри за трансфери на технологии кои ќе бидат кофинансирани од странски компании, и кои ќе го олеснат преносот на знаењето како во предпроизводните така и во производните фази.

Се залагам за инвестирање во обновливи извори на енергија, рециклирање и градење култура на енергетска ефикасност.

Македонија оствари импресивни добивки со воспоставувањето на националната ИТ инфраструктура и едукацијата на младите и возрасните во делот на ИТ. Преку 60% од македонските граѓани се корисници на Интернет. За растот на нашата економија и за отворањето на нови работни места, од витално значење за нашата економска сигурност е да се одржува чекор со тековните достигнувања во ИТ сферата. ИТ треба да најде свое место во претпријатијата и во економијата и со несмален интензитет да се продолжи со проектите за е-Влада и за едукацијата на младите и возрасните за ИТ.

Page 20: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРОГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО: ЗА СОРАБОТКАТА СО ЗАКОНОДАВНАТА, ИЗВРШНАТА И СУДСКАТА ВЛАСТ

„Мојата визија за Македонија е земја во која владее законот. Никој не е над законот, и законот никого не обесправува.“

Годишно обраќање, 21 декември 2009 година

Владеењето на правото е предуслов за развиена демократија и слобода на граѓаните. Владеењето на право е темелна вредност на нашиот Устав. Секоја влада и секоја политич-ка структура е должна да дејствува во согласност со принципот на владеење на правото. Законот треба да биде еднаков за сите граѓани. Законите не се селективни и не дискрими-нираат.

Граѓаните треба да си ги знаат своите права. Треба да знаат дека законите постојат за да ги штитат нивните интереси и да бидат рамка во која слободно ќе можат да живеат, работат, да се организираат и стопанисуваат.

Институциите на државата, образовните институции, граѓанските здруженија, медиумите, преку разни инструменти на едукација, информирање и соработка со граѓаните, треба да ги упатуваат и запознаваат граѓаните со нивните права и функционирањето на правниот систем на Република Македонија. Како претседател на Република Македонија, преку посто-ечките Народни канцеларии ќе работам на информирање на граѓаните за нивните законски права, можности и обврски.

Како претседател во постојана соработка со граѓаните ќе се трудам да ја издигнам културата на почитување на законите.

Ќе ги користам сите надлежности предвидени во Уставот за унапредување на политичкиот амбиент во државата и за зајакнување на националното единство на нејзините граѓани.

Како претседател ќе имам конструктивна соработка со сите институции на државата, со за-конодавната, извршната и судската власт.

Претседателот на Република Македонија и Владата на Република Македонија се двете гран-ки на извршната власт и мора да бидат олицетворение на волјата на македонските граѓани и националните интереси. Успешната внатрешна политика на државата значи и кредибилитет на државата во странство. За да се постигне ова, неопходна е соработка на претседателот на државата со законодавната, извршната и судската власт.

Уставното право на вето од страна на Претседателот на Република Македонија се применува и треба да се користи единствено во случај кога со одредено законско решение, односно со примените на одредбите на законското решение, може да се нанесат штети на граѓаните и државата. Од тие причини и во иднина ќе се придржувам до ова начело.

Page 21: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

21

ЗА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ

Нашата сила е во нашиот најдобар извозен политички продукт, нашиот модел на мултиетнички соживот, модел на инклузивна демократија. Македонскиот модел подразбира интеграција без асимилација. Интеграција со почитување на постоечките културни, етнички, јазични, религиски и други различности... Нашиот устав, Рамковниот договор, и длабоките вековни традиции на соживот, толеранција, разбирање и меѓусебно помагање, се гарантите на овој модел.

Годишно обраќање во Собранието на Република Македонија, Скопје, 14 декември 2010

Живееме во повеќеетничко, повеќере-лигиско и повеќејазично општество. Почитувањето на другиот, почитувањето на разликите, различните култури и религии е пренесувано од генерација на генерација, од дедовци на внуци и е дел од македон-скиот начин на живот. Вековната тради-ција на соживотот е израз на наша слобо-да, а не на принуда. Нашиот автентичен начин на живот е да го прифатиме другиот, различниот, поинаквиот. Соживотот под-разбира интеграција без асимилација.

Горд сум што во македонското општество меѓуетничките односи ги карактеризираат разбирањето и подготвеноста за дијалог. Етничките и верските заедници се повеќе од колективи во кои само процентуално припаѓаат. Тие се дел од заедничкиот дом наречен Македонија.

МАКЕДОНИЈА: ДОМ ЗА СИТЕ

Page 22: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРОГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

Соживотот е автентична македонска традиција наследена од претходните генерации, но и политичка и институционална обврска на оваа и идните генерации.

Затоа, остануваме посветени на повеќеетничкиот, повеќерелигискиот, повеќејазичниот соживот и почитување на различноста во Република Македонија. Охридскиот договор е рамка за одржливо повеќеетничко општество со еднаков третман на секој граѓанин пред законите. Се залагаме за доследна примена на Охридскиот рамковен договор, кој е дел од Уставот на Република Македонија. Ако претходната деценија беше деценија на права, вторава деценија е деценија на права, но и заемни обврски за сите нас.

ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО

Младите се најзначајниот капитал на Македонија. Со инвестирање во образованието на младите создаваме луѓе подготвени да се натпреваруваат со своето знаење на светската ин-телектуална арена. Образованието е основа за поконкурентна економија, подобар живот и посигурна иднина.

Како претседател ќе помагам во процесот на унапредување на образованието во Република Македонија. Младите луѓе треба да се поттикнуваат да учат - во и надвор од училницата - а нашите млади луѓе, особено нашите деца, треба да се поучуваат со најдобрите техники на учење, кои ги охрабруваат да ги научат да учат, да сакаат да учат, да размислуваат критички и да бидат креативни и иновативни. Ова вклучува интегриран пристап на образовните ин-ституции, семејствата, медиумите и бизнис заедницата. Современото образование мора да ги искористи предностите на информатичката технологија и да ги подготви младите актив-но да комуницираат со светот. Успешната комуникација е невозможна без мобилност на уче-ниците и студентите во европскиот и светскиот образовен простор и познавање на најмалку два странски јазика.

Не помалку важни се и дообразбата и доживотното учење со кои се даваат еднакви можнос-ти за образование за сите, се овозможува поголема социјална мобилност и се зголемуваат можностите за вработување.

Ќе се залагам нашите образовни институции да продуцираат доблесни луѓе со силен карак-тер и квалитетно знаење, луѓе кои ќе бидат двигатели на нашето општество. Преку сите мои активности ќе се стремам да изградиме култура на успех, оптимизам и решителност што го оформуваат карактерот на нашата држава.

Патот до успехот води низ партнерство меѓу државата, универзитетите и бизнис секто-рот. Како и до сега, ќе продолжам да ги охрабрувам компаниите да ја зајакнат соработката со универзитетите и со академските центри во делот на иновациите, науката, истражувања-та и развојот. Ќе ги охрабрувам универзитетите да ја користат законската рамка и да про-должат со градење технолошки паркови, start-up акцелератори и други креативни проекти, со што се поттикнува и претприемачкиот дух на младите. Ќе ја поддржам Владата во созда-вањето соодветни услови за практична синергија меѓу клучните засегнати страни.

Македонија да ја градиме како земја на иновации и нови технологии. Развој на научноистражувачката и институционалната инфраструктура за иновации и за поттикнувањ на иноваторството.

Page 23: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

23

Само на овој начин ќе создадеме општество засновано на знаење и успешна економија која ќе биде конкурентна на глобалниот пазар.

ЗА ТРАДИЦИЈАТА

Македонските граѓани се горди на својата традиција. Негувањето на традицијата и традиционалните вредности го зачувале македонскиот народ и другите народи што живеат во Македонија со векови, да истрајат низ сите премрежја. Со векови други владееле со Македонија, ги преживеавме и фашизмот и социјализмот. Нашата посебност и истрајност ја влечеме од желбата за слобода и стремежот да живееме во сопствена држава.

Традицијата е дел од идентитетот и во неа е вткаен креативниот дух на многу генерации. Традицијата, обичаите и историјата се душата на Македонија, она што ни дава припадност и нè прави посебни и препознатливи на Балканот, во Европа и светот.

Со неповторливи книжевни, ликовни, музичики и архитектонски дела, нашите предци ја граделе Македонија во височини. И обесправени, и угнетени низ историјата, тие преку творештвото ја искажувале најважната од сите слободи – слободата на креативниот дух. Уметноста и културата со векови создавани на оваа почва се нашата традиција и нашиот идентитет. Создадено е непроценливо културно богатство од кое и денес младите генерации црпат чувство на идентитет, љубов и почит кон своите корени и традиционални вредности.

Неопходно е да го почитуваме, негуваме и проучуваме материјалното и духовното културно наследство кое ја одразува нашата духовна слобода и посебност.

Треба да ги сочуваме традиционалните вредности, и притоа да ја задржиме способноста да создаваме нови културни вредности. Секоја нова генерација може да се надгради на претходно создаденото но и да даде нов поглед за себе, за Македонија и за светот.

Уметноста и културата се од витално значење за истрајноста на македонското општество. Македонија има со што да се пофали во светот. Како и до сега, ќе ја промовирам македонската култура и уметност насекаде во светот. Ќе продолжам да ги поддржувам културните манифестации во земјата по кои Македонија стана препознатлива во светот – Охридско лето, Струшките вечери на поезијата, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Скопскиот џез фестивал...

Република Македонија е крстопат на различни култури, религии и цивилизации, што ја збогатуваат историјата на македонскиот народ и на етничките заедници кои живеат тука. Културната и религиската разновидност на Македонија претставува извор на голем креативен потенцијал и мост кон заемно прифаќање. Во наследство не ни се оставени само прекрасните амфитеатри, икони, дрворези, цркви, манастири и џамии. Во наследство ни е оставен соживотот. Нашите предци знаеле дека нашата сила е во заедништвото и почитување на различностите. Денес ние сме чувари на ова наследство оставено во завет.

Како претседател ќе се залагам за зачувување и унапредување на овие вредности во нашето општество.

Page 24: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРОГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

ЗА НАШИТЕ СЕМЕЈСТВА

Столбот на секое општество е семејството. Како основна единица на секое општество, се-мејствата мора да се негуваат, поттикнуваат и зајакнуваат. Верувам во семејството како лул-ка и светилник на вистинските вредности, во која непрестајно зрачи светлина и топлина на животот. Семејството е засолниште од животните бури, и заштитник од не ретко присутните девијации. Во добро семејство растат и живеат среќни луѓе.

Во семејството родителите им даваат на своите деца безусловна љубов и успеваат да ги подготват за сите предизвици што ќе ги имаат во животот.

Како и до сега, ќе ги поддржам сите активни инцијативи и политики со кои се охрабруваат младите да основаат семејства и оставаат потомство и унапредување на културата на семеен живот. Неопходно е семејството да остане основен стожер на општеството и уште повеќе да ја зајакне својата улога. Ќе се залагам за негова посебна заштита од страна на државата и институциите. Државата мора да биде и да остане најсилниот сојузник на семејството, на родителите и на нивните деца. Мора да работиме на намалување на социјалните ризици на кои е изложено семејството. Ќе се залагам за почитување на жената како столб на се-мејството но и како лидер во сите општествени, економски и други дејности.

Нашите деца имаат право да растат во среќни семејства и да се стекнуваат со квалитетно образование.

ЗА НАШАТА ДИЈАСПОРА

Република Македонија денес не е само држава на сите граѓани што живеат во неа туку и ма-тична држава на дијаспората.

Како претседател силно ќе поддржам и ќе иницирам активности што овозможуваат зацврстување на поврзаноста на генерациите иселеници со нашата заедничка татковина Македонија. Преку тековниот проект „Школа за млади лидери“ и идниот проект „Македонија препознава и вреднува“, преку мои средби со иселеници, каде и да одам, ќе продолжам да го давам мојот придонес кон оваа цел.

Би сакал македонската дијаспора поактивно да биде присутна во економијата и политиката на Република Македонија. Со правото на глас, дијаспората е вклучена во демократскиот живот во Македонија. Со уште повеќе идеи за соработка, со поведување на заеднички иницијативи на планот на економијата и културата, македонската држава и дијаспора можат да направат многу за иднината на татковината.

Ќе продолжам да ги поддржувам Глобалните инвестициски самити што ги организира Македонија 2025 кои отвораат ново поглавје на соработка со нашата дијаспора.

Патриоти живеат не само во Македонија, туку и надвор од неа. Многу е важно и младите од дијаспората да се почувствуваат дека и тие се дел од националниот живот на Република Македонија.

Република Македонија е нераскинливо поврзана со дијаспората.

Page 25: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

25

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

Задоволен сум од успешноста на проекти-те кои се реализираа во мојот мандат. Ќе обезбедам услови за нивно натамошно ква-литетно реализирање. Народните канцела-рии, Школата за млади лидери, Најдобар млад научник, Претприемаштво и Духовни дијалози, како успешни проекти и поната-му ќе имаат висок приоритет.

1. НАРОДНИ КАНЦЕЛАРИИ

За да можете да решите некоја ситуација или да помогнете некому треба да го слуш-нете и да ги разберете неговите потреби. Сакам да го слушнам гласот на граѓаните и затоа како претседател на Република Македонија за првпат отворив народни канцеларии во кои тие ги споделуваат своите идеи, доставуваат претставки и предлози кои се поврзани со јавните ин-тереси и со заштитата и остварувањето на нивните права. Идеите на граѓаните во Република Македонија се важни за носи-телите на одлуки, и ги збогатуваат демо-кратските процеси. Народните канцеларии се клучни за транспарентноста на мојата работа како Претседател на Република Македонија и се центар за креативни на-стани, предавања на иноватори и хумани-тарни активности. Во Народните канцела-рии лично се среќавам со граѓаните и тие претставуваат автетнична можност за про-верка на исправноста на моите политики.

2. ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ

Младите се најзначајниот капитал на Македонија. Инвестирањето во образова-нието на младите е основа за поконкурент-на економија, подобар живот и посигурна иднина. Не помалку важни се и дообразба-та и доживотното учење кои ги зголемуваат можностите за вработување.

ПРОЕКТИ ЗА ФУНКЦИОНАЛНО

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО

Page 26: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРОГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

Добрите лидерски вештини и техники за управување се од витално значење за успехот на нашата економија. Вистинскиот лидер мотивира, поставува нови стандарди, се раководи од потреба да направи нов исчекор, со својата работа дава пример и високо ја вреднува тимска-та работа. Потребни ни се уште такви лидери за остварување на целите за општо добро.

Отсекогаш ги поддржувам младите и сакам лично да придонесам во подобрување на усло-вите во кои нашите млади луѓе се градат како идни лидери во нашето општество и да ги вреднувам напорите на оние што го даваат своето знаење во науката. Преку Школата за млади лидери ги мотивираме и инспирираме младите луѓе за нивен понатамошен успешен развој. На четирите обуки, што се организираа од 2010 до 2013 година во Охрид, учествуваа над 150 млади луѓе од Македонија и од странство, со различен академски и професионален фокус, пред кои свои предавања одржаа над 100 еминентни предавачи и гости од врвни об-разовни и професионални институции, државници, политичари, парламентарци од европ-ски земји, амбасадори, министри, претседатели на успешни компании и бизнис-групации. Доколку ја добијам вашата доверба, во наредниот мандат уште најмалку 150 млади луѓе ќе ја добијат оваа можност. Планираме уште поразвиена и побогата програма која ќе ги учи мла-дите луѓе на специјализирани дисциплини кои се во чекор со времето што доаѓа.

3. НАЈДОБАР МЛАД НАУЧНИКЕкономски најразвиените земји во светот многу вложуваат во истражување и развој и имаат водечко место по бројот на иновации и патенти. Преку проектот Најдобар млад научник, Република Македонија ќе продолжи да го препознава капацитетот на нашите млади луѓе кои се занимаваат со наука и научни истражувања и кои постигнуваат исклучителен научен резултат во земјава но и во странство. Со инвестирање во науката и со поддршка на младите научници, сакаме Македонија да прерасне во земја на иновации и нови технологии кои ќе бидат двигатели на македонската економија.

4. ПРЕТПРИЕМАШТВОТеориските знаења што ги стекнуваат студентите на универзитетите треба да бидат примен-ливи, а претприемаштвото треба да ги искористува научните сознанија. Преку поддршка на активности кои вложуваат во развојот на претприемаштвото сакам да придонесам во претприемачката култура кај младите од најрана возраст. Ние имаме млади креативни и иновативни луѓе кои имаат натпреварувачки дух. Треба да се создава поволна клима за мла-дите што порано да влегуваат во претприемаштвото. Младиот претприемач има време да ги проверува своите способности и да стекнува нови искуства. Ќе продолжам да бидам покро-вител на настаните каде младите претприемачи ќе ги одмеруваат своите знаења, вештини и успеси, каде ќе се поттикнува нивниот натпреватувачки дух. Конкурентноста е натпревар, што води до квалитет.

5. ДУХОВНИ ДИЈАЛОЗИПреку духовните дијалози и водење искрен граѓански дијалог и почитување на различ-ното мислење треба да работиме за унапредување на верскиот плурализам во Република Македонија како една од врвните вредности на нашето општество. Со личен пример, преку почитување на верските традиционални активности, меѓурелигиски форуми и конферен-

Page 27: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

27

ции, покажав дека треба да се зајакнува меѓуконфесионалниот дијалог и соработка не само во Македонија туку и во регионални и глобални рамки.

Ќе останам и понатаму посветен на проектите кои охрабрија многу млади луѓе да го негуваат интеркултурниот дијалог и кои покажаа дека во Македонија има соработка и се почитуваат различните мислења меѓу верските заедници и лидери.

Преку оваа иницијатива ќе покажеме и со дело дека нашиот соживот има цел, и дека нашата држава може да просперира.

НОВИ ПРОЕКТИ

Во согласност со надлежностите дадени во Уставот, и во согласност со оваа програма, во соработка со останатите институции ќе покренам неколку нови проектни активности кои ќе служат за унапредување на македонското општество.

1. МАКЕДОНИЈА ПРЕПОЗНАВА И ВРЕДНУВАПо примерот на доделување на одликувања и признанија за дела што заслужуваат општо признание за пожртвуваност и истакнување а кои ги доделува Претседателот на Република Македонија, ќе доделувам признанија на поединци, организации и здруженија од дијаспората за нивните заслуги во промовирање на македонскиот идентитет, култура, традиција и јазик.

Македонската дијаспора има голем број успешни луѓе во науката, медицината, спортот, бизнисот, уметноста и во многу други области и се вистински амбасадори на нашата земја, независно од етничката, верска или која било друга припадност. Секој нивен успех е успех и за Република Македонија. Со овој проект ќе помогнам во вмрежувањето на успешните Македонци од целиот свет со институции и поединци во Македонија за реализирање на заеднички истражувачки проекти.

Со доделување на признанијата ќе го вреднувам нивниот успех и ќе отворам можности за пренесување на нивното знаење во Македонија преку разни проекти со кои ќе се донесат инвестиции и да се воведат нови технологии во Македонија. Многу припадници на дијаспората веќе се вклучени во ваква соработка унапредувајќи ги односите на Република Македонија со дијаспората и со земјите во кои живеат.

Поединците, здруженијата и организациите ќе се предлагаат по претходно објавен конкурс според јасно пропишани правила и критериуми.

Македонија памети, препознава и вреднува.

Рок: 2014

Page 28: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРОГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ

2. ПРОМОТОРИ НА КУЛТУРА НА УСТАВНОСТЗа функционално општество неопходно е почитување на основните вредности преточени во највисокиот документ кој нè дефинира како нација, а тоа е Уставот на Република Македонија. Во нашата држава Уставот треба да ужива уште поголема важност и почит. Ќе воспоставам стипендија за млади научници – „Промотори на култура на уставност“ кои ќе го проучуваат Уставот и ќе даваат свои предлози како да се подобри културата на уставност во Република Македонија. Добитниците на стипендиите ќе пишуваат есеи и статии за важноста на уставот и низ уставна призма ќе објаснуваат некои од актуелните случувања и идни предизвици во Република Македонија. Овие млади научници, преку веќе воспоставените Народни канцеларии ќе имаат и задача да ги информираат македонските граѓани за нивните уставно загарантирани права и слободи. Со ова сакаме да дадеме симболичен придонес за да се подобри културата на уставност и законитост во Република Македонија, да се зајакнат македонските вредности и принципи и да се зголеми свеста за владеењето на правото.

Рок: 2014

3. ГЛАС НА ГРАЃАНИТЕПредлозите на граѓаните за конкретни проблеми се глас на демократската јавност. Практикувањето на демократското право на непосредни граѓански избори на секоја 2, 3 или 5 години не е доволно, денес во време во кое уживаме големи благодати од информатичките технологии. Затоа, на интернет-страницата на претседателот граѓаните ќе можат да праќаат предлози. Истата можност ќе биде отворена во секоја народна канцеларија на претседателот. Предлозите и идеите од граѓаните ќе бидат разгледани од тим професионалци во претседателскиот кабинет. Заклучоците кои ќе произлезат од анализата на предлозите и идеите ќе бидат јавно достапни на интернет-страницата на Претседателот.

Рок: 2015

4. ЗАЕДНО ВО СВЕТОТПретседателот има активна улога во економската дипломатија. Редовно ќе се консултирам со претставници на бизнис-заедницата и со релевантните министерства за тоа каде може да се пласираат македонските производи во светот. Во соработка со сите релевантни организации, инкубатори и бизниси, ќе им помагам на младите претприемачи и малите и средни бизниси во Република Македонија што се иновативни и нудат квалитетни производи и услуги, но кои сè уште немаат доволно средства за да ги промовираат своите услуги и производи во странство. При секоја службена и официјална посета во странство ќе селектираме, во согласност со условите по еден или двајца претставници како дел од претседателската делегација. Овие млади претприемачи ќе можат да бидат предложени од претпријатијата и од стопанските комори.

Рок: 2015

Page 29: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

29

Претседателот, д-р Ѓорге Иванов е роден во Валандово на 2 мај 1960 година, од татко Александар и мајка Тодора. По завршу-вањето на основното и средното образо-вание во Валандово, ги започнал студиите по право на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на студиите, започнал со политич-ки активизам во либералните, реформски младински организации. Во 1988 година почнува неговата седумгодишна новинар-ска кариера во Македонската радио-теле-визија, каде што напредувал до позицијата уредник во Третата програма. Во текот на медиумската кариера бил активен во на-порите за реформирање на политичкиот систем. Со распадот на еднопартискиот модел и диригираната економија на то-гашна Југославија, активизмот на Ѓорге Иванов беше насочен кон промовирање на политичкиот плурализам и пазарната еко-номија. Оваа активност ја продолжува на Универзитетот, на кој почнува со работа во 1995 година. Магистрира политички науки на темата „Цивилно општество – новите контрадикторности на старата расправа“. Неговиот докторат се занимава со пробле-мите на градењето демократија во поделе-ни општества, конкретно обработувајќи го примерот на Република Македонија.

На политичките студии на Правниот факул-тет „Јустинијан Први“ во Скопје, професор Иванов работеше на претставување нови научни погледи на политиката меѓу своите студенти, на кои им предава политичка теорија и политичка филозофија. Притоа, тој промовира нови методи на предавање, помагајќи да се отвори македонската академска заедница кон западните уни-верзитети, носејќи современа литература и поврзувајќи ги македонските факултети во раните фази на развојот на Интернетот со светски бази на податоци. Во 1999 го-дина е именуван за визитинг-професор на Програмата за Југоисточна Европа на Универзитетот во Атина, Грција. Свесен дека отворањето на Македонија кон Запад

БИОГРАФИЈА

Page 30: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ќе биде процес за кој се потребни напорите на повеќе генерации, професор Ѓорге Иванов стана активен во ТЕМПУС програмата на Европската унија за Македонија, воведувајќи ре-форми во наставната програма и магистерски програми на англиски јазик. Како професор престојувал и држел предавања на повеќе странски универзитети и учествувал во меѓуна-родни проекти. Бил раководител на политичките студии и продекан на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Ѓорге Иванов е водечки експерт во полето на цивилното општество и меѓу првите воведува систематско проучување на оваа проблематика во македонската академска заедница. Бил консултант на врвни аналитички и истражувачки центри. Генерации лидери ја минале не-говата обука за политички менаџмент. Професорот Иванов е меѓу коосновачите на првото македонско списание за политичка наука – „Политичка мисла“. Тој е основач и на првата по-литолошка струкова асоцијација во независна Македонија. Иванов е и еден од основачите на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество, реномиран аналитички цен-тар во Македонија кој помогна да се обликува македонската политичка сцена и кој насочи многу млади таленти во политиката. Иако никогаш не бил партиски член, професорот Ѓорге Иванов беше активен во формулирањето на реформската програма на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која го номинира за претседателски кандидат на изборите во 2009 година.

Во текот на својот мандат како претседател, оствари рекордна дипломатска агенда со преку 200 билатерални средби со шефови на држави. Преку 150 средби со премиери, претседате-ли на парламенти и шефови на дипломатија. Преку 100 официјални, работни и неформални посети и учества на меѓународни настани. За време на својот мандат оствари повеќе од 430 средби со странски државници, со високи претставници на меѓународни организации и со верски лидери. Беше домаќин на над 40 официјални и работни посети на шефови на држа-ви на Република Македонија. Во Кабинетот пречекуваше илјадници граѓани од најразлични етнички и верски групи, од струкови организации, невладини организации. Тој е покрови-тел на бројни домашни и меѓународни културни, научни и спортски настани. Одликуваше бројни поединци и институции во земјава и странство, од кои пет поранешни и актуелни шефови на држави.

За време на претседателскиот мандат,не заборава да се гледа и да разговара со студентите. Одржуваше предавања не само на сите јавни универзитети во Република Македонија, туку и на врвни странски универзитети при многу од своите државнички посети. Најдобрите сту-денти доаѓаа кај него и нивните сугестии и забелешки ги пренесуваше на ректорите на уни-верзитетите и на надлежното министерство, за заедно да најдат решенија на предизвиците.

Востанови награда Најдобар млад научник.

Стана препознатлив по Школата за млади лидери- низ која со нови знаења, искуства и вештини се стекнаа преку 150 млади луѓе. Со својот ангажман привлече преку 100 најрено-мирани универзитетски професори, државници и експерти како предавачи на Школата.

Професор Ѓорге Иванов бил повеќепати поканет како предавач на реномирани универзите-ти во европските центри. Во октомври 2009 година, во Анкара му беше доделана титулата Почесен доктор на науки на ТОББ Универзитетот за економија и технологија, еден од најре-номираните приватни универзитети во Турција, при што Претседателот говореше на тема „Милет системот – заборавена историја или рецепт за иднината“. Титулата Почесен доктор на науки на претседателот Иванов, вторпат во неговиот мандат, му ја додели ректорот на

Page 31: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

31

Универзитетот „Истанбул“ во март 2011. На таа свечена пригода професор Ѓорге Иванов одржа предавање на тема: „Мегалополисите како модел за управување на општествата на 21 век“. Последниот од низата почесни докторати на претседателот Иванов му беше доделен во Букурешт, Романија, на Христијанскиот универзитет „Димитрие Кантемир“ во октомври 2011 година. Во октомври 2013 година беше прогласен за почесен професор на Југозападниот универзитет за финансии и економија во Ченгду, Кина, а во февруари 2014 година одржа предавање и беше прогласен за почесен професор на престижниот Московски државен универзитет „Ломоносов“. Во септември 2011 година, претседателот Иванов беше одликуван со највисокиот Орден на редот на „Св. Лазарус“ од Ерусалим. Во декември 2013 година, претседателот Иванов беше одликуван со Орденот на свети Ѓорѓи од Куќата Хабсбург-Лотринген.

Во март 2012 година во Салцбург, Претседателот беше инаугуриран за протектор на Европската академија на науките и уметностите. Во декември 2013 година, претседателот Иванов стана член на Светската академија на науките и уметностите.

Ова е само мал дел од активностите на претседателот Иванов за време на мандатот во кој тој секојдневно е посветен на зацврстувањето на државното единство на домашен план, и отворањето на нови хоризонти за Република Македонија, македонската економија, образова-ние, наука, култура, уметност, спорт и создавање иднина за младите. Воден од принципот на отвореност кон сите во надворешната политика и проактивна дипломатија, претседателот Иванов придонесува кон негување на старите и создавање нови пријателства и партнерства за Република Македонија во Европа и светот.

Page 32: Програма на претседателот Ѓорге Иванов 2014-2019 год

ПРОГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ