РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И … 2016/pravna...

24
“Правна аргументација и структура на пресуда со примери на судска пракса “ -------------------------------------------- Судија Лидија Димова Основен суд Велес Скопје, 12.02.2016 година РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ “ПАВЕЛ ШАТЕВ“ Скопје

Upload: hanhan

Post on 27-Feb-2019

244 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

“Правна аргументација и

структура на пресуда со

примери на судска пракса “

--------------------------------------------

Судија Лидија Димова

Основен суд Велес

Скопје, 12.02.2016 година

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

“ПАВЕЛ ШАТЕВ“ Скопје

Пишаниот збор, по правило е најчестиот начин на

комуникација помеѓу судовите и јавноста. Пишаниот збор е важен

критериум за оценка на судискиот авторитет и авторитетот на

судската власт, како и на практичната примена на присилните

прописи во пошироката општествена заедница.

Постапката која претходи на донесување на пресудата,

неретко е многу комплексен и долготраен процес, со многу

содржински изведени процесни дејствија од судијата.

Да се донесе пресуда, значи да се одреди нејзината

содржина и да се одлучи за основаноста на тужбеното барање.

Станува збор за интелектуален процес кој се случува во личноста на

судијата, изолиран и без влијание на јавноста.

Да се донесе пресуда, значи да се резимираат дејствијата на

странките и на судот во текот на постапката и да се анализираат

изведените докази, за да може врз основа на нив да се утврдат

решителните факти и се применат соодветните правни норми.

ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА („Службен весник на

Република Македонија“ број 79 од 21.09.2005 година)

Член 6

(1)Парничната постапка се води на македонски јазик и неговото

кирилско писмо.

Член 94

(1) Поканите, одлуките и другите судски писмена се упатуваат

до странките и до другите учесници во постапката на

македонски јазик и неговото кирилско писмо.

Член 95

(1) Странките и другите учесници во постапката, тужбите,

жалбите и другите поднесоци ги поднесуваат до судот на

македонски јазик и неговото кирилско писмо.

Член 327

(1) Писмено изработената пресуда мора да има увод, изрека и образложение.

(2) Уводот на пресудата содржи: назначување дека пресудата се изрекува во име на

граѓаните на Република Македонија, назив на судот, име и презиме на претседателот и на

членовите на советот, односно судијата поединец, име и презиме, живеалиште, односно

престојувалиште на странките, на нивните застапници и полномошници, кратко

означување на предметот на спорот, денот на заклучувањето на главната расправа,

назначување на странките, на нивните застапници и полномошници кои присуствувале на

таа расправа, како и денот кога е донесена пресудата.

(3) Изреката на пресудата содржи одлука на судот за усвојување или рдбивање на

одделни барања што се однесуваат на главната работа и на споредните барања и одлука

за постоењето или непостоењето на побарувањето истакнато заради пребивање (член

322).

(4) Во образложението судот ќе ги изложи: барањата на странките и нивните наводи за

фактите врз кои се засноваат тие барања, доказите, решителните факти што ги утврдил,

како и прописите врз кои судот ја засновал пресудата.

(5) Во образложението на пресудата поради неподнесување на одговор на тужба,

пресудата поради изостанок, пресудата поради неодржување на расправа, пресудата врз

основа на признание или пресудата врз основа на одрекување или пресудата со која ќе се

одбие ревизијата како неоснована, ќе се изнесат само причините што го оправдуваат

донесувањето на вакви пресуди.

Формата е надворешен израз во која се манифестира

содржината на причината заради која се создава формата,

бидејќи нема содржина без форма, ниту форма во која нема

содржина

Формата на судската пресуда преставува надворешна

рамка, внатре во која се случува процесот на судиското

размислување, која треба на читателот да му овозможи

следење на содржината.

Еднообразниот надворешен изглед на судската пресуда е

императив во постапувањето на судот, односно судијата.

За пишувањето на уводот и изреката на

првостепените пресуди освен во

исклучоци меѓу судиите не постојат

сериозни разлики, затоа што нивната

содржина е прецизно и без отстапувања

определена со Закон и со Судскиот

деловник.

Член127

При изготвувањето на писмените одлуки се употребува законската

терминологија, странските и зборовите што не се општоприфатени во

работата на судот не се употребуваат,

Изложеното треба да е јасно и разбирливо, а изразувањето да

одговара на угледот на судот и да не ја навредува личноста на

странките и другите лица.

Во изреката и образложението на одлуката, времетраењето, видот и

висината на санкцијата, паричните износи во процесните спорови и

трошоците на постапката се означуваат со броеви и букви.

Странките во изреката се наведуваат со процесното својство и името и

презимето (например:првотужителот, второтужениот, третообвинетиот),

додека во образложението само со процесното својство.

Називите на законите и другите прописи што се споменуваат во

текстот може да се наведат во скратена форма, додека називите на

закони и другите прописи што не се во честа употреба се

наведуваат со нивниот целосен назив и со бројот и датумот на

службениот весник на Република Македонија или службеното

гласило во кое се објавени.

Во текстот можат да се употребуваат кратенки, само ако се

општоприфатени, лесно разбирливи и не даваат повод за

сомневање за нивното вистинско значење.

Член 128

Текстот на судската одлука мора да биде:

читлив,

уреден,

составен на литературен македонски јазик и неговото кирилско

писмо,

изготвен во автоматизираниот компјутерски систем за

управување со судските предмети, или

на компјутер, или

машина за пишување - само ако користењето на автоматизиран

компјутерски систем за управување со судските предмети било

оневозможено од причина. По исклучок, заради природата на одделни судски работи, одлуките или

списите можат да бидат пишувани со мастило (записник за извршен

увид). Судските одлуки кои не се изготвени во автоматизираниот

компјутерски систем за управување со судските предмети се копираат

или скенираат во електронското досие кога ќе биде овозможено неговото

користење.

Судските одлуки и списите во предметот се пишуваат:

на А4 формат, со користење на фонт „Arial“ со големина на

букви од 11 pt (точки),

единечен проред и маргини од горна, лева и долна страна од 2,5

цм и десна маргина од 2 цм.

Секоја страница е нумерирана со број во долниот десен агол

поставен во подножјето на страната (footer).

Бројот на предметот се наоѓа во горниот десен агол со големина

12 pt задебелени букви (Bold) сместено во заглавието на страната

(header).

Порамнувањето на содржината е двострано, а називот на

одлуката и зборот образложение се центрирани.

Во одлуките и другите списи што немаат увод, во горниот лев

агол се става називот на судот, ознаката на предметот, датумот и

седиштето на судот.

Образложението на пресудата треба во согласност со Законот, да

ги содржи пропишаните елементи во добро осмислена структура.

Судијата вообичаено треба да започне со изнесување на барањата

на странките, фактите и предлозите за докази.

Потоа се набројуваат изведените докази и се преминува на

фактичката состојба.

Во фактичката состојба најнапред се изнесуваат фактите што не

се спорни, па оние што се спорни и врз основа на што судот ги

оценил како спорни.

Следат причините во кои се изнесуваат правните норми кои треба

да се применат, за потоа со идентификување на предметот на

спорот да се изнесат причините заради кои се применети

конкретните правни норми.

Целта на образложението на пресудата е да

се изнесат субјективните и објективните елементи

на спорот и причините заради кои се донесува

конкретната одлука како во изреката .

Субјективните елементи се однесуваат на

битните барања на странките , фактите и доказите

предложени од нив со кои се одредува предметот и

границите на расправање и одлучување.

Објективните елементи се однесуваат на

реално прикажување на конкретниот спорен правен

однос, со кои треба да се даде доволно сигурна

основа заради која е донесена одлуката.

За разлика од јасните одредби на процесното право за

содржината на судската одлука (увод и изрека),

образложението е резултат на јазичниот стил и

креативната способност на судијата да ги изнесе своите

заклучоци со најсоодветни зборови и да ги пренесе

потребните информации за предметот на спорот, а при тоа

да употребува правна аргументација.

„Јазичниот стил е огледало на авторовиот интелект, а

изборот на зборови и правилото на јазикот, се плод на

вежби во пишување“

-Не постои едноставен начин на обликување на

судискиот заклучок при пишување на пресудите.

-Затоа судските пресуди се разликуваат внатрешно

во своите образложенија како:

*пресуди во кои се употребуваат едноставни

реченици, добро структуирани во кои се применува

кратка правна терминологија,

*пресуди кои содржински се претрупани со текст, а

од правен аспект се површни, правно не

аргументирани

*и оние кои темелно го изразуваат заклучокот на

судијата

Опсегот на судиското размислување е различен од случај, на случај.

На опсегот на судиското мислење влијаат повеќе фактори:

-сложеност и природа на спорните прашања во предметот

-јасноста на правниот пропис

-судската пракса

-понекогаш и дали спорното прашање е од општ интерес

Ако правно решителните факти не се сложени, опсегот на судиските

заклучоци се поедноставни

Некои предмети понегаш преставуваат фактички образци, а некои

бараат долго образложение иако материјално-правнат одредба е

едноставна

Кај комплицирана фактичка состојба, расте потребата за коментирање

и анализа, за да може да се објаснат причините за донесување на

судската одлука со одредена содржина

Судиите често во образложенијата на пресудите непотребно ги

препишуваат исказите на сведоците, или наодите и мислењата на вештите

лица, што не допринесува до јасен судиски заклучок.

Затоа, во содржината на пресудата судијата треба коректно да го

пренесе релевантниот дел од исказот на сведокот или наодот и мислењето

на вештото лице, од значење за донесување на одлуката.Ова од причина

што судијата доказите ги цени според начелото на слободно судиско

уверување, според правилата на логиката и психологијата.

Тоа значи дека судијата не може доказите да ги цени по осет, со

апстрактно уверување, туку тоа треба да го чини според законите на

логиката, како разумен, непристрасен, справедлив и образован човек, кој

е свесен за деликатноста на својата професија.

Со цел правилно согледување на сите решителни

факти, при пишувањето на одлуката пред судијата се поставува

тешка задача (двонасочен пат): од една страна да го спречи

прекумерното наведување детали кои би сметале одлуката да

биде јасна, а од друга страна да не дозволи краткото и

едноставно пишување да ја доведе во прашање обврската за

целосно произнесување по наводите на странките за

решителните факти, или да биде перципиран дека има

селективен пристап.

Затоа, во пресудата треба да се изнесат онолку детали

со кои ќе се поткрепи мислењето на судијата, со избегнување

на претерани детали кои можат да го одвлечат читателот во

погрешен правец или да го оддалечат од важните факти заради

кои е донесена одлуката.

Оправдувањето на причините заради кои е донесена конкретна

одлука по конкретно барање, понекогаш претпоставува да се даде

образложение зошто се прифаќаат аргументите на едната странка, а

зошто на другата спротивните аргументи не се прифаќаат.

При образложението за причините заради кои не се прифаќаат

одредени аргументи, судската одлука треба само да ги објасни

причините, без да се употребат зборови со “негативен тон“.

Судската пресуда не смее да биде предмет на омаловажување на

мислењето на странките или на мислењето на повисокиот, односно на

понискиот суд.Затоа судијата треба да настојува да го објасни својот

став, а да го избегнува побивањето аргументи на странките.

Судиското мислење не смее да го “напаѓа“ мислењето на

знаењето на адвокатот на странката, ниту да го критизира, затоа што се

разликува од неговото.

Така напишаната пресуда, отвара поле на непрофесионален

однос на судијата и поле за “лични пресметки“, при што вистинските

причини стануваат споредни причини заради кои е донесена одлуката.

Со цел да се нагласат поедини заклучоци, судиите

неретко користат различни фонтови на букви, големина на букви

или нивно задебелување, мислејќи дека на тој начин повеќе го

истакнуваат значењето на одлуката.

Наместо судијата да се потпре на разноликоста на

фонтовите и останатите технички предности, се препорачува да

се избегне нивното користење, а при пишувањето повеќе да се

внимава на редоследот на зборовите кои треба да бидат израз на

концентрација на мислата, след која треба да се разбере

причината заради која барањата на странките се усвојуваат или

одбиваат.

Судијата треба личните чувства при пишувањето на

пресудата да ги остави на страна, да избегнува да користи

придавки, освен ако со неа треба да се пренесе

информација важна за одлуката.

Судската одлука не смее да биде средство за

изразување емоции, без оглед на тоа дали се работи за

негативни, или позитивни, или изразување симпатии

спрема некоја од странките.

Така напишано образложение на пресуда, ја

доведува во сомневање објективноста на судијата од

странката која не успеала во парницата, независно од тоа

што донесената одлука е законита.

Не ретко се случува одредени судии при пишување

на образложението да употребат “ помпезни“ изрази, или

апстрактни фрази.Судијата мора да биде внимателен во

нивното користење, бидејќи од него не се очекува

користење на изрази полни со “звучни фрази“ кои можат да

го одведат во состојба до комичност.Затоа наместо

“накитени“ и неразбирливи изрази подобро е само јасно и

скромно да се изнесе тоа што е потребно.

Иако хуморот понекогаш е “лековит“, нему не му е

местото во судските одлуки. Така напишаната пресуда не

само што влијае на впечатокот кој ќе го понесе странката

што ја изгубила парницата, туку и на онаа која успеала во

парницата.

Со пишувањето, мислата ја правиме видлива.

Способноста на изразување во пишана форма е исклучително важна за

судиската функција, бидејќи таа е дел од патот по кој се доаѓа до целта,

заради која странката ја води парницата.

На оваа значајна алатка на правната професија, веројатно треба да и се даде

поголемо значење како би можеле избраните судии и кандидати за идни

судии да бидат спремни за практичните предизвици што ги очекуваат во

фазата на пишување на судски одлуки.

Да пишуваме со едноставен македонски јазик, бидејќи и најсложените мисли

можат да се изразат едноставно за да можеме да бидеме сигурни дека

напишаното ќе биде разбирливо на секој читател, односно странка за чии

права се одлучува.

„Во идеален случај, судиското пишување е строго пишување. За

да го зацврстиме својот стил, да се обидеме да исфрлиме

¼(една четвртина) од секоја реченица во нашиот прв нацрт.”

„ Тоа што го пишуваме треба нас да ни се допадне. Независно од

процентот на потврдени пресуди и добри критики, секогаш треба

одново да дадеме се од себе при пишување на секоја следна

одлука.“

“Кога познат архитект бил запрашан во неговата 76-та година,

која зграда му е најубаво проектирана, тој без размислување

одговорил -следната.“

( Извадоци од трудот “Начин на пишување на првостепени пресуди во парнична

постапка“ на авторот Кристина Саганиќ, судија во Трговскиот суд во Риека)

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

“ПАВЕЛ ШАТЕВ“-Скопје

Б Л А Г О Д А Р А М !

Судија Лидија Димова

Основен суд Велес

[email protected]

www.osveles.mk