Македонска Ризница 37

40
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА 37 АВГУСТ 2015 ГОДИНА ISSN: 1857-8314

Upload: -

Post on 23-Jul-2016

227 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Македонска Ризница, бр. 37,август 2015 година

TRANSCRIPT

Page 1: Македонска Ризница 37

1

Македонска Ризница , бр. 37

МАК

ЕДО

НСК

АРИ

ЗНИ

ЦА

37

АВ

ГУСТ

201

5 ГО

ДИ

НА

IS

SN: 1

857-

8314

Page 2: Македонска Ризница 37

2 3

Почитувани читатели, во далечната 1899 год. апостолот на македонската револуционерна организација Дамјан Груев рекол:

... „Ние не се интересираме кој каков е, ние сакаме да се работи за ослободувањето на Македонија. Кога таа ќе се ослободи делете се како што сакате. Дотогаш сите имаме една вера, една идеја, една народност - а тоа е да бидеме борци за Македонија “...

Воспитани во духот на борците кои го положиле својот живот за слободна Македонија, ние нашата кауза ја остваруваме преку овие страници. Од првиот број изминаа три години, во кои преку секој еден број ја негуваме македонската историографија, фолкор, традиција, но не ги забораваме и уметничките вредности на нашиот народ.

Во името на членовите на редакцијата им се заблагодарувам на сите соработници кои придонесоа да ја прославиме тригодишнината од нашето постоење и им благодариме на читателите за поддршката која се зголемува од број во број.

Пред вас е триесет и седмиот број од списанието „Македонска Ризница“ кој се надеваме дека ќе ви понуди пријатни мигови.

Со почит, БЛАГОЈЧЕ АНДОНОВ

Македонска Ризница број 37

август 2015 година

Главен уредник:Благојче Андонов

Редакција: Гоце Панговски

Соработници: Билјана БогданоскаВладо ЈаневскиИгор Јовчевски Никола АнѓелкоскиВесна Ничевска СаравиноваДавор ДрамиќанинБорче К. ИлијоскиАндреј МаневНикола ТемковКирси СалоненЈована Велинова Издавач и дизајн: Александар Стеванов

Page 3: Македонска Ризница 37

3

Македонска Ризница , бр. 37

Во овој број ќе читате:

ЦРТЕЖИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА НА ЕТЈЕН АНДРЕ ВАЛЕНТИНАлександар Стеванов ............................................................................................................................................ 04

ПТИЧЈИТЕ ЈАЈЦА И ГНЕЗДАБилјана Богданоска .............................................................................................................................................. 10

СВЕТОТ НА БРОМО - СТРИПВладо Јаневски ..................................................................................................................................................... 15

НИКОЛА КАРЕВ - ИЛУСТРАЦИЈАИгор Јовчевски ...................................................................................................................................................... 16

МИШЕ РАЗВИГОРОВ - ПОРТРЕТ КАРИКАТУРАНикола Анѓелкоски .............................................................................................................................................. 17

ЦИТАТ - АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. МИХАИЛ Редакција .............................................................................................................................................................. 18

ИНТЕРВЈУ СО СТРИП-АВТОРОТ АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ Гоце Панговски .................................................................................................................................................... 20

Page 4: Македонска Ризница 37

4 5

тјен Андре Валентин (Étienne André Valentin, 1893-1940) е француски сликар роден во уметничка фамилија на 20 јануари 1893 година, во Париз Франција. Тој е внук на скулпторот и архитект Жан Мари Валентин (Jean Marie Valentin, 1823-1896), а син на професорот по цртање и вајање Алфред Валентин (Alfred Valentin, 1862-1928). Како дваесетгодишник и самиот Етјен Андре Валентин

посетува уметничко училиште во Париз, за веќе истата година, во ноември 1913, да биде регрутиран за отслужување на воената служба, непосредно пред почетокот на Првата светска војна.1

1 “E.-A. VALENTIN au Centre AiméCésaire de Rennes”, www.aquarelle-en-voyage.com, 1 септември 2011 година

ЦРТЕЖИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

НА ЕТЈЕН АНДРЕ ВАЛЕНТИН

Автор:

АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ

Е

Page 5: Македонска Ризница 37

5

Македонска Ризница , бр. 37

Како дел од артилериски полк во француската армија, откако војувал во повеќе други делови од Европа, во 1918 година војникот Валентин поминал и низ македонскиот фронт, односно Битолско.Покрај војничките задолженија, користејќи молив, а понекогаш и пастелни бои, овде тој направил значајна збирка цртежи со мотиви од поднебјето.На цртежите направени за време на неговиот престој во Македонија, претставени се повеќе места како што се Битола, која во тоа време била позната како Монастир и селата Мегленци, Бач и Броди, а на дел од нив можат да се видат и живописните македонски народни носии. Еден од овие цртежи, на кој што е претставена жена во народна носија, самиот автор, кој во тоа време имал 25 години, го означил со називот „Македонска жена“ (Femme Macedoine), со што јасно ставил до знаење која е земјата во која престојувал, и покрај тоа што истата во тоа време не постоела како држава, односно какво била етничката припадност на населението кое што живеело во неа.

Етјен Андре Валентин, познат како „уметникот од фронтот“, ја преживеал Големата војна, но за време на повеќегодишната воена служба неговото здравје сериозно било влошено. Откако бил демобилизиран, во 1919 година, се вратил во Франција, односно Бретањa, прво во Витре, а потоа во Рен, каде што подолго време се лекувал од туберкулоза. Во 1940 година во Рен, на 47-годишна возраст тој починал. Неговите цртежи, како семејно наследство, денес се чуваат во Долна Нормандија во домот на неговата внука Нели (Nelly Valentin, 8 март 1950) и нејзиниот сопруг. Тие ја имаат посетено Македонија, односно Битола и околните

села каде што пред повеќе од половина век престојувал војникот Валентин, а имаат донесено и копии од неговите слики, кои можат да се видат во спомен-собата на француските гробишта.2

2 „Валентин го гранатирал македонскиот фронт, но и ги нацртал старите улици на Битола, Мегленци, Бач...“, Дневник, 1 мај 2015 година

Page 6: Македонска Ризница 37

6 7

Page 7: Македонска Ризница 37

7

Македонска Ризница , бр. 37

Page 8: Македонска Ризница 37

8 9

Page 9: Македонска Ризница 37

9

Македонска Ризница , бр. 37

Page 10: Македонска Ризница 37

10 11

ид ѕидосан, вар варосан, нигде ѕирка ни проѕирка“. Ова е нашата најпозната и најупотребувана гатанка. А нејзиниот одговор сите го знаеме, тоа е: јајце! Дека животот на луѓето е тесно поврзан со птиците и јајцето, доказ се најстарите и најраспространети митови за создавањето на животот на земјата - митовите за космичкото јајце. Во некои од нив, тоа јајце е

донесено од змија, но многу почесто е донесено од огромна птица. Имено, според тие најстари митови, создавањето започнало во хаосот (нередот), каде било доведено космичкото јајце од кое се создало моќно суштество кое со силата на мислата и здивот ја родило светлината, а потоа и другите космогенички форми - ѕвездите, сонцето и месечината.

ПТИЧЈИТЕ ЈАЈЦА И ГНЕЗДА

Автор:

БИЛЈАНА БОГДАНОСКА

„Ѕ

Page 11: Македонска Ризница 37

11

Македонска Ризница , бр. 37

Јајцето во светската симболика го означува потеклото, раѓањето, постоењето. Во подоцнежните митови се развиле и проширените значења на јајцето. Како на пример, птицата феникс, која изгорува и умира, но повторно се раѓа од сопственото јајце - јасно ја симболизира бесмртноста, односно, повторното раѓање. Истата симболика јајцето ја има и во христијанството. На Велигден, јајцата го означуваат повторното раѓање, воскреснувањето на Исус.

Јајцето е плод на размножувањето кај птиците. Тие не се размножуваат преку целата година, туку се сезонски размножувачи, односно, обично на пролет започнува нивната сезона на парење. Тогаш мажјаците со своето пеење ги привлекуваат женките, но во своето додворување, освен пеењето вклучуваат и многу „лудории“ за да ја придобијат нивната љубов. Тогаш ним пердувите им се најсјајни, најшарени, највпечатливи, а често им израснуваат и разни гриви, цуцулки, опашки. Тогаш тие скокаат, високо летаат, силно се стрмоглавуваат, трчаат во круг, ја означуваат својата територија, градат најинтересни, па и многубројни гнезда, ловат и ја хранат женката, сè додека таа не „падне“ на нивниот шарм. Многу често, откако ќе се спарат, двете птици остануваат заедно за цел живот или барем за време на таа сезона. Помалите птици немаат време за моногамност, па тие почесто ги менуваат партнерите.

Градењето гнездо е следната важна задача за парот. Луѓето вообичаено го сфаќаат гнездото како дом, место каде живеат птиците, но тоа не е така. Гнездото е место каде се инкубираат јајцата и се израснува потомството. Освен кај ретки исклучоци, истото гнездо не се користи повеќе пати. За секое ново легло, птиците си градат и ново гнездо. Тие спијат скриени во гранките, меѓу листовите, во густите грмушки, а гнездото го употребуваат

исклучиво за несење јајца. Пилињата што ќе се излегнат, кај птиците што живеат крај вода уште од првиот ден се способни самостојно да се движат и суштествуваат. Летањето го учат малку подоцна, но одлично пливаат и веднаш одат. Кај другите птици, осамостојувањето трае подолго. Мајката ги грее пилињата сè додека тие не се оперјат целосно и не пораснат доволно за да можат самостојно да летаат и да се хранат. Па затоа и гнездата на птиците многу се разликуваат. Птиците чии пилиња немаат потреба подолго да се задржуваат во гнездото, имаат гнездо што речиси и не личи на гнездо. Тоа се само некои расфрлани гранчиња, камчиња и песок што служат за маскирање на сличните по боја јајца.

Ние секогаш очекуваме птичјото гнездо да биде некаде горе, високо. Да, зашто тие гнезда полесно се забележуваат. Но, многу почесто гнездата на птиците се наоѓаат близу земја, во ниски грмушки или сосема на земја, во дупки и пукнатини, меѓу карпи, издлабени камења или дрвја.

Македонскиот народен мудрец ни ја пренел претставата за градењето гнезда и кој е вистинскиот мајстор за тоа. Во народната приказна запишана од Марко Цепенков „Ластојцата, орелот, штркот, страчката и гугутката“ е пренесена умешноста на птиците за градење гнезда. Во неа јасно се издвојува ластовичката како најголем мајстор - градител. Таа го наоѓа најубавото засолнето место и од сонце и од ветер, а потоа со многу трпение и труд, со кал и тревки го ткае своето гнездо. Сите птици ѝ завидуваат на мајсторијата и сите бараат да научат од неа, но ниедна нема трпение за тоа. Во приказната преку уката на ластовичката ги дознаваме карактеристиките на другите птици, но и формите на гнездата што ги создаваат. Прво дошол орелот и кога видел дека треба кал да става во устата и седалото да му биде на толку скришно место без сонце и дожд, веднаш се откажал и си зел суви

Page 12: Македонска Ризница 37

12 13

прачки, па си го направил гнездото на највисоката карпа. На штркот му се згнасило кога слушнал за калта во уста, па и не ја дослушал ластовицата и си зел и тој суви гранчиња, а гнездото го сместил на висока ела. И страчката била згрозена од калта и барањето тревки во бари, па си го направила седалото со прачки на врвот од висока топола. На крајот дошла и гугутката, кога веќе сите птици си ги направиле своите гнезда. Откако слушнала како се прави убаво гнездо, тргнала до своето место, но по патот се запеала со други птици и заборавила. Три-четирипати се понавраќала гугутката да прашува и секогаш заборавала забавувајќи се по патот со свои работи. На крајот, кога дошло времето, на еден камен, ставила надве-натри неколку суви сламки и таму снела 5 јајца, но 3 ѝ се стркалале и скршиле, па извела само 2 пилиња. И ластовичката снела 5 јајца, но во своето убаво, засолнето и цврсто гнездо, ги зачувала и извела сите 5 пилиња.

Голем број орнитолози сметаат дека градбата на гнездото зависи од условите во кои живеат птиците. Најмало е гнездото на колибрито кое е 2 см широко и 2-3 см длабоко, а најголемо на една кокошковидна птица која живее во Австралија (Megapodius freycinet) чие гнездо во дијаметар има 11 метри, а во висина 5. Кога има помалку опасности од разни предатори и опасности од временските услови, птиците не се мачат да си изградат гнездо, туку јајцата ги снесуваат директно на земјата. Постојат повеќе видови гнезда. Овие првите, уште наречени и „гребнатинка“ (птицата само малку загребала по површината на земјата) се слабо заштитени и само малку обградени колку да не се стркалаат јајцата. Но, секогаш се добро камуфлирани и слични во боите и шарите со околината. Вакви гнезда прават ноевите, но и гусковидните (патки, шатки), и некои од кокошковидните, соколовидните, чучурлигите.

Гнездо, каде птицата, исто така, не се мачи многу

при градбата е „шуплина“ (дупка) која може да е природна вдлабнатина во некое дрво или камен, или, пак, издлабена од клукајдрвец. Освен клукајдрвците, во вакви гнезда несат јајца и многу други птици, како врапчињата, сипките, итн. Слично на гнездото-шуплина е „јамата“, но само по тоа што е некаква дупка. Иако може да употреби веќе издлабена дупка од верверица, јазовец, желка или куче, сепак, за да изгради јама, птицата вложува многу труд и умешност. Обично, дупката во земјата на вертикален гребен ја започнуваат со силно удирање со клунот, а потоа со клунот, телото и нозете ја исфрлаат земјата правејќи тунел и мала комора на крајот каде ги положуваат јајцата. Вакви гнезда прават бреговите ластовички, пчеларките, рибарчињата.

Специфичен вид гнездо е „могилата“ која претставува куп земја, гранки и листови, во чија внатрешност се инкубираат снесените јајца, а топлината се создава од компостот. Вакво гнездо прават фламингата.

Најкарактеристични гнезда се оние што птиците ги прават со ткаење на ситни гранчиња, тревки, лишаи и мов, но и тие се разликуваат по својот облик. Наједноставни од овие, се гнездата - „чинија“ и „платформа“, а посложени се „чашка“, „топка“ и „висулец“. Гнездата во форма на чинија и платформа се пошироки и поголеми. Особено големи се платформите кои ги градат штрковите, некои јастреби и орли, или на вода, некои од нуркачите. Овие гнезда се користат повеќе години, а секоја година се додава материјал и се зголемува гнездото.

Типичното гнездо е гнездото во облик на чашка (или затворена чашка - топка), направено од еластични материјали: гранчиња, трева, ливчиња кои се лепат со кал и плунка, за врзивно средство користат и

Page 13: Македонска Ризница 37

13

Македонска Ризница , бр. 37

Фотографијата е преземена од Википедија; Aвтор: Bowenpan

Page 14: Македонска Ризница 37

14 15

пајажина, а однадвор често ги маскираат со мов и лишаи. Најмногу вакви гнезда прават врапчевидните (ластовички, чучурлиги, дроздови, трскари, тресиопашки, итн.). Гнездата висулци се можеби најинтерсените форми, кои се слични на топчестите, но се обесени на некоја гранка.

Понекогаш, птиците заради заштита ги градат своите гнезда многу блиску едно до друго, или, пак, прават големо заедничко гнездо. Најчесто, во вакви колонии се размножуваат морските птици, пингвините, галебите, потоа фламингата, шлуките, но и некои видови ластовички, врапчиња и др.

Плодот на размножувањето што птиците го сместуваат во своето гнездо е јајцето. Тоа е органска форма исфрлено од телото на мајката каде се развива ембрионот. Птичјите јајца се со разни големини и бои, а паровите различно се организираат за нивното инкубирање и чување до создавањето здраво потомство. Од големината на птицата и нејзината долговечност зависи големината и бројот на јајцата што годишно ги снесува. Поголемите и подолговечни птици обично снесуваат само по едно, најмногу две јајца еднаш во годината, а помалите птици, чиј животен век е и многу покус, снесуваат 10, па и до 20 јајца, во едно до две легла годишно.

Познато е дека најголеми јајца несе нојот, тешки околу 1,5 килограм, а најмали колибрито со тежина од половина грам. Во Македонија, најголеми птици се пеликаните (обичниот и кадравиот пеликан), а нивните јајца тежат од 150-200 грама, но иако се малку помали од нив, лебедите несат најголеми јајца, со тежина од 330 до 340 грама (за споредба, кокошкините тежат околу 65 грама). Најмалите јајца ги несат и најмалите птички во Македонија, жолтоглавото и црвеноглавото кралче и палчето. Јајцата на кралчињата не тежат ни цел грам (0,8

грама), а на палчето се малку поголеми и тежат околу 1,3 грама.

Колку и да се големи или мали, родителите целосно му се посветуваат на израснувањето на што поголемо и поздраво потомство. Стрпливо ги инкубираат јајцата со денови, па и месеци, а потоа посветено ги хранат и учат младенчињата за да ги стекнат сите неопходни способности. Само кукавицата не го прави ова. Кукавицата е гнездов паразит. Таа своето јајце може да го чува во телото и до 24 часа, додека не пронајде соодветно - туѓо гнездо каде ќе го снесе. Мажјакот помага во измамата преправајќи се дека е јастреб за да ги оддалечи родителите од гнездото што се инкубира, а женката, многу спретно го снесува јајцето кое е често многу поголемо од домаќинските јајца, но слично по боја и шари. Таа, ако има доволно време, исфрла едно јајце од гнездото, за мајката-домаќин да не забележи дека нешто се сменило. Малите на кукавицата се изведуваат порано од другите пилиња и имаат инстинкт да ги турнат другите јајца од гнездото. Понекогаш, птицата-домаќин е многу поситна од кукавицата и „родителот“ на малото кукавиче треба да работи многу напорно за да го исхрани гигантското бебе, мислејќи го за свое. На возраст од 14 дена пилето е трипати поголемо од родителот, кој најчесто е обично попче, ливадска треперка или трскар рогозар.

Но, кукавицата е само исклучок, зашто сите останати птици, тие наши украси на небото, се исклучително добри родители. Затоа, не е случајно што гнездото е симбол на топлиот дом, на семејството, и што во македонскиот јазик фразеологизмот „да свие гнездо“ значи токму тоа - создавање дом и семејство.

Page 15: Македонска Ризница 37

15

Македонска Ризница , бр. 37

СВЕТОТ НА БРОМО Автор: Владо Јаневски

Page 16: Македонска Ризница 37

16 17

НИКОЛА КАРЕВ Автор: Игор Јовчевски

Page 17: Македонска Ризница 37

17

Македонска Ризница , бр. 37

МИШЕ РАЗВИГОРОВ

Македонски револуционер

(1873-1907)

Портрет карикатура, молив во боја на

хартија

Никола Анѓелкоски

Page 18: Македонска Ризница 37

18 19

„МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ТРЕБА ДА БИДЕ СЕКАДЕ ЗАЕДНО И НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ДЕЛИ. НЀ ДЕЛЕЛЕ ВО МИНАТОТО НАШИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ ЗА ДА МОЖАТ ПОЛЕСНО ДА ВЛАДЕАТ СО НАС, А СЕГА Е ВРЕМЕ КОГА СЕКОЈА МАКЕДОНСКА ДУША, СТАР ИЛИ МЛАД МАКЕДОНЕЦ И ДЕТЕНЦЕ, ТРЕБА ДА БИДЕМЕ СИТЕ СОБРАНИ ВО ЕДНО, ЕДИНСТВЕНИ, И НА ТОЈ НАЧИН ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ НАВИСТИНА ЗРЕЛИ ЗА СЛОБОДЕН И САМОСТОЕН ДРЖАВЕН И ЦРКОВЕН ЖИВОТ.“

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил (20 мај 1912, Ново Село, Штип– 6 јули 1999, Скопје),

четврти архиепископ на Македонската Православна Црква по нејзиното обновување.

Page 19: Македонска Ризница 37

19

Македонска Ризница , бр. 37

Page 20: Македонска Ризница 37

20 21

лександар Стеванов е еден од основачите на „Македонска Ризница“, дефинитивно се вбројува меѓу највредните „Ризничари“, и во сега веќе три-годишното постоење на нашето електронско списание има статус на негов издавач. Во виртуелнава и дигитална стварност во која денес живееме неговата творечка дарба се изразува на разни полиња и преку различни изразни форми,

и како резултат на посветеноста и неуморната работа неговото присуство и влијание во интернет просторот е многу пошироко. Преку својот блог „Интернет Македонец“ тој е еден од најпознатите и најчитани македонски блогери. Покрај другите изразни форми тој одамна се бави и со стрип, или со т.н. „деветта уметност“. Поводот за ова интервју е признанието за најдобар стрип сценарист што тој

ИНТЕРВЈУ СО СТРИП-АВТОРОТ

АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ

Автор:

ГОЦЕ ПАНГОВСКИ

А

Page 21: Македонска Ризница 37

21

Македонска Ризница , бр. 37

го доби на 17-та Балканска смотра на млади стрип автори што се одржа од 26 до 28 јуни, 2015 година, во Лесковац, Србија.

1. Од кога датира твојот интерес за стриповите и кога активно почнуваш да создаваш стрипови?

Стриповите ги засакав уште од предучилишна возраст, кога дури не знаев да читам, барем не букви. Во маалото во кое, во тоа време, живеев немаше деца на моја возраст, па на некој начин верен пријател пронајдов во стриповите. Редовната посета на локалниот киоск, пак, за мене претставуваше ништо помалку од своевиден ритуал и авантуара. Подоцна, откако тргнав на училиште, почнав и да цртам стрипчиња со ликови од анимираните филмови, но тоа се сведуваше само на детска игра и импресионирање на другарчињата.

Посериозно со стрип се бавам од 2010 година, откако ја запознав илустраторката Весна Ничевска Саравинова од Скопје. Не дека и претходно не бев запишувал синопсиси и не бев правел обиди за пишување на сценарија за стрипови, но сето тоа беше прилично несмасно, неразработено, почнато и оставено за некои идни времиња и повеќе начкрабано, одошто напишано. Се сеќавам дека за првиот стрип кој што го направивме заедно, иако пристапот и методологијата при креирањето не ни беа на најзавидно ниво, сепак резултатот беше добар и истата година за тоа дело освоивме специјална награда на Стрип Салонот во Велес.

Со Весна досега имаме направено 6-7 кратки стрипа од кои, покрај првиот, за уште еден имаме освоено награда. Нашата соработка продолжи и до ден денес, а покрај стрип-соработници сме и добри пријатели. Моментално, по околу две

годишна пауза, ја продолжуваме работата на еден алтернативен стрип од петнаесетина страници, со работен наслов „Космогонија“, кој веќе до половина е завршен.

Соработката со Александар ја започнавме случајно, запознавајќи се на интернет, се разбира какопочитувачи на стрип уметноста. Соработката настана откако дознав дека пишува сценарија, па се решив да пробам да нацртам стрип по негово сценарио. Почнавме да праќаме дела по стрип фестивали, имавме и заеднички успеси и учества, па нашата соработка се разви и во блиско пријателство. Александар е темелен, аналитичен и одговорен, автор кој постојано еволуира и експериментира и е прекрасна личност.

>>>

Page 22: Македонска Ризница 37

22 23

Стр

ипот

“Yea

r 0“,

одно

сно

„Год

ина

0“,

созд

аден

во

2010

годи

на, д

обит

ник

на

спец

ијал

на н

агра

да н

а С

трип

сал

онот

во

Веле

с.

Page 23: Македонска Ризница 37

23

Македонска Ризница , бр. 37

Page 24: Македонска Ризница 37

24 25

2. Бидејќи имаш правено и само сценарија врз основа на кои други цртачи создавале стрип, но и самиот имаш цртано свои стрипови, дали претпочиташ да си стрип сценарист или цртач? Или себеси се доживуваш и како комплетен стрип автор?

Кога би можел да бирам би бил само стрип сценарист. Тоа е она што најмногу ме привлекува и за кое што сметам дека сум доволно добар за да го правам, заедно со летерингот. Сепак прва љубов ми е цртањето. Цртам уште од 3-4 годишна возраст. Се сеќавам и на првиот цртеж кој што го направив на панталоните од дедо ми. Во основно училиште бев активен член на ликовната секција, а бев избран и за претставник на училиштето за дисциплина сликање, на натпевар на државно ниво. Сум учествувал и на повеќе локални и интернационални фестивали и натпревари за сликање и цртање, но без некој поголем успех.

Но да се вратам на твоето прашање, сите стрипови на кои сум комплетен автор, настанале случајно и првенствено биле планирани за друг илустратор кој што или немал интерес или пак во меѓувреме ја откажал соработката поради некои причини. На некој начин, овие стрипови настанале поради немајкаде и по игра на случајност, а не поради свесен избор. Па сепак мило ми е дека излегло така. Понекогаш маката, покрај лошото, ќе му донесе на човека и убави нешта, во конкретниот случај ме потсети на мојата прва љубов цртањето, кому му се навратив, по можеби десетгодишна апстиненција.

Предноста да се биде комплетен автор е во имањето целосна контрола на секој еден сегмент од стрипот. Кога сам цртам, работата во пишувањето ми е многу олеснета, па сценаријата се максимално скратени и се состојат првенствено од дијалозите и распоредот на панелите со по една реченица опис за секоја сцена. Но во едни такви услови човек се соочува и со своите недостатоци и неможноста да ги реализира замислените идеи и планови поради ограничените можности. А да не беше еден таков недостаток, веројатно јас и далеку поактивно ќе цртав стрипови.

Во светот на професиналниот стрип постои едно правило кое вели: илустраторот мора секогаш на време да ги завршува и доставува стрип таблите, а ако знае да црта добро, тоа е само предност. За жал јас сум ужасно бавен. Бавно цртам не само за професионални, туку и за било какви стандарди.

3. Ќе сакаш ли од твоја гледна точка да ни го објасниш целиот процес на создавање на еден стрип, од првична идеја до краен производ?

Како и за повеќето други уметнички дела, најпрво се раѓа идејата. Долго време сметав дека идејата,

>>>

Со него планираме да завршиме уште еден експериментален стрип со надеж дека и ќе го издадеме и секако соработката ќе ја продолжиме на различни начини, секој придонесувајќи по нешто во одреден проект.

Весна Ничевска Саравинова,стрип-авторка

Page 25: Македонска Ризница 37

25

Македонска Ризница , бр. 37

доколку е доволно добра, претставува веќе половина изоден пат, сѐ додека за прв пат не седнав да пишувам. Дури тогаш се уверив дека идејата е ништо повеќе од само битниот прв чекор, по кој што следува долго и макотрпно патешествие. Без идеја делото не би постоело, но сама по себе, доколку не се реализира, таа практично не вреди ништо.

Откако веќе постои идеја која би претставувала стабилен темел на она што во иднина ќе биде стрип или барем стрип сценарио, следува пишувањето на синопсис, односно кратка верзија на приказната, а потоа и опис на ликовите, при што се води сметка за нивните карактери, мотиви итн. Исто така се определува и опкружувањето, односно средината во која што дејствието се случува. Ако станува збор за подолг стрип практично е да се направи хронологија на сцените, како би било попрегледно, а воедно би се олеснила и понатамошната работа. Понекогаш се јавува и потреба од темелни истражувања, кои не завршуваат бргу.

Пред извесно време напишав сценарио во кое протагонист е каубој пустиник од крајот на 19 и почетокот на 20 век, при што неопходно беше да научам какви видови оружја и униформи се користеле во тој период и да исчитам неколку стручни книги за американската армија од тој период. Можеше да напишам дека каубојот има револвер и да завршам со тоа, но така, само би го избегнал проблемот наместо да го решам, следователно наместо да му олеснам, само би му префрлил дел од товарот на илустраторот.

Дури откако ќе се заврши со сето она што го набројав погоре, следува работата на сценариото. Се пишува прва верзија, која потоа безмилосно се ревидира повеќе пати, при што се додаваат нови

Креирање стрип... Хммм... Мене ми е многу олеснета

оваа работа, затоа што сум другар со повеќето цртачи, ги знам нивните стилови, па и карактери, нивниот процес на работа.

Најчесто се трудам да добијат детално сценарио

за секоја табла, за секој панел, но секогаш оставам простор и самите да додадат свој шмек во приказната. Кога би го поминале делот со разговор за сценариото, најчесто добивам груби скици со нивна замисла како би изгледале таблите, битен процес во кој би направиле измени, пред да се започне со финалното цртање. Бидејќи повеќе го работиме стрипот од ентузијазам, немам навика да враќам веќе нацртани табли, па во овие 12 години, само една табла е сменета од стартната замисла. Доколку стрипот е замислен во боја, следи таа фаза, и на крај е вметнувањето балончиња со текст.

>>>

Page 26: Македонска Ризница 37

26 27

елементи и се бришат некои кои се покажале како излишни.

Во македонски услови, колку што следам, стриповите обично имаат до двајца автори – сценарист и илустратор. Па откако сценариото ќе биде целосно завршено палката се предава

во рацете на илустраторот кој го довршува започнатото и од зборовите создава слики кои се читаат. Во издавачките куќи во САД, на пример, ситуацијата е поразлична. Таму, под раководство на барем еден уредник, работат повеќемина автори со строго поделени улоги за: сценарио, цртање со молив, туширање, боење и летеринг, односно впишување на текстот.

На крајот на краиштата, во аматерскиот стрип, не постои некој ултимативен правилник или канон кој мора дословно да се почитува и сѐ се сведува на разговори и договори меѓу авторите. Различни автори имаат различни пристапи. Создавањето стрип колку што претставува раководење по одредана методологија и логичка последователност, толку е и состојба на контролиран хаос.

4. Каде македонските стрип-автори ги објавуваат своите стрипови?

Во Македонија, колку што јас знам, има две списанија за стрип. Првото е „Креатор“, во издание на „Стрип центарот на Македонија“, кое постои од 2003 година. Неодамна во продажба излезе 21 (и 22) број од ова списание во кое што можат да се видат стрипови и од македонски автори, кои учествуваа на минатогодишниот Интернационален салон на стрип во Велес. Второто македонско списание за стрип е на здружението „Макстрипови“ и се вика „Синдром“. Негов уредник е Давор Драмиќанин, а првиот број на ова списание со одличен дизајн, печатено на висококвалитетна хартија, се појави во 2010 година. Првовремено тоа излегуваше во ритам два броја годишно, но ми се чини дека во последно време темпото значително е забавено.

Во деведесетите години на минатиот век и во првите години од овој век постоеја повеќе стрип списанија, како што се „Макстрип“, „Лифт“, „Клик“,

>>>

Последен чекор е споделувањето на готовиот стрип до јавноста, пошто стрипот не се работи само за свој мерак и не му е местото во фиока. Тука доаѓа делот со објавување во магазини, албуми или каква и да е друга форма (интернет промоции и сл.) И ако е краток стрип, праќање по фестивали, изложби, смотри и салони. Со самото учество авторот добива на искуство, на нови познанства и контакти. Доколку се работи стрип, мора да се најде начин како твоето дело да стигне до што повеќе публика, која самата си одредува дали ќе го бендиса и прифати, тука веќе авторите немаат влијание, но останува надежта дека ќе биде позитивно прифатено.

Давор Драмиќанин,стрип-автор

Page 27: Македонска Ризница 37

27

Македонска Ризница , бр. 37

„СтрипАрт“, „Стрип Експрес“, „Тотем“, од кои дел имаа многу краток век, а за жал денес не излегува ниедно од нив. Во едни такви услови на мал број домашни стрип списанија, македонските стрип-автори објавуваат и во странство. На пример во последниот број на „Парабелум“, списание од Република Српска (Босна и Херцеговина), објавени беа неколку стрипа на македонските автори: Дарко Богданов, Јордан Коцевски, Јованчо Секулоски, како и стрип во чие што создавање учествувавме јас и Весна Ничевска Саравинова.

Некои од македонските стрип-автори своите дела првенствено ги објавуваат на Интернет просторот, односно на своите блогови, по интернет портали, форуми исл. Тука би го спомнал Владо Јаневски, чии што стрипови со „Мачорот Бромо“, покрај на неговиот блог, редовно беа објавувани и во ова е-списание, во првите неколку броја, а соработката се продолжи и во овој број, со објавување на нова стрип-епизода од авантурите на неговиот мачор. Ист е случајот и со Дарко Ристевски кој што своите морбидно-хумористични стрип-ленти „Зајакс“ ги објавува на повеќе интернет локации, меѓу кои и форумот „Макстрип“, на кој што повремено се објавуваат и стрип-лентите „Кромаг“, „Пеколот“ и „Змејска градинка“.

Други автори, пак, се ангажирани да работат на стрипови кои се објавуваат во весници и списанија неспецијализирани за стрип. Таков е случајот со Стевац чиј што стрип „Батиња“, на неколку страници, се објавува во секој број од магазинот „Фокус“. Сличен е случајот и со стрип-лентите „Пусто турско“ на авторот Дарко Ристевски и „Пецко“ на Дарко Марковиќ, кои се објавуваат во дневните весници, а исто така во дневен весник објавувана беше и стрип-лентата за песот „Петко“ на авторот познат како Тхе Мичо.

Стрипоман - човек што има манијакална страст за

собирање и читање стрипови. Категорија на луѓе која не одбира средства да дојде до стрип. Ова е еден посебен

вид, лесно забележлив во минатотo, висеа по

трафиките чекајќи го нивниот број, разменуваа стрипови, собираа денарче по денарче, само да имаат и да не пропуштат број. Се раскажуваат приказните за колекционери во чии домови, наместо мебел има стрипови. Стрипоманот има истенчен осет за мирисот на хартијата. Кога ќе земе стрип, најпрво го мириса, да оцени дали и колку олово има во печатот. Тој мирис на хартија, едноставно ги опива, не можат без него. Посебна е негата на овие луѓе кон стриповите. Ги читаат еднаш, внимателно, да не ги прекршат многу, да не се извитка или не дај боже да се оштети.

Борче К. Илијоски, стрип-колекционер

Page 28: Македонска Ризница 37

28 29

Две,

од

вкуп

но п

етте

, таб

ли о

д на

град

енио

т ст

рип

„Вис

тинс

ка љ

убов

“ (T

rue

love

), со

здад

ен в

о ко

авто

рств

о со

ф

инск

ата

илус

трат

орка

Кир

си С

алон

ен.

Page 29: Македонска Ризница 37

29

Македонска Ризница , бр. 37

Page 30: Македонска Ризница 37

30 31

Сум забележал дека стрип има и во списанието за деца „Смешко“ илустрирано од Игор Јовчевски, а колку што знам и Здравко Гиров е автор на стрип-лента која се објавува во младинското списание „Наш Свет“.

Има стрип-автори кои што своите стрипови ги објавуваат и во засебни изданија, без оглед дали се работи за стрип-албуми или пак за збирки со кратки стрипови. Овде би го спомнал стрип-авторот Дарко Богданов од Виница кој досега, без помош од издавачка куќа, има реализирано два стрип- албума. Првиот е „Modus Vivendi“ на кој е самостоен автор, а вториот „Мрак, хумор, тишина“, кој беше објавен минатата година, го реализираше заедно со стрип сценаристот Јордан Коцевски од Охрид, а вклучени беа и неколкумина други домашни стрип автори. Минатата година објавена беше стрип-антологијата „Различни светови“ на авторот Никола Темков, во издание на „Стрип квадрат“, издавачка куќа зад која што покрај самиот Темков стои и стрип авторот Игор Јовчевски.

На почетокот од годинава објавени беа стрип-албумите „Чуварите на вечната светлина“, на авторот Игор Јовчевски, и стрип-албумот „Ајвармен“ на тандемот Драмиќанин - Јовчевски, обата во издание на „Стрип квадрат“. Објавен беше и стрип-албумот „Копиљ“ на Горан Дачев, како и „Стрип алманах“ во издание на „Стрип центар на Македонија“ во кој што се застапени кратки стрипови на повеќе илустратори, сите цртани по сценарија на Ване Трајков. Исто така во издание на „Стрип центар на Македонија“ објавен беше и албумот „Итар Пејо“, на доајенот на македонскиот стрип, Диме Иванов – Димано. Стрип-албум на Димано беше објавен и претходната година, се работи за албумот „Војдан“, во издание на „Стрип Квадрат“. Имаше и неколку некомерцијални издание кои беа делени по школите.

Овде би сакал да кажам дека има македонски стрип-автори и илустратори кои првенствено работат за странски издавачи, како што е на пример Александар Сотировски. Пред неколку месеци стрипот „Капетан Нитрат“, на кој што тој се потпишува како илустратор, во делови беше објавуван во култниот „Политикин забавник“, но објавен беше и во целост, како луксузно тврдоукоричено издание. За поздрав е и активноста на шкотската издавачка куќа “Komic Brew”, чиј што креативен тим речиси целосно е составен од стрип автори од Македонија, предводени од Гоце Цветановски.

5. Кажи ни нешто повеќе за стрипот за кој ја доби наградата во Лесковац, како и за самата смотра?

Балканската смотра на млади стрип-автори, која оваа година од 26 до 28 јуни се одржа во Лесковац, Србија, е најстариот, а веројатно и најпрестижниот, стрип фестивал во регионот. Организатори, на оваа веќе светски позната манифестација од сферата не деветата уметност, се Лесковачкиот културен центар и училиштето за стрип „Никола Митровиќ - Кокан“. Годинава, на седумнаесеттата по ред Балканската смотра на млади стрип-автори, срушени беа неколку рекорди, меѓу кои и оној за најголем број на учесници на наградниот конкурс. Имено, на конкурсот учество зедоа 1709 автори, од вкупно 36 земји во светот. Според ова на манифестацијата срушен беше не само нејзиниот минатогодишен рекорд за масовност, туку, според српските медиуми, и истиот овој рекорд во светски рамки, кога се во прашање стрип фестивалите.

Како што спомнав на конкурсот учество зедоа автори од 36 земји, од сите континенти во светот, без Антарктик. Од регионот, покрај домаќините од Србија, свои дела испратија автори од Босна и

Page 31: Македонска Ризница 37

31

Македонска Ризница , бр. 37

Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска, Романија и Словенија. Од Македонија, барем колку што мене ми е познато, годинава со свои дела се претставија 97 стрип-автори и млади таленти, од кои 63 анимирани преку „Стрип центарот на Македонија“ со седиште во Велес. Освен од регионот, на конкурсот на Балканската смотра на млади стрип-автори учествуваа и автори од остатокот од Европа, од земји како што се Белгија, Белорусија, Чешка, Данска, Франција, Финска, Холандија, Италија, Германија, Полска, Португалија, Русија, Шпанија, Шведска, Турција, Велика Британија и Украина. Од остатокот од светот учество зедоа стрип-автори од Аргентина, Австралија, Бразил, Јапонија, Канада, Малави, Канада, Мексико, Сирија, Соединетите Американски Држави и од Уругвај.

Гости на Балканската смотра, пак, беа над 80 светски познати стрип имиња, дел од кои и цртачи на мегапопуларните Бетмен, Конан и Загор, што исто така претставува своевиден рекорд. Од Македонија на Смотрата гостуваа веќе афирмираните стрип автори Дарко Богданов, Јордан Коцевски, Андреј Манев, Никола Темков, Златко Крстевски, Јован Секулоски, Владо Николовски, како и стрип операторот Томе Трајков.

Плакетата „Никола Митровиќ - Кокан“, односно наградата за најдобар стрип сценарист за мене претставува огромна чест, особено ако се знае дека во жири комисијата на фестивалот беа истакнатите и веќе потврдени стрип-автори Марко Стојановиќ, Милорад Вицановиќ Маза и Румен Чаушев. Но исто така претставува и одговорност за продолжување со стрип творештвото. Ако јас се прашувам, оваа награда е потврда не само лично за мене, ами и за Македонија која и покрај тоа што е мала, претставува плодна почва за креативни

Балканската смотра која традиционално се

одржува во Лесковац, ни овој пат не изостана со квалитетни гости и случувања, како од

Балканот, така и од Европа. Разговорите и

дружењето со гостите во една опуштена атмосфера придонесоа барем на нас помладите автори да делува мотивирачки и да ја зголеми нашата желба за творење и креативност. Посебно ми беше драго за наградата за сценарио која ја доби нашиот сонародник Александар Стеванов, со тоа што влезе во низата македонски автори наградени на оваа проминетна манифестација.

Андреј Манев,стрип-автор

Page 32: Македонска Ризница 37

32 33

луѓе и квалитетни стрип-автори. Впрочем повеќе македонски стрип автори имаат освојувано награди на претходните изданија на Балканската смотра

на млади автори, меѓу кои Давор Драмиќанин, Тхе Мичо и Игор Јовчевски.

Стрипот пак, како што кажува неговиот наслов „Вистинска љубов“ претставува љубовна приказна, која ако се проанализира ќе се види дека всушност во неа се крие нешто подлабоко и метафизички. Секако, би требало да спомнам дека ниту наградата, а ниту пак стрипот немаше воопшто да се случат доколку не беше финската илустраторка Кирси Салонен, која што со својот креативен набој и енергија, го преточи моето сценарио во вистинска визуелна поезија.

6. Имаме ли кај нас во Македонија локални и меѓународни собири на кои македонските стрип автори ги прикажуваат своите дела?

Една од ретките стрип манифестации кај нас е Интернационалниот стрип салон Велес, во организација на „Стрип центарот на Македонија“ чиј што директор е Ване Трајков. Годинава Стрип салонот по 13-ти пат ќе се одржи во Велес на средината на месец октомври. Минатата година, меѓу попознатите гости на оваа манифестација беше и стрип-агентот Ервин Рустемагиќ, кому му беше доделено признанието за развој на светскиот стрип. Овде би ја спомнал и изложбата на стрип и илустрации „Фантастика, научна фантастика, митови и легенди“ која минатата година во Битола, во организација на младинската асоцијација ИМКА, се одржа по четврти пат, а се надевам дека традицијата ќе продолжи и оваа година. Постои уште една стрип манифестација, организирана од „Визант“ од Прилеп, но за истата не сум доволно запознаен.

Од време на време ќе се случи и по некоја групна изложба на стрип табли од македонски автори, каква што беше изложбата „Деветтата димензија“

Стрип смотрата во Лесковац е еден голем балкански стрип настан, каде акцентот е ставен на дружењето на авторите. Искуството на постарите и успешни автори, споделено од прва рака на младите таленти е нешто кое не се купува, туку само се пренесува од љубов кон стрипот. Наградата за сценариото на Капетан GR8 дефинитивно ми беше поттик да продолжам со работа на стрип, иако кај нас деветтата уметност е сведена само на хоби. После таа награда, мојот пат околу стрипот ме однесе кон зголемена соработка со повеќе автори, формирање на стрип здружение Макстрипови, издавање на промотивен стрип магазин Синдром, неколку стрип школи, па и последно, издавање на стрип албумот Ајвармен.

Давор Драмиќанин,стрип-автор

Page 33: Македонска Ризница 37

33

Македонска Ризница , бр. 37

што неодамна се одржа во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а во последно време сѐ почесто се случуваат и промоции на стрип-албуми, што особено ме радува.

Но освен на македонско тло дружењето меѓу нашите стрип-автори се одвива и во странство. На пример неколкумина македонски стрип-автори беа гости на годинешнава Балканска стрип смотра во Лесковац, како и на минатогодишниот стрип фестивал во Призрен. Дружбата на добар дел од домашните стрип-автори се одвива и во виртуелниот свет, односно на Инетернет просторот, каде што секојдневно се среќаваат и разменуваат мислења, не само на тема стрип. Едно од тие места е и форумот „Макстрип“ - www.makstrip.com.mk.

7. Колку се бројни македонските стрип-автори и каква е соработката меѓу нив самите, како и со странци во создавањето на нови стрипови?

Најпрво би сакал да објаснам дека домашната стрип сцена, како и стрип чинителите во неа не претставуваат компактна маса или единствен ентитет, па малку е неправедно да се зборува генерализирано. Постои и соработка и несоработка и рамнодушност, од сѐ по малку, а тоа зависи и варира од поединец до поединец, впрочем како и во секоја општествена група во земјава.

Што се однесува до бројноста, и тоа е малку проблематично да се одговори, без притоа да се дефинира терминот „стрип-автор“. Дали стрип-автор е некој кој што создал и само еден стрип или пак мора зад себе да има повеќе стрип дела? И кој е тој утврден број на стрипови над

„Стрип квадрат“, како релативно млада издавачка куќа која

постои година и нешто, успеа да издаде 10 изданија, 6 сликовници и 4 стрип албуми, што и не е така малку, имајќи го

предвид издаваштвото во Македонија. Секако, ова

е само почеток, имаме доста идеи и планови, но сето тоа не зависи

само од нас. Финансиската ситуација е таква каква што е во моментот, и луѓето сè помалку издвојуваат пари за било какво хартиено издание, а многу ретко за стрип. Тие 100-200 луѓе што се љубители на стрипот и онака ќе купуваат стрипови, дури и да ги нема во Македонија, ќе се снајдат и ќе купат од соседните држави или ќе нарачаат од интернет. Нам целта ни е да се создаде една нова генерација на љубители на стрип, кои што нашата заложба за опстојување на стрипот во Македонија ќе ја направат успешна приказна.

Никола Темков,стрип-автор и издавач

Page 34: Македонска Ризница 37

34 35

Две

табл

и од

екс

пери

мент

ални

от с

трип

со

раб

отен

нас

лов

„Кос

мого

нија

“, ра

боте

н во

сор

абот

ка с

о ил

устр

атор

ката

Вес

на

Нич

евск

а С

арав

инов

а.

Page 35: Македонска Ризница 37

35

Македонска Ризница , бр. 37

Page 36: Македонска Ризница 37

36 37

кои што некој слободно би можел да се нарече стрип-автор? Дилема е дали стрип-автор е некој кој професионално се бави со стрип и од тоа заработува за живот или пак за стрип-автор може да се смета и некој кој слободното време, како хоби, си го пополнува со создавање стрипови. Според ова можеби попрагматична и поточна би била поделба на професионалци и стрип-автори аматери; искусни, односно објавувани и стрип-автори почетници; активни и стрип-автори кои со години не создале ново дело итн.

Не постојат официјални податоци околу бројот. Ако се провери на Википедија на македонски јазик, на листата на македонски стрип-автори, ќе се види дека наброени се нешто над 110 автори, дел од кои и починати. Ако истото се провери на

форумот „Макстрип“ ќе се забележи дека во автори се впишани шеесет и петмина, од кои еден (Љупчо Филиповски) починат.

Имам впечаток дека, барем кај нас, „стрип-автор“ е изразено субјективен поим. Има такви кои што ретко спомнуваат дека се стрип-автори, односно дека некогаш создавале стрипови и делуваат како да се срамат од тој дел од нивното творештво. На пример, неодамна запознав човек за кого знам дека пред петнаесетина години има нацртано и објавено пар стрипови во списанието „Лифт“, и кој што изрично ми посочи дека не е и дека не се смета себеси за стрип автор. Од друга страна пак постојат луѓе кои што сѐ уште го држат приматот стрип-автор и како такви повремено даваат изјави во врска со стрип, иако со години не создале ново стриповско дело или барем немале некој позначаен успех на тоа поле.

Во едно скорешно телевизиско интервју, на прашањето околу бројноста на македонските стрип-автори одговорив дека се околу сто, за веднаш потоа да добијам критика дека тој број можеби е малку пренапумпан. Јас сепак и понатаму, по моја субјективна проценка, сметам дека во последнава половина декада, во Македонија има околу сто активни стрип-автори. Во ова ги вбројувам само луѓето за кои знам дека создале стрип и за кои сметам дека оставиле некаков траг од сферата на деветтата уметност, односно се доволно значајни за да се прибележат како стрип-автори. Доколку се бројат и оние кои што нацртале макар и еден стрип, кој што го пратиле на некој фестивал или го објавиле на Интернет или било каде, тогаш бројот би бил драматично повисок.

Но секако, мојот став по ова прашање е субјективен и не задолжително би требало да го прифатите. Без строго утврден и дефиниран термин сето е

Бројката на домашни стрип-автори е малце деликатна да се одреди. Ако се мисли на автори кои го вадат својот леб преку цртање, тогаш е помала од десет. Доколку би ги броеле активните цртачи на кои им е хоби и задоволство цртањето, бројката оди и над триесет (гледано на активни автори кои објавиле краток стрип во последниве години).

Давор Драмиќанин,стрип-автор

Page 37: Македонска Ризница 37

37

Македонска Ризница , бр. 37

прашање на критериум и поимање. На пример, пред извесно време прочитав тврдење дека во Македонија има само тројца вистински стрип-автори, што совршено добро ја покажува суштината на оваа проблематика.

8. За пошироката јавност стрипот беше и во голема мерка сѐ уште подразбира формат на печатена книшка која се прелистува и чита додека се држи во раце. Веќе одамна сме навлезени во т.н. дигитален, виртуелен свет, во којшто многу полесно и побрзо може да се создаваат стрипови, коишто потоа се читаат на компјутерски екрани, таблети, мобилни телефони, итн. Кое е твоето мислење за ова?

Појавата на дигиталниот стрип изврши тектонски пореметувања во поимањето на стрипот кои допрва целосно ќе бидат разбрани, а ја смени и дефиницијата за што е тоа стрип. Па сега, за разлика од порано кога се сметаше дека е смешно корените на стрипот да се бараат пред појавата на печатарската машина, прифатено е дека тој може да е и во друга форма, меѓу кои не само дигитална, односно да не е отпечатен на хартија. Со самото тоа и зачетоците на стрипот се поместија со векови поназад и историјата на стрипот се подели во три епохи.

Нашата генерација е сентиментална кон печатениот стрип и неговото разлистување, а и мене лично поприродно ми е да читам печатен стрип. Па сепак ми се чини дека подемот на дигиталниот стрип никој не може да го сопре. Фактите говорат дека секоја измината година продажбата, односно заработката од дигитални стрипови расте. За илустрација би спомнал дека продажбата на дигитални стрипови во 2014 година имала удел

“True Love” was my third attempt with comics during my career.

The first two I made in col-laboration with a US company Black Halo Entertainments many years ago. Since then I’ve mainly focused on single

illustrations, so when Alek presented the script to me and

explained how the words and pictures could complement each other,

I took it seriously to make it a very poetic and epic narrative. It took many months to com-plete “True Love’” as we both did not make it to earn any money and I had to work with other projects at the same time while I created the frames. It was a very enjoyable experience and I am so happy that the comic has received such amazing prestige in the Balkan area with great reviews. I hope to work with Alek again in the future with more epic stories, and he’s become a good friend to me during this time I’ve gotten to know and work with him. The comic industry evolves all the time and I’m very happy to become a part of that universe with Alek!

Kirsi Salonenillustrator and comic-arstist

Page 38: Македонска Ризница 37

38 39

од нешто над 10 проценти од целокупниот пазар на стрипови (и печатени и дигитални) во САД и за дигитални стрипови Американците потрошиле 100 милиони долари. Слична била ситуацијата и во 2013 и 2012 година во кои за дигитални стрипови во САД потрошени биле 90 милиони, односно 70 милиони долари.

Инаку, за споредба со ситуацијата во Македонија, можам да кажам дека познавам неколкумина стрип колекционери и вљубеници кои во своите колекции имаат стотици, па и илјадници стрип наслови, но не познавам ниту еден мој сонародник кој што купил макар само еден дигитален стрип.

9. Какво е твоето мислење за иднината на стрипот во Македонија и воопшто?

Стрипот во светски рамки е мултимилионска индустрија која ќе продолжи да постои без оглед на она што човештвото го очекува. А и Македонија не треба да се грижи за стрип таленти, затоа што ги има и тоа во не мал број. Но треба да сме свесни дека голиот ентузијазам на стрип-авторите, кој до сега претставуваше носечки столб на македонскиот стрип, не може да биде и гориво за неговиот понатамошен прогрес. Македонскиот стрип достигна едно високо ниво, можеби највисоко до сега, и симнување надолу нема да има. Но ми се чини дека доколку не се применат принципите на пазарната економија и стрипот не почне да се гледа како секој друг производ, голем напредок не би можело да се очекува.

Минатата и оваа година во Македонија објавени беа десетина стрип-албуми на домашни автори и неколку стрип спијанија. Секој оној кој што сака во Македонија да има стрип, нека се запраша колку од нив купил. Ако сакаме напредок на

македонската стрип сцена и стрип културата во Македонија да расте тогаш треба да почнеме да го третираме стрипот не како резултат од хоби, а од макотрпна и посветена работа. Кога стриповите на македонските автори би се продавале во тираж од барем 500 до 1000 примероци, јас сум сигурен дека и повеќе автори би се мотивирале да се бават со стрип, а и издавачките куќи би се охрабриле да

Соработката со Александар за стрипот „Девојка

од сништата“ беше планирана долго време иако едвај стигна до реализација. Мило ми е што успеавме да го

почнеме проектот и засега сме на добар пат. Не би

сакала да откривам детали но стрипчето кажува многу во неколку страници. Едвај чекам да се заврши и конечно да се гордееме со финалниот продукт.

Јована Велинова,стрип-авторка

Page 39: Македонска Ризница 37

39

Македонска Ризница , бр. 37

издаваат што повеќе стрип наслови. Дали стрипот ќе се развива во нагорна линија или ова ќе е највисокото ниво, зависи пред сѐ од читателите.

10. Подготвуваш ли, сам или во соработка со други, некое ново стрип дело?

Непосредно пред да ми ги пратиш прашањата за ова интервју го завршив стрипот, кој воедно би можело да се класифицира како детска сликовница, со наслов „Девојче на Месечината“. Се работи за невообичаена книшка, во која замислено е да има и две страници со самолепливи сликички, придружено и со едукативен елемент. Имено, покрај главната приказна, во „Девојче на Месечина“ ги прикажав и сите 88 модерни соѕвездија на ноќното небо, како и посјајните ѕвезди, со дополнителни факти и интересни прашања во врска со астрономијата. Се надевам дека годинава ќе успеам да го објавам ова дело, односно дека ќе наидам на слух од страна на домашните издавачки куќи.

Во моментов младата стрип-авторка Јована Велинова од Штип работи на еден стрип по мое сценарио кој што се вика „Девојка од сништата“. Се работи за краток надреалистички стрип од пет страници. Исто така, како што претходно спомнав, со Весна Ничевска Саравинова ја продолжуваме соработката на стрипот „Космогонија“. Повремено работам и на неколку стрип фонтови, а спремам и уште еден проект, кој не е стрип, но чија тема е токму деветтата уметност.

Мoжете:

да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.

Под следните услови:

Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).

Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели.

Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.

Е-пошта:[email protected]