Ангела состави

6
Дон Кихот - Мигел де Сервантес Во реме к делото на Шпанската и светската книжевности и во најпреведуваната книга во светот, после Библијата, ги среќаваме Дон Кихот и Санчо Панса. Во литературата досега не се појавило дело ни малку слично. По својата оригиналност, на ова дело може да се гледа како на вистинска кулминација на целовековно експериментирање во областа на фикцијата. Слободата и среќата не треба да се продаваат, ниту за сите богатства на светот, и да се ослободи срцето од лошите мисли, се мислите водилки во умот на Дон Кихот, кои со векови се слушаат низ светот. Дон Кихот може да се гледа како алегорија на христијанството, романтичниот култ на уметниците, екстремниот материјализам и бескрајното повикување на текстови. Дон Кихот е една од ретките книги од кои произлегла универзално признаена придавка (кихотски). Рицарот со тажно срце, сосема се изгубил и во свеста му се родила необична мисла, да стане рицар – скитник, да тргне во авантури, да донесе правда, да помага на бедните, понижените и повредените. Со своите дела, сакал да им донесе среќа и добро на несреќните. Дон Кихот е идеалист и занесеник кој се судира со стварноста во која владеат нормите. За среќа на светот тој е трагичар, мудрец, хуман, а во истовреме среќен кога ги презира богатите и ја цени слободата во сиромаштијата. Првиот идеал на Дон Кихот

Upload: dimitar-arsov

Post on 03-Dec-2014

110 views

Category:

Documents


7 download

TRANSCRIPT

Page 1: Ангела состави

Дон Кихот - Мигел де Сервантес

Во ремекделото на Шпанската и светската книжевности и во најпреведуваната

книга во светот, после Библијата, ги среќаваме Дон Кихот и Санчо Панса. Во

литературата досега не се појавило дело ни малку слично. По својата оригиналност,

на ова дело може да се гледа како на вистинска кулминација на целовековно

експериментирање во областа на фикцијата.

Слободата и среќата не треба да се продаваат, ниту за сите богатства на светот, и да

се ослободи срцето од лошите мисли, се мислите водилки во умот на Дон Кихот,

кои со векови се слушаат низ светот. 

Дон Кихот може да се гледа како алегорија на христијанството, романтичниот култ

на уметниците, екстремниот материјализам и бескрајното повикување на текстови.

Дон Кихот е една од ретките книги од кои произлегла универзално признаена

придавка (кихотски). Рицарот со тажно срце, сосема се изгубил и во свеста му се

родила необична мисла, да стане рицар – скитник, да тргне во авантури, да донесе

правда, да помага на бедните, понижените и повредените. Со своите дела, сакал да

им донесе среќа и добро на несреќните. Дон Кихот е идеалист и занесеник кој се

судира со стварноста во која владеат нормите. За среќа на светот тој е трагичар,

мудрец, хуман, а во истовреме среќен кога ги презира богатите и ја цени слободата

во сиромаштијата. Првиот идеал на Дон Кихот му е да донесе преродба во

хуманизмот, слободата и правдата. Токму тогаш, се појавува парадоксот на

неговите идеали и стварноста. Честопати во своите постапки бил смешен.

Наспроти Дон Кихот е Санчо Панса, селанец, коњушкар, необразуван,но многу

бистар и нивниот однос бил многу сложен, и од тие карактерни спротивности,

денес светот многу учи. Дон Кихот со своите безсмртни подвизи,сакал да си го

стави името во храмот на безсмртноста, и затоа често зборувал за златното време

од историјата на човештвото. Дон Кихот предизвикува задоволство, а и истовреме

служи за поука, за лик на кого му недостига практичен дух. Реалниот свет, го гледа

низ призмата на својата фантазија. Тој трпел глад, жед, студ, удари, но не се

откажувал од мислата дека треба да се помага на луѓето. Бидејќи не можел да го

Page 2: Ангела состави

гледа животот таков каков што е, со своите постапки се доведувал од смешна до

жална состојба, која прилега на луд човек, за безумник. Задуен од хуманистичките

идеи на ренесансата, тој се залагал за враќање на првобитното општество, кога

луѓето биле слободни и рамноправни. 

Со својата поетска дарба Дон Кихот ја искажувал љубовта кон Дулчинеа.

Фантазерството, добрината, саможртвеноста на Дон Кихот за да прави хумани

дела, иако не е верен за тоа, го наметнале поимот донкихотство кое постои до ден-

денес. Со исмејувањето на благородниците, настанува пародија, која со вековите е

проучувана. Празните илузии се во судир со суровата стварност, кои се уште

постојат.Ликовите Дон Кихот и Санчо Панса заедно создаваат еден лик, на нов

човек исполнет со возвишени идеали, за почитување на човечкот достоинство, за

верба и духовна моќ на човекот.

Page 3: Ангела состави

Ликот на Хамлет

Принцот Хамлет е образован млад човек од времето на доцната ренесанса. Тој е

универзална, сестрана личност склона кон длабоко размислување.

Размислувајќи за животот, смртта и религијата, тој го одбира животот со сите

негови убавини и недостатоци, а го отфрла ветувањето на религијата за вечен,

прекрасен, задгробен живот, бидејќи за тоа нема доказ (никој не се вратил од таму

за да каже).

Тој е добар син и наследник на престолот. Го почитува својот татко - стариот крал,

и како татко и како човек и како крал. Неговата желба, да се одмазди за убиството,

послушниот син ја прифаќа и ветува дека ќе ја исполни. На почетокот тој сепак се

двоуми - дали да одмаздува или да си го заврши својот живот (да се биде или не?).

Ако се самоубие брзо ќе ги реши сопствените страдања, но така нема да го задржи

своето и татковото достоинство. Затоа решава да оди до крај и станува одмаздник.

Товарот му се зголемува со сознанието дека мајката му е неверна и веднаш по

смртта на таткото се мажи со неговиот брат со што му го предава кралскиот

престол нему. Таа, со својата мажачка, освен што го изневерува сопствениот

сопруг (стариот крал), го изневерува и својот син - наследник на престолот.

Овој факт уште повеќе го разочарува Хамлет.

Во име на вистината и правдата Хамлет решава на итар начин, преправајќи се дека

полудел, да ја открие и каже вистината и на крајот да се одмазди.

Во сета оваа приказна можеби најмногу страда Офелија, неговата љубена. Тој

чувствува чиста и искрена љубов кон неа. Не сака да ја лаже и мами, но откако ја

започнува својата игра на тоа ќе биде приморан. Затоа, прво пред неа глуми дека

полудел, за да ја оттргне од себе, за да ја ослободи од себе, зашто знае дека нивната

љубов по неговата одмазда нема да има иднина. За жал, таа ќе поверува во

неговото лудило и разочарана од изгубената љубов - ќе се самоубие.

Кон мајка си Хамлет се однесува со презир заради нејзината прељуба, повеќе не ја

почитува и сака. Честопати тој целата вина ја префрла на неа - „неверност - ти се

Page 4: Ангела состави

викаш жена“, а на крајот оди до таму што се откажува од нејзиното мајчинство

велејќи: „Не е доволно некој да те роди за да го викаш мајка“.

Својот чичко - новиот крал, Хамлет го презира од дното на душата. Омразата

заради убиството на сопствениот брат од властољубие и прељубата со снаата не го

колебаат Хамлет да го убие. Тој само го чека вистинскиот момент, но сака и сите да

ја дознаат вистината - да дознаат каков е навистина нивниот нов крал и како

стигнал до круната. На крајот Хамлет го убива својот чичко одбранувајќи ја така

својата и честа на татка си.

Освен со своите лични дилеми, внатрешни превирања, Хамлет се бори и против

многу недостатоци во неговото општество. „Нешто е гнило во држвата Данска“ е

втората многу позната реплика во оваа драма и го одразува тогашното данско

општество - гнило во поредокот, гнило во семејството - лажни татковски чувства

од Клавдиј, лажно мајчинство, лажно пријателство (неговите пријатели го

поведуваат во Англија, а знаат дека треба да го погубат), гнила власт и дворјанство

кои биле обични паразити, а не вистински благородници - гнила држава.

Хамлет, тој осамен борец го положи својот живот во темелите на новото

општество. На тие темели, идните генерации ќе може да градат општество без

лажен морал. Осамениот Хамлет и неговата желба за одмазда раскрстија со

лажните вредности.