Предавање Социјална перцепција

7
ОЦЕНУВАЊЕ НА ОСОБИНИ НА ЛИЧНОСТА-СОЦИЈАЛНА ПЕРЦЕПЦИЈА Под социјална перцепција се подразбира оценување на психичките особини и состојби на други личности во текот на непосреден контакт со нив. Овој термин не е баш адекватен, бидејќи под прецепцијата се подразбира свеста за објектите кои делуваат непосредно врз нашите сетила. Овдека станува збор за заклучување врз основа на сложените интелектуални процеси. Затоа, поточно би било да зборуваме за когниција а не за перцепцијата на личноста. Но, социјалната перцепција претставува технички термин, па кога зборуваме за перцепција на личности мислиме на оценување на особините на психички состојби или, на формирање на импресија за други личности. Ние редовно ги процениваме особините на личноста со кои доаѓаме во контакт, и тоа ни овозможува целисходно да го организираме нашето однесување, ни овозможува да ги предвидиме нивните акции, и според тоа, да ги планираме своите постапки. Луѓето имаат потреба да ги проценуваат не само блиските луѓе, туку и оние кои им се непознати. Покажување на општа тенденција на човекот за проценката на другите луѓе веројатно лежи во потребата за осмислување на појавите. До утврдувањето на цртите на личноста на лицата што ги сретнуваме доаѓаме преку процесот на формирање на импресија а преку придавање на личноста на одредени особини или атрибути. Затоа овој процес се нарекува атрибуција. Формирање на импресија е секогаш сложен процес во кој ние помеѓу информациите кои ни се на располагање вршиме селекција и ги организираме според одредени принципи , а потоа вршиме интерпретација. Во тој процес на формирање на импресија вклучени се бројни психички процеси, а пред се когнитивните. Карактеристики на процесот на формирање на импресија се:

Upload: dejan

Post on 27-Jul-2015

478 views

Category:

Documents


2 download

TRANSCRIPT

Page 1: Предавање Социјална перцепција

ОЦЕНУВАЊЕ НА ОСОБИНИ НА ЛИЧНОСТА-СОЦИЈАЛНА ПЕРЦЕПЦИЈА

Под социјална перцепција се подразбира оценување на психичките особини и состојби на други личности во текот на непосреден контакт со нив. Овој термин не е баш адекватен, бидејќи под прецепцијата се подразбира свеста за објектите кои делуваат непосредно врз нашите сетила. Овдека станува збор за заклучување врз основа на сложените интелектуални процеси. Затоа, поточно би било да зборуваме за когниција а не за перцепцијата на личноста. Но, социјалната перцепција претставува технички термин, па кога зборуваме за перцепција на личности мислиме на оценување на особините на психички состојби или, на формирање на импресија за други личности.

Ние редовно ги процениваме особините на личноста со кои доаѓаме во контакт, и тоа ни овозможува целисходно да го организираме нашето однесување, ни овозможува да ги предвидиме нивните акции, и според тоа, да ги планираме своите постапки.

Луѓето имаат потреба да ги проценуваат не само блиските луѓе, туку и оние кои им се непознати. Покажување на општа тенденција на човекот за проценката на другите луѓе веројатно лежи во потребата за осмислување на појавите.

До утврдувањето на цртите на личноста на лицата што ги сретнуваме доаѓаме преку процесот на формирање на импресија а преку придавање на личноста на одредени особини или атрибути. Затоа овој процес се нарекува атрибуција.

Формирање на импресија е секогаш сложен процес во кој ние помеѓу информациите кои ни се на располагање вршиме селекција и ги организираме според одредени принципи , а потоа вршиме интерпретација. Во тој процес на формирање на импресија вклучени се бројни психички процеси, а пред се когнитивните.

Карактеристики на процесот на формирање на импресија се:

Тенденција другата личност да се оценува како некој што има мотиви, намери, желби. Во постапките на другите ние редовно настојуваме да најдеме смисла во намерите на таа личност;

Придавање на другата личност на релативно трајни особини и настојување да ја оцениме како конзистентна во своите реагирања, како иста и со исти особини во различни прилики;

Тенденција кон ускладување на податоци и создавање на хомогена слика за одредена личност.

Прва импресија

Слика за некоја личност создавеме врз основа на многу кратко познавање со релативно малку податоци. Дури и врз основа на моментален контакт ние формираме слика за особините на личноста, при што зборуваме за формирање

Page 2: Предавање Социјална перцепција

на прва импресија. Олпорт вели дека е зачудувачка брзината со која ние доаѓаме до слика за друга личност (веќе после неколку секунди во автобус напр.,заклучуваме за особините на другите). Ние редовно и по најкратката средба заклучуваме за: возраста, национална припадност, занимање, а често и за особините на личноста: енергичноста, пријатноста, поузданоста и љубезноста и тоа за лица со кои прв пат се среќаваме и со кои сме во контакт неколку секунди.

Еднаш формираната импресија се покажува како многу трајна и отпорна, така што постои тенденција сите добиени податоци се толкуваат во согласност со веќе формираната импресија.Ова може да делува на нешето однесување кон личноста и не спречувада добиеме попотполна слика за неа.

Од друга страна, искуството ни покажува дека често можеме да се превариме во првобитната проценка. За менување на импресија се важни видот на конатктите и карактерот на интеракцијата.

Додека за формирањето на првата импресија по правило, одлучувачко значење имаат експресивните знаци, за оценката на личноста по извесно време, првенствени знаци се постапките на луѓето.

Знаци и податоци во проценување на другите се бројни: перцептуални дразби; соопштенија и изјави; акции и постапки; информации кои добиваме од други; наше искуство и спосбности.

Карактеристики на лицето се важен информатор за оценување не само на емоциите туку и за особините на личноста. Физиогномика е дисциплина која се интересирала за оценување на личноста врз основа на карактеристиките на лицето. Емпириските проверувања покажале дека не постои таквата подударност.На врската помеѓу општиот изглед и личноста се засновуваат на познатите типологии на личноста, Кречмерова и Шелдонова.

Перцепција на личности не се состои од низа на неповрзани податоци туку претставува интеграција на дадените податоци во единствена импресија на набљудуваната личност, во поврзана целина.

Врз основа на истражувањата, познат гешталтиста, Аш заклучува: Поедини карактеристики се перцепираат како делови на целина, во

согласност со гешталтистичкиот принцип дека целината е повеќе од деловите;

Особините се поврзуваат и влијаат една на друга, а секоја особина добива смисла во зависноста од целината чиј таа претставува дел. На пр., кога особина интелигенција за едно со срдечност добива значење на креативност и спонтана способност, додека интелигенција во комбинација со особина ладен, има конотација на спосбност која се карактеризира со сналажливост и прорачунатост.

Некои црти добиваат посебно значење и стануваат централни црти. Тоа се такви црти кои повеќе од останатите ја одредуваат целосната импресија за личноста. Во експериментите срдечен и ладен биле централни црти, а помалку значајни биле: интелигентан, спретен, вреден, одлучен.

Page 3: Предавање Социјална перцепција

Кои црти ќе добијат централна положба ќе зависи од имплицитна или лаичка теорија на личноста . Уште поголемо значење имаат усвоени општи сваќања за природата на човекот. Врз основа на анализата на сваќањето за природата на човекот авторот Wrightsman разликуваат шест димензии:

Чесност (верување во луѓето)- нечесност (нема основа за доверба во луѓето);

Алтруизам-себичност, Независност-конформизам, Силна воља-подчинетост на наворешните фактори, Сличност меѓу луѓето-различност меѓу луѓето; Сложеност -едноставноста на природата на човекот

Содржината на она што некој изјавува, содржината на нечиј говор е важен извор на податоци за карактеристики на личноста. ( например критикување , или некој кој има незадоволство, се претпоставува дека е агресивен ). Со уште поголема точност можеме да ја процениме личноста врз основа на нејзините акции и постапки.

Упростување и стереотипии

Една од карактеристиките на формирање на импресија за другите, кој едновремено е извор на грешка во проценувањето е тенденција кон упростување. За да се соочиме со стварноста, ние конкрекното го сврстуваме во категории. Оваа законитост на когнитивните функции има за последица да ние не добиваме потполно адекватна слика за стварноста, нагласувајќи некои особини, а занемарувајќи ги другите и на тој начин формираме упростена слика за стварноста.

Ние имаме тенденција другите лица, а посебно припадниците на поедини категории на популација да ги проценуваме според формирани клишеа и сликата за нив, а не според стварните особини на одредено лице кое го оценуваме. Нив ги нарекуваме стереотипи на оценување.

Тие доаѓаат до израз при оценување на одредени категории како припадници на одредени професии, одредени нации, одредени верски организации. Од стереотипиите особено се цврсти ентничките стереотипии , т.е. упростена и ригидна слика на поедини нациии и придонесуваат на развивање на непријателските односи помеѓу припадниците на поедини народи.

Точност и способност на оценување

За снаоѓање во контактите со другите луѓе важно е што поточно да ги оцениме туѓите особини, состојби и намери. Ова е посебно важно за некои професии, меѓу кои и за професијата криминалист, бидејќи составен дел на нивната работа е редовно да ги проценуваат другите лица.Некои автори сметаат дека таа точност е многу висока. Како аргумент наведуваат дека луѓето не би можеле така лесно и успешно да комуницираат кога не би биле во состојба да ги оценат намерите на нивните партнери.Можно е дека комуникацијата е лесна и успешна заради тоа што постојат општествени

Page 4: Предавање Социјална перцепција

улоги кои подразбираат одредено однесување . Така, за да добиеме карта во автобус не ни е потребно да ги знаеме цртите на личноста и емоциите на кондуктерот. Контактот сепек се одвива едноставно и лесно. Постои согласноста помеѓу проценувачите, што укажува на релативна точност на проценување на луѓето.

Извори на систематските грешки во проценување на луѓето

Појавата на хало ефект е една од честите грешки во проценувањето. Податоците за една личност, кои ги имаме од порано, особено првиет податоци за неа, влијаат врз интерпретација на новите податоци.

Тенденција кон упростување и стереотипии Упростување доаѓа до израз и при користењето на имлицитна или лаичка

теорија на личност Тенденција на контраст Тенденција на ублажување е кога другата личност се оценува

попоззитивно во однос на она што е оправдано Неоправдана функционална аналогија , неоправдана поврзаност на

одредени физички и психички карактеристики Тенденција другите да се проценуваат како повеќе слични на нас отколку

што се.

Како да се избегнат грешките у проценување на луѓе?

Секое набљудување и секоја процена во психологија е само апроксимација на вистината, што значи дека однапред треба да сметаме на одреден процент на грешките. Ова се правилата за избегнување на грешките во проценување на луѓето:

Луѓето ретко може да се проценат на прв поглед. Проценување на луѓе мора да биде континуиран процес, а не брзоплета одлука;

Луѓето треба да се проценат по значајни (примарни особини) а не по неки теории. Треба да се обрне внимание на ментални и други способности, темперамент и карактер и основни групи на интереси кои ја одредуваат една личност;

Личноста на проценувачот е референтен оквир при донесување на судот за другите личности. Констатирано е дека проценувачите највисоките оценки ги давале на оние лица кои ги процениле како слични на себе. Праксата покажува дека основата за проценката не е какви се луѓето, туку какви се во споредба со нас;

Деталите се поважни од општите впечатоци. Допаѓање или недопаѓање на другата личност е фактор кој ги искривува нашите судови за некоја личност.

Многу се важни податоците од минатото на некоја личност. Релевантна доследност во однесувањето е важна и може да послужи за проценување на личноста.

Page 5: Предавање Социјална перцепција

Карактеристики на оценувачот

Утврдени се чинители кои влијаат на точноста на оценувањето на другите личности а кои се зависни од оценувачот.Тоа се:

Искуство за луѓето (зредлост, искуство за однесувањето на другите); Интелигенција; Самокритичност; Итрацептивност (склоност да се занимаваме со својот психички живот); Способност за дистанцирањепри оценувањето (добар проценувач мора

да биде непристрасен); Пол;

Значењето на одбранбените механизми во комуникацијата