Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

52
1 ПОИМ ПРЕДМЕТ И ЗАДАЧИ НА ЕКОНОМИКАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ Економика на претприатија како посебна научна дисциплина тргнува од прашања поврзани со 1) Поим, предмет и задачи на економика на претпријатија 2) Специфични методи на истражување на економика на претпријатија 3) Меѓусебни односи и поврзаност на економиката на претпријатијата со други научни дисциплини 4) Историски развиток на економика на препријатија. Стеван Куколеча Економика на претпријатие е научна дисциплина која ја изучува економиката на претпријатието како конкретна економска стварност со цел: 1. Изнаоѓање на економски закононитости кои делуваат во економијата на претпријатието 2. Формулирање на принципи со чија примена во организацијата на процесот на репродукција, остварените резултати од репродукцијата се приближуваат кон објективно можните Потесни подрачја кои ги изучува економиката 1. Резултати на репродукција во претпријатието 2. Вложувањата во репродукцијата, извршени за остварување на конкретните резултати 3. Односот помеѓу резултатите на репродукцијата и вложувањата за остварување на тие резултати 4. Фактори кои ги условуваат односите помеѓу резултатите на репродукцијата и вложувањата за остварување на тие резултати Шимун Бабиќ Економиката ги истражува општите економски законитости кои се јавуваат со вложување на работната сила и средствата во работните процеси и со остварување на економските резултати, опфаќајќи ги како работните процеси кои во целост се одвиваат во внатрешноста на претпријатието, исто така и настаните кои се во врска со комуницирањето на претпријатието со пазарот и другите економски единици. Економика на претпријатие Дисциплина која ги проучува вложувањата во процесот на трудот, резултатите од процесот на трудот, односите помеѓу вложувањата и резултатите, како и факторите коишто влијаат врз нив. Организација на претпријатие Дисциплина која ги поврзува најсоодветните начини на поврзување на предметите на трудот, средствата на трудот и трудот, заради остварување на поголема економија во претпријатието

Upload: eccf-ukim

Post on 29-Jul-2015

2.708 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Скрипта по економика на претпријатие за прв колоквиум.Доколку Вашата програма за PDF фајлови не го отвара документот, обидете се со промена на името на фајлот со латински букви.

TRANSCRIPT

Page 1: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

1

ПОИМ ПРЕДМЕТ И ЗАДАЧИ НА ЕКОНОМИКАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ

Економика на претприатија како посебна научна дисциплина тргнува од прашања поврзани со

1) Поим, предмет и задачи на економика на претпријатија

2) Специфични методи на истражување на економика на претпријатија

3) Меѓусебни односи и поврзаност на економиката на претпријатијата со други научни

дисциплини

4) Историски развиток на економика на препријатија.

Стеван Куколеча

Економика на претпријатие е научна дисциплина која ја изучува економиката на претпријатието како конкретна економска стварност со цел:

1. Изнаоѓање на економски закононитости кои делуваат во економијата на

претпријатието

2. Формулирање на принципи со чија примена во организацијата на процесот на

репродукција, остварените резултати од репродукцијата се приближуваат кон

објективно можните

Потесни подрачја кои ги изучува економиката

1. Резултати на репродукција во претпријатието

2. Вложувањата во репродукцијата, извршени за остварување на конкретните

резултати

3. Односот помеѓу резултатите на репродукцијата и вложувањата за остварување

на тие резултати

4. Фактори кои ги условуваат односите помеѓу резултатите на репродукцијата и

вложувањата за остварување на тие резултати

Шимун Бабиќ Економиката ги истражува општите економски законитости кои се јавуваат со

вложување на работната сила и средствата во работните процеси и со остварување

на економските резултати, опфаќајќи ги како работните процеси кои во целост се

одвиваат во внатрешноста на претпријатието, исто така и настаните кои се во врска

со комуницирањето на претпријатието со пазарот и другите економски единици.

Економика на претпријатие

Дисциплина која ги проучува вложувањата во процесот на трудот, резултатите од

процесот на трудот, односите помеѓу вложувањата и резултатите, како и факторите

коишто влијаат врз нив.

Организација на претпријатие

Дисциплина која ги поврзува најсоодветните начини на поврзување на предметите на

трудот, средствата на трудот и трудот, заради остварување на поголема економија во

претпријатието

Page 2: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

2

Работење на претпријатие

Дисциплина со чија помош се укажува на работите што треба да се извршат во

претпријатието, при што почитувањето на принципите на економија на претпријатието

има значење на основен постулат.

Процесот на репродукција во претпријатието во исто време е и

Економски (осигурува трансформација на елементите на производството во нов производ)

Организационен процес (овозможува превземање на најсоодветни мерки, методи и постапки во производството заради постигнување на најдобри резултати)

ПОИМ И ЗАДАЧА на економика на претпријатие

Набљудување на претпријатието со цел да се изнајдат и прикажат законитостите на

развитокот на претпријатието, сите негови внатрешни и сите негови надворешни

манифестации и критички да се оцени вкупната дејност на претпријатието, давајќи

смерници и совети за натамошна најцелисходна, најрационална, најекономична и

најрентабилна организација на дејноста на претпријатието.

ПРЕДМЕТ на економика на претпријатие

1. Резултати на репродукција

2. Вложувања кои се вршат за остварување на тие резултати

3. Односите помеѓу резултатите и вложувањата

ПРЕДМЕТ на истражување на економика на претпријатие

Како научна дисциплина е конкретната стопанска активност на претпријатијата,

заради изнаоѓање на законитостите на нивното функционирање и развиток

ОСНОВНА ЗАДАЧА на економика на претпријатие

Проучување на односите помеѓу резултатите на репродукцијата и вложувањата на

основните елементи на процесот на репродукција за остварување на тие резултати ,

со цел со минимално ангажирање и трошење на средствата и работната сила да се

остварат максимални резултати.

Page 3: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

3

МЕТОДИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ

ОПШТИ научни методи

1. Дијалектички метод и метод на општа теорија на системи

проучување на меѓусебната зависност и поврзаност на процеси и појави во

општеството и стопанството го набљудуваат претпријатието како сложен организам

кој се наоѓа во процес на континуирано функционирање

2. Анализа

Постапка на расчленување на целината на составните делови, односно расчленување

на сложените појави и процеси на нивните едноставни делови, расчленување на

системите на нивните подсистеми.

3. Синтеза

Метод на соединување на поединечните елементи во целината, на подсистемите во

системот заради проучување на одредена појава во нејзината динамика.

4. Индукција

Постапка чија основа карактеристика е логичното заклучување од поединечното кон

општото.

5. Дедукција

Поаѓа од поставка дека некоја појава е општоприфатена, бидејќи во практиката или

слични случаи е потврдена, па нејзините карактеристики ги зема како правила на

однесување и за други поединечни случаи.

6. Компарација

Претставува споредување на економските појави во времето и просторот.Со

временско споредување откриваме промени во динамика на појавите, а просторното

споредување ни дава информации за одвивањето на појавите и процесите на

различни места.

7. Набљудување

Систематско следење на одредена појава или процес во претпријатието заради

откривање, регистрирање, опишување на сите факти и информации значајни за

проблемот што се истражува.

ПОСЕБНИ научни методи -Зденко Вајнер “економски начин на мислење“

1. Калкулативен метод

Значи проучување на проблемите на претпријатието од аспект на економичноста, од

аспект на постигнување на целите со најмали трошоци.

2. Организациски метод

Значи изнаоѓање и примена на најдобри, најсоодветни и најрационални методи и

постапки за организирање и функционирање на претпријатието.

3. Општостопански метод

Проучување на проблемите на претпријатието од аспект на неговата поврзаност и

условеност со стопанството во земјата.Како подсистем на стопанството,

претпријатието ги остварува:

Своите цели (што поголема добивка)

Целите на стопанството- произведувајќи соодветни п-ди и вршејќи одредени

услуги задоволува одредени општествени потреби

Цели на вработените- плати

Page 4: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

4

МЕЃУСЕБНИ ОДНОСИ И ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ НАУЧНИ ДИСЦИПЛИНИ

o МАКРОЕКОНОМСКИ научни дисциплини

Ги истражуваат законитостите на општествената репродукција во целина или во

одделни стопански гранки

Основи на економија

Економика на национално стопанство

Економики на одделни стопански гранки

o МИКРОЕКОНОМСКИ научни дисциплини

Го проучува процесот на репродукција во самото претпријатие, без познавање на овие

науки не е можно да се сфати работењето на претпријатието во неговата севкупност.

Економиката на претпријатијата врз база на книговодствените податоци и сознанијата

на разни анализи го проучува рационалното и ефикасно одвивање на работењето на

претпријатието кон остварување на подобри деловни резултати.

Деловно планирање

Сметководство

Анализа на билансот

Организација на претпријатието

Економиката на претпријатие и Организација на претпријатие се комплементарни

дисциплини- процесот на репродукција во претпријатието е колку економски исто толку и

организационен процес.

o НЕЕКОНОМСКИ научни дисциплини- оние кои не се во непосредна врска со

работењето на претпријатието

1. Математика е нужна во решавање на многу тековни и развојни проблеми

2. Технологија ја запознава економиката на претпријатијата со нови

производствени и работни постапки

3. Медицина на труд

може подобро и поуспешно да се зачува здравјето на работниците,да се

намалат отсуствата од работа и да се зголеми ефикасноста на работењето на

претпријатието

4. Психологија и социологија на труд

И помагаат на економиката на претпријатијата во професионалната селекција

на кадрите, во зголемувањето на мотивацијата, во проучувањето на нивното

однесување во работните процеси и сл..

5. Трговско право

И помага на економиката на претпријатијата во следењето и проучувањето на

правата и обврските на претпријатијата, како од аспект на заштита на нивните

економски интереси, така и од стојалиште на респектирање на позитивни

законски прописи и добри деловни обичаи.

Page 5: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

5

ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО ВО МИНАТОТО И СЕГАШНОСТА

1. До крај на 18 век, до индустриска револуција- почетен облик ЕМПИРИЗАМ

2. После индустриска револуција, почеток 19 век НАУКА за Економика и Организација

ЕМПИРИЗАМ-почетен облик на организација и на работење на претпријатието

Произлегува од нискиот степен на развиток на материјалните производствени сили, бидејки на

таквите производствени сили се надоврзуваат, одговараат форми и методи на организација и

делување на претпријатијата, кои се засновуваат на практично решавање на конкретни прашања без

анализа, разработка и обопштување на проблемите, без формирање на постапки, принципи и

откривање на законитости во работењето и развитокот на претпријатието.

Во основа лежи принципот на економија на енергијата- односно настојувањето со што помало

трошење на сопствената енергија и сили, да се постигне што повеќе.

Први траги за постоење и развиток на одделни облици на организација се сретнуваат на простори

на Блиски и Далечни исток и цивилизациите на старите Египет, Грција и Рим.

Први пишувани докази за постоење на одредена организација се сретнуваат кај:

Вавилонски крал Хамурабиј- вовел минимална надница, контрола на квалитетот на

производството, планирање на задачите и нивното извршување, систематско изградување на

кадри

Стара Грција и Ксенофон Hyropedia- го објаснува практичниот систем на поделбата на

трудот во една работилница за изработка на плитки чевли и со тоа прв ги поставува основите

на специјализацијата и кооперацијата на трудот.

Среден век- создадени се повеќе дела кои третираат одделни проблеми на организацијата и

работењето на претпријатието

1. Бенко Котурљиќ “За трговијата и совршениот трговец“- во кое се разработува вештината на

организирање и водење на трговското работење.

2. Леонардо Да Винчи- ги проучувал рационалните можности за извршување на процесите на

трудот, издвојувал одделни движења и го мерел времето потребно за извршување на

одделни работи.

17-18 век

Време во кое вкупното работење на трговските претпријатија беше предмет на систематско и

аналитичко проучување со цел создавање на правила и методи кои би се користеле во секојдневното

решавање на прашањата во врска со основањето на претпријатијата, нивното финансиско,

комерцијално работење.

1. Меркантилизам (систем на државна политика)

2. Камерализам (германски меркантилизам)

Жак Савари (Совршен трговец), Роберт Овен, Шарл Фурие, Сен Симон, Луј Блан (макроекономски

карактер)

Page 6: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

6

Создавање на НАУКАТА за економика и организација на претпријатието

Дури при крајот на 18 век се создадоа услови за систематско анализирање и проучување на

организациските проблеми, за надминување на неразвиената и недоволно ефикасна

организација и нејзино поставување на научна основа.

Усложнување на условите за стопанисување:

1) Висок степен на механизација на производството

2) Диспропорционалност, т.е неусогласеноста на опремата

3) Појава на нови сложени производи и нови технологии

4) Хиперпродукцијата и острата, дотогаш невидена конкуренција

5) Зголемување на обемот на организацијата

6) Организираноста на работничката класа

Првите начела и принципи на науката за економиката и организацијата на претпријатието

поврзани се со основоположниците на научната организација на трудот- Тејлор и Фајол.

Заедничка карактеристика на бројните концепции на организацијата претставува

настојувањето да придонесат за зголемување на ефикасноста на работењето на стопанските

субјекти.

ТЕОРИИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА:

1. Класична

Тејлоров Scientific management

Фајолова “Административна доктрина“

Натамошен развиток:Харингтон Емерсон, Муни и Рејли, Лутер Галик, Линдал

Урвик, Мери паркер Фолет

2. Неокласична

Елтон Мајо

Даглас Мек Грегор

Крис Аргирис

Ренсис Ликерт

Фредерик Херцберг

3. Модерна

Честер Бернард

Џорџ Хоманс

Херберт Сајмон

Филип Селзник

Талкот Парсонс

Page 7: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

7

КЛАСИЧНА ТЕОРИЈА

Резултатите на Тејлор и Фајол во истражувањето на организацијата и тоа пред се на

претпријатието, ја сочинуваат класичната теорија на организацијата.

Првите систематски проучувања на организацијата на трудот поврзани се со името на

американскиот научник ФРЕДЕРИК ТЕЈЛОР

Своите научни обопштувања, анализата и истражувањата на организацијата на процесите на

трудот, принципите и методите на коишто таа се заснова, Тејлор ги формирал во посебна

концепција на организација позната под името Scientific management.

Настојувал да ја зголеми продуктивноста на трудот со примена на нови организациски

методи.

Основна Тејлорова заложба била напуштање на старите методи на организација на трудот

засновани на искуството и нивно заменување со нови, научни методи.

Единствено со принудна стандардизација на методите , со помош на принудно користење

на најдобрите средства и услови за работа и принудна соработка, можно е да се обезбеди

општо задржување на темпото на трудот.

Тејлор и дава сосема друга содржина на функцијата раководење со процесите на трудот и

на нејзините носители.

Суштината на новата улога на раководната функција се сведува на поделбата на

активностите и задачите на раководството на претпријатието, од една страна и на

работниците од друга страна.

Раководителите ја извршуваат целокупната активност во врска со

1. Утврдување на работна задача

2. Изборот за соодветен метод за нејзино извршување

3. Подготовката на работата

4. Контролата на извршувањето

Функционален систем на организација на претпријатието

Строго раздвојување на подготовката и контролата од чистото извршување и специјализација

на функцијата раководење.

Функционален систем на раководење (функционални работоводители,функционален

авторитет)

Кој се темели на поделбата на трудот во раководната функција и замена на работоводителот

во 8 специјалисти- носители на одделни функции

Во подготовка на производство

1. Издавање на работни налози

2. Издавање на упатства за работа

3. Утврдување на времето и трошоците на производство

4. Обезбедување на дисциплина во работилницата

Во извршување на производството

1. Надзор

2. Режимот за работа на машината

3. Контрола на производството

4. Одржување на машините и уредите

Page 8: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

8

Тејлор ја расчленува раководната функција на 8 составни елементи, лоцирајќи ги на 4

раководители кои работат во подготовката на производството, и на 4 раководители кои

работат во непосредното производство.

Основни должности на раководителите се следните:

1. Развивање на наука за секој елемент на човековиот труд

2. Научно избирање а потоа оспособување, подучување и изградување на

работникот

3. Искрено соработување со луѓето

4. Превземање на одговорноста заедно со работниците

Оценката на Тејлоризмот има 2 димензии:

Позитивна- прогрес во развитокот на материјалните производствени сили со

употребата на научните методи

Негативна- максимална експлоатација на работникот и научно исцедување на трудот

на работникот.

АНРИ ФАЈОЛ- се борел за зголемување на ефикасноста на трудот во

организацијата,пристапил од аспект на администрацијата на претпријатието, доделувајќи и

притоа решавачка улога и значење на раководната односно административната

функција.Неговото учење е познато како административна доктрина

Појдовна основа е поставката дека претпријатието претставува жив организам чиешто

функционирање е зависно од функционирањето на секој негов дел, орган.

Постојат 6 типски функции:

1. Техничка- ја организира основната дејност

2. Комерцијална- работи во врска со набавка и продажба

3. Финансиска- создавање на основа за успешно работење на

претпријатието,обезбедување финансиски средства и нивна правилна употреба

4. Функција за безбедност на имот и персонал-активности насочени кон заштита на

имотот и персоналот

5. Сметководствена- ги евидентира промените на средствата и нивните извори и ги

запознава раководителите со финансиската состојба на претпријатието во секој

момент

6. Административна- основна и најважна- поврзување и усогласување на сите функции

заради постигнување на единство на вкупните активности и нивно насочување кон

однапред определена цел.

СОДРЖИНА на административната функција има 5 елементи:

1) Предвидување- да ја согледа својата иднина и да утврди програма за можни

акции

2) Организирање-снабдување со се што е потребно за функционирање

3) Командување- функционирање и правилна употреба на материјални ресурси

и луѓе.

4) Координирање- поврзување, соединување и усогласување на активностите

заради извршување на поставените задачи.

5) Контролирање-постојана проверка на извршувањето на поставените

задачи,дали тие се остваруваат според однапред утврдени правила и

потреби.

Page 9: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

9

14 Организациони принципи-класични принципи

1. Поделба на трудот

2. Авторитет на раководителот

3. Дисциплина

4. Единство на командување

5. Единство на раководење

6. Подредување на поединечните интереси на општите интереси

7. Наградување

8. Централизација

9. Хиерархија во раководењето

10. Ред

11. Правичност

12. Стабилност на персоналот

13. Иницијатива

14. Единство на персоналот

Фајолова концепција за линијски систем на раководење, прецизирани хиерархиски односи

во раководењето врз основа на принципот на единство на командувањето- секој работник добива

налози и упатства за работа само од еден, непосредно претпоставен раководител.

НАТАМОШЕН РАЗВИТОК НА КЛАСИЧНАТА ТЕОРИЈА

Харингтон Емерсон

Творец на штабно-линијски систем на раководење, негово дело “12 принципи на

ефикасноста“

Муни и Рејли

Изградбата на структурата на секоја организација вклучувајќи го и претпријатието, претставува главен, неизбежен услов за нејзино функционирање.Фундаментални принципи на конституирање на системот на раководење а преку него и на целата организација ги сметаат принципот на:

1. Координација 2. Скаларен 3. Функционален 4. Штабен

Лутер Галик и Линдал Урвик POSDCORB да се администрира односно раководи значи да се планира, организира, избира и оспособува персонал, да се раководи, да се координира, да се информира, да се буџетира.

Мери Паркер Фолет- проучување на моќта и авторитетот во организацијата, 4

фундаментални организациони принципи поврзани со координацијата односно раководењето:

1. Координација со непосреден контакт на одредени членови

2. Координација која се остварува во првите фази на одвивање на процеси на трудот

3. Координација како реципрочна врска на сите фактори

4. Координација како континуиран и постојан однос.

Page 10: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

10

НЕОКЛАСИЧНА ТЕОРИЈА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

(теорија на меѓучовечки односи)

Направи целосен пресврт во тртманот и односот кон човекот.Таа него го стави во центарот на

сите истражувања во организацијата.

Основач на неокласичната школа е ЕЛТОН МАЈО кој го откри значењето на социјалниот

фактор во функционирањето на организацијата, значењето на реакцијата на човекот како

социјално суштество, во крајна линија значењето на меѓучовечките односи во организацијата.

МАЈО смета дека во секое претпријатие покрај формалната организација, луѓето како

социјални суштества формираат и неформална организација, која функционира на свој

специфичен начин условен од одредени социјални и психосоцијални односи.

Даглас Мек Грегор

Две теории на раководење, теорија X и теорија Y

Крис Аргирис

Негови залагања за посуптилен пристап, поголема доверба и подостоинствен третман на

работникот

Ренсис Ликерт

Принцип на интеграција како важен принцип на организирањето и функционирање на

претпријатието

Фредрик Херцберг

Теорија на 2 групи фактори кои влијаат на однесувањето во организацијата- фактори на

задоволство и фактори на незадоволство

МОДЕРНА ТЕОРИЈА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Неодминливи елементи на мозаикот на крупните промени со акцелераторски карактер

претставуваат:

1. Новите, сложени техники на производство

2. Висок степен на концентрација на производство

3. Огромни материјални вложувања во научни и развојни истражувања

Новиот амбиент со кој е окружено претпријатието му ја наметнува потребата за постојано

унапредување и развивање на работењето и континуирано применување на новите научни

достигнувања како единствен пат за остварување на поголема продуктивност, економичност и

рентабилност во работењето.

Модерната теорија на организацијата на извесен начин, го сублимира мноштвото на нови

идеи, ставови, сфаќања и концепции за организацијата и целосно ја отсликува квалитативно новата

положба на организацијата во изменетите услови.

Се искористуваат сознанија на теорија на системи, кибернетика, теорија на информации

Page 11: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

11

Честер Бернард-

претпријатието го набљудува како комплексен систем со низа негови подсистеми

Џорџ Хоманс-

Организацијата е карактеристичен систем на меѓусебни односи, интеракции и влијанија на

неговите делови од една страна и средината од друга страна.

Филип Селзник

Негова истражувачка преокупација е сложената внатрешна структура на организацијата и

динамичниот карактер на постојано менување и прилагодување кон средината,

Талкот Парсонс

Ја третира организацијата како интегрален дел на општеството, смета дека она што ја

разликува од другите системи е нејзината ориентација кон остварување на своите

специфични цели

Доминантна карактеристика на современата теорија на организација претставува

системскиот пристап на организацијата и во согласност со него, третманот на

организацијата (претпријатието) како:

1. Сложен

2. Динамичен

3. Стохастичен

4. Отворен систем

Основен принцип на организација на динамички модели е т.н. ситуационен пристап.

Негова примена во изградување на ефикасни организации значи елиминирање на

општоприфатливи, универзални решенија на организирање и нивно заменување со

индивидуални и специфични солуции.

Изразити примери за динамичко организирање на претпријатија претставуваат моделите:

1) Проектна

2) Матрична

3) Слободна форма на организација

Page 12: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

12

ПРЕТПРИЈАТИЕТО- ОСНОВЕН СУБЈЕКТ НА ПАЗАРНОТО РАБОТЕЊЕ

Носители на стопанска активност се посебни стопански субјекти кои со заедничко име се

познати- претпријатија

Претпријатија се најразлични организациони облици на дејствување на средствата и

предметите за работа и работната сила заради остварување на соодветна стопанска

активност.

ПРИЧИНИ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Роналд Коуз (1937) Претпријатието постои бидејќи трошоците за насочување на ресурсите на

претпријатието се пониски од трошоците за користење на пазарниот механизам.

Најзначајни предности од заеднички труд во претпријатието се следните 5:

1. Поделба на трудот и специјализација на вработените -усовршување на работните

способности а со тоа и ефикасноста на трудот

2. Поголемо користење на техника и технологија- зголемување на обем на

производство и проширување на асортиман на производи

3. Управување со надворешното окружување- ресурси кои овозможуваат

перманентно следење на промените во окружувањето и успешно управување со тие

промени

4. Смалување на трансакциски трошоци –трошоци кои настануваат во врска со

преговарање, контрола и водење на процес на преговарање со луѓето се нарекуваат

трансакциски трошоци.

5. Поттикнување и (подобра) контрола- со добра организација на индивидуалниот и

колективниот труд во претпријатието, се создаваат бројни претпоставки за

зголемување на ефикасноста на трудот на вработените:

6.

1. Усогласување на индивидуалните знаења и способности со барањата на

процесот на трудот

2. Избор на соодветни методи на работа

3. Интегрирање на поединците во работниот колектив на претпријатието

4. Прифаќање на авторитетот на менаџерите од страна на вработените

Покрај овие мерки на зголемување на ефикасноста на трудот на вработените во

претпријатието може да влијае и развојот на стимулативен систем на наградување,со

кој добрите и надпросечни резултати ќе се наградуваат, а лошите резултати ќе се

казнуваат.

Page 13: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

13

ОПШТ ПОИМ ЗА ПРЕТПРИЈАТИЕ

Претпријатието може да го набљудуваме од 7 аспекти или поединечно или заедно од

стојалиште на сите овие проблеми:

1. Економски

2. Технички

3. Организациски

4. Финансиски

5. Кадровски

6. Социјални

7. Др проблеми

2 КАРАКТЕРИСТИКИ на општ поим на претпријатието:

1) Претпријатието претставува сложен организам.

2) Претпријатието е иманентна општествено- економска и историска

категорија

(претпријатието како определена форма на организација на стопанската

активност на секоја земја, е тесно поврзано со развитокот на материјалните

производствени сили и на нив засновани производствени односи.)

Развиток на методи на деловно работење кои современото претпријатие мора да ги

користи:

1. Систем на прибирање, обработка и циркулација на информации

2. Методи на донесување одлуки,

3. Технологијата на извршување на трансформационите процеси

Овој процес на прилагодување значи преиспитување и осовременување на:

1. технолошките процеси

2. суровините и материјалите

3. конструкцијата и рецептурата на производите

4. стандарди и нормативи

5. организација на набавка и продажба

6. систем на раководење, информации и одлучување

Разбирањето на дијалектичката природа на претпријатието може во голема мерка

да помогне:

1) Полесно да се објаснат различните дефиниции за претпријатието

2) Полесно да се сфатат и разберат одделните етапи во развитокот на

претпријатието во Република Македонија.

Page 14: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

14

ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

за време на индустриска револуција, почеток на капитализам

Курсел- Сенеј

Човечка активност која ја средува употребата на разни сили за остварување на одредена цел.

Приватна сопственост и иницијатива на претприемачот

Ансијо

Претпријатието во прв ред е една личност или група луѓе кои располагаат со средства за производство и кои ги примаат врз себе ризиците на функционирање на претпријатието.

Ерик Гутенберг

Претпријатието има 3 карактеристики:

1. С-м на комбинација на производствени фактори во кои се остваруваат одредени

учиноци

2. Таа комбинација и трансформација на производствените фактори се остварува со

почитување на принцип на економичност

3. Заради осигурување на економскиот опстанок претпријатието работи врз основа на

начело на финансиска равнотежа односно од приходите на своите учиноци мора да

ги покрива своите расходи.

Претпријатието има 3 начела:

1. На автономија

2. Единствено сопствениците на капиталот посредно или непосредно

одлучуваат

3. Стопанисување заради максимизирање на профит

Современи автори

П.Ф.Друкер

Купувачот е основа на претпријатието.Тој го одржува во живот.Тој е заправо “работодавач“

Хајнен

Стопанските организации не се творби на било кои апстрактни производствени фактори,туку

социјални системи во кои луѓето со употреба на технички помагала заедно работат со

поделба на трудот и кооперација, заради остварување на целите на организацијата и на

сопствените цели.

Кверт и Марч

Коалиција на поединци и групи со конфликтни интереси кои се поврзани со своите

активности( директно и активно поврзани со менаџерите, работниците и акционерите, а

понатаму купувачите, добавувачите, банкари и други).

Page 15: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

15

Живко Костиќ

Современо претпријатие како економска структура претставува збир на луѓе кои користејќи

ги средствата за производство со своите организирани активности извршуваат одредени функции во

процесот на општествената репродукција во својство на организирана самостојна економска целина.

6 ЕЛЕМЕНТИ НА ДЕФИНИЦИЈА НА СОВРЕМЕНО ПРЕТПРИЈАТИЕ

1) Претпријатието е основен облик на организирање на стопанската активност

2) Претпријатието претставува самостојна стопанска и техничко-технолошка целина-

стопански, деловен субјект

3) Претпријатието е во сопственост на одредени субјекти

4) Претпријатието произведува производи и услуги за потребите на пазарот

5) Претпријатието користи ресурси и е носител на деловен ризик

6) Претпријатието има за цел остварување на добивка и постигнување на други

економски и општествени цели.

СТРУКТУРА НА ЦЕЛИТЕ на современото претпријатие може да се прикаже:

1. Примарна економска цел- остварување на максимална добивка, односно профит

2. Секундарна економска цел- осигурување опстанок и развиток на претпријатието

3. Економски цели на државен, односно општествен план

Производство на производи и услуги и задоволување на потребите на

потрошувачите

Отворање на нови работни места

Развој на стопанството на земјата

4. Општествени цели

Постигнување на задоволство на работниците по однос на висината на

платите и положбата во одлучувањето во претпријатието

Остварување на интересите на потрошувачите и државата

ДИФЕРЕНЦИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА СПОРЕД ГОЛЕМИНА

Поделбата на претпријатијата се врши врз основа на различни квантитативни и

квалитативни елементи: бројот на вработените, вложениот капитал, износот на

платите.Најдобро е поделбата да се врши со примена на комбинација на повеќе фактори

истовремено. Според големината претпријатијата се диференцираат на

1. Мали

2. Средни

3. Големи

Ваквата поделба е од особено значење како за економиката на претпријатијата како наука

која ја изучува економијата на претпријатијата, така и за националната економија која со

мерките на макроекономската политика треба да создаде поволен институционален и

деловен амбиент за нивното работење и развиток.

Page 16: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

16

Основен проблем кај диференцирањето на претпријатието според големина е изборот на

индикатори (мерила) за големина.

Најчесто големината на претпријатијата се изразува со:

1. Бројот на вработени

2. Големината на средствата (капиталот) со кои располага претпријатието

3. Висината на вкупниот приход на претпријатието

4. Висина на профит исл.

Значаен проблем е и висината на граничните вредности на избраните индикатори

Дефиниција според американски Комитет за стопански развиток

Мало претпријатие- да исполни 2 од 4 критериуми

1. Сопственикот на претпријатието самостојно да управува со претпријатието

2. Капиталот на работење на претпријатието да го обезбедува поединец или мала група

на луѓе

3. Претпријатието според дејноста да има локален карактер

4. Според основни индикатори за големина да е помало од другите претпријатија кои

функционираат во истата гранка

Дефиниција според Европска комисија

Подрачје на мали и средни претпријатија содржи

1) Микропретпријатија (0-9 вработени, годишен приход од 2 мил евра и в-ст на вкупни

с-ва не поголема од 2 мил. евра)

2) Мали претпријатија (10-49 вработени, годишен приход и в-ст на вкупни с-ва не

поголеми од 10 мил. евра)

3) Средни претпријатија (100-249 вработени, годишен приход до 50 мил евра, в-ст на

вкупните с-ва до 43 мил евра)

Покрај овие критериуми, претпријатието да има статус на микро, мало и средно мора да биде

независно, што заначи дека повеќе од 25% од капиталот или од правата на управување не

смее да биде контролирано од страна на јавни институции.

Дефиниција според Болтоновиот комитет основан од страна на Влада на Велика Британија

Независно од конкретните големини, побудува интерес фактот што се користат различни

индикатори за големина на претпријатијата во различни дејности и што граничните вредности

на тие индикатори се приспособени на специфичностите на претпријатијата во различни

дејности.

Според член 470 од Закон за трговски друштва

1. Микротрговец 2 критериуми , до 10 работници, бруто приход од кој било извор да

не надминува 50.000 евра

2. Мал трговец да задоволи најмалку 2 од 3 слободни критериуми

Page 17: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

17

До 50 вработени, годишен приход помал од 2 мил евра, просечна в-ст на вкупните с-

ва да е помала од 2 мил евра.

3. Среден трговец

Најмалку 2 од можни 3 критериуми

До 250 вработени, годишен приход помал од 10 мил евра, в-ст на вкупни с-ва помала

од 11 мил евра

КАРАКТЕРИСТИЧНИ ТИПОВИ на мали и средни претпријатија во секоја стопанска структура

1) Традиционален тип (од област на занаетчиство, трговија, угостителство,

градежништво)

2) Субконтракторски тип (поврзани во синџир на производство-како добавувачи

на суровини, делови и др производи што се монтираат во рамките на големите

претпријатија)

3) Современ тип – високоинвентиви, во област на информатика, комуникации,

електроника

МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

ЗНАЧЕЊЕТО на малите претпријатија се огледа во улогата која ја имаат во:

1. Зголемувањето на вработеноста

2. Диверсификација на стопанската структура

3. Иновативната активност

4. Технички прогрес

5. Реализацијата на одредени општествени цели

6 ПРЕДНОСТИ на малите претпријатија

1) Во дејности кои нудат лични услуги- непосреден контакт со корисникот, квалитетот

2) Во дејности кои имаат ограничени можности за пласман на пазарот-сегменти

3) Во дејности кои бараат посебна прецизност во изработката- непосредна контрола

4) Во производство на поединечни производи или производи во мали серии

5) Флексибилност- способност за брзо приспособување на промени во средината

6) Во областа на управување со човечките ресурси

5 СЛАБОСТИ на малите претпријатија

1. Помала ефикасност во однос на големите претпријатија

2. Човечки ресурси- голема зависност од еден или мал број клучни луѓе

3. Не вработуваат специјалисти, привлекување и задржување на стручни лица е тешко

4. Се среќаваат со висок пазарен ризик

5. Обезбедување на финансиски средства

Средства за финансирање на работењето и развојот, голем број мали и новоотворени

претпријатија обезбедуваат од неформални извори на средства:

Лична заштеда на сопственикот

Заеми од роднини и пријатели

Средства од комерцијални кредити

Page 18: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

18

Оние кои работат во конјунктурни стопански гранки, средства може да обезбедат од т.н.

фондови на смел капитал.Средствата од овие фондови се користат за финансирање на

растот и подобрување на бонитетот на претпријатието за да може да се отвори на пазарот на

капитал, за да може да ги продаде своите акции или да може полесно да биде продадено на

големите компании.

СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Најголемата разлика меѓу малите и средните претпријатија е во:

1. Организацијата на трудот

2. Организациската структура

3. Начинот на управување

ПРЕДНОСТ на средни во однос на мали претпријатија

1. Во големината на пазарното учество

2. Расположивите ресурси

3. Професионализација на управување

ПРЕДНОСТ на средни во однос на големи претпријатија

1. Во задоволување на специјализирана побарувачка

2. Како и на пазарите на кои флексибилноста претставува конкурентска предност

СЛАБОСТ на средни претпријатија

Проблеми во обезбедување потребни финансиски средства

За да ја елиминираат таа пречка многу средни претпријатија

Се реорганизираат во акционерски друштва

Значителни ефекти може да остварат со т.н економија на обем, во случаи кога

снабдуваат повеќе големи претпријатија со исти производи

ГОЛЕМИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

7 ПРЕДНОСТИ на големите претпријатија

1) Економија на обем –произведуваат по пониски трошоци и продаваат по пониски цени

2) Оптимални залихи на суровини, материјали, резервни делови- намалување на

вкупните трошоци по единица производ

3) Економија на управувањето- користење современи методи и техники на управување

4) Големо пазарно учество- предности на пазарот, подобра позиција на пазар на

набавка и продажба

5) Обезбедување финансиски средства за нивно функционирање

6) Можност за организирање интерен пазар на капитал- одделни делови на

претпријатието меѓусебно конкурираат за обезбедување на финансиски средства

7) Во истражување и развој- резултат се нови производи, нови материјали, нови

технологии, нови техники на управување

Page 19: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

19

2 СЛАБОСТИ на големите претпријатија

1. Проблеми со координирање и контрола

2. Сложеност на организациска структура (поделба на голем број организациски

делови- филијали кои имаат висок степен на самостојност.

ФАКТОРИ НА ГОЛЕМИНАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

4 ФАКТОРИ НА големината на претпријатието:

1) Карактерот на технолошкиот процес (некои може да се формираат единствено како

големи)

2) Пазарот за продажба на готовите производи

Маркетинг концепција на организирање и функционирање-поставување на

потребите и барањата на потрошувачите и на пазарот во центарот на сите

активности на претпријатието

Апсорпционата моќ на пазарот- на готови производи, но и за условите за

обезбедување на потребните материјални ресурси на пазарот за набавка.

3) Организацијата на претпријатието- влијанието е ограничено со технолошките

карактеристики на производството и влијанието на пазарните услови.

4) Специфичните фактори на големина чие дејство доаѓа до израз во одделни

стопански дејности и гранки (на пр екстрактивна индустрија-големината е одредена

од залихите на потребните суровини, прехрамбена индустрија-суровински извори)

Секое претпријатие респектирајќи го дејството на факторите на големина, настојува

да се доближи до т.н оптимална големина.

Оптимална големина на едно претпријатие е онаа големина што дава можност за

оптимално користење на капацитетот и за рационално делување по најниски трошоци

по единица производ.

Оптимална големина е онаа големина на претпријатието што обезбедува најголема

економичност

ПРЕТПРИЈАТИЕ, ПРЕТПРИЕМАЧ,ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Современото претпријатие претставува самостојна стопанска и техничко- технолошка

единица чија што основна задача е да произведува производи и да дава услуги за потребите

на пазарот.

Вкупното функционирање на претпријатието се темели на основниот економски принцип-

да се остварат максимални резултати со минимални вложувања.

Page 20: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

20

Зборот ПРЕТПРИЕМАЧ прв го употребил францускиот економист Ришар Кантијон во

1725 год во своето дело Расправа за трговијата.Тој го опишува претприемачот како

личност што го поднесува ризикот од определена активност.

Жан Батист Сеј

Прв ја одредува положбата на претприемачот и го разграничува обичниот капиталист од

претприемачот

Адам Смит

Го изедначува претприемачот со капиталистот и разликува 3 вида деловни луѓе и тоа на

оние што создаваат

1. Вредно и штедливо

2. Со деловни шпекулации

3. Со деловни иновации

Јозеф А Шумпетер

Се смета за татко на современите сфаќања на претприемништвото.Претприемачите како

поединци се носители на иновации, носители на економски промени и развој на нови

комбинации на фактори на производство.

Претприемачите и претприемничките зафати имаат улога на потикнувачи на економскиот

развој воопшто и на претпријатието одделно.

Попрецизно го определува претприемништвото и смета дека претприемничката

функција се состои во реформирање или во револуционирање на системот на

производство, при што се воведува иновации и промени во следните 5 области:

1) Воведување (п-во) на нов- непознат производ или нов и поквалитетен производ

2) Воведување нова метода на п-во или продажба или на позната но дотогаш

неприменета метода

3) Отварање нов пазар или продор на производот на пазар на кој дотогаш немал

пристап

4) Изнаоѓање на нов извор на суровини или полупроизводи

5) Воведување на некоја нова организација (реорганизација)

Питер Друкер

Претприемач- како личност што ги максимира можностите за постигнување профит,

потенцирајќи ја поврзаноста на претприемништвото, иновациите и претприемачот.

ПРЕТПРИЕМАЧ е личност која

1. Обезбедува капитал за извршување на дејноста на претпријатието

2. Самостојно донесува економски одлуки за функционирање на претпријатието,

3. Ги организира и координира производствените фактори

4. Управува и раководи со вкупното работење и развојот на претпријатието.

Page 21: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

21

ПРЕТПРИЕМНИШТВО ги опфаќа активностите на претприемачот насочени кон:

Организирање

Координирање

Иновирање

на вкупното работење на претпријатието, со цел создавање на нов пазар. На тој начин

се зацврстува позицијата на претпријатието на пазарот

се осигурува неговата иднина

се подобруваат резултатите на неговото функционирање

ПРЕТПРИЈАТИЕТО И ТЕОРИЈАТА НА ФИРМАТА

Теоријата на фирмата

Го проучува апстрактното претпријатие како општа организациона единица и го објаснува неговото однесување на пазарот.

3 теории на фирмата:

1. Неокласична 2. Менаџерска 3. Бихејвористичка

НЕОКЛАСИЧНА ТЕОРИЈА на фирмата

Го објаснува однесувањето на претпријатието тргнувајќи од следните 5 претпоставки:

1) Претпријатието се идентификува со претприемачот, кој во исто време е и сопственик и

менаџер на претпријатието

2) Претприемачот располага со информации за сите релевантни аспекти на средината во кое

функционира претпријатието

3) За секој излезен елемент во облик на одреден резултат, претприемачот избира

комбинација на влезни елементи инпути со најниски трошоци, а рационалното однесување

се состои во избор на таков резултат со кој се максимизира профитот.- единствена цел на

фирмата е да го максимизира профитот

4) Оваа цел се постигнува со примена на маргиналистичка анализа- изедначување на

граничниот трошок со граничниот приход

5) На пазарот постои перфектна конкуренција- (претприемачот при одлучувањето ги познава

сите можни алтернативи на однесување и сите можни исходи на избраниот начин на

однесување)

Маршал

Анализа на нормален животен циклус на фирмата и анализа на т.н. репрезентативна фирма

Пигу

Фирма на рамнотежа

Page 22: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

22

КРИТИКА на неокласична теорија

Нереално е да се очекува дека претприемачите ги познаваат сите алтернативни начини на

однесување

Тешко може да се претпостави дека претприемачите се во можност да ги соберат и обработат

сите релевантни информации

МЕНАЏЕРСКА ТЕОРИЈА на фирмата

Се темели на претпоставката на различноста на интересите на менаџерите и сопствениците на

фирмата.

Најчесто истакнувани цели на менаџерите се:

1. Плата 2. Престиж 3. Статус 4. Моќ 5. Сигурност на работното место

Сите овие цели претставуваат елементи на т.н. функција на корисност, кон чие максимизирање

се стремат менаџерите.

ПРОБЛЕМОТ на ефикасно функционирање на фирмата- Се сведува на проблемот како да се

оствари максимум на функцијата на корисност на менаџерите набљудувана низ постигнување на

споменатите цели.

Бомол

Функцијата на корисноста на менаџерите достигнува максимална вредност кога се остварува

максимално ниво на продажбата под услов да се остварува соодветно ниво на профит.

Поврзаноста на корисноста на менаџерите со нивото на остварена продажба според овој модел

се објаснува со:

1) Постои силно изразена поврзаност помеѓу платите на менаџерите и обемот на продажба

2) Зголемента продажба ја јакне конкурентската способност на фирмата на пазарот

3) Кадровските проблеми полесно се решаваат во услови на зголемување на продажбата

4) Банките и др финансиски институции имаат поголема доверба во фирмите чијашто

продажба се зголемува.

Мерис

Цел на претпријатието- да ја максимизира стапката на раст, која во исто време овозможува

постигнување на највисоки вредности на функцијата корисност на менаџерите и сопствениците-

акционерите.

Најголем број елементи на функцијата корисност на менаџерите и сопствениците се наоѓаат во тесна

корелација со стапката на раст која ја остварува претпријатието- со постигнување на соодветна

стапка на раст се остваруваат интересите на менаџерите и на сопствениците.

Page 23: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

23

Вилиамс

Формира модел на максимирање на функцијата корисност според најважните цели: плата,

престиж, статус, моќ, сигурност и професионална умешност.Квантификација на целите во моделот се

врши со помош на појави кои овие немерливи цели ги иницираат:

1. Стручност и број на лицата кои му се подредени на менаџерот

2. Видот и висината на бенефициите кои менаџерот ги ужива

3. Правото за дискреционо инвестирање на дел од профитот

БИХЕВИОРИСТИЧКА ТЕОРИЈА за фирмата

ОСНОВНА претпоставка на оваа теорија

Субјектите кои одлучуваат во претпријатието се однесуваат на ограничено рационален начин.

Претпријатието претставува сложена организација со голем број поединци и групи кои имаат свои

цели и интереси различни од целите на претпријатието.

Ограничената рационалност на субјектите кои одлучуваат е резултат на 2 моменти:

1. Средината на претпријатието е извонредно сложена и комплицирана

2. Ограничената способност на човекот за учење, прифаќање и обработка на информациите

Нужно е да се респектираат различни интереси на одделните групи:

менаџери,сопственици,работници,купувачи, добавувачи, банкари и сл.

Задоволувачко ниво на остварување на целите и интересите на одделните групи во претпријатието

претставува најважна карактеристика на бихевиористичката теорија на фирмата.

ПРЕТПРИЈАТИЕТО КАКО СИСТЕМ

Карактеристиките на претпријатието како систем:

1) Претпријатието претставува економски систем

2) Претпријатието претставува организациски систем

3) Претпријатието претставува отворен систем

4) Претпријатието претставува сложен систем

5) Претпријатието спаѓа во редот на недетерминирани (стохастички) системи

ЕКОНОМСКИ систем

Претпријатието е носител на одредена економска стопанска активност во процесот на

општествената репродукција.

Односите помеѓу резултатите и вложувањата ја сочинуваат суштината на претпријатието

како економски систем.

Елементите на тие односи(вложувањата и резултатите), факторите што нив ги условуваат и

принципите на функционирањето на претпријатието, преставуваат составни делови,

подсистеми на претпријатието како систем.

1. Вложување на средства, ресурси во претпријатието е услов за отпочнување на

трансформационите процеси

Page 24: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

24

2. Резултатите на функционирањето на претпријатието- се физички, економски,

еколошки, социјални и др влијанија на претпријатието врз својата средина.

3. Факторите на економијата на претпријатието- ги сочинуваат сите влијанија кои

условуваат одредени состојби кај вложувањата и кај резултатите како и одредени

состојби на односите меѓу резултатите и вложувањата.Сите фактори се со

различен опфат и карактер, некои од нив се наоѓаат во самото претпријатие, а

некои дејствуваат од средината.

4. Принципите на функционирање на претпријатието- се правила кои претпријатието

ги применува во своето функционирање

Економски принципи се правила со кои се настојува да се остварат максимални резултати со минимални вложувања.

3 ЕКОНОМСКИ ПРИНЦИПИ

1. Продуктивност- максимални резултати со минимални трошења на работната сила

2. Економичност- максимални резултати со минимални трошења на елементите на

п-во

3. Рентабилност- да се оствари максимална добивка(профит) со минимално

ангажирани средства.

ОРГАНИЗАЦИСКИ систем

Како таков систем претпријатието, го создава човекот со својата свесна и планирана активност заради остварување на однапред поставени цели.

Организацискиот систем има специфичен подсистемкој не постои кај природните и техничките системи- организациски подсистем. Задача на овој организациски

подсистем е:

1. Да го организира функционирањето на организацискиот систем

2. Да ја уредува структурата на системот

3. Интерните односи помеѓу подсистемите

4. Односите на системот со средината

Функционирањето на организацискиот систем претставува трансформација на

влезните големини(инпути) во излезни големини (аутпути).

СТРУКТУРАТА на организацискиот систем ја сочинуваат 5 подсистеми:

1. На влезни функции (активности поврзани со секој влез во организацискиот систем

или во одделни нивни подсистеми, набавна, финансиска, кадровска, транспортна)

2. На излезни функции (активности поврзани со продажба на готови

производи,негово функционирање зависи од континуитетот на функционирање на

подсистемот на технолошки функции (п-во), односно од подсистемот на влезни

функции)

Page 25: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

25

3. На технолошки функции- производствен подсистем (активности поврзани со

создавање на производите, односно со трансформација на влезните елементи во

излезни елементи)Елементи на овој подсистем претставуваат:

Одделни технолошки постапки

Предметите за работа

Техничките подсистеми(машини, опрема и сл)

Одделни организациски подсистеми(одделенија, служби, сектори)

4. Адаптивен има задача да ја истражува средината на организацискиот систем и врз

таа основа да прибира информации и да реализира одредени проекти во врска со

состојбите на пазарот и техниката и технологијата.

Истражување на пазарот

Маркетинг

Развој

Планско-аналитичка функција

5. Управувачки подсистем

3 елементи- цели, услови, методи ни ја даваат суштината на функцијата

управување, односно на управувачкиот подсистем на организацискиот систем.

Раководната функција ја остварува својата улога на тој начин што раководителите,

менаџерите во претпријатието издаваат налози врз основа на кои се покренуваат и

извршуваат сите акции, односно доверуваат задачи и нив ги поврзуваат и меѓусебно

ги усогласуваат, односно вршат координација.

Раководната функција ги конкретизира управувачките одлуки и создава можности за

нивно остварување

5 составни елементи на управувачкиот подсистем:

1. Утврдување на целите

2. Делегирање

3. Координација

4. Информирање

5. Иновирање(корективна акција)

ОТВОРЕН систем

Отвореноста на претпријатието како систем се изразува низ интензивната размена на

енергија, материја и информации со својата средина како систем од повисок ранг.Единствено

низ таквата размена со средината претпријатието може да ги остварува своите цели.

Присуството на управувачките одлуки е всушност оној елемент кој организацискиот систем

го одликува и го претставува како отворен систем.

Page 26: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

26

СЛОЖЕН систем

Сложеноста на системот се заснова на 2 елементи:

1) Структура на системот (се состои од голем број различни подсистеми и елементи,

разни односи и врски:материја, енергија,информации, соработка,

конкуренција,конфликтност)

2) Голем број на управувачки импулси со кои системот се насочува кон поставените

цели. (целиот процес е поврзан со давање на инструкции и донесување на низа

управувачки одлуки- нивниот број е голем и затоа велиме дека претпријатието

претставува сложен систем)

НЕДЕТЕРМИНИРАН (СТОХАСТИЧКИ) систем

Негова основна задача е влезните елементи во системот, преку различни трансформациони

процеси да ги претвори во соодветни излезни големини и на тој начин да ги оствари целите

на своето функционирање.

Решавачко влијание на недетерминираноста на системот имаат човекот и бројните

организациски подсистеми чие однесување однапред не може да се предвиди.

Сепак, во функционирањето на претпријатието како систем може да се откријат некои

правила и законитости со чие познавање може да се насочи претпријатието во саканата

насока.

Основната задача на низа економски дисциплини, посебно на економиката на

претпријатието е токму таква: да ги истражуваат и откриваат тие законитости и на тој начин

што повеќе да придонесуваат за остварување на целите на претпријатието.

ПОЛОЖБАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО ВО СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ НА РМ

3 ЕТАПИ во развитокот на претпријатието, положба на претпријатието во:

1) Државно-административен систем на управување со стопанството (1945-1950)

2) Систем на самоуправување на работниците (1950-1989)

3) Закон за претпријатија 1988 и Закон за трговски Друштва 1996

Државно-административен систем на управување со стопанството (1945-1950)

1. Претпријатието претставуваше државна сопственост

2. Немаше економска самостојност

3. Не покажуваше никаква стопанска иницијатива

4. Немаше самостоен настап на пазарот

5. Не располагаше со финансиска и управувачка самостојност

СЛАБОСТИ на функционирање

Продуктивност на трудот- или стагнира или се намалува

Квалитетот и асортиманот на производството се влошува

Page 27: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

27

Залихите на готови производи се зголемуваат

нема мотивација кај вработените

Систем на самоуправување на работниците (1950-1989)

1) Во областа на производството, претпријатието самостојно одлучувало за обемот,

видот и асортиманот на производите што ги произведувало.Тоа исто така самостојно

одлучувало за набавката на потребните ресурси за производство, за цените на

готовите производи, за нивната реализација и сл.

2) Положбата на пазарот- самостојноста на претпријатието се состоела во тоа што,

претпријатието како стоковен производител своите производи ги разменувало на

пазарот.

3) Во област на планирање – самостојноста се манифестира во можноста

претпријатието автономно и слободна да ја планира и определува вкупната стопанска

дејност.

4) Во областа на распределба на резултатите од работењето- односно на доходот и

личните доходи, самостојноста на претпријатието се зголемувало од година во

година.

Најголем недостаток: Постојано присутна тенденција за негово формализирање- иако

органите на управување институционално беа одредени за носители на власта, во

претпријатијата таа власт фактички беше концентрирана во раководната менаџерска

структура на претпријатието.

Процесот на децентрализација продолжува- систем на здружен труд (поделба на

претпријатието на помали организационо технолошки целини,чии резултати можеа да се

утврдуваат и мерат).

o Договорна економија,

o Принцип на консензус,

o Самоуправно договарање и спогодување

Го оневозмножуваа квалитетното одлучување, потикнуваа непазарно однесување и

заостанување на стопанството и општеството.

Закон за претпријатија 1988 и Закон за трговски Друштва 1996

Според Законот за претпријатија- претпријатието беше определено како правен субјект кој извршува

стопанска активност заради стекнување добивка.

Правен субјективитет- значи дека претпријатието има сопствен имот, дејност, фирма седиште,жиро

сметка, органи на управување, и дека е носител на права и обврски во правниот промет.

Деловен субјективитет- значи дека претпријатието е основн пазарен субјект кој извршува

производство и промет на пазарот, и стекнува добивка.

Page 28: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

28

Законот за трговски Друштва поимот трговска дејност го сфаќа во најширока смисла на

зборот,изедначувајќи го со извршување на одредена стопанска активност : “трговец е секое лице кое

самостојно, трајно, во вид на занимање врши трговска дејност заради остварување добивка со

производство, трговија и давање услуги на пазарот.

Исто така како трговска дејност се означува секоја дејност чија цел е остварување на добивка

(производство на производи за продажба, организирање на промет на стоки, банкарски работи исл)

ОСНОВАЊЕ И ЛОКАЦИЈА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

1) Основни услови за основање на претпријатие

2) Локација на претпријатие (фактори на локација на претпријатие- економски и

неекономски)

6 Основни услови за основање на претпријатие

Бројни услови во врска со основање на ново претпријатие се поврзани со можностите за обезбедување на

потребните:

1. Потребите на пазарот-вистинскиот претприемач не го избира производството на новото

претпријатие според свој вкус, туку според потреби на пазарот и можности за продажба.

2. Материјални ресурси-го определуваат нормалното работење и функционирање на

претпријатието

3. Работна сила- кадрите во претпријатието ја задржуваат улогата на примарен производствен

фактор кој ги искористува и останатите фактори и упарвува со нив

4. Погонска енергија и вода-може да бидат во самото претпријатие или надвор од него.

5. Технолошки процес- при избор може да се ориентира кон примена на современа техника и

технологија со автоматизиран процес на производство или технологија со висок степен на

механизираност , односно со соодветна комбинација на машинска и рачна работа.

6. Паричен капитал- за почетно ангажирање на средства за работа, предмети за работа и

работна сила, како и за користење на туѓи услуги.

Оценувањето на економската оправданост за основање на ново претпријатие,вклучува во

себе и користење на сознанија и податоци за:

Калкулација на цена на чинење на производи и услуги

Продажни цени на производи и услуги

Вкупен приход и добивка на идното претпријатие

Распределба

Продуктивност, економичност и рентабилност

Организациона структура и сл.

Page 29: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

29

ЛОКАЦИЈА на претпријатие -(фактори на локација на претпријатие- економски и

неекономски)

Од изборот на местото, каде ќе биде лоцирано претпријатието, во голема мерка зависат

резултатите што тоа ќе ги постигне со своето работење.

Локацијата на претпријатието се јавува во улога на чинител со решавачко влијание врз

деловната физиономија и успешното остварување на задачите на новото претпријатие.

Макролокација- или локација во поширока смисла на зборот го одредува поширокото

стопанско подрачје на кое се предвидува да се изгради новото претпријатие (град, општина..)

Микролокација- или локација во потесна смисла на зборот прецизно го одредува местото

каде ќе се изгради новиот стопански субјект (место,улица и број исл)

Факторите на локација имаат

Релативна важност и карактер (корекции),Променливо дејство и влијание

КЛАСИЧНИ фактори на локација

1) 5 Економски фактори- приближување на претпријатието:

1. Кон пазарот (што поблиску до пазар на готови производи, пазарот влијае на

локацијата преку висината на транспортните трошоци и карактеристиките на

производите.

2. Кон суровински извори- (транспортните трошоци за осигурување на

потребните суровини ќе се минимизираат, но зависи и од карактеристиките на

суровините и материјалите)

3. До извори на енергија-(зависи од видот на изворот на енергија и количината

на енергија која се троши)

4. До работната сила- (во зависност од видот на претпријатието- но во

современи услови не претставува решавачки критериум)

5. До транспортните и комуникациони патишта и врски-(влијае на 3

начина:Близина на сообраќајни патишта, квалитет на тие патишта, вид и

капацитет на транспортните средства.

2) 4 Неекономски фактори

Може да имаат посилна моќ од економските фактори,бидејќи се наметнуваат со сила

на законски решенија на државните органи

1. Одбрана на земјата- наметнува потреба за градење мали и средни

претпријатија лоцирани на различни места, не концентрирани на едно место.

2. Здравјето на населението- претпријатија со штетни отпади да бидат

подалеку од населени места.

3. Безбедноста на луѓето-претпријатија кои употребуваат или произведуваат

експлозив треба да бидат одалечени од населените места.

4. Заштита и унапредување на животната и работната средина-проблеми со

егзистенцијално значење за опстанок на секое општество

Page 30: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

30

УПРАВУВАЊЕ СО СРЕДСТВАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Целта на управувањето со средствата на претпријатието е создавање на услови

вложувањата на елементите во производтвото да обезбедат остварување на соодветни

резултати

Најкарактеристични обележја се оние кои произлегуваат од нивното диференцирање

според:

Елементите на вложувањата (предмети за работа, средства за работа, работна сила)

Облиците на вложувањата (ангажирање и трошење)

Претворање на паричните средства во елементи на производство и нивно задржување во таков облик до одреден момент претставува ангажирање на средствата.

Добивањето нови производи поврзано е со производствено трошење на предметите за работа, средствата за работа и работната сила.Трошењата се изразуваат на 2

начина:

Потрошоци- природни облици на трошење,се изразуваат во натурални

единици

Трошоци- ценовен, вредносен израз на потрошоците

Видовите на вложувањата (натурални и парични)

o Натурални вложувања- се изразуваат во физички единици

o Парични вложувања- одредени вредности вложени во набавени предмети за

работа ,средства за работа или во сите други облици на обртни средства

1) АНГАЖИРАЊЕ на средства во репродукцијата

1. Кружно движење на ангажираните средства

2. Метаморфози и состојби на ангажираните средства

3. Елементи на ангажирање на средствата

4. Основни детерминанти (фактори) на ангажираните средства

2) ТРОШЕЊЕ на средствата во репродукцијата

3) МЕЃУСЕБНИ ОДНОСИ И ВРСКИ на ангажирањето, трошењето и

репродукцијата на средствата

4) АНГАЖИРАНИ СРЕДСТВА И КВАЛИТЕТ НА ЕКОНОМИЈА на претпријатието

Page 31: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

31

5) СРЕДСТВАТА на претпријатието-појавни облици на ангажирањето

1. Поделба

2. Постојани средства

3. Обртни средства

4. Извори на средствата

АНГАЖИРАЊЕ на средства во репродукцијата

Претставува посебен облик на вложувања на средства во репродукцијата.

Основна цел на ангажирањето е осигурување на континуирано одвивање на

производството, размената и целиот тек на репродукцијата.

Репродукција на средствата значи надоместување на вредноста на потрошените

средства,преку нивно целосно заменување и проширување во следниот циклус на

производство.

За ефикасно управување со средствата на претпријатието потребно е да се

располага со точни и ажурни информации за следните аспекти на ангажирањето на

средствата:

1) Кружно движење на ангажираните средства

1. Подготвителна фаза (набавка на предмети и средства за работа и

обезбедување работна сила)

2. Фаза на производство (се создаваат нови производи)

3. Продажна фаза (производите се продаваат на пазарот, ангажираните

средства добиваат паричен облик и се деблокираат)

2) 4 Метаморфози и 5 Состојби на ангажираните средства

Појавните облици на ангажираните средства се менуваат преминувајќи од

еден облик во друг, тие измени се -преминување :

1. Од паричен облик во стоковен облик

2. Од стоковен облик во преодно технолошки облик

3. Од преодно технолошки во стоковен облик

4. Од стоковен во паричен облик

СОСТОЈБИ на ангажираните средства

1. Почетна парична- состојба на почеток на ангажирани средства

2. Почетна стоковна-купување на средства и предмети за работа

3. Преодна технолошка- се поврзани директно за производство

Page 32: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

32

4. Завршна стоковна- производството е завршено-производи на залиха

5. Завршна парична- извршена продажба и наплата на цената.

Во кружното движење се разликуваат 2 состојби

Финансиска (почетен паричен облик и завршен паричен облик)

Материјална (почетен стоковен, преоден технолошки и завршен

стоковен облик)

3) ЕЛЕМЕНТИ на ангажирање на средствата

Се подразбира ангажирање на средствата во основните фактори на секој

процес на производство:

1. во предметите за работа (почнува со набавка на предмети за

работа,со прминување на средствата од почетен паричен облик во

почетен стоковен облик на ангажирање)

2. во средствата за работа (се парични средства кои се блокирани во

купените средства за работа-машини,инсталации, транспортни с-

ва,градежни објекти)

3. и во работната сила (оној дел од обртни средства кој е ангажиран за

исплата на платите на работниците)

4) ФАКТОРИ на ангажираните средства

1. Големина на ангажираните средства

е одредена со сумата на средства кои се ангажирани во претпријатието во одреден временски период

2. Времето на ангажирање на средствата

Го опфаќа временскиот период кој ангажираните средства го

поминуваат во репродукцијата од моментот на блокирање до моментот

на деблокирање на средствата.

Двете детерминанти во теоријата и практиката се набљудуваат заедно кога се

оценува нивното влијание на ефикасноста на функционирањето на претпријатието.

За ефикасноста на претпријатието е особено важно сумата на ангажираните

средства да биде што помала, а времето на ангажирање, што пократко, под услов и со

така ангажираните средства претпријатието да ги остварува своите цели.

Просечно ангажирани средства во текот на годината=збирот на ангажирани

средства во секој месец /12

As= As1+As2+As3…..

12

Page 33: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

33

ТРОШЕЊЕ на средствата во репродукцијата

Ангажирањето на средствата во репродукцијата претставува вложување на

средства заради континуирано одвивање на производството.

Работната сила се троши во процесот на производство и со тоа трошење работата на

човекот со помош на средствата за работа , влијае на предметите за работа и ги

претвора во нови производи.

Предметите за работа ја пренесуваат својата вредност целосно и материјално се

трансформираат во новиот производ.

Средствата за работа пренесуваат само дел од својата вредност на производот што

се произведува.

Учеството на елементите на производството во самото производство се изразува

на различни начини:

Предметите и средствата за работа потрошената вредност ја пренесуваат на новиот производ

Додека работната сила со своето трошење на новиот производ му дава нова вредност.

Кај средствата за работа сумата на ангажираните средства е поголема од износот на

потрошените средства.

Аs > T

Кај предметите на работа износот на ангажираните средства најчесто ја надминува големината на потрошените, поради потреба да се обезбеди одредена залиха на материјали, суровини, гориво и сл.

Коефициентот на ангажирање на средствата- покажува колку просечно се ангажирани средства по единица направени трошоци во врска со извршената активност на претпријатието во одреден временски период.

Ka=

As

T

Тој е показател на квалитетот на економијата на претпријатието.Доколку е

помал,квалитетот на економијата е поголем, бидејќи за иста сума потрошени

средства- ангажирани се помалку средства, и обратно.

МЕЃУСЕБНИ ОДНОСИ И ВРСКИ на ангажирањето, трошењето и репродукцијата

на средствата

Цел на агажирањето е создавање услови за производствено трошење на средствата,

а цел на производственото трошење на средствата е создавање на нови

производи,а со тоа и услови за репродукцијата, обновување на потрошените

средства.

Page 34: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

34

Во кружното движење на средствата ,производственото трошење е услов за

репродукција на средствата, а услов за трошење претставува репродуцирањето на

порано ангажираните средства.

РЕПРОДУКЦИЈАТА на средствата може да биде:

1. Натурална

Натурално репродуцирање на средствата на работа

(започнува со замена на одделни делови на средствата поради нивната истрошеност, азавршува со физичка замена на средставта за работа со нови средства.)

Натурално репродуцирање кај предметите на трудот

(Значи набавка на нови предмети за работа како замена за старите)

2. Финансиска

финансиско репродуцирање на средствата на работа

(се врши со пресметка на амортизација ,како израз на трошење на средствата и нејзино вкалкулирање во продажната цена на производите.)

финансиско репродуцирање кај предметите на трудот

(со продажба на производите)

Репродукцијата на работната сила е специфична.Работникот трошејќи ја својата

работна сила создава нови производи.Со продажбата и наплатата на продажната

цена се создаваат финансиски услови за физичко репродуцирање на потрошената

работна сила.

ОБЕМОТ на репродукција во едно претпријатие зависи од тоа колкава сума на

потрошените средства се враќа повторно во процесот на репродукција.

Репродукцијата може да биде:

1. Проста- обемот на п-во во наредниот производствен циклус го задржува на

исто ниво.

2. Проширена-репродуцира зголемен обем на активност,во наредните

производствени циклуси се зголемуваат ангажираните и потрошените

средства .

3. Смалена- смалување на обемот на активноста, односно на работењето во

репродукционите циклуси што следат.

Page 35: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

35

АНГАЖИРАНИ СРЕДСТВА И КВАЛИТЕТ НА ЕКОНОМИЈА на претпријатието

Управувањето со ангажираните средства треба да придонесе за подобрување на квалитетот на

економијата на претпријатието.За таа цел во управувањето со ангажираните средства се користат

повеќе показатели кои ја отсликуваат ефикасноста на употребата на ангажираните средства.

1) Коефициент на вртење на средствата Кv

претставува мерка на ефикасноста на вртењето на ангажираните средства,е број кој ни ја покажува брзината на кружното движење на ангажираните средства.

се изразува како однос помеѓу вкупниот приход и ангажираните средства за остварување на тоа производство

Kv= C

As

Ако Kv е поголем ефикасноста на употребата на ангажитраните средства е поголема .

2) Коефициент на ангажирање на средствата Ка

претставува однос меѓу ангажираните средства и направените трошоци.Поголемо ниво на квалитет се остварува ако Ка е помал во споредба на некој поранешен период или др претпријатие.

3) Коефициент на репродукција на средствата Krs

Се изразува како однос помеѓу остварената акумулација и ангажираните средства.Тој ја

покажува репродукционата способност на претпријатието.

Репродукционата способност на претпријатието ја сфаќаме како способност на

претпријатието во дадени услови и определено време да ја прошири својата активност.

Зголемување на Krs во два сукцесивни периода зборува за позитивно влијание на

ангажираните средства врз квалитетот на економијата на претпријатието и обратно.

СРЕДСТВАТА на претпријатието-појавни облици на ангажирањето

Вкупните средства на претпријатието, односно неговиот вкупен имот ги чинат:

1. Разни конкретни облици на средства со кои се извршува стопанската

активност

2. Средства за заедничка потрошувачка

3. Средства за резерви

4. Други вонделовни средства

Ka = As

T

Krs = Ak

As

Page 36: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

36

Нето имот или капитал на претпријатието е имот кој се формира од сопствени извори.Се утврдува кога од вредноста на вкупниот имот односно вкупните средства се одзема вредноста на позајмените средства од други субјекти.

1. Поделба на средствата според

1) Облици во кои средствата се јавуваат (материјален,пари,права)

2) Намена за која средствата се користат (деловни и вонделовни)

3) Фазите на циклусот на репродукција во кои средствата се ангажирани

односно блокирани (с-ва во фаза на п-во, с-ва во фаза на промет)

4) Начинот на обезбедување на средствата,изворите од кои се

обезбедуваат средствата (сопствени,туѓи извори,трајни и

повремени извори)

Средствата од трајни извори му служат на претпријатието за трајно

извршување на дејноста (капиталот како извор)

Средствата од повремени извори ја извршуваат својата функција во

претпријатието во ограничен период, до плаќањето на обврските.

2. Постојани средства

Поим

Класификација

Структура

Вредност

Ревалоризација

Амортизација и системи на амортизација

Капацитет, видови капацитет

Фактори на искористување на капацитетите

Мерење на искористеноста

3. Обртни средства

Класификација

Кружно движење

Коефициент на обрнување на обртни средства

Фактори од кои зависи големината на обртните средства

Оптимализација на обртните средства

Оптимализација на залихи на предмети за работа

Page 37: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

37

4. Извори на средствата

Видови извори

Извори на средства според можности за располагање со капиталот

Извори на средства според потеклото на капиталот

Извори на средства според намената на средствата

Структура на извори на средства

ПОСТОЈАНИ СРЕДСТВА

1) Поим-

постојани средства се оние средства кои во процесот на производство се

употребуваат за повеќе производствени циклуси и кои за целиот тој период не го

менуваат својот физички облик туку само ја пренесуваат својата вредност постепено,

дел по дел на новите производи според степенот на нивното физичко

трошење.Најважен дел на постојаните средства е опремата или средствата за

работа.

2) Класификација

Според состојбата во која се наоѓаат

1. Во изградба или подготовка- започнати работи врз одделни видови с-ва

2. Во функција односно во употреба-активно се употребуваат и се во функција

3. Вон употреба-поради разни причини привремено не се во употреба

4. Неупотребливи- трајно не може да функционираат

Според облиците во кои се јавуваат

1. Материјален облик-градежни објекти,опрема

2. Облик на права, нематеријални вложувања- патенти,лиценци,техничка

документација

3. Во облик на пари, т.н. долгорочни финансиски вложувања-парични с-ва кои

претпријатието ги вложува во други претпријатија кои со него соработуваат

3) Структура

Структурата на постојаните средства го покажува учеството на одделни видови

постојани средства во вкупните постојани средства и нивните меѓусебни односи

најчесто изразено во проценти.

Page 38: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

38

Најважни фактори се:

1. Стопанска дејност на претпријатието

2. Карактеристиките на технолошкиот процес (технолошките процеси што ги

применуваат претпријатијата се разликуваат меѓусебе,дури и кај

претпријатија од иста стопанска дејност)

3. Ниво на техничка опременост на трудот – кај претпријатијата е

различно,дури и кај претпријатија кои произведуваат исти производи.

Анализата на структурата може да ја конкретизира улогата на секој елемент на таа

структура и да укаже на места каде треба да се интервенира за да се осигури

успешното работење на претпријатието.

4) Вредност

Основната смисла на натуралната евиденција е да се знае какви постојани средства

има во претпријатието и каде тие средства се наоѓаат.

Евиденцијата на вредноста на постојаните средства овозможува следење на трансформацијата на вредноста на постојаните средства низ процесот на нивното трошење во репродукцијата.

Кај постојаните средства разликуваме

1. Набавна вредност (се јавува само еднаш при купување на постојаното

средство)

2. Амортизациона или смалена вредност (ни го покажува износот на

извршените отписи на постојаното средство до одреден момент)

3. Сегашна или неотпишана (претставува разлика меѓу набавна вредност и

вкупно извршената амортизација до одреден момент)

4. Пазарна вредност (е вредноста што тоа средство ја има на пазарот)

5) Ревалоризација

Усогласување на набавната со пазарната вредност на постојаните средства се врши со помош на посебна постапка позната како ревалоризација на постојаните средства

Ревалоризација на вредноста на постојаните средства во суштина значи повторно одредување на вредноста на постојаните средства, односно нова проценка на нивната вредност.

Со ревалоризацијата се остваруваат следните цели:

1. Се овозможува реално проценување, прикажување и следење на имотот на претпријатието

2. Се овозможува амортизацијата да се пресметува во износи кои се адекватни

3. Се овозможува пореално пресметување и прикажување на расходите на претпријатието и добивката,

4. Се овозможува пореална проценка на развојните можности на

претпријатието

5. Се оневозможуваат евентуални злоупотреби при прометот со средствата.

Page 39: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

39

Постојат 2 метода за ревалоризација на постојаните средства

Метод на проценка (се состои во директна проценка на секое

постојано средство и утврдување на нова пазарна вредност)

Метод на коефициенти (со примена на одредени коефициенти на

набавната вредност се добива нова ревалоризирана вредност на

постојаните средства).Општа ревалоризација- ги опфаќа сите

постојани средства, делумна ревалоризација-се однесува само на

одделни постојани средства.

6) Амортизација и системи на амортизација

Во економска смисла амортизацијата е паричен израз на трошењето на постојаните

средства

Амортизацијата е економска категорија која претставува трошење,а со тоа и

намалување на вредноста на постојаните средства, од една страна и пренесување на

соодветен дел од вредноста на постојаното средство на новите производи од друга

страна.

Физичко трошење е трошење на средствата кое настанува поради употребата на

постојаните средства , поради настанување на разни оштетувања на средствата

(расипување, кршење и др штети) како последица на нестручно ракување со средствата

,недоволно одржување или поради дејството на природните услови.

Економско или морално трошење односно застарување на средствата настанува кога

како последица на научно-технолошкиот прогрес се јавуваат нови, поусовршени средства

со многу поголема ефикасност.

Амортизациона квота- годишен износ на пресметана амортизација

СИСТЕМИ на амортизација:

1) Временска-трошењето на вредноста на постојаните средства зависи од времето на

употреба, 3 методи

Метод на константна, линеарна, рамномерна амортизација- вредноста на

постојаното средство се амортизира преку еднакви годишни амортизациони

квоти за толку години за колку се предвидува дека постојаното средство ќе се

користи.

Метод на дегресивна амортизација- амортизацијата е најголема во почетокот

на употребата, додека потоа постепено опаѓа во наредните години и најмала е

при крај на траењето на постојаните средства.Предност-намалување на ризикот

за настанување на економска застареност на средствата.

Метод на прогресивна амортизација- амортизацијата од година во година се

зголемува, има оправдување кога се ска да се намалат негативните финансиски

резултати од работењето.

Дегресија и прогресија на амортизацијата може да се постигне на 2 начина- со примена

на дегресивна/прогресивна стапка на иста основа или со примена на иста стапка на

различни основи на амортизација.

Page 40: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

40

2) Функционална- тргнува од учинокот што средствата го остваруваат:поголем учинок-

поголема амортизација и обратно.

Основата за амортизација ја претставува набавната вредност на постојаното

средство.

Амортизацијата пресметана на овој начин има карактер на пропорционален

трошок- се зголемува со зголемување на учинокот на постојаното средство, а се

намалува со неговото намалување, додека по единица учинок останува непроменето.

Комбинирање на временскиот и функционален систем на амортизација

Е истовремена употреба на временскиот и функционалниот систем на амортизација-

за секое постојано средство се предвидува бројот на годините на употреба и

учиноците што тоа средство се очекува да ги оствари

Усогласувањето на остварените со потребните амортизациони квоти се врши со

помош на коефициентот на искористеност на постојаното средство.

Коефициентот на искористеност претставува однос помеѓу фактичката

искористеност и планираната искористеност на постојаното средство.

Кај функционалниот систем на амортизација пресметаната амортизација по единица

учинок претставува директен трошок и таа се пресметува за постојаните средства

кои се употребуваат во директното производство.

Временска амортизација се пресметува за оние средства кои не се искористуваат во

доволна мерка , како и за оние што служат за општи потреби.

7) Капацитет, видови капацитет

Капацитетот претставува способност на постојаното средство , на групата постојани средства, на одделението и погонот или на целото претпријатие да произведе определено количество производи во определено време.

На произведеното количество производи влијаат и голем број други фактори:

1. Обемот и структурата на обртните средства

2. Нивната усогласеност со структурата на постојаните средства

3. Интензитетот на нивното искористување

4. Работните способности и стручноста на работниците

5. Нивното познавање на производната технологија

6. Ефикасноста на менаџментот и сл

Капацитетот би требало да се дефинира како производствена способност на

факторите на производство.

Капацитетот како максимално производство што може да се оствари со

расположливата опрема има свое значење и оправдување.

Page 41: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

41

Капацитетот на претпријатието ги претставува неговите производствени резултати

или неговите деловни можности во целина.Во таа смисла капацитетот на

претпријатието е одреден со количината на производите или извршените услуги во

одреден временски период.

Капацитетот на постојаните средства претставува потесно набљудување на

капацитетот.тој ја изразува способноста и можноста на постојаните средства да

овозможат создавање на одредени производи во единица време.

Капацитетот на постојаните с-ва може да се набљудува: квантитативно и квалитативно.

Производствен потенцијал е збир на капацитети на сите с-ва на една организациска единица

Диспропорција-ако капацитетите на постојаните средства кои се во ист процес на производство и чие функционирање е меѓусебно зависно, се разликуваат меѓусебе.

Диспропорцијата на капацитетот се манифестира како тесно грло и слободен капацитет.

Тесно грло- ако има помал капацитет во однос на друго постојано с-во кое

обработува ист предмет за работа.Елиминирање на тесно грло може да се направи

со една од следните мерки:

1. Преместување на најдобрите работници на машината која претставува тесно грло

2. Воведување на прекувремена работа на машината која е тесно грло

3. Користење иста машина под закуп од друго претпријатие

4. Набавка на друга машина со поголем капацитет

Слободен капацитет се јавува кај оние постојани средства кои имаат поголем

капацитет од другите постојани средства во меѓусебноповрзаниот процес на

производство.Искористување на таков капацитет:

1) Воведување дополнителен асортиман за подобро искористување на

постојаното средство со поголем капацитет

2) Воспоставување на кооперантски односи со други претпријатија заради

искористување на слободниот капацитет

3) Издавање на постојаното средство под закуп на другите претпријатија

4) Продажба на постојаното средство

ВИДОВИ на капацитет се делат според 4 критериуми:

1. Според видот на постојаните средства (на градежни објекти, уреди и

инсталации,транспортни с-ва..)

2. Според опфатот на средствата (на поединечно, на група, на претпријатието во

целина)

3. Според факторите на искористување на капацитетот (технички и

економски )

Page 42: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

42

Техничкиот капацитет ја претставува онаа производствена

способност на постојаните средства која е одредена од нивните

технички карактеристики

Економски капацитет ја претставува онаа производствена способност

за п-во на одредени производи која е условена и од други фактори.

4. Според производствените можности на постојаните средства (максимален

минимален,реален оптимален, остварен или реализиран)

Максимален или вграден капацитет (теоретски или идеален)- ја претставува онаа производствена способност на постојаното средство која ја даваат техничките елементи такви какви што се дадени со конструкционото решение.

Минимален капацитет е оној што ја покажува минималната количина на учинок што

ја дава постојаното средство.

Реален (работен) капацитет е оној капацитет на постојаното средство кој може да се оствари во дадена ситуација и услови-реално искористување на вградениот капацитет во одредена временска единица.

Реален капацитет=максимален капацитет- планирани загуби на време

Планирани загуби на време (застои, прекини на работата):

Задолжителни прекини заради тековно и инвестиционо одржување

Монтирање на нови алати на машината заради преминување на нова

работна операција

Чистење и подмачкување на машината

Оптимален капацитет се набљудува од технички и економски аспект.

Од технички аспект- претставува производство на онаа количина производи која од

техничка гледна точка осигурува најповолен интензитет на работа на постојаното

средство и која обезбедува најголем век на траење на постојаното средство.

Од економски аспект- оптималниот капацитет се јавува на оној степен на

искористеност на капацитетот на кој постои најповолен однос помеѓу приходите и

трошоците, односно кога финансискиот резултат е најголем.

Остварен или реализиран капацитет-го покажува фактички постигнатиот степен на

искористеност на капацитетот во определено време.

Остварен капацитет=реален(работен) капацитет

Остварен капацитет=реален капацитет- непланирани загуби на време

Непланирани загуби на време:

Неорганизираност на работата

Недостаток на електрична енергија

Ненавремена набавка на суровини и материјали

Недоаѓање на работници на работа

Page 43: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

43

8) Фактори на искористување на капацитетите

5 објективни фактори (претпријатието не може да влијае)

1) Пазарот на готови производи- главен објективен фактор кој влијае на степенот на

искористување на капацитетот

2) Квалитет и расположливост на предметите за работа- предмети за работа со полош квалитет, како и недостиг на репродукционен материјал директно влијаат на намалување или послабо користење на капацитетот.

3) Техничките карактеристики на средствата за работа-состојба во која се наоѓаат-

дали се современи и исправни или се застарени и подложни на чести расипувања.

4) Средствата за работа во краток временски период се непроменливи, така што тие објективно влијаат врз квалитетот на економијата на претпријатието , па и на искористувањето на сопствениот капацитет.

5) Усогласеноста на постојаните и обртните средства-претпријатието треба да води сметка и да осигури доволно финансиски средства за набавка на предмети за работа и други елементи неопходни за производството.

6) Асортиманот на производите- со измени во производствената програма и

асортиманот на производите, се менува и ангажираноста на капацитетот.

3 субјективни фактори (претпр. може да влијае, имаат организациски

карактер)

1. Организацијата на работењето и функционирањето на претпријатието- од квалитетот на организацијата зависи и степенот на искористување на постојаните средства.

2. Соодветен број на работници со определена стручност и квалификуваност-одржувањето и ракувањето со опремата како фактор кој влијае на нејзината искористеност е условена од степенот на квалификуваност и стручни знаења на работниците.

3. Забрзувањето на реализацијата на готовите производи- продажната

функција може многу да допринесе за забрзување на продажбата.

9) Мерење на искористеноста

Количината на учиноци што ја остварува едно постојано средство е основна мерка

за искористување на капацитетот.

Во тесна врска со начинот на изразување на капацитетот се и методите за мерење

за искористеноста на тој капацитет.

3 групи на методи на мерење на капацитетот

1) Макроекономски методи 2 методи

Метод на максимално месечно производство

Метод на распоред на работници по смени

2) Микроекономски методи 3 методи

Метод на моментални набљудувања- се издвојува репрезентативен дел

чиешто искористување се набљудува.

Page 44: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

44

Метод на машински часови-капацитетот на машини, уреди, на цело претпр се изразува во машински часови.Се користи ако производствениот асортиман е широк и хетероген. Показатели на степен на искористување на кап.:

Остварено работно време во однос на календарско работно време

Остварено работно време во однос на режимско работно време (календарско-време на недели, празници,одмори,меѓусменски застои)

Остварено работно време во однос на нормирано работно време режимско-загуби на време поради одржување и поравки,чекање исл

Остварено работно време во однос на планираното работно време нормирано-загуба на време поради виша сила,недостиг на енергија исл

Метод на инсталирана погонска сила

Го врши со утврдување на односот помеѓу потрошената и

инсталираната сила на погонските машини,односно оние средства на

работа кои ја обезбедуваат потребната енергија за нормално

функционирање на претпријатието (разни електромотори, генератори и сл)

Методот е едноставен и лесен, но не е најточен бидејќи непродуктивното

трошење на енергија не се зема во предвид , поради што добиваме

повисок степен на искористување на капацитетот од оној кој фактички е

постигнат во производството

Мерењето на степенот на искористеност може да се врши со

утврдување на односот помеѓу:

1. Искористените и можни часови на работа

2. Остварениот учинок и можниот учинок во единица време

3. Вкупно остварена енергија и можната количина на произведена

енергија

3) Макро- микро методи

Метод на линеарно програмирање и др методи

Со следење и мерење на искористеноста на капацитетотсе добиваат многу корисни

информации кои овозможуваат донесување одлуки и превземање мерки за

порационално искористување на капацитетите:

o Увид во расположливи резерви на капацитетот

o Отстапувања на релација планирано-остварено

o Причини за овие отстапувања

Page 45: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

45

ОБРТНИ СРЕДСТВА

Обртните средства целосно се трошат во еден циклус на репродукција и количински

и вредносно целосно се трансформираат во нов производ.

Кај обртните средства што се јавуваат како предмети за работа, основна карактеристика е таа што тие влегуваат целосно, со сета своја супстанца во новиот

производ.

Битна карактеристика на обртните средства е нивното постојано кружно движење ,нивното обрнување во процесот на репродукција и преминување од еден облик во друг облик.

Основна функција на обртните средства е најпрво да се купат материјали и

суровини кои низ процесот на производство се претвораат во готови производи.

Коефициентот на обрнување на средствата е основа за диференцирање на постојаните и обртните средства.Ако епомал од 1, се сметаат за постојани средства, во споротивно се обртни

1) Класификација

Најчеста е ПОДЕЛБА според:

1. Појавни облици (предмети, права, парични средства)

Предмети:суровини и материјали,недовршено п-во и полупроизводи,залихи на готови п-ди,ситен инвентар,амбалажа и резервни делови.

Права:краткорони побарувања,аванси,депозити во банка или кај друг субјект,кауции во пари или хартии од в-ст како гаранција,побарување од купувачи,побарувања од заедничко работење,побарувања за повеќе платени даноци

Парични средства: на жиро сметки и на тековни сметки,во касата, на девизни сметки,хартии од в-ст:чекови, меници и краткорочни финансиски вложувања во др претпријатија, во банка,дадени кредити во земјата и странство и др.

2. Економска содржина (во стоковен, паричен облик и во пресметка)

o Во стоковен облик спаѓаат:залихи на материјали,на полупроизводи и готови п-ди

o Во паричен облик:сите парични средства како и побарувања во паричен облик

o Во пресметка: побарувања од купувачи, активни временски разграничувања

3. Ангажирање во процесот на репродукција (сфера на п-во , сфера на промет)

Во сфера на производство:основен материјал,помошен материјал,гориво,

мазиво,ситен инвентар,полупроизводи,недовршено производство.

Во сфера на промет: готови производи, парични с-ва,побарувања од купувачи

4. Изворите (сопствени и туѓи)

5. Актуелната официјална шема на билансот на состојба (залихи, краткорочни

побарувања, краткорочни финансиски вложувања, хартии од в-ст и парични с-ва)

Page 46: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

46

Залихи (на материјали, резервни делови,ситен инвентар,п-во во тек, готови п-ди и стоки)

Краткорочни побарувања од работењето (дадени аванси,депозити,кауции,од купувачи во земјата и странство,др побарувања од работењето)

Краткорочни финансиски вложувања-слободни парични средства кои претпријатието ги вложува заради остварување на различни цели и интереси во рок од 1 година:вложувања во поврзани претпријатија, во банки,кредити во земјата и странство и др.краткорочни вложувања

Хартии од вредност и парични средства- меница и чек,с-ва во каса и на разни

сметки на претријатието.

2) Кружно движење на обртните с-ва

Обртните средства во процесот на репродукција се во постојано движење и обрнување низ фазите

1. Прометна фаза- набавка на предмети за работа со готови парични средства

2. Фаза на производство-трошење на предмети за работа и нивно

трансформирање во готови п-ди

3. Прометна фаза-продажба на готови п-ди,наплата на побарувањата и добивање

на готови пари

Кружно движење на обртни средства кај производствено претпријатие

P-PR-Pr-GP-P1

Пари-предмети за работа-производство-готови производи-зголемени пари

Кружно движење на обртни средства кај трговско претпријатие

P-S-P1 пари-стоки-зголемени пари

3) Коефициент на обрнување на обртни средства

Основна функција на обртните средства е со своето кружно движење и обрнување да ги

овозможуваат набавката,производството и продажбата на одредени производи,како 3

меѓусебно поврзани и условени фази на процесот на репродукција.

Ефикасноста на вршењето на оваа функција зависи од брзината на обрнување на овие

средства

Коефициентот на обрнување на обртните средства е број кој ни покажува колку пати

ангажираните обртни средства (AOBs) се содржат во вкупниот приход C на

претпријатието.

Траење на обртот на средствата или циклусот на обртот може да се пресмета со една од

формулите

To = 360

To = AOBs x 360

Ko C

Ko = C

AOBs

Page 47: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

47

Со помош на коефициентот на обрнувањето на средствата и траењето на обрнувањето

се следи брзината на обрнувањето на средствата и нивното искористување.

Доколку Ко е поголем, а времетраењето на обрнувањето пократко, на претпријатието му

се потребни помалку обртни средства.

Доколку Ко е помал,а времетраењето на обрнувањето подолго,на претпријатието ќе му

биде потреба поголема сума на обртни средства.

Ко може да се пресметува не само глобално,тку и аналитички за одделни видови обртни

средства,или за одделни фази на кружното движење.Тој се разликува од претпријатие до

претпријатие во зависност од стопанската дејност и гранка.

Поголем коефициент на обрнување=зголемување на ефикасноста на работењето

4) Фактори од кои зависи големината на обртните средства

Големината на обртните средства ја условуваат и ја детерминираат

1. Објективни фактори

Обем,асортиман,квалитет на производи

Обемот на произвоство влијае на големината на обртните средства,такашто по правило поголемата количина производи предизвикува поголема потреба за обртни средства во сите фази на циклусот на обрнување на средствата.

Асортиманот и промените во асортиманот влијаат на тој начин што може да го зголемат или намалат учеството на п-ди кои трошат поголеми или помали количини на суровини,енергија,материјали или сл.,а со тоа влијаат на големината на обртните с-ва.

Подобриот квалитет на производите условува поголема сума на обртни

средства.

Карактеристики на технолошкиот процес

Влијаат на висината на обртните средства преку:

o Должината на траење на технолошкиот процес (влијае на висината на

обртните средства ангажирани во производството во тек.

o Карактеристиките на производите (во зависност од особините на производите секое претпријатие ангажира различна сума на обртни с-ва во залихи)

o Типот на организацијата на п-вото (индивидуално, сериско, масовно)

Индивидуално или поединечно се работи по нарачка и нема залихи,

нема ангажирани обртни с-ва во залиха на готови производи.

Сериско, масовно п-во се произведува во големи количини и пласманот не е однапред определен,производите се чуваат на залиха и ангажираат соодветен износ на обртни средства.

o И др. производствено технолошки карактеристики

Сезонскиот карактер-претпријатијата чие производство има сезонски

карактер имаат поголеми потреби од обртни средства(земјоделство)

Page 48: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

48

Однесувањето на деловните партнери

Секое непочитување на договорените обврски од страна на деловните партнери, како во подрачје на набавка така и во продажба на производите,ги зголемува потребите од додатни обртни средства.

2. Субјективни фактори

Организација на набавката

цел е обезбедување на суровини и материјали со добар квалитет, во оптимална количина и во потребно време , со правилен избор на добавувачи и со што пониски набавни цени.

Организација на продажбата

основните цели и задачи на продажната функција се состојат во задоволување на платежно способната побарувачка за производите на претпријатието ,во забрзување н апроцесот на продажба,во намалување на ризикот при продажба и сл.

Побрза наплата на побарувањата

Продажната функција може многу да допринесе за побрзо наплатување на побарувањата а со тоа и за подобра циркулација на обртните средства.

5) Оптимализација на обртните средства

Под оптимална големина и структура на обртните средства се подразбира таква

состојба на големината и структурата на обртните средства во одделните облици на

нивното кружно движење, која најмногу одговара на потребите на претпријатието.

Тој оптимум најчесто се остварува кога со минимални вложувања на обртни средства ќе

се постигнат максимални резултати.

Оптималноста на обртните средства OBop во практиката може да се оценува со

утврдување на односот помеѓу расположливи обртни средства OBr и потребни обртни

средства OBp

OBop = OB r

OB p Ако OBop < 1 тоа значи дека расположливите обртни средства се помали од потребните

што остава негативни последици на работењето бидејќи во функционирањето на

претпријатието се чувствува недостиг на обртни средства.

Ако OBop > 1 е неповолно, бидејќи во тој случај претпријатието располага со поголеми

обртни средства во однос на реалните потреби, поради што доаѓа до непотребно

ангажирање на обртни средства,зголемување на трошоците со сите негативни последици

што произлегуваат од тоа.

Секоја комбинација во која отстапувањето е помало,односно во која односот на овие две

големини е поблиску до 1, поволно влијае на работењето на претпријатието.

Односот помеѓу расположливите и потребните обртни с-ва треба да се следи по

одделни видови обртни с-ва и тоа во определени временски интервали(на почеток на

годината и на тромесечие)

Page 49: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

49

4 МЕТОДИ за утврдување на големината на потребните обртни средства:

1. Врз основа на денови на врзување на обртните средства во одделни фази и во

одделни елементи во кои се јавуваат обртните средства.

2. Врз основа на вкупниот број денови на траење на репродукциониот циклус

3. Користење каматни броеви за пресметување на висината на потребните обртни

средства

4. Користење залихи на предметите за работа за пресметување на големината на

обрт. с-ва

Првата метода најчесто се употребува-појдовна основа за одредување на потребните

обртни средства претставува утврдувањето на бројот на денови на ангажирање

(врзување) на обртните средства по фазите на циклусот на обрнување.

Ko = 360

To

Втор значаен елемент кој се пресметува е коефициентот на обрнување на средствата

ангажирани во одделни елементи на обртните средства .Овој број ни покажува колку

пати конкретниот вид обртни средства (суровини,материјали,залихи на готови п-ди,

парични с-ва,побарувања,обврски) се обрнале во текот на годината.

6) Оптимализација на залихи на предмети за работа

Залихите на предметите за работа ја сочинуваат вкупната количина на материјални

добра потребна за остварување на конкретната економска активност: суровини и

материјали,полупроизводи, амбалажа и сите други предмети кои се користат во

производството.

ОСНОВНА ЗАДАЧА на управувањето со залихите,односно нивната оптимализација е

утврдување и осигурување на такви залихи на предмети за работа кои ќе овозможат

континуирано одвивање на производството и минимални трошоци на набавка и чување

на предметите за работа.

ЗАЛИХИ набљудувани од аспект на нивниот обем може да бидат:

1) Недоволни (не обезбедуваат нормално п-во,бидејќи во магацините на

претпријатието нема доволно предмети за работа)

2) Нормални (минимални, максимални, оптимални)-според обемот,квалитетот и асортиманот на предметите за работа најдобро им одговараат на потребите на претпријат.

Минимални залихи ја претставуваат долната граница до која можат да се намалат залихите, апретпријатието и понатаму нормално да функционира.

Z min = Pd x Vn Минимална залиха=дневна потрошувачка х време потребно за извршување на набавка

Предноста на минималните залихи:ангажираат минимален магацински простор и минимум обртни средства.

Page 50: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

50

Максималните залихи ја претставуваат најголемата количина на предмети за работа

која не треба да се надмине бидејќи тоа би довело до ангажирање на поголема сума

обртни средства а би предизвикало и др тешкотии во врска со управување со залихите-

зафаќање на магацински простор, отежнато манипулирање и сл.

Како максимална залиха може да се смета и вкупно потребна количина материјал за

одредено производство,или вкупна потреба за соодветен материјал за една

сезона,или определен период.

ОПТИМАЛНИ залихи

Ја претставуваат онаа количина на предмети за работа која предизвикува најниски

трошоци на набавка и магационирање на предметите на трудот , при одредена

големина на набавката и определен број на набавки на предмети за работа.

Трошоците на набавката на предметите за работа припаѓаат во 2 различни групи

трошоци:

Трошоци кои имаат фиксен карактер- кои се поврзани и настануваат со

секоја набавка (договарање,испорака,прием)

Трошоци кои зависат од големината и вредноста на залихите-укажуваат на потребата набавките да бидат што помали, но да се вршат почесто:магационирање и камати на обртни с-ва ангажирани во залихи.

Помеѓу барањата за што поретки набавки но со поголеми количини(поради фиксни

трошоци)и барањата за што почести набавки , но со помали количини (поради трошоци

кои зависат од големина на залихи) постои оптимална големина на набавката (Q).се

пресметува според

Stefanic-Almayer формулата

Оптимален број на набавки N

3) Прекумерни

При постоење на прекумерни залихи претприајтието раполага со количини на предмети за работа кои ги надминуваат тековните потреби.

5. Извори на средствата

Вложените средства на основачите, односно сопствениците, од аспект на

претпријатието каде се вложени, претставуваат извор на средствата на

претпријатието.

Секое средство има свој извор,а претпријатието има обврска спрема тој извор.

Средствата кои ги вложиле сопствениците претставуваат капитал или нето

средства, нето имот на претријатието.

Q=√ 200 x P x F

Nc x (K% + S%)

N = P

Q

Page 51: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

51

Извори на средства на претпријатието:

o Добивка, Банка или друг субјект заемодавач, Добавувачите

Извори на средства на претпријатието се сметаат правни и физички лица кои

вложуваат, ги кредитираат или на друг начин придонесуваат за средствата на

претпријатието.

Постојани (трајни) извори-обврската се однесува само во поглед на доброто

стопанисување а не и во однос на нивно враќање

Долгорочни извори и обврски-обврска за враќање е долгорочна, кредити

Краткорочни извори и обврски-кредити и долгови кон добавувачи

1) Видови извори

Извори на средства според можности за располагање со капиталот

Извори за кои претпријатието нема обврска за враќање-

сопствени,трајни,постојани-капитал:номиниран и неноминиран

Извори за кои претпријатието со обврска за враќање-долгорочни

резервирања,долгорочни обврски,краткорочни обврски,ПВР

Извори на средства според потеклото на капиталот

Надворешни извори-капитал од сопствениците, трајни влогови на

физички и правни лица,издавање на акции,дотации без обврска за

враќање,како и с-ва со обврска за враќање.

Внатрешни извори-овозможуваат зголемување на капиталот со

издвојување на дел од добивката за акумулација.

Извори на средства според намената на средствата

o Извори на постојани средства-ги финансираат вложувањата во

постојани с-ва

o Извори на обртни средства-служат за финансирање на обртните

средства на претпријатието

2) Структура на извори на средства

Структурата на изворите на средствата ни го покажува учеството на одделните

извори во вкупните извори на средства со кои располага претпријатието.

Добра страна на употреба на капиталот е таа што претпријатието не е временски

ограничено во располагањето со капиталот и не постои опасност да остане без него

секогаш кога ќе му затреба.Други предности:

Помала зависност од состојба на пазарот на капитал

Подобра е ликвидноста

Може да води пофлексибилна политика на цени

Page 52: Економика на Претпријатие (скрипта за прв колоквиум)

52

Но капиталот никогаш не е доволен извор на финансирање.

Позајмени средства

Го оптоваруваат претпријатието со камати и други трошоци кои директно влијаат на

резултатите на работењето.

Потребно е да се укаже на евентуалната полза од користење на позајмен капитал-со

обврска за враќање, која се манифестира низ т.н. leverage-efect и тоа од аспект на

рентабилност на претпријатието.

Економски оправдано е да се ангажира капитал со обврска за враќање секогаш кога

трошоците за ангажирање на тој капитал се помали од ползата што со тој капитал може

да се оствари во работењето.Во таа смисла туѓиот капитал делува како “лост“ за

зголемување на рентабилноста на сопствениот капитал.

На структурата на изворите влијаат и одделните фази на развојот на претпријатието

Фаза на основање,Фаза на растеж и експанзија,Фаза на зрелост

Финансиска независнот= трајниот капитал /вкупни извори на средства

Финансиска задолженост= извори со обврска за враќање /вкупни извори на средства

Нето обртен фонд= трајниот капитал -постојани средства