монетарна политика

25
Универзитет „Гоце Делчев“ Економски факултет-Штип Семинарски труд по предметот Макроекономија ТЕМА:МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Upload: -

Post on 29-Jul-2015

1.180 views

Category:

Documents


6 download

TRANSCRIPT

Page 1: монетарна политика

Универзитет „Гоце Делчев“ Економски факултет-Штип

Семинарски труд по предметотМакроекономија

ТЕМА:МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

МЕНТОР: ИЗРАБОТИЛЕ:ДОЦ. Д-Р РИСТО ФОТОВ ДАРКО СЕНТОВСКИ 081086 ДРАГАНА ТРАЈКОВА 081083 ИВАНА СТОЈИЛКОВСКА 081014

Page 2: монетарна политика

Содржина:

1. Воведен дел Монетарна политика.......................................................3

2. Главен дел

Инструменти на монетарната политика .......................4-10 Монетарна политика во функција на развојот и стабилноста

на националната економија............................................10-13 Улогата на институциите на монетарната политика....13-14 Примена на монетарните правила во Македонија........15

3.Завршен дел..............................................................................16

4. Користена литература.............................................................17

2

Page 3: монетарна политика

ВОВЕДЕН ДЕЛ

МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Монетарната политика е дел од глобалната макроекономска политика и

претставиува политика на регулирање и управување со количество на пари во

оптек.Основните задачи на монетарната политика ги реализира Централната

банка, а кај нас Народната банка на Р.М. Централната банка е највисока

банкарска институција во рамките на националната економија.По дефиниција

таа претставува емисиона банка што значи дека има исклучително и

ексклузивно право да печати и емитира пари.Основна цел на Централната банка

се дефинира најчесто со формулацијата:„Банката се грижи за одржување на

ценовната стабилност во земјата.Ваквата воопштена формулација има сосема

конкретна содржина:

Ценовната стабилност претпоставува одржување на ниско ниво на

цените, односно ниска стапка на инфлација.

Ниската стапка на инфлација е битна претпоставка за квалитетен и

одржлив економски раст и развој.

Ценовната стабилност е една од претпоставките за одржување на

стабилност на домашна парична единица.

Во високо развиените земји во земјите во развој и транзиција се тежнее кон што

е можно повисока независност на Централната банка, наспроти извршната власт

со цел да се избегне злоупотребата на моќта на парите.Така, на пример, една

влада при крајот на својот мандат, може да води експазивна монетарна

политика со цел да ја заживее економијата, да го зголеми производството, да ја

зголеми вработеноста и сл. И на тој начин да си обезбеди нов изборен

мандат.Но експанзивната монетарна политика, на долг рок, неизбежно води кон

инфлација со сите негативни последици што произлегуваат од неа.Но ова не

значи целосна изолација на Централната банка од владата.Напротив

координацијата помеѓу министерството за финансии и Централната банка е

нужна бидејќи монетарната политика и фискалната политика се двете клучни

макроекономски политики со помош на кои активно се влијае врз

макроекономските движења.

3

Page 4: монетарна политика

ГЛАВЕН ДЕЛ

Инструменти на монетарната политика

Современите Централни банки располагаат со три основни инструменти за

регулирање на пари во економијата:

Политика на отворен пазар

Операциите на отворен пазар претпоставуваат постоење на развиен пазар на

капитал, како и емисија на државни обврзници. Всушност овој инструмент на

монетарната политика е типичен за земјите со развиена пазарна економија. Во

овие земји еден од можните пристапи за финансираъе на буџетскиот дефицит е

издавањето на државни обврзници, кои претставуваат хартии од вредност за кои

гарантира државата поради што ризикот за вложување во државни обврзници е

мал. Заради тоа нивните цени се стабилни, каматите кои ги добиваат

комитентите се сигурни. Тоа придонесува инвеститорите, вклучуважќи ги тука

и граѓаните кои располагаат со слободни парични средтсва релативно лесно да

се одлучуваат за купување на државни обврзници. Со посредство на

комерцијалните банки во кои инвеститорите имаат отворено свои сметки се

врши купувањето на државни обврзници.

Кога во стопанството постојат инфлаторни тенденции централната банка

продава државни обврзници. Трансакцијата се врши преку комерцијалните

банки: од сметката во комерцијална банка се префрла депозитот во централната

банка од која што се купуваат државни обврзници. И ако тоа го направат голем

број инвеститори во државни обврзници, резервите не комерцијалните банки ќе

се намалат. Така доаѓа до опаѓање на кредитниот потенцијал и на можноста за

депозитна мултипликација и креирање на пари од страна на комерцијалните

банки. На овој начин преку продавање на државни обврзници ценрталната

банка фактички извлекува дел од парите во оптек, односно ја намалува масата

пари во оптек и дејствува антиифлаторно.

4

Page 5: монетарна политика

Следнава табела ги покажува последиците од промените на

задолжителните резерви

Инструменти Рецесија Експанзија

Кредитен потенцијал се зголемува се намалува

Инвестиции се зголемува се намалува

Агрегатна побарувачка се зголемува се намалува

Бруто домашен производ се зголемува се намалува

Политика на дисконтна стапка

Дисконтната стапка е каматна стапка што централната банка ја наплатува од

комерцијалинте банки кога овие позајмуваат од неа пари. Таа во практиката

најрано почнала да се применува, а денес често се користи во развиените земји

и затоа е класичен инструмент на монетарната политика. За него е

карактеристично што е најзначаен инструмент на монетарната политика во

земјите со недоволно развиен финансиски пазар, односно со неразвиен пазар на

хартии од вредност каде комарцијалните банки се во голема зависност од

централната банка.

Комерцијалните банки имаат можност за подигање кредити од централната

банка која ваквите кредити ги дава со одредена каматна стпка, т .е. дисконтна

стапка. Со цел да ја регулира потребаната количина пари во оптек, централната

банка има можност да ја регулира дисконтната стапка, со нејзино зголемување

или намалувње. Оваа регулација во менетарната теорија позната е како

дисконтна политика. Ако, централната банка оцени дека масата пари во оптек е

поголема од потребната, тогаш ја зголемува дисконтната стапка. Со

покачувањето на дисконтната стапка, кредитите од централната банка стануваат

поскапи што го намалува интересот на комерцијалните банки за позајмување од

централната банка. Со тоа се намалува нивниот кредитен потенцијал и се

ограничува процесот на креирање на пари. Количината на пари во оптек се

5

Page 6: монетарна политика

намалува, што е цел на централната банка. Или пак, ако централната банка

оцени дека масата на пари во оптек е помала од потребната, тогаш со

намалување на дисконтната стапка ги поефтинува задолжувањата на

комерцијалните банки кај неа и создава интерес за земање поголеми кредити.

Со добивање на поголеми кредитни средства, комерцијалните банки, преку

системот на мултипликација на кредитите создаваат дополнителни пари во

оптек, што пак, во овој случај е цел на централната банка.Промените на

дисконтната стапка имаат големо психолошко влијание и од јавноста се сфаќаат

како промена на курсот на монетарната политика. Исто така мора да

напоменеме дека дисконтаната политика, не подразбира само регулираъе на

дисконтната стпка, туку ги одредува и условите на реесконтирање кој го прима

централната банка.

Промената на дисконтната стапка би ги предизвикала следниве промени:

зголемување (експанзија) намалување (рецесија)

намалување на кредитниот потенцијал зголемување на кредитниот потенцијал

намалување на инвестициите зголемување на инвестициите

намалување на агрегатната

побарувачка

зголемување на агрегатната

побарувачка

намалување на БДП зголемување на БДП

Политика на задолжителни резерви

Политиката на задолжителни резерви се води со цел да се регулира понудата на

пари кои централната банка во минатото ги воведила заради обезбедуваъе

ликвидност на комерцијалните банки и заштита на нивните депоненти.

Суштината на задолжителните резерви се состои во тоа што централната банка

пропишува процент од депозитите во комерцијалните банки, кој како износ

овие се должни да го држат како резерва во централната банка, уште наречени и

стерилни пари. Оттука јасно е дека комерцијалните банки сакаат процентот на

задолжителните резерви да е помал. Со задолжителните резерви се регилира

понудата на пари, односно се регулира потребната количина пари во оптек. Ако,

6

Page 7: монетарна политика

централната банка одлучи да ја намали понудата на пари, т.е. да ја намали

количината на пари во оптек, поради прегреаност на економијата, таа ја

зголемува стапката на задолжителните резерви, што значи, комерцијалните

банки ќе држат добар дел од депозитите како резерва во централната банка. Со

тоа се намалува нивниот кредитен потенцијал, монетарниот мултипликатор и

креацијата на пари од страна на комерцијалните банки, а со тоа се намалува и

паричната маса во оптек. Доколку централната банка одлучи да ја зголеми

понудата на пари, тогаш ќе ја намали стапката на задолжителните резерви. Со

тоа на комерцијалните банки им се остава на располагање поголем дел од

депозитите, со што расте монетарниот мултипликатор при креацијата на пари и

се разбира масата пари во оптек. Овој инструмент, централната банка го

користи во зависност од целите на економската политика. Конкретно, со него не

само што ја регулира потребанта количина пари во оптек, туку ги регулира и

каматните стапки на пазарот на пари.

Следнава табела ги прикажува последиците од промените на

задолжителните резерви

Монетарната политика е во целосна надлежност на Народна банка на РМ

(цент-

ралната банка). Тоа значи дека во тој домен не можат да се анализираат

актив-

ности што се во надлежност на Владата на РМ. Впрочем, во нејзината

програма

за работа во периодот 2008-2012 година не се содржани мерки и активности

што

се директно поврзани со спроведувањето на монетарната политика.

Единствено

Инструменти Рецесија Експанзија

Кредитен потенцијал се зголемува се намалува

Инвестиции се зголемува се намалува

Агрегатна побарувачка се зголемува се намалува

Бруто домашен производ се зголемува се намалува

7

Page 8: монетарна политика

што се наведува е дека во тој мандатен период Владата на РМ ќе води

политика

на макроекономска стабилност која, вообичаено, подразбира одржување

стабил-

ност на цените и на девизниот курс на денарот. Тоа се двата домена во кои,

гене

рално, може да се анализира остварувањето на монетарната политика во

перио-

дот на известувањето:

а) Движењето на нивото на потрошувачките цени (меѓународно прифатен

стан-

дард за мерење на стапката на инфлација) во анализираниот период може да

се набљудува во два дела.

Во првото полугодие од 2008 година стапката на инфлација бележеше

нагорни

големини како резултат на порастот на цената на енергенсите (пред сé, на

нафтата) и на земјоделско-прехранбените производи на светските пазари. Тоа

беше период кога РМ се соочи со увезена инфлација од трошочен карактер.

Ефектот од таквите движења беше постојано зголемување на стапката на

инфлација, која на крајот на јуни 2008 година достигна до 10,1 отсто на

годишно ниво.Со цел да се спречи натамошниот пораст на цените, но и да се

почне процес на дезинфлација на економијaта, НБРМ кон крајот на вториот и

во текот на третиот квартал од 2008 година презеде повеќе мерки со кои

влијаеше на намалување на стапката на инфлацијата. Тоа, како и тенденцијата

на намалување на цените на нафтата и на земјоделско-прехранбените

производи на светските пазари и навлегувањето на поголем дел од светската

економија во рецесија, услови стапката на инфлација постепено да се

намалува. На крајот на 2008 година таа се сведе на прифатливи (блиску до

проектираното ниво) 4,1 отсто годишно.Скромен пораст на инфлацијата беше

забележан и во првите пет месеци од 2009 година. Не поради тоа, туку

поради засилените притисоци врз стабилноста на девизниот курс на денарот

во услови на се помал прилив на девизи и трошење на голем дел од девизните

резерви, НБРМ во првото полугодие од 2009 година ја зголеми

8

Page 9: монетарна политика

рестриктивноста на монетарната политика. Тоа, најилустративно, се

манифестира преку зголемувањето на стапките по кои банките издвојуваат

задолжителна резерва на нивните денарски и девизни депозити и преку

зголемување на нејзината основна каматна стапка (каматна стапка на

благајничките записи на НБРМ) на 9 отсто годишно. Тоа беше знак и за

деловните банки да ги зголемат своите каматни стапки што, сé заедно, услови

поскапување на кредитите на банките, а со тоа и намалување на ликвидноста

на економските субјекти (претпријатијата и граѓаните) во РМ. Последица од

таквата политика беше намалување на нивната потрошувачка, а со тоа и

намалување на нивото на цените, односно појава на дефлација.

Дефлацијата беше присутна во јуни (1,7 отсто), јули (1,3 отсто), август (1,4

отсто) и во септември (1,47 отсто) со тенденција на нејзино натамошно

присуство и зголемување. Според теоријата и практиката, состојба на

подолготрајна дефлација е многу поопасна за економијата отколку стапка на

инфлација, да речеме, од 8 до 10 отсто годишно. Поради тоа, кон крајот на

периодот на известувањето, стопанската и стручната јавност во РМ почнаа се

почесто да бараат НБРМ да ја намали својата рестриктивност и да помогне за

излегување на економијата од состојба на рецесија и дефлација.

б) Девизниот курс на денарот во анализираниот период беше изложен на

силни

притисоци за девалвација. Причина за тоа беше намалениот прилив на девизи

(пред сé, врз основа на извоз на стоки и услуги и од вршење менувачки

работи) и перманентниот одлив на девизи (најмногу врз основа на увоз на

стоки и услуги). Тоа услови во последниот квартал од 2008 година и во

првото полу годие од 2009 година да се појави значително повисока

побарувачка од понуда на девизи на девизниот пазар. Таквата состојба го

засили притисокот врз девизниот курс на денарот во насока за негово

девалвирање. За да го спречи тоа, НБРМ потроши преку 500 милиони евра

од девизните резерви за интервенирање на девизниот пазар и ја засили, како

што беше претходно речено,рестриктивноста на монетарната политика.Во

третиот квартал од 2009 година состојбата на девизниот пазар значително се

подобри.Како резултат на сезонскиот прилив на девизи врз основа на девизни

дознаки од странство и од менувачко работење,понудата на девизи повторно

9

Page 10: монетарна политика

беше поголема од побарувачката на девизи. Истовремено, девизните резерви

на земјата се зголемија и врз основа на приливот од издадената евро-

обврзница (175 мил. евра) и повлекувањето на дел (57 мил. евра) од квотата

на НБРМ кај ММФ. Со тоа, значително беше подобрена состојбата во

девизните резерви на земјата, кои кон крајот на септември 2009 година

достигнаа до околу 1,500 милиони евра. Тоа услови притисокот за

девалвирање на денарот нагло да се намали и создаде услови НБРМ да

размислува за постепено намалување на рестриктивноста на монетарната

политика во периодот до крајот на годината, во насока на зголемување на

ликвидноста на економијата, а то тоа и намалување на каматните стапки на

банките.

в) Иако, како што претходно беше кажано, Владата на РМ нема директна

над-

лежност во кредитната и монетарната политика, во анализираниот период таа

пристапи кон одредени кредитни активности што беа предизвикани од потре-

бата за помош на економијата за излегување од фазата на рецесија. Таа се

задолжи кај Европската инвестициска банка за износ од 100 мил. евра што

треба да се пласираат во вид на кредити за претпријатијата што ќе ги

исполнат соодветните критериуми. Кредитите треба да се одобруваат во

организација на Македонската банка за поддршка на развојот, а со посредство

на седум деловни банки кои, дополнително, се обврзаа да се придружат во тоа

кредитраење со свои 80 мил. евра. Просечната каматна стапка е планирано да

изнесува 6 отсто годишно.Меѓутоа, реализацијата на тие кредити се врши

многу бавно. До крајот на периодот на известувањето не беше одобрен ниту

еден кредит од тие средства. Главна причина за тоа е немањето соодветни

проекти што ги задоволуваат критериумите за одобрување кредити. Тоа значи

дека одобрувањето на тие кредити треба да следи во следниот период.

МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈОТ И

СТАБИЛНОСТА НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈA

Остварувањето и одржувањето на стабилноста на цените е камен темелник на

10

Page 11: монетарна политика

здравата монетарна политика. Стабилноста на цените го унапредува

економскиот раст и благосостојбата преку зголемувањето на ефикасноста на

пазарниот механизам, олеснувајќи го долгорочното планирање, минимизирајќи

ги дисторзиите што се создаваат по пат на интеракцијата помеѓу инфлацијата и

даночното законодавство, книговодствените правила, финансиските договори, и

слично. Стабилноста на цените, исто така, ја зголемува економската

благосостојба преку унапредување на стабилноста на производството и

вработеноста. Политиките на одржување на ниска и стабилна инфлација

придонесуваат за усидрување на инфлаторните очекувања на економските

субјекти на ниско ниво, што го поттикнува носењето на долгорочни деловни

одлуки.Во современи услови овој поглед е прифатен од сите централни банки

во светот. Постои широк консензус дека при водењето на монетарна политика,

централната банка треба да се потпира врз следните шест принципи:

1. На долг рок “не постои размена” помеѓу инфлацијата и невработеноста, така

што може да се избира комбинацијата помеѓу стапката на инфлација и

вработеноста. Инфлацијата на долг рок неизбежно води кон зголемување на

невработеноста. Зголемувањето на паричната маса е неутрално на среден и долг

рок, односно, монетарната експанзија има трајни ефекти само врз нивото на

цените, меѓутоа не и врз производството, или невработеноста.

2. Депресијацијата на девизниот курс ја подобрува конкурентноста кон

странство само привремено.

3. Деловната заедница инвестира само ако очекува перманентен економски раст

и стабилно економско опкружување. Инфлацијата претставува трошок, било од

аспект на ефикасноста на алокацијата на ресурсите (трошоци за ефикасна

алокација), или од аспект на долгорочниот економски раст.

4. Парите не се неутрални на краток рок, односно монетарната политика има

значителен транзиторен ефект на голем број на реални варијабли како што се

производството и невработеноста. Сепак, постои несовршено разбирање за

природата и/или големината на овие ефекти, за периодот во кој тие се

манифестираат и механизмот преку кој монетарните импулси се пренесуваат

врз останатиот дел од економијата.

11

Page 12: монетарна политика

5. Монетарната политика влијае врз стапката на инфлација со одредено

временско задоцнување, кое по своето траење е неизвесно и со варијабилна

јачина, што ја оневозможува Централната банка да ја контролира инфлацијата

врз периодична основа (од период во период). Каматните стапки се примарен

инструмент во борбата против инфлацијата и тие можат да се намалат по

опаѓањето на инфлаторните притисоци. Ниските каматни стапки водат кон

зголемување на инфлацијата, а позитивните каматни стапки се индикатор за

здрава растечка економија.

6. Не постои прифатливо ниво на инфлацијата. Штом монетарната политика се

релаксира, или целта на стабилноста на цените се дискредитира, доаѓа до

забрзување на инфлацијата.

Овие принципи за водење на монетарна политика се засновани врз Friedman

(1968.) – Phelps (1967.) моделот за постоење на природна стапка на

невработеност. Природната стапка на невработеност, односно потенцијалната

стапка на економски раст е определена од страна на факторите на понудата и

долгорочно може да се менува само преку спроведување на структурни

реформи. На краток рок таа е дадена големина. Согласно со тоа, на долг рок,

економијата мора да се соочи со потенцијалната стапка на економски раст, која

не може да се забрза со зголемување на инфлацијата. Затоа, долгорочните

структурни реформи се клучни за зголемување на долгорочниот економски

раст. Притоа, кога економијата се движи вдолж патеката на потенцијален

економски раст доаѓа до стабилизирање на нивото на инфлацијата без

перманентни тенденции на акцелерација, или децелерација на стапката на

инфлација.Меѓутоа, на кое ниво да се стабилизира стапката на инфлација за да

се реализира долгорочен економски раст определен со факторите на понудата.

Односно, кое ниво на стабилност на цените треба да претставува долгорочна

цел на монетарната политика. Притоа, под стабилност на цените не се

подразбира долгорочно фиксирање на стапката на инфлацијата за одредена

цифра. Таргетирањето на одредена цифра за инфлацијата е бесмислено (A.

Greenspan in B. Woodward, 2000). “Стабилноста на цените е постигната кога

инфлаторните очекувања стануваат благотворни (поволни), така што

потрошувачите и деловниот свет не ја земаат инфлацијата како фактор при

12

Page 13: монетарна политика

носењето на одлуки за купување, или инвестирање” (A. Greenspan in B.

Woodward, 2000). Од тој аспект, остварените стапки на инфлација во минатото

се битни за одржувањето на траен економски раст на ниво на потенцијалниот

само доколку тие одлучувачки влијаат врз формирањето на инфлаторните

очекувања.Стабилноста на цените е клучна за носење на долгорочни

инвестициони одлуки, за правилна алокација на ресурсите во профитабилни

проекти и прифаќање на пресметани ризици. Меѓутоа, сепак профитите го

движат бизнисот и економијата. Тоа е основа за носење на секоја инвестициона

одлука.

Многу ниската инфлација и дефлацијата, исто така, претставуваат голем

проблем за економијата. Во таков случај агрегатната побарувачка не е доволна

за одржување на долгорочен економски раст на ниво на потенцијалниот. Уште

повеќе, заради многу ниската инфлација, или дефлација, промената на

релативните цени по пооделни производи не може да се идентификува. Поради

тоа е многу тешко да се идентификуваат профитаблните од непрофитабилните

проекти, затоа што профитабилноста генерално опаѓа. Исто така, многу ниската

инфлација и дефлација се особено штетни, доколку финансискиот систем е

слаб, а задолженоста на претпријатијата и населението висока. Во такви услови

се зголемува должничкиот товар и го влошува функционирањето на

финансиските пазари. Процесот на “должничка дефлација” (израз промовиран

на почетокот од дваесеттиот век од страна на американскиот економист Ирвинг

Фишер) беше важен фактор за дефлацијата и депресијата во САД во 1930-тите.

Исто така, “должничката дефлација” играше важна улога во креирањето на

економските проблеми во Јапонија во преодот од осумдесеттите и

деведесеттите.

УЛОГАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА

Стабилноста и репутацијата на монетарните институции се најважното средство

за реализација на оптимална монетарна политика насочена кон стабилизирање

на инфлаторните очекувања и одржувањето на економскиот раст на ниво на

13

Page 14: монетарна политика

потенцијалниот (Баро и Гордон 1983). Од тој аспект, од особена корист е да се

размисли за оптималната поставеност на монетарните институции, користејќи

го искуството од минатото и теоријата на некомплетни договори. Согласно оваа

теорија се поставуваат рамки како треба да изгледаат договорите, ако одредени

аспекти од нив не можат да се верификуваат (применат) по пат на надворешно

присилно извршување на договорот. Од аспект на монетарната политика,

постојат два поврзани различни аспекти на проблемот на посветеноста

(заложбата). Прво, неможноста по пат на присила да се реализира заложбата,

бидејќи монетарните аранжмани можат секогаш да се променат во услови на

непостоење на надворешна институција за нивна присилна примена, значи

институционалните аранжмани за водење на оптимална монетарна политика не

се дадени засекогаш (Mervyn King, 2004, p. 4).

Искуството со висока и варијабилна инфлација може да претставува важен

фактор во формирање на јавното мислење кон дизајнирањето на монетарните

институции и монетарните правила за контрола на истата. Разликите во

склоностите можат да влијаат на варијациите на монетарните аранжмани што се

дизајнираа во различни временски периоди. Класични примери за тоа е јавното

мислење во Германија по хиперинфлацијата пред првата светска војна, јавното

мислење во високоразвиените земји по високата инфлација во седумдесеттите и

осумдесеттите години и јавното мислење на почетокот од трансформациониот

процес кога транзиционите економии се соочија со висока инфлација.

Стојалиштето на јавноста по овие епизоди на висока инфлација беше создавање

на монетарни аранжмани кои ќе обезбедат испорака на монетарна политика која

ќе ја зачува стабилноста на националната валута. На пример, Robert Shiller

(1996.).Второ, заради непознавањето на сите можни варијации во однесувањето

на економските субјекти и постојаното стекнување на нови знаења, не може

еднаш за секогаш да се постави оптимален монетарен аранжман и оптимална

монетарно правило кое важи засекогаш. Затоа и трајните заложби се неможни.

Најзначаен аргумент против прифаќањето на фиксно правило на монетарната

политика е што не е веројатно дека ниту едно монетарно правило останува

оптимално на долг рок. Фиксирањето на трајно монетарно правило значи

однапред да се откажеме од сето знаење и искуство што ќе го стекнеме во

иднина. Поради тоа, ниту едно монетарно правило не се вградува длабоко во

14

Page 15: монетарна политика

процесот на одлучување на монетарните власти, како што е негово издигнување

на ниво на закон. Наместо тоа, се поставува монетарен аранжман кој креира и

одржува стабилни и доверливи монетарни институции. Ваквиот статус и цели

на таквите монетарни институции може да се вгради во законот, или во уставот,

меѓутоа оптималното монетарно правило треба да биде отворено на промени

како резултат на процесот на учење и стекнатото искуство.Согласно со тоа,

оптимален монетарен аранжман е оној кој ќе го имплементира она монетарно

правило за кое во дадениот момент се верува дека претставува оптимална

монетарна стратегија и ќе се отстапи од него само ако јавното мислење го смени

колективно мислењето за тоа како треба да изгледа монетарното правило.

Оптималното монетарно правило, покрај одржувањето на стабилноста на

цените, треба да ја оневозможи редистрибуцијата на доходот и имотот во

корист на одредени интересни групи за сметка на други, преку одржување на

каматни стапки и девизен курс што се базирани врз фундаменталните фактори

(Stokey, 2002.).

ПРИМЕНА НА МОНЕТАРНИТЕ ПРАВИЛАВО МАКЕДОНИЈА

Основно монетарно правило кое го употребуваат монетарните органи во

Република Македонија за одржување на стабилноста на цените е

таргетирање на фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото. Оваа

монетарна стратегија се употребува од октомври 1995. година. До крајот на

2001. година валута во однос на која се фиксираше девизниот курс на

денарот беше германската марка, а од 2002. година тоа е еврото. И покрај

тоа што правилото за таргетирање на фиксен девизен курс фактички се

применува од октомври 1995. година, до крајот на 1996. година,

монетарните органи, како интермедијарна цел на монетарната политика ја

објавуваа паричната маса. Фиксниот девизен курс отпочна да се објавува

како интермедијарна цел на монетарната политика од 1997. година. Меѓутоа,

продолжи да се објавува и стапката на пораст на паричната маса, иако во

такви услови растот на монетарните агрегати и каматните стапки стануваат

15

Page 16: монетарна политика

варијабли кои се подредени и имаат функција да го поддржат нивото на

фиксираниот девизен курс на денарот во однос на еврото

Заклучок

Според горе наведеното, можеме да заклучиме дека Народната банка на

Р.Македонија, спроведувајќи ја својата експазивна односно рестриктивна

монетарна политика во зависност од тоа дали економијата во државата се

соочува со рецесија односно експанзија, има многу голема улога во

стабилизирањето на економијата и во нејзиното соочување со проблемите

предизвикани од надворешни влијанија коишто ги наметнува глобалната

економска криза.Исто така според овие податоци може да заклучиме дека

Народната банка на Р.Македонија поради долготрајната рецесија ја води

експазивната монетарна политика и тоа успешно бидејќи се настанати

значителни солидни резултати во поглед на макроекономските агрегати како

што се каматната стапка, инвестициите, бруто домашниот производ,

вработеноста и друго.Според нас доколку Народната банка би ги употребува

рационално инструментите на монетарната политика, политика на отворен

пазар, политика на дисконтна стапка и политика на задолжителни резерви

16

Page 17: монетарна политика

кога тие се најпотребни нашата држава секогаш би можела успешно без

некои сериозни последици да се соочува со проблемите кои што ги

наметнува глобалната криза.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

http://www.nbrm.gov.mk/defaultMK.asp?

ItemID=C5037A5446B94E408FBA3F10152D6D79

http://www.finance.gov.mk/files/u9/bil_5_6_Mak_WEB_2008.pdf

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=09.01&rbs=1

17