Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив...

18
Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје Предмет: Туризмот и одржливиот развој Тема: Основи на одржливиот туризам Изработил: Ментор: Здравко Цацаноски 10050 Проф. Татјана Стојческа Скопје 2011 Oдржлив развој на туризмот Последните години на 20 век и почетокот на 21 век покажаа дека Туризмот и одржливиот развој

Upload: zdravko-cacanoski

Post on 24-Oct-2015

261 views

Category:

Documents


13 download

DESCRIPTION

Essay

TRANSCRIPT

Page 1: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје

Предмет:Туризмот и одржливиот развој

Тема: Основи на одржливиот туризам

Изработил: Ментор:Здравко Цацаноски 10050 Проф. Татјана Стојческа

Скопје 2011Oдржлив развој на туризмот

Последните години на 20 век и почетокот на 21 век покажаа дека туризмот, как осветска стопанска гранка, според сите значајни показатели е примарен во однос на останатите стопански гранки. Проценката е дека приходот ќе се зголемува, а дека движењето на странски туристи ќе достигне околу 1 милијарди во 2010, односно 1,56 милијарди до 2020 година.

Петте земји кои најмногу заработуваат од туризмот се: САД, Италија, Франција, Шпанија и Велика Британија. Кина е осма на листата, со најголем приход од туризмот.Туризмот е светски феномен и е еден од најбрзорастечките сектори на глобалната економија.

Показателите покажуваат дека бројот на интернационални патувања е зголемен за 3 пати, односно од 179 милиони достигна до 613 милони патувања. WTO прогнозира годишен пораст на интернационални патувања од 4,3% во следните две декади. Домашниот туризам на е вклучен во овие пресметки. Туристичките активности продолжуваат да завземат забележително место во

Туризмот и одржливиот развој

Page 2: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

земјите на Северна Европа (59%) и Северна Америка (14%) кои се дестинации за повеќе од 70% од интернационалните патувања. Источна Азија и Пацифичкиот регион во овој однос имале најгоме пораст. Меѓународните туристички движења претставуваат само мал дел од вкупните туристички движења во светот. Внатрешниот (домашен) туристички промет, во многу земји изнесува и до 70% од вкупниот туристички промет. Во многу земји, туризмот, покрај тоа што ја има лидерската улога на брито националниот приход и вкупната вработеност, превзема значајна одговорност во однос на економското, општественото, културното и природното опкружување.

Влијанијата од туризмот се екстремно двонасочни. Од една страна туризмот игра важна и секако позитивна улога, и придонесува за културната размена и промовира интернационални односи и мир преку почитување на различните култури. Од друга страна, во туристичките дестинации се појавуваат негативни влијанија врз животната средина, особено врз природното и културното наследство.

Иделана рамка за одговор е Агендата 21 а туристичко стопанство коие може да помогне на владините институции надлежни за туризам, националните туристички организации, здруженијата на граѓани во областа на тусизмот, да ги насочат своите потенцијали кон целите за одржлив развој на локално, регионално, национално и меѓународно рамниште.

Кон претходното може да се приклучи и општиот кодекс на туризмот, усвоен од страна на Генералното собрание на Светската Туристичка Организација во 1999 годсина и Генералното собрание на Обединетите Нации во 2001 година.

Во последните децении туризмот во позитивна и во негативна смисла се развива во значаен фактор на вкупната одржливост. Во рамките на Европската Унија на туризмот се припишува 9% од вкупната вработеност и 9% од вкупната потрошувачка. Денес Европа е еден од главните извори на светскиот туризам според некои податоци опфаќа 60% од пазарот во однос на меѓународните пристигнувања, а Европјаните прават најмалку 50% од сите интерконтинентални патувања.

Европскиот совет за внатрешен пазар ја потврди значајната улога на европското туристичко стопанство како и потребата за зголемување на неговата конкурентност врз основа на балансиран и одржлив развој и заштита на животната средина. Побарано е државите членки на Европската Унија да дејствуваат во насока на максимизирање на можниот придонес на туризмот за стопански пораст, вработубвање, заштита на животната средина и одржлив развој.

Туристичките активности на Европјаните добиваат се повеќе транснационален, меѓународен и глобален карактер. Туризмот е во основа европско прашање и треба, во согласност со тоа, преку политики и иснтрументи да биде разгледуван и во поголема мерка интегриран во сите развојни документи на Европската Унија.

Поим и значење на одржливиот развој на туризмот

За да се навлезе во суштината на концептот за одржлив развој неопходно е да се знае што се подразбира под поимот “Одржлив развој на туризмот”. Во суштина, тоа подразбира интензивирање на туризмот како стопанска гранка, со доследно почитување на заштитата на животната средина и создавање пријатни услови за живот и работа на локалното население во туристичката дестинација, со истовремено задоволување на се поизострените барања на туристите.

Туризмот и одржливиот развој

Page 3: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

Дефиниции

Во литературата постојат бројни обиди да се дефинира поимот одржлив туризам.

Туристичката дејност која не ги загрозува ресурсите врз која се темели, за тие да останат зачувани за следните генерации, за да можат тие генерации на исто и повисоко ниво, да ги заддоволуваат своите туристички потреби.

Развој на туризмот кој позитивно придонесува за развој на природното и културното опкружување, кој создава полза за заедницата која прима туристи и не предизвикува ризик за идниот начин на живеење на локалното населени, без економсла, еколошка, социјална и културна деградација.

Сепак по војата прецизност се издвојуваат следниве дефиниции за одржлив туризам:

Под одржлив развој на туризмот, се подразбира развој на туризмот кој го подобрува квалитетот на животот со почитување на носечкиот капацитет на екосистемите. Тоа води кон клучниот концепт за одржлив туризам: квалитет, ограничување и животна средина.

Под одржлив развој на туризмот се подразбираат сите облици на туристички рзвој, управување и делување, кои во континуитет го одржуваат еколошкиот , општествениот и економскиот интегритет и благосостојбата на природните, изградените и културните ресурси.

Во поново време актуелна е иновираната дефиниција на WTO. Комитето на WTO во тајланд во 2004 година се согласил да ја подобри дефиницијата за одржлив туризам на WTO.

Целата на ова иновирање е подобро да се изразат прашањата на одржливоста на туризмот во духот на Самитот за одржлив развој од Јоханезбург. Така дефинираниот одржлив туризам би морал:

Да гарантира оптимално користење на ресурсите во животната средина кои го сочинуваат клучниот елемент на туристичкиот развој преку заштита на животната средина.

Да ја почитува социо-културната оригиналност на локалната заедница, да го заштитува природното и културнот онаследство и ртрадициналните вредности и да придонесува кон меѓукултурното разбирање и толеранција.

Да осигура долгорочен економски растеж, обезбедувајќи економски придобивки за сите релевантни учесници во процесот.

Компоненти

Прифаќањето и примената на концептот за одржлив развој на туризмот е премногу сложена задача и активност. Концептот на одржливиот развој на туризмот се состои од 5 компоненти:

Туризмот и одржливиот развој

Page 4: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

Заштита нна животната срединаАфирмација на социјалниот интегритетНегување на културните особености на локалното населениеОптимално задоволувањена туристичките потреби и Остварување на економски профит

Постои тесна коорелација помеѓу концептот за вкупен одржлив развој и концептот за одржлив развој на туризмот како дејност. Балансот помеѓу компонентите може да даде позитивен придонес кон идејата за вкупен одржлив развоја преку можности да се:

Обезбеди стопански развој на определено подрачје, преку вработеноста, преку потикнување инвестиции и помош на локалната заедница.

Влијае врз определувањето на економските дејности на придродните и културните ресурси што резултира во создавање приход наменет за заштита на природното и културното наследство

Придонесува кон разбирањето на различните култури и нации.

Спротивно од претходното, дисбалансот може:

Да врши директен притисок врз чувствителните екосистеми, предизвикувајќи нивна деградација и нарушувањее на растителниот и животинскиот свет

Да врши притисок врз локалната заедница и да влијае врз нивната традиција.

Да влијае неповолно врз потрошувачката на ресурсите, особено водата и земјиштето

Значително да придонесува кон глобалното загадување

Да биде одговорен за промените на еколошките и општествените карактеристики на секоја дестинација.

Овие спротивставености можат да се надминат единствено со заеднички интерес за почитување и примена на принципите за одржлив развој на туризмот. Во спротивно, туризмот како дејност може да придонесе за нарушување на општествениот развој и животната средина

со цел да се минимизираат негативните влијанија од развојот на туризмот врз животнат средина, разработена е Акциона ориентирана интернационална програма за одржлив туризам, која се темели врз принципите на Декларацијата од Рио за животна средина и развој од 1992 година и препораките од Агенда 21 од истата година.

Според оваа Програма, одржливиот развоја на туризмот има долгорочна перспектива само доколку претходно наведените компоненти за одржлив туризам се задоволени. Тогаш, туризмот може да оствари позитивен придонес кон:

Зголемување на квалитетот на животот

Туризмот и одржливиот развој

Page 5: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

Зачувување на културниот идентите на заедницитеЕкономски и социјален развој и правдаИнтернационално разбирање и мир

Основни принципи и цели

Одржливиот развој на туризмот е концепт на развој усогласен со капацитетот на животната средина кој не ги загрозува ресурсите врз кои се темели, и како таков ќе им овозможи на идните генерации да се развиваат. Концептот, како што беше напоменато претходно, се базира на три основни клучни принципи:

Принцип на еколошка одржливост, кој обезбедува развојот да биде компатибилен со виталните еколошки процеси, биолошката разновидност и биолошките ресурси.Принцип на социјална и културна разновидност, (општествена одржливост) кој обезбедува развојот да биде компатибулен со културните и традиционалните вредности на човековите заедници.Принцип на економска одржливост, кој обезбедува развојот да биде економски ефикасен.

Еколошката одржливост во јавноста се сфаќа како еден од основните видови одржлив развој. Во основа подразбира избегнување или минимизирање на влијанието на еколошките компоненти на животната средина. Тоа се постигнува преку определување на носечкиот капацитет на средината.

Општествената одржливост подразбира можност на заедницата, без оглед на тоа дали е од локално или национално ниво, после остварените приходи од туризмот да продолжи нормално да се развива без нарушување на хармонијата, што понекогаш може да се јави заради лошо дефинираниот иден развој. Принципот на културната разновидност се препознава во културните навики на заедницата која нуди туристички услуги, а кои честопати се менуваат под влијание на доминантните култури на туристите. Туризмот битно се одразува и врз навиките на домашното население, нивниот стил на живеење, начин на облекување и сл.

Економската одржливост се толкува како ниво на економски приход реализиран од страна на туристичките активности. Образованието, во овој котекст, се подразбира како образование за туристите, и останатите учесници во туризмот за подобро разбирање на последиците од нивните туристички активности во животната средина. Локалното учество, во окој контекст, подразбира учество на лоалната заедница, во смисла на консултирање за проектите, за развој на одржливиот туризам. Принципот на заштита ја истакнува потребата од заштита на природното и културното наследство како основа за одржлив развој на туризмот. Тежнењето кон заштита е една од суштинските карактеристики на новите форми на туризам.Според Tourism concer, 1992 година, одржливиот развој на туризмот се темели врз основни принципи:

Одржливо користење на рпинципите

Туризмот и одржливиот развој

Page 6: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

Намалување на прекумерната потрошувачка и продукција на отпадОдржување на развиеностаОбезбедување на социо-економска правичностИнтеграција на туризмот во планирањетоПоддршка на локалната економијаКонсултирање на јавното мислењеТуристички маркетинг

Според Водичот за одржлив развој на туризмот, постојат три големи групи на водечки принципи за одржлив туризам:

Рамковни тековиПланирањето и развојот на туризмот не смее да биде изолирано во однос на другите дејностиВклучување на сите субјекти врз кои развојот на туризмот може да има некое влијаниеКористење на коцепт на долгорочно планирањеПромоција на одржлива потрошувачкаПрифаќање на ставот дека квалитетот во туризмот зависи од прифаќањето на принципите на одржлив развој

Развивање пристапи“Загадувачот плаќа”Минимизирање на ризициСледење на туризмот како дејностФункционални алтернативи со минимални економски последици за средината и максимални економски ефектиПочитувањее на носечкиот капацитет на средината

Обезбедување прогресПрилагодување кон променитеКонтинуитет во користење на индикаторите на одржливиот туризам

Одржливиот развој на туризмот се базира врз рамноправно уважување на пет цели:Остварување економски ефектЗаштита на животната срединаЗачувување на социјалниот интегритетАфирмација на културниот идентитет на локалната заедницаОптимално задоволување на барањата на туристите

Реализирањето на целите на одржливиот туризам се остварува со помош н средствата за примена на одржливиот туризам. Мофорт и Мунт средствата за примена на одржливиот туризам ги специфицирале во 8 основни групи:

1. Заштитни подрачја● национални паркови● дивини

Туризмот и одржливиот развој

Page 7: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

● резервати на биосферата● паркови на природата● биолошки резервати● подрачја со особени природни убавини

2. Регулирање на туристичкото стопанство● законодавство● норми на стручни асоцијации● меѓународна регулација и контрола● доброволна саморегулација● заедничка општествена одговорност

3. Менаџмент на техники во врска со посетителите ● зонирање● honeypots● сместување на туристите● насочување на тековите на посетителите● ограничени влезови● рестрикција на возила● структура на различни цели

4. Еколошка проценка на влијание● матрици● математички модели● географски информационене систем● урамнотежен модел на планирање ● еколошка ревизија● еколошка сертификација

5. Определување на носечки капацитети● физички носечки капацитет● општествен носечки капацитет● носечки капацитет● реален носечки капацитет● ефективен или доволен носечки капацитет● гранци на дозволени промени

6. Консултации/ техники на учество● состаноци● преглед на јавни ставови● разгледување на предности

7. Етички кодекси● за туристи● за туристичко стопанство● за заедницата● примери на најдобра практика

8. Индикатори за одржлив туризам● користење на ресурси

Туризмот и одржливиот развој

Page 8: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

● отпадоци● загадување ● локално учество● туристички објекти● процес на донесување одлуки● впечатоци од одморот

Визијата за одржливиот развој на туризмот има своја потврда и во Листата за права на туристите и кодексот на туристите, во Правото на секој човек да се одмара и да има слободно време, ограничување на работните часови, периодични неплатени одмори и слобода на движење без ограничување, до граници дозволени со законот.За уважување на принципите и остварување на целите на одржливиот развој на туризмот, неопходно е да се прифати одговорноста и да се развива свест за потребата од промени на однесувањето на сите учесници во туристичките активности, што треба да се види во насока на усогласување на развојот на туризмот со заштитата на животната средина.

Врски помеѓу туризмот и одржливиот развој

Постојат три главни врски помеѓу туризмот и одржливиот развој: економска, социјална и еколошка. Одржливиот развој на туризмот може да се разгледува во однос на : економските влијанија врз развојот, социо-културолошките влијанија врз развојот, како и во однос на еколошките влијанија врз развојот. Овие влијанија можат да бидат позитивни и негативни.

Економски аспекти

Според податоците, туризмот придонесува за 10,75 од вкупните приходи во глобалната економија, бидејќи е најважниот извор на приход од таксите. Многу земји, особено крајбрежните, се потпираат на туризмот како движечка сила за нивниот економски развој. Туризмот најчесто е сезонски бизнис. Чувствително реагира на политичката нестабилност и природните катастрофи во регионите и дестинациите. Од друга страна, туризмот како стопанска гранка нуди многу работни места. За добро обучени луѓе, услужниот сектор нуди можност за одржливо вработување. Со вработување во туризмот се намалуваат вработувања на работни места во традиционалните извори на доходи во дестинациите како што се земјоделството, сточарството, риболов и сл. Туристичката иднустрија, особено врвната, ги поддржува високите животни стилови и барања на потрошувачитеод развиените земји, што е следено со употреба на најсовремени технологии во туризмот, кои сами по себе не се одржливи. Туризмот во многу земји прераснува во значајна економска категорија. Помеѓу 1995 и 2000 година, финансиските ефекти од туризмот, пресметани во US $, годишно се зголемени за: 6% во Африка, 7-14% во Централна и Јужна Америја, 6% на Средниот Исток, и 7% во Јужна Азија. Само во Источна Азија и Пацификот е забележан пораст од 2%. Во Источна Европа овој пораст изнесува 2,8% годишно.

Социо-културолошки аспекти

Туризмот и одржливиот развој

Page 9: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

интернационалниот туризам ја катализира транзицијата од традиционален начин на живот во модерен. За релативно кус период, во дестинациите се среќаваат многу различни култури кои ги поттикнуваат процесите на промена. Во многу земји, туризмот е поврзан со заштитата на човековите права. Со цел да се реализираат високо степени туризтички проекти, локалното население најчесто е принудено да ги напушта своите земји, со адекватна компензација. За особено0 негативно влијание од развојот на туризмот, од социо-културоложки аспект, во многу земји се смета злоупотребата на детските права, проституцијата, трговијата со луѓе и сл.

Главните социјални влијанија од туризмот се поделени во:● Влијанија врз сиромаштијата● Влијанија врз родот

Интензивниот туризам може да има големи влијанија во намалување на сиромаштијата преку:● Зголемено вработување, и со тоа, индиректно зголемување на приходите● Зголемен пристап до услугите, како што се снабдувањето со вода и санитарија, како и

дополнителната полза од проектите за туристички развој● Зголемен пристап до образованието

Но влијанијата врз сиромаштијата може да вклучат и:● Промени во приходите● Намален пристап до вода и до енергија, како последица од зголемени туристички

побарувања● Негативни еколошки влијанија, особено за заштитените области● Влијанија врз здравјето

во однос на влијанијата врз родовите разлики, Хемати (Hemmati M) укажува дека туристичкиот сектор е особено важен за вработување на жените. Работните места на жените во туризмот ја следат половата пирамида, која е формирана во другите сектори – жените најчесто се со низок просперитет, а на управувачките позиции доминираат мажите.

Еколошки аспекти

сознанијата за влијанието на туризмот врз животната средина се ограничени од повеќе причини:● Истражувањата во областа на влијанијата се релативно неразвиени, а вистинскиот

мултидисциплинарен пристап во оваа област се уште не е усовршен● Не е секогаш едноставно да се одделат влијанијата врз животната средина, од ефектите на

другиоте економски активности или антропогени фактори, како и неантропогените причинители

● последиците од туреизмот можат тешко да се проценат, бидејќи развојот на турзимот подразбира кумулативни последици

● недостаток на информации кои се однесуваат на состојбата на ресурсите пред туристичкиот развој, како и критериуми со помош на кои промените би биле измерени

Туризмот и одржливиот развој

Page 10: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

Туризмот не е бела индустрија како што вообичаено ја нарекуваат луѓето од оваа сфера. Туризмот носи дел од одговорноста за замавот на глобалниот транспорт што влијае врз животната средина. Пристигнувањето до дестинациите за одмор е со автомобил, авион, воз, автобус и тн. Загадувањето што настанува, придонесува за нарушување на квлаитетот на воздухот. Загадувањето од авионскиот транспорт, кое е најголемо, постојано се зголемува, со годишен прираст од околу 5%. Авионскиот сообраќај се очекува двојно да се зголеми во наредните 15 години. Реално е, во иднина да се очекува зголемување на потрошувачката на керозин за авионскиот транспорт, со што ќе се зголеми глобалното затоплување. Туризмот во основа има три степени на влијание од еколошки аспект: загрижувачко загадување на атмосферата и други влијанија на глобалната околина при патување на долги релации, зголемена потрошувачка во заедниците кадешто престојуваат туристи, и однесувањето на туристите кои кога пристигнуваат во туристичките дестинации.Покрај продукцијата на големо количество на отровнигасови при долгите авионски патни дестинации, негативно влијае и преку бучавата која им пречи на жителите. Загадувањето од моторите на автомобилите е многу повеќе нагласено, отколку од авионите и бродовите. Во многу туристички региони во земјите во развој, потрошувачката на водата и другите видови потрошувачка, не се управувани рационално. Туристичките центри со голема потрошувачка на водата, веќе се извори на здравствени ризици, и влијаат врз вкупниот квалитет на живаање.Развојот на туризмот често пати не е следен со потребната инфраструктура. Изградбата на хотели и кампови, области за кампување, терени за спортување, спортски објекти или туристички ориентирана транспортна инфраструктура, придонесуваат кон деградација на животната средина. Крајбрежните области се особено изложени на негативни влијанија: се сечат шумите, се рушат коралните гребени, се црпи песокот за градба и за формирање плажи и сл. Во многу од овие крајбрежни области со туристичкиот развој се уништува и животот на морските и езерските животни и мрестењето на рибите, а исто така се губат и границите на населбите, на традиционалните рибарски семејства итн... нерегулираните спортски активности како што се скијање, нуркање, трчање, пешачење во планините, предизвикуваат стрес врз природните области и нивниот растителен и животински свет. Зголеменото користење на водата за потребите н туристите придонесува за значително нарушување на овој ресурс. Прекумерниот развој на туризмот го зголемува и количеството на отпад и го нагласува проблемот за неговото соодветно одлагање.Фактот дека крајбрежните области спаѓаат во поатрактивни туристички дестинации, бара стриктна локална контрола, за да се спречидеградацијата на овие подрачја. Заради потенцијалната опасност врз животната средина што може да настане, поради лошо планираната или лошо реалозирана туристичка програма, неопходно е да се развиваат мерки на претпазливост.

Носечки капацитет

Според UNWTO, носечкиот капацитет е фундаментален за заштита на животната средина и за одржливиот развој. Тој претставува максимално користење на некој простор без негативни ефекти за ресурсите, за намлување на туристичките доживувања, без штетно влијание врз општеството, економијата и културата. Може да се подразбере и како – максимален број

Туризмот и одржливиот развој

Page 11: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

посетители на некој простор, без несакани последици во животната средина и без намалување на квалитетот на туристичкото доживување од страна на туристите.Носечки капацитет не е хомоген, туку се манифестира преку 4 основни нивоа:

● Еколошки носечки капацитет, кој подразбира ниво на користење на туристичкиот ресурс без деградација на животната средина

● Социјален носечки капацитет, кој се базира врз реакцијата на локалната самоуправа за прашањата поврзани со туристилкиот развој, со тежнение реакцијата да биде негативна и да нема последици за локалниот простор.

● Прихолошки носечки капацитет, кој го одразува степенот на задоволство на туристите со определена туристичка дестинација, со тежнение истата да не биде натрушена

● Економски носечки капацитет, кој го изразува степенот на зависност на локалната економија од степенот на туристичкиот развој, со тоа што не е пожелно оваа разлика да биде голема.

Носечкиот капацитет не може да се прикаже исклучиво со примена на математички формули, бидејќи врз него влијаат многу фактори кои можат да се класифицираат во две големи групи: локални фактори и странични фактори. Носечкиот капацитет во последно време се анализира како еден од стандардите за одржлив развој на туризмот. Европската Унија во зависност од типот на дестинацијата и туристичката активност, има предложено свои носечки капацитети.

Еколошка проценка на влијание

Еколошката проценка на влијанија, се повеќе се користи како алатка за проценка на можните последици за животната средина од развојот, и се употребува за применување на принципите за одржлив развој во практиката. EIA се занимава со оценка на прдвидените ефекти од развојот врз средината, со овезбедување потребни информации. За дасе избегнуваат евентуални последици од лошо донесени одлуки. Основните принципи за EIA се:

● Проценката мора да ја идентификува природата, целта и влијанието од активностите што се планираат со развојот на некој проект.

● Проценката мора да ги препознае елементите на животната средина врз кои ќе се влијае● Проценката мора да ја оцени природата и степенот на првобитните влијанија и оние кои

веројатно би се реализирале преку секундарни влијанија. ● Проценката мора да предложи менаџмент стратегија за контрола на влијанијата и

обезбедување максимална полза од проектот за развој.

На постојат општоприфатен модели за EIA, но сепак има свој тек, свој процес. Врската меѓу туризмот и деградацијата на животната средина преку EIA се тема на многу истражувања. Главните истражувања вклучуваат:

● влијанија од големиот број на туристи● Загадување на водата и воздухот● Искориствање на изворите со свежа вода и енергетските извори● Деградација на културното наследство

Туризмот и одржливиот развој

Page 12: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

● Дринудно иселување на локалното население од дестинациите● Создавање приходи за заштита на животната средина

Проектна поддршка за одржлив развој на туризмот

со цел да се поттикне одржливиот развој на туризмот, Светската банка во периодот од 1997 до 2002 додина има доделено вкупно 4,1 милјарди долари за 99 проекти.

Проектите можат да се групираат како:● Тип I – Проекти, каде што туризмот е носечки за проектот, во инвестициите и во зивозот.● Тип II – Проекти, каде што туризмот, не е главна цел за инвестиции, придобивките од

туризмот се значителни, но индиректни● Тип III – Проекти каде што туризмот се ценува како главен корисник од проектот.

Во Тип I на туризмот му е дадена голема важност како носител на економски развој.Тип II проектите вклучуваат проекти за инфраструктулен развој и некои други активности, кои не се поврзани со туристичкиот сектор, но придонесуваат за развој на туризмот. Тип III проектите се оние од чија реализација туризмот има интерес и придобивки, како корисник на резултатите.

Проектите финансирани преку Глобалниот Еколошки Фонд целат кон поддршка на управувањето со еколошките и природните извори и се подржани од GIF преку механизам за интегрирање на глобалните грижи во развојниот процес.За периодот 1992-2003 година, е направена проценка на 193 проекти поддржани преку ГЕФ, од што може да се заклучи дека мнозинството од проектите се однесуваат на биолошката разновидност, по нив следат интернационалните води и потоа мулти функционалните проекти. Достапните документи и извештаи за сите 193 проекти се разгледани за да се утврди дали во проектот бил вклучен туризмот или еко туризмот како една од компонентите.Генерално може да се заклучи дека бариерите за туристичкиот развој во повеќето од прегледаните проекти укажува на ограничувања како:

● несоодветен и скап превоз● тешкотии во управувањето со животната средина во туристичката индустрија● недоволни активности за промовирање на туризмот● тешкотии во заштитата на културното наследство

Искуствата покажуваат дека туризмот може да има значајна улога во вкупниот развој преку мерки во секторот насочени кон одржливо користење на природните ресурси, заштитата на биолошката разновидност, поддршка на социјалниот елемент на развојот и заштитата на идентитетот и традиционалните вредностина населението во туристичките региони.

Десетте златни правила на одржливиот турист

За секоја туристичка активност пожелно е одржливо однесување на туристот во текот на подготовката на патувањето и во текот на престојот во туристичката дестинација. Како треба да изгледа ова однесување е сублимирано во десетте златни правила.

Туризмот и одржливиот развој

Page 13: Туризмот и одржливиот развој - Основи на одржлив развој

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

Според нив туристот треба да:● бара фома на сместување која придонесува за намалување на влијанието врз животната

средина● избира организатор на патување кој е свесен за енвироменталното влијание на туризмот● е насочен кон средства за превоз кои најмалку загадуваат, за да стигне до својтата

туристичка дестинација● користи колективн и/или еколошки средства за превоз, на пр: велосипед, во текот на

одморот● создава помалку одтпад и придонесува за негово диференцирано собирање● нја намалува потрошувачката на вода● ја намалува потрошувачката на енергија● дава предност на локално произведените ракотворби и локални гастрономски

специјалитети● ја почитува животната средина во местата каде престојува● дава совети и предлози за подобрување на животната средина во местата за одмор.

Туризмот и одржливиот развој