Туроператори и туристички агенции - Карактеристики на...

9
Универзитет за Туризам и Мнеаџмент - Скопје Предмет: Туроператори и Туристички Агенции Тема: Основни карактеристики на постанокот и развојот на туристичките агенции Скопје, 2011

Upload: zdravko-cacanoski

Post on 24-Oct-2015

261 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

Essay

TRANSCRIPT

Page 1: Туроператори и туристички агенции - Карактеристики на туристички агенции

Универзитет за Туризам и Мнеаџмент - Скопје

Предмет:Туроператори и Туристички Агенции

Тема:Основни карактеристики на постанокот и

развојот на туристичките агенции

Студент:Здравко Цацаноски 10050

Ментор:Проф. Димитар Бојаџиев

Поим и Дефиниција на Туристичките Агенции

Скопје, 2011

Page 2: Туроператори и туристички агенции - Карактеристики на туристички агенции

Универзитет за Туризам и Мнеаџмент - Скопје

Во современиот свет, туризмот е еден од клучните фактори за развој, не само на поедини туристички дестинации и земји, туку и на глобалната економија. Делувањето кое го вршат туристичките стопанства се позиционирале во редот на водечки гранки на светската економија. Во новиот милениум околу 700 милиони луѓе зеле учество во меѓународните туристички движења, а приходите од тие движења изнесувале 460 милијарди долари.

Динамичниот развој на туризмот е остварен во вротата половина на 20 век. Од 50-тите години кога меѓународниот туризам учествувал со околу 25 милиони туристи, додека приходите биле околу 2 милијарди долари, туримоти стопанските дејности врзани со него се во експанзија во светски рамки. Од својот зачеток во половината на 19-ти век туристичките агенции првенствено вршеле активности во областа на посредување во туристичките движења. Основна задача била да се олеснат сите видови на патувања. Во вкупните работења на агенциите, во тој период доминирале оние кои биле врзани со патувањата, така да во еден период биле нарекувани и Патнички Агенции. Туристиките агенции претставуваат еден вид на мост помеѓу два пола на туристичкиот пазар, кој туристичката побарувачка го придвижува и насочува кон понудата.Промените кои се одиграле во половината на 20 век влијаеле на развојот на туристилките агенции и нивната работа. Првостепеното значење го добива со организирањето на туристички патувања. Квалитативно новаа улога на туристичките агенции е врзана за понудата на сопствениот производ – пакет аранжманите. Во домашната и странската литература присутни се бројни дефиниции на туристички агенции. Некои дефиниции се одликуваат со опширност, а некои пак се доста концизни, како: најраспространет облик на посредување помеѓу туристичката побарувачка и понуда.

Сите дефиниции јасно укажуваат на две најважни улоги на агенциите на туристичкиот пазар:● посредничка – која се однесува на низа различни работи кои агенцијата ги обавува во име

и на сметка на непосредно давање на услуги● улога на организатор на патувања – кога агенцијата креира и на пазарот ги пласира

сопствените производи – туристички аранжмани

уште едно прашање заслужува посебно внимание – определувањето за терминот патничка или туристичка агенција. Првобитниот назив на патничките агенции бил резултат на факторот дека неговата работа била првенствено врзана за патуувањето. Но, од 50-ите и 60-ите години на 20 век до денесдоаѓа до динамичен развој на меѓународниот туризам и јакнењето на новите улоги на агенциите како организтор на туристички патувања.

Патувањата во човековото општество и зачетокот на агенциското работење

Историски гледано, за одредени видови на патувања може да се зборува дури со настанокот на човековата цивилизација. Во почетокот миграциите биле резултат на потребата за обезбедување на егзистенција. Но веќе во старите цивилизации доаѓа до појава на патувања мотивирани од други потреби, како трговија, за нови знаења, верски и здравствени причини.

Пишаните историски извори укажуваат дека Сумерите во 4 и 3 милениум п.н.е. се зачетници на патувањата. Забележано е дека кралот на Ур изградил патишта меѓу Ур и Нипур

Скопје, 2011

Page 3: Туроператори и туристички агенции - Карактеристики на туристички агенции

Универзитет за Туризам и Мнеаџмент - Скопје

коии давале можност за одење и враќање во тек на еден ден. Во стар Египет, се јавува и првото туристичко патување. Се претпоставува дека египетска

кралица ја посетила територијата Пунт. Старата Грчка цивилизација дала нов замав на патувањата. Најголемиот чекор биле

Олимписките Игри. Покрај патувањата поради забава и рекреација, се посетувале и познатите пророчишта како Делфи.

Значаен допринос за развој на патувањата дале и Римјаните. Мотивирани првенствено од воени причини, тие изградиле мрежа на патишта. Во склоп на Римската држава биле организирани и посебни органи – Cursus Publicus – кои работеле на некој вид на резервација за услуги неопходни во текот на патувањата. Освен поради воени и работни причини, Римјаните патувале и поради рекреација и забава. Се организирале фестивали, натпреварувања, а и поради здравствени проблеми, со тоа што граделе и бањи кадешто имало термални извори.

Во средниот век, доаѓа до постепен развој на занаетчиството и трговијата. Патувањата најчесто илале обележја на аџилак, а патувале преповедници, витези, авантуристи.

Во текон та 17 и 18 век, се повеќе присутни се патувањата за стекнување на знаење, запознавање на културите но и поради забава и рекреација. Ширењето на нови идеи и културно напредување на човекот допреле до големите мислители на тоа време, кои патувале низ Европа и оставиле бројни записи за подрачјата во кои престојувале. Во половината на 17 век такви патувања прераснуваат во мода во Еврпа и се нарекуваат Grand Tour. Во овој период се направени и првите чекори во развојот на организирањето на патувањата. Превозните средства кои секористеле биле кочии и бродови. Зачетокот на агенциското работење нсе јавуваат во овој период и во други облици. Во Франција и Тоскана се организирало изнајмувањее на кочии и кочијаши. Претходник на современите агенции се смета Teophrastus Renaudot кој во 1630 година го отвара бирото Coq d'Or.Кон крајот на 18 век и во првата половина на 19 век, доаѓа до формирање на уште едно биро Reiseburo, чии што активности и работењаво организацијата имале функција како и модерните агенции. Организацијата на самото патување обезбедување на патнички карти, и различни патни исправи, како и продавање на имот на иселеницитем прераснува во приходен бизнис, па голем бро на канцеларии од таков вид се отвараат во Швајцарија, Австрија и Германија.

Постанок и развој на туристичките агенции во светот

Општествено економскит услови за постанок на првите агенции се создадени во Англија во половината на 19 век. Доаѓа до до масовно преминување на сиромашното население од селата во градовите, каде се вработуваат како индустриски работници, со истовремено формирање на новата буржосска класа. Изградбата на железничката мрежа во Англија и зарвој на железничкиот сообраќај во целина претставувале материјален фактор со кој се овозможувало појава на првите организирани патувања. Основач на првата туристичка агенција е Томас Кук кој дал особен допринос на поставувањето на темелите на современото туристичко работење. Првото патување Томас Кук го организирал како секретар на антиалкохоличарското друштво. Голем број на учеснивци на патувањето претставувало стимул за организирање на слични патувања со користење на железнички транспорт, а со посебен договор Томас Кук се договара со компанијата Мидланд.

Скопје, 2011

Page 4: Туроператори и туристички агенции - Карактеристики на туристички агенции

Универзитет за Туризам и Мнеаџмент - Скопје

Поради тоа што бил и сопственик на печатница, Томас Кук ги изработил и првите пропагандни материјали. Првото групно патување во Европа го организирал во 1855 година. Во организирањето, за тоа време, особено масовни туристички патувања имало кон сите делови на светот, Томас Кук наспатува со работни односи со бројни партнери. Веќе во 1868 година го создава системот на хотелски купоникои патниците ги пористеле запалќање на хотелското сместување и исхраната, наместо на носење на поголема сума на пари. Во САД првобитно била основана Хенри Велс која вршела превоз на вредносни пратки а подоцна го сменила името во Американ Експрес и се бави со превоз на патници.Агенциите Томас Кул у Американ Експрес и денес спаѓаат во редот на водечки туристички работни системи, со холем број на работни единици во сите делови на светот и многу развиен систем на давање на фунансиски услуги.Агенцијата томас Кук развила и рецептивни услуги, во неговата организација се 165000 посетители на светската изложба во Лондон во 1851 година. Под влијание на Томас Кук, во вртората половина на 19 век во Англија, а подоцна и во другите Европски земји, формиран е еден број на нагенции од кои некои со одредена трансформација, работат и денес.

Во Скандинавија, првата агенција е основана во 1првата половина на 19 век во Норвешка. Нејзин основач е Томас Бенет, Англичанец кој како секретар во британскиот конзулта во Осло често организирал индивидуални патувања кон Англија.

Во Германија првата агенција ја основал Карл Станген. Агенцијата се бавела со организирање на патувања во странство, а прво патување е организирано за Татра. Подоцна е основана и Средноевропската патничка агенција, која со исклучително право продавала железнички карти наддвор од станиците.

Прва агенција во Италија, Кјари е основана од Масимилиано Кјари. По 20 години се спојува со агенцијата Сомарива.

Во Белгија Војаж Герц е осбована, а основана е и Комапњ Интернационал де Вагон Лит.Во Франција првата агенција е основана 1873 година со седиште во Лион. Во Швајцарија прва агенција е Куони.

Место и улога н агенциите на туристичкиот пазар

Карактеристики и специфичности на туристичкиот пазар

Со своите важни обележја и начин на функционирање, туристичкиот пазар се разликува од останатите пазари на добра и услуги. Основни елементи се барање, понуда, предмет на размена и цена, претставуваат конститутивни елементи на туристичкиот и на останатите пазари.

Најважни основни туристички барања се:● еластичност – туристичата побарувачка се однесува на дејството на економските и

неекономските фактори. Располагањето со одредени приходи, со постојаните туристичи потреби, претставува и примарен услов за појава на самото туристичко побарување. Порастот на приходот на населението, посебно на оној дел кој спаѓа во категоријата на дискреционен приход, влијае на зголемување на барањето за туристичко патување. Во периодот на стопанските рецесии доаѓа до опаѓање за туристички патувања истражувањата укажале за појава на тајм лаг, односно постои временско поместување во

Скопје, 2011

Page 5: Туроператори и туристички агенции - Карактеристики на туристички агенции

Универзитет за Туризам и Мнеаџмент - Скопје

туристичките барања. Неекономски фактори можат силно да делуваат на движењето на туристичките барања. Во текот на последните децении негативното дејство кое го давале војните , природните катастрофи, тероризмот, болестите и др.

● моблиност – е важно обележје односно неговатра физичка раздвиженост. За тоа имаат развојот на техничко – технолошките карактеристики на сообраќајните средства а и еконосмките аспекти кои ја одрдуваат можноста да поединечни слоеви на населението стануваат значајни сегменти на туристичкото барање.

● временска концентрираност – е карактеристична во голем борј на региони во текот на летната сезона. За тоа допринесуваат климата , распоредот на годишните одмори, распустите и навиките.

● дисперзивност – големиот степен на дисперзираност е тоа што хголем број на хотели и други објекти се сместени на еден мал простор или на голем простор. Дали тој регион зафаќа простор на цела земја или само дел од земјата.

● хетерогеност – на туристичкиот пазар се искажува во постоење на различни групи на потрошувачи кои меѓусебно се разликуваат во своите потреби и барања. Како важни хетерогени туристички понуди се:● комплексност● статичност● нееластичност

Димензии и структура на туристичкиот пазар

Растот на туристичкиот пазар и потрошувачката во периодот после Втората Светска војна до денес влијаеле на туристичкото стопанство да стане една од водечките стопански грански во светот. Според податоците на WTТC за 2005, местото на туризмот во светската економија може да се согледа на основа на следните инидикатори:

● различни дејности во склоп на широко набљудувано туристичко стопанство оставиле околу 6200 милјарди долари

● во делувањата врзани за туризмот биле вработени околу 220 милиони луѓе.

Долгорочни тенденции во развој на меѓународниот туризам

постигнатите резултати се последива на долгогодишни позитивни тенденции во развојот на на туризмот и факторите што масовноста во туристичките движењастанале едно од основните обележја на овој пазар во последните неколку децении. Во периодот од 1950 до денес е остварен динамичен раст на туристичката трговија и потрошувачка. Движењето на просечните годишни стапки на раст на туристичкиот промет и приход од меѓународниот туризам укажува на тенденција на постепено забавување.Индикатори на растот на приходот од меѓународниот туризам укажуваат на особено силна експанзија што претставува материјален основ нза развој на сите делови кој го чинат туристичкото стопанство.

Најважни промени во структурата на меѓународните туристички пазари и потрошувачки

Скопје, 2011

Page 6: Туроператори и туристички агенции - Карактеристики на туристички агенции

Универзитет за Туризам и Мнеаџмент - Скопје

Покрај постојаниот раст на меѓународниот туризам на глобално ниво, доаѓа до големи промени и во регуоналната дистрибуција на туристичкиот промет. Наведените тенденции биле пратени од промената во регионалнат адистрибуција на приходот од меѓународниот туризам. Не влегувајќи во детали на анализа на квалитативни промени на меѓународиот туристички пазар, ќе укажеме само дека последните години имаат изразени тенденции за:

● растечка конкуренција помеѓу туристичката дестинација од различни делови на светот● промената на туристичкиот пазар со се поголема заинтересираност за тусиртички

активности кои се резултат на човековата активност како што се тематски паркови, мега ресорти, и др.

Поделба и видови на туристички агенции

Според карактерот на работа кои ја вршат на пазарот, може да се изврши поделба на:● т.а. со претежно емитивен карактер● т.а. со претежно рецептивен карактер● т.а. со комбиниран карактер

Емитивното работење на туристичките агенции може да се смета како работа со која агенцијта организирано иницира и овозможува патување и престој н индивидуални туристи на домашен и странски пазар. Рецептивните агенции делуваат во туристичките места и во својата работа се насочуваат н пружење на услуги на туристите, кои престојуваат во нивното подрачје.Во современи услови па назарот најчесто се сретнуваат агенции од коминиран карактер кои се бават со рецептивни и емитивни работи.

На современиот туристички пазар посебно е значајна поделбата според предметот на работење:● гросистички – агенции кои се туроператори или организатори на патувања кои се бават со

производство на раранжмани и нивен пласман.● Деталистички – агенции кои остваруваат директен контакт со потрошувачите, а се секое

продадено патување добиваат одредена провизија од туроператорите.● Гросистичко – деталистики агенции

Според организацискиот облик во кој се јавуваат на пазрот, се делат на:● туристички агенции без мрежа на подружници● туристички агнеции со мрежа на подружници

Истотака постојат и Интернет агенции кои се современ тип на агенции кој се јавува со појавата на информационата технологија во агенциското работење.

Скопје, 2011