Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

20
КОМУНИКАТИВНИ ФАКТОРИ ВО ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА Сообраќајот е мошне сложена и комплексна економска појава која со развојот на човештвото доминирала повеќе и од производството. Развојот на сообраќајот се поврзува со потребите на стопанството. Сообраќајот одиграл важна улога во развојот на туризмоти неговите развојни фази. Влијанието на сообраќајот во развојот на масовните туристички патувања е изразено преку мрежата на сообраќајниците, сообраќајните средства, начинот на организација на сообраќајот и цената на транспортните услуги. Сообраќајот придонесува во туризмот преку превоз на добра и стоки за туристичките дестинации. Сепак најголем придонес има во самиот промет на туристи со нивното транспортирањедо дестинациите каде што ќе се обавуваат туристичките потреби. Сообраќајот ги опфаќа услугите во железничкиот, патничкиот, водениот, воздушниот, поштенскиот, IT секторот и други видови на сообраќај. Услугите кои ги дава оваа сфера од туристичката понуда се главен услов за поврзување на рецептивните со емитивните простори. Без сообраќај не може да дојде до израз туристичката вредност на ресурсите. Затоа би било бесмислено да се градат хотели, ресторани или трговски објекти ако тие не се сообраќајно поврзани, така да сообраќајот има примарна улога врз обемот на туристичкиот промет и по туристичките ресурси, и тој е најзначаен фактор за развојот на туризмот. Во правењето на анализата за развојот на современиот туризам, во предвид треба да се земат и комуникативните факторикои се врзани з локалниот, градскиот и интерниот транспорт, жичарницитеи ски лифтовите, просторот за паркирање, тaxi службата, rent a car и сл. Може да се каже и дека сообраќајните средства имаат улога и на акцелератор на развојот на туризмот. Од растојанието помеѓу рецептивните и емитивните подрачјазависат и транспортните трошоци.тие трошоци се значаен процент во вкупните трошоци. Тие имаат големо влијание врз изборот на сообраќајните средства. Освен трошоците, влијание имаат и сигурноста, брзината, удобноста и комфорот, врз изборот на сообраќајните средства. Така, доколку растојанието е релативно блиску,

Upload: zdravko-cacanoski

Post on 24-Oct-2015

283 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

Essay

TRANSCRIPT

Page 1: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

КОМУНИКАТИВНИ ФАКТОРИ ВО ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА

Сообраќајот е мошне сложена и комплексна економска појава која со развојот на човештвото доминирала повеќе и од производството. Развојот на сообраќајот се поврзува со потребите на стопанството. Сообраќајот одиграл важна улога во развојот на туризмоти неговите развојни фази. Влијанието на сообраќајот во развојот на масовните туристички патувања е изразено преку мрежата на сообраќајниците, сообраќајните средства, начинот на организација на сообраќајот и цената на транспортните услуги. Сообраќајот придонесува во туризмот преку превоз на добра и стоки за туристичките дестинации. Сепак најголем придонес има во самиот промет на туристи со нивното транспортирањедо дестинациите каде што ќе се обавуваат туристичките потреби. Сообраќајот ги опфаќа услугите во железничкиот, патничкиот, водениот, воздушниот, поштенскиот, IT секторот и други видови на сообраќај. Услугите кои ги дава оваа сфера од туристичката понуда се главен услов за поврзување на рецептивните со емитивните простори. Без сообраќај не може да дојде до израз туристичката вредност на ресурсите. Затоа би било бесмислено да се градат хотели, ресторани или трговски објекти ако тие не се сообраќајно поврзани, така да сообраќајот има примарна улога врз обемот на туристичкиот промет и по туристичките ресурси, и тој е најзначаен фактор за развојот на туризмот. Во правењето на анализата за развојот на современиот туризам, во предвид треба да се земат и комуникативните факторикои се врзани з локалниот, градскиот и интерниот транспорт, жичарницитеи ски лифтовите, просторот за паркирање, тaxi службата, rent a car и сл. Може да се каже и дека сообраќајните средства имаат улога и на акцелератор на развојот на туризмот. Од растојанието помеѓу рецептивните и емитивните подрачјазависат и транспортните трошоци.тие трошоци се значаен процент во вкупните трошоци. Тие имаат големо влијание врз изборот на сообраќајните средства. Освен трошоците, влијание имаат и сигурноста, брзината, удобноста и комфорот, врз изборот на сообраќајните средства. Така, доколку растојанието е релативно блиску, тогаш за превозно средство би доминирал автомобилот, а доколку растојанието е големо, тогаш авионот би доминирал во превозот.

Влијанието на растојанието врз обемот на туристичката побарувачка

Растојанието помеѓу емитивните простори и туристичките дестинации може да се изрази како: физичко, временсо, економско и психолошко растојание.

а) Физичко растојаниеова растојание претставува просторен интервал помеѓу две точки, во случајов меѓу емитивните центри и туристичките дестинации. Се мери со стандардни големини – километри. Физичкото растојание не може да се менува. Ако физичкото растојание е поголемо, аналогно на тоа се зголемуваат и останатите растојанија (економското, психолошкото и временското) а се намалува туристичката побарувачка. Ако пак, физичкото растојание е помало, тогаш се намалуваат и останатите растојанија, а туристичката понуда се зголемува.

Page 2: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

б) Временско растојаниеВременското растојание се мери со време поминато во пат (минути, часови, денови) што е потребно да се стигне од емитивните центри до саканата туристичка дестинација. Временското растојание е променливо. Тоа зависи од видот на сообраќајните средства, а потоа од релјефот, квалитетот на инфраструктурата и др. Туристите се многу чувствителни на временското растојание. Сепак, благодарение на современите сообраќајни средства, растојанието помеѓу овие две точки постојано се намалува и тие стануваат се поблиски. Сепак, и покрај тоа, временското растојание сеуште е многу важен фактор во определувањето на обемот на туристичката побарувачка.

в) Економско растојание

Економското растојание се изразува со финансиските средства кои се потребни за совладување на физичкото растојание помеѓу емитивните центри и туристичките дестинации. Така, доколку туристичките дестинации се поблиску, тогаш економското растојание и трошоците за негово совладување се помали и обратно.

г)Психолошко растојание

Психолошкото растојание е резултата на одредени субјективни претстави во свеста на потенцијалните туристи создадени врз основа наинформациите за одделни туристички дестинации. Оваа ментална представа, колку и да е субјективна, представува основа врз која туристите ја донесуваат одлуката за оддалеченоста до дестинацијата. Инаку, набљудувањето на просторот и неговото доживување може да биде субјективно, и подложно наразни деформации, мерењето на психолошкото растојание од емитивните центри до туристичките дестинации може да биде на најмалку 2 начина:

1)Претопставките што се однесуваат за атрактввниот потенцијал на туристичката дестинација, односно создадена е представа во свеста на потенцијалните туристи дека една дестинација е поатрактивна од другите дестинации, и тоа создава чувство дека е поблиска, иако физичкото растојание мозе да биде исто во однос на другите;

2)Стимуланси долж патувањето, што значи, ако патот до саканата дестинација води низ убави предели, тоа создава чувство дека патот е пократок. Ако пак до овие субјективни представи се надополнат и економското растојание,физичкото растојание и временското растојание, тогаш можее да се добие представа дека патувањето е уште подалечно.

Влијанието на одделни видови сообраќајни средства врз развој на

Page 3: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

сообраќајот

Во туризмот секој вида на сообраќај има своја специфична улога. Од аспект на сообраќајните средства и мрежата на патиштата, сообраќајот го делиме на:

а)Копнен (железнички и патен)б)Воден (поморски, езерски, речен, каналски)в)Воздушен

Копнен сообраќај Железнички сообраќај

Развојот на масовниот туризам започнува со појавата на железничкиот сообраќај. Првото масовно патување со железница го организирал Томас Кук.Железничкиот сообраќај одиграл пионерска улога во развојот на масовниот туризам. Меѓутоа, по Втората Светска Војна железничкиот сообраќај го губи своето значење во развојот на туризмот, пред се поради споредбата со патниот и авионскиот сообраќај. Намалувањето на ексклузивноста не е поради помалата удобност, сигурноста или комфортот, бидејќи тие се на повисоко нивоод неговите конкуренти. Во современите вагони сега има и греење, ладење, осветлување, интернет, телефони, рестоани, барови, вагони за спиење, продавници за сувенири или пијалоци и др. истотака железничките станици содржат и многу рецептивни содржини, а возниот ред се усогласува со другите, најмногу со воздушниот. Ваквиот развој на железничкиот сообраќај е резултат на конкуренцијата.меѓутоа, колку ли иновации да се внесат во железницата, сепак таа нема голема еластичност. Таа е врзана со железничките шини и железничките станици. Така неам можност за разгледување, доживување, и патниците од станицата до хотелот треба да се носат со друго транспортно средство. Меѓутоа, колку и да се внесат иновации, сепак железницата нема да си го поврати својот дамнешен сјај, и значењето во развојот на туризмот. Сепак има сектори кадешто железницата е доминантно превозно средство. Така е на пример, ридските железници и големите жичарници. Тие имаат огромно значење за развојот на зимко-спортскиот туризамна планинските туристички места. Една од најимпозантните конструкции во светот од овој вид е жичарницата Егиј ду Миди, која ги поврзува големите туристички центри во Шамони и Курмајер. На крај може да се заклучи дека значењето на железничкиот сообраќај во развојот на туризмот со мали исклучоци е се помало.

Патен сообраќај

Ако железничкиот сообраќај го започнал развојот на масовниот туризам, тогаш со автомобилскиот започнува нов период во развојот. Основни предности на автомобилот во современиот туризам се брзината, удобноста, економичноста, и големата слобода во патувањето. Автомобилот им дозволува да тргнат на одмор од својот дом, да го планираат своето патување сами, брзината, правецот, местата, времето и др. Особен придонес во развојот има и изградбата на патната инфраструктура, па и сега во стопанскиот развој секогаш има обврска за изградба на современи асфалтни патишта за брз и сигурен превоз на луѓе и добра.

Page 4: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

Кога е во прашање изградбата на патна мрежаза поребите на туризмот, таа во рамките на националната територија треба да се гради низ атрактивни и живописни предели за да им овозможи да туристите отворен видик кон опкружувањето низ кое поминуваат. За да можат да се искористат сите предности од масовноста и мобилноста на авто-туристите, а истовремено да се намалат и негативните последици, потребно е патната мрежа да биде опремена со објекти потребни за туристите и возилата. Во првата група влегуваат објектите што се во функција на возилата и возачите. Тоа се: сообраќајни знаци, патна сигнализација, бензински пумпи и др.Во втората група се објектите за удобноста при патувањето. Тоа се: супермаркети, ресторани, продавници за прехранбени прозиводи, за цигари, за сувенири, туристичка литература, и др. Истотака важни се и санитарните објекти. Треба да се градат и објекти за сместување (мотели, авто-кампови).Кон споменативе карактеристики на патничкиот сообраќај во развојот на туризмот ќе додадеме уште и тоа дека ниту едно друго сообраќајно средство не успеало да ги задоволибројните и се поголеми барања на туристите како што тоа го прави патничкиот сообраќај. Покрај сите предности што ги има автомобилот, тој има и некои недостатоци. На пример, на долгите патувања доаѓа до замора и опасност од сообраќајни незгоди и несреќи. Врз основа на претходно изнесените констатаии може да се заклучи дека автомобилот во лична сопственост е доминантно превозно средство.

Воден сообраќај

Под воден сообраќај се подразира сообраќак кој се одвива по океани, мориња, езера, реки, канали, и др. од сите видови, морскиот сообраќај има најголем удел. На него отпаѓа70% од обемот на светската трговија. Водениот сообраќај е еден од најстарите видови и во развојот на туризмот придонел со својот комфорт и капацитет. Во почетокот на својот развој, за д постигнат подобра рентабилност, бродовите за превоз на стока дел ос двојот простор го преуредувале за превоз на патници. Денес бродовите иако поседуваат најголем можен комфор и простор за забава, нивната спорост е основната причиназа малото зачење во превозот на туристи. Дури и некои острови кои имаат мошне развиен туризам не се потпираат на водниот сообраќај туку на авионскиот сообраќај.Занчењето на бродскиот сообраќај во спвремениот туризам се сведува само на специјално организирани крстарења или кружни патувања по најпривлечните мориња. И покрај сето тоа може да заклучиме дека водениот сообраќај во целина има мало значење во развојот на современиот туризам. Нешто поголемо значење, имаат помалите пловни објектикако јахтите, скутерите, глисерите, и сл. За нивната употреба се поврзува и поимот наутички туризам.

Воздушен сообраќај

Воздушниот сообраќај е најмлада сообраќајна гранка која се развила со исклучително голема брзина. Причината за таков брз развој се брзината,

Page 5: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

удобноста, и сигурноста.по правило воздушниот сообраќај е најдобро развиен и организиран во високо развиените земјии во земјите што се значајни емитивни центри или атрактивни дестинации. Најголемите аеродроми се изградени во високо развиените земји и тие се лоцирани во близина на големите градови. Големи аеродороми се градат истотака и во афирмираните туристички дестинации, и тие за многу кратко време станаа достапни за широката туристичка клиентела. На крајот може да заклучиме дека појавата на авионскиот сообраќај предизвикал вистинска револуција во меѓународниот туризам. За да се направи авионот достапен за туристите, авио компаниите започнаа да воведуваат т.н. чартер летови или сезонски линии, туристички класи и други погодности, со што драстично се намалуваат цените на превозот. Чартер туризмот најдобро е развиен на релација меѓу Европа и Америка. Бројот на туристите кои го користат авионот во превозот до саканата туристичка дестинација зависи од оддалеченоста. Неговото значење во развојот на туризмот за дадена туристичка дестинација се одредува со процентуалното учество на авио туристите во вкупниот број на туристи. Туристите кои го користат воздушниот сообраќај по правило се со поголеми материјални можности. Туристичките дестинации за кои воздушниот сообраќај има важна улога, треба истиот постојано да го унапредуваат со изградба на современи аеродроми или со модернизација на постоечките. Авионскиот сообраќај има карактеристика за превоз на патници и стока на поголеми далечини, а истовремено и да ги истиснува останатите видови. Меѓутоа, на помали растојанија, најчесто до 500 км, се повеќе се користи хеликоптерот. Тој можеби е побавен од авионот, но не е врзан со инфраструктурата (аеродромите) во одредени случаеви. Тој може да слета условно на места приредени за негово слетување, а тоа може да биде и на самиот хотел, па така да времето кое е потребно за транспорт на туристите од хотелот до аеродромот се сведува на минимум. Рз основа на претходно наведеното, може да заклучиме дека различните аспекти на растојанието и видовите на сообраќајни средства со кои штп тоа се совладува, битно влијаат врз обемот на туристичката побарувачка и истото мора да се има во предвид при планирањето на развојот на туризмот во одделни туристички дестинации.

РЕЦЕПТИВНИТЕ ФАКТОРИ ВО ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА

Рецептивните фактори во туризмот просторно се врзани за туристичките дестинации. Тие се оној дел од туристичката понуда која се состои од прифаќање на туристите, овозможувајќи им услови на задоволство при користењето на туристиќките ресурси и другите потреби завреме на нивниот престој.Рецептивните фактори се зависни од останатите фактори на понудата, пред се атрактивните кои што се одлучувачки во привлекувањето на туристите и комуникативните кои што го овозможуваат нивниот превоз. Значењето на рецептивните фактори во туризмот и постигнувањето економски ефекти најобро може да се види со споредување на две туристички дестинации кои имаат исти или приближно исти атрактивни ресурси и сообраќајна поврзаност, но со различен степен на уреденост иопременост на просторот со рецептивни капацитети. Туристичките дестинации кои располагаат со повисок

Page 6: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

степен на уреденост и опременост на просторот, со рецептивни капацитети постигнуваат подобри економски ефекти од развојот на туризмот.

Што се рецептивни фактори?Поимот рецептивни фактори се однесува на низа поединечни фактори со кои се искажува способноста на истите да ги задоволат потребите на туристите при престојот во туристичките дестинации. Претставени се од туристичките објекти и трудот на човекот. Компонентата труд е вклучена во секој капацитет на туристичката рецептива. Трудот може да биде како вложен труд, или пак може да биде како човеков труд. Човекот е тој кој внесува живот во материјалните објекти. Од неговата иницијативност, способност и знаење во најголема мера зависат економските ефекти од туризмот. Туристичките објекти сами по себе можат да дадат ограничени резултати. Тоа е така додека туристичката дестинација е во почетан фаза од развојот. Потоа кога ке премине истата во повисока развојна фаза, учеството на личниот труд во формирањето на туристичката услуга е многу позначајна од таа каков е изгледот на туристичкиот објект. Секоја развиенатуристичка дестинација мора да располага со повеќе рецептивни капацитети. Тие можат да се поделат во 2 групи:

1. Примарни капацитети, капацитети кои учествуваат директно во давањето на услугите на туристите и истите директно ги наплаќаат од туристите

2. Секундарни капацитети кои уќествуваат индиректно во давањето на услугите на туристите, односно не се во состојба услугата да ја наплатат директно од туристите туку индиректно, преку примарните капацитети.

1. Во групата на примарни рецептивни капацитети спаѓаат: 1. Објекти за сместување на туристите2. Угостителски објекти (ресторани, кафани, пијалаци и др)3. Објекти за трговија4. Сообраќајни средства5. Занаетчиски работилници6. Поштенски и телекомуникациони објекти7. Туристички бироа2. Во групата секундарни рецептивни капацитети спаѓаат: 1. Паркови, шеталишта, видиковци и др.2. Јавно украсени објекти3. Комунална инфраструктура4. Објекти за водоснабдување и снабдување со ел. Енергија

Ваквата поделба на рецептивните капацитети е прифатлива посебно од аспект што со неа се согледува значењето на секундарните капацитети. Иако секундарните рецептивни капацитети не учествуваат директно во наплатувањето на услугите од туристите, нивното постоење е објективен предуслов за развој на туризмот.

ПРИМАРНИ РЕЦЕПТИВНИ КАПАЦИТЕТИ

Објектите за сместување по правило се основни и најзначајни рецептивни

Page 7: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

капацитети. Од нивната големина и квалитет во најголема мерка зависи и обемот на туристичкиот промет. Стопанската дејност што обезбедува услуги во сместувањето и исхраната се вика угостителство. За угостителството во странската литература се користат различни термини. Англичаните употребуваат hospitality, Французите industrie hotelliere, а Германците Gastewerbe. То е услужна (терциерна) стопанска дејност која се разликува од сите други дејности, не само во поглед на предмето на работа, туку и по специфичните карактеристики. Угостителството има посебен технолошки и производствено-услужен процес, посебна организација, посебен начин, содржина и форма на извршување на угоститечлските услуги. Од трите основни функции на угостителската дејност: набавка, производство и продажба со посебна техника на послужување, две многу се разликуваат од истоимените во коиа било друга индустрија. Тоа се: производната функција, односно продажбата на услугата со посебна техника на послужување во ресторани, банкетсали, соби (room service), пригодни приемиво хотели и сл. Услугите во угостителството во најголема мерка имаат егзистенцијален карактер, бидејќи туристот има потреба да и обавува своите основни физиолошки потреби за ноќевање, јадење и пијалак. Угостителството пак за да може да ги пружи овие услуги мора претходно да ги произведе според свои технолошки постапки.Специфичностите на угостителските услуги се во следното:

1. Се прозиведуваат за познат потрошувач2. Не се произведува за складирање3. Нивото на квалитетот на производите и услугите треба да биде

соодветна на категоријата на објектот4. Производите честопати се произведуваат по желба на гостите5. Се произведуваат со помош на специјална опрема 6. Услугите од храна и пијалак прво се порачуваат а потоа се

припремаат во угостителски објект7. Услугите на гостите им се нудат според јеловник и цени на

пијалакот

Во досегашната светска праксаугостителството најчесто се дели на:1. Хотелиерство, штодава услуги за сместување 2. Ресторанство, што дава услуги во исхраната и пијалаци.

1. ХотелиерствоХотелиерството е најрепрезентативниот и најзначајниот дел од угостителството. Основната задача на хотелиерството е давање угостителски услуги во сместувањето, односно издавање наместени соби за спиење и одмор, исхрана, точење на пијалаци и послужување со напитоци. Покрај ова, хотелите вршат и други видови на услуги, како забава, сувенири, лични услуги и др. Денес хотелиерството претставува голем меѓународен бизнис со значајни економски ефекти, поради што за оваа дејност се повеќе се користи името хотелска индустрија.

2. Ресторантство

Ресторантството во потесна смисла се угостителски објекти во кои се припремаат и посужуваат топли и ладни јадења, пијалаци и напитоци. Првиот

Page 8: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

ресторан во светот е отворен во Париз во 1765 година од страна на Baulanger, еден од најпознатите француски гастрономи. Се смета дека ресторанството е повеќепати потешко и посложено од услугата сместување во хотелот.

ВИДОВИ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ И НИВНИ ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Објектите за сместување според кавлитетот се делат на 1. Основни2. Комплементарни

Основните објекти во однос од комплементарните се поудобни, покомфортни, со подобар изглед, внатрешен и надворешен и тн. Оттука и услугите кои ги даваат се поскапи.

а) Видови хотели

Хотелот е сместувачки капацитет во кој на гостите задолжително им се нудат услуги за сместување, а потоа и друго гостопримство вообичаено за угостителството. Истотака хотелите вршат и некои споредни дејности, како продавање игари, разгледници, фризерски и козметички услуги, превоз на патници и др. хотелот има приемен хол каде е сместена рецепцијата, сместувачки единици, ресторан, кујна и др. Хотелот може да има и депанденс. Тоа е посебен дел од хотелот и се наоѓа во негово непосредно опкружување. Во него се сместени собите или апартманите. Според доминантната услуга, во хотелиерството се појавуваат некојлу видови хотели:

● хотели за одмор, сместени надвор од градовите , и нудат забава и рекреација

● конгресни хотели, со големи сали за разна намена и технички опремени● комерцијални или градски хотели, сместени во големите градови во кои

престојуваат деловни луѓе● резиденцијални, во кои гостите престојуваат подолго време, ● гарни , во кои има услуга за спиење, а исхраната е можна само со доручек

и нешто сл.● Casino хотели, аеродромски и тн.

Критериумот големина на хотелот се однесува на бројот на соби со кој располага хотелоти можат да бидат од 50 до 2000. Спред тоа хотелите ги делиме на следните 4 категории

● до 149 соби,● од 150 до 299 соби,● од 300 до 600 соби, ● повеќе од 600 соби

постојат и поинакви поделби, според класификација на хотелите● мали хотели, до 100 соби● средно големи, од 100 до 200 соби, ● големи хотели, повеќе од 200 соби

најчеста поделба на хотелите е според големината и тоа на мали средни и големи хотели.

Page 9: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

Според удобноста, комфорот, квалитетот на услугите и според други критериуми, категоризацијата се врши со определен број на ѕвездички, при што највисока е со 5 а најниска е со 1. многу важно за стопанисување на хотелот е дека во него се издаваат соби а не кревети, тоа значи ак онема еднокеветни соби им се издаваат двокреветни, но без согласност не може да се смести друг човек во истата соба. Сопред квалитетот и видовите на услугите, локацијата и останатите пшосебности, на туристичкиот пазар хотелот може да се појави самостојно или поврзан со некоја позната групација.

Самостојни хотели се оние хотели кои не се поврзани со некој хотелски систем. Тие настапуваат на пазарот како самостојни. Синџир на хотели – е систем на хотели со препознатливо име и гарантиран стандард позади кој на пазарот стои познато име. Најголеми траги во хотелиерството оставиле Цезар Риц, Елсворт Статлер, Конрад Хилтон, Ј. Вилард Мериот и др.

б) МотелиЗборот мотел потекнува од скратеницата од Мотор хотел, што значи сместувачки капацитет лоциран крај сообраќајници наменет за туристи кои патуваат со моторни возила. Според удобноста може да биде со категорија од 1 до 3 ѕвездички.

в) ПансиониТерминот пансион потекнува од француски збор пансион што значи објект во кој се даваат услуги за сместување и исхрана, на подолго време. Истотака се категоризира со ѕвездички од 1 до 3.

г) Туристички населбиТуристичките населби претставуваат функционални организирани целини за сместување и др. тоа се населби уредени со патеки, шеталишта, паркинг, и др. Според класификацијата овој термин не постои, па може да се сретне најчесто како апартманска населба, во која се даваат услуги за спестување, исхрана, и точење на пијалоци. На средина има гоем слободен простор, а одоколу се сместени сместувачките капацитети, најчесто се бунгалови, вили, апартмани и др.

д) Комплементарни капацитетикомплементарните капацитети според нивото на услугите, опременоста и комфорот во однос на основните сместувачки се на многу пониско ниво. Во оваа група спаѓаат, преноќишта, гостилници, кампови, одмаралишта, станови и соби од приватни куќи и др.

НАЈЗНАЧАЈНИ СЕКУНДАРНИ РЕЦЕПТИВНИ КАПАЦИТЕТИ

Овие објекти служат за задоволување на потребите како на туристите така и на локалното население. Такви се објектите на комуникационата,енергетската и водоводната инфраструктура и хортикултурата.

а) Комуникационата инфраструктура

Page 10: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

Комуникационата инфраструктура е претставена со објектите и мрежата на три подсистеми: телекомуникациониот, РТВ посДистем и компјутерскиот.Во современи услови комуникационата инфраструктура има решавачка улога како во вкупниот општествено економски развој, така и во развојот на туризмот, особено меѓународниот.Туристите пред да донесат одлука имаат потреба од информации за туристичките ресурси, цените, услугите и сл. Таа одлука ја донесуваат врз основа на информациите со кои тие располагаат. Истотака туристите за време на престојот имаат потреба за постојан контакт со своите роднини и пријатели а преку електронските медиуми имаат можност да ги следат настаните што се случуваат во светот и земјата од каде доаѓаат на мајчин јазик.Комуникационата инфраструктура има особено значење и во работата на туристичките агенции, хотелите, рестораните и др. угостителски објекти.

б) Енергетска инфраструктура

Енегретската инфраструктура има огромно значење за развојот на стопантвото и подобрувањето на условите за живот на населението. Нејзината улога се состои во загревањето или разлдувањето на просториите на угостителсите објекти, осветлувањето, приготвувањето на храната, загревање вода и сл.Меѓутоа нејзините објекти ( далекуводи, топлани исл.) го нагрдуваат пејсажот па затоа угостителските објекти не треба да се градат во нивна близина.

В) Објектите на водовоната инфраструктура

Водата е природен ресурс без која не може да се замисли развојот на туризмот. Покрај тоа што се користи за одржување на хигиена и приготвување на храна се користи и за одржување на парковите и друго зеленило, миење на улиците итн.

Хортикуларното уредување подразбира уредување на просторот со паркови, цветни градини, дрвореди и сл. до шеталиштата, плоштадите и видиковците.

ПОСРЕДУВАЧКИ ФАКТОРИ

ОСНОВНИ ПОИМИ ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ

Томас Кук на 5 ти јули 1841 год. Го организирал првото групно туристичко патување според однапред составено програма и калкулација, при тоа не бил свесен за неговиот епохален подфат.

Page 11: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

Од периодот на формирањето на првата туристичка агенција туристичките агенции многу малку го промениле начинот на работа.Работата на туристичките агенции, нејзина основна дејност е “ давањето услуги на туристите при патувањето и престојот во туристичките дестинации “ . Ако не постојат туристичките агенции голем дел од патниците ке си соочат со големи потешкотии. Тие би морале да воспостават дирекни контакти со собраќајните претпријатија, сместувачките капацитети други организации, да го знаат девизниот курс, царинските и граничните прописи и уште многу други небитни работи. Услугите на туристичките агенции главно се однесуваат на организација на патувањата и престојот во далечните туристички дестинации и организацијата на туристичките крстарења.

ДЕЈНОСТ НА ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ

Туристичките агенции извршуваат сложена услужна дејност, која се заснова на:1. Посредувачка улога 2. Улога на организатор3. Информативно советодавна улога4. Останати дополнителни услуги

1. Посредувачка улога

Од почетокот на постоењето на туристичките агениции се до денес тие претежно имаат посредувачка улога. За овие активност таа добива одредена провизија односно проценти. Постојат разни видови посредувања пример:

● Алотмански договори со хотелиерите ● Резервирање на одредена услуга во некој хотел● Посредување при изнајмување на автомобил, пловен објект и др.

2. Улога на организатор

Туристичките агенции се повеќе се претвараат во иницијатори и организатори на различни видиви патувања, извршувајки на тој начин претприемачка дејност. Тоа се однесува пред се туроператорите. Тие од мали посредници со висока провизија и цена постепено се развиле во туроператори, кои со атрактивни програми ги стимулираат илјадници луѓе на туристичките патувања.Организаторската и предприемачката функција во севременото работење на туристичките агенции добиваат се повеќе на значење. Тие работат како предприемачи и во други дејности затоа што создаваат и продаваат сопствен производ.

3. Информативно советодавна функција

Таа спаѓа меѓу најстарите функции на туристичките агенции и има мошне важна улога. Туристичкат агенција оваа функција ја извршува на повеќе начини и тоа:

● интернет,● брошури, и

Page 12: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

● дирекни контакти со потенцијалните корисници.

Корисниците најголем интерес покажуваат секако за дирекните контакти со вработените во туристичките агенции.

4. Останати дополнителни услуги

Доколку туристичката агенција е лоцирана на атрактивна локација тоа и овозможува да се занимава и со други дополнителни дејности пример со продавање на разгледници, филмопви, туристички мапи, туристички водичи, размена на девизи, продажба на сувенири, влезници за спортски натпревари итн.

ИНИЦИЈАТВНИ И РЕЦЕПТИВНИ ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ

Агенциите кои се занимаваат со организацијана разновидни патувања се иницијативни туристички агегции, а агенциите чија дејност е организација на прифаќањето на гостите се рецептивните туристички агениции.

1. Иницијативни туристички агенции

Иницијативни туристички агенции и туроператори се оние кои се занимаваат со комбинација на разновидни услуги и си создаваат нов производ со свое име на туристичкиот пазар.Работата на иницијативните туристички агенции се состои во купување науслуги од други субјекти пример автобуски превоз или хотелско сместување врз основа на сопствени критериуми и мерила формираат нова сопствен услуга која се вика туристички аранжман. Туристичкиот аранжман е основниот производ на туристичките агенции и се состои од збир на услуги со патувањето и престојот на туристите како и други услуги во текот на патувањето и тоа се нуди и продава во целина за една паушална цена.Во давањето на ваквите услуги туристичките агенции се јавуваат како посредници и организатори на патувањата по однапред подготвена програма според желбата на клиентите.Некои од големите туристички агенции располатгаат и со сопсвени сообраќајни средства ( автобуси, авиони, бродови), хотели итн. Создавањето на туристичкиот аранжман е долг, систематски и континуиран процес кои се одвива во неколку фази:

● припремање ( истражување на пазарот со цел да се добијат сознаниј кои мотиви се во тренд и што да се превземе за одредена маса луѓе да се потикне на патување).

● договарање и финализирање ( определување на најповолна цена).● промоција ( изработка на каталог, претставување на програмот на

интернет, настап на саеми и др.)● реализација на аранжманот и ● пресметка и анализа ( средување на документација за финансиските

пресметки и ефекти ).

Page 13: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

2. Улогата на туроператорите во туристичкото посредување

Што е туроператор?Туроператор е стопански субјект кои ги обединува услугите на различните понудувачи и организира паушални патувања во свое име и за своја сметка користејќи туѓа продажна мрежа и на тој начин си ги создава главните приходи.Ако на туристичкиот пазар се споредат туристичката агенција и туроператорот тогаш туристичките агенции се трговците на мало а туроператорите трговците на големо.Постојат три вида туроператори:

● туроператори генералисти, универзални туроператори кои нудат мошне широка лепеза пакет аранжмани за мошне хетерогена маса за голем број дестинации.

● Incoming туроператори, кои делуваат на домашниот пазар креираат пакет аранжмани за странски туристи и преку мрежа на туристичките агенции во странство ги продаваат овие аранжмани.

● Туроператори специјалисти, се ориентирани за помали пазарни сегменти за кои креираат свои аранжмани.

3. Рецептивни туристички агенции

Нивната активност е насочена во прифаќањето на туристите и давањето туристички услуги за време престојот.Во суштина работата на рецептивните агенции се состои во:

● прифаќање и сметсување на гостите во хотели и приватни куќи● организирање на трансфер● организирање на излети● водичка служба● посредување за изнајмување на автомобил итн.

ВИДОВИ ЗДРУЖЕНИЈА НА ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ

Во извршување на своите работи туристичките агенции се упатени на меѓусебна и меѓународна соработка. Најзначајни се:

● UFTAA – Светско здружение за патнички агенции, највисокот и најголемото тело во светот кое ги застапува туристичките агенции, придружен член на WTO.Ги застапува агенциите кај IATA, меѓународното хотелско здружение IHRA и др.

● WATA - Светско здружение на туристички агенции со седиште во

Page 14: Туризам принципи и практика - Комуникативни фактори

Женева. Претставува меѓународна мрежа на патнички агенции кои имаат некои посебни привилегии.

● DRV - Здружение на германски патнички агенции со повеќе од 4 100 туристички агенции и околу 800 вонредни членови ( хотели, авиокомпании идр. )

● АВТА – Здружение на британски патнички агенции .● АСТА – Здружение на канатски агенции и туроператори. Нивна главна

задача е промоција на туризмот во Канада унапредување на услугите во туризмот и др.