Договор за купопродажба на недвижен имот БРанислав
DESCRIPTION
DogovorTRANSCRIPT
![Page 1: Договор за купопродажба на недвижен имот БРанислав](https://reader036.vdocuments.pub/reader036/viewer/2022082314/55cfe3df5503467d968b6bb2/html5/thumbnails/1.jpg)
Договор за купопродажба на недвижен имот
Склучен на ден 10.12 год. 2012 во Скопје помеѓу следните договорни
страни:
Продавач Бранислав од Скопје ул. Мајка Тереза бр. 2 со бр.лк
А0546378 и мб 0705987450128 издадена МВР Скопје .
Купувач Петар Трајковски од Скопје ул. Кичевска Бр. 10 со бр.лк
А0123427 и мб 1207967450053 издадена МВР Скопје.
Член 1
Продавачот е единствен и исклучивсопственик на следниот недвижен
имот и тоа : кп.бр.3456 со план и скица 52637 на м.в. Орах, Крива Паланка со
површина од 13.000 метри квадратни, заведена во п.л.бр. 555, па денес
странките се договорија за следното :
По слободна волја и без никаква принуда продавачот Бранислав Ѓ. Од
Скопје му ја продава оваа недвижност на купувачот Петар Трајковски од Скопје
за вкупна купопродажна цена од 450.000,00 денари.
Член 2
Странките се договорија сите трошоци околу заверката на овој договор
кај Нотар како и данок на промет на недвижности да ги сноси купувачот Петар
Трајковски.
![Page 2: Договор за купопродажба на недвижен имот БРанислав](https://reader036.vdocuments.pub/reader036/viewer/2022082314/55cfe3df5503467d968b6bb2/html5/thumbnails/2.jpg)
Член 3
Продавачот изјави дека врз недвижноста што ја продава од член 1 не
постојат никакви терети како книжевни, така и не книжевни и доколку такви се
појават истиот се обврзува да ги отстрани на свој трошок.
Член 4
Купувачот изјави дека влегол во владение на продажната недвижност па
истиот може да ја баштини и книжи на свое име без присуство на продавачот.
Член 5
Договорот е составен во три ( 3 ) исти примероци, од кои по заверката кај
странките останува по еден ( 1 ) примерок.
КУПУВАЧ ПРОДАВАЧ
![Page 3: Договор за купопродажба на недвижен имот БРанислав](https://reader036.vdocuments.pub/reader036/viewer/2022082314/55cfe3df5503467d968b6bb2/html5/thumbnails/3.jpg)
Резиме
Со склучувањето на договорот за продажба секоја странка презема врз
себе одредени обврски и стекнува одредени права. При тоа, при
исполнувањето на своите обврски, договорните страни се должни да
постапуваат според начелото на совесност и чесност.
Одделни обврски меѓу договорните страни настануваат врз основа на
нивната спогодба, а доколку не се определени тогаш настануваат со
склучување на договорот врз основа на законски прописи.
Продавачот има за обврска да гарантира дека стоката која ја продава, во
зависност од истата, е исправна или дека не подложи никакви долгови ( залог,
наем, хипотека, кредит и слично ), да има документи за истото, како и за
самата стока, како и да ја предаде стоката во договорениот временски рок,
додека пак главна обврска на купувачот е исплата на цената во зададениот
временски рок.
Во договорот за купопродажба важно е да се наведе цената по која се
продава стоката. Цената најчесто е точно прецизирана и не е подложена на
дополнителни измени. Доколку подложи на измени, за истите мора да се опише
во договорот и да се наведат причините и можностите за варијација на цената.