Чувства и емоции
DESCRIPTION
mTRANSCRIPT
О П Е Р А Т И В Е Н П Л А Н ЗА Ч А С Предметен наставник-Адријана ДодевскаДатум на реализација-15.05.(8-2)
Наставен предмет Наставна тема Наставна единица
Англиски јазик Tema br.6 Na~inot na koj `iveeme
Чувства и емоции
Очекувани знаења
Од ученикот се очекува да може да ги изрази своите чувства и емоции
Цели на часот - Да води комуникација за своите чувства и емоции
Очекувани вештиниСе очекува ученикот да ги стекне следните вештини:
- Да го дополни својот фонд на зборови со нов вокабулар од горенаведената област
- Да може да следи разговор- Да води разговор
Наставни ресурси Учебник за VIII одделение (деветгодишно образование) :”Messages 3” – Diana Goody, Noel Goody
Наставни средства Табла и креда, тетратки, учебници
Материјали Тетратки, учебници
Наставни методи Еклектичен метод, метод “elicitation”
Техники Фронтална, индивидуална, во парови, отворена дискусија
О Р Г А Н И З А Ц И Ј А И А К Т И В Н О С Т И Н А Ч А С О Т
Воведни активности: Потсетување на сите зборови кои учениците ги знаат поврзани со емоции и чувства
Активности на наставникот: - Да ги освежи знаењата од претходните часови и да ги сврзе со новата содржина;
- Да ја презентира новата содржина преку дедукцијата и логичките заклучоци на самите ученици;
- Да задава примери настрана од оние во учебникот, лично сврзани со учениците;
- Да ги наведува учениците кон правилни заклучоци и да им укаже на грешките;
- Да бара повратна информација во врска со материјата, кои се проблематични единици и дали учениците се заинтересирани за содржината.
Активности на учениците:- Да ги сврзат претходните знаења со новите
преку изведување заклучоци, учество во дискусија и консултација со соучениците;
- Да ги следат упатствата на наставникот и да ги извршуваат поставените задачи
А Р Т И К У Л А Ц И Ј А Н А Ч А С О Т
Воведен дел
Го повторуваме вокабуларот кој е веќе познат и го дополнуваме вокабуларот со нови зборови поврзани со темата
Главен дел
Учениците опишуваат една своја случка притоа употребувајќи го соодветното глаголско време и ги опишуваат своите чувства и емоции кои ги доживеале тогаш како и чувствата и емоциите кои ги имаат сега кога се навраќаат на тој настан.
Завршен дел- Проверка на вежбата
М Е Т О Д И Н А О Ц Е Н У В А Њ Е Н А У Ч Е Н И Ц И Т Е
Методи за самооценување на учениците
Самооценување- Учениците треба да се сетат на сопствената грешка и да ја
корегираат, а во краен случај да добијат помош од соучениците. Наставникот само треба да ги води кон заклучоците и да дозволи учениците само да ги донесат.
Методи на формативно оценување што ги користи наставникот
Усна повратна информација
- Наставникот дава насоки и знаци дали се ученикот се движи кон правилен заклучок или пак е на пат да направи грешка. На крајот на часот наставникот им дава на учениците проценка за нивните достигнувања на таа тема.