БИЛТЕН i/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински...

16
Универзитет „Евро-Балкан“ БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016 Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected] www.euba.edu.mk СОДРЖИНА: 1. Извештај за магистерскиот труд на Ана Кироска со наслов: ПРИМЕНА НА ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ИЗМАМИ“ 2. Извештај за магистерскиот труд на Хермина Гаџова со наслов: „КРИПТОГРАФИЈА И КРИПТОАНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИ ШИФРУВАЧИ“ 3. Извештај за магистерскиот труд на Илија Козаров со наслов: „ФОРЕНЗИЧКИ АСПЕКТИ КАЈ ПОЖАРИТЕ И ПАЛЕВИНИТЕ“ 1. Извештај за магистерскиот труд на Ана Кироска со наслов: ПРИМЕНА НА ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ИЗМАМИ“ ДО НАСТАВНО-НАУЧЕН СОВЕТ НА ИНСТИТУТ ЗА ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА УНИВЕРЗИТЕТ “ЕВРО-БАЛКАН - СКОПЈЕ Предмет: Рецензија на магистерски труд Со одлука на Наставно-научниот совет на „Универзитет Евро - Балкан“ – Скопје, донесе на 22-та седница одржана на 29.04.2016 година,, одредена е Комисија за оценка и одбрана на магистерскиот труд ПРИМЕНА НА ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ИЗМАМИ“ изработен од кандидатот Ана Кироска Ѓорѓеска, во состав: проф. д-р Сашо Гелев, ментор доц д-р Мимоза Клековска доц. д-р Фердинанд Оџаков, член По прегледот и проучувањето на доставениот материјал, комисијата за оценка и одбрана на трудот, го поднесува следниов, И З В Е Ш Т А Ј ПРЕГЛЕД НА СОДРЖИНИТЕ ОПФАТЕНИ ВО ТРУДОТ Ракописот е презентиран на вкупно 67 страници текст. На крајот на магистерскиот труд истакнати се библиографските податоци поврзани со користената литература при изработка на трудот на вкупно 2 (две) страни. Магистерскиот труд е коректно обликуван, јазично, стилски и технички изработен во согласност со правилата за изработка на магистерски трудови на “Универзитет Евро-Балан” Скопје.

Upload: truongliem

Post on 01-Mar-2019

229 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

СОДРЖИНА:

1. Извештај за магистерскиот труд на Ана Кироска со наслов: „ ПРИМЕНА НА

ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ИЗМАМИ“ 2. Извештај за магистерскиот труд на Хермина Гаџова со наслов:

„КРИПТОГРАФИЈА И КРИПТОАНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИ

ШИФРУВАЧИ“ 3. Извештај за магистерскиот труд на Илија Козаров со наслов:

„ФОРЕНЗИЧКИ АСПЕКТИ КАЈ ПОЖАРИТЕ И ПАЛЕВИНИТЕ“

1. Извештај за магистерскиот труд на Ана Кироска со наслов: „ ПРИМЕНА НА

ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ИЗМАМИ“ ДО

НАСТАВНО-НАУЧЕН СОВЕТ НА

ИНСТИТУТ ЗА ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА

УНИВЕРЗИТЕТ “ЕВРО-БАЛКАН - СКОПЈЕ

Предмет: Рецензија на магистерски труд

Со одлука на Наставно-научниот совет на „Универзитет Евро - Балкан“ – Скопје, донесе на 22-та

седница одржана на 29.04.2016 година,, одредена е Комисија за оценка и одбрана на магистерскиот труд

„ ПРИМЕНА НА ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА

ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ИЗМАМИ“ изработен од кандидатот Ана Кироска Ѓорѓеска, во

состав:

• проф. д-р Сашо Гелев, ментор

• доц д-р Мимоза Клековска

• доц. д-р Фердинанд Оџаков, член

По прегледот и проучувањето на доставениот материјал, комисијата за оценка и одбрана на

трудот, го поднесува следниов,

И З В Е Ш Т А Ј

ПРЕГЛЕД НА СОДРЖИНИТЕ ОПФАТЕНИ ВО ТРУДОТ

Ракописот е презентиран на вкупно 67 страници текст. На крајот на магистерскиот труд

истакнати се библиографските податоци поврзани со користената литература при изработка на трудот

на вкупно 2 (две) страни.

Магистерскиот труд е коректно обликуван, јазично, стилски и технички изработен во

согласност со правилата за изработка на магистерски трудови на “Универзитет Евро-Балан” – Скопје.

Page 2: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

Од реализираното научно истражување при изработката на магистерскиот труд треба да придонесе за

надоградување на стручните теоретски и практични знаења при спроведување на финансиско-

сметководствена форензичка анализа со употреба на опрема и методологија за прибирање,

прегледување и анализирање на податоците од дигиталните уреди кои содржат медиуми за меморирање,

складирање и чување на дигитални податоци, да се даде придонес возголемувањето на ефикасноста во

борба против даночните затајувања со што би се обезбедило и значително зглемување на приходите на

државниот буџет.

Магистерскиот труд е составен од следните содржински целини:

I. ВОВЕД

II. ПРАВНА РАМКА

III. ДИГИТАЛНИ ДОКАЗИ

IV. ДИГИТАЛНИ УРЕДИ

V. АЛАТКИ И ОПРЕМА ЗА ЗАШТИТА ПРИ ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ ДОКАЗИ

VI. ПРИМЕНА НА ДИГИТАЛНАТА ФОРЕНЗИКА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ЗАТАЈУВАЊА

VII. ФОРЕНЗИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА

VIII. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ФОРЕНЗИЧКА ПОСТАПКА ЗА ДАНОЧНИ ЦЕЛИ

IX. АНТИ-ФОРЕНЗИЧКИ АКТИВНОСТИ И АЛАТКИ

X. ЗАКЛУЧОК

XI. ПРИЛОГ: РЕЧНИК НА КОМПЈУТЕРСКО ФОРЕНЗИЧКИ ПОИМИ

XII. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Наведените содржински целини се поделени во повеќе делови, а секој дел е детално

разработен. Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен редослед на настани

и појави, што резултира со изведување на конкретни заклучоци и одржливи предлози за регулирање на

материјата од оваа комплексна област од интерес и значење за заштита на виталните интереси на

општеството.

1.1. Воведот дава целосна претстава за намерата на авторот и содржината на трудот со

навестување на можното потребно решение на проблемот на истражувањето. Во воведот

од магистерскиот труд се потенцира улогата на

дигиталната форензика како научна дисциплина и во даночната свера.1

која подразбира откривање, прибирање, заштитување, потврдување, чување, испитување, анализа.

толкување и документирање на дигиталните докази пред суд се повеќе наоѓа примена .

Дигиталната форензика на компјутерските системи се разликува од процесите на враќање (обновување)

на случајни изгубени или избришани податоци.Примената на дигиталната форензика и од страна на

даночните администрации е со цел да се реконструираат (повратат) податоците кои корисникот намерно

ги сокрил и избришал.

Со цел да се обезбеди валидност на таквите податоци во судска постапка, истите треба да се обезбедат

на законски начин, со примена на специјална опрема, да бидат обезбедени од лица кои се обучени за

1Prof.dr. Milan Milosavljevic i Doc.dr. Gojko Grubar, Digitalna Forenzika na Smetkovodstveni sistemi,

Beograd 2009

Page 3: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

ракување со таа опрема, да се обезбедат, заштитат, транспортираат и складираат на соодветен начин и

да се анализираат со соодветна опрема, алатки и програмиза анализа.

Форензичката постапка треба да гарантира непроменливост на дигиталните докази и сите активности

кои се однесуваат на прибирање, трансферирање, складирање и анализирање на дигиталните докази

треба да бидат документирани, сочувани и достапни за прегледување.

Релативно големата достапност на форензичките алатки и знаење може контра – продуктивнода делува

на успехот на форензичкатаанализа. Од една страна, форензичрите можат полесно да го решат

проблемот на кој ќе наидат во работата, со користење на бројни бази на знаење, информации и алатки со

различни можности, а од друга страна други лица и вешти хакери со примена на анти - форензички

алатки може да оневозможат да се откријат податоците кои со намера се сокриени или избришани, а со

тоа и да се отежне или оневозможи истрагата.

Дигиталната форензика во поново време започна да се применува и од страна на Управата за јавни

приходи во Република Македонија со цел да се открие избегнувањето на плаќање на данок. При

контролите за плаќањето на даночните обврски од страна на даночните обврзници, може да се открие и

одбегнување на плаќање на данок, односно даночно затајување што согласно Кривичниот законик на

Република Македонија претставува кривично дело, а во такви случаи Управата за јавни приходи

соработува со други надлежни институции, односно истражни органи.

Во делот „Научна оправданост“, авторот на потенцира дека актуелноста и општествената

оправданост на темата ги претставуваат основите за негова научна оправданост. Имено, целта на овој

труд е надоградување на стручните теоретски и практични знаења при спроведување на финансиско-

сметководствена форензичка анализа со употреба на опрема и методологија за прибирање,

прегледување и анализирање на податоците од дигиталните уреди кои содржат медиуми за

меморирање, складирање и чување на дигитални податоци, со што би се придонесло зазголемување на

ефикасноста во борба против даночните затајувања значително се зголемуваат приходите на буџетот и

се спречуваат обидите да се врши празнење на државната каса со финансиски измами

1.2. Ве делот на ,,Методи на истражувањето” како метода за истражување во овој труд се

користеше методата на Анализа на содржината на документи (content analysis) – анализа

на стручни книги, прирачници, написи, извештаи, официјални документи, во кои се вклучени и

објаснети дефинициите на дигиталната форензика, правната регулатива за примена на

дигиталната форензика за истражни цели, дигиталените докази, алатки и опрема кои се

користат во форензичките постапки, а се со цел откривање и докажување на

незаконското работење на субјектите.

При ова истражување е користен инструментариум кој е својствен за теоретски истражувања.

При методолошкото истрашување се користеше и искуства од специјализирани институции и

нормативни акти.

Во делот на ,,Дигитални докази” дадена е дефиниција за тоа што претставува дигитален доказ и

постапката на обезбедување на дигиталните која е од собено значење.

Во делот на ,,Дигитални уреди” се наведени кои видови на дигитални уреди постојат односно

поединечно се објаснети Компјутерски системи и Уреди за складирање – носачи на дигитални докази.

Во делот на ,,Примена на дигиталната форензика” за откривање на даночни затајување авторот дава

дефиниција за даночно затајување според кој Даночно затајување е одбегнување на плаќање на данок

преку кршење на даночните закони. Кај даночното затајување (даночна евазија) даночниот обврзник

превзема противзаконски дејствија со цел целосно или делумно да ја избегне даночната обврска.

Согласно Кривичниот законик на Република Македонија кривично дело претставува кога некој намерно

ќе го одбегне целосно или делумно плаќањето на данок, придонес или некоја друга давачка на која е

Page 4: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

обврзан со закон, дава лажни податоци за своите приходи или други факти од влијание за утврдување на

износот на ваквите обврски или пријави помалку или не пријави приход.

Во содржинската целина ,,Форензичка лабараторија” авторот точно наведува дека форензичките

лаборатории кои се користат за даночни цели мора да се организирани и опремени по соодветни

стандарди односно какво треба да биде Уредување на просторот во форензичката лабораторија

иТехничка опременост на форензичката лабораторија.

Во содржинската целина ,,Спроведување на форензичка постапка за даночни цели наведена” е

форензичката постапка за даночни цели која се врши кај даночни обврзници кај кои има реални

сомневања дека постои даночно затајување, кај кои постои сомневање за бришење, криење, менување

или уништување на дигитална сметководствена евиденција, сомневање дека нема да биде предадена

целата документација, и има двојно книговодство и други слични ситуации.

Исто така поединечно се објаснети сите фази за активностите кои се спроведуваат во Форензичката

постапка потребно тоа:

1. Подготовка за преземање на податоци од дигитални уреди

2. Превземање и заштитување на податоците од дигиталните уреди кај даночен обврзник

3. Пакување и транспортирање на дигиталните податоци и уреди

4. Складирање на превземените податоци во уред за складирање на податоци

5. Процесирање на превземените дигитални податоци

6. Анализирање на превземените податоци

7. Изготвување на извештај за извршената форензичка постапка

8. Архивирање и бришење на превземените дигитални податоци

Во содржинската целина ,,Дефинирање и видови на сајбер напади” авторот детално ги има

опишано и дефинирано сајбер нападите како најголема закана на критичната информатичка

инфраструктура, со цел превземање на мерки и пропишување на процедури за заштита инфраструктура.

Исто така авторот во овој дел ги образложува различните методи за напад на критичната информатичка

инфраструктура, и мерките кои се превземаат со цел заштита од претходно објаснетите сајбер напади.

Вo содржинската целина ,,Анти-форензички активности и алатки” особено е потенцирано на големата

достапност на форензичките алатки и знаење кои може контра-продуктивно да делува на успехот на

форензичката анализа. Од една страна, форензичрите можат полесно да го решат проблемот на кој ќе

наидат во работата, со користење на бројни бази на знаење, информации и алатки со различни

можности, а од друга страна, со истите алатки и знаења може да се употребат од злонамерни корисници

и вешти хакери со примена на техники за бришење со препишување (wiping) и со примена на анти-

форензички алатки (counter-forensic).

Во последниот дел ,,Заклучок” се потенцира дека со зголемување на ефикасноста во борба против

даночните затајувања, која не познава граници неопходна е меѓународна координација и борба против

новите начини на вршење на даночни измами, усогласување на законската регулатива и правните

системи помеѓу државите, размена на знаење и искуство во примена на најефикасни методологии и

техники на прибирање, трансферирање, складирање и анализирање на дигиталните докази како и нивно

презентирање во судска постапка, а од особено значење е соработката помеѓу органите на гонење на

криминалот и уважувањето со правосудните органи.

МЕТОДОЛОШКИ ОСВРТ

Од содржината на магистерскиот труд може да се заклучи дека авторот систематски и

аналитички ги има разработено и елаборирано прашањата поврзани со намалување на даночните измаи

затајувања на данок. Во разработката на трудот, авторот ги користи научните методи и техниките

определени при формирањето на проблемот на истражувањето. Треба да се нагласи дека авторот

Page 5: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

предлага соодветни мерки и активности за подобрување на безбедноста и намалување на истите.

ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ

Рецензентската комисија по разгледувањето на поднесениот магистерски труд со наслов„ПРИМЕНА

НА ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ИЗМАМИ“ изработен од кандидатот

Ана Кироска Ѓорѓеска, во состав:

• проф. д-р Сашо Гелев, ментор

• доц д-р Мимоза Клековска

• доц. д-р Фердинанд Оџаков, член

заклучи дека истиот претставува научен труд кој ги задоволува сите формални и суштински аспекти за

еден магистерски труд.

Врз основа на погоре изнесеното имаме чест и задоволство да му предложиме на Наставно-

научниот Совет на Институтот за дигитална форензика, да ја прифати рецензијата на магистерскиот

труд со наслов: „Примена на дигитална форензика за откривање на даночни измами“, на кандидатот Ана

Кироска да и дозволи јавна одбрана на магистерскиот труд.

К О М И С И Ј А:

1. Проф. д-р Сашо Гелев - ментор и член на комисија

________________________________________

2. Доц. д-р Мимоза Клековска, член на комисија

____________________________________________________

3. Доц. д-р Фердинанд Оџаков, член на комисија

____________________________________________________

2. Извештај за магистерскиот труд на Хермина Гаџова со наслов:

„КРИПТОГРАФИЈА И КРИПТОАНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИ

ШИФРУВАЧИ“ ДО

НАСТАВНО-НАУЧЕН СОВЕТ НА

ИНСТИТУТ ЗА ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА

УНИВЕРЗИТЕТ “ЕВРО-БАЛКАН - СКОПЈЕ

Предмет: Рецензија на магистерски труд

Со одлука на Наставно-научниот совет на „Универзитет Евро - Балкан“ – Скопје, донесен на 22-та

седница одржана на 29.04.2016 година,, одредена е Комисија за оценка и одбрана на магистерскиот труд

„КРИПТОГРАФИЈА И КРИПТОАНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИ ШИФРУВАЧИ “ изработен од

кандидатката Хермина Гаџова, во состав:

Page 6: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

1. Проф. д-р Сашо Гелев - ментор

2. доц. д-р Мимоза Клековска - член,

3. доц. д-р Фердинанд Оџаков-член

По прегледот и проучувањето на доставениот материјал, комисијата за оценка и одбрана на

трудот, го поднесува следниов,

И З В Е Ш Т А Ј

ПРЕГЛЕД НА СОДРЖИНИТЕ ОПФАТЕНИ ВО ТРУДОТ

Ракописот е презентиран на вкупно 78 страници текст. На крајот на магистерскиот труд

истакнати се библиографските податоци поврзани со користената литература при изработка на трудот

на вкупно 3 (три) страни со 60 библиографски единици.

Магистерскиот труд е коректно обликуван, јазично, стилски и технички изработен во

согласност со правилата за изработка на магистерски трудови на “Универзитет Евро-Балан” – Скопје.

Од реализираното научно истражување при изработката на магистерскиот труд добиени се значајни

научни резултати кои придонесуваат за добивање на значајни сознанија поврзани со заштитата на

приватните податоци преку употреба на криптографски шифрувачи и употреба на соодветни софтверски

програми за истите.

Актуелноста на истражувањето кандидатката ја потенцира преку ефектите, потребите и

можностите за употреба на софтверските алатки за криптирање на податоци од областа на шифрувачите

на класичната криптографија. Кандидатката потенцира „заради актуeлноста и општествената

оправданост на проблемот со криптирани податоци се чини неопходно во моменти во кои

класифицираните податоци стануваат достапни за секого. Тоа подразбира можност на специјалистите за

достапност до информации од секој облик“. Овој труд се посветува на истражувањето на потребите и

поволностите на криптирање на пораки преку соодветни софтверски решенија.

Во ова истражување методолошката рамка ја сочинуваат општите научни методи кои го

определуваат карактерот на истражувањето. Доминантната метода во едното софтверско решение е

квантитативно истражување во кое целна група се анализите на зачестеност на абецедата.

Дескриптивен метод – се користи за опишување и дефинирање на криптографските

шифрувачи, процесите на криптирање и декриптирање, нивните слабости и пропусти кои би биле

искористени за напад.

Компаративен метод - се користи при утврдување и согледување предностите и

недостатоците на секој од шифрувачите поединечно.

Инженерскиот аспект се состои од следните сегменти: софтверски решенија за шифрувачи и

статистичка зачестеност на абецедата.

Имено, целта на овој труд е да се продлабочат теоретските сознанија и практичните искуства

во однос на истражувањето на заштитата на приватните податоци преку методите на криптографијата.

Page 7: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

Во согласност со предметот, целта и задачите на ова истражување, главна хипотеза на трудот

се однесува на: важноста на улогата на криптографијата со нејзините научно техничките достигнувања

во поглед на нивната искористеност за потребите на подигнување на нивото на безбедност во сајбер

просторот. Научната оправданост на истражувањето се согледува во обидот да се даде соодветен научен

одговор, заснован на релевантни показатели, истражувања, софтверски кодови и анализи за заштита на

приватните податоци се со цел намалување на нивна загрозеност од сајбер нападите.

Магистерскиот труд е составен од следните структурни содржински целини:

1. Проблематика, вовед, историја на кодовите и стеганографија

2. Криптологија - поим и значење, видови на алгоритми и нивна сигурност

3.Класична криптографија, супституцуја и транспозиција како начини на криптирање

4. Масонската шифра - Pigpen, криптирање, декриптирање, криптоанализа и конкретен пример со

истоимениот шифрувач

5. Шифрата Атбаш - криптирање, декриптирање, криптоанализа и конкретен пример со истоимениот

шифрувач со соодветно софтверско решение

6. Цезаровата шифра - криптирање, декриптирање, криптоанализа и конкретен пример со истоимениот

шифрувач со соодветно софтверско решение

7. Вижнерова шифра - криптирање, декриптирање, криптоанализа и конкретен пример со истоимениот

шифрувач со соодветно софтверско решение

8. Споредба на шифрите со позитивни и негативни карактеристики

9. Приватните информации наспроти криптографијата

10. Заклучок

11. Користена литература

Наведените содржински целини се поделени во повеќе делови, а секој дел е детално

разработен. Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен редослед на настани

и појави, што резултира со изведување на конкретни заклучоци и одржливи предлози за регулирање на

материјата од оваа комплексна област од интерес и значење за заштита на виталните интереси на

општеството и приватноста.

Проблематиката всушност претставува вовед и дава целосна претстава за намерата на

кандидатката и содржината на трудот со навестување на можното потребно решение на проблемот на

истражувањето. Во воведот од магистерскиот труд кандидатката го потенцира фактот дека живееме во

време во кое е неопходно криптирање на приватни информации. Од друга страна технолошка експанзија

која допринесува за брз и модерен развој на општеството, придонесува достапна можност на секој

поединец да влијае врз заштитата на приватните информации во време на ранливост на информатичките

системи. Во таа насока, глобализација, во смисла брз развој и ширење на информатичката технологија

многу брзо го менува меѓународното безбедносно опкружување. На национално ниво многу е тешко да

се контролира протокот на информации, што само по себе кажува дека традиционалниот концепт на

безбедност повеќе не претставува клучен инструмент за решавање на безбедносните прашања. Односно,

Page 8: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

дека безбедноста на информациите треба да оди чекор понапред. Кандидатката во овој воведен дел

посочува на историјата на кодовите претставувајќи ја како вечна борба помеѓу криптографите и

криптоаналитичарите, со цел да се заштити приватноста, автентичноста и доверливоста на

информациите гарантирајќи успех на дигиталниот пазар.

Во втората содржинска целина “Криптологија” прикажани се основни дефиниции за клучните

поими како и за функциите за криптирање и декриптирање како составен дел од криптографијата.

Понатаму кандидатката ги претставува крипто нападите како основна појдовна точка заради

безбедносни потреби за заштита на податоците. Преку соодветни теориски претпоставки ја објаснува

теориски криптоанализата. Во овој дел исто така е дадена генерална слика на поделбата на алгоритмите

и детален опис на нивните својства.

Во содржинската целина “Класична криптографија” кандидатката детално ги има опишано

транспозицијата и супституцијата како две основни гранки на класичната криптографија, наведувајќи не

и приближувајќи не до историските шифрувачи коишто се цел на ова истражување и спаѓаат во

супституциони шифрувачи.

Во четвртата содржинската целина “Масонската шифра” на почетокот на ова поглавје е

опишан и дефиниран историјатот на оваа шифра, како една од првите симболски супституциони шифри.

Низ конкретен пример кандидатката ги прикажува процесите за криптирање и декриптирање со

постепена постапка за истите .

Во содржинската целина „Атбаш“, кандидатката ни ја прикажува првата хебрејска шифра на

супституција преку конкретни примери за криптирање и декриптирање. Криптоанализата всушност ги

образложува методите на напад на оваа шифра. Соодветното софтверско решение во програмскиот јазик

ЈАВА само ја потврдува едноставната структура и употреба на оваа историска шифра.

Првата документирана форма на моноалфабетска супституција или Цезаровата шифра е

предмет на истражување во шестата содржинска целина. Конкретниот пример во целост го објаснува

алгоритмот на криптирање и декриптирање на текстот. Статистичката зачестеност на абецедата е

клучниот аргумент на кандидатката за пробивање на оваа шифра, која низ темелна анализа е прикажана

во трудот. Софтверот изработен во програмскиот јазик ЈАВА е одличен илустративен и практичен

пример за успешноста и едноставноста на овој шифрувач.

Во содржинската целина „Вижнерова шифра“ на цели 17 страници е објаснета во целост оваа

полиалфабетска супституциона шифра. Софверското решение како практичен пример за

криптирање/декриптирање надополнето со обемната во детали објаснета криптоанализа, и истото дава

целосен приказ на оваа шифра. Кандидатката преку одредувањето на должината на клучот преку

методите на Касискијев тест и индекс на коинциденција (и двата темелно обработени), потоа со

одредување на клучот со соодветни математички пресметки го декриптира текстот.

Во осмата содржинска целина на трудот е прикажана класична споредба на четирите

шифрувачи преку нивните предности и недостатоци.

Деветтиот дел е всушност и јадрото на ова истражување односно согледба за тоа како

криптографијата се однесува кон приватноста. Во овој дел кандидатката преку аргументирани ставови

ги брани и двете страни - националната безбедност и личната приватност, оставајќи на аудиториумот

простор за самите да се одлучат за тоа што повеќе се цени.

Последниот десетти дел од трудот е заклучокот, каде кандидатката прецизно ги идентификува

сите релеванти заклучоци кои произлегуваат од нејзиното истражување во кое е потенцирано големото

Page 9: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

значење на криптографијата и криптографските алатки како значаен дел за безбедноста на податоците.

„Користена литература“ е содржинска целина во која се наведени вкупно 60 домашни и

странски пишани извори, користени документи и интернет линкови.

МЕТОДОЛОШКИ ОСВРТ

Од содржината на магистерскиот труд може да се заклучи дека кандидатката систематски и

аналитички ги има разработено и елаборирано прашањата поврзани со заштитата на податоците преку

употреба на криптографски методи како значаен дел од дигиталната форензика. Во разработката на

трудот, кандидатката ги користи научните методи и техниките определени при формирањето на

проблемот на истражувањето. Треба да се нагласи дека кандидатката креира и сопствени софверски

решенија за наведените шифрувачи подобрувајќи ја безбедноста на податоците и приватноста во целост.

ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ

Рецензентската комисија по разгледувањето на поднесениот магистерски труд со наслов

„КРИПТОГРАФИЈА И КРИПТОАНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИ ШИФРУВАЧИ “ изработен од

кандидатката Хермина Гаџова, во состав:

1. Проф. д-р Сашо Гелев - ментор

2. доц. д-р Мимоза Клековска - член,

3. доц. д-р Фердинанд Оџаков-член

заклучи дека истиот претставува научен труд кој ги задоволува сите формални и суштински аспекти за

еден магистерски труд.

Трудот претставува посебен придонес во делот на криптирање, декриптирање, како и

постапките, мерките, активностите кои треба да се превземат за зголемување на безбедноста и

заштитата на приватните податоци, а со тоа придонесува за дигиталната форензика преку облиците на

криптологијата за да се збогати со нови научни сознанија и со тоа да понуди нови решенија во

практиката. За истакнување и признавање е дека кандидатката со изборот на темата на својот

магистерски труд покажува афинитет во проблематика која сериозен предизвик и релативно

истражувачки маргинализирана во македонското општество.

Комисијата дава до знаење дека трудот претставува сеопфатно, методолошки разработено

научно дело од областа на информатичките науки, неговото влијание врз безбедносната свест на

граѓаните за заштита на податоците. Комисијата позитивно го оценува трудот во целост и му предлага

на Наставно-научниот совет на Институтот за дигитална форензика при Универзитетот Евро Балкан да

го прифати позитивниот Извештај и определи термин за одбрана на магистерскиот труд.

К О М И С И Ј А:

Page 10: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

4. Проф. д-р Сашо Гелев - ментор и член на комисија

________________________________________

5. доц. д-р Мимоза Клекоска, член на комисија

____________________________________________________

6. – доц. д-р Фердинанд Оџков, член на комисија

____________________________________________________

3. Извештај за магистерскиот труд на Илија Козаров со наслов:

„ФОРЕНЗИЧКИ АСПЕКТИ КАЈ ПОЖАРИТЕ И ПАЛЕВИНИТЕ“

До

Наставно-научниот совет на

Институтот за дигитална форензика –

Универзитет Евро Балкан - Скопје

Наставно научниот совет на Институтот за дигитална форензика и напредни технологии во

телекомуникациите и компјутерските науки - Скопје, на својата седница одржана на ден 29.04.2016

год. донесе Одлука за формирање на Комисија за оценка и одбрана на магистерскиот труд под наслов:

„Форензички аспекти кај пожарите и палевините“ на кандидатот Илија Козаров студент на Втор

циклус студии, Модул 4+1, на Институтот за дигитална форензика и напредни технологии во

телекомуникациите и компјутерските науки - Скопје.

По прегледот на доставениот материјал, Рецензентската комисија во состав:

доц. д-р Фердинанд Оџаков - ментор, проф. д-р Сашо Гелев - член и проф. д-р Весна Матијашевиќ

Покупец – член го поднесува следниов :

И З В Е Ш Т А Ј

1.НАУЧНА ОПРАВДАНОСТ

Научното истражување на пожарите и палевините претставува специјална област од

форензичките науки, а во криминалистиката се проучува во нејзиниот завршен дел како посебна

методика на откривање, докажување, разјаснување и спречување на оваа групација на кривични дела.

Форензичкиот аспект кај пожарите и палевините опфаќа повеќе елементи во својата структура кои

имаат научна димензија и релевантност. Тие се однесуваат на форензичкото истражување на

кривичниот доказ кај пожарите и палевините и тоа: форензички трансфер на трагата и на

микроматеријалниот доказ и факторите кои влијаат на трансферот и детекцијата кај пожарите и

палевините, анализа и интерпретација на физичкиот доказ итн.

Научната оправданост на предметот на магистерскиот труд произлегува и од потребата за

градење на современ пристап во моделот на постапување при форензичкото истражување на пожарите и

Page 11: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

палевините. Тоа пред се се однесува на научното истражување на различните видови материјални

докази кај пожарите и палевините: испитување на релевантноста на секој одделен доказ, примена на

научни техники во истражувањето на секој одделен доказ и нивна интерпретација.

Апликативноста на научното истражување на пожарите и палевините во нашата држава се

согледува и низ развојот на научно - технолошкиот напредок, откривањето на нови знаења во

природните науки и нивна примена во областа на откривањето, докажувањето и разјаснувањето на

пожарите и палевините.

Оттука, може да се забележи дека научното истражување на пожарите и палевините се

однесува и на следните методи во форензичката криминалистика:

1.научни методи применува при земање и обезбедување на кривичниот доказ;

2.техники на собирање и идентификација на физички доказ;

3.соодветни методи за земање и анализа на материјали во врска со криминален настан;

4.Аналитички техники кои овозможуваат форензичка идентификација на материјалниот доказ.2

Структурата на истражувањето на пожарите и палевините во најширока смисла ги опфаќа

материјалните, информациските и енергетските кои се во функција на оваа структура. Тука доаѓаат до

израз основните криминалистички принципи и законитости. „Содржината на криминалистичкото

истражување на овластените службени лица, независно дали станува збор за неформална или формална

дејност, во основа е детерминирана од следните фактори:

* карактерот на почетната ситуација на конкретниот кривичен настан или дело;

* правилата на криминалистичката наука кои мора да се применат во конкретниот случај;

* одредбите од ЗКП и другите законски и подзаконски акти.“3

Конечно, научната оправданост се заокружува и со опфатот на форензичкиот аспект кај

пожарите и палевините, а сето тоа во функција или со цел остварување на стручно подигнување за

извршување на овие активности кои влегуваат во рамките на криминалистичката професија.

2.ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

(ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ, ОЧЕКУВАЊА И ОПШТЕСТВЕНА КОРИСНОСТ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО)

Предметот на истражување на магистерскиот труд се однесува на форензичкиот аспект

кај пожарите и палевините, кој пак опфаќа повеќе значајни подрачја од форензичката наука и

тоа: истражување на местото на злосторството, обезбедување на континуитет и интегритет при

собирањето докази, истрага на местотото на пожарите и палевините, форензичката вредност на

различните форми на физички и материјални докази. Конкретизацијата на предметот на

истражување ги опфаќа следните активности:

1.начини на дознавање за пожари и палевини

2.тактика и техника на спроведување на криминалистичко - тактички мерки и дејствија кај

пожари и палевини

3.управување со местото на злосторството кај пожари и палевини

4.специфична форензичка опрема при истражување на пожари и палевини

5.стратегии за пронаоѓање и собирање на докази кај пожари и палевини

6.интерпретациа на местото на пожарите и палевините - очигледни и интелигентни вредности.

2www.pmf.ukim.edu.mk/eduformak, стр. 30.

3 Korajlić N., Heuristikča kriminalistika, Sarajevo, 2011 godina, str. 35.

Page 12: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

Општествени цели :

- утврдување на потреба од градење на посебна форензика заради ефикасно обезбедување

докази кои се акумулираат од различни компоненти на системот кај пожарите и

палевините;

- утврдување на поимите форензика кај пожари и палевини, нивни феноменолошки облици;

- утврдување на стандардни процедури, дефинирање на правила и упатства, процедури за

собирање на потенцијални докази како клучна цел на форензиката;

- јакнење на безбедносната култура кај граѓаните за можноста да станат жртви на пожари и

палевини, јакнење на улогата на Дирекцијата за заштита и спасување, на локалната

самоуправа.

Научни цели:

- научно да се истражат појавните облици и динамика на кривичните дела поврзани со

пожари и палевини, етиолошките и феноменолошките елементи на оваа појава со

негативен предзнак;

- научно да се дефинираат процедурите за создавање на докази кои ги потврдуваат

пожарите и палевините, предлагање на безбедносна политика која ја дефинира

дигиталната форензичка истрага на пожари и палевини и решавање на безбедносни

инциденти;

- утврдување на постапките и методите кои се спроведуваат при истражувањето на овие

кривични дела, градење на основи за превентивна и репресивна заштита.

3.ОПИС НА МЕТОДИТЕ, ТЕХНИКИТЕ И ИСТРАЖУВАЧКИОТ ДИЗАЈН

Во ова истражување методолошката рамка ја сочинуваат општите научни методи кои се во

корелација со карактерот на истражувањето. Посебно место ќе имаат следниве научно - истражувачки

методи:

1.Аналитички – синтетички методи – анализа на одредени појави, разледување на нејзините составни

делови, при тоа согледувајќи ја внатрешната структура на современата организација на форензичката

дејност во Министерството за внатрешни работи;

2.Индуктивно – дедуктивен метод – емпириско истражување, следење и изучување на современите

облици на спротивставување на криминалитетот, при тоа применувајќи поединечни ставови, добивање

на одредени заклучоци и обратно од општите заклучоци, по пат на дедукција, со нивно спојување,

споредување и анализирање, да се дојде до сознанија за современите методи на криминалистичка

дејност;

3.Дескриптивен метод – ќе се користи за опишување модусите операнди кои се среќаваат во

извршувањето на кривичните дела од областа на пожари и палевини радиусот операнди, локус

операнди, траги од кривични дела итн. за периодот 2010-2014 година.

4.Компаративен метод - ќе се користи при компарирањето постапките и процедурите кои се

применуваат при истражувањето на пожари и палевини. Компаративната анализа ќе овозможи

детектирање на евентуални слабости, предности и сето тоа во функција на изнаоѓање на решенија за во

иднина.

5.Анализа на содржина - како метод, постапка која ќе се користи во истражувањето своја примена ќе

има во проучувањето на нормативни акти како основа за спроведување на дигитална форензика. Со цел

задоволување на определени методолошки барања кои се во функција зајакнување на нивото на научен

пристап ќе се анализираат и ставови на теоретичари и експерти кои се содржани во странски книги,

списанија и други пишани медиуми.

Изворите на податоци кои ќе помогнат за поцелосно научно – теоретско проучување, како и за

Page 13: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

понатамошна емпириска експликација опфаќаат: а) извори за теоретско проучување на

фундаменталните криминалистичко - форензички поими каков што е поимот за дигитален доказ б)

извори на податоци кои произлегуваат од сопствено истражување, но и од истражувачки резултати на

домашни и странски научни установи.

4.ТЕОРЕТСКО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ ВО ЛИТЕРАТУРА: МИНАТИ И СЕГАШНИ

ИСКУСТВА НА ИСТИ ИЛИ СЛИЧНИ ИСТРАЖУВАЊА

Предметот на истражување на магистерскиот труд има своја теоретска основа. Пожарите и

палевините како безбедносна појава со негативен предзнак отсекогаш го привлекувале вниманието на

јавноста, но и на академската и стручна заедница. Притоа, секој од различен аспект ги проучувал

пожарите и палевините. Криминалистиката, односно форензичката наука акцент го става на

криминалистичките односно форензичките аспекти кај пожарите и палевините. Теоретското

истражување на проблемот е составен дел од содржината на секоја криминалистичка наука, поточно на

секој учебник по предметот криминалистичка методика. Досегашните истражувања се однесуваат на

теоретскиот концпет кој опфаќа: современи методи на криминалистичка регистрација и идентификација

кај пожари и палевини, трасологија кај пожари и палевини, задачи на истражната техника (физички,

хемиски и физичко - хемиски методи) итн.

5.ПОСТАВУВАЊЕ НА ТЕОРИЈА – ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕОРЕТСКИ МОДЕЛ

Пожарите и палевините како општествено негативна појава, но и како индивидуален акт е

детерминиран од комплексни меѓусебно поврзани услови, кои заедно сочинуваат внатрешната и

надворешната страна на одделни негови појавни облици на начини на извршување на конкретно

одредени кривични дела од оваа широка групација. Основата на теорискиот дизајн на пожарите и

палевините претставува нивната општествена, кривично – правна, криминалистичка и криминолошка

природа. Како општествена појава со негативен предзнак пожарите и палевините претставува закана за

нормалното функционирање на државата, односно на работењето на денешните корпорации бидејќи

предизвикува огромни материјални штети. Како индивидуална појава, пак, директно ги загрозува

основните човекови слободи и права на граѓанинот кои се загарантирани со Уставот на Република

Македонија и ратификуваните меѓународни договори.

Криминалистичкиот аспект на теорискиот дизајн на пожарите и палевините како посебен вид

на криминалитет се однесува на научната анализа на криминалистичките карактеристики на кривичните

дела од областа на пожарите и палевините (начинот на извршување и прикривање, криминалната

ситуација, трагите од кривичното дело и личноста на сторителот и жртвата), криминалистичката и

прогноза и системот од оперативно-тактички мерки и истражни дејствија заедно со основните

криминалистички начела на предистражната и казнената постапка.

Криминолошкиот аспект на теорискиот дизајн на пожарите и палевините го опфаќа

проучувањето на нивната етиологија "преку научно-детерминистичкото сфаќање за причиноста на

криминалитетот" воопшто и на пожарите и палевините посебно, а "кое тргнува од сознанието за

каузалните и други врски и закономерности на криминалитетот како социјално-патолошка појава".4

Исто така, преку криминалната феноменологија на пожарите и палевините се согледуваат "појавните

облици, структурата, структуралните промени и динамиката"5 на компјутерскиот криминалитет во Р

Македонија.

Поставувањето на парадигмата за истражување на предметот на магистерскиот труд во

суштина значи дефинирање на научниот пристап кој во овој случај е мултидисциплинарен затоа што

опфаќа неколку научни области: информациони системи, форензика, криминалистички процедури итн.

Сознанијата од овие научни дисциплини ќе овозможат да се изгради теорија која ќе биде во функција на

4 М. Ангелески, Криминалистика, НИО "Студентски збор", Скопје, 1993 година, стр. 165.

5 С. Тодороска – Ѓурчевска, Криминологија, Европски Универзитет, Скопје, 2011, стр. 155.

Page 14: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

ефикасна примена на дигиталната форензика во откривањето на кривичните дела поврзани со пожари и

палевини, нивно докажување и превенција.

6.ХИПОТЕЗИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО И ИСТРАЖУВАЧКИ ПРАШАЊА

Во согласност со предметот, целта и задачите на ова истражување, главна хипотеза е

формулирана на следниот начин: Во Република Македонија постои сериозна подлога за извршување на

кривични дела од областа на пожарите и палевините и оттука евидентната општествена опасност од нив.

Помошни хипотези:

Хипотеза 1: Криминалитетот поврзан со пожарите и палевините претставува сериозна нековенционална

закана за меѓународната, регионалната, националната и индивидуалната безбедност.

Хипотеза 2: Кривичните дела од областа на пожарите и палевините како појавен облик на

нековенционален криминалитет со посебни криминалитички карактеристики забележува тренд на

пораст во структурата на криминалитетот во Република Македонија.

Хипотеза 3: Дигиталната форензика има примена во истражувањето на кривичните дела од областа на

пожарите и палевините како посебна групација.

7.ПРОСТОРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Темата да се започне во јули 2015 година и за 3 месеци да биде завршен процесот.

- Изработка на план, програма, редослед и тек на научното истражување

- Акумулирање на соодветна литература

- Анализа исортирање на собраниот материјал

- Белешки од анализата или изведоци

- Формирање на слика за сработеното

8.ТЕСТИРАЊЕ НА ХИПОТЕЗИТЕ т.e. ТЕОРЕТСКИОТ МОДЕЛ

Тестирањето на хипотезите (основна и поединечни) ќе се изврши согласно основните

методолошки принципи и правила, според кои од големо значење е дали хипотезата го решава

проблемот, дали е логична (да е во согласност со етаблирано и прифатено знаење), јасно да е

формулирана, недвосмислена и едноставна. Верификацијата на поставените хипотези ќе се оствари со

консензус, при што истражувањето односно нивното тестирање ќе овозможи да се докажат истите, а тоа

ќе биде во случај само тогаш доколку истите не може да се отфрлат.

Целта на ваквиот пристап е да успееме да изградиме модел на кој ќе послужи како модел за

сегашноста и иднината на форензичките истражувања на криминалитетот. Од него ќе произлезат

активности кои ќе треб да се реализираат во иднина, за што се потребни ресурси, средства и добра

организација. Тестирањето на хипотезите ќе овозможи добивање на валидни научно фундирани

заклучоци за теоретскиот модел на истражувањето на кое се однесува магистерскиот труд.

9.РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

Презентацијата на резултатите од истражувањето на предметот на магистерскиот труд се

поврзува со остварувањето на неговата функција односно научните и општествените цели. Со тоа ќе се

утврди и јавниот интерес од проучување на криминалитетот поврзан со пожарите и палевините кој постои

Page 15: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

во нашата држава, а преку интерпретација на резултатите добиени со истражувањето ќе се даде придонес

во вкупната превентивно - репресивна борба против криминалитетот.

10.ЗАКЛУЧОЦ

Врз основа на резултатите ќе произлезат заклучни согледувања (со користење на научно

знаење за објаснување) од истражувањето (во однос на предметот, целта и задачите на истражувањето),

а кои ќе го прикажат придонесот за развојот на научната мисла и подигање на научното ниво

во подрачјето на истражување; придонесот за општиот услов за вкупниот развој на безбедносниот

систем во Република Македонија итн.

1.3 Структура на магистерскиот труд

Магистерската теза е структуирана на 3 Глави кои опфаќаат целина во рамките на целиот труд.

Во првата глава: Кривично - правен аспект на пожарите и палевините, е објаснета феноменологијата на

кривичните дела од областа на предметот на магистерскиот труд: и кривични дела - излагање на

опасност, загрозување на сигурноста, предизвикување шумски пожар, предизвикување општа опасност, тешки дела против општата сигурност, соучесништвото и поттикнувањето кај пожарите и палевините.

Во втората глава: Институционален дизајн на системот за противпожарна заштита во Република

Македонија, е даден краток историјат на овој облик на заштита, институционалниот дизајн преку

опишување на ТТППЕ Струмица, основните правила за дигитална форензика при отркивање и

расветлување на пожарите и палевините, системот за рачно активирање и алармирање во случај на

пожар и друго.

Третата глава: Истражување на статистички податоци за кривичните дела поврзани со пожарите и

палевините на МВР на РМ за периодот 2001-2003 година, прертставена е просторната диструбуција на овие кривични дела, според градови и подрачја.

Четвртата глава: Форензика на пожари на лични автомобили, дадена е категоризација на пожарите на

личните автомобили, особености на пожарите, нивните траги и истражување на причините за нивна појава.

Магистерскиот труд на тема: „Форензички аспекти кај пожарите и палевините“,

претставува изворен авторски труд со реализирано истражување кое е во функција на предметот на елаборација.

Во текот на изработката на трудот, кандидатот покажа висок степен на соработка, изразувајќи

подготвеност за прифаќање на сугестиите и забелешките на менторот и останатите членови во

комисијата, што придонесе за квалитетна изработка на трудот како и презентирање на добиените резултати од истражувањето.

Кандидатот Илија Козаров детално и мошне структурирано ја конципирала и обработила

темата. Истражувањето има своја теоретска и практична цел. Теоретската цел на истражувањето е

Page 16: БИЛТЕН I/61 15 мај 2016 - euba.edu.mk (61).pdf · Сите содржински целини произлегуваат една од друга, постои логичен

Универзитет „Евро-Балкан“

БИЛТЕН, I/61 15 мај 2016

Универзитет „Евро-Балкан“ Бул: „Партизански одреди“ 63, 1000 Скопје, Македонија

тел: (02) 3075-570; (02) 3090-731 [email protected]

www.euba.edu.mk

фокусирана кон збогатување на правната теорија со нови научни сознанија кои се поврзани со

дефинирање на целите на трудот. Овој труд заслужува внимание и поради неговата актуелност и

методолошки пристап во истражувањето, кој може да се оцени како интегрален, целисходен и исцрпен според широчината на опфатот на спроведените истражувања.

Врз основа на погоре изнесеното имаме чест и задоволство да му предложиме на Наставно-

научниот Совет на Институтот за дигитална форензика, да ја прифати рецензијата на магистерскиот

труд со наслов: „Форензички аспекти кај пожарите и палевините“, и на кандидатот Илија Козаров да и дозволи јавна одбрана на магистерскиот труд.

Скопје, 2016 година

РЕЦЕНЗЕНТСКА КОМИСИЈА

доц.д-р Фердинанд Оџаков- ментор

____________________________________

проф.д-р Сашо Гелев - член

_____________________________________

проф.д-р Весна Матијашевиќ Покупец - член ______________________________________