Народните носии во mакедонија

5
2013 Ники Панева Николлетка професор во одд. настава ПУ с. Долно Ѓуѓанце Свети Николе 11/3/2013 Народните носии во Република Македонија

Upload: nikoletka-paneva

Post on 16-Jul-2015

57 views

Category:

Documents


6 download

TRANSCRIPT

2013

Ники

Панева Николлетка професор во одд. настава

ПУ с. Долно Ѓуѓанце Свети Николе

11/3/2013

Народните носии во Република Македонија

Народните носии во Македонија имаат вековна традиција. Тие се дел од материјалната култура на македонскиот народ и

претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво.

Tие во долга низа години се пренесувале од поколение на поколение и во својот развоен пат во себе вклопиле многу елементи од

разните културни влијанија што се вкрстувале на овој дел од Балканот.

Со сето свое богатство, изразено со бројноста и разновидноста на облеките, начинот на нивното украсување, во орнаменталните

композиции и во колоритот, народните носии доаѓаат до нас преку сè уште зачуваните примероци употребувани во XIX и првите

децении на XX век.

При обликувањето на народните носии главото место го имала жената – селанка, бидејќи целокупната активност речиси ја имала

самата таа почнувајќи од предавањето на суровините, бојосувањето на преѓата, изработката на ткаенините,конструкцијата на кројот,

шиењето до украсувањето и китењето. Во оваа насока неспорно важна улога имала и појавата на специјализираните мајстори –

терзии, кои главно ги изработувале и украсувалегорните облеки, додека локалните занаетчии – конјунџиите го изработувале накитот.

Волната, конопот, ленот, памукот, во помала мера и свилата, обработувани на стар традиционален начин , се основните суровини кои

имале голема примена за изработка на носиите. Во најголем дел број случаи горните машките и женските облеки се изработувани од

домашна четворно ткаена волнена ткаенина ‘’’клашна’’’ или ’’’шајак’’’, во бела, црна или сура боја – природна боја на волна или од

четворно ткаена ткаенина од црвено и темно-сина бојосана преѓа. Во повеќе делови на источна и југоисточна Македонија за

изработка на горната облека голема примена имала лито ткаена ригеста волнена ткнаенина '’’алаџа’’’или ’’’антерија’’’. За разлика од

горните облеки, долните машки и женски облеки: кошулите и гаќите, главно се изработулаве од домашно ткаено бело конопено,

ленено и памучно платно

Во обликувњето на народните носии,селската жена, своето естетско чуство го вградила и во плетачката вештина. Во рамките на оваа ракотворна

дејност основно е плетењето на чорапите нерезделно сврзани во составот на секоја носија. Како облековен дел, специфични по форма, со јасно

нагласена функција, плетени на пет, три или на една игла, главно со волнена, поретко со памучна преѓа, во некои случаи и во комбинација со срма,

се покажале многу инспиративни и на ликовно – естетски план. Вос составот на машките носии вобичаени се чорапите долги до подколената, скоро

секогаш богато орнаментирани од стопалото до горноит дел

Во однос на колоритот, основни бои се црвената, црната и белата, со помало или поголемо присуство на жолтата, сината, зелената, како и

златната и сребрената срма, во некои случаи смрата како материјал е прилично доминантна