АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА...

26
АНТОНИО ФОГАЦАРО ______________________________________________ МАЛОМБРА (роман)

Upload: others

Post on 17-Jan-2020

14 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

1 / 1

АНТОНИО ФОГАЦАРО______________________________________________МАЛОМБРА

(роман)

Page 2: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

2

БИБЛИОТЕКА – ЅВЕЗДИ

За ИздавачотФилип Димевски

УредникНаталиа Лукомска

Наслов на оригиналот: Antonio Fogazzaro, Malombra

Јазична редакцијаФилип Димевски

Компјутерска обработкаБегемот

Ликовно уредувањеБојан Димитријевиќ

© Сите права на изданието ги има БЕГЕМОТ ДООЕЛ – Скопје. Забрането е копирање, умножување и објавување на делови или на целото издание во печатени или електронски медиуми без писмено одобрение од издавачот.

Page 3: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

2 / 3

АНТОНИО

ФОГАЦАРО

МАЛОМБРА

роман

Превод од италијански јазик:Елена Крстевска

Page 4: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

4

Page 5: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

4 / 5

ПРВ ДЕЛ

ЧеЧилија

Page 6: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

6

Page 7: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

6 / 7

1. Во непознатата земја

Една по една, набрзина се затвораа вратите од вагоните; можеби си ја запечативме судбината во овој железен ѕвер од кој нема враќање, помисли еден чуден патник, гледајќи го возот кој ќе ги однесе него и неговите сопатници длабоко во темнината. Локомотивата пишти, силни тресоци се слушаат од вагон во вагон: возот полека поминува под широкиот покрив на перонот, излегува од светлината на сигналните светла и влегува во темнината на ноќта, оддалечувајќи се од хаотичната градска врева и влегувајќи во тишината на заспаните села: полека се истегнува како монструозна змија, низ лавиринтот од железнички пруги сѐ додека не ја најде онаа вистинската кон која јурнува и се огласува, целиот воз пулсира од почеток до крај, создавајќи еден единствен жив пулсирачки процес. Тешко е да се претпостави на што мислеше оној чуден пат­ник, обвиен во чадот од цигари, облак од искри, нејасни облици на дрвја и колиби. Можеби го бараше скриеното значење на чудните и нејасни хиероглифи испишани на една патничка торба оставена на седиштето спроти него; го фиксираше погледот на неа, одвреме­навреме мрдаше со усните, како да се обидуваше да разбере што пишува, и потоа ги поткрена веѓите, како некој кој увидел дека одговорот е апсурд. Веќе беа поминати неколку станици, кога одеднаш го разбуди довикувањето на едно име повторувано во ноќта. Еден бран на свеж воздух го освести и го врати во реалноста; возот

Page 8: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

8

застанал, а вратата од вагонот беше отворена. Тој набрзина се симна; беше единствениот патник за... „Господине“, рече еден груб и остар глас. „Вие сте тој кој го очекуваат господарите на замокот?“ Ова прашање доаѓаше од еден човек кој одеднаш се појави пред него, со левата рака си ја местеше капата, а во десната држеше камшик. „Не ве разбирам...“ „Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи се по главата, „тогаш кој би можел да биде?“ „А како се викаат тие господари на замокот?“ „Видете, ние ги нарекуваме господари на замокот, тоа е единственото име по кое ги препознаваме. На пример, сите луѓе во радиус од седумнаесет километри би знаеле за кого зборувам; вие доаѓате од Милано, а тоа е друга приказна. Се шегувам со вас, знам како им е името; но го имам заборавено! Ние сиромашните не паметиме многу. Особено толку ретко име!“ „Па, како се викаат...“ „Чекајте; замолчете, не ме збунувајте. Еј, онаму кај фенерот!“ Еден чувар полека им се приближуваше, нишајќи го својот фенер толку ниско што речиси ја допираше земјата. „Немој да ги изгориш панталоните, или Виторио нема да ти ги купи“, рече младиот човек со лоша меморија. „Поткрени го тој твој никаков фенер. Дај, позајми ми го за момент.“ Како што го зграби фенерот, за малку ќе го удреше стра­нецот кога го подигна за да му го осветли лицето. „Ах, вие сте, вие сте, вие сте тој што ми го опишаа. Млад господин, црни очи, црна коса, дури имате и темен тен. Одличен опис, господине“. „А кој ти го кажал тоа?...“ „Тој, господарот, грофот!“ „Ох, по ѓаволите“, си помисли странецот, „човек што никогаш не сум го видел и кој вели дека никогаш не ме видел!“ „Чекајте малку!“, викна младиот човек, го пушти кам­шикот и ја стави раката во џебот. „Дури и старата моја не може да биде поглупава од мене и да сака. Нели господинот гроф ми даде нешто по кое ќе ме препознаете? Ја имам тука некаде. Ах, еве ја!“

Page 9: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

8 / 9

Тоа беше визит­карта со мирис на тутун и книжни пари. На неа стоеше името:

ЧЕЗАРЕ Д’ОРМЕНГО

„Одиме“, рече странецот. Пред станицата ги чекаше кочија. Коњот кој беше врзан за оградата, ја очекуваше наредбата со наведната глава. „Сместете се, господине: седиштето не е толку меко, но во село сме, мора да разберете. Ди!“ Подготвениот коњушар ги фати уздите, скокна на седиш­тето и го збодна коњот кон темната уличка замавнувајќи со камшикот, толку тивко како да е пладне. „Нема потреба да се плашите“, рече, „иако е волку мрачно. Јас и коњот ја знаеме на памет оваа уличка. Ди! Само минатата ноќ доведов двајца странци, двајца господа од Милано како вас. Многу добра личност е господинот гроф!“, додаде, потоа се намести накриво на седиштето, наседнувајќи го крајот на камшикот. „Колку добар човек! Каков господин, ехе! Има пријатели насекаде во светот. Денес доаѓа еден, утре друг, сите учени луѓе, господа, научници, и какви уште не. Вие совршено се вклопувате овде!“ „Јас? Но јас прв пат доаѓам овде.“ „Гледам. А дали го знаете господинот гроф?“ „Не.“ „Ох, боже мој!“, извика коњушарот, со видлива возбуденост. „Тој е прекрасна личност, да знаете! Пријатели сме“, додаде, без објаснување дали припаѓа во групата на господа или во групата на научници. „Многу пати сум работел за него. Еве денес ми понуди чаша вино. Не знам дали беше француско или англиско, ама какво вино! Ах!“ „Имате фамилија?“ „Не. Всушност...“Во тој момент десните тркала на кочијата се лизнаа од купот камчиња на патот. „Престани да зборуваш и гледај каде одиш“, рече странецот.Коњушарот почна да извикува пцости и да го удира кутрото животно, кое веднаш ја стабилизира кочијата.

Page 10: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

10

Преминуваа преку една река. Мостот беше осветлен. Од десната страна се гледаше белузлавиот песочен брег на река­та кој се губеше во бескрајните полиња; од левата страна и напред венец од ридови високи и ниски: а позади нив шилести планински врвови кои се протегаат кон сивото небо. Ништо друго не се слушаше освен тропотот од копитата на коњот, а одвреме­навреме, кршењето на ситните камчиња под тркала на кочијата и постојаното лаење на кучињата. Коњ, коњушар и патник патуваат заедно во тишина, како да ја имаат истата намера да ја постигнат истата цел: нудејќи една слика на површни согласувања и едноставна човечка природа, така првиот потајно сонуваше за својата топла и удобна штала, вториот сонуваше за чаша вино, убаво, пенливо вино, донесено од некоја црвенокоса келнерка со насмевки и љубов; а оној кој беше најпаметен и најкултурен од тројцата, не го знаеше ниту патот ниту причината поради која е повикан. Патуваа низ напуштени и темни селца, чии куќи изгледаа како намуртени стражари кои го чуваат сонот на сиромашните луѓе; поминуваа покрај градини, претенциозни мали вили, невкусно украсени, кои даваа една несекојдневна атмосфера во свечените сенки на ноќта. После долгата селска рамнина, патот се искачуваше и симнуваше низ сончевите брегови, кои се чинеше дека сите гледаат онаму, кон исток; за на крај да се симне во една тесна и темна долина опкружена со шумовити планини. Патот на моменти изгледаше дека никогаш нема да заврши, а на моменти се извиваше толку многу што предизвикуваше непријатно чувство; за на крај да ве залепи на грб искачувајќи ја стрмната угорнина. Коњот го забави темпото, коњушарот се симна од кочијата и оставајќи трага од својот камшик одлучно рече: „Ова беше долг пат“. „Значи“, праша странецот, палејќи цигара, „има или нема фамилија?“ „Подобро да немав, господине. Имам една грда, стара жена што е полоша и од ѓаволот. “ „Не ти, грофот!“ „Ах, господинот гроф! Којзнае дали има. За нив ништо не се знае. Понекогаш изгледа како да има фамилија: тука е жената, тука се децата; но доколку господарот покаже и најмала

Page 11: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

10 / 11

слабост, цела фамилија го напаѓа, а жената не го поддржува; некогаш живеат како калуѓери, затворени меѓу четири ѕида, а кога ќе се случи нешто лошо, одеднаш ете ја госпоѓата расплакана. Интересно е да бидеш дел од благородништвото! Јас, на пример, ако си најдам некоја друга, за неколку дена ќе почне да се жали и ќе ме остави; но мојата жена ќе биде со мене до крајот на животот. Господинот гроф живееше сам неколку години: сега со него живее една девојка. Некои велат дека му е ќерка, некои дека му е внука, но сигурно му е љубовница. Овие глупави селани велат дека била грда. Ти ќе видиш дали е грда. Ах, јас требаше да се родам во благородничко семејство!“ Одеднаш од мака, младиот човек замавна со камшикот и ја удри кобилата, која исплашено јурна напред заедно со патникот и го прекина разговорот. Се искачи на врвот на ридот и застана да земе здив. Од овде погледот беше поинаков. Стрмни планини се спуштаа од левата и од десната страна, едвај оставајќи простор за патот; други планини лесно обвиени во магла се издигнуваа позади црните врвови на дрвјата, кои се протегаа од подножјето на ридот. Коњушарот повторно скокна на седиштето и јурна надолу по ридот кон високите дрвја кои полека ја откриваа авенијата. Малку по малку, погледот се менуваше; светлината се зголемуваше, и почнуваа да се откриваат пространства прекриени со лозја. Светлината која доаѓаше од десната страна на улицата се појави пред коњот и тој застана. „Па?“, запраша некој глас. „Ох, еве го, еве го“, одговори коњушарот симнувајќи се од кочијата. „Стигнавме, господине. Платено, ви благодарам, господине. Ќе наздравам во ваше име, господине. Вие сте добар човек, никој не би се осмелил да каже нешто лошо за вас. Многу ви благодарам. Еј, земи му ја торбата на господинот. Добра ноќ. Ди!“ „Господине Сила?“, рече човекот со фенерот, кој личеше на слуга. „Да, јас сум тој.“ „На ваша услуга, господине.“ Носејќи ја торбата во десната, а фенерот во левата рака, го предводеше патот во тишина, онаму каде што се издигнуваа

Page 12: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

12

ниски и груби ѕидини, каде разиграната светлина од фенерот ги осветлуваше и најтемните делови, а потоа полека ги оставаше зад себе. Господинот Сила залудно се обидуваше да погледне преку нив; сѐ што можеше да види беа сенките од дрвјата кои се протегаа по стрмнината на ридот, со нивните раштркани гранки кренати нагоре како во знак на восхит и молба. Звукот од ѕвоното го освести; водачот беше застанат пред една голема железна порта. За кратко време некој отвори; камчињата на патеката и влезот на портата набрзо беа проголтани од мракот; сега под светлината од фенерот се гледаше најситниот песок, а од двете страни растенија со црни листови и густи, непробојни гранки. После песокот, трева и некое чудно растение кое водеше под густите лисја од виновата лоза; а во близина широки црни скалила. Не се гледаше ни почетокот ни крајот; можеше само да се слушне тивкиот звук на водата која се сливаше по скалите. Водичот претпазливо газеше по ситните камчиња кои даваа метален звук. Под бледата светлина на фенерот од двете страни на скалите се појавија два големи пиадестали, на кои неподвижно стоеја две сиви човечки фигури. Конечно стигнаа и до последното скалило, каде под светлината на фенерот се појави црвенкаст чакал, а од страните се појавуваа големите листови аруми, а малку подалеку, во темнината, се слушаше извор кој толку пријатно ја гргореше својата приказна. Водичот сврте налево, кон високата градба, симна две скалила, ја отвори големата стаклена порта и со восхит го претстави новодојденецот. Во осветленото предворје имаше еден господин кој беше облечен од глава до пети во црно; тој се упати кон него, длабоко му се поклони, ги протри дланки и рече: „Добредојдовте, господине. Господинот гроф се повлече во својата соба, бидејќи е малку, како се вели?... доцна, доцна е; господинот гроф ме задолжи да ви се извинам од негово име. Јас ја имам честа да бидам неговиот личен секретар. Повелете, господине, раскомотете се, повелете. Верувам дека би сакале да се одморите после долгиот пат: ох, повелете, повелете.“ Официјалниот секретар го упати новодојденецот кон благородничките скалила, и го придружуваше до првиот кат. Откако го извести дека треба да се симне долу за вечера,

Page 13: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

12 / 13

го предаде на другиот слуга, а тој отиде да го пречека во трпезаријата во која беше поставена масата за двајца, и каде новодојденецот се појави за многу кратко време. Но не дека беше гладен, туку сакаше да дознае кој е тој што го повикал на вечера. Господинот секретар имаше околу педесетина години. Ситни сини очи светкаа на жолтеникавото и збрчкано лице затскриено од густата црвенкаста коса која почнуваше да белее. Носеше долга брада од која сигурно му беше многу топло. Кожата и лицето, крутото движење, неколкуте тврди согласки во неговиот говор и длабокиот глас кој го имаше, го издаваа дека е Германец. Дури и старомодниот крој на беспрекорното црно одело, штирканата јака и белата кошула покажуваа дека е Германец и џентлмен. Но чудното беше што рацете не припаѓаа на џентлмен. Рацете му беа големи, прекриени со лузни, кожата му беше збрчкана и напукната, а дланките мозолести. Се гледаше дека поминале долги години на сонце, мраз, и тешка физичка работа. Ја изгубиле целата убавина; повеќе не се дланките кои го одликувале како еден образован господин. Целото негово тело говореше, говореа рацете и рамениците со голема енергија и страст. Но најмногу говореше неговото лице. Тоа беше едно грдо и весело лице, смешно и брилијантно, полно со живот: лавиринт од нежни брчки кои се собираа и се израмнуваа околу светлите очи, ту отворени и сериозни, ту подзатворени од смеа или болка или гнев, но секогаш светли, секогаш живи. Црвени образи, кои брзо избледуваа оставајќи ја жолтеникавата боја на лицето и виолетовиот сјаен нос. Всушност целата душа на секретарот беше испишана на неговото лице; она што го чувствува, болката, уживањето, сето тоа трепереше на неговото лице како разиграна светлина зад бело платно. Неговиот глас беше искрен, со доза на непостојаност во тонот која го правеше попријатен за слушање, на моменти смешен поради постојаните варијации на високо и ниско, но многу ефективно. Зборуваше многу за време на вечерата, не јадеше речиси ништо, но често ја празнеше чашата. Започна со официјален разговор, малку беше здрвен, но знаеше на моменти и да претера, но сепак не успеа да испровоцира некаква реакција од резервираниот гостин; потоа продолжи со некои општи теми,

Page 14: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

14

зборуваше за Италија, всушност за човек кој иако посетил многу градови и видел разни обичаи, поседуваше големо познавање за човековата природа и современото живеење и однесување, и секој аргумент го даваше со голема самодоверба и сигурност, различни гледишта на работите, нови идеи коишто не се секогаш добро прифатени од критичарите, но ја изненадуваат пошироката маса на луѓе. Сепак, додека го раскажуваше сето ова, не покажа цинизам за оној кој патувал многу, ниту пак тенденција кон nihil admirari1. Сосема спротивно: неговото грло беше полно со високи тонови кои експлозивно излегуваа од неговата уста искажувајќи ја возбудата која ја чувствуваше. Иако гостинот изгледаше премногу резервиран, се чинеше дека на секретарот многу му се допадна друштвото, штом не можеше да престане да зборува. Тој цело време го гледаше со пријатен поглед, и инсистираше да зборува на различни теми и работи кои му се познати на гостинот, сѐ со цел да го опушти и да се осети добредојден. „А што велат во Милано“, извика одеднаш, потпирајќи се на својот стол и оставајќи ги виљушката и ножот на работ од масата. „Што велат во Милано за Ото Велики?“ Забележувајќи ја изненадната реакција на гостинот поради неочекуваното прашање, одеднаш започна да се смее. „Зборувам за Бизмарк“, додаде, притоа давајќи му посебно значење на Бизмарк, изговарајќи го со голема возбуда, бидејќи во целото измачување и зборување италијански, овие два слога за него беа како момент на враќање во татковината. Во таа летна ноќ во 1864 година, војводата беше далеку од успехот и славата кои го очекуваа; неговиот сонародник продолжи да зборува за него, без да очекува некаков одговор од гостинот, говореше со ентузијазам и возбуда измешана со омраза и страв. „Во Европа го сметаат за луд“, заклучи тој. „Ох, Боже мој!... Wir haben sechs und dreissig Herren, господине. Би сакале уште едно парче од пастрмката? Ние имаме триесет и шест господари; ќе видите за десет години што ќе се случи. Сте го пробале ли некогаш виното Johannisberg? Се срамам што најдоброто вино во светот се произведува во Германија, но

1 Nihil admirari (лат.) – Ништо да не те изненадува.

Page 15: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

14 / 15

не на територијата на мојот крал. Не сум човек што одобрува такви работи!“ „Ох“, воздивна зборлестиот секретар, поминувајќи со прстите низ косата, понесен од желбата повторно да го проба виното. „Ох, тоа вино Johannisberg, ох!“, и смеејќи се ги затвори тие негови светли очи, како да го вкусуваше тој прекрасен нектар по кој толку копнееше. „Човек веднаш може да препознае кога е отворено шише Johannisberg. Дали би сакале уште една чаша вино, господине; дозволете ми. Ова е само Sassella, нема некој особен мирис и вкус, но како за италијанско вино може да помине. Простете ми на искреноста, господине; но во Италија не знаат ниту да направат, ниту да пијат вино“. „Не знаат ниту да пијат?“ „Не, ох, не, не знаат ниту да пијат.“

Wenig nur verdirbt den Magen Und zu viel erhitzt das Haupt.

„Дали зборувате германски? Не? Па, знаете, Гете рекол: „Малку го расипува стомакот, а многу »удира во глава«. Италијанците или се опијануваат или пијат само вода. Зборувам за претерување, господине, за претерување. Да испиете едно шише вино во денот е како да пиете вода. Најосетливите пијат за да си го »исплакнат« стомакот: дали ме разбирате? Никој не пие за своја душа и срце, ad exhilarandum cor2! Се смеете? Ние Германците обожаваме да користиме латински изрази, нив ги користат дури и питачите! Сакам да кажам дека сите би требало да пијат до она ниво на опуштање и среќа, а не да не знаат што прават. Виното постојано ти ја враќа младоста. Сѐ додека сум жив, два до три часа во денот сакам да имам дваесет години; но никогаш нема да имам десет; во тоа е разликата.“ Како што се празнеше шишето со вино Sassella, годините на секретарот почнуваа да си одат, четири по четири, полека ги ширеа своите крилја и ги напуштаа неговите изнемоштени раменици. Малку по малку неговата несигурна мажественост ја добиваше изгубената самодоверба, што го доведе до онаа

2 ad exhilarandum cor (лат.) – да го развеселиш срцето.

Page 16: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

16

негова совршена младост. Се испразни шишето Sassella; и ете ги среќните млади години, години на импулсивна љубов, години на емоционалност, години на разноразни пријателства. Секретарот ги испружи рацете, ја сврте својата црвена брада кон неговиот умерен и молчалив придружник, му ја зграби раката со двете раце и силно му ја стегна. „Ох, Боже, делевме леб и вино, господине, а сѐ уште не си ги знаеме имиња? Господинот гроф ми го кажа вашето, но го заборавив.“ „Корадо Сила“, одговори младиот човек. „Сила, ах, Сила, така е. Се надевам дека никогаш повеќе нема да го запишете името Андреас Готхолд Штајнеге од Насау во вашите листи за прогонување. Протеран од неговиот колеџ, бидејќи беше голем љубител на виното, протеран од неговата фамилија бидејќи премногу ги сакаше жените, протеран од неговата земја бидејќи премногу ја сакаше слободата. Знаете, драг господине Сила, последното беше лудост. Ох, сега би бил Kammerrath3 во Насау, како што беше покојниот Штајнеге мојот татко, или полковник како оној никаквец, брат ми. Но слободата, die Freiheit, ме разбирате? Тоа е пневматски збор. “ Во тој момент, господинот секретар го грабна столот со двете раце и силно го оттурна наназад; потоа ги скрсти рацете и остро го погледна Сила, кој ништо не го разбираше. „Како тоа пневматски збор?“ „Ох, да да! Вие не ме разбирате? Всушност и не е толку лесно. Драг мој пријателе Сила, постојат алгебарски зборови, механички зборови и пневматски зборови. Ќе ви го објаснам она што ме научи еден пријател од Вајсбаден, кој беше убиен од проклетите Пруси во 1848 година. Алгебарските зборови произлегуваат од мозокот, тие се знаци од равенката помеѓу субјектот и предметот. Механичките зборови се формирани од јазикот и се потребни звуци за јасна артикулација во говорниот јазик. Но пневматските зборови се создаваат од белите дробови, звучат како музички инструменти, никој не знае што значат, но предизвикуваат опојно чувство кај мажите. Ако наместо di Freiheit, наместо слобода, се изговореше некој збор од десет слогови, колку помалку херои, колку помалку лудаци би имале

3 Kammerrath (гер.) – дворски советник.

Page 17: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

16 / 17

во светот! Видете, драг млад господине, јас сум стар, јас сум сам, немам пари, можам да умрам како куче на улица, но сега во моментов да ми речат: Штајнеге, alter Kerl4, дали би размислиле утре да се вратите, да бидете Kammerrath во Насау, да седнете покрај своето огниште, да ја видите вашата ќерка што не сте ја виделе дванаесет години, јас, луд старец, би одговорил: Боже мој, не! Да живее слободата!“ Задишан, дувајќи гласно низ ноздрите, со затворена уста, мавна со тупаницата по масата. „Браво!“, извика Сила, неочекувано трогнат. „И јас би сакал да бидам луд старец како вас. “ „Ох, не, не, не го посакувајте тоа! Немојте да зборувате такви работи на трпеза! Човек треба да знае колку чини да викате »да живее слободата« и колку вреди! Ох, да не зборуваме за тоа.“ Настана тишина. „Вие сте од Насау?“, рече Сила. „Да, но да го оставиме тоа: не е убава тема. Не сакам да зборувам за тажни работи, многу сум радосен во моментов, многу среќен, бидејќи премногу ми одговара вашето друштво, да, да, да, да!“ Кимаше со главата допирајќи ја брадата до градите, како да имаше федер во вратот; се смееше дури и со очите. „Вие нема да нѐ напуштите утре“, рече тој. „Па, навистина би сакал.“ „Ох, господинот гроф нема да го дозволи тоа.“ „Зошто?“ „Бидејќи верувам дека сте му многу драг.“ „Но тој не ме ни познава!“ „Ухх, фффф“, свирна тивко Штајнеге, ги затвори очите, ги истегна рацете под масата и ја наведна главата толку многу што брадата ја стави во неговата чинија. Изгледаше како голема глава на џуџе. „Ме познава?“, праша Сила. „Верувам дека вие бевте тој за кого цел час ми зборуваше денес.“ „И што ви кажа?“

4 alter Kerl (гер.) – стар (прч) човек.

Page 18: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

18

„Ах!“, извика секретарот, исправајќи се на столот и кревајќи ги рацете нагоре кон таванот, „сѐ уште не сум стигнал до тоа, господине, сѐ уште не сум стигнал до тоа. Има сѐ уште доста простор за Sassella помеѓу вашето прашање и мојот одговор.“ Ги зема двете шишиња, пробуваше да измери дали внатре сѐ уште има вино, ги протресе и повторно ги остави. Беа празни. „Нема повеќе пријателство во нив“, рече воздивнувајќи, „ниту искреност, ниту сомилост. Мислам дека е најдобро да си легнеме, господине.“ Часовникот кој се наоѓаше на врвот на скалите, помеѓу првиот и вториот кат, означи половина час после полноќ кога Сила влезе во собата која беше наменета за него, но тој не беше уморен. Стоејќи така неподвижен, го фиксира погледот на пламенот од свеќата, мислиш светлината која доаѓаше од неа ја има моќта да ги тргне сите нејаснотии кои го обвиваа неговиот мозок. Одеднаш се освести, ја зема свеќата и почна да истражува, идеја која се покажа не толку информативна колку возбудлива, можеби повеќе и од онаа на познатиот гроф Де Местр. Собата беше голема, коцкаста и имаше висок таван. Масивен, изрезбан, дрвен кревет; спротивно од него, помеѓу два големи прозорци, комода со фиоки, прекриена со бела ткаенина; над комодата со фиоки, позлатена рамка околу рефлекцијата на една чудна фигура, половина осветлена, половина во мрак, која се движеше со светлината од свеќата во неговата рака; маса за пишување; неколку големи столици и фотелји: тоа беше сѐ што можеше да се види под тивката светлина од свеќата која се движеше по ѕидовите, на моменти се искачуваше, на моменти се симнуваше, на моменти накриво, потоа цик­цак, потсетуваше на танц на мали сини виленици5. Над креветот висеше восхитувачка слика на глава од ангел во молитвен став, насликана по учењето на Гверчино. Така наведната, сликата добиваше поголема острина. Во полузатворената уста, во раширените ноздри, во речиси страсниот поглед, можеше да се види занесот во силна молитва. Некој би рекол дека оние перници биле користени да бидат потпора за главите на големите грешници, што за време на сонот, кога сите погрешни дела и гревови се прекинати за момент, духот на сомилоста го кренал гласот во молитва кон

5 Виленик – машка самовила.

Page 19: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

18 / 19

Бога за сите нив. Изгледаше како пламенот од свеќата на Сила да е маѓепсан од сликата. Одеднаш ја напушти, но само за да застане и да се врати повторно кон неа, поминувајќи по нејзината површина од горе до долу, од лево на десно. Потоа светлината полека се тргна од сликата и продолжи по својот оригинален пат, се чинеше како во воздухот сѐ уште да лебдеше нејзината првична патека, следејќи ги истите кружни движења, правејќи ги истите искачувања и симнувања. Меѓутоа овој пат, нешто се смени. Како што светлината паѓаше на позлатената рамка над комодата со фиоки, повторно се појави истата фигура, половина осветлена, половина во мрак; но не изразуваше љубопитност, туку емоции и изненадување. Всушност, доколку тоа огледало би можело да ги задржи тие рефлектирачки слики за време на своето стерилно и празно постоење, меѓу другите би се појавило тажното лице на некоја жена, насмеаното лице на некое момче, кои си наликуваат еден на друг во очите и цртите на лицето. Исто како планините што за време на утринската светлина си ја гледаат својата рефлексија во мирното езеро, како им се насмевнува, за потоа да ги обвие маглата и да ја замати и затемни нивната површина до толку, што „воденото“ огледало да изгледа дека е претворено во олово; конечно се крева магливиот превез и кафените планински падини повторно се огледуваат во езерото; така во верното огледало после толку многу години, повторно се појави рефлекцијата на младото момче, но овој пат со карактерни црти на возрасен маж. Сила се заврте и се доближи до креветот, треперејќи застана до него и долго време го гледаше; ја остави свеќата на земја, ги спои дланките, се наведна и го бакна ладното и сјајно дрво. Потоа, како што се исправаше, одеднаш се заврте и со брзи чекори отиде до скалилата, оставајќи ја свеќата во собата. Првичниот инстинкт беше веднаш да го побара грофот и да зборува со него. Но куќата беше темна и тивка, ништо друго не се слушаше освен отчукувањето на часовникот. Господинот Штајнеге сигурно спиеше; а дали би можел сега да му одговори на прашањето? Сила полека се повлече во својата соба. Одблесокот на свеќата, која беше поставена на земја од другата страна креветот, правеше како тој да е една голема црна коцка. Доколку некој би спиел во него, никој не би забележал,

Page 20: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

20

но имагинацијата на Сила веднаш создаде женска фигура која некогаш лежела тука, ја виде како лежи болна во креветот, незабележлива под чудната светлина, можеби неподвижна, но сѐ уште жива. Тивко на прсти се доближи до креветот, и се фрли на него со раширени раце. Неговата чиста и благородна мајка, спиеше на друго место, во потесна соба, на поладен кревет, а сепак нему му се чинеше како таа да е сѐ уште тука; му се вратија спомени од детството и му го подмладија срцето; навираа слики од собата на мајка му и нејзиниот кревет, мирисот од нејзината омилена кутија од сандалово дрво, толку многу зборови кажани од неа, од луѓето во куќата, толку многу различни аспекти од тоа исчезнато лице. Кога стана повторно, ја зема свеќата, и погледна наоколу, не можеше да разбере како веднаш не ги препозна сликите, столиците, огледалото, кои сега како сите да беа свртени кон него и го прекоруваа за неговата заборавеност. Но како е можно, помисли Сила, како е возможно мебелот од старата соба на неговата мајка да се наоѓа тука, во непозната куќа, и му припаѓа на некој човек на кого не му го видел ниту лицето, а ниту пак слушнал некој да му го изговори името? Навистина беа продадени неколку години пред смртта на мајка му, и сигурно грофот Д’Орменго ги купил случајно. Случајно? Ах, не, не беше возможно. Седна на масата за пишување, извади од портфељот еден голем плик, го прочита писмото, го препрочита, но овој пат со големо внимание и трепет. Во него пишуваше:

Р..., 10 август 1864 год.

Господине, Ние двајца никогаш не сме се запознале, најверојатно никогаш не сте го слушнале моето име, иако потекнува од стара италијанска фамилија која го носи името од кога постои, дали дома или во странство, пеш или на коњ, како и што треба да е. Да не должам премногу, но за ваше и мое добро, потребно е да се сретнеме. Бидејќи јас имам педесет и девет години, вие ќе дојдете кај мене.

Page 21: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

20 / 21

Задутре вечер ќе ве пречека кочија на... железница на линијата Милано – Камерлата; кога ќе стигнете кај мене ќе наидете на нетрадиционален пречек кој го практикувам за моите најдраги пријатели, а тие за возврат ги почитуваат моите посебни навики. Дозволете ми да споменам дека една од тие навики е дека ако „оџак“ пуши во мојата куќа се отвора прозорецот, а доколку човек пуши тогаш се отвора вратата. Ве очекувам, драг господине, во моето осамено живеалиште. Чезаре Д’Орменго

Тоа беше сѐ. Го знаеше на памет писмото, меѓутоа сакаше да најде некое скриено значење во зборовите, ги читаше и преслушуваше сѐ со цел да ја најде вистинската смисла на писмото. Ништо; всушност, мистеријата постоеше и се чувствуваше; но никој не можеше да претпостави колку беше длабока. Дали овој човек што така одеднаш му ги врати спомените од мајка му и неговото среќно детство, беше пријател или непријател? Не е непријател. Тој пишува со груба искреност на стар благородник; неговите почетни букви, кои малку поднавалени поради брзината во пишувањето, искажуваа искреност. Неговото гостопримство навистина беше малку грубо; не се ни појави на вечерата! Уште една причина повеќе да му поверувам во пријателските намери на неговата покана; ексцентрик, во глобала, но добронамерен. Кои причини ги имал за да ги собере сите тие работи пред толку години и да ги стави во неговата куќа и дури сега да го повика Сила, дали е ова некој тест? Сила никогаш никого не слушнал да му го спомене името, ниту од мајка му, ниту од татко му, ниту пак од некој друг. Го пушти писмото да падне, и го покри лицето со своите дланки. Одеднаш му помина една мисла во главата. Можеби беше токму онаа која ја бараше, вистината. Тој мебел беше продаден ден после финансиската криза; Сила случајно имаше запаметено неколку криминалци кои му ја имаа окупирано куќата за свои лични цели или во служба на моќни доверители кои се држеа во тајност, со цел да се претставуваат

Page 22: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

22

како пријатели на фамилијата, или поради други нечесни и сомнителни причини; покрај расфрлањето со недвижен имот, уметничките слики и мебелот од голема вредност биле изнесени од куќата за многу ниски цени, украдени како да се дел од некој непристоен грабеж. Можеби грофот Д’Орменго, како еден од доверителите, профитирал прекумерно поради делата на некој бескрупулозен агент, и сега сака да си ја исчисти совеста. Изгледа некој го информирал дека Сила е невработен и дека живее во сиромаштија. Тука се отворила можност за грофот да преземе иницијатива, да зборува за нешто важно за двајцата, алудирајќи на тоа на почетокот на неговото писмо каде зборува за семејната чест; а со тоа што му ја дал на неговиот гостин оваа посебна соба е начин да го скрши мразот пред да се видат очи во очи. Звукот на чекори кој доаѓаше од горе, над неговата соба, го штрекна. Слушаше некое време и му се причини дека слушна отворање на прозорец. Неговата соба имаше два; се двоумеше некое време, но потоа решително отвори еден од нив. Кога го отвори прозорецот остана вчудовиден. Небото беше јасно како кристал. Младата месечина изгреваше од левата страна, над високите планини, слабо осветлувајќи го големиот сив ѕид кој се протегаше покрај неговиот прозорец, како и останатите прозорци од замокот; одеднаш големиот ѕид се протегна на јасното водено огледало на запад кон ниските ридови, додека пак другата страна на езерото беше во длабока темнина. Во близина се слушаше шумот на лисјата, ветрот тивко дуваше, се ширеше над водата и исчезнуваше во далечината. „Ви се допаѓа?“, рече гласот од горниот кат, малку на лево од собата на Сила. „Мал Fӧhn6, мал Fӧhn“. Тоа беше гласот на Штајнеге, кој беше наведнат од прозорецот и пушеше како оџак. Грофот сигурно спиеше многу цврсто и беше доста оддалечен од неговиот секретар, штом тој се осмели да зборува толку гласно, и покрај тивката ноќ и звучното ехо кое доаѓаше од езерото под нив. Тој побрза да му раскаже на Сила дека бил во затвор во Константинопол како резултат на политичките проблеми, и дека проклетите турски стражари го буделе на секои два часа

6 Fӧhn (гер.) – ветер кој дува од планините и носи потопло време. Карактеристичен за Алпите.

Page 23: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

22 / 23

со нивното досадно викање: Алах – ал – Алах! Поради тоа му останало во навика да се буди на секои два часа, буквално секоја ноќ. Навечер станувал и како и сега пушел цигари на прозорецот во неговата кошула за спиење; ако грофот дознае за ова ќе има проблеми! Кога служел како капетан на австриските хусари, пред 1848 година, имал навика да пуши и до осумнаесет пури; од тогаш многу пати се случувало да остане без храна, но без тутун никогаш! Режимот на грофот не се согласувал со него, во никој случај не дозволувал. „Простете“, рече Сила, прекинувајќи го во неговиот моно­лог, „знаете ли вие зошто ме викна грофот?“ „Веднаш нека ме вратат во турскиот затвор ако знам нешто повеќе, господине. Знам само дека господинот гроф ве познава; ништо друго.“ Сила замолчи. „Ааах! Ааах! Ааах!“, блажено воздивнуваше Штајнеге, ду­вајќи го чадот од цигарата. „Кое е ова езеро?“, праша Сила. „Не знаете? Никогаш не сте го виделе? Верувам дека многу Италијанци не знаат дека постои, но интересен е фактот што токму јас треба да ви кажам за него.“ „И?“ „Ох, по ѓаволите.“ Налет на силен ветер на неговото лице ја предизвика оваа реакција кај Штајнеге, кој само што сакаше да ја фрли цигарата и да го затвори прозорецот. Пурата помина пред очите на Сила како ѕвезда што паѓа, стаклата од прозорите се тресеа, лисјата позади замокот шумолеа. Плашејќи се дека дозволил да влезе еден дим од цигарите во собата, Штајнеге душкајќи го воздухот, се врати во својот кревет за да сонува како излегува од турскиот затвор и насмеаниот падишах му го нуди кралското луле полно со квалитетен тутун од Смирна. Сила остана долго време на прозорецот. Јасната ноќ, све­жиот воздух, слаткиот мирис од планините му даваа пријатно чувство, му ги смирија мислите и му донесоа мир во срцето. Не беше свесен за времето, часовите поминуваа, а тој внимателно ги следеше „акробациите“ на ветрот над езерото, шумовите во ноќта, шепотот на лисјата, патот на сребрената месечина.

Page 24: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

24

Слушна како камбаната го означи точниот час во далечината. Два или три часот? Не знаеше, стана воздивнувајќи, и го затвори прозорецот. Почувствува дека треба да си легне за да се одмори, за изутрина да стане со бистра глава, подготвен за разговорот со грофот. Но не можеше да заспие; ја запали свеќата и почна да шета низ собата; но ни тоа не помогна. Почна да бара спомени и мисли далеку од сегашните несигурности, и се чинеше дека конечно најде нешто, седна на масата за пишување, и после долго размислување проследено со неколку паузи, го напиша следново писмо:

До Чечилија

Мојата книга „Сон“ беше таа поради која ја имав честа и задоволството да го добијам вашето прво писмо, госпоѓице. Додека ви одговарав, навистина сонив еден сон, еден друг сон, можеби подобар, можеби поубав од оној во книгата. Сакате да ви го раскажам? Не. Вие ќе се смеете; сега псевдонимот кој се наоѓа на почетокот на оваа книга и на крајот од ова писмо крие една не суетна, но горда личност. Го добив и вашето второ писмо, и како и многуте други илузии кои ме искушуваа и се потсмеваа на мојата младост, дури и тој сон е изгубен и не го гледам пред мене; гледам само празен, мизерен и бескраен тежок пат. Не можеме да се разбереме и затоа си велиме збогум; вие маскирана во вашето елегантно домино, Чечилија, јас скриен зад моето Лоренцо, кое вие го осудивте како вулгарно, а кое јас го сметам за драго, бидејќи беше еднаш родено, пред околу педесет години, од страна на еден голем поет кој јас го почитувам. Од моја страна, ветувам дека љубопитноста нема да ме принуди да го барам вашето вистинско име, госпоѓице. Ќе бидам благодарен ако и вие го сторите истото за мене. Кога ми пишавте барајќи го моето мислење за човековата слобода и многубројните инкарнации на една душа, помислив дека само жена со големо срце, или како што се вели дама, би можела да биде засегната со толку поважни и супериорни теми од оние вообичаените на обичниот народ и општеството. Ми се чини дека кај вас не е случајот каде поради нејасноста на неактивниот ум кој помеѓу едно и друго задоволство, а

Page 25: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

24 / 25

можеби и помеѓу една и друга љубов, влегува од каприц само за да видите што тој прави, што мисли, како учи, работи; но кога се работи за каприц, би сакале да го вкусите силниот и горчлив напиток создаден од филозофијата и науката. Дури и се сомневав дека, некој настан од вашиот минат живот, кој вие сте го потиснале, оставил трага кај вас поврзана со овие мистерии и ве предизвикал да се сомневате, за потоа да се повикате на моето мислење во врска со тоа. Морам да признаам дека одговорив со глупав ентузијазам, со наивно изразување што сигурно изгледало многу лошо во вашиот лажен свет, простете му на овој човек под маска за искреноста, кој нема никаква намера да го навреди вашиот лажен свет, каде жените се обидуваат да ги сокријат своите брчки, а мажите својата младост. Вистина е дека се однесував како груб буржуј кој би сакал пријателски да се ракува со една благородна дама која не ја ни познава. Вие ја повлекувате вашата рака, и ме напаѓате со малите светкави иглички кои не рануваат, но болат, ме заслепувате со вашата остроумност, со душата од која живее интелигенцијата на луѓето прочистена до оној степен на максимална префинетост и живост, како оние нежни суштества кои живеат сладок живот. Ја ценам, но не ја почитувам духовитоста, госпоѓо. Полоша е духовитоста на Французите, скептична и лажна како и вашата. Ете ја таму пред мене во огледалото на водата, кое се бранува под месечевата светлина и ги претвора нежните зраци во празен трепет и минливи искри. Вашиот сарказам не ме повредува; ќе бидам циничен; ќе кажам дека сум видел жени кои се заљубувале, и покрај нивната одбивност, можеби се бранеле на таков начин, како оние заробени птици кои се бранат со нивните мали безопасни клунови. Не, она што ме привлече не беше флертот на Балот под маски; туку интимната и доверлива поврзаност со една душа која е воодушевена од истите супериорни теми кои го фасцинираат мојот ум. Решив да не ви одговарам повеќе; сметајте дека ова писмо е резултат на една непреспиена ноќ, и дека пишувањето ми помогна да ги пренасочам мислите на друга страна. Не се сеќавам дали некогаш сме се сретнале во некој претходен живот; ниту пак знам која брилијантна ѕвезда ќе биде достојна да ве прими

Page 26: АНТОНИО ФОГАЦАРО МАЛОМБРА (роман)begemot.mk/wp-content/uploads/2015/06/Malombra.pdf„Ох, по ѓаволите“, рече човекот, чешајќи

26

вас кога ќе ја напуштите оваа наша буржоаска планета, оваа гнасна, скандалозна земја на која не постои соодветно место за божица; но... Можеби причината поради која застана беше свеќата која веќе догоруваше, или фактот што конечно уморот го насели неговиот мозок. Што и да беше, кога дојде утрото Сила спиеше на масата за пишување, а на средината на листот хартија, како назабен меч спремен за акција, стоеше двосмислениот сврзник: но...