ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ - utms.cc fakultet/ii godina... · Семинарска...

22
ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ доц. д‐р Наташа Ристовска

Upload: dangthien

Post on 29-Aug-2019

274 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ

доц. д‐р Наташа Ристовска

Презентации• Компанија – успешен пример (индустрија, 

историја)• Национална или мултинационална (пр. Алкалоид, Johnson Controls, Sony, Canon, Audi, Apple, Google, L’Oreal, Coca Cola, Nike, Nestle …)

• Визија• Мисија• Стратегија• Цели• Пазар• Производ/Услуга• Цена, амбалажа• Конкуренција• Профит

Семинарска работа Бизнис идеја – сопствена компанија 

1. Компанијата постои веќе 5 години, план за наредните 5, среднорочно планирање – план за развој, унапредување, проширување, свот анализаИли2. Основање на нова компанија• Име, индустрија, историја• Производ/Услуга, палета• Лого, Слоган, амбалажа• Визија• Мисија• Стратегија• Цели• Пазар/производство• Кадар• Конкуренција• Сопствени предности, разлики во однос на конкуренција

Најдобри 3 бизнис идеи и бизнис планови

Тематски содржини

1. Деловно планирање и одлучување2. Процес на деловно одлучување3. Менаџерски аспекти на планирањето4. Деловна политика5. Потреба и суштина на планирањето6. Пристапи, принципи и концепции за планирање7. Организациско опкружување и планирањето8. Цели на планирањето

Планирањето како потреба

• Современи текови и глобализација• Осмислување на организациските активности• Планирање на стапките со помош на кои организацијата се движи во насока на постигнување на целите

• Организациите се разликуваат од односот кон подготовката, квалитетот и нивото на планските активности

• Почитување на постапка за изработка на плановите и перманентно подигнување на стандардите и очекувањата – претпоставка за деловна успешност

• Добрата деловност = соодветен однос кон планирањето како менаџерска активност

• Планирањето = сериозна деловност, претпоставка за успешност

• Согледување на иднината, размислување и предвидување

• Планирањето е процес на поставување на цели за иднината, осознавање на окружувањето, избор на насоки на делување, како и средства и начини за остварување на целта

• Потреба од свот анализа• Создавање на приоритети – разумна проекција на иднината

• Целите=краен резултат, главни делови на планирањето

• Планот‐ средство за постигнување на целите

• Планирањето е насочено кон иднината, а се одвива во сегашноста

• Опфаќа – проценка на ресурсите, дефинирање на задачи и одговорности и рокови

Сфаќање за планирањето

• Размислување за идните случувања и настани во окружувањето, нивна проценка со цел организацијата да се подготви за вистински одговор

• Цел на планирањето е зголемена – нагласена успешност (профит и услуга) и намалени просечни трошоци – избегнати ризици и можни проблеми

• Плановите се мерат со резултатите – како планот влијае на бизнисот, добриот план е залуден ако никој не постапува според него

• Промените во условите на окружувањето наметнуваат потреба од постојано менување или адаптирање на плановите во согласност со внатрешните и надворешните услови

• Планот зависи од човековите елементи –посветеност, вклученост и следење

• Успешна имплементација означува добар план

• Елементи кои прават планот да биде успешно имплементиран:

1. Планот да е едноставен, лесен да се разбере и да се дејствува според него

2. Планот да е специфичен, целите да бидат конкретни и мерливи (специфични активности, рокови, одговорни личности и буџет)

3. Планот да е реален, продажни цели, трошоци, рокови да бидат реални

4. Планот да е комплетен, со сите неопходни елементи.

Планот мора да се следи и проверува

Поим за планирање• Предвиди последиците на сегашните активности• Влијае на идните случувања според желбите и 

потребите• Постапката со која се поставуваат целите, се 

одредуваат идните задачи и активностите за нивно остварување = планирање

• Резултат на планирањето= планот• Планирањето е процес на донесување на низа 

меѓусебно и логички поврзани одлуки• Променливоста на окружувањето и внатрешниот 

систем – планирањето е процес кој постојано ги следи случувањата, а не е настан кој се презема еднократно

• Менаџерот мора да ги предвидува идните случувања се со цел да може да повлече и соодветен потез од интерес на организацијата

• Разлика помеѓу предвидување и планирање• Предвидувањето е проценка на некоја состојба во иднината

• Планирањето е проекција на она што сакаме да се случи – се однесува на тековните одлуки кои ја моделираат иднината

• Предвидувањето е ограничено со разни облици на ризик и неизвесност, човечка слабост и недостаток на информации

• Планирањето е избор на насоки за делување, избор на расположливи средства и одредување одговорни лица за постигнување на целите

• Рационален поглед на иднината и најдобра подготовка за идните случувања

• Вклучува определување на можностите и заканите на околината, предностите и слабостите на организацијата, избор на алтернативни смерови за развој и поставување на приоритети

• Менаџментот во малите и големите претпријатија подеднакво треба да води сметка за планските активности:

1. Предвидување на сите деловни активности ‐опфат, одговорни лица и рокови

2. Промените на работните услови3. Можни внатрешни промени – организација и 

активности во поединечни оддели4. Флуктуација на вработени5. Промени во надворешната средина –

државата (инфлација, царини, даноци), пазарот (конкуренција), технолошкиот развој (нови производи, интернет)

Планирањето опфаќа:1. Организирање на деловните активности‐ траење, редослед2. Избор на кадaр –број, знаење, дообразување, вработување3. Поставување на непосредни задачи и мерила‐ планските 

величини се нумерички, количински или вредносно изразени за да можат да се споредат си реалните резултати, корекции на отстапување, мерење на успешност

4. Планирање на активности‐ како да се извршуваат работите, одговорност за постапување според стандарди

5. Планирање на материјали – кои материјали, суровини, полупроизводи ќе се користат, без застој и залихи

6. Планирање на постојани (основни) средства – кои трајни потенцијали ќе се користат, отстранат тесни грла во производство и дистрибуција

7. Финансиска калкулација – покажува трошењето на сите потребни ресурси за работењето, но и очекуваните приходи – плански финансиски извештаи

Детерминирање на планирањето

• Планирањето е мисловна активност во насока на постигнување на поставените цели и задачи

• Процес на донесување на одлуки, во непосредна врска со менаџментот на претпријатието

• Планирањето е постапка со која се поставуваат целите и определуваат идните задачи и активностите за нивно остварување

• Планирањето е умствена активност на менаџментот насочена кон определување на цели, политики и планови врз претходното предвидување на екстерното и интерното окружување на претпријатието

• Два пристапи за определување на планирањето

1. Активност која резултира со цели, политики, програми, постапки и планови

2. Активност која резултира само со цели

• Планирањето се дефинира Од аспект на содржините и акциите кои се вклучени во него

Од аспект на неговата поврзаност со временскиот фактор – краткорочно и долгорочно планирање

Од аспект на суштинска димензија –длабинско и површно планирање

Од аспект на трајноста – планови за една и повеќе употреби

• Планирањето е систем на активности од страна на менаџментот насочени кон постигнување на деловните резултати

Морфолошко гледање на планирањето

• Облик на прикажување на елементите на планирањето подразбира:

1. Се одвива на повеќе нивоа2. Секое ниво на планирање има повеќе 

елементи3. Се разликува главен ред на планирањето и 

дополнителни редови4. Повратна врска за главниот и споредните 

редови

• Од морфолошка гледна точка, значајни поими од областа на планирањето се:

1. Иднина – не е секогаш достижна и воочлива, без разлика на стратегиите и мислите насочени кон неа

2. Визија – веродостојна и исполнителна(разбирливи, мотивирачки, соодветни на филозофијата, целта на постоење и мисијата)

3. Водечки мисли – утврдени разбирливи деловни концепции

4. Политика на организацијата – конкретни насоки за профилирање на активности на менаџментот, за однесувањето на акционерите, добавувачите, конкуренцијата5. Стратегија – подготвителна фаза на планирањето заснована на деловната политика и трендовите6. Планирање – препознавање на деловните трендови и вредностите кои се важни за идната проекција и финансиските ефекти кои се очекуваат од активностите