0. bilans na plakanje word

43
Поим, структура и типови на биланси на плаќања Биланс на плаќања претставува систематизиран преглед на економски трансакции помеѓу резиденти и нерезиеденти во определен временски период; Временски период; Биланс на плаќања претставува преглед на трансакции за период од една година; Монетизација и наплата на платни трансакции; Девизен биланс претставува биланс на ефективни меѓународни плаќања и примања помеѓу резиденти и нерезиденти; Билансот на плаќања има непосредна врска со сметката Општествен производ во земјата а девизниот биланс претставува делот од сметката финансиски текови во стопанството. Структура на билансот на плаќања а) Биланс на тековни трансакции; – Тековен биланс го опфаќа трговскиот биланс како и биланс на сите нестоковни траснакции; б) биланс на капитални трансакции; – Капитален биланс покажува како е покриен дефицитот на БП, односно за што е употребен суфицитот. Биланс на тековни трансакции Трговскиот биланс претставува салдо на плаќања по основ увоз на стоки и наплата по основа на на извоз на стоки; Всушност, – тој покажува покриеност на увозот со извоз (дефицит или суфицит) во одредена земја. Билансот на нестоковни траснакции Билансот на нестоковни траснакции опфаќа: – биланс на услуги (туризам, сообраќај, осигурување, нето авторски права, нето доход од инвестиции итн.) и – Биланс на едностарни трансферни плаќања (исплати и уплати од буџетот на ЕУ, нето работнички дознаки и нето меѓународна помош). Биланс на размена на добра и услуги Биланс на размена на добра и услуги е еднаков на збирот: – надворешнотрговскиот биланс; и – билансот на нестоковна размена. Билансот на капитални трансакции Билансот на капитални трансакции опфаќа: – долгорочен капитален биланс (бруто прилив и одлив на директни и бруто прилив и одлив на портфолио инвестиции) и – салдо на кракорочно движење на капитал (краткорочен прилив и одлив на капитал). Билансот на капитални трансакции/2 Нето прилив на капитал (односно суфицит на капиталната сметка) би требало да биде потполно еднаков на дефицитот на тековната сметка, но во стварноста тоа по правило не е така; Таа разлика помеѓу тековната и капиталната сметка– ја апсорбираат монетарните власти по пат на интервенции на девизниот пазар (ИДП). Билансот на капитални трансакции/3

Upload: natalija-kijeva

Post on 05-Sep-2014

170 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Поим, структура и типови на биланси на плаќања• Биланс на плаќања претставува систематизиран преглед на економски

трансакции помеѓу резиденти и нерезиеденти во определен временски период;

• Временски период;• Биланс на плаќања претставува преглед на трансакции за период од една

година; • Монетизација и наплата на платни трансакции; • Девизен биланс претставува биланс на ефективни меѓународни плаќања и

примања помеѓу резиденти и нерезиденти; • Билансот на плаќања има непосредна врска со сметката Општествен

производ во земјата а девизниот биланс претставува делот од сметката финансиски текови во стопанството.

• Структура на билансот на плаќања• а) Биланс на тековни трансакции; • – Тековен биланс го опфаќа трговскиот биланс како и биланс на сите

нестоковни траснакции; • б) биланс на капитални трансакции;• – Капитален биланс покажува како е покриен дефицитот на БП, односно за

што е употребен суфицитот. • Биланс на тековни трансакции• Трговскиот биланс претставува салдо на плаќања по основ увоз на стоки и

наплата по основа на на извоз на стоки;• Всушност,• – тој покажува покриеност на увозот со извоз (дефицит или суфицит) во

одредена земја. • Билансот на нестоковни траснакции• Билансот на нестоковни траснакции опфаќа:• – биланс на услуги (туризам, сообраќај, осигурување, нето авторски права,

нето доход од инвестиции итн.) и• – Биланс на едностарни трансферни плаќања (исплати и уплати од буџетот

на ЕУ, нето работнички дознаки и нето меѓународна помош).

• Биланс на размена на добра и услуги• Биланс на размена на добра и услуги е еднаков на збирот:• – надворешнотрговскиот биланс; и• – билансот на нестоковна размена. • Билансот на капитални трансакции• Билансот на капитални трансакции опфаќа:• – долгорочен капитален биланс (бруто прилив и одлив на директни и бруто

прилив и одлив на портфолио инвестиции) и• – салдо на кракорочно движење на капитал (краткорочен прилив и одлив на

капитал).

• Билансот на капитални трансакции/2• Нето прилив на капитал (односно суфицит на капиталната сметка) би

требало да биде потполно еднаков на дефицитот на тековната сметка, но во стварноста тоа по правило не е така;

• Таа разлика помеѓу тековната и капиталната сметка– ја апсорбираат монетарните власти по пат на интервенции на девизниот пазар (ИДП).

• Билансот на капитални трансакции/3• Тие отстапувања се нормална појава, па оттаму и називот статистички

несогласувања.

Page 2: 0. Bilans Na Plakanje Word

• BP = TB+KB- IDT = 0 • Билансот на капитални трансакции/4• Во случај на дефицит во БП, покривањето е возможно од:• – домашни девизни резерви; или• – со задолжување во странство.

• Состојба на нерамнотежа на билансот на плаќања• Кога во една национална економија БП е во рамнотежа тој покажува

постоење само на една страна од општата стопанска рамнотежа;• Станува збор за надворешна рамнотежа која се дефинира како состојба на

урамнотеженост на БП што се одржува во подолг временски период без притоа да се:

• - спроведува девизна контрола; и • - без перманентно адаптирање на девизниот курс.• Фундаментална нерамнотежа • Тоа е состојба во која се одржува без постоење на:• - сериозна невработеност; • - без релативно голема стапка на инфлација; и• - притоа се остварува оптимално ниво на големина на националниот доход,

кој ја означува внатрешната рамнотежа;• Значи вистинска рамнотежа во БП претставува рамнотежа што се одржува во

услови на синтеза на надворешната и внатрешната рамнотежа.

• Теротески концепции за урамнотежување на билансот на плаќања• Класичната теорија за автматско израмнување на БП;• Неокласична теорија за урамнотежување на БП;• Современа теорија на Запад за урамнотежување на БП;• Монетарен пристап • ПОЛИТИКА И МЕТОДИ НА УРАМНОТЕЖУВАЊЕ НА БП • Политиката на БП како подсистем на макроекономската политика;• Детерминанти што влијаат на состојбата на БП:• - 1. Клучни детерминанти- каде што спаѓаат реалниот растеж на

националниот доход, висината на реалната каматна стапка, стапката и динамиката на инфлацијата и воисината на реалниот девизен, односно валутен курс; и

• 2. Други детермнанти- станува збор за промените во инвестиционата сфера, менувањето на условите на тргување, забрзувањето на меѓународната финансиска меѓузависност, нерамномерниот развиток на земјите и вонредни состојби предизвикани од социјални промени и природни катастрофи

• ПОЛИТИКА И МЕТОДИ НА УРАМНОТЕЖУВАЊЕ НА БП/2• Други методи на урамнотежување на БП: 1. финансирање на нерамнотежата со користење на девизните резерви и со

краткорочно задолжување во странство; 2. Пуштање на девизниот курс на националната валута на неограничено

флуктуирање кое по дефиниција мора да го урамнотежи дефицитот; 3. Користење на девизните ограничувања со кои понудата и побарувачката на

девизи присилно се урамнотежува; 4. Приспособување на целото стопанство на постоечкиот девизен курс по пат на

дефлаторно снижување на цените и доходот се со цел при дадениот девизен курс да се намали побарувачката на девизи на нивото на нивната понуда.

• ПОЛИТИКА И МЕТОДИ НА УРАМНОТЕЖУВАЊЕ НА БП/3• Четирите можни алтернативи за регулирање на дефицитот на БП на

национален план:• а) дефлација;

Page 3: 0. Bilans Na Plakanje Word

• б) девалвација;• в) ограничување на увозот на стоки и услуги, одливот на капитал и

субвенционирање на извозот и стимулирање на приливот на странски капитал; и

• г)девизни ограничувања, односно девизна контрола.• Реалноста на девизниот курс и влијанието врз состојбата на билансот на

плаќања• Од една страна состојбата на БП ја определува висината на девизниот курс

преку понудата и побарувачката на девизи, но од друга и девизниот курс со својата висина влијае врз движењата во БП;

• Поради ваквата поврзаност помеѓу девизниот курс и БП потребно е да се утврди реалноста на девизниот курс зашто реалниот девизен курс претставува курс на рамнотежата, т.е. тоа е таков девизен курс кој ќе го одржува БП во состојба на урамнотеженост без преземање мерки за девизна контрола, без изразити инфлациони и дефлациони тенденции и без постојано истекување на монетарните и девизните резерви.

• Реалноста на девизниот курс и влијанието врз состојбата на билансот на плаќања/2

• Нереалноста на девизниот курс доаѓа до израз во вид на преценета или потценета валута;

• Преценетоста, односно потценетоста на валутата имплицира нерамнотежа во БП, а таа неурамнотеженост може повторно да се воспостави на подолг рок само преку воспоставување реален девизен курс;

• Денес, потецентоста на валутите е поретка појава, отколку преценетоста на валутите;

• Преценетоста на валутата имплицира намалување на конкурентноста на при извозот, а се зголемува конкурентноста при увозот, што води до дефицит во тековната сметка на БП;

• За воспоставување на урамнотеженост во БП познати се неколку методи кои веќе ни се познати: девалвација, дефлација, по пат на девизна контрола.

• АПСОРПЦИОНЕН ПРИСТАП • Апсорпциониот пристап на приспособување на БП поаѓа од полна

вработеност и инфлација, што беше реалистична ситуација во после Втората светска војна;

• Суштината на моделот е девалвацијата или депресијацијата на националната валута да го поттикне извозот и го дестимулира увозот;

• Инициајлниот пораст на реалниот доход во земјата доведува до пораст на производството, но и увозот кој делумно ги потпомага ефектите на почетно подобрување на БП.

• АПСОРПЦИОНЕН ПРИСТАП/2• Апсорпциониот пристап, кој го развил Александер (Alexander, 1952), се

обидува да ги интегрира промените на реалниот доход и реалната домашна потрошувачка (апсорпција) во објаснувањето на приспособување на БП;

• За разлика од еластицитетниот пристап, кој го занемарува доходот, апсорпциониот пристап тврди дека во случај на полна вработеност, девалвацијата или депресијацијата ќе делува на подобрување на БП, само ако се смали реалната домашна потрошувачка (апсорпција);

• Ако до тоа не дојде, девалвацијата или депресијацијата ќе предизвикува раст на домашните цени, што ќе ги поништи ефектите од девалвацијата на БП.

• НАДВОРЕШНОТРГОВСКИ МУЛТИПЛИКАТОР • Доколку порасне потрошувачката во земјата со непотполна вработеност,

додатниот пораст на потрошувачката, согласно кејнзијанските модели, ќе го

Page 4: 0. Bilans Na Plakanje Word

разадвижи процесот на мултипликација на доходот, без оглед дали се работи за затворена или отворена еономија;

• Во слуачј на отворена економија, степенот на вклученоста во меѓународната трговија ќе го определи сразмерот на мултипликацијата на нацоналниот доход;

• Да појдеме од претпоставката дека владее зголемување на своите издатоци (буџетска потрошувачка) на купување на стоки и услуги за 10 единици, и дека затоа, во наредните циклуси, го одржува тоа ниво на потрошувачка.

• J КРИВАТА И ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ТРГОВСКИОТ БИЛАНС• Ако се има предвид дека после девалвација или дерпесијација на домашната

валута, цените на увозните производи во домашна валута растат побрзо од извозните цени, исто така во домашна валута;

• Заради тоа веднаш по девалвацијата/депресијацијата прво доаѓа до влошување на трговскиот биланс, за да после, одреден период, уследи негово подобрување.

• J КРИВАТА И ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ТРГОВСКИОТ БИЛАНС/2• Всушност, со тек на време се зајакнува делувањето на „ефектот на

количина“, така што количината на извозот расте, а количината на увозот опаѓа;

• Исто така, извозните цени во домашна валута со тек на време растат и го достигнуват растот на увозните цени, така што отпрвин се запира влошувањето на трговскиот биланс за да потоа, дојде до подобрување.

• Маршал-Лернеров услов • Маршал-Лернеровиот услов ги дефинира потребните услови за стабилност

на девизниот пазар; • На ова место ќе го прикажеме поедноставна интерпретација на овој услов, со

цел да се сфати неговата суштина; • Ако кривите на извозната понуда и увозната побарувачка се бесконечно

еластични, Маршал-Лернеровиот услов кажува дека девизниот курс и девизниот пазар ќе бидат стабилни во случај кога збирот на ценовната еластичност на увозната побарувачка и ценовната еластичност на извозната побарувачка, во апсолутен израз се поголеми од 1, односно ако е:

• |ηX + ηM|>1, • При што ηX е еластичност на извозната побарувачка (странска побарувачка

за производи од домашната земја), а ηM еластичност на увозната побарувачка на домашната земја;

• Платно-билансно присособување и монетаристичка теорија на билансот на плаќања

• Dokolku nekoja zemja ima deficit ili suficit vo tekovnata (trgovskata) smetka, toa samo po sebe ne e nitu pozitiven nitu negativen fakt.

• Primer: Ju`na Koreja i Kina vo 1998 ( i dvete imaa suficit vo tekovnata smetka od 40 mlrd.$, no od razli~ni pri~ini)

• Ottamu, platnobilansnite (ne)ramnote`i treba da se gledaat vo kontekst na celokupnata ekonomska situacija. Na pr.,ako deficitot vo tekovnata smetka e predizvikan od porast na investicite, tie bi mo`ele da predizvikaat porast na izvozot i namaluvawe na idniot deficit.

• РАМНОТЕЖА НА ПАЗАРОТ НА СТОКИ, ПАРИ И БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА• За да покажеме како со помош на моентарната и фискалната политика може

да се псотигне симултано надворешна и внарешна рамнотежа без промена на девизниот курс, ќе го користиме Мандел-Флеминговиот (Mundell-Fleming) модел;

Page 5: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Овој модел всушност претставува IS-LM модел прилагоден на отворена економија.

• РАМНОТЕЖА НА ПАЗАРОТ НА СТОКИ, ПАРИ И БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/2• Проширувајќи го IS-LM моделот, Роберт Мандел и Маркус Флеминг во

анализата внеле уште еден елемент, рамнотежата на БП, која се означува како БП=0;

– Значи, во анализата се јавуваат три криви: – IS крива, која ја прикажува рамнотежата на пазарот на стоки; – LM крива која ја прикажува рамнотежата на пазарот на пари; и– BP кривата која ја прикажува рамнотежата на БП. – Во моделот е воведена претпоставката дека разликата во каматните

стапки доведува до движење на краткорочниот капитал, со што се создава платформа за раздвојување на мерките на фискалната и монетарната политика, така што на фискалната политика и се доделува задача за постигнување на внатрешна, а на монетарната надворешната рамнотежа.

• Доходовен механизам на приспособување на БП • Овде станува збор за политика на промени на нивоа и политика на

пренасочување на потрошувачката во постигнување на внатрешна и надворешната рамнотежа.

• ТЕОРЕТСКИ КОНЦЕПЦИИ ЗА УРАМНОТЕЖУВАЊЕ НА БП• Класичната теорија за автoматско израмнување на БП• Се јавила како критика на меркантилистичкото сфаќање на активниот-

трговски биланс и како одраз на улогата на меѓународните пари (злато) во развитокот на капитализмот;

• Таа се темели на основните поставки на класичната еконмска теорија, посебно врз монетарната теорија на надворешната трговија, во услови на постоењето систем на златна валута.

• Класичната теорија за автоматско израмнување на БП/2• Претставниците на класичната теорија на урамнотежување на БП (David

Hume, David Ricardo и John Stuart Mill) сметаат дека трговските биланси и БП на одделните земји не можат да бидат трајно нарушени, бидејќи, според нивно мислење, меѓународната размена, главно, секогаш е урамнотежена;

• Главната причина за привременото нарушување на БП на една земја е преголемата или премалата количина пари во оптек.

• Класичната теорија за автматско израмнување на БП/3• Во основата на оваа теорија се наоѓа автоматизмот во меѓународното

движење на златото, како последица на кое доаѓа и до автоматско израмнување на БП;

• Тоа понатаму подразбира дека соодносот помеѓу внатрешната и надворешната рамотежа е автоматски даден и, според тоа, е долгорочен и стабилен.

• Класичната теорија за автматско израмнување на БП/4• Со оглед на тоа што постои рамнотежа меѓу нивото на цените и количината

на парите, намалувањето на количината на парите, според оваа теорија, повлекува паѓање на цените во земјата и зголемување на извозот, како последица на тоа доаѓа до прилив на пари (прилив на злато) во земјата;

• Приливот на злато повлекува зголемување на цените, а тоа до зголемување на увозот;

• Зголемениот увоз, пак, повлекува одлив на пари (одлив на злато итн.). Значи, урамнотежувањето на БП, се врши, во условите на системот на златна

Page 6: 0. Bilans Na Plakanje Word

валута (во услови на златниот стандард), автоматски преку монетарниот механизам.

• Класичната теорија за автматско изранување на БП/5• При појава на пасива во трговскиот биланс и во БП, курсот на домашната

валута ќе стане неповолен и златото ќе се одлива од земјата, како резултат на тоа ќе дојде до намалување на оптекот на парите, до намалување на цените во земјата, до зголемување на побарувачката на домашните стоки во странство, до зголемување на извозот.

• Класичната теорија за автматско изранување на БП/5• Поголемиот извоз повлекува поголем прилив на злато во земјата и на тој

начин повторно се воспоставува рамнотежа во БП;• Доколку постои суфицит во трговскиот биланс и во БП, движењата имаат

спротивен карактер и правец од движењата кога постои дефицит и во ТБ и БП;

• Практичната примена на теоретскиот концепт за автоматско урамнотежување на БП зависела од присуството на определени реални односи на основните теоретски премиси на кои се темелел тој концепт;

• Тука се мисли на: полна слобода во движењето на стоките и парите во меѓународниот промет, чиста и перфектна конкуренција на внатрешен и надворешен план, полна еластичност на цените и надниците, слободни меѓународен оптек исклучиво на заедници и конвертибилни пари итн.

• Темелите на класичната теорија на автоматското урамнотежување на БП• Темелите ги поставил David Hume во 1852 година на основа следните

принципи: 1. салдата во меѓународните плаќања да се ликвидираат во злато; 2. промените во количината на парите во оптек коишто се последица за

движењето на златото како меѓународни пари, директно влијаат на нивото на домашните цени;

3. надворешно-трговските текови и промените во структурата на надворешно-трговската размена се детрминирани со релативни цени и промените на релативните цени во земјата и во странство.

• Четирите основни правила на J.E. Meade• Овој теоретичар во објаснувањето на економските односи со странство и БП,

во услови на златна валута (златен стандард), укажува на 4 основни правила кои монетарните власти на одделните земји морале да се придржуваат;

• Тоа се:• 1. монетарната власт на секоја земја мора да го фиксира златниот паритет на

својата национална валута;• 2. потребно е да се одржува слобода на извоз и увоз на злато помеѓу земјите

што припаѓат на тој систем;• Четирите основни правила на J.E. Meade/2• 3. монетарната власт на секоја земја мора да обезбеди домашната парична

маса да варира директно пропорционално (и тоа автоматски) со приливот и одливот на злато; и

• 4. во секоја земја да постои определен степен на флексибилност на цените и надниците, односно трошоците на производство.

• Четирите основни правила на J.E. Meade/3 (стр.1072-73)• Во такви услови можностите за водење на самостојна монетарна и

општостопанска политика биле сосема мали;• Тоа значи дека домашните стопански политики да ја избегнуваат

флуктуациите на паричниот доход и цените со исклучок во мерката што е определена со потребите за приспособување на БП;

• Во спротивно, екстерната рамнотежа би можела да се наруши поради флуктуирањето на паричниот доход во земјата;

Page 7: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Во таков случај, земјите со дефицит во БП (земји што го губеле златото) ја прифатиле контракцијата на паричната маса и дефинитивното снижување на цените и на паричниот доход, додека земјите со суфицит во БП пасивно ја прифаќале монетарната експанзија и нејзините инфлациони последици.

• Неокласична теорија за урамнотежување на БП• Се јавува во времето на Првата светска војна;• Претставници: Alfred Marshall, Jacob Viner, Frank Taussing и други;• Тие се обиделе да го корегираат класичното учење и тоа да го усогласат со

реалните движења во тоа време;• Поради тоа што оваа теорија ги користи основните претпоставки на

класичната теорија нејзиниот напредок е доста ограничен;• Неокласичната теорија за разлика од класичната за автоматско

урамнотежување на БП (којашто го зема предвид влијанието на промените во доходот), не ги зема предвид ефектите од промените во цените.

• Современа теорија на Запад за урамнотежување на БП• 1929-1933 година;• John M. Keynes, со појавата на трудот “Општа теорија на вработеноста,

каматата и парите”;• Според мислењето на претставниците на оваа теорија Bert Ohlin, Albert

Aftalion, Roy Harrod, Joan Robinson, Ragner Nurkse и други, основна причина за појавата на дефицит во БП претставуваат нарушувањата во светскиот конјуктурен циклус кој што непосредно го погодува националното стопанство со драстична редукција на неговиот извоз на светскиот пазар и невработеност на производните фактори.

• Условите во кои функционираше класичната теорија• Во времето на успонот на класичната концепција за урамнотежување на БП

светот беше економски интегриран со системот на златната валута;• Во тие услови, имајќи ја предвид светската целина, класичната концепција

поаѓаше од приматот на екстерната рамнотежа и од претпоставката за еластичноста на трговските текови спрема промените на цените, која претпоставка во време на неограничен пазар не била нереална.

• Современата концепција и промената во приоритетите• Современата концепција која се појави во 30-тите години од 20-тиот век, се

напушта системот на златната валута и фокусирање кон внатрешна рамнотежа и вработеноста наспрема надворешната која беше приоритет на класичната теорија на урамнотежување на БП;

• Се разбира, во услови на недоволна вработеност на ресурсите што тогаш постоеја и неперфектен пазар, зголемувањето на побарувачката доведуваше до зголемување на доходот порано отколку до покачување на цените.

• Џемс Мид (James Meade)• Во 50-тите години од 20-тиот век дојде до пресврт во теоријата за

урамнотежување на БП;• Џемс Мид во својот теоретски модел ги интегрира двата процеса на

приспособувањето (преку промени на цените и преку промени во доходот) и под различни претпоставки настојува да ја определи најадекватната политика што доведува до интерна и до екстерна рамнотежа.

• Џемс Мид (James Meade)/2• Разгледувајќи го БП, Џемс Мид, поаѓа од националниот доход (Y) што се

изразува како сума на домашните издатоци (E) зголемен за вредноста на извозот (X) и намален за вредноста на увозот (M), односно y= M+X.

• Сиднеј Александер (Sidney Alexander)• Поаѓа од друг приод кон проблемот на БП;

Page 8: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Тој исто како и Мид, пошол од нето националниот доход, но не ја третира одвоено надворешната и внатрешната рамнотежа,туку и двете ги испитува во моделот на вкупното производство и вкупната потрошувачка на дадената земја;

• Бидејќи вкупната потрошувачка ја нарекува апсорпција, неговата теорија се нарекува теорија на апсорпцијата;

• Александер појдува од следната равенка:• Y=c+i+g+x-m;

• Сиднеј Александер (Sidney Alexander)/2• Со спојувањето на личната потрошувачка, инвестиционата и буџетската

потрошувачка во еден агрегат, наречен апсорпција (А) и земајќи го салдото на тековниот биланс као биланс на плаќањата (В) Александер ја поедноставува напреднаведената равенка: Y=A+B;

• Оттука апсорпцијата (А) ја дефинира како А-Y-B, а БП како B= Y-А;• Според Александер, БП е еднаков на разликата помеѓу домашното

производство и потрошувачката (помеѓу доходот и апсорпцијата), доколку производството е поголемо од потрошувачката, БП бележи суфицит и обратно.

• Сиднеј Александер (Sidney Alexander)/3• За да се отстрани дефицитот во БП потребно е според Александер, да се

зголеми производството или да се намали апсорпцијата, односно делумно и едното и другото во зависност од супституцијата, од нивото на вработеноста во странство;

• Притоа равенката на БП ќе изгледа: ∆B= ∆Y-∆A;Притоа Александер појдува од тоа дека промените на апсорпцијата содржат две

компоненти: автономна компонента (која непосредно произлегува од трговскиот вишок – aut ∆A) и индуцирана промена (која се јавува како резултат на промените во доходот и во неговата распределба- ind ∆A), односно дека ∆B= ∆Y- ind.∆A- aut.∆A

• Сиднеј Александер (Sidney Alexander)/4• Или земајќи ги заедно ефектите врзани за промените во доходот:• ∆B= (∆Y- ind.∆A)- aut.∆A;• Секако дека ефектот врзан за промените во доходот и неговата распределба

(∆Y- ind.∆A) ќе зависи од граничната склоност на апсорпцијата (a), поточно од граничната склоност на потрошувачката и граничната склоност на инвестициите, а тоа значи дека граничната склоност на апсорпцијата не мора да биде помала од 1;

• Индуцираната промена на апсорпцијата може, спрема тоа да се изрази како: ind.∆A=а∆Y, а ефектот врзан за промените на доходот како: ∆Y- ind.∆A= ∆Y(1-а).

• Сиднеј Александер (Sidney Alexander)/5• Анализирајќи ги промените во доходот ∆Y, Александер констатира дека тие

(промените) настануваат под дејство на два фактори и тоа: 1. Поради варијациите во вработеноста на ресурсите (idle resources effect -R); и 2. Поради промените во односите на размената (terms of trade effect -T).Првиот ефект (К) ќе се почуствува само во случај на невработеност на ресурсите

и ќе зависи од дејствувањето на извозниот множител;Ефектот на овој фактор на БП може да се изрази како: R(1-a). • Сиднеј Александер (Sidney Alexander)/6 (str.1077)

Page 9: 0. Bilans Na Plakanje Word

• R(1-a), За да биде оваа промена позитивна, потребно е да постојат невработени ресурси и гранична склоност на апсорпцијата да биде помала од 1;

• Што се однесува, пак, за ефектот на односот на размената, тој би можел да се престави како: Т(1-а);

• Бидејќи односите на размената во случај на девалвација, по правило, се влошуваат, таа компонента дејствува во спротивен правец од претходната и затоа би требало да добие негативен знак;

• Така додадениот производ што се добива со помош на промени во доходот настанува:

• R(1-a) T(1-a)= (R-T) (1-a);• Вкупниот ефект од девалвацијата (спрема ∆B= (∆Y- ind.∆A)- aut.∆A што

погоре ја дадовме) го опфаќа и дејствувањето на автономните промени на апсорпцијата;

• Тој ефект може да се изрази со равенката: ∆B = (P-T) (1-a) –aut.∆A• Сиднеј Александер (Sidney Alexander)/7• После Втората светска војна со потенцирана висока вработеност и

ограниченоста на доходовниот (кејнзијански) механизам на приспособувањето на БП на условите на недоволно ангажирано стопанство го намалила значењето на таа теорија;

• Тоа беше причина да се формулира нов пристап, на старите темели, наречен апсорпционен пристап на приспособување на БП кој што ја имаше во вид и полната вработеност и инфлацијата;

• Апсорпциониот пристап настојуваше да го објасни механизмот на приспособување со промените во реалниот доход и реалната потрошувачка (апсорпцијата).

• Хари Џонсон (Harry Johnson) (стр.1078)• Во својот труд (Money, Trade and growth, London, 1964) го разарботил

монетарниот аспект на процесот на приспособувањето;• Според Хари Џонсон, вишокот на издатоците над примањата на резидентите

(што имплицира дефицит во БП) отвора две можности: 1. снижување на касовата готовина (готовите пари наменети за тоа) од која се

финансира дефицитот. Тоа повлекува пораст на каматната стапка и намалување на побарувачката што заедно го иницираат процесот на автоматското корегирање на нерамнотежата. Но, таквата можност е доста тешка, бидејќи процесот е доста долг и мало е верувањето дека монетарната власт ќе сочека да се заврши тој процес, бидејќи вишокот на плаќањата над примањата треба да се финансира во странска валута, а девизните резерви се ограничени.

• Хари Џонсон (Harry Johnson)/2• 2. можност е монетарната власт ќе интервенира со своите операции (со

одржување на стаблна каматна стапка, со креирање на кредити) со цел да ја надомести празнината што ја создал дефицитот во БП;

• Во таков случај дефицитот не се корегира автоматски и корекцијата бара да се промени монетарната политика;

• Ваквиот став на Хари Џонсон, произлегува од тоа што според него проблемот на БП е од изразито монетарна природа и тоа без оглед на подлабоките причин што доведуваат до него.

• Хари Џонсон (Harry Johnson)/3• Според Хари Џонсон, дефицитот во БП (под претпоставка да се исклучи

движењето на капитал освен капиталот што го финансира дефицитот) треба да с едовед во согласност со вкупните доходи, а тоа може да се постигне со два вида политики:

1. политика за редукција на издатоците; и

Page 10: 0. Bilans Na Plakanje Word

2. политика за смирување на издатоците.• Хари Џонсон (Harry Johnson)/4• 1. Политиката на редукција на издатоците, се реализира преку зголемување

на каматната стапка и даноците;• Редуцирајќи ги издатоците, таа политика дејствува преку множители на уште

поостра редукција на доходот;• Директниот ефект на таа политика на БП е поволен, но индуцираниот ефект

преку намалувањето на доходот е соодветно намалување на издатоците е неповолен се додека границата на склоноста кон потрошувачката е помала од 1, т.е. додека редукцијата во доходот редуцира издатоци за помали износи;

• Се разбира, притоа треба да се има предвид дека намалувањето на издатоците и доходот може да доведе до снижување на домашното ниво на цените, што предизвикува поместување на побарувачката од страна на домашната стока, а од друга страна, редуцирањето на увозот поради снижувањето на издатоците предизвикува мултиплицирани ефекти на доходот во странство.

• Хари Џонсон (Harry Johnson)/5( стр.1079)• 2. Вториот тип на политика, поместување на издатоците (побарувачката) од

странските на домашните производи, доведува до растеж на домашното производство и, доколку, граничната склоност на потрошувачката е помала од 1, се поправа состојбата на БП;

• Притоа, Џонсон разликува две варијанти на политика на поместување на издатоците: девалвација и контрола;

• Девалвацијата ги поместува и домашните и странските издатоци од поскапите странски на поефтините домашни производи;

• Контролата (најчесто по пат на ограничување на увозот) ги упатува домашните потрошувачи да купат домашни супститути наместо од увоз, а домашните производители да ги произведат тие производи;

• И во првиот и вториот случај целта е да се зголеми побарувачката за домашната стока.

• Современата теорија наспроти постарите теоретски модели• Современата теорија за урамнотежување на БП поаѓа од институционалните

промени во светот, посебно од барањата за интервенција со цел да се обезбеди високо ниво на побарувачката и вработеноста и ја третира екстерната рамнотежа како проблем на опција и усогласување со целите на националната политика;

• Поставеноста на современата теорија за урамнотежување на БП повеќе е монетарна теорија, бидејќи ги разгледува надворешните дебаланси како последица на промените во агрегатната побарувачка која, во крајна линија, ја определува монетарната политика.

• Монетарен пристап• Кога се зборува за монетарен пристап се мисли на новата монетарна теорија,

новата верзија на приспособување на БП;• Се нарекува нова монетарна теорија за да се разликува од класичната

монетарна теорија;• Во однос на сите други теории на приспособување, монетарниот пристап се

разликува по својата дефиниција на БП;• Другите теории познаваат различни дефиниции на БП и различни концепти

на рамнотежа, односно нерамнотежа (добиени по пат на хоризонтално пресечување, почнувајќи од трговскиот биланс, тековниот биланс, основниот биланс до билансот на официјалните компензаторни трансакции) монетарниот пристап салдото во БП го зема во буквална смисла.

• Монетарен пристап/2

Page 11: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Според монетарната теорија БП е само разлика помеѓу примањата и плаќањата (кај сите видови трансакции) која по дефиниција е еднаков на промените на девизните резерви;

• Во суштина монетарната теорија ја разгледува врската помеѓу паричната маса и салдото на БП;

• Поточно салдото во билансот на официјалните односно компензаторните плаќања е еднакво на нето промените на висината на девизните резерви што се наоѓаат кај централната банка на националната економија.

• Состојба на нерамнотежа во БП (стр.1051)• Проф. д-р Ристо Фотов• Постоење рамнотежа во БП• Кога во една национална економија БП е во рамнотежа тој покажува

постоење само на една страна од општата стопанска рамнотежа;• Станува збор за надворешна рамнотежа која се дефинира како состојба на

урамнотеженост на БП што се одржува во подолг временски период без притоа да се:

- спроведува девизна контрола; и - без перманентно адаптирање на девизниот курс.

• Фундаментална нерамнотежа• Тоа е состојба во која се одржува без постоење на: - сериозна невработеност; - без релативно голема стапка на инфлација; и - притоа се остварува оптимално ниво на големина на националниот доход, кој

ја означува внатрешната рамнотежа;Значи вистинска рамнотежа во БП претставува рамнотежа што се одржува во

услови на синтеза на надворешната и внатрешната рамнотежа.• Временскиот елемент на рамнотежата во БП• Тоа е состојба на урамнотеженост во релативно долг временски период;• Имено, БП може во даден момент да биде во рамнотежа но сепак се зборува

за рамнотежа на пример во национална економија со претежно сезонски карактер на извоз, во извозната сезона во БП сретнуваме суфицит (вишок на извозот над увозот) а надвор од сезоната сретнуваме дефицит (вишок на увоз над извозот);

• Сезонската неурамнотеженост не е знак за постоење на нерамнотежа во БП;• Заради тоа обично се зема период што е потребен за одвивање на

комплетен економски (коњуктурен, деловен) циклус а тоа најчесто е 8-10 години.

• Видови рамнотежа во БП• Статичка рамнотежа; и• Динамичка рамнотежа.• Статична рамнотежа• Се тргнува од тоа дека извозот да биде израмнет со увозот, да нема

движење на долгорочниот капитал а движењето на краткорочниот капитал и монетарното злато да се мали и пер салдата да бидат рамни на нула ( нето движењето на краткорочниот капитал и монетарните резерви треба да бидат рамни на нула).

• Динамичка рамнотежа (стр.1052)• Подразбира на краток рок извозот и увозот да се разликуваат за нето

движењето на краткорочниот капитал и монетарните резерви, со

Page 12: 0. Bilans Na Plakanje Word

исклучување на поголемо дестабилизирање на движењето на краткорочниот капитал;

• На подолг рок динамичката рамнотежа подрзабира извозот и увозот да се разликуваат за извозот на автономното движење на долгорочниот капитал од земјата со пониска во земја со повисока каматна стапка.

• Рамнотежа во услови на слободна трговија• Во литературата се среќава и терминот рамнотежаво услови на слободна

трговија, дури и без царина;• Се смета дека само таквата рамнотежа обезбедува оптимум на

благосостојба.

• Нерамнотежа во БП• Од аспект на книговодствено статистичките податоци БП секогаш е во

рамнотежа (приницпот надвојно книговодство) што значи дека долговната и доверителската страна на валутниот биланс ќе бидат формално секогаш во рамнотежа, но вистинскиот проблем се состои во тоа што како врз основа на книговодствените и статистичките податоци да се согледа вистинската економска рамнотежа или нерамнотежа во БП.

• Нерамнотежа во БП/2• Разгледувањето на парцијалната рамнотежа претставува основа за

утврдување на суфицитот или дефицитот во БП;• Податоци за таква анализа, треба трансакциите во вкупниот БП мораат

поинаку да се класифицираат и тоа по определен мотивационен критериум; • Рамнотежата во БП на тој начин може да се анализира само како однос

помеѓу така дефинираните негови делови. ( 1053 стр.)• Нерамнотежа во БП/3• При анализа на состојбата на БП во суштина се користи методот на

пресечување на билансот;• Со хоризонталното пресекување не постои веќе книговодствена рамнотежа,

бидејќи добиените подбиланси се во нерамнотежа со спротивни предзнаци на нвиното салдо;

• Тогаш се поставува прашањето каде да се изврши пресекот на билансот на плаќања за да се добие најадекватен израз на рамнотежа или нерамнотежа;

• Поточно, кои трансакции треба да се поместат над цртата како трансакции што создаваат нерамнотежа, а кои да се поместат под цртата како трансакции што ја финансираат нерамнотежата.

• Нерамнотежа во БП/4• Но, со оглед на тоа што теоретското дефинирање на суфицитот е аналитички

проблем, а се користи методолошка постапка во вид на пресечување на билансот, овде се јавува проблемот на класификација на трансакциите;

• Постојат голем број на можни начини за поместување на трансакциите во БП, тогаш на конкретни прашања кој одговор соодветствува;

• Заради тоа непостои единствен, вистински начин за пресечвање на БП.• Три начини на пресечување на БП (1)• Економската теорија и практика познава три начини на пресечување на БП со

желба да се изврши поделба на автономни и компензаторни трансакции;• Помеѓу нив е познат концептот за основна рамнотежа или базичен биланс;• Според тој концепт базичната рамнотежа ја определуваат трансакциите од

тековниот биланс заедно со капиталните еднострани трансфери и со долгорочниот капитал;

• Тие траснсакции се сметаат дека се од автономен карактер, односно дека се вршат независно од состојбата во БП;

• Компензаторните трансакции се движењата на краткорочниот капитал и монетарните резерви.

Page 13: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Движење на краткорочен капитал• Движењето на краткорочниот капитал претставува компензаторни

трансакции, бидејќи се претпоставува дека делумно се однесуваат, во соглсност со правилата, на автоматскиот механизам на приспособувањето, а делумно заради тоа што несомнено подлежат на влијанијата на монетарната политика.

• Втор начин на пресечување на БП• Концептот на официјално компензаторно финансирање целиот биланс на

тековни трансакции (тековниот биланс) со сите унилатерални трансфери, долгорочните јавни и вкупниот краткорочен приватен капитал го прават билансот на автономните трансакции;

• Како компензаторни трансакции се сметаат само трансакциите на јавниот краткорочен капитал и движењето на девизните резерви и монетарното злато;

• Кај овој концепт не се пресекува БП според видовите на трансакциите, туку и спрема категориите на трансакторите.

• Трет начин на пресечување на БП• Третиот историски гледано е прв начин на пресечување на ПБ, во

компензаторни трансакции ги вбројува само движењата на девизните резерви;

• Според овој концепт билансот на девизните резерви, на краток рок, го финансира салдото на сите други комерцијални и финансиски трансакции;

• Со оглед на тоа што нема еден единствен вистински начин за пресечување на БП, кој и да се користи нема да се погреши.

• Индикатор за одржување на рамнотежа во БП на краток рок• Од аспект на краток рок, девизните резерви се основен индикатор за

одржување на рамнотежата во БП;• Се смета дека е одржаната рамнотежата ако се успее да се избегне

намалувањето на девинзите резерви макар тоа да се случи благодарејќи на увоз на краткорочен капитал.

• Одржување на рамнотежа на среден рок• Базичниот, односно основниот биланс да биде во рамнотежа;• Тоа значи евентуалниот дефицит во тековниот биланс треба да биде

финансиран со редовниот прилив на долгорочен капитал при важечки пазарни или поповолни услови;

• Со оглед на тоа што задолжувањето во странство не може да трае бесконечно, на долг рок е неопходно да се постигне рамнотежа во тековниот биланс.

• Рамнотежа на надворешните сметки на националното стопанство• Може да се разгледува: статички и динамички;• При статичка рамнотежа, извозот на стоки и услуги е еднаков на увозот и не

постои движење на краткорочниот капитал и монетарното злато, а инвестициите и домашната акумулација се во рамнотежа;

• Сепак, во реалноста, регуларните флуктуации од сезонски и цикличен карактер оневозможуваат да постои статичка рамнотежа;

• Услов за краткорочна динамичка рамнотежа е извозот да се разликува од увозот, за нето износот на движењата на краткорочниот капитал и монетното злато.

• Среднорочна и динамичка динамичка рамнотежа• Услов е салдото на тековниот биланс да биде еднаков на износот на

долгорочните капитални трансакции;• А на долг рок, салдото на тековниот биланс би морало во разумни граници

да осцилира околу нулата. (стр.1055)• Урамнотеженост на БП на подолго време

Page 14: 0. Bilans Na Plakanje Word

• За да се ордржува оваа урамнотеженост на подолго време без да се применат девизни рестрикции и постојано приспособување (девалвирање) на девинзиот курс, мора да произлезе од внатрешната рамнотежа;

• Но, со оглед на тоа што, според модерната концепција, БП веќе не се користи како показател на збогатувањето или осиромашувањето на одделните земји, туку претставува дел од општественото сметководство што го прикажува секторот на односите на националното стопанство со странство, се јавува проблемот како да се оцени дали една земја (национална економија) се наоѓа во состојба на рамнотежа или нерамнотежа во своите економски односи со странство?

• Како одговор постојат четири концепции.• Прва концепција (стр.1056)• Доста блиска на меркантилистичката и неокласичната школа, стопанството

се наоѓа во рамнотежа се дотогаш додека е урамнотежен билансот на трговските трансакции;

• Оваа концепција испушта од вид дека нерамнотежата во економските односи со странство може да се јави поради обврските врз основа на задолжувањето спрема странство.

• Втората концепција• Според оваа концепција се смета дека треба да се земат предвид не само

трговските трансакции, туку и дижењата на капиталот коишто монетарните власти сметаат дека се непожелни (движењата на златото и девизните резерви);

• Според тоа може да се извлече заклучок дека земјите производители на злато што го продаваат тоа злато на светскиот пазар се наоѓаат во состојба на трајна нерамнотежа.

• Третата концепција (стр.1056)• Разаработена од ММФ уште од 1949 година;• Сите трансакции во БП се поделени на автономни и компензаторни;• Автономните трансакции се трансакции што се одвиваат без оглед на

состојбата на БП и се вршат со цел нормално да се вршат комерцијалните работи;

• Компензаторните трансакции, пак, се вршат со цел да се воспостави рамнотежа во БП;

• Компензаторни трансакции: промените во долгорочните и краткорочните побарувања на државните и монетарните власти во странство, промените во обврските спрема странските банки и државните кредити за финансирање на дефицитот во БП.

• Четвртата концепција (стр.1056)• Поаѓа од тоа дека за рамнотежа на стопанството во неговите економски

односи со странство може да се зборува само тогаш кога БП би бил израмнет, притоа државата да не применува никакви девизни или надворешнотрговски рестрикции заради влијание врз состојбата во БП;

• Иако оваа стојалиште се смета за најреално,најточно, сепак потенцијалната рамнотежа односно нерамнотежа, статистички не е можно да се пресмета.

• Видови на нерамнотежа во БП• Современото сваќање на рамнотежата во БП појдува од урамнотеженоста на

БП што се одржува без: - девизна контрола; - без постојано адаптирање на девизниот курс; - без сериозна невработеност; и - без инфлација.

Page 15: 0. Bilans Na Plakanje Word

Тоа значи дека рамнотежата во БП претставува состојба на урамнотеженост којашто се одржува во услови на синтеза на надворешната и внатрешната рамнотежа.

• Суфицитна и дефицитна нерамнотежа на БП• Најчесто внимание и се посветува на дефицитната нерамнотежа, бидејќи, ако

таа е долгорочна, има доста негативни последици;• Одделни видови дефицит во БП се разликуваат меѓу себе, главно: - по причините за нивната појава; - по начинот на нивното манифестирање; - спрема состојбата на внатрешната економска рамнотежа во време на појава на

нерамнотежа во БП; и - По временско траење. • Причини за дефицит во БП (стр.1058)• Монетарни причини; и• Структурни причини;• Конкретен пример за нерамнотежа предизвикана од монетарни фактори е

инфлационата нерамнотежа;• Денес во дефицити од монетарен карактер се вбројуваат и другите облици на

нерамнотежа што се јавуваат поради прекумерната експанзија на агрегатната номинална побарувачка.

• Структурна нерамнотежа на БП• Дефицитите (или суфицитите) кои се јавиле како резултат на неуспехот на

националното стопанство во приспособување на побрзите промени во структурата и начинот на производството и во структурата на побарувачката во светското стопанство;

• Неуспехот во приспособувањето се манифестира во диспаритетно движење на трошоците за производството и цените како на пазарот на стоки, исто така и на пазарот на фактори на производството.

• Инфлациона нерамнотежа во БП• Нарушени глобални стоковни и глобални куповни фондови на домашниот

пазар ( како резултат на поголемо вкупно трошење – поголема лична, општа, буџетска и инвестициона потрошувачка од реалниот доход со кој се располага);

• Нарушената внатрешна рамнотежа се одразува и врз надворешната нерамнотежа во БП;

• Најчесто рамнотежата се нарушува преку движењата во секторот инвестиции, бидејќи вкупните инвестиции ја надминуваат вкупната акумулација со што увозот се зголемува повеќе од извозот.

• Инфлациона нерамнотежа во БП/2• Често инфлационата нерамнотежа во БП се меша со структурната

нерамнотежа, што доаѓа од таму што развојните процеси во одделни земји се законито се придружени со извесна инфлација;

• Доколку сите земји би имале во исто време инфлација и ако не постојат парчни илузии, така што никој не ќе ги промени своите навики во трошењето, погрешно размислувајќи дека неговиот паричен доход, не може да дојде до нерамнотежа во БП.

• Инфлациона нерамнотежа во БП/3Тешкотијата настанува поради тоа што тенденцијата за преголемо трошење или

притисокот на надниците и платите е побрз во една отколку во друга земја;• Голем број економисти сметаат дека најголем дел од тешкотиите со БП

доаѓаат од домашната инфлација;

Page 16: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Од тука природно произлегува дека поголем број од тешкотиите во БП можат да се поправат со дефлација или со запирање на инфлацијата и регулирање на валутниот курс.

• Инфлациона нерамнотежа во БП/4 (стр.1060)• Дефицитот во БП е резултат на расчекорот помеѓу домашното штедење,

односно акумулација и домашните инвестиции;• Ако вишокот на домашните инвестиции се финансираат со прилив на

странски капитал, по пат на задолжување во странство, се јавува дефицит (се работи дефицитно финансирање на инвестициите);

• Дефицитот не мора автоматски да се јави во БП, доколку новите инвестиции овозможат зголемување на производството, продуктивноста и доходот за уредна отплата на долгот.

• Структурна нерамнотежа во БП• Долгорочна е, бидејќи и самиот стопански развиток претставува постојанен

процес на менување на стопанската структура;• Ова нерамнотежа се нарекува и секуларна нерамнотежа;• Таа се базира на различното движење на доходот помеѓу нациите и е во

врска со стопанскиот развиток, со долгорочни структурни промени во економијата;

• Структурната нерамнотежа во БП е генерирана и подржана од стопанскиот развиток на националната економија и од неприспособеноста на националната економија на движењата во меѓународните економски, финансиски и монетарни движења и односи.

• Структурна нерамнотежа во БП/2• Значи детерминанти на структурната нерамнотежа можат да бидат

монетарните и реалните фактори;• Реални фактори се: диспаритет во домашните цени и трошоци на

производство во однос на странските цени и трошоци, диспаритет во движењето и развојот на продуктивноста на трудот и техничкиот прогрес во однос на просеците на светскиот пазар, пореметените односи помеѓу штедењето и инвестициите во развојот на поедини стопански гранки, промените во побарувачката на светскиот пазар на кој домашното производство не е приспособено.

• Фундаментална нерамнотежа во БП• Структурната нерамнотежа е во најтесна пврзана со поимот на

фундаментална нерамнотежа во БП;• Фундаменталната нерамнотежа во БП, подразбира нерамнотежа од такви

размери и траење во кое одржувањето на задоволително ниво на вработеност, цени и урамнотежен БП не е можно без приспособување на девизниот курс и спроведување на девизна контрола.

• Краткорочен и долгорочен дефицит во БП• Краткорочен дефицит настанува како резултат на еднкратни дејствија на

вонредни економски или неекономски фактори (слаба жетва, природни катастрофи), како и краткорочни реверзибилни дефицити што се јавуваат во одделни фази на конјуктурниот циклус и коишто сами по себе се корегираат;

• Другите видови дефицити се трајни кои можат да бидат среднорочни или секуларни.

• Краткорочни дефицити во БП• Овие дефицити се мошне значајни од аспект на ликвидноста на

националното стопанство во меѓународните плаќања;

• Циклична нерамнотежа во БП (стр.1062)

Page 17: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Како резултат на нееднаквиот тек на економскиот, односно конјуктурниот циклус во светски рамки, т.е. поради тоа што текот на цикличните движења е различен од земја до земја;

• Цилкичната нерамнотежа настанува во следните случаи: 1. кога текот на цикличните движења е различен од земја до земја; 2. кога текот на цикличните движења од една до друга земја се исти, но е

различна еластичноста спрема доходот; и 3. кога текот на цикличните движења од една до друга земја е ист, еднаква е и

еластичноста спрема доходот, но е различна еластичноста спрема цените.

• Нерамнотежата во БП и нејзиното влијание врз домашната економска рамнотежа

• Три состојби: 1. кога влошувањето или подобрувањето на екстерната рамнотежа оди

паралелно со контракцијата или експанзијата на националниот доход; 2. кога подобрувањето на состојбата во БП предизвикува контракција на

националниот доход а влошувањето на состојбата на БП обратно; и 3. кога промените на екстерната рамнотежа немаат директно влијание на нивото

и промените во националниот доход.• Потенцијална нерамнотежа во БП• Кога дефицитот во БП може лесно да се отстрани по пат на компензаторно

финансирање, без методи што имаат административен карактер а тоа значи без девизна контрола, трговски рестрикции или други рестриктивни мерки.

• Вистинска рамнотежа или нерамнотежа во БП• Кога се одржува со мерки на економската политика, односно со методи на

приспособување.• Случајна нерамнотежа во БП (стр.1064)• Тоа е состојба која најчесто се јавува како резултат на дејствувањето на

вонредни околности кои што немаат речиси никаква врска со реалните и монетарните фактори и токови во националната економија.

• Најчести економски фактори кои влијаат на нерамнотежата на БП (Резиме)

• а) инфлацијата во земјата која се манифестира преку претераната потрошувачка во однос на националниот доход;

• б) неусогласеноста помеѓу трошоците и цените која обично се одразува преку тенденцијата на постојан растеж на трошоците, односно преку инфлационата спирала на трошоците и цените;

• в) структурните промени во домашното стопанство во текот на економскиот растеж коишто доведуваат до влошување на реалните економски односи со странство и до поголема зависност на репродукцијата од увозот;

• г) надворешните фактори што доведуваат до влошување во односите на размената или имаат негативно дејствување на извозот, односно девизниот прилив и девизните резерви.

• Glava 12• Сметководство на националниот доход и билансот на плаќањата• Преглед• Национално штедење, инвестициите и тековната сметка;• Сметките на билансот на плаќањата.• Увозот и извозот како процент од БДП• Потрошувачката и расходите во една отворена економијаCA = EX – IM = Y – (C + I + G )

Page 18: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Кога производството е > од домашната потрошувачка , извозот е > од увозот: тековната сметка > 0, трговската сметка > 0;

Кога земјата извезува повеќе отколку што увезува, таа заработува повеќе доход од извозот отколку од што троши на увоз;

Нето странската вредност се зголемува; • Кога производството < домашна потрошувачка, извозот < увозот: тековната

сметка < 0, трговскиот биланс < 0; Кога земјата извезува помалку отколку што увезува, таа заработува

помалку доход од извозот отколку што троши на увозот; Нето странската вредност се намалува.

•Тековната сметка на САД како процент од БДП,1960–2004

• Тековната сметка на САД, 1960–2004• Тековната сметка на САД и нето странското богатство, 1977–2003• Националното штедење и тековната сметка• Националното штедење (S) = националниот доход (Y) што не е потрошен на

потрошувачка (C) или државна потрошувачка (G);• Y – C – G • (Y – C – T) + (T – G) • Sp + Sg = S

• Како е тековната сметка поврзана со националното штедење?CA = Y – (C + I + G )

поgразбира CA = (Y – C – G ) – I

= S – IТековна сметка = национално штедење – инвестицииТековна сметка = нето странски инвестиции • Земја што увезува повеќе од што извезува има ниско национално штедење

во однос на инвестициите. • Како е тековната сметка поврзана со националното штедење?

(продолжение...)CA = S – I или I = S – CA • Земјите можат да ги финансираат инвестициите или со штедење или преку

здобивање со странски средства еднакви на дефицитот во тековната сметка; Дефицитот во тековната сметка подразбира прилив на странски

капитал или негативни нето странски инвестиции;• Кога S > I, тогаш CA > 0 и нето странските инвестиции и одливите на

финансиски капитал за домашната економија се позитивни. • Како е тековната сметка поврзана со националното штедење? (продолж.)CA = Sp + Sд – I

= Sp – државен дефицит – I• Државниот дефицит значи негативно државно штедење;

Еднакво на G – T • Висок државен дефицит предизвикува, сето останато еднакво, негативна

тековна сметка . • Инверзна врска меѓу државното штедење и тековната сметка? • Сметките на билансот на плаќањата• Сметките на билансот на плаќањата спрема приходите од странците;• Секоја меѓународна трансакција влегува во сметките два пати: еднаш како

кредит (+) и еднаш како дебит (-).

• Сметките на билансот на плаќањата (продолжува...)• Сметките на билансот на плаќања се состојат од 3 главни сметки:

Page 19: 0. Bilans Na Plakanje Word

Тековната сметка: сметки на текови на добра и услуги (увоз и извоз); Финансиска сметка: сметки на текови на финансиски средства

(финансиски капитал); Капитална сметка: текови на специјални категории на средства

(капитал), најчесто непазарни, нематеријални средства, како отпишување на долгови, авторски права и заштитни мерки.

• Примери на сметки на биланс на плаќања• Увезувате DVD од Јапонски производител со користење на вашата дебитна

картичка; • Јапонскиот производител ги депонира средствата во неговата банка во Сан

Франциско, тој купува американско средство (банкарски депозит), а банката продава средство;

• Примери на сметки на биланс на плаќања (продолжува...)• Инвестирате на јапонската берза со купување $500 акции на Сони; • Сони ги депонира вашите средства на неговата сметка во банката во Лос

Ангелес. Банката продава американско средство (банкарски депозит).• Примери на сметки на биланс на плаќања (продолжува...)• Американската банка отпишува долг од $100 M на владата на Аргентина со

реструктуирање на долгот; • Американската банка која го држи долгот го намалува истиот, со што се

намалуваат американските средства во странство.• Како се врамнотежуваат сметките на билансот на плаќања?• Поради двојниот влез на секоја трансакција, сметките на билансот на

плаќања ќе се врамнотежуваат според следнава равенка: тековна сметка +

финансиска сметка + капитална сметка = 0

• Сметки на билансот на плаќања • Секоја од трите 3 пошироки сметки понатаму подетално се поделени:• Тековна сметка: увоз и извоз

Трговија (стоки како DVD); Услуги (плаќања за услуги, транспорт, туризам и сл.); Доходни примања (плаќања по основ на камати и дивиденди,

заработувања на фирми и работници во странски земји);• Тековна сметка: нето унилатерални трансфери

Подароци (трансфери) меѓу земји, кои не се поврзани со купување на стоки, услуги или средства.

• Сметка на билансот на плаќање• Сметки на билансот на плаќања (продолжение...)• Капитална сметка: вклучува трансфери на специјални средства, за САД ова

е незначителна сметка.

• Сметки на билансот на плаќања (продолжение...)• Финансиска сметка: разлика меѓу продажби на домашни средства на

странци и купувања на странски средства од домашни граѓани;• Финансиски (капитален) прилив

Странците позајмуваат средства на домашни граѓани преку купување домашни средства;

Домашни средства продадени (во сопственост) на странци се кредит (+);

• Финансиски (капитален) одлив Домашни граѓани позајмуваат средства на странци преку купување на

странски средства;

Page 20: 0. Bilans Na Plakanje Word

Странски средства купени од (во сопственост на) домашни граѓани се дебит (-).

• Сметки на билансот на плаќања (продолжение...)• Финансиската сметка има најмалку три категории:

Официјални (меѓународни) резервни средства; Други средства; Статистичка грешка (разлика).

• Сметки на билансот на плаќања (продолжение...)• Статистичка разлика

Податоците за трансакциите можат да дојдат од различни извори кои се разликуваат во опфатот, прецизноста и времето;

Оттаму сметките на билансите на плаќања ретко се избалансирани во практиката;

Статистичката грешка е сметката додадена или одземена од финансиската сметка за да се избалансира со тековната и капиталната сметка.

• Сметки на билансот на плаќања (продолжение...)• Официјални (меѓународни) резервни средства: странски средства држани

од централната банка за превенирање од нестабилност на меѓународните пазари;

• Средствата вклучуваат државни обврзници, валути, злато и сметки кај Меѓународниот монетарен фонд.

Официјалните резервни средства во сопственост на (продадени на) странски централни банки се кредит (+);

Официјалните резервни средства во сопственост на (купени од) домашната централна банка се дебит (-).

• Сметки на билансот на плаќања (продолжение...)• Негативната вредност на официјалните резервни средства се нарекува

биланс на официјални порамнувања или “биланс на плаќања”; Претставува збир на тековната сметка, капиталната сметка,

неразвиениот дел од финансиската сметка и статистичката грешка; Негативен официјален биланс на плаќања може да иницира дека

земјата ги троши (намалува) своите официјални меѓународни средства или го зголемува долгот спрема странските централни банки;

Продавањето странска валута од домашната централна банка и купувањето домашни средства од странските централни банки се кредити за официјалните меѓународни резервни средства, и оттаму го намалуваат билансот на официјални порамнувања.

• Сметки на билансот на плаќања на САД 2003 во милијарди долари• Сметки на билансот на плаќања на САД 2003 во милијарди долари

(продолжува...)• Сметка биланс на плаќања на САД во 2007. (во милиони $)• Сметка на билансот на плаќања на САД во 2007. (во милиони $)• Компоненти на финансиската сметка на САД

во 2007. (во милиони $)• Приватни текови во Финансиската сметка на САД во 2007. (во милиони$)• Сметки на билансот на плаќања на САД• САД имаат најнегативно нето странско богатство во светот и оттаму се

најголемата должничка нација во светот; • Нивниот дефицит во тековната сметка во 2004 година беше 670 милијарди $,

така нето странското богатство продолжува да опаѓа; • Вредноста на странските средства држани од САД од 1980 се зголеми, но

обврските на САД (долгот држан од странците) се зголемуваа побрзо.• Сметки на билансот на плаќања на САД (продолжува...)

Page 21: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Сметки на билансот на плаќања на САД (продолжува...)• Околу 70% од странските средства држани од САД се деноминирани во

странски валути и скоро сите обврски (долг) на САД се деноминирани во долари;

• Промените во девизниот курс влијаат врз вредноста на нето странското богатство (бруто странските средства минус бруто странските обврски);

Депрецијацијата на САД доларот ги прави повеќе вредни странските средства држани од граѓаните на САД, но не ја менува доларската вредност на долгот деноминиран во САД долари.

• Заклучок• GNP на земјата е приближно еднаков на доходот заработен од нејзините

фактори на производтсво;• Во отворена економија, GNP е еднаков на збирот од потрошувачката,

инвестициите, државната потрошувачка и тековната сметка; • GDP е еднаков на GNP минус нето доходи од фактори од странство. GDP

го мери аутпутот произведен во границите на земјата. • Заклучок (продолжение...)• Националното штедење минус домашните инвестиции се еднакви на

тековната сметка (≈ извоз минус увоз);• Тековната сметка е еднаква на нето странските инвестиции на земјата

(нето одлив на финансиски средства);• Сметките на билансите на плаќања ги евидентираат тековите на стоки и

услуги и тековите на финансиски средства меѓу земјите;• Има три основни дела (сметки): тековна сметка, финансиска сметка и

капитална сметка;• Тековите на добра и услуги се евидентираат во тековната сметка,

тековите на финансиски средства се евидентираат во финансиската сметка.

• Заклучок (продолжение...)• Официјалните меѓународни резервни средства се компонента на

финансиската сметка која ги евидентира официјалните средства држани од централните банки;

• Билансот на официјални порамнувања е негативната вредност на официјалните меѓународни резерви и ја покажува релативната вредност на странските средства кои ги држи централната банка во однос на домашните средства на странските централни банки;

• САД се најголемата должничка нација и нивниот надворешен долг продолжува да се зголемува затоа што нивната тековна сметка продолжува да биде негативна.

• Шема на билансот на плаќања• Проф. д-р Ристо ФОТОВ• Шема на БП• Официјалните БП се изработуваат според шема и методологија што ја

пропишува ММФ;• Додека презентациите за внатрешните политички и економски намени можат

да се даваат и во нешто послободна форма.• Биланс на плаќања• На левата страна од билансот на плаќања се бележат кредитните ставки;• На десната страна се бележат дебитните ставки, што значи тие

предизвикуваат некое давање во странство;

Page 22: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Заради двојното книжење на секоја трансакција, извозот ќе се јави како реална трансакција на кредитната (левата) страна, а девизите примени за тој извоз ќе се јави на дебитната (десна) страна.

• Биланс на плаќања/2• Ако стоката е извезена на кредит, на кредитната (левата) страна ќе се јави

зголемување на побарувањата (под претпоставка тоа побарување да не е наплатено до крајот на годината);

• Ако, пак, е одобрен долгорочен заем на странство зголемувањето на побарувањата се јавува на десната страна, а за девизите што се дадени за тоа ќе се намали краткорочното побарување на левата страна;

• Врз основа на ваквото евидентирање, секој БП нужно се израмнува и тоа ex post израмнување е теоретски постулат на секој БП како статистичка категорија;

• Проблеми на израмнување кај БП• Два проблема: 1. Прв проблем- како да се бележат трснакциите каде што постои работа

(чинење) само од едната страна како што се лукративните трансакции (наследства, подароци, иселенички дознаки, репарации, пензии и сл.);

- Во таков случај книжењето на реалната трансакција се книжи на соодветната страна, пример, плаќањето на репарации во стока како извоз на левата страна, иселеничката дознака како зголемуање на девизите кај некои странски банки на десната страна, додека на спротивната страна во посебен отсек “трансферни плаќања” во исти износи се книжат насловите како “репарации”, “иселенички дознаки”, “наследства” итн.

• Проблеми на израмнување кај БП/2• Ако и покрај тоа се јават несогласувања во вид на некое салдо ( кои, покрај

најобичните грешки или пропусти) можат да се јават и поради тоа што трансакциите на краткорочниот капитал се бележат на нето основа), во тој случај т.н. втор проблем се реашава на тој начин што поради израмнувањето на соодветната страна се наведува позицијата под насловот “грешки и пропусти”.

• Делови кои го сочинуваат првиот дел на БП• а) трговски биланс;• б) биланс на услуги;• в) биланс на движење на населението, каде влегуваат приходите и расходите

што се реализраат од туризмот, иселеничките дознаки итн.;• г) биланс на државните приходи и расходи, каде се евидентираат издатоците

што ги чинат владите и другите административни институции во врска со издржување на амбасади, пратеништва, конзулати;

• Делови кои го сочинуваат првиот дел на БП/2• д) биланс на приходите и расходите во службата на заеми, каде што во

активната страна се бележат приходите што произлегуваат од кредитите дадени во странство, а на пасивната страна се евидентираат расходите што ги плаќа земјата во врска со земените заеми од странство;

• Несомнено, во билансот на тековните трансакции влегува вкупниот трговски биланс- што значи вкупните движења на општествениот производ помеѓу домашното стопанство и стопанствата на земјите во светот.

• Делови кои го сочинуваат вториот дел на БП• Овој дел ги опфаќа трансакциите на меѓународното финансирање и

движењето на монетарното злато и се нарекува биланс на меѓународното финансирање, односно сметка на капиталот и монетарното злато;

• а) биланс на краткорочни заеми;• б) биланс на долгорочни заеми;• в) биланс на економската помош;

Page 23: 0. Bilans Na Plakanje Word

• г) биланс на репарациите и реституциите;• д) биланс на купувањето и продавањето на монетарното злато.• Биланс на краткорочни заеми• Ги опфаќа сите краткорочни извозни и увозни кредити, а исто така и салдото

по крилиншките сметки.• Биланс на долгорочни заеми• Ги опфаќа на активната страна сите долгорочни заеми што ги примала

земјата, а на пасивната страна сите долгорочни заеми дадени на други земји.• Биланс на економската помош• Се бележат сите облици на економска помош без оглед дали се работи за

помош од јавен или приватен карактер.• Биланс на репарациите и реституциите• Влегуваат надоместоците за направената штета, исто така и сите реституции

(враќање на тоа што определени странки го примиле по основ на правен основ без важност, пример, враќање на повеќе уплатена царина, на повеќе уплатен данок, итн.).

• Биланс на купувањето и продавањето на монетарното злато• Ги опфаќа сите купувања на злато и девизи за зголемување на резервниот

фонд на домашната емисиона банка, односно продажбата на злато и девизи од резервниот фонд на емисионата банка.

• Шема на БП• 1. Извоз на стоки;• 2. Увоз на стоки;• 3. Салдо на стоковната размена;• 4. Извоз на услуги;• 5. Увоз на услуги;• 6. Нето надомесоци;• 7. Нето доход од инвестиции;• 8. Салдо на невидливи нешта= 4-5+6+7• 9.Салдо на стоки и услуги= 3+8• Шема на БП/2• 10. Нето дознаки на работници;• 11. Нето странска помош;• 12. Унилатерални трансфери= 10+11;• 13. Салдо на тековна сметка= СА=3+8+12;• 14. Бруто директни инвестиции од странство во земјата;• 15. Бруто директни инвестиции од земјата во странство;• 16. Бруто портфолио инвестиции од земјата во странство;• Шема на БП/3• 17. Бруто портфолио инвестиции од земјата во странство;• 18. Салдо на долгорочната каматна сметка = 14-15+16-17;• 19. Краткорочни текои на капитал кон земјата;• 20. Краткорочни текови на капитал кон странство;• 21. Салдо на краткорочната капитална сметка= 19-20;• Шема на БП/4• 22. Салдо на капиталната сметка КА=18+21;• 23. Грешки и пропусти;• 24. Вкупно салдо =13+22;• 25. Салдо на официјалната сметка за интервенции (нето-продажба на

девизи) (OFF);• Напомена: BP(биланс на плаќања) = CA+KA+OFF• Агрегатниот приказ на БП

(според четвртото издание на прирачникот)• А. Тековна сметка (без групата F):

Page 24: 0. Bilans Na Plakanje Word

1. Стоковна размена: извоз f.o.b 2. Увоз c.i.f; 3. Останати добра, услуги и доход (прилив); 4. Останати добра, узлуги и доход; 5. Вкупно: стоки, услуги и доход; 6. Приватни еднострани трансфери; 7. Вкупно (без официјални еднострани трансфери); 8. Официјални еднострани трансфери.

• Агрегатниот приказ на БП(според четвртото издание на прирачникот)/2

• Б. Директни инвестиции и останати долгорочен капитал (без групата од F до H):

• 9. Директни инвестиции;• 10. Портфолио инвестиции;• 11. Останат долгорочен капитал;• 12. Вкупно групите А и Б.• Агрегатниот приказ на БП

(според четвртото издание на прирачникот)/3• Ц. Останат краткорочен капитал (без групата од F до H):• 13. Домашни официјални резиденти;• 14. Деловни (депозитни) банки;• 15. Останати сектори.• Агрегатниот приказ на БП

(според четвртото издание на прирачникот)/4• Д. Нето грешки и пропусти:• 16. Вкупно, група A до Д;• 17. Монетизација/ демонитизација на злато;• 18. Алокација/ гаснење на специјални права на влечење;• 19. Промени во вредноста на резервите;• 20. Вкупно, групите А до Б.• Агрегатниот приказ на БП

(според четвртото издание на прирачникот)/5• Ф. Искучително финансирање Вкупно А до Ф;• Г. Обврски што претставуваат девизни резерви на монетарните власти на

други земји;• 21. Вкупно А до Г;• Х. Вкупна промена на резервите;• 22. Монетарно злато;• 23. СПВ;• 24. Резервна позиција кај ММФ;• 25. Девизни резерви;• 26.Останати побарувања;• 27. Користење на кредити на ММФ.

• МЕЃУНАРОДНИ ЕКОНОМСКИ ТРАНСКАЦИИ• Проф. др Ристо ФОТОВ• ЧЕТИРИ ОСНОВНИ ГРУПИ ЕКОНОМСКИ ТРАНСАКЦИИ• Меѓународно движење на стоки, вклучувајќи ја и долгорочната

производствена кооперација и деловнотехничката соработка;

Page 25: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Меѓународното движење на услуги;• Меѓународно движење на пари и капитал, вклучувајќи ги и директните

вложувања;• Меѓународниот трансфер на технологија; и • Меѓународното мигрирање на работна сила.• ДОМИНАНТНОСТА НА ОДДЕЛНИ ЕКОНОМСКИ ТРАНСАКЦИИ ВО ОДДЕЛНИ

ПЕРИОДИ• Од самите почетоци на меѓународната размена, па до средината на 19 век,

доминирале економски трансакции како што е меѓународното движење на стоките и услугите врзани за нив (на пример: транспортот, шпедицијата и осигурувањето, манипулацијата и складиштењето на стоките);

• Од средината на 19 век, доминантни стануваат економските трансакции од видот на меѓународното движење на паричниот капитал;

• Практично, приматот во меѓународната размена и меѓународната поделба на трудот во последното столетие им припадна на земјите што се носители на меѓународно движење на капитал во вид на странски директни инвестиции и на трансферот на технологија.

• Меѓународно движење на стоки (добра)• Увоз – дел од националната потрошувачка (машини и опрема, суровини,

стока за шриока потрошувачка) која се задоволува со купување на странска стока;

• Извоз- претставува дел од националното производство кој се продава на странските субјекти (нерезиденти) со цел задоволување на одредени нивни потреби;

• Надворешна трговија ги корегира потребите, овозможува тие да се задоволуваат покомплексно и под поповолни услови, како и домашните производи на разни земји да стигнат на светскиот пазар. Увоз и извоз се два меѓусебно зависни пола на иста целина- економски односи со странство;

• Комплементарност на странското производство и домашната потрошувачка (увоз) и домашното производство и странската потрошувачка (извоз).

• ИЗВОРИ НА ПОДАТОЦИ ЗА СТОКОВНИОТ ИЗВОЗ• Два основни извора: 1. Царински извештаи составени врз основа на извозните декларации во кои се

евидентираат стоките што го напуштаат националното царинско подрачје; 2. Извештаи на деловните банки за финансиските траснакции на претпријатието

со странските партнери забележани во трговскиот биланс на земјата врз основа на извоз на стоки од националната економија.

• МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕСМЕТКА НА ВРЕДНОСТА НА ИЗВЕЗЕНИТЕ СТОКИ• Вредноста на извезените стоки се пресметува без додавање на трошоците за

траснпорт и осигурување на фактурната вредност на стоката, поточно според принципот ФОБ (free on board) или ФАС ( free along shipside);

• Всушност станува збор за примена на т.н. ИНКОТЕРМС- термини што вообичаено се применуваат во меѓународната размена за да се појасни на кој начин е пресметана цената на стоките што се предмет на меѓународна размена.

• ПРИМЕНА НА ИНКОТЕРМС• Во случај на извоз на стоки, според меѓународните правила за употреба на

ИНКОТЕРМС, цената на извезените стоки се пресметува со вклучување на транспортните и на трошоците за осигурување до моментот на товарењето на стоките во транспортното средство (камион или брод);

• За избегнување на разликите и добивање на покомплетна база на податоци, прифатено е извозната цена пресметана според ФОБ да биде изразена во американски долари.

• КАЛСИФИЦИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ НА СТОКИ

Page 26: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Според Стандардна меѓународна трговска класификација- СМТК (Standard International Trade Classification- SITC), воведена од страна на Статистичката канцеларија на Обединетите нации (УНСО);

• Според оваа класификација постојат неколку групи на стоки наменети за извоз, и тоа: 1. гориво, минерали и метали; 2. други примарни стоки; 3. машини и транспортна опрема; 4. други производи и 5. предива, текстил и облека, а на страната на увоз според оваа метода е: 1. храна; 2. гориво; 3. други примарни стоки; 4. машини и транспортна опрема и 5. други преработени производи.

• Други бази на податоци за извоз на стоки во светот• Најкомплетна база на податоци за извозот на стоки во светот е базата

на КОМТРЕЈД од составот на УНСО;• Оваа база на податоци се дополнува со податоци од базата за состојбата на

билансот на плаќањата на земјите во светот што ја изработува ММФ;• Во меѓународната статистичка практика многу почесто се применува т.н.

Бриселска номенклатура, која стоките ги евидентира во 10 класи и тоа: (0) храна; (1) тутун и пијалоци; (2) сурови горива; (3) минерални горива и масла за подмачкување; (4) растителни и животински масла и масти; (5) хемиски производи; (6) производи класифицирани според видот на обработуваниот материјал; (7) машински и транспортни средства; (8) разни готови производи; (9) други стоки.

• Карактеристиката на т.н. Бриселска номенклатура• За разлика од УНСО класификација, која врши различно групирање на

стоките на увозот од таа на страната на извозот, оваа класификација ги има истите десет ставки и на увозната и на извозната страна.

• Искажување на вредноста на увезените стоки• Вредноста на увезените стоки се искажува врз основа на методата ЦИФ (cost,

insurance and freight), што значи, на фактурната вредност на увозните стоки се додаваат трошоците за превоз и за осигурување на стоката до увозното пристаниште или до копнената граница на земјата-увозник;

• Заради споредливост на податоците помеѓу одделни земји, вака утврдената цена на стоките се изразува во американски долари.

• Евиденција и пратење на надворешнотрговскиот стоковен промет на примерот на заедничката царинска тарифа на ЕУ (CET)

• CET е составена од вкупните царини кои се применуваат на увозот на територијата на Заедницата за производи со потекло од трети земји. Таа ги заменува националните тарифи;

• Содржина на заедниката царинска тарифа CET- «Комбинирана номенклатура (CN) со царинска стапка и останати оданочувачки елементи и тарифни мерки содржани во Интегрираната тарифа на Европските заедници (TARIC), како и во останатите комунитарни одредби;

• Комбинирана номенклатура (CN) содржи мошне прецизни листи на сите видови стоки кои можат да влезат на теритоијата на Заедницата (околу 5000 групи производи, во 98 поглавја, речиси 10.000 тарифни линии) и овозможува одредување на царина со оглед на предвидената стапка за секоја категорија на производ;

• CN се состои од:• Царинска номенклатура на Хармонизираниот систем (HS - Harmonized

Commodity Description and Coding System - систем на меѓународни норми со име и броеви на стока која се разменува под покровителство на Светската царинска организација (WCO) – 6 броеви;

• Комунитарните поднаслови (Комбинирана номенклатура) во согласност со HS номенклатура, т.е. «CN поднаслови», 6 броја HS + 2 CN, и

Page 27: 0. Bilans Na Plakanje Word

3. Прелиминарни одредби, додатни забелешки во деловите или поглавијата, фуснотите поврзани со поднасловите на комбинираната номенклатура (CN).

• Конкуренти и комплементарни стоки• Стоките кои се предмет на еѓународна размена се делат на конкурентни и

комплементарни во зависност од тоа дали тие се разменуваат под влијание на разликата во трошоците, (цени) и други услови на купорподажба, или се работи за неможност да се разменат одредени стоки при задоволување на некои потреби;

• Кај конкурентната надворешна трговија се работи за иста или слична стока која истовремено ја произведуваат повеќе производители и со неа кај одреден купувач на пазарот се појавува под различни услови на продажба, при што на пазарот победува најконкурентниот. Тие производи можат меѓусебно да се супституираат;

• Кај комплементарната надворешна трговија се работи за извоз и увоз на производи кои се или не произведуваат во земјата или не се произведуваат во доволни количини, па можноста за замена на увозот со домашно производство е мошне ограничена.

• Концентриран и дисперзиран извоз• Концентриран извоз ги намалува извозните трошоци, повеќе значи за

поедини партнери и полесно се води трговска политика. Концентрираниот извоз е секогаш проблем, ако се работи за монокултурни стпоанства, меѓутоа, препорачлив е доколку се работи за диверсифицирана стопанска структура и носечки индустриски производи со висока преработка и висок обем во извоз, со кој оди, како дополнителен, и цела низа на други производи;

• Кај дисперзиран извоз се работи за маргинални продажби на голем број производи, голем број на странски купувачи, полесно се освојуваат странските пазари, но извозната земја ни нејзините субјекти за никој ништо многу не значат, преговарачката позиција на извозникот е слаба, а трошоците на извозот се огромни.

• Три основни облици на увоз и извоз на стоки1. Редовен ( слободен ) извоз и увоз – извозот и увозот меѓусебно регионално и

временски се одвоени. Купувачот купува слободно каде може најефтино да купи, а продава таму каде може да продаде најповолно;

2. Врзани работи (специјални надворешнотрговски аранжмани кај кои извозот е врзан за увозот или обратно, како што се:

– Компензациони, вклучувајќи паралелни работи;– Работи за доработка, обработка и преработка;– Реекспротни и транзитни работи;– Лизинг аранжмани (привремен увоз на изнајмена опрема со надомест) и

франшизинг работи (франшизинг претставува континуирана соработка во рамките кои франшизерот дава право на франшизантот за продажба на негов производ (услуга) и му помага во организацијата, обучувањето, маркетингот и управување под одредена надокнада од страна на франшизантот;

– Саемски и компензациони аранжмани;– Малограничен и соседски прекуморски промет и– Клириншки аранжмани;

3. Долгорочна производствена кооперација и деловнотехничка соработка (често и преку проектен пристап за изградба на големи инфраструктурни

Page 28: 0. Bilans Na Plakanje Word

проекти, овде спаѓаат и BOT аранжмани, временско користење на објектите – time shering (туризам).

• Кои земји се поефикасни во меѓународната размена?• Тоа се земјите со поголемо учество на стоки од производствата во кои е

вклучена висока технологија и висок степен на финализација на производите, на страната на извозот, и поголемо учество на стоки со низок степен на обработка (поточно на стоки од примарните индустрии и од земјоделското производство) на страната на увозот.

• Мерки за мерење на ефикасноста на меѓународната размена• Се користат и различни видови коефициенти за мерење на ефикасноста на

меѓународната трговија;• Еден од нив е Гини-Хиршмановиот коефициент кој го покажува степенот на

концентрација на извозот на една земја во определен временски период;• Формула според кој се пресметува овој коефициент: C=Hij/xj * 100• C- коефициент на концентрација на извозот на производи;• Hij- обем на извоз на некој производ i од земјата ј;• xj – обем на вкупниот извоз на земјата ј во определен временски период.• Дефинирање на вредноста на Гини-Хиршмановиот коефициент • Максимална вредност на овој коефициент е 100;• Земја што има коефициент 100 значи дека таа има неповолна извозна

структура, затоа што ова покажува дека таа е ориентирана кон извоз на само еден производ;

• Колку што е пониска вредноста на овој коефициент, толку извозната структура на земјата е подиференцирана;

• Но и преголемата диференцираност на извозната структура на земјата има недостатоци.

• На што упатува преголемата диференцираноста на извозната структура на земјата?

• Тоа укажува на фактот дека земјата има голем број на маргинални продажби на различни и на географски одалечени пазари во светот;

• Тоа значи дека извозната структура на земјата е премногу дисперзирана, што од своја страна води кон повеќекратно зголемување на извозните, а во нивни рамки особено на транспортните трошоци.

• Меѓународен промет на услуги• Материјални услуги се тие од кои настанува некое ново добро (материја), на

пример, градежни услуги, штампарски услуги (настанува книга), научни услуги (настануваат студии и проекти);

• Нематеријални услуги се т.н. невидливи услуги кои се завршуваат и притоа нестануваат (банкарство, осигурување, сообраќај, трговија, туризам, шпедиција, државни услуги и сл.).

• Видови услуги во меѓународната размена• Меѓународен траснпорт на стоки, патници и пренос на пошта и вести;• Меѓународна шпедиција; • Контрола на квалитет и квантитет на стоката; • Меѓународни банкарски услуги; • Меѓународно осигурување; • Туристички услуги;• Изведување на градежни работи во странство;• Услуги на трговијата (посредување, застапување, комисион, слободни

царински продаввници – free shops),• Услуги од маркетинг, реклами и пропаганда;• Информативни и штампарски услуги;• Научно-истражувачки и развојни услуги; • Калкулаторски софтвер, одиторски и адвокатски услуги;

Page 29: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Услуги од областа на здравството, образованитео, културата и спортот; • Државни услуги (судови, пасоши, визи, лични карти, пријава и одјава на

престојувалиште, лотарија и други игри на среќа и сл.);• Останати услуги.• Продолжение...1• Според мултилатералната спогодба за трговија со услуги на Светската

трговска организација, позната уште под кратенката ГАТС, услугите во меѓународниот промет може да се групираат во 4 различни категории на услуги, и тоа:

• 1. Прекугранично обезбедување услуги;• 2. Трошење на услуги во странство;• 3. Комерцијално присуство;• 4. Движење на индивидуи.• Меѓународно движење на капитал• Во рамките на меѓународната размена, освен движењето на различни видови

стоки и услуги, можно е и движење на одделни фактори на производство;• Додека меѓународната трговија овозможува надоместување на разликите во

снабдувањето, поточно во богатството со одделни фактори на производство, меѓународното движење на факторите на производство ја намалува ваквата разлика.

• Меѓународно движење на капитал...1• Меѓународната трговија и меѓународното движење на факторите на

производство овозможуваат во изедначување на достапноста на различните видови на производи во светот, и со тоа да влијаат на намалување на трошоците на производство и зголемување на животниот стандард на земјите што се јавуваат како активни учеснички во меѓународната размена.

• Основни мотиви за движење на факторите на производство• Максимализација на профитот и ефикасноста во работењето;• Ова особено се однесува на мотивите што го поттикнуваат меѓународното

движење на паричниот капитал.• Облици на меѓународно движење на капиталот• Паричен облик на меѓународно движење на капиталот;• Трансфер на технологија.• МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛОТ• Под меѓународно движење на капиталот подразбираме трансфер на

реални и финансиски средства од една земја во друга, безконтра трансфер за одредено време, а со цел остварување на економски ( и политички интереси) на учесниците во тој трансфер;

• Општо познато е дека приватниот капитал се пласира спрема економските интереси – мотиви, а јавниот капитал врз основа на пошироки општествени (социјални), како и политичките интереси;

• Главните инвеститори на меѓународниот капитал се мултинационалните компании, комерцијалните банки, државата и институционалните фондови;

• Спрема давателот на средства (извозник на капиталот), капиталот се дели на приватен и јавен. Приватниот капитал го пласираат мултинационалните компании и банки, а јавниот државата, државни фондови и меѓународните финансиски институции;

ОБЛИЦИ НА МЕЃУНАРОДНОТО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛОТ:• Странски директни инвестиции;• Странски портфолио инвестиции (пазар на капитал); и

Page 30: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Заеми и кредити (ги дават банките и меѓународните финансиски институции).

• Меѓународно движење на паричен капитал• Паричниот капитал во меѓународните економски трансакции може да се јави

во вид на:• Кредити; или• Сопственички влог во странски фирми;• Меѓународните кредити можат да бидат одобрени од јавни или приватни

извори;• Кредитите од јавните извори обично се одобруваат под поповолни услови, со

пониски каматни стапки и на подолг рок од тие од приватни извори;• Вложувањето во сопственоста на странските фирми можат да се извршат во

две форми: 1. како портфолио и 2. како странски директни инвестиции.• Портфолио инвестиции• Овој облик на меѓународно движење на капиталот доминирал како форма во

минатиот век;• Најголеми извозници на капитал во минатиот век, Англија и Франција, многу

ретко извезувале капитал во портфолио форма. Уште тогаш тие ги вложувале своите средства во вид на странски директни инвестиции;

• Овој вид (странски директни инвестиции) на меѓународно движење на капиталот земало замав по завршување на Втората светска војна, а набргу потоа стана негова доминанатна форма.

• Мотивите за странски директни инвестиции• Во современата економска литература доминираат сфаќањата дека овој вид

вложувања според мотивите може да се поделат во 4 основни групи: 1. СДИ во потрага по ефтини ресурси; 2. СДИ во потрага по нови пазари; 3. СДИ во потрага по поголема ефикасност во работењето ( за остварување

економија на обем) и 4. СДИ во потрага по стратешки добра.• Современите теории и СДИ• Традиционалните теории за меѓународното движење на капиталот сметаат

дека секоја земја зависно од своите компаративни предности треба да се определи или за стратегија на настап на странските пазари по пат на извоз на стоки и услуги или за стратегија на извоз на капитал;

• Наспроти тоа современите теории сметаат дека земјата може успешно да се вклопи во меѓународната поделба на трудот под услов активно да учествува и во првиот и во вториот вид на меѓународни економски трансакции;

• Ова поради фактот што странските инвестиции обезбедуваат повеќе предности за националната економија и тоа, не само во случај кога таа се јавува како извозник на капитал туку и во случај кога се јавува како увозник на капитал.

• Предностите од аспект на увозникот на капитал• Предностите се огледат во следните можности:• Зголемување на продуктивноста во веќепостојните производства во

земјата;• Освојување нови видови производства кои дотогаш не постоеле и немало

можност да бидат освоени и воведени во економијата;• Обезбедување полесен пристап до нови пазари и зголемување на

извозот;

Page 31: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Остварување на поефикасна алокација на расположливите ресурси во националната економија;

• Забрзување на техничките и на другите преструктуирања во производството со минимизирање на трошоците.

• Какви се реалните емпириски движења?• Реалните емпириски движења ги потврдуваат споменатите теоретски

претпоставки;• Имено, земјите што остваруваат најголемо учество во меѓународната

размена на стоки и услуги едновремено се и најголеми извозници на капитал во вид на СДИ во светот!!!

• Овде се вбројуваат високоразвиените западни земји, пришто доминантната позиција им припаѓа на САД, кои се соочуваат со остра конкуренција од страна на земјите од ЕУ и од Јапонија;

• Овие (развиените) земји не само што се најголеми извозници на капитал во вид на СДИ туку се и нивни наголеми увозници во светот;

• Исклучок од ова е Јапонија која е единствен нето-извозник на капитал во вид на СДИ,што се должи на рестриктивната практика на увозот на капитал во оваа земја.

• МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИЈАТехнологијата, за разлика од техниката која ги подразбира алатките, машините и

другата опрема за произаводство, подразбира знаење и начин на употреба на средствата во производството и во другите дејности што ги врши човекот.

• Меѓународен трансфер на технологија• Технолошките изуми се сведуваат на интелектуалната сопственост. Во делот

на интелектуалната сопственост (Copyright) спаѓаат авторските права и т.н. сродни права, тоа се дела на индустриска сопственост.

• РЕГИСТРАЦИЈА ( WIPO)• Патент претставува право кое се признава за пронајдок од било која област

на науката; • Постои т.н. мал патент односно технолошка иновација; • Жиг (brand) претставува симбол кој на потрошувачот му пренесува порака за

производот кој сака да го купи. Може да стане збор за, слоган, лого, боја, мирис или комбинација на боја и звукови. Со него се шири оригиналноста, идентитетот и квалитетот на производот. Стана нешто највредношто угледните фирми го поседуваат: Microsoft, Coca-Cola, Marlboro, McDonalds, Nokia, Sony;

• Географска ознака на потеклото, kaкo жиг, пренесува порака за квалитетот. Тие го запознаваат купувачот дека производот е произведен на одредено подрачје и дека потекнува од одреден локалитет (на пр. Вино „Champagne“ или „Qianti“, сирење „Roquefort“) и дека има специфични особини, по кои тој производ станува препознатлив;

• Индустриски дизајн опфаќа модели и примероци. Услов за нивно признавање и заштита дека е: биде нов, до тогаш непознат и неприменливи, и – имаат можност економски корисна примена во индустријата;

• Деловни тајни (know-how, konsalting) можат да бидат информации за нови производи– услуги, начин на организација и управување, маркетиншки стратегии, обука на кадри. Во себе често вклучуваат информации, цртежи,ЦД ромови, чипови за интегрирани кола, хемиски смеши, рецептури, биолошки материјал. Се додека не ги патентира сопственикот ги чува како деловна тајна, која мошне вносно ја претвора во пари (на пример производството на Coca-Cole уште се чува како строга деловна тајна).

• КАРАКТЕРОТ НА ПАЗАРОТ НА ТЕХНОЛОГИИ• Технологијата е фактор на производство што е меѓународно мобилен;

Page 32: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Но, пазарите на кои се појавува овој фактор на производство се организирани според принципот на несовршена конкуренција, односно тие имаат монополски карактеристики;

• Зошто?• Поради фактот што новите технолошки откритија обезбедуваат голема

предност за нивниот сопственик во поглед на достигнувањата на повисока продуктивност на дадениот вид на производство, го олеснуваат производниот процес, обезбедуваат креирање на нови производи кои дотогаш не биле познати, ги намалуваат трошоците по единица производ и ја зголемуваат конкурентната способност на фирмата.

• Конвенции за заштита на индустриската сопственост• Согледувајќи ги предностите кои ги носта новите технолошки пронајдоци,

индустриските земји уште во 19-от век пристапиле кон изготвување и потпишување на т.н. Конвенција за заштита на индустриската сопственост (Париз, 1883 година);

• Многу подоцна во 1974 година во Женева е основана Светската организација за заштита на интелектуална сопственост- WIPO ;

• Во најново време, земјите членки на Светската трговска организација потпишуваат посебна Спогодба за трговските аспекти на правата на интелектуалната сопственост (ТРИПС).

• МЕЃУНАРОДНА МИГРАЦИЈА НА РАБОТНА СИЛА• Меѓународна миграција на работна сила претставува вработување на

граѓаните од една земја во некоја странска земја, било да се работи за неможност за нејзино вработување во земјата, или пак за поповолни услови за вработување во странство (заработка и други услови).

• МЕЃУНАРОДНА МИГРАЦИЈА НА РАБОТНА СИЛА• Меѓународната миграција на работната сила била многу честа појава низ

историјата;• Може да се забележи дека некои од миграциите на работна сила имале

времен карактер, што значи дека по определен временски период работната сила се враќала назад во земјата од која потекнала;

• Во историјата се посочува таков пример на движење на работна сила е доаѓањето на италијанските мајстори и уметници на барање на рускиот цар Петар Велики во Русија заради изградба на градот Санкт Петерсбург;

• Пример од сегашноста е поканата на италијански архитекти и градежници што работат со украсен мермер во изградбата на нова џамија и во нејзин состав амам, во главниот град на Мароко.

• Миграции на работна сила од траен карактер• Најголемите миграции на работна сила обично имале траен карактер, со што

работната сила трајно се иселила од определена земја и се населила во некоја друга земја;

• Вакви се сите миграции поврзани со населувањето на “новите континенти”, Америка и Австралија;

• Движењето на активното невработено население од помалку развиените јужни и југоисточни делови на Европа, Средниот Исток и Азија кон земјите од Западна Европа е од понов датум ( после Втората светска војна и големите жртви).

• Ефектите од миграциите на работна сила• Миграциите на работната сила не мора секогаш да ја следат негативни

ефекти;• Оценувањето на ефектите подразбира да се определи квалификационата

структура на миграциниот бран;• Така во случај на одлив на неквалификувана работна сила, дадена економија

може да оствари и определени позитивни ефекти;

Page 33: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Имено, со ова во земјата се намалува притисокот на страната на понудата на работна сила и с еослободува еден дел од државниот буџет определен за финансирање на социјалните давачки.

• Ефектите од миграциите на работна сила...1

• Од друга страна, вработените граѓани во страство еден дел од својата заработувачка можат да ја испраќаат во својата татковина на своите блиски членови од семејството кои не емигрирале;

• Тоа практично претставува девизен прилив по основ на иселенички дознаки со што може да се оствари значаен прилив на тековната сметка од билансот на плаќањата на земјата;

• Сосема поинаков е случајот со одливот на висококвалификуваната невработена работна сила или т.н. човечки капитал, кој предизвикува трајна загуба како во тоа што се средствата инвестирани за негово формирање во стручњак во одредена област, а особено таквата загуба е поголема ако се има предвид дека трајна е загубата на таленти, вештини, иноваторска и креативна способност на овој кадар;

• Овој одлив не може да се евидентира со методологијата на билансот на плаќањата, но сосема јасно е дека последиците од него можат да претставуваат загуба од непроценливи размери за матичната земја.

• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА 2• Проф. д-р Ристо ФОТОВ• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА • Отворена економија• – Аспект на отвореност на пазарите на добра, односно можност

потрошувачите и производителите да изберат помеѓу домашните и странските добра;

• Под БП се подразбира: • – збир на сите економски тансакции на ена земја со странство во одреден

временски приод (по правило една година).• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/2 • БП подразбира биланс на сите примања и издавања кои настануваат врз

основа на вкупните економски трансакции со странство во даден веременски период:

• PB = X - M• – ПБ-биланс на плаќања на земјите;• – X-вкупни примања од странство по основ на извоз;• – M-вкупни обврски спрема странство по основ на увоз.• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/3 • а) Биланс на тековни трансакции; • – Тековен биланс го опфаќа трговскиот биланс како и биланс на сите

нестоковни траснакции; • б) биланс на капитални трансакции;• – Капитален биланс покажува како е покриен дефицитот на БП, односно за

што е употребен суфицитот. • БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/4 • Трговскиот биланс претставува салдо на плаќања по основ увоз на стоки и

наплата по основа на на извоз на стоки;• Всушност,• – тој покажува покриеност на увозот со извоз (дефицит или суфицит) во

одредена земја. • БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/5

Page 34: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Билансот на нестоковни траснакции опфаќа:• – биланс на услуги (туризам, сообраќај, осигурување, нето авторски права,

нето доход од инвестиции итн.) и• – Биланс на едностарни трансферни плаќања (исплати и уплати од буџетот

на ЕУ, нето работнички дознаки и нето меѓународна помош).• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/6• Биланс на размена на добра и услуги е еднаков на збирот:• – надворешнотрговскиот биланс; и• – билансот на нестоковна размена. • БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/7• Нето доход од инвестиции е разлика која резидент на дотична земја (X)

примаат од инвестиции на странски имот кој го држат, а странските резиденти примаат доход од инвестиции на земјата (X);

• Земјите меѓусебно примаат и даваат помош додека миграционите движења обезбедуваат нето работнички дознаки, што заедно ја прават големината на нето примените трансфери.

• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/8• Салдо на тековната сметка- тековен биланс (TБ) претставува збир на сите

плаќања помеѓу некои земји и остатокот од светот;• Сите ставки на тековниот биланс можат воопшто да се разгледуваат како• – трансакции на купопродажба на добра и услуги, вклучувајќи овде и услуги

на странски работници, капитал, know-how, меѓународна помош и др. • БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/9• Тековен биланс• TB = Y - (C + I + G) = Y - A• A= C+I+G ја дефинираме како апсорпција, односно како вкупна домашна

потрошувачка на добра и услуги (како домашни така и странски) кои трошет домаќинствата , претпријатијата и државата.

• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/10 • Тековниот биланс ни покажува дали земјата е:• – нето должник – дефицит на тековната сметка, кога повеќе троши од што

заработува (PB<0 и A>Y) земјата е нето должник, па разликата мора да ја покрие со позајмување од странство;

• – или нето доверител- суфицит во тековната сметка, кога земјата заработува (прозведува) повеќе од што троши (ПБ= Y–A>0) таа е нето доверител во однос на остатокот од светот.

• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/11 • Тековниот биланс ги одразува комерцијалните трансакции; • Потоа позади нив следат финансиските трансакции кои се одразуваат на

капиталната сметка (КС) подразбира дека нивниот збир по метководствените принципи мора да биде еднаков на нула.

• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/12 • Ако има суфицит на тековната сметка, • – станува збор за нето одлив на финансиски капитал спрема остатокот од

светот т.е. позајмување сопствени средства на остатокот од светот;• И обратно, ако имаме дефицит на тековниот биланс тогаш позајмуваме

средства од остатокот на светот, така што финансискиот капитал надоаѓа во земјата.

• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/13• Билансот на капитални трансакции опфаќа:• – долгорочен капитален биланс (бруто прилив и одлив на директни и бруто

прилив и одлив на портфолио инвестиции) и• – салдо на кракорочно движење на капитал (краткорочен прилив и одлив на

капитал).

Page 35: 0. Bilans Na Plakanje Word

• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/14 • Нето прилив на капитал (односно суфицит на капиталната сметка) би

требало да биде потполно еднаков на дефицитот на тековната сметка, на во стварноста тоа по правило не е така;

• Таа разлика помеѓу тековната и капиталната сметка– ја апсорбираат монетарните власти по пат на интервенции на девизниот пазар (ИДП).

• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/15• Тие отстапувања се нормална појава, па оттаму и називот статистички

несогласувања.• BP = TB+KB- IDT = 0• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/16• Во случај на дефицит во БП, покривањето е возможно од:• – домашни девизни резерви; или• – со задолжување во странство.• БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА/17• Понудата и побарувачката за валути зависи од побарувачката на стоките и

услугите помеѓу државите; • Зад секое купување или продавање на стоки и услуги кои се регистрираат во

БП, исто така е купување и продажба на валути; • БП ни покажува дали е дојдено до прилив или одлив на валути од земјите; • Промените во БП на земјата ја менуваат понудата и побарувачката за валути,

што битно го предодредува девизниот курс на земјата.• ИЗБОР ПОМЕЃУ ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ ДОБРА• Клучен момент во оваа втора одлука (да се купи домашни или странски

производи), е релативната цена на странските стоки и услуги во однос спрема домашните стоки и услуги. Таа релативна цена ја нарекуваме реален курс;

• Реален курс не може да се осети ниту да се прочита во дневната штампа; • Тоа што се наоѓа во штампата се номинални курсеви, односно релативни

цени на валутите.• ДЕВИЗЕН КУРС• Цена по која една национална валута се разменува за друга валута се

нарекува девизен курс или, попрецизно-,,номинален девизен курс,, и се означува со E.

• ДЕВИЗЕН КУРС/2• Во однос на девизниот курс, треба да се разликува девизен (валутен)

паритет, кој претставува официјално утврдена вредност на националната пара, изразена во некој пошироко прифатен именител:

• злато, специјални права на влечење (SDR), во некоја посилна илои стабилна валута и сл.;

• Во нормални прилики, девизниот курс се движи околу девизниот паритет, како основа.

• ДЕВИЗЕН КУРС/3• Со помош на девизниот курс се воспоставува врска помеѓу нивоата на цените

во земјата и странство. Така странските цени се пресметуваат во национална валута, а домашните цени се искажуваат девизно.

• Со други зборови, се споредуваат внатрешните и надворешните цени и се утврдува што треба да се извезува, а што да се увезува. На подолг рок, разликата во цените ја условуваат алокацијата на инпутите на произвдоството во националната економија што постигнува висок степен на ефикасност на стопанството.

• ДЕВИЗЕН КУРС/4• Курс меѓу доларот и еврото;

Page 36: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Курсевите помеѓу американскиот долар и европското евро како и други валути се менуваат секој ден, минута итн.;

• Тие промени ги нарекуваме номинални апресијации или номинални депресијации, или скратено, апресијација и депресијација.

• ДЕВИЗЕН КУРС/5• Апресијација на домашната валута претставува раст на цените на

домашната валута изразени во странска валута-што одговара на смалување на девизниот курс, E.

• ДЕВИЗЕН КУРС/6• Депресијација на домашната валута е смалување на цената на домашната

валута изразени во странска валута, што одговара на растот на девизниот курс E.

• ДЕВИЗЕН КУРС/7• -апресијацијата на доларот значи дека цената на американскиот долар

изразена во евра расте, односно дека цената на еврата изразена во долари паѓа, што претставува исто што кога би рекле дека курсот се смалил;

• -депресијација на доларот значи дека цената на американскиот долар во евра паѓа, одосно дека цената на еврата изразена во долари расте, што е исто како да се каже дека курсот се зголемил.

• ДЕВИЗЕН КУРС/8• Номинален курс - E, од гледиште на САД –Европа• Апресијација на американскиот долар:• Цената на американскиот долар изразена во евра расте- тоа е исто како,

цената на еврата изразена во американски долари паѓа: E↓• Депресијација на американскиот долар:• Цената на американскиот долар изразена во евра паѓа – тоа е исто како,

цената на еврата изразена во американски долари расте – тоа е исто како,• Номиналниот курс расте: E↑• ДЕВИЗЕН КУРС/9• Ревалвација и девалвација. Овие два термина се корситат кога земјата има

фиксен девизен курс (за што следува објаснување), односно систем во кој две или повеќе земји одржуваат константен девизен курс;

• Во таков систем, смалувањето на курсот, кој по самото поимање не е често, се нарекува ревалвација наместо апресијација;

• Наспроти тоа порастот на курсот се нарекува девалвација наместо депресијација.

• a) Девизен курс или цена на девизите зависи од односот:• Понуда и побарувачка во БП се осликува во вид на прилив или одлив на

девизи;• Во случај на деифицт на БП, побарувачката е повиоска од понудата, со што

и девизниот курс расте, и обратно;• – девизниот курс може да биде одреден со паритетот на каматните стапки на

внатрешниот и надворешниот пазар, регулативи на владите.• б) Улогата на пазарот при формирање на девизните курсеви• Ако количината на понудената валута ја премине побаруваната количина,

цената на таа валута (во однос спрема другата валута) ќе падне;• – На пример, ако понудата на доларот ја надмине побарувачката на доларот

цената на доларот, цената на доларот во евра може да падне, на пример, од 1,00 на 0,90;

• Ако количината на валутата која е нуди е помала од количината која се побарува, цената ќе порасне, на пример долар спрема евра, од 0,90 на 1,00.

• Девизен курс• На европјаните им се потребни долари од две причини:• a) за купување на увозни стоки и услуги од САД и

Page 37: 0. Bilans Na Plakanje Word

• б) за купување на финансиски активи во САД. • Со други зборови, побарувачката за долари во Европа зависи од

побарувачката за извоз на добра во САД во Европа и финансиска актива;• – При претпоставка дека сето ова добро функционира, и ако релативната

цена на доларот порасне од 0,90 на 1,00 евро за долар;• – Европјаните ќе мораат да дадат десет центи повеќе за секој долар, а тоа ќе

ја зголеми цената на американските стоки и услиги во евра;• – Последично, Европјаните ќе купат помалку американски стоки и услуги па

со самото тоа и помалку долари;• – тоа резултира во негативен нагиб на кривата на побарувачката за доалри

која е означена со D$1 на сликата 6-2, пано (a).• в) Државна интервенција на девизниот пазар• Првиот начин е одлука дали нивната валута ќе биде конвертибилна или

неконвертибилна;• – Конвертибилна валута е таа валута која луѓето можат слободно да ја

заменуваат за некоја друга валута; • Некои држави, меѓутоа, не дозволуваат на луѓето слободно да купуваат и

продаваат валути. Валутите на тие земји се конвертибилни валути.• в) Државна интервенција на девизниот пазар/2• Другиот начин на кој владите влијаат на девизниот пазар е купувањето и

продавањето на валути заради влијание на вредноста на сопствената валута;• – Ако владата купува и продава сопствена валута само да би го одржала

девизниот курс на однапред утврденото ниво, таа има фиксен девизен курс; • – Државата која дозволува пазарно потполно одредување на вреноста на

валуата има флексибилен девизен курс.• в) Државна интервенција на девизниот пазар/3• Измената на овие два екстреми е делумно флесксибилен девизен курс, и во

тој случај државата влегува на девизниот пазар за да би купила и продаде валута заради одржување на девизниот курс внатре во некој однапред утврдено ниво.

• РЕАЛЕН ДЕВИЗЕН КУРС ПАРИТЕТ НА КУПОВНИ СИЛИ• Девизниот курс прилагоден на разликите во нивоата на цените за стоки и

услуги помеѓу земјите економистите го нарекуваат реален девизен курс; • Реален девизен курс е релативна цена на странските стоки и услуги

изразени во домашни добра и услуги;• – Релативните цени претставуваат меѓуоднос на цените на едно добро во

однос на друго добро (т.е. колку автомобили можат да се добијат за 1 тон челик).

• Теорија на паритет на куповните сили• e = P/P*;• После агрегирањето на цените на индивидуалните проиаводи и услуги

во општо ниво на цените- индекс на цени (еднаш во домашни, а втор пат во странски цени), меѓусебниот однос на овие нивоа на цени дава паритет на куповна сила на националните валути во однос на валутата на друга земја .

• Теорија на паритет на куповните сили/2• Тероијата на паритет на куповни сили тврди дека износот на пазарните стоки

и услуги кои може да се купи за некоја валута (нејзината куповна сила) треба да биде еднаков во сите земји;

• закон на една цена станува паритет на куповна сила.• Теорија на паритет на куповните сили/3• Попрецизно, ПКС тврди дека девизните курсеви и/или цени ќе се

прилагодуваат така што пазарните стоки да се продаваат по иста цена;

Page 38: 0. Bilans Na Plakanje Word

• Кај реалниот девизен курс, ПКС тврди дека реалниот девизен курс земјите во кои се тргува со стоките ќе биде еднаков.

• РЕАЛЕН ДЕВИЗЕН КУРС• САД (долар ја разгледуваме како домашна валута), и ЕУ (евро го

разгледуваме како странска валута) – цена на европските добра (странски добра) изразена во американски долари (домашни добра);

• Да претпоставиме ЕУ произведува само едно gобро- Folksvagen, а и САД произведеува само едно добро -Krajsler (ова е една од претпоставките која не е врзана за стварноста, но во објаснувањето ќе се приближиме на реалноста).

• РЕАЛЕН ДЕВИЗЕН КУРС/2• Во првиот чекор цената на Folksvagen ќе ја изразиме во евра и ќе ги

претвориме во цена изразена во американски долари;• – Ако цената на Folksvagen во ЕУ е, 36.000 €,• – а еврото вреди 1,25 американски долари,• – цената на Folksvagen во долари е • 36.000 € x 1,25 $ за едно евро = 45.000 $.• РЕАЛЕН ДЕВИЗЕН КУРС/3• Во вториот чекор би го пресметале односот помеѓу цената на Folksvagen и

цената на Krajsler, и двете изразаени во долари;• Ако цената на Krajsler во САД е 40.000 $,• цената на Folksvagen изразена во термини Krajsler, односно реален девизен

курс помеѓу• САД и ЕУ, би бил:• 45.000 $ / 40.000 $ = 1,125.• тој претставува релативна цена на странските добра• (ЕУ) во однос спрема домашните добра (САД).• РЕАЛЕН ДЕВИЗЕН КУРС/4• За да го пресметаме реалниот девизен курс за сите добра и услуги мораме

да земеме во предвид индексот на цените во евра за сите добра кои се произведуваат во ЕУ и– индексот на цените во долари за сите добра кои се произведуваат во САД;

• За оваа цел користиме дефлатор БОП;• Дефлатори на БОП се• – всушност индекс на цени за збир на финални стоки и услуги произведени во

поедини економии.• РЕАЛЕН ДЕВИЗЕН КУРС/5• Дефлаторот на БОП за домашни добра- во нашиот пример САД, го

обележуваме со (P);• дефлаторот на БОП за странски добра– во нашиот пример ЕУ, го

обележуваме со (P*);• номиналниот девизен курс помеѓу доларот и еврото со (E);• а реалниот девизен курс го обележуваме со (ER), можеме да го пресметаме

и сликовито да го прикажеме реалниот девизен курс на следниот начин: ER = E x односно ЕR =