1. ЕКОНОМИЈА...1.2 ШТО Е ЕКОНОМИЈА? • Во процесот на...

14
1. ЕКОНОМИЈА Проф. д‐р Сашо Кожухаров

Upload: others

Post on 10-Mar-2020

23 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

1. ЕКОНОМИЈА

Проф. д‐р Сашо Кожухаров

СОДРЖИНА1. Детерминирање на економијата2. Микроекономија, мезоекономија, макроекономија3. Пазарно стопанство4. Економски показатели на делување на стопанските и 

нестопанските субјекти5. Монетарна економија6. Фискална политика7. Стопански циклуси, невработеност, инфлација8. Економска основа на меѓународната размена

ВОВЕД ВО ЕКОНОМИЈА

‐ Што се производи и услуги?‐ Што се ресурси?‐ Што преставува концептот на недостаток?‐ Што е економија?‐ Какви видови на економски системи постојат?

1.1 ИЗУЧУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

• Основоположник на економијата е Адам Смит (претставник на класичната англиска школа) со своето дело ,,Истражување на природата и причините за богатството на народите или познато како ,,Богатство на народите,, објавено во Лондон во 1776 година.

1.1.1 ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

• Што се производи?Производи се опипливи продукти. Тоа значи дека производите можат физички да бидат допрени.(пр. ...)

• Што се услуги?Услуги се неопипливи продукти. Тоа значи дека услугите физички неможат да бидат допрени. (пр. ....)

1.1.2 РЕСУРСИ• Што се ресурси?

Ресурси се сите нешта користени во процесот на производство на производи и услуги. Ресурсите се ограничени фактори на производство. 

• Постојат три типа на ресурси, и тоа:‐ Земја или природни ресурси (обработливи  земјишни површини и материјални богатства од     земјата:нафта, јаглен, руда и т.н.);‐ Труд или човечки ресурси (физички и интелектуален труд);‐ Капитал (добра или производи) и‐ Претприемништвото (во поново време – сопственик на капитал, односно фирма кој врши алокација на ресурсите за да оствари максимум профит).

1.1.3 КОНЦЕПТ НА НЕДОСТАТОК

• Што претставува концептот на недостаток?Концептот на недостаток потврдува дека луѓето имаат неограничени желби и потреби, а од друга страна пак ресурсите се ограничени.

• Со концептот на недостаток се поврзува опортунитетниот трошок во економијата – при одлука за искористување на ограничените ресурси на еден начин сме ја испуштиле можноста за другите алтернативни можности за искористување на ресурсите. 

• Опортунитетен трошок преставува всушност изгубениот дохот врзан за алтернативната употреба на ограничените ресурси. 

1.2 ШТО Е ЕКОНОМИЈА?

• Што е економија?Економијата е начинот како една нација ги донесува своите одлуки при искористување на ограничените ресурси за производство на производите и услугите. Односно, економијата е наука која врши алокација на ограничените ресурси кои можат алтернативно да се употребуваат а со цел остварување на максимум профит.

1.2 ШТО Е ЕКОНОМИЈА?• Во процесот на донесување на одлуки мора да се одговорат трите основни 

прашања:‐ Кои производи и услуги треба да се произведат?‐ На кој начин производите и услугите треба да се произведат?‐ Кој треба да добие свој дел од она што е произведено?

• Односно:‐ Што да се произведе? (понуда/производите)‐ Како да се произведе? (процесот на производство)‐ За кого да се произведе? (побарувачка/потрошувачите)

Синтетички концепт на Пол Самуелсон ‐ првиот американец кој добил Нобелова награда за економија во 1970 година

1.2 ШТО Е ЕКОНОМИЈА?

• Микроекономија – го испитува однесувањето на поединечната фирма, на одделните стопански субјекти и на потрошувачите како индивидуи во стопанскиот живот

• Макроекономија – начинот на функционирање на целото стопанство 

1.3 ВИДОВИ НА ЕКОНОМСКИ СИСТЕМИ

• Постојат два вида економски системи?‐ пазарен систем / пазарна економија и‐ плански систем / управувачка  економија.

• Каков економски систем има Р.Македонија денес? 

1.3 ВИДОВИ НА ЕКОНОМСКИ СИСТЕМИ

• Во пазарната економија пазарот дава одговор на   трите прашања:‐ Што? – производителите (приватните компании) одлучуваат што да се произведе (кој производ) и по која цена производот да се продава.‐ Како? производителите (приватните компании) одлучуваат како да се произведе‐ За кого? ‐ потрошувачите одлучуваат кој производ ќе го купат

1.3 ВИДОВИ НА ЕКОНОМСКИ СИСТЕМИ

• Во управувачката економија државата (владата) дава одговор на  трите прашања:‐ Што? – државата (владата) одлучува што да   се  произведе (кој производ) и  по која цена   производот да се продава.‐ Како? државата (владата) одлучуваат како  да се произведе производот.‐ За кого? ‐ државата (владата) кој треба да    добие дел од она што е произведено.