Македонска Ризница 36

Post on 22-Jul-2016

227 Views

Category:

Documents

5 Downloads

Preview:

Click to see full reader

DESCRIPTION

Македонска Ризница, бр. 36, јули 2015 година

TRANSCRIPT

1

2

Почитувани читатели,

Пред вас е новиот, триесет и шести број на електронското списание „Македонска Ризница“. Во ова издание ви донесуваме напис за Мати Булев, еден од безбројните македонски јунаци што зедоа учество и бестрашно ги дадоа своите животи во т.н. „Граѓанска војна во Грција“ во егејскиот дел на Македонија. Исто така, ви го претставуваме и вториот дел од сликите од Македонија направени од францускиот уметник Боесар Беноа-Амабле за време на Првата светска војна. Стандардно, одвојуваме простор и за нашиот редовен соработник Никола Анѓелкоски и неговите карикатури на познатите македонски дејци. Овој пат карикатурата е за еден од основачите на Македонската Револуционерна Организација, Христо Батанџиев.

Во овие топли летни денови пред крајот на месец јули, во свое и во името на целата редакција на „Македонска Ризница“, на сите Македонци ширум светот им го честитам најголемиот македонски празник Илинден. Денот кога на 2 август во 1903 г. Македонците го дигнаа своето востание за слобода од турската османлиска империја, и кога на истиот ден, со традициите на првите Илинденци, новите македонски поколенија во 1944 г. го одржаа првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија, каде што по многу векови воскресна македонската држава.

Со почит,

Гоце Панговски

Македонска Ризница

УРЕДНИК:Благојче Андонов

ДИЗАЈН и РЕДАКЦИЈА:

Гоце Панговски

СОРАБОТНИЦИ:

Никола Анѓелкоски

ИЗДАВАЧ:

Александар Стеванов

МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА

3

Во овој број ќе читате:

Мати Булев (1904 - 1949)

Благојче Андонов ............................................................................................................................................04

Боесар Беноа - Амабле - Слики од Македонија (втор дел)

Редакција ............................................................................................................................... 08

Глас од Македонија Коле Неделковски ................................................................................................................... 22

Карикатура - Христо Батанџиев

Никола Анѓелкоски ...................................................................................................................... 25

4

МАТИ БУЛЕВ (1904 - 1949)

Македонскиот народ, во борбата за својата слобода, дал стотици храбри револуционери кои ги положија животите за својата родна грутка. Еден од нив е и легендарниот Мати Булев, роден во херојското село Екши Су, родното село на Александар Турунџев, па оттука Мати го именувале и како вториот Турунџев.

Според биографските податоци, Мати бил роден во 1904 година во сиромашно земјоделско семејство. Бил член на Комунистичка Партија на Грција (КПГ), а по формирањето на ВМРО (Обединета) станува нивен член и активист помеѓу Македонците во леринско. Поради неговиот револуционерен карактер, во годините на метаксасовата диктатура (1936-1940), во 1940 година бил интерниран на островот Хиос во Егејското море. По враќањето станува активист на ЕЛАС, каде е учесник во многубројни акции против германските и италијански вооружени единици. По завршувањето на Втората светска војна, Мати не се согласува со ставовите на КПГ и ЕАМ по однос на македонското национално прашање, а со тоа останува во илегала, односно станува член на НОФ и е еден од првите борци кои се вклучуваат во борбите на планината Радуш, во 1946 година. Бил водач на голем број акции против грчките власти, при што стекнал и репутација на бестрашен борец од кого грчките власти имале страв и трепет.

За неговиот карактер зборува и еден цитат, сведоштво, на неговите потомци:

5

„Многу сум била мала за да паметам, а сестра ми Ники, кажуваше дека татко ми бил командант на баталјон Мати Булев. Кога не протерувале од нашите домови, а сум бипa мала, некако од рака на рака да ја одменат мајка, ме загубиле. Бебе како бебе, плаче. Командантот дал наредба да се задави бебето кое плаче - за да се спаси народот кој не треба да бидел откриен од монархо - фашистите кои ги чистеле териториите за своите луѓе. - Командант бил мојот татко!...

- Лиле Булева, сетно, со насмев на усните, раскажа мал инсерт од нејзиното потресно детство, а и не го паметела. За со смеење или плач и јас не знам веќе, да почне со грутки да фрла од инает во празно и што подалеку кон југот, кон Леринско...

- Лиле, Лиле - извикувавме по неа. Такви времиња беа тогаш, заборави ги. Сигурно татко ти бил добар човек. 3атоа си и ти добра, а сега со нас. Малку се потсмири и седна до мене.

- Да! Татко ми бил добар, ама ако не била некоја умна мајка - која рекла: „Дајте ми го мене, вие одете, јас ќе го задавам“. Мајката ме ставила под шинел, извадила градата и јас сум почнала да тргам од града која нема млеко. Замисли Маре, низ што минувал нашиот народ!... - Лилето Булева ронеше крупни солзи низ затворени очи!“

...

6

7

Својот револуционерен живот Мати го завршува херојски, за време на битката над селото Зеленич. Имено, на 19 април 1949 година, грчки баталјон ги напаѓа партизанските позиции над селото. Во оваа битка Мати командувал чета од 16 соборци и по шестчасовна крвава битка, откако нанеле огромни загуби на непријателот, Мати наредил соборците да се повлечат од позициите. Во тој миг еден непријателски куршум смртно го погодил.

Неговата борба е опишана и во „Баладата за Мати Булев“ која е отпечатена во Читанката за четврто одделение за децата на емигрантите, испечатена во Романија.

Семејството на Мати Булев, неговата жена Ката и неговите четири ќерки Васа, Александра, Ники, Лилјана и синот Панде, во 1947 година, за да се спасат од теророт, пребегнуваат во Република Македонија и се населуваат во Битола, а нивната родна куќа во која живееле, монархофашистите ја запалиле.

Во спомен, на неговите деца им останаа приказните кажани од нивната мајка за тоа каков човек бил Мати. За неговото другарство, неговото широко срце и за условите и сиромаштијата во која тој живеел.

Благојче Андонов

Користена литература: „Беломорски потоци“ - Марија В. Бундалевска„Сведоштва за грчкиот терор во Леринско 1945-1949“ - Корнелија Пејовска„Светлите ликови од Егејска Македонија (1945 -1949)“ – Ташко Мамуровски„Ронка“ – Ташко Д. Белчев Сведоштво и фотографија добиени од внуката Љубица Станковска. Илустрација : „ЗБЕГ“ – масло на платно на Коле Манев

8

Боесар Беноа – Амаблеслики од Македонија

Францускиот уметник Боесар Беноа – Амабле бил дел од француските воени единици за време на Првата светска војна. Во овој период тој престојувал и во Македонија и тој свој престој и патувањето од Македонија кон Турција го искористил да создаде околу 95 слики од македонските пејзажи.

Во овој број на „Македонска Ризница“ ви претставуваме втор дел од сликите кои Амабле ги насликал во Македонија, во времето на Првата светска војна.

99

1010

1111

1212

1313

1414

1515

1616

1717

1818

1919

2020

2121

Македонска носија од село Смилево

22

Глас од Македонија О, трајте, трајте, тирани недни! Доста се тија лаги и злоба -пакосен глас од устите гаднинад мојот народ у секоја доба.

Та ете веќ векови целиписка и стенка од волци гости - за брата вијат кој да го делиза да му глода сувите коски.

Па нека сега сам да си решисо своја волја судба и сева,в животот еднаш сам да се теши,д’изгине славно свој род без врева. Та Шар и Пирин дружно да викнатродната песна в небеса темнии бурниот Егеј - на век да плискатешкиот глас на новите химни.

Коле Неделковски 1941 г.

22

2323

24

Редакцијата на „Македонска Ризница“ на сите Македонци ширум светот

им го честитанајголемиот македонски празник

24

ИЛИНДЕН

2525

Христо Батанџиев ? - 1913 (портрет карикатура, молив во боја на хартија)

Никола Анѓелкоски

26

Овде можете да ги прочитате сите претходни изданија на Македонска Ризница

Секоја од насловните страници претставува линк до содржината на соодветниот изминат број на Македонска Ризница

МАКЕДОНСКА РИЗНИЦАЕЛЕКТРОНСКО СПИСАНИЕ

Република Македонија Јули 2014 | Број 24ISSN 1857-9314

27

Овде можете да ги прочитате сите претходни изданија на Македонска Ризница

Секоја од насловните страници претставува линк до содржината на соодветниот изминат број на Македонска Ризница

Македонска ризница

Декември 2013 | Број 17ISSN 1857-9314

електронско списание

Република Македонија

електронско списание

Република Македонија Февруари 2014 | Број 19ISSN 1857-9314

МАКЕДОНСКА РИЗНИЦАелектронско списание

Ноември 2014 | Број 28ISSN 1857-9314

Република Македонија

28

Македонска Ризница: Мoжете:

да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.

Под следните услови:

Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).

Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели.

Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.

Е-ПОШТА:makedonska.riznica@yahoo.com

29

Медиумски покровители:

top related