екстреторен систем

Post on 01-Dec-2015

444 Views

Category:

Documents

3 Downloads

Preview:

Click to see full reader

DESCRIPTION

презентација за екстреторен систем

TRANSCRIPT

ЕКСКРЕТОРЕН СИСТЕМЕкскрети се крајни и непотребни

продукти на метаболичката активност на клетките

ОРГАНИ МАТЕРИИ КОИ СЕ ИЗЛАЧУВААТ

БУБРЕЗИ ВОДА, УРЕА, СОЛИ, И ДРУГИ МАТЕРИИ(ЛЕКОВИ) СОСТАВНИ ДЕЛОВИ НА МОЧТА

КОЖА ВОДА, МАЛА КОЛИЧИНА УРЕА И СОЛИ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ НА ПОТТА

БЕЛИ ДРОБОВИ ЈАГЛЕРОДЕН ДИОКСИД И ВОДА

ДИГЕСТИВЕН СИСТЕМ ВОДА, СОЛИ, ОСТАТОЦИ ОД ДИГЕСТИЈАТА СОСТАВНИ ДЕЛОВИ НА ФЕЦЕСОТ

Органи на екскреторниот систем

1. Бубрези – Renes2. Мочоводи – Urether3. Мочен меур – Vesica urinaria4. Мочен канал - Urethra

Функција на бубрезите

1. Филтрирање и екскреција на токсични материи од крвта продукти на метаболичката активност2. Одржување на водена хомеостаза-регулација на количество вода во организмот3. Регулирање на ацидо-базна рамнотежа на телесните течности4. Регулација на вкупната содржина на крв во организмот и рН вредност на крвта5. Регулација на метаболичките компоненти преку секреција на хормони( ренин и ангиотензин)

Градба и структура на бубрези

1. местоположба – парни органи сместени на грбната страна од стомачната празнина2. форма – форма на грав тежина од 120-150 грама3. Снабдување со крв – бубрежна артерија4. Надбубрежни жлезди- сместени на горниот дел5. Бубрежна капсула- обвивка од масно ткиво која служи за прицврстување на бубрезите за телесниот ѕид и амортизација од потреси

Надолжен пресек на бубрег1. Бубрежна капсула- обвивка од масно ткиво која

служи за прицврстување на бубрезите за телесниот ѕид и амортизација од потреси2. Бубрежна кора(кortex) – бубрежни - малпигиеви телца изградени од Бовманова капсула, клопче артериски капилари- glomerulus3.Бубрежна срцевина ( medulla) – во која продолжуваат каналчиња од кората кои се влеваат во собирни каналчиња.Собирните каналчиња се групираат во 10 до 12 пирамиди кои се отвараат во малите бубрежни чашки 4.Бубрежно легенче- pelvis renalis во кј се собира мочта и продолжува во мочоводите

Основна структурна и функционална единица на бубрезите кој учествува во формирање на урината е нефронот.

2. Мочоводи

Долги мускулни цевки кои ја пренесуваат урината во мочниот меур

Имаат должина од 25 до 32 цм

3. Мочен меур

Резервоар на урината со зафатнина од 400-600 мл

Ѕидот на мочниот меур содржи слузокожа, крвни садови , сврзно ткиво и три слоја на

мазно мускулно ткиво.

Мочен канал

Изводен канал на мочниот меурКај мажите е дел од половиот систем со

должина од 20 цмКај жените е тенка цевка со должина од 4 цм.

Основна структрурна и функционална единица на бубрезите , која учествува во формирањето на урина е нефронот.Секој бубрег содржи 1.200.000 нефрониТие дневно филтрираат од 160-180 литри течностод која за 24 часа се исфрла само 1-1,5 l урина.За 24 часа низ бубрезитепротекува 1700 литри крв.

Градба на нефрон1. Бубрежно телце(Малпигиево телце)- Бовманова капсула ( проширен дел на бубрежното телце)- Гломерул( клопче од артериски капилари)2. Извиено бубрежно каналче( продолжеток наБовмановата капсула)- почетен проксимален дел на извиеното каналче- Henle-ев јазол- дистален дел на извиеното каналче

Гломеруларна филтрацијаa. филтрирање на содржината на крвта низ ѕидот на артериските капилари на гломерулот под дејство на крвниот притисокдобивање на примарна урина која поминува во Бовмановата капсула( вода,јони,аминокиселини,глукоза,азотни непотребни материи,лекови,хормони).Реапсорпција во бубрежните каналчињаб. најголем дел од состојките на примарната урина се реапсорбираат по должината на проксималните каналчиња во капиларната мрежаТубуларна секрецијав. активна секреција на јони на Н, К .

Формирање на урината

Концентрирање на мочтарегулација на водена и осмотска

рамнотежа - Водената рамнотежа се регулира преку центарот

за жед во хипоталамусот и антидиуретичниот хормон од неврохипофизата кој се лачи при ндостаток на вода при што се потикнува секундарната рееапсорпција на вода во дисталните каналчиња по принципот на фит-бек- Осмотската рамнотежа – јонската хомеостаза се одржува преку хормонот алдостерон кој се лачи од кората на надбубрежните жлезди кога во крвта ке се намали концентрацијата на Na при што се зголемува реапсорпцијата на Na во крвта.

Состав на урина

- Бистра течност со светло жолта боја( од присуството на жолчните бои)- Кисела рН 5-7Хемиски состава) неоргански материи- вода 95%,2% минерални соли( натриумови, калиумови, калциумови,соли, хлориди и фосфати)б) органски материи 3% - мочна киселина, креатин, уреа.

Излачување на урината – (уринирање) микција

- Кај деца до двегодишна возраст- несвесна реакција- Свесна реакција контролирана од кората на големиот мозок кога во мочниот меур ке се акумулира 250-300мл урина при што се стимулираат механорецепторите во мускулниот ѕид на мочниот меур кои праќаат импулси до центарот во долниот дел на рбетниот мозок, од кој преку моторни нерви импулсот се враќа до мускулатурата на мочниот меур при што истиот се испразнува.

top related