Прием на ААД

Post on 07-Feb-2016

73 Views

Category:

Documents

0 Downloads

Preview:

Click to see full reader

DESCRIPTION

Прием на ААД. С. Димишковска , Ј . Шорко , М. Лазевска , Ж . Митрев Специјална болница по хируршки болести “Филип Втори” - Скопје, Македонија. октомври , 2010. Акутна аортна дисекција. - PowerPoint PPT Presentation

TRANSCRIPT

Cardiosurgery - Skopje

Прием на ААД

С. Димишковска, Ј. Шорко, М. Лазевска, Ж. МитревСпецијална болница по хируршки болести

“Филип Втори” - Скопје, Македонијаоктомври, 2010

Cardiosurgery - Skopje

Акутна аортна дисекција

• Акутната аортна дисекција (ААД) e животно загрозувачка состојба која ја карактеризира висок морталитет во светски рамки (7- 8%).

• ААД претставува состојба на расцепување на зидот на аортата, со формирање на два лумена – еден прав лумен низ кој се движи крвта и еден лажен лумен кој се исполнува со крв, која подоцна се коагулира.

Cardiosurgery - Skopje

• Причини за појава на ААД: Хипертензија, аневризма на аорта, Марфанов синдром, артериосклероза,атеросклерозно променета аорта, траума, медицински интервенции

• Најчести компликации кои се причина за смрт: хиповолемичен шок, тампонада на срце, АИМ.

Cardiosurgery - Skopje

Класификација:

Според локацијата :• Stanford • *Тип А- го зафаќа асцедентниот дел (70%)-

итно хируршко лекување• *Тип Б- почнува дистално од лева

а.субкалвија- медикаментозен третман.• De Bakey• *Тип 1 – може да ја зафати целата должина на

аортата• *Тип 2 - ја зафаќа само асцедентната аорта• *Тип 3 – ја зафаќа десцедентната аорта По однос на времетраењето (времето од

почетокот на симптомите до медицинската евалуација) ги делиме на:

• Акутни - < 2недели од појава на симптомите• Хронични - > 2 недели од појавата на

симптомите

Cardiosurgery - Skopje

Симптоми:• Нагла интензивна болка во градите која се шири кон грбот. Болката може да

ирадира во вратот, рацете, стомакот или кон колковите. • Променлив крвен притисок – Хипотензија, асиметричен пулс и притисок во

екстремитетите• Невролошки испади или отсутен пулс - зафатеност на субклавија.• Бледило, несвестица, слабост или потполна одземеност и студенило на

долните екстремитети .• Акутно попуштање на бубрежната функција ако се зафатени бубрежните

артерии• Симптоми од страна на стомакот при зафаќање на мезентеријалните

артерии• Ослабени срцеви тонови, набрекнатост на вратните артерии, парадоксен

пулс укажуваат на тампонада на срцето, предизвикана од руптура. • Знаци за АИМ во случај кога се зафатени коронарните артерии. Раното препознавање на симптомите и соодветното реагирање на медицинскиот тим е клучно за outcome на пациентот.

Cardiosurgery - Skopje

• Згрижување на пациентот• Медицинска евалуација • Стабилизирање на пациентот до одлука

за типот на операција• Класификација на ААД и локализирање на

расцепот на аортата со imaging прегледи (ЕХО, ТЕЕ, ЦТ-најсензитивна метода),

• Алармирање на оперативниот тим во најкраток временски рок,

• Рано препознавање и адекватно реагирање при дестабилизација на пациентот.

• Собирање на сите медицински податоци кои се релевантни за хирургот за да донесе одлука за типот на операција.

Цели:

Cardiosurgery - Skopje

Материјал и методи:

Стандардна постапка за прием и дијагностицирање: • ЕКГ, НБП на лева и десна рака,

оксигенација,• Поставување на две венски

линии,одржување на волумен, • Лабораторија, • Ехокардиографија, • Сместување во дневна болница за

мониторинг на ЕКГ, ТА, следење на диуреза преку уринарен катетер,

• Лесна аналгоседација, одржување на СФ околу 60-80/мин, одржување на ТА од 100-120 ммХг

Cardiosurgery - Skopje

Материјал и методи:

• По индикација 64 МСКТ или ТЕЕ. • Интензивно следење на

клиничката слика на пациентот• Во случај на хемодинамско

дестабилизирање на пациентот, неопходна е интубација.

• По поставување на дијагнозата, се транспортира пациентот во единица за интензивна нега за предоперативна подготовка.

Cardiosurgery - Skopje

Резултати:

• Од 2000-2009 година третирани се 131 пациент со ААД, на просечна возраст од 40-60 години, доминира машката популација. Процентот на морталитет кај оваа група во нашата болница изнесува 3,2%.

Морталитет012345678 7.5

3.2Светски рамкиКај нас

Cardiosurgery - Skopje

Заклучок:

• Ако се постави сомнение за дисекција на аорта, треба да се изврши итен транспорт на болниот во центар кој има можност за интервентни процедури и хируршки интервенции.

• Со висок степен на едукација на персоналот, софистицирана болничка инфраструктура и стандардизирање на постапките ние постигнавме низок процент на смртност во третман на оваа високо ризична група на пациенти во однос на светските рамки.

top related