cane t. mojanoski: metodologija na bezbednosnite nauki - analiticki postapki; kniga iii - 2013

40

Upload: skopsko-skopsko

Post on 22-Jul-2016

254 views

Category:

Documents


25 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013
Page 2: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

Цане Т. Мојаноски

МЕТОДОЛОГИЈА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ НАУКИ - АНАЛИТИЧКИ ПОСТАПКИ

КНИГА ТРЕТА

Скопје, 2013 година

Page 3: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

Проф. д-р Цане Т. Мојаноски МЕТОДОЛОГИЈА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ НАУКИ –

АНАЛИТИЧКИ ПОСТАПКИ

Издавач:

Авторот самостојно го финансира изданието.

Рецензенти: Проф.д-р Димитар Мирчев

Проф.д-р Пере Аслимоски

Лектор: Костадинка Поповска – професор по македонски јазик Коректор: Вангелина Мојаноска

Компјутерска обработка на текстот: авторот Корица: Кире Лазаревски

Печати: „Ван Гог“ - Скопје

Тираж: 150 примероци

Со одлука на Деканатската управа на Факултетот за безбедност - Скопје бр. 0201/36 од 2.05.2013 година ракописот: Методологија на

безбедносните науки – Аналитички постапки, Книга III е одобрен за постојан универзитетски учебник.

Copyright© авторот Сите права заштитени, не е дозволено копирање или ектронско објавување на книгата или нејзини делови без претходна

согласност на авторот.

За контакт со авторот: [email protected]

Page 4: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

На брат ми Боге и родителите Тодорка и Трајко

со почит и благодарност

Page 5: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013
Page 6: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

Предговор Авторот на оваа книга немаше среќа, ова издание и покрај поми-

натата универзитетска процедура да биде објавено од Факултетот за безбедност. Во годината колку што траеше процедурата се променија четири раководства. Едно замина по завршениот мандат, второто беше разрешено, третото со статус вршител на должност и сегашното. Одлу-чувањето за издавање на оваа книга им припадна на в.д. раководството и сегашното. Наместо решение тие понудија одговор „нема финансиски средства“, односно нема „наменски финансиски средства“, со предлози да се чека идната година. Авторот е со убедување дека тие „пронајдоа“ изговор, а не се обидоа да го решат проблемот. Затоа ова издание и го нудам на јавноста како продукт од кој имам само духовно задоволство, а моите пријатели и семејството го поднесоа товарот на изданието.

Трудот Методологија на безбедносните науки - аналитички постапки, Книга III, е концепиран како логичко про-должение и надоградба на знаењата од претходните две изданија и во основа е наменет за студентите и за сите оние кои имаат интерес да ги продлабочат и прошират знаењата од истражувачката методологија, особено од примената на аналитичките, пред се квантитативните пос-тапки на истражување на безбедносните појави. Содржината на овој труд е претставена во десет глави.

Во првата глава се расправа за аналитичката постапка, за сличноста на поимите метод и постапка, за тоа како се конструира инструмент, шифрарник, како се шифрираат одговорите итн.

Втората глава од ракописот е посветена на изборот на ана-литичката постапка. Се анализираат постапките за пресметување на средните вредности (аритметичката и хармониската средна големина), потоа позиционите и фреквенционите средни вредности. Во неа се раз-гледуваат особините на мерките на централната тенденција, нивните меѓуодноси на статистичките средни големини, како и мерките на дис-перзијата.

Во третата глава се објаснуваат основите на теоријата на ве-ројатноста, посебно основните правила на веројатноста, со основите и дистрибуциите на веројатноста.

Четврта глава расправа за примерокот како аналитичка алат-ка која се користи во анализата на податоците. Се тематизира оценува-њето и определувањето на големината на примерокот, видовите приме-роци, оценката на параметрите на основната маса врз основа на приме-рокот, како и на проценките на аритметичка средина на основната маса и на пропорцијата на основната маса.

Петтата глава е посветена на тестирањето на статистич-ките хипотези и анализата на варијансата, на веројатноста кај отво-рените интервали, разликите на аритметичките средини, t-тестот и за пресметувањето на разликата на аритметичките средини. Во него се констатира и овозможува во анализата симултано да се испитува дејст-

Page 7: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

II

вувањето на поголем број на фактори во поголем број на групи испита-ници.

Во шестата глава се расправа за корелациите, за анализата на врските меѓу појавите. Во овој дел посебно се анализираат и видовите корелации, посебно, делумната и мултиплата корелација, како и пара-метриските, така и непараметриските тестови,

Седмата глава е посветена за регресивната анализа и анали-тичките постапки што се применуваат во неа. Расправата завршува со логистичката регресија.

Осмата глава ја актуелизира мултиваријантната анализа, поимот и нејзините облици, посебно дискриминативната, каноничката и кластер анализата.

Во деветтата глава факторската анализа се вреднува како методолошки темел на истражувањата во различни подрачја на многу општествени науки, во тие рамки и во асфалиалогијата и другите без-бедносни науки, а се применува и во истражувањата на подрачјето на природните науки.

Десеттата глава е посветена на интерпретацијата и заклу-чувањето, на докажувањето и верификацијата на хипотезата, со видо-вите докази и грешките што настануваат при тоа.

И на самиот крај, изразувам посебна благодарност на рецен-

зентите проф. д-р Димитар Мирчев и проф. д-р Пере Аслимоски, кои го прегледаа текстот и со совети и упатства ми помогнаа истиот да го до-бие сегашниот облик. И благодарам на лекторката Костадинка Поповска за советите и јазичното дотерување на текстот. Не можам да не се заблагодарам и на Вангелина Мојаноска, мојата животна сопат -ничка, која внимателно ги отстрануваше пропустите во пишувањето. И секако на Кире Лазаревски кој е автор на насловната страна. Во оваа прилика му се заблагодарувам на Васко Мариноски за несебичната поддршка и помош. Сите тие на свој начин придонесоа ова издание да се појави во печатена форма.

Предавајќи ја оваа книга на судот на јавноста, најавувам, докол-ку се променат условите за објавување, ова издание ќе биде збогатено со Репетиториум и Практикум во кој ќе биде пренесен дел од богатата истражувачка граѓа.

Понудениот труд е само еден обид. Затоа, со нетрпение ќе ги че-кам одгласите од него. Сите недоречености во него се мои, тие се својство на секој индивидуален напор и на желбата текстот да и се понуди на јавноста. На Голема Богородица Скопје, 28.08.2013 година Авторот

Page 8: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

СОДРЖИНА

ГЛАВА ПРВА

АНАЛИТИЧКА ПОСТАПКА

Аналитичка постапка - поим .................................................................... 1

Како се конструира инструмент? ......................................................... 4

Подготовка на прашалник..................................................................... 8

Видови прашања ................................................................................ 9

Формат на одговорите ..................................................................... 10

Формулирање на прашања .............................................................. 13

Подготовка на шифрарникот .......................................................... 13

Шифрирање на одговорите ............................................................. 16

Шифрирање на отворените прашања............................................. 17

Доработка на податоците ................................................................ 18

Пресметување на вкупните резултати на скалите ........................ 19

Оценување на податоците ...................................................................... 20

Отстранување на грешките ............................................................. 28

Обработка на податоците и нивно користење .................................. 31

Типови варијабли................................................................................. 34

Вкрстување на варијаблите ............................................................. 37

Избор на скали и мерки ................................................................... 39

Постапка за проверка на сигурноста на скалата ........................... 42

Валидност ......................................................................................... 47

Номинална скала .............................................................................. 49

Ординална скала .............................................................................. 50

Интервална скала ............................................................................. 52

Скала на односи (размерна - ratio скала) ....................................... 52

Прикажување на податоците.................................................................. 54

Графичко прикажување на временските серии ............................ 58

Вобичаени постапки во третманот на собраните податоци......... 60

Кумулативни фреквенции ............................................................... 60

Page 9: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

IV

ГЛАВА ВТОРА

ИЗБОР НА АНАЛИТИЧКА ПОСТАПКА

Анализа на статистичките серии ........................................................ 65

Појдовна основа на статистичкaта анализа....................................... 67

Показатели на нивото на криминалот ............................................ 71

Односи на динамиката..................................................................... 75

Поимот средни вредности................................................................... 87

Аритметичка средна големина ....................................................... 90

Хармониска средна големина ......................................................... 95

Позициони и фреквенциони средни вредности ................................ 97

Фреквенциона средна големина- мода – нормала ........................ 98

Позициона средна големина - Медијана...................................... 100

Особини на мерките на централната тенденција ........................ 102

Некои меѓуодноси на статистичките средни големини ............. 104

Мерки нa дисперзија.......................................................................... 104

Видови мерки на дисперзија ......................................................... 106

Апсолутни мерки на варијацијата ................................................ 106

Средни дисперзии .............................................................................. 110

Средно аритметичко отстапување................................................ 111

Варијанса ........................................................................................ 112

Стандардна девијација................................................................... 113

Коефициент на варијација............................................................. 115

Мерки на обликот на дисртибуцијата .......................................... 115

Дистрибуција на фреквенциите........................................................ 123

Начин на избор на аналитичката постапка...................................... 126

Квантитативен и квалитативен податок ...................................... 126

Непараметриска и параметриска проценка ..................................... 128

Збирна табела на својствата на основните статистички техники ............................................................................................ 132

ГЛАВА ТРЕТА

ТЕОРИЈА НА ВЕРОЈАТНОСТА

Основни категории на теоријата на веројатноста .............................. 139

Основни правила на веројатноста ................................................ 142

Основи на распоредот на веројатноста............................................ 145

Дистрибуции на веројатноста........................................................... 149

Теоретска распределба .................................................................. 149

Биномна распределба .................................................................... 151

Хипергеометриски распоред ............................................................ 155

Page 10: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

V

Poisson-ова распределба .................................................................... 156

Теориски дистрибуции на континуираните случајни варијабли .. 161

а) Веројатност и спротивна веројатност ...................................... 162

б) Разлика ........................................................................................ 163

в) Инверзни функции..................................................................... 163

Студентов t-распоред ........................................................................ 164

χ2 - дистрибуција ................................................................................ 170

Нормална дистрибуција .................................................................... 175

Стандардизиран нормален распоред ............................................ 178

Определување на површината под нормалната крива ............... 182

Интервалот на сигурност - Централна гранична теорема.......... 184

Таблица за површината под кривата на нормална

дистрибуција................................................................................... 189 Веројатноста кај отворените интервали ...................................... 190

Определување на интервалот врз основа на дадената веројатност...................................................................................... 190 Стандардна грешка на аритметичката средина........................... 191

ГЛАВА ЧЕТВРТА

ПРИМЕРОК

Примерок (мостра) - поим и значење .................................................. 195

Оценување врз основа на мострата .............................................. 200 Определување на големината на примерокот ................................. 201 Видови примероци............................................................................. 205

Примероци без случаен избор ...................................................... 212 Оценка на параметрите на основната маса врз основа на

примерокот ..................................................................................... 218 Проценка на аритметичка средина на основната маса ............... 221 Проценка на пропорцијата на основната маса ............................ 224

ГЛАВА ПЕТТА

ТЕСТИРАЊЕ НА СТАТИСТИЧКИТЕ ХИПОТЕЗИ

Tестирање на статистичките хипотези ............................................ 231

Примена на статистичките тестови .............................................. 234 Тестирање на разликите ................................................................ 235 Тестирање на хипотезaта преку вредноста на аритметичката

средина на основната маса ............................................................ 247

Page 11: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

VI

Тестирање на хипотеза со непозната пропорција на основната маса .................................................................................................. 255

Тестирање на значајните разлики меѓу оценките на два основни збира ................................................................................................ 256

Разлика на аритметичките средини.................................................. 258 t-тест .................................................................................................... 260

Пресметување на разликите на аритметичките средини за

зависните примероци ..................................................................... 263 Пресметување на разликата нa аритметичките средини за

независните примероци ................................................................. 266 Колмогоров-Смирнов тест ............................................................ 269

Анализа на варијансата......................................................................... 273

Поимот „анализа на варијансата“ .................................................... 273 Зошто има потреба да се применува анализа на варијансата? .. 275

Видови анализа на варијансата ........................................................ 276 Еднофакторска ANOVA.................................................................... 280

а) Еднофакторска ANOVA со независни примероци ................. 280

б) Еднофакторска ANOVA на различни групи со дополнителни тестови............................................................................................. 284

в) Еднофакторска ANOVA од различни групи со планирани споредби.......................................................................................... 290 г) Еднофакторска ANOVA на повторени мерења ...................... 296

Крускал-Валисова (Kruskal Wallis) еднонасочна ANOVA ............ 301 Фридманов тест.................................................................................. 303

Двофакторска анализа на ANOVA................................................... 305 Двофакторска анализа на варијанси на различни групи ............ 306

Комбинирана анализа на варијансата .............................................. 315

Анализа на коваријансата ................................................................. 324 Еднофакторска ANCOVA ............................................................. 330

Двофакторска ANCOVA ............................................................... 336 Мултиваријантна анализа на варијансата ..................................... 342

ГЛАВА ШЕСТА

КОРЕЛАЦИЈА

Поимот корелација ............................................................................ 357 Видови корелациона анализа ........................................................ 362

Делумна корелација ....................................................................... 363 Мултипла корелација ..................................................................... 368

Page 12: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

VII

Параметриски тестови .......................................................................... 373 Пирсонов коефициент на корелација ........................................... 377

Пирсонов продукт-момент корелација (r) ................................... 386 Интрaкласна корелација ................................................................ 388

Бисериски коефициент на корелација.......................................... 389 Поинт-бисериски коефициент на корелација.............................. 393 Ета корелација ( η) ......................................................................... 397

Такиев тест (Tukey-test) ................................................................. 402 Ман-Витнеј (Man-Whitneѕ) U-тест ............................................... 406

Непараметриски тестови ...................................................................... 408 Корелација на рангот ..................................................................... 412 Kendall-ов коефициент на согласност (Wа) ................................. 415

Kendall-ов коефициент на ранг корелација “Тау” () ................. 417 χ2 – тест ........................................................................................... 421

χ2 тест на согласување .................................................................. 433

Коефициент на контингенција...................................................... 434 Fischer-овиот тест на точна веројатност ...................................... 440 φ - коефициент нa корелација ....................................................... 441

Yule-ов коефициент на асоцијација ............................................. 445 Тест на знаците............................................................................... 445

Wilcoxon-ов ранг-сума тест........................................................... 447 МакНемарин (McNemar) тест нa промени................................... 449 Мерка на согласување (К - каppa) ................................................ 453

ГЛАВА СЕДМА

РЕГРЕСИОНА АНАЛИЗА

Поимот регресиoна анализа .............................................................. 459 Прост праволиниски регресионен модел ........................................ 463

Линија на регресијата .................................................................... 465 Мултипла регресија ........................................................................... 475

Категориска регресија ....................................................................... 483 Логистичка регресија ........................................................................ 487

ГЛАВА ОСМА

МУЛТИВАРИЈАНТНА АНАЛИЗА

Мултиваријантна анализа - поим и облици ........................................ 511 Дискриминативна анализа ................................................................ 515

Page 13: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

VIII

Каноничка анализа............................................................................. 525 Нелинеарна каноничка корелациона анализа ............................. 526

Кластер анализа ................................................................................. 539 Избор на мерките на блискост ...................................................... 546

Видови кластер анализа................................................................. 548 Нехиерархиска кластер анализа ................................................... 552

ГЛАВА ДЕВЕТТА

ФАКТОРСКА АНАЛИЗА

Поимот факторска анализа ............................................................... 557 Видови факторска анализа ............................................................ 565

Како се одлучува за бројот на фактори за екстракција? ............ 571 Постапка за примена на факторската анализа............................. 574

Мета анализа ...................................................................................... 605

ГЛАВА ДЕСЕТТА

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И ЗАКЛУЧУВАЊЕ

Интерпретација и заклучување ............................................................ 609

Докажување и верификација на хипотезaта .................................... 611 Видови докази ................................................................................ 615 Грешки во докажувањето .............................................................. 617

Побивање ............................................................................................ 619 Проверливост на вредносните судови ............................................. 620

Вистината како цел на научното истражување............................... 621 Мерила, норми или критериуми за утврдување на вистината ...... 624

Сознајните карактеристики на статистичкиот метод ................. 628

Облици на соопштување на истражувачките резултати ................... 631 Својства на квалитетно научно дело ............................................ 632

Видови научни трудови................................................................. 634 Докторски труд .................................................................................. 640 Списание ............................................................................................. 644

Оценување на научникот............................................................... 644

Индекс на автори ................................................................................... 649

Инекс на поими ..................................................................................... 653

Литература ............................................................................................. 663

Прилог: ТАБЛИЦИ ............................................................................... 677

Page 14: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

IX

ТАБЕЛИ, ГРАФИКОНИ, ШЕМИ И СЛИКИ

Табела бр.1.1: Три пристапи во конструкцијата на инструментите ............................................................................6 Преглед бр.1.1 Шифрарник од истражување спроведено 2009 година ....................................................................................... 14 Преглед бр.1.2 Шифри за анкeтата: „Студентот во социјалните и наставните процеси................................................................... 15 Преглед бр.1.3 Шифри за анкетата: „Мислењето на граѓаните за полицијата 2011” ...................................................................... 15 Преглед бр.1.4 Шифри за анкетата: „Мислењето на граѓаните за полицијата 2011” ...................................................................... 16 Преглед бр.1.5: Шифрарник за „Анализа на одлуките на Врховниот суд на Македонија од 1961- 1999 година, проект 2009 година“ ............................................................................. 17 Преглед бр.1.6 Последици по истражувачката активност од присуството на систематски и случајни грешки ....................... 30 Преглед 1.7: Типови варијабли ................................................. 36 Преглед бр.1.8: Типови варијабли и аналитички постапки за утврдување на односите меѓу нив ............................................. 38 Преглед бр.1.9: Мерни скали и некои можни параметри .......... 48 Слика бр.1.1 Скали за мерење на безбедносните појави ........... 49 Слика бр.1.2 Графички приказ на табелата ............................... 55 Слика бр.1.3 Видови графикони ............................................... 57 Графикон бр.1.1 Тродимензионални графикони ....................... 58 Графикон бр.1.2 Картограм и старосна пирамида на населението .............................................................................. 58 Графикон бр.1.3 Осудени полнолетни и малолетни лица во Република Македонија во периодот 2001-2010 година ............. 59 Табела бр.1.2 Осудени полнолетни и малолетни лица во Република Македонија во периодот 2001-2010 година ............. 59 Табела бр.1.3 Осудени полнолетни лица во Република Македонија во 2010 според возраст и пол................................. 61 Табела бр.2.1 Пријавени полнолетни лица во Република Македонија во периодот 2001-2010, според полот .................... 70 Табела бр.2.2 Број на пријавени полнолетни лица во Република Македонија во периодот 2001-2010 и коефициентот на криминална активност .............................................................. 72 Табела бр.2.3 Осудени полнолетни лица во Република Македонија во периодот 2005-2009 година ............................... 76 Табела бр.2.4 Обвинети полнолетни лица ослободени од обвинение ................................................................................. 78 Табела бр.2.5 Обвинети полнолетни лица ослободени од обвинение ................................................................................. 79

Page 15: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

X

Табела бр.2.6 Осудени малолетни лица во Република Македонија во периодот 1991-2010 година (-подвижни средни големини) ................................................................................. 80 Графикон бр.2.1 Осудени малолетни лица во Република Македонија во периодот 1991-2010 (-подвижни средни големини................................................................................... 81 Графикон бр.2.2 Број на пријавени, обвинети и осудени лица во Република Македонија во периодот 2001-2010 година ............. 82 Графикон бр.2.3 Сообраќајни прекршоци во Скопје во периодот 2009-2011 година ...................................................................... 82 Графикон бр.2.4 Пријавени полнолетни лица, мажи и жени во Република Македонија во периодот 2001-2010 година ............. 83 Табела бр.2.7 Вредност на пријавените штети од сообраќајните несреќи ..................................................................................... 84 Табела бр.2.8 Пријавени малолетни лица во Република Македонија во периодот 2002-2011 година ............................... 91 Табела бр.2.9 Осудени лица во Република Македонија во 2010 според пол и вораст .................................................................. 92 Табела бр.2.10 Број на примени и одбиени студенти на факултетите во Македонија ...................................................... 93 Преглед бр.2.1 Средните големини за пријавените, обвинети и осудени полнолетни лица во Република Македонија во 2010 година ....................................................................................... 94 Табела бр.2.11 Преглед на ефикасноста на службите по бројот на решените предмети и исполнувањето на планот .................. 97 Табела бр.2.12 Калкулативните средни големини за пријавени, обвинети и осудени полнолетни лица во Република Македонија во 2010 година .......................................................................... 97 Табела бр.2.13 Осудени полнолетни жени во Република Македонија во 2010 по возраст ................................................. 99 Графикон бр.2.5 Осудени полнолетни лица – жени во 2010 година, според возраст.............................................................. 99 Табела бр.2.14 Осудени лица - мажи во Република Македонија во 2010 според пол и возраст .................................................. 101 Графикон бр.2.6 Графички приказ на медијаната ................... 101 Преглед бр.2.2 Карактеристики на аритметичката, медијалната и модалната средна вредност ..................................................... 103 Табела бр.2.15 Осудени полнолетни мажи во Република Македонија во 2008, според вораст......................................... 108 Табела бр.2.16 Осудени полнолетни лица во Република Макеоднија во периодот 2001-2010 година ............................. 112 Табела бр. 2.17 Осудени малолетни лица во Република Македонија во 2008 година, според школска подготовка ....... 113 Табела бр.2.18 Осудени полнолетни лица -жени во Република Македонија во 2010 според возраст ........................................ 114 Графикон бр.2.7 Симетрична дистрибуција ............................ 116

Page 16: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

XI

Графикон бр.2.8 Облици на симетрија .................................... 116 Табела бр.2.19 Дескриптивни показатели на пријавени, обвинети и осудени полнолетни лица во Република Македонија во периодот 2001-2010 година..................................................... 117 Слика: 2.1 Приказ на видовите сплоштеност на дистрибуциите ..... 122 Табела бр.2.20 Контролирани лица во сообраќајот според присутноста на алкохолот во крвта изразен во ‰ –полирани вредности................................................................................ 124 Графикон бр.2.9 Приказ на дистрибуции на фреквенции........ 125 Преглед 2.3 Видови податоци и аналитички постапки............ 127 Преглед бр.2.4 Непараметриски постапки во однос на типот на варијаблите и примерокот....................................................... 130 Шема бр.2.1 Тип на податоци и аналитичка постапка ............ 131 Преглед бр. 2.5 Збирна табела на својствата на основните статистички техники ........................................................... 132 Табела бр.3.1 Осудени малолетни лица во Р. Македонија во 2011 – повторници на делото .......................................................... 143 Табела бр.3.2 Дистрибуција на веројатноста на броевите на појавување на грб од две фрлања на монетата ........................ 146 Преглед бр.3.1 Број на фрлања и очекувани распределби на веројатноста............................................................................ 150 Табела бр.3.3 Биномна дистрибуција ...................................... 155 Табела бр.3.4 Пример на пресметување на веројатност и кумулативна веројатност на дисконтинуираната случајна променлива според Poisson-овата распределба ....................... 160 Слика бр.3.1 Студентова t дистрибуција ................................. 164 Слика бр.3.2 Студентова t распределба................................... 166 Слика бр.3.3 χ

2 - дистрибуција ................................................ 170

Слика бр. 3.4 χ2 дистрибуција ................................................. 171

Графикон бр.3.1 Нормална дистрибуција ............................... 176 Графикон бр.3.2: Сигма три правилото на нормалната дистрибуција .......................................................................... 178 Графикон бр.3.3 Резултати од I колоквиум по Методологија 2011 ........................................................................................ 180 Слика бр.3.5 Стандардизиран нормален распоред .................. 181 Слика бр.3.6 Стандардизирани нормални распореди .............. 183 Слика бр.3.7 Стандардизирани резултати ............................... 183 Шема бр.4.1 Популација и примерок ...................................... 195 Табела бр. 4.1 Осудени полнолетни лица во Република Македонија во 2010 година, според повторот на кривичното дело и полот............................................................................ 217 Табела бр.4.2 Население во Република Македонија во 2009 година постаро од 15 годни .................................................... 220 Табела бр.4.3 Испитаници според возраста............................. 223

Page 17: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

XII

Табела бр.4.4 Испитаници според оценката за висината на приходите ............................................................................... 227 Слика бр.5.1 Област на прифаќање на хипотезата .................. 232 Слика бр.5.2 Грешка од Тип I и Тип II .................................... 233 Преглед бр.5.1 Грешка од Типот I и Типот II .......................... 234 Шема бр.5.1 Вид на варијабли и аналитички постапки ........... 235 Преглед бр.5.2: Тестирање на разликите................................. 237 Преглед 5.3 Листа на параметриски техники и нивните непараметриски еквиваленти .................................................. 238 Шема бр.5.2 Вредности за Cohen-овиот d и η квадрат ............ 247 Слика бр.5.3 Двонасочен тест ................................................. 247 Слика бр.5.4 Еднонасочен тест ............................................... 250 Табела бр.5.1 Двонасочен и еднонасочен тест на разлики ...... 252 Шема бр.5.3 Избор на еднонасочен и двонасочен интервал.... 253 Графикон бр.5.1 Нормална распределба ................................. 260 Преглед бр.5.4 Односот на t-вредноста и неговата сигурност 262 Слика бр.5.5 Графички приказ на F распределбата ................. 274 Преглед бр.5.5 Истражувчаки планови Експериментален дизајн...................................................................................... 277 Графикон бр.5.2 Односот меѓу возраста и дложината на траењето на анкетата .............................................................. 282 Графикон бр.5.3 Каков е односот на полицаецот? .................. 288 Графикон бр.5.4 Соработката на полицијата според возраста и полот....................................................................................... 312 Графикон 5.5 Односот меѓу варијаблите: вид на обука и време ...................................................................................... 323 Графикон бр.5.6 Влијанието на полот на испитаниците врз групата курсеви ...................................................................... 341 Графикон бр.5.7 Односот мажи – жени,одговори на прашањата: кому ќе се обратат за помош, дали би сведочеле на суд и возачки статус......................................................................... 348 Слика бр.6.1 Типови врски меѓу две варијабли....................... 358 Графикон бр.6.1 Графичко прикажување на односот на две варијабли ................................................................................ 360 Графикон бр.6.2 Пример на графикон за линеарна поврзаност .............................................................................. 361 Табела бр.6.1 Корелациона матрица на варијаблата: должина на траење на анкетата, возраст, пол и степен на образование на испитаникот ............................................................................ 365 Табела бр.6.2 Коефициент на невработеност и на криминал во Република Македонија во периодот 2000-2009 година ........... 378 Графикон бр.6.3 Пирсонов коефициент на корелација ........... 382 Графикон бр.6.4 Функционална и стохастичка зависност ....... 383

Page 18: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

XIII

Табела бр.6.3 Резултати од првиот колоквиум по предметот „Методологија на истражување на безбедносните појави“ полаган на 31.10.2011 година .................................................. 391 Табела бр.6.4 Резултати од првиот колоквиум по предметот „Методологија на истражување на безбедносните појави“ полаган на 31.10.2011 година, по пол ..................................... 396 Графикон бр.6.5 Доколку имате проблем кому најпрво ќе се обратите? (според возраст) ..................................................... 401 Преглед бр.6.1 Видови непараметриски тестови..................... 410 Преглед бр.6.2 Непараметриските тестови предвидуваат редица процедури, што не се потреба од претпоставките, односно, распределбите......................................................................... 411 Табела бр.6.5 Редоследот на вредностите според степенот на значењето за испитаниците Македонци и Албанци ................ 414 Табела бр.5.6 Испитаници (емпириска) распределба .............. 423 Табела бр.5.7 Теориска (пресметана) распределба .................. 423 Табела бр 5.8 Преглед на престапниците според старост и вид на однесување......................................................................... 424 Табела бр.6.9 Оценете ја работата на полицијата? - Полицијата еднакво се однесува кон сите граѓани ..................................... 430 Пример бр.6.1 Модел на табела на контингенција ................. 436 Табела бр.5.10 Однос меѓу полот и малолетничката деликвенција ........................................................................... 445 Слика бр.6.2 Мдел на Табела на контингенција ...................... 450 Табела бр.6.11 Откриени кривични дела според видот на постапката .............................................................................. 451 Преглед бр 7.1. Класификација на променливите во регресионата анализа .............................................................. 461 Графикон бр.7.1. Возраст и времетраење на анкетата ............. 466 Графикон бр.7.2 Линија на регресијата................................... 467 Табела бр.7.1 Работници според старост и висина на примања.................................................................................. 471 Графикон бр.7.3 Коефициент на детерминација ..................... 474 Графикон бр.7.4 ROC крива.................................................... 492 Графикон бр.7.5 Дијаграм на резидуали ................................. 496 Преглед бр.8.1 Модел на матрица за приказ на податоците .... 511 Преглед бр.8.2 Сличности и разлики меѓу дискриминативната и другите анализи ...................................................................... 516 Графикон бр.8.1 Дискриминативна фунција ........................... 518 Слика бр.8.1 Дискриминантна анализа - класификација на групите ................................................................................... 519 Графикон бр.8.2 Скор на објекти ............................................ 528 Графикон бр.8.3 Компонентни оптеретувања ......................... 533 Графикон бр.8.4 Центроиди на анализираните променливи ... 536

Page 19: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

XIV

Графикон бр. 8.5 Центроиди на променливите доверба и односот кон полицаецот ......................................................... 537 Графикон бр.8.6 Центроиди на променливите: возраст и самосвест ................................................................................ 537 Графикон бр. 8.7 Центроиди за променливите „задоволство од работата на полицијата“.......................................................... 538 Графикон бр.8.8 Центроид за променливата „одважност“ ...... 538 Графикон бр.8.9 Графикон на трансформации........................ 539 Преглед бр.8.3: Групирање на испитаниците според измерените карактеристики ....................................................................... 541 Слика бр. 8.2 Вертикален и хоризонтален дендограм ............. 549 Слика бр.8.3 Дендограм меѓугрупна поврзаност..................... 550 Слика бр.8.4 Дендограм на меѓугрупна поврзаност ................ 550 Слика бр.8.5 Дендограм на Ward-ов метод ............................. 551 Слика бр.8.6 Дендограм на центроид метод............................ 551 Слика бр.8.7 Дендограм на медијалниот кластер метод .......... 552 Шема бр.9.1 Заедничка и својствена варијанса ....................... 567 Табела бр.9.1 Перцепции за асоцијално и криминално поведение ............................................................................... 568 Табела бр. 9.2 Паралелна анализа ........................................... 584 Табела бр.9.3 Споредување на карактеристичните вредности добиени со PCA и вредностите со паралелната анализа и видот на одлуката ............................................................................. 584 Графикон бр. 9.1. Scree plot како постапка за определување на бројот на факторите ................................................................ 600

Page 20: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

ГЛАВА ПРВА

АНАЛИТИЧКА ПОСТАПКА

Page 21: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013
Page 22: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

Аналитичка постапка - поим

Аналитичките постапки се состојат од проценката на истражу-вачките информации донесени врз основа на анализата на веројатните

односи меѓу податоци собрани со емпириското (теренското) истражува-ње. Тие се „постапки на анализа на значајни показатели и тенденции,

вклучувајќи ги ѝ резултатите од истражувањето во врска со промените и односите што не се доследни со останатите значајни податоци, или кои отстапуваат од определени предвидени износи“1, односно, стан-

дардизирани или прифатени нивоа. Нивниот распон е од едноставни споредби до употреба на сложените модели. Примената на аналитич-

ките постапки претпоставува, односно е условена од тоа, дека истражу-вачот поседува доволно теоретски и практични сознанија за предметот на истражувањето, односно за дејноста во која се реализира истото. Без

такви сознанија, тој нема да е во можност да развие компатибилни ана-литички постапки, или на соодветен начин да ги вреднува резултатите

на таквите тестови. Аналитичките постапки имаат три цели: а) да му помогнат на истражувачот при планирањето на видот, карактерот, временскиот распоред и опфатот (ширината) на другите дејствија; б) да

послужат како независни тестови, техники и средства за да се соберат докази за одделните искази поврзани за состојбата на појавата, про-

цесот, односот или нивниот вид; в) да се пружи сеопфатен преглед за информациите применети во последната фаза од истражувањето2.

Кога станува збор за разграничувањето на поимите „аналитич-

ки“ („аналитичка“) и „постапки“ („постапка“), треба да се каже на след-ното: aналитичкото, подразбира вивисекција, раздвојување на целината

на елементи, сознавање на нејзината структура, функционалните одно-си меѓу нив, нивната испреплетеност, интеракции и односите. Таа под-разбира сознавање на сѐ што ја сочинува содржината на појавата, про-

цесот или творбата.

1 Robert Zenzerović: Analitički postupci - instrument revizora u ocjeni vremenske neograni-

čenosti poslovanja; Ekonomska istraživanja, Vol.20 No.2/2007. стр. 63 2 http://www.moj-bankar.hr/Kazalo/A/Analiti%C4%8Dki-postupci [пристапено на

3.02.2012];

„Општо земено се познати четири аналитички постапки при анализата на финан-

сиските извештаи: хоризонтални анализи; анализи на трендови; вертикални анализи и

анализа по пат на користење аналитички показатели (Ratio Analy sis)“. Види:

Слободан Марковски, Блажо Недев: Сметководство на менаџмент; Економски фа-

култет, Скопје 2003, стр. 601-609;

Page 23: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

2

На страна на парадигмата на појаснување, како што ќе забележи Владимир Мужиќ, „наидуваме на примената на емпириско-аналитички-

те постапки, со кои се тежнее да се востановат вистинските (т.е. пози-тивно постојните) факти“1. Така, според него „зборот „постапка“ и

„метод“ изворно се со исто значење (грч.: methodos = постапка)“. Сепак, кога се анализира стручната, односно методолошката литература „името ’метод’ обично има конотација на нешто пошироко, поимно на-

дредено, а ’постапка’ на нешто потесно, поимно подредено“. Така, во статистичката литература изразот „статистичка метода“ често се сфаќа

во смисла на целокупна примена на статистиката, - вели Мужиќ, „а во рамките на тој метод се наоѓаат одделни статистички постапки. За споредна примена на терминот „метод“ и „постапка“ наоѓаме, на при-

мер во појавата дека некои говорат за методот тестирање, а други за примената на тестовите, односно постапката на тестирање како една од

постапките на собирање на податоците“. Оттаму и недоразбирањата и разликите што се јавуваат при класификацијата на методите, или не-доразбирањата што произлегуваат од употребата на поимите „метод“,

„постапка“, „техника“, „инструмент“ и слично, за што стана збор во претходните излагања на оваа тема. Затоа, кога се зборува за дескрип-

тивен и каузален метод на истражување, едни автори зборуваат за метод, а други тоа го класификуваат во видовите на истражување. Слична е ситуацијата и со спомeнувањето на „историскиот метод“. Во

една прилика се зборува за метод, а во друга за насоченост на истражу-вањето, односно, се класификува како вид на истражување. Такви раз-

лики има многу, но тие воопшто не збунуваат од проста причина, што нивната употреба секогаш е поврзана со контекстот за што станува збор. Но секогаш треба да се има предвид дека „единствено важна е

грижата за квалитетно спроведување на истражувањето2. Анализата на податоците е фаза од процесот на истражувањето

во кој, на преден план, доаѓаат до израз интелектуалните способности на истражувачот и примената на знаења и вештини за значењето и моќ-та на творечкиот поцес. Овде е значајно да се подвлече дека искустве-

ното известување за безбедносните појави како предмет на истражува-ње, најнапред се разложува на содржината и релацијата, односно,

структурата и односите, потоа се врши споредување меѓу нив за утвр-дување на точноста и вистинитоста на сознанијата и на крај добиените резултати се презентираат во некој од облиците на интелектуалното

мајсторство. Тие постануваат сопственост на творечкиот опус и на тео-

1 Vladimir Mužić: Uvod u metodologiju istraživanja odgoja i оbrazovanja; Educa, Zagreb,

1999; стр.18; 2 Vladimir Mužić: Uvod ... цит. дело. стр. 33-34;

Page 24: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

3

рискиот дискурс за појавата. Крајниот предмет на анализа на подато-ците се фактите дадени во форма на исказот за врската меѓу пое-

динечни содржини на предметот на истражување. Анализата во суш-тина, е мисловна активност со која податоците се поврзуваат и разби-

раат. Средените и обработените податоци треба да се доведат во непос-редна врска со ставот на хипотезата поради нејзина проверка. Колку и да се средени и обработени, податоците без анализа, остануваат надвор

од целиот процес на истражување. Слободно може да се каже дека до научни факти се доаѓа дури со рационалното поврзување на податоци-

те, користењето на теоретските знаења и логичкото мислење1. Секој обид за поврзување на податоците, вклучувајќи го разби-

рањето, се утврдува со научните факти. Поради тоа, несомнено, се пос-

тавуваат прашањата, како што се на пример: што е суштината, на при-мер на безбедносните појави како предмет на истражување? Каков е од-

носот на нејзината суштина и форма? Зошто е таква појавата? Дали мора да е таква? Какви се последиците? Одговори на овие прашања мо-же да се најдат во податоците, со нивното разбирање и поврзување. До-

ведувањето на различни податоци во меѓусебната врска, потоа, нивните понатамошни поврзувања со теоријата на безбедносните науки во ши-

рок контекст, со почитување на правилата на логичкото мислење, се до-аѓа до фактот за безбедносните појави како предмет на истражување2.

Тоа е креативен процес на научните соработници и членови на

истражувачкиот тим и една од најважните фази во реализација на ист-ражувањето.

Како сложен мисловен и технички процес, анализата на подато-ците во истражувањето на безбедносните појави, опфаќа повеќе конти-нуирани активности: 1) изработка на концептот на анализа; 2) оценува-

ње на податоците; 3) откривање на грешките и 4) избор на аналитички постапки3.

Концептот на анализа се изработува за малите истражувања, кои не се претходно проектирани. На таквите истражувања им претходи изработката на идејна скица или само еден (евентуално два) инструмент

по кои се собираат податоци. Концептот на анализа ретко се прави, во услови кога е целосно разработен проектот на истражување. Всушност,

тој е документ со разработен предмет, цели, хипотези и индикатори и

1 Miroslav Pečujić, Vladimir Milić: Metodologija društvenhih nauka , Službeni list SFRJ,

Beograd 1991, стр. 273-276; 2 Новак Милошевић, Саша Милојевић: Основи методологије безбедносних наука ,

Полицијска академија, Београд, 2001, стр. 278-281; 3 Slavomir Milosavljević: Istraživanje političkih pojava; Institut za političke studije

Fakulteta političkih nauka u Beogradu, Beograd, 1980; стр.256;

Page 25: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

4

како таков, претставува најдобар концепт на анализа. Согласно со тој концепт, уште во фазата на средување и обработка подтаоците се

продготвуваат за анализа Оттука концептот на анализа е условен, од хипотезите и индикаторите, но и од предметот и целта на истражување.

Тој обезбедува податоците што се собрани, да се средат, обработат и да се анализираат во натамошната постапка1.

Како се конструира инструмент?

Едно од прашањата што се поставува пред истражувачите, (осо-бено неискусните), кога пред себе имаат дилема како да истражат некој феномен, или да решат проблем, а немаат претстава за тоа, како да се

идентификуваат индикаторите, како да се мерат елементарните пара-метри. Практиката покажува дека истражувачите, обично конструираат

инструменти што се преполни со различни типови варијабли, или содр-жат такви податоци, што подоцна нема да имаат некое посериозно зна-чење и употреба. Собраните податоци, во таков случај се само мноштво

информации, за кои се нема јасна претстава што со нив, не знаe како да сe обработат и како наодите да се доведат во меѓусебна врскa. Искуст-

вата од работата со истражувачите почетници упатуваат на тоа дека се присутни обиди да се приберат „аргументи“ за својот став, со селекција само на оние што одат во прилог на претпоставено тврдење (што е во

спротивност со начелото на објективност), па се до ситуации, кога со инструментот се фокусираат повеќе на испитаниците oтколку на ист-

ражуваниот феномен. Во вториот дел од студијата*, посебно е актуелизирано значе-

њето на инструментите и нивната примена. Овде се потенцира дека ин -

струментите претставуваат значајна карика на секое истражување, не само заради тоа што со лош инструмент не може добро да се мери, туку

и заради тоа што, ниту „добриот инструмент не вреди ако истражувачот не умее да го користи, или ако доволно не разбира што добил со инст-рументот, ако не умее статистички да ги обработи наодите и ако не

умее врз основа на нив да донесе заклучок. Затоа е важно секој инстру-мент да е стандардизиран. Базичен (основен) критериум на оваа стан -

дардизација е, со инструментот да се обезбедат податоци што се добие-ни од примерокот за тие, да можат да се генерализираат на популаци-јата2“.

1 Ibidem… стр.266;

* Види книга втора од Методологијата на безбедносните науки – истражувачка

постапка стр.329-426; 2 Nenad Suzić: Primijenjena pedagoška metodologija , XBS , Banja Luka 2006 стр.7;

Page 26: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

5

Едно од значајните прашања, за секој истражувач е и тоа како да се добие стандардизиран инструмент? Обично, наједноставно решение

е да се искористи готов и стандардизиран инструмент, што е каракте-ристично за психолошките истражувања, каде постојат еден значаен

број стандардизирани инструменти, кои по правило се набавуваат спо-ред цените определени од нивните автори или асоцијации. Обично се препорачува истражувачот да се потпре на набавката на стандардизира-

ни инструменти, дури и тогаш кога тој се определил да конструира сопствен инструмент. При конструирањето на инструмент за истражу-

вање препорачливо е истражувачките резултати да се споредат со ре-зултатите на некој од стандардизираните инструменти, со цел да се утв-рди вредноста и сигурноста, или посакуваното ниво на чувствителност

на инструментот. Најчесто се поставува прашање за тоа кои се елементарните

претпоставки за изработка на стандардизираниот инструмент? Одгово-рот на тоа прашање, според Сузиќ, може да се скицира на следниот на-чин:

операционализацијата на концептите: теоретска или логичка врска меѓу идеите, концептите, конструктите и инструментите,

еднообразност на начинот на одговарање на испитаниците, кумулативност на ставките (променливите), недвосмисленост на прашањата, јасност на променливите1.

Истражувачкиот зафат што не се темели на јасен теоретски кон-

цепт е обично собирање на податоци, обид за создавање на квантифика-ции и генерализации. Тие можат да значат и соодветна имитација на организирана активност. Токму затоа се истакнува значењето на опера-

ционализацијата на концептот, што во суштина значи, теоретски доб-ро да е осмислена идеја, е јасно образложена, јасно е дефинирано тоа

што ќе се истражува. Тоа значи дека јасно се назначува која e појдовна-та теоретска позиција. За овие прашања посебно е укажано во фазата на проектирањето, односно во теоретското дефинирање на предметот на

истражувањето. Значајно е да се утврди што е тоа што дотогаш е созна-ено, дали одговорите и аргументите на прашањата можат да ја издржат

логичката и емпириската проверка, како и други прашања што бараат одговор2.

Втората претпоставка се однесува на еднообразноста на начи-

нот на одговарањето на испитаниците. Тоа подразбира дека секое пра-шање од инстументот следи иста скала, ист начин на давање одговор.

1Ibidem... стр.12-14;

2 Dževad Termiz: Metodologija drušvenih nuka, Šahinpaić; Sarajevo, 2003;стр. 203;

Page 27: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

6

Во истражувањето на безбедносните појави, постојат различни искуст-ва, затоа може да се констатира дека таквото правило не е императив,

но е препорачливо. Што се однесува пак, до правилото на кумулативност на пода-

тоците подразбира дека одговорите на прашањата во инстументот се та-ка конструирани за да може да се извршуваат определени сметачки операции, како за целината, така и за одделни делови на инструментот.

Во секој извештај од истражувањето се опишува начинот на кон-струкцијата на инструментите. Тоа се чини на јасен, разбирлив и конци-

зен начин. Се објаснува теоретска заснованост, процедурата на бажда-рењето и евентуалните дилеми што постојат при операционализацијата на концептите. Обично се опишуваат следните постапки:

теоретскиот концепт за конструирање на инструментите, јасно дефинирање на конструктите и нивните взаемни односи,

начинот на кој се изведени репрезентативните примери, прецизно се наведуваат позајмените примери, инструментите и

изворите,

се наведуваат податоци за баждарењето и начинот на неговата примена1.

Во определувањето на пристапот за конструкцијата на збирот на

прашањата за определен инструмент, значаен е теоретскиот пристап,

посебно теоретските коцепти и врз таа основа градењето конструкти што се од значење за науката и научно-истражувачкиот процес. Особе-

но инспиративен е и концептот на Томас Блек, кој може да послужи ка-ко модел во објаснувањето процесот на конструирањето на инструмен-тите.

Табела бр.1.1: Три пристапи во конструкцијата на инструментите

Пристап Конструкција

Логички теорија -» концепт -» конструкт -» збир на прашања

Факторско-

аналитички

концепт -» прашања -» факторска анализа -» збир на

прашања -» конструкти

Емпириски набљудување -» прашања -» групен резултат -» конструкт -» збир на прашања2

1 Nenad Suzić: Primijenjena …. цит. дело. стр. 16;

2 Thomas, R. Black: Doing quantitative research in the social sciences: An integrative

approach to reshearch design, measurement and statistics, SAGE Publications, London,

1999, стр. 220; цитирано според: Nenad Suzić: Primijenjena... цит. дело. стр.14;

Page 28: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

7

Од прегледот може да се костатира дека се дадени три пристапи што преовладуваат во конструкцијата на инструментите. Секој од нив

создава претпоставки за конструирање на квалитетен инструмент. Логичкиот пристап е определен и се темели на теоријата. Тој е

определен со теорискиот концепт, со определена парадигма или друг облик на триангулација или поврзување на теориските пристапи.

Факторско-аналитичкиот пристап е претставен како след на

општиот модел изразен на следниот начин: „концепт → прашања → факторска анализа → збир на прашања → конструкти“1. Тоа значи дека,

определен теоретски концепт треба да се разработи во што е можно по-голем број прашања, или батерии прашања. Факторската анализа, како сложена аналитичка постапка, овозможува да се групираат оние пра-

шања што меѓусебно најмногу придонесуваат за објаснување на вари -јансата и што меѓусебно имаат најзначајна корелација2. При примената

на овој пристап се офтрлаат прашањата што не се во функција на објас-нување на варијансата. За тоа постојат определен број процедури што се извршуаат и со чија помош се анализира збирот на прашањата што

остануваат во конечната, поточно, финалната форма на инструментот. Во зависност од искуството, степенот на теоретската разработка на

предметот на истражувањето, истражувачот формулира заеднички кон-структ во кој се содржани прашањата што бараат одговор.

При примената на емпирискиот пристап во конструкцијата на

инструментот се поаѓа од забележувањето. Испитаниците, или истражу-ваниот феномен се набљудува во реалната ситуација. Во зависност од

применетиот метод на собирање на податоци, се применува и облик на бележење на податоците. Ако се користи чек листа, тогаш се бележат промените на појавата, во единица време, според конструкцијата на ин-

струментот и упатствата што се дадени во него. Извршениот процес на набљудување се завршува со сумирање на забележаните индикатори,

создавањето на групни показатели и сл. Конструктите, во зависност од карактерот, сложеноста на појавата и односите во неа, се однесуваат на позитивните, негативните, или други карактеристики на појавата, на

интензитетот на активностите, или дејствијата и слично. Во елабораци-јата на проблемот, од конструктите што се обликува и се дефинира зби-

рот на прашањата со кој се аргументира секој конструкт одделно3. Во такви случаи, посебно, кога има повеќе батерии прашања се применува ѝ Кронбаховиот - алфа тест за утврдување на внатрешната доследност и

согласност, односно се одговара, дали тие мерат ист конструкт.

1 Ibidеm… стр.14;

2 Ibidem… стр.15;

3 Nenad Suzić: Primijenjena.. цит. дело. стр.16;

Page 29: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

8

Примената на овие пристапи (логичкиот, факторско-аналитички-от и емпирискиот) е во согласност со типот на инструментот и каракте-

рот на истражувањето. Таа е условена од теоретски концепт и целите поставени во него. Овде треба да се потсети на укажувањето според кое

кога се конструира инструментот кој се темели на еден тип на скала, на пример Ликертова скала со пет одговори, тогаш треба да се настојува да се формулираат прашања што нема да доведат до ситуации, испитани-

кот на нив, да одговара, механички, односно да не е искрен во давањето одговори, или пак да ги искажува само максимално позитивните, однос-

но негативни оценки. Во тие ситуации се применуваат прашања со ди-хотомни одговори, со набројувања, избор или отворени одговори1.

Подготовка на прашалник

Дефинирањето на тоа кој податок на која скала припаѓа се опре-делува уште во инструментот. Во зависност од предметот и целите, односно хипотезите и развиената индикаторска рамка се изготвуваат

инструменти. Во многу истражувања, информациите се собираат од субјекти

или испитаници. Понекогаш тоа значи собирање на демографски пода-тоци за субјектите пред тие да се подложни на некоја експериментална постапка, на пример карактеристиките на затвореникот и затвореничка-

та заедница. Од друга страна, може да се проектира обемна анкета во која треба да се анкетира одбран примерок на населението2. Слабо исп-

ланираниот или лошо проектираниот прашалник нема да даде добри податоци од кои можат да се извлечат квалитетни одговори на истра-жуваните прашања. При подготовката на прашалникот треба да се

размисли за тоа како ќе се употребат тие информации; претходно

треба да се знае која статистичка анализа ќе се примени. Во завис-

ност од предвидената статистичка техника, прашањата треба да се пос-тават на определен начин или да се дадат различни формати на одгово-рите. Во продолжение се укажува на некои од чинителите што треба да

се разгледаат при проектирањето и составувањето на прашалникот.

1 Ibidem… стр.16;

2 На Факултетот за безбедност во Скопје од 2008-2012 година во периодот од 8-17

Јануари се органзира истражување на тема: „Мислењето на граѓаните на Република

Македонија за работата на полицијата“. Тоа во 2008 година е реалзирано на

примерок од 1188 испитаници, во 2009 на 1308, во 2010 на 1318, 2011 1440 и во 2012

на примерок од 1260 испитаници. Истражувачкиот тим го сочинуваат авторот, проф .

д-р Борис Мургоски и доц. д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Page 30: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

9

Видови прашања

Прашања, според видот на одговорот, можат да се класифи-куваат во две групи: а) затворени и б) отворени. Затворено прашање е она што на испитаниците им нуди повеќе однапред дефинирани

одговори. Од нив се бара со заокружување, подвлекување, прецрту-вање или со штиклирање на означеното поле, или број да одберат

еден од понудените одговори. Одговорот може да е едноставен, како што е: „Да/Не“, „Машко/Женско“; „има/нема“ (овде станува збор за податоци што ѝ припаѓаат на номиналната скала); или може да

се понуди поголем број на можни одговори, на пример:

Кој степен на образование сте завршиле? (означете соодветно поле) 1. Без образование 2. Основно учлиште 3. Средно училиште 4. Виша школа

5. ВСС 6. м-р на наука 7. д-р на науки

(Овој вид на податоци ѝ припаѓа на ординалната скала).

Затворените прашања обично многу лесно се претвораат во нумерички формат кој е потребен за обработка во софтверксите ре-шенија. Како пример: Да може да се шифра со 1, Не со 2; или кај по-

лот Маж со 1, Жена со 0. Во погоре прикажаното прашање за обра-зованието - одбраниот одговор би се шифрирал со штиклирање (за-

окружување) или внесување реден број означен во полето пред од-говорот. На пример, ако испитаникот е означен во полето пред одго-ворот д-р на науки, тоа би се шифрирало со бројот 7. Постапката за

шифрирање е особена корист за обработката на податоците, особено при нивната електронска обработка. Всушност, на секој од можните

одговори им доделува некој број (шифра), која подоцна претставува основа за натамошна обработка во софтверските решенија. Кога, за обележјата се доделуваат шифри, односно, броеви, неопходно е, за

целиот инструмент, да се почитува определен принцип (на пример броевите растат од лево надесно и одозгора надолу)1.

Понекогаш не може да се претпостави кои се одговори можат да ги дадат испитаниците, затоа тогаш во прашалникот се вградува-ат отворените прашања. Предноста на овој вид прашања е во тоа

1 Rudi Supek: Istraživanje javnog mnenja, SNL, Zagreb, 1981; стр.459;

Page 31: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

10

што, испитаникот има можност да одговори на прашањето на свој начин, бидејќи не е ограничен од изборот на одговори и што нему

му обезбедува целосна слобода што подразбира тој да е креативен во давањето на одоворите. Значи станува збор за прашања со отво-

рени одговори. Пример на прашање со отворен одговор:

„21. Ако на претходното прашање одговоривте со ДА, наведете од што најмногу се плашите? _______________________________________________________________“

Одговорите на отворените прашања можат да се синтетизира-ат во неколку категории, но можат, да се внесуваат и како текст. Ако се синтетизираат, обично, се утврдуваат по согледувањето на распо-

нот на одговорите од испитаниците. Тие области или категории мо-жат да се утврдат и од претходните истражувања1. На секоја катего-

рија од одговорите и се доделува шифра, број (на пример: парк=1, улица=2, провала во стан =3 итн.) и бројот се внесува во работниот лист на софтверскиот образец (пакет).

Понекогаш најдобра е комбинацијата на затворени и отворе-ни прашања. Тоа значи, дека на испитаниците им се даваат неколку

однапред дефинирани одговори и една додатна категорија (Друго. Што?) која можат да ја одберат доколку одговорот што сакаат да го дадат не е меѓу понудените. Следи еден или два празни редови со

црти на кои може да се впишува одговор. Таквата комбинација, на затворените и отворените прашања,

особено е корисна во раните фази на истражувањето на дадената об-ласт, бидејќи покажува дека дефинираните категории на одговорите адекватно се опфаќаат во одговорите што испитаниците најчесто ги

даваат.

Формат на одговорите

При формулирањето на прашањата, треба да одлучи кој фор-мат на прашање ќе одговара да се понуди на испитаниците. Форма-

тот на одговорите, може да има последица по статистичката анализа што може да се примени при обработката на тие одговори. За некои видови анализа (на пример за корелационата) потребни се одговори

чии вредности сочинуваат широк, континуиран распон од мали до големи броеви. Во анкетите, стандардно прашање е возраста на ис-

1 Slavomir Milosavljević, Ivan Radosavljević: Repititorijum iz metodologije društvenih

istraživanja; Fakultet političkih nauka, Beograd 1975, стр . 102; Dževad Termiz, Slavomir

Milosavljević: Praktikum metodologije politikologije; Sarajevo, 2000, стр.273;

Page 32: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

11

питаниците и ако се понудат категории на одговор што треба да се избере (на пример, помала од 30, меѓу 31 и 50, и преку 50 години

старост), таквите податоци нема да се соодветни за корелационата анализа. Затоа, доколку се има намера да се истражи корелацијата

меѓу староста на испитаникот ѝ, да земеме за пример, неговиот пат-риотизам, тогаш треба да им се овозможи во инструментот да можат да впишат колку години имаат и јасно да ги изразат ставовите што

го опфаќаат поимот патриотизам. Кога се конструираат прашањата се нуди што е можно поши-

рок избор на одговори на прашањата. Одговорите подоцна можат да се групираат во потесни или поопшти групи. Не треба да се бара од испитаниците само да (не) се согласуваат со нешто или некое тврде-

ње, туку, најдобро е да се употреби скалата од Ликертов тип, со степенести одговори - од потполно се согласува до потполноно не се

согласува1. Во продолжение се прикажани две мерни скали од ликертов

тип. Едната има распон од 5 члена, а втората од 10. Одговорот оди

во насока на заокружување на бројката под степенот на согласноста:

Воопшто не се сог-

ласувам

Не се сог-ласувам

Не можам да оценам

Се согласу-вам

Целосно се согла-

сувам

1 2 3 4 5 Кај вториот облик на скала степенот на согласувањето се

забележува на една од бројките, заокружената бројка поблиску кон оценката за степенот на (не) согласување, така се оценува и нејзина-

та вредност.

Воопшто не се сог-ласувам

1 2 3 4 5 7 8 9 10 Целосно се согласувам

Овој вид скала ни овозможува и поширок распон на можните

одговори и го зголемува бројот на статистичките анализи што можат да се применат на таквите одговори. Kога се конструира прашал-

никот обврска на истражувачот е да реши колку степени во одгово-рите ќе има. (на пример: во анкетите, обично, се користи скалата со

1 Rudi Supek: Istraživanje....цит. дело. стр.288; Tomislav Perković: Uvod i definicija

Likertove skale;

http://infoz.ffzg.hr/Afric/VjekoBZ/CITABAZU.asp?kljuc=2007013&index=0 [18.07.2009];

Page 33: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

12

5 одговори, но, не се ретки и примерите каде таа се движи од 1 до 10 одговори, а многу ретко и до 30 одговори). Околу бројот на можните

одговори постојат разлики и дебати. Кога се избира форматот на одговорите изборот е на истражувачот. А тој е условен од предметот

и целите на истражувањето, односно нивото на прецизност што тре-ба да се оствари со истражувањето. Истражувачот е должен да изра-боти јасни упатства што, секогаш, им се даваат на испитаниците ка-

ко да одберат еден од понудените одговори. Тоа најчесто се чини преку советот или замолницата да ја заокружат бројката (буквата)

пред одговорот или да стават знак, цртичка, симбол пред или во не-кој графички облик пред одговорот. Се практикува на посебен лист да се подготват модалитетите на одговорот, а од испитаникот да се

изјаснува за еден од нив. Така се избегнуваат обидите да се влегува во објаснувања што, во зависност од професијата на испитаникот,

актуелноста на прашањата, можат да предизвикаат интерес1. Прашалникот, по некоја случајност, на испитаникот може да

му е прво такво искуство, односно да немал прилика да пополни

прашалник или документ од таков вид, односно прв облик на интер-вју што би можел да се сретне во животот. Треба да се има разбира-

ње за тоа што испитаниците нема да ви одговорат веднаш, и што не знаат како се одговара на прашањата. Затоа е неопходно да им се да-дат јасни и конкретни упатства - по можност и со пример - и секо-

гаш, се спроведува пробно истражување за популацијата од кои се состои примерокот2. Пред тоа, се нуди прашалникот на луѓе што не-

маат непосреден допир со него, да го погледнат, со цел да се отстра-нат сите можни извори на забуна. Кога се формулираат прашања, секогаш треба да се размисли, за можностите како да се разбере и

интерпретира прашањето и посебно можните одговори. На пример, ако се има намера да се дознае дали соговорникот е возач. Прашање-

то што го поставува може да гласи: 31. Дали сте возач? да не

Кага се пополнува прашалникот, испитаникот може да се запраша дали се мисли на велосипед, мопед, лесна кола или автобус, камион, камион со приколка и слично? Дали е доволно да се знае

дека испитаникот вози или можеби има возачка дозвола, а нема средство за возење? Ако има возило, а нема возачка дозвола, дали и

1 Slavomir Milosavljević, Ivan Radosavljević: Repititorijum ... цит. дело. стр. 104; Dževad

Termiz, Slavomir Milosavljević: Praktikum... цит. дело. стр.277; 2 Ibidem… стр. 105;

Page 34: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

13

тогаш вози. Ако има возило и возачка дозвола, а имотната состојба тоа не му го дозволува. Ако има дозвола, а нема возило, или е врабо-

тен како професионален возач. Отворањето на овие дилеми се во функција на укажување за потребата од промислување на секое пра-

шање: затоа што во истражувањето се важни информациите што ни се потребни1.

Формулирање на прашања

Обврска на истражувачот е, во прашалникот, да формулира јасни и добро срочени прашања што претпоставува и соодветно

знаење и умеење. Иако не постојат едноставни правила, за тоа како се формулираат прашањата, истражувачот е свесен за грешките што

лошо формулираните прашања, сигурно водат кон лош прашалник. Затоа, се препорачува да се избегнуваат2: долгите и сложени прашања;

двостепена негација; да се поставуваат две прашања во едно;

да се употребува жаргонски јазик (сленг) и кратенки; да се употребуваат поими и изрази чие значење се менува за-

висно од културата на која лицето и припаѓа;

да се употребуваат хомоними; да се избегнуваат сугествни прашања; и

зборовите што побудуваат особено силни чувства. Во соодветните случаи треба да се размисли за вклучувањето

на категориите „Не знам” или „Не можам да оценам”3.

Подготовка на шифрарникот

Пред да се почне со внесувањето на податоците од прашални-

кот, интервјуто или експериментот во некое софтверско решение (во нашиот случај во MS Eexcel и SPSS), треба да се подготви шифрар-ник (англ. codebook)4. Тоа е збир на инструкции за претворањето на

информација добиена од секој субјект или случај (англ. case) во нумерички формат разбирлив за компјутерската програма (во SPSS,

т.е. во бројки.

1 Виолета Петровска Бешка: Анкетирање- што, зошто, кој како?; Филозофски

факултет, Скопје 1999; стр. 160-176; 2 Зинаида, Васильевна Секивич: Социологистическое исследование; практическое

руководство; Питер, Москва, 2005; стр. 147; 3Родолф Гигилион, Бенжамен Малтон: Социологические анкети – теория и практика;

Наука и искузтво; София; 2005, стр. 138; 4 Виолета Петровска Бешка: Анкетирање... цит. дело. стр.170;

Page 35: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

14

Подготовката на шифрарникот опфаќа донесување на одлу-ките (и документирањето) како што се:

дефинирањето и именувањето на секоја променлива; и да им се додели по еден број на секој од можните одговори.

Една од навиките што треба да се формира е да се бележи сѐ. Сите, информации треба да се забележат на хартија или во датотека. Затоа документацијата треба да е детална, да се држи на некое

безбедно место. Тоа е потребно заради тоа што, ако имаме потреба да се наврати на нив, или некој сака да ја провери постапката, да мо-

жат да се користат податоците од датотеката, односно документите. Нема ништо потешко од тоа да се работи на сеќавање што сѐ значе-ле кратенките, шифрите и другите симболи во датотеката со подато-

ци1. Во шифрарникот треба да се наведат сите променливи од

прашалникот, скратените називи (имиња) на променливите што се употребуваат за обработка во софтверското решение и начин на кој се шифрираат одговорите (да се прикажат броевите внесени во ком-

пјутерот, што се основа за статистичката анализа). Во продолжение се дадени поедноставени примери што го илустрираат секој чекор.

Во првата колона на Прегледот бр. 1.1 се наведени називите (ими -њата) на променливите, како што се обележани во прашалникот2. Во втората колона е дадено скратеното име на променливата што се

употребува софтверското решение (погледнете ја долунаведената конвенција), а во третата колона се впишува бројот (шифрата) што

ќе го замени одговорот даден во инструментот3.

Преглед бр.1.1 Шифрарник од истражување спроведено 2009 година

прашање за SPSS шифра прашање за SPSS шифра

III.8 pr57 1-4 VI.3.4 pr112 1-2

III.9 pr58 1-4 VI.3.5 pr113 1-2

III.10 pr59 1-4 VI.3.6 pr114 1-2

III.11 pr60 1-4 VI.3.7 pr115 1-2

III.12 pr61 1-4 VI.3.8 pr116 1-2

1 Викторија Тодоровска: Кодексот на шифри како инструмент при анализа на

содржината на документите, Годишник на Факултетот за безбедност Скопје, 2010,

стр. 358-360; 2 Шифрарник од инструментот на истражувањето на тема: „Психосоцијалните и

правни последици по припадниците на безбедносните сили на Република Македонија,

учесници во конфлкитот во 2001 година“, спроведено во 2009 година; 3 Slavomir Milosavljević, Ivan Radosavljević: Repititorijum ... цит. дело. стр. 106; Dževad

Termiz, Slavomir Milosavljević: Praktikum... цит. дело. стр.284;

Page 36: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

15

Преглед бр.1.2 Шифри за анкeтата: „Студентот во социјалните и наставните процеси

прашање Назив за SPSS шифра

1. Пол

1. машки 2. женски

pol м

ж

Возраст vozr 00

Место на живеење

1. село

2. град

zivee

1

2

Национална припадност

1.македонска

2. албанска

3. турска

4. ромска

5. српска

6. бошњачка

7.влашкa

8.друга

nacion

1

2

3

4

5

6

7

8

Секое прашање или варијација во прашалникот треба да има

променлива со единствено име (назив). Некои од тие имиња јасно пока-

жуваат за каква информација станува збор (на пример, пол, возраст, на-ционална припадност). Други прашања, како што се вредностите од кои

се состои некоја мерна скала, може да се идентификувани со опреде-лена кратенка1.

Преглед бр.1.3 Шифри за анкетата: „Мислењето на граѓаните за полицијата 2011”

39. Во овој прашалник наведовме неколку различни мислења и тврдења, Внимателно прочитајте го секое тврдење и означете го степенот на согласување со секој од нив.

ШИФРИРАЈТЕ ВАКА:

воопшто не се согласувам =1

не се согласувам =2

не можам да оценам =3 се согласувам = 4

потполно се согласувам =5

1 Викторија Тодоровска: .... цит. дело. стр.362;

Page 37: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

16

Преглед бр.1.4 Шифри за анкетата: „Мислењето на граѓаните за полицијата 2011”

Ознаки

за SPSS

Праша

ње број

Кодни

ознаки

Ознаки

за SPSS

праша

ње

Кодни

ознаки Pr1 1. 1 Pr45 24.13 1

Pr2 2 1 Pr46 24.14 1

Pr3 3. 2 Години: пример 32

Pr47 24.15 1

Pr4 4 1 Pr48 25.1 1

Pr5 4.1 текст текст Pr49 25.2 1

Pr6 5 1 Pr50 25.3 1

Pr7 5.1 1 Pr51 25.4 1

Pr8 6. 2 Pr52 25.5 1

Pr9 6.1 текст текст Pr53 25.6 1

Шифрирање на одговорите

На секој одговор, пред да биде внесен во софтверското решение,

задолжително се именува со определена шифра (нумерички код, алфабетски знак, или знак „+“ или „-“). Делот на информацијата во нумерички формат (на пример: возраст во години); останатите

променливи, како што е на пример пол („м“-мажи и „ж“- жени), треба да се претворат во броеви (на пример: 1=мажи, 2= жени).

Доколку се проверува, на пример, моменталниот брачен статус на испитаникот ќе го замолиме, тој да заокружи еден од понудените одговори: неоженет/немажена постојан партнер/ка оженет/ма-

жена разведен/а вдовец/а. За да се шифрираат одговорите на прет-ходно поставеното прашање, шифрирањето оди на следниот начин:

одговорот неоженет/немажена, се шифра со бројот 1; одговор пос-тојан партнер/ка се шифрира со бројот 2; оженен/мажена со бројот 3; разведен/а со 4 и вдовец/а со бројот 5.

Понудените одговори на прашањата се означени со букви (во нашиот случај: - мажи со „м“ и жени со „ж“), или со броеви (на пример:

прашањето за националната припадност). Во првиот случај податоците има потреба да се решифрираат, (што е посебна постапка, во некое од софтверските решенија – како на пример SPSS-от), а во вториот случај

(нема причини тие броеви да се решифрираат), тие се употребуваат како што се дадени во шифрарникот.

Page 38: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

17

Ознака

за SPSS

Прашање за анализа: Кодна

ознака

Pr123 Каков вид на повреда на законот постои од

страна на судот со пониска инстанца:

a) погрешна утврдена фактичка состојба

б) недоволно утврдена фактичка состојба в) погрешна примена на КЗ

г) не постои повреда на правото д) друго

ѓ) без одговор

1

2 3

4 5

0

Преглед бр.1.5: Шифрарник за „Анализа на одлуките на Врховниот суд на Македонија од 1961- 1999 година, проект 2009 година“

Доколку тоа од некоја причина не се применува и се избере

некое друго правило за шифрирање, на пример со букви (алфабетски) одговори, или обратен ред на бројките, тогаш е важно истражувачот да го почитува утврдениот ред.

Шифрирање на отворените прашања

Шифрирањето на отворените прашања (на која испитаниците са-

ми ги формулираат одговорите) е покомпликувано.

На пример, прашањето: „22. Замислете си дека сте Вие во можност да донесете

одлука за решавање на проблемите во општествотo, наведете кои три проблеми би ги решиле?

а) _____________________________________________________ б) _____________________________________________________ в) ____________________________________________________“

Kога има вакви прашања најечсто се применуваат два приста-пи:

а) првиот се внесуваат податоците во изворна форма б) вториот се читаат сите модалитети на одговорите,

потоа се групираат одговорите и на групите одговори

им се доделуваат нумерички шифри.

Во тој случај во шифрарникот се определуваат главните групи одговори и треба да се наведат како вредности на променливата која може да се нарече актуелни проблеми (на пример: 1. Невработеност; 2.

Сиромаштија, и сл.). За оние одговори што не можат да се групираат во ниту една од наведените категории се означува со „останато” и се доде-

Page 39: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

18

лува шифра на пример 99 или 999). Овде е важно да се спомене дека кога се внесуваат податоците од анкетните листови (или друг вид инст-

румент), се споредува одговорот со оние наведени во шифрарникот и се внесува соодветниот број (шифрата) во збирот на податоците за про-

менливуата, на пример може да се нарече прогноза или очекувања. От-како ќе се подготви шифрникот, следната фаза е внесување на подато-ците во компјтер, односно во соодветното софтверско решение. Прет-

ходно треба да се направат уште две нешта: да се запознае софтверот (на пример со SPSS, Statistica, AcaStat,

OpenStat и сл., со разните прозорци и рамки за дијалог, како се отвараат и затвараат датотеките).

да се формира датотека со податоци со помош на информациите

што се собрани со инструментите и со помош на подготвениот шифрарник.

Доработка на податоците

По внесувањето на податоците се врши нивна техничка контрола

и се отстрануваат техничките грешки од датотеката. Следниот чекор е преведување на агрегатните податоци во облик примерен за реализира-ње на анализата и тестирањето на хипотезите. Во зависност од подато-

ците, обележјата (променливите) и видот на истражувачките прашања на кои се бара одговори, процесот на доработка на податоците во

софтверскиот пакет SPSS, може да опфати: а) сумирање на податоците, б) концентрирање на податоците, в) стандардизација на податоците и г) упростување на сложеноста на податоците.

Собирањето на резултатите е постапка во која се добива вкупен резултат (англ. total score) на податоците од скалите на кои се мерат карактеристиките, состојбите, односите и сл.

Во софтверските решенија (на пример SPSS), пресметките се вршат брзо, лесно и точно, се скратува времето до доаѓањето на

нови податоци, односно преку пресметувањето на заедничките показатели, преку стандардизирање на податоците, се оценува дали тие се нормално дистрибуирани, како и можност за приме-

на на операции на трансформирање на асиметричните промен-ливи;

Софтверските инструменти, преку постапките на рекодирање овозможуваат концентрирање на резултатите и тоа по пат на сведување на непрекинатите променливи (како што е: возраст),

на категориски променливи (на пример: рана младост, младост, средовечност, зрело доба, старост и доцна старост), заради ана-

лиза, како што е анализата на варијансата; и

Page 40: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednosnite nauki - Analiticki postapki; Kniga III - 2013

19

За нивно упростување, односно намалување на бројот на катего-риите определени категориски променливи (на пример сведува-

ње на брачниот статус на само две категории, „е во врска”/„не е во врска”)1.

Овде треба да потсетиме дека составен дел на кодексот (книгата)

на шифрите е водењето дневник на активностите. Тој е потребен за да

се има точен увид во применетата постапка, односно, е од корист за проверување на податоците. Да потсетиме дека основна карактеристика

на научното сознание е проверливоста. Истражувачот има задача да води уредна документација. Така, секоја промена на шифрите и про-менливите, значи и во претходниот случај, промените треба да се забе-

лежат во потсетникот. Но, современите софтверски решенија нудат можност и за електронско водење на ваквите активности. Имено во

софтверското решение SPSS сите измени во датотеката со податоци да се запамтуваат со користење на опцијата Syntax. Со неа може да се сле-ди, но и да се провери постапката. И, не само тоа. Во неа се води свое-

виден дневник на секоја постапка, која има две функции: а) да не ин -формира како течела постапката и б) да може да се обнови истата про-

цедура без да се повторува сложената процедура. Таа со вклучување на една команда ја повторува целокупната постапка.

Пресметување на вкупните резултати на скалите

Пред да се започне статистичката анализа на собраните пода-тоци, обично имa потреба да се пресметаат вкупните резултати на сите

скали. Тоа се извршува во два чекори: Прв чекор, се трансформираат негативно формулираните случaи,

и

Втор чекор, се задава команда во софтверското решение (на при-мер во SPSS-от), да се соберат вредностите на сите случаи од кои се

состои подскалата или скалата. Треба да се разбираат скалите и мерките употребени во истра-

жувањето. Треба да се провери (во некое упатството за скали или во

статијата во која е објавен текст за нејзина примена), дали има случаи што треба (и како) да се трансформираат и како се пресметува вкупниот

резултат на неа. Некои скали, се состојат од повеќе подскали што треба да (или не) се соберат за да се добие вкупен резултат. Тоа треба точно

1 Jullie Pallant: SPSS survival manual : a step by step guide to data ; Allen&Unwin, Sidney,

2005, стр. 10-11;