e-newsletter 22102010

9
22.10.2010 00:00 Почитувани, Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, уште еднаш покажа дека е еден од предводниците во Европската мрежа на претприемачи, и тоа со потпишувањето на Кодексот на однесување на Мрежата, минатата недела во Антверпен, Белгија. Тоа претставува уште еден гарант за развивање и унапредување на услугите наменети за нашите клиенти. Во ова издание на електронскиот билтен на ЕИИЦМ, ги нудиме досегашните стандардни содржини како што се понудите и барањата за соработка во доменот на бизнисот, технологиите и иновациите. Натаму, се претставени неколку новини во поглед на новите иновативни технологии, а презентираме и за технолошката програма за наредните две години, како и за имплементацијата на Директивата за е- трговија, која директно се однесува на малите и средните претпријатија. Секогаш за вас, Тим на ЕИИЦМ

Upload: eiicm

Post on 29-Mar-2016

223 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

E-newsletter 22102010- EIICM

TRANSCRIPT

Page 1: E-newsletter 22102010

22.10.2010 00:00

Почитувани,

Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, уште

еднаш покажа дека е еден од предводниците во Европската мрежа на

претприемачи, и тоа со потпишувањето на Кодексот на однесување на

Мрежата, минатата недела во Антверпен, Белгија. Тоа претставува уште еден

гарант за развивање и унапредување на услугите наменети за нашите клиенти.

Во ова издание на електронскиот билтен на ЕИИЦМ, ги нудиме досегашните

стандардни содржини како што се понудите и барањата за соработка во

доменот на бизнисот, технологиите и иновациите. Натаму, се претставени

неколку новини во поглед на новите иновативни технологии, а презентираме и за

технолошката програма за наредните две години, како и за имплементацијата

на Директивата за е- трговија, која директно се однесува на малите и средните

претпријатија.

Секогаш за вас,

Тим на ЕИИЦМ

Page 2: E-newsletter 22102010

Во Антверпен УКИМ го потпиша Кодексот на однесување на ЕЕН

На 14 октомври о.г. во Антверпен, Белгија, во рамките на Годишната конференција на EEN- European Enterprise Network - Европската мрежа на претприемачи, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски како претседател на Конзорциумот на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, го потпиша Кодексот на однесување на Мрежата на европските претприемачи, проект на Европската комисија, сервисиран преку Европската агенција за конкурентност и иновации. Република Македонија спаѓа во првите 3 земји од Европа кои предводеа во усвојувањето на овој кодекс во рамките на Мрежата. За одбележување е дека на денешната церемонија, розетата и чартерот на д-р Велимир Стојковски му беа доделени под името Македонија.

Европската мрежа на претприемачи, со седиште во Брисел, претставува најголема меѓународна мрежа за поддршка на малите и средните претпријатија, во која членуваат над 600 организации (универзитети, стопански комори, истражувачки центри, национални агенции и слично) и по својот обем и распростанетост почна да го надминува европскиот економски простор и има тенденција да стане глобална.

Европската мрежа на претприемачи во Република Македонија е присутна преку Европскиот Информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ). Тоа е проектен Конзорциум координиран од Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Технолошка работна програма 2011-2012

35 милиони евра на барање на малите и средните претпријатија

за дигитални содржини и јазици

Вбројувајќи ја како стратешка цел, иницијативата на малите и средните претпријатија за дигитални

содржини и јазици, Европската унија ќе одвои вкупен буџет од 35 милоини евра, за финансирање на

кои било проекти што се однесуваат на т.н. животен циклус на податоците, управувањето со податоци,

визуелизацијата и анализата на податоци. Малите и средните претпријатија имаат идеи, коишто

понекогаш неможат да се имплементираат од причини што директно зависат од расположивоста на

ресурсите на податоци или од поседувањето на специјализирани алатки, коишто се премногу скапи за

да се набават, а натаму и да се одржуваат. Дополнително, во здружувањето на податоците, нивното

споделување, како и повторна употреба, потешкотија претставува и користењето на голем број на

различни европски јазици, кои во терминолошка смисла се разидуваат во одредени области. Целта на подршката на ваквите проекти е да им се олесни на малите и средните претпријатија, особено

на оние кои се занимаваат со иновации, од една страна да ги користат расположливите дигитални

ресурси, а од друга пак, истите да ги збогатуваат. Ќе бидат направени и одредени обиди и

претставување на интеграцијата на податоци врзани за интензивните технологии во рамки на

иновативните решенија и процеси, а каде во средиштето ќе биде поставен корисникот на овие записи. Објавувањето на повикот се планира за 1 февруари 2011 год

Заинтересираните за добивање понатамошна комуникација за овој повик можат да испратат

електронско барање на [email protected], со наслов „МСП- иницијатива 2011 за дигитални

содржини", или на [email protected], со наслов „МСП- иницијатива 2011 за јазик на

технологиите" Барањата треба да ги содржат следниве елементи: - име и адреса на организацијата;

Page 3: E-newsletter 22102010

- специјалноста, односно дејноста на организацијата; - лице за контакт и негови контакт- информации.

За повеќе информации прочитајте на: ftp://ftp.cordis.europa.eu/pub/fp7/ict/docs/ict-wp-2011-12_en.pdf http://cordis.europa.eu/fp7/ict/content-knowledge/home_en.html http://cordis.europa.eu/fp7/ict/language-technologies/upcoming_en.html Завршена јавната расправа за имплементирање на Директивата на електронска трговија (2000/31/ЕК) Електронската трговија преставува важна алка во промовирањето на прекуграничната трговија,

подобрувањето на пристапноста до различни производи наменети за европските потрошувачи,

производи со подобар квалитет, како и за зголемување на конкурентноста во онлајн и офлајн светот. Сепак и по десет години од донесувањето на Директивата (2000/31/ЕК), односно Директива за

електронска трговија, развојот на електронската трговија на мало останува ограничен на помалку од

2% од севкупната европска трговија на мало.

Директивата за електронска трговија има за цел да ги елиминира бариерите за основање, на

давателите на услуги од информатичкото општество, и во обезбедувањето на прекугранични онлајн

услуги на пазарот да им понуди и на бизнисмените и на граѓаните поголема правна сигурност.

Технолошки неутрално, Директивата опфаќа широко поле, и тоа не само електронска трговија (бизнис-

бизнис и бизнис-потрошувач во најстрога смисла на зборот), како и онлајн аптеки, туку и

електронските изданија на весниците, интернет финансиските услуги итн.

Европската комисија сака да ги проучува до детали, различните причини за ограничениот развој на

електронската трговија, како што е наведено во извештајот за пазарот на продажба на мало, како и при

оценувањето на имплементацијата на Директивата за електронска трговија, За оваа цел, Европската

комисија, до 15 октомври о.г., имаше отворена јавна расправа, а сѐ со цел да ги консултира директно

сите заинтересирани страни и да стекне соодветни податоци од непосредното искуство преку бројот на

предметите, нивото на развој на национално и транснационално рамниште, понатаму за услугите на

информатичкото општество, ограничувања за прекугранична онлајн продажба итн. Повеќе на: http://ec.europa.eu/internal_market/e-commerce/directive_en.htm#consultation

Иновации Подобрени литиумови батерии

(од Materials Today 2010) Литиум-јон батериите беа многу важни за развојот на другите познати електронски уреди. Истата

технологија се очекува да биде од примарно значење за новата генерација на електрични автомобили,

кои сега се развиваат. Сепак, отсекогаш постои загриженост околу нивната безбедност во однос на

предизвикување пожари, бидејќи после неколку циклуси на празнење и полнење, потенцијално

опасните фини литиумови влакненца, познати како дендрити, може да формираат карбонски аноди.

Овие влакненца може да направат краток спој на батеријата, предизвикувајќи прегревање и

запалување. Ова исто така може да се случи ако батеријата се полни многу брзо, кога Li се депонира на

карбон-формирачките дендрити отколку да се инсертира во карбонот.

За решавање на некои од овие прашања, во едно ново истражување, е развиен лесен и прецизен метод

за испитување на внатрешноста на батериите со помош на NMR спектроскопија (нуклеарна магнетна

резонанца). Со помош на оваа спектроскопска метода треба да се испита однесувањето на батериите во

различни услови.

Ова истражување, објавено во Nature materials (Bhattacharyya et al., Nature Materials, 2010), претставува

нов метод за набљудување и квантифицирање на степенот на формирање Li метал дендрит, при

работењето на Литиум-јон батериите, пред дендритите да може да се детектираат електрохемиски.

Методот треба да идентифицира на кој начин дендритите се формираат и да оцени различни методи за

Page 4: E-newsletter 22102010

спречување на нивното формирање. Истражувачкиот тим користи NMR спектроскопија за брзо

снимање на 1cm должина на батеријата во алуминиумска обвивка. Со ова, за прв пат научниците имаат

можност да го мерат количеството на формирани дендрити бидејќи истото не може да се мери со

користење на SEM (Scanning electron microscope).

Истражувачкиот тим нагласува дека опасноста од пожар е главен проблем кој мора да се реши пред да

се премине на нова генерација литиум јонски батерии и пред да се почне користењето на овие батерии

во широк ранг транспортни апликации. Сега, кога може да се следи форимирањето дендрити во

внатрешноста на неотворена батерија, може да се утврди кога и под кои услови тие се формираат.

Новиот метод дава можност за утврдување на условите кои водат до формирање дендрити и брзо да се

истражат потенцијалните можности за превенција на проблемот.

Тимот сега истражува различни електролити за раст на дендритите во Li анодни ќелии, за подобро

разбирање зошто дендритите се формираат, под кои режими на полнење настануваат и на кои места кај

поголемите батерии се формираат Li дендрити во ќелијата. Идните истражувања ќе бидат во насока на

испитување на морфолигијата на електродите и може дури да користат MRI (Magnetic resonance

imaging) методи за испитување на депозицијата на Li.

Заштита на културното наследство од графити: нови полимерни премази (www.alphagalileo.org)

Полимерите имаат важна улога во општеството: во секојдневниот живот, во бизнисот и во

индустријата. Европската програма за развој и истражување континуирано го поддржува развојот на

нови полимерни материјали.

Неверојатно голем е бројот на производи со кои секојдневно се среќаваме, а кои се произведени од

полимери: од компакт-дисковите до вреќите за отпад во домаќинствата. Со менување на појдовните

мономери (супстанци од кои се добиваат полимерите) и на процесните услови, во огромна мера се

зголемува бројот и асортиманот на нови полимерни производи.

Полимерите и полимерните материјали, покрај веќе втемелените подрачја, се´ почесто се применуваат

и во областа на заштитата на културното наследство

.

Во рамките на еден проект од програмата FP6 развиен е нов производ на база на полимер, со кој може

да се заштитат културни споменици, особено оние изработени од порозни материјали.

Графитите, иако се дел од урбаната средина, често пати се злоупотребуваат. Ги среќаваме на фасади,

на споменици, на превозни средства... Тоа претставува понекогаш не само естетски проблем, туку и

проблем на заштитата на историското и на културното наследство, бидејки заради продирањето на

бојата во материјалот - тој се оштетува. Отстранувањето на графитите, т.е. чистењето на површината

врз која е нанесен графитот, не секогаш е едноставно.

Со цел да се заштитат одредени површини од штетните влијанија поврзани со нанесувањето и со

чистењето на графити, развиени се средства за заштита од графити. Тие средства го спречуваат

продирањето на пигментот и бојата во материјалот, со што се олеснува и отстранувањето на графитот

од површината. Меѓутоа, посебен проблем претставуваат порозните материјали, од кои често се

изработени спомениците и другите културни објекти, кои воедно се изложени и на надворешни

атмосферски влијанија (температурни промени, влага, УВ-зрачење...). За нив е неопходна посебна

заштита, но во моментов на пазарот не постои за ваквите објекти соодветно средство против штетата

предизвикана од графити.

Page 5: E-newsletter 22102010

За таа цел развиен е нов премаз за заштита на културното богатство, во рамките на проект финансиран

од Европската комисија, во кој учествуваа Шпанија, Германија, Полска, Белгија, Италија и Словенија.

Ова ново средство е на база на силиконски полимер чувствителен на pH (киселост на средината), а

неговото дејство е веќе проверено во сите земји-учеснички во проектот, и тоа не само во

лабораториски, туку и во реални услови. Полимерниот материјал кој е основа на средството е

хидрофобен и затоа го спречува продирањето на водата, има добра атхезивност дури и врз многу

порозни подлоги-површини, не го менува изгледот на површината врз која е нанесен и е постојан на

стареење, односно отпорен е на дејството на атмосферската влага, кондензацијата и УВ-зрачењето.

Треба одделно да се одбележи дека премазот од ова заштитно средство претставува еколошки-

пријателски материјал. Средството го спречува впивањето на боја од страна на каменот или некој друг

порозен материјал од којшто е изработен споменикот (или објектот) и на тој начин овозможува негово

лесно и ефикасно чистење од графити, без предизвикано оштетување на површините.

Нови Hi-tech текстилни материјали за градежништовото Нови производи од технички текстил се развиваат за примена во градежништвото. Овие структури со

вградени сензори, кои спаѓаат во генерацијата нови интелeгентни материјали, ќе бидат од голема полза

за заштита на архитектонските градби од природни катастрофи, на пример земјотреси и свлечишта.

Рано наутро на 6-ти април 2009, земјотрес со магнитуда од 5,8 степени го погоди централно

италијанскиот град L'Aquila при што загинаа 308 луѓе, а на 50000 им беа уништени домовите. По

земјотресот, пристапот до центарот на градот бил ограничен само за полицијата, пожарникарските

служби и градежните работници, додека се испитувале историските градби за да се процени што може

да биде спасено.

Инженерите се надеваат дека текстилните структури изработени од јаглеродни и стаклени влакна може

да се приемнат за стабилизирање и презервирање на некои од оштетените градби. Текстилните

структури од јаглеродни и стаклени влакна се неверојатно тенки и флексибилни и може да се

прицврстат за сите можни геометриски форми на структурните елементи.

Во некои случаи, текстилните структури сами за себе не пружаат доволна заштита. Инженерите од

Венеција проектираат нови мултифункционални текстилни структури за европскиот истражувачки

проект Polytect. Овие текстили имаат вградено сензори, кои може дури и да ја детектираат опасноста

пред таа да се случи.

Томас Б. Месерви (Thomas B. Messervey), структурен инженер од D'Appolonia SpA, објаснува дека

мотивот е да се направат архитектонски структури слични на човечкото тело. Влакната и даваат „кожа"

на градежната структура, односно претставуваат еден вид на интерфејс помеѓу структурата и

околината преку користење на информации од сензорите. Структурното моделирање на безбедноста на

структурата се користи за да се оцени дали постојат оштетувања на структурата, колку е сериозно

оштетувањето и кои би биле последиците.

Веќе постојат некои прототипови, како на пример текстилот за ѕидани структури од

мултидирекционални стаклени влакна за заштита од мултидирекционални напрегања и оптоварувања

на структурата. Внатре во текстилот се вградени кабли од оптички влакна, преку кои се пушта

светлина за да се оцени стабилноста на структурата. За заштита од свлечишта, геотекстилот може да се

постави како подлога за да се зајакне тлото или да се филтрира водата и да се измери дали има

движење на тлото. Некои текстилни структури содржат кабли од оптички влакна кои може да бидат

сензитивни на хемикалии. Тие може да се постават во почвата за утврдување дали се има хемикалии

или да се мери температурата на почвата.

Page 6: E-newsletter 22102010

Лабораториски тестови (од кои некои се изведуваат во Шмнитц, Германија), се крерирани за да се

разберат податоците собрани од сензорите во текстилните структури. Во еден тест, познат како

„печурка тест", се утврдува до кој степен може да се деформираат текстилните структури од стаклени

или полипропиленски (PP) влакна пред кинење. Сензорите потоа би можеле да ги детектираат

евентуалните прекини на текстилните структури. Со помош на ова, научниците исто така можат да

утврдат како материјалите реагираат на високи напрегања.

Донато Ѕангани (Donato Zangani), координатор на Polytect проектот, вели дека најголем технолошки

предизвик е како ефикасно да се вткајат сензорите во текстилот. Техничките барања се далеку

поголеми во споредба со модната индустрија. Сепак, денеска се конструирани разбои способни за

ткаење со брзина од 220 удари на минута.

Научниците се надеваат дека со имплементација на оваа технологија, преживеаните од земјотреси,

како населението од L'Aquila може повторно да се чувствуваат безбедно во нивните домови.

БИЗНИС И СОРАБОТКА

И.Б. 20100813024 Турска компанија специјализирана за производство и флаширање на изворска вода со висок квалитет,

под целосна контрола и одобрение на Министерсво за здравство на Република Турција, и носител на

стандард- ISO9000, нуди можност за воспоставување на трговска соработка, франшиза или заеднички

вложувања. За последново, Компанијта е подготвена на партнерите да им понуди привлечни услови за

остварување профит, во согласност со досегашната политика на Компанијата со странските партнери. И.Б. 20100816003 Турска градежна компанија со 16 годишно искуство и екпсертиза во секторот, нуди можност за

заеднички вложувања или поддоговарање на зеднички проекти на странски партнери од градежнта

индустрија. И.Б. 20100817002 Турска компанија, производител на индустриски кујни и разладни системи, бара дистрибутери и

трговски посредници или застапници за нивната производна програма. Производите се изработени со

примена на CNC- технологијата од страна на високостручен технички кадар. Согласно потврденитр

критериуми на ISO9000, искуството и маркетиншката застапеност на целиот турски пазар е потврда на

кредибилитетот на оваа компанија. И.Б. 20100817007 Српска компанија, специјализирана за изведба и инженеринг на специјални возила за транспорт и

достава на стока (изолација на внатрешниот простор), бара подизвдители и трговски посредници во

Европа. Изведбата на возилата ги задоволуваат строгите барања на стандардите: HACCP,

ISO16949:2009; ISO9001:2008; и ISO 14001:2004, а покрај високиот квалитет, компанијата нуди и

ниски цени, кратки рокови на испорака и целосна приспособливост кон барањата на клиентите. И.Б. 20100812017 Турска прехранбена компанија и носител на еден од најпознатите турски брендови во последните 25

години, во производството на тестенини и макарони, бара застапници и дистрибутери во

Page 7: E-newsletter 22102010

источноевропските земји. Компанијата работи според стандардот ISO9000, a капацитетот на

производство е над 270 тони дневно, што овозможува сигурност на испораките. И.Б. 20100813002 Турска текстилна компанија со долга традиција, производител на предива од акрил, полипропилен и

полиестер наменети за производство на килими, ПП предива, ПП вреќи и торби, синтетички неткаени

подлоги за килими, PP CF и BCF предива, бара компании заинтерсирани за трговско посредување или

франшиза. Компанијата работи според принципите на ISO 9000, користи најсовремена технологија и

постојано го приспособува своето производство на најновите трендови во секторот, како и на барање

на потрошувачите. И.Б. 20100811020 Текстилна команија од Турција, искусна во производство на виско квалитетни PP и BCF предива за

машински изработени килими бара дистрибутери. И.Б. 20100812006 Турска компанија, активна во прехранбената индустрија бара трговски посредници, на кои е

подготвена да им понуди квалитетни производи, искуство, навремена испорака и конкурентни услови

за плаќање како основа за долготрајна деловна соработка. И.Б. 20100812003 Турска компанија од областа на земјоделско-прехранбента индустрија, специјализирана за

производство на пченично брашно и гриз, бара дистрибутери за своето производство. Компанијата

покрај квалитетно производство нуди и конкурентни цени, кратки рокови на испорака и логистика. И.Б. 20100812010 Турска компанија која работи во секторот на земјоделско-прехранбената индустрија бара дистрибутери

за своите производи, а производството може да го прилогоди согласно барањата на клиентите, во

поглед на пакувањето, големината и видот на производот. Компанијта исто така е заитересирана и за

заеднички вложувања.

Дополнителни информации и лице за контакт:

Елеонора Божиновска, [email protected]

ТЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ

Нов тип на решение за лесни челични конструкции (Ref: 10 HU 50S5 3H35) Компанија од Унгарија има развиено решение за лесна челична конструкција за едноставно,

економично и брзо градење на секаков тип на куќи и згради. Компанијата е заинтересирана за партнер

на кого би му понудила трансфер на технологија креирана соодветно на неговите барања и потреби. Иновативни предности

- Брза изградба (2-5 пати побрзо), пред-склопена конструкција;

- Помал отпад;

- Помали трошоци за транспорт;

- Помали трошоци за ладење и греење (50-70%);

Page 8: E-newsletter 22102010

- Можност за градење во текот на цела година (сите временски услови);

- Можност за градење до 5 ката;

- Разновидност во дизајнот;

- Висок квалитет;

- ISO 9001 контрола на квалитет.

Иновативна технологија за леење (Ref: 09 PL 63AU 3ED1) Полска компанија од областа на рапидното инженерство (rapid prototyping) бара иновативна

технологија за леење. Бараната технологија треба да го намали трошокот на леење на мали количини

на одливки од термопластичен материјал. Компанијата е заинтересирана за решенија во која било фаза

на развој. Технологијата би требало да обезбеди инјектирање на масата во калапот со капацитет од

околу 1000 парчиња. Обликот на соработка би бил преку Комерцијален договор со техничка поддршка,

Договор за Заедничко вложување и слично.

Технологија за сепарација на метали и пластични елементи (Ref: 08 IL 80ER 27I6 ) Израелска компанија бара технологија за сепарација на метални и пластични елементи од отпаден

материјал од електронска индустрија. Идеално, технологијата би требало да биде во три фази: сечење,

мелење до ситен гранулат и одделување на металните делови. Новата технологија би требало да е

целосно развиена. Компанијата е отворена за сите облици на договори и соработка.

Дополнителни информации и лице за контакт: Миле Шошевски, [email protected]

Фасаден соларен систем кој служи како заштитен елемент против против промена на

нијансата и за добивање сончева енергија (Ref: 09 IL 80ER 3EUX) 3D фасаден соларен систем кој служи како заштитен елемент против промена на нијансата и за

добивање сончева енергија преку вградување на фотоволтаични келии. Системот треба да

соодветствува на различни локални еклиптици за различни земји и климатски зони. Производната

технологија треба да вклучи механизми за економично производство на нестандардни елементи. Се

бараат индустриски и финансиски партнери за натамошен развој и за производство на прв прототип.

Главна цел е да се произведе building integrated PV-element, односно три-димензионална фасадна

облога, која има улога и на производител на соларна енергија и на заштитник од евентуална промена

на нијанса. Овој производ би бил иновативен во споредба со постоечките производи на пазарот, кои не се

прилагодливи во своето делување на движењето на сонцето во текот на денот, или, во текот на

годината, и како резултат на тоа страдаат од неефикасна заштита против менување на нијансата/бојата

и не се ефикасни за добивање енергија. Патентирана технологија за производство на одржливи композитни производи од дрво и

полимер (Ref: 10 FR 34K2 3GPJ) Француско претпријатие произведува и продава висококвалитетни одржливи композитни плочи од

дрвен композит, добиени од специфично соединение (70% дрвени струготини и 30% полиетилен со

висока густина, HDPE). Претпријатието користи патентирана лиценца од американска компанија и

развила повеќегодишно искуство во производство на композити за надворешна апликација (фурнири,

панели на база на дрво, градежна столарија и други дрвни производи). Претпријатието бара

индустриски партнери за лиценцен договор за производство на нови дрвно-полимерни производи.

Иновативни предности Технологијата овозможува производство на дрвни и слични на дрвото производи, на база на

нетретирано дрво, наменети за надворешна апликација. Можат да се изработуваат сложени облици на

производите преку процес на екструзија. Се добиваат делови, кои се поцврсти и поефтини од

производите на база на 100% полимер, заради присуството на дрво во композитот. Мулти функционална количка за пациенти (Ref: 10 TR 97NC 3GFG ) Турска компанија развила иновативна мултифункционална количка за пациенти со проблеми во

движењето. Производот се состои од мобилни делови наменети за олеснување на движењето на

пациентот при станување и легнување. Интегрираните медицински уреди како на пример концентратор

Page 9: E-newsletter 22102010

на кислород, ултразвучен небулизатор, уред за следење на крвниот притисок, се за да ги задоволат

основните медицински потреби на пациентот. Компанијата бара партнери за комерцијален договор со

техничка поддршка како и за лиценцен договор.

Иновативни предности на понудата - Мал компактен дизајн лесен за користење;

- Количката има повеќекраТни функции (концентратор на кислород, ултразвучен

небулизатор, уред за следење на крвниот притисок итн.);

- Подвижност на количката со помош на специјално дизајнирани тркалца;

- Подвижните делови на седиштето овозможуваат лесно станување и легнување на

пациентот;

- Изработка од материјали со најдобар квалитет;

- Висок комфор;

- Енергетски ефикасен електромотор;

Полимер зајакнат со нано честички (Ref. 10 S 28 F8 3G53) Шпански истражувачки тим работи на развој и карактеризација на полимерни материјали, и е

фокусиран на нивно зајакнување преку диспергирање на нано честички. Со овој метод, при внесување

многу мали количества нано зајакнувачи обично се подобруваат механичките, електричните и

оптичките својства, како и употребната вредност на овие материјали. Истражувачкиот тим бара

компании кои што се заинтересирани за примена на нано технологиите во индустријата на полимерни

материјали. Истражувачкиот тим има долгогодишно искуство со полимерните материјали и е

специјализиран за диспергирање нано честички во термореактивни и термопластични полимерни

матрици, со или без претходен површински третман на честичките, како и искуство во подготовката на

микроскопски примероци и нивната термичка, механичка и електрична карактеризација.

Иновативни предности на понудата 1. Важни ефекти во својствата може да бидат постигнати со многу мали количества нано зајакнувач. 2. Заради нанометриските димензии на зајакнувачите, естетските и оптичките својства може да бидат

менувани во определен интервал. 3. Може да бидат подготвени материјали со однапред зададени својства.

4. Од еколошки аспект, замената на различни материјали со нано композити не само што предизвикува

помало процесно загадување и помалку токсичен отпад, туку и од енергетски аспект замената е

поефтина и поедноставна. Техничко решение за комбинација на елементи/материјали од дрво и природен камен ( Ref.:

10 D 18A5 3G7N) Германско претпријатие со искуство во областа на реставрацијата на дрвени скалила, бара решение за

зголемување на јачината на смолкнување и свиткување на инфериорен дрвен материјал со должина

повеќе од 1 метар, за да се одбегне кршењето на тенките камени плочи прикачени одозгора на

дрвениот материјал. Се бараат партнери за техничка соработка со искуство во комбинирање на

различни материјали за намена во градежништвото

. Оштетените скалила се реставрираат со покривање со нов покривен материјал, како дрво или природен

камен. Во случај кога скалилата се покриени со тенки камени плочи, важно е да се добие многу рамна

површина на скалилата за да се обезбеди тенките камени плочи да не се кршат под притисок при

користење. Решението за прикачување на материјалот на дрвените скалила би требало да е изводливо

на самото место, без значително зголемување на димензиите на скалилата. Материјалот

http://een.mk | [email protected] | Unsubscribe