jana andreevska - vrakanje vo tainstvenosta

2
1 ВРАЌАЊЕ ВО ТАИНСТВЕНОСТА Ројтлинген: блескаво, лесно, со моќен звук: Берлинскиот ”Saxofonquadrat” во Шпендхаус ја прикажа својата умешност - и актуелната литература. Quo vadis, Saxofon? Оправдано е прашањето што се поставува во врска со концертот во рамките на Musica Nova. Во Шпендхаус дојдоа заинтересирани повеќе од вообичаено за да го откријат новото лице на еден инструмент. И да откријат дека може да се трасираат нови патишта, ако се знае од каде доаѓаат. Оваа непобитна мудрост, особено за саксофонот, требаше да ја напоменат модераторите на концертот. Бидејќи надалеку е проширено верувањето дека благодарение на џезот саксофонот го пронаоѓа своето потекло, како што раководителот на Musica Nova, Veit Erdmann и лежерниот саксофонист, Hinrich Beermann кој модерираше, повеќе пати им сугерираа на публиката. Веројатно саксофонот прво ја доби својата публика во џезот но инструментот е многу постар, а го создаде Adolph Sax уште во 1840 година. Она што денес многу малку се знае е следното: во композициите непосредно по создавањето на саксофонот, тој најпрво спаѓаше во сферата далеку од револуционерниот ритмички интензитет на џезот: сферата на сенишното, на претскажувачкото, на свештеното и религиозното, но вистинскиот триумф како инструмент полн со таинствени ефекти го доживеа во француските опери во 19-от век . Барем во еден момент требаше да се потсети на оваа приказна за саксофонот. Бидејќи тоа не беа композициите на Martin Read или Andrew Downes, лесно отсвирени со украсите на Е- и У- музиката, кои кришум се грижеа за сензација, ни раздвижениот и полн со инспирација “Квартет бр.2 за саксофони” на македонскиот композитор Панде Шахов, ниту пак освежувачкиот експериментален звук на Christian Raake кој доаѓа од духот на џезот. За возбуда се погрижи многу повеќе едно дело, полно со фантазија, “Am I a Falcon, a Storm or an Unending Song?”(2006) на македонската композиторка Јана Андреевска, бидејќи во поврзувањето на првобитната сфера на овој инструмент со помош на враќање на таинственоста, зачекорува по нови патишта. Андреевска делото го напишала специјално за четирите музичари на “Saxofonquadrat” (Clemens Hoffmann, Clemens arndt, Christian Raake, Hinrich Beermann), а при тоа инспирирана од поезијата на Рилке. Насловот на нејзиното дело го цитира последниот стих на втората песна од “Kнигата на часови”: “дали сум сокол, бура или голема (возвишена) песна”. Композиторката го оставила на крај прашалникот и како што тоа упатува кон отвореноста, така музиката на Андреевска навестува нестапнато тло. Величествено со каква снажна фантазија на звукот оваа композиторка родена 1967 година, дозволува да ја понесат сликите од светот на Рилке, за со чувството за можностите на звукот на четирите инструменти да ги

Upload: soni-petrovski

Post on 30-Mar-2016

215 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

kriticki osvrt

TRANSCRIPT

Page 1: Jana Andreevska - Vrakanje vo tainstvenosta

1

ВРАЌАЊЕ ВО ТАИНСТВЕНОСТА Ројтлинген: блескаво, лесно, со моќен звук: Берлинскиот ”Saxofonquadrat” во Шпендхаус ја прикажа својата умешност - и актуелната литература.

Quo vadis, Saxofon? Оправдано е прашањето што се поставува во

врска со концертот во рамките на Musica Nova. Во Шпендхаус дојдоа заинтересирани повеќе од вообичаено за да го откријат новото лице на еден инструмент. И да откријат дека може да се трасираат нови патишта, ако се знае од каде доаѓаат. Оваа непобитна мудрост, особено за саксофонот, требаше да ја напоменат модераторите на концертот. Бидејќи надалеку е проширено верувањето дека благодарение на џезот саксофонот го пронаоѓа своето потекло, како што раководителот на Musica Nova, Veit Erdmann и лежерниот саксофонист, Hinrich Beermann кој модерираше, повеќе пати им сугерираа на публиката. Веројатно саксофонот прво ја доби својата публика во џезот – но инструментот е многу постар, а го создаде Adolph Sax уште во 1840 година.

Она што денес многу малку се знае е следното: во композициите непосредно по создавањето на саксофонот, тој најпрво спаѓаше во сферата далеку од револуционерниот ритмички интензитет на џезот: сферата на сенишното, на претскажувачкото, на свештеното и религиозното, но вистинскиот триумф како инструмент полн со таинствени ефекти го доживеа во француските опери во 19-от век . Барем во еден момент требаше да се потсети на оваа приказна за саксофонот. Бидејќи тоа не беа композициите на Martin Read или Andrew Downes, лесно отсвирени со украсите на Е- и У- музиката, кои кришум се грижеа за сензација, ни раздвижениот и полн со инспирација “Квартет бр.2 за саксофони” на македонскиот композитор Панде Шахов, ниту пак освежувачкиот експериментален звук на Christian Raake кој доаѓа од духот на џезот.

За возбуда се погрижи многу повеќе едно дело, полно со фантазија, “Am I a Falcon, a Storm or an Unending Song?”(2006) на македонската композиторка Јана Андреевска, бидејќи во поврзувањето на првобитната сфера на овој инструмент со помош на враќање на таинственоста, зачекорува по нови патишта. Андреевска делото го напишала специјално за четирите музичари на “Saxofonquadrat” (Clemens Hoffmann, Clemens arndt, Christian Raake, Hinrich Beermann), а при тоа инспирирана од поезијата на Рилке. Насловот на нејзиното дело го цитира последниот стих на втората песна од “Kнигата на часови”: “дали сум сокол, бура или голема (возвишена) песна”. Композиторката го оставила на крај прашалникот и како што тоа упатува кон отвореноста, така музиката на Андреевска навестува нестапнато тло. Величествено со каква снажна фантазија на звукот оваа композиторка родена 1967 година, дозволува да ја понесат сликите од светот на Рилке, за со чувството за можностите на звукот на четирите инструменти да ги

Page 2: Jana Andreevska - Vrakanje vo tainstvenosta

2

пренесе во една нова таинственост.

Непосредно пред тоа, “Бегло – ништожно, слободно според една стара црковна песна” на Hannes Zerbes евоцираше слична област на дејствување. Постојано се прекинуваа коралните, архаично фигурирани редови, лесно обвиткани со арабески, што оставаат простор за испрекинатите интермеца, кои ја водат музиката во темнина, во понор. Во дијалог со строфите на Michael Franck се отвори чуден трогателен простор на звукот, што всушност беше Време - Простор, што длабоко ги трогна не само инструментите, туку и слушателите.

Овде како и во најголем број дела изненадува скоро очигледното темпераментно темпо на музицирање на саксофонистите, чиј занес и одушевеност стануваа симпатични, од кои од време одвреме навреме би посакувале малку повеќе смисол за диференцијација, пред се повеќе сила во тивкото. Избраната, избалансирана убавина на звукот на нивното свирење сепак беше непрекината. Сосема во својот елемент беа четирите музичари во делото на Christian Raake “Лов”, сценско - драматичен знак за прекин на ловот, со сила која што само што не експлодирала.

RAFAEL RENNICKE | 18.02.2011