macedonia, school presentation
TRANSCRIPT
ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО• Во рамките на човековиот потенцијал и желбата за
создавање на посовремени услови за воспитување и образование на сопствените деца пред 35 години во далечната 1975 година израсна овој објект како подарок од граѓаните од Кавадарци со чии средства од местниот самопридонес се изгради модерен атипичен објект за училишна зграда, гордост на архитектурата. Иако училиштето беше градено за 700 ученици, првата година во него се школуваа 900 ученици, но од година во година бројот на ученици во училиштето растеше и истиот има достигнато до 1200 ученици. Од 1984 година бројот на ученици постепено почна да опаѓа и денеска во училиштето се школуваат 610 ученици.
Раководење• Директорката Весна Крстева секогаш
им дава поддршка на учениците,како партнери во наставата,ценејќи ги нивните иницијативи,креативности и компетентност
на акција.
Мисија на училиштето Реализираме целно–насочена настава која промовира нови начини и приоди кои го потикнуваат индивидуалниот развој на учениците кои низ процесот на учење се стекнуваат со знаења, вештини и умеења, а истите се во функција на доживотното учење.
Мото на училиштето
Училиште со визија преточена во акција за стекнување знаења и умеења.
Визија на училиштетоУчилиште со современа ефикасна и квалитетна
настава за максимален развој и едукација на учениците и вработените, а компатибилна со националната програма за развој на образованието 2005 - 2015 год.
Во училиштето се применуваат сите иновативни методи и техники на
учење и поучување
На талентираните ученици им се овозможува да ги истакнат своите
способности.
Во ООУ „Гоце Делчев“ се изведуваат проекти кои кај учениците овозможуваат развивање креативност, најразлични вештини преку практично искуство, вештини на планирање, делување,
преговарање, донесување одлуки, соработка, вештини на комуникација, тимска работа. За сите активности и проекти што
се реализираат во училиштето, голема поддршка има од директоката и од г-дин Александар Панов
Тематски ден посветен на екологијата со
учениците од 4 и 5 одд. деветолетка
Интегрирање на наставните
содржини со Локалната средина
Наставниците ги посетуваат сите обуки
организирани од МОН и БРО, а се изведуваат и
интерни обуки и дисеминации
Учениците имаат можност за изучување на повеќе странски јазици:
англискиот , германскиот и италијанскиот јазик.
Erasmus+ KA2 Strategic Partnerships for the
school education project :“Puppets mission: childhood without borders“
2014-2016