marketingot i novoto politicko liderstvo vo r.makedonija

4
Маркетингот и новото политичко лидерство во Република Македонија Република Македонија сé повеќе навлегува во економска, политичка, социјална и духовна криза, чија кулминација би можела да се очекува во блиска иднина. Цената на бензините, чудата во црквите, убиствата по нивите, новите бранови, фронтови и сл. ја потврдуваат оваа констатација. Притоа, имаме можност да слушнеме безброј анализи чија цел е да ги откријат и објаснат причините коишто ја предизвикаа оваа криза. За жал, се добива впечаток дека сеуште никој не успеа да ги детектира суштинските проблеми и што е уште поважно да понуди и промовира нов развоен концепт, кој ќе одговори на предизвиците на новото време. Како една од клучните причини за кризата, за која сé почесто и погласно се зборува во јавноста е недостатокот на ново лидерство во Република Македонија во сите сфери (бизнис, јавен, невладин, медиумски сектор и др.), а особено во политиката. Се поставува прашањето: Зошто е тоа така и што е тоа што суштински треба да го промени новата политичка елита, за да ја придвижи земјата напред, подобрувајќи го (реално) квалитетот на живот на македонските граѓани ? Анализирајќи го однесувањето на актуелните политички елити во државата, лесно може да се заклучи дека скоро сите имаат лимитирани знаења од областа на маркетингот како концепт и филозофија онака како што тој се применува во современите либерално-демократски општества, чие основно мото гласи : ”СÉ почнува и СÉ завршува со купувачите (или во контекст на политиката - граѓаните)”. Но, за да се разбере вистинската дијагноза треба да се знае дека западните демократии стигнале до оваа фаза од развојот на својот вредносен код, применувајќи ја маркетиншката филозофија во работењето (и во бизнисот и во политиката), поминувајќи низ неколку развојни етапи. Првата фаза е онаа во која доминира “производната ориентација” каде фокусот се става на производот без да се води сметка за потребите на купувачите (маркетинг миопија-кратковидност). Промоторите на овој концепт велат – “Ние сме најдобри”. Огледалцето тоа ни го кажа. Имаме најдобри и најквалитетни производи (политички кандидати, програми) и затоа треба да купите од нас или да гласате за нас. Самобендисаноста, самозалажувањето и самопрогласениот елитизам, претставуваат клучна специфика на овој вредносен систем. Основната карактеристика на втората фаза од развојот е доминацијата на “продажната ориентација” чија основна цел е “да се продаде (по секоја цена) она што може да се произведе, а не да се произведе она што може да се продаде”, притоа неводејќи сметка за потребите, а уште помалку за задоволството на купувачите. Aгресивната промоција,

Upload: igor-andreev

Post on 22-Oct-2014

233 views

Category:

Documents


2 download

TRANSCRIPT

Page 1: Marketingot i novoto politicko liderstvo vo R.Makedonija

Маркетингот и новото политичко лидерство во Република Македонија

Република Македонија сé повеќе навлегува во економска, политичка, социјална и духовна криза, чија кулминација би можела да се очекува во блиска иднина. Цената на бензините, чудата во црквите, убиствата по нивите, новите бранови, фронтови и сл. ја потврдуваат оваа констатација. Притоа, имаме можност да слушнеме безброј анализи чија цел е да ги откријат и објаснат причините коишто ја предизвикаа оваа криза. За жал, се добива впечаток дека сеуште никој не успеа да ги детектира суштинските проблеми и што е уште поважно да понуди и промовира нов развоен концепт, кој ќе одговори на предизвиците на новото време.

Како една од клучните причини за кризата, за која сé почесто и погласно се зборува во јавноста е недостатокот на ново лидерство во Република Македонија во сите сфери (бизнис, јавен, невладин, медиумски сектор и др.), а особено во политиката. Се поставува прашањето: Зошто е тоа така и што е тоа што суштински треба да го промени новата политичка елита, за да ја придвижи земјата напред, подобрувајќи го (реално) квалитетот на живот на македонските граѓани ?

Анализирајќи го однесувањето на актуелните политички елити во државата, лесно може да се заклучи дека скоро сите имаат лимитирани знаења од областа на маркетингот како концепт и филозофија онака како што тој се применува во современите либерално-демократски општества, чие основно мото гласи : ”СÉ почнува и СÉ завршува со купувачите (или во контекст на политиката - граѓаните)”.

Но, за да се разбере вистинската дијагноза треба да се знае дека западните демократии стигнале до оваа фаза од развојот на својот вредносен код, применувајќи ја маркетиншката филозофија во работењето (и во бизнисот и во политиката), поминувајќи низ неколку развојни етапи.

Првата фаза е онаа во која доминира “производната ориентација” каде фокусот се става на производот без да се води сметка за потребите на купувачите (маркетинг миопија-кратковидност). Промоторите на овој концепт велат – “Ние сме најдобри”. Огледалцето тоа ни го кажа. Имаме најдобри и најквалитетни производи (политички кандидати, програми) и затоа треба да купите од нас или да гласате за нас. Самобендисаноста, самозалажувањето и самопрогласениот елитизам, претставуваат клучна специфика на овој вредносен систем.

Основната карактеристика на втората фаза од развојот е доминацијата на “продажната ориентација” чија основна цел е “да се продаде (по секоја цена) она што може да се произведе, а не да се произведе она што може да се продаде”, притоа неводејќи сметка за потребите, а уште помалку за задоволството на купувачите. Aгресивната промоција, платената економска (политичка) пропаганда и популизмот (во политиката) се нејзините основни алатки.

Последната, трета фаза од развојот е вистинската маркетиншка ориентација која започнува и завршува со клиентите. Почнува со откривање на нивните реални потреби и проблеми, кои се основа за креирање на производите, а завршува со истражување на задоволството од испорачаните производи/услуги. И, така во круг. И постојано. Задоволни клиенти/граѓани и вистинско подобрување на квалитетот на нивниот живот е крајната цел на овој концепт. Искреноста, како и отворениот и реален пристап, се клучните инструменти за негова реализација.

Имајќи ги предвид овие 3 концепти, логички се наметнуваат следниве заклучоци:

Применувајќи го претежно производниот концепт, СДСМ ги загуби изборите во 2006 година, грижејќи се исклучиво за “производство на квалитетни интелектуални кадри“ и реализација на долгорочните стратегиски цели (ЕУ и НАТО), игнорирајќи ги при тоа краткорочните потреби на граѓаните. Самобендисаноста беше основна карактеристика на владеењето.

Page 2: Marketingot i novoto politicko liderstvo vo R.Makedonija

Од друга страна, факт е дека ВМРО-ДПМНЕ победи во последните изборни циклуси и сеуште одржува пристоен рејтинг форсирајќи концепт според кој и “најлошиот производ може да се продаде со агресивна промотивна кампања”. Овој начин на владеење подразбира грижа пред сé за краткорочните интереси (лични и партиски), без да се земат предвид реалните потреби и задоволството на граѓаните, а уште помалку долгорочните стратегиски цели на Република Македонија.

Но, стратезите во ВМРО – ДПМНЕ треба да знаат дека “нема побрз начин да уништиш лош производ од форсирање на агресивна промоција”. Со оваа стратегија тие придонесоа да има конфузија во сфаќањето на поимот маркетинг, кој од страна на најголем дел од популацијата во Република Македонија, се поистоветува исклучиво со континуирана пропагандна кампања (платена реклама). Напротив, според Питер Дракер, “за некоја организација може да се каже дека го применува маркетингот тогаш кога всушност нема потреба од рекламирање на своите производи/услуги. Или, целта е претходно да се откријат вистинските потреби на купувачите (граѓаните) и да се креираат производи (политички кандидати, програми, проекти) кои самите ќе се продаваат.” Без скапо платени реклами !

Имајќи го сето ова предвид може да се заклучи дека моменталната владеачка гарнитура сé повеќе заглавува во втората фаза на развојот и сé поочигледно е дека нема капацитет за понатамошен развој. Идното политичко лидерство во Република Македонија ќе мора да направи голем исчекор напред применувајќи ја маркетиншката ориентација во вистинска смисла на зборот.

Ориентација чија основна вредносна филозофија ќе произлегува од реалните потреби на граѓаните.

Ориентација според која профитот (победа на избори) нема да биде цел ”сама за себе”.

Ориентација во која стратегиските и краткорочните цели нема да бидат исклучиви, туку комплементарни едни со други.

Ориентација која нема да ја спроведуваат ниту лидери кои само сонуваат 24 часа во денот (за големите стратегиски цели-влез во ЕУ, НАТО и сл.), а малку или воопшто не работат на реализација на својот сон, ниту пак лидери кои само работат (24/7 ???), градејќи споменици, врби, хокеарски игралишта и сл,. без да имаат јасна визија во која насока се движат (кон ЕУ, НАТО или пак кон Катар, Движењето на неврзаните, БРИКС или ???...).

Оваа ориентација ќе мора да ја спроведат лидери кои сонуваат 1-2 часа (одредувајќи ги, но и соопштувајќи ги јасно и гласно пред целата македонска јавност визијата и стратегиските правци), а останатите 10-12 часови (а не 24 часа...), ќе работат во насока на остварување на својот сон.

Лидери, кои ќе ги фалат сопствените концепти и проекти, без да имаат потреба за постојана критика на конкуренцијата.

И конечно лидери кои ѓе ги разберат 4-те основни правила кои важат за една здрава конкурентска битка во услови на пазарна економија, а кои гласат:

1. важно е да си добар во нешто,

2. тоа во што си добар, треба да го сакаат клиентите (да им е навистина потребно или да им ги решава нивните проблеми),

3. тоа во што си добар и го сакаат клиентите, да го правиш подобро од твоите конкуренти и

4. тоа во што си добар, го сакаат клиентите и го правиш подобро од твоите конкуренти, да го правиш постојано.

Page 3: Marketingot i novoto politicko liderstvo vo R.Makedonija

Само на тој начин, во целото општество ќе се креира нов вредносен (реален) модел во кој личниот прогрес ќе се постигнува како резултат пред сé на сопствениот развој, а не како резултат на назадувањето на конкурентот.

Грижата за сопствената среќа ќе стане доминантен концепт, кој ќе го замени губитничкиот концепт на радост над туѓата несреќа.

Само така и во Република Македонија ќе се создадат можности за здрава и позитивна конкуренција во сите области и тркалото конечно ќе почне да врти напред, кон прогрес, а граѓаните ќе започнат да гласаат ЗА, а не ПРОТИВ некого.

П.С. За концептот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ под диригентската палка на Љубчо Георгиевски нема потреба да се зборува и коментира. Доволно е да се погледне филмот “Бандитe на Њујорк” на режисерот Мартин Скорсиз. Тоа што некои главни актери од филмот сега “глумат” дека “(не)глумеле” во истиот е тема за друг текст...

Игор Андреев