nasoki za izrabotka na seminarski
TRANSCRIPT
Информатички технологии 2012
НАСОКИ ЗА ИЗРАБОТКА НА СЕМИНАРСКА РАБОТА
Во продолжение се дадени насоки според кои треба да се изработи семинарската работа по предметот Информатички технологии од Факултетот за информациско комуникациски технологии на универзитетот ФОН. Упатството воедно е пример како треба да изгледа семинарската работа. Бодувањето на семинарските работи зависи и од дали / колку семинарската работа е уредена според овие насоки.
Семинарската работа се пишува во .doc / .docx формат (Microsoft Office Word). Големината на листот, односно форматот на страницата е А4. Се пишува во македонска поддршка и фонт Arial. Насловот е со затемнет фонт со големина 16. Авторот се пишува со фонт со големина 11, под името на авторот е неговата e-mail адреса. Апстрактот се пишува италично со фонт 10.
Стиловите на текстот и насловите се применети во ова упатство:
Телото на семинаската / текстот е со стилот
Кога се пишуваат технички текстови и се прераскажува нешто генерално, се пишува во неопределено лице т.е. безлична форма. Притоа треба да се внимава на јазикот и термините за кои постои соодветен превод на македонски јазик. Сите кратенки да се објаснат. Ако е потребно да се направи и индекс или поимник за поимите кои генерички не се македонски, а кои (од практични причини) се употребуваат во нивната “верзија на македонски јазик“.
Семинарската треба да ја има следнава структура:
Насловна страна
Содржина
Апстракт
Вовед
Тело на семинарската работа
Примери (Case study)
Заклучок
Референци
Листа на кратенки
Индекс / Поимник
Речник (препорачливо, но не е задолжително)
Информатички технологии 2012
СЕМИНАРСКА РАБОТА
НАСЛОВ НА СЕМИНАРСКАТА РАБОТА
ПРЕДМЕТ: ИНФОРМАТИКА
ФАКУЛТЕТ:
Предметен наставник:
Проф. Симе Арсеновски
Изработил(е):
Пепа Пеповска, [email protected],
Стојан Стојанов, [email protected],
Ивана Ивановска, [email protected]
Скопје
Информатички технологии 2012
Ноември, 2012
СОДРЖИНА
АПСТРАКТ...................................................................................................................4
1. ВОВЕД...................................................................................................................4
2. ГЛАВЕН ДЕЛ.........................................................................................................4
3. ДИСКУСИЈА..........................................................................................................4
4. ЗАКЛУЧОК.............................................................................................................4
5. ЛИТЕРАТУРА........................................................................................................5
Информатички технологии 2012
Апстракт
Апстрактот е скратена верзија на целокупната работа/труд (100 до 200 збора). Содржи краток и концизен опис на целите на семинарската работа, начинот на кој е изработен, добиените резултати и значењето на добиените резултати. Апстрактот треба на читателот да му даде претстава за опфатената област. Апстрактот се пишува само во еден параграф.
Информатички технологии 2012
1. ВОВЕДВо делот Вовед се пишува предметот и целта на семинарската работа, како и тоа како е организирана содржина на документот. Пример: Во дел 1 е опишан системот ...., во дел 3 е презентиран алгоритам за ..., додека во дел 7 е заклучокот од извршените споредби и.т.н.
Информатички технологии 2012
2. ГЛАВЕН ДЕЛКако што покажуваат и самите стилови за текстот и насловите, дадени во овој документ: главниот текст се пишува со големина 11, порамнет од лево (со исклучок на делот Литература), проред 1,15 и помеѓу параграфите нема празен ред; поднасловите се со големина 12 и задебелени; подподнасловите се со големина 11 и задебелени; помеѓу (под)поднасловите и текстот нема празен ред, а под секој параграф има 6 или 12pt (зависно од хиерархиското ниво на стилот на параграфот) до следниот ред / стил. Сите наслови (освен воведот) се нумерирани во соодветно ниво.
2.1. Поднаслов
2.1.1. Подподнаслов
Информатички технологии 2012
3. ДИСКУСИЈАСликите и табелите се поставуваат центрирано. Текстот за сликите се пишува под одн. после сликите, додека текстот за табелите врз одн. пред табелите. Обележувањето е Слика 1, Слика 2, Табела 1 и.т.н. и описот на сликата е напишан со стилот Seminarska-Slika. Сликите и табелите треба да се наоѓаат во семинарската работа откако ќе бидат референцирани во текстот и после текстот со контекст во кој се споменати (пр. “На Слика 1 се претставени...“ а потоа следува сликата.)
Слика 1. Резултати добиени од снимањата
Литературата се референцира во средни загради. Пример: “Според [3] со оваа метода можно е пребарување на слики од Веб на ефикасен начин.“ Користената литература се набројува во нов ред. Пример за користена литература е даден во последниот дел Литература. Литературата е порамнета само од лево.
Информатички технологии 2012
4. ЗАКЛУЧОКОткако студентот ќе ја изработи семинарската работа, првичната верзија треба да биде доставена во електронска форма на асистентот. По одобрувањето од професорот / асистентот, конечната верзија на семинарската работа треба да се донесе во електронски формат (.doc формат). Семинарската работа ќе се презентира во претходно утврден термин. За било какви прашања контактирајте со асистентот.
Информатички технологии 2012
5. ЛИТЕРАТУРА[1] K. Yanai. Image collector: An image-gathering system from the World-Wide Web
employing keyword-based search engines. In Proc. of IEEE International Conference on Multimedia and Expo, pages 704-707, 2001.
[2] ITU-T G.113, Transmission Impairments Due To Speech Processing, Geneva, 02/2001.
[3] Google Image Search, http://image.google.com.
[4] O. Maron and A. L. Ratan. Multiple-instance learning for natural scene classi¯cation. In Proc. of 15th International Conference on Machine Learning, pages 341-349, 1998.