pОТвРдЕнА pлОднАТА СОРАБОТкА „вИТЕЗИТЕ“ нА дЕлО...cena: 50...

31
MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA Br. 62 Cena: 50 den. oktomvri 2014 ISSN: 1857-6710 АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции БРАЌА И СЕСТРИ pО ОРУЖЈЕ pОТвРдЕнА pлОднАТА СОРАБОТкА pОмЕѓУ АРм И нГ нА вЕРмОнТ „вИТЕЗИТЕ“ нА дЕлО ИнТЕнЗИвнА ОБУкА нА pРИpАднИЦИТЕ нА ОклОpнИОТ БАТАлЈОн

Upload: others

Post on 02-Feb-2021

3 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

  • M a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j aM a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j a

    Br. 62 Cena: 50 den. oktomvri 2014IS

    SN

    : 18

    57-

    671

    0

    АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции

    Б Р А Ќ А И С Е С Т Р И p О О Р У Ж Ј Еp О Т в Р д Е н А p л О д н А Т А С О Р А Б О Т к А p О м Е ѓ У А Р м И н Г н А в Е Р м О н Т

    „вИТЕЗИТЕ“ нА дЕлОИ н Т Е н З И в н А О Б У к А н А p Р И p А д н И Ц И Т Е н А О к л О p н И О Т Б А Т А л Ј О н

  • ДЕБАТАТА ПРОДОЛЖУВА...

    „НАТО -САМИТОТ ВО ВЕЛС – ИДНИНАТА НА АЛИЈАНСАТА И РЕГИОНАЛНАТА СТАБИЛНОСТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“

    ПРИЈАТЕЛИ

    о текот на животот луѓето градат нај различни односи со другите лу-ѓе. Семејни, професионални и при ја-

    тел ски. Пријателите се тие во кои имаме најмногу доверба, од кои очекуваме по-мош и поддршка. Со пријателите се спо-делуваат достигнувањата и успесите, но пријателите се потребни и за да дадат поддршка и помош кога е потребно. И државите како посебни субјекти во рамки-те на меѓународната заедница создаваат посебни релации и односи со другите држави. Р. Македонија како независна и демократска држава на меѓународната сцена се стреми да изгради квалитетни ре-лации и врски со сите останати субјекти, да биде респектирана држава и да има голем број пријатели. Во месецот што измина имавме повеќе настани на кои, меѓу друго-то, добивме и јасни пораки дека Република Македонија не останува сама кога треба да се решаваат проблемите, при што јасно ни беше ставено до знаење дека ја имаме поддршката во сите понатамошни напо-ри и чекори за влез во евроатлантското семејство. Самитот на НАТО во Велс по-мина, и ние, заедно со останатите земји-аспиранти за членство во Алијансата, и овој пат останавме надвор од безбеднос-ниот „чадор“ на Алијансата. Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски во таа при-лика изјави дека „Република Македонија не отстапува од зацртаната цел и својата иднина ја гледа во НАТО и затоа остану-ва целосно посветена на натамошниот развој на националните интероперативни капацитети и способности за придонес во идните мировни мисии предводени од НАТО. При билатералните средби со ви-соки претставници и министри за одбрана на држави-членки и партнерски земји до-бивме целосна поддршка од сите земји-пријатели на Република Македонија. Во текот на месец септември висока воена делегација на Националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт, пред-водена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, престојуваше во официјална посета на АРМ. Со Наци-оналната гарда на Вермонт имаме двае-сетгодишна соработка, која прерасна во вистинско пријателство. Заеднички спо-делувавме безброј предизвици, заеднич-ка обука, градевме релации и врски и на личен и на професионален план. Коман-дантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, во оваа прилика јасно стави на знаење дека пријателството помеѓу НГ на Вермонт и Армијата на РМ е континуи-рано и стабилно и продолжуваме со заед-ничките активности. Во текот на месец септември во Охрид се одржа и значајна меѓународна работил-ница посветена на Самитот на НАТО во Велс, иднината на Алијансата и стабилно-ста на земјите од Западен Балкан. Некол-кудневната дебата помеѓу врвни експерти и професионалци од сферата на обраната и безбедноста, меѓу другото, се осврна и на спорот за името на земјата-домаќин како пречка за прием во Алијансата, при што сите присутни ја поддржаа Р. Македонија. Амбасадорката на Р. Франција во Р. Македонија г-ѓа Лоренс Оер, на прашањето за употребата на привремената референ-ца или уставното име, потврдувајќи ја сора-ботката и пријателството со Р. Македонија, гордо пред сите изјави дека таа е амбаса-дор во Република Македонија, без оглед на сите импликации.Навистина е убаво да се слушне и да се дознае дека имаме вистински и ценети пријатели од многу земји кои сакаат да ни помогнат и да ни дадат поддршка за надминување на сите пречки и проблеми.

    д-р Жанет Ристоска

    ЗАПАЛКАTA „ЗИПО“

    ЛЕГЕНДА шТО СЕКОГАш ПАЛИ

    „ГОЛЕМАТА ВОЈНА“ КАКО КОЛЕКТИВНА МЕМОРИЈА

    ИЗЛОжБА И ФИЛМСКА ПРОЕКцИЈА ЗА ПОТСЕТуВАњЕ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    НАТО

    ИНИцИЈАТИВИ И СОРАБОТКА

    ОсНОВНИ ПРИчИНИ

    ТЕОРИЈА НА ВОЈНАТА

    ВОЕНО НОВИНАРсТВОИЗВЕСТуВАњЕ И ПРЕТСТАВуВАњЕ НА ВОЕНИТЕ КОНФЛИКТИ ВО ЈАВНОСТА

    АЛЕКсАНДАР III МАКЕДОНсКИ - ВЕЛИКИ

    МАКЕДОНСКИ ВОЈСКОВОДцИ И КОМАНДАНТИ

    4

    20

    30 12

    40

    44 14

    46

    51

    Страница

    Страница

    СтраницаСтраница

    Страница

    Страница

    Страница

    Страница

    Страница Страница

    ШТИТ - Година VI, број 62, октомври, 2014 година, излегува еднаш месечноИЗДАВАч - МИНИсТЕРсТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    ИЗДАВАчКИ сОВЕТЕмил Димитриев (претседател)Генерал-потполковник Насер Сејдини, полковник Петре Велковски, полковник Мирче Ѓоргоски, д-р жанет Ристоска,полковник Мери Ринџова, проф. д-р Ѓорѓи Малковски

    ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКд-р жанет Ристоска

    РЕДАКЦИЈАБилјана Иванова (технички, ликовно-графички уредник), Митко Василевски (новинар), Кристина Илиевска (новинар), Ксенија Митева-Котеска (лектор); Александар Атанасов (фотографии)

    Печати: „КОсТА АБРАШ“ – Охрид

    АДРЕсА НА РЕДАКЦИЈАТАМИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА - СПИСАНИЕ „шТИТ“ул. „Орце Николов“ 116, 1000 СкопјеТелефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

    Содржина:

    3

    цЕНАТА НА ЕДЕН ПРИМЕРОК Е 50 ДЕНАРИГОДИшНА ПРЕТПЛАТА 600 ДЕНАРИ

    жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

    29

    рмискиот полигон „ Криволак“ како еден од најдобрите на Бал-канот е гордост на АРМ и нејзина силна логистика кога е во прашање обуката. И не само тоа. Мултифункционалноста на армискиот полигон „Криволак“ и неговата географска поставе-

    ност е сериозна можност за содржински исполнети програми од сфе-рата на воената настава и тренажа, но и за некои поинакви содржини.Од 5 - 11 септември 2014 година на простори кои ги опфаќаат Р.

    Македонија и Р. Бугарија, во техничка организација на мотоклубот „Александар“ од Скопје, се одржа голем меѓународен рели-натпревар „Балкан рели-маратон 2014“, во должина од околу 2000 километри. Со натпреварувачи од многу европски земји, овојпат и натпреварувачи од Македонија во класата „ ADVENTURE“, во присуство на домашни и странски новинари специјализирани во оваа област се случи релито кое навистина беше голема атракција. учес-ниците на ова натпреварување се навистина голе-ми авантуристи, а дел од нив биле учесници и на најпрестижното светско рели - Дакар. Ова рели се возеше во повеќе етапи, а за нас како воен магазин најинтересна е да ја претставиме фаза-та која се возеше на дел од армискиот полигон „Криволак“. Таму возачите возеа на рутата позната како „стар штипски пат“ и по „главни-от пат“ на полигонот. Џипови, мотоцикли и специјални теренци на 4 тркала по облачно

    време со слаб дожд или со стручниот речник на учесниците во „идеални услови“ во траење од 2 часа во

    етапни тури, ја поминаа предвидената рута од село Драгоево како влез и излегоа кај село уланци за да продолжат кон Охрид. Поради воениот карактер на полигонот, оваа фаза беше од затворен тип. Ова секако беше многу интересен настан кој Р. Македонија ја афирмира на картата на престижните рели-држави и градови. За АРМ е многу битен фактот дека ширум ги отвори портите за со-работка што во суштина уште еднаш го потврдува фактот дека како институција е отворена за многу иницијативи, секогаш подготвена за соработка, кооперативна и на услуга на потенцијалните партнери.АП „Криволак“ уште еднаш докажа дека е посебен и пове ќенаменски полигон наменет за секако вид содржини.

    Митко Василевски

    10Страница

    АП „КРИВОЛАК“ КАКО РЕЛИ-ДЕСТИНАЦИЈА

    интервјуСО БАрБАрА витер, СПеЦијАЛиСт ЗА АЛуМни-реЛАЦиите ЗА јуГОиСтОЧнА еврОПА ОД ЦентАрОт „ЏОрЏ МАрШАЛ“, ГерМАнијА

  • 54

    нент, така и за проблемите во регионот на Северна Африка, посебно задржувајќи се на проблемот со Исламската држава во Ирак, сајбер-безбедноста, кризниот менаџмент на НАТО итн.

    НАТО И ПАРТНЕРИТЕ – ПРАКТИчНИ МЕТОДИ НА КООПЕРАТИВНОсТЧеста да биде прв излагач на овој панел му беше дадена на полковникот м-р Љубе Ду-ковски од Министерството за одбрана на Република Македонија кој преку детаљна хронолошка анализа ги потсети сите присут-ни на сите трансформации и достигнувања кои ги направи Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана со цел да се достигнат стандардите за при-ем во Алијансата. Во однос на практичните методи за кооперативност и соработка, тој посебно се осврна на можностите кои во таа насока ги нуди НАТО концептот за „паметна одбрана“ во однос на конкретна регионална соработка помеѓу земјите од регионот. Беше спомената кооперативно-ста во рамките на Военото воздухоплов-ство и противводушната одбрана преку БРААД иницијативата за соработка, потоа се осврна на можностите на центарот за обука на пилоти и Регионалниот центар за односи со јавноста, кој од минатата година ги доби сите сертификати и е класифициран како 26. НАТО-центар за обука. Беа нагла-сени и можностите на Воената академија на Република Македонија како иден региона-лен високообразовен центар за едукација на питомците од регионот. На ова исцрпно излагање на полковникот Дуковски се на-доврза и д-р Сандро Кнезовиќ од Хрватаска, кој од аспект на претставник на земја-членка на НАТО ги презентираше придобивките, но и условите кои треба постојано да се ис-полнуваат и надградуваат со цел да се биде ефикасен и ефективен во секој поглед. Во дискусијата со свои коментари и забелеш-ки се вклучија речиси сите претставници на земјите од регионот, кои очигледно сакаа со личен пример да покажат дека сите земји се подготвени да соработуваат и да ги импле-ментираат сите побарувања на Алијансата во однос на регионалната соработка и трансформациите на армиите и општество-то во целост.

    ПОЗИЦИЈАТА НА ФРАНЦИЈА ПО сАМИТОТ ВО ВЕЛсСите коишто присуствуваа на Работилни-цата во Охрид беа импресионирани од излагањето на француската амбасадорка во Република Македонија г-ѓа Лоренс Оер. Нејзиното излагање на тема „Позицијата на Франција по Самитот на НАТО во Велс“, освен што беше историски осврт на сите релации помеѓу Франција и НАТО, даде и едно посебно видување на новата без-бедносна средина и најновите збиднувања во северна Африка, посебно анализирајќи ја состојбите во Мали како држава во која конфликтот има директно импликации врз Република Франција. Тероризмот е совре-мено зло кое бара постојани надградувања и промени во безбедносните агенди на државите. Франција како земја на Европ-ската унија создава сопствени капацитети за одбрана, но и преговара со НАТО. При-оритет на секоја држава, пред сè, е да се обезбедат сопствените граници, но и да се

    едно да продолжат по патот на НАТО и реги-оналната кооперативност и развој. Републи-ка Македонија е мала земја, но има голем придонес во мисиите надвор од нејзината територија, таа има централна позиција на Балканот и секако дека нема да остане надвор од интересот на Алијансата. А ова е случај и со останатите земји од регионот. Најголемиот придонес се огледа во тоа што војниците се борат за заеднички принципи и вредности. „Наша цел е да изградиме сил-на нација, индивидуи и општество кои ќе се соочуваат со сите предизвици“, истакна ми-нистерот Јолевски во заклучокот од своето обраќање. На свеченото отворање на Ра-ботилницата „НАТО-после Велс – иднината

    на Алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан“, се обратија и претседате-лот на алумни-асоцијацијата на „Џорџ Мар-шал“ центарот во Република Македонија, проф. д-р Стојан Славески и господинот Дин Двиганс, директор на Алумни-програмата на Европскиот центар за безбедносни сту-дии, „Џорџ Маршал“.

    НАТО ПОсЛЕ ВЕЛс – ИМПЛИКАЦИИТЕ ОД сАМИТОТПрв излагач на работниот дел од работил-ницата „НАТО-самитот во Велс – Иднината на Aлијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан” беше НАТО-експертот проф. д-р Џон Криндлер од САД. Професо-рот Криндлер има долгогодишно искуство како припадник на Морнарицата на САД, но и како дипломат кој работел во неколку ам-басади на САД, во уНЕСКО и во ОН, а бил и член на меѓународниот НАТО-штаб. Денес предава како НАТО-експерт на Европски-от „Џорџ Маршал“ центар за безбедносни студии. Тој во своето излагање аналитич-ки се осврна на Декларацијата произлезе-на од Самитот на НАТО во Велс, детаљно елаборирајќи ги речиси сите главни точки внесени во Декларацијата. Беа разгледани отворените прашања во однос на одно-сите Русија – НАТО, Русија – украина, како и прашањата во врска со расположивите ресурси, можностите и капацитетите на Алијансата за справување со сите горливи и отворени прашања со кои се соочува. По-себно беше аналитичен во однос на членот 5 од Вашингтонскиот договор, застапувајќи ја тезата дека е подобро да се прават на-

    пори да се одбие, односно да се оневоз-можи евентуален напад врз земја-членка на НАТО, отколку да се преземат акции за одговор на нападот. Тука го потенцираше значењето на заедничките подготовки и вежбовни активности на земјите-членки, како и потребата од поседување на ефек-тивни заеднички капацитети. Посебно е значајно да се развива ефективен и функ-ционален План за акција во однос на отво-рените прашања и проблеми. Заедничките сили за брз одговор мора да бидат целосно оперативни најмногу за 48 часа. А, сето ова подразбира добра координираност, сора-ботка и заедничка подготовка на силите за одговор. На оваа сесија свое излагање има-

    ше и полковникот Румен Радев како прет-ставник на НАТО и шеф на Kанцеларијата за врски на НАТО во Скопје. Полковникот Радев најпрвин се осврна на Самитот на НАТО во Велс и Декларацијата произлезе-на од Самитот. Радев подетаљно се задржа на заклучоците произлезени од Самитот во Велс во однос на неколку точки. Тој се осврна на актуелните настани и релациите Украина – Русија, Украина – НАТО, односите помеѓу НАТО и Русија, како и капацитетите и можностите на Алијансата. Исто така се зад-ржа и на Планот за подготвеност, финанси-ските импликации и економските можности и буџетите за одбрана на земјите-членки. Во однос на регионалната соработка, се ос-врна на потребата од продлабочување на регионалната соработка во духот на „памет-ната одбрана“ и промоција на заедничките вредности во рамките на Алијансата. Во однос на Република Македонија тој децид-но нагласи дека Канцеларијата за врски на НАТО продолжува со поддршката на сите напори на МО и ГШ во однос на реформите во одбраната, помош во планирањето и ек-спертиза во секој поглед. „Нашата мисија во Скопје продолжува. Ние продолжуваме со експертската помош и следење на рефор-мите во АРМ и МО. Во таа насока наша цел е да давеме релеватни препораки до инсти-туциите на државата.“ Излагањата на првиот панел од Работил-ницата иницираа мошне плодна дискусија за определени недоречености и отворени прашања во врска со акуелните состојби со Алијансата, во однос на отворените безбед-носни прашања како на европскиот конти-

    амитот на НАТО во Велс заврши и пораката во однос на земјите- аспиранти за влез во Алијансата беше јасна, а тоа значи дека Репу-

    блика Македонија, но и останатите земји-аспиранти ќе треба да почекаат уште не-кое време за да се приклучат кон НАТО. Во фокусот на Самитот во Велс беа други прашања за кои се дискутираше и се доне-суваа одлуки. Сепак, меѓу редовите на дис-кутираното на Самитот провејуваше нишка на интерес кај повеќето земји-членки да се врати регионот на Западен Балкан во сферата на интерес на Алијансата, со цел овие земји, Република Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и црна Гора и во иднина и Косово да станат порелевантни партнери. усвоената Декларација од Сами-тот во Велс, како и заклучоците и точките по кои се дискутираше на Самитот отворија многу теми за понатамошна дискусија, анализа и дебата. Па така, во периодот од 11 до 14 септември 2014 во хотелот „Белведере“ во Охрид во организација на Алумни-асоцијацијата на „Џорџ Маршал“ центарот на Република Македонија, а под покровителство на НАТО Секторот за јавна дипломатија и Европскиот центар за без-бедносни студии „Џорџ Маршал“, беше одржана меѓународна работилница на тема „НАТО-Самитот во Велс – Иднината на Aлијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан”. Иницијативата за одр жување на оваа работилница е произ-лезена од Алумни-асоцијацијата на дипло-мираните студенти на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ од

    ДЕБАТАТА ПРОДОЛЖУВА...

    „НАТО-САМИТОТ ВО ВЕЛС – ИДНИНАТА НА АЛИЈАНСАТА И РЕГИОНАЛНАТА СТАБИЛНОСТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“

    институциите на државата е од круцијална важност за демократски развој и напредок на државите“- истакна министерот во оваа пригода. А, во однос на Самитот на НАТО во Велс, министерот за одбрана на Република Македонија изјави дека лидерите на Сами-тот на НАТО во Велс донесоа важни одлу-ки и бројни мерки чија цел е да придонесат за навремена подготовка на Алијансата и партнерите за брз и одлучен одговор на заканите на денешницата по колективната безбедност. Тој се осврна и на безбедносни-те предизвици на глобално, но и на регио-нално ниво, потсетувајќи дека светот денес се соочува со навистина сосема нови и пре-дизвикувачки ризици и закани по безбедно-ста. Во поглед на состојбата во Република Македонија, тој потенцираше дека е очи-гледно колку е голем напредокот во сфера-та на одбраната и безбедноста на РМ. Во тој контекст, министерот Јолевски додаде дека Република Македонија останува по-светена во споделувањето на заедничките вредности на Алијансата и во иднина и дека силно ќе ги поддржува сите иницијативи кои ќе придонесат за зачувување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко. А во однос на регионалната соработка, тој ис-такна дека целиот регион, како и Република Македонија, својата иднина треба да ја гледа во евроатлантските интеграции. „Словенија беше прва, па се придружија Хрватска и Албанија, Македонија беше речиси до вле-зот кога се испречи апсурдниот спор со Ре-публика Грција, црна Гора се стреми да ги оствари сите потребни реформи и услови, Босна и Херцеговина, Косово сите треба за-

    Македонија. Оваа невладина асоцијација и во текот на месец април оваа година ини-цираше дводневна конференција која се од-ржа во Скопје и на која се разви плодна деба-та во однос на потребата од зајакнувањето на регионалната соработка во сферата на безбедноста и одбраната на земјите од регионот, за што исто така пишувавме во „штит“. Овој пат предизвикот беше нави-стина голем – Самитот на НАТО во Велс од аспект на иднината на НАТО алијансата, но и импликациите врз регионалната безбед-ност на земјите од Западен Балкан. На оваа работилницата учествуваа голем број ек-сперти од научната фела, амбасадори, по-литичари, високи претставници на одбран-бено-безбедносниот сектор на државите од регионот, дипломирани студенти на „Џорџ Маршал“ центарот од регионот, како и прет-ставници на НАТО.

    ОсТАНУВАМЕ ПОсВЕТЕНИ НА сПОДЕЛУВАЊЕТО НА ЗАЕДНИчКИТЕ ВРЕДНОсТИМинистерот за одбрана на Република Македонија, д-р Зоран Јолевски беше по-канет од организаторот да ја отвори рабо-тилницата. Во своето воведно обраќање министерот Јолевски најпрвин ги потсети присутните дека најдобриот начин за за-еднички придонес, како за регионалниот така и за светскиот мир и безбедност е размената на мислења и дискусиите за гло-балните и регионалните предизвици токму на ваков тип на форуми, конференции, работилници и слично. „Дијалогот со цивил-ниот сектор, со академската заедница и со

  • 7

    епублика Македонија ја гледа својата иднина во НАТО. Република Ма ке до -

    нија ќе продолжи да ги споде-лува вредностите на НАТО и останува целосно посветена на натамошниот развој на нацио-налните интероперативни ка-пацитети и способности за при-донесување на идните мировни мисии предводени од НАТО. Дозволете ми уште еднаш да ја реафирмирам нашата под-готвеност да ги преземеме сите обврски и одговорности како полноправна членка на НАТО“ – истакна министерот за одбра-на, Зоран Јолевски, на соста-нокот на министри за одбрана посветен на Иницијативата за интероперативност во рамките на Самитот на НАТО во Велс. Во тој контекст, додаде дека, денес Армијата на Република Македонија има сертифици-рани единици за мисии пред-водени од НАТО алијансата на ниво на Средна пешадиска баталјонска група и лесна мо-билна болница. Во рамките на првиот ден од Самитот на НАТО што се одржа во Кардиф, Обединетото Крал-ство, министерот за одбрана на Република Македонија, Зо-ран Јолевски, оствари билате-рални средби со своите колеги од Албанија, Мими Кодели, од унгарија, Чаба Хенде, од

    Министерот за одбрана на Р. Македонија, д-р Зоран Јолевски, при престојот во Обединето-то Кралство имаше одвоени средби со двајца членови на Парламентот на Обединетото Кралство. Најнапред министе-рот Јолевски се сретна со д-р Лиам Фокс, при што Фокс изјави дека многу добро му е познат целиот случај за приемот на Македонија во Алијансата и дека членството на Македонија во НАТО ќе претставува еден значаен чекор, не само за ста-билноста на регионот, туку и во поглед на зацврснување на Алијансата, и тоа треба да се случи што поскоро. На средбата со Марк Причард, кој е вклучен во Програмата на Парламентот

    Хрватска, Анте Котромановиќ, од Словачка, Мартин Глaвач и од Литванија, Јуозас Олекас. Покрај овие средби, министерот Јолевски на маргините на соста-нокот на министри за одбрана посветен на Иницијативата за интероперативност, оствари средби и со српскиот и со бо-санскиот министер за одбра-на, Братислав Гашиќ и Зекирја Осмиќ. На отварањето на Со-станокот за Авганистан на кој учестуваа двајцата министри за одбрана и за надворешни рабо-ти, Зоран Јолевски и Никола По-повски, се одржа церемонија во чест на севкупниот придонес и пожртвуваност на војниците во Авганистан, при што Република Македонија беше претставена со офицер-знаменосец на АРМ, капетан Александар Гаврилов. На маргините на вториот ден од Самитот на НАТО во Кардиф, министерот Јолевски оствари средби со заменик-помошни-кот на секретарот за одбрана за Русија, украина и Евроазија, Евелин Фаркаш и со заменик-помошникот на секретарот за одбрана за европска и НАТО политика, Џејмс Таунсенд. Ми-нистерот Јолевски оствари билатерални средби и со ко-легите-министри за одбрана од Латвија, Естонија и Турција, Рајмондс Вејонис, Свен Миксер и Исмет Јилмаз.

    за развој на квалитетна дебата за воени прашања преку уче-ство на членовите директно во служба на воените сили, беше искажано задоволството што Република Македонија ги спо-делува вредностите на НАТО алијансата, иако сè уште не е дел од Алијансата. Во пресрет на Самитот на НАТО во Кар-диф, министерот за одбрана на Р. Македонија во Бристол, оствари билатерална средба и со министерот за одбрана на Република Словенија, Роман Јакиќ. Во оваа прилика, мини-стерот Јолевски, меѓу другото се заблагодари и за досегашни-те обуки на припадници на АРМ на воените образовни институ-ции во Република Словенија.

    ОД САМИТОТ НА НАТО ВО ВЕЛС

    инфо

    6

    даде придонес во заедничката борба про-тив општото зло олицетворено во совре-мениот тероризам или уште поконкретно во борбата со Исламската држава во Ирак, која моментално е извозник на терорира-зам ширум светот. Франција во таа насока секако дека ќе даде целосна поддршка во борбата и тоа најверојатно преку воздушна кампања. „Спорот со Мали и економската криза, како и намалениот буџет за одбра-на налагаат да размисливаме колективно. Затоа Франција ги поддржува заклучоците произлезени од Самитот на НАТО во Велс и тоа најмногу во однос на спроведувањето на заеднички вежбовни активности и обука помеѓу вооружените сили на земјите-членки и создавањето сили за брз одговор“, истак-на во своето излагање г-ѓа Оер. Во однос на регионот и политиката на отворени вра-ти, француската амбасадорка нагласи дека Франција не ја менува својата стратегија во однос на државите-аспиранти за членство во Алијансата. На прашањето за спорот во врска со името на Република Македонија таа јавно и гордо изјави дека таа е амбаса-дор на Република Франција во Република Македонија без оглед на сите импликации и ги поддржува сите напори на Република Македонија за прием во Алијансата.

    НАТО И ГЛОБАЛНАТА БЕЗБЕДНОсТ НИЗ ПРИЗМАТА НА ПОЛИТИКАТА НА сАДВо рамките на Европскиот центар за без-бедносни студии „Џорџ Маршал“ предава-ат врвни експерти и стручњаци кои доаѓаат од голем број држави и региони во светот.

    Проф. д-р Метју Род од Соединетите Аме-рикански Држави е професор кој предава на Европскиот „Џорџ Маршал“ центар за безбедносни студии. Во доменот на него-вите научни квалификации се темите од областа на надворешната и безбедносната политика на САД, трансатлантските одно-си, како и безбедносните прашања во ре-гионот на централна и Југоисточма Евро-па. Проф. д-р Метју Род има предавано на повеќе престижни американски и европски универзитети. Неговото излагање беше во врска со перспективите на НАТО како во-ено-политичка алијанса, но и за НАТО како значаен фактор на глобалната безбедност низ призмата на политиката на САД. Во однос на геополитичкото значење на реги-

    медин Тахировиќ, ви сок претставник на Војската на црна Гора и универзитетски про-фесор од областа на кризниот менаџмент ги сподели со присутните искуствата на црна Гора од учеството во мисијата ИСАФ. Заклу-чокот беше дека авганистанското општество има потреба од соодветна поддршка и кон-кретна помош во фазата на реконструкција и воспоставување на институции кои ќе би-дат функционални. За да се оживее и води во вистински прогрес помошта треба да доаѓа и од меѓународната заедница, од ОН, од Еу, од ОБСЕ, но и единечно од земјите кои имаат можности да дадат свој придонес. Дискусијата покажа дека сите земји од ре-гионот сакаат да продолжат со придонесот во постИСАФ фазата, секоја од аспект на можностите и капацитетите. Во оваа насо-ка беше спомената и определбата на Репу-блика Македонија да учествува во обуката и едукацијата на авганистанските национални безбедносни сили. На оваа значајна работилница свое изла-гање имаше и господинот Ралф Брит, ам-басадор на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија. Тој во своето излагање се зад-ржа на конкретните анализи на прогресот, но и на извесните слабости во изградбата на демократијата во Република Македонија како земја-аспирант за членство во Еу, притоа констатирајќи дека кон НАТО се исполнети сите очекувања. ОБСЕ е посеб-но заинтересирана за исполнувањето на Охридскиот рамковен договор. Во секој случај заклучокот беше дека ОБСЕ ја дава поддршката на сите напори, набљудува, со ветува и помага во секој поглед за да се надминат сите недоразбирања и слабости во Република Македонија на патот кон Еу и НАТО.Поранешната амбасадорка на Република Македонија во Обединетото Кралство, г-ѓа Марија Евремова како излагач на Работил-чницата се осврна на политиката на „от-ворени врати “ на НАТО во однос на аспи-рациите на земјите од регионот. Нејзина констатација беше дека Западниот Балкан е значаен регион и е есенцијален и за НАТО и за Еу и затоа заради зачувување на стабил-носта и просперитетот треба да се заокружи интеграцијата на сите земји од овој простор во НАТО и во Еу. Таа уште еднаш ги потсе-ти сите присутни дека иако на последниот самит на НАТО што се одржа во Велс фо-кусот на интерес не беше проширувањето, сепак во членот 22 од Декларацијата од Са-митот децидно стои дека НАТО продолжува со поддршката на сите земји-апликанти за членство во Алијансата.Овој септември, на брегот на Охридското Езеро, во прекрасниот амбиент на хотелот „Белведере“ се одржа навистина конструк-тивна работилница и се донесоа значајни препораки кои ќе бидат доставени до сите релевантни фактори. Дебатата започна во Охрид, Република Македонија, но таа не завршува тука. Дебатата ќе продолжи на некој нареден форум, можеби во некоја друга земја од регионот, можеби и со некои нови ликови на конференциската маса. Но едно е сигурно – сите заедно продолжува-ме кон целта : евроатлантските интеграции на земјите од Западен Балкан, развој на демократијата, добрососедските односи, еко номијата, мирот и безбедноста.

    д-р Жанет Ристоска

    онот на Пацифичка Азија, каде се лоцира-ни земји кои имаат сè поголемо значење на меѓународната сцена, тој појасни дека САД застапуваат индиректен пристап. Се осврна на состојбите во Сeверна Кореја која претставува безбедносна закана за овој регион, но и пошироко. Кина станува еден од клучните актери како економска суперсила, но и како земја која се стреми да биде значаен фактор на политичко влијание во регионот и пошироко. Според професорот Метју Род, за овој регион кој во моментот не е од круцијално значење ниту за НАТО ниту за САД, пред сè е потре-бен добар дипломатски пристап. Во однос на просторот на Блискиот Исток и Северна Африка беше поставено прашањето за по-требата од креирање на посебна т.н. јужна стратегија на НАТО. Она што започна со „арапската пролет“ како надеж за подобра иднина на овој регион се преврте во спро-тивна насока, создавајќи простор исполнет со постојани конфликти, немири, судири и тероризам, река од бегалци, имигранти, трговија со луѓе, шверц, трговија со оружје итн. Со еден збор, се создаде огромен без-бедносен вакуум за кој ќе треба време да се пополни и стабилизира. Во однос на кризата во украина и политиката на САД беа определени 5 главни цели, односно приоритети на оваа политика, меѓу кои позначајни се деескалација на конфликтот, делегализација и одбрана. Одбраната се определува, пред сè како логистичка под-дршка во вид на медицинска, хуманитарна и разузнавачка помош.

    НАТО ВО АВГАНИсТАН, ПРОШИРУВАЊЕТО И ПОЛИТИКАТА НА „ОТВОРЕНИ ВРАТИ“ Во текот на тридневната работилница која се одржа во Охрид имаше доволно време да се продискутираат сите прашања кои беа тема на Самитот во Велс, но и да се и спо-делат искуствата, плановите и очекувањата на земјите-партнери. Во врска со можно-стите за ангажман на НАТО во Авганистан по завршувањето на мисијата ИСАФ свое излагање имаа д-р Петар Батор, официјален преставник на НАТО и потполковникот Ричард Пери од Британската амбасада. Завршувањето на мисијата во Аганистан секако дека претставува нов предизвик и за земјите-партнери. Полковникот д-р Мех-

  • о период од 13 до 29 сеп-тември во Центарот за безбедносни студии „Џорџ

    Маршал“ од Германија се одржа 11. интернационален семинар на главни подофицери на армии. На семинарот, покрај учесници од 36 НАТО-земји и земји од Парнерството за мир учеству-ваше и главниот подофицер на АРМ, главен наредник Драган Стојановски. За време на семина-рот беа опфатени сите подрачја од професионалниот развој на подофицерскиот кор. Во исто време се одвиваше и семинарот на високи извршни офицери.

    Семинарот се одвиваше во две фази. Едната фаза беше тесно врзана за семинарот на високи извршни офицери. Во другата фаза, врзана за развојот на подо-фицерскиот кор, беа обработени теми како што се: НАТО-мисии и операции во тек; Авганистан: ИСАФ и транзиција во решител-на поддршка; интернационална воена едукација на подофицери; обука во НАТО-школите, вежби и оценување; програма за парнер-ство со државите од САД.

    Д.С.

    8

    инистерот за одбрана, д-р Зоран Јолевски, во

    те кот на септември оствари неколкудневна работна по-сета на Република Полска. По средбата со својот пол-ски колега, Томас Сиемонијак, министерот Јолевски посочи дека Македонија и Полска со-работуваат во областа на од-браната од далечната 1996 година, кога беше потпишана и меѓусебната спогодба за соработка, која, пак, е трета по ред од осамостојувањето на Република Македонија и основањето на Армијата на Република Македонија. Мини-стерот Јолевски порача дека во периодот кој следи, Армијата на Република Македонија ќе се насочи кон модернизација и опремување, што дава допол-нителна тежина на посетата на одбранбените производствени капацитети на оваа земја, која

    ИНТЕНЗИВНА сОРАБОТКА

    ќе се реализира во рамките на престојот во Полска. На сред-бата станало збор и за идната воена соработка, за учеството на вежби, како и за моментал-ната безбедносна состојба во Европа и на Балканот. Во рамки на посетата на Полска, мини-стерот Јолевски и делегацијата од Министерството за одбра-на и Армијата на Република Македонија, остварија средби со претседателот на Комисијата за национална одбрана во полскиот Парламент, Стефан Ниесиолов-ски, како и со високи претстав-ници од Бирото за национална безбедност. Делегацијата од Република Македонија ги по-сети и Оперативната команда и Полскиот одбранбен холдинг, како и Националната одбран-бена академија. На средбата со ректорот на Академијата, пол-ковникот Дариус Козеравски, министерот за одбрана, д-р Зо-

    образованието и едукацијата се еден од приоритетите во Министерството за одбрана на РМ и затоа напорно се работи на уште посилно етаблирање на Воената академија како ре-спектабилна високообразовна институција. Нашата намера, додаде министерот, е уште повеќе да ја отвориме Воена-та академија кон регионот но и пошироко, кон сите светски партнери.

    9

    АРТИЛЕРИсКИ БОЕВИ ГАЃАЊА НА АП „КРИВОЛАК“ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА 2.МПБ

    о одлука на претседателот на Република Македонија и врховен командант на во

    оружените сили, 17 Септември е одреден за Ден на 2.мпб, како ден на формирањето и традициите на 14. младинска македонска на родноослободителна ударна бри гада, чии традиции ги продолжува 2.мпб. На 17.09.2014 г. во касарната „Јане Сандански” во Штип се одржа свеченост по по

    вод одбележувањето на Денот на 2.мпб од составот на 1. механизирана пешадиска бри гада (1.мпбр). На свеченоста при суствуваа: началникот на Шта бот во Здружена

    та оперативна команда, бригаден генерал Стојан Димчов, коман-дантот на 1.мпбр, бригаден гене-рал Павле Арсоски, претставници од: 1.мпбр, локалната самоупра-ва, МВР, локалните медиуми и др. гости. Командантот на 2.мпб, потполковник Стојанче Тодоров, во обраќањето пред присутните истакна дека, „припадниците на баталјонот денес претставуваат респектабилна воена сила оспо-собена за извршување на сите поставени задачи“. Командантот на 1.мпбр истакна дека секоја за-дача припадниците на 2.мпб ја извршуваат на најдобар начин и дека е особено горд на успесите на припадниците. На свеченоста беше прочитана честитка од на-чалникот на Гш на АРМ до при-падниците на Баталјонот, како и стимулативни мерки по повод празникот. Свеченоста заврши со свечено дефиле на единици-те од составот на Баталјонот, на воената техника и вооружување, како и презентација на оклопниот транспортер „хермелин“ и на пер-соналот кој го опслужува.

    о Домот на АРМ, во пе риод од 25 до 26 септем ври 2014 г. во ор га низација на

    Секторот за чо вечки ресурси на МО и во соработка со Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ се одржа работилница на тема „Енергетската безбедност како дел од мозаикот на националната безбедност и меѓународната безбедност“. Целта на работилницата беше да се иницира дебата и да се согледаат влијанието и ефектите на енергетската безбедност од перспектива на националната и меѓународната безбедност. Темата се третира и од стратегискобезбедносен и од правен аспект и ОД економски аспект. Исто така, беше дебатирана и улогата на македонската дипломатија, информатичката технологија, како и значењето и улогата на НВО и ЦВО секторот и на приватниот сектор. На работилницата учествуваа 40 претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, како и од останатите министерства, дирекции и управи во Република Македонија, а предавачи беа еминентни професори и експерти кои го споделија своето знаење и искуство со цел да придонесат во изнаоѓање на нови механизми за справување со современите предизвици за енергетската безбедност.

    ЕНЕРГЕТсКА БЕЗБЕДНОсТ

    ЕДНОДНЕВНА ОБУКАВо рамките на годишната про-грама за едукација и обука на резервните офицери и подофи-цери на ОРОРМ, на 27 септем-ври, во регионот на Штип (стре-лиштето „Пенуш“ и касарната „Јане Сандански“), за 110 чле-нови од 13 ООЕ на ОРОРМ од источниот и од повардарскиот дел на Македонија, беше реали-зирана еднодневна обука – под-готвително гаѓање со АП 7,62 мм на реден број 1 и технички собир. Покрај нив, на оваа обука беа вклучени и 20-тина дипло-мирани дефендолози, студенти од Институтот за безбедност, одбрана и мир и студенти од државните и од приватните уни-верзитети. Капетанот Марјан Гугуљанов од 2. пмб, најпрвин ги запозна со тактичко-тех-ничките карактеристики на АП 7,62 мм, како и со безбеднос-ните мерки на стрелиштето. По успешно завршеното гаѓање,

    на кое беа остварени одлични и многу добри резултати, во касарната „Јане Сандански“ бе-ше организиран технички со-бир со цел запознавање со дел од воено-техничките средства и оружјето со кое располага 2. баталјон на 1. мпбр, со кој ко-мандува потполковник Стојанче Тодоров.

    сЛОБОДАРсКИ ТРАДИЦИИВо текот на месец септември, по повод 70-годишнината од ослободувањето во Кратово (на 6 септември) и во Струмица (на 11 септември) беа одржани свечени академии. Носители на одбележувањето на 70-го-дишнината од ослободувањето на Кратово и на Струмица беа општинските одбори на СЗБ од НОАВМ и извршните одбори на ОРОРМ во овие градови, со логистичка поддршка на едини-ците на локалната самоуправа. Во рамките на програмата за одбележување на големиот јубилеј во Кратово, беше поло-жено цвеќе на Спомен-костур-ницата на загинатите борци од Кратово, беше отворена излож-ба на тема „Кратово во НОВ“, како и изложба на дела од Детската ликовна колонија „Ла-зар Софијанов“. На Свечената академија присутните ги поздра-ви градоначалникот Мите Андо-новски, а за ослободувањето на Кратово пригодно обраќање имаше претседателот на Бо-речката организација Миле Мар ковски. За 70-годишнина-

    та од ослободувањето на Р. Македонија говореше претсе-дателот на ОРОРМ, проф. д-р Ѓорѓи Малковски. Со голем број содржини, овој значаен јубилеј беше достоинствено одбележан и во Струмица. На 13 и на 14 септември беше организиран планинарски марш по повод одбележувањето на јубилејот – 1000 години од бит-ката на Беласица, а на шестми-на борци, учесници во НОВ и во ослободувањето на Струмица, им беа врачени благодарници.

    ДОсТОИНсТВЕНО чЕсТВУВАЊЕВо чест на 70-годишнината од формирањето на 50. дивизија на НОВ и ПОМ, Извршниот од-бор на ООЕ на ОРОРМ од Бе-рово–Пехчево, во соработка со Општинскиот одбор на СЗБ од НОАВМ од Берово, на 18 сеп-тември 2014 година, пред спо-меникот во с. Митрашинци го одбележа овој значаен јубилеј. На настанот беа присутни голем број делегации кои пред спомен-одбележјето на 50. дивизија положија свежо цвеќе. Исто така, пред спомен-обележјето на 4. македонска народноослободи-телна бригада во с. Градец беше одбележана 70-годишнината од формирањето на оваа крупна единица на НОВ во 1944 годи-на, на планината Плачковица, на врвот Лисец, во чиј борбен состав биле 150 борци и старе-шини.

    Живко Трајановски

    ОД АКТИВНОсТИТЕ НА ОРОРМ

    о Скопје, кон крајот на месец септември се одржа Форум на шефовите на воените ра зуз-

    навања на земјите од Југоисточна Европа посве-тен на „Сај бер-заканите како растечко безбедносно прашање во Југоисточна Европа“. На отворањето на форумот присуствуваше и министерот за одбра-на д-р Зоран Јолевски, кој во оваа прилика истакна

    КОНФЕРЕНЦИЈА НА ШЕФОВИТЕ НА РАЗУЗНАВАчКИТЕ сЛУЖБИ ОД РЕГИОНОТ

    дека мирот и безбедноста се предуслов за проспе-ритет, и затоа земјите од регионот чии претстав-ници се присутни на овој состанок, заедно со САД, со Еу и со НАТО-алијансата, почитувајќи ги основ-ните вредности како слободата и демократијата, работат заедно кон достигнување на заеднич-ките цели – просперитетна иднина за следните генерации. Современите закани не се насочени само кон една земја и затоа е потребно партнер-ството и блиската соработка во справувањето со нив. Размената на информации и соработката на воените разузнавачки служби е важен елемент. Во оваа прилика министерот Јолевски истакна дека сајбер-безбедноста е одличен пример за непостоењето на граници кога зборуваме за со-времените закани. Како пример за развој во оваа област беше споменат Меморандумот за сора-ботка на Академијата со иницијативата за сајбер-безбедност на Институтот за меѓународни студии во Монтереј, САД, како и регионалната тркалезна маса за сајбер-безбедност која се одржа минатата година во Охрид во соработка со НАТО и со уни-верзитетот „Норвич“ од САД.

    дина гаѓање со ракетен вод повеќецевни фрлачи на ра-кети 128 мм. На 18.09.2014 година во обиколка на едини-цата година присуствуваше и командантот на 1.мпбр бри-гаден генерал Павле Арсоски и претставник од Гш на АРМ, потполковник Сашо Исовски. Сите гаѓања беа оценети како

    многу успешни и со одлични оценки, со што поставените цели беa во целост успешно реализирани.

    о период од 16 до 19 сеп-тември 2014 година на Ре-гионалниот тренинг-центар

    (РТц) „Криволак“ се реализира-ше стационарно логорување со извршување на програм-ски водни артилериски боеви гаѓања (АБГ) на единиците од Артилерискиот баталјон од составот на 1.механизирана

    пешадиска бригада (1.мпбр). На 17.09.2014 година беа реализирани АБГ со хаубици 105 мм, а на 18.09.2014 го-

    о текот на месец септември во просториите на Цен-тарот за управување со

    кризи се одржа неколкудневна мултинационалната вежба „СЕЕ-СИМ- 14“, која како дел од про-цесот за одбранбена соработка во Југоисточна Европа – СЕДМ, се одвива во неколку земји во регионот. На оваа значајна веж-ба присуствуваа и претставници од МО. Учесниците на вежба-та активностите ги базираат врз основа на сценарио во кое земјите од Југоисточна Европа се цел на сајбер-напади, просле-дени со биолошки и со хемиски напади и природна катастрофа. Овие настани, во согласност со сценариото, поттикнуваат со-работка помеѓу цивилните, во-ените и политичките структури, со цел ефикасен одговор на ка-

    ОДГОВОР НА КАТАсТРОФИ

    тастрофите кои предизвикуваат големиот број човечки жртви и материјални штети. Вежбата СЕЕСИМ-14 има цел промоција на националните и на регионал-ните подготовки, како и соработ-ка помеѓу цивилните и воените власти при планирањето на институционалниот одговор на

    катастрофи и напади од големи размери. Координатор на вежба-та е Република Хрватска, додека учесници беа претставници од: Македонија, Албанија, Бугарија, Романија, Босна и Херцегови-на, Црна Гора и Бригадата на Југоисточна Европа, сместени во рамките на своите држави.

    ран Јолевски, разговараше за можноста за соработка помеѓу Воената академија на Републи-ка Македонија и Националната одбранбена академија, особено преку програмата ERASMUS PLUS. На оваа академија функ-ционира и центар за симулации и воени игри, што во голема мера овозможува развој на веш-тини и знаења кои се исклучител-но важни за унапредувањето на интероперабилноста. Во тој кон-текст, министерот посочи дека

    сЕМИНАР НА ГЛАВНИ ПОДОФИЦЕРИ

  • 1110

    за алумни-програми спроведува голем број семинари на годишно ниво и повторно ги поканува алумни-студентите да посетат и други курсеви.

    Какво е Вашето образовно и профе-сионално портфолио и кои се Вашите конкретни ангажмани како специјалист во Канцеларијата за односи со алумни-асоцијациите? – Почнав да студирам новинарство, но имав голем интерес и за учење јазици, така што на крај го завршив факултетот со диплома по руски и германски јазик. По завршувањето на универзитетот ра-ботев во образовните медиуми на уни-верзитетот. Потоа започнав магистерски студии за радио и телевизија и работев на телевизија како продуцент-режисер во САД и во Германија околу 10 години. Сепак, во најголемиот дел од мојата професионална кариера работев непосредно со луѓе и како

    Би сакале ли најпрвин да нè запознае-те со историјата, со организацијата и со активностите на Центарот „Џорџ Мар-шал“?– Европскиот центар за безбедносни сту-дии „Џорџ Маршал“ (GCMC), официјално беше посветен на германско-американско-то партнерство во Гармиш-Партенкирхен, Германија, на 5 јуни 1993 година. Мина-тата година, центарот го прослави својот 20-ти роденден. Повеќе од 10.000 учесни-ци ги завршиле резидентните програми на овој центар. Овој центар годишно спрове-дува повеќе од 100 теренски активности во форма на конференции, работилници, наменски семинари, регионални образовни семинари со нивните тимови, обуки и, се разбира, овде спаѓаат и алумни-настаните, не само во земјите на алумни-асоцијациите, туку и во Маршал-центарот. центарот, про-фесионално е поврзан и соработува со Конзорциумот на Партнерството за мир (PfPC), кој спроведува повеќе од 90 настани годишно и со партнерскиот Јазичен центар за обука - Европа (PLTCE), кој нуди јазична обука и специјализирани и професионални курсеви за англиски јазик. Во текот на изми-натите неколку години центарот ја проши-ри својата област на делување, вклучувајќи ја и транснационалната перспектива, па сега вклучува и учесници кои доаѓаат над-вор од границите на Европа, од Африка, Азија и од Јужна Америка.

    Кои се конкретните активности на Кан-це ларијата за односи со алумни-органи-зациите?– Нашата улога вклучува повеќе аспекти. Најважно за нас е да се запознаат учесни-

    СО БАРБАРА ВИТЕР, СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АЛУМНИ-РЕЛАЦИИТЕ ЗА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ОД ЦЕНТАРОТ „ЏОРЏ МАРШАЛ“, ГЕРМАНИЈА

    ТРЕБА ДА СЕ ГЛЕДА НАПРЕД

    интервју

    ците, а потоа да останеме во контакт со нив по нивното враќање дома, за да мо-жеме да продолжиме да ги информираме за иницијативите на Европскиот центар за безбедносните студии „Џорџ Маршал“ (GCMC) и за можностите кои се достапни за нив или преку алумни-порталот GlobalNET или преку кратки програми во земјата, регионално или во центарот. GlobalNET е важен елемент за продолжување на обра-зованието, бидејќи на студентите им нуди долгорочен пристап до бази на податоци, публикации, можност за размена на инфор-мации и можност да се задржи контактот со учесниците од курсот. Ние спроведуваме повеќе од 30 теренски настани на годишно ниво, а алумни-здруженијата ги реализира-ат најголемиот дел од овие програми. Ние обезбедуваме информации за присуство-то на алумни-студентите на регионалните работилници и конференции кои ги спро-ведува центарот, додека Канцеларијата

    го креираат и да го обликуваат нашето мислење. Поради нивната моќ сите ние мора да бидеме интелигентни креатори и корисници на медиумите. Тие многу лес-но може да бидат извор на манипулација и дезинформација, па затоа основен им-ператив е медиумите да бидат слободни, фер и отворени. Маршал-центарот вклу-чува курсеви на кои се учи за улогата, за значењето и за потребата за соодветен надзор на медиумите. Особено вредно да се спомене е дека Македонската алумни-асоцијација одржа тркалезна маса за да се дебатира за улогата на медиумите во без-бедносната сфера. Исто така, Центарот планира следната година во регионот да се реализира конференција за медиумите.

    Вие сте од Соединетите Американски Држави, но често сте надвор од САД, работите во Германија, активни сте и во други земји. Дали Ви недостасува татко-вината, американскиот начин на живот, пријателите, роднините... – Јас веројатно не сум најсоодветната личност за да поставите такво прашање бидејќи јас не сум живеела во САД од 1977 година. Се разбира дека ми недостига мо-ето семејство и пријателите, но што се од-несува до американскиот начин на живот, тој сега е сосема поинаков од времето кога јас живеев таму, а јас сега се „европеизи-рав“, па кога ќе одам во САД на посета, на моменти сè ми изгледа некако туѓо. Но, се разбира, јас сум Американка, иако не живе-ам таму!

    Како гледате на луѓето од балканските простори, на историјата, на традицијата? Кои се Вашите препораки за читателите на нашиот магазин?– Историјата и традициите се важни за луѓето, без разлика каде живеат и ни по-магаат да разбереме кои сме и од каде сме. Но, исто така, многу е важно да не им дозволите на овие фактори да напра-ват да не се разбираме едни со други, со оние кои имаат различни истории и тради-ции. Она што јас сметам дека е најважно, е секоја земја или регион, да гледа напред и да не дозволиме историјата да нè „пара-

    лизира“ или, пак, да ни застане на патот на донесувањето одлуки кои создаваат подо-бра иднина.

    (Ставовите изнесени во интервјуто се лични и не се официјални ставови на институцијата, чијшто претставник е интервјуираното лице)

    д-р Жанет Ристоска

    асистент за планирање настани кои пома-гаат да се изградат и да се одржат мрежи на контакти, и тоа најпрво за Федерацијата за семејствата на британската армија, па за тогашната Банка на Англија и, конечно, во Маршал-центарот.

    Како гледате на активностите на реги-оналните алумни-организации и, кон-кретно, на активностите на Македонска-та алумни-асоцијација?– Како алумни-специјалист се надевам дека нашиот ангажман преку алумни-програ-мите обезбедува стручна поддршка преку порталот GlobalNET, до кој имаат пристап сите по заминувањето од центарот, како и можност да завршат различни програми. Во врска со помагање на алумни-асоцијациите, поттикнување и поддршка на алумни-асоцијациите, Канцеларијата се обидува да помогне да се создадат одржливи профе-сионални мрежи во нивните земји и во ре-гионот, а им дава и можност да изработат кратки програми, како во земјата така и во регионот, со кои се обезбедува платформа за важни теми на јавна дискусија што, се на-девам, дека им помага на нивните влади да креираат просперитетна и успешна иднина за своите земји. Македонското алумни-здру-жение дефинитивно е едно од најсилните во регионот, вклучувајќи ги не само ди-пломците од Маршал-центарот, туку и чле-нови-соработници кои не престојувале во Маршал-центарот. Ова е важен фактор за создавање на она што ние го нарекуваме „мрежи на мрежи“ и беше многу важно оваа идеја да се спроведе на дело, што беше

    зацртано уште од формирањето на цен-тарот во 2005 година. Годишно се реали-зираат околу две тркалезни маси на важни теми кои досега вклучиле професионалци од областа на безбедноста, студенти, не-владини организации и регионални алумни-здруженија, вклучително и Македонската алумни-асо