petka br. 2

16
Број 2

Upload: martin-nacevski

Post on 10-Mar-2016

242 views

Category:

Documents


12 download

DESCRIPTION

Ucilisten vesnik na PSU "Petta privatna gimnazija" - broj 2

TRANSCRIPT

Page 1: Petka br. 2

Број 2

Page 2: Petka br. 2

ИЗДАВАЧ:ПСУ”Петта приватна гимназија”

ДИРЕКТОР:Докоска Мирјана

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК:Ена Пеева

ЗАМЕНИК ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК:Мартин Нацевски

УРЕДНИЦИ:Наташа Трпевска

Теодор СтојановскиВикторијан МуцунскиМихаела Михајловска

Бојан Макешоски

ОДГОВОРЕН НАСТАВНИК:м-р Зоран Механџиски

Панде Поп-Антоска

КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА И ПЕЧАТ:

ВоведГлавна тема на ова издание на „Петка“ е учеството на Младинската Орган­изација на ПСУ „Петта приватна гимназија“ на Образовното Рандеву ор­ганизирано од МАССУМ, на кое освоија златен медал за најдобар штанд и од­лично го претставија училиштето. Во вториот број на „Петка“ ќе читате и за најразличните проекти кои се из­работуваат од страна на Младинска­та Организација, како и за посетата на истата на Хемискиот институт при Природно­математичкиот факултет.

Креаторите на „Петка“ за вас подготви­ја и многу други интересни содржини, како интервју со познатиот бенд „Леб и Сол“, детален опис на сите атракции во еден од најубавите градови во светот, Париз, но и прилог за младите тален­ти во и надвор од нашето училиште. Во ова издание на „Петка“ ќе најдете и ек­слузивен прилог за македонските модни дизајнери Марјан Пејоски и Сашко Бежов­ски, како и за нивните успеси во и надвор од државата.

[email protected]

Уредничкиот тим на „Петка“,училиштен весник на ПСУ „Петта при­

ватна гимназија“

Page 3: Petka br. 2

Менаџерот на нашата гимназија

МЕНАЏЕРОТ ЕКРЕМ ЦАНОСКИ ЗА НАШАТА ГИМНАЗИЈА

Тргнувајќи од фактот дека гимнази-ското образование има посебна уло-га, значење и функција во самиот вос-питно образовен систем, мојата уло-га на генерален Менаџер се темели на фундаментални тековни активности.

Секојдневниот надзор врз вработени-те, организирање, обука, мотивирање и наградување на човечките ресурси се само дел од тековните активности чија основна цел е креирање на квалитетно образование. Исто така, планирањето и организирањето како мои секојдневни функции се круцијални за долгорочно усовршување на научните знаење на учениците, проширување на образовна-та култура и подготовка на учениците за понатамошно продолжување на образо-ванието. Основниот концепт е креирање на ква-литетно образование, кое во себе ќе ги

интегрира сите позитивни искуства од останатите приватни и јавни средни учи-лишта каде што учениците ќе се оспосо-бат за самообразование, а моја основна функција е следење на конкуренцијата, адаптирање кон локалните и глобални-

те промените. Одговорностите и задачите се надоврзуваат на тековните ак-тивности кои ги напоменав претходно. Секојдневните упи-си, презентации и активно уче-ство на саемите за образова-ние се дел од задачите кои при-донесуваат за реализација на крајните цели на гимназијата. Исто така: координирање на работата на вработените, оценување на нивната извед-ба, превземање на коректив-ни мерки за подобрување на изведбата, информирање на вработените за секојдневните промени кои влијаат врз нив и организацијата како и лансирање на национална ре-кламна кампања спаѓаат во од-

говорностите и задачите за менаџирање на оваа институција.Викендов во Струга се организираше кошаркарски турнир на локално ниво и целата идеја е тој натпревар да пре-расне во републички натпревар каде што организатор ќе биде токму нашата гимназија.За крај наша цел е проширување на ин-телектуалните способности на ученици-те, работење на личниот интелектуален развој и искористување на сите можно-сти што ги нуди приватното образова-ние, кое потоа ќе им овозможи сигурна и просперитетна иднина.

1

Page 4: Petka br. 2

Наша тема

НАШИ СВЕТСКИ ПОЗНАТИ МОДНИ ДИЗАЈНЕРИ

ОПШТО ЗА KTZ

Македонскиот моден првенец и близок пријател на Марјан Пејоски, Сашко Бе-жовски (Sasha B), е човекот одговорен за носењето на концептот Kokon to Zai (KTZ) на улиците на Лондон и Париз, како и триесетина други пазари во светот. По-ранешниот студент на Градежен факул-тет кој се пресели на запад за да стане ди-џеј и моден дизајнер во раните де-ведесетти соработувал и со дизајнерот Dark Horse и открил уште една интерес-на колекција.Саша верува дека изобилството на ска-пи марки ги обесхрабрува младите луѓе за експериментирањето со интерес-ни облеки и цели да направи сериозни промени, посебно во град како Лондон.

НАКРАТКО СО ДИЗАЈНЕРИТЕ НА KTZ

Дизајнери: Марјан Пејоски, Сашко Бе-жовскиПотекло: Скопје, МакедонијаДизајнерска позадина: И двајцата дизајнери студирале во централната

шко л а „Сент Мартин“ и го поч-н а л е својот б и з -нис по диплом -и р а -њето. Н а в е д е -те три ра-боти кои ве инспи-р и р а а т оваа се-

2

зона: „Клубски детски облеки од осум-десетите и деведесетите, стара култу-ра од племињата и новите младешки движења“Кои се вашите дизајнерски потписи? „Комбинација од ска по це на и улична об-лека“Ка ко би го опишале класичниот KTZ ку-пувач? „Тоа е некој кој поседува вистин-ски индивидуален стил. Тие се најчесто млади и имаат музичка или уметничка позадина. Нашите дела се доволно при-стапни за да се добие голема публика, но тие исто така имаат интелектуални елементи со елитен шарм.“Кое е вашето најново дости гну вање во Лондон? „Нашата нова прод авница во Натинг Хил.“ Оваа година се навршуваат 25 години од првата Лондонска Модна Недела. Што правевте вие пред 25 години? „Ние бев-ме млади тинејџери со големи соништа.“ Во последниве 25 години, Лондон изгра-ди репутација за извонредно оригинал-на мода. Што е тоа што ја прави модата во Лондон толку уникатна? „Главно не-што во Лондон е експери менти рањето, кршењето граници и е л е к -т р и ч -на стра-на на жи-вот. Лон-дончаните се спрем-ни да про-баат се: тоа не прави нас специ-јал ни!“

Page 5: Petka br. 2

3

МЛАДИ ТАЛЕНТИ

Горазд Грмашковски, инаку роден на 25.04.1994 во Скопје. Тој уште од својата чет-врта година се занимава со музика. Тоj по-текнува од музичко семејство, негова мајка е популарната поп-дива Маја Вуќичевиќ. Горазд пее поп и има три свои песни на-пишани и компонирани од страна на по-знатиот композитор Кристијан Габроски, во чие што студио и ги снима своите пес-ни. Освен што има одлични вокални спо-собности, го изучува и свирењето на гита-ра. Една од неговите песни е и хит песната „Ајде горе раце“, со која Горазд настапи на минатогодишниот Национален избор на детски Евросонг. Неговиот феноменален настап беше проследен од група танчар-ки. Активен член е и на хорот на Петта при-ватна гимназија, со кој настапил на некол-ку манифестации. Како солист, тој настапи и на образовното рандеву, организирано од страна на МАСУУМ, на кое го претстави нашето училиште. За својата иднина вели дека планира професионално да се зани-

мава со музика. Инаку, во слобод-но време, тој слу-ша хеви метал, што е воедно и негова-та омилена музи-ка. Редакцијата на „Петка” му посаку-ва голем успех во понатамошната кариера и се наде-ваме дека наско-ро ќе имаме мож-ност неговите му-зички дела да ги слушнеме и на CD.

Kако доказ за тоа дека „Петка“ се интересира за афирмирање млади таленти од Пет-та приватна гимназија, но и пошироко (и надвор од границите на нашата држа-

ва) е тоа што во овој број на гости ги имаме Горазд Грмашковски и Един Јахиќ -E-Jay.Имено, Горазд Грмашковски е ученик во прва година во нашето училиште, додека пак Един е четврта година во една новосадска гимназија. Во овој број накратко ќе може-те да прочитате што велат Горазд и Един за нивните кариери и досегашни успеси.

Един Јахиќ е ро-ден на 12.10.1990 во Нови Сад, Ре-публика Србија. Се бави со музика откога знае за се-беси. Во почето-кот свирел гитара, потоа клавир, за на крајот да сфа-ти дека повеќе е заинтереси-ран за правење на beat-ови, му-зика за хип-хоп и рап песни. Со тоа се бавел околу две години и потоа до-шол на идеја тие беатови да ги пополни со нешто ново и така го снима својот прв сингл «Sometimes”. Бидејќи не му се допад-нало како сето тоа звучи на српски, одлу-чил сето тоа што ќе го работи понатаму да биде на англиски. Покрај тоа што пее на ан-глиски, имал желба да ги спои српскиот и англискиот во неговите песни, како би до-бил нешто ново, нешто поинакво и на тој начин ја изработува песната “Znam who shot ya”. Пред извесно време станува член на српскиот DipseT, кој се вика “AcaseT”. За-едно со нив планираат многу нови работи, нови mixtape, како и нови синглови. Во ид-нина има големи планови, а нас ни остану-ва да го чекаме неговиот прв албум, заед-но со некој негов концерт. Сите коишто се заинтересираа да дознаат нешто повеќе за музиката на Един, можат тоа да го направат на неговата myspace страница: www.myspace.com/edyn_king.

Ена ПееваМартин Нацевски

Page 6: Petka br. 2

4

Гостин на „Петка“:

ЛЕБ И СОЛ Што се случува кога четворицата најдобри музичари во Македонија ќе на-прават бенд? Сигурен успех, секако. И по повеќе од 30 години, македонскиот најпознат и најпочитуван бенд постиг-нува огромни успеси каде и да се појави. Редакцијата на „Петка“ ја имаше посеб-ната чест да разговара со еден од првите членови на „Леб и Сол“, Кокан Димушевски.

„Леб и Сол“, ултрапопуларната македон-ска џез/рок група, на македонската и екс-југословенската сцена се појави пред повеќе од 30 години, а беше составена од Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Гарабет Тавитјан. Во тие 30 години работа, „Леб и Сол“ до-живеа стотици настапи во и надвор од Македонија, настапи со кои ја претста-ви Македонија во најдобро можно свет-ло насекаде низ светот. „Леб и Сол“ има-ат издадено 15 албуми со повеќе од 100 песни. Последниот албум, „И така ната-

ка“, беше спектакуларно промовиран на нивниот концерт во Скопје во декем-ври минатата година, каде настапија ре-довните членови кои го креираа албу-мот, Кокан (клавијатури), Бодан (бас), Ди-митар Божиков (гитара) и Гоце Стефков-ски (тапани), како и многу гости од маке-донската и екс-југословенската музичка сцена, вклучувајќи ги Сузана Спасовска, Владо Јаневски и Сашо Гигов - Гиш. Музи-ката на „Леб и Сол“ не познава граници: неа ја слушаат и стари и млади , во нејзе уживаат и луѓето кои ги поддржувале од самиот почеток и најмладите кои само што слушнале за нив.Неодамна го промовиравте долгоочеку-ваниот албум „И така натака“ со спекта-куларен концерт во кој уживаа и помлади-те генерации. Што мислите за одзивот на помладите кон Вашата музика? Авторот во суштина го пишува и одра-зува она што го чувствува и што го носи во себеси цел живот. Кога компонирам музика, никогаш не размислувам на тоа како ќе биде прифатена, едноставно мислата и идејата извира од длабочина-та на мојата душа, а јас морам да ја ис-фрлам од себе и да ја затворам во музи-ка, во емоција, во порака која сакам да ја кажам преку јазикот на музиката. Слу-шателите тоа интуитивно гo примаат или одбиваат, особено младите слушате-ли ги почитувам бидејќи тие не се затво-рени и задоени од разни култови и ве-личини, едноставно реагираат на се она што е добро и лошо. Токму знаејќи го ова како факт ме радува што нашите концер-ти ги следат огромен број на млади луѓе кои се воодушевени од она што го рабо-тиме.„Леб и Сол“ е најпознатиот македонски со-став кој се занимава како со изработување

Page 7: Petka br. 2

Кокан Димушевски

нови песни, така и со обработување на стари македонски песни. „Учи ме мајко, карај ме“, „Јовано, Јованке“, „Распукала Шар Планина“, „Си заљубив едно моме“ и многу други обработки доживеаја голем успех и популарност. Која беше идејата да се обработуваат најубавите македон-ски етно-песни?Етносот и фолклорот се вградени во гените на сите нас. Предизвкиот да се преаранжираат, да се даде едно свое видување на фолклорот кој го носи-ме во себе како начин на живеење, комуницирање, па и музицирање, е уште поголем бидејќи се работи со една идеална материја, во смисол на форма, мелодија, ритам, хармонија и текст. Мис-лам дека секоја генерација доаѓа до сте-пен на самоспознавање во еден момент и сака да биде дел од големата историја токму со преработка и свое видување на својот фолклор. Целата музика е базира-на на фолклорот на еден народ, впрочем, земете пример и од сериозната музика, како Стравински, Моцарт, Чајковски, Бе-товен, Брамс и други, тоа доаѓа природ-но, само од себе, тоа ви дава печат со ми-рис, боја и вкус, тоа ве прави да бидете она што сте. Така и нашите обработки на темите кои ги наведе во прашањето, из-вираат од тебе, извираат од генот кој го носиш во себе.Итаканатака е насловот на вашиот по-следен албум, што говори за тоа дека „Леб и Сол“ продолжува понатаму. Дали можете да ни откриете некои од плано-вите на „Леб и Сол“?

„Леб и Сол“ никогаш не ни престана да работи. Имаше една пауза во изданијата, но никогаш не престана да влијае на мла-дите музичари и да им го покажува патот како треба да се работи. Мислам дека оставивме и дека ќе оставиме големо влијание на целокупната балканска му-зика, многу брендови, солисти, компози-тори тргнаа по нашиот пат, следејќи не нас но во исто време градејќи своја ка-риера, свој звук и стил. Она што е битно за „Леб и Сол“ е тоа што никогаш не сме

ги следеле актуелните трендови, туку се-когаш сме биле зачетници на нови трен-дови кои се следени од помладите музи-чари, давајќи им поттик и поддржувајќи ги во магијата наречена МУЗИКА. Пред скоро една година, на затворањето на Скопското Лето 2008, премиерно го презентиравте вашиот музичкиот про-ект насловен „Календар“, во изведба на Камерниот оркестар на Музичката мла-дина во Македонија, а под диригентска-та палка на нашиот најпочитуван дири-гент, Саша Николовски – Ѓумар. Овој про-ект исто така беше изведен во Нови Сад, Србија. Што можете да ни кажете за Ва-шата соло кариера и како успевате да функционирате вака успешно и како дел од „Леб и Сол“ и самостојно?Композиторот создава дела кога има што да каже, емотивна состојба која сака да ја сподели со слушателите. Моите соло проекти се моја интимна приказна, мое-то душевно доживување и преживување на се она што се случува во и околу мене. „Календар“ е една емотивна приказна во четири става наречени: ВЧЕРА, ДЕНЕС, УТРЕ И КРУГ, приказна која ја доживува секој човек на планетава Земја. Секој од нас има сеќавања (ВЧЕРА), секој живее и се бори во сегашноста (ДЕНЕС), секој од нас се надева на помирна, послобод-на ИДНИНА и секој од нас кога ќе дојде време го затвора КРУГОТ на својот жи-вот, ја напушта оваа форма на живот, се претвора во енергија и продолжува по-натаму во непознатото.

Мартин Нацевски

5

Page 8: Petka br. 2

Случувања

6

ОБРАЗОВНО РАНДЕВУВо организација на МАССУМ (Македон-ска асоцијација на средни стручни учи-лишта) на 08.05 и 09.05, во простори-ите на Скопскиот Саем, се одржа ово-годишното Образовно Рандеву. Како и секоја година, така и оваа, Петта при-ватна гимназија, активно учествуваше на образовното рандеву. Имавме пре-красен штанд, кој целосно беше изра-ботен од учениците и како доказ за на-шата креативност, добивме златен ме-дал за најдобро изработен штанд. На-шиот штанд беше еден од најпосетените на саемот. Се разликувавме од другите по многу работи, но најинтересното не-што што го имавме само ние на штандот, беа активностите од страна на ученици-те. Имено, за цело време додека траеше саемот учениците изведуваа експери-менти од областа на физиката, хемијата, биологијата... Додека научниците правеа паузи помеѓу своите експерименти, тука беа уметниците кои цртаа на витраж и со тоа привлекуваа големо внимание.

На самото отворање на саемот, Петта приватна гимназија се претстави на са-емската сцена, со своја презентација, из-ведена од страна на Ена Пеева, ученич-ка од I година која го претстави учи-лиштето. Потоа следеше младиот Горазд Грмашковски со одличната изведба на неговата евровизиска песна „Ајде горе раце“, за по него да се претстави три-ото. А по нив се претстави италијанската секција со неколку дијалози. Целиот на-стап го круниса хорот со прекрасната изведба на песната која ја компонираше ученикот Благојче Даниел Николовски, а текстот го напиша целиот хор и беше на три јазика, македонски, албански и ан-глиски. Впечатокот кој го оставија учени-ците од Петта приватна гиманзија беше фасцинантен и буквално сите ги остави без зборови.Во продолжение погледнете ги фотогра-фиите и уживајте во саемската атмосфе-ра.

Page 9: Petka br. 2

Спортски активности

7

ФУДБАЛСКИ ТУРНИР

Фудбалот е еден од најпопуларните спортови кај младите во Македонија, па и пошироко. Големиот избор на школи и тренери, пристапните цени и желбата за натпреварување на младите се само дел од причините за тоа. Од оваа година, Петта приватна гиманзија почна со ре-довни натпревари во фудбал за учени-ците од средните и основните училишта во општина Струга. Ова е одличен начин за поттикнување на нивниот натпрева-рувачки дух и желба за дружење. Во натпреварите можат да учевствува-ат сите училишта кои се наоѓаат во Оп-штина Струга. Целта на проектот е мла-дите да се дружат со нивните врсници од другите средни училишта во ошти-ната и да се забавуваат, но мал поттик на натпреварувачкиот дух никогаш не е на одмет. Домаќин на овој турнир е на-шата гимназија, а турнирот се одржа во спортскиот центар на Петта приватна гиманзија, каде учениците редовно ги извршуваат часовите по Спорт и спорт-ски активности.

Петта приватна гимназија имаше четири екипи и броеше најмногу членови. Еки-пите беа придружени од професорот по Спорт и спортски активности, Жарко Костовски. Во првото коло играа две со две наши екипи. Во полуфиналето игра-ше една наша екипа, заедно со екипа-та на средното училиште „Нико Нестор“ од Струга, додека пак другата наша еки-па играше со екипата на основното учи-лиште „Маршал Тито“ од село Лабуниш-те. Покажавме добра и квалитетна игра, но за жал во финалето изгубивме од еки-пата на „Нико Нестор“, кои го освоија пе-харот со само еден поен повеќе.Ова е одличен проект кој ние како уче-ници целосно го поддржуваме. Се на-деваме дека тимот на Петта приватна гимназија, ќе се потруди овој фудбал-ски турнир, да прерасне во една голема Спортска Олимпијада, во која ќе земат учество ученици од целата Република. За крај, секоја чест на организаторите за идеата и совршената релизација.

Page 10: Petka br. 2

8

Наша дестинација

ПАРИЗЕдно од ретките места каде што се спо-иле старото и новото, каде гламурот го надвладеал совршенството. Тоа е Париз, градот на светлината, а воедно и еден од најубавите и најромантичните градови во светот, кој секојдневно без здив оста-ва илјадници туристи, повеќе од било кој друг град во светот.Оние кои ја посетиле најпопуларната ту-ристичка атракција во светот се согла-суваат во едно: би сакале повторно да ја посетат. А оние кои не биле, мечтаат некој ден да отидат. Таков е Париз, тој изобилува со убавини, убавини кои не се гледаат во неколку денови, убавини на кои треба да се посвети животот. Па-риз е еден, но секој го доживува различ-но. Тој е доказ за богатата историја и кул-тура на Франција. Во него има неколку видови на архитектури, од најстари рим-ски објекти па сé до стокатници како тие во њујоршкиот Менхетн.

Ајфеловата кулаВо далечната 1887, никој не верувал дека креацијата на Густав Ајфел ќе ста-не главниот симбол на Париз и еден од најпознатите објекти во светот. Зад Ајфеловата Кула стојат нејзината бога-та историја, неволјите низ кои поминал нејзиниот дизајнер, но и многу мисте-рии. Таа има многу интересна форма по-ради која во светот има повеќе од 25 ко-пии, но ниедна не толку убава како ори-гиналот.

Нотр ДамГлавната катедрала на Париз, готска-та Нотр Дам, е една од најдеталните и најубавите градби во светот. Таа била конструирана како замена за старата црква во Париз, а за нејзината изградба биле потребни 182 години. Затоа, целата катедрала е изградена до совршенство.

Дури и книгата на легендарниот Виктор Иго, „Ѕвонарот од Богородичната Црква“, била напишана за полесно прифаќање на црквата од страна на граѓаните.

ЛуврЕден од најпознатите и најбогатите му-зеи во светот се наоѓа токму во Париз. А како и сé друго во Париз, Лувр има бога-та позадина. Најпрвин објектот се кори-стел како кралска палата сé до изград-бата на дворецот во Версај, а потоа тој имал многу други функции сé додека не почнал да се користи како национален музеј на Франција во 1793. Во него има повеќе од 35,000 изложени предмети, меѓу кои антиквитети од многу древни цивилизации, како и многу уметнички слики и скулптури, од кои се издвојува и една од најпознатите уметнички слики во светот, Мона Лиза.

Page 11: Petka br. 2

9

Наша дестинација

МонмартрПариз е познат и по уникатниот рид Мон-мартр, на кој се собирале многу умет-ници, вклучувајќи ги и познатите Паб-ло Пикасо, Салвадор Дали, Клод Моне и Винсент Ван Гог. На врвот на ридот се наоѓа катедралата Свето Срце, една од најпознатите цркви во Париз, од која има прекрасен поглед на градот. Денес, Мон-мартр е центар на кафулиња и бистроа, но сéуште изобилува со интересни град-би кои се доказ за уметничката вредност на највисоката точка во Париз.Триумфалната Капија. На западниот крај на Елисејските Полиња (Шанзелизе), според многу најубавата авенија во све-тот, се наоѓа Триумфалната Капија која е изградена во чест на оние кои се боре-ле за Франција во Наполеонските војни и Француската Револуција. Таа денес е центарот на многу воени паради, а на неа се испишани имињата на 660 луѓе кои се бореле за Франција.

ДефансНајмодерни стокатници, луксузни про-давници и зафатени бизнисмени кои постојано брзаат е слика вообичае-на за американските бизнис центри, како њујоршкиот Менхетн. Но, и Евро-па не заостанува на овој план, а токму најголемиот бизнис центар во Европа, Ла Дефанс, се наоѓа во Париз. Во него

се наоѓаат претставништва на едни од најсилните светски компании, како и Го-лемата Капија, која претставува еден вид пресликување на Триумфалната Капија во модерен стил. ВерсајЕден од најубавите и најраскошни крал-ски дворци во светот, дворецот во Версај, бил изграден како кралски дво-рец за Луј XIV, познат како Кралот Сон-це. Освен што се одликува со извонред-на надворешност, во неговите 700 соби се наоѓаат и многу уметнички дела, скул-птури, слики и други предмети со исто-риска важност. Дизниленд„Најсреќното место во светот“, како што популарно го нарекуваат „Дизниленд“, има свој забавен парк и во Европа, одно-сно во Париз. Покрај десетиците атрак-ции во главниот парк, во склоп на „Диз-ниленд Париз“ постои и таканаречен „Волт Дизни Студио Парк“, во кој може да се искуси снимањето на дизниевите филмови, што го прави „Дизниленд Па-риз“ интересен како за најмалите, така и за повозрасните.Сепак, колку и да пробуваме да ја раска-жеме, убавината на Париз е неопишли-ва, таа треба да се доживее.

Мартин Нацевски

Page 12: Petka br. 2

Наши активности

10

МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈАОТВОРЕНИ ДЕНОВИ

На ден 30.05.09 (сабота) од 10-16h и 03.06.09 (среда) од 12-18h, Петта при-ватна гимназија ќе биде отворена за посетители. Сето ова ќе се случу-ва во организација на Младинската организација и менаџерскиот тим при Петта приватна гимназија. Користиме прилика да ве поканиме, да ја искори-стите можноста барем накратко да биде-те дел од нашето училиште. Петта при-ватна гимназија и во иднина ќе органи-зира вакви отворени денови, сé со цел да го приближи училиштето до идните ученици, кои имаат желба своето обра-зование да го продолжат токму овде. На отворените денови ќе имате можност да го разгледате нашето училиште, но и да погледнете дел од нашите активности, кои што ги работевме преку целата го-дина. Се надеваме дека барем на еден ќе дојдете и ќе го погледнете ТИМОТ ШТО ПОБЕДУВА!

ЕВРОПСКО КАТЧЕ

Како резултат од посетите на Европ-скиот Информативен Центар, ученици-те од Петта приватна гимназија, заедно со одговорниот професор, изработија Европско катче. Во катчето посвете-но на ЕУ, можете да дознаете разни ин-формации за Европската Унија, како на пример: како најлесно да аплицира-те за виза, да ги дознаете вашите пра-ва додека престојувате во некоја од ЕУ земјите итн. Исто така, можете да прочи-тате информации во врска со државно-то и социјалното уредување на земјите од ЕУ, принципите на ЕУ и многу други интересни податоци. Во склоп на катче-то имаме и мала ЕУ-библиотека, во која ги имаме најновите изданија кои Европ-

скиот инфо-центар ги издава. Сето ова е со цел нашите ученици да останат што повеќе информирани за Европската Унија и нејзините активности.

ОБСЕ

Како дел од активностите на ученици-те членови на Европското катче, произ-лезе и еден нов проект, наречен ОБСЕ (Организација за безбедност и соработ-ка во Европа). Овој проект ја опфаќа мисијата на ОБСЕ во Македонија. Про-ектот објаснува што е ОБСЕ (OSCE), зош-то ОБСЕ е во Македонија, кои активно-сти ги има мисијата во нашата држава, кои активности се одржани, а кои тре-ба да бидат одржани. Има објаснувања за тоа како ОБСЕ ги носи своите одлуки, но и за тоа на колку теренски операции дејствува ОБСЕ.

Page 13: Petka br. 2

Наши активности

11

ВО ПОСЕТА НА ХЕМИСКИОТ ИНСТИТУТ

На ден 23.04.2009 (четврток), дел од уче-ниците од прва година од Петта при-ватна гиманзија, предводени од про-

фесорката по хемија Наташа Ставрев-ска, во попладневните часови беа во научна посета на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет. Целта на нашата посета беше практично реализирање на материјалот по пред-метот хемија. Домаќин на нашата посета беше професорот Владимир Петрушев-ски, којшто заедно со своите асистенти максимално се потруди нашата посета да ја направи уште поинтересна. Бевме заедно со студентите на Државниот уни-верзитет во Тетово, но и со студентите на ПМФ. На самиот почеток погледнавме еден експеримент со водород, а потоа гледавме експерименти на бел и црвен фосфор. Експериментите беа прекрасни и ова секако беше искуство кое секој би требал да го доживее, бидејќи не може-ме секој ден да видиме како фосфорот свети, додека со него пишуваме на таб-ла или пак како и зошто може да експло-дира водородот. Како и од сите наши на-учни посети и од оваа излеговме побо-гати. Ја имавме честа да присуствуваме и да погледнеме прекрасни експеримен-ти презентирани на еден интересен на-чин од врвни хемичари.

Page 14: Petka br. 2

Гостин од страна

НА ГОСТИ КАЈ ИБРАХИМ ИСЛАМОСКИ МУЗИЧАР И КОМПОЗИТОР

1.Кога и каде сте родени?Роден сум на 07.10 1971 во село Лабу-ништа.

2.Што ве потикна за избор на оваa професија?Љубовта спрема музиката и талентот што го поседувам.

3.Кога за прв пат започнавте да свирите?За прв пат почнав да свирам на 7 годиш-на возраст, прв инструмент ми беше хар-моника.

4.Дали само компонирате или сте и тек-стописец?Поседувам афинитет и желба за компонирање музика и со долгогодиш-ното искуство со право можам да кажам дека сум композитор.

5.Што ви дава инспирација кога компони-рате нова мелодија?Ме инспирираат некои посебни момен-ти, настан, некое претходно музичко дело.

6.Од кого ја наследивте дарбата за музи-калност?Ја наследив од моите родители, татко ми свиреше на гајда и беше познат во мое-то село, а мајка ми има прекрасен глас.

7.Кога повторно би се вратиле назад во средношколските денови, дали повторно би избрале музичко училиште?Да, во секој случај оваа професија ја са-кам и ми лежи на душата.

8.Дали би сакале вашите деца да го насле-дат вашиот талент?Би бил презадоволен кога би се слу-чило тоа, но не по секоја цена, бидејќи оваа професија се работи и учи само со љубов кон неа.

9.Бевте учесник за избор на евровизиска песна во 2006 година. Дали сте задоволни од постигнатиот резултат?Имав желба да излезам од кругот на мо-ето место на живеење како музичар и си дадов предизвик да се вклучам во избо-

рот за песна за Евровизија во 2006 годи-на. Очекувано познавајќи го својот ква-литет, способност и талент го освоив четвртото место во конкуренција на 24 песни.

10.Кој е вашиот идол?Стинг

11.Каква музика компонирате?Добро ги познавам сите жанрови на му-зика, а најмногу ја преферирам забавна-та музика.

12.Дали планирате да извадите нов ал-бум?Секако.. За сега готови се 4 композиции, во план се уште повеќе композиции за да можам да ги одберам подобрите од нив за да се стават на носач на звук.

13.Како се опишувате себеси како лич-ност?Скромен, реален и флексибилен човек.

14.Дали имате учествувано на некој друг фестивал надвор од границите на Македонија?Дека музиката не познава граници, а љубовта према музиката ми даде жел-ба и личен предизвик да се пријавам на фестивалот за народна музика во Сара-ево. Се претставив со една композиција во улога на композитор и аранжер, и со задоволство можам да се пофалам иако немаме исто говорно подрачје успеавме да влеземе и да се пласираме во финал-ната вечер.

Интервјуто го подготвија:Аделина Крацоска; Аднан Ќазимоски

Селмир Кормакоски; 20.V.2009 год.

12

Page 15: Petka br. 2

Фотки

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО БУДИМПЕШТА

Page 16: Petka br. 2

14

Драги соученици, професори и секако менаџерски тим на нашето училиште. Оваа учебна година ќе ја завршиме поразлично од претходните учебни години. Во рацете го имаме новиот број на „Пет-ка“. Јас, а секако и целиот уреднички тим на „Петка“ е горд што во вака краток временски период, издадовме два броја на „Петка“. Првиот број направи вистински „бум“, не само во нашето училиш-те, туку и надвор од него. На образовното рандеву се бараше број повеќе. Се надевам дека темите од овој број ќе ви бидат подеднакво интересни, како и тие од првиот број. Ви пожелувам со успех да ја завршите оваа учебна година. Од септември сите заедно со заеднички сили и идеи, да учествуваме во изготвувањето на новиот број на „Петка“. Главен и одговорен уредник:Eна Пеева