praktichno upatsvo za instaliranje na gnu-linux (od dean joshevski)

23
дипл. маш. инж. Деан Jошевски Практично упатство за инсталирање GNU/Linux Битола, 2008

Upload: mentalito

Post on 13-Apr-2015

22 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Практично упатство за инсталирање на GNU/Linux (од Деан Јошевски)

TRANSCRIPT

Page 1: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

дипл. маш. инж. Деан Jошевски

Практично упатство заинсталирање GNU/Linux

Битола, 2008

Page 2: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

http://iu.blogsite.org

2

Page 3: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

Содржина

1 Инсталирање GNU/Linux 51.1 Увод . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 51.2 Пред инсталирање . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7

1.2.1 Поддршка на хардверски делови . . . . . . . 71.2.2 Нагодување BIOS . . . . . . . . . . . . . . . . 8

1.3 Инсталирање . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 91.3.1 Почеток на инсталирање . . . . . . . . . . . . 91.3.2 Избор на jазик . . . . . . . . . . . . . . . . . . 111.3.3 Избор на локациjа на компjтерот . . . . . . . 121.3.4 Избор на повекеjазична поддршка . . . . . . 121.3.5 Дефинирање партиции . . . . . . . . . . . . . 131.3.6 Преземање документи и нагодувања . . . . . 181.3.7 Креирање корисник . . . . . . . . . . . . . . . 181.3.8 Последна проверка на внесените податоци . . 201.3.9 Рестартирање . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21

1.4 По инсталирањето . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22

3

Page 4: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

http://iu.blogsite.org

4

Page 5: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

Глава 1

Инсталирање GNU/Linux

1.1 Увод

Оперативниот систем GNU/Linux е слободен софтвер, изда-ден под GNU GPL лиценца. Тоа значи дека може слободно да сеинсталира, користи, проучува, усовршува, дистрибуира.

GNU/Linux, заедно со голем броj програми за наjразличнинамени, со едно име се нарекува дистрибуциjа на GNU/Linux,скратено дистрибуциjа на Linux, или само дистрибуциjа. Наjпоз-нати и наjчесто користени дистрибуции на Linux се: Red Hat,SuSE, Mandrake, Debian и многу други.

Секоjа дистрибуциjа има своjа главна намена. На пример,постоjат дистрибуции наменети за сервери, дистрибуции наме-нети за работа со персонални компjутери и сл.

Дистрибуциите наменети за сервери, претставуваат околинаво коjашто се извршуваат серверски апликации. Ваквите дистри-буции на Linux, се нарекуваат серверски.

Дистрибуциите наменети за работа со персонални компjу-тери, ги обезбедуваат сите потребни алатки за секоjдневна работасо персоналните компjутери. Тие наjчесто се наречени десктоп(desktop) дистрибуции, а непречено можат да се користат какокаj десктоп (desktop) така и каj лаптоп (laptop) компjутерите.

5

Page 6: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

http://iu.blogsite.org

Во последните неколку години, едни од наjпопуларните дис-трибуции на Linux, се оние од фамилиjата Ubuntu1. Дистрибу-циите од оваа фамилиjа (Edubuntu, Kubuntu, Xubuntu и т. н.),се базирани на основната дистрибуциjа — Ubuntu.

Основната дистрибуциjа од оваа фамилиjа, може да се добиево две изведби и тоа за персонални компjутери и за сервери. Заработа со персонални компjутери се користи Ubuntu Desktop, аза сервери Ubuntu Server Edition.

Во современите дистрибуции на Linux, се што е потребноза инсталациjа и извршување на оперативниот систем, заедно сопрограмите, може слободно да се преземе од интернет2 или да сенабави на некоj носител на податоци, на пример DVD или CD.

Економската состоjба во Македониjа, како и платежнатамок на граганите, од една страна, и цените на комерциjалниотсофтвер, од друга страна, логично резултираат со зголемено ко-ристење на слободен софтвер, каков што е оперативниот системGNU/Linux.

Оваа упатство се jавува во момент кога може да биде многукорисно, затоа што литература на македонски jазик, за работа соLinux, нема доволно. Наменето им е на сите коишто решиле данаучат како се инсталира GNU/Linux.

Прикажан е типичен пример на инсталирање Edubuntu, сосите потребни чекори коишто треба да се преземат. Чекорите заинсталирање, како и нивниот редослед се идентични каj поголемброj дистрибуции. Затоа ова упатство може да се користи и приинсталациjа на други дистрибуции, посебно на оние од фамили-jата — Ubuntu.

Стручната терминологиjа главно потекнува од англискотоjазично подрачjе и преземена е како интернационална.

1Ubuntu е афрички збор, што значи „хуманост кон другите“. Ubuntu дис-трибуциите го пренесуваат значењето на овоj збор во светот на софтверот.

2Дистрибуциите од фамилиjата Ubuntu, можат да се преземат, или нара-чаат преку адресата: http://www.ubuntu.com.

6

Page 7: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

Интегра Ултра — Битола [материjали во припрема]

1.2 Пред инсталирање

GNU/Linux секоjдневно се развива и усовршува. Во секоjаследна верзиjа се додаваат нови апликации, функционалности,подобрувања на старите делови сл. Исто така, компаниите ко-ишто произведуваат компjутерски делови, скоро секоjдневно напазарот претставуваат нови усовршени производи. Затоа, предда се набави некоj хардверски дел, коjшто ке биде наменет заработа со GNU/Linux, добро е да се провери дали е поддржан одконкретната дистрибуциjа коjашто ке се инсталира и користи.

За да може да се инсталира дистрибуциjа на Linux, неоп-ходно е стартувањето на компjутерот, или т. н. бутирање (boot),да се изврши од медиумот на коjшто се меморирани програмитеза инсталациjа на дистрибуциjата. За да се дефинира начинот накоjшто ке се стартува компjутерот, треба да се направи соодветнонагодување во неговиот BIOS (Basic Input/Output System).

1.2.1 Поддршка на хардверски делови

За развоjот на дистрибуциите на GNU/Linux карактерис-тично е тоа што секоjа година се развива нова верзиjа, скоро засекоjа дистрибуциjа. Понекогаш за една година се развиваат подве или три нови верзии, а тоа е резултат на брзиот развоj наслободниот софтвер.

Секоjа дистрибуциjа има своjа веб презентациjа (web site).На ваквите локации може да се провери дали некоj хардверскидел може да се користи со избраната дистрибуциjа.

За секоjа дистрибуциjа на Linux, скоро по правило постоидобро организиран форум. Доколку некоj хадверски дел немаподдршка во бараната дистрибуциjа, на ваквите локации може дасе постави прашање, или молба за решавање на ваков проблем.

Кога една дистрибуциjа ке овозможи поддршка за хард-верски дел, наjчесто многу брзо и останатите дистрибуции jадобиваат истата поддршка.

7

Page 8: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

http://iu.blogsite.org

1.2.2 Нагодување BIOS

Во секоjа матична плоча за персонален компjутер, постоичип наречен BIOS (Basic Input/Output System). Во него се ме-морирани програми за контрола на основните влезно — излезнифункции на компjутерскиот систем. Примери за вакви функциисе комуникациjа со хард диск, печатач, мемориjа, монитор и сл.

Постоjат повеке видови BIOS, креирани од различни произ-водители, но сите jа имаат истата функциjа.

При вклучување на компjутерот, контролата врз системотпрво jа презема BIOS. Тоj ги побудува основните хардверски де-лови од системот и потоа го стартува оперативниот систем.

сл. 1.1: Нагодување BIOS

Начинот на работа на BIOS се контролира со негово наго-дување. За да се изврши нагодување на BIOS, веднаш по вклу-чувањето на компjутерот треба да се притисне тастерот Del. Занекои видови BIOS, наместо Del, се користи некоj од тастерите:F2, F10 или сл.

8

Page 9: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

Интегра Ултра — Битола [материjали во припрема]

На тоj начин се повикува прозор за нагодување. Во завис-ност од производителот на чипот, ваквиот прозор може да имаразличен изглед. На сл. 1.1 е прикажан прозор за нагодувањеBIOS.

Овде се прават сите потребни нагодувања на BIOS. Со еднаод опциите се дефинира од коj уред ке се стартува компjутерот.Дали тоа ке биде хард диск, DVD — ROM, USB мемориjа илинекоj друг уред.

Современите дистибуции на GNU/Linux наjчесто се испо-рачуваат на DVD или CD. Затоа во BIOS стартувањето на опе-ративниот систем се нагодува да биде преку DVD — ROM, илиCD — ROM.

1.3 Инсталирање

За да се инсталира GNU/Linux, еден по друг треба да се из-вршат неколку чекори. Притоа се задаваат потребните податоци,се копираат потребните датотеки и сл.

За да се направи инсталациjа на оперативен систем или дис-трибуциjа на Linux, компjутерот мора да се стартува (бутира —boot) преку медиумот на коjшто се наогаат датотеките неопходниза инсталациjа. Дистрибуциите од фамилиjата Ubuntu, наjчестосе испорачуваат на CD —ROM.

Значи, за да се започне со инсталирање дистрибуциjа наLinux, во BIOS се нагодува уредот за стартување, се става дискотза инсталациjа во уредот и се рестартира компjутерот. На тоjначин, при следното стартување на компjутерот, контролата jапрезема дискот за инсталациjа, а тоа овозможува да се започнесо инсталирање.

1.3.1 Почеток на инсталирање

Некои дистрибуции се испорачуваат на т. н. живи (live)дискови. Ваквите дискови, покраj тоа што служат за инстали-рање на дистрибуциjа, тие овозможуваат оперативниот систем

9

Page 10: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

http://iu.blogsite.org

заедно со некои основни апликации да се извршуваат дури и предда бидат инсталирани.

Во ваков случаj, при стартување на компjутерот, оператив-ниот систем и апликациите се извршуваат директно од дискот заинсталациjа и притоа ништо не се инсталира.

На овоj начин корисникот може прво да се запознае со дис-трибуциjата, а потоа, доколку одлучи, може да продолжи со ин-сталациjа.

Во продолжение е прикажан начин на инсталирање токмупреку ваков диск. На сл. 1.2 е прикажано што се добива откакоке се стартува компjутерот.

сл. 1.2: Компjутер стартуван преку Edubunutu Live CD

Ваквите дискови се посебно корисни во ситуации кога ком-пjутерскиот систем не е целосно во функциjа, заради некоj соф-тверски проблем, а е неопходно итно да се заврши некоjа работа,на пример, да се напише некоj документ и сл.

При користење на системот, без да биде инсталиран, тоj е во

10

Page 11: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

Интегра Ултра — Битола [материjали во припрема]

целосна функционалност. Притоа може да се нагоди конекциjа соинтернет и изработените документи да се испратат преку е-поштаи сл.

Во горниот лев агол се наога иконата Install. Со двоjнокликнување врз неа, се започнува со инсталациjа.

1.3.2 Избор на jазик

На сл. 1.3 е прикажан првиот чекор на инсталациjата. Воовоj чекор, се избира jазикот на коjшто ке работи дистрибуциjата.

сл. 1.3: Избор на jазик

GNU/Linux е преведен на многу jазици, а многу негови де-лови се целосно или делумно преведени и на македонски jазик.

Во долниот лев агол од прозорот се прикажува броjот натековниот чекор, заедно со вкупниот броj чекори коишто требада се извршат, за да се инсталира дистрибуциjата.

Овде, со „Step 1 of 7“, е означено дека е активен првиот, одвкупно седум чекори.

Откако ке се направи изборот за jазикот, со помош на екран-скиот тастер Forward, се повукува прозорот на следниот чекор.

11

Page 12: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

http://iu.blogsite.org

1.3.3 Избор на локациjа на компjтерот

Во вториот чекор на инсталациjата, се прави избор на гра-дот, односно државата каде што е лоциран компjутерот. Изборотсе прави преку пагачката листа, или со кликнување врз картатана светот, приложена во прозорот (сл. 1.4). Имињата на градо-вите се организирани по континенти, а за компjутер лоциран воМакедониjа, треба да се избере Скопjе.

сл. 1.4: Избор на локациjа на компjутерот

Благодарение на овоj избор, сите потребни промени во ме-рењето на часовникот, ке бидат ажурирани од страна на опера-тивниот систем.

1.3.4 Избор на повекеjазична поддршка

Во современите оперативни системи може да се пишува сокирилско писмо, а притоа квалитетот на буквите, броjките и зна-ците да биде еднаков со квалитетот на латиничното писмо. Вак-виот начин на работа е наречен користење повекеjазична под-дршка.

12

Page 13: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

Интегра Ултра — Битола [материjали во припрема]

Повекеjазичната поддршка е овозможена со неколку соод-ветни стандарди и нивни имплементации (Unicode или ISO 10646,ISO 8859-5, UTF-8 и др.).

сл. 1.5: Избор на повекеjазична поддршка

Во прозорот од овоj чекор, се избира повекеjазичната под-дршка, а изборот се прави со избирање соодветна држава. За дасе користи кирилското писмо, треба да се избере Macedonia (сл.1.5).

За да се премине од латиничен во кирилски режим на работаи обратно, треба истовремено да се притискаат тастерите Alt иShift и тоа оние од левата страна на тастатурата.

Функционалноста на повекеjазичната поддршка може да сепровери со пишување текст во полето за внесување, наречено:„You can type into this box to test your new keyboard layout.“. Оваполе е лоцирано во долниот дел од прозорот.

1.3.5 Дефинирање партиции

Меморискиот простор од хард дисковите се дели на логичкицелини наречени партиции. Еден хард диск може да се подели на

13

Page 14: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

http://iu.blogsite.org

повеке партиции. Доколку во компjутерот се инсталирани повекеод еден хард диск, една партициjа може да зазема меморискипростор од повеке хард дискови.

Чекорот за дефинирање на партициите коишто ке ги ко-ристи GNU/Linux, се состои од неколку прозори. На сл. 1.6 еприкажан првиот прозор од овоj чекор.

сл. 1.6: Дефинирање партиции

Овде може да се избере една од понудените опции, но наj-добро е да се избере последната опциjа: Manual. На тоj начин сеповикува прозорот (сл. 1.7) во коjшто партициите се дефинираат„мануелно“, со целосна контрола од страна на човекот коjшто говрши инсталирањето.

За нормална работа на GNU/Linux, потребни се наjмалкутри партиции. Првата партициjа е наречена основна, или корен(root). Таа се означува со коса црта (slash) „/“. Во неа се мемо-рираат програмите од GNU/Linux.

Втората партициjа служи за привремено запишување на по-датоците за коишто нема место да бидат меморирани во работ-ната мемориjа (RAM). Оваа партициjа е наречена swap и треба дазазема мемориски простор барем за еден и половина пат повеке

14

Page 15: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

Интегра Ултра — Битола [материjали во припрема]

сл. 1.7: Мануелно дефинирање партиции

од работната мемориjа инсталирана во компjутерот.Во третата партициjа се меморираат директориумите и фаj-

ловите коишто ги креираат корисниците. Оваа партициjа се оз-начува со /home.

Подоцна, кога ке се креираат корисници на системот, во оваапартициjа за секоj корисник ке се креира директориум со него-вото име. Во тоj директориум ке се меморираат сите директо-риуми и фаjлови коишто ке ги креира тоj корисник. На пример,директориумот /home/dean ке биде основниот директориум накорисникот dean.

За да се дефинира нова партициjа, прво од табелата лоци-рана во горниот дел од прозорот, прикажан на сл. 1.7, се избираслободниот простор (free space).

Потоа, со помош на екранскиот тастер New partition, се по-викува прозорот за дефинирање нова партициjа. На тоj начинновата партициjа ке биде лоцирана во слободниот простор.

Со тоа се избегнува можноста да се оштети партициjа оддруг, претходно инсталиран оперативен систем, на пример MSWindows.

15

Page 16: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

http://iu.blogsite.org

Во прикажаниот пример се користи хард диск со вкупенкапацитет од 80 GB. Притоа, на половината од капацитетот еинсталиран MS Windows. Тоа може да се забележи од сл. 1.7,преку типот на фаjл системот, коjшто за MS Windows e ntfs.

сл. 1.8: Креирање root партициjа

На сл. 1.8 е даден пример за дефинирање root партициjа.Овде треба да се избере капацитетот на партициjата, типот нанеjзниот фаjл систем и точката на неjзино монтирање (mountpoint). Во примерот е избран капацитет од околу 15 GB, тип нафаjл систем3 ext3 и точка на монтирање /.

На сличен начин се дефинираат и другите две партиции:swap и /home.

сл. 1.9: Креирање swap партициjа

На сл. 1.9 е даден пример за дефинирање swap партициjа.За неjзино дефинирање, наjчесто е доволно да се зададе неjзиноткапацитет и тип. Во примерот, капацитетот на оваа партициjаоколу 2 GB.

3Современите GNU/Linux системи наменети за секоjдневна работа, скоро

16

Page 17: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

Интегра Ултра — Битола [материjали во припрема]

сл. 1.10: Креирање /home партициjа

Останатиот мемориски простор, наjчесто се остава за пар-тициjата /home. На сл. 1.10 е даден пример за дефинирање наоваа партициjа. За неjзино дефинирање, слично како и за парти-циjата root, покраj за капацитетот треба да се направи избор затипот на фаjл систем и точката на монтирање.

Во примерот, капацитетот на оваа партициjа е околу 21 GB,типот на фаjл системот е ext3, а точката на монтирање е /home.

сл. 1.11: Мануелно дефинирање партиции

Откако ке се дефинираат сите потребни партиции и ке се

по правило го користат овоj тип на фаjл систем.

17

Page 18: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

http://iu.blogsite.org

распореди целиот расположлив простор од хард дискот, со помошна екранскиот тастер Forward (сл. 1.11), може да се премине наследниот чекор од инсталациjата.

1.3.6 Преземање документи и нагодувања

Во случаj кога претходно бил инсталиран друг оперативенсистем, на пример MS Windows, процесот на инсталациjа овозмо-жува да се преземат одредени документи и нагодувања.

Преземањето може да се направи во петтиот чекор, со се-лектирање на понудените опции.

сл. 1.12: Преземање нагодувања

Опциите понудени во овоj прозор ке варираат во зависностод активностите правени во оперативниот систем од коjшто сепреземаат документите и нагодувањата.

1.3.7 Креирање корисник

GNU/Linux е т. н. повекекориснички, или мултикорисничкиоперативен систем. Тоа значи дека на еден компjутер истовре-

18

Page 19: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

Интегра Ултра — Битола [материjали во припрема]

мено можат да работат повеке корисници (users).За да се постигне што е можно повисоко ниво на заштита на

системот, од случаjни или намерни оштетувања, постоjат повекетипови корисници. При користење на системот и апликациите,секоj тип на корисник има различни ограничувања или привиле-гии.

При инсталациjата (сл. 1.13) се креира корисник коjштонема никакви ограничувања при користење на оперативнниотсистем и апликациите. Ваков корисник е наречен администратор(root), или супер корисник (su).

сл. 1.13: Креирање корисник

Корисник од овоj тип нема ограничувања и за него се овоз-можени сите активности во системот или апликациите. Затоа секористи при инсталирање програми или драjвери, при нагоду-вање на системот и сл.

Сите останати корисници имаат ограничени привилегии соцел да се оневозможат оштетувања на системот предизвикани одневнимание или незнаење, заразување со вируси и сл.

За да се дефинира корисник треба да се зададат неколкуинформации. Прво, во полето за внесување „What is your name?“,

19

Page 20: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

http://iu.blogsite.org

се внесува целото име (и презиме) на корисникот. Ова име честосе нарекува и вистинско име (real name).

Потоа, во следното поле за внесување „What name do youwant to use to log in?“, се задава името на корисникот со кое кесе наjавува4 на системот. Ова име се нарекува корисничко име(user name).

Во следните две полиња се внесува лозинката на корисни-кот. При внесување на лозинката, наместо карактерите коиштосе внесуваат, на екранот се прикажува знакот ѕвездичка „*“. Зада не доjде до грешно внесување на лозинката, таа треба да севнесе два пати.

Во овоj прозор се дефинира и името на компjутерот. Тоа сезадава во последното поле за внесување.

Подоцна, при секоjдневната работа, администраторот можеда дефинира нови корисници, или да брише од оние коишто прет-ходно биле креирани.

1.3.8 Последна проверка на внесените податоци

Пред да започне форматирањето на партициите, копира-њето на датотеките и сл., во последниот прозор од инсталациjата(сл. 1.14) се прикажува листа со претходно зададените инфор-мации. На тоj начин може да се провери дали нагодувањата сеправилно извршени.

Доколку сите информации се правилно зададени, со помошна екранскиот тастер Install, се започнува форматирањето напартициите, копирањето на датотеките и сите други активностипотребни за целосно инсталирање на оперативниот систем и ап-ликациите.

Современите дистрибуции на GNU/Linux содржат по не-колку илjади програми. Тие се нарекуваат пакети. Во една дис-трибуциjа има пакети за наjразлични намени, а наjпопуларнитеи наjкористени програми се наогаат скоро во сите дистрибуции.

4Наjавувањето се нарекува и логирање — log in.

20

Page 21: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

Интегра Ултра — Битола [материjали во припрема]

сл. 1.14: Инсталациjа

Во зависност од начинот на инсталирње, постоjат две групина дистрибуции. Каj едните дистрибуции, сите потребни дато-теки за нивна инсталациjа се наогаат на едно или повеке DVD-а.Каj другите дистрибуции, на едно CD се наогаат само датотекитенеопходни за инсталациjа на оперативниот систем и на наjчестокористените аликации. Каj ваквиот вид дистрибуции, сите другиапликации се инсталираат подоцна, преку интернет.

1.3.9 Рестартирање

На краjот, откако дистирибуциjата ке биде инсталирана,се прикажува прозор со информациjа дека инсталирањето е ус-пешно завршено. Во овоj чекор од инсталациjата, треба да сеизвади инсталациониот медиум (CD, или DVD) од компjутерот,а со екранскиот тастер Restart now, да се изврши рестартирањена системот.

По завршувањето на инсталациjата, при секоjдневната ра-бота, можат да се инсталираат нови апликации, или да се деин-сталираат апликации коишто претходно биле инсталирани.

21

Page 22: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

http://iu.blogsite.org

сл. 1.15: Рестартирање на системот

Доколку компjутерот е поврзан на интернет, системот можеда прави автоматско ажурирање на сите негови делови.

1.4 По инсталирањето

За стартување на GNU/Linux, задолжен е т. н. подигнувач(bootloader). Постоjат неколку актуелни подигнувачи и тоа вотекстуална или во графичка форма. Наjпознати се GRUB иLILO.

Во случаj кога на еден компjутер се инсталирани повекеоперативни системи, при стартување, подигнувачот jа преземаконтролата врз компjутерот. Притоа прикажува мени за изборна оперативен систем со коjшто ке се работи.

При стартување на GNU/Linux, се поjавува прозор коjштоовозможува наjавување на корисник за работа со компjутерот.За да се изврши наjава на корисник, треба да се зададе име накорисникот и неговата лозинка.

22

Page 23: Praktichno Upatsvo Za Instaliranje Na GNU-Linux (od Dean Joshevski)

Користена литература

[1] Деан Jошевски, Практично упатство за инсталирањеGNU/Linux, PlugIn, Скопjе 2005

[2] Деан Jошевски, Во светот на Linux, Интегра инженеринг,Битола 2004, ISBN 9989-2296-2-7.

Вложени се максимални напори за што поквалитетна подготовкана книгата. Издавачот и авторoт не можат да се сметаат за одговорниза каква било штета, коjа евентуално би настанала при користење наоваа книга, на посреден или непосреден начин.

Прашања, сугестии, или коментари, испратете преку адресaтa:[email protected].

23