predlog ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · web viewТестери за квалитет...

108
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА РЕВИДИРАН ОПЕРАТИВЕН ПЛАН за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година Скопје, декември 2017 година 1

Upload: duongtuong

Post on 15-Jul-2018

224 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

РЕВИДИРАН ОПЕРАТИВЕН ПЛАНза активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017

година

Скопје, декември 2017 година

1

Page 2: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

СОДРЖИНАЛИСТА НА КРАТЕНКИ.......................................................................................................................................... 4

I. ВОВЕД................................................................................................................................................................ 5

II. ПРОГРАМИ И МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И УСЛУГИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ..............81. РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО..............................................10

1.1.1 Програма за самовработување..............................................................................111.1.2 Старт-ап бизниси за млади....................................................................................151.2 Програма за самовработување на лицата со инвалидност.....................................20

2. СУБВЕНЦИОНИРАНИ РАБОТНИ МЕСТА.........................................232.1 а) Поддршка на растот на микро, мали и средни претпријатија за создавање нови работни места..................................................................................................................242.1 б) Поддршка на растот на микро, мали и средни претпријатија за создавање нови работни места за млади лица до 29 години..................................................................252.2 Програма за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик...........................................................................................................262.3 Субвенционирано вработување невработени лица - Проект “Македонија вработува 2“ (Проектот Македонија вработува 2 заврши заклучно 27.06.2017 година)..................292.4 Субвенционирани работни места за лицата со инвалидност.................................312.5 Финансиска и советодавна поддршка за раст на микро, мали и средни претпријатија и социјални претпријатија...............................................................................................32

3. ОБУКИ........................................................................................363.1 Обука кај познат работодавач..................................................................................373.2 Обука на работното место со субвенционирано вработување...............................393.3 а) Обука за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот..........413.3 б) Обука за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот.........433.4 Обука за напредни ИТ-вештини................................................................................453.5 Обука за возачи за Ц, Д и Е - категорија”.................................................................483.6 Обука за стекнување на вештини од стари занаети...............................................503.7 Практикантство..........................................................................................................523.8 а) Обука за основни вештини (странски јазици)......................................................533.8 б) Обука за основни вештини (компјутери)..............................................................553.9 Обука за стекнување квалификации според моменталните потреби на пазарот на труд (сектор услуги и индустрија)..................................................................................573.10 Обука и советување за претпремништво за млади до 29.....................................59

4. ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА..................................................604. Програма за општинско-корисна работа....................................................................61

5. ПИЛОТ-ПРОГРАМИ......................................................................635.1 Развој и имплементација на пилот програми за млади според локалните потреби645.2 Пилот-Обука за задоволување на локалните потреби од квалификувана работа сила...........................................................................................................................................655.3 Пилот- Центар за стручна обука...............................................................................675.4 Поддршка за создавање нови работни места во граѓански организации.............695.5 Организирање на Јавни работи.................................................................................70

УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ................................................................................ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.

6. УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ..........................................................716.1 Помош при барање на работа...................................................................................736.2 Обука за подготовка за вработување и вештини за барање работа......................756.3 Мотивациски обуки....................................................................................................766.4 Посредување при вработување.................................................................................786.5 Услуги за работодавачите.........................................................................................796.6 Подготовка за вработување и за работа..................................................................816.7 Обука за животни вештини и мотивација................................................................836.8 Професионална ориентација и кариерно советување............................................846.9 а) Услуги за активирање на поединците изложени на ризик од социјално исклучување.....................................................................................................................866.9 б) Услуги за активирање на млади невработени лица............................................886.10 Едукација за користење на он-лајн услугите на АВРМ..........................................906.11 Саеми за вработување.............................................................................................91

2

Page 3: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

7. АНКЕТА ЗА ПОТРЕБА ОД ВЕШТИНИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ.......937. Анкета за потреба од вештини на пазарот на трудот..............................................94

III. ПРОМОЦИЈА.............................................................................................................................................. 95

IV. СЛЕДЕЊЕ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН....................................96

V. ФИНАНСИСКА РАМКА.............................................................................................................................. 97

ТАБЕЛА 1: ВКУПЕН БУЏЕТ И ОПФАТ НА ЛИЦА СО ОП 2017 ГОДИНА.......................................97

ТАБЕЛА 2: ИЗВОРИ НА СРЕДСТВА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРОГРАМИТЕ.....................................97ТАБЕЛА 4. ОПФАТ НА МЛАДИ ЛИЦА ДО 29 ГОДИНИ - ПРОГРАМИ, МЕРКИ И УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА.........................................................................101

3

Page 4: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Листа на кратенки

АВРМ Агенција за вработување на Република МакедонијаАМПТ Активни мерки на пазарот на трудот

АППРМАгенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија

ИПА Инструмент за пред-пристапна помошМВР Министерство за внатрешни работи

МИОАМинистерство за информатичко општество и јавна администрација

МОН Министерство за образование и наукаМОТ Меѓународна организација на трудотМТСП Министерство за труд и социјална политикаОП Оперативен планОУ Оперативни упатстваРИЦ Ромски информативен центарСБ Светска БанкаУНДП Програма за развој на Обединетите нацииЦВ Центар за вработувањеЦОВ Центар за образование на возрасниЦРРМ Централен регистарна Република МакедонијаЦСОО Центар за стручно образование и обукаЦСР Центар за социјални работиФИТР Фонд за иновации и технолошки развојМФ Министерство за финансииЦФЦД Сектор за централно финансирање и склучување договори

Page 5: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

I. ВОВЕД

Рамката на политиките за вработување во Република Македонија е дефинирана со Програмата на Владата на Република Македонија, Националната стратегија за вработување на Република Македонија 2016-2020 година и Акцискиот план за вработување на млади 2016-2020 година и е во согласност со обврските што произлегуваат од Глобалниот пакт за работни места на Меѓународната организација на трудот (MOT), Резолуцијата за Кризата со вработување на младите: повик за акција и Европската стратегија за паметен, одржлив и инклузивен раст - Европа 2020.1

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе се спроведат за да се подобри функционирањето на пазарот на трудот, да се поддржи создавање на нови работни места и да се зголеми вработливоста на невработените лица, при што ќе се почитува принципот за родовата еднаквост согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите.

Оперативниот план ќе биде раководен од Министерот за труд и социјална политика, а неговото спроведување ќе биде координирано од страна на Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други институции - Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Центарот за стручно образование и обука (ЦСОО), Центарот за образование на возрасни (ЦОВ), Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРМ), Централен регистар на РМ, образовните институции и установи (ОИУ), центрите за социјални работи (ЦСР), како и други организации: Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Светска Банка (СБ), Ромските информативни центри (РИЦ), сертифицираните центри за ИТ обука и локалните механизми за родова рамноправност (координатори за еднакви можности во единиците на локална самоуправа). Со Одлука на АВРМ се формира Комисија за селекција на учесници во активните програми и мерки за вработување, каде членуваат номинирани лица од надлежните институции.

Оперативниот план за 2017 година обезбедува сеопфатна рамка за претставување на услугите на пазарот на трудот и програмите и мерките за вработување што ќе се имплементираат.

Сите евидентирани невработени лица2 имаат пристап до услугите и програмите односно мерките за вработување, утврдени во Оперативниот план за 2017 година. Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна услуга и програма односно мерка за вработување, а како 1

?Глобалниот пакт за работни места на МОТ е усвоен од Меѓународната конференција на трудот на деведесет и осмата седница (2009), додека Резолуцијата за Кризата со вработувањето на младите: повик за акција беше донесена на 101-та седница (2012).2

? Сите невработени лица и други лица кои бараат работа (активни и пасивни баратели на работа)

Page 6: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

општо правило се настојува да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени, како и учество на младите лица до 29 години од најмалку 30 проценти.

Оперативниот план за 2017 година уредува низа активности со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста од реализацијата на услугите и програмите односно мерките за вработување, преку поедноставување на административните процедури и олеснување на неговата целокупна имплементација.

Прво, Оперативниот план за 2017 година ги уредува основните принципи што треба да се почитуваат при спроведувањето на услугите и програмите односно мерките за вработување, како што се целта, описот, опфатот и целните групи, финансиските средства и нивните извори на финансирање, како и надлежните институции за имплементација. АВРМ во соработка со другите партнери во имплементацијата ќе донесе детални оперативни упатства за реализација на услугите и програмите односно мерките за вработување.

Второ, Оперативниот план за 2017 година предвидува примена на исти критериуми за избор на работодавачи кои што ќе покажат интерес за вклучување во спроведувањето на програмите и мерките за вработување. Критериумите се однесуваат на: 1) почитување на постојните прописи за вршење на дејност, оданочување и работни односи и 2) задржување на бројот на вработени во периодот пред и за време на имплементацијата. За одредена програма односно мерка за вработување може да се применат и дополнителни критериуми кои треба да се дефинираат во оперативните упатства. Како општо правило, работодавачите може да аплицираат во програмите односно мерките за вработување во текот на целата календарска година (отворен повик за аплицирање), освен доколку со оперативните упатства за спроведување на одредена програма односно мерка за вработување не е поинаку предвидено. Планот предвидува и финансиски средства за промоција на активностите, со цел подобро информирање на работодавачите, невработените лица и другите заинтересирани субјекти.

Трето, вклучувањето на невработените лица во услугите и програмите односно мерките за вработување се врши врз основа на јавни повици за аплицирање, кои се отворени во текот на целата година, како и со упатување (профилирање и индивидуален пристап кон невработените лица). Невработените лица се информираат на повеќе начини (телефон, СМС, е-пошта) за учество во соодветната услуга или програма односно мерка за вработување. Одбивањето учество од страна на невработените лица може да доведе до губење на статусот на “невработено лице регистрирано во АВРМ“, согласно одредбите од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Со избраните кандидати за секоја од активните програми и мерки поединечно се склучува соодветен договор со кој подетално се уредуваат правата и обврските на учесниците.

Со Оперативниот план за 2017 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години и со табеларен приказ се

Page 7: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

дава јасен преглед за учеството на младите лица во секоја од услугите и програмите односно мерките за вработување.

Page 8: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

II. ПРОГРАМИ И МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И УСЛУГИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година ги опфаќа следните програми/мерки и услуги:

1. Развој на претприемништвото- Програма за самовработување- Програма за самовработување на лица со инвалидност

2. Субвенционирано вработување- Поддршка на растот на микро и мали претпријатија за создавање

на нови работни места- Програма за условен паричен надоместок за субвенционирано

вработување на лица во социјален ризик - Субвенционирано вработување за невработени лица преку

ослободување од придонеси/ персонален данок на доход (Проект “Македонија вработува 2“)

- Субвенционирано вработување на лица со инвалидност- Финансиска и советодавна поддршка за раст на микро, мали и

средни претпријатија и социјални претпријатија 3. Обука

- Обука кај познат работодавач- Обука на работното место со субвенционирано вработување- Обука за задоволување на побарувани занимања на пазарот на

трудот- Обука за напредни ИТ вештини- Обука за возачи за Ц, Д и Е - категорија- Обука за стекнување на вештини од стари занаети- Практикантство 1- Обука за основни вештини за вработување на млади лица до 29

години и невработени лица за странски јазици - Обука за основни вештини за вработување на млади лица до 29

години и невработени лица за компјутери- Обука за стекнување квалификации според моменталните

потреби на пазарот на труд (сектор услуги и индустрија)- Обука и советување за претпремништво за млади

4. Општинско-корисна работа- Програма за општинско-корисна работа

5. Пилот-програми- Развој и имплементација на пилот програми за млади според

локалните потреби- Обука за задоволување на локалните потреби од квалификувана

работа сила- Центар за стручна обука- Организирање на јавни работи

6. Услуги за вработување

Page 9: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

- Помош при барање работа (информации за пазарот на труд, советување и насоки за вработување)

- Обука за вработување и барање работа- Мотивациони обуки- Посредување при вработување- Услуги за работодавачи- Подготовка за вработување и за работа- Обуки за животни вештини и мотивација- Професионална ориентација и подготвеност за работа- Услуги на активирање поединци изложени на ризик од социјално

исклучување- Услуги за активирање на млади невработени лица- Едукација за користење на он-лајн услугите на АВРМ- Саеми за вработување

7. Анкета за потреба од вештини на пазарот на трудот- Анкета за потреба од вештини на пазарот на трудот

Page 10: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

1. РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО

Page 11: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

1.1.1 Програма за самовработување

ЦелДа се поддржат невработените лица во основање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка (неформална) дејност и во создавање дополнителни вработувања

Опис

Оваа програма вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање на дејност, грантови во форма на опрема и/или материјали и менторство во време на започнување на бизнисот.

Опфат на корисници

1.150 невработени лица од евиденцијата на АВРМ вработени во 1.100 новоотворени микро претпријатија

Потребни средства 315.719.750 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ - Потсметка активни програми и

мерки за вработување, кон УНДПНадлежна институција АВРМ, МТСП и УНДППартнер институција АППРМ, ЦРМ, Занаетчиски комори

Услови и критериуми

Право на аплицирање за учество во програмата за Самовработување имаат сите евидентирани невработени лица во АВРМ. При тоа, зависно од освоените бодови од прашалникот за учество во програмата, се селектираат 1.760 учесници, кои понатаму се стекнуваат со право да добијат обука за претприемништво (бизнис идеја со маркетинг план). По завршувањето на обуката, се врши селекција на 1.270 лица кои ќе добијат поддршка за изработка на бизнис план. Исто така, лицата кои ќе ја завршат обуката за претприемништво и ќе изработат бизнис план (согласно мерката 3.10) ќе можат да учествуваат во понатамошните активности во оваа програма. Невработените лица (вкупно 1.100) кои доставиле најдобри бизнис планови ќе добијат помош при регистрација на сопствен бизнис и ќе добијат грант во форма на опрема и/или материјали за започнување на бизнисот. Дополнително, на најдобрите 50 бизнис планови кои имаат потреба од нови вработувања ќе им се доделат средства за дополнително вработување на уште едно лице во форма на опрема и/или материјали.

За реализација на секое самовработување се предвидува поддршка со неповратни средства во висина од 263.940 денари од кои 246.000 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/или материјали, додека 17.940 денари се наменети за поддршка во вид на основна обука за претприемништво и водење бизнис, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.

Кандидатите кои ќе презентираат одржлив бизнис план, кој јасно укажува на потреба од дополнително вработување на уште едно лице за успешно функционирање на бизнисот, но и преку економски и финансиски параметри ја потврдува одржливоста на дополнителното вработување, имаат можност да аплицираат за грант кој ќе поддржи самовработување на основачот на фирмата и дополнителното вработување. Износот на дополнителниот грант за вработување на едно лице на возраст над 29 години изнесува 92.000 денари, додека за младо лице до 29 годишна возраст изнесува 153.750 денари.

Page 12: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Во тој случај, за основање на фирма и дополнително вработување на едно лице постаро од 29 години, средствата на вкупниот грант ќе изнесуваат 355.940 денари, од кои 263.940 денари за реализација на самовработувањето и отворање на бизнисот и 92.000 денари за дополнително вработеното лице. Притоа, 338.000 денари ќе бидат доделени во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/или материјали додека останатите 17.940 денари се наменети за поддршка во вид на основна обука за претприемништво и водење бизнис во времетраење од најмалку 30 часа, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.

За основање на фирма и дополнително вработување на едно младо лице на возраст до 29 години, средствата на вкупниот грант ќе изнесуваат 417.690 денари, од кои 263.940 денари за реализација на самовработувањето и отворање на бизнисот и 153.750 денари за дополнително вработеното младо лице. Притоа, 399.750 денари ќе бидат доделени во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/или материјали додека останатите 17.940 денари се наменети за поддршка во вид на основна обука за претприемништво, изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисот.

Основачот на правниот субјект ќе има обврска да го задржи дополнително вработеното лице најмалку 12 месеци доколку лицето е постаро од 29 години, односно 18 месеци доколку дополнително вработеното лице е на возраст до 29 години. Со грант за самовработување и дополнително вработување ќе бидат поддржани до 50 бизниси во текот на една година.

Во програмата за Самовработување ќе се вклучат и кандидатите од мерката 3.6 Обука за стекнување вештини од стари занаети, кои успешно ќе ја завршат обуката и ќе изразат желба да основаат занаетчиска дејност (правен субјект). Овие лица ќе се вклучат независно од објавените огласи и ќе ги поминат сите чекори предвидени за имплементирање на програмата.

Со програмата ќе се поддржат и најмногу 50 бизнис планови од рурални поддрачја со претежна дејност – Одгледување на молзни крави, други говеда и биволи, овци, кози и свињи како и мешовито сточарство3. Преку програмата овие почетни фирми ќе имаат можност да набават квалитетни грла (молзни крави, говеда, кози, овци и свињи) само од правни субјекти регистрирани на територија на Р.М, кои продаваат стока согласно позитвните законски прописи за ставање во промет (тргување) со жива стока.

Преку Програмата за самовработување нема да се поддржи основање на бизниси во следните дејности: Земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 –

Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив (со исклучок на дејностите со шифра 01.41; 01.42; 01.45 , 01.46 и 01.50 за најмногу 50 бизниси);

Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40 – Производство на оружје и муниција;

Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, односно дејност од Сектор K/И – Финансиски дејности и дејности на осигурување;

Бизниси во дејност од класа 49.32  - Такси служба;

3? Ќе се поддржат бизниси со следните шифри на дејност: 01.41 – Одгледување на молзни крави; 01.42 -

Одгледување на други говеда и биволи ; 01.45 – Одгледување на овци и кози; и 01.46 – Одгледување на свињи

Page 13: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Лицата кои потпишале Договор за грант по регистрирање на фирмата, се должни во рок од 15 дена да се пријават во задолжително социјално осигурување.

Лицата кои добиле грант во изминатите години немаат право да аплицираат за учество во Програмата.

Ако фирмата основана со грант за самовработување е финансиски неактивна, основачот/корисникот на грантот е должен да врати: - 100% од грантот доколку по истекот на 3 последователни месеци од

регистрација на фирмата и дополнителните 2 месеци по доставената опомена нема реализирано финансиски трансакции преку УЈП.

Ако фирмата основана со грант за самовработување престане со својата дејност, основачот/корисникот на грантот е должен да врати:- 80 % од грантот доколку дејноста престане во рок од една година од

регистрацијата на фирмата; - 60 % од грантот, доколку дејноста престане во рок од две години од

регистрацијата на фирмата.Лицата кои ќе ги искористат средствата за набавка на опрема и/или

материјали преку програмата за Самовработување не може да се вратат во евиденцијата на невработени лица до истекот на рокот на Договорот за доделување на грант или се додека не го врати долгот произлезен од непочитување на одредбите во Договорот.

Програма за самовработување – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

ЦелДа се поддржат невработените млади лица во основање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка (неформална) дејност и во создавање дополнителни вработувања

Опфат на корисници

330 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ на активни баратели на работа

Потребни средства 90.394.837 денари

Page 14: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

1.1.2 Старт-ап бизниси за млади

Цел

Да се поддржат невработени млади лица до 29 годишна возраст во основање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка (неформална) дејност и во создавање дополнителни вработувања

Опис

Програмата е наменета за млади лица до 29 годишна возраст. Програмата вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање на дејност, грантови во форма на опрема и/или материјали и за финансирање на деловните активности во почетниот период, менторска поддршка во времетраење од 2 години по регистрацијата на бизнисот, како и советодавни услуги од експерти специјализирани во клучни менаџмент области.

Опфат на корисници

196 невработени млади лица до 29 години вработени во околу 140 новоотворени микро претпријатија .

Потребни средства 81.197.487 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ кон УНДПНадлежна институција АВРМ, МТСП и УНДППартнер институција АППРМ и ЦРМ

Право на учество во програмата за самовработување имаат сите евидентирани невработени млади лица на возраст до 29 години

Во оваа програма за поддршка на млади лица, ќе можат да се вклучат и младите лица кои ќе ја завршат обуката за претприемништво и ќе изработат бизнис план согласно мерката 3.10 Обука и советување за претприемништво за млади до 29 .

Преку Програмата за самовработување нема да се поддржи основање на бизниси во следните дејности: Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40 –

Производство на оружје и муниција; Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри

на среќа, односно дејност од Сектор K/И – Финансиски дејности и дејности на осигурување;

Бизниси во дејност од класа 49.32  - Такси служба;

Преку програмата може да се поддржи основање на нова фирма од страна на еден или два содружника - млади лица на возраст до 29 години. Во согласност со бројот на содружниците, ќе бидат поддржани следните видови на правни субјекти:

Основање на фирма од страна на еден содружник – корисник на програмата ДООЕЛ - друштво со ограничена одговорност од едно лице ТП - Трговец – поединец

Page 15: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Основање на фирма од страна на два содружника – корисници на програмата ДОО - друштво со ограничена одговорност.

Основање на фирма од страна на еден содружник – корисник на програмата

Како прв чекор во процесот, апликантите ќе пополнат прашалник за учество во програмата по што, врз основа на освоените бодови, ќе бидат селектирани кандидати кои се стекнуваат со право да добијат обука за претприемништво. По завршувањето на обуката, врз основа на евалуацијата на бизнис идејата ќе бидат селектирани кандидатите на кои ќе им биде обезбедена консултантска поддршка за развој на бизнис план. На кандидатите кои доставиле најдобри бизнис планови ќе им се одобри поддршка за регистрирање на фирма; неповратни средства за набавка на нова опрема, материјали и за подршка на тековните деловни активности во висина од 307.500 МКД како и техничка поддршка во период од 2 години по регистрацијата на бизнисот. Дополнително, на најдобрите 20 бизнис планови кои имаат потреба од нови вработувања ќе им се доделат средства за дополнително вработување на уште едно лице во форма на опрема и/или материјали.

Основање на фирма од страна на два содружника – корисници на програмата

Двете невработени млади лица до 29 години ќе поднесат изјава за намера за основање на фирма од страна на два содружника. И двата идни содружника треба да го пополнат прашалникот за учество во програмата.

Доколку двете лица бидат селектирани врз основа на освоените бодови, и двата идни содружника се стекнуваат со право да добијат обука за претприемништво. Во текот на обуката, двата идни содружника заедно работат на подготовката на бизнис идејата. Доколку бизнис идејата на идните содружници биде селектирана, ќе им биде обезбедена консултантска поддршка за развој на бизнис план. И двата идни содружника се обврзани да учествуваат во процесот на изработка на бизнис планот. На содружниците кои доставиле најдобри бизнис планови ќе им се одобри поддршка за регистрирање на фирма; неповратни средства за набавка на опрема, материјали и за подршка на тековните деловни активности во висина од 615.000 МКД како и техничка поддршка во период од 2 години по регистрацијата на бизнисот.

Опфат на корисници

Обука за претприемништво вклучувајќи развој на бизнис идеја и маркетинг план за избраната дејност: 230 лица

Советодавна поддршка за развој на бизнис план: 180 Поддршка за регистрирање на фирма, неповратни средства и техничка

поддршка: 140 лица.

Вид на поддршка

Советодавна поддршка:

Page 16: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Обука за претприемништво: вклучува стручно советување за развој на бизнис идеја и маркетинг план за избраната дејност. Обуката е со времетрење од 30 часа.

Развивање на одржлив бизнис план: поддршка од советници регистрирани во Каталогот на АППРМ.

Регистрирање на дејност: совети и покривање на трошоците за регистрација на фирма во Централен Регистар на Македонија.

Менторска поддршка од страна на квалификувани ментори кои ќе обезбедат информации и совети во водењето на бизнисот. Поддршката ќе биде обезбедена со период од две години по основањето на бизнисот со вкупен фонд од 200 часови по фирма.

Советување од консултанти специјализирани во клучни менаџмент области во период од две години од основањето на фирмата со вкупен фонд од 120 часови по фирма.

Финансиска поддршка

Неповратни средства (грант) во износ од 307.500 денари по корисник за основање на сопствена фирма. Доколку се одобрува основање на партнерска фирма – ДОО во сопственост на 2 лица – корисници на оваа програма, на секој содружник ќе му биде одобрен грант во износ од 307.500 денари со што вкупната сума на грантот што ќе биде одобрен на фирмата ќе изнесува 615.000 денари.

80% од грантот ќе бидат доделени во форма на опрема и материјали. Останатите 20% од грантот ќе бидат наменети за подршка на финансирањето на деловните активности на новооснованата фирма во период од една година по регистрацијата на бизнисот (покривање на трошоци за сметководствени услуги; маркетинг активности; специјализирани обуки на теми од областа на менаџментот како што се финансиско планирање, маркетинг стратегија, организација нa производство, раководење со човечки ресурси итн.; кирија, струја, вода, телефон). По исклучок, доколку успешното функционирање на бизнисот налага вложување на вкупната сума на грантот од 307.500 односно 615.000 денари во набавка на опрема и материјали, ќе биде одобрено целосно користење на грантот за оваа намена доколку корисникот депонира средства во износ од најмалку 25% од износот на грантот на жиро сметка на фирмата за поддршка на финансирањето на деловните активности во почетниот период.

Максималниот износ по старт-ап компанија основана од едно лице може да изнесува 445.440 денари од кои 307.500 денари за набавка на опрема и/или материјали и за финансирање на деловните активности во почетниот период, додека преостанатите 137.940 денари за дополнителна советодавна услуга, регистрација и сл. испорачани во период од 2 години по регистрација на фирмата.

Максималниот износ по старт-ап компанија основана од два основачи може да изнесува 756.440 денари од кои 615.000 денари за набавка на опрема и материјали и за финансирање на деловните активности во почетниот период, додека преостанатите 141.440 денари за дополнителна советодавна услуга, регистрација и сл. испорачани во период од 2 години по регистрација на фирмата.

Финансиска поддршка за дополнително вработување

Page 17: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Кандидатите кои ќе основаат фирма во сопственост на едно лице (ДООЕЛ или ТП) и кои ќе презентираат одржлив бизнис план кој јасно укажува на потреба од дополнително вработување на уште едно лице за успешно функционирање на бизнисот, но и преку економски и финансиски параметри ја потврдува одржливоста на дополнителното вработување, имаат можност да аплицираат за грант кој ќе поддржи самовработување на основачот на фирмата и дополнителното вработување. Износот на дополнителниот грант за вработување на едно лице на возраст над 29 години изнесува 92.000 денари, додека за младо лице до 29 годишна возраст изнесува 153.750 денари.

Во тој случај, за основање на фирма и дополнително вработување на едно лице постаро од 29 години, средствата на вкупниот грант ќе изнесуваат 537.440 денари, од кои 307.500 денари за реализација на самовработувањето и отворање на бизнисот, 137.940 денари за советодавна поддршка и 92.000,00 денари за дополнително вработеното лице во форма на опрема и материјали.

За основање на фирма и дополнително вработување на едно младо лице на возраст до 29 години, средствата на вкупниот грант ќе изнесуваат 599.190 денари, од кои 307.500 денари за реализација на самовработувањето и отворање на бизнисот, 137.940 денари за советодавна поддршка и 153.750 денари за дополнително вработеното младо лице во форма на опрема и материјали.

Основачот на правниот субјект ќе има обврска да го задржи дополнително вработеното лице најмалку 12 месеци доколку лицето е постаро од 29 години, односно 18 месеци доколку дополнително вработеното лице е на возраст до 29 години. Со грант за самовработување и дополнително вработување ќе бидат поддржани до 20 бизниси.

Лицата кои потпишале Договор за грант по регистрирање на фирмата, се должни во рок од 15 дена да се пријават во задолжително социјално осигурување.

Лицата кои во изминатите години добиле грант од Програма за самовработување немаат право да аплицираат за учество во Програмата Старт-ап бизниси за млади.

Ако фирмата основана со грант од Програмата Старт-ап бизниси за млади е финансиски неактивна, основачот/корисникот на грантот е должен да врати: - 100% од грантот доколку по истекот на 3 последователни месеци од

регистрација на фирмата и дополнителните 2 месеци по доставената опомена нема реализирано финансиски трансакции преку УЈП.Ако фирмата основана со грант за самовработување престане со

својата дејност, основачот/корисникот на грантот е должен да врати:- 80% од грантот обезбеден во форма на опрема и материјали доколку

дејноста престане во рок од една година од регистрацијата на фирмата;

- 60% од грантот обезбеден во форма на опрема и материјали, доколку дејноста престане во рок од две години од регистрацијата на фирмата.

Лицата кои ќе ги искористат средствата за набавка на опрема и/или материјали и за финансирање на деловните активности во почетниот период преку Програмата Старт-ап бизниси за млади не може да се вратат во евиденцијата на невработени лица до истекот на рокот на Договорот за

Page 18: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

доделување на грант или се додека не го вратат долгот произлезен од непочитување на одредбите во Договорот.

Page 19: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

1.2 Програма за самовработување на лицата со инвалидност

Цел

Целта на програмата е да се зголеми пристапот и учеството на лицата со инвалидност, како и да се зголемат можностите на пазарот на трудот за нивно вработување. Непосредна цел е да се создадат 50 правни субјекти преку поттикнување на претприемништвото и самовработување на лица со инвалидност, како и преку отворање на дополнителни 100 нови работни места во тие почетни бизниси.

Опис

Оваа програма вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање на дејност, неповратни грантови во форма на опрема и/или материјали и менторство во време на започнување на бизнисот. Корисниците ќе добијат можност за менторство и стручна поддршка во текот на програмата и по регистрација на бизнисот.

Опфат на корисници

150 невработени лица, од кои 50 лица со попреченост од евиденцијата на АВРМ4 и 100 дополнително вработени лица во почетните бизниси

Потребни средства 27.355.350 денари

Извори на средства Буџет на АВРМ - потсметка на Посебниот фонд за лицата со инвалидност, кон УНДП

Надлежна институција МТСП, АВРМ и УНДППартнер институција

ЦРМ, Занаетчиски комори, Здруженија и сојузи на лица со попречености

Услови и критериумиПреку соработка со соодветни институции, организации и здруженија

кои работат со лица со инвалидност ќе се идентификуваат лицата со инвалидност кои можат да се вклучат на пазарот на труд, преку нивно мотивирање, промоција на можностите за вработување, обука и стекнување на меки вештини, вработување, самовработување, поддршка на кандидатите по вработувањето или регистрирањето на сопствен бизнис и следење на успешноста на кандидите.

Носител на програмата е АВРМ, а процесот на имплементација на програмата се одвива преку 30-те центри за вработување (ЦВ) на АВРМ, УНДП и центрите за социјална работа, со вклучување на здруженија на граѓани и сојузи на лица со инвалидност.

Програмата се базира врз принципите на конкурентност, со цел максимизирање на ефектите од вложените средства. Процесот на селекција ќе се одвива низ неколку фази и има за цел да обезбеди транспарентност и конкурентност, како и да поддржат кандидати со најдобри бизнис идеи кои гарантираат одржливи резултати.

Учесниците кои ќе ги задоволат поставените критериуми на програмата се стекнуваат со одредени права и обврски, и тоа:

4?Согласно Законот за вработување на инвалидни лица

Page 20: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

да посетуваат обука за претприемништво и бизнис планирање; да добијат Потврда за завршени обуки; да добијат менторство и стручна поддршка во текот на програмата и по

регистрација на бизнисот; да регистрираат правен субјект во Централен регистар на РМ и да се

самовработат; да користат грант во форма на опрема и/или материјали во износ од

270.000 денари, согласно условите наведени во договорот за грант; можност да остварат дополнително вработување на најмногу две лица

и дополнителен грант во форма на опрема и/или материјали во износ од 92.000 денари по лице. Доколку дополнителното вработено лице е на возраст до 29 години, износот на грантот изнесува 153.750 денари;

да ги користат правата и бенефициите од Посебниот фонд, согласно Законот за вработување на инвалидни лица;

да обезбедат услови за непречен мониторинг за времетраење на договорот за грант.

Ако фирмата е финансиски неактивна, основачот/корисникот на грантот е должен да врати:

- 100% од грантот доколку по истекот на 3 последователни месеци од регистрација на фирмата и дополнителните 2 месеци по доставената опомена нема реализирано финансиски трансакции преку УЈП.Ако фирмата престане со својата дејност, основачот/корисникот на грантот е должен да врати:

- 80 % од грантот доколку дејноста престане во рок од една година од регистрацијата на фирмата;

- 60 % од грантот, доколку дејноста престане во рок од две години од регистрацијата на фирмата.

Новоформираниот бизнис кој ќе вработи дополнително лице, согласно условите и критериумите предвидени со оваа програма, има обврска да го задржи лицето на работа најмалку 12 месеци, односно 18 месеци (ако се работи за младо лице до 29 години) од денот на засновањето на работниот однос или на негово место да вработи друго невработено лице евидентирано во АВРМ. Во спротивно, работодавачот треба да ги врати искористените средства за опрема и/или материјали, во паричен износ сразмерно со времетраењето на вработувањето.

Програма за самовработување на лица со инвалидност – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

ЦелДа се поддржат невработените млади лица со инвалидитет во основање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка (неформална) дејност и во создавање дополнителни вработувања

Опфат на корисници

45 невработени млади лица со инвалидитет евидентирани во АВРМ како носители на бизнисотНајмалку 30 невработени млади лица евидентирани во АВРМ, како дополнителни вработувања

Page 21: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Потребни средства 8.206.605 денари

Page 22: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

2. СУБВЕНЦИОНИРАНИ РАБОТНИ МЕСТА2.1 а) Поддршка на растот на микро, мали и средни претпријатија за создавање нови работни места

Цел Поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни правни субјекти

ОписГрант во опрема и/или материјали наменет за успешни микро, мали и средни правни субјекти, заради отворање на нови работни места

Опфат на корисници 250 невработени лица евидентирани во АВРМ Потребни средства 23.230.000 денари

Извори на средства Буџет на АВРМ - Потсметка за активни програми и мерки за вработување, кон УНДП

Надлежна институција МТСП,АВРМ, УНДП и АППРМ

Услови и критериумиСо грант во висина од 92.000 денари во форма на опрема и/или

материјали ќе се поддржи создавање на нови работни места со полно работно време во микро, мали и средни правни субјекти кои: 1) биле регистрирани најмалку една година до денот на објавување на јавниот оглас; 2) не го намалиле бројот на вработени 6 месеци пред поднесувањето на апликацијата;3) ги имаат измирено сите обврски по основ на даноци и придонеси од задолжително социјално осигурување;4) кои имаат остварено добивка во претходната година.

Лицата кои ќе се вработат преку програмата треба да бидат невработени лица евидентирани во АВРМ.

Правниот субјект кој вработува невработено лице во рамките на оваа програма е должен да го задржи лицето во работен однос уште најмалку 12

Page 23: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

месеци, без да го намали вкупниот број на вработени на неопределено време.

Page 24: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

2.1 б) Поддршка на растот на микро, мали и средни претпријатија за создавање нови работни места за млади лица до 29 години

Цел Да се создадат нови вработувања за невработени млади лица до 29 години

ОписНеповратни средства (грант) во висина од 153.750 денари во форма на опрема и материјали за отворање на нови работни места за млади лица до 29 годишна возраст

Опфат на корисници

300 невработени млади лица во евиденција на АВРМ вработени во микро, мали и средни претпријатија (ММСП)

Потребни средства 48.431.250 денари

Извори на средства

17.204.737 денари- Буџет на АВРМ - Потсметка за активни програми и мерки за вработување, кон УНДП31.226.513 денари -Буџет на АВРМ кон УНДП

Надлежна институција МТСП,АВРМ, УНДП и АППРМ

Услови и критериуми

Право на учество во програмата имаат микро, мали и средни претпријатија5

(ММСП) кои при процесот на апликација ги исполнуваат следните услови: o Да не е намален вкупниот број на вработени на неопределено работно

време во изминатите 3 месеци пред поднесувањето на апликацијата;o Да ги имаат измирено сите обврски по основ на даноци и придонеси; иo Да имаат остварено добивка во претходната година

Поддршката се состои во неповратни средства (грант) во висина од 153.750 денари во форма на опрема и материјали за секое ново вработување на младо лице до 29 години. Максималниот износ што може да биде одобрен на индивидуална фирма изнесува 768.750 денари за остварени нови вработувања на 5 млади лица до 29 години.Младите лица кои ќе се вработат преку програмата треба да бидат невработени лица евидентирани во АВРМ.

Правниот субјект кој вработува невработено лице во рамките на оваа програма е должен да го задржи лицето во работен однос најмалку 18 месеци, без да го намали вкупниот број на вработени на неопределено време.

5? Согласно Законот за трговски друштва (2004 г.), микро претпријатијата имаат до 10 вработени,

малите претпријатија имаат до 50 вработени, додека средните до 250 и големите 251 и повеќе вработени.

Page 25: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

2.2 Програма за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик

Цел Да се поттикнат работодавачите да вработуваат лица во социјален ризик

Опис

Програмата нуди три вида на можности, од кои работодавачот може да избере:1. 6 месеци субвенционирање на бруто плата за

работното место кај работодавач кој ќе вработи евидентирано невработено лице кое е во социјален ризик, при што работодавачот се обврзува да го задржи ова лице во работен однос најмалку уште дополнителни 6 месеци,

2. 6 месеци субвенционирање на нето плата за работното место кај работодавач кој ќе вработи евидентирано невработено лице кое е во социјален ризик и 60-месечно ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување,6

3. 6 месеци субвенционирање на нето плата за работното место кај работодавач кој ќе вработи евидентирано невработено лице кое е во социјален ризик и 36-месечно ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход со обврска работникот да се задржи дополнителни 12 месеци на работа.7

Опфат на корисници 21 невработени лица евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа.1. Приоритетни целни групи:- корисници на социјална парична помош (СПП)

кои се на возраст помеѓу 16 и 29 години;- лица кои до 18 годишна возраст имале статус

на деца без родители и родителска грижа (корисници на парична помош на возраст од 18-26 години),- лица кои биле корисници на програмата

условен паричен надомест за средно образование.

2. Корисници на СПП кои припаѓаат на било која друга возрасна група;

3. Лица кои се: членови на семејства корисници на право на

постојана парична помош или детски додаток; жртви на семејно насилство кои се сместени во

6? Оваа можност може да се избере за лицата кои ќе бидат вработени во периодот од 01.01 - 27.06.2017

година7

? Оваа можност може да се избере за лицата кои ќе бидат вработени во периодот од 01.01 - 27.06.2017 година

Page 26: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

шелтер центри или чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика;

лица кои биле корисници на државна стипендија во последните 15 години и чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика;

лица до 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика

Вкупниот број на вработувања во рамките на оваа програма врз основа на критериумот млади лица до 29 години со ниски примања не смее да надминува повеќе од 15% од вкупниот број на склучени договори за вработување во рамките на оваа програма

Потребни средства 8.000.000 денариИзвори на средства Буџет на МТСП (Кредит на СБ) за АВРМНадлежна институција МТСП, АВРМ, ЦСР

Услови и критериуми

Оваа програма е насочена кон лицата кои се во социјален ризик евидентирани како невработени лица во АВРМ.

Субвенцијата за вработување на лица согласно можнсота бр. 1 е следна:- бруто месечна плата од 14.900 денари по вработено лице за лицата кои

немаат квалификации и - бруто месечна плата од 17.000 денари по вработено лице за оние лица со

повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи.

Овие износи се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционираното вработување. Дополнително, во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционираното вработување, на работодавачот му се исплаќаат по 5.000 денари по вработено лице преку оваа програма и истите ќе бидат наменети за покривање на трошоците за обука и материјали. Со тоа, вкупните износи на субвенциите кои ќе им се исплаќаат на работодавачите се 19.900 денари односно 22.000 денари по вработено лице.

Износот на субвенцијата која се исплаќа за лицата вработени согласно можностите бр. 2 и 3 се:

Page 27: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

- нето месечна плата од 10.500 денари по вработено лице за лицата кои немаат квалификации и

- нето месечна плата од 11.900 денари по вработено лице за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи.

Овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување. Дополнително од денот на склучување на договорот за вработување, работодавачот е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно можноста за која се одлучил.

При селекција на работодавачите ќе се применат следните критериуми:- Работодавачот не треба да има намалено вкупниот број на вработени на

неопределено време во периодот од објавувањето на јавниот повик до поднесување на барањето за субвенционирано вработување, освен во случај на пензионирање или смрт; - Доколку работодавачот претходно учествувал во некоја од програмите за

субвенционирано вработување спроведувани од АВРМ, при што не ги почитувал договорните обврски, нема право да учествува во оваа програма;

За времетраење на работниот однос на лицата корисници на СПП вклучени во оваа програма ќе им мирува правото на користење на социјална помош, согласно постојното решение за СПП.

Програма за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИЦел Да се поттикнат работодавачите да вработуваат млади

лица во социјален ризикОпфат на корисници

15 невработени млади лица евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа

Потребни средства 4.718.000 денари

Page 28: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

2.3 Субвенционирано вработување невработени лица - Проект “Македонија вработува 2“8 (Проектот Македонија вработува 2 заврши заклучно 27.06.2017 година)

ЦелДа се поттикнат работодавачите да вработуваат невработени лица евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа

Опис

Ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход за работодавачи кои ќе вработат евидентирани невработени лица, согласно со одредбите од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, кои се однесуваат на Проектот „Македонија вработува 2“

Опфат на корисници

5.000 невработени лица од евиденцијата во АВРМ како активни баратели на работа

Пресметан просечен износ на ослободување

507.540.000 денари годишно (42.295.000 денари месечно)

Извори на средства /Надлежна институција АВРМ

Услови и критериуми Согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на

невработеност, Проектот “Македонија вработува 2“ нуди можност за работодавач од приватен сектор, кој ќе вработи невработено лице од одредена целна група, по претходно доставено барање, да биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход:

- невработено лице до 35 години возраст, кое што претходно немало заснован работен однос или кое имало претходно заснован работен однос, но пред вработувањето согласно мерката е невработено најмалку три месеци. Работодавачите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход, во период од 3 години сметано од денот на вработувањето при што работодавачот е должен да го задржи лицето уште 1 година по истекот на периодот за кој што е ослободен од плаќање на придонеси и персонален данок на доход.- невработено лице на возраст од 35 до 50 години, кое во последните 15 години било најмалку 10 години невработено и најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос. Работодавачот кој ќе вработи лице од оваа група ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во траење од 5 години од денот на вработувањето при што е должен да го задржи лицето уште 1 година, по истекот на периодот во кој што е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.

8? Проектот Македонија вработува 2 заврши заклучно 27.06.2017 година

Page 29: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

- невработено лице на возраст над 50 години кои најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос. Работодавач кој ќе вработи лице од оваа група ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во период од 60 месеци сметано од денот на вработувањето. Работодавачот нема обврска да го задржи дополнителни месеци на работа по искористување на мерката.- невработено лице на возраст над 58 години кое во последните две години пред вработувањето, немало засновано работен однос. Работодавачот кој ќе вработи лице ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување до исполнување на условите за стекнување на правото на старосна пензија. - невработени лица кои се родители на три или повеќе деца и кој најмалку три месеци пред вработувањето немале заснован работен однос; самохран родител и членови на еднородителско семејство кои најмалку 3 месеци пред вработувањето немале заснован работен однос; приматели на социјална парична помош; деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; инвалидно лице со утврдена инвалидност согласно Закон за вработување на инвалидни лица и лице со утврдена намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50% согласно прописите од пензиското и инвалидското осигурување; професионални војници на кои им престанал работниот однос согласно Законот за служба во Армијата на Република Македонија и родители на деца со пречки во развојот кои се корисници на посебен додаток најмалку три месеци пред вработувањето.Ослободувањето од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход се однесува на период во траење од 5 години сметано од денот на вработувањето.Договорот за вработување за лицата треба да биде склучен на неопределено време, со полно работно време.Ослободувањето од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување, за лицата на месечна основа се однесува до просечна бруто плата за претходната година објавена од Државниот завод за статистика, а разликата над просечната бруто плата за придонесите од задолжително социјално осигурување ја пресметува и плаќа работодавачот.

Page 30: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

2.4 Субвенционирани работни места за лицата со инвалидност

ЦелДа се зголеми вработливоста и можностите за вработување на евидентираните невработени лица со инвалидност

Опис Оваа програма се спроведува согласно Законот за вработување на инвалидни лица

Опфат на корисници

261 невработени лица со инвалидност евидентирани во АВРМ

Потребни средства 158.644.650 денари

Извори на средства Буџет на АВРМ - Посебниот фонд за вработување и работење на инвалидни лица

Надлежна институција АВРМ

Услови и критериуми

АВРМ ги презема сите потребни активности за доделување субвенции за лица со инвалидност, во согласност со Законот за вработување на лица со инвалидност и одредбите од Правилникот за доделување неповратни грантови од Посебниот фонд. Работодавачите се должни да доставуваат месечни изводи како доказ за исплата на платата за субвенционираните лица со инвалидност.

Page 31: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

2.5 Финансиска и советодавна поддршка за раст на микро, мали и средни претпријатија и социјални претпријатија9

Цел

Да придонесе кон намалување на невработеноста во земјата преку поттикнување на деловниот раст и капацитетот за создавање на нови работни места во целната група на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и социјални претпријатија

Опис

Неповратни средства (грант) во висина до 615.000 денари по претпријатие за:- Финансиска поддршка за ко-финансирање на

нови деловни инвестиции на претпријатијата - Советодавна поддршка од страна на експерти

кои во соработка со претпријатијата ќе работат на изнаоѓање, развој и примена на решенија за клучните деловни проблеми на претпријатијата.

Опфат на корисници

45 невработени лица евидентирани во АВРМ (најмалку 3 невработени лица по фирма);15 претпријатија: ММСП кои се производно ориентирани или обезбедуваат модерни услуги (ИТ и сл.) и претпријатија со примарна дејност во областа на социјалното претприемништо

Потребни средства 9.943.500 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ - Потсметка за активни програми и

мерки за вработување, кон УНДПНадлежна институција МТСП,АВРМ и УНДП

Целна група

Микро, мали и средни претпријатија (ММСП)

Право на аплицирање за учество во програмата имаат сите ММСП кои ги исполнуваат следните услови:

Основани заклучно со 31.08.2014; Со примарна дејност во секторот Преработувачка индустрија10 или во

секторот Информации и комуникации11. Дополнително, можат да бидат поддржани правни субјекти чија примарна дејност е растително производство во рамки на секторот Земјоделство, шумарство и рибарство12;

9? Социјални претпријатија се претпријатија и граѓански организации кои примарно се

насочени кон социјални / општествени цели и чиј профит се реинвестира за остварување на тие цели низ деловно работење или вложување во заедницата.10

? Со исклучок на група 25.4 - Производство на оружје и муниција, и група 33 – Поправка и инсталирање на машини и опрема.11

? Ќе бидат подржани дејностите од група 58.2 - Издавање на софтвер, група 62.0 - Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, и група 63.1 - Обработка на податоци, хостирање и слични дејности, интернет портали.12

Page 32: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Оствариле добивка во 2016 година; Во периодот од 01.01.2017 до објавување на огласот имаат најмалку 3

вработени лица; Ги имаат подмирено сите обврски по основа на даноци и придонеси; Во 100% приватна сопственост при што најмалку 50,1% е во сопственост

на лице/лица со државјанство на Република Македонија; Имаат потреба од нова деловна инвестиција и се подготвени да ја ко-

финансираат реализацијата на оваа инвестиција; Се подготвени да соработуваат со експерти во изнаоѓањето на

применливи решенија за раст на нивниот бизнис како и во спроведувањето на избраното решение во деловната пракса.

Претпријатија и невладините организации со примарна дејност во областа на социјалното претприемништо

Целната група ги опфаќа сите претпријатија кои примарно се насочени кон социјални / општествени цели и чиј профит се реинвестира за остварување на тие цели низ деловно работење или вложување во заедницата. Право на аплицирање за учество во програмата имаат сите претпријатија кои ги исполнуваат следните услови:

Основани заклучно со 31.08.2016; Со примарна дејност во областа на социјалното претприемништо со

фокус на работно оспособување и социјално вклучување на тешко вработливи лица од ранливи групи;

Со евидентирана економска активност во 2016 година; Ги имаат подмирено сите обврски по основа на даноци и придонеси од

задолжително социјално осигурување (доколку имаат вработени лица); Со регистрирано седиште во Република Македонија и со активности кои

во целост или во најголем дел се одвиваат во земјата; Имаат потреба од нова деловна инвестиција и се подготвени да ја ко-

финансираат реализацијата на оваа инвестиција. Како сопствен влог ќе бидат признаени и средства обезбедени од донации од други организации.

Се подготвени да соработуваат со експерти во изнаоѓањето на применливи решенија за раст на нивниот бизнис како и во спроведувањето на избраното решение во деловната пракса.

На селектираните претпријатија ќе им биде обезбедена следната поддршка:

Финансиска поддршка: минимум 80% до максимум 90% од вкупната сума на грантот се наменети за ко-финансирање на нови деловни инвестиции при што ќе бидат поддржани следните видови на вложувања: набавка на нова опрема (машини, алати, транспортни средства, специјализиран софтвер, лиценци за користење на софтверот, канцелариска опрема и слични основни средства), набавка на репроматеријали и реновирање / реконструкција на деловен простор13. Притоа, грантот може да изнесува до максимум 60% од вредноста на инвестицијата со ДДВ додека фирмата

? Ќе бидат подржани дејностите од група 01.1 - Одгледување на едногодишни насади и посеви, група 01.2 - Одгледување на повеќегодишни насади и посеви, и група 01.3 - Одгледување на саден материјал13

? Наведените видови на вложувања во натамошниот текст се именувани како “опрема и репроматеријали”.

Page 33: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

корисник на поддршката е должна да обезбеди минимум 40% од оваа вредност.

Советодавна поддршка: минимум 10% до максимум 20% од вкупната сума на грантот се наменети за советодавни услуги од страна на експерт кој во соработка со претпријатието ќе работи на изнаоѓање, развој и примена на решенија за поттикнување на деловниот развој и капацитетот за нови вработувања. Делот од грантот наменет за советодавна поддршка може да изнесува до 100% од вредноста на советодавните услуги со ДДВ.

Конкретниот износ на процентот од грантот кој ќе се додели за финансиска односно советодавна поддршка ќе биде одреден во зависност од спецификите на инвестицијата и потребите од советодавна поддршка.

Висина на грантот со вклучен ДДВ изнесува од минимум 205.000 до максимум 615.000 денари по селектиран правен субјект. Корисникот на поддршка е должен да реализира одреден број на нови вработувања со полно работно време во зависност од износот на одобрениот грант со ДДВ односно:

o Минимум 1 вработување за минималниот износ на грант од 205.000 денари;

o Минимум 2 вработувања за износ на грант од 205.001 до 410.000 денари;

o Минимум 3 вработувања за износ на грант од 410.001 до 615.000 денари.

Лицата кои ќе се вработат преку програмата треба да бидат невработени лица евидентирани во АВРМ.

Микро, мали и средни претпријатија и Социјалните претпријатија се должни да ги реализираат новите вработувања во рок од 3 месеци по потпишувањето на договорот.

Кај микро, мали и средни претпријатија, работодавачот има обврска да го/-ги задржи на работа ново-вработените лица најмалку 24 месеци од денот на засновањето на работниот  однос со полно работно време и во истиот период да не го намали вкупниот број на вработени на неопределено време.

Кај претпријатијата со примарна дејност во областа на социјалното претприемништво, работодавачот има обврска да го/-ги задржи на работа ново-вработените лица најмалку 12 месеци од денот на засновањето на работниот  однос со полно работно време и во истиот период да не го намали вкупниот број на вработени на неопределено време.

Доколку на работникот  му престане работниот однос по било кој друг основ, пред истекот на утврденото  време, правниот субјект-корисник е должен во рок од 15 работни денови на негово место да вработи друго невработено лице евидентирано во АВРМ или во спротивно да ги врати средствата обезбедени во вид на финансиска и советодавна поддршка во паричен износ сразмерно со преостанатото времетраење на вработувањето до истекот на утврдениот период.

2.5 Финансиска и советодавна поддршка за раст на микро, мали и средни претпријатија и социјални претпријатија – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

Page 34: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Цел

Да придонесе кон намалување на невработеноста кај младите во земјата преку поттикнување на деловниот раст и капацитетот за создавање на нови работни места во целната група на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и социјални претпријатија

Опфат на корисници

14 невработени млади лица евидентирани во АВРМ;15 претпријатија: ММСП кои се производно ориентирани или обезбедуваат модерни услуги (ИТ и сл.) и претпријатија со примарна дејност во областа на социјалното претприемништо

Потребни средства 2.983.050 денари

Page 35: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

3. ОБУКИ

3.1 Обука кај познат работодавач

ЦелСтекнување со вештини на невработените лица за извршување на работните задачи согласно потребите на работодавачот

ОписСо оваа мерка им се обезбедува обука на невработените лица за извршување на задачите за конкретно работното место кај работодавачот

Опфат на корисници 88 невработени лица евидентирани во АВРМ Потребни средства 2.503.900 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ – Потсметка за активни програми и

мерки за вработувањеНадлежна институција АВРМ

Услови и критериуми

Со оваа мерка се опфатени невработени лица кои се евидентирани во АВРМ, како и работодавачи кои:1) не го намалиле вкупниот број на вработени во претходните 6 месеци пред поднесување на барањето;2) ги имаат измирено сите обврски по основ на даноци и придонеси од задолжително социјално осигурување; 3) имаат позитивен бонитет за претходната година.

Со оваа мерка се поддржуваат обуки за занимања (работни места) за кои е потребно основно или средно образование и за кои не се издаваат сертификати/лиценци.

Обуката се реализира за конкретно работно место во период од 3 месеци.

Page 36: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Домашните компании кои се заинтересирани да склучат или склучиле договор за соработка со странските инвеститори во Република Македонија ќе добијат приоритет за вклучување во Програмата.

Невработеното лице добива паричен надомест од 9.000 денари месечно, вклучувајќи и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Работодавачот е должен месечно да доставува до АВРМ листа за евиденција на присуството.

Работодавачот е должен да ја спроведе програмата за обука, во согласност со претходно утврден план за истата. На работодавачот ќе му биде исплатен еднократен паушален износ за менторство и материјални трошоци во износ од 1.339 денари по обучувано лице за периодот од 3 месеци. Ист работодавач може да обучи најмногу 20 лица за едно работно место и не може да врши повеќе од една обука за исто лице.

Работодавачот има обврска на работа да задржи најмалку 50 % од обучените лица и да не го намали вкупниот бројот на вработени лица на неопределено време со полно работно време во период од 6 месеци.

На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката. Ако корисникот на социјална помош е отпуштен од работа пред истекот на мерката, има право да се врати во регистарот на корисници на социјална помош.

Обука кај познат работодавач – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

ЦелСтекнување со вештини на невработените лица за извршување на работните задачи согласно потребите на работодавачот

Опфат на корисници 29 невработени млади лица евидентирани во АВРМПотребни средства 821.831 денари

Page 37: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

3.2 Обука на работното место со субвенционирано вработување

Цел

Стекнување на стручни знаења и вештини за извршување на работните задачи според потребите на работодавачот и поттикнување вработување на евидентирани невработени лица и лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот14

ОписСо оваа мерка се обезбедува обука на невработените лица за извршување на задачите за конкретно работното место кај работодавачот, како и субвенционирање на нивното вработување

Опфат на корисници 440 невработени лица од евиденцијата на АВРМ

Потребни средства 36.623.438 денари15

Извори на средства АВРМ - Потсметка за активни програми и мерки за вработување

Надлежна институција АВРМ

Услови и критериумиСо оваа мерка се опфатени евидентирани невработени лица во АВРМ,

како и работодавачи кои:1) не го намалиле вкупниот број на вработени во претходните 6 месеци пред поднесување на барањето;2) ги имаат измирено сите обврски по основ на даноци и придонеси од задолжително социјално осигурување; 3) имаат позитивен бонитет за претходната година.Право на учество во програмата има и невладиниот сектор.

Со оваа мерка се поддржуваат обуки за занимања (работни места) за кои е потребно основно или средно образование и за кои не се издаваат сертификати/лиценци.

На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката. Ако корисникот на социјална помош е отпуштен од работа пред истекот на мерката, има право да се врати во регистарот на корисници на социјална помош.

Обуката на работното место трае 3 месеци. Работодавачот е должен да ја спроведе програмата за обука врз основа на претходно подготвен план за истата и на учесниците во обуката да им издаде потврда за спроведената практична обука. Обучуваните лица ќе добијат 9.000 денари месечно, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.14

?Ранливите категории на невработени лица се: млади лица до 29 години со ниски квалификации, жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, бездомни лица, поранешни корисници на дрога, родители на деца на улица, самохрани родители, Роми, осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа, невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година, млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци, родители на деца со пречки во развојот, како и родители на 3 и повеќе деца.15

? Дел од исплатата во врска со склучените договори од оваа мерка ќе треба да се реализира во 2018 година

Page 38: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

По завршување на обуката на работното место, работодавачот е обврзан да ги вработи сите обучени лица за што ќе добие субвенција за вработување во форма на финансиска поддршка за бруто плата во износ од 19.000 денари месечно за период од 6 месеци со полно работно време од кои 17.000 денари за невработеното лице и 2.000 денари ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес.

За времетраење на обуката и периодот на субвенционирање, работодавачот има обврска да не го намали бројот на вработените лица на неоределено време.

Работодавачот има обврска да го задржи на работа субвенционираниот работник во следните 12 месеци и да не го намали бројот на вработените на неопределено време.

Обука на работното место со субвенционирано вработување – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

ЦелСтекнување на стручни знаења и вештини за извршување на работните задачи и поттикнување вработување на евидентирани невработени млади лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот

Опфат на корисници 132 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ

Потребни средства 18.612.000 денари

3.3 а) Обука за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот

ЦелЦелта на програмата е да се зголеми вработливоста на невработените лица преку стекнување знаења и вештини за занимања барани на пазарот на трудот

ОписПрограмата за обука ја имплементираат спроведувачи на обуки верификувани од страна на ЦОВ и МОН

Опфат на корисници

260 невработени лица евидентирани во АВРМ како активни барателни на работа

Потребни средства 16.072.000 денари

Извори на средства3.444.000 денари ИПА – втор директен грант кон АВРМ (40 лица)12.628.000 денари ИПА – трет директен грант кон -АВРМ (220 лица)

Надлежна институција

АВРМ, МТСП, МОН, ЦСОО, ЦОВ и верификувани спроведувачи на обуки

Услови и критериуми

Програмата за обука ќе се реализира во период до четири месеци кај верификуван спроведувач на обука, од кои еден месец ќе се изведува практична обука во просториите кај работодавачот.

Page 39: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Обуката ќе овозможи стекнување знаења за занимања барани на пазарот на труд, утврдени од повеќе извори (податоци за локалниот пазар на труд, анализа на потребите од вештини на пазарот на труд, анкета спроведена од страна на организацијата на работодавачи, стопанските комори и единиците на локална самоуправа и по барање на работодавач, пројавениот интерес на барателите на работа за вакви обуки). Во рамките на оваа мерка ќе бидат опфатени обуки за следните занимања: службеник во книговодство, масер, шминкер, асистент за грижа на стари лица во домашни услови, автомеханичар за современи системи на моторни возила, бравар.

Обуката ќе ја имплементираат верификувани спроведувачи на обуки од ЦОВ и МОН. Критериумите за учество во обука за секое занимање, вклучувајќи го и претходното образовно ниво, се дефинирани во програмите за обука, согласно Законот за образование на возрасните.

Спроведувачите на обука ќе добијат максимум 30.000 денари паричен надомест по обучено лице. Лицата вклучени во обуката добиваат месечен нето надоместок во износ од 5.043 денари (на оваа сума се пресметува и исплаќа персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување).

По завршување на обуката и проверката на стекнатите знаења и вештини учесниците ќе добијат сертификат за стекнатите знаења, кој ќе биде внесен во индивидуалното досие на евидентираното невработено лице.

На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.

Обука за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

ЦелЦелта на мерката е да се зголеми вработливоста на невработените млади лица преку стекнување знаења за занимања барани на пазарот на трудот

Опфат на корисници

220 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ на активни баратели на работа

Потребни средства 12.628.000 денари

Page 40: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

3.3 б) Обука за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот

ЦелЦелта на програмата е да се зголеми вработливоста на невработените лица преку стекнување знаења и вештини за занимања барани на пазарот на трудот

Опис Програмата за обука ја спроведуваат верификувани спроведувачи на обуки од ЦОВ и МОН

Опфат на корисници 130 невработени лица од евиденцијата на активни баратели на работа на  АВРМ

Потребни средства 3.700.000 денари16

Извори на средства Буџет на АВРМ – Потсметка за активни програми и мерки за вработување

Надлежна институција

АВРМ, МТСП, МОН, ЦСОО, ЦОВ и верификувани спроведувачи на обуки

Услови и критериуми

Програмата за обука ќе се реализира во период од четири месеци кај верификуван спроведувач на обука, при што еден месец ќе се изведува во реални услови кај работодавач.

Обуката ќе овозможи стекнување знаења за занимања барани на пазарот на труд, утврдени од повеќе извори (податоци за локалниот пазар на труд, анализа на потребите од вештини на пазарот на труд, анкета спроведена од страна на организацијата на работодавачи, стопанските комори и единиците на локална самоуправа и по  барање на работодавач).

Обуката ќе ја спроведат верификувани спроведувачи на обуки од ЦОВ и МОН. Критериумите за учество во обука за секое занимање, вклучувајќи го и претходното образовно ниво, ќе бидат дефинирани во програмите за обука, согласно Законот за образование на возрасните.

Спроведувачите на обука ќе добијат максимум 30.000 денари паричен надомест по обучено лице. Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 6.200 денари (со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување). По завршување на обуката и проверката на стекнатите знаења и вештини учесниците ќе добијат соодветна потврда за стекнатите знаења, која ќе биде внесена во индивидуалното досие на евидентираното невработено лице.

На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.

Обука за задоволување на побарувани занимања  на пазарот на трудот – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

Цел Целта на мерката е да се зголеми вработливоста на невработените млади лица преку стекнување знаења за

16? Дел од исплатата во врска со склучените договори од оваа мерка ќе треба да се реализира во 2018 година

Page 41: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

занимања барани на пазарот на трудотОпфат на корисници

43 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ на активни баратели на работа

Потребни средства 1.223.846 денари

3.4 Обука за напредни ИТ-вештини

Цел

Мерката има за цел да се надградат вештините на евидентирани активни баратели на работа во областа на информатичката технологија со цел да се зголеми нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот

Опис

Спроведување на обука за стекнување со напредни информатичко-технолошки вештини од страна на авторизиран обучувачки центар, со можност за добивање на сертификат, признат на национално и на меѓународно ниво

Опфат на корисници 320 невработени лица и невработени млади до 29 години од евиденцијата на АВРМ на активни баратели на работа

Потребни средства 29.068.000 денари

Извори на средства

18.265.500 (за 220 лица) од ИПА трет директен грант кон АВРМ8.302.500 (за 100 лица) од АВРМ - Потсметка за активни програми и мерки за вработување 2.500.000 од АВРМ - Потсметка за активни програми и мерки за вработување кон ИПА трет директен грант

Надлежна институција

Сертифицирани центри за обукаАВРМ, МТСП

Услови и критериуми

Програмите за обука за напредни ИТ вештини ќе бидат насочени кон надградбата на вештините од областа на информатички технологии на евидентираните невработени лица со завршено средно или високо образование.

Програмата за обука ќе ги вклучи следниве програмски пакети: Java SE8 Programmer – пакетот се состои од две обуки и еден испит:

Обука: Java SE 8 Fundamentals Обука: Java SE 8 Programming Испит: 1Z0-808 OCA, Java SE 8 Programmer Опис на пакетот:  Пакетот обуки овозможува запознавање на

учесниците со објектно - ориентираното програмирање користејќи го Java како програмски јазик. Низ практични вежби учесниците ќе почнат да градат вештнини како Јава програмери, изучувајќи ги главните функционалности, можностите на Јава програмскиот јазик, Апликациските програмски интерфејси за дизајн на објектно - ориентирани апликации со Java SE8.

Тестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки со полагање на 2 испити:

Page 42: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Обука: ISTQB  Foundation Испит: ISTQB  Foundation Обука: ISTQB Agile Tester Испит: ISTQB Agile Tester Опис на пакетот:  Овој пакет е наменет за сите поединци кои

сакаат да навлезат во принципите на тестирањето како поддршка на процесот на развој на апликации. Учесниците на оваа обука ќе се запознаат со основите на динамичките и статичките техники за тестирање на софтверските решенија како и со процесот на планирање на тестирањето и алатките кои се користат за таа намена. Обуката е наменета за сите оние поединци кои сакаат да се стекнат со практични знаења за концептот на тестирање на едно софтверско решение. Ова ги вклучува тест аналитичарите, тест инженерите, user acceptance тестери, односно сите оние кои сакаат да се пронајдат во некоја од овие улоги.

Мерката опфаќа програмски пакети кои се сметаат за најкористени и побарувани на пазарот на трудот, согласно мислењето на Министерството за информатичко општество, а врз основа на извршена консултација со МАСИТ, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Македонија. Обуките ќе се реализираат во Скопскиот и во други региони во зависност од пројавениот интерес на евидентираните невработени лица за учество во мерката и обезбедените услови за обука, што значи дека обуките ќе се спроведуваат во секој регион каде има минимум 10 (десет) пријавени и кандидати кои успешно го поминале процесот на прелиминарна селекција. Право на учество во мерката имаат евидентирани невработени лица со завршено средно или високо образование. Изборот на невработените лица - кандидати за обука е дел од обврската на авторизираниот обучувачки центар, кој треба да направи претходна проверка на соодветните ИТ вештини на кандидатот. Обуките ќе се реализираат во период од 3 до 6 месеци, од денот на формирање на конечните ранг листи, врз основа на понудениот план за реализација на активности од страна на авторизираниот обучувачки центар, а лицата кои редовно посетувале обука по завршување на истата добиваат уверение за посетувана обука и ваучер за завршен испит/и за стекнување со меѓународен сертификат. За време на обуката авторизираниот обучувачки центар подготвува месечни извештаи за редовноста на кандидатите. Полагањето на завршниот испит/и за програмските пакети треба да се реализира во рок од 3 месеци од завршување на обуките, по кој рок, кандидатите кои не го поминале завршниот испит, имаат право во дополнителен рок од 3 месеци, повторно да го полагаат на сопствен трошок. Лицата кои биле корисници на оваа мерка во претходните години, не може повторно да бидат вклучени во обуката. На корисниците на социјална помош за времетраење на обуката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.

Обука за напредни ИТ-вештини– МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИЦел Мерката има за цел да се надградат вештините на

евидентирани млади лица активни баратели на работа во областа на информатичката технологија со цел да се зголеми нивната конкурентност и можности на пазарот

Page 43: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

на трудотОпфат на корисници

160 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ на активни баратели на работа

Потребни средства 13.284.000 денари

Page 44: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

3.5 Обука за возачи за Ц , Д и Е - категорија”

Цел

Зголемување на вработливоста на евидентираните невработени лица и вработените лица , преку стекнување на вештини согласно побарувањата во сообраќајната струка и искажаните потреби за работна сила во оваа стопанска гранка и нивно вработување.

ОписОбуката ќе се реализира во лиценцирани автошколи. Лицата кои успешно ќе ја завршат обуката, ќе имаат право да полагаат возачки испит во лиценцирани испитни центри.

Опфат на корисници 100 невработени лица евидентирани во АВРМПотребни средства 1.410.000 денари17

Извори на средства Буџет на АВРМ – Потсметка за активни програми и мерки за вработување

Надлежна институција АВРМ

Услови и критериуми Обуките ќе бидат насочени кон занимања кои се побарувани на пазарот на трудот во сообраќајната струка т.е. ќе бидат насочени кон задоволување на потребите од возачи со положен возачки испит за категорија „Ц“, ,,Д” и „Е“ кај работодавачи пријавени на јавен оглас. Обуките ќе се спроведуваат од страна на селектирани лиценцирани автошколи, во времетраење од 1 месец, а по завршувањето на обуката (теоретски и практичен дел), успешните кандидати ќе полагаат за возачки испит за категорија „Ц“, ,,Д” или ,,Е“ во испитни центри, лиценцирани за организирање и спроведување на возачки испит за оваа категорија. Право на учество имаат невработени лица евидентирани во АВРМ .

Критериумите за учество во обуката се следни: лицата кои ќе се вклучат во обуката за „Ц“ категорија да поседуваат

важечка дозвола за категорија „Б“(минимум 2 години); лицата кои ќе се вклучат во обуката за „Д“ категорија да поседуваат

важечка дозвола за категорија „Ц“(минимум 2 години); и лицата кои ќе се вклучат во обуката за „Е“ категорија да поседуваат

важечка дозвола за категорија „Ц“(минимум 1 година)

По завршената обука и положен испит, невработеното лице ќе се стекне со потврда за издавање на возачка дозвола за категорија „Ц“, ,,Д,” или „Е“, податок што ќе биде внесен во индивидуалното досие на евидентираното невработено лице. На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.

17? Дел од исплатата од оваа мерка ќе треба да се реализира во 2018 година

Page 45: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Обука за возачи за Ц , Д и Е - категорија”– МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

Цел

Мерката има за цел зголемување на вработливоста на евидентираните невработените млади лица преку стекнување на вештини согласно побарувањата во сообраќајната струка и искажаните потреби за работна сила во оваа стопанска гранка и нивно вработување.

Опфат на корисници 30 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ

Потребни средства 900.000 денари

Page 46: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

3.6 Обука за стекнување на вештини од стари занаети

ЦелДа се поттикнат невработените лица евидентирани во АВРМ да стекнат вештини од традиционални стари занаети преку обуки

Опис

Во првата фаза невработените лица ќе бидат подржани со обука, која ќе трае од 3–6 месеци, зависно од занаетот.По завршување на обуката, лицата ќе имаат можност да регистрираат бизнис и да бидат поддржани преку вклучување во 1.1 Програмата Самовработување

Опфат на корисници 60 невработени лица

Потребни средства 2.240.000 денари18

Извори на средства Буџет на АВРМ – Потсметка за активни програми и мерки за вработување

Надлежна институција АВРМ, МТСП, Занаетчиски комори

Услови и критериумиЗаинтересираните невработени лица вклучени во мерката ќе можат да

се стекнат со вештини од традиционални стари занаети како што се:- ковачи - 6 месеци обука- бочвари - 6 месеци обука- јорганџии - 4 месеци обука- стаклари - 3 месеци обука- оџачари - 3 месеци обука- лимари - 6 месеци обука- сликање на стакло - 3 месеци обука- изработка на витражи (составување на стакленца со метал) - 6 месеци

обука- изработка на накит од монисти (со техники на ќостек) - 3 месеци обука- резбар - 6 месеци обука- крзнар - 6 месеци обука- грнчари- 6 месеци обука- чевлар крпач – 6 месеци обука- часовничар - 6 месеци обука- и други занаети

Спроведувачите на обука во зависност од занаетот и времетраењето на обуката која може да биде од 3-6 месеци, ќе добијат од 30.000 до 50.000 денари паричен надомест по обучено лице. Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000 денари (со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување).

18? Дел од исплатата од оваа мерка ќе треба да се реализира во 2018 година

Page 47: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.

Обука за стекнување на вештини од стари занаети – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

ЦелДа се поттикнат МЛАДИТЕ невработени лица стекнување со вештини во занаети кои се во изумирање, преку финансиска помош во обуки

Опфат на корисници 18 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ

Потребни средства 1.872.000 денари

Page 48: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

3.7 Практикантство

Цел

Цел на програмата е младите невработени лица да се стекнат со можности за практично учење и работно искуство кај работодавач од приватен сектор, што ќе им овозможи полесна интеграција на пазарот на трудот

Опис

Програмата им нуди на младите невработени лица до 29-годишна возраст со завршено средно или високо образование можност да се здобијат со практични вештини и искуство кај работодавач од приватен и невладин сектор

Опфат на лица 1.000 невработени млади лица евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа

Потребни средства 18.915.000 денариИзвори на средства ИПА –трет директен грант кон АВРМНадлежна институција АВРМ, МТСП

Услови и критериумиПрограмата за практична работа е насочена кон младите невработени

лица на возраст до 29 години со средно и високо образование. Практикантите ќе имаат можност да се стекнат со прво работно искуство во согласност со образованието, како и со конкретни знаења и вештини преку учество во 3 (три) месечната програма за практикантство во приватни претпријатија или невладини организации.

Практикантите добиваат месечен нето надоместок во износ од 5.043 денари (на оваа сума се пресметува и исплаќа персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување).

Право на учество имаат само работодавачи од приватен и невладин сектор. Работодавачот треба да подготви план и програма за обука за практична работа и да назначи ментор за практикантот.

По завршување на практичната работа, работодавачот има обврска да издаде потврда за завршена практична работа.

На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на практичната работа, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на практичната работа.

3.8 а) Обука за основни вештини (странски јазици)

Цел

Цел на обуките е невработени лица, особено возрасната група на лица до 29 години, да се здобијат со знаење на странски јазици, заради зголемување на нивната вработливост и конкурентност на пазарот на трудот

Опис Спроведување на oбуки за странски јазици кои ќе бидат насочени кон курсевите (степените) кои ги покриваат нивоата на Европската јазична рамка на Советот на Европа, за еден од трите најчесто

Page 49: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)

Опфат на корисници 1.000 невработени лица од евиденцијата на АВРМПотребни средства 6.000.000 денариИзвори на средства 6.000.000 денари од АВРМ – Потсметка за активни

програми и мерки за вработувањеНадлежна институција АВРМ

Услови и критериумиОбуките ќе се реализираат во Скопскиот и во други региони во

зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во програмата.

Услов за одржување на обуките во одреден регион е да има минимум 10 (десет) кандидати за посетување на настава на определен степен, кои го поминале еднофазниот односно двофазниот процес на селекција. Кандидатите заинтересирани за почетното ниво (А1.1 прв степен) ја поминуваат само административната селекција на АВРМ, додека кандидатите заинтересирани за повисоките степени на јазичната рамка ќе бидат дополнително тестирани од страна на обучувачкиот центар за проверка на знаењето.

По конечното формирање на ранг листите, обучувачкиот центар е должен во соодветниот регион да обезбеди соодветно опремени капацитети со наставно-научни помагала за изведување на наставата и да ангажира соодветно квалификуван наставен кадар.

Право на учество во програмата имаат невработени лица евидентирани во АВРМ со завршено минимум средно образование.

Планираниот опфат на кандидати е 1000 лица, а временската рамка за спроведување на обуките е максимум 8 месеци од денот на склучување на договорот за јавна набавка. Обучувачкиот центар треба да понуди начин и динамика за изведување на обуките, при што бројот на одржани часови по степен треба да биде 30, а времетраењето на еден час да изнесува 90 минути.

Лицата кои редовно посетувале обука по завршување на истата полагаат завршен испит и добиваат уверение за успешно совладани тематски единици од определен степен. За да се добие уверение потребно е да се присуствува на најмалку 60% од часовите.

Обучувачкиот центар има обрска да подготви финален извештај по група за посетување на настава на определен степен кој ќе вклучи основни информации за содржината на обуката, динамика по која се одвивала обуката, листа на слушатели и листа за редовност на слушателите.

На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.

Обука за основни вештини за вработување на млади лица до 29 години и невработени лица (странски јазици)- МЛАДИ ЛИЦА ДО 29

ЦелНа млади лица до 29 години ќе им се обезбеди стекнување на знаење од странски јазици и компјутерски вештини

Page 50: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Опфат на корисници 300 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ

Потребни средства 1.800.000 денари

Page 51: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

3.8 б) Обука за основни вештини (компјутери)

Цел

Цел на обуките е невработени лица, особено возрасната група на лица до 29 години, да се здобијат со основни компјутерски вештини односно дигитална писменост, заради зголемување на нивната вработливост и конкурентност на пазарот на трудот

Опис

Спроведување на oбуки за основни компјутерски вештини кои ќе бидат насочени кон клучните апликации кои ги покриваат вештините за обработка на текстови (MS Word), вештините за работа со табели и пресметки (MS Excel), вештините за работа со програми за презентација (MS Power Point), вештините за работа со дата бази на податоци (MS Access) и вештините за работа на интернет и електронска пошта (Internet и MS Outlook)

Опфат на корисници 1.000 невработени лица евидентирани во АВРМ Потребни средства 5.000.000 денариИзвори на средства АВРМ – Потсметка за активни програми и мерки за

вработувањеНадлежна институција АВРМ

Услови и критериумиОбуките ќе се реализираат во Скопскиот и во други региони во

зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во програмата.

Услов за одржување на обуките во одреден регион е да има минимум 10 (десет) кандидати за посетување на настава во определена апликација кои ја поминале административната селекција на АВРМ.

По конечното формирање на ранг листите обучувачкиот центар е должен во соодветниот регион да обезбеди соодветно опремени капацитети со хардверска и софтверска конфигурација за имплементација на обуките и да ангажира соодветно квалификуван наставен кадар.

Право на учество во програмата имаат невработени лица евидентирани во АВРМ со завршено минимум средно образование.

Планираниот опфат на кандидати е 1000 лица, а временската рамка за спроведување на обуките е максимум 8 месеци од денот на склучување на договорот за јавна набавка. Обучувачкиот центар треба да понуди начин и динамика за изведување на обуките, при што бројот на одржани часови по апликација треба да биде 30, а времетраењето на еден час да изнесува 45 минути.

Лицата кои редовно посетувале обука по завршување на истата полагаат завршен испит и добиваат уверение за успешно совладани тематски единици во определена апликација. За да се добие уверение потребно е да се присуствува на најмалку 60% од часовите.

Обучувачкиот центар има обрска да подготви финален извештај по група за посетување на настава во определена апликација кој ќе вклучи основни информации за содржината на обуката, динамика по која се одвивала обуката, листа на слушатели и листа за редовност на слушателите.

Page 52: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.

Обука за основни вештини за вработување на млади лица до 29 години и невработени лица (компјутери)- МЛАДИ ЛИЦА ДО 29

ЦелНа млади лица до 29 години ќе им се обезбеди стекнување на знаење од странски јазици и компјутерски вештини

Опфат на корисници 300 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ

Потребни средства 1.500.000 денари

Page 53: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

3.9 Обука за стекнување квалификации според моменталните потреби на пазарот на труд (сектор услуги и индустрија)

Цел

Да се постави рамка на квалификации според потребите на приватните компании за два сектора, еден од областа на давање на услуги и друг во индустријата, при што директно ќе се обучат 30 крајни корисници – невработени лица

Опис

Програмата нуди соработка помеѓу сите релевантни партнери во креирањето на профили на работници кои ќе одговорат на бараните квалификации, поставени од страна на приватните компании согласно нивните потреби

Опфат на корисници 30 невработени лица евидентирани во АВРМ Потребни средства 5.578.000 денари

Извори на средства2.806.000 Буџет на УНДП 2.772.000 Буџет на АВРМ активни програми и мерки за вработување кон УНДП

Надлежна институција УНДП

Партнер институции МТСП, АВРМ, Стопански комори, МОН, ЦОВ

Услови и критериумиИницијативата ќе го поддржи процесот на поврзување на тренинг

програмите со реалните моментални потреби на пазарот на труд во два сектора врз основа на претхоно изготвена анализа. Целта е да се зголеми вклученоста на приватните компании во процесот на дефинирање на потребните квалификации за одредени работни места и во обука на персонал за соодветните работни места.

Проценката на потребните квалификации ќе подразбира вклучување на сите релевантни партнери од страна на приватниот сектор, вклучително и стопанските комори, владините институции и невладините организации. Откако ќе се изврши потребната проценка на квалификации во двата избрани сектора, еден сектор поврзан со давање на услуги и еден во индустријата, ќе се пристапи кон формулирање на потребниот едукативен процес и стандарди што треба да се исполнат.

Преку процес на споделување на знаењето и искуствата - обучување на идни тренери, ќе се создадат можности за понатамошно развивање на овој концепт и негова широка примена во земјата, при што начинот на формирање на рамката на потребни квалификации ќе може да се прилагоди и на други сектори. Обучените тренери во период од 4-6 месеци ќе ги пренесат потребните знаења на 30 лица за кои, после верификацијата на стекнати знаења се очекува да бидат директно вработени кај соодветните работодавачи.Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000 денари (со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување)

За младите лица до 29 години кои ќе се стекнат со бараните квалификации, работодавачот ќе добие субвенција од 17.000 МКД со

Page 54: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

обврска да го задржи лицето во работен однос (со загарантирана најниска плата од 17.000 МКД) во наредните 6 месеца. Работодавачот има обврска да ги задржи младите лица за кои добива субвенција во наредните 12 месеци под исти услови за работа по истекот на времетраење на субвенцијата.

Обука за стекнување квалификации според моменталните потреби на пазарот на труд (сектор услуги и индустрија) – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

Цел

Да се постави рамка на квалификации според потребите на приватните компании за два сектора, еден од областа на давање на услуги и друг во индустријата, при што директно ќе се обучат најмалку 6 млади невработени лица

Опфат на корисници 9 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ

Потребни средства 1.673.400 денари

3.10 Обука и советување за претпремништво за млади до 29

Цел

Целта на оваа програма е на младите лица, да им создаде нови и поинакви можности за вработување преку спроведување на обука и советување за претприемништво и бизнис менаџмент со цел да ги мотивира да започнат свој бизнис.

Опис

Со оваа мерка им се овозможува на младите лица, баратели на работа заинтересирани за започнување на свој бизнис да посетат обука за претприемништво и бизнис менаџмент со цел да изготват одржлив бизнис план.

Опфат на корисници

950 млади невработени лица до 29 години, евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа

Потребни средства 17.527.500 денариИзвори на средства ИПА - Трет директен грант кон АВРМНадлежна институција АВРМ,МТСП, ЦФЦД, ЕУД

Услови и критериуми

Обуката за советување и претприемништво е насочена кон младите лица, активни баратели на работа на возраст до 29 години со завршено најмалку средно образование. Обуката ќе им овозможи да се стекнат со

Page 55: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

потребното знаење од областа на претприемништвото. Планираниот опфат на учесници во оваа мерка е 950 млади лица.

Учесниците ќе имаат можност да посетат вкупно 45 часовна обука која се состои од теоретски дел во времетраење од 30 часа (претприемништво, развој на бизнис идеја и бизнис вештини за управување) и советување за изработка на бизнис план во времетраење од 15 часа.

Преку оваа обука се очекува учесницте да се здобијат со потребното знаење и вештини од оваа област и да изработат бизнис план во насока кон реализација на успешно самовработување. Учесниците кои успешно ќе ја завршат оваа обука и ќе изработат бизнис план ќе можат директно да учествуваат во програмата за самовработување.

Обуките ќе бидат спроведени од страна на професионални спроведувачи на обуки кои ќе бидат избрани на јавен повик преку соодветна постапка за набавка. Обуките ќе се спроведуваат на територијата на целата држава.

Критериуми за учество на барателите на работа во оваа мерка:- Млади лица на возраст до 29 години;- Евидентирани како активни баратели на работа и;- Завршено најмалку средно образование.

Page 56: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

4. ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА5.

4. Програма за општинско-корисна работа

ЦелЦел на оваа програма е да обезбеди социјална вклученост на потешко вработливи лица заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазар на труд

Опис

Програмата ќе се реализира преку работно ангажирање на евидентирани невработени лица со скратено работно време во извршување услуги согласно потребите на граѓаните од локалната заедница

Опфат на корисници 400невработени лица евидентирани во АВРМ Потребни средства 20.282.850 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ- Потсметка за активни програми и

мерки за вработување, кон УНДПНадлежна институција

УНДП, АВРМ, МТСП, ЦСР, единици на локална самоуправа, локални институции

Услови и критериуми

Оваа програма е насочена кон невработените лица евидентирани во АВРМ, кои им припаѓаат на ранливите групи на население, вклучувајќи ги и корисниците на социјална помош. Во период од шест месеци, невработените лица ќе бидат ангажирани со скратено работно време (20 работни часа неделно). Лицата кои ќе бидат ангажирани преку оваа програма, ќе обезбедуваат услуги за потребите на граѓаните од локалната заедница, истовремено стекнувајќи работно искуство и професионални вештини кои во иднина ќе ја зголемат нивната вработливост.

Page 57: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Месечниот надомест ќе изнесува 6.200 денари за лице, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на ангажманот, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош и во текот на работниот ангажман.

Page 58: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Право на учество во програмата имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата. Но, доколку во евиденцијата на АВРМ, нема невработени лица со потребни квалификации и вештини, согласно барањата на ангажманот, тогаш ќе може да учествуваат и невработени лица кои и претходно учествувале во програмата.

Право на учество во програмата имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата. Но, доколку во евиденцијата на АВРМ, нема невработени лица со потребни квалификации и вештини, согласно барањата на ангажманот, тогаш ќе може да учествуваат и невработени лица кои и претходно учествувале во програмата.

Доколку одобрените активности за дадена општина се однесуваат на обезбедување на услуги за деца со попреченост и возрасни лица со попреченост, поради специфичноста на услугата ќе биде овозможено грижата да ја дава истото лице што било претходно ангажирано.

Невработените лица, во општините кои ќе достават предлог програма која се однесува на активности за обезбедување поддршка на деца при воспитно-образовен процес, т.е. кои ќе бидат ангажирани како образовни асистенти во наставата, ќе може да бидат поддржани до крајот на учебната година.

Програма за општинско-корисна работа– МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

ЦелЦел на оваа програма е да обезбеди социјална вклученост на потешко вработливи млади лица заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазар на труд

Опфат на корисници 120 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ

Потребни средства 6.084.855 денари

Page 59: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

6. ПИЛОТ-ПРОГРАМИ

Page 60: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

5.1 Развој и имплементација на пилот програми за млади според локалните потреби

ЦелЦелта е да се поддржат Локалните економско-социјални совети, АВРМ и МТСП во развој и имплементација на пилот програми за вработување на млади на локално ниво.

Опис

Активностите ќе се реализираат врз основа на Акцискиот план за вработување на млади и втората Анкета за преминот од училиште на работа. Активностите ќе се реализираат во соработка со МТСП и АВРМ, како и со општините и нивните Локални економско-социјални совети. Во соработка со МОТ ќе се развијат и пилотираат мерки за вработување на млади.

Опфат на корисници невработени млади лица евидентирани во АВРМ

Потребни средства 4.926.000 денари

Извори на средства2.463.000 денари - Буџет на АВРМ- Потсметка за активни програми и мерки за вработување2.463.000 денари – Меѓународна организација на трудот (МОТ) кон АВРМ

Надлежна институција

АВРМ, МТСП, Локалните економско-социјални совети, МОТ

Услови и критериумиСо поддршка на експерти за вработување од Меѓународната

организација на трудот, во соработка со АВРМ и локалните Економско - социјални совети ќе се дизајнираат, имплементираат и следат мерки за вработување на млади во три општини. МТСП и АВРМ ќе даваат поддршка преку спроведување на мерките, обезбедување персонал, како и преку координирање со другите релевантни министерства. Општините ќе ја олеснуваат работата на Локалните економско-социјални совети и ќе го поддржуваат (усогласуваат) пилотирањето на мерките. Алатките на МОТ, како што е правата на работното место за млади (rights@work for youth), ќе се имплементираат преку обуки за обучувачи со што ќе се зајакнат Локалните економско-социјални совети, образовните институции и граѓанските организации за промовирање на истите. Главните активности ќе се имплементираат преку градење на капацитети за идентификување на мерки за вработување на млади, дизајнирање на мерки за вработување на млади, спроведување на пилот мерките, како и мониторинг и ревизија на мерките за вработување на млади.

Успешните пилот активни програми за вработување на млади ќе се вклучат и прошират во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот во 2018 година.

Page 61: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

5.2 Пилот-Обука за задоволување на локалните потреби од квалификувана работа сила

Цел

Целта на програмата е во тесна соработка со локалната самоуправа (општините) и средните стручни училишта да се поттикне соработката со работодавачите со цел задоволување на нивните потреби од квалификувана работна сила.

Опис

Програмата нуди можност за поголема соработка помеѓу работодавачите и средните стручни училишта, за спроведување на обуки согласно потребите на работодавачите, со цел зголемување на економската активност во општините

Опфат на корисници 50 невработени лица евидентирани во АВРМ

Потребни средства 4.803.750 денари

Извори на средства Буџет на АВРМ - Потсметка активни програми и мерки за вработување, кон УНДП

Надлежна институција

УНДП, АВРМ

Партнер институции

МТСП, АВРМ, МОН, ЦОВ, работодавачи, средни стручни училишта

Услови и критериуми

Обуките би се реализирале по првичното идентификување на потребите од страна на локалните самоуправи и локалните работодавачи, како и потенцијални средни стручни училишта кои може да го обезбедат потребниот вид обука. Откако процесот на идентификувањето на работодавачите и на средните стручни училишта ќе биде комплетиран, би се воспоставила процедура за соработка при изработката на програмата за обука, при што програмата би се дизајнирала согласно потребите на работодавачот. По изработка на програмата од страна на ЦОВ и МОН ќе бидат преземени потребните активности за верификација на истата. Во меѓувреме би се реализирал процесот на промоција на обуката што би опфатил средби и посети на капацитетите на работодавачите од страна на заинтересираните кандидати за обука, при што кандидатите и работодавачите имаат можност да се запознаат меѓусебно. Потоа следи чекор на пријавување и селекција на евидентирани невработени лица во АВРМ, запознаени со условите на работа и заинтересирани за следење на обуката. При селекцијата на кандидати главна улога ќе има работодавачот.

Потребните квалификации на кандидатите ги одредува работодавачот, пред почетокот на промоцијата и објавувањето на јавниот оглас (кој што ќе е континуиран).

Право на учество имаат сите кандидатите кои ќе ги задоволат потребните минимум критериуми поставени од страна на работодавачот.

По извршената селекција на кандидати, реализацијата на обуката би се одвивала со напоредно модуларно совладување на теоретските и практични

Page 62: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

елементи од обуката, при што теоретските знаења кандидатите би ги стекнувале во просториите на средните стручни училишта, а практичните кај работодавачот. Модуларниот пристап овозможува напоредно реализирање на обука при што по завршувањето на теорискиот дел од одредена тематска единица веднаш се пристапува кон совладување на практичните вештини. Во таа насока работодавачот треба да обезбеди минимум услови за реализација на обука и стекнување практични вештини од страна на кандидатите. За време на практичниот дел од обуката, кандидатите во просториите на работодавачот ќе ги придружува наставен кадар од средните стручни училишта со што би се постигнала поголема синхронизација помеѓу теоријата и праксата, а воедно би се збогатиле знаењата и на наставниот кадар за новите производствени процеси кои се одвиваат кај работодавачите.По завршувањето на обуката, кандидатите полагаат завршен испит пред Комисија за верификација на стекнатото знаење, во чиј состав е и заинтересираниот работодавач.

Лицата што посетуваат обука ќе добијат месечна надокнада за патните трошоци во висина од 9.000 денари со вклучено осигурување во случај на несреќа на работно место и персонален данок на доход.Работодавачот е должен да вработи најмалку 50% од кандидатите кои успешно ја завршиле обуката. За првите 3 месеци работодавачот има право на субвенција за вработеното лице во висина од 17.000 денари. Работодавачот по истекот на времетраење на субвенцијата, треба да го задржи лицето на работно место уште најмалку 6 месеци под истите услови за работа.

Доколку за време на обуката се вклучи лице со посебни потреби, општината е должна да обезбеди транспорт за лицето до местото на обука.

Во случај работодавачот да одлучи да вработи лице со посебни потреби во тој случај ќе добие дополнителни средства за адаптација на работното место, транспорт до работното место, подготовка за реализација на работните задачи. Исто така субвенцијата за вработеното лице во висина од 17.000 денари би можел да ја користи во период од 6 месеци, при што работодавачот треба да го задржи лицето на работно место уште најмалку 6 месеци под истите услови за работа

Page 63: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

5.3 Пилот- Центар за стручна обука

Цел

Намената на Центарот за стручна обука е организирање обуки за надградување на знаењата од угостителската дејност на невработени лица (гастрономијата) во тесна соработка со работодавачите заради зголемување на нивната вработливост и можноста за подобар пласман на пазарот на трудот.

Опис

Програмата нуди соработка со работодавачите и спроведување на интензивна обука за стекнување на повисоко ниво на познавање од областа на гастрономијата согласно потребите на работодавачите

Опфат на корисници 30 млади невработени лица до 29 години

Потребни средства 3.685.500 денари

Извори на средства Буџет на АВРМ - Потсметка активни програми и мерки за вработување, кон УНДП

Надлежна институција

УНДП, АВРМ

Партнер институции

МТСП, АВРМ, МОН, ЦОВ, Центар за стручна обука, работодавачи

Услови и критериуми

Обуките во Центарот за стручна обука ќе се пилотираат и реализираат во еден регион. Формираниот Центар за стручна обука ќе нуди спроведување на верификувана програма за обука на возрасни лица од страна на ЦОВ и МОН.Право на учество во програмата имаат невработени лица евидентирани во АВРМ со завршено минимум средно образование од угостителската струка.Изборот на кандидатите кои ќе бидат вклучени во обуката е дел од обврската на Центарот за стручна обука и работодавачот кој изразил потреба за таков кадар, при што ќе се направи претходна проверка на мотивираноста и соодветноста на кандидатот.По конечното формирање на групата од кандидати за обука, Центарот за стручна обука е должен да ја реализира истата во претходно обезбеден и соодветно опремен простор. Центарот за стручна обука обезбедениот простор го уредува според стандардите на угостителските објекти со што на кандидатите за целиот тек на обуката им ја доловува реалната атмосфера на нивното идно работно место. Согласно капацитетите и предзнаењата на кандидатите, Центарот за стручна обука ќе достави динамика за реализација на обуките. При реализацијата на обуката активно учествуваат и заинтересираните работодавачи при што нивната улога е во насока на дефинирање на нивните потреби, учество во процесот на селекција на заинтересирани кандидати за обука, реализацијата на самата обука и доколку е потребно и во согласност со Центарот за стручна обука обезбедување на соодветен простор за реализација на практичниот дел од обуката.

Page 64: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

За таа цел по утврдувањето на групата со кандидати, работодавачот и тимот на Центарот за стручна обука утврдуваат динамика и начин на реализација на обуката. Доколку капацитетите на Центарот за стручна обука ги задоволуваат критериумите на работодавачот, обуката во целост се реализира во Центарот, во спротивно дел од практичниот дел од обуката може да се реализира во просторите на работодавачот.По завршувањето на обука, кандидатите полагаат завршен испит пред Комисија за верификација на стекнатото знаење, во чии состав е и заинтересираниот работодавач. Младите лица што посетуваат обука ќе добијат месечна надокнада за патните трошоци во висина од 9.000 МКД со вклучено осигурување во случај на несреќа на работно место и персонален данок на доход.Работодавачот што ќе вработи млади лица до 29 години ќе добие дополнителна субвенција за плата на вработеното младо лице во висина од 17.000 МКД за 6 месеци, со обврска да го задржи лицето на дополнителни 12 месеца под истите услови.

5.4 Поддршка за создавање нови работни места во граѓански организации

Цел Поддршка во креирање на нови работни места во невладини организации

ОписГрант во опрема и/или материјали наменет за успешни невладини организации за отворање на нови работни места

Опфат на корисници

50 невработени лица евидентирани во АВРМ , со предност на млади лица до 29 години.

Потребни средства 8.190.000 денари

Извори на средства Буџет на АВРМ - Потсметка за активни програми и мерки за вработување, кон УНДП

Надлежна институција МТСП, АВРМ, и УНДП

Услови и критериумиСо грант во висина од 120.000 денари во форма на нова опрема и/или

материјали ќе се поддржи создавање на нови работни места за невработени лица на возраст над 29 години, односно 180.000 денари за вработување на млади лица до 29 годишна возраст. Вработувњата ќе бидат со полно работно време, во успешни граѓански организации кои: 1) Со евидентирана програмска/економска активност во 2016 година;2) Ги имаат измирено сите обврски по основ на даноци и придонеси од задолжително социјално осигурување (доколку имаат вработени лица);3) Со регистрирано седиште во Република Македонија и со активности кои во целост или во најголем дел се одвиваат во земјата.

Page 65: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Поддршката се состои во неповратни средства (грант) во висина од 120.000 денари, односно 180,000 денари во форма на нова опрема и материјали за секое ново вработување на лице на возраст до 29 години. Максималниот број на поддржани вработувања по организација е ограничен на 5 лица.

Правниот субјект кој вработува невработено лице во рамките на оваа програма е должен да го задржи лицето во работен однос најмалку 12 месеци, без да го намали вкупниот број на вработени на неопределено време.

Поддршка за сосдавање нови работни места во граѓански организации – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

ЦелДа се поддржи создавање на работни места за млади невработени лица до 29 години во невладини организации

Опфат на корисници

30 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ

Потребни средства 4.065.075 денари

5.5 Организирање на Јавни работи

ЦелНамалување на загаденоста во град Скопје како и активација на евидентирани невработени лица со ниски квалификации

ОписПрограмата ќе се спроведува преку работно aнгажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации на територија на град Скопје

Опфат на корисници

1.000 невработени лица евидентирани во АВРМ, корисници со ниски квалификации

Потребни средства 5.330.000 денариИзвори на средства

Буџет на АВРМ - Потсметка активни програми и мерки за вработување

Надлежна институција МТСП, АВРМ, Град Скопје

Услови и критериуми

Со мерката се планира да бидат опфатени 1.000 eвидентирани невработени лица со НКВ преку ангажирање за вршење на јавни работи за период до 15 дена.

За спроведување на оваа програма е предвидена финансиска поддршка во износ од 300 денари за дневно ангажирање по лице. На наведениот износ ќе се плати и персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Page 66: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Доколку за време на работниот ангажман има корисници на социјална помош на истите не им престанува правото на користење на социјална помош и тие ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на работниот ангажман. Финансиската поддршка ќе се обезбеди преку АВРМ/Центар за вработување на Град Скопје до Градот Скопје.

Условите за исплата на средствата, како и правата и обврските ќе се уредат со посебен договор помеѓу АВРМ – ЦВ, Градот Скопје и невработеното лице. Градот Скопје ќе врши мониторинг за реализацијата на активностите при спроведување на пилот мерката.

7. УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ8.

Page 67: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕУслугите за вработување се суштински дел од активните политики на пазарот на трудот. Услугите, кои ги обезбедуваат вработените во Агенцијата за вработување на Република Македонија, опфаќаат:

- Информации за пазарот на трудот (ИПТ):обезбедување информации, совети, Веб-базирани информации, евиденција на слободни работни места, летоци, публикации и брошури) за пазарот на трудот (на пр., економски сектори односно претпријатија кои нудат слободни работни места, географски подрачја со поголема побарувачка на работна сила, обуки со кои се стекнуваат вештини за одредено занимање итн.);

- Советување и насочување: давање на сеопфатни совети за стекнување на вештини и знаења потребни за подобрување на вработливоста, насоки за изработка на апликации за работа, претставување при интервјуа за работа, изработка на Индивидуален план за вработување, давање на информации кои ќе му овозможат на невработеното лице планирање на кариерниот развој;

- Вештини за барање работа давање на совети, насоки и краткорочни обуки како да им се пристапи на работодавачите, да се идентификуваат компаниите и економските сектори кои имаат слободни работни места и др;

- Посредување при вработување: поврзување на лицата кои бараат работа со слободните работни места. Преку утврдување на вештините, знаењето и способностите што им се потребни на работодавачите за работното место, центрите за вработување ќе ги поврзат невработените лица со работодавачите заради нивно вработување и задоволување на потребите на работодавачите од соодветна работна сила;

- Услуги за работодавачите: информирање и помош на работодавачите да ги задоволат своите потреби од квалификувана работна сила. Услугите ќе бидат испорачани низ директни средби со работодавачите во центрите за вработување, користење на Веб-базирани алатки, посети на работодавачите, организирање на заеднички настани и други форми на соработка.

Агенцијата за вработување на Република Македонија води прецизна евиденција за услугите кои им се даваат на невработените лица и на работодавачите. Ова ќе послужи како цврста основа за проценка на ефектите од користењето на услугите и поставување на идните цели.

Page 68: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

6.1 Помош при барање на работа

Цел Невработените лица да стекнат вештини за ефикасно барање на работа и вработување

Опис

Помошта за ефикасно барање на работа опфаќа: обезбедување на информации за пазарот на трудот (информации за потребни занимања, слободни работни места и услови за работа), помош при изработка на работна биографија CV, советување за вработување и подготовка на Индивидуален план за вработување и др.

Опфат на корисници 10.000 невработени лица евидентирани во АВРМ Потребни средства 3.360.000 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ Надлежна институција АВРМ

Услови и критериумиЦелта на овие услуги е да им се обезбеди помош и поддршка на

невработените лица во процесот на барање работа. Невработените лица од евиденцијата на баратели на работа на АВРМ, ќе добијат информации за состојбите и барањата на пазарот на трудот, помош и зајакнување на вештините на невработените лица за успешно претставување на пазарот на трудот, помош во изработка на CV, советување за вработување и претставување при интервју за вработување кај работодавачите.

Концептот на индивидуален приод во работењето со невработените лица согласно со нивните потреби, можности и капацитети ќе се зајакне преку профилирање на невработените лица. Ќе се вршат интервјуа со кои ќе се добијат сите потребни податоци за лицата, кои се важни за вработување Исто така, ќе се врши профилирање на невработените лица и врз основа на утврдениот степен на нивната вработливост ќе се изработуваат соодветни Индивидуални планови за вработување (ИПВ). За лицата кои се директно вработливи или со умерени тешкотии при вработувањето ќе се изработува ИПВ за такви категории на невработени. За лицата кои се соочуваат со значителни тешкотии при вработувањето ќе се изработува посебна форма на ИПВ за тешко вработливи лица. Подготовката на ИПВ треба да им помогне на невработените лица низ процес на советување да добијат дополнителна поддршка за планирање и преземање соодветни активности за активно барање работа, вклучување во активни мерки и услуги за вработување и др., за да ги подобрат своите можности за вработување.

Услугите за поддршка при барањето на работа ќе се реализираат во работните клубови на центрите за вработување.

Очекувани ефекти од преземените активности во рамките на услугата Помош при барање на работа е да се зајакнат капацитетите на невработените лица, преку подигање на свесноста за потребата од активно планирање и вклучување во процесот на барање работа и зголемување на нивната информираност и мотивација. Успешноста на услугата ќе се мери преку следење на бројот на вклучените невработени лица во активностите, како и статусот на вработеност по добивањето на услугата.

Page 69: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Помош при барање на работа – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

Цел Невработените млади лица да стекнат вештини за поефикасно барање на работа

Опфат на корисници 3.000 невработени млади лица евидентирани во АВРМ

Потребни средства 1.008.000 денари

Page 70: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

6.2 Обука за подготовка за вработување и вештини за барање работа

ЦелЦелта на оваа програма е да ги подобри вештините за барање работа на младите лица, кои се категоризирани со умерени или значителни потешкотии при интеграција на пазарот на трудот.

Опис

Со обуката им се овозможува на младите лица, првенствено да се мотивираат активно да се вкучат во пазарот на трудот и истовремено да совладаат вештини и знаења кои би им биле од корист при барањето работа.

Опфат на корисници

1.400 невработени млади лица до 29 години евиденитрани во АВРМ

Потребни средства 8.610.000 денариИзвори на средства ИПА - Трет директен грант кон АВРМНадлежна институција АВРМ,МТСП, ЦФЦД, ЕУД

Услови и критериуми

Обуката за подготовка за вработување и вештини за барање на работа е наменета за невработените младите лица до 29 години со умерени или значителни потешкотии при инеграција на пазарот на трудот, кои имаат завршено најмалку средно образование. Обуката има за цел да им овозможи на лицата да се стекнат со знаење и вештини за полесно вклучување на пазарот на трудот. Планираниот опфат на учесници во оваа мерка е 1.400 млади лица.

Оваа обука има два модули во зависност од предходно извршената категоризација на невработените лица согласно индивидуалниот план за вработување , и тоа обука за вработување и барање на работа во времетраење од 25 часа и обука од 10 часа.

Обуките ќе бидат спроведени од страна на професионални спроведувачи на обуки кои ќе бидат избрани на јавен повик преку соодветна постапка за набавка. Обуките ќе се спроведуваат на територијата на целата држава. Критериуми за учество на барателите на работа во оваа мерка:

- Млади лица на возраст до 29 години;- Евидентирани невработени лица и изработен индивидуалниот план за

вработување;- Завршено најмалку средно образование.

6.3 Мотивациски обуки

ЦелДа се зголеми мотивираноста и самодовербата кај невработените лица активно да бараат работа и да се обезбедат совети и насоки за користење на услугите достапни во АВРМ

ОписСоветувања и обуки на невработените лица за техниките на барање работа (индивидуални и групни сесии)

Page 71: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Опфат на корисници

8.000 невработени лица евидентирани во АВРМ: млади лица на возраст до 29 години, со предност на лица со ниски квалификации и долгорочно невработени лица

Потребни средства 2.688.000денариИзвори на средства Буџет на АВРМ Надлежна институција АВРМ

Услови и критериуми

Во мотивациските обуки ќе се вклучат млади невработени лица на возраст до 29 години (со предност на лицата со ниски квалификации) и долгорочно невработени лица од евиденцијата на невработени лица на АВРМ.

Целта на мотивациските обуки е да се зголеми мотивираноста на невработените лица активно да бараат работа. Обуките треба да допринесат да се зајакне самодовербата на невработените лица, преку зголемување на нивната информираност и едукација за техниките за барање работа. Во текот на обуките невработените лица ќе се запознаваат со активните програми и мерки за вработување и услугите кои можат да ги добијат од АВРМ и ќе бидат мотивирани за користење на истите.

Мотивирањето на невработените лица во процесот на барање на работа ќе се реализира преку индивидуално советување и обука (врз основа на проценка и утврдена потреба од индивидуален приод во работењето со невработеното лице), како и преку групни мотивациски обуки низ работилници. Организација на мотивациските обуки:

- Мотивациските обуки ќе се реализираат во сите центри за вработување според планот за реализација на мотивациските обуки во АВРМ, за 2017 година.

- Бројот на обуките што ќе ги реализираат центрите за вработување ќе биде прилагоден на бројот на невработените лица од евиденција на невработени лица што ги опфаќа центарот за вработување.

- Секој центар за вработување ќе биде задолжен да одржи најмалку 3 мотивациски обуки месечно, со тенденција на зголемување на бројот на обуките и вклучените лица, во зависност од бројот на евидентираните лица, интересот и потребите на невработените лица и условите и големината на центарот за вработување.

- Учесниците во обуките ќе бидат невработени лица од евиденцијата на невработени лица на АВРМ.

- Учесниците ќе бидат вклучени во обуките врз основа на искажаниот интерес за учество од страна на невработените лица, врз основа на советувањето и препораките од Индивидуалниот план за вработување на лицето и др.

- За информирање и повикување на учесниците ќе се користат писмени известувања, телефонски контакти, СМС пораки, информации на Веб порталот на АВРМ и др.

- Обуките ќе се реализираат во групи според следните категории на невработени лица: групи со млади невработени лица, со долгорочно невработени лица, како и групи со невработени лица кои не припаѓаат на наведените категории но искажале потреба и интерес за учество.

- Големината на групите за обука ќе се определува според условите во центарот за вработување (од 10 до 25 учесници во група)

Page 72: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

- Обуките ќе се реализираат според Програмата за реализација на мотивациски обуки.

- Обуките ќе се реализираат во работните клубови од страна на вработените во центрите за вработување.

Очекувани ефекти од реализацијата на овие обуки се зголемена информираност, интерес и мотивација за вклучување во активните мерки за вработување и услугите на АВРМ, како и во други активности за активно барање работа. Со оглед на тоа што ефектите од обуките се долгорочни, истите ќе допринесат кон зајакнување на мотивацијата на невработените лица за понатамошен развој на нивните вештини за вработување. Постигнатите резултати ќе се следат преку бројот на учесниците во мотивациските обуки и статусот на вработеност на лицата во периодот по завршените обуки.

Мотивациски обуки – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

ЦелДа се зголеми мотивираноста и самодовербата кај невработените млади лица активно да бараат работа и да се обезбедат совети и насоки за користење на услугите достапни во АВРМ

Опфат на корисници

2.400 невработени млади лица евидентирани во АВРМ

Потребни средства 806.400 денари

6.4 Посредување при вработување

Цел Да се олесни поврзувањето на понудата и побарувачката на работна сила

Опис

Советување и помош за работодавачите при идентификување и вработување на работници (опис и формулација на работното место, првичен избор на кандидати за работа и организирање интервјуа за работа и др.)

Опфат на корисници 3.000 барања за посредување при вработување

Потребни средства 1.008.000 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ Надлежна институција АВРМ

Услови и критериуми

АВРМ дава услуги за посредување при вработување со цел да ги задоволи потребите на работодавачите, преку идентификување и упатување на соодветни кандидати за слободните работни места. Оваа услуга не ја вклучува државната и јавната администрација и го опфаќа посредувањето при вработувањето само за работодавачите од приватниот сектор.

Посредувањето при вработување го врши Центарот за вработување на подрачјето каде се наоѓа седиштето на работодавачот. Центарот за вработување го спроведува посредувањето по добивање на Барање за

Page 73: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

посредување од страна на работодавачот. Оваа услуга опфаќа советување и помош на работодавачите преку пребарување на кандидати за слободни работни места од евиденцијата на невработени лица, спроведување на пред-селекција, упатување кај работодавачот на интервју за вработување и др. Процесот на посредување при вработување по едно барање треба да биде завршен најдоцна за 35 дена од денот на поднесување на истото.

Овој процес ги зема предвид барањата и очекувањата на работодавачите и има за цел полесно поврзување на понудата и побарувачката на работна сила.

Ефектите од посредувањето при вработување се зголемен број на вработувања на невработените лица и задоволување на потребите на работодавачите со квалитетна работна сила, според нивните потреби и барања. Успешната реализација на посредувањето ќе ја зајакнува соработката со работодавачите и зголемен број на нови вработувања. Ефектите ќе се следат преку бројот на доставените барања за посредување при вработување од работодавачите до АВРМ, бројот на бараните работници, бројот на позитивно решените барања за посредување при вработување, бројот на вработени невработени лица преку посредувањето на АВРМ и др.

6.5 Услуги за работодавачите

ЦелНа работодавачите да им се понудат квалитетни услуги за задоволување на нивните потреби од работна сила.

Опис

Услугите за работодавачите вклучуваат информирање, советување и обезбедување можности за користење на услугите и активните програми и мерки за вработување, како и поволности за вработување на невработените лица достапни преку АВРМ, совети за вработување, совети од областа на трудовото законодавство, учество во разни форми на соработка како Форуми за работодавачи, Саеми за вработување и др.

Опфат на корисници 5.000 работодавачи

Потребни средства 1.680.000денариИзвори на средства Буџет на АВРМ Надлежна институција АВРМ

Услови и критериуми

Услугите за работодавачите имаат за цел на работодавачите да им обезбедат ефикасен пристап до квалитетна работна сила.

Услугите за работодавачите опфаќаат:- Континуирано и навремено информирање и советување за услугите

програмите и мерките за вработување кои ги спроведува АВРМ - Континуирано и навремено информирање и советување за начинот на

користењето на поволностите за работодавачите при вработувањето на невработените лица

Page 74: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

- Континуирано известување и информирање на работодавачите за сите тековни активности и услуги кои можат да ги користат од АВРМ, преку печатени и електронски медиуми и сл.

- Советување за вработување на невработените лица преку посредување при вработување

- Информирање за состојбите на пазарот на трудот- Појаснување на правната регулатива во врска со потребите и

услугите за работодавачите - Организирање на заеднички настани со работодавачите за

унапредување на соработката со АВРМ и за задоволување на нивните потреби и др.

Соработката со работодавачите ќе се реализира преку посети кај

работодавачите и низ средби во центрите за вработување. Исто така, работодавачите ќе ги користат он-лајн услугите на АВРМ. Подобра информираност за услугите за работодавачите ќе се обезбедува и преку Веб порталот на АВРМ и Порталот со мобилна апликација ПРВ.мк. Со работодавачите ќе се организираат заеднички активности како што се: Саеми за вработување, Форуми за работодавачи и други заеднички активности кои имаат за цел да се согледаат потребите на работодавачите во врска со вработувањето и постојано да се создаваат услови за задоволување на нивните потреби од работна сила.

Ефектите од активностите во рамките на оваа услуга ќе се следат преку бројот и видот на одржаните посети и средби со работодавачите, нивната информираност и интересот за користење на услугите и активните програми и мерки за вработување кои ги спроведува АВРМ, учеството во Форумите за работодавачите и Саемите за вработување, како и во другите настани и активности кои ќе бидат организирани за да им се олесни пристапот и користењето на услугите на АВРМ.

Page 75: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

6.6 Подготовка за вработување и за работа

Цел

Младите невработени лица да усвојат знаења и да развијат вештини што се бараат на пазарот на трудот како подготовка за вработување и за работа, за да им се овозможи полесна и побрза интеграција на пазарот на трудот

Опис

Обука обезбедена од вработените на АВРМ за личен развој, развој на вештини за барање работа; комуникациски вештини, соодветно однесување на работно место, тимска работа и лидерство, безбедност, права и обврски на работа, и финансиски вештини

Опфат на корисници

3.000 невработени млади лица до 29 години евидентирани во АВРМ

Потребни средства 1.008.000 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ Надлежна институција АВРМ

Услови и критериуми

Цел на оваа услуга е младите невработени лица да усвојат знаења и да развијат вештини што се бараат на пазарот на трудот како подготовка за вработување и за работа, за да им се овозможи полесна и побрза интеграција на пазарот на трудот.

Целна група се млади лица на возраст од 18-29 години, кои бараат работа и лица со попреченост и се на евиденција на невработени лица на АВРМ.

Учесниците ќе бидат информирани и вклучувани во обуките преку писмени известувања на информативните табли во центрите за вработување, повикување на лица од центрите за вработување, вклучување на невработените лица врз основа на нивниот искажан интерес и со вкучување на лица на кои обуките ќе им бидат препорачани во рамките на нивните Индивидуални планови за вработување како и низ советувањето, како дел од услугите за поддршка и др.

Услугата ќе се реализира преку спроведување на повеќедневни обуки на невработени лица според програмата “Подготовка за вработување и за работа”. Обуките овозможуваат стекнување на нови знаења и вештини и се реализираат во траење од 25 часа преку следните модули: Воведен модул; Личен развој; Вештини за барање работа; Комуникациски вештини; Соодветно однесување на работното место; Тимска работа и лидерство; Безбедност, права и обврски на работа и Финансиски вештини. Во текот на обуките ќе се обработуваат и содржините од програмата “Учење преку работа“ а ќе добиваат и дополнителни обуки за презентациски вештини.

Page 76: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Обуката “Подготовка за вработување и за работа“ за невработените лица, ја реализираат вработените во центрите за вработување во работните клубови на АВРМ. Обуките ќе се реализираат низ работилници со користење на методи кои им се блиски на младите и се ефикасни за едукација и усвојување на нови вештини на интерактивен начин. Покрај тоа обуките во групи треба да допринесат за учење преку размена на искуства кои се однесуваат на успешно снаоѓање на пазарот на трудот и развивање на успешна комуникација помеѓу учесниците, како и помеѓу учесниците со вработените од АВРМ, како предуслов за понатамошна успешна меѓусебна соработка во процесот на активно барање на работа.

По завршувањето на обуките учесниците, невработените лица добиваат соодветен сертификат за учество во обуката.

Очекувани резултати се овие обуки да допринесат за вклучување на 3000 невработени млади лица кои ќе бидат обучени според програмата “Подготовка за вработување и за работа”. Обуките ќе допринесат за нивно активирање во процесот на активно барање на работа, зголемена мотивација за вклучување во мерките и услугите за вработување, развиени вештини за успешна интеграција на пазарот на трудот и др. Со оглед на тоа што ефектите од обуките се долгорочни, се очекува истите да допринесат кон зголемување на бројот на нови вработувања и зајакнување на вработливоста на младите што ќе им користи во понатамошните активности за вработување.Успешноста на реализацијата на оваа услуга ќе се утврдува преку следните индикатори: број на вклучени млади лица во обуките и статус на вработеност на учесниците.

Page 77: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

6.7 Обука за животни вештини и мотивација

Цел

Невработените лица да развијат вештини што се бараат на пазарот на трудот како подготовка за вработување и за работа, за да им се овозможи полесна и побрза интеграција на пазарот на трудот

ОписОбука обезбедена од вработените на АВРМ за личен развој, развој на вештини за барање работа, комуникациски вештини, соодветно однесување на работно место, тимска работа и др.

Опфат на корисници

0невработени лица евидентирани во АВРМ од кои 0 лица корисници на социјална парична помош

Потребни средства 0 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ – Потсметка за активни програми и

мерки за вработувањеНадлежна институција АВРМ, МТСП, ЦСР

Услови и критериуми

Целта е преку обука за животни вештини и мотивација на евидентираните невработени лица и корисници на социјална парична помош да се развијат вештини што се бараат на пазарот на трудот како подготовка за вработување и за работа.

Обуките ќе се реализираат од вработените во центрите за вработување и Центрите за социјална работа, кои претходно ќе бидат обучени од приватна куќа ангажирана по пат на јавна набавка од страна на АВРМ.

Обуките овозможуваат првенствено да ги мотивираат невработените лица активно да се вкучат во процесот на барање на работа. Истовремено обуките ќе допринесат да се развијат следните вештини и знаења кои им се потребни при барање на работа: вештини за личен развој, вештини за барање работа, комуникациски вештини, прилагодување и управување со промени, решавање на проблеми, соодветно однесување на работното место, тимска работа, работна етика и др.

Очекувани резултати се преку овие обуки невработените лица да бидат поттикнати и охрабрени да учествуваат во активните програми/мерки и услуги за вработување, како и да им помогнат полесно да го добијат и задржат работното место.

Page 78: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

6.8 Професионална ориентација и кариерно советување

Цел

Невработените лица кои бараат работа, да се стекнат со вештини за истражување на можностите за кариера, вештини за барање работа и планирање на сопствениот кариерен развој

Опис

Професионална ориентација и кариерно советување преку примена на техники за проценка на карактеристиките на невработените лица, индивидуално и групно советување и планирање на кариерниот развој, изработка на кариерни планови и др.

Опфат на корисници

1.800 невработени лица евидентирани во АВРМ

Потребни средства 604.800 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ Надлежна институција АВРМ

Услови и критериуми

Професионалната ориентација и кариерното советување ќе бидат насочени кон невработени лица и млади лица на возраст од 18-29 години, кои бараат работа и се на евиденција на невработени лица на АВРМ.

Целта на професионалната ориентација и кариерното советување е да им се помогне на невработените лица да се стекнат со вештини за истражување на можностите за кариера, вештини за барање работа и планирање на сопствениот кариерен развој. Исто така, овие услуги треба да им помогнат да ги зајакнат вештините за планирање и управување со сопствената кариера, помош при изборот на занимање и при вработување, како дополнителна помош и поддршка на лицата при усогласувањето на потенцијалите на кандидатите за вработување (знаења, вештини и други карактеристики на личноста.) со реалните состојби и потреби на пазарот на трудот.

Услугата ќе се реализира во центрите за вработување преку следните активности:- Давање информации (индивидуално или групно со користење на

материјали во печатена или електронска форма) - Работилници за групно кариерно советување - Користење на алатки за самопомош кои треба да им помогнат на

корисниците да донесуваат одлуки и да стекнуваат вештини за управување со сопствениот кариерен развој

- Примена на алатки и техники за проценка (пр. Батеријатa на инструменти за професионална ориентација) за испитување на лични карактеристики кои се потребни за вработување и други техники кои ќе им овозможат на невработените лица да направат проценка и да ги осознаат сопствените капацитети за вработување и потреби од понатамошен развој.

- Индивидуално кариерно советување и изработка на кариерни планови и др.

Page 79: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Успешната реализација на оваа услуга ќе обезбеди зголемен интерес и учество на невработените лица кои ќе развијат вештини и способности за самопроценка и проценка на можностите за вработување, зголемена информираност на лицата, развој на вештини за планирање и реализација на активности за барање работа и планирање на сопствениот кариерен развој. Услугата треба да овозможи и мотивирање на лицата и развој на способности и вештини за успешно интегрирање на пазарот на трудот и вработување. Постигнатите резултати ќе се следат преку бројот на учесниците во активностите од оваа услуга и статусот на вработеност во периодот по добивањето на услугата.

Професионална ориентација и кариерно советување – МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

ЦелНевработените лица кои бараат работа, да се стекнат со вештини за истражување на можностите за кариера, вештини за барање работа и планирање на сопствениот кариерен развој

Опфат на корисници 540 невработени млади лица евидентирани во АВРМ

Потребни средства 181.440 денари

6.9 а) Услуги за активирање на поединците изложени на ризик од социјално исклучување

ЦелДа се зголеми пристапот и учеството на лицата изложени на ризик од социјално исклучување до услугите и програмите за вработување достапни во АВРМ

Опис

Преку активности на терен ќе бидат ангажирани, ментори и тренери во идентификување на невработени лица кои покажуваат интерес да се вклучат на пазарот на труд, нивно анимирање, мотивирање, промоција на можностите за вработување и дополнителна обука, вработување, самовработување, поддршка на кандидатите после вработувањето или регистрирањето на сопствен бизнис и следење на успешноста на кандидите

Опфат на корисници 1.000 невработени лица евидентирани во АВРМ кои

Page 80: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

се припадници на групи во ризик од социјално исклучување

Потребни средства 2.916.000 денари

Извори на средства1.692.000 Буџет на АВРМ активни програми и мерки за вработување кон УНДП1.224.000 Буџет на УНДП

Надлежна институција АВРМ, МТСП, УНДП, РИЦ

Услови и критериуми

Услугите ќе бидат насочени кон сите невработени Роми и лица под ризик од социјална исклученост. Невработените лица ќе имаат пристап до тимот на тренери и ментори, кои ќе бидат ангажирани во локалните заедници да ги мотивираат и редовно информираат за можностите за вработувања или за подобрување на професионалните капацитети, што се нудат во локалната заедница или преку националните програми и мерки за вработување.

Оваа услуга првенствено ќе се насочи кон корисниците на социјална помош, долгорочно невработените и другите групи кои се соочуваат со конкретни пречки за влез на пазарот на трудот, пред да се упатат во активните програми на пазарот на трудот.

Процесот на помош при барање на работа ќе се подобри преку новата алатка – Индивидуален план за вработување (ИПВ) за тешко вработливи лица/лица под ризик, развиена во соработка со Меѓународна организација на трудот (МОТ).

Истовремено, на невработените лица под ризик од социјално исклучување ќе им бидат идентификувани знаењата, квалификациите и вештините со кои располагаат и ќе бидат упатувани кон соодветните програми расположливи или преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот или другите можности за подобрување на квалификациите или комплетирање на образованието што се нудат преку системот на неформално образование. Програмата ќе спроведува индивидуален пристап во зависност од специфичните потреби на потенцијалните корисници.

Тренерите и менторите ќе бидат обучени и редовно информирани за можностите за вработувања или за подобрување на професионалните капацитети и тесно ќе соработуваат со одговорните лица во АВРМ-центри за вработување, ЦСР, РИЦ за добивање подетални информации.

Page 81: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

6.9 б) Услуги за активирање на млади невработени лица

ЦелДа се зголеми пристапот и учеството на младите невработени лица до услугите и програмите за вработување достапни во АВРМ

Опис

Преку планирате активности на терен, каде што главни фокусна инфо – точки се Младинските Инфо клубови лоцирани во 4 државни универзитети (Скопје, Тетово, Битола и Штип). Преку соодветен формат (според содржина, тон и стил), младите ќе ги добијат сите релевантни информации, ќе слушнат мотивирачки и практични примери од реални, вистински и успешни млади претприемачи, и на најнепосреден начин „прашав - одлучив“ ќе се запознаат со предизвиците со кои што ќе се соочат при барање на работа, или пак формирање на свој бизнис. Активно учество во оваа алатка ќе имаат и сојузите на работодавачи во секој посебен регион, како и мрежите на невладини организации активни во полето младинската невработеност.

Опфат на корисници 1.000 невработени млади лица евидентирани во АВРМ

Потребни средства 1.760.175 денариИзвори на средства 1.760.175 Буџет на АВРМ активни програми и

мерки за вработување кон УНДПНадлежна институција АВРМ, МТСП, УНДП и РИЦ

Услови и критериуми

Невработените лица ќе имаат пристап до тимот на Инфо клубовите, но и кон тим на 10тина докажани и искусни тренери и ментори, специјализирани за младинска невработеност. Тие би биле специјално селектирани и ангажирани во локалните заедници да ги мотивираат и редовно да ги запознаваат заинтересираните невработени лица за можностите за вработувања или за подобрување на професионалните капацитети достапни во локалната заедница или преку националните програми и мерки за вработување. Процесот на помош при барање на работа ќе се подобри преку новата алатка – Живи бизнис библиотеки каде што на младите лица ќе им бидат презентирани можностите и шансите што реално ги нудат работодавачите од секој регион. Замислени и планирани како серија на 4 регионални настани, т.н „живи бизнис библиотеки“ како пример за отворени збирки на колективни знаење и искуства, преку динамичен, жив и отворен начин младите лица ќе имаат можност да се запознаат и од се претстават пред одреден состав на компании кои реално имаат потреба од регрутирање на млада работна сила. http://www.pelanet.mk/bs/tekstovi.php?id=683Настаните ќе бидат следствено пласирани и „видео спакувани“ на сите социјални мрежи и ќе послушат како teaser најава за сите други активности.

Page 82: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Понатаму, тие со поддршка и под водство на менторите и тренерите ќе бидат упатувани кон соодветните програми расположливи или преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот или другите можности за подобрување на квалификациите или комплетирање на образованието што се нудат преку системот на неформално образование. Програмата ќе спроведува индивидуален пристап во зависност од специфичните потреби на потенцијалните корисници. Понатаму, ќе се формира и посебна “tracking” листа за следење и мониторирање на прогресот и моменталниот статус на секое заинтересирано лице.

6.10 Едукација за користење на он-лајн услугите на АВРМ

Цел Да се подобри пристапот и да се зајакне користењето на он-лајн услугите на АВРМ

Опис

Услугата ќе овозможи да се едуцираат корисниците на услугите на АВРМ кои вршат услуги за други клиенти, како подобро да го користат он-лине системот на АВРМ.Едукацијата ќе ја вршат вработени во АВРМ во соработка со претставници на Стопански комори, Организации на работодавачи и др.

Опфат на корисници 200 Потребни средства 900.000 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ Надлежна институција АВРМ

Услови и критериуми

Едукација за користење на он-лине услугите на АВРМ, ќе се реализира преку електронски медиумски настапи на вработени лица од АВРМ/центри за вработување на кои ќе се врши детално објаснување на лицата и правните субјекти за сите он-лајн услуги кои можат да ги добијат од АВРМ.

Он-лајн услугите, АВРМ ќе ги промовира во соработка со претставници од Стопанските комори, организации на работодавачи, преку директни посети, како и преку следните активности на центрите за вработување:

- Организирање на Форуми со работодавачи на кои детално ќе се опишат и појаснат можностите и поволностите од користењето на овие услуги.

- Групни средби со корисниците на услугите на АВРМ, со едукација и промоција на он-лајн услугите во центрите за вработување.

- Организирање на Инфо-средби со невработени лица во чија редовна програма ќе се вгради промоција и едукација за користењето на овој вид услуги.

Page 83: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

- Организирање на медиумски настапи на електронски медиуми, спотови, реклами и др. во врска со промоција и едукација за користење на овој вид услуги на АВРМ

- Организација на обуки за правни субјекти за користењето на овој вид услуги.

Очекувани ефекти од реализацијата на оваа услуга се зголемена свесност кај корисниците на услугите на АВРМ, за поволностите кои се обезбедуваат со користењето на он-лајн услугите. Исто така работодавачите, невработените лица и другите корисници ќе бидат подобро информирани и едуцирани за начинот на нивното користење со што ќе се зголеми и нивната мотивација за користење на истите. Ефектите ќе се следат преку бројот на спроведените промотивни и едукативни активности како и преку бројот на корисниците на он-лајн услугите на АВРМ.

Page 84: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

6.11 Саеми за вработување

Цел

Преку одржување на Саемите за вработување да им се овозможи на работодавачите обезбедување на работна сила согласно нивните потреби, како и да се создадат можности за успешно претставување на пазарот на трудот и вработување за невработените лица.

Опис

АВРМ ќе организира Саеми за вработување на кои работодавачите и невработените лица имаат можност да се претстават и да остварат контакти за да се создадат услови за вработување на невработените лица, односно да се олесни нивната интеграција на пазарот на трудот.

Опфат на корисници

Работодавачи, невработени лица, институции, провајдери на обуки, ученици и др.

Потребни средства 7.000.000 денариИзвори на средства Буџет на АВРМ - Потсметка за активни мерки за

вработувањеНадлежна институција АВРМ

Услови и критериуми

АВРМ во 2017 година ќе организира вкупно 7 Саеми за вработување во следните градови Скопје (2), Штип (1), Струмица (1), Кавадарци (1), Битола (1) и Тетово (1). За таа цел АВРМ ќе спроведе постапка за јавна набавка на услуги за oбезбедување на логистичка поддршка за реализација на Саеми за вработување надополнети со Форуми за работодавачи и Инфо средби со млади лица.

Организацијата на Саемите за вработување ќе им се овозможи на работодавачите обезбедување на квалитетна работна сила согласно нивните потреби. На Саемите ќе можат да учествуваат сите работодавачи кои ќе искажат интерес за учество. Во текот на Саемите, работодавачите ќе имаат можност на поставените штандови да ги презентираат својата дејност, производите, услугите и сите други аспекти од нивното работење пред сите присутни (невработени лица, други работодавачи, институции, провајдери на обука и сл.). Исто така работодавачите ќе имаа можност и да остварат контакти со голем број на невработени лица - потенцијални работници, да ги интервјуираат и да добијат нивни биографии (CV).

Во текот на овие организирани настани, невработените лица имаат можност да остварат директен контакт со работодавачите и да се запознаат со можностите за вработување или обука и практиканство, да се претстават пред работодавачите, да закажат интервју, остават работна биографија (CV) и мотивационо писмо. Ќе имаат можност и да добијат информации за побаруваните занимања и воопшто за состојбите на пазарот на трудот, како и да добијат информации за услугите и активните програми и мерки за вработување во кои можат да се вклучат преку АВРМ.

Една од можностите на Саемите е и преку директни контакти со компаниите, учениците од завршните одделенија од основните и средните училишта да се запознаат со различни занимања и со тоа да се влијае на нивно професионално ориентирање кон одредени занимања, преку примери на успешни бизниси.

Page 85: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Во рамките на овие саемски манифестации ќе бидат организирани и Форуми со работодавачи. На истите преку дискусии и примена на прашалници ќе се испитуваат мислењето на работодавачите за состојбите на пазарот на трудот, услугите и активните мерки кои ги добиваат од АВРМ, како и за проблемите со кои се соочуваат при обезбедувањето на работна сила и сл., со цел да се планираат активности со кои ќе се допринесе за нивно успешно надминување.

Како дел од активностите ќе бидат организирани и Инфо средби со млади невработени лица, на кои ќе добијат информации за активните мерки и услугите за вработување кои ги спроведува АВРМ и други информации. Исто така, ќе се мотивираат и ќе им се овозможи дополнителна поддршка во процесот на активно барање на работа.

Форумите за работодавачи и Инфо средбите за млади ќе бидат организирани покрај планираните во рамките на 7-те Саеми за вработување и во сите други градови во кои АВРМ има центри за вработување (вкупно 30).

Од реализацијата на Саемите за вработување се очекуваат долгорочни ефекти како што се зголемен интерес кај работодавачите за отварање на нови работни места, вклучување на поголем број работодавачи и невработени лица во активните програми и мерки за вработување и услуги за вработување и понатамошно зголемување на вработувањето на невработените лица. АВРМ преку директна комуникација со работодавачите ќе воспостави систем на континуирано следење на ефектите од спроведените активности (број на реализирани унтервјуа за вработување со невработени лица од учесниците на Саемите, број на планирани вработувања, број на вработени лица и др.)

Page 86: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

9. АНКЕТА ЗА ПОТРЕБА ОД ВЕШТИНИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Page 87: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

7. Анкета за потреба од вештини на пазарот на трудот

Цел

Цел на анкетата за потребa од вештини на пазарот на трудот е да се обезбедат одредени краткорочни показатели за очекувањата на работодавачите во однос на новите вработувања и потребите од вештини со кои треба да располагаат лицата, како истите би можеле да бидат конкурентни на пазарот на трудот.

Опис

Преку анкетирање на работодавачите од приватниот сектор ќе се обезбедат информации за нивните потреби од нови вработувања во наредните 6 до 12 месеци; потребите од занимања на планираните нови вработувања и потребите од вештини со кои треба да располагаат кандидатите за планираните нови вработувања

Опфат на корисници 3.000 работодавачи од приватниот сектор Потребни средства 500.000 денариИзвори на средства АВРМ – Потсметка за активни програми и мерки за

вработувањеНадлежна институција АВРМ

Услови и критериуми

Со анкетното истражување за потреба од вештини на пазарот на трудот треба да бидат опфатени најмалку 3000 работодавачи од приватниот сектор со 7 и повеќе вработени.

Анкетирањето ќе го спроведе истражувачка куќа избрана по пат на јавна набавка според методот на теренска и/или телефонска анкета, со прибирање на информации од работодавачите, врз основа на однапред подготвен прашалник.

Сознанијата добиени од анкетното истражување за анализа на потребите од вештини на пазарот на трудот, ќе се користат при креирање на активни програми и мерки за подготовката за вработување, кои имаат за цел подигање на вештините на невработените лица, заради зголемување на нивната конкуретност на пазарот на трудот и побрзо вработување.

Page 88: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

III. ПРОМОЦИЈА

Со цел да се обезбеди навремено информирање на работодавачите и невработените лица за услугите што ги испорачува АВРМ и центрите за вработување и транспарентност на процесите на сите активни програми и мерки од Оперативниот план, промотивните активности ќе се реализираат преку:

Медиуми, кои ќе бидат главни партнери во пласирањето на информации, афирмативни објави преку контактни емисии во најгледаните ТВ програми, најслушаните радио станици и најчитаните печатени изданија. Емисијата Пазар на труд, ќе продолжи да се реализира на државниот ТВ сервис.

Настани, што ќе овозможат директен контакт со целните групи и на тој начин ќе обезбедат пласирање на информациите „од прва рака – на право место“. За таа цел, според однапред дефиниран и одобрен работен план, ќе се организираат тематски настани на национално и локално ниво.

Продукција, што ќе се организира според однапред дефиниран план и истата ќе обезбеди различни печатени, дигитални или електронски производи, (веб-банери, онлајн реклами, телевизиски и радио-спот, контактни емисии, изданија на весници) и ќе опфатат користење на социјалните и пеер-мрежи (Фејсбук, ЛинкедИн и Твитер).

СМС и електронски пораки (Е-маил), ќе се користат континуирано за навремено информирање на невработените лица и работодавачите за услугите за вработување и активните програми и мерки за вработување.

Со цел обезбедување на навремено информирање на невработените лица и работодавачите, промотивните активности ќе се реализираат континуирано. Планирањето и управувањето на промотивните активности ќе бидат под надлежност на работната група во која има претставници од сите партнери во имплементацијата (МТСП, АВРМ, МОН, АППРМ, УНДП). Промотивните активности ќе се однесуваат на продолжување на спроведување на проектите “Форуми со работодавачи“, “Инфо средби со млади“, Саеми за вработување и сл.

Инфо-клубовите, отворени на Универзитетот Кирил и Методиј-Скопје, Државниот Универзитет-Тетово, Универзитетот Гоце Делчев-Штип и Климент Охридски Битола, ќе продолжат континуирано да ги информираат младите лица во завршните години од студирањето со можностите за вработување. Инфо клубот претставува „фокус точка“ за презентирање на можностите за практикантство, вработувања во бизнис секторот, остварување на инфо средби помеѓу претставници на бизнис заедницата и студените.

Преку редовно ажурирање на порталот на АВРМ www.avrm.gov.mkмобилната апликација www.PRV.mk (за Android OS) младите ќе бидат во постојан контакт со состојбите на пазарот на трудот, можностите за практикантство, прво работно искуство и стипендирање. Во насока на активно ажурирање на податоците од мобилната апликација, ќе се воспостави динамична врска помеѓу базата на податоци на АВРМ и мобилната апликација.

Page 89: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

IV. СЛЕДЕЊЕ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН

Следењето на спроведувањето на Оперативниот план има за цел да обезбеди навремени и точни информации за напредокот и постигнатите резултати.

За овие потреби ќе биде подготвена сеопфатен план за мониторинг заради мерење на постигнувањето на целите на програмата, нивниот придонес во создавањето на нови работни места, зголемувањето на вработливоста и интеграцијата на лицата во ризик од исклучување, како и на ефикасноста при користењето на ресурсите.

Следењето на Оперативниот план ќе се одвива на две нивоа:1. Секојдневното следењето на активностите од Оперативниот план

ќе го вршат центрите за вработување и Агенцијата за вработување, a за програмите организирани од партнерите во имплементацијата, следењето на активностите ќе го вршат центрите за вработување и централната служба на Агенцијата за вработување во координација со партнерот за имплементација.

2. АВРМ и партнерите за имплементација ќе доставуваат извештаи до Министерството за труд и социјална политика, на квартална основа. На крајот на годината ќе се изготви конечен извештај подготвен за секоја програма/мерка, услуга вклучувајќи и предлози за можни измени и подобрувања во следниот плански период.

Со цел да се обезбеди транспарентност на процесите, во клучните точки од имплементација на програмите и мерките за вработување, надлежните институции ќе вршат проверка на точноста на добиените податоци и информации од страна на кандидатите, вклучувајќи и посети за проверка на терен.

Со цел да се добијат навремени информации за тоа дали програмите и мерките за вработување се спроведуваат во согласност со предвидените цели и временската рамка на Оперативниот план, ќе бидат поставени јасни одредници за следење на напредокот во форма на цели, индикатори и одредена временска рамка- календар за имплементација на специфични активности. Со ова ќе се овозможи подготовка на навремени и систематизирани извештаи за сите важни аспекти и чекори во имплементација на програмите/мерките, услугите и исто така ќе се обезбедат информации за дистрибуција на учесниците во програмите според нивната возраст, пол, етничка припадност, образование итн.

За да се оцени квалитетот и ефикасноста на услугите обезбедени од страна на консултантите, работодавачите, спроведувачите на обуки, ќе се спроведат кратки истражувања и/или анкети на случајно избран примерок. Одговорните лица во центрите за вработување ќе организираат дискусии со фокус групи составени од кандидатите со цел да се добијат информации за задоволството односно незадоволството од добиените услуги.

Page 90: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

V. ФИНАНСИСКА РАМКАТабела 1: Вкупен буџет и опфат на лица со ОП 2017 година

  Услуги и активни програми на пазарот на труд

Бр. на опфатени лица

Потребни средства

1 Програма за самовработување 1496 424.272.5872 Субвенционирање на вработување 5877 248.249.4003 Обуки 5378 142.137.8384 Општинско-корисна работа 400 20.282.8505 Пилот програми 1130 26.935.2506 Услуги за вработување 26.200 31.534.9757 Анкета за потреба од вештини на пазарот

на трудот 0 500.000ВКУПНО (1-7) 40.481 893.912.900

8 Промоција на програми и мерки од ОП 2017 5.118.9009 Јавни соопштенија и огласи 500.00010 Исплата за обврски кон ОП 2016 22.000.00011 Исплата за обврски кон УНДП од ОП 2016 34.600.00012 Исплата на обврски кон МТСП 34.000.00013 Исплата кон ИПА трет директен грант 2.500.000

ВКУПНО (8-12) 98.718.900

  ВКУПНО 40.481 992.631.800

Табела 2: Извори на средства за спроведување програмитеИзвори на финансирање МКД

1 АВРМ – Потсметка за активни програми и мерки за вработување 150.608.300

2 АВРМ – Буџет 11.748.8003 АВРМ - Потсметка на Посебниот фонд за лицата со

инвалидност 158.644.650

4 АВРМ – (Потсметка за активни програми и мерки за вработување) исплатени кон УНДП 401.467.700

5 ИПА Директен грант кон АВРМ 79.390.0006 Буџет на УНДП 4.030.0007 Буџет на МТСП кон АВРМ (Светска Банка) 8.000.0008 Буџет на МОТ 2.463.0009 АВРМ - Потсметка на Посебниот фонд за лицата со

инвалидност кон УНДП 27.355.35010 АВРМ- Буџет кон УНДП 112.424.00011

АВРМ - Потсметка на Посебниот фонд за лицата со инвалидност кон МТСП 34.000.000

12

АВРМ- Потсметка за активни програми и мерки за вработување кон ИПА трет директен грант 2.500.000

Вкупно 992.631.80

Page 91: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

0

Page 92: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Табела 3. Програми, мерки и услуги за вработување и распределба на средстваОПФАТ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ПРЕКУ АКТИВНИ ПРОГРАМИ И МЕРКИ КАКО И УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Број на лица

Средства(денари)

1.1.1 Програма за самовработување 1150 315,719,7501.1.2 Старт-ап бизниси за млади 196 81,197,4871.2 Програма за самовработување на лицата со инвалидност 150 27,355,350

2.1 а) Поддршка на растот на микро, мали и средни претпријатија за создавање нови работни места 250 23,230,000

2.1 б) Поддршка на растот на микро, мали и средни претпријатија за создавање нови работни места за млади лица до 29 години

300 48,431,250

2.2 Програма за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик

21 8,000,000

2.3 Субвенционирано вработување невработени лица - Проект “Македонија вработува 2“ 5000 507,540,000

2.4 Субвенционирани работни места за лицата со инвалидност 261 158,644,6502.5 Финансиска и советодавна поддршка за раст на микро, мали и средни претпријатија и социјални претпријатија

45 9,943,500

3.1 Обука кај познат работодавач 88 2,503,9003.2 Обука на работното место со субвенционирано вработување 440 36,623,438

3.3 а) Обука за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот 260 16,072,000

3.3 б) Обука за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот 130 3,700,000

3.4 Обука за напредни ИТ-вештини 320 29,068,0003.5 Обука за возачи за Ц , Д и Е - категорија” 100 1,410,0003.6 Обука за стекнување на вештини од стари занаети 60 2,240,0003.7 Практикантство 1000 18,915,0003.8 а) Обука за основни вештини (странски јазици) 1000 6,000,0003.8 б) Обука за основни вештини (компјутери) 1000 5,000,0003.9 Обука за стекнување квалификации според моменталните потреби на пазарот на труд (сектор услуги и индустрија)

30 5,578,000

3.10 Обука и советување за претпремништво за млади до 29 950 17,527,5004. Програма за општинско-корисна работа 400 20,282,8505.1 Развој и имплементација на пилот програми за млади според локалните потреби 0 4,926,000

Page 93: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

5.2 Пилот-Обука за задоволување на локалните потреби од квалификувана работа сила 50 4,803,750

5.3 Пилот- Центар за стручна обука 30 3,685,5005.4 Поддршка за сосдавање нови работни места во граѓански организации 50 8,190,000

5.5 Организирање на јавни работи 1000 5,330,0006.1 Помош при барање работа 10000 3,360,0006.2 Обука за подготовка за вработување и вештини за барње работа 1400 8,610,000

6.3 Мотивациски обуки 8000 2,688,0006.4 Посредување при вработување 3000 1,008,0006.5 Услуги за работодавачите 5000 1,680,0006.6 Подготовка за вработување и за работа 3000 1,008,0006.7 Обука за животни вештини и мотивација 0 06.8 Професионална ориентација и кариерно советување 1800 604,800

6.9 а) Услуги за активирање на поединците изложени на ризик од социјално исклучување 1000 2,916,000

6.9 б) Услуги за активирање на млади невработени лица 1000 1,760,1756.10 Едукација за користење на он-лајн услугите на АВРМ 200 900,0006.11 Саеми за вработување 0 7,000,0007. Анкета за потреба од вештини на пазарот на трудот 3000 500,000

ВКУПНО: 40,481 896,412,900

*Во вкупната пресметка на износ на средства не се вклучени предвидените ослободувања од мерка 2.3 Проект „Македонија вработува 2“*Во вкупниот број на опфатени лица не се пресметуваат ставките бод број 6.3, 6.4, 6.10 и 7, бидејќи не се однесуваат на невработени лица туку на правни субјекти

Page 94: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

Табела 4. ОПФАТ НА МЛАДИ ЛИЦА ДО 29 ГОДИНИ - Програми, мерки и услуги за вработување и распределба на средстваОПФАТ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ПРЕКУ АКТИВНИ ПРОГРАМИ И МЕРКИ КАКО И УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Број на лица

Средства(денари)

1.1.1 Програма за самовработување 330 90.394.8371.1.2 Старт-ап бизниси за млади 196 81.197.4871.2 Програма за самовработување на лицата со инвалидност 45 8.206.6052.1 а) Поддршка на растот на микро, мали и средни претпријатија за создавање нови работни места 0 02.1 б) Поддршка на растот на микро, мали и средни претпријатија за создавање нови работни места за млади лица до 29 години

250 40.359.375

2.2 Програма за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик 15 4.718.0002.3 Субвенционирано вработување невработени лица - Проект “Македонија вработува 2“ 0 02.4 Субвенционирани работни места за лицата со инвалидност 0 02.5 Финансиска и советодавна поддршка за раст на микро, мали и средни претпријатија и социјални претпријатија 14 2.983.0503.1 Обука кај познат работодавач 29 821.8313.2 Обука на работното место со субвенционирано вработување 132 18.612.0003.3 а) Обука за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот 220 12.628.0003.3 б) Обука за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот

43 1.223.846

3.4 Обука за напредни ИТ-вештини 160 13.284.0003.5 Обука за возачи за Ц , Д и Е - категорија” 30 900.0003.6 Обука за стекнување на вештини од стари занаети 18 1.872.0003.7 Практикантство 1.000 18.915.0003.8 а) Обука за основни вештини (странски јазици) 300 1.800.0003.8 б) Обука за основни вештини (компјутери) 300 1.500.0003.9 Обука за стекнување квалификации според моменталните потреби на пазарот на труд (сектор услуги и индустрија)

9 1.673.400

3.10 Обука и советување за претпремништво за млади до 29 950 17.527.5004. Програма за општинско-корисна работа 120 6.084.8555.1 Развој и имплементација на пилот програми за млади според локалните потреби 0 0

5.2 Пилот-Обука за задоволување на локалните потреби од квалификувана работа сила 0 0

5.3 Пилот- Центар за стручна обука 30 3.685.5005.4 Поддршка за сосдавање нови работни места во граѓански организации 30 4.065.0755.5 Организирање на јавни работи 0 0

Page 95: PREDLOG ИНФОРМАЦИЈА - mtsp.gov.mk 2…  · Web viewТестери за квалитет на софтвер - ISTQB Тester - пакетот би вклучил 2 обуки

6.1 Помош при барање работа 3.000 1.008.0006.2 Обука за подготовка за вработување и вештини за барње работа 1.400 8.610.0006.3 Мотивациски обуки 2.400 806.4006.4 Посредување при вработување 0 06.5 Услуги за работодавачите 0 06.6 Подготовка за вработување и за работа 3.000 1.008.0006.7 Обука за животни вештини и мотивација 0 06.8 Професионална ориентација и кариерно советување 540 181.4406.9 а) Услуги за активирање на поединците изложени на ризик од социјално исклучување 0 0

6.9 б) Услуги за активирање на млади невработени лица 1.000 1.760.1756.10 Едукација за користење на он-лајн услугите на АВРМ 0 06.11 Саеми за вработување 0 07. Анкета за потреба од вештини на пазарот на трудот 0 0

ВКУПНО: 15.561 345.826.376

*Во вкупната пресметка на износ на средства не се вклучени предвидените ослободувања од мерка 2.3 Проект „Македонија вработува 2“*Во вкупниот број на опфатени лица не се пресметуваат ставките бод број 6.3, 6.4 и 6.10, бидејќи не се однесуваат на невработени лица туку на правни субјекти