proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на...

130
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЦЕНКА НА ОКРУЖУВАЊЕТО Скопје, декември 2012

Upload: others

Post on 06-Feb-2020

15 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЦЕНКА НА ОКРУЖУВАЊЕТО

Скопје, декември 2012

Page 2: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 3: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЦЕНКА НА ОКРУЖУВАЊЕТО

Скопје, 12.2012

Page 4: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

4

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Содржина • Вовед . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5

• Методологија . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7

• Временска рамка . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .11

• Клучни наоди од длабинските интервјуа . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .12

ДЕТАЛНИ ИЗВЕШТАИ ОД ДЛАБИНСКИТЕ ИНТЕРВЈУА . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15 • Вовед во длабинските интервјуа . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .15

• Длабински интервјуа со земјоделци . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .17

• Длабински интервјуа со роми . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .25

• Длабински интервјуа со лица корисници на социјална помош . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .28

• Длабински интервјуа со лица со посебни потреби. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .33

НАОДИ ОД ГРУПНИ ДИСКУСИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 39 • Вовед во групните дискусии . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .39

• Клучни наоди од групна дискусија – земјоделци . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .41

• Детален извештај од групната дискусија – земјоделци . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .43

• Клучни наоди од групна дискусија – роми . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .50

• Детален извештај од групна дискусија – роми . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .51

• Клучни наоди од групна дискусија – корисници на социјална помош . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .58

• Детален извештај од групна дискусија – корисници на социјална помош . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .59

• Клучни наоди од групна дискусија – лица со посебни потреби . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .65

• Детален извештај од групна дискусија – лица со посебни потреби . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .66

ДОДАТОЦИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 71• ДОДАТОК 1 – ТРАНСКРИПТ ОД ГРУПНИТЕ ДИСКУСИИ. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .71

• Транскрипт за групна дискусија со земјоделци. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .73

• Транскрипт за групна дискусија со роми . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .88

• Транскрипт за групна дискусија – корисници на социјална помош . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 102

• Транскрипт за групна дискусија – лица со посебни потреби . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 112

• ДОДАТОК 2 – ВОДИЧИ ЗА ГРУПНА ДИСКУСИЈА. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 126

• Водич за групна дискусија: земјоделци . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 127

• Водич за групна дискусија: роми . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 128

• Водич за групна дискусија: корисници на социјална помош. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 129

• Водич за групна дискусија: лица со посебни потреби . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 130

Page 5: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

5

ВоведВо периодот септември-октомври 2012 година беше спроведена проценка на ок-ружувањето која имаше за цел да ја измери свесноста кај различните групи на интерес за улогата на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Ма-кедонија (АКН), нејзините проекти и свесноста за други релевантни тела и инсти-туции, да го одреди ставот на групите на интерес за тековното попишување на земјиштето и маркирањето, да го одреди ставот на групите на интерес за потен-цијалните придобивки од имплементација на мерките и политиките на АКН како и да го одреди однесувањето на групите на интерес за користење на земјиштето и лизинг на земјиштето.

Врз основа на претходна анализа беа одредени 4 (четири) приоритетни групи на интерес:

1. Земјоделци2. Роми3. Социјални случаи4. Ранливи групи (самохрани родители, лица со посебни потреби1)

Консултантот разговараше со претставници на секоја од следните групи на инте-рес за теми кои директно или индиректно ги инволвираат овие граѓани, а се повр-зани со работата на Агенцијата за Катастар на недвижности.

За таа цел, за резултатите кои произлегоа од интервјуата, за секоја група на инте-рес е подготвен сумарен извештај како и детален извештај од кои се гледа во кои подрачја на услугата која ја обезбедува Агенцијата за Катастар на недвижности има потреба од унапредување.

1 Под лица со посебни потреби се подразбираат лица кои имаат оштетен вид, слух, телесно инвалидни лица, лица со попреченост во говор, стари лица со пречки во физичкиот и психичкиот развој што имаат тешкотии во социјалната интеграција и лица со комбинирани пречки во развојот.

Page 6: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 7: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

7

МетодологијаПроценката на окружувањето е направена врз основа на два квалитативни мето-да на собирање податоци:

1. Длабински интервјуа2. Групни дискусии

Слика 1: Опис на методологија

запознавање со општите проблеми на секоја група од страна на нејзини

претставници

Длабински интервјуа

Групни дискусии

утврдување на конкретни препреки и проблеми со кои се соочува групата

на интерес

сумарен преглед на заклучоците

добиени врз основа на интервјуата и

групните дискусии

Финални заклучоци

Длабинските интервјуа беа спроведени со претставници од здруженија и други организации кои ги застапуваат интересите на секоја група на интерес соодветно. Истите имаа за цел:

• Да го запознаат Консултантот со спецификите на секоја група на интерес,• Да го воведат Консултантот во релацијата што секоја група на интерес ја одр-

жува со Агенцијата за катастар на недвижности,• Да дадат општ преглед на досегашните искуства на граѓаните кои припаѓаат

на групата на интерес во односите со Агенцијата за катастар на недвижности.

За потребите на проценката на окружувањето беа спроведени вкупно 9 (девет) длабински интервјуа. Во рамки на овој извештај, се презентирани детални из-вештаи од спроведувањето на секое длабинско интервју соодветно.

Page 8: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

8

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Содржински, Консултантот разговараше со претставници со дел од долунаведени-те здруженија за спроведување на проценката на окружувањето:

РАНЛИВИ ГРУПИ

• Здружение на трудови инвалиди • Здружение на инвалиди

- Пријателство • Актив на жени инвалиди • Здружение на телесни инвалиди• Здружение на самохрани

мајки - Аурора• Здружение на самохрани

мајки - Изгрев• Здружение на слепи лица

ЗЕМЈОДЕЛЦИ

• Федерација на фармерите на РМ• Здружение на индивидуални

земјоделци• Здружение на производители

на еко храна

СОЦИЈАЛНИ СЛУЧАИ

• Центар за социјални иницијативи -Надеж

• Здружение за унапредување на семејното здружување и живеење -Топла прегратка

• Здружение за социјална - хумана иницијатива - Веста

РОМИ

• Национален Ромски Центар• Баирска светлина• ХДЗР Кхам• ХДЗР Месечина• ЦЗР Дром• АНЕР Ромска солза• Центар за демократски

развој и иницијатива• Здружение на правата на Ромите

Дополнително, за потврдување и унапредување на информациите добиени врз основа на индивидуалните длабински интервјуа, Консултантот спроведе и групни дискусии со претставници на секоја група на интерес соодветно. За разлика од длабинските интервјуа каде испитаниците не беше задолжително да поседуваат директно т.е. лично искуство со Агенцијата за катастар на недвижности, сите учес-ници во овие дискусии беше неопходно да имаат остварено личен контакт со вра-ботени во Агенцијата за катастар на недвижности.

Основна цел на групните дискусии беше:

• Да се потврдат и/или верификуваат информациите за односите помеѓу прет-ставници на групите на интерес и Агенцијата за катастар на недвижности доби-ени од длабинските интервјуа,

• Да се добијат нови сознанија за релациите кои граѓаните (припадници на оддел-на група на интерес) ги имаат со Агенцијата за катастар на недвижности.

За потребите на проценката на окружувањето беа спроведени дискусии со над 34 испитаници. Групните дискусии во просек траеја по 90 минути.

Во прилог е даден преглед на содржината на групната дискусија со секоја група

Page 9: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

9

на интерес:

Ранливи категории на

граѓани

• финансиски поволности за оваа категорија на граѓани при користење на услугите на Катастарот

• леснотија и брзи-на на прибирање на потребната документација за поднесување на апликација

• случаи на злоупо-треба на мерки-те/погодностите

• дискриминација во оствару-вање на имот-ните права

• пристапност на институциите

• начини на ин-формирање за лица со посеб-ни потреби

• начин на услужу-вање на граѓа-ни со посебни потреби (доколку има некакви погодности на пр: забрзана постап-ка, предност на шалтерите, посеб-ни шалтери и сл)

Социјални случаи

• финансиски поволно-сти за оваа категорија при добивање на документи за потврда на имотна состојба

• неинформи-раност за обврски и одговорности околу имот кој е добиен врз основа на статусот –со-цијален случај

• неинформи-раност за постапките за доделување на социјални станови

Земјоделци

• комплицираност на постапката за докажување на сопственоста над земјиште кое се користи, потребно за остварување на правото за суб-венции, а кое се уште не е препи-шано на име на земјоделецот

• неинформи-раност околу постапка за ко-ристење на др-жавно земјиште

• неинформи-раност околу постапка за користење на напуштено земјиште

• случаи на зло-употреба при доделување на државно или напуштено земјиште на користење

Роми

• неинформираност за промени, об-врски и одговорности околу регис-трација на имот и поседување на документи за сопственост на имот.

• неинформираност околу можностите, процедурите и подготовка на потреб-ните документи за негова регистрација.

• проблеми поврзани со непоседу-вање на лични документи и доку-менти за сопственост на имот.

• нејасна сопственост на имотот, прем-ногу лица кои делат ограничен имот.

• немање средства за прибирање и изработка на потребната докумен-тација за регистрација на имот.

• постапка во случај да не може да се регистрира имотот, односно да се добијат документи за сопстве-ност во неформалните населби

• проблеми со неурбанизирани насел-би, имоти на државно земјиште кои не влегуваат во градежен реон и не се уредени со детален урбанистички план на самите општини, без основ-на инфраструктура и достапност на услуги на државниот систем.

• појавување на нови населби како резултат на непостоење на програма за планско и сеопфатно решавање на домувањето (најчесто населување на маргиналните делови на градовите)

• проблеми кои се настануваат при немање на постојано живеалиште како: неможност да се регистрира-ат новородени деца, недостаток на образование и здравствена заштита.

Page 10: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

10

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Page 11: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

11

Временска рамкаКвалитативното истражување се спроведуваше во 4 фази:

1. Спроведување на длабински интервјуа2. Спроведување на групни дискусии3. Анализа на информациите и резултатите4. Пишување извештај за проценка на окружувањето.

Истражувањето започна во средината на месец септември и истото заврши во средината на месец ноември 2012 год.

Длабински интервјуа

2 недели

3 недели

2 недели

1 недела

Групни дискусии

Анализа на информациите и резултатите

Извештај за проценка на окружувањето

Page 12: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

12

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Клучни наоди од длабинските интервјуаПосле извршеното длабинско интервју со претставник на Федерацијата на фарме-ри на Македонија можеше да се заклучи дека процесот на добивање на државно земјиште и регулирањето на состојбите со напуштено и узурпирано земјиште е под надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопан-ство. Земјоделците се упатени во Катастарот само за регулирање на сопственос-та над земјиштето на кое вршат земјоделска дејност.

Корисниците на социјална помош бидејќи не располагаат со сопствен имот, во свое име ја користат исклучиво услугата имотен лист. Со неодамнешните рефор-ми, центрите за социјална работа по службена должност ќе ги обезбедуваат пода-тоците од Катастар, со што ќе биде решен еден од најголемите проблеми на овие корисници т.е. трошоците за вадење на потребните документи.

Според претставник на проектот во НРЦ, 90% од ромската заедница се соочу-ва со проблеми околу регулирање на имотното прашање. Најголем проблем кај оваа група е неинформираноста околу процедурите и потребните документи за регулирање на имотните права. Оваа група најчесто се обраќа кај свои пријатели и познаници кои претходно ја користеле истата услуга за да добие информации за потребните документи за поднесување на барање за користење на некоја од услугите на Катастарот. Овој начин на информирање многу често го користат и претставници од останатите три групи (земјоделци, лица со посебни потреби и корисници на социјална помош).

Во поглед на односот на вработените кон корисниците на услуги може да се забе-лежат и позитивни и негативни искуства. Речиси сите испитаници се согласуваат дека потребно е вработените да даваат подетално и поразбирливо објаснување околу потребните документи и процедурите во катастар.

Лицата со посебни потреби изразуваат незадоволство од необученоста на шал-терските работници за комуникација со лица со посебни потреби.

Перцепцијата за цените кои Катастарот ги наплаќа за своите услуги се разликува зависно од приходите и/или дејноста со која се занимаваат претставниците на различните групи. Со исклучок на земјоделците сите други групи на испитаници (Роми, корисници на социјална помош и лица со посебни потреби) истакнаа дека моментално цените се високи. Ова особено доаѓа до израз кај корисниците на социјална помош.

Единствена забелешка на работењето на Катастарот за која се согласуваат ре-чиси сите испитаници е проблемот со гужвите и редиците кои се создаваат пред шалтерите на Агенцијата за катастар на недвижности.

Организациите за заштита на правата на лицата со посебни потреби истакнаа дека во Катастарот недостигаат начини за олеснета комуникација со лицата со инвалидитет како што се: шалтери на ниво на канцелариско биро, обука на врабо-тените за комуникација со гестовен говор, документација и писмена комуникација испишана со брајева азбука разбирлива за слепите лица и слично.

Во однос на веб страницата на Катастарот искуствата се различни. Дел од испита-ниците слушнале за истата, но не ја посетиле бидејќи немаат интернет приклучок

Page 13: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

13

или немале потреба да ја посетат. Оние испитаници кои ја посетиле веб страница-та сметаат дека на истата може да се најдат корисни информации. Еден испитаник изјави дека веб страницата треба да се прилагоди за користење од страна на слепи лица преку поставување на содржини во аудио формат.

Page 14: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 15: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

15

ДЕТАЛНИ ИЗВЕШТАИ ОД ДЛАБИНСКИТЕ ИНТЕРВЈУАВовед во длабинските интервјуаВо рамките на истражувањето беа спроведени длабински интервјуа со претстав-ници од невладини организации кои работат на заштита на правата на секоја од четирите групи на граѓани (земјоделци, Роми, корисници на социјална помош и лица со посебни потреби) и со граѓани.

Целта на длабинските интервјуа спроведени со претставници од невладините ор-ганизации беше да се добијат информации околу клучните проблеми со кои се соочува секоја од четирите групи на граѓани при користење на услугите на Катас-тарот. Нивните тврдења потоа беа користени за формулирање на прашања за групните дискусии. Резултатите покажуваат дека учесниците во групните дискусии се согласуваат со претставниците од невладиниот сектор.

Од невладиниот сектор беа интервјуирани следните организации:

• Федерација на фармери на Република Македонија• Национален ромски центар, Куманово• Центар за социјални работи на град Скопје• Полио плус• Сојуз на слепи лица на град Скопје

Освен интервјуа со претставници од невладините организации беа спроведени ин-тервјуа и со граѓани кои припаѓаат на секоја од четирите групи. (земјоделци, Роми, корисници на социјална помош и лица со посебни потреби).

Page 16: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 17: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

17

Длабински интервјуа со земјоделциИспитаник: Марија Љушева - Ковачевиќ раководител на

проекти од Федерација на фармери на МакедонијаПериод на интервју: октомври 2012 год.

Федерацијата на фармери на Македонија е најголема-та невладина организација која веќе 10 години работи на унапредување на состојбите во земјоделството во Македонија. Федерацијата има свои претставништва во пет града низ државата: Скопје, Битола, Струмица, Кочани и Гостивар каде секојдневно претставниците остваруваат контакт со земјоделците со цел да ги ин-формираат, едуцираат и да им помогнат во користење на можностите за подобрување на своето производ-ство.

Проблемите со кои се соочуваат земјоделците во од-нос на користење на земјоделското земјиште се раз-новидни.

Во нашата држава има бројни случаи на напуштено земјоделско земјиште, односно случаи кога сопстве-ниците на земјиштето се преселени надвор од држа-вата или пак сопственоста на земјиштето се уште не е судски решена па оттука ниеден од косопствениците не го користат конкретното земјиште со години. Регис-трацијата на овие парцели на земјиште останува нере-шена се до моментот додека некој од сопствениците по сопствена иницијатива или на повик на институции-те не започне процес на регистрација. Вообичаено, ре-шавањето на вакви слични случаи трае долг времен-ски период.

Проблемот со напуштено земјоделско земјиште по-влекува нови состојби – проблем со узурпирање на напуштените парцели. Многупати земјоделците ко-ристат туѓо земјиште без согласност на сопственикот на земјиштето или само со негова усна согласност, од-носно без соодветен официјален документ за право за користење на земјиштето. Во вакви случаи земјоде-лецот го користи земјиштето, но не може да користи субвенции за производството остварено на истото земјиште. Доколку земјоделецот сака да користи суб-венции ќе мора да обезбеди документ со кој го докажу-ва правото за користење на земјиштето: купопрода-жен договор или договор за изнајмување. Во случаи кога сопственикот на земјоделското земјиште не сака

Page 18: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

18

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

да го отстапи земјиштето на користење на друго лице, туку ќе одлучи самиот да го користи, тогаш земјоделе-цот кој бесправно го користел земјиштето мора истото да го отстапи. Доколку земјоделецот одгледувал ед-ногодишни култури на узурпираното земјиште, тогаш отстапувањето на истото се решава релативно брзо и лесно на барање на една од инволвираните страни. Но ситуацијата е далеку покомплицирана во случаи кога земјоделецот одгледувал повеќегодишни насади на узурпираното земјиште, насади чиј век на траење е 10 или 15 години. Тогаш се јавува ситуација каде земјиштето има еден сопственик, а насадите се на друг сопственик. Се разбира дека институциите имаат ме-ханизам со кој се справуваат со вакви случаи, но тоа е исклучително комплициран процес и исходот зависи од секоја конкретна ситуација.

Државата располага со одредена површина на земјо-делско земјиште кое е во државна сопственост и кое во ниеден момент не смее да биде предмет на продаж-ба без разлика за колкава површина станува збор. Ова земјиште им се изнајмува на земјоделците за корис-тење на одреден период. Министерството за земјодел-ство, шумарство и водостопанство преку своите одде-ленија за земјишна политика објавува јавен оглас за изнајмување на државно земјиште во одреден регион на земјата. Со јавниот оглас се повикуваат сите заинте-ресирани земјоделци од тој регион своите понуди да ги поднесат до Министерството во одреден рок. Изборот на земјоделците кои ќе го добијат државното земјиште под наем зависи од многу фактори, но најзначаен е из-држаноста на планот за користење на земјиштето кој ќе го понуди земјоделецот. За да добијат под наем др-жавно земјиште земјоделците треба да дадат детална програма односно план за користење на земјиштето кој би опфатил податоци за видот на културите кои ќе бидат засадени на парцелата, очекуван принос по хектар, планиран пласман на производството и слич-ни показатели на издржаноста на планот. Една од нај-новите мерки на Министерството е дел од државното земјиште да се додели на плодоуживање на семејства корисници на социјална помош кои живеат во близина на државното земјиште кое е предмет на понуда. Пе-риодот на плодоуживање зависи од повеќе фактори и може да се движи од 5-30 години.

Земјоделците за користење на субвенции од Минис-терството за земјоделство, шумарство и водостопан-ство мора да поднесат документ со кој ја докажуваат сопственоста на земјиштето на кое ќе биде вршена земјоделската дејност. Тука вообичаено се јавуваат

Page 19: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

19

два проблема: проблем на нерешени имотни односи на пример кога во едно семејство таткото е сопстве-ник на земјиштето, а синот корисник на субвенциите и случаи кога земјиштето е изнајмено, но за тоа не постои официјална документација.

Како решение на првиот проблем, нерешени имотни односи, Министерството донесе одлука да прифати изјава од родителот за отстапување на земјоделското земјиште на користење на синот, заверена на нотар, како валиден документ со кој се докажува правото на користење на земјиштето на кое се врши земјоделска дејност.

Во однос на вториот случај, земјоделците корисници на изнајмено земјоделското земјиште без официјален документ со кој се докажува користењето на земјиште-то под наем, не можат да користат субвенции за ост-вареното производство. Во вакви случаи неретко сопственикот на земјиштето се јавува како корисник на субвенции без разлика што реално тоа не е негово производство.

Новост во земјишната политика на државата е воведу-вањето на регистарот ЛПИС (Land Parcel Identification System: систем за идентификација на земјишни парце-ли) во кој сите земјоделци ги пријавуваат своите пар-цели и видот на земјоделско производство кое го ост-варуваат на истите. Овој регистар понатаму се очекува да ги олесни постапките за користење на субвенции од страна на земјоделците во иднина, но пред сè и да слу-жи како база на податоци за донесување на одлуки за земјоделската политика во земјата.

Покрај во Министерството за земјоделство, шумар-ство и водостопанство под чија надлежност е упра-вувањето со земјишната политика и процесот на суб-венционирање на земјоделското производство во земјава, за добивање на документ за сопственост на земјоделското земјиште земјоделците се упатуваат во Агенцијата за катастар на недвижности. Доаѓањето до имотен лист за земјиште е постапка со која земјоделе-цот го докажува своето имотно право врз основа на соодветни документи. Постапката за докажување на имотното право над одредено земјиште зависи од се-кој поединечен случај, но одлуката на Министерството за земјоделство да прифати изјава за отстапување на земјоделско земјиште на користење заверена на но-тар како официјален документ за доделување на пра-во на користење на субвенции значително ја намали потребата земјоделците да ги користат услугите на ка-тастарот за користење на услугата имотен лист.

Page 20: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

20

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

„Досега немаме реакции од нашите членки во од-нос на користењето на услугите на Катастарот”, вели испитаникот.

Испитаник: Никола Трајковски, земјоделец од село ОризариПериод на интервјуто: октомври, 2012 год.

Испитаникот Никола Трајковски е земјоделец кој од-гледува крупен добиток - крави. Трајковски за своето производство користи субвенции и според него бројот на документи потребен за аплицирање на субвенции е прилично голем.

Трајковски досега ги користел услугите на Катастарот повеќе пати за вадење на имотен лист потребен за комплетирање на документацијата за субвенции.

Последен пат Трајковски бил во Катастарот пред една година токму за таа намена – да извади имотен лист за да аплицира за субвенции. Според Трајковски, од неодамна Министерството за земјоделство одлучило да прифаќа стари имотни листови при аплицирање за субвенции што го олеснило целиот процес на пријаву-вање.

„Рокот за аплицирање за субвенции за кравите изми-нува сега за неколку дена, до крајот на месецот. Оваа година Министерството одлучи да ги прифати стари-те - ланските имотни листови што е големо олесну-вање зошто немав потреба да одам во катастар, да плаќам, да чекам ред.”

Според Трајковски најбитно е што на овој начин тој ги избегнува долгите редици во Катастарот, чекањето, гужвите, турканиците, нервозите. Тој истакнува дека висината на цената и потребните документи за да се добие имотен лист воопшто не се проблем, но гужвата што се создава во Катастарот непосредно пред исте-кување на рокот за субвенции е „чисто малтретирање и губење време”.

„За имотен лист плаќавме по 250 денари, тоа не е ни малку ни многу, но кога ќе се сетам како поминав минатиот пат, цел ден окапав во Катастарот, гужви, народ, сите се нервозни, сите се брзаат, сите се оби-дуваат некако преку ред со пријатели со познати да завршат работа, ми се крева косата. Ова што Минис-терството реши да ги прифати старите имотни листо-ви за мене е спас од малтретирање и губење време.”

Во однос на љубезноста на вработените и нивната ус-лужливост, Трајковски смета дека вработените во Ка-тастарот не се љубезни ниту пак услужливи. Според

„Оваа гОдина МиниСтеРСтвОтО Одлучи да ги пРифати СтаРите - ланСКите иМОтни лиСтОви штО е гОлеМО ОлеСнување“

Page 21: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

21

„на веб СтРаницата Се дОСтапни КОРиСни инфОРМации пРед Сè ОКОлу пОСтапКата За КОРиСтење на СеКОја Од уСлугите на КатаСтаРОт“

„пОСтапКата За дОбивање на иМОтен лиСт е пРиличнО еднОСтавна“

„пРОцеСОт на пРибиРање на дОКуМентите пОтРебни За аплициРање За КОРиСтење на Субвенции За ЗеМјОделСКО пРОиЗвОдСтвО е пРиличнО дОлг“

него тоа се должи на факот дека тие се принудени да работат во услови на големи гужви и да бидат во кон-такт со нервозни клиенти.

„Од една страна не е лесно да се работи со луѓе особе-но кога има гужви и нервози, но од друга страна пак, работа на вработените во Катастарот е на секој еден да му пријдат човечки, културно и да направат што можат за да му завршат работа на клиентот. Според мене нема оправдување за арогантните вработени, тие за својата работа си земаат плата.”

Трајковски во неколку прилики ја посетил веб страни-цата на Катастарот каде нашол информации за постап-ката за добивање на имотен лист. Според него на веб страницата се достапни корисни информации пред сè околу постапката за користење на секоја од услугите на Катастарот. Трајковски смета дека веб страницата е најсигурен извор на точни информации околу работа-та на катастарот.

Според Трајковски постапката за добивање на имотен лист е прилично едноставна. Тој е задоволен од брзи-ната и леснотијата со која се добива имотниот лист, но нагласува дека катастарот мора да поведе сметка за да воспостави подобра организација на работата со која би се избегнале гужви и турканици пред шалтер.

Испитаник: Томислав Блажовски, земјоделец од село КадиноПериод на интервјуто: октомври, 2012 год.

Испитаникот Томислав Блажовски е земјоделец кој од-гледува пченица и градинарски култури. Земјоделската површина е се уште во сопственост на неговиот ро-дител, иако Томислав ја користи за сопствено произ-водство на пченица и за истото е корисник на субвен-ции од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според Томислав, процесот на при-бирање на документите потребни за аплицирање за користење на субвенции за земјоделско производство е прилично долг, но нагласува дека во последната го-дина Министерството прави напори истиот да го олес-ни. Една од новините на Министерството е можноста само преку изјава заверена на нотар родителот да го отстапи својот имот на синот за користење. Според Блажовски оваа новина од Министерството значител-но ја олеснува постапката за користење на субвенции за сопственото земјоделско производство. Блажовски нагласува дека до пред воведувањето на оваа нови-на, докажувањето на сопственоста била проблем при аплицирање за субвенции.

Page 22: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

22

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Имотниот лист е единствен документ кој се обезбеду-ва од Катастарот при прибирање на потребната доку-ментација за субвенции.

Во однос на своето последно искуство во Катастарот, Блажовски изјави дека добивањето на имотен лист се завршило брзо и без никаков проблем.

„имав слушнато за различни искуства на пријатели, но кога отидов успеав да завршам работа истиот ден, без никаков проблем.”

Информациите околу тоа што сè е потребно за доби-вање на имотен лист Блажовски најчесто ги добива преку познаници. Тој истакна дека немал потреба да ги користи телефонските броеви на Катастарот, ниту пак да се обрати директно во Катастарот за да добие информација. Блажовски слушнал за веб страницата на Катастарот, но досега немал потреба да ја отвори. Кога има потреба од вадење документи во Катастар, контактира свои пријатели за кои има сознанија дека претходно поминале низ истиот процес.

„не ми е прв пат да вадам имотен лист од Катаста-рот, во главно знам што е потребно пред да одам на шалтер, но за секој случај се слушам со пријатели кои завршиле работа пред мене за да проверам да не има некоја новина, некоја измена.”

Единствена забелешка која ја има Блажовски во однос на своето искуство со Катастарот е тоа што секогаш има гужва пред шалтерите. Тој го извадил имотниот лист во просториите на главниот Катастар каде чекал повеќе од еден час за да дојде на ред. Според Блажов-ски ваквите гужви се карактеристични за скоро сите државни институции па оттука не бил изненаден, но очекува во иднина катастарот да изнајде начин да ги намали редиците пред шалтер.

Во поглед на љубезноста и услужливоста на вработе-ните во Катастарот, Блажовски истакнува дека нема замерки. Според него вработениот службеник на шал-тер учтиво го сослушал, ги примил документите и за неколку минути му го издал имотниот лист. Во досе-гашните контакти со Катастарот Блажовски немал ни едно лошо искуство со шалтерските работници што според него се должи на фактот дека секој пат кога се обраќа на шалтер веќе ја има комплетирано потребна-та документација.

„не гледам каде би имало проблем. За имотен лист не е потребна некоја обемна документација, само барање и уплатница. не се работи на пример за не-кој комплициран случај на поделба на имот и слично

„иМав СлушнатО За РаЗлични иСКуСтва на пРијатели, нО КОга ОтидОв уСпеав да ЗавРшаМ РабОта иСтиОт ден, беЗ ниКаКОв пРОблеМ.”

„вО главнО ЗнаМ штО е пОтРебнО пРед да ОдаМ на шалтеР, нО За СеКОј Случај Се СлушаМ СО пРијатели КОи ЗавРшиле РабОта пРед Мене“

Page 23: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

23

па да има вработениот што да ти најде замерка, да те врати за некој документ или слично. ако одиш на шалтер со спремни документи нема зошто да дојде до непријатни ситуации.”

Во однос на цените кои ги наплаќа Катастарот за своите услуги Блажовски смета дека истите се во ред, односно дека цената за добивање на имотен лист е прифатлива споредено со цените кои другите државни институции ги наплаќаат за издавање на документи.

„Сметам дека цените се во ред. ако споредиме со це-ните кои другите државни институции ги наплаќаат за своите услуги, цената на имотниот лист воопшто не е висока. не знам како е за другите документи кои ги издава Катастарот, но за имотен лист сметам дека цената не е висока.”

„цената За дОбивање на иМОтен лиСт е пРифатлива“

Page 24: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 25: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

25

Длабински интервјуа со РомиИспитаник: Катерина Шојиќ, асистент во проектниот

тим за проектот за легализација во НРЦ (Националниот Ромски Центар)

Период на интервјуто: октомври, 2012 год.

Катерина Шојиќ, правник по професија, е дел од про-ектот за легализација кој го спроведува Националниот Ромски Центар од Куманово.

Поради природата на проектот кој опфаќа теми кои се поврзани со Катастарот, оваа организација беше избрана за да даде сумарен приказ на ситуацијата и проблемите со кои се соочуваат Ромите во однос на прашањата поврзани со имотот и катастарот.

Целта на овој проект е зголемување на процентот на легализирани домови во Република Македонија, со ак-цент на ромски домови во 6 општини во Р.М, преку правна, административна, финансиска и техничка под-дршка за процесот. Во моментов со овој проект се оп-фатени околу 1.600 случаи на ниво на Р. Македонија.

Според испитаникот, ромската заедница во Македо-нија се соочува со голем број на проблеми околу регу-лирање на имотното прашање.

Пред сè, неинформираноста на оваа категорија граѓа-ни е многу голема. Иако државата спроведува бројни кампањи за информирање на граѓаните околу нивните обврски, оваа заедница е многу затворена и информа-циите до неа не допираат преку масивните медиуми. Испитаникот смета дека најдобар начин за контакти-рање и информирање на оваа група граѓани е преку теренски пристап со лични средби „од врата до врата”, што тие го одбрале како начин за нивно информирање за потребите на проектот кој го спроведуваат, бидејќи како невладина организација имаат полесен пристап во нивната средина.

Кај одреден дел од ромската популација недостигаат основни документи за идентификација што пак е пре-дуслов за понатамошно регистрирање на имотот. Не-кои од нив воопшто немаат државјанство како правна врска помеѓу државата и индивидуата, што понатаму значи немање на документи за лична идентификација. Сето тоа создава тешкотии при регулирање на доку-ментите за имот како доказ за сопственост.

„неинфОРМиРанОСта на Оваа КатегОРија гРаѓани е МнОгу гОлеМа“

„Кај ОдРеден дел Од РОМСКата пОпулација недОСтигаат ОСнОвни дОКуМенти За идентифиКација“

Page 26: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

26

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Бидејќи се работи за население со низок степен на об-разование, постапките кои се потребни за регистрација на имот се многу сложени и истите тешко можат да ги исполнат без помош од трета страна. Самите постап-ки, излагање на имот, утврдување на потеклото, потоа изработка на елаборат од приватна геодетска фирма чини многу пари. Според испитаникот, само изработка-та на елаборатот чини 5.000 - 8.000 денари, а целата постапка на крајот достигнува цена околу 12.000 де-нари. Г-ѓа Шојиќ смета дека иако цените за услугите од Катастарот се значително намалени, сепак бидејќи се работи за население со пониски приходи дури и таа сума претставува значителен трошок за нив.

Според испитаникот, многу луѓе не ни знаат да си ја идентификуваат катастарската парцела, што според неа е основата од која почнува процесот. Затоа што таква идентификација Катастарот не прави, корисни-кот треба да оди кај овластени геодетски фирми што дополнително ги зголемува трошоците на постапката.

Во добар дел од случаите кај Ромите постои неутврде-на сопственост. Дури и да имаат договори за купопро-дажба на имотот тие судски не се заверени, што исто така создава дополнителни проблеми.

Ромските населби во најголем дел се изградени на земјиште кое не е дел од градежните урбанистички планови при што дел ќе имаат можност да бидат лега-лизирани а дел не. Кај ромската популација во 90% се работи за дивоградби или нерасчистени имотно прав-ни односи што создава голем број на проблеми кои се таложеле со текот на многу години.

Во однос на услугите од Катастарот, испитаникот сме-та дека Катастарот како институција е отворен, дека постои соработка и дека регуларно се одвиваат про-цедурите. Подетално, проблемот на ромската заедни-ца како посебна група е тоа што истите не можат во-општо да ги приберат сите документи за да ја почнат постапката. Според корисникот тоа се иницијативи кои чинат многу; во просек за решавање на еден случај се потребни 500 евра, а со оглед на фактот дека самите случаи се сложени, потребно е многу време додека се изготват сите потребни документи.

„МнОгу луѓе не ни Знаат да Си ја идентифиКуваат КатаСтаРСКата паРцела“

„вО дОбаР дел Од Случаите Кај РОМите пОСтОи неутвРдена СОпСтвенОСт“

КатаСтаРОт КаКО инСтитуција е ОтвОРен, деКа пОСтОи СОРабОтКа и деКа РегулаРнО Се Одвиваат пРОцедуРите

Page 27: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 28: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

28

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Длабински интервјуа со лица корисници на социјална помошИспитаник: Биљана Невчева, поранешен

раководител на одделението за социјални работи во општина Бутел

Период на интервјуто: октомври, 2012 год.

Испитаникот е социјален работник, поранешен раково-дител на одделението за социјални работи во општина Бутел. Со испитаникот беше разговарано за:

• процедурите во однос на стекнување на правото за користење на социјална помош,

• потребни документи за стекнување на правото за користење на социјална помош кои се обезбедува-ат од Агенцијата за катастар на недвижности,

• согледувања на испитаникот околу можните про-блеми и тешкотии со кои се соочува оваа група на граѓани.

Во однос на остварување на правото на социјална помош, граѓанинот за да биде корисник на социјална помош не смее да поседува друг имот освен оној во којшто живее. Доколку поседува друг имот согласно класификацијата на имоти од кој што може да оства-рува приходи, тогаш државата смета дека не треба да биде на нејзин товар туку може самиот да се издржува.

Имотот кој што го поседуваат корисниците на социјал-на помош мора да гласи на нивно име за што до Цен-тарот за социјални работи и подрачните одделенија треба да достават доказ од Катастарот.

Еднаш годишно корисниците на социјална помош има-ат должност покрај другите документи да достават и уверение за поседување на имот, доколку поседуваат имот, потоа за истиот треба да достават и имотен лист.

Според испитаникот, еден од најголемите проблеми на корисниците на социјална помош во однос на ова пра-шање се финансиските трошоци за набавување и дос-тавување на овие документи. Истите имале обврска да ги извадат од општинскиот Катастар и изнесувале 150 денари, што паѓало на товар на корисниците. Со об-новата на документите за социјална помош која беше спроведувана неодамна, од корисниците било побара-но да достават документи за поседување на имот на ниво на Републиката што чинело 450 денари по лице.

„еден Од најгОлеМите пРОблеМи на КОРиСниците на СОцијална пОМОш Се финанСиСКите тРОшОци“

Page 29: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

29

Овој финансиски надоместок од страна на социјалните случаи бил перципиран како висок трошок и како товар кој истите не можат да си го дозволат.

Меѓутоа по иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, овие финансиски издатоци за ко-рисниците на социјална помош се укинати, а воспоста-вена е директна врска помеѓу Катастарот и центрите за социјални работи. Со направените измени, соф-тверски се поврзани овие институции и повеќе нема потреба од доставување на документи на хартија од страна на корисниците. Кога треба да се провери дали некој корисник поседува имот, социјалните работници директно се поврзуваат со Катастарот и преку матич-ниот број на корисникот проверуваат каква е неговата имотна состојба.

Оваа измена многу им ја олеснува работата како на ко-рисниците на социјална помош, така и на вработените во центрите за социјална работа.

Испитаник: Весна Ристеска, корисник на социјална помошПериод на интервјуто: октомври, 2012 год.

Испитаникот Весна Ристеска е корисник на социјална помош од општина Кисела Вода и веќе четири години прима социјална помош.

Испитаникот досега имал неколку-кратен контакт со Катастарот, кој се сведувал на обврската за издавање потврда за поседување на имот на име на испитаникот кој е дел од документацијата која сите корисници на социјална помош ја поднесуваат еднаш годишно.

Во однос на користењето на други услуги од Катаста-рот, испитаникот одговори дека не поседува имот, но има поднесувано документи за имот од својот татко, за кој се води судски спор.

Дел од случаите кои примаат социјална помош, не се доволно информирани на кој начин реформите ќе се одразат на нивниот однос и фреквенцијата на посета на Агенцијата за катастар на недвижности. Испитани-кот го посетува Катастарот секоја година за да извади потврда за поседување на имот на свое име, вооби-чаено во текот на месец ноември, кога трае обновата на документи за корисниците на социјална помош. Но, оваа година поради фактот што Катастарот и центри-те за социјална работа се „компјутерски поврзани”, ко-рисникот не е сигурен дали ќе биде потребно повторно да извади документи од Катастарот.

За процедурата во Катастарот за вадење на овој до-

„пО иницијатива на МиниСтеРСтвОтО За тРуд и СОцијална пОлитиКа, Овие финанСиСКи иЗдатОци За КОРиСниците на СОцијална пОМОш Се уКинати“

„дел Од Случаите КОи пРиМаат СОцијална пОМОш, не Се дОвОлнО инфОРМиРани“

Page 30: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

30

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

кумент, испитаникот смета дека е доста едноставна, брзо се завршува работа, за разлика од претходно каде за истиот документ се чекало и до 15 дена, сега се завршува за еден ден.

„Си земаш бројче, застануваш со име презиме и ти завршуваат работа”

Во случај кога се вади потврда од генералната дирек-ција на Катастарот во Автокоманда, времето на че-кање, според испитаникот, е подолго.

Во однос на информираноста и јасната поставеност на информациите, испитаникот изјави дека во минатото кога за прв пат го има посетено Катастарот, секоја од услугите на Катастарот можела да се добие на било кој од шалтерите, додека сега јасно се поставени сите информации и на секој шалтер си има забележано која услуга се добива на тој шалтер и н а тој начин корисни-кот е полесно упатен и знае на кој шалтер треба да се обрати за конкретната услуга.

За вработените испитаникот изјави дека се љубезни и услужливи. Во минатото им се случувало да одбијат да ги услужат корисниците, или со зборови на испитани-кот „да ги шкартираат”, меѓутоа сега истите работат многу попрофесионално и им објаснуваат на корисни-ците се што им е потребно.

Испитаникот е генерално задоволен од услугата која ја добива во Катастарот; смета дека сега институција-та работи многу подобро, корисниците многу побрзо завршуваат работа што укажува на зголемување на ефикасноста на работењето на Катастарот. Досега испитаникот немал никаков проблем при користење на услугите на катастарот.

Единствена забелешка што испитаникот ја наведува во однос на Катастарот е наплатата на потврдите што тие како корисници на социјална помош ја вадат. Минатата година испитаникот морал да плати 500 денари за да извади потврда од Катастарот на републичко ниво за да докаже дека не поседува имот. Според испитани-кот оваа сума е преголема за корисник на социјална помош, особено што некаде се случува да во некое се-мејство има по неколку члена и за секој од нив треба да се извади потврда што на крајот ќе чини исто колку и социјалната помош што корисниците ја добиваат.

„тоа не им чинеше од Катастар лани што ни бараа по 500 денари. некој има четворица што живеат за-едно; за сите заедно да извади документи треба да даде 2000 денари а социјалната помош колку е?”

Во контекст на својата критика за цената, испитаникот

„вО Случај КОга Се вади пОтвРда Од генеРалната диРеКција на КатаСтаРОт вО автОКОМанда, вРеМетО на чеКање е пОдОлгО“

„вРабОтените Се љубеЗни и уСлужливи“

Page 31: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

31

дава предлог корисниците на социјална помош да би-дат ослободени од вакви давачки.

„Не треба да плаќаат лица кои се водат како социјални случаи. пензионерите ги ослободуваат од автобус, а нас социјалците ако не фатат нè казнуваат”.

Испитаникот не ја користи веб страницата на Катаста-рот поради тоа што не поседува компјутер.

не тРеба да плаќаат лица КОи Се вОдат КаКО СОцијални Случаи

Page 32: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 33: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

33

Длабински интервјуа со лица со посебни потребиИспитаник: Ѕвонко Шавревски, претседател на Полио

плус и Елена Кочовска, програмски раководител од здружението Полио плус

Период на интервјуто: октомври, 2012 год.

Полио плус е невладина организација која работи на унапредување на правата и можностите на лицата со посебни потреби во Македонија. Организацијата се-којдневно контактира со своите членки обидувајќи се во соработка со институциите да изнајде решенија со кои ќе се олесни животот на лицата со посебни потре-би и пред сè ќе обезбеди инклузија на истите во сите полиња на функционирање на општеството.

Од Полио плус изјавуваат дека лицата со посебни по-треби се информираат за постапката за користење на некоја од услугите на Катастарот или за потребните документи пред аплицирање за конкретна услуга на ист начин како и сите други граѓани: преку пријатели и роднини кои веќе ја користеле таа услуга од Катаста-рот или директно во канцелариите на Катастарот. Спо-ред нив, оваа ситуација е проблематична за лицата со посебни потреби бидејќи дел од нив имаат тешкотии со физичкото движење до канцелариите на Катастарот, а друг дел како што се лицата со оштетен слух и говор, имаат тешкотија при комуницирање со вработените во Катастарот. Затоа според нив потребно е постоење на телефонска линија и шалтер за информации каде ли-цата со посебни потреби би можеле без проблем да се обратат за се што ги интересира околу работата на Катастарот. Тие нагласуваат дека особено е значајно дел од вработените во Катастарот да бидат обучени за комуницирање со лица со посебни потреби.

Еден од проблемите со кои се соочуваат лицата со по-себни потреби е отежнатото користење на услугите во речиси сите државни институции. Имено, сè започнува со физичкиот пристап на лицата до посебни потреби до институциите. Повеќето институции, вклучувајќи ја и Агенцијата за катастар на недвижности не обезбеду-ваат соодветни просторни услови за да им овозможат на лицата со посебни потреби самостојно да ги корис-тат нивните услуги.

Главни забелешки на членките на здружението во од-нос условите за користење на услугите на институции-те:

„лицата СО Оштетен Слух и гОвОР, иМаат тешКОтија пРи КОМунициРање СО вРабОтените вО КатаСтаРОт“

„еден Од пРОблеМите СО КОи Се СООчуваат лицата СО пОСебни пОтРеби е ОтежнатОтО КОРиСтење на уСлугите вО РечиСи Сите дРжавни инСтитуции“

„пОвеќетО инСтитуции, вКлучувајќи ја и агенцијата За КатаСтаР на недвижнОСти не ОбеЗбедуваат СООдветни пРОСтОРни уСлОви За да иМ ОвОЗМОжат на лицата СО пОСебни пОтРеби СаМОСтОјнО да ги КОРиСтат нивните уСлуги“

Page 34: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

34

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

• Непостоење на шалтери на ниво на канцелариско биро на кое лицата кои користат инвалидски колич-ки би можеле самостојно и непречено да комуници-раат со службеникот во институцијата,

• Необученост на вработените, односно отсуство на барем еден вработен за комуницирање со гестовен говор. Некои од институциите во последно време прават напори за надминување на пречките за ко-муникација со глуви лица, но тоа се ретки случаи кои иако се поздравени од сите лица со посебни потре-би не се доволно за глувите лица да можат непрече-но во свое име да ги користат услугите на државни-те органи и институциите,

• Непостоење на документи испишани со брајева аз-бука кои би биле читливи за слепи лица или лица со оштетен вид. Постоењето на вакви документи би овозможило повторно овие лица самостојно да ги користат дел од услугите кои ги нудат државните ор-гани и институциите. Досега единствена институција која направила напор за да им излезе во пресрет на оваа група на граѓани е „Водовод и канализација“ која ги печатеше на брајева азбука извесен период сметките кои гласеа на име на слепи лица. За жал, денес тоа веќе не е случај.

Досегашна пракса е лицата со посебни потреби да ги користат услугите на институциите преку членови на нивните потесни семејства кои (со или без нивно при-суство) во нивно име ги користат услугите на инсти-туциите дури и во случаи кога лицето не ја изгубило деловната способност, туку едноставно не може лесно да пристапи до институцијата или да комуницира со вработените.

Од Полио плус изјавуваат дека Катастарот е една од ретките институции кои имаат поставено рампи за движење на инвалидски колички, што според нив е за пофалба, но нагласуваат дека потребно е уште многу да се работи на унапредување на просторните услови во Катастарот и организацијата на работа за да ги при-ближат своите услуги на оваа група на граѓани. Според Полио плус, лицата со посебни потреби не очекуваат посебни мерки, новини или поволности при користење-то на услугите на институциите, туку единствено да им се обезбеди можност истите самостојно да и пристапат на институцијата и да ја добијат услугата во свое име, се разбира секогаш кога лицето има деловна способ-ност да одлучува во свое име.

„КатаСтаРОт е една Од РетКите инСтитуции КОи иМаат пОСтавенО РаМпи За движење на инвалидСКи КОличКи“

Page 35: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

35

Испитаник: Алтана Коцева, претставник на Сојузот на слепи лица

Дата на интервју: октомври, 2012 год.

Сојузот на слепи лица е организација која се залага за подобрување на условите за живеење и работење на слепите лица или лицата со оштетен вид.

Слепите лица и лицата со оштетен вид наидуваат на неколку проблеми при користење на услугите на инсти-туциите вклучувајќи ја и Агенцијата за катастар на не-движности. Прв проблем е доаѓањето до информации-те за потребни документи за користење на конкретна услуга и за постапката за остварување на своето пра-во. Оваа група на граѓани најчесто за информирање ги користи контакт телефонските линии кои функцио-нираат во дел од институциите, но според нив, обемот и квалитетот на вака добиените информации е огра-ничен.

Слепите лица или лицата со оштетен вид не можат са-мостојно да ги користат ни веб страниците на држав-ните институции како извор на информации бидејќи истите не содржат информации во аудио формат. От-тука, овие граѓани немаат избор освен да чекаат ин-формациите да дојдат до нив преку радио, телевизија или преку нивните роднини и пријатели.

И покрај тоа, доаѓањето до информациите од Сојузот за слепи лица го оценуваат како мала пречка во корис-тењето на услугите на институциите во споредба со условите кои институциите ги нудат за овозможување на слепите лица самостојно да ги користат услугите.

Членките на Сојузот на слепи лица ретко кога има-ат можност да ги користат услугите на институциите (вклучувајќи ја и Агенцијата за катастар на недвижнос-ти) самостојно, без придружба на член од семејството или правен застапник. Досегашна практика е слепите лица да бидат придружувани од членови на семејство-то или правни застапници. Ова според нивно мислење е проблем кој лесно се надминува доколку се воспоста-ви систем за звучно насочување на клиентите до мес-тата каде треба да се упатат за добивање на потреб-ните информации.

Друг значаен проблем е непостоење на документи испишани со брајева азбука. Ваквите документи би овозможиле слепите лица лесно да ги прочитаат ис-тите и самостојно да користат дел од услугите кои ги нудат државните органи и институциите. Тука од осо-бено значење се документите преку кои институциите комуницираат со слепите лица како што се на пример

„пРв пРОблеМ е дОаѓањетО дО инфОРМациите За пОтРебни дОКуМенти За КОРиСтење на КОнКРетна уСлуга“

„Слепите лица или лицата СО Оштетен вид не МОжат СаМОСтОјнО да ги КОРиСтат ни веб СтРаниците на дРжавните инСтитуции“

„Значаен пРОблеМ е непОСтОење на дОКуМенти иСпишани СО бРајева аЗбуКа“

Page 36: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

36

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

известувања, информации, покани, барања и слични документи кои слепите лица ги добиваат на домашна адреса. Во вакви случаи слепите лица немаат друг на-чин да ја дознаат нивната содржина освен преку чле-новите на нивните семејства, што пак ја нарушува при-ватноста во користењето на услугите.

Испитаник: Габриела Блажевска, лице со посебни потребиПериод на интервјуто: октомври, 2012 год.

Испитаникот Габриела Блажевска е инвалидно лице со тешкотии во одењето. Блажевска се движи самостојно без помош на инвалидска количка, но има проблем со подолго одење или стоење во место.

Во неколку случаи Блажевска имала потреба да оди во канцелариите на Агенцијата за катастар на недвижнос-ти во Карпош и Автокоманда. Според неа канцелари-ите се пристапни за лицата со хендикеп благодарение на поставените рампи за движење на лица во инвалид-ски колички или лица со проблеми во движењето како неа. Според неа проблем се јавува во внатрешноста на канцеларијата каде има ограничен број на места за седење и вообичаено постои гужва пред шалтерите.

„надворешниот дел е пристапен, поставени се рампи кои овозможуваат лесно да се дојде до внатрешнос-та на Катастарот, но проблемот настанува внатре. Се создаваат големи гужви и тоа е проблем за лицата кои не можат да стојат долго време, а нема доволно места за седење.”

Според Блажевска овој проблем е карактеристичен за работењето на Катастарот во населба Карпош каде граѓаните се упатени да користат различни услуги на Катастарот. Ова не е случај за канцеларијата во Авто-команда каде граѓаните единствено ја користат услуга-та добивање на имотен лист, па оттука нема многу кли-енти, не се создаваат гужви, нема потреба од чекање ред. Тогаш нема проблем ни за лицата со хендикеп да ги користат услугите на катастарот.

Со цел да ги добие информациите кои и се потребни за ја подготви пред да го поднесе барањето за корис-тење на услугите на Катастарот, Блажевска се обраќа-ла во просториите на Катастарот. Според неа тоа е најсигурен начин да се дојде до точна информација. Во една прилика Блажевска телефонски се обратила до Катастарот за информација околу потребните доку-менти, ги обезбедела сите документи и кога со барање се обратила на шалтерот на Катастар од таму и било кажано дека недостига уште еден документ, документ

„Слепите лица неМаат дРуг начин да ја дОЗнаат нивната СОдРжина ОСвен пРеКу членОвите на нивните СеМејСтва, штО паК ја наРушува пРиватнОСта вО КОРиСтењетО на уСлугите“

„КанцелаРиите Се пРиСтапни За лицата СО хендиКеп“

„пРОблеМОт наСтанува внатРе. Се СОЗдаваат гОлеМи гужви и тОа е пРОблеМ За лицата КОи не МОжат да СтОјат дОлгО вРеМе, а неМа дОвОлнО МеСта За Седење“

Page 37: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

37

за кој не и било кажано преку телефон. Блажевска не знае за бесплатната телефонска линија на Катастарот, а институцијата ја контактирала на телефоните кои ги добила преку службата за информации.

Според Блажевска процедурата за добивање на доку-менти е долга и потребно е истата да се поедностави.

Во поглед на услужливоста Блажевска изразува неза-доволство од услужливоста на вработените во Катас-тарот со кои таа била во контакт при користење на услугите на институцијата.

„Кога бев во Катастарот за документи кои ми требаа за социјалните станови, ја замолив вработената на шалтер да ме услужи да не чекам зошто сум инвалид-но лице, на што таа ми одговори: не можам, ако те ус-лужам уште тебе мене ќе ми помине пола од паузата, па кога јас ќе одам да јадам? После тоа јас чекав да помине паузата по што ми кажаа дека таа си отишла зошто имала нешто работа и ми кажаа дека треба да чекам некој друг да дојде како замена за да ме услужи. Тој човек беше на терен па го чекав да се врати, така окапав два саати чекајќи за некој да дојде да се врати и да ми го даде документот. Услужливост никаква, воо-пшто не сум задоволна.”

Во однос на цените кои Катастарот ги наплаќа за свои-те услуги Блажевска смета дека истите се високи и дека во најмала рака потребно е да постојат одредени финансиски поволности за инвалидите.

Според Блажевска најбитно е да се воспостави еден шалтер каде лицата со посебни потреби ќе имаат пр-венство при услужување. Постоењето на ваков шал-тер би овозможило и за лицата со проблеми во дви-жењето и за глуви или слепи лица да можат самостојно да ги користат услугите на Катастарот. Овој шалтер во отсуство на лица со посебни потреби би ги услужувал другите граѓани.

Блажевска во една прилика ја посетила веб страницата на Катастарот. Според неа, на страницата можат да се најдат доста корисни информации, но би било добро доколку преку неа може да се симнат обрасци за ко-ристење на услугите на Катастарот.

„најбитнО е да Се вОСпОСтави еден шалтеР Каде лицата СО пОСебни пОтРеби ќе иМаат пРвенСтвО пРи уСлужување“

Page 38: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 39: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

39

НАОДИ ОД ГРУПНИ ДИСКУСИИВовед во групните дискусииГрупните дискусии беа спроведени со претставници на четирите групи на интерес кои беа предмет на длабински интервјуа. Идејата за спроведување на дополни-телни групни дискусии во услови кога претходно беа спроведени длабински интер-вјуа со претставници на целните групи беше:

1. Да се утврдат и верификуваат информациите добиени со помош на длабински-те интервјуа;

2. Да се искористи моментот на „динамика на групата“ каде коментарите на еден учесник може да поттикнат нови дискусии од кои Консултантот ќе добие допол-нителни информации.

Овој дел од извештајот е структуриран на следниот начин: на почеток се прика-жани клучни наоди од групната дискусија со секоја група на интерес. Потоа се на-ведени детални извештаи врз чија основа се сочинети клучните наоди. Дополни-телно, на крајот од извештајот може да се најдат транскрипти од секоја дискусија; овие транскрипти се состојат од разговорите и мислењата на сите учесници „од збор до збор“.

Дел од изјавите кои ги имаат дадено испитаниците се модификувани заради раз-бирливост. Како и да е, смислата на нивните изјави останува непроменета.

Групните дискусии се спроведуваат во месец октомври и просечно траеја по 90 минути.

Page 40: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 41: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

41

Клучни наоди од групна дискусија – земјоделци

Најголем дел од учесниците во групната дискусија користат субвенции за своето земјоделско производ-ство. Според нив при аплицирање за добивање на суб-венции потребно е да се извадат повеќе документи од кои само за имотен лист се упатуваат во Катастарот. Сите учесници имаат искуство во вадење на имотен лист за своето земјиште од Катастарот.

Главна забелешка на учесниците е тоа што во прос-ториите на Катастарот има многу гужва и потребно е многу време додека се дојде на ред за да се поднесе барање за добивање на документ. Според нив за ова постојат неколку причини:

• Недоволно канцеларии на катастарот. Граѓаните од повеќе општини се упатени во една регионална канцеларија на Катастарот за користење на било која услуга на катастарот.

• Недоволен број на вработени. Учесниците се согла-суваат дека потребно е ангажирање на дополнител-ни вработени во периодите кога се очекува зголе-мен број на барања за имотен лист како резултат на поставените рокови за аплицирање за субвенции.

Според учесниците на групната дискусија, по апли-цирање за имотен лист, документот се добива многу брзо, односно истиот се добива истиот ден или најм-ногу за неколку дена. Тоа ја прави постапката за до-бивање имотен лист едноставна и многу полесна од порано.

Во однос на начинот на информирање за потребните документации пред поднесување на барање за корис-тење на некоја од услугите на Катастарот, поголеми-от дел од учесниците се обраќаат кај свои роднини и пријатели за кои знаат дека неодамна ја користеле ис-тата услуга. За вадење на имотен лист, учесниците по-сочија дека лесно се доаѓа до информација, за разлика од случаите кога се решава поголем случај како лега-лизација на имот каде е потребна поголема документа-ција. Според учесниците кога е потребно доставување на пообемна документација тогаш се случува тешко да дојдат до точна информација дури и ако директно се обратат на шалтер во Катастарот.

Според учесниците најголем број од вработените на шалтер во Катастарот не се љубезни и потребна е обу-ка за подобрување на нивните комуникациски вешти-

„гРаѓаните Од пОвеќе Општини Се упатени вО една РегиОнална КанцелаРија на КатаСтаРОт“

„пОтРебнО е ангажиРање на дОпОлнителни вРабОтени вО пеРиОдите КОга Се ОчеКува ЗгОлеМен бРОј на баРања“

Page 42: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

42

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

ни. Тие се согласуваат дека постојат исклучоци и дека состојбата со љубезност на вработени е иста во речи-си сите институции како полиција, болници и слично.

Учесниците не се задоволни од почитувањето и ор-ганизацијата на работното време на шалтерските ра-ботници. Според нив, шалтерските работници трошат премногу време на пауза без притоа да постои органи-зација според која вработениот кој е на пауза ќе биде заменет од свој колега со цел да непречено да тече работата и да се избегнат гужви.

Најголем дел од учесниците сметаат дека цените кои ги наплаќа Катастарот за своите услуги се високи и дека барем за документите со краток рок на валидност би требало да се наплаќаат пониски цени.

“цените КОи ги наплаќа КатаСтаРОт За СвОите уСлуги Се виСОКи и деКа баРеМ За дОКуМентите СО КРатОК РОК на валиднОСт би тРебалО да Се наплаќаат пОниСКи цени“

Page 43: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

43

Детален извештај од групната дискусија – земјоделци

Во една од групната дискусија организирани како дел од овој проект учество зедоа седум лица кои актив-но се занимаваат со земјоделска дејност. Најголем дел од учесниците во дискусијата користат субвенции за своето земјоделско производство. Според нив за добивање на субвенции потребно е земјоделците да обезбедат повеќе документи, меѓу кои и имотен лист за земјиштето на кое вршат земјоделска дејност без разлика дали станува збор за земјиште во нивна соп-ственост или земјиште кои го користат под наем.

Во оваа прилика учесниците земјоделци зборуваа за своите искуства со Катастарот при користење на услу-гата имотен лист за земјоделско земјиште.

Информациите за потребните документи за добивање на имотен лист според учесниците се добиваат лесно преку контактирање на пријатели и роднини кои ја ко-ристеле оваа услуга или самите знаат од претходно искуство.

„Ако завршил некој пред тебе работа па ќе ти каже кои документи се потребни.”

„Од пријател т.е. од човек кој што веќе ја користел ис-тата услуга дознавам која е постапката и што сè ми е потребно за да поднесам барање за користење на таа услуга.”

За разлика од информациите за имотен лист, учес-ниците посочија дека многу е потешко да се дојде до информации за други услуги на Катастарот каде е по-требна пообемна документација. Според нив кога се во прашање повеќе документи при поднесување на барање за одредена услуга не е лесно да се дојде до точна и целосна информација. Во такви случаи учесни-ците најчесто се обраќале до канцеларијата на Катас-тарот во нивниот град. Нивните искуства при обидот да добијат информации за потребната документација се разликуваат, некои од нив дошле до точна и целос-на информација на огласните табли во просториите на Катастарот, додека други имале тешкотии да добијат информација на шалтер во катастарот.

„Кај нас имаше лист залепено во ходникот за кои до-кументи се потребни. ама мораш лично да отидеш да прочиташ па пак да се вратиш. “

„Не постои телефонски број каде може да се информи-

Page 44: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

44

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

рате; дури и ако отидете да ги прашате вработените на шалтер за тоа кои документи ви требаат, толку им е тешко да одговорат, како кој знае што да е. Тоа им е работа.”

„Имаат шалтер, пишува информации, само не даваат информации, не се тука.”

Учесниците во групната дискусија се согласуваат дека најголем проблем со кој се соочуваат при користење на услугите на Катастарот е големата гужва пред шал-терите на Катастарот. Според нив, потребно е многу време за да се дојде на ред на шалтер, а понекогаш кога се работи за вадење имотни листови непосредно пред завршување на рокот за аплицирање за субвен-ции, дел од клиентите не успеваат да завршат работа во еден ден. испитаниците сметаат дека откако ќе се поднесат документите на шалтер сè се завршува мно-гу брзо.

„додека ги поднесеш документите оди бавно, после е полесно.”

„додека се дојде до шалтер се губи цел ден, после може одма да ти го испринтаат и да ти го дадат.”

„чекањето за да се аплицира одзема многу време, а потоа брзо го изготвуваат документот, не е проблем, потоа бива, бива истиот ден.”

Според испитаниците ваквата состојба е резултат на:

• Недоволен број на канцеларии на катастарот. Граѓа-ните од повеќе општини се упатени во една регио-нална канцеларија на Катастарот за користење на било која услуга на Катастарот. На овој начин голем број на граѓани се услужуваат во една канцеларија на катастарот, што предизвикува гужви пред шал-терите.

„Не би било лошо да има некаде пункт на Катастарот. Па може да се знае дека тој ден [Катастарот] е таму за прибирање на барања за конкретна услуга. Мислам дека има простории, има училишта што се оставени, напуштени и истите може да се искористат за таа на-мена. Може во тие простории да се направи некаква филијала и сите луѓе од тој регион да не мора да иде-ме до Куманово. Старо нагоричане, липково и Кума-ново, тоа се 150.000 и повеќе. Куманово ги опслужу-ва тие жители.”

„Постапката додека се соберат документите одзема многу време; од село во град, па превоз, можеби би можело некои други пунктови да се отворат поблиску до селата. Сега не знам тој [Катастарот] во Куманово

„дОдеКа ги пОднеСеш дОКуМентите Оди бавнО, пОСле е пОлеСнО.”

„МОжеби би МОжелО неКОи дРуги пунКтОви да Се ОтвОРат пОблиСКу дО Селата.“

Page 45: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

45

колку општини покрива, мислам цел регион и баш има доста гужва.”

• Недоволен број на вработени. Учесниците се согласуваат дека потребно е ангажирање на до-полнителни вработени во периодите кога се оче-кува зголемен број на барања за имотен лист како резултат на поставените рокови за аплицирање за субвенции.

„барем еден или двајца нека бидат на договор на дело да речеме, за тој месец за да се избегне сета гужва.”

Според учесниците на групната дискусија, по апли-цирање за имотен лист, документот се добива многу брзо, истиот ден или најмногу за неколку дена. Тоа ја прави постапката за добивање имотен лист едностав-на и многу полесна од порано.

„Порано беше хаос, можеби подобро осуди го чове-кот на две години во затвор, не го праќај еден ден во Катастар. во Куманово така беше порано, сега е подобро.”

„Порано мораше да идеш на уплатница да плаќаш во пошта па да се враќаш, тоа беше повеќе малтретирање, а сега кој има платежна картица, може со картица да плати. Мислам дека е олеснето.”

Дополнително малиот број на документи потребни за добивање на имотен лист ја прави постапката еднос-тавна. Според учесниците во групната дискусија при користење на други услуги на Катастарот постои прос-тор за поедноставување на постапката и скратување на потребниот број на документи за аплицирање, но тоа не е случај со услугата имотен лист. Еден од учес-ниците смета дека преку воспоставување на систем во кој би биле врзани повеќе државни институции и преку кој институциите би можеле да разменуваат податоци и да вршат контрола на истите, значително би се олес-нил процесот на прибирање на потребните докумен-ти за поднесување барање за користење на услуга од страна на граѓаните.

„јас мислам дека за имотен лист е потребна само лич-на карта и барање. помалку од тоа што би било? Сме-там дека оваа документација во обем што од нас се бара е оптимална.”

Сите учесници се сложуваат дека однесувањето на вработените, нивната љубезност и услужливост тре-ба да се подобри. Според учесниците во групната дискусија најголем број од шалтерските работници во Катастарот не се љубезни и затоа потребна е обука

„пОтРебнО е ангажиРање на дОпОлнителни вРабОтени вО пеРиОдите КОга Се ОчеКува ЗгОлеМен бРОј на баРања”

„пОРанО беше хаОС“

„МиСлаМ деКа е ОлеСнетО.”

„Оваа дОКуМентација вО ОбеМ штО Од наС Се баРа е ОптиМална.”

Page 46: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

46

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

за подобрување на нивните комуникациски вештини. Според учесниците, нељубезноста и неуслужливоста на вработените влијаат врз искуството на клиентите и на тоа колку брзо тие ќе ја завршат работата за која се дојдени во канцелариите на Катастарот.

„имаше случај кога бев јас, [вработениот] на еден постар човек му вика: па не си само ти, знаеш колку души има како тебе, значи не сака за една ситница да заврши работа, го враќаше човекот дома децата да му го пополнат документот, што крајно не е во ред. А тој е од село, значи треба да се враќа, а рокот, временски-от рок се стеснува за да го однесе документот кој му треба- никаква услужливост..”

„не се случува вработениот да каже предметот не е за кај мене ќе го однесам кај колегата, туку не е за кај мене и ги фрла документите, тоа сум го видел со мои очи. не за кај мене ти реков и ги фрла. тоа во-општо не е начин на комуникација, начин на работа, не бива.”

Учесниците нагласуваат дека постојат исклучоци, вра-ботени кои знаат учтиво да комуницираат и кои се спремни да направат дополнителен напор за да им за-вршат работа на корисниците. Исто така според испи-таниците, состојбата со љубезност на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности е иста во речи-си сите државни институции како полиција, болници и слично.

„еден роднина мој од село ми рече ај и така си таму заврши ми работа. и ме праша службеничката: за која парцела бара имотен лист? не знам и велам, ама месноста кај што се наоѓа се вика три Крувчиња. Побара во компјутер, ја праша и колешката како треба дали треба цел имот да му се напише и ми даде точно баш за тој дел од имотот ми да де имотен лист. Беше и услужлива и стручна. Бидејќи јас не знаев. Можеше да ми даде имотен лист за цел имот, па да не ми треба таков.”

Според учесниците во групната дискусија постои про-блем и со почитувањето и организацијата на работ-ното време на шалтерските работници. Според нив, шалтерските работници трошат премногу време на пауза без притоа да постои организација според која вработениот кој е на пауза ќе биде заменет од свој ко-лега со цел да непречено да тече работата и да се из-бегнат гужви. Учесниците нагласуваат дека потребно е поголемо почитување на работното време од страна на вработените.

„пОСтОи пРОблеМ и СО пОчитувањетО и ОРганиЗацијата на РабОтнОтО вРеМе на шалтеРСКите РабОтници.”

Page 47: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

47

„Ако еден [вработен] е на пауза, нека го менува некој. Не сите од еднаш да се на пауза во Катастарот, од де-вет и пол до десет и пол. Нека има ред, нека излезат два-тројца па потоа други, да не трпи работата.”

„пишува дека работното време на Катастар почнува од 8 часот сабајле до 16 часот. Од друга страна пак, од 8 се веќе наредени луѓето, од 9 почнуваат со рабо-та. После пауза имаат еден саат, и после наместо до 16 да работат, тие работат до 14:30 или 15:00 часот после се спремаат за работа.”

Некои од учесниците укажаа на свои искуства кога е направена грешка од страна на вработените за која што грешка понатаму нема воспоставено механизам за корекција туку останува на клиентот да троши време и средства за исправање на грешката. Според учесни-ците клиентите кои се соочиле со ваков проблем многу тешко доаѓаат до решение на истиот. Вообичаено кли-ентот е оставен самиот да бара корекција на подато-ците и да докажува дека таа корекција би ја отсликала реалната состојба, наместо грешката да се согледа и коригира од страна на вработените во Катастарот.

„јас имав непријатно искуство. два пати ми напла-тија затоа што платив со картичка на терминал, вра-ботената не знаеше да се снајде па потоа два пати ја помина картичката и два пати ми одземале од смет-ката”.

„Кај мене имавме една делба со браќата, поклон од татко ми и сега се појави грешка, јас работам нива на брат ми која се води под негов број. Значи нивата на брат ми е со мој број на парцела, додека таа нива што јас ја работам е со број на брат ми.”

Најголем дел од учесниците сметаат дека цените кои ги наплаќа Катастарот за своите услуги се високи и дека барем за документите кои се со краток рок на ва-лидност како имотниот лист би требало да се наплаќа-ат пониски цени. Според учесниците во групната дис-кусија нив не им е проблем да платат и поголема сума на пари за користење на услуга која би ја користеле еднаш или два пати во животот како што е на пример легализацијата на бесправно изградените објекти, но цените за документи кои имаат обврска да ги вадат секоја година како што е имотниот лист би требало да се пониски.

„генерално цените се високи, па дури мислам и дека конкретно за имотниот лист се високи. Според мене, мислам дека секогаш постои опција да се намалат цените. Трошокот е тонер и хартија, ништо повеќе. И

Page 48: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

48

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

плус уште некои административни трошоци, кои не се повеќе од 300 денари”.

Најголем дел од учесниците во групна дискусијата ја посетиле веб страницата на Катастарот. Според учес-ниците кои ја користеле веб страницата, на веб стра-ницата може да се најдат повеќе информации за ус-лугите кои ги нуди Катастарот, но по нивно мислење информациите не се ажурирани. Според испитаници-те, би било корисно некои од услугите на Катастарот да може да се добијат по електронски пат како што на пример би било аплицирање за препис од имотниот лист.

„најчесто се ставени оние општи информации, кое-чие е, според бројот на имотниот лист и според бројот на парцелата тоа има.”

„јас ја користам информативно, но не е многу ажури-рана”

Како еден од проблемите со кои се соочуваат учес-ниците при користење на услугите во Катастарот се условите во просторијата за чекање во рамките на Катастарот. Учесниците истакнуваат дека е потребно подобрување на условите преку нивно доопремување со цел да се олесни чекањето на клиентите.

„Најголем проблем е чекањето, луѓето тука поминува-ат најмногу време; потребно е да се унапредат усло-вите за чекање: клупа, ве-це, апарат за вода. Преку лето е многу жешко, луѓето се стуткани еден до друг како сардини.”

„пОтРебнО е да Се унапРедат уСлОвите За чеКање.”

Page 49: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 50: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

50

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Клучни наоди од групна дискусија – Роми

Учесници во оваа групна дискусија беа граѓани со Ром-ска национална припадност, кои најчесто се обраќале до Катастарот за да извадат документи кои им се по-требни за откуп на дворно земјиште или легализација на дивоградби.

Во однос на процедурите во Катастарот, голем дел од учесниците се соочиле со проблеми при прибирање на потребната документација, при што вработените од институцијата ги пренасочувале странките од шалтер на шалтер, што кај нив предизвикува големо незадо-волство. Тие исто така не се задоволни од времето на чекање пред шалтерите. Учесниците пак кои има-ле позитивно искуство со Катастарот потенцираа дека проблемите кои најчесто се појавуваат се должат на некомплетната документација, додека доколку доку-ментација е уредна, во Катастарот процедурата трае многу кратко и брзо се завршува работа.

Учесниците во оваа групна дискусија најчесто инфор-мациите за постапката или потребните документи за користење на некоја од услугите на Катастарот ги до-бивале преку соседите и пријателите, а често пати од голема корист им биле и лицата што заедно со нив че-кале на ред во Катастарот. Учесниците сметаат дека Катастарот не дава доволно објаснувања за потребни-те документи и процедури, кои во суштина се малку по-стручни и обичен граѓанин не би можел да ги разбере.

Речиси сите учесници кои беа вклучени во оваа групна дискусија беа незадоволни од љубезноста и услужли-воста на вработените во Катастарот. Учесниците сме-таат дека вработените се многу нервозни и нељубезни. Некои од учесниците како причина за ваквото однесу-вање ја наведуваат дискриминацијата која вработени-те ја прават кон нив поради нивната национална при-падност. Дел од учесниците сметаат дека вработените се вработени на партиска основа и немаат доволна стручна подготовка за да знаат да им објаснат и да им ги дадат сите потребни информации на граѓаните.

Од аспект на почитувањето на роковите во Катаста-рот, повеќето од корисниците се задоволни од време-траењето на постапката иако им се случило да им за-доцнат со издавање на документите по неколку дена или пак една недела. Сепак, дел од корисниците истак-наа дека роковите редовно се пречекоруваат и не по-

„пРОблеМите КОи најчеСтО Се пОјавуваат Се дОлжат на неКОМплетната дОКуМентација.”

„пРичина За ваКвОтО ОднеСување ја наведуваат диСКРиМинацијата КОја вРабОтените ја пРават КОн нив пОРади нивната нациОнална пРипаднОСт.“

Page 51: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

51

стои никаква информација за статусот на предметот, ниту пак сознание кога истиот ќе биде завршен.

Учесниците сметаат дека генерално цените се високи, со оглед на нивниот стандард, а тоа не ги вклучува само цените на Катастарот, туку и потребата од струч-на помош, изработката на документи кои треба да се поднесат во Катастарот, административни трошоци и слично.

Поголемиот дел од учесниците ја користат веб стра-ната на Агенцијата за Катастар на недвижности за ин-формирање и проверка и се задоволни од нејзиното функционирање, додека помал дел од нив сметаат дека истата треба да понуди повеќе информации и дополнителни услуги кои на граѓаните би им биле од корист.

Зборувајќи од аспект на проблемите со кои се соочи-ле при користење на услугите на Катастарот, учесни-ците дадоа предлози за подобрување на работата на институцијата. Според нив, неопходно е, како што е поголемо стручно оспособување на вработените, соф-тверско поврзување меѓу институциите, воведување на информативни call center-и како и вработување на Роми во Катастарот со што ќе се поедностави и уна-преди комуникацијата со оваа целна група.

Детален извештај од групна дискусија – Роми

Ромите како посебна група на граѓани во рамките на ова истражување беа вклучени пред сè поради посто-ењето на ромските населби, каде голем број од куќите се дивоградби, како и поради затвореноста на таквите заедници, понискиот степен на образование и економ-ска моќ. Во групната дискусија беа вклучени вкупно единаесет испитаници Роми кои живеат на територија-та на различни општини во Скопје и имаат различен социјален статус и степен на образование. Најголем дел од учесниците ги користеле услугите на Катаста-рот за прибирање на потребните документи за откуп на дворно земјиште и легализација на дивоградби.

Во оваа прилика учесниците зборуваа за своите иску-ства при користење на услугите на Катастарот.

Во однос на процедурите во Катастарот, голем дел од учесниците се соочиле со проблеми при прибирање на потребната документација, при што истите изјавија дека вработените од Агенцијата за катастар на не-

„неОпхОднО е СОфтвеРСКО пОвРЗување Меѓу инСтитуциите, вОведување на инфОРМативни call center-и КаКО и вРабОтување на РОМи вО КатаСтаРОт.”

Page 52: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

52

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

движности ги пренасочувале од шалтер на шалтер, и од институција до институција за да можат да завршат работа.

„Од старт кажувам, Катастарот е хаос кај нас.”

„требаше да поднесам молба, имам на мое име имот. Ми кажаа дека треба да поднесам молба, па да чекам 14 дена и после кога отидов таму, ми рекоа треба да одам во автокоманда. Мислам дека се неорганизи-рани, не даваат точни информации каде треба да се поднесат документи.”

Дел од учесниците се незадоволни и од времето на чекање на шалтерите додека се предадат документи-те, истакнувајќи притоа дека вработените воопшто не биле љубезни и не сакале да ги информираат граѓани-те околу потребните документи и процедури.

„инаку, за вадењето документи сакам да кажам јас сум со средно, но има луѓе понеписмени од мене. Не знаев кои документи како се викаа, и требаше многу време да разберам како што треба. Требаше да се каже јасно кој документ како гласи, за да се знае, и да може правилно да се предадат пријавите.”

„пред една година бев да вадам имотен лист. Од еден шалтер ме праќаа на друг, па натака. цело време ја чекав таа гужва, и тоа со мало дете. Кога стигнав на шалтерот, никој не ми кажува ништо.”

„Отидов да земам број, за бројот три дена чекав. че-кав после третиот ден на шалтер и кога стигнав на ред, вработениот ми вика оди на другиот шалтер. Оти-дов на другиот шалтер, на другиот шалтер имаше 20-30 луѓе и ми требаше цела недела да предадам доку-менти.”

Од друга страна пак, учесници коишто имале уредна документација и кои ги имале сите документи кои што биле потребни за нив во Катастарот процедурата тра-ела многу кратко и успевале брзо да завршат работа.

„Не е проблем ако документацијата тие е чиста; сите документи се вадат во општина за 2 минути”.

„јас доаѓам во Катастар и на мониторот убаво пишува под точка 1, под точка 2. Ако сакаш имотен лист, се сеќавам дека 2 треба да притиснеш, и после ти излага во кој шалтер треба да одиш. Не можеш да го прома-шиш тоа. Ако си некомплетен со документи, што оче-кувате на шалтерот?”

Учесниците во оваа групна дискусија за потребната до-кументација во Катастарот најмногу се информираат преку соседите и пријателите, а често пати од голема

„ОтидОв на дРугиОт шалтеР, на дРугиОт шалтеР иМаше 20-30 луѓе и Ми тРебаше цела недела да пРедадаМ дОКуМенти.”

„не е пРОблеМ аКО дОКуМентацијата тие е чиСта; Сите дОКуМенти Се вадат вО Општина За 2 Минути”.

„аКО Си неКОМплетен СО дОКуМенти, штО ОчеКувате на шалтеРОт?“

Page 53: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

53

корист им биле и лицата што заедно со нив чекале на ред во Катастарот. Од аспект на квалитетот на инфор-мациите, повеќето учесници сметаат дека во Катаста-рот вработените не даваат објаснувања што создава забуна кај корисниците на услугите. Тие се незадо-волни од работата на шалтерите за информирање и сметаат дека Катастарот треба да обезбеди повеќе и подетални информации за лицата кои не ги познаваат работите од областа на Катастарот. Според нив, исти-те информации треба да бидат поедноставни, да може било кој обичен граѓанин да ги разбере.

„јас кога сакав да ги подигнам документите за пар-целата, не знаев ништо, таму каде што живеам, има шифра, но не ја знаев. На шалтер не знаеја, па ми ка-жаа тие што чекаа со мене. Не бев доволно информи-ран како да се пополнат документите. Има луѓе што не знаат.”

„Значи најбитна е информацијата. Како што еден од испитаниците посочи пред малку, комшиите и другите клиенти ни ги кажуваат најбитните информации. Значи јас сум бил во Катастар, прашувам пријател, ми кажува треба тој и тој документ, го земам, и веќе на шалтер доаѓам спремен.”

„Значи првенствено требаат подетално напишани ин-формации; треба се да е подобро објаснето, точно да се знае кој документ каде се вади, колку се плаќа и каде.”

Во однос на информирањето и стручноста на инфор-мациите, учесниците изјавија дека во ромските насел-би постојат лица кои нудат услуги на други граѓани, припадници на ромската заедница за пополнување на документи, уплатници, чекање ред во банка и слично.

„во топанско Поле наплаќаат такса за да ти го по-полнат документот. 50 денари е сега. За едно 50, за друго 100... За 500 денари, дури и ќе чекаат во банка да уплатат.”

Согласно своето искуство со Катастарот, кај учесници-те постојат различни мислења за професионалноста и љубезноста на вработените, поголем дел од учесни-ците кои беа вклучени во оваа групна дискусија имаа некаква замерка во однос на љубезноста и услужли-воста на вработените во катастарот. Учесниците сме-таат дека вработените се многу нервозни, нељубезни, секогаш презафатени, и дека не постои волја да им се дадат на корисниците детали за услугата. Испита-ниците објаснија дека вработените честопати прават и грешки, шетајќи ги корисниците од шалтер на шалтер.

„КОМшиите и дРугите Клиенти ни ги Кажуваат најбитните инфОРМации”

Page 54: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

54

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

„Значи услугата е катастрофа. Вработените не се љубезни, не се подготвени да да ти објаснат што да направиш, каде да се обратиш. ја прашуваш врабо-тената на кој шалтер каде треба да се обратиш, но не добиваш одговор.”

„Може со еден збор да се каже дека не се љубезни, немаат комуникација. Само те маршираат.”

„Ама сепак нели треба да се објасни, што не е во ред со него, не само така да се однесуваат. Можеби јас немам точни документи, ама треба да ти каже ова не е во ред. Тоа не го прават. Тоа е проблемот.”

Некои од учесниците исто така имаат забелешки во однос на некои од вработените на шалтерите во Ка-тастарот кои им припаѓаат на малцинствата. Тие сме-таат дека кон клиентите кои се припадници на истата националност, вработените тие се многу поуслужливи, додека кон другите едноставно „им го затвориле шал-терот” под изговор дека завршуваат.

„вработениот ми рече “јас сега завршувам”, и го затво-ри шалтерот. а на припадниците на неговата нацио-налност, сè им објасни.”

Дел од учесниците сметаат дека вработените се нес-тручни, дека се вработени на партиска основа, немаат доволна стручна подготовка и однос со граѓаните за да знаат да им објаснат и да им ги дадат сите потребни информации.

„Потребно е вработените на шалтерите да бидат по-веќе информирани“.

Од друга страна пак, друг дел од учесниците кои имале позитивно искуство со вработените во Катастарот,сме-таат дека вработените се многу коректни и услужливи.

„Службениците беа крајно коректни, немам намера ни-кого да навредам или да зборам во нивна одбрана. Значи коректни беа. немав никаква информација, и шалтерот го промашив кога ме викнаа. Ме прифати службеничката, барање на лице место на шалтерот по-днесовме и ништо посебно не беше, ни дадоа веднаш”

Повеќето од испитаниците се чувствуваат дека се дис-криминирани од страна на вработените врз основа на нивната национална припадност.

„во сите државни институции јас се водам по тоа дека Ром кога си, треба да одиш кај трет, па четврт, па да најдеш што ќе те прими. и тој што ќе те прими ќе каже “дај да видиме што имаш ти”. дури и одно-сот, со крајна дискриминација ти збори. не ти кажува у фаца “ти си циган, не ти завршувам работа”, туку

„МОже СО еден ЗбОР да Се Каже деКа не Се љубеЗни, неМаат КОМуниКација.”

„пОтРебнО е вРабОтените на шалтеРите да бидат пОвеќе инфОРМиРани“.

„Службениците беа КРајнО КОРеКтни.“

Page 55: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

55

“ај да видиме што имаш и ти, што е проблемот, што стално нешто проблем имаш, што доаѓаш тука”

„Би било страшна работа ако било тоа поради нацио-налноста на која припаѓаме, да бидат дрски со нас.”

Од аспект на почитувањето на роковите во Катаста-рот, повеќето од корисниците се задоволни од вре-метраењето на постапката иако им се случило Катас-тарот да им задоцни со издавање на документите по неколку дена или пак една недела. Сепак, еден помал дел од корисниците истакнаа дека роковите редовно се пречекоруваат и не постои никаква информација за статусот на предметот, ниту пак сознание кога истиот ќе биде завршен. Дел од учесниците како причина за ваквите доцнења ја наведуваат неорганизираноста на катастарот.

„при вадење потврда за поседување на имот од Ка-тастар, значи потврда дали постои имот на ваше име, така да тој случај малку бев незадоволен, зашто по-стапката требаше да трае 15 дена. траеше повеќе од 15 дена, па морав да ангажирам пријатели кои мо-жат да го извадат листот.”

„Да, имаше таква ситуација. Јас, татко ми и брат ми предадовме во исто време се. Тогаш рекоа ќе објават на интернет кога ќе биде готово. На татко ми и брат ми беа готови, а мојот не бил готов. После две недели, ви-дов на интернет, беше готов. Која беше причината не знам. После кога ги зимавме документите беше се ОК.”

Во зависност од услугите на Катастар кои ги користе-ле, учесниците имаат поделени мислења за висината на цената. Иако за некои од учесниците цените се при-фатливи, повеќето истакнуваат дека тие се многу ви-соки во споредба со стандардот на живеење. Во тој контекст учесниците ги истакнаа дополнителните тро-шоци кои се потребни за да се извадат некои докумен-ти од друго место, иако самите цени во катастарот мо-жеби не се толку високи, административните трошоци кои го придружуваат процесот на вадење документи, барањата некои документи да не се постари од шест месеци, ангажирање на стручна помош околу толку-вањето на документи од катастарот и слично.

„пак мислам дека се скапи, затоа што трошокот е само еден лист хартија. Зошто да се дадат 180 денари за едно ливче хартија? тие пари одат кон државата. вработениот зема плата од буџетот.”

„Основните услуги не се скапи. Надворешните услуги кои не се на Катастар се скапи. Можеби тие се скапи, ама тие не се работи на катастарот.”

„ОСнОвните уСлуги не Се СКапи. надвОРешните уСлуги КОи не Се на КатаСтаР Се СКапи.”

Page 56: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

56

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Дел од учесниците истакнаа дека се задоволни од мож-носта да се плати со платежна картичка на шалтерите.

Во однос на користењето на веб страницата на Ка-тастарот, поголемиот дел од учесниците изјавија дека ја посетиле, меѓутоа се согласни дека истата според нивно мислење не нуди многу информации и тие пов-торно мора да се обратат до катастарот за да добијат подетални информации. Исто така дел од учесниците сметаат дека истата ќе биде многу покорисна доколку се овозможат дополнителни услуги кои во моментот не се достапни.

„ако електронскиот систем некако се направи да мо-жеш сам да испринташ имотен лист, да видиш број на парцела, со кого се граничи твојата парцела, колку соп-ственици има парцелата, тоа ќе биде многу подобро. Во моментов тоа е проблем. Може да имаш само увид, но за покорисни информации пак треба да поднесеш барање.”

Одреден дел од корисниците не користи интернет и следствено на тоа не ја користи веб страницата на Ка-тастарот.

Зборувајќи од аспект на проблемите со кои се соочиле при користење на услугите на Катастарот, учесниците дадоа предлози за подобрување на работата на катас-тарот. Истите вклучуваат:

• Поголема обука и професионална подготовка на вработените во катастарот

• Вработување на Роми на шалтерите во катастар• Подобро информирање на граѓаните• Воведување на информативен call center • Формирање на посебна канцеларија на катастарот

во Шуто Оризари• Воведување на едношалтерски систем• Софтверско поврзување помеѓу институциите• Функционалност на системот за жалби и поплаки

„Моето мислење е дека треба да стават стручни лица на шалтерите, кои ќе си ја познаваат својата работа, нема да имаме вакви проблеми какви што имаме сега“.

„Сум размислувал многу на темата, мислам дека кол-центар многу ќе помогне, нешто како што МВР на-правија, значи пред да отидеш, да се јавиш да прашаш, да провериш дали документот ти е готов, пред да из-лезеш да се јавиш, некој да ти објасни што да понесеш од дома.”

„Да се промовира едно-шалтерски систем. Зашто мо-раш да извадиш десетици документи, кога комисија-та што ги разгледува твоите документи, може да го види твојот документ на компјутер, него му е доста.”

„да Се пРОМОвиРа еднО-шалтеРСКи СиСтеМ.”

Page 57: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 58: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

58

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Клучни наоди од групна дискусија – корисници на социјална помош

Учесниците на оваа групна дискусија се граѓани кои повеќе години користат социјална помош. За оства-рување на правото на користење на оваа помош, тие секоја година имаат обврска да поднесат потврда за докажување на имотната сопственост за која се об-раќаат до Катастарот.

Генерален впечаток на поголемиот дел од учесниците е дека за оваа услуга во Катастарот релативно брзо и лесно се завршува работа, потребните информации се јасно истакнати, а поголемиот дел од нив во краток рок ги извадиле потребните документи.

Учесниците кои се корисници на социјална помош по-веќе години забележуваат поголема ефикасност во работата на Катастарот. Дел од учесниците имаат од-редени забелешки за едноставноста на процедурите и обемот на потребната документација сметајќи дека ис-тиот може да се поедностави со тоа што одредени ин-формации ќе му бидат достапни на Катастарот преку компјутерско поврзување со другите институции. Во таа насока, учесниците сметаат дека неодамнешната реформа за софтверско поврзување на центрите за социјална помош ќе им ја олесни работата и ќе го реши проблемот со трошоците кој го има оваа категорија на граѓани.

Најголемо незадоволство кај оваа група граѓани предизвикува фактот што им било ветено дека парите дадени за вадење документи од Катастарот во вред-ност од 500 денари и/или повеќе ќе им бидат вратени но сепак, ова ветување не било исполнето. Во тој кон-текст учесниците се свесни дека проблемот не е во Ка-тастарот, меѓутоа сепак постои голема негативна асо-цијација со Катастарот заради овој проблем. По однос на прашањето за цените, на кое оваа група граѓани е најчувствителна, истите сметаат дека за лица со нив-ниот статус Катастарот би требало да понуди одреде-ни бенефиции и попусти дури и за користење на други услуги.

Иако кај дел од учесниците постои одолговлекување на постапката за издавање на документи заради што тие повеќе пати го посетиле Катастарот за да се информи-раат за статусот на нивниот предмет, поголемиот дел од учесниците сметаат дека генерално се почитуваат

Page 59: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

59

роковите и низ призма на лично искуство потврдуваат дека релативно брзо им бил издаден документот.

Во однос на љубезноста и услужливоста на вработени-те, повеќето од учесниците се согласуваат дека врабо-тени во Катастарот се многу нељубезни и неуслужливи, но дека сепак постојат мал процент на вработени кои се подготвени да им излезат во пресрет на граѓаните. Една од нивните забелешки во однос на вработените се однесува на вработените од албанска националност кои непрофесионално се однесуваат пуштајќи лица од истата национална припадност преку ред.

Помал дел од учесниците на оваа групна дискусија сме-таат дека вработените се непрофесионални во своето однесување и посочија лични примери од ситуации при кои вработените им побарале мито за побрзо да добијат одредена услуга од катастарот.

Детален извештај од групна дискусија – корисници на социјална помош

Во рамките на ова истражување беа вклучени граѓа-ни кои се корисници на социјална помош како една од посебните групи на граѓани. Критериумите за вклучу-вање на оваа група на интерес беа следните: соција-лен статус, односот со катастарот од аспект на вадење документи преку кои се оправдува или побива нивниот имотен статус како и нивните мислења во однос на ми-натогодишните измени од страна на Министерството за труд и социјална политика, каде на корисниците им е побаран дополнителен документ за поседување на имот кој чини 500 денари и се вади во Републичкиот катастар во Автокоманда. На групната дискусија учест-вуваа вкупно шест испитаници.

Испитаниците за обнова на правото на користење на социјална помош имаат обврска еднаш годишно, по-крај другите документи да достават и потврда за посе-дување на имот која ја издава катастарот. Ова е рела-тивно вообичаена и кратка постапка, поради којашто најголем дел од корисниците немаат некој подолготра-ен и посеопфатен контакт со Катастарот.

Во однос на информираноста и процесот за доби-вање на услуга во Катастарот, речиси сите учесници се согласија дека системот е ефикасен, јасно е означе-на намената на сите шалтери и лесно се доаѓа до сите потребни информации. Поголемиот дел од учесниците

Page 60: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

60

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

многу брзо и лесно ги поднеле потребните документи.

„Катастарот според мене работи перфектно, за две минути се завршува работа, нема никакво одолговле-кување”

Дел од учесниците имаа одредени забелешки за ед-ноставноста на процедурите и обемот на документи за одредени услуги во Катастарот. Дел од нив за коишто процедурите и потребната документација била сло-жена сметаат дека можат да бидат поедноставени со тоа што институциите ќе бидат компјутерски поврзани. Во контекст на ова прашање исто така се забележува свесност кај учесниците за реформите направени во системот каде во иднина центрите за социјална помош самите ќе ги побаруваат податоците од катастарот по службена должност, наместо корисниците да мора да ги извадат и да ги поднесат овие документи.

„Сега веќе нема да ни бараат. Кажаа во социјално дека тоа ќе им биде по службена должност они ќе си ги бркаат тие работи, компјутерски.”

Учесниците кои се корисници на социјална помош по-веќе години забележуваат промена во начинот на ра-ботење на Катастарот кон подобро, истакнувајќи ја поголемата ефикасност на Катастарот и скратување на времетраењето на процедурите за добивање на одредени документи.

„првите години многу споро се одвиваше, сега многу побрзо оди тоа. Не можам да се пожалам стварно”

Од аспект на почитување на роковите за издавање на документ од Катастарот учесниците имаат различни искуства. Иако поголемиот дел од нив многу брзо за-вршуваат работа и го вадат потребниот документ, кај дел од учесниците постои одолговлекување на постап-ката, при што тие неколку пати доаѓаат во Катастарот да се информираат за предметот од каде добиваат одговор дека истиот се уште не е завршен без пона-тамошни информации во однос на тоа кога ќе биде готов.

„првиот пат одма ми дадоа, напишав молба, вториот пат причекав два-три дена, мораше да причекам да проверат дали имам наследство или немам.”

Дел од учесниците кои ја користеле можноста за кон-тактирање преку бесплатната телефонска линија со цел да го проверат статусот на барањето кое го по-днеле во Катастарот, не ја сметаат оваа можност за олеснување затоа што според нивното искуство, во Катастарот никој не одговара на телефонските пови-ци. Дел од учесниците кои ја користеле сметаат дека

Page 61: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

61

е бесполезна затоа што од другата страна никој не се јавува.

„Никогаш никој не се јавува на тој број. Џабе ќе се јаву-ваме никогаш не е достапно премногу се како ангажи-рани така за нивни да речам потреби”

Во однос на љубезноста и услужливоста на врабо-тените, повеќето од учесниците се согласуваат дека вработените во Катастарот не се доволно љубезни и услужливи, но дека сепак постојат вработени кои се подготвени да им излезат во пресрет на граѓаните. Според согледувањата на учесниците оваа услужли-вост посебно се забележува кај постарите вработени. Во однос на стручноста на вработените, кај помал дел од учесниците се јавува незадоволство, и истите има-ат впечаток дека им се случува на вработените да на-прават грешки, што не го потврдуваат со сопственото искуство, туку со пример за такви грешки кои им се случил на нивни познаници.

„Ретки се тие. Од десет души што работат таму дали двајца има “чекај да прашам, па да ти помогнам, еднос-тавно те игнорира, „не е тоа моја работа, бркај работа или чекај кафе да пијам”, и арогантни се”

„Слушам од другите што им имаат згрешено доку-мент, дали во матичниот број или нешто слично да речам во презимето буква или за парцела, не знам да кажам точно зашто не сум го искусил тоа, но од други имам слушнато дека има такви проблеми па наново треба да се изготват документи, па наново треба да се чека, го нема она убрзана постапка да речеме по-што ти си ја поминал таа процедура па сега наново ако чекаш толкав период, глупаво е да чекаш.”

Некои од учесниците исто така имаат забелешки во однос на некои од вработените на шалтерите во Ка-тастарот кои им припаѓаат на малцинствата, дека кон клиентите кои се припадници на истата националност се пуштаат преку ред и им се овозможува полесно и побрзо да завршат работа.

Од друга страна пак, останатиот дел од учесниците имаат позитивно искуство со вработените во Катас-тарот. Истите сметаат дека персоналот е љубезен и немаат никакви замерки.

Најголемиот проблем за оваа група на граѓани е цена-та за услугите кои ги користат од Катастарот. Учесни-ците потврдуваат дека цените можеби се стандардни во однос на другите граѓани, меѓутоа во однос на нив-ните примања и статус, тие цени се превисоки.

„и околу документација пример, сега нормално како

„ниКОгаш ниКОј не Се јавува на тОј бРОј.”

Page 62: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

62

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

кога носам документи, за секој документ треба да платам така? треба да одиш таму ќе ти вика такса, не знам што не знам, како а тоа никој не ти го враќа а од каде пари?”

Овој проблем особено доаѓа до израз при последна-та обнова на документите за користење на социјална помош за која оваа група на граѓани требала да под-несе потврда за поседување на имот од републичкиот катастар која чини 500 денари. При тоа потребно е за секој член од семејството да се извади таква потврда, што некогаш го надминува износот којшто корисници-те го земаат како социјална помош. Учесниците се ис-клучително револтирани поради фактот што им било ветено дека парите коишто ги платиле во катастарот за оваа намена ќе им бидат исплатени но тоа досега сеуште не се случило.

„таму платив 1900 денари. по 500 за мене, за секој член од семејството. Рекоа ќе ни ги вратат не ни ги вратија.”

Но и покрај негативното мислење на учесниците во однос на овој проблем и недоразбирање, тие сепак се свесни дека вината за овој случај не е во Катастарот туку кај Министерството за труд и социјална политика. Сите учесници се согласија дека за оваа категорија на граѓани која е социјално и економски многу ранлива, Катастарот како институција треба да воведе одреде-ни попусти и финансиски бенефиции за други услуги коишто корисниците на социјална помош би ги корис-теле од Катастар.

Друг проблем кој го посочија некои од учесниците во оваа групна дискусија сметаат дека вработените се непрофесионални во своето однесување и посочија лични примери од ситуации при кои вработените им побарале мито за побрзо да добијат одредена услуга од Катастарот.

„треба на тој што ти врши работа 1.000 денари или да го почастиш нешто. Мажот ми вадеше имотни ли-стови за од баба му наследство и му рекоа ако сакаш да ти извадиме одма дента дај илјадарка, ако нејќеш ќе чекаш пет дена. Пошто него му се брзаше пошто му дојдоа роднини од Сомбор... мораа се да си платат за да завршат работа а инаку кога ќе платиш ќе завр-шиш.”

Поради финансиски незавидната положба во која се наоѓа оваа група на граѓани, поголемиот дел од учес-ниците не можат да си дозволат да користат интернет дома и следствено на тоа веб страната на катастарот

„таМу платив 1900 денаРи. пО 500 За Мене, За СеКОј член Од СеМејСтвОтО. РеКОа ќе ни ги вРатат не ни ги вРатија.”

Page 63: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

63

не им е од никаква корист.

Еден од учесниците којшто ја користел веб страната да провери податоци за својот имот не е задоволен затоа што истиот смета дека податоците не се ажурирани.

„јас сум ја користел интернет страната за Катастар ама грешни се податоците. Излегува дека имотот е на мое име, ама не е уште”

„јаС СуМ ја КОРиСтел интеРнет СтРаната За КатаСтаР аМа гРешни Се пОдатОците. иЗлегува деКа иМОтОт е на МОе иМе, аМа не е уште.”

Page 64: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 65: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

65

Клучни наоди од групна дискусија – лица со посебни потреби

Учесници во групната дискусија беа лица со посебни потреби, односно лица со телесен инвалидитет кои се корисници на некоја од услугите на Катастарот. Лицата со посебни потреби зборуваат за своите искуства во Катастарот, за пристапноста на лица со посебни потре-би во Катастарот како и за проблематичните аспекти од организацијата во институцијата на кои би требало да се работи во иднина.

Според лицата со посебни потреби неопходно е еден или повеќе шалтерските работници да посетат обука за комуникација со лицата со проблеми со слухот. Спо-ред испитаниците постои простор за унапредување на степенот на услужливост кон слепите лица и лицата со телесен инвалидитет. Тие сметаат дека вработените е потребно да умеат јасно да комуницираат и да се спремни да дадат детално објаснување не само на ин-валидните лица, туку и на другите категории граѓани како што се на пример како постари лица, неписмени лица и слично.

Информациите за постапката и потребната докумен-тација, лицата со посебни потреби најчесто ги добива-ат во просториите на Катастарот или преку свои род-нини и пријатели кои претходно ја користеле услугата.

Ставовите на учесниците околу љубезноста, услужли-воста и стручноста на вработените во Катастарот се разликуваат согласно нивните искуства. Она што спо-ред нив е особено важно е пред вработување на шал-терските работници да се посвети поголемо внимание на нивните способности за комуницирање со сите граѓани и посебно со лицата со инвалидитет.

Учесниците во групната дискусија се согласуваат дека цените кои Катастарот ги наплаќа за своите услуги се високи за сите граѓани, а особено за категориите со пониски приходи како што се инвалидите и корисници-те на социјална помош.

Учесниците исто така се согласни дека при користење на било која услуга на Катастарот потребно е чекање на редици пред шалтер, а понекогаш и повеќепати враќање во Агенцијата за катастар на недвижности за да ја завршат работата. Според нив тоа најчесто е ре-зултат на неуслужливоста на вработените и/или ком-

Page 66: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

66

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

плицираноста на предметот.

Според учесниците во групната дискусија постои прос-тор за поедноставување на постапката и документа-цијата потребна за добивање на било која услуга на Катастарот.

Детален извештај од групна дискусија – лица со посебни потреби

Во групната дискусија која беше организирана со цел да се добијат информации за искуството на лицата со посебни потреби беа вклучени девет лица со телесен инвалидитет кои имаат користено некоја од услугите на Катастарот. Најголем број од учесниците ја користе-ле услугата добивање на препис од имотен лист.

Лицата со посебни потреби укажуваат на неколку ас-пекти од работењето на Катастарот кои според нив би требало да се разгледаат и за истите да се изнајде ре-шение. Пред се тука се мисли на обученоста на врабо-тените лица во Катастарот за комуницирање со глуви лица и услужливоста кон лицата со телесен инвалиди-тет и слепите лица. Според нив овие обучувањето на шалтерските работници во Катастарот да комуници-раат и да услужуваат лица со посебни потреби покрај останатите граѓани ќе значи овозможување на лицата со посебни потреби самостојно да ги користат услугите на Катастарот.

„Ни требаат посебни шалтери за глувите лица, не може постојано со пишување да се обраќаат до службеници-те; треба да има личност која ќе ги упати, која со нив ќе разговара. Во тој поглед да има пристап за сите луѓе.”

„еден или двајца вработени да обучат, значи да има-ат задолженија меѓу другото да се услужуваат лица со посебни потреби. Што значи тоа? Тоа значи дека лице во количка кое не може да се турка на шалтер или не може да пријде зошто шалтерот е повисок од него, да излезе да го сослуша, да го упати.”

Во однос на начинот на добивање на информации за постапката и потребната документација пред под-несување на барањето за користење на услугите на Катастарот, лицата со посебни потреби истакнуваат дека најчесто или доаѓаат во Катастар за да добијат информација или информацијата ја добиваат од свои роднини и пријатели кои ја користеле услугата. Дел од лицата со посебни потреби учесници во групната дис-

„ни тРебаат пОСебни шалтеРи За глувите лица, не МОже пОСтОјанО СО пишување да Се ОбРаќаат дО Службениците; тРеба да иМа личнОСт КОја ќе ги упати, КОја СО нив ќе РаЗгОваРа.”

Page 67: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

67

кусија изјавија дека се обиделе телефонски да добијат информации за потребната документација при подне-сување барање за користење на некоја од услугите, но сметаат дека подобра опција е да отидат во Катас-тарот и таму да прочитаат на огласна табла. Според најголем дел од учесниците во просториите на Катас-тарот се добиваат најточни информации околу потреб-ните документи за поднесување на барање.

„Мислам дека најдоброто информирање е таму да се појде, во било која институција и да е, зошто или е застарена информацијата што е на интернет на веб страницата за начинот на работење или нема да биде комплетна информацијата, а најдобро е таму да се пој-де и да се информира и мислам дека тоа е и наједнос-тавно.”

„најдобра опција е да се отиде таму на лице место, но и таму може да ти кажат сега едно, после нешто друго. на телефон кога ги барате, како на автобуска да се јавувате, се нешто се нервозни. Сепак сметам дека најдобра опција е да се отиде на лице место.”

Учесниците во групната дискусија имаат различни ста-вови во однос на љубезноста, услужливоста и струч-носта на шалтерските работници во Катастарот. Дел од нив имаат и позитивни и негативни искуства. Некои од учесниците зборуваат со разбирање за односот на вработените укажувајќи на тоа дека работата која под-разбира директен контакт со луѓе не е лесна и дека кај шалтерските работници се упатуваат и информирани и помалку информирани лица, образовани и помалку образовани лица, лица со повеќе или помалку трпение. Друг дел од испитаниците пак, не се согласуваат со било какво оправдување на нељубезноста и неуслуж-ливоста на шалтерските работници нагласувајќи дека вработениот треба да биде љубезен и услужлив без оглед на другите околности.

„Зависи, во дадени моменти се љубезни, тоа е нор-мална работа, сметам дека ако денес им дошла пре-ку глава работата, можеби и јас да се најдам во таква ситуација и јас би била иста. не е во ред, но тоа е.”

„првиот пат кога отидов беа дрски и безобразни, се обидов да им возвратам во иста мера за малку на-правив една сцена таму, барав шефови прашував кој за што е тука на работа зошто не можам да бидам услужен, се заканив со телевизии и такви работи и одеднаш се заврши работата. но тоа не е начинот.”

Во однос на стручноста на вработените во Катастар најголем број од учесниците се согласуваат дека не би

Page 68: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

68

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

можеле да ја коментираат стручноста, но дека неоп-ходно е шалтерските работници да се добро запозна-ени со својата работа за да можат да дадат што поп-рецизни објаснувања не само за лицата со посебни потреби туку и за сите други граѓани. Тие сметаат дека стручноста на шалтерските работници е услов за на-времено завршување на работата.

„не се сите стручни, има и стручни има и некои кои не се. јас сметам дека треба добро да се обучат луѓето кои работат таму, не само секој еден да може да ра-боти на ова работно место”

Лицата со посебни потреби, учесници во дискусијата се согласуваат дека цените кои Катастарот ги наплаќа за своите услуги се високи за сите граѓани, а особено за категориите со пониски приходи како што се инва-лидите и корисниците на социјална помош. Според нив, досега не им била понудена никаква финансиска по-годност при користење на услугите на катастарот, но се согласуваат дека не е лесно да се постави систем за финансиски привилегии на лицата со посебни потреби или корисниците на социјална помош кој во исто време би оневозможил злоупотреби од страна на граѓани кои не влегуваат во ниедна од наведените категории, но дека поставувањето на ваков систем многу би го олес-нело користењето на услугите на Катастарот од лица-та со пониски примања како корисниците на социјална помош или лицата со посебни потреби.

„и онака се високи, но за лица со посебни потреби се особено високи.”

Учесниците се согласуваат дека при користење на било која услуга на Катастарот потребно е чекање на редици пред шалтер. Според нив во сите други инсти-туции е исто.

„нема некој голем проблем освен што се чекаат голе-ми редови”

Покрај чекањето на ред пред шалтер, некои од учесни-ците укажуваат на потреба од повеќекратно враќање во Катастарот за да ја завршат работата. Дел од учес-ниците раскажуваат за свои искуства каде било по-требно повеќепати да се враќаат во Катастарот за да ја завршат работата. Причините најчесто ги лоцираат во неуслужливоста на вработените или комплицира-носта на предметот.

„Значи цела недела специјално одев, трошев пари, 100 километри е Маврово - Скопје, и на крајот- никој не сака ни да те сослуша на шалтер, ти ги треска доку-ментите и ти вика ‘Те молам тргни се настрана’. Ништо.

„Значи цела недела СпецијалнО Одев, тРОшев паРи, 100 КилОМетРи е МавРОвО - СКОпје, и на КРајОт- ниКОј не СаКа ни да те СОСлуша на шалтеР, ти ги тРеСКа дОКуМентите и ти виКа ‘те МОлаМ тРгни Се наСтРана’.”

Page 69: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

69

Мислам катастрофа, многу лошо поминав. После тоа наредната недела сопругот дојде и заврши работа.”

„јас немав проблем, што кажува јане можеби сум имал таков ксмет. Отидов и завршив работа, немав некоја комплицирана ситуација за да идам и да се враќам наваму натаму итн.”

Во однос на организацијата на работата, лицата со по-себни потреби укажуваат на потреба од воведување на еден или повеќе шалтери за информации кои би биле првото место каде секој корисник на услугите ќе се обрати. Тие нагласуваат дека е многу важно лицата кои ќе работат на информативните шалтери да бидат не само стручни за дејноста туку и да умеат да кому-ницираат лесно со лица со посебни потреби, постари лица и лица со низок степен на образование.

„Службата со информации ако работи беспрекорно нема да има проблем на шалтер. Зошто ако јас имам документи и не сум сигурен дали сум во ред, нема да ги ставам на шалтер ќе одам во службата за инфор-мирање што е ќе прашам ве молам дали ги имам сите документи? ако ги има сите одам на шалтер, ако не си бркам работа одам да ги собирам. така не правам гужва на шалтер, не се нервирам себеси, не го нерви-рам вработениот, па така не пати ни таа зад тебе и тој што следи.”

Според учесниците постои простор за поедноставу-вање на постапката и документацијата потребна за добивање на било која услуга на Катастарот.

„има простор за да се поедностави работата. има во обрасците на пример места кои не треба никој да ги пополни, кои ги пополнува некој таму, има простор за да се коригира.”

Мал број од учесниците во групата ја користеле веб страницата на Катастарот. Оние кои ја користеле има-ат забелешки на нејзината функционалност, односно посочуваат на случаи кога не биле во можност да прис-тап до дел од содржините на веб страницата.

„јас сум ја користела меѓутоа нема многу информа-ции, не можам да отворам се што сакам и не сум за-доволна.”

Page 70: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 71: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

71

ДОДАТОЦИДОДАТОК 1 – ТРАНСКРИПТ ОД ГРУПНИТЕ ДИСКУСИИ

Page 72: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 73: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

73

Транскрипт за групна дискусија со земјоделциПериод: октомври 2012Време: 16:00 – 17:15Учесници: Јане Ф.

Ивица С.Силвана В.Татјана М.Слаѓан С.Сашо К.Анета И.

Модератор: Здраво, јас сум Николина. Пред сè ви благодарам за присуството. Оваа групна дискусија е дел од проект кој има за цел да го истражи задоволството на корисниците од услугите кои ги нуди Катастарот. Во оваа прилика би сакала да ве замолам да ги споделите со нас вашите искуства при користење на било која од услугите на Катастарот.

Би сакала да ве информирам дека од оваа групна дискусија ќе биде продуциран аудио и видео запис. Доколку некој од присутните не би сакал да учествува во групната дискусија може слободно да ја напушти оваа дискусија.

Сите присутни на оваа групна дискусија сте лица кои се занимаваат со земјодел-ство од причина што за обезбедување на дел од документите за користење на субвенции сте упатени да ги користите услугите на Катастарот.

Би сакала да нагласам дека нема точни и погрешни одговори, во оваа прилика потребна е вашата перцепција на нештата согласно вашето искуство. Исто така битно е да се сослушаме без прекинувања, затоа би ве замолила да зборуваме еден по еден.

На почеток ве молам да се претставите и да ни кажете што одгледувате? Да почнеме од Вас, Сашо?

Сашо: Јас сум Сашо од село Драгоманце, близу Куманово, тоа е општина Ста-ро Негоричане. Најмногу одгледуваме таму во тој крај компир и помалку зелка и нешто стока.

Модератор: Производството го користите за Вас или имате и дел за продажба.

Сашо: Има мал дел за продажба, зелка и компир. Во тој крај тоа успева.

Модератор: Сте ваделе имотен лист за земјиштето на кое одгледувате?

Сашо: Да, да

Модератор: Како помина?

Сашо: Па јас пред три четири месеци вадев документи за субвенции кога требаше и доста имаше гужва, доста луѓе беа собрани додека да ги предадеме, а потоа брзо бидна, но малку се чекаше

Модератор: Додека се предадат документите?

Сашо: Да, да. Додека се соберат документите, тоа многу време одзема и од село

Page 74: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

74

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

во град, па превоз, можеби би можело некои други пунктови да се отворат поблис-ку таму до селата. Сега не знам тој во Куманово колку општини покрива, цел ре-гион и баш има доста гужва.

Модератор: Чекавте долго?

Сашо: Да имаше гужви се чекаше долго ред. Потоа бргу го изготвија.

Модератор: Проблем е само додека се стигне на ред?

Сашо: Да, да. Ми делува како многу малку вработени да има таму. Мислам дека би можеле... има таму вработени во општината би можеле да ги ангажираат во Катастарот, да посветат повеќе внимание кога се тие ударни термини.

Модератор: Така. Вие Слаѓан?

Слаѓан: Јас сум Слаѓан од село Руѓинце, тоа е село дваесетина километри од Кума-ново. Од земјоделие, се што се сее: пченица, јачмен.

Модератор: За земјиштето имате имотен лист?

Слаѓан: Да, да

Модератор: Како поминавте кога го вадевте?

Слаѓан: Па слушам како и јас да сум бил во Катастарот. На оној пункт што е, има само тројца, четворица вработени, а конкретно за имотен лист кога ќе се вади, само еден е задолжен. Јас ја имав таа среќа или несреќа сега да не звучи претен-циозно, госпоѓата што работеше беше Албанка мислам, да не звучи претенциоз-но, ама не го ни разбираше македонскиот јазик, па мораше по втор пат... но тоа не е многу важно, важно е дека има многу гужва. Важно е дека има гужва и дека само една личност работи за имотен лист, а има уште три-четворица други кои не знам, не се задолжени, додека се чека се гледа дека не работат де факто скоро ништо, си седат таму, не велам дека не работат

Ивица: Си пијат кафе

Слаѓан: Па така, да не кажам, само еден е вработен и тоа е тоа. Додека дојдеш на ред. Она што е за чекирање за бројчињата...

Модератор: Апаратот за вадење бројче

Слаѓан: Да, каде што се вади бројче често пати знае да не работи. Мислам дека тоа е. Јас имав исто така едно непријатно искуство: два пати ми наплатија затоа што платив со ова... (покажува на поминување на картичка на терминал)

Модератор: Со картичка на терминал?

Слаѓан: Со картичка на терминал платив, вработената не знаеше да се снајде па потоа два пати ја помина картичката и два пати ми одземале од сметката и нема на кого да се буниш после.

Модератор: Тоа така остана?

Слаѓан: Така остана. Па 300 денари, 250 денари така нешто, ама два пати ми на-платија. Баш таа госпоѓата која работи на имотни листови. А инаку после брзо оди. Е сега може таа процедура да се намали, ќе земеш пријава па одиш да платиш, сега има терминал, порано беше одиш да платиш во банка, па се враќаш, сега ми-слам дека тоа е добро, само што како што кажа Сашо, некој пункт да има некаде, тоа не би било лошо.

Page 75: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

75

Модератор: Пунктови каде што би можеле тие работи да се завршат?

Слаѓан: Па може да се знае дека тој ден е таму за тоа, мислам дека има простории, има училишта што се оставени, напуштени, кои...

Сашо: Има општина

Слаѓан: Да и во општина, да. Може таму да се направи некаква филијала и тие луѓе од таму да не идеме до Куманово

Модератор: Значи во Куманово се збираат доста луѓе?

Слаѓан: да, Старо Негоричане, Липково и Куманово, тоа се 150.000 и повеќе. Ку-маново ги опслужува тие жители.

Модератор: Татјана?

Татјана: Јас сум Татјана од село Проевце, тоа е блиску само два километра од Ку-маново. Свињи, кокошки чуваме, од земјоделство патлиџани, пипер тоа садиме, крави... стандардно. Е сега за имотните листови исто така е проблем кај нас, во Куманово конкретно додека да се поднесат, потоа откако ќе се поднесат бргу би-дуваат. Меѓутоа тука е мал простор – во Катастарот кога ќе се влезе, загушно е, нема вентилација, нема клупи за седење.

Па таа администрација едно бара, друго бара и стварно би требало да ги поеднос-тават тие работи. И да вработат повеќе вработени, не само еден да работи на тој шалтер или пак другите вработени да помагаат кога е онаа сезона. Да го обезбе-дат малку подобро да биде.

Модератор: Да го решат проблемот со просторот?

Татјана: Да го решат просторот, има други згради што се напуштени во Куманово за да го средат и да стават повеќе вработени. Бидејќи сега тоалети нема, нема каде да одат луѓето

Модератор: Во ред. Силвана?

Силвана: Јас сум од Кочани, ама мажена тука во Скопје. Одгледуваме ориз, пченка.

Модератор: Како поминавте за имотен лист?

Силвана: Сега на пролет, една нива земавме. Малку е забавен процесот, не им се работи. Татко ми лично го пратив зошто беше ополномоштен кога ја земав нива-та, па мора да дојде таа лично, па малку да побркаш со пријатели и така, не оди од еднаш. Системот некако бавно.

Модератор: Ивица?

Ивица: Јас сум Ивица од Скопје. Живеам во Јурумлери. Се занимавам најмногу со житарни култури, јачмен, пченка. Цело производство е за продавање зошто не чувам стока, такви работи. И по дома нешто пипер, патлиџан. За Катастар што да кажам, вадиш имотен лист, таму се е збрка. Мислам дека беше 150-200 денари не знам точно зошто има многу да се трча за да се заврши работа. Гужви се сегде. Како што рекоа и претходно, најмногу ме нервира си дошол и чекаш два саата, а некој таму си седнал кафе си пие и не си ја брка работата. И тука се ствараат гужвите.

Слаѓан: Да, да, така се ствараат гужви.

Модератор: Анета како е во Прилеп?

Page 76: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

76

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Анета: Здраво, јас сум Анета од Прилеп. Се занимавам со земјоделие – тутун, исклучиво тутун. Наша нива немаме, сопствена, изнајмуваме под кирија. Сега има некои нови закони, за да можеш да садиш тутун од сопственикот треба да бараш имотен лист негов, па да се склучи договор за да може да се предаде тутунот...

Модератор: И да се земат субвенции?

Анета: за бел картон. Да. За тој бел картон треба, верувајте една папка со доку-менти: имотен лист, договор, платено за вода за водоснабдување – за хидросис-темот, ако имаат луѓето стара лична карта, со двајца сведоци треба да одат на но-тар, да платат 500 денари за да го извадат документот што му треба, не можеше со стара лична карта, сведоците не знам за што беа, и имаше многу голем револт. Исто во Прилеп има многу земјоделци, гужва е многу и нема услови за чекање. Како што кажуваат другите и кај нас, нема ни ве-це, нема клупа за да седнат. Младите не трчаат по тие работи, трчаат постари дури и по 70 години. Можеше обезбедување да има и да пуштаат по двајца - тројца да завршуваат работа. Во ходникот беше хаос. Се туркаа, се гмечеа луѓе. Надвор некој на мобилен се јавува, излегува службеникот и му ги зема документите, преку ред.

Слаѓан: Тоа сакав да кажам, извини, во Куманово и тоа се случува често. Преку ред, преку мобилен му јавува, му ги подметнуваат документите

Анета: Преку прозорец имаше случај кога му ги поддаваа...

Ивица: Секаде го има тоа. И во Скопје е исто.

Слаѓан: Ги подметнува, јас сум на ред, му ги даваат документите. Ми вели: чекај малку, куца, принта - изволте!

Анета: Може за две минути да се заврши работата, а инаку се чека по два дена. Човек од село доаѓа, остава работа за да поднеси документи, ден губи, па по два дена, пак ден да губи за да му издадат документи. Исто во врска со плаќањето има проблем. Не знае секој правилно да пополни, да однеси во пошта, и имаше од карши Катастарот агенција што земаше така позамашна сума за да ги заврши тие работи, за да пополни се точно. Ако кошта на пример 180 денари сам да си ја завршиш работата, агенцијата земја 280 или 300. Провизија. Има многу гужва, многу е нервозно, напнато.

Ивица: Тие не знаат да ги информираат луѓето како прво.

Анета: Како што кажаа и другите, кога знаете дека доаѓа таков период, спремајте се пред време, изнајдете начини, шалтери треба да има повеќе, повеќе службени-ци

Јане: Јас сега во последно време не сум бил во Катастарот, но пред три-четири години бев. Тогаш ми требаше имотен лист. Тогаш Катастарот се префрлаше во новиот дел. Во стариот дел имаше многу гужва.

Исто еден до друг беа, стариот е одма до новата зграда. Тука бев зошто главни работи тука се вадат, во Автокоманда само имотни листови можеш да извадиш, а било кои други документи мора во овој главниот Катастар. Е после тоа кога тре-баше други некои документи да вадам во новиот Катастар, беше нешто побрзо. Со бројче си одиш, повеќе шалтери има, побрзо оди. Но за инвалидно лице и тоа е многу, зошто немаат приоритет инвалидите, мора да чекаат како и секој друг, кога ќе дојдеш на ред тогаш. Затоа подоцна кога ќе ми требало имотен лист сум праќал или брат ми ќе го пратам или така.

Page 77: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

77

Модератор: Самостојно не?

Јане: Не, самостојно многу ми е оптеретување

Модератор: Ивица спомна информирање. Како се информирате кои се документи ви се потребни? Дали до таа информација се доаѓа лесно? Без разлика дали се работи за имотен лист или не. Конкретно вашите искуства се за имотни листови, дали знаете кои документи ќе ви требаат пред да отидете во Катастар?

Јане: Јас знаев дека само бројот треба да го знаеш што ти е од имотниот лист, и ако вадиш само за катастарската парцела бројот од катастарската парцела треба да го знаеш и тоа која катастарска општина си.

Ивица: Ако завршил некој пред тебе работа па да ти каже.

Слаѓан: Од пријател од човек кој што веќе имал потреба.

Татјана: Некој да ти каже.

Модератор: Конкретно да знаете дека ако се јавите или отидете таму ќе најдете информации?

Слаѓан: Не

Силвана: А таман работа таму да ти даде информација

Татјана: Не, нема ни збор таму кога ќе отидеш

Ивица: Тој на шалтер ако го прашаш нешто, ќе те истепа зошто го замараш

Слаѓан: Дури и навреден ќе биде

Татјана: На пример телефонски број каде да се информирате тоа го нема и ако отидете да ги прашате тие на шалтер за тоа што ти треба, тоа им е толку тешко да кажат, како кој знае што да е. Тоа им е работа.

Модератор: Имаат ли во Куманово посебен шалтер за информации во Катаста-рот?

Татјана: Не

Слаѓан: Имаат шалтер, пишува информации, само не даваат информации, не се тука

Татјана: Не, таму секогаш е затворено.

Анета: Кај нас имаше лист залепено во ходникот за кои документи се потребни. Ама мораш лично да отидеш да прочиташ па пак да се вратиш.

Татјана: И секогаш ќе фали нешто

Слаѓан: Пак ќе фали нешто

Сашо: Многу тешко се доаѓа до сите тие пунктови

Модератор: Добивате ли конкретна информација, ако ви треба имотен лист ќе треба да обезбедите тоа, тоа, тоа и тоа?

Слаѓан: Не е тоа случај во Куманово

Татјана: И самите да ти кажат пак нешто ќе најдат за да те вратат

Анета: Исто проблем е што бараат имотен лист не постар од шест месеци. Каква улога игра тоа? Земјиштето имотот не може да се смени, зошто не постар од шест месеци? Моја била нивата и пред две години, и пред два месеци и сега

Page 78: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

78

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Сашо: Може, да не е продадена

Силвана: Од причина да не е под хипотека можеби

Слаѓан: Да, но може на пример на година дена да биди, институциите да бидат поврзани мрежно па сами да си гледаат таму дали е под хипотека или не е.

Сашо: Затоа што сега кога сум извадил имотен лист, за следното вадење, пак ме фаќа страв како ќе биде, колку време. Ако би важеле барем на една година, пак подобро е. На шест месеци многу е мала важноста на тој документ.

Модератор: Сега во поглед на вработените. Имам три прашања: колку се љубез-ни, стручни и услужливи?

Срѓан: Јас прв?

Модератор: Може

Срѓан: Во однос на стручност јас веќе го кажав примерот со картичката, ако рабо-тат треба да бидат стручни да знаат да работат на терминал, второ во глобала не можеме да кажеме дали се сите топ или се сите нестручни, но мислам дека оди на-кај нестручноста, вагата натаму оди барем според мене. Второ дали се љубезни, еве конкретен пример: имаше гужва еднаш и на еден клиент му ѕвонеше мобил-ниот и тој вработениот на многу дрзок скоро вулгарен начин му се обрати на кли-ентот, за после две три минути на вработениот десет пати му ѕвони мобилниот.

Модератор: И тоа не е проблем?

Срѓан: Не, тогаш јас реагирав. Ако барате овие луѓе да исклучуваат мобилни исклу-чи го и твојот мобилен. Сега пак не велам, има и луѓе што се досадни, клиентите, не дека не, но сега нема не е за кај мене ќе го однесам кај колегата туку не е за кај мене и ги фрла документите, тоа сум го видел со мои очи. Не за кај мене ти реков и ги фрла. Тоа воопшто не е начин на комуникација, начин на работа, не бива. Зна-чи ако имам оценка од 1 до 10 некаде за услуга би било 3 за стручност евентуално 4 за љубезност 1. Така нешто би било.

Модератор: Вие Сашо?

Сашо: Јас не можам за стручност да го оценам, но мислам дека главен проблем е во просторното уредување на Катастарот во Куманово барем, и нив ги фаќа нер-воза, некогаш е како што рече господинот задушно и тие се нервозни, малку се вработени, еден услужува, ние чекаме, не умееме да создадеме ред, веројатно и нив им се создава некаков притисок па се нервозни. Далеку сме од некоја љубез-ност што гледаме на телевизија, како е на запад, далеку од тоа дека тој шалтерски работник ќе каже некој љубезен збор. Таа категорија на луѓе сме и ние кои одиме таму: недоволно информирани, јас реков за следното одење ми е страв, а не пак да ме врати за некој документ. А доколку има повеќе пунктови на повеќе места, а мислам дека има услови и вработени за да одговорат на тоа. Мислам дека тоа е главниот проблем, мислам дека тогаш би биле пољубезни. Сега ако тој еден работник сака мене да ме услужи овие 150 луѓе што чекаат ќе му викнат, каде, седи тука... можеби не се и тие виновни, во такви услови се и тие ставени. Треба да се размисли за тоа на повеќе места, на повеќе пунктови да се вадат тие имотни листови, не само во таа една просторија каде се опслужуваат три општини и тоа големи општини се тоа.

Модератор: Според вас Татјана, колку се вработените љубезни, услужливи и струч-ни?

Page 79: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

79

Татјана: За стручни не знам колку се стручни

Модератор: Знаете што мислам под стручност, ние како граѓани кога се обраќаме во Катастарот ние не сме стручни и ништо не знаеме, ниту пак треба да знаеме, дали кога ќе и кажам на вработената што ми е проблемот лесно ме разбира и лес-но ме насочува или и таа не знае што ми треба?

Татјана: Вработените или не се информирани или не знаат или не сакаат да знаат, или дошле тука само колку да им пројде работно време. А да се љубезни, не се. Ако им кажете добар ден, не знаат да ви одговорат или не сакаат да ви одговорат зошто им е понижување да ви одговорат не знам, пријатно па тоа веќе и да не зборуваме, ако ги прашаш нешто кога ќе те погледнат мислиш кој знае што бара-те, така да не се љубезни. Би требало можеби кога ќе ги вработуваат по други кри-териуми да ги вработуваат, малку на тоа да им обрнат внимание, на однесување, услужливост.

Модератор: Се случува да ви завршат работа дури и ако не е нивна работа?

Татјана: Тоа не. Само преку врски, ако познаваш некој па да се јавиш, ако овој е на оној, па тој е на оној, така работите одат, тука може. Ако лично одите онака без пријатели, тешко два три дена сигурно ќе ви треба за да завршите работа. Ништо не правите без врски и пријатели.

Силвана: Според мене се стручни само ако сакаат. Значи ако ги замолиш, ете има-ше случај кога бев јас, на еден постар човек му вика: па не си само ти, знаеш колку души има како тебе, значи не сака за една ситница го враќаше човекот дома де-цата да му го пополнат, што крајно не во ред. А тој е од село, значи да се враќа, а рокот, временскиот рок се стеснува за да го однесе документот кој му треба, никаква услужливост. Ако имаш пријател, можеш од шалтер на шалтер многу брзо. Тоа е, секаде е истиот проблем

Модератор: Според Вас Ивица?

Ивица: Што знам за стручноста што да кажам, кај мене грешки немаше кога го вадев имотниот лист. Сега едно да кажам, не да ги бранам, ама ставете се во нивно место, како што кажа човекот, денес осум саати со народ да работиш, има различен народ, некои стварно не знаат, се бутаат преку ред. Донекаде е до нас, до самите луѓе на пример, а и љубезноста зависи од културата на работникот, на човекот кој работи таму. Некој ќе отидеш ќе го видиш со намуртена фаца уште кога ќе влезеш си велиш поарно да не одам кај овој на шалтер, а некој друг ќе те услужи. Се зависи од личноста.

Модератор: Анета, како е во Прилеп?

Анета: Јас лично вадев имотен лист. Кај нас на едно место е гужвата, па има врата и после три шалтери, три работнички седат и внатре влегуваат само по тројца, фазла не може да влези никој. Гужвата е надвор, а внатре е тивко и мирно. Се зависи како што велат и другите од луѓето, може некој да е арогантен, може некој да е револтиран. Лично јас кога вадев имотен лист за мене без проблем ми беше и пополнето и без грешки. Влегов добар ден, ми врати добар ден, љубезни беа. За љубезни, љубезни беа. Зависи и ние како настапуваме спрема нив. Исто и за роднина мој од село ми рече ај и така си таму заврши ми работа. И ме праша службеничката: за која парцела бара имотен лист? Не знам имотот колкав му е, за роднината мој од село. Не знам и велам, ама месноста кај што се наоѓа се вика Три Крувчиња. Побара во компјутер, ја праша и колешката како треба дали треба

Page 80: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

80

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

цел имот да му се напиши, ја праша и ми даде точно баш за тој дел од имотот ми да де имотен лист.

Модератор: Така всушност јас ја дефинирам услужливоста.

Анета: И услужлива и стручна. Бидејќи јас не знаев. Можеше да ми даде имотен лист за цел имот, па да не ми треба таков. Затоа и ме праша: за кој дел ви треба? Прилеп се љубезни и услужливи и стручни.

Јане: Кај мене имавме една делба со браќата, поклон од татко ми и сега се појави грешка, јас работам нива на брат ми со негов број. Значи нивата на брат ми е со мој број на парцела, додека таа нива што јас ја работам е со број на брат ми. Сега чива грешка е, дали кај нотарите, не знам, има направено грешка и сега таа греш-ка треба да се исправи да се сменат броевите.

Модератор: Во поглед на љубезноста задоволен сте како Ви приоѓаат?

Јане: Не знам, сега кога ќе одам ќе видам, сега скоро ќе мора да одам за легализа-ција на имотот, тоа го има документот, потпишано е од општина, не знам како ќе биде, а треба да одам и за тоа. Е сега дали морам лично да одам или некое друго лице во мое име со документите не знам. Сам ми е страв да одам, зошто стоење, чекање, не знам како ќе биде.

Модератор: Следно прашање, колку е сложена постапката, дали сметате дека може да се поедностави во поглед на обемноста на документацијата која се бара при аплицирање? Се разбира дека за да се добие имотен лист некои документи се неопходни, но според вас дали сметате дека документацијата која се бара е преобемна или не и уште дали сметате дека постапката додека дојдете до доку-ментот кој ви треба е сложена или не?

Слаѓан: Јас мислам дека за имотен лист е потребна само лична карта и барање. Помалку од тоа што би било?

Модератор: Некои документи за докажување на сопственост како договор за ку-попродажба, судска одлука за наследство и слично?

Слаѓан: Јас бидејќи немам такво искуство, сметам дека оваа документација во обем е оптимална. Е сега не знам тие 50 денари таксени марки кои сега по ново ги ставија на уплатница, е тоа е веќе комплицирано. Сега да се врати по старо, не знам како би било, сигурно имало нешто зошто го сменија начинот на плаќање на овие 50 денари

Модератор: Административни такси

Слаѓан: Според мене документацијата е таа, мислам дека е оптимална. За разлика сакам да кажам од порано како што беше, сега се многу подобри. Порано беше хаос, можеби подобро осуди го човекот на две години во затвор, не го праќај еден ден во катастар. Во Куманово така беше порано, сега е подобро

Татјана: Сега е подобро од порано, меѓутоа уште треба да се работи на подобру-вања

Јане: Порано мораше да идеш на уплатница да плаќаш во пошта па да се враќаш, тоа беше малце повеќе малтретирање, а сега кој има платежна картица, може со картица да плати. Мислам дека е олеснато.

Модератор: Сашо се сложувате?

Сашо: Да се сложувам, само сакам да кажам сега можеби можат да се поврзат за

Page 81: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

81

субвенции тие што треба ...

Модератор: Да се поврзи системот меѓу институциите?

Сашо: Да, така размената на информации да оди појасно.

Модератор: Се губи ли многу време за да се заврши работа? Значи ако денес зна-ете дека треба да извадите имотен лист, да речеме за субвенции, се губи ли многу време додека се дојде до документот и ако да, во која фаза се губи најмногу вре-ме дали додека се соберат документите, дали додека се поднесе барањето или откако ќе се поднесе барањето додека се добие документот?

Сашо: За да се аплицира најмногу се чека, и потоа затоа што обично нашите ра-боти се поврзани, се чека за еден документ, потоа за друг додека се предадат документите. Во ветеринарно за било каква вакцинација исто така се чека. Значи многу време се губи на тоа чекање додека се аплицира, мислам дека потоа оди брзо.

Модератор: Да, таква е ситуацијата за документи за субвенции, како е за да до-биете имотен лист?

Сашо: И за имотен лист, чекањето за да се аплицира многу време одзема, а потоа ќе го изготват брзо не е проблем, потоа бива, бива истиот ден, но додека се апли-цира. Затоа јас по којзнае кој пат ќе повторам дека кога би имало повеќе пункто-ви, повеќе вработени мислам дека многу едноставно ќе се реши.

Модератор: На крај ќе ве прашам за предлози за подобрување. Слаѓан како е со времето за чекање?

Слаѓан: Како што кажа Сашо додека дојдете до ред до пултот тогаш се губи најм-ногу време, значи од како ќе влезете во Катастар додека дојдете на ред тогаш се губи време. Порано имаше ќе ти го испринтаат имотниот лист па тој ќе го даде на својот колега па ќе одиш од еден ред во друг само за да го испечатира, така беше, сега мислам дека тоа е поедноставено. А навистина така беше го принта и го дава на колегата, а ти кога ќе дојдеш на ред со уплатница кај вработениот што става печат. Сега е поедноставено. Најмногу време се губи додека се аплицира.

Модератор: Вие Татјана?

Татјана: Проблем е додека се аплицира, потоа нема проблем.

Модератор: Силвана?

Силвана: Исто мислам и јас. За обичен имотен лист завршуваш многу бргу, а ако ти е за субвенција малку потешко додека ги собереш документите после е побрзо. Е сега не дај боже ако има нешто за некој ден ќе ги добиеш.

Модератор: Ивица?

Ивица: Тоа е. Додека ги поднесеш документите оди бавно, после е полесно.

Модератор: Анета?

Анета: Исто, додека се дојде до шалтер се губи цел ден, после може одма да ти го испринтаат и да ти го дадат.

Модератор: Јане се согласувате?

Јане: Па не знам, зависи за што станува збор. Ако има гужва пред тебе ќе се чека долго време, еве сопругата беше пред некој ден за обичен имотен лист брзо за-врши за 10-15 минути за обичен имотен лист, не сум поднесувал за субвенции не

Page 82: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

82

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

знам.

Модератор: Сметате дека постапката за добивање на имотен лист кошта многу, соодветно или пак сметате дека цените во Катастарот се ниски? Ме интересира ваша перцепција, тука нема точен одговор, за секој од нас една сума има различна вредност, но според вас, дали цените кои ги наплаќа Катастарот се високи, соод-ветни или ниски?

Слаѓан: Генерално се високи, па дури мислам и дека конкретно за имотниот лист се високи. Според мене, мислам дека постои опција да се намалат цените, секогаш постои опција да се намалат цените. Трошокот е тонер и хартија, ништо повеќе. И плус уште некои административни трошоци, тоа да кошта 300 денари многу е, така некаде до кај 100 денари би било прифатливо, нешто пониско да биде, нема оперативен трошок, работникот и така и така си зема плата. Дури и да ставите амортизација за тие принтери и таа опрема, некои 10-15%. Не е ова траен доку-мент па ќе го извадам сега па дваесет години нема да ми треба, ова е документ на шест месеци, а најчесто се бара.

Модератор: Другите се согласувате?

Силвана: Да, од сто денари не би требало да биде повеќе

Ивица: Да

Анета: Да

Татјана: Да

Модератор: Јане?

Јане: Јас кога вадев се плаќаше по 150 денари плус таксена марка и за секоја парцела се доплаќаше. Ако некој имаше на пример 20 парцели излегуваше околу 700-800 денари, дури и до 1.000 денари доаѓаше за еден имотен лист, а сега не знам која цена е. Знам дека се плаќа 175 денари со картичка, ама дали е исто за сите парцели и се доплаќа, не знам, за еден број на катастарска парцела е 175 денара. Ако е за повеќе броеви таа цела може да се каже дека е нормална, ама ако биде пак за секој број да се доплаќа тоа би било многу

Модератор: Ја користите ли веб страната на Катастарот?

Силвана: Јас да, зошто ми требаше документот да ми се испрати тука, сега не знам за нареден пат дали им е поврзан системот да можам за Кочани тука да одам?

Слаѓан: Да поврзани се системски

Силвана: Инаку да, функционира веб страната

Модератор: Можете да најдете информации што ви требаат?

Силвана: Да, да може

Слаѓан: Па најчесто оние корисни информации се плаќаат. Најчесто се ставени оние општи информации, кое чие е, според бројот на имотниот лист и според бројот на парцелата тоа има, а дали е таа парцела под хипотека или не, тоа веќе се плаќа.

Силвана: Тоа инаку би можело да се злоупотреби

Слаѓан: Инаку да, јас ја користам веб страницата

Модератор: За да се дојде до информација?

Page 83: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

83

Слаѓан: Па не, не ја апдејтираат многу често, нема некои новости, што знам не сум ја отворил може задните три четири месеци, но сум влегувал неколку пати, ја користам.

Модератор: Останатите?

Анета: Исто и јас ја користам информативно, но како што вели не е многу ажу-рирана и следниот пат на пролет за имотен лист ќе пробам пак да видам дали ќе функционира за Прилеп.

Модератор: Знаете за некои услуги кои може да се добијат преку веб страната?

Анета: Да се аплицира, да не мора да чекаш на шалтер да поднесеш барање, а за земање мора лично да се оди

Модератор: Ивица сте ја користел веб страната на Катастарот?

Ивица: Не, за информации директно сум одел во Катастар. Знам имам слушнато за веб страната ама не сум ја користел.

Модератор: Јане вие?

Јане: Па како што кажаа сите ја имам отворано чисто да видам имотен лист, број парцела, нивите кои се, како се, сум отворал, ама не сум аплицирал, тие работи не. Имам отворано значи само за информации.

Модератор: Која е вашата препорака за подобрување на Катастарот?

Слаѓан: Јас би кажал дека прво треба да се вработат повеќе луѓе и да се направат повеќе од оние пунктови растурени и кога би знаеле дека од општина Старо Наго-ричане 70% или 90% од луѓето одат за имотен лист нека се направи и таму, па не е мислам голема филозофија мрежно да се поврзат. Сите го знаат тоа дека инсти-туцијата може да се поврзе, во општината нека си има една канцеларија, и не мора во општината има мал милион згради каде ќе се вработи еден кој ќе ги има сите овластувања кои би ги имал во Катастарот во Куманово. Тоа да се направи и да се поработи на комуникациски вештини на вработените. Јас пак нема да се согла-сам има секакви карактери, ама неговата работа е да се насмевнува и да вика: да секако! Значи вработениот не може да се расправа со клиентот, ако не може да се разбере има обезбедување ќе го повика, ќе го отстрани корисникот на услугите. Нема јас што да се расправам со него ама се додека клиентот е културен и се об-раќа со добар ден и ве молам објаснете ми тогаш апсолутно мора и вработениот да рече секако почекајте па дури и ако треба да излезе од пултот и да објасни како што треба. Да ги надминеме оние стереотипи готово, јас сум ваму ти си таму и тоа е, јас сум Бог па ќе ти се налутам па нема да ти ја завршам услугата. Нема тоа веќе готово. На тоа мислам дека мора да поработат многу. И тогаш се си оди, клиентот кога ќе види дека тој од другата страна е културен, не верувам дека ќе биде мно-гу лошо расположен или арогантен. А и овие корисници на услугите ги разбирам, доаѓа човекот губи цел ден, не знае, ние ја имаме таа среќа можеби помлади сме па колку толку се снаоѓаме, но кога ќе дојде некој старец од 65-70 години, човекот не знае каде е како прво. Таа му објаснува а тој ја гледа како изгубен во простор и време и таа му ги фрла документите: ајде снајди се. Па не може да се снајде, тој дошол тука знае дека тука треба и вели: што треба дете јас да правам. Е па тоа дете во наводници треба да му објасни што треба да направи тој човек, да му напише на крај на денот. На таа деловна комуникација да се поработи, и оној тех-нички аспект да се поработи на повеќе шалтери, канцеларии, истурени на неколку места мислам дека тогаш би било сосема солидно. И некои работи да може да се

Page 84: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

84

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

вадат преку интернет, не би било лошо тоа.

Ивица: На пример нов имотен лист да можеш да си испечатиш преку интернет

Слаѓан: Ако е тој имотен лист за нешто, на пример да не биде за купопродажба, ама да биде за субвенции и така

Ивица: Би се намалила гужвата по шалтерите

Слаѓан: Тој имотен лист би важел за тие области ако треба за продажба или пре-нос да мора да се оди во Катастар. Мислам дека има помалку продажби, најчесто имотните листови ги вадиме за тековни работи. За продажба може куќата да ја продаде еднаш во 20 години, дали и воопшто ќе ја продаде, тогаш не е проблем нека оди во Катастарот, но ќе нема гужва.

Силвана: И нека има пунктови. Се знае, се слуша преку владата кога ќе има субвен-ции, кога се аплицира, тој месец нека бидат повеќемина, има многу невработени

Сашо: Јас би кажал само дека сега кога се избори на пример, одат кај изнемоштени лица, одат дома кај луѓето, потоа пошта оди, ветеринарната служба оди, патро-лираат од село во село, тој ден се знае дека ќе бидат ваму ветеринарите, тој ден таму, значи може и Катастарот да ја прифати таа пракса, што рече господинот, се знае кога се аплицира тогаш е ударно, тогаш се гужвите, јас не знам дали друг период има такви гужви како што има тој период, тогаш за да не се губи толку време, толку средства се губат, живци се губат. Теренски, не мора сите места да ги покрие, ама на пример денес сум ваму во издвоен пункт, не мора да биде тоа канцеларија

Слаѓан: Комбе нека биде со компјутер, интернет

Сашо: Да, комбе нека биде, било што, затоа што навистина многу време се губи а не е само тоа, човек треба многу време да издвои за да може да ги заврши сите административни работи. Сега ај Катастарот е еднаш годишно, ама и други работи се на таков ист принцип каде има многу чекање. Се создава револт зошто на едно место чекаш, па нељубезни се... еве сега вадевме дозволи, возачки, лични карти, пасоши, секаде е исто, барем во Куманово, не знам за другите места. И се е со чекање, се е со нељубезност, се е со губење на време.

Татјана: Кај нас во Куманово, како што кажаа и другите е катастрофа.

Модератор: Прва работа што би смениле вие кога би можеле?

Татјана: Би ги ставила на ниско негде Катастарот да е, тоа прво, да не е по скали високо, за можат лица со колички и инвалидитет да пристапат, да има столчиња каде да се седне, да бидат повеќе вработени и да бидат културни и образовани за да работат и да си ја вршат работата како што треба. И да се знае таа пауза од колку до колку е, а не цел ден се на пауза. Каде се, на пауза се, вечито се на пауза. И пољубезни да се, таа комуникација мора да се подобри. Конкретно за Куманово тоа е, не знам за другите градови. Има стари згради што можат да ги уредат да вработат повеќе луѓе, а не само еден да работи, барем кога се тие ударни терми-ни.

Модератор: Силвана, што би смениле?

Силвана: Во Скопје не знам, јас во Кочани сум вадела имотен лист, малку повеќе да бидат ажурни, бројката да биде поголема барем тој еден месец

Модератор: Мислиш дека бројот на вработени треба да се зголеми?

Page 85: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

85

Силвана: Да, барем еден или двајца нека бидат на договор на дело да речеме, за тој месец за да се избегне сета гужва. За паузите знаат да бидат колку треба и не треба и тоа.

Модератор: Ивица?

Ивица: Како што рече таа, јас не би им дал пауза, зошто тие сами си земаат пауза. Некои имаат не по една, туку по две, по три, по пет паузи дневно тоа би го сменил сигурно. Не си ја сфаќаат работата озбилно сега ти си вработен овде се знае за тие осум саати имаш пауза, секој човек си има физиолошки потреби тоа се знае, но не може ти паузата од пола саат да си ја правиш саат време. Се знае ако ти се припило вода, одиш, земаш и се враќаш. Не велам не, може и да му се слоши на човек па да стане да се измие, но не може тоа да му се случува секој ден

Татјана: Ако е еден на пауза, нека го менува некој. Не сите од еднаш да се на пауза во Катастарот, од девет и пол до десет и пол. Нека има ред, нека излезат два-трој-ца па потоа други, да не трпи работата.

Ивица: Се ствара гужва и тогаш е проблемот кога ќе се створи гужва.

Сашо: А луѓето што чекаат не одат на пауза зошто не смее да си го изгуби редот.

Анета: Кај нас јас прво што би сменила, зошто кажавме дека најголем проблем е чекањето, луѓето тука најмногу време поминуваат, услови за чекање: клупа, ве-це, апарат за вода. Жешко е летно време, луѓето се настегани како сардини. Ред да се стави некој. Пишува работно време на Катастар почнува од 8 часот сабајле до 16 часот, од 8 се веќе наредени луѓето, од 9 почнуваат со работа. После пауза имаат еден саат, и после наместо до 16 да работат, тие работат до 14:30 или 15:00 ча-сот после се спремаат за работа. И за ударни периоди кога треба луѓето да вадат имотни листови, се знае кој период, да има повеќе вработени ама и да им донесат повеќе апарати, што ако има шестмина тука седат кога еден печатач е. Треба и поопремени да бидат. Сега додуша во Прилеп реновирано е кај вработените, со стакло се одделени шалтерите, не се на ниско туку на повисоко според новите стандарди, чекалната е проблем.

Модератор: А вие Јане?

Јане: Како што кажаа и другите, кој како ќе дојде застанува пред шалтерот, кога ќе видиш колона мораш да застанеш. Тие се сите на пауза, и гужвата од тука почнува. За да дојдеш на ред пред шалтер може 15 мина има пред тебе и ти отиде денот таму. Нека воведат забрана, некој да оди на пауза, а некој да продолжи да работи. Инаку иста е ситуацијата секаде, не само во Катастарот и во полиција за лични карти и во болница, каде да одиш на ист начин се ствараат колоните. Исто како што кажаа, ако треба во 8 ќе почне во 9 или 9 и пол, секаде е така. Друго за Катастарот, не знам како е во другите градови, но во Скопје, тие од Автокоманда ти велат не може тие документи да се поднесуваат тука мора во главниот Катас-тар. Зошто не би можело? Еве за легализација на куќите, зошто не би можело во тој Катастар да се поднесуваат туку морало во главниот? На пример мене Автоко-манда ми е поблиску, може и помалку гужва има, зошто да мора во главниот да се оди? Зошто не би можело секоја работа секаде да ја вршиш?

Силвана: Со систем ако им е поврзано не би требало да е проблем.

Јане: Не знам како е по другите градови, дали ги препраќаат во Скопје за некои работи?

Page 86: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

86

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Сашо: Не, по региони се врши работа.

Јане: Тоа јас би го сменил, да може за секоја работа во било кој Катастар што е поставен да се сврши работа.

Модератор: Во ред, тоа е се, фала ви многу за присуството.

Page 87: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 88: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

88

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Транскрипт за групна дискусија со РомиДата: 27.10.2012Време: 18:00 – 19:20Учесници: Мемет М.

Иса Д.Ферки Д.З. АлиЕрол Р.Сенад М.Осман Р.Амди М.Камил М.Ганимет А.Сабрие А.

Модератор: Здраво, јас сум Кристина. Пред сè ви благодарам за присуството. Оваа групна дискусија е дел од проект кој има за цел да го истражи задоволството на корисниците од услугите кои ги нуди Катастарот. Во оваа прилика би сакала да ве замолам да ги споделите со нас вашите искуства при користење на било која од услугите на Катастарот.

Би сакала да ве информирам дека од оваа групна дискусија ќе биде продуциран аудио и видео запис. Доколку некој од присутните не би сакал да учествува во групна дискусија може слободно да ја напушти оваа средба.

Би сакала да нагласам дека нема точни и погрешни одговори, во оваа прилика потребна е вашата перцепција на нештата согласно вашето искуство. Исто така битно е да се сослушаме без прекинувања, затоа би ве замолила да зборуваме еден по еден.

На почеток ве молам да се претставите и да ни кажете кога последен пат и за што сте биле во Катастар? Да почнеме од Вас, Мемет?

Мемет: Јас сум Мемет, пред 3 или 3 и пол години. Имам куќа во Драчево, и првото е за преносот, а последен пат за трансформацијата. Последен пат што бев беше во Општината да поднесам се што треба документи за легализација на дивоград-ба.

Модератор: До каде сте со процесот, или уште не сте аплицирале, само се инфор-миравте?

Мемет: Сум аплицирал, меѓутоа само со барање, треба да се достават сега сите документи, комплет.

Модератор: Во ред. Следно, Вие?

Иса: Кога се вадат документите за цела Македонија во Катастар за откуп на двор-ното место, тогаш ги предадов документите. Секако, на почетокот многу тешко беше, имаше многу луѓе таму што така вадеа документи.

Модератор: Неофицијално?

Page 89: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

89

Иса: Да, да, така на страна, што се познаваа. Инаку, за вадењето документи сакам да кажам јас сум со средно, но има луѓе понеписмени од мене. Сакам да кажам не знаев кои документи како се викаа, и требаше многу време да разберам како што треба. Требаше да се каже јасно кој документ како гласи, за да се знае, и правилно да се предадат после. Многу се чекаше тогаш, сега не знам како е. Тоа е.

Модератор: Благодарам. Вие?

Ферки: Здраво, јас сум Ферки. Имам и лично и професионално искуство. Личното е при вадење потврда за поседување на имот од Катастар, значи потврда дали по-стои имот на ваше име, така да во тој случај малку бев незадоволен, зашто постап-ката требаше да трае 15 дена. Траеше повеќе од 15 дена, па морав да ангажирам пријатели кои можат да го извадат листот. На крајот испадна дека оваа служба во Скопје, главната, не е надлежна да го извади, бидејќи сум со адреса во Делчево, па морав да се вратам, да поднесам барање и од таму да извадам потврда, што можеше да биде многу полесно. На почетокот да те информираат дека не може, па да си идам таму. Второто е професионално, бидејќи имам консултантска куќа, која дава услуги на странски инвеститори. При поднесувањето на информации за катастарски парцели, каде се наоѓаат, граница, извод на планови, многу се чека и постапката е многу комплицирана. Сепак ние имаме професионалци кои ги по-днесуваат барањата, но од друга страна периодот за издавање на документите е премногу долг, и документите што ќе се извадат се многу штури. На пример, понатаму треба да се ангажираат дополнителни лица што ќе ги протолкуваат тие документи. На пример, ако извадиш документи за граници на парцела, мораш да ангажираш и геолог или геометар за да направи разграничување или физичка делба. Тоа е дополнителен трошок и за нас, како фирма, а и за индивидуалци, така да доколку тие документи се подобри, подетални и поинформативни би било подобро за сите страни.

Модератор: Така. Вие?

Ерол: Да се претставам. Куќа имам во Топана. Ги предадов документите, значи имам стара тапија и се, значи сакам да префрлам на татко ми. Одам во општина, вадам се што треба, потоа платив приватен геодет, да ми завршат се работа, под наводници. Ми викаат иди сам ваму, иди сам таму, значи ме шетаат само горе доле. Ако идеш во Катастар те маршираат само. “Почекај не си на ред, ќе ви се ја-виме, ќе ве информираме”, и толку. Значи услугата е катастрофа. Не се ни љубез-ни, ни да ти објаснат што да направиш, каде да идеш, само нервозно. Ја прашуваш каде треба да идеш, ти вика не можам, тоа е.

Модератор: Така, благодарам. Али, да ве запознаеме на кратко, зборуваме за Катастарот и услугите на Катастарот. Почнавме еден по еден, да се претставите накратко и да ни кажете кога сте биле во Катастар, дали сте имале некаков про-блем, па потоа ќе зборуваме подетално, ќе зборуваме за вработени, време на чекање, и така.

Али: Така, значи живеам во Шуто Оризари. Али ми е името. Последен пат бев во Катастар за документи за куќата, со ова легализацијата, мислам дека тогаш не-колку пати ме вратија, со ова документи, па во општина. Во глобала мислам дека беше се ОК, само што ни рекоа надокнадно ќе те известиме, преку Интернет ќе си дознаеш за документот, дали е готов или не. И тоа. Бевме кај еден друг човек во општината, ме испратија, во врска со давачки некои за имотниот лист, па после накнадно во Катастар и така. Се изнашетав, но битно завршив работа, и тоа не за

Page 90: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

90

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

еден, туку за тројца. Толку.

Модератор: Вие?

Сенад: Здраво, јас сум Сенад. Последен пат бев во катастар за откуп на дворно земјиште, за 1 евро квадрат, требаше да се поднесе во општина, па потоа во Катастар. Ќе кажам и уште еден пример многу одамна. Имам и куќа во Топана, која претходно се водеше на квадратура, после извесно време таа квадратура се смали. Тоа е долга приказна, после тоа следуваше и тужби. Од старт кажувам, Катастарот е хаос кај нас.

Модератор: Така. Вие?

Осман: Јас сум Осман. И јас, како и сите други бев пред две години, за легализација на земјиштето. За разлика од нив, не се сложувам дека не е организирано. Един-ствено не знам за господинот кој има професионално искуство, тоа не знам. Не знам дали биле господава кога беше стариот Катастар, кога само за бројчето да го земеш требаше 5 дена. Многу поефикасни се откако е електронскиов Катастар. Достапна ти е секаква информација, значи да влезеш во самиот Катастар, знаеш кои документи ти се потребни. Значи на влезот на Катастар, кадешто работат со барањата, ќе ти ја дадат информацијата. Гужвите кога беа, со тие бројчињата, го земав бројчето и завршив за 2 саата. Беа крајно коректни службениците, немам намера никого да навредам или да зборам во нивна одбрана. Значи коректни беа. Немав никаква информација, и шалтерот го промашив кога ме викнаа. Ме прифати службеничката, барање на лице место на шалтерот поднесовме и ништо посебно не беше, ни дадоа веднаш. Значи немам некое проблематично искуство, можеби со вакви работи. И јас имам дивоградба која треба да ја легализирам, меѓутоа генерално откако е поставен електронскиов Катастар во новата зграда, јас сум задоволен со нивната услуга, почнувајќи од портирот кој е таму со барања-та. Брзи и ефикасни беа. Во моментов сега не знам како иде, но сите информации ми се достапни на интернет. Генерално имам позитивно искуство.

Амди: Здраво, јас сум Амди. Доаѓам од населба Шуто Оризари. Имав проблем во Катастар пред една година. Требаше да поднесам молба, имам на мое име имот. Ми кажаа дека треба да поднесам молба, па да чекам 14 дена и после кога отидов таму, ми рекоа треба да одам во Автокоманда. Мислам дека се неорганизирани, не даваат точни информации каде треба да се поднесат документи. Само тоа не сум задоволен.

Камил: Јас сум Камил, од Шутка. Исто проблем како него. Пред 1 година бев да вадам имотен лист. Од еден шалтер ме праќаа на друг, па натака. Цело време ја чекав таа гужва, и тоа со мало дете. Кога стигнав на шалтерот, никој не ми кажува ништо.

Модератор: Успеавте да завршите работа?

Камил: Да, после 15 дена, успеав да го извадам листот.

Модератор: Имаше ли некој шалтер за информации, некој да Ви објасни?

Камил: Па, никој не ми објасни на шалтерите, подобро ми објаснија тие што чекаа со мене, ми кажаа каде да одам, каде не.

Ганимет: Јас сум Ганимет, од Шуто Оризари. Исто така правев откуп на дворно ме-сто, тие бараки треба да ги откупиме. Бев во Катастар, таму ми рекоа “ќе одиш во општина, таму има наш човек, ќе ти ги земе сите документи, оди таму”. Нотарски

Page 91: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

91

ги заверив, па пак се вратив, и на крај ми рекоа немаше потреба, кај тебе се е во ред. Па зошто ме пратија? Имам јас вишок пари па да плаќам таму?

Модератор: Човек од Катастар Ви рече така?

Ганимет: Да, да. И после ми ги земаа документите, и еве после 2 години, јас се уште немам одговор што ќе биде и како. Секој комшија си заградува сам, си плаќа по едно евро, и вика од овде е мое, тука е твое. Дива лига. Само си даваш пари, а немаш ништо. Не сме задоволни. Тоа е.

Сабрие: Јас сум Сабрие. И јас имам проблеми. Отидов да земам број, за бројот три дена чекав. Чекав после третиот ден на шалтер и кога стигнав на ред, ми вика оди на другиот шалтер. Јас, викам, си идам дома. Отидов на другиот шалтер, на други-от шалтер имаше 20-30 луѓе и ми требаше цела недела да предадам документи. Не отидов после да го земам документот, ми рекоа за месец дена, јас не отидов. Не го земав и не сум задоволна. Исто и за куќата, бараките треба да се откупат. Бевме со маж ми. Не праќаат на овој шалтер, на оној шалтер. Ни викаат дека не се откупуваат веќе бараките, а на другиот шалтер ни вика дека треба да се откупат. И сега не знаеме што ќе биде. Исто и решение бараме, не ни даваат, дојдете утре. Не ни објаснуваат ништо. Значи за бараките на последна 19. Сега веќе таму нема бараки, ама пак ни требаат решенија. Документите ми требаат, а уште не сум ги земала. Не се услужни ич. Решение не може да се извади на таа адреса, лични до-кументи што ти требаат не можеш да ги земеш на таа адреса, ти бараат на друга. И тоа е, не сум задоволна.

Модератор: Пред да почнете со правниот процес, дали ви беше јасно кои докумен-ти се потребни и дали ви беше лесно да ги извадите? Како се информиравте пред да дојдете на шалтерот?

Мемет: Јас лично се информирав на телевизија, тие што имаат интернет, ќе си прочитаат и ако нешто заборават, пак ќе отворат. Тука е најголемиот проблем на катастарот, двата шалтера кои се за информации недоволно објаснуваат. Имав искуство за дворно место, кога дојдов таму прашав и не ми посветија доволно внимание. Можеби дека сум Ром, видливо е, а можеби и не е тоа, може е до чо-векот, меѓутоа не ми дадоа доволно информации, јас дојдов да запишам што ми треба и не ми објаснија така да, кога дојдов да ги дадам документите на шалтер во општина, беа некомплетни. Значи уште чекав, морав да се вратам и наново да поднесам барање кое ме одложи уште месец и пол за само еден документ кој ми недостасуваше. Потоа се решив да платам еден човек. Ми заврши работа за 3 ме-сеци. Човекот го познавав уште во општина, таму работи он, а жена му е адвокат. Комшијата се мачеше 2 години, и дури сега плати, а јас за 2 месеца завршив рабо-та. Информациите не се доволни. Јас се извинувам, но секој си го кажува своето мислење, не е битно дали се слагаме еден со друг. Шалтерите не работат како што треба. Работат со луѓе кои разбираат или не разбираат, не слушаат добро, па уште еднаш треба, и затоа се нервозни, јас ги разбирам. Меѓутоа тој си работи за плата и мора да научи да трпи луѓе. Мора да знае дека на шалтерот доаѓаат писмени и неписмени, глуви и слепи, вакви, такви, кои имаат проблеми дома, некој кој не разбира, и тоа е должност.

Модератор: Во принцип странките немаат обврска да бидат стручни за се, а осо-бено за катастарски работи и геодетскиот жаргон ретко кој го разбира. Тука има проблем.

Мемет: Што знаеме ние што е движење, мобилност. Треба да објаснат, а не со нер-

Page 92: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

92

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

воза, откако ќе ти кажат тој документ се вади таму и таму, ќе ти кажат погрешно место, ќе чекаш тука, а не е тоа. Ти викаат не е тука, оди таму.

Ганимет: Сите се согласуваме со Вас.

Мемет: Значи првенствено требаат информации подетално напишани, подобро објаснето, точно да се знае кој документ каде се вади, колку се плаќа и каде.

Сабрие: И да ти кажат за колку време да го подигнеш, а не само да се малтрети-раш и на крај нема објаснување.

Мемет: Да ви кажам сега последниве два дена. Човекот бил во странство, не прија-вил имот, нема блиски роднини тука да се заинтересираат за него, да му кажат и остана незапишан. Сега комшијата го узурпира, му зема пола имот, пола куќа му е во негово место. Тие сами му одземале 40 квадрати од парцелата. Тој сега вади имотен лист. Дали некој ќе му објасни што е работата? Имал 384 квадрати, а сега има 320 или 300, бидејќи не пријавил во 2006 не може да го подигне имотниот лист. Катастарот не му го дава и не може да докаже дека местото е негово. После треба да покрене приватна за да си го врати местото. Законот не го штити него-виот имот, тој ги платил давачките кон државата, го купил и сега го нема, дека не го пријавил. Државата треба да ги штити тие работи.

Иса: Се согласувам со се што рече тој. На пример, јас кога сакав да ги подигнам документите за парцелата, не знаев ништо, таму кајшто живеам, има шифра, но не ја знаев. На шалтер не знаеја, па ми кажаа тие што чекаа со мене. Не бев доволно информиран како да се пополнат документите. Има луѓе што не знаат. Кога ги подавав документите чекав од 9 до 4, не сум ни јадел, ни сум пиел.

Ферки: Јас во принцип, документите ги пополнувам претходно. Единствена забе-лешка ми е временскиот период на издавање на документите. Откако ќе ги подне-сеш, нема информација до каде се. Има некои рокови, но секогаш се пробиваат. Не може да го планираш времето. Бидејќи работиш со странци, не можеш да да-деш точен временски рок. Неизвесноста малку е проблем.

Ерол: Ќе ви речат дека ќе се јават за една недела, и после забораваат.

Амди: Може со еден збор да се каже дека не се љубезни, немаат комуникација.

Ганимет: Секогаш се нервозни кога ќе ги прашаш нешто. Зошто воопшто доаѓаат на работа? Нека си седат дома. Со нервоза не се работи.

Камил: За таа работа треба трпение.

Ганимет: Треба да се објасни или само ќе ти го затвори шалтерот.

Модератор: Другите, како дознавате кои документи ви требаат? Одите во катас-тар?

Осман: Само да му одговорам на господинот. Немав намера да влегувам во по-лемика со Вас, но размената на мислењата и несогласувањата се демократија. Значи, ако сум Ви кажал дека не се согласувам со Вашето мислење, треба да го почитувате тоа. Сега ќе се надоврзам на првиот господин, тој којшто има профе-сионална соработка со катастарот. Најбитна е информацијата. Колку сме спремни да ја примиме, тоа е наш проблем. За време на чекањето на било кој документ јасно стои на огласна табла за колку време се дава и колку се чека. Доколку имаме проблеми кои не се решени, на пример ако имам проблем со бројот на парцелата, тоа не е проблем на Катастар, тоа е мој проблем. На пример, моите родители се починати, а јас на време не сум го почнал движењето на имотот, нормално ќе стои

Page 93: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

93

таму дека бројот е непознат. Значи најбитна е информацијата. Како рековте пре-еска, комшиите и другите клиенти ни ги кажуваат најбитните информации. Значи јас сум бил во Катастар, прашувам пријател, ми кажува треба тој и тој документ, го земам, и веќе на шалтер доаѓам спремен.

Камил: Ама после пак те враќаат од шалтер.

Осман: Ама јас доаѓам во Катастар и на мониторот убаво пишува под точка 1, под точка 2. Ако сакаш имотен лист, се сеќавам дека 2 треба да притиснеш, и после ти излага во кој шалтер треба да одиш. Не можеш да го промашиш тоа. Ако си некомплетен, што очекувате на шалтерот? Значи не сум ни геодет, ни ништо, ни сум дошол да зборувам против нас, ама ве молам, треба сите документи да си ги прибереме дома. Ако имаме некој проблем треба да си го решиме.

Модератор: Нашето прашање е дали тие информации лесно се прибираат. Има ситуација, кај претходната група, кои беа земјоделци. Еден живее во едно село, друг во друго. Помалку се информирани, генерално помалку се образовани, како лица што живеат во рурални средини. Тоа е тоа. Дали заради тоа што тие живе-ат во таква ситуација, треба да се помачат повеќе отколку другите луѓе? Дали информациите ни се достапни? Дали ако ни е потребен имотен лист, знаеме, без пријатели, кои ни се секогаш резервна карта, каде да се обратиме?

Осман: Значи ако ги исклучиме пријателите, интернетот...

Модератор: Не интернетот.

Осман: Веднаш одиме во Катастар, каде се компетентни, а прашање е колку се компетентни тие на шалтер. Тоа е друго прашање. Значи јас би отишол прво таму, да се распрашам на шалтер за информации, а верувајте таму, на левата страна, ги пишува. Ако се обидеме да ги разбереме...

Модератор: Колку ви беше тешко да ги соберете сите документи?

Сабрие: Па се помачивме додека ги собравме.

Модератор: Каде се информиравте?

Амди: Па преку соседи повеќе, тие што ги ваделе тие документи.

Сабрие: Тие тука што сме соседи, сите го имаме истиот проблем, па се прашуваме.

Камил: Добро, ама има пописмени, има и понеписмени. Еве јас имам 4 одделение, ама пак не сум многу информирана за ова.

Сабрие: Јас сите ги извадив, ама чекањето беше многу. Само чекањето на шалтер ми беше проблем. Додека стигнам на ред, цела недела ми требаше. Се нервирав со луѓето. Една имаше стара, па се и паднаа документите, воопшто не ја ни видоа. Само и рекоа да си оди, и да не доаѓа сама.

Модератор: Ја споменавме љубезноста на вработените. Според вас, дали се вра-ботените доволно љубезни?

Ганимет: Не, не се љубезни.

Амди: Воопшто. Само те маршираат.

Ерол: Или ќе ти каже на кратки црти, па дали ќе го сфатиш ти или не, толку е.

Камил: Јас бев со мало дете, другите ме пуштија да одам пред нив, а таа на шалтер ме шета.

Page 94: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

94

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Мемет: Не се сите лоши, има и исклучоци.

Сабрие: Ние не кажуваме дека сите се.

Мемет: Не е проблем ако ти е документацијата чиста, се вади во општина за 2 минути, тоа го направија лесно. Покомплицирано е да се пополни уплатата за во банка, најчесто стари луѓе идат да извадат имотен лист. Во банките близу општи-ните, самите тие што работат таму пополнуваат.

Сенад: Во Топана и такса имаат за да ти пополнат. 50 денари е сега. За едно 50, за друго 100... За 500 денари, дури и ќе чекаат во банка да уплатат.

Мемет: Тоа е проблем, кога е чиста документацијата нема проблем.

Ганимет: Ама сепак нели треба да се објасни, што не е во ред со него, не само така да се однесуваат. Можда јас немам точни документи, ама треба да ти каже ова не е во ред, објаснување треба. Тоа не го прават. Тоа е проблемот.

Сабрие: Има и многу врски кај службениците. Да видиш како на неговите луѓе он ќе објасни се што треба, како треба. Албанец беше.

Модератор: Вие го прашавте?

Сабрие: Не, не, не, баш он ми рече “јас сега завршувам”, затвара шалтер. А на не-говите се им објаснува.

Осман: Знаете на што се сведува ова? Дали е добро тоа што она го потенцира ова? Дали ние се соочуваме со национален проблем, па они да бидат дрски со нас?

Сабрие: Не, не.

Модератор: Искрено, од групните дискусии кои ги имавме досега, не се работи за национална основа.

Осман: Сите групи истото го кажуваат?

Модератор: Вие сте четврта група и последна, и заклучокот е ист. Има индивиду-алци кои побрзо завршиле работа, и коишто сметаат дека биле дискриминирани.

Осман: Би било страшна работа ако било тоа поради националноста на која при-паѓаме, да бидат дрски со нас.

Сенад: А другите групи, што беа?

Модератор: Земјоделци.

Сенад: Македонци, Роми, Албанци?

Модератор: Македонци.

Сенад: Епа не можеме врз нивната база да кажеме дека нема тоа врска, дека не е на национална основа. Тоа се однесува на другите групи, кои не беа Роми. Но Ром кога оди, другше гледа, другше сфаќа и скроз друго гледа кога иде таму и има и тоа каква дискриминација. Барем јас така мислам, не знам.

Ганимет: Се согласувам со тоа.

Сенад: И тој што ќе те прими ќе каже “дај да видиме што имаш ти”. Дури и односот, со крајна дискриминација ти збори. Не ти кажува у фаца “ти си Циган, не ти завр-шувам работа”, туку “ај да видиме што имаш и ти, што е проблемот, што стално нешто проблем имаш, што доаѓаш тука”. Јас одам прашам за легендата што ја има позади, на имотниот лист, нигде не пишува ништо, ни на интернет, а никој ни вра-

Page 95: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

95

ботен нема да ти седи тука и да ти објаснува, да ти каже “01 ти значи оваа шифра, 03 ти значи оваа шифра”. За тоа нигде не ти пишува и никој вработен нема да ти каже таква информација. Ти треба сам да одиш и да прашуваш по геодети, да видиш што е ова во листот, за да можеш да го сфатиш. А таму треба да молиш и па нема ништо да сфатиш. Јас се соочив со таков проблем. Па може и треба, крај краева, кај Албанец да одам повеќе ќе ми заврши работа, кај Македонците нема да ми завршат работа, ќе речат “ај сега немам време информација да ти дадам”. Кај јас да одам информација да земам? Нема на интернет, нема тука на огласни табли, нема таква информација. Дури се случува, кај двајца вработени, двајцата различна информација да ти дадат. Зашто? Зашто се партиски, знаеме како вле-гуваат во Катастар, сите се партиски. Таму нема човек кој е квалификуван да ја работи таа работа. Со средно е влезен таму, и шеф е на некој со факултет може што работи таму. Што може да очекуваш од таков човек? Има такви случаеви.

Модератор: Дали сметате дека цените се генерално високи за услугите на Катас-тарот, се стандардни, или пак се ниски?

Мемет: Ние сме социјална држава, нема тука, 30 и кусур проценти се невработе-ни. Еден добар дел се социјалци, еден добар дел не се ни социјалци, немаат, не примаат социјално а немаат работа, бидејќи им пронашле таму дека имале некој хонорар од 2000-та година, им го блокирале социјалното, и он без социјално е. А не е еден, двајца. Кога ќе ја видиш целата процедура, треба десетици документи да извадиш

Сенад: За тоа се многу и административните трошоци во банка, мислам плаќаш таксена марка, провизијата е катастрофа, плаќаш исто колку за таксената марка, 50 со 50. 50 денари за марка, 50 за провизија. Во Комерцијална е 50 денари.

Модератор: Другите? Според Вас, цените се ниски, високи?

Ерол: Па високи, според нашите, невработеност. Нема, штом не работиш, ако ра-ботиш, некому не му е висока таа цена.

Модератор: Не, општо, генерално, ти како ги гледаш, според тебе.

Ерол: Според мене се високи.

Модератор: Али, Вие?

Али: Па да речеме високи.

Модератор: Ферки, Вие?

Ферки: Според мене прифатливи, посебно ме радува што можеме да платиме со картица, да не одиш по шалтери, да не губиме време. Мислам дека цените на ос-новните услуги барем, имотен лист не се толку скапи.

Амди: Не се толку скапи, за потврда јас 150 денари платив.

Ферки: Основните услуги не се скапи. Надворешните услуги кои не се на катастар се скапи, да ти изработат нешто. Можеби тие се скапи, ама тие не се работи на катастарот.

Модератор: Пак тие ги работат. Да, не се услуги на Катастарот, но се дел од доку-ментите кои треба да ги обезбедиш за да извадиш нешто.

Мемет: Пак мислам дека се скапи, пошто трошокот е само еден лист хартија и интернетот, кој денес... Денес да издаде 200 листа, тоа се 200 ливчиња хартија, нема никаков друг трошок, интернетот тие го користат. Нема никаков друг тро-

Page 96: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

96

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

шок, поминат е буџетот, тоа е јасно. Зошто 180 денари за едно ливче хартија? Тие пари одат кон државата. Вработениот зима плата од буџетот.

Модератор: Останатите што мислите?

Ганимет: Па високи се.

Сенад: Па како направија сега, од 6 месеци да не ти е постаро, па пак треба да вадиш, да плаќаш.

Модератор: Дали ја користите веб-страната на Катастарот?

Амди: Па некои, јас немам интернет, така да не ја користам.

Ферки: Ние ја користиме страницата, но како што кажав, многу од податоците се некорисни. И покрај тоа што ја имаме содржината, тие кодови, кога ќе се добие тој податок, тој не е користлив за да се искористи. Повторно треба да одиш во Ка-тастар, да извадиш документ. Ако електронскиот систем некако се направи да мо-жеш сам да испринташ имотен лист, да видиш број на парцела, со кого се граничи твојата парцела, колку сопственици има парцелата, тоа ќе биде многу подобро. Во моментов тоа е проблем. Може да имаш само увид, но за покорисни информации пак треба да поднесеш барање.

Модератор: Другите, дали некој од Вас можеби ја користел страницата на Катас-тарот?

Иса: Не, имаме интернет, ама не, не сум бил.

Модератор: Вие?

Мемет: Не, не.

Ерол: Користев интернет, ама не сум баш... Само на кратки црти ти објаснува, пак треба да одиш во Катастар.

Модератор: Во однос на роковите, дали сметате дека се запазуваат или пак се пробиваат тие рокови? Според Ваше искуство.

Мемет: Запазување на роковите? Не.

Модератор: Откако ќе аплицирате и ќе ви дадат одреден рок, дали тој рок се по-читува?

Мемет: Ми ја згрешиле адресата, ми ја ставиле старата адреса. Јас не знам ни каде ја нашле старата адреса, зашто лична карта вадев. Ми ја згрешиле адресата, и ми рекоа за 15 дена, 15 работни дена, така ми рекоа, и јас очекував за 15 дена да биде, ми рекоа ќе ми јават по порака, ама ми јавија после 7 месеци. Мислам дека толку беше, 6, 7 месеци.

Модератор: Вие, Иса?

Иса: Јас, кога ми ги дадоа документите, се беше во ред, мислам дека.

Модератор: Се испочитуваа роковите. Вие, Ферки?

Ферки: Јас не, секогаш каснат.

Али: Мислам дека рокот беше еден ден разлика, или два, од тоа.

Ерол: За мене не, не работат точно. Или “ќе ти се јавиме”, па ако им се јавиш, “ај почекај, уште малце, ќе ти се јавиме”. И ти сега чекај.

Али: Да, имаше таква ситуација. Јас, татко ми и брат ми предадовме во исто време

Page 97: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

97

се. Тогаш рекоа ќе објават на интернет кога ќе биде готово. На татко ми и брат ми беа готови, а мојот не бил готов. После две недели, видов на интернет, беше готов. Која беше причината не знам. После кога ги зимавме документите беше се ОК.

Модератор: Во ред.

Сенад: Според мене, проблемот е истиот, доцнат.

Осман: Според мене, не ми пробиле, ама сигурно пробиваат. Ако смеам да се об-ратам на господинот, значи кога ти го згрешија документот, ме интересира пошто сум слушнал за такви случаи, кога ти го згрешија документот, дали требаше за ис-правката ново барање и нови пари? Значи зашто за нивна грешка, ново барање, и јас да треба да плаќам?

Мемет: Значи, нешто јас да објаснам тука. Јас имам куќа и на друга адреса. Ве-ројатно кога куцале, излегла и таа адреса, и некако ја напишале таа адреса.

Сенад: Како и да е, тие податоци треба да ги апдејтуваат, стари се, може и по 20 години, што ако јас сум живеел во Штип?

Али: Добро, сега он претпоставува.

Мемет: Да, јас претпоставувам, не знам дали е така. Од кај им е таа адреса, кај лична карта извадив на новата адреса, таа куќа. Значи купена, префрлена, и ете кога направив пренос на мое име во Катастар, 3 месеци чекав, а требаше 1 месец.

Сенад: Тие се работни денови. Сега, како работат, во неделата 1 ден работи.

Амди: Јас кога прашав ми рекоа треба во Автокоманда, а ми ја дадоа потврдата за 14 дена, мислам дека така беше.

Модератор: За 2 недели.

Камил: Па за две недели беше готова. Рекоа во понеделник, не беше готова, па дојди наредниот понеделник, и тогаш беше готова.

Ганимет: Мене ми рекоа за една недела, ама јас не отидов за една недела, отидов покасно за да бидам сигурна дека ќе завршам работа.

Сабрие: Отидов не беше готово, ми рекоа после еден месец, пак не беше готово.

Модератор: После тоа Ви кажаа кога да дојдете?

Ганимет: Не, дојди после 2-3 дена, 100% ќе биде готова. Не беше.

Модератор: Кога би имале можност да предложите барем една работа која знаете дека Катастарот ќе ја смени на Ваш предлог, што би било тоа? Значи што е она што Ви претставувало најголем проблем и мислите дека ако тоа се промени, ќе се подобри Катастарот?

Амди: Јас мислам дека бараат премногу документи.

Модератор: Да се намали бројот на потребни документи?

Амди и Камил: Па, да.

Ганимет: Едно, ама вредно нека биде, а не сега...

Осман: Јас, моето мислење е дека треба да стават стручни лица на шалтерите, кои ќе си ја познаваат својата работа, нема да имаме вакви проблеми какви што имаме сега. Значи љубезноста и стручноста, да ја има на таа страна, значи не сме

Page 98: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

98

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

геодети, не сме стручњаци, такви лица, лесно информацијата да ни ја преточат, да постават стручни лица.

Модератор: Вработените да се обучат подобро.

Мемет: Сега да не спомнувам да не бидат тие партиски, него да ги обучат подо-бро, да бидат образовани и спремни за своето место.

Модератор: Да, под обука не се под разбира само стручност, туку и самата кому-никација.

Мемет: Да, комуникацијата, да знаат дека тие се таму заради нас, информациите да ни ги дадат.

Модератор: Останатите?

Сенад: Па, да има и повеќе Роми вработени.

Модератор: Сметате дека тоа ќе помогне?

Сенад: Да, пошто може некој не го говори добро македонскиот јазик.

Ерол: Па, шалтерите да бидат поинформативни, на шалтерот тој што е тука треба да биде доста стручен, да знае да ти објасни добро. А ти сега тие документи сите не ги знаеш, а тој треба да ти објасни, еве јас тие информации не ги знам доволно, он само ќе ти каже, ова иди ваму, а ти после трчај, и после “е, па не требаше ова да го извадиш, иди сега ова вади”. Значи тоа е мојот коментар.

Модератор: Али?

Али: Јас, како Сенад, некој Ром повише таму да има, зад шалтерите, заради еве јас лично ќе го кажам тоа, имам таков вид работа специфична, значи кога има некој Ром, односот меѓу нас ќе биде поблизок. Ќе се ослободиме на некој начин, или еве поддршка ќе ни даде...

Ганимет: Подобро однесување ќе има...

Али: Ме разбираш...? А и башка тоа, што вика Сенад, на мајчин јазик да ти збори, тоа е друго. И ние ги имаме тие права како и сите. Сега односот, сега тоа е гене-рално важи за сите, не само за нас, не ни прави услуга нас, општо дали е Албанец, дали е Македонец. Буквално треба да ги разбереме и нив, зошто имаат работа со илјадници луѓе дневно и на човекот му пука филм, не кај сите сега, ама ете некои. Тоа е, друго ништо.

Ганимет: Тој нервозен таму на шалтер, јас нервозна нешто од дома сум излегла.

Али: Ти нервозна од дома не излагај...

Ганимет: И уште повеќе нервозна ме прави... Во таа гужва.

Али: Многу зависи од работата, од професионалноста во работата. На пример, долгогодишно искуство покажува дека професионалност и трпеливост зависи од што работа имаш. Сега секој нов влезен, или што викаш ќе дојде со некој про-блем,сигурно нема да се испука таму, професионално ќе си ја заврши работата, приватно што сака нека си прави.

Ганимет: Во месна заедница во Шуто Оризари, нешто претходно што работеа, и сега треба да извадам извод. И одам таму и викам “за децата извод ми треба”. “Нема проблем”, ми викаат пиши ова тука, ова тука, само исчисти ова тука.

Али: Ама тоа кога било, пред 15 години?

Page 99: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

99

Ганимет: Не, сега, пред 2-3 години. И викам “добро сега, зашто да ви чистам”, “па немаме чистачка, па ќе ти го направиме денес”. Е стварно не ми се одеше да зе-мам изводи. А сега кога ми требаше за девојчето изводи, имаше друг кадар значи. И влегувам и викам “Ми треба извод”, и тој таму стварно колку беше услужен, ми вика “одма”.

Али: Извинете сега вака што ќе се вмешам. Моментално, значи овие години, во Шуто Оризари, дали е во месната заедница, дали во општината, јас мислам дека се води се регуларно, зошто јас лично никаде не отидов, да извадам документ. Едноставно, шефот на кабинетот ми е добар другар.

Сенад: Е, па затоа ти.

Али: Ви кажувам, не мора да значи дека е он, ама било кој друг.

Сенад: Не можеме сите да бидеме другари на шефот.

Али: Било кој друг претходно да бил, знам дека му објаснувал.

Ганимет: Јас лично бев во општината, и стварно ме услужија.

Али: Да не бараш, да не се замараш, оди, извади тоа, тоа и тоа.

Ганимет: Одам кај изводи што се вадат, и таа жената ме услужи.

Модератор: Може да продолжиме со Вас?

Ферки: Сум размислувал многу на темата, мислам дека кол-центар многу ќе помог-не, нешто како што МВР направија, значи пред да отидеш, да се јавиш да прашаш, да провериш дали документот ти е готов, пред да излезеш да се јавиш, некој да ти објасни што да понесеш од дома. Мислам дека тоа ќе помогне, нешто како кон-цептот МВР што направија со личните карти и пасошите.

Иса: И јас со нив исто се сложувам, значи повеќе љубезност, професионална рабо-та, и повеќе информација, на луѓето што идат таму да им објаснат како што треба, за да не идат по двапати, по трипати.

Модератор: Мемет, Вие?

Мемет: Јас, мислам дека тие што даваат информации да даваат повеќе, и зошто не една канцеларија во Шуто Оризари, Шуто Оризари е голема населба, 40 000 луѓе, многу ќе ни олесни, ама сега повеќето од 60% преживуваат ден за ден, и ќе се олеснат, значи помалку трошоци, помалку нервози, поблиску ќе бидат, ако ед-наш згреши, ќе се врати пак, ќе праша, многу полесно ќе биде. А друго, еве да се промовира еден шалтерски систем. Зашто мораш да извадиш десетици докумен-ти, кога комисијата што ги разгледува твоите документи, може да го види твојот документ на компјутер, него му е доста. Зашто мораш да го вадиш како папир, како хартија, за комисијата да го види. На пример, ти требаат 10 документи за ле-гализација, имаш 5, зашто тоа да не биде 1 документ, купопродажен, да го дадеш и према тој да ги видат сите останати 9 документи? Зашто да не бидеш видлив за комисијата, тие се немелниви. Ти истиот ќе го извадиш како папир, зашто мораш сите 10 да ги вадиш и да му ги предадеш?

Сенад: Така се направи гужвата на почетокот.

Осман: А пред малце што рече буџетот како се пуни, со хартии? Преку хартијата се пуни буџетот, преку интернет не се пуни.

Мемет: Добро, плати ги, само да не ги чекаш.

Page 100: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

100

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Осман: Да, да, само да се нашалам.

Мемет: Да отворат информативни центри, и да можеме сите документи да ги има-ме на компјутер. Да дадеме само матичен број, барање, и они автоматски да ги бараат документите.

Сенад: И да функционира тоа жалби и поплаки, пошто мислам дека тоа воопшто не функционира. Во било која јавна институција.

Модератор: Во дел од институциите има систем со притискање копчиња за оцену-вање на јавната администрација.

Сенад: Не работат, јас ги пробав.

Ерол: И јас ги пробав.

Модератор: За зелено или за црвено?

Ерол: За црвено.

Модератор: Ви благодарам на сите што дојдовте и учествувавте во групна диску-сија.

Page 101: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 102: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

102

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Транскрипт за групна дискусија – корисници на социјална помошДата: 27.10.2012Време: 14:00 – 14:55Учесници: Зоран П.

Коле А.Ремзи Ш.Даниела К.Драган П.Ивана И.

Модератор: Здраво, јас сум Кристина. Пред сè ви благодарам за присуството. Оваа групна дискусија е дел од проект кој има за цел да го истражи задоволството на корисниците од услугите кои ги нуди Катастарот. Во оваа прилика би сакала да ве замолам да ги споделите со нас вашите искуства при користење на било која од услугите на Катастарот.

Би сакала да ве информирам дека од оваа групна дискусија ќе биде продуциран аудио и видео запис. Доколку некој од присутните не би сакал да учествува во групната дискусија може слободно да ја напушти оваа средба.

Би сакала да нагласам дека нема точни и погрешни одговори, во оваа прилика потребна е вашата перцепција на нештата согласно вашето искуство. Исто така битно е да се сослушаме без прекинувања, затоа би ве замолила да зборуваме еден по еден.

Може да почнеме со тоа што секој од вас на кратко ќе каже колку време сте корис-ник на социјална помош и каква била процедурата за добивање на тој статус? Кои документи ви биле потребни од Катастарот?

Драган: Епа одма ќе ви кажам Катастарот иде многу брзо неодамна вадев имотен лист за мајка ми, почината е, треба да го префрлам на мое име имотниот лист, станот .. за неполни 2 минути толку тап тап горе на екранот бројче ти искача .. колку кошта? 450 денари ми се чини.. значи не е многу. Тоа иначе корисник сум 4 години од 2008.

Модератор: Како обврска Ви налагаше центарот за социјални работи секоја годи-на да доставите документ за имотна состојба.

Драган: Да се тоа редовно сите години, исто потврди за возило дека не поседу-ваш, од управи иде за секунда да направиш на шалтер, како беше другата не ми текнува, се автоматски иде поврзано.

Модератор: Дали имавте проблем да го извадите потребниот документ?

Драган: Каков проблем. Нема проблем. Па јас сум сам дома живеам и немаше проблем. Многу беше брзо.

Даниела: Јас користам четири години социјална помош и кога почнав стартно зна-чи имаше некои проблеми за документите пошто требаше да вадам документи за детево нели. Ама пак колку толку мислам немаше толку проблем. Овие четири

Page 103: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

103

години додека користев немаше проблеми. Лани беше обнова или нели требаше тоа документ од Катастар ама мислам дека и тоа за недела, 10 дена веќе ги имав сите документи и ги приложив како обнова. Си направив обнова, немав проблем од Катастар, сега се чека по два три дена, се чека ама тоа. Сега ќе чекаш ама ќе завршиш. Се се чека, сега треба да платиш па да ти дадат одма. Да сега мажот ми вадеше имотни листови за од баба му наследство и му рекоа ако сакаш да ти извадиме одма дента дај илјадарка, ако нејќеш ќе чекаш 5 дена. Пошто него му се брзаше пошто му дојдоа роднини од Сомбор. Пошто таму има тетка мажена и мораше итно да се извадат документите пошто они имаa само еден ден тука да седат пошто не им давале од работа денови и мораа да дојдат да завршат работа и да се вратат за Сомбор, а Сомбор е 700 километри. И мораа се да си платат за да завршат работа а инаку кога ќе платиш ќе завршиш.

Модератор: Во смисла на некоја забрзана процедура доколку платиш повеќе или неофицијално?

Даниела: Па да ако платиш ќе ти извадат одма.

Ремзи: Не плаќаш туку да им фрлиш 1000 денари. Не плаќаш.

Даниела: Треба на тој што ти врши работа 1000 денари или да го почастиш нешто.

Модератор: Тоа сега скоро се случува?

Ремзи: Секогаш.

Даниела: Ние сега вадевме, за сега кажувам, порано никогаш во живот во Катас-тар не сум била освен сега за социјално.

Ремзи: И мене 1000 денари ми побараа сега пред една недела бев.

Ремзи: Јас имам лошо искуство со Катастарот и во Автокоманда и во Карпош. Таму чекав 3 саати за еден имотен лист за станот дека се тужам со државата. Тој лошо постапи, ми го скина листот демек не може ова, па отидовме кај друг па се вратив назад па ми го дадоа за 5 минути.

А исто бев од социјално што вадам за тоа дали имаме имот. Од лани во 11 месец, дали во март дали во април што ми требаа отидов да ги земам па не биле готови па отидов судски да ги земам па ми ги дадоа за 5 минути. Инаку ми вика не, не се готови му викам како бе не се готови 4-5 месеци ги имам дадено ги чувам лив-чињата.

Модератор: А бевте да проверите во меѓувреме?

Ремзи: Не, не проверивме. Рекоа дека ќе ни ги пратат преку пошта рече човекот. Ми требаа мене за у суд, ми рекоа не се готови, па земав од јавниот суд адво-катката ми даде и со тоа ги земав за помалце од 5 минути. Е така. Немам добро искуство со ова Катастарот. Нељубезни се. Неписмени се да се разбереме. Тој што работи таму не е за таму. А да речеме постари луѓе што се, стана, ја знае работата го заврши за кратко.

Инаку социјалното го земаме со прекин 4 па 2 години со година дена прекин 6 години. И овие за обнова ми требаа, а ми требаа и за друго нешто. Таму платив 1900 денари. По 500 за мене, за секој член од семејството. Рекоа ќе ни ги вратат не ни ги вратија. Тоа.

Модератор: Вие?

Коле: Ние немаме што да кажеме. Првиот пат одма ми дадоа, напишав молба,

Page 104: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

104

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

вториот пат причекав 2-3 дена, мораше да причекам да проверат дали имам на-следство или немам. Така да немам примедба.

Зоран: Катастрофа беше. Немаме ние имот чисто онаа документација кога беше моравме да чекаме 5-6 саати најмалку. Дури се закажуваше со тоа што и кога ќе дојдеме на ред за документација чекавме неколку недели за да ни го извадат документот е сега дали нешто е подобрено во смисол тогаш што ги плативме тие пари што беше за Катастар нити ни ги вратија нити ништо.

Модератор: А Ви ветија дека ќе ви ги вратат?

Зоран: Да, да, беше начално направен договор дека преку социјалното. Ќе вле-зе во социјално и нели кога ќе биде исплаќањето со социјалата дека тие што ги платиле документите, после прекинаа да не плаќаат некој дел од тие што покасно ги поднесоа документите дека они не ги платија а ние што ги плативме требаше како наводно да ни ги вратат преку социјалното ама не ни беше вратено. На де-нот што беа што закаснија тие не го платија, а ние порано што сме поднеле си го плативме и не ни го обештетија, мислам да ни ги вратат парите. Што бевме, што ги плативме тие документи. И околу документација пример, сега нормално како социјалец пошто јас сум комбиниран да кажам и социјално и со посебни потреби имам дете така да кога носиш за документи за секој документ треба да платиш така? Треба да одиш таму ќе ти вика, такса не знам што не знам како, а тоа никој не ти го враќа, а од каде? Тие се тие работи.

Модератор: Бидејќи почнавме разговор за вработените. Што би кажале за нивна-та љубезност, за стручноста како одделни работи. Љубезност, нели некој може да е многу фин меѓутоа да не е доволно стручен да Ви помогне и дали се подготвени дури и кога самите не знаат да ви одговорат да одат до кај колешката да прашаат за да Ве услужат?

Даниела: Ретки се тие. Од 10 души што работат таму дали двајца има “чекај да прашам, па да ти помогнам„ едноставно те игнорира, не е тоа моја работа. Бркај работа или чекај кафе да пијам, и арогантни се.

Драган: Може да продолжам јас?

Еве две замерки до Катастарот или пак едната до Министерството за труд и со-цијала. Треба да знаеш албански ако сакаш да влезеш место 36-ти, први или втори.. Така? Така е и во телевизија, дали за извод дали за возачка. Еве конкретно кога ние ги вадевме имотните листови од Катастар, наредба од таму и таму требало имотни листови. Еве конкретно за имотните листови, ги вадиме сега вака, во прво полувреме по 500 денари ни зимаа од еден имотен лист. Зашто второ полувреме на месец дена, пак на крај за Албанците кога доаѓаа, пошто Албанец е на шалтер кај нас во Кисела Вода „не треба, не треба„ колку толку знам Албански „не треба, не треба„. Кој ти ги врати тие петстотки? Ај кажете ми? Значи Катастарот не е крив така? Труд и социјала е крива. Зашто на нас прво полувреме ни земаа петстотки? Него за нас, не го кажувам општо, првите 2-3 месеци, па пуштија еден месец за што за Албанците? Им пуштија еден месец и пак не дојдоа.. па чекај бе кој се они? Труд и социјала ги обвинувам, не Катастар. Сега ние по петстотки ќе даваме а они?

Модератор: Труд и социјала не Ви ги врати тие пари?

Драган: Ма какви пари! Труд и социјала прашај го Министерството за финансии.

Модератор: Вие раскажете ни за вашето искуство.

Page 105: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

105

Драган: Ние вадевме со пријателка, Весна заедно немаше пари и дадов 500. А Ал-банците гратис, фер е тука? Што се они? Луѓе од Марс? Кои привилегии ги имаат? Тоа е тоа, ама не се криви Катастарот, спроводници се така?

Ремзи: Не се криви нит Катастарот нит социјалното.

Драган: Владата кажува кој сака што сака.

Ремзи: Ете така.. ние ги гласавме ќе ги ќутиме сега.

Драган: Што ќе ќутиме сега?

Ремзи: И кај нас во Бутел е така, кај нас се сите Албанци, така ли е ти идеш, да не е Габи или оваа некој познат да имаш.

Драган: Е не ќе дојде некој од Црн врв таму од 60-40 километри од кај знае. Нема ни 8 одделение, со две години школо. Е сега како се разбираат, што се разбираат не знам, со два кила ораси, три кила банани не знам, али проаѓаат, а ти чекај.

Модератор: Значи зборуваме за љубезноста на вработените, колку се приемчиви да Ве прифатат, да Ве сослушаат, љубезност како една работа, а втора работа е стручност, значи колку се случува по нивна грешка да добиете згрешен документ?

Зоран: Добро не сум го искусил тоа но слушам од другите што имаат исто така проблем што им имаат згрешено документ, дали во матичниот број или нешто слично да речам во презимето буква или за парцела не знам да кажам точно зашто не сум го искусил тоа но од други имам слушнато дека има такви проблеми па наново треба да се изготви пак па наново треба да чека го нема она убрзана постапка да речеме пошто ти си ја поминал таа процедура па сега наново ако че-каш толкав период, глупаво е да чекаш.

Модератор: Според вас, дали се услужливи вработените, во смисла на тоа да се упатите со документи и службеничката да ви помогне?

Зоран: Биле љубезни, мислам сега глупаво е да зборам нешто што не е.

Модератор: Дали мислите дека постапката за добивање документи во Катастар се сложени или дека треба да се поедностават?

Ремзи: Би можеле да се поедностават.

Зоран: Тоа е факт.

Ремзи: Апсолутно! Еве и човекот кажа.

Зоран: Тачно.

Ремзи: На запад тоа се прави за минимално време.

Зоран: Ма нема ни пола саат да се чека.

Ремзи: Ете така.

Зоран: Ние чекаме со месеци и од кога ќе ги поднесеш документите.

Ремзи: Што рече човекот, а ако згреши еден број од поново пак плаќаш. Треба да платиш пак.

Даниела: А башка што е све компјутерски.

Зоран: Да.

Даниела: Две шифри стисни и готово. Ама не им се работи.

Page 106: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

106

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Зоран: Не е се до нив

Ремзи: Да тоа сакав да кажам. Не е се до нив

Зоран: Не, не, не е се до нив, не е нивна грешка колку и да сакаат да сторат не може шефот или не може...

Даниела: Секогаш има некој над него.

Зоран: Тоа е факт. Не може се нив не се сите виновни. Греота е да збориме сега нешто што не е.

Модератор: Другите, според вас?

Коле: Не може да се поедностави.

Ремзи: Како не може да се поедностави?! Сега во овој свет на технологија, на Бог да чува.

Даниела: Све тоа искача на компјутер.

Модератор: Дали сметате дека ви бараат премногу документи за да завршите работа во Катастарот?

Зоран: Треба документи да се поднесат.

Модератор: Значи сметате дека обемот на документи што го бараат е соодветен?

Даниела: И они си се штитат и си бараат и треба ама еднаш во годината, а не се-која година да обновуваат.

Зоран: А не сега пошто они имаат генерални информации тие работи они можат самите да проверат некоја постапка доколку сакаш ти нешто пошто нели е све компјутеризирано. Така да нема потреба сега јас наново да одам и нонстоп да при-ложувам документација ако има некоја промена и кај нив се регистрира тоа вед-наш. Генерално е тоа што и они самите преку нивните компјутери како да кажам можат, све е тоа отворено, имаат податоци можат тоа да проверат матичен број.

Ремзи: Преку управа за приходи, завод за запослување, да, да

Зоран: Сите се поврзани. Сега како социјално ако се вработиш тие одма имаат они им искача дека работиш и крај затоа се тие компјутери за да се убрза постапката, а да не биде пак оно споро.

Модератор: Како е вашето искуство во однос на роковите за кои што ви ги имаат издадено документите?

Зоран: Јас со недели чекав, и тоа неколку пати одам не се готови сеуште дојди по 2-3 дена, идам за 2-3 дена извини дојди за 2-3 дена.

Модератор: Не Ви дадоа телефонски број каде што можете да се јавите да Ви кажат кога да дојдете?

Зоран: Никогаш никој не се јавува на тој број. Џабе ќе се јавуваме никогаш не е достапно премногу се као ангажирани така за нивни да речам потреби, како да кажам од еден до друг Катастар за проверки или приватни линии не знам јас тоа али нонстоп се недостапни и подобро ќе дојдам да проверам него ли по телефон да мислам цел ден. Тие се факти што џабе јас да зборам кога тоа е вистина.

Модератор: Значи во Вашиот случај не биле испочитувани роковите за издавање на овие документи?

Page 107: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

107

Зоран: Во она што ни го кажале да речеме три недели, пак закасниле, а што може тоа да се заврши што вика господинот на запад, се знае, тоа за пола саат да се заврши целата процедура. Едноставно еве да каже и утре, а не да чекам јас месец дена, може и повеќе условно кажано со тие каснења така да не е само за мене тоа генерално може да си кажат и другите.

Даниела: Зошто да е просто кога може да е сложено?

Драган: Вака сега. Јас сум презадоволен од Катастар дека поминав за пар минути меѓутоа пак ќе нагласам, ако не си Албанец ќе бидеш 36-ти на ред, ако си Албанец поминуваш брзо, ова искуство го имам зашто 5 години работев во труд и соција-ла во дирекцијата, имам илјадници досиеја отворено, го злоупотребуваат. Еве ќе кажам извод вадам од умреница кај телевизија не знаеш Албански таму си 45-ти, возачката исто Албанец е таму што работи, Албанци се тие Албанци се и овие не ли знаеш Албански и готово они преку ред се разбираат, тоа ми е највише криво. Иначе Катастарот за мене е перфектно, две минути не треба никакво одолговле-кување, стискаш таму и тие двајца се Албанци ама стискаш таму си зимаш ливче го гледаш таму 145 на ред, брзо иде за 2 минути.

Модератор: Значи не сте имале никакви проблеми до сега?

Драган: За Катастарот? Немаме проблеми, едино за тоа петстотката ме боли не може за нив да биде без пари за нас со пари. Бесплатно со платно како тоа која трагедија, кој се тие над нас? Тоа ми е криво.

Модератор: Сега кога би требало да одите во Катастар за да завршите некоја работа, на пример да извадите имотен лист, за да докажете имотна состојба. Ви наплаќаат?

Ремзи: Да, да. Секогаш се наплаќа.

Драган: Јас извадив некна имотен лист за мајка ми, значи за социјално. Сега вадам уште еден имотен лист од мајка ми на мое име така. Еве го нотарот ме крпи двеста евра, што е тоа за еден печат.

Ремзи: Се плаќа, се плаќа.

Драган: Кај го има ова. Да е три илјадарки, земи ми, ама двеста евра. А јас не рабо-там. Еве четири години не му идам. Покани ми праќа кога ќе се видиме. На свадба ќе се видиме. Кога. Рок имало. После ми скрати четири илјадарки, од кај ќе му ги најдам, од дванаесет на осум.

Модератор: Дали има некакви финансиски поволности за услугите од Катастарот?

Ремзи: Не не, нема никакви.

Зоран: Попусти такви работи нема. Стандардно како за еден така за друг.

Ремзи: Немаме. Нека кажат и другите ама нема никакви бенефиции. Тоа се нив-ните такси.

Даниела: Не прават никаква разлика дали си социјален случај или не.

Модератор: Ивана, какво е Вашето искуство со Катастарот?

Ивана: Ние сме корисници на социјална помош, јас имам дете со цистична фибро-за. Од Катастарот имаме вадено документи за докажување на имотна состојба. Првите години многу споро се одвиваше, сега многу побрзо оди тоа. Не можам да се пожалам стварно.

Page 108: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

108

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Модератор: Плаќавте кога ги вадевте тие документи?

Ивана: Да, се си плаќавме. Нема утка.

Модератор: Сметате дека тие цени кои ги наплаќаат се високи.

Ивана: Да, да високи се.

Зоран: За нас. За другите можеби не се. Но за нас се без пари.

Ивана: Многу ќе ги осетиш.

Зоран: Со парите од социјално што ги добиваме не можеш основни потреби да покриеш. Тоа е факт.

Модератор: Бидејќи секој од вас бил во Катастарот, дали сметате дека лесно се наоѓаат информации за да аплицирате за било што да ви е потребно. Кои доку-менти се ќе треба да ги поднесете. Дали е се јасно?

Ивана: Па лесно се наоѓаат.

Ремзи: Да, да јасно е. Одиш на шалтер, има листа на сите документи и си ги бркаш сите работи.

Модератор: Значи немате проблем да најдете информации.

Ремзи: Пишува таму се и си ги бркаш после работите.

Ивана: Порано да, сега не.

Зоран: Сега е убрзано тоа се.

Ремзи: Идеш, ќе си завршиш и си вадиш.

Драган: Поднесуваш барање и за секунда решаваш. 500 денари и си вадиш.

Ремзи: Има листа таму кај што се потпишуваме пишува што треба се да се извади за обнова.

Модератор: Дали ја користите веб страницата на Катастар?

Ивана: Не

Драган: Не

Коле: Би ја користеле ама немаме интернет.

Зоран: Немаме интернет, не можеме тоа задоволство да си го приуштиме и за де-цата и за нас пошто немаме. Јас барав да поднесам за некои попусти ако е 1200 пакетот, ти бараат 700 ако имаш 80% инвалидност но јас ни тоа не можам да си приуштам 1200 денари да дадам од четири илјади што ги зимам, треба да платам со тие пари струја, вода, основни работи а не ова, така да, не. Тоа е тоа кажуваме што е.

Ремзи: Јас сум ја користел ама грешни се податоците. Излегува дека имотот е на мое име, ама не е уште.

Модератор: Што сметате дека е најголем проблем во работата на Катастарот во однос на вас. Кога би имале моќ да смените нешто во работата на Катастарот што би смениле, во смисла на услугата која ви ја даваат вас како корисници на социјал-на помош, што вам би ви олеснило?

Ивана: Да не се бараат многу документи, да не се замараме со тоа.

Зоран: Сега веќе нема да ни бараат. Кажаа во социјално дека тоа ќе им биде по

Page 109: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

109

службена должност они ќе си ги бркаат тие работи, компјутерски.

Модератор: Во поглед на документите кои се потребни за да користите социјална помош. А за другите документи сметате дека треба да има некакви погодности.

Зоран: За да поднесеш документи во Катастар сега е делимично убрзано, не е како порано што се чекаше, така да генерално е добро.

Модератор: Не би смениле ништо во Катастарот?

Зоран: Кој сум јас да сменам нешто?

Драган: Ај еве јас ќе кажам, бидејќи нели работев во дирекцијата пет години. Од 25% станаа 45%, јас би ги вратил на 25% посто. У катастар, у телевизија, у социјал-но. Какви 25% посто, 45% посто е тоа, нека не лажат 25% посто, така, не се ни 25%, 17% по правило. Тоа би го сменил, како макази одма.

Модератор: Вие Ивана?

Ивана: Не знам што да сменам.

Драган: Да пуштаат пари на време. Тоа е најважно. Да ги вратат парите. А ти ба-раат овие од Катастар, дај 200, 300 а на луѓето не им даваат пари така?

Модераторот: Останатите. Даниела? Ремзи? Каква промена би направиле?

Ремзи: Како што рече човекот, да ги намалат трошоците.

Зоран: Симболично да биде плаќањето за нас кога би поднесувале за документи.

Ремзи: Секоја година треба да се плаќа за документи. Ми бараат за извод, од мене, од татко ми. Он е починат 82-ра година. Некои работи не требаат. Во денеш-но 90% од документите не требаат, а се плаќа тоа се.

Модератор: Дали имате некој документ како корисници на социјална помош со кој ви се обезбедуваат некои поволности.

Даниела: Малата ја носам во градинка, носам потврда но си плаќам цела сума. Штом и двајцата сте дома не треба да ја носите. Значи моето дете не треба да се социјализира, зошто да седи дома, што ако сум јас дома. И секој месец сега си плаќам. Џабе однесов потврда.

Драган: Од една страна ти бара труд и социјала ти бара имотен лист од Катастар, од друга страна те мава по глава со 500 денари. Од една страна 2500 ти дава од социјала, од друга страна те крпи со 500 за извод. Треба да не ослободат од тие работи. Зошто после јас да гласам. Јас имам од само оснивање вмровска книшка.

Ремзи: Нема врска партијата

Зоран: Тука сме конкретно за давачките наши ние што сме социјални случаи, дали може да го задоволиме односно дали сме услужени од катастарот, глупаво е да се спомнува политика. Дали сум јас за ВМРО или СДСМ не е битно тоа.

Драган: Ама Никола Груевски го предлага сето ова. Знаењето е сила, знаењето е моќ. Каде е сето тоа?

Зоран: Јас не знам за тоа. Ова е за Катастар.

Драган: Катастар што ти бара?

Зоран: Тоа што е ветено треба да се исполни. Дали од ВМРО, дали е СДСМ, тој му-абет нема врска. Да не завлегуваме. Темава е Катастар, за друга тема не повикаа.

Page 110: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

110

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Драган: Од сите страни те крпи, не само од Катастар, од сите.

Зоран: Добро.

Драган: Поминува стара жена на пешачки и тоа да не кажам од која националност, место да и помогне, кај идеш мори.

Зоран: Јас сум најмногу инволвиран. Јас сум од Чаир. Се знам многу добро.

Модератор: Во ред, со ова би завршиле.

Зоран: Извинете што ве замараме со некои други наши проблеми.

Модератор: Во ред е тоа, меѓутоа не можеме да ви помогнеме. Ова конкретно е за Катастар, вашите забелешки за Катастарот ќе бидат вклучени.

Page 111: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 112: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

112

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Транскрипт за групна дискусија – лица со посебни потребиДата: 30.10.2012Време: 19:00 – 20:10Учесници: Ц. Вера

Лепа М.Роза С.Сандра С.Јулија А.Русанда З.Санде Ш.Јане Љ.

Модератор: Добровечер на сите. Јас сум Николина

Јане: Да прашам, ќе не снимаат камери?

Модератор: Да, од оваа групна дискусија ќе биде продуциран аудио и видео за-пис. Доколку некој од присутните не би сакал да учествува во групната дискусија може слободно да ја напушти оваа средба. Оваа групна дискусија е дел од проект кој има за цел да го истражи задоволството на корисниците од услугите кои ги нуди катастарот. Во оваа прилика би сакала да ве замолам да ги споделите со нас вашите искуства при користење на било која од услугите на Катастарот.

Сите присутни на оваа групна дискусија сте лица со посебни потреби од причина што нè интересиран пристапноста на услугите на Катастарот за лицата со посебни потреби.

Би сакала да нагласам дека нема точни и погрешни одговори, во оваа прилика потребна е вашата перцепција на нештата согласно вашето искуство. Исто така битно е да се сослушаме без прекинувања, затоа би ве замолила да зборуваме еден по еден.

Можеме да почнеме. Повелете Вие Санде.

Санде: Јас сум Санде Ш. Кај нас до тој стадиум стигнала работата, нели демокра-тија, и организациите кои што бараат некои документи, нема се уште такви врабо-тени кои би услужувале и чекале странки со посебни потреби. Ако ви кажам дека јас сум член на Даре Џамбаз и имам иницијатива која што има беџ со инвалидска количка која би ја носеле, е сега колку ќе ја прифатат тие од другата страна е друга работа. Уште не е усвоена не знам зошто, бидејќи не е усвоено во Даре Џамбаз тоа не е ни претставено пред медиумите. Од тој аспект ни самите си ја правиме таа ситуација за да ни биди поусложнето, а од друга страна е и субјективниот фак-тор – ние се срамиме да го ставиме беџот и да чекаме или да му речам на тој дека јас сум инвалид и да му покажам картичка, инвалидска легитимација. Јас немам лошо искуство во Катастарот. Инаку да ви кажам јас работам во таква фирма, во град Скопје во делот за данок на имот и недвижнини, за станови, гаражи, деловен простор, куќи и колку што се чека за другите луѓе толку се чека и за инвалидите. Инвалидите треба сами да се изборат, доволно е легитимацијата да ја покажат и

Page 113: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

113

да добијат предност. Јас му ја дадов на еден дечко, не е важно што е Албанец, му-зичар е дечкото сакам да кажам не е некој што е срамежлив или да има комплекс дека е инвалид, и си ја закачил и си стои, кој е на ред? тој си ќути. Треба сами да се избориме, таа ни е ситуацијата, маката ни е наша. Ако не се избориме барем кога не прашуваат повеќе нема што да правиме муабет. Е сега за катастарот како за здравите така и за инвалидизираните лица е работата. Ако предметот е комплици-ран или заостанат од дедовци или родители малцe потешко дека брзо ќе се реши, и се разбира дека ќе има идење, враќање, наваму, натаму, лево, десно додека да се расчисти. Сега тоа се внесува во компјутер и понатаму тоа така ќе си остане. Тоа е таа ситуација кај нас.

Модератор: Вие ќе ни се претставите и ќе ни кажете кое е вашето искуство?

Русанда: Јас сум Златевска Р. Многу искуство со Катастарот немам, но со оглед на целата ситуација, имотни барања, регулирање, има проблеми што не ни излегува-ат во пресрет, не ни кажуваат точни информации каде да се упатиш. Ни требаат посебни шалтери за глувите лица, не може постојано со пишување да се обраќа да каже, треба да има личност која ќе ги упати, со нив ќе разговара, на кој шалтер или во која соба да отиде. Во тој поглед да има пристап за сите луѓе.

Модератор: Вие кога последен пат сте биле во Катастарот?

Русанда: Пролетоска. Мислевме дека ќе завршиме некоја работа, ама не излезе така. Едноставно се нељубезни, нељубезни да ти кажат, да ти дадат информација како да постапиш

Модератор: Добро, ќе дојдеме и до тоа. Повелете Вие?

Јулија: Јас сум Јулија А. Кога станува збор за Катастарот мислам дека и за други институции важи истото бидејќи лицата со посебни потреби се во многу институ-ции се исто третирани, чувството за припадност е на многу ниско ниво затоа што сите сме различни и треба такви да се прифатиме. Мислам на лицата со посебни потреби ништо не им фали на ментално и на духовно ниво значи само физички недостаток, меѓутоа тоа кај нас е на многу ниско ниво. Мислам дека треба да се променат некои работи, дали на тие шалтери што ги спомнуваме, дали на допол-нителни информации.

Модератор: Сте биле во Катастарот досега?

Јулија: Да сум била за имотен лист требаше да извадам. Мислам дека и цените треба да се намалат за лицата со посебни потреби, да не бидат исти како за сите.

Сандра: Јас сум Сандра С. Го делам мислењето на другите што кажаа. Значи не-мам некој личен проблем со Катастарот но сметам дека лицата со посебни потре-би треба да бидат поразлично третирани, некои работи да им бидат подобро обја-снети, може нешто не им е јасно и нема на кого тоа да го кажат, треба со посебни лица да разговараат.

Модератор: Кажете ми за вашето последно искуство во Катастарот. Завршивте работа брзо? Имавте ли некој проблем?

Сандра: Па нема некој голем проблем освен што се чекаат големи редови, другите личности не те гледаат таков каков што си, инаку со Катастарот некој проблем немав.

Роза: Јас сум Роза. Јас лани имав голем проблем со Катастарот. Јас втора смена на работа се менувам за да можам да одам во Катастар, купивме стан во Ѓорче

Page 114: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

114

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Петров па да го земам имотниот лист од Катастар и секој ден како одев си земав бројче, нели ти даваат број кој после горе излегува, а ти треба да го чекаш, неко-гаш до 6-7 навечер, а јас треба во 3 саат да се вратам за на работа и така цела недела идев, наредната недела мажот ми отиде. Значи имам така грозно искуство. Потресена сум. Значи цела недела специјално идев, значи трошев пари, 100 ки-лометри е Маврово-Скопје, гориво, и никој не сака ни да те сослуша на шалтер, ти ги треска документите и ти вика молим те тргни се настрана. Ништо. Мислам катастрофа, многу лошо поминав. После тоа наредната недела сопругот дојде и заврши работа.

Модератор: Јане Вашето искуство?

Јане: Јас сум Јане Љ. Јас имам искуства слични на вашите само мислам дека полес-но поминав. Првиот пат кога отидов беа дрски и безобразни, се обидов да им воз-вратам во иста мера за малку направив една сцена таму, барав шефови прашував кој за што е тука на работа зошто не можам да бидам услужен, се заканив со теле-визии и такви работи и одеднаш се заврши работата. Но тоа не е начинот. Значи што се случува, во катастар лице со потежок инвалидитет не може да влезе ќе остане пред врата, барем во старата зграда, сега се префрлија во новата зграда

Лепа: Во новата зграда има само пристап со количка меѓутоа шалтерите се висо-ки.

Јане: Друго што би препорачал ако веќе нешто сакаат да сменат е еден или двај-ца вработени да обучат, значи да имаат задолженија меѓу другото да услужуваат лица со посебни потреби. Што значи тоа, тоа значи дека лице во количка кое не може да се турка на шалтер или не може да пријди зошто шалтерот е повисок од него, да излезе да го сослуша, да го упати. За лицата кои користат знаковен го-вор да го познава барем малку, не мора сосема да го научи. Бидејќи има и некои брошури издадени каде што не е ништо страшно да се научи секој од нас може да го научи, кога можеле на студентски прашања да научат луѓе што никогаш не се соочиле со тоа, може и тука. Еден или двајца вработени што не е ништо страшно, во моментот кога ќе пристапи такво лице ќе излезе во пресрет. Ако едноставно лицето не може да дојде внатре, институцијата нека дојде кај лицето. Тоа за сите институции важи, сега малку доаѓа како да го стигматизираме Катастарот, да има и неубави луѓе таму, но има и луѓе кои завршуваат работа. Од моите искуства и што сум комуницирал со луѓе, некои си поминале хорор, некој пак вика најдов човек од мајка роден ми заврши работа уште од врата кога влегов. Да не ги гене-рализираме сите институции, треба самата институција да заземе еден став како ќе се однесува. И тогаш е полесно, кога ќе се знаат правилата на игра или играш по нив или си надвор од игра.

Модератор: Фала многу Јане. Зоран си бил во Катастарот?

Зоран: Да, јас сум Зоран В., сум бил во Катастарот сум вадел имотни листови исто како девојката. Јас не сум имал некој проблем, едино што чекав некој работен ден за да се извади документот, тоа е други документи не сум имал потреба.

Модератор: Немаше проблем кога завршуваше работа, во ред.

Лепа: Јас сум била во катастарот и сум наишла на проблеми. Така што не помага таа членска картичка ако им ја покажеш на вработените за да завршиш работа, можеш да останеш два или три часа да чекаш, меѓутоа таа на шалтер е толку нељубезна, ќе ти каже прашај ги другите, а ти другите не можеш да ги прашаш зошто дали некој го зел бројчето и излегол надвор за да пополни за имотен лист

Page 115: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

115

или му се здосадило чекањето па си заминал, така да воопшто не се љубезни кон лицата со посебни потреби и затоа ние се залагаме за да има посебен шалтер, тоа треба оти никој не сака преку ред да отиде преку другите ако нема потреба. Зошто секој има трпение да си ја заврши работата, зошто сите знаеме дека се-каде се чека, нормално. Меѓутоа кога веќе има, 5-7 шалтери има во катастарот, кога те праќа од еден шалтер на друг без да сака да ти објасни, или да ти ги фрли документите и да ти рече непотполно, или ако ја прашаш што треба овде да на-пишам, како треба да го потполнам, ќе ти каже прочитај!. Значи таа е вработена во катастарот, областа и е нејзе за да објасни, зошто не можеме сите ние да ги знаеме правилата што треба да се напише, значи таа за нејзината бранша треба да одговара и треба да каже тука... може и нејзе и е тешко денес да објасни на 50 луѓе или 20, меѓутоа тие се менуваат и таа си ја одбрала таа служба. Затоа не би требало такво однесување. Можеби некогаш ќе биде подобро, но сега засега не.

Модератор: Вера Вашето искуство?

Вера: Јас сум Вера и имам лошо искуство, но тоа беше пред две или може и по-веќе години. Кога беше стариот Катастар многу лошо искуство имав. Таму нема никаков ред. Прво не бев за мене бев за некој друг, толку многу се изреволтирав, немаше ниту ред ниту некој да те упати што треба како треба, секој како ќе дојде застанува на шалтер, не гледа дека ти си инвалид, редот барем да го запази, не. Дури на една госпоѓа и реков ало госпоѓо, јас инвалид чекам тука саат време, ми вели ама извини, извини, нема што извини, редот е таму, а не тука. Мојот предлог е исто како господинот што кажа со некој беџ или слично, меѓутоа не верувам дека и тоа би помогнало.

Јане: Прво сами нема да ги носиме беџовите, а друго нема да ги покажуваме.

Лепа: Не, исто во полиција требаше да се сликам за лична карта, на штаки бев, тогаш скоро оперирана и реков молим те пушти ме, не можам преку ред прашај ги другите. А другите не сакаат ни да те погледнат, значи и тоа не е тоа.

Јане: Значи пак е тоа некакво решение, зошто посебен шалтер, ако се отвори секаде посебен шалтер имаш тука пак дискриминација, дали е таа позитивна или негативна, дискриминација е дискриминација. Но може на пример каде што се из-даваат бројчиња да има на пример приоритетно бројче или приоритетен лист над-вор од другите опции, за кога ќе дојдеш да земаш бројче се пријавуваш

Русанда: Тоа би било како во банка кога оние за на платен промет имаат пред-ност, значи не чекаат како што чекаат другите.

Јане: Да тоа е можеби до свеста на луѓето. Но каде што бараш бројче си бараш бројче со приоритет.

Русанда: Да ама после и лицата кои не им треба приоритет ќе земаат од ливчиња со приоритет.

Јане: Да, ама тоа се решава, тоа го правиш вака, велиш овие и овие луѓе имаат право на приоритет, јас ако немам приоритет и земам бројче, штом ме фатат тре-ба една голема казна што нема да ми текне веќе за три животи да си играм. Како научивме на пешачки да застануваме со кола откако станаа казните големи.

Модератор: Може ли да ми кажете како ги дознавате информациите, кои се доку-менти ви требаат пред да отидете во Катастарот, без разлика дали се упатувате за имотен лист или за некое друго барање. Каде прво се упатувате за информа-ции, значи дали преку телефон, преку пријател, преку веб страната, одите лично

Page 116: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

116

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

да проверите кои методи ги користите? Последниот пат кога бевте во катастарот на пример како сте се информирале?

Санде: Јас прво ќе почнам, мислам дека најдоброто информирање е таму да се појде во било која институција и да е, зошто или е застарена информацијата што е на интернет на веб страницата за начинот на работење или нема да биде комплет-на информацијата, а најдобро е таму да се појде и да се информира и мислам дека тоа е и наједноставно. Не мора да се појде кога е гужвата, ќе се појде покасно. Јас гледам и според кај мене на работа, значи госпоѓата ако купи стан мора да дојде кај мене во град Скопје, па потоа ќе оди во Катастарот за имотен лист. Има многу луѓе кои доаѓаат со готови документи кај нас од интернет што се земени меѓутоа не се целосни, друго е кога е на лице место.

Модератор: Дали ви е проблем тоа што најсигурен начин да ги добиете информа-циите е да отидете на лице место?

Санде: Видете ние сме со финансиите на низок стандард инаку во побогатите држави, тие работи ги вршат адвокатите, ќе си платите и вие немате ништо ни со Катастарот, ни со град Скопје ни со никој. Мислам на такви институции, друго е со здравство и со пари вадење. Тука е наш проблем.

Модератор: Русанда како вие се информиравте за последниот пат кога бевте во Катастарот?

Русанда: Еве јас како се информирав последниот пат. Јас си платив еден адвокат (роднина) си реков ајде јас да не трчам си реков ајде некој кој ги познава работите зошто работи со тоа, зошто не ми излегуваше имотниот лист на мое име, пишува сопственик не познат, значи три месеци чекав да извади некаков документ овде во Катастарот за чија сопственост е плацот, зошто додека не добиеш имотен лист за плацот не можеш и куќата да ја префрлиш.

Санде: Вие му плативте на тој адвокат? зошто рековте роднина.

Русанда: Ако е роднина, нема џабе да ти работи. Ќе одам ќе му ѕвонам што на-прави, па чекај, па мојот човек таму, зошто таму адвокатите имаат свои луѓе по шалтерите кои што им вршат работа исто како што имаат и геодетските фирми.

Модератор: Вие Јулија, на кој начин се информирате, одите до Катастар или кори-стите некоја друга опција?

Јулија: Најдобра опција е да се отиде таму на лице место, но и таму може да ти кажат сега едно, после нешто друго. На телефон кога ги барате, како на автобуска да се јавувате се нешто се нервозни. Сепак сметам дека најдобра опција е да се отиде на лице место.

Модератор: Вие Сандра?

Сандра: Јас преку пријател или некој кој го познавам ако ја вршел таа работа прет-ходно од прилика да ми каже што и како...

Модератор: Да ти каже што му требало него?

Сандра: Да, и преку интернет и таму мислам дека е доста јасно напишано што до-кументи се потребни.

Модератор: Фала, повели Роза како се информиравте вие?

Роза: Јас преку пријателка, преку неа, јави се, појди, прашај и така. За да не морам да доаѓам до катастарот преку пријател.

Page 117: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

117

Јане: Јас отидов, си запишав се што треба, си ги собрав документите, отидов уште еднаш за да проверам, ја направивме сцената па се исправија работите. Мислам дека имав среќа, можеби пет минути порано или покасно ќе беше проблем, ама мене ми упали во моментот да се заврши работата.

Санде: Субјективниот фактор е секогаш битен.

Модератор: Зоран, вие како дознавате што се ви треба пред да одите во катас-тарот?

Зоран: Па не само Катастар туку и други документи кога се вадат, може да се про-веди на интернет за документот што го вадите. Досега не сум извадил никогаш првпат јас да издавам, секогаш некој пријател или другар некој што извадил ми кажува како поминал, што поминал, што му требало па...

Модератор: Вие одите по негов пат?

Зоран: Да

Модератор: Лепа?

Лепа: Исклучиво на лице место. На информации во Катастарот колку пати и да погледнам нецелосно е тоа што го барам и секогаш фали дали таксена марка дали некој друг документ така што исклучиво на лице место.

Вера: И јас исто. Исклучиво на лице место практикувам јас да видам, тоа ми е најсигурно секогаш.

Модератор: Сега ме интересира околу вашето искуство со вработените на катас-тарот. По ваше видување, дали сметате дека се љубезни, стручни и услужливи?

Русанда: Каде и да одиш е истото. Што и да прашаш не сака да ти објасни. Сега пак е тоа индивидуално, можеби некој наидува на некој пољубезен, некој кој ќе сака да ти објасни. Сега зборувам јас лично за себе. Кај нас во Ѓорче во општината имаме човек кој треба да ти објасни баш за Катастарот, ама едноставно не сака да ти објасни. А за стручно... па ние не можеме се да знаеме, за секој сегмент како за данок на имот, дали е 3% или 5% дали е купопродажен договор или е договор за поклон додека не отидеш да се распрашаш како сето тоа гласи. Значи некој треба да ти ги објаснува работите за да не доаѓаш по стопати. После тоа ти нормално дека ќе му висиш таму пет пати или десет пати на шалтер.

Модератор: Бидејќи не сте разбрале од првпат?

Русанда: Бидејќи мене не ми објасниле од првпат.

Јане: Има објаснувања ставено на огласна табла.

Санде: Да кажам јас нешто кога се работи за ова. Прво, еве јас работам од пред некоја година слично, никој ништо не ти кажува ова ти е некаков план, некој про-грам, некоја задача што ќе ја работиш, седи таму и работи, а што ќе работам?

Модератор: Мислите дека нема доволна обука за вработените пред вработување за да можат да одговорат на сите прашања?

Санде: Обука не мора да има, но барем да се даде материјал што треба и како тре-ба да работиме. Друго кога е веќе така, нормално дека тој што не ја знае доволно работата тој се нервира. Уште полошо кога ќе дојдат стари кои не дослушуваат, не им е познато. Јас морам да кажам нашите луѓе го користат тој вторник и петок за да појдат во такви установи. Но повеќе страдаат после зошто помалку разби-

Page 118: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

118

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

раат. Можеби јас добро ќе го прашам, можеби тој не прашал добро, зошто има и такви финеси. Јас се сретнувам со такви случаи: таа сака да направи промена на адреса, а мене ми кажува нешто друго. Потоа ми доаѓа и вели фала многу што си ме обавестил грешно, не сум јас крив, грешно си ме прашала, грешно сум ти кажал.

Русанда: Има и луѓе кои не знаат што да прашат, како да го постават прашањето.

Модератор: Во однос на вашето искуство во Катастарот, кога вие бевте во катас-тарот дали вработените беа љубезни и услужливи?

Санде: Јас немав проблем, што кажува Јане можеби сум имал таков ксмет. Оти-дов и завршив работа, немав некоја комплицирана ситуација за да идам и да се враќам наваму натаму итн.

Модератор: Вашето лично искуство?

Јулија: Мислам дека секаде има исклучоци, но има една специфика. Дали сега тие се алергични на гужва или имаат проблем што е, не знам јас стварно, секогаш сметам дека се на врх срца, не знам јас такво искуство сум имала. Пренервозни, презафатени, како што кажаа тие сами си ја одбрале својата професија.

Сандра: Јас за тоа дали се стручни, мислам дека се стручни штом се на тоа работ-но место, а за тоа дали се љубезни, последниот пат кога бев во катастарот па и не беа баш љубезни, само гледаат што побрзо да завршат, да ти помине редот и воопшто не се услужливи.

Модератор: Роза Вие?

Роза: Да не се повторувам и јас исто не сум воопшто задоволна.

Модератор: Јане?

Јане: Јас имав среќа да се реши. Потоа се продолжи со неколку одења таму, дали веќе ме запаметија дека правам сцена и научив и јас една цака во однос на тие установи. Кога ќе влезам не се затрчувам веднаш на шалтер, туку го гледам сите таму и со кој ќе воспоставам eye contact што се вика и право на него. И ќе ти заврши работа, нема одбивање. Тоа е една ситна цака што се учи со време низ животот...

Модератор: И со повеќе искуство...

Јане: Да. Што мислам дека е проблемот. Луѓето се најверојатно стручни. Не би ја успорувал стручноста зошто тој дошол на тоа место тестиран, или знаел или имал некој што ќе му каже не е важно во тоа не би навлегувал. Можеби само службата за информации да работи подобро. Зошто ставете се на место на оној што е зад шалтерот, денес да му дојдат пет души како мене кои прво не знаат што прашува-ат, а после кога ќе им објасниш не знаат што слушнале , пет пати ќе ти се вратат тие такви, мислам...треба да ги разбереме и нив, не им е лесно, работа со луѓе е дефинитивно една од најтешките работи. Службата со информации ако работи беспрекорно нема да има проблем на шалтер. Зошто ако јас имам документи и не сум сигурен дали сум во ред, нема да ги ставам на шалтер ќе одам во службата за информирање што е ќе прашам ве молам дали ги имам сите документи? Ако ги има сите одам на шалтер, ако не си бркам работа одам да ги собирам. Така не правам гужва на шалтер, не се нервирам себеси, не го нервирам вработениот, па така не пати ни таа зад тебе и тој што следи. Малку и ние сме проблем, сакаме да завршиме преку пријател иако немаме документи па овој со овој не зборувал па тој е клучниот што треба да ни заврши работа, па сега пробуваме преку тројца,

Page 119: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

119

четворица, па... а едноставно треба само да ги собереме документите. Мислам дека проблемот најголем е во информирањето. Така нема да имаме таков контакт со шалтер, едноставно тој шалтерски работник ќе биди само да ги прими докумен-тите, да ги завери, да ти даде бројче дека ги примил и да постапи по нив.

Модератор: Зоран какво е Вашето искуство. Сте налетале на љубезни или нељубез-ни вработени?

Зоран: И како заклучок од искуството на другите исто, не само во Катастар туку и во здравство и секаде е така, значи ако идеш со се извинувам, ако сакате, ако можете значи никогаш нема да завршиш работа, ако идеш како господинот, тогаш може. Нема ништо со извинување. Исто е и во здравство

Модератор: Вие кога бевте во Катастарот, нели спомнавте дека сте ваделе имо-тен лист, налетавте на љубезни и услужливи вработени или не?Какво беше Ваше-то искуство?

Зоран: Јас имам таква ѕвезда, а и идам тоа време кога луѓето се на работа. На пример не се оди да се вадат документи во 4, ниту сабајле во 9, во 9 се знае кој оди пензионерите. Ќе си отидете во 15 часот и ќе си завршите брзо работа зошто никој нема, ни во банка, ни во завод, ни во Катастар.

Модератор: Лепа, какво е Вашето искуство со вработените?

Лепа: Јас имам лошо искуство зошто за да завршам една работа значи сто пати сум отишла. Прво има и стручни има и нестручни. Се деси документи да ми чуваат три месеци, а што треба за 15 дена да бидат завршени. Значи ти кажуваат од како ќе ги поднесеш документите за 15 дена, ми даваат бројче. Три месеци поминува-ат, одам на шалтер, еден ти вика не е кај мене, друг исто. Значи за љубезноста и стручноста може да бидат различни искуства, ама ако отидете неколку пати во Катастар ќе поминете катастрофа. Значи од еднаш можеби ако имате среќа за не-кој документ ќе завршите работа, меѓутоа ако повеќе пати отидете сигурно ќе ги видите сите тие работи. Имав огромна среќа што прочитав флаер еден на улица дека има со шефот на Катастарот разговор на тој ден во општина Ѓорче Петров, кога отидов со сите документи, кога ги погледна тој, ги гледа документите и се чуди, не е можно ти да немаш завршено работа. Му реков, јас да имав завршено работа немаше да дојдам кај вас, јас сум среќна што дојдов кај човек што може да ми објасни. Велам: може ли сега вие да ми кажете во што е проблемот?Кажувате дека сите документи се во ред, дека се е доставено, елаборат и сите тие работи, се јавува значи на колегите се работи не на шалтерите туку на првиот кат горе, кај своите колеги на еден на друг на трет и на крај вика за три дека ќе ви се јавиме и ќе завршиме работа затоа што во ред е документацијата. Испадна дека докумен-тацијата е во ред, вработените ја ставиле во некој сеф и ја заборавиле. Значи не ги работат воопшто, јас претходно сум била за тие три месеци сто пати да ги ба-рам тоа значи трошење време и малтретирање по шалтери и ако е некој случајно услужлив треба да ти каже јас го видов твојот документ не е сработен ќе треба тоа да донесеш или твојот документ го нема е изгубен, а јас има број дека сум ги пода-ла, значи не можам ни едното ни другото да го добијам. Јас треба да поминувам низ тортура буквално. Шефот во ред, после три дена ми се јави ми рече ќе отидеш на шалтер ќе кажеш тој и тој број и готово. Ако не беше тој ден за разговор, нема-ше никогаш да завршам работа. Затоа што некоја си била на боледување или не знам што и бил комплициран случајот го ставила во некој сеф и го оставила таму дали некој има потреба од тој документ или не тоа не е важно.

Page 120: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

120

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Модератор: Вера, какво е Вашето искуство со вработените?

Вера: Не се сите стручни, има и стручни има и некои кои не се. Јас сметам дека треба добро да се обучат луѓето кои работат таму, не само секој еден да може да работи на ова работно место

Модератор: А сметате дека се љубезни?

Вера: Зависи, во дадени моменти се љубезни, тоа е нормална работа, сметам дека ако денес им дошла преку глава работата, можеби и јас да се најдам во таква ситуација и јас би била иста. Не е во ред, но тоа е. И самите ние граѓаните не сме секогаш љубезни и тоа е нормално. Јас имам искуство и позитивно и негативно. Значи немам определено дека се е нељубезно и се е нестручно.

Модератор: Кажете ми како сте задоволни од цените кои ги наплаќа Катастарот за своите услуги? Дали има некои финансиски поволности за лицата со посебни по-треби, дали сметате дека треба да има? Дали цените кои моментално ги наплаќа катастарот се според вас високи, соодветни или ниски?

Лепа: Јас мислам лично дека се високи цените. Треба да се прават елаборати кои се со висока цена. Луѓето со посебни потреби се со пониски примања, треба да има некаква привилегија, некаков попуст.

Модератор: Вера?

Вера: И јас исто така мислам. Еве јас ќе ви дадам жив пример, еве јас работам во заштитна фирма и навистина платите се пониски за разлика од другите фирми, нормални фирми кои не се заштитни фирми, нашите плати се пониски. Иста рабо-та вршиме а земаме помала плата. Можеби и повеќе работиме ние затоа што се бориме секогаш да се докажеме дека ние можеме и дека работиме и сработуваме повеќе од здравите, а платата е пониска. Така што би требало да има попуст нешто таму, кога одиме во катастар или во општина да имаме барем некоја привилегија.

Модератор: Зоран Вие што мислите за цените?

Зоран: Еве и јас работам во заштитна фирма, што се однесува до платите, тие самата држава си ги креира зошто им плаќаат некои поволности за фирми кои вработуваат вакви лица. Треба самите да гледаат дека ако платите се прениски или не ги исплаќаат редовно да го стопираат тоа.

Модератор: Сметате ли дека лицата со посебни потреби треба да имаат финан-сиски поволности при користење на услугите во катастарот?

Зоран: Мислам дека треба, зошто кажав помали се примањата.

Модератор: Јане, Вие?

Јане: Јас сметам дека цените треба да бидат пониски не само за лицата со посеб-ни потреби туку воопшто треба да се направи некој систем, не само заради тоа што имаат посебни потреби туку зошто заработуваат помалку или се на социјална помош. Сега не знам каква е ситуацијата буџетот, да не испадне дека лицата со посебни потреби добиваат повеќе средства отколку оние кои треба да ги полнат нивните буџети

Роза: И јас сметам исто.

Модератор: Сметате ли дека моментално како што се поставени цените се високи без разлика дали сте лице со посебни потреби или сметате дека цените се во ред, но за лица со посебни потреби пак се високи заради примањата?

Page 121: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

121

Роза: И онака се високи, но за лица со посебни потреби се особено високи.

Модератор: Се согласувате?

Јулија: Да

Сандра: Да

Санде: Јас би сакал да кажам, може треба да е обратно, ОК ние бараме и јас сум за пониски цени, би било подобро доколку имаме повисоки плати а цените да останат исти за сите. На пример јас во една прилика, поранешниот министер за здравство, имаше прием во владата и тој ме прашува е зошто вие барате цените за вас да бидат помали? Велам не бараме, ама барем да имаме други привилегии како инвалидизирани лица. И сега, тешко тоа се добива. Тешко и дека може тоа да се спроведе, сите ќе бидат после инвалиди. Ќе пуштаа сега да можеме ние инвали-ди да внесуваме коли, заради тоа се укина зошто здравите купуваа. Подобро е не да се намалат цените туку ние да имаме повисоки плати за да не си го навлечеме гневот на здравите луѓе.

Јане: Зошто што се случува еве, има здрав човек кој работи за 6.000 денари, а еве лице со посебни потреби Зоран на пример зема 8.000, Зоран ќе добие повластена услуга во Катастар зошто е инвалидно лице, а тој што зема 6000 нема да добие повластена цена. Уствари не бараш право бараш привилегии.

Модератор: Сметате ли дека постапката во Катастар е сложена или е решена оп-тимално?

Санде: Како што кажав на почеток, добро е да имаме пари да платиме стручно лице кое ќе оди и се што треба да си ја заврши работата на тој начин нема да има луѓе што не разбираат и неписмени луѓе. Рековме дека има многу работи кои луѓе-то не знаат како да ги пополнат, има многу работи кои треба да се исфрлат. Има простор за да се поедностави работата. Има во обрасците на пример кои не треба никој да ги пополни, кои ги пополнува некој таму, има простор за да се коригира.

Лепа: Има простор да се избегнат некои работи, да не се дуплираат, да се поед-ностават.

Модератор: Сметате ли дека дел од документацијата која што ја бараат за одре-ден документ може да се отфрли или да се замени со документ до кој полесно се доаѓа? Сметате ли дека документацијата е преобемна кога поднесувате барање за конкретен документ?

Лепа: Во секој случај документацијата е преобемна.

Русанда: Проблем е што еден имотен лист трае шест месеци, и ако ти за тие шест месеци не успееш да завршиш работа треба да бараш нов имотен лист, а да рече-ме за тие шест месеци не настанала никаква промена. Ако има некаква промена во ред е да земеш нов имотен лист, но ако не настанала промена зошто да одиш по нов имотен лист?

Лепа: Значи и да трае три месеци, ако некој сака и ако поминале два месеци ти можеш да ставиш под хипотека и да направиш злоупотреба, но компјутерски из-легува

Модератор: Мене ме интересира ваша перцепција, сметате ли дека е сложено да се користат услугите на Катастарот, не мора само за имотен лист, било која услуга на Катастарот или вака како што се поставени работите се сосема во ред?

Page 122: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

122

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Лепа: Без разлика за кој документ зборуваме дали е имотен лист, хипотека, ела-борати, мислам дека е сложено и дека можат многу работи да се поедностават.

Роза: Исто мислам и јас.

Сандра: Посебно за лица кои не ги разбираат некои работи, мислам дека треба да биде поедноставно.

Вера: Треба да се поедностави за сите, нема врска со инвалидност тоа.

Модератор: Може ли секој од вас да ми каже предлог како би се подобрила рабо-тата на катастарот? Која е клучна промена која би можел да ја направи катастарот со кој би се олеснал животот на лицата со посебни потреби?

Санде: Плаќањето со картица е една добра работа за да се олесни да не се оди во пошта, па си згрешил па пак да се враќаш. Секогаш постојат ситуации кои можат да се поедностават, меѓутоа треба да се има до слух со факторите кои се таму. Цел живот работам со странки, секогаш сум мислел како да и кажам на странката за таа да ме разбере еднаш за секогаш и како да си ја олеснам работата. Врабо-тените треба да имаат некаков правилник, нешто што некој поискусен седнал и го напишал за да знаат за да не ве враќаат, иако сепак ќе има луѓе кои ќе речат не е за кај мене и готово. Јас разбирам, сум имал такво искуство, многу службеници ти велат не знам и така. Оние кои ја работат работата најдобро можат да направат за да се поедностави работата.

Модератор: Како корисник вам што најмногу би ви помогнало?

Санде: Многу малку имот имам, за еден стан еднаш ќе отидам, не би можел да ви кажам.

Русанда: И ние сме со по еден стан ама што ни вреди. Многу документи треба да средуваме зошто законите се смениле, еве јас сум 50 години од социјализмот си почнал, сега ти доаѓа ново време со нови закони и други барања. Катастарот не си ги завршил работите како што треба во минатото и токму затоа се сега сите овие проблеми кои се јавуваат, а башка што вработените не се обучени. Еве да отидеш во една приватна фирма додека не поминеш на некоја обука, да те поднаучат на некоја работа, нема да те примат, нема да те стават одма таму на шалтер и да се расправаш со милион луѓе, пола од нив нешто знаат, пола нешто не знаат, а и ти како прво не си ја знаеш добро работата значи не е едноставно.

Санде: Такви беа околностите порано, немаше никаква евиденција.

Русанда: Евиденција значи никаква.

Модератор: Сега што би смениле во Катастарот? Што најмногу Вам би Ви го олес-нило користењето на услугите?

Русанда: Јас си дигнав сега раце, шест години трчам по средување на документи-те, сега тие нека ја средуваат работата.

Јулија: Јас би ја олеснила документацијата. Не е лошо да има посебен шалтер, зо-што на шалтер другите се бунат, зошто сега ти преку ред па се објаснуваш. Кога веќе лицата со посебни потреби ги декларираат како различни тогаш нека има различни погодности.

Сандра: Се согласувам дека треба да има посебен шалтер каде би можеле да се обратиме послободно, затоа што знаеме дека од другата страна може да бидеме разбрани

Page 123: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

123

Модератор: Роза што би смениле?

Роза: Па исто, да бидат малку пољубезни вработените, да има посебни шалтери, подобро да ти ја објаснат работата. Јас кога бев имаше една жена од Холандија, жената нешто се побуни, мислам дека малку фалеше да излезат и да ја истепаат.

Јане: Лицата што се за обезбедување да си ја гледаат работата, да обезбедуваат, а лица за информирање да информираат. Имаме ситуација каде оној што треба да не тепа треба и да ни каже каде да одиме па сега се збунува дали да не истепа или да ни каже. Тука настануваат проблемите. Чуварот ако е чувар нека чува, а тој што треба да објасни треба да биде способен да објасни и да те сослуша. Не може секој таа работа да ја работи, треба да се стави некој кој секогаш има трпение за сите. Барем ослободи го од другите должности искористи го за тоа.

Модератор: Секој според способностите кои ги има.

Јане: Точно така.

Модератор: Зоран?

Зоран: Па јас бидејќи многу ретко одам во Катастар според мене се е во ред до сега.

Модератор: Лепа, што би промениле?

Лепа: Прво што би променила е лицата што се таму да бидат стварно стручни и љубезно да се однесуваат со луѓето. За лицата со посебни потреби мислам дека треба да има посебен шалтер и на тој шалтер кога ги нема толку многу лицата со посебни потреби да не чекаат ред од 100 луѓе или 20 едноставно да има некој обучен кој кога нема да има лица со посебни потреби може да услужи други лица. Значи не мора тој денес да седи зад шалтер и да чека 8 часа некој со посебна потреба да дојде за да го услужи. Значи од тие вработени што се тука доволно е двајца да имаат некаква обука за да им помогнат на лицата со посебни потреби.

Модератор: Во смисла на гестовен говор...

Лепа: Да, исто има и луѓе со оштетен вид и до 80%, а таму е со толку ситни букви напишано што дури и човек кој гледа просечно треба скроз да се наведне да про-чита, ако ја праша службеничката ќе му рече земи прочитај, нема да се замарам со тебе, така да би требало да има посебен шалтер кој би опслужувал лица со посебни потреби. Би се олеснила работата и не би се осеќале повредени лицата кои имаат проблеми дали се тоа лица слепи или лица со говорна мана, значи има секакви случаи, има многу луѓе.

Модератор: Вера?

Вера: И јас исто би променила, би ставила три шалтери кои се за информации од кои еден би бил за лица со посебни потреби, со инвалидност некоја. На сите тие да има вработени кои се стручни за да објаснат и да бидат љубезни, без разлика дали за инвалиди или не, да биде тоа супер организирано и после ќе оди се како под-мачкано. Кога ќе бидат сите обавестени што и како треба, нема да има проблем.

Модератор: Тие три шалтери би биле настрана од шалтерите каде се завршува работа така?

Вера: Да, токму така. Јас така сметам. Многу е битно да има организација и тие да бидат стручни, не секој да го ставам таму да работи, било кој да врши работа. Мора да биде стручен.

Page 124: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

124

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Модератор: Уште само да Ве прашам дали некој од вас ја користел веб страната на Катастарот?

Лепа: Јас сум ја користела меѓутоа нема многу информации, не можам да отворам се што сакам и не сум задоволна.

Модератор: Другите сте ја отворале, што мислите?

Русанда: Да, сум отворала за информации за имотен лист. Мислам дека треба некој постручен за да помогне за да се дојди до информација. Исто кај мене на пример излегуваат два имотни листови, што е грешка, не знаеш кој е точен кој не е точен, не функционален сајтот. Не може два листа за еден ист објект.

Модератор: Многу ви благодарам што дојдовте, тоа е се за денес. Уште еднаш ви благодарам и за времето и за учеството.

Page 125: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец
Page 126: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

126

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

ДОДАТОК 2 – ВОДИЧИ ЗА ГРУПНА ДИСКУСИЈА

Page 127: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

127

Водич за групна дискусија: земјоделци1. Вовед во дискусијата• Запознавање на учесниците со предметот на истражување односно темата на

дискусија• Информирање на учесниците за снимањето на дискусијата

2. Претставување на учесниците• Со што се занимаваат?• Дали се корисници на субвенции?

3. Краток осврт на нивните искуства во Катастарот• Кои услуги на Катастарот ги користеле?• Какво е нивното искуство?

4. Информираност на учесниците за процедурата и потребните документи за поднесување на барање за користење на услугите на Катастарот

• Од каде ги добиваат информациите за потребната документација при поднесу-вање барање за користење на некоја од услугите на Катастарот?

5. Перцепција на учесниците за сложеноста на постапката за добивање на до-кументот за кој се обратиле во Катастарот и времето на чекање

• Колку е сложена постапката за добивање на документот за кој се обратиле во катастарот?

• Дали според вас постои простор за поедноставување на постапките?

6. Перцепција на цените кои Катастарот ги наплаќа за своите услуги• Дали сметате дека цените кои ги наплаќа катастарот за своите услуги се висо-

ки, соодветни или ниски?

7. Ставови на учесниците во поглед на љубезноста, услужливоста и стручнос-та на шалтерските работници во Катастарот

• Колку според вас вработените во катастарот се љубезни?• Колку според вас вработените се услужливи?• Колку според вас вработените се стручни?

8. Информираност за веб страницата на Катастарот и нивна перцепција за функционалноста на истата

• Дали сте ја користеле веб страницата на Катастарот?• Што мислите за веб страницата на Катастарот?

9. Препораки за подобрување на работата на Катастарот• Која би била вашата препорака за подобрување на работата на Катастарот?

Page 128: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

128

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Водич за групна дискусија: Роми1. Вовед во дискусијата• Запознавање на учесниците со предметот на истражување односно темата на

дискусија• Информирање на учесниците за снимањето на дискусијата

2. Краток осврт на нивните искуства во Катастарот• Кои услуги на Катастарот ги користеле?• Какво е нивното искуство?

3. Информираност на учесниците за процедурата и потребните документи за поднесување на барање за користење на услугите на Катастарот

• Од каде ги добиваат информациите за потребната документација при поднесу-вање барање за користење на некоја од услугите на Катастарот?

4. Перцепција на учесниците за сложеноста на постапката за добивање на до-кументот за кој се обратиле во Катастарот и времето на чекање

• Колку е сложена постапката за добивање на документот за кој се обратиле во катастарот?

• Дали според вас постои простор за поедноставување на постапките?

5. Перцепција на цените кои Катастарот ги наплаќа за своите услуги• Дали сметате дека цените кои ги наплаќа Катастарот за своите услуги се висо-

ки, соодветни или ниски?

6. Ставови на учесниците во поглед на љубезноста, услужливоста и стручнос-та на шалтерските работници во Катастарот

• Колку според вас вработените во Катастарот се љубезни?• Колку според вас вработените се услужливи?• Колку според вас вработените се стручни?

7. Информираност за веб страницата на катастарот и нивна перцепција за функционалноста на истата

• Дали сте ја користеле веб страницата на Катастарот?• Што мислите за веб страницата на Катастарот?

8. Препораки за подобрување на работата на Катастарот• Која би била вашата препорака за подобрување на работата на Катастарот?

Page 129: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј З

А П

РО

ЦЕ

НК

А Н

А О

КР

УЖУВ

АЊ

ЕТО

129

Водич за групна дискусија: корисници на социјална помош1. Вовед во дискусијата• Запознавање на учесниците со предметот на истражување односно темата на

дискусија• Информирање на учесниците за снимањето на дискусијата

2. Претставување на учесниците• Колку време се корисници на социјална помош?• Кои документи им се потребни за остварување на тоа право?

3. Краток осврт на нивните искуства во Катастарот• Кои услуги на Катастарот ги користеле?• Какво е нивното искуство?

4. Информираност на учесниците за процедурата и потребните документи за поднесување на барање за користење на услугите на Катастарот

• Од каде ги добиваат информациите за потребната документација при поднесу-вање барање за користење на некоја од услугите на Катастарот?

5. Перцепција на учесниците за сложеноста на постапката за добивање на до-кументот за кој се обратиле во Катастарот и времето на чекање

• Колку е сложена постапката за добивање на документот за кој се обратиле во Катастарот?

• Дали според вас постои простор за поедноставување на постапките?

6. Перцепција на цените кои Катастарот ги наплаќа за своите услуги• Дали сметате дека цените кои ги наплаќа Катастарот за своите услуги се висо-

ки, соодветни или ниски?

7. Ставови на учесниците во поглед на љубезноста, услужливоста и стручнос-та на шалтерските работници во Катастарот

• Колку според вас вработените во Катастарот се љубезни?• Колку според вас вработените се услужливи?• Колку според вас вработените се стручни?

8. Информираност за веб страницата на Катастарот и нивна перцепција за функционалноста на истата

• Дали сте ја користеле веб страницата на Катастарот?

9. Препораки за подобрување на работата на Катастарот• Која би била вашата препорака за подобрување на работата на Катастарот?

Page 130: proekti/knr... · Пишување извештај за проценка на окружувањето. Истражувањето започна во средината на месец

130

ИЗ

ВЕ

ШТА

Ј ЗА

ПР

ОЦ

ЕН

КА

НА

ОК

РУЖ

УВА

ЊЕ

ТО

Водич за групна дискусија: лица со посебни потреби1. Вовед во дискусијата• Запознавање на учесниците со предметот на истражување односно темата на

дискусија• Информирање на учесниците за снимањето на дискусијата

2. Претставување на учесниците

3. Краток осврт на нивните искуства во Катастарот• Кои услуги на Катастарот ги користеле?• Какво е нивното искуство?

4. Информираност на учесниците за процедурата и потребните документи за поднесување на барање за користење на услугите на Катастарот

• Од каде ги добиваат информациите за потребната документација при поднесу-вање барање за користење на некоја од услугите на Катастарот?

5. Перцепција на учесниците за сложеноста на постапката за добивање на до-кументот за кој се обратиле во Катастарот и времето на чекање

• Колку е сложена постапката за добивање на документот за кој се обратиле во катастарот?

• Дали според вас постои простор за поедноставување на постапките?

6. Перцепција на цените кои катастарот ги наплаќа за своите услуги• Дали сметате дека цените кои ги наплаќа Катастарот за своите услуги се висо-

ки, соодветни или ниски?• Дали има финансиски поволности за лицата со посебни потреби при користење

на услугите на Катастарот?

7. Ставови на учесниците во поглед на љубезноста, услужливоста и стручнос-та на шалтерските работници во Катастарот

• Колку според вас вработените во Катастарот се љубезни?• Колку според вас вработените се услужливи?• Колку според вас вработените се стручни?

8. Информираност за веб страницата на Катастарот и нивна перцепција за функционалноста на истата

• Дали сте ја користеле веб страницата на Катастарот?• Што мислите за веб страницата на Катастарот?

9. Препораки за подобрување на работата на Катастарот• Која би била вашата препорака за подобрување на работата на Катастарот?