programa za zeleznicka infrastruktura(1)

48
Согласно со членот 26 став 2 од Законот за железничкиот систем („Службен весник на Република Македонија” број 48/10), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 23 февруари 20011 година донесе: Н А Ц И О Н А Л Н А П Р О Г Р А М А ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА 2011 - 2013 1. ВОВЕДЕН ДЕЛ Планирање на изградбата на нова железничка инфраструктура, како и реконструкција, модернизација, ремонт и одржување на постојната железничка инфраструктура преку донесување на Национална програма за железничка инфраструктура (во натамошниот текст: Националната програма) за период од три години е пропишано во Законот за железничкиот систем („Службен весник на Република Македонија” број 48/10). Националната програма е основен документ со кој се одредуваат приоритетите за изградба, реконструкција, модернизација и одржување на функционалноста на железничката инфратсруктура. Националната програма служи како развоен докумет при одредување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија, Националниот развоен план на Република Македонија, ажурирање на Националната транспортна стратегија, изработка на годишна програма за финансирање на железничката инфраструктура и многу други докумети. Понатаму, преку Националната програма се дефинира процесот на усогласување на националното законодавство со регулативите на Европската унија, меѓународните договори каде што како потписник е Република Македонија и развојните планови на Трансевропските железнички мрежи. За реализација на Националната програма за периодот од 2011 до 2013 година се потребни вкупно финансиски средства во износ од 6.347.930.000 денари или 103.220.000 евра, од кои за инвестиции, одржување и изработка на инвестиционо-техничка докуметација за Коридорот X и кракот на Коридорот Xd се потребни вкупно 4.652.830.000 денари или 75.656.000 евра, додека за Коридорот VIII се потребни средства во висина од 1.695.100.000 денари или 27.563.000 евра. Финансиските средства за периодот од 2011 до 2013 година се планира да се обезбедат по пат на кредитно задолжување во најголем процент, односно 1.999.400.000 денари или 32.500.000 евра, односно 31%, средства преку инструметот за претпристапна помош ИПА во рамките на Оперативната програма за регионален развој, односно 987.600.000 денари или 16.220.000 евра, односно 16% (кои се во износ од 85% од вкупните вредности на проектите) и Буџетското кофинансирање (15%) во вредност од 186.600.000 денари или 3.034.000 евра, односно 3%, донации по други 1

Upload: -

Post on 02-Dec-2015

234 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

програма за железничка инфраструктура

TRANSCRIPT

Page 1: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

Согласно со членот 26 став 2 од Законот за железничкиот систем („Службен весник на Република Македонија” број 48/10), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 23 февруари 20011 година донесе:

Н А Ц И О Н А Л Н А П Р О Г Р А М А ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА

2011 - 20131. ВОВЕДЕН ДЕЛПланирање на изградбата на нова железничка инфраструктура, како и реконструкција, модернизација, ремонт и одржување на постојната железничка инфраструктура преку донесување на Национална програма за железничка инфраструктура (во натамошниот текст: Националната програма) за период од три години е пропишано во Законот за железничкиот систем („Службен весник на Република Македонија” број 48/10). Националната програма е основен документ со кој се одредуваат приоритетите за изградба, реконструкција, модернизација и одржување на функционалноста на железничката инфратсруктура. Националната програма служи како развоен докумет при одредување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија, Националниот развоен план на Република Македонија, ажурирање на Националната транспортна стратегија, изработка на годишна програма за финансирање на железничката инфраструктура и многу други докумети. Понатаму, преку Националната програма се дефинира процесот на усогласување на националното законодавство со регулативите на Европската унија, меѓународните договори каде што како потписник е Република Македонија и развојните планови на Трансевропските железнички мрежи.

За реализација на Националната програма за периодот од 2011 до 2013 година се потребни вкупно финансиски средства во износ од 6.347.930.000 денари или 103.220.000 евра, од кои за инвестиции, одржување и изработка на инвестиционо-техничка докуметација за Коридорот X и кракот на Коридорот Xd се потребни вкупно 4.652.830.000 денари или 75.656.000 евра, додека за Коридорот VIII се потребни средства во висина од 1.695.100.000 денари или 27.563.000 евра.

Финансиските средства за периодот од 2011 до 2013 година се планира да се обезбедат по пат на кредитно задолжување во најголем процент, односно 1.999.400.000 денари или 32.500.000 евра, односно 31%, средства преку инструметот за претпристапна помош ИПА во рамките на Оперативната програма за регионален развој, односно 987.600.000 денари или 16.220.000 евра, односно 16% (кои се во износ од 85% од вкупните вредности на проектите) и Буџетското кофинансирање (15%) во вредност од 186.600.000 денари или 3.034.000 евра, односно 3%, донации по други основи 526.100.000 денари или 8.600.000 евра, односно 8% и Буџетот на Министерство за транспорт и врски 1.332.230.000 денари, односно 21.626.000 евра или 21% и сопствени средства на ЈП МЖ Инфраструктура средства во износ од 1.316.000.000 денари или 21.400.000 евра, односно 21%. 1.1. СТРAТEШКИ ЦЕЛИ ЗА РАЗВОЈ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРАСтратешкиот развој на железничката инфраструктура се темели на потребата од задоволување на потребите за превозот на патници и стока, просторниот план на Република Македонија и определбата на Република Македонија за интеграција во Европската унија. Земјите од Европската унија посветуваат големо внимание на изградба на нови и осовременување на постојните пруги со развиени техничко-технолошки карактеристики, кои се состојат од трансевропски мрежи за брзи пруги и трансевропски мрежи за конвенционални пруги. Трансевропската железничка мрежа на подрачјето на Европската унија се надоврзува на најважните железнички коридори од соседните региони и континенти. Јадрото на таа железничка мрежа го претствуваат паневропските коридори воспоставени на меѓународните конференции одржани на Крит 1994 година и Хелсинки 1997 година. Македонските железеници се веќе вклучени во мрежата на паневропските коридори:

1

Page 2: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

- патен и железнички Коридор X: Атина - Солун - Скопје - Ниш - Белград - Загреб -Љубљана - Салзбург,

- патен и железнички Коридор Xd: Велес - Битола - Флорина - Аминтао/ Каламбака - Јанина - Игуменица/ Солун и

- патен и железнички Коридор VIII: Драч - Тирана - Ќафасан - Кичево - Скопје - Крива Паланка - Гуешево - Софија - Пловдив - Стара Загора - Варна/Бургас.

Меморандумот за разбирање за развој на Паневропскиот Коридор X е потпишан на 15 март 2001 година во Солун, Република Грција.Меморандумот за разбирање на Паневропскиот Коридор VIII е потпишан на 9 септември 2002 година во Бари, Република Италија.Политиката на Европската унија е преку трансформација на железничкиот систем да дејствува и оперира на рамноправна и конкурентска основа, зголемувајќи го процентот на превезена стока и патници по пат на железница, со цел да се растеретат автопатиштата, да се намалат трошоците за енергија, со што ќе дојде до заштед, како и заштита на животната средина. Доколку се направат компаративни анализи за железницата како превозно средство со другите превозни средства, таа има низа предности: големи капацитети со низок утрошок на енергија, заштита на животната средина, поголем степен на сигурност, брза и лесна достапност од едно место до друго, но и недостатоци: сложени технолошки состави и системи, невоедначена и технички неусогласена железничка инфраструктура во различни земји, големи трошоци за одржување и изградба на железничката мрежа. Трансевропските мрежи и пане4вропските коридори се поставени така за да овозможат сообраќајот да се одвива низ повеќе правци, со цел за задоволување на потребите за овозможување на сообраќај. Од тие причини, во Република Македонија е потребно железничката мрежа да се развива во насока да овозможи задоволување на конкуренцијата која се јавува меѓу коридорите на соседните земји и пошироко.Развојот на железничката инфраструктура во Република Македонија мора да биде во функција на одржлив и урамнотежен развој на земјата, а со тоа да доведе до вклучување на пазарот на Република Македонија во заедничкиот пазар на Европската унија. Следствено на тоа, потребно е да се постигнат следниве цели:

- пред се, на железничките пруги кои се од значење на меѓународниот сообраќај, да се унапреди железничката инфраструктура и да се усогласи во техничко-технолошките потреби кои се поставени за трансевропски конвенционални пруги, за да се зголемил обемот на железничкиот сообраќај,

- воспоставување на урамнотежена техничко-технолошка состојба на железничките пруги кои се од регионално значење со оние од локален карактер, односно да се постигне усогласување на капацитетите со реалните потреби,

- усогласување на развојот на железничката инфраструктура со останатите превози патен, авионски и комбиниран и да се обезбеди хармонизиран превоз во транспортниот сектор во Република Македонија,

- зголемување на примената на железницата, како превозно средство на патници во Република Македонија,

- преку изградба на нова, како и модернизација и ремонт на постојната железничка инфраструктура да се дополнат потребните инфраструктурни капацитети за зголемување на обемот и функционалност на железничкиот превоз,

- воспоставување на интегрирана телекомуникациска мрежа и координирање на превозот од едно место преку воведување на контролно-команден систем, со цел за постигнување на подобра функционалност и квалитет на дадена услуга и

2

Page 3: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

- создавање на одржлив и стабилен извор за финансирање на изградбата на нова, како и модернизација, ремонт и одржување на постојната железничка инфраструктура.

За постигнување на горе наведените цели потребни се значителни финансиски средства и реално гледано три до четири среднорочни планови.

1.2. ВАЖЕЧКИ МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ И ЗАЛОЖБАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската унија е потписничка на или има наследено повеќе меѓународни договори како што се: АГЦ - Евроска спогодба за главни меѓународни железнички пруги, Женева 1985 (AGC-European Agreement on Main International Railways Lines), АГТЦ - Европска спогодба за важни меѓународни правци за комбиниран транспорт и слични инсталации, Женева 1991 (AGTC- European Agreement of Important International Combined Transport Lines and Related Instalations), КОТИФ (COTIF-Convention conserning International carriage by Rail) и Вилнус 1999 година. Република Македонија активно учествува и во УНЕЦЕ ТЕР организација која реализира проекти за подобрување на квалитетот на превозот на стока и патници, како и изработка на проекти за подобрување на железничката инфраструктура.

Во 2004 година во Луксембрург е потпишан Меморандум за разбирање за развој на Југоисточноевропска јадрена транспортна мрежа, со што се основа Опсерваторија на Југоисточна Европа (СЕЕТО), каде што Република Македонија е активна членка и учесник. Во 2007 година е потпишан Анекс на Меморандумот за разбирање со кој се овозможува постепено имплементирање на законските и институционалните рамки за отворање на пазарот на железничкиот транспорт во Југоисточна Европа (Југоисточневропска железничка транспортна област).

Во 2006 година во Солун, Република Грција, во рамките на Југоисточноевропскиот процес на соработка (СЕЕЦП) е потпишана Спогодба за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси во Југоисточна Европа. Целта на Спогодбата е имплементација на железнички мрежи со високи перформанси за патнички, товарен и интермодален транспорт во Југоисточна Европа, кои нудат побрзи железнички поврзувања со повисок квалитет и поконкурентни железнички поврзувања со значително намалено време за патувања за периодот до 2020 година.

Во периодот што следи претстои потпишување на Спогодба за основање на Транспортна зедница во областа на патниот, железничкиот, поморскиот и речниот сообраќај, како и развој на транспортната мрежа меѓу Европската унија и земјите од Југоисточна Европа.

1.3. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Заштитата на животната средина е една од основните смерници за развој на земјите во светот. Железницата, како систем, помалку ја загадува околината во споредба со останатите транспортни гранки - превозни средства. Истражувањата кои се направени во оваа област покажуваат дека повеќе од 90% од загадувањата предизвикани од транспортот отпаѓаат токму на друмскиот сообраќај.

Европската унија во својата најнова транспортна политика планира екстерните трошоци на превозот да ги префрли на тие транспортни гранки - превозни средства кои предизвикуваат помали загадувања на животната средина, што би значело насочување на повеќе финансиски средства на транспортни гранки кои на животната средина влијаат со помал обем и опсег на загадување, а во пракса тоа би заначело повеќе средства би се намениле за развојот на железницата.

3

Page 4: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

Еколошки одржлив транспорт (Enviromental Sustainable Transport) всушност е метода со која идното проектирање за користење на капацитетите на инфраструктура во рамките на сите транспортни гранки ќе се усогласи со реалните потреби на капацитетите, со една едиствена цел - намалување на негативното влијание на животната средина.

Основните принципи и мерки за реализација на еколошки одржливиот транспорт се: достигнатиот степен од економскиот развој на земјата наспроти побарувачката за

превоз од аспект на влијанието на животната средина, задоволување на побарувачката за превоз на стока и патници со помош на

различни транспортни средства, ралични модели на железнички возен парк и инфраструктура, како и употребата на информатичката технологија и

вложување во железничкиот превоз и инфраструктура, со што ќе се поттикне развојот на железничката технологија, индустријата, логистиката и друго.

Согласно со направените анализи за влијанието од различните превозни средства врз животната средина, железничките возни средства се оценети како превозни средства кои имаат најповолно влијание, односно најмалку ја загадува животната средина.

Освен тоа, железницата како систем, овозможува без големи и дополнителни напори организирање на големи превози на стока кои би се јавиле во иднина, со цел да се изврши растретување на друмскиот сообраќај.

2. ЖЕЛЕЗНИЧКИ СИСТЕМ

Железничкиот систем во Република Македонија го сочинуваат структурниот и функционалниот потсистем.

Структурниот потсистем ги опфаќа следниве области:- железничка инфраструктура,- електро-енергија,- сообраќајно регулирачки и сигнално сигурносен и - железнички возила.

Функционалниот потсистем ги опфаќа следниве области:- организирање и управување со сообраќајот,- одржување и- телематски апликации за патнички и товарен превоз.

Железничката инфраструктура е добро од општ интерес за Републиката и е сопственост на Република Македонија.

Управувањето со изградбата на нова железничка инфраструктура, реконструкцијата, ремонтот, одржувањето, заштитата на постојната железничка инфраструктура, организирањето и регулирањето на железничкиот сообраќај и раководењето со системите за регулирање и безбедност, како дејности од јавен интерес ги врши управител на инфраструктура кое е јавно или друго домашно или странско правно лице кое има дозвола за управување со железничката инфраструктура или нејзин дел, како и управување со системите на контрола за безбедно и сигурно одвивање на железничкиот сообраќај. Функциите на управителот на инфраструктура на една мрежа или на дел од мрежа може да се пренесат на друго домашно или странско правно лице.

Во согласност со Законот за железничкиот систем, управителот на инфраструктурата ги врши следниве функции:- го организира и регулира железничкиот сообраќај, обезбедува пристап и

користење на железничката инфраструктура на сите превозници кои ги исполнуваат условите пропишани со закон, го организира јавниот превоз и превозот за сопствени

4

Page 5: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

потреби, планира изградба, реконструкција, ремонт, одржување и заштита на железничката инфраструктура, врши модернизација, одржување и заштита на железничката инфраструктура, пружните возила и машини, презема мерки за заштита од бучава и заштита на животната средина;

- ги врши работите околу распределбата на инфраструктурните капацитети, одредува тарифа за користење на железничката инфраструктура, изработува и објавува возен ред, ја изработува Објавата на мрежата и врши и други активности што се во функција на дејноста.

Во согласност со Законот за сигурност во железничкиот систем, управителот на инфраструктурата ги врши следниве функции:

- ја организира и постојано врши контрола над безбедното и сигурно одвивање на железничкиот сообраќај, ги одржува инфраструктурните потсистеми по кои се одвива сообраќајот и го одржува внатрешниот ред во железничкиот појас.

Организациската поставеност на управителот на инфраструктурата во Република Македонија е Јавно претпријате за железничка инфраструктура Македонски железници Инфратрсуктура - Скопје, правен наследник на поранешното ЈП „Македонски железници” Ц.О. - Скопје, запишано во Централниот регистар на Република Македонија на 9 август 2007 година.

Железнички превозник во Република Македонија е националната транспортна компанија Македонски железници Транспорт А.Д. - Скопје, каде што акциите се во целосна сопственост на државата.

За обезбедување на транспарентно и недискриминаторно работење на управителот на инфраструктура, превозниците, телата и институциите поврзани со работењето на железницата, како и други учесници кои обезбедуваат железнички услуги во железничкиот јавен превоз, е формирана Агенција за регулирање на железничкиот сектор. Агецијата е независна од управителот на железничката инфраструктура и железнички превозник/ци. Агенцијата за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија.

Надлежноста на Агенцијата е во согласност со членот 30 од Директивата 2001/14/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 26 февруари 2001 година за распределба на капацитетите на железничката инфраструктура и за одредување на таксите за употреба на железничката инфраструктура и за безбедносните сертификати и Директивата 2007/58/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2007 година за изменување на Директивата бр. 91/440/EEЗ на Советот за развивање на железницата на Заедницата и Директивата бр. 2001/14/EЗ за распределба на капацитетот на железничката инфраструктура и наплата на надоместоците за употреба на железничката инфраструктура.

За извршување на работите што се однесуваат на сигурноста во железницата се формира Управа за сигурност во железничкиот систем, како орган во состав на Министерството за транспорт и врски.

Надлежноста на Управата е во согласност со членот 16 од Директивата 2004/49/EЗ на Европскиот парламент и на Советот од 29 април 2004 година за безбедноста на железниците во Заедницата и за измена на Директивата 95/18/EЗ на Советот за издавање дозволи на железничките претпријатија и на Директивата 2001/14/EЗ за распределување на капацитетите на железничката инфраструктура и наплатување такси за користење на железничката инфраструктура и издавање сертификати за безбедност (Директива за безбедност на железниците), Директивата 2007/59/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2007 година за сертифицирање на

5

Page 6: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

машиновозачи кои управуваат со локомотиви и возови во рамките на железничкиот систем на Заедницата и Директивата 2008/57/EЗ на Европскиот парламент и на Советот од 17 јуни 2008 година за интероперабилност на железничкиот систем во Заедницата (преработена верзија) (Текст со важност за ЕЕО).

Истрага за случени сериозни несереќи, несреќи и инциденти се врши од страна на Комитет како постојано тело кое е составено од двајца иследници, кои се стручни лица од областа на железницата именувани од страна на Владата на Република Македонија од кои еден се именува за одговорен иследник. Комитетот е независен во својата организација и во донесување на одлуки е независен од секој управителот на инфратсруктура, превозникот, Управата за сигурност во железничкиот систем, Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и Министерството за транспорт и врски.

Надлежноста на Комитетот за водење на случени сериозни несереќи, несреќи и инциденти е во согласност со главата V од Директивата 2004/49/EЗ на Европскиот парламент и на Советот од 29 април 2004 година за безбедноста на железниците во Заедницата и за измена на Директивата 95/18/EЗ на Советот за издавање дозволи на железничките претпријатија и на Директивата 2001/14/EЗ за распределување на капацитетите на железничката инфраструктура и наплатување такси за користењето на железничката инфраструктура и издавање сертификати за безбедност (Директива за безбедност на железниците).

Шематски приказ на органите во железничкиот систем е како што следи:

3. ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКА СОСТОЈБА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вкупната должина на железничката инфраструктура во Република Македонија се состои од 699 км колосеци на отворена линија и 226 км колосеци во станици и депоа, како и 160 км индустриски колосеци. Железничката мрежа е составена од едноколосечни пруги и единствено делниците од Коридорот X се електрифицирани (235 км). Сите колосеци имаат нормална ширина на колосекот од 1435 мм. Шините најчесто се поставени во долги

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Сектор за Железници Управа за сигурност во железничкиот систем

Агенција за регулирање на железничкиот сектор

Управител на железничка инфратсруктура –

ЈП МЖ Инфраструктура-Скопје Железнички превозник- МЖ

Транспорт А.Д. Скопје

Комитет за водење на случени сериозни несереќи, несреќи и

инциденти

Министерство за транспорт и врски

6

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Page 7: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

шински ленти (ДШЛ), но исто така се применува и класичен колосечен спој. Главните линии се состојат од шини Ѕ49 или Ѕ54 и прагови од тврдо дрво или бетонски прагови со крут колосечен прибор (К-систем). Нормалното осовинско растојание на праговите е 600 мм кај колосек во ДШЛ. Главните карактеристики на железничката мрежа во Република Македонија се прикажани во Табела 1.

Табела бр.1 Главни карактеристики на железничката мрежа

Вкупна должина на железнички линии -1.435 мм ширина на колосек

699 км

Вкупна должина на станични колосеци -1.435 мм ширина на колосек

227 км

Двоколосечни линии /Електрифицирани линии (25Kv / 50Hz) 234 кмНе електрифицирани линии 465 км

3.1. СОСТОЈБА НА КОРИДОРОТ X И КРАКОТ НА КОРИДОРОТ Xd

Железничката пруга од Коридорот X од Скопје до Гевгелија е изградена во 1873 година, а Скопје - Табановци во 1887 година за време на Отоманската империја. Железничката линија е наменета за мешовит сообраќај (патнички и товарен).

Главната железничка линија од Коридорот X која поминува долж Република Македонија има вкупна должина од 214,9 км и се состои од следниве главни делници:

7

Page 8: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

- Табановци - Скопје 49,0 км,- Скопје - Велес 50,9 км и- Велес - Гевгелија 115,0 км.

Линиите Табановци - Скопје, Скопје - Велес и Велес - Гевгелија се електрифицирани со систем 25Kv/50Hz со сигурносен контролен систем тип СИМЕНС, на 25 станици со автоматски блок.

На одделни делници од Коридорот X во Република Македонија треба да се подобри приодот и да се зголеми и подобри конекцијата со соседните држави, што ќе влијае на развојот на економијата во државата и ќе се овозможи побрзата комуникација со другите земији од Европа.

Кракот „d” од Коридорот X започнува од Велес, преку Битола се поврзува со Република Грција на граничниот премин Кременица на територијата на Република Македонија, односно Ники на територијата на Република Грција. Вкупната должина на кракот изнесува 146 км од кои:- Велес - Битола 129,3 км и- Битола - Кременица- граница со Република Грција 16,7 км. Карактеристиките на коридорите X и Xd се прикажани во табелите 2 и 3 .

Табела 2 Карактеристики на Коридорот X

Бр. Делница

стационажа Должи-

на(км)

од km

доkm

1 Табановци (граница) - Скопје1.1 Табановце граница - Табановце 400,5 401,1 0,61.2 Табановце - Куманово 401,1 413,7 12,61.3 Куманово - Романовци 413.7 420,8 7,11.4 Романовци - Миладиновци 420,8 430,8 10,01.5 Миладиновци - Илинден 430,8 438,1 7,31.6 Илинден - Маџари 438,1 444,8 6,71.7 Маџари - Скопје 444,8 449,5 4,7

Вкупно Делница 1 49,02. Скопје - Велес2.1 Скопје - Лисиче 449,5 456,2 6,72.2 Лисиче - Драчево 456,2 461,7 5,52.3 Драчево - Јане Сандански 461,7 467,9 7,12.4 Јане Сандански - Зелениково 467,9 471,9 5,22.5 Зелениково - Кадина Река 479,7 479,7 5,72.6 Кадина Река - Рајко Жинзифов 479,7 490,4 10,72.7 Рајко Жинзифов - Велес 490,4 500,4 10,0

Вкупно Делница 2 50,93. Велес - Гевгелија (граница)3.1 Велес - Згроплци 500,4 515,1 14,73.2 Згрополци - Градско 515,1 527,7 12,63.3 Градско - Кукуречани 527,7 537,8 10,13.4 Кукуречани - Криволак 537,8 548,5 10,73.5 Криволак - Неготино 548,5 551,7 3,23.6 Неготино - Дуброво 551,7 558,4 6,73.7 Дуброво - Демир Капија 558,4 569,8 11,43.8 Демир Капија - Клисура 569,8 576,5 6,73.9 Клисура - Миравци 576,5 591,2 14,73.10 Миравци - Смоквица 591,2 604,3 13,13.11 Смоквица - Гевгелија 604,3 613,5 9,2

8

Page 9: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

3.12 Гевгелија - Гевгелија граница 613,5 615,4 1,9Вкупно Делница 3 115,0

Табела 3 Карактеристики на Коридорот Xd

Долж Коридорот X постојат шест тунели со вкупна должина од 1.028,9 метри. Сите тунели се наоѓаат на делниците Скопје - Велес и Велес - Гевгелија. Брзината на возовите кога поминуваат низ тунелите е ограничена на околу 65 км/час, затоа што радиусите на кривини се помали од 350 м. Долж Коридорот Xd постојат вкупно 17 тунели со вкупна должина од 6.530 м. Брзината на возовите кога поминуваат низ тунелите е ограничена на околу 65 км/час, затоа што радиусите на кривини се помали од 350 м. Поважните карактеристики со стационажите на тунелите долж коридорите X и Xd се прикажани во табелите 4 и 5.

брДелница

стационажа Должи-

на(км)

Од км

Докм

Велес - Кременица1. Велес Тополка 0,0 7,8 7,82. Тополка Чашка 7,8 14,5 6,73. Чашка Стари Град 14,5 21,7 7,24. Стари Град Васил Антевски 21,7 30,3 8,55. Васил Антевски Богомила 30,3 44,1 13,86. Богомила Гостиражни 44,1 57,9 13,87. Гостиражни Браилово 57,9 68,8 10,98. Браилово Прилеп 68,8 84,1 15,39. Прилеп Бакарно Гумно 84,1 99,1 15,010. Бакарно Гумнао Даме Груев 99,1 112,1 13,011. Даме Груев Никола Карев 112,1 121,7 9,612. Никола Карев Битола 121,7 129,3 7,613. Битола Кременица 129,3 145,3 16,014. Кременица Државна

граница145,3 146,0 0,7

9

Page 10: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

Табела 4 Стационажа на тунели долж Коридорот X и поважни карактеристики

Бр.

Од (km) До (km) Должина(m)

Ширина (m)

Материјал Год. на изградба

Брзина низ

тунелот (км/ч)

R (m)

1 478,2 487,4 240,1 5,4 Бетон 1958 65 300

2 483,1 483,4 300,2 5,0 Карпа 1873 65 275

3 492,2 492,3 114,9 5,4 Бетон 1873 65 275

4 493,4 493,5 64,7 5,4 Бетон 1873 65 -

5 571,2 571,3 39,0 5,2 Бетон 1946 65 350

6 582,4 582,7 270,0 5,3 Бетон 1946 70 300

Табела 5 Стационажа на тунели долж Коридорот Xd и поважни карактеристики

Долж Коридорот X постојат вкупно 72 моста со вкупна должина од 2.143,12 метри, од кои 27 се бетонски во должина од 1.059,45 метри, додека 45 се челични мостови во должина од 1.083,67 метри. Долж Коридорот Xd постојат вкупно 39 моста со вкупна должина од 812,72 метри, од кои 30 се бетонски во должина од 687,24 метри, додека девет се

бр Од (km)

До (km)

Должина

(m)

Ширина (m)

Материјал Год. на изградба

Брзина низ

тунелот (км/ч)

1. 4+250.45 5+161.20 910.75 5.00 камен 19361932 65

2. 9+106.60 9+152.00 45.40 4.85 вл.-камениз.-бетон

19361932

65

3. 9+385.10 9+539.30 154.20 5.00 камен *1936 654. 12+166.50 12+612.40 445.90 5.00 камен *1936 555. 17+616.80 18+037.70 420.90 4.95 камен *1936 706. 23+435.76 23+569.74 133.90 5.00 камен *1936 657. 28+698.68 28+858.87 160.19 4.90 камен *1936

193460

8. 35+847.10 35+937.78 90.68 5.00 камен *1936 609. 36+417.29 36+481.96 64.75 5.00 камен *1936 6010. 36+752.36 36+793.65 36.29 5.00 камен *1936 6511. 39+925.60 40+070.10 144.50 4.96 камен *1936 6012. 40+956.18 41+051.35 95.17 5.00 камен *1936 6013. 48+183,60 48+695,00 511.40 5.00 камен *1936 5514. 48+818.50 49+164.70 346.20 5.00 камен *1936 5515. 51+998,00 52+201,00 203 5.00 камен *1936 7016. 52+467.30 52+660,00 192.70 4.95 камен *1936 7017. 53+464.71 56+038.80 2.574,1 5,00 камен *1936 70

10

Page 11: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

челични мостови во должина од 125,48 метри. Поважни податоци за тунелите долж коридорите X и Xd се прикажани во табелите 6 и 7.

11

Page 12: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

Табела 6 Податоци за мостови долж Коридорот X

ДелницаБетонски мостови Челични мостови UIC групаБр. на

мостовиВкупна должина (м)

Бр. на мостови

Вкупна должина (м)

Табановци граница со Република Србија -Скопје

12 759,5 5 74,5 D4 225KN-80kN/m

Скопје-Велес

3 24,8 16 264,9 D4 225KN-80kN/m

Велес-Гевгелија граница Република Грција

12 275,15 24 744,27 D4 225KN-80kN/m

Вкупно 27 1.059,45 45 1.083,67

Табела 7 Податоци за мостови долж Коридорот Xd

ДелницаБетонски мостови Челични мостови UIC групаБр. на

мостовиВкупна должина (м)

Бр. на мостови

Вкупна должина (м)

Велес - Битола - Кременица

30 687,24 9 125,48 D4 225KN80 KN/M

3.1.1. ПРЕГЛЕД НА СОСТОЈБИТЕ НА КОЛОСЕКОТ

На повеќе делници од Коридорот X последен ремонт им е извршен пред повеќе од 30 години. Сообраќајот, особено на делницата Табановци - Скопје е многу густ. Од причина што инвестиционото одржување во последните декади било вршено со многу мал интензитет, се наметнува потребата од значително зголемување на одржувањето, или ќе биде потребно да се воведат ограничувања на брзините на делници во блиска иднина. Овие делници процентуално би се зголемувале во број и во должина и најверојатно би имало значително зголемување и на трошоците и последици по приходите на железницата. Всушност, најголем број на делници се со животен век на колосекот кој се приближува кон 40 години (околу 100 км) и доколку нема поголеми инвестиции во иднина, трошоците за одржување би се зголемиле значително. Во табелите 8 и 9 се прикажани податоци за временскиот период кога е извршен последниот ремонт со карактеристики на делниците, како и староста на колосеците групирани во четири групи.

Табела 8 Последна година на ремонт на пруга и карактеристики на делници на Коридорот X

12

Page 13: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

Бр. Делница

Стационажа Должина Последна година на

ремонтСтарост (години)

Одkm

Доkm km %

1

Граница.Србија -Табановце - Куманово и Куманово -Романовци 400,.50 420,80

20,30 9,61998 10

2Романовци - Миладиновои Миладиново - Илинден 420,80 438,10

17,30 8.01998 10

3 Илинден (распатница А) 438,10 442,70 4,60 2.1 2007 14 Распатница А - Маџари 442,70 444,80 2,10 1.0 1980 285 Маџари - Скопје 444,80 449,50 4,70 2.2 1982 266 Скопје - Драчево 449,50 461,70 12,20 5.7 1978 30

7Драчево - Јане Сандански,Јане Сандански - Зелениково, Зелениково - Кадина Река 461,70 479,70 18,00 8.3 1976 32

8 Кадина Река - Рајко Жинзифов 479,70 490,40 10,70 5.0 2007 19 Рајко Жинзифов - Велес 490,40 500,40 10,00 4.6 2000 8

10Велес - Ногаевци,

500,40 520.4027,40 12.7

1984 24

11 Ногаевци - Градско520.40 527,80

7.40 12.71984 24

11 Градско - Кукуречани527,80 537,80

10,00 4.61966 42

12 Кукуречани - Неготино 537,80 551,70 13,90 6.4 1967 4113 Неготино - Дуброво 551,70 558,40 6,70 3.1 2009 014 Дуброво - Демир Капија 553.40 561.40 8.00 3,7 2004 415 Дуброво - Демир Капија 564,50 569,80 8.40 3,9 1968 40

16 Демир Капија - Клисура-Миравци569,80 591,20

21,40 9.91977 31

17 Миравци - Смоквица 591,20 600.10 13,20 6.1 1970 3818 Смоквица - Гевгелија 600.10 613,50 9,10 4.2 2001 719 Гевгелија - граница Грција 613,50 615,40 1,90 0.9 1967 41

Табела 9 Старост на колосек групиран во четири групи на Коридорот X

Старост на колосекот Должина (км) Дел %40 - 46 години 52,918 24,6%30 - 39 години 117,338 54,4%20 - 29 години 27,224 12,6%

старост<10 години 18,160 8,4%

Приоритет за ремонт на колосекот треба да биде според староста на инфраструктурата или бројот на поминати години од последниот ремонт. Согласно со овој критериум приоритети на делници за ремонт на колосекот се дадени во Табелата 10.

Табела 10 Приоритет за ремонт на колосек согласно со староста на инфраструктурата на Коридорот X

13

Page 14: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

Делница Од km

Доkm

Должина (km)

%од вк.дол-жина кор.10

Последен ремонт

год.

Старост(години)

Приоритет

Ногаевци - Градско 520.40 527,80 9,3 4,3% 1966 42 1

Градско - Кукуречани 527,80 537,80 10,0 4,6% 1967 41 2

Кукуричани - Криволак 537,80 548,50 10,7 4,98% 1967 41 3

Криволак - Неготино 548,50 551,70 3,2 1,49% 1967 41 4

Миравци - Смоквица 591,20 600.10 13,20 6.1% 1970 38 5

Табановце - Куманово 401.10 413.80 12,7 5,9% 1970 38 6

3.1.2. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГОРНИОТ СТРОЈ НА КРИДОРОТ X

а) Горниот строј од колосекот на Коридорот X ги има следниве карактеристики:

1. ШиниЦелиот колосек е заварен во долги шински ленти (ДШЛ). Најприменета е шината тип Ѕ49 на 97,3% од должината на колосекот, а на останатите 2,7% применета е шината тип Ѕ54 (на делницата меѓу станиците Табановци - Куманово и Романовци - Миладиновци). Овие профили на шини ги задоволуваат UIC стандарди за челик за производство на шини.

Недостатоци на шините изабеност која е резултат на корозија, замор на материјалот и зголемено пукање (прскање) на шините.

2. Прагови

Дрвените прагови се присутни со околу 89% од вкупниот број на прагови кој е 329.727 прага на Коридорот X. Нормалното растојание меѓу праговите е од 600 до 650 мм. Преднапрегнатите бетонски прагови се вргадени во колосекот на делници од следниве станици: Илинден - Маџари (од 438 км до 442 км), Кадина Река - Рајко Жинзифов (од 486 км до 490 км), Дуброво - Демир Капија (од 559 км до 564 км) и Смоквица - Гевгелија (од 665 км до 612 км).

3. Прицврстен прибор

Најзастапен прицврстен прибор на колосекот е К-крутиот прицврстен прибор на секоја делница каде што има дрвени прагови и еластичниот прицврстен прибор SKL-14 на делници каде што има преднапрегнати бетонски прагови.

4. Засторна призма

Засторот е од кршен камен со гранулација 25/60 мм на секоја делница меѓу станиците.

Дебелината на засторната призма е проценета на најмалку 30 до 35 см мерена под прагот. Најчесто засторот е загаден од кршење на зрната или од пенетрирање по висина на призмата на ситни измешани честици од глина и земја или од кал.

Визуелната инспекција утврдува дека постојат повеќе делници каде што има вегетација во пределот на засторната призма. Колосекот на делницата Табановци - Куманово од 402 км до 407 км е поставен на многу лош природен материјал и работите на одржување се чести, односно колосекот се регулира 2 до 3 пати годишно.

3.1.3. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГОРНИОТ СТРОЈ НА КРИДОРОТ Xd 14

Page 15: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

б) Горниот строј од колосекот на пругата Велес - Битола ги има следниве карактеристики:

1. ШиниНа дел од пругата колосекот е заварен во долги шински ленти 100% (ДШЛ) со тип на шина S49, односно од станицата Велес до станицата Тополка во должина од 7 км, од станицата Васил Антевски до станицата Богомила 14 км и од станицата Гостиражни (од 64+500 км отворена пруга) до станицата Битола 64 км или вкупно 85 км. Останатиот дел од пругата е со класичен состав на шини S49 и шини тип S45. Овој профил на шина ги задоволува UIC стандарди на челик за производство на шини. Недостаток на шините е изабаност поради долготрајна употреба и замор на материјалот.

2. ПраговиНа овој дел од пругата колосекот е со 100% дрвени прагови. Нормалното растојание меѓу праговите е 650 мм. Нема вградено пренапрегнати бетонски прагови.

3. Прицврстен приборНа целата делница прицврстниот прибор на колосекот е К-крут прицврстен прибор.

4. Засторна призмаЗасторот е од кршен камен со гранулација од 35-65 мм. Дебелината на засторната призма е од 40 до 45 цм мерено под прагот. Најчесто засторот се загадува од кршењето на зрното или од навлегување на ситни честици на земја и кал.

в) На пругата Битола - Кременица - државна граница со Република Грција состојбата е следна:

1. Шини На овој дел од пругата колосекот е со класичен состав на шини од постар тип со должина од 9,54 м, односно од 129+500 км до 146+000 км. Овој профил на шина не ги задоволува UIC стандарди на челик за производство на шини.

2. ПраговиНа овој дел од пругата колосекот е 85% со железни прагови и 15% дрвени прагови. Нормалното растојание меѓу праговите е 700 - 800 мм. На секој состав на шините има дупли составски прагови со вкупна количина од 1.680 прага.

3. Прицврстен приборПрицврстниот прибор на колосекот е натезен и лебдечки колосечен прибор (стари типови нестандардни).

4. Засторна призмаЗасторот е од згура.

Последна година на извршен ремонт со карактеристики на одделни делници со приоритети на ремонт од Коридорот Xd, како и староста на колосекот групиран во четири групи дадени се во табелите 11 и 12.

Табела 11 Последна година на ремонт на пруга, карактеристики на делници и приоритет за ремонт на пруга на Коридорот Xd

15

Page 16: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

рб ДЕЛНИЦАСтационажа Должина Последна год.

на ремонт Старост (години)

Прио-ритет

одkm

доkm

km %

1 Велес Тополка 0,0 7,8 7,8 5,36 1991 28 14

2 Тополка Чашка 7,8 14,5 6,7 4,61 1965 44 33 Чашка Стари Град 14,5 21,7 7,2 4,95 1965 44 44 Стари Град Васил

Антевски21,7 30,3 8,5 5,84 1965 44 5

5 В. Антевски Богомила 30,3 44,1 13,8 9,49 1988 21 13

6 Богомила Гостиражни 44,1 57,9 13,8 9,49 1963 46 2

7 Гостиражни Браилово57,9 68,8 10,9 7,50 1966 43 6

8 Браилово Прилеп 68,8 84,1 15,3 10,52 1973 36 79 Прилеп Бакарно

Гумно84,1 99,1 15,0 10,32 1973 36 8

10 Б. Гумнао Даме Груев 99,1 112,1 13,0 8,94 1973 36 911 Даме Груев Никола

Карев112,1 121,7 9,6 6,60 1973 36 10

12 Никола Карев

Битола 121,7 129,3 7,6 5,23 1973 36 11

13 Битола Кременица 129,3 145,3 16,0 11,01 1973 36 12

14 Кременица Држ. граница

145,3 146,0 0,7 100 1931 78 1

Табела 12: Старост на колосекот групиран во четири групи на Коридорот

Старост на колосекот Должина во км. Дел %

40 - 46 год. 47.8 32.8

30 - 39 год. 76.5 52.4

20 - 29 год. 21.6 14.8

Старост<10 год. / /

16

Page 17: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

3.1.4. ЕЛЕКТРО-ТЕХНИЧКИ ПОСТРОЈКИ НА КОРИДОРИТЕ X и Xd

а) Стабилни постројки за електровлеча и контактна мрежа

Од вкупната должина на пругите се електрифицирани 234 км отворена пруга и 90 км станични колосеци, што изнесува 33,5% во однос на должината на отворена пруга, односно со станични колосеци 46,3%, а се однесува за магистралата Табановци -Гевгелија.

За функционирање на контактната мрежа постојат постројки за електровлеча: електровлечни потстаници (ЕВП), постројки за секционирање (ПС) и постројки за секционирање со неутрална секција (ПСН). Електрифицираната пруга е опремена со уреди за телекоманда со постројките за електровлеча.

б) Сигнално-сигурносни и телекомуникациони постројки

Сигнално-сигурносни постројки Со електрорелејни сигнално-сигурносни уреди се опремени сите станици на магистралната пруга Табановци - Гевгелија (Коридор X). Пругата Велес - Битола е опремена со механички и електромеханички сигнално- сигурносни уреди, освен железничката станица Битола која е опремена со електрорелејни сигнално-сигурносни уреди.

Потполното заокружување на модернизацијата на пругата Табановци - Гевгелија, односно Коридорот X ќе се оствари со опремување со автостоп пружни и локомотивски уреди и телекоманда на сообраќајот која е веќе вградена и се очекува нејзино пуштање во употреба до крајот на 2010 година.

Телекомуникациони постројкиДолж магистралната пруга Табановци - Гевгелија е положен подземен бакарен сигнално телекомуникационен кабел, а како системи за врски се користат електрорелејни високофреквентни уреди, станични и пружни диспечерски телефонски уреди, централен телефонски диспечер за сообраќај и влеча. Во железничките станици Куманово, Скопје, Велес, Гевгелија и Битола постојат ЖАТ (железнички автоматски телефонски) централи.

Паралелно со овој систем на комуникација на Коридорот X се остварува и комуникација преку оптички кабел, како и мултиплекс уреди CTM-64 во главните чворовни места (станиците Табановци, Трубарево, Скопје, Волково, Велес, Неготино и Гевгелија) и СТМ-4 и СТМ-1 во секоја станица на Коридорот X. Во фаза на поставување е IP телефонија преку која се одвива и телекомандата на сообраќај и IT мрежа. На пругата Велес - Битола како систем за врски се користи радио мрежа.

За интегрирана комуникациона мрежа е набавен оптичкиот кабел, за кој беше обезбеден грант од US TDA. Интегрираната комуникациска мрежа се планира да ги покрие Коридорот X и изградениот дел од Коридорот VIII.

в) Патни преминиНа железничката мрежа во Република Македонија има вкупно 132 премини во две нивоа и вкупно 291 патни премини во ниво, согласно со Програмата за безбедност на патните премини. Нивното осигурување е 64 патни премини со автоматска сигнализација, 209 патни премини со друмски сообраќајни знаци, осум патни премини со браници на рачен погон, еден патен премин без браник и девет патни премини се чувани со чувари.

Ваквото обезбедување на патните премини е недоволно за одржување на потребното ниво на безбедноста во железничкиот сообраќај.

17

Page 18: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

Поради тоа, во тек е поставување на 20 автоматски патни премини и тоа шест патни премини на пругата Велес - Битола и 14 патни премини од Ѓорче Петров до Гостивар со што во голема мера ќе се подигне безбедноста на пругите посебно во делот на намалување на сообраќајни несреќи кои се случуваат токму на овие патни премини.

г) Други инфраструктурни објекти

ЈП Македонски железници - Инфраструктура има 127 службени места за прием и отпрема на патници и стока од кои 50 службени места се станици и 56 стојалишта и 21 друго службено место (товаришта, крстосници, распатници и друго)

3.2. СОСТОЈБА НА КОРИДОР VIII

Железничкиот Коридор VIII кој го поврзува исток со запад во должина од 313 км не е комплетно завршен. Само 154 км (50% од вкупната должина) се изградени. Како резултат на тоа нема железнички врски со соседните земји Република Албанија и Република Бугарија. Западниот дел спрема Република Бугарија бара да бидат изградени дополнителни 89 км (29% од вкупната должина), додека за источниот дел спрема Република Албанија е потребно да се доизградат 70 км (21% од вкупната должина).Изградбата на Коридорот VIII е предвидена со одлука на Европската комисија, како еден од десетте Паневропски транспортни коридори од Европскиот транспортен систем. Во рамките на овој Коридор е предвидена изградба на железничката врска од Црното Море, преку Република Бугарија, Република Македонија и Република Албанија до Јадранското Море.Коридорот VIII за Република Македонија има големо стратешко и стопанско значење. Покрај тоа што претставува железничка врска меѓу Црното и Јадранското Море, во продолжение, Коридорот поврзува големи гравитациони подрачја од Исток (Романија, Русија, Турција итн.) и Запад (прку пристанишето Бриндизи во Италија, со земјите од Западна Европа). Железничката врска поврзува значајни, а на недоволно развиените региони со изградбата на целиот Коридор ќе придонесе за нивниот економски просперитет и спречување на миграцијата. Со изграденост на подобра инфраструктура ќе се стимулира економскиот раст и тоа во локалните подрачја и пошироко во регионот. Новата железничка врска ќе влијае на подобрувањето на социоекономската и културната состојба на локално ниво, особено во подрачјата на железничките станици, а со тоа и на регионално ниво (развој на североисточниот регион на национално ниво).

Новиот железнички транспортен коридор ќе придонесе за:1) развој на транспортини капацитети за стоки и населени;2) отворање на нови работни места за локалното население при изградбата и

постизградбата на пругата и стабилизација на популацијата во одделни населени места;

3) поттикнување на сточарството и земјоделството, трговијата и индустријата, поради подобрата комуникација со потрошувачките пазари. Источниот дел од Коридорот е прилично богат со рудни богатства, но поради лошите комуникации и скапиот транспорт оваа гранка од индустријата е во стагнација. Евтиниот железнички транспорт ќе придонесе за побрз развој на рударството, нови работни места и просперитет на регионот, како и значајни приходи за железницата;

4) подобрување на локалната инфраструктура преку изградба на патни комуникации и5) посебно се нагласува значењето на железничката врска од еколошки аспект, бидејќи

железничкиот транспорт на стока и патници ќе придонесе за заштита на човековата околина, особено после електрификација на пругата.

Делот од Коридорот VIII кој минува низ Република Македонија во должина од 313 км е поделен на три дела, и тоа:

18

Page 19: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

1) источен дел - 89 км (пруга во изградба) граница со Република Бугарија - Куманово;

2) централен дел - 154 км (постојна пруга) Куманово - Скопје - Кичево и

3) западен дел - 70 км (во фаза на изработка на студија и идеен проект) Кичево - граница со Република Албанија.

Карактеристиките на Коридорот VIII се прикажани во Табела 13

По должина на изградениот дел од Kоридорот VIII има 15 тунели со вкупна должина од 10.289,55 метри. Брзината на возовите кога поминуваат низ тунелите е ограничена на околу 75 км/час, а радиусите на кривини се движат од 300-800 метри. Поважните карактеристики со стационажите на тунелите долж Коридорот VIII се прикажани во Табелата 14.

Табела 14 Стационажа на тунели и нивни поважни карактеристики на Коридорот VIII

Бр Oд km

До km

должина (м)

Ширина(м)

МатеријалГодина

на изградба

Брзина низ

тунел(v)

КУМАНОВО - КИЧЕВО

1 23+555.80 23+717.00 161.20 530 Бетон 1958 75

Делница

Стационажа Должина

(km)Од km

Доkm

1 Куманово Скопје 413.8 449.5 35.7

2 Скопје Скопје Север

344.6 336.9 7.7

3 Скопје Север

Ѓорче Петров

336.9 330.4 6.5

4 Ѓорче Петров

Радуша 0,4 16,7 16,3

5 Радуша Јегуновци 16,7 27,9 11,2

6 Јегуновци Тетово 27,9 42,2 14.,3

7 Тетово Жеровјани 42,2 53,3 11,1

8 Жеровјани Гостивар 53,3 66,6 13,3

9 Гостивар Лакавица 66,6 73,1 7,5

10 Лакавица Падалиште 73,1 80,7 7,6

11 Падалиште Зајас 80,7 89,0 8,3

12 Зајас Кичево 89,0 102,2 13,2

19

Page 20: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

2 24+628.80 24+774.30 145.50 546 Бетон 1958 75

3 25+239.20 25+514.38 275.18 510 Бетон 1958 75

4 75+686.33 76+361.00 674.67 530 Бетон 1969 80

5 76+465.00 77+113.00 648.00 530 Бетон 1969 80

6 77+591,00 77+858,00 267.00 535 Бетон 1969 80

7 78+084.94 78+267.94 183.00 530 Бетон 1969 80

8 78+677.71 78+985.71 308.00 / Бетон 1969 80

9 79+973.03 80+048.03 75.00 535 Бетон 1969 80

10 80+126.93 80+162.93 36.00 / Бетон 1969 80

11 81+678.00 88+723.10 7045.1 / Бетон 1969 80

12 94+298.39 94+408.39 110.00 520 Бетон 1966 80

13 95+491.05 95+581.05 90.00 530 Бетон 1966 80

14 97+330.68 97+540.68 210.00 520 Бетон 1968 80

15 97+879.58 97+940.58 61.00 530 Бетон 1968 80

По должина на изградениот дел од Kоридорот VIII има 56 армирани бетонски мостови со вкупна должина од 1.975,7 метри и осум челични лимени мостови со вкупна должина од 247,85 метри или вкупно 64 моста во вкупна должина од 2.223,55 метри. Поважните карактеристики со стационажите на мостовите долж Коридорот VIII се прикажани во Табелата 15 .

ДелницаБетонски мостови Челични мостови

UICГрупаБрој на

мостовиВкупна

должина (m)Број на мостови

Вкупна должина

(m)КУМАНОВО - КИЧЕВО

Куманово Скопје 11 715,5 6 33,07 C4

Скопје Ѓорче Петров 13 462,6 / / C4/D4

Ѓорче Петров Радуша 1 33,46 1 43,50 C4

Радуша Јегуновци 6 102,05 / / D4

Јегуновци Тетово 7 105,07 / / C4/D4

Тетово Жеровјани 4 163,4 / / C4

Жеровјани Гостивар 5 70,56 / / C4

Гостивар Лакавица 3 88,6 / / C4

Лакавица Падалиште 1 91,04 1 171,28 C4

20

Page 21: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

Падалиште Зајас 1 9,40 / / C4

Зајас Кичево 4 134,02 / / C4

ВКУПНО 56 1.975,7 8 247,85Табела 15. Податоци за мостови на Коридорот VIII

3.2.1. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГОРНИОТ СТРОЈ НА КРИДОРОТ VIII

а) Горниот строј од колосекот на пругата Скопје - Куманово, дел од Коридорот X ги има следниве карактеристики:

1. ШиниЦелиот колосек е заварен во долги шински ленти (ДШЛ). Најприменета е шината тип Ѕ49, а шината тип Ѕ54 на делницата Романовци - Миладиновци. Овие профили на шини ги задоволуваат UIC стандарди за челик за производство на шини.

Недостатоци на шините е Изабеноста која е резултат на корозија, замор на материјалот и зголемено пукање (прскање) на шините.

2. Прагови

Дрвените прагови се најприсутни на овој дел од пругата. Нормалното растојание меѓу праговите е од 600 до 650 мм. Преднапрегнатите бетонски прагови се вргадени во колосекот меѓу станиците Илинден - Маџари (од 438 км до 442 км).

3. Прицврстен прибор

Најзастапен прицврстен прибор на колосекот е К-крутиот прицврстен прибор на секоја делница каде што има дрвени прагови и еластичниот прицвстен прибор СКЛ-14 на делници каде што има преднапрегнати бетонски прагови.

4. Засторна призма

Засторот е од кршен камен со гранулација 25/60 мм на секоја делница меѓу станиците. Дебелината на засторната призма е проценета на најмалку 30 до 35 см мерена под прагот. Најчесто засторот е загаден од кршење на зрната или од пенетрирање по висина на призмата на ситни измешани честици од глина и земја или од кал.

б) Горниот строј од колосекот на пругата Скопје - Скопје Север - Ѓорче Петров -Кичево ги има следниве карактеристики: 1. ШиниНа дел од пругата од станицата Скопје до станицата Гостивар колосекот е заварен во долги шински ленти 100% (ДШЛ) со тип на шина С-49 а останатиот дел е со класичен состав на шини С-49. Овој профил на шина ги задоволува UIC стандарди на челик за производство на шини. Недостаток на шините е изабаност поради долготрајна употреба и замор на материјалот.

2. ПраговиНа овој дел од пругата колосекот е со 100% дрвени прагови. Нормалното растојание меѓу праговите е 650 мм. Нема вградено пренапрегнати бетонски прагови .

3. Прицврстен приборНа целата делница прицврстен прибор на колосекот е К-крут прицврстен прибор.

21

Page 22: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

4. Засторна призмаЗасторот е од кршен камен со гранулација од 35-65 мм. Дебелината на засторната призма е од 40 до 45 см мерено под прагот, а меѓу станицата Скопје патничка и станицата Скопје Север, како и меѓу станица Зајас и станицата Кичево е и повисока од 45 см. Најчесто засторот се загадува од крашењето на зрното или од навлегување на ситни честици на земја и кал.

Последна година на извршен ремонт со карактеристики на одделни делници со приоритети на ремонт од Коридорот VIII се дадени во Табелата 16.

Табела 16 Последна година на ремонт на пруга, карактеристики на делници и приоритет за ремонт на пруга на Коридорот VIII

Р.б

рб

р ДЕЛНИЦАСтационажа Должина Послед. год.

на ремонт Старост Приоритет

од km

До km

km %

1 Романовци - Миладиново и Миладиново - Илинден 420,80 438,10

17,30 8.01998 10 14

2 Илинден (распатница А) 438,10 442,70 4,60 2.1 2007 1 153 Распатница А - Маџари 442,70 444,80 2,10 1.0 1980 28 114 Маџари - Скопје 444,80 449,50 4,70 2.2 1982 26 135 Скoпје - Скопје Север

344+139 336+242 7,9 58,88 1981 2812

6 Скопје Север - Ѓ.Петров 336+242 330+724 5,5 40,99 1970 39 107 Ѓ. Петров - Радуша 0,4 16,7 16,3 16,01 1968 41 18 Радуша - Јегуновци 16,7 27,9 11,2 11,00 1968 41 29 Јегуновци - Тетово 27,9 42,2 14.,3 14,04 1968 41 3

10 Тетово - Жеровјани 42,2 53,3 11,1 10,90 1968 41 411 Жеровјани - Гостивар 53,3 66,6 13,3 13,06 1968 41 512 Гостивар - Лакавица 66,6 73,1 7,5 7,63 1969 40 613 Лакавица - Падалиште 73,1 80,7 7,6 7,46 1969 40 714 Падалиште - Зајас 80,7 89,0 8,3 8,15 1969 40 815 Зајас - Кичево 89,0 102,2 13,2 12,96 1969 40 9

22

Page 23: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

3.2.2. ЕЛЕКТРО-ТЕХНИЧКИ ПОСТРОЈКИ

а) Стабилни постројки за електровлеча и контактна мрежа

На постоечкиот дел од Коридорот VIII на делницата од Скопје до Куманово во должина од 35,7 км пругата е електрифицирана, а за функционирање на контактната мрежа постојат постројки за електровлеча електровлечни потстаници (ЕВП), постројки за секционирање (ПС) и постројки за секционирање со неутрална секција (ПСН). Електрифицираната пруга е опремена со уреди за телекоманда со постројките за електровлеча.

б) Сигнално-сигурносни и телекомуникациони постројки

Сигнално-сигурносни постројки Со електрорелејни сигнално-сигурносни уреди се опремени станиците на Коридорот VIII, во делот на магистралната пруга од Скопје до Куманово, која е дел од Коридорот X, а исто така на овој дел од коридорот во функција е Телекомандата на сообраќај. На пругата Ѓ.Петров - Кичево, делницата Гостивар - Кичево е опремена со станични електрорелејни сигнално-сигурносни уреди, а делницата Ѓ.Петров - Гостивар е опремена со механички и електромеханички сигнално-сигурносни уреди.

Телекомуникациони постројкиНа Коридорот VIII долж магистралната пруга во делот од Скопје до Куманово, која е дел од Коридорот X е положен подземен бакарен сигнално-телекомуникационен кабел, а како системи за врски се користат електрорелејни високофреквентни уреди, станични и пружни диспечерски телефонски уреди, централен телефонски диспечер за сообраќај и влеча. Во железничките станици Скопје, Куманово, Гостивар и Кичево постојат ЖАТ (железнички автоматски телефонски) централи. на Коридорот VIII во функција е и комуникацијата преку оптички кабел на делот од Куманово до Скопје, која е дел и од Коридорот VIII и од Скопје до Тетово каде што во функција се и мултиплекс уредите.

4. РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ЗА ПЕРИОДОТ 2008-2010 ГОДИНА 4.1. Коридор X

По должината на Коридорот X е поставена Интегрирана телекомуникациска мрежа со голем капацитет и пренос на податоци преку фибер оптички кабел. Дел од средствата за набавка на опремата и кабелот е обезбеден преку кредит од Светската банка ТТФС 2 со вредност од 772.000 евра, а дел од кабелот е донација од УСТДА во вредност од 2.178.000 американски долари, како и буџетски средтсва од 534.000 евра (за набавка на опрема и работна рака за поставување на кабелот).

По должината на Коридорот X се изврши инсталирање на уреди АПБ (автоматски пружен болг) и е извршено осигурување на девет патни премени на делницата Клисура - Гевгелија (30 км) и со тоа се изврши комплетирање на целиот Коридор со поставување на уреди со кои се овозможува од едно станично место да има сообраќај на повеќе возови. Средствата за оваа намена беа обезбедени преку кредит од Светската банка во висина од 1.200.000 евра и од Буџетот на Министерството за транспорт и врски 770.000 евра.

Инсталиран е Систем за далечинско управување со сообраќајот. Опремата е набавена преку кредитот од Светската банка насловен како Реформи во железниците со средства во износ од 830.000 евра, а прилагодување на сигнално-сигурносните постројки за приклучување кон далечинското управување е финансирано со средства од Буџетот на Министерството за транспорт и врски во износ од 200.000 евра. Системот е инсталиран и пуштен во употреба.

Информатички систем за инфраструктурата (RIMS-Railway Infrastructure Management System) ќе овозможи избор на оптимална стратегија за одржување,

23

Page 24: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

планирање на работата и евиденција на извршувањето на дадени активности. Функцијата на системот се базира врз основа на внесени информации во која било форма (мерни коли, снимања, како и рачно внесени информации), способност за предвидувања на развој на процесот и можност на менување на правилата за одржување на пругата. Системот предвидува комплексен софтвер и хардвер кој ќе ги покрие клучните работни места во инфраструктурата и чини 690.000 евра, средства обезбедени со заем од Светската банка.

Ремонт на пругата Неготино - Дуброво - Демир Капија, во вкупна должина од 7.547 метри, со средства обезбедени и реализирани од Буџетот на Министерството за транспорт и врски во висина од 74.424.000 денари.

Ремонт на пругата Пчиња - Рајко Жинзифов со средства од Буџетот на Министерството за транспорт и врски во висина од 24.613.197 денари.

4.2. Коридор VIII

За делницата од Кичево до границата со Република Албанија е во тек изработка на физибилити студија со идејни решенија, идеен проект и Студијата за заштита на животната средина и природата. Средствата за оваа намена во висина од 54.000.000 денари се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски. Работите треба да завршат до крајот на 2010 година.

За делницата од Крива Паланка до Деве Баир е во тек изработка на основен проект за траса. Средствата за оваа намена во висина од 30.000.000 денари се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски. Работите треба да завршат до првиот квартал на 2011 година.

Во рамките на кредитот со ЕБОР наменет за ремонт на три делници од Коридорот X е предвидено со грант средства, како техничка помош да се изработи физибилити студија и Студија за влијанието на животната средина за делницата од Куманово до Деве Баир - граница со Република Бугарија во висина од 500.000 евра. Работите треба да завршат до третиот квартал на 2011 година.

5. ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА Инвестиционите планови за железничката инфраструктура за периодот 2011-2013 година опфаќаат инвестициите во постојната железничка инфраструктура и инвестициите за довршување на Коридорот VIII.

5.1. Инвестиции во постојната железничка инфраструктура на коридорите X и Xd Инвестициите во постојната железничка инфраструктура во периодот 2011-2013 година ќе придонесат за подобрување на нејзината состојба, и тоа:

5.1.1. Инвестиции на коридорите X и Xd кои се наменети за:а) електротехнички постројки;б) градежни работи;в) набавка на механизација за одржување;г) техничка документација ид) опрема и работи во станични згради.

а) Електротехнички постројки

1. Осигурувањето на Приемна-ранжирна - Трубарево со минимално осигурување кое ќе овозможи централно управување. Во зависност со положбата на сигналите ќе се овозможи поголема безбедност и поголема пропусна моќ. За оваа инвестицијата се потребни 1.000.000 евра, а средствата се планираат да се обезбедат преку Буџетот на Министерството за транспорт и врски.

24

Page 25: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

2. Радиодиспечер (GSMR) со кој ќе се овозможи комуникација меѓу централниот диспечер и машиновозачот во возилата и на тој начин поефикасно ќе се управува со сообраќајот и ќе придонесе за спречување на несреќи. Износот на инвестицијата изнесува 3.000.000 евра од кои ИПА се 85% (2.550.000 евра) и национално кофинансирање 15% (450.000 евра) од Буџетот на Република Македонија, а средствата се планира да се обезбедат преку инструментот за претпристапна помош ИПА во рамките на Оперативната програма за регионален развој 2007-2011.

3. Автоматска регулација на брзина ETCS ниво 1. Систем кој ќе овозможи автоматска регулација на брзината на возилата според карактеристиките на пругата и сигналните знаци и директно ќе влијае врз зголемувањето на безбедноста на сообраќајот, како и елиминирање на можната грешка на машиновозачот. Износот на инвестицијата изнесува 3.000.000 евра од кои 85% (2.550.000 евра) се планира да се обезбедат преку инструментот за претпристапна помош ИПА во рамките на Оперативната програма за регионален развој и национално кофинансирање 15% (450.000 евра).

б) Градежни работи

Со цел да ја задржи атрактивноста на Коридорот X и да привлече поголем сообраќај (превезени тони стока и поголем број на патници), неопходно е да се изврши ремонт и реконструкција на Kоридорот X за брзина до 120 км/час (минимален радиус 800). Оваа определба произлегува од причината дека параметрите на пругата во должина од 126 км (59% вкупната должина на пругата) овозможуваат брзина од 120км/час.

За таа цел во наредниот тригодишен период се планира да се изврши ремонт на дел од пругата на Kоридорот X во должина од 55 км и тоа на делниците:

- Табановци - Куманово во должина од 13 км,- Ногаевци - Неготино во должина од 30 км и- Миравци - Смоквица во должина од 12 км.

Средствата во износ од 17.600.000 евра се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој.

Исто така, се планира да се изврши реконструкција на железничката пруга Битола - Кременица, крак од Коридорот Xd, со проценета вредност од 9.000.000 евра од кои 85% (7.650.000 евра) се средства од инструментот за претпристапна помош ИПА и национално кофинансирање 15% (1.350.000 евра).

в) Механизација

Сервисни возила: Во текот на 2012 и 2013 година се планира да се реализраат 12.200.000 денари за набавка на сервисни возила. Средствата се планира да се обезбедат од Буџетот на Министерството за транспорт и врски. Со набавката на овие средства ќе се овозможи ефикасно одржување на пругите од страна на сервисните групи (одржувачи) како сопствен превоз, за разлика од досега користената пракса да се користат патнички возови. Механизација: Во периодот 2012-2013 година се планира да се изврши набавка на механизација за одржување на железничката инфраструктура. Средствата во висина од 12.400.000 денари се планира да се реализираат преку Буџетот на Министерството за транспорт и врски. Моторни дрезини: Потребно е да се набават тешки моторни дрезини за организирање на работи од поголем обем, а за кои службите во ЈП МЖ Инфратсруктура имаат потенцијал. Средствата во висина од 300.000.000 денари се планира да се обезбедат по пат на кредино задолжување, а набавката да започне да се реализира во 2012 година.

25

Page 26: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

г) Техничка документација

Во наредниот тригодишен период се планира да се изработи инвестиционо-техничка документација за нови траси на пруги за брзина до 120 км/час долж Коридорот X и ремонт на постојната пруга на дел од крак на Коридорот Xd за што ќе бидат потребни 6.300.000 евра, од кои 6.000.000 се планира да бидат обезбедени преку инструментот за претпристапна помош ИПА во рамките на Оперативнта програма за регионален развој (75% ИПА во висина од 4.500.000 евра и 25% национално кофинансирање 1.500.000 евра), како и 300.000 евра средства обезбедени од ЈП МЖ Инфраструктура (сопствени средства), и тоа за изработка на:

основени проекти за ремонт на пруга на Коридорот X за што ќе бидат потребни 300.000 евра, средствата се планираат да се обезбедат од ЈП МЖ Инфраструктура,

физибилити судија, идеен проект, студија за процена на влијанието на животната средина, анализа на придобивки и трошоци за реконструкција на делницата Куманово - Дељадровци (13,4 км), со проценета вредност од 1.200.000 евра,

физибилити студија, студија за процена на влијанието на животната средина и анализа на придобивки и трошоци за реконструкција на постојната траса Драчево - Велес (35 км), со проценета вредност од 300.000 евра,

основен проект за делница Драчево - Велес (35 км) со проценета вредност од 2.000.000 евра,

физибилити студија, идеен проект, студија за влијанието на животната средина, анализа на придобивки и трошоци и изработка на основен проект Велес - Ногаевци (20 км) со проценета вредност од 2.0000.000 евра,

физибилити студија, студија за влијанието на животната средина, анализа на придобивки и трошоци Демир Капија - Миравци (20 км) со проценета вредност од 300.000 евра и

техничка докуметација за ремонт на пругата Битола - Кременица, дел од Коридорот Xd (16 км) и опфаќа физибилити студија, студија за процена на влијанието на животната средина, анализа на придобивки и трошоци и изработка на основен проект со проценета вредност од 200.000 евра.

д) Модернизација на станични згради

Се предвидуваат средства во износ од 8.900.000 евра за реконструкија и модернизација на железнички станици во Република Македонија од кои:

за рехабилитација и надградба на железничката станица во Скопје според најдобрите искуства во Европската унија и тоа за подготовка на тендерско досие за договорот за градежни работи вклучувајќи основен проект врз основа на процената на сегашната состојба на железничката станица земајќи ги предвид бараните европски стандарди за пристапност, безбедност, сигурност и информативен систем и градежни работи за рехабилитација и надградба се предвидува дека ќе се реализираа средства од 2.360.800 евра кои се планира да се обезбедат од инструметот за претпристапна помош ИПА (75%, односно 1.770.600 евра) и национално кофинансирање (25%, односно 590.200 евра), како и

6.000.000 евра кои се планира да се обезбедат од инструметот за претпристапна помош ИПА (75%, односно 4.500.000 евра) и национално кофинансирање (25%, односно 1.500.000 евра) за железнички станици долж Коридорот X, по утврден приоритет.

Средства за одржување на истите ќе се обезбедат преку Буџетот на Министерството за транспорт и врски.

26

Page 27: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

5.1.2. Одржување на коридорите X и Xd

Средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија во износ од најмалку 0,3% од планираните даночни приходи во централниот Буџет на Република Македонија за тековната година ќе се обезбедуваат во Буџетот на Министерството за транспорт и врски, а ќе бидат наменети за одржување на железничката пруга долж коридорите X и Xd.

5.2. Инвестициони вложувања за довршување на Коридорот VIII

Западен дел: Кичево - граница со Република Албанија, должина од 70 км За реализација на овој проект потребно е да се изработи инвестиционо-техничката докуметација и тоа: физибилити студија и студија за процена на влијанието на животната средина, како и анализа на придобивки и трошоци, идеен проект, основен проект (за сите фази), да се изврши експропријација и да започне изградбата на железничката пруга долж Kоридорот VIII, на делницата Кичево - Лин кај границата со Албанија.

Се проценува дека за изработка на инвестиционо техничката документација до ниво на основен проект се потребни 4.000.000 евра, од кои 1.000.000 евра веќе се обезбедени во Буџетот на Министерството за транспорт и врски во 2009 и 2010 година и до крајот на 2010 година ќе бидат реализирани за изработка на физибилити студија, студија за процена на влијанието на животната средина и анализа на придобивки и трошоци и идеен проект.

Во наредниот период преостанува да се реализира изработка на основен проект за горен и долен строј на пругата за што се проценува дека се потребни 3.000.000 евра, средства кои се планира да се обезбедат по пат на донации, инструметот за претпристапна помош ИПА во рамките на Оперативната програма за регионален развој или Буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Самата изградба на железничката пруга со придружните објекти од високоградба (железнички станици, мостови, тунели и други објекти) се проценува дека ќе чини околу 300.000.000 евра, средства кои се планира да се обезбедта по пат на кредитно задолжување од меѓунардните финансиски институции, Буџетот на Министерството за транспорт и врски, а изградбата ќе се одвива за период од шест години.

Во исто време се потребни дополнителни проценети 10.000.000 евра за надзор над градбата и ревизија на основните проекти. Средствата се планира да се обезбедата по пат на донации и од Буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Централен дел: Кичево - Скопје – Куманово, должина од 154 км За сигурно и безбедно одвивање на сообраќајот, потребно е, покрај реконструкцијата, потребно е да се изврши , односно за што се оценува дека се потребни средства во висина од 65.000.000 евра.

Источен дел: Куманово - Бељаковце - Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), должина од 89 км Изградбата на оваа делница е започната во 1994 година со средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија со донесување на Законот за обезбедување на средства за финансирање на програма за изградба на железничка пруга Куманово -Бељаковце - Крива Паланка, Деве Баир (граница со Република Бугарија) во 1994, 1995 и 1996 година („Службен весник на Република Македонија“ број 70/94).

За довршување на изградбата на железничката пруга на Коридорот VIII, делот кон Република Бугарија се потребни средства со проценета вредност од 6.000.000 евра за да

27

Page 28: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

се доизработи инвестиционо-техничката документација до ниво на основен проект (горен строј, долен строј,) и тоа изработка на:

физибилити студија, студија за процена на влијанието на животната средина и анализа на придобивки и трошоци, со вредност од 500.000 евра, техничка помош во рамките на кредитот за ремонт на Коридорот X со ЕБОР,

основен проект за ремонт и реконструкција на делница од Куманово - Бељаковце, со проценета вредност од 993.380 евра. Средствата се планира да се обезбедат по пат на донација (Western Balkan Investment Framework- WBIF) и Буџетот на Министерството за транспорт и врски,

основен проект за доизградба на делницата Бељаковце - Крива Планака, со проценета вредност од 2.375.740 евра,

идејни и основни проекти за делница Крива Паланка - Деве Баир, граница со Република Бугарија, со проценета вредност од 1.778.210 евра и

Експропријација 8.788.350 евра.

Што се однесува до изградбата на оваа делница која се планира да започне во 2012 и да трае до 2018 година, согласно со пресметките направени до сега се проценува дека се потребни вкупно 480.000.000 евра за:

ремонт и реконструкција на пругата Куманово - Бељаковце се проценува дека се потребни вкупно 50.000.000 евра за сите позиции вклучително долен строј, горен строј, сигнализација и електрификација. Средствата се планира да се обезбедат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Буџетот на Министерството за транспорт и врски,

доизградба на преостанатите градежни работи на делницата Бељаковце - Крива Планка се проценува дека се потребни вкупно 145.000.000 евра за сите позиции вклучително долен строј, горен строј, сигнализација и електрификација. Средствата се планира да се обезбедат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Министерството за транспорт и врски,

изградба на нова пруга на делницата од Крива Планка до Деве Баир, граница со Република Бугарија се проценува дека се потребни вкупно 271.000.000 евра за сите позиции вклучително долен строј, горен строј, сигнализација и електрификација. Средствата се планира да се обезбедат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Министерството за транспорт и врски и

реализцаија на проектот се потребни и дополнителни проценети 14.000.000 евра кои се наменети за надзор над градбата и ревизија на основните проекти. Средствата се планира да се обезбедата по пат на донации (Western Balkan Investment Framework- WBIF) и Буџетот на Министерството за транспорт и врски.

28

Page 29: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

6. РЕЗИМЕ

Во наредниот тригодишен период, односно 2011-2013 година во секторот железница се планира да се инвестира во Коридорот X и кракот од Коридорот Xd, како и во Коридорот VIII, кои се единствената трансферзала на Република Македонија со другите земји во Европа и тоа во изработка на инвестиционо техничка документација, ремонт и реконструкција на одделни делници од Коридорот Х и кракот на Коридорот X, како и во тековно и инвестиционо одржување на железничката мрежа, се со цел да се одржи постојното ниво на сигурност и безбедност во железничкиот сообраќај на патници и стока и да се овозможи побрз сообраќај на „тесните грла“ што се јавуваат при движењето на возовите, особено на Коридорот X.

За реализација на Националната програма за периодот од 2011 до 2013 година се потребни вкупно финансиски средства во износ од 6.347.930.000 денари или 103.220.000 евра.

Вкупно

Бу џет

21%Бу џет-

кофинансирањ

е

3%ИПА

16%Кредити

14%

ЕБОР

17%

Донации

8%

Сопств ени

21%

Буџет

Буџет-кофинансирање

ИПА

Кредити

ЕБОР

Донации

Сопствени

За Коридорот X и кракот од Коридорот Xd се предвидува дека се потребни вкупно 4.652.830.000 денари или 75.656.000 евра. Средствата се планира да се обезбедат по пат на кредитно задолжување, веќе е обезбеден кредит од страна на Европската банка за обнова и развој, инструментот за претпристапна помош ИПА во рамките на Оперативната програма за регионален развој (85% преку ИПА и 15% буџет-кофинансирање), сопствени средства на ЈП МЖ Инфратсруктура (надоместокот што го плаќа транспорнтата компанија и други сопствени извори), како и од Буџетот на Министерството за транспорт и врски и тоа во износи:

Извори на финансирање

Вкупно за период 2011-2013

(милј денари)Буџет

1.332,23

Буџет-кофинансирање

186,6

ИПА 987,6Кредити 917,00ЕБОР 1.082,40Донации 526,10Сопствени 1.316,0Вкупно

6.347,93

29

Page 30: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

За Коридорот VIII се предвидува дека се потребни вкупно 1.695.100.000 денари или 27.563.000 евра. Средствата се планира да се обезбедат по пат на кредитно задолжување, донации и од Буџетот на Министерството за транспорт и врски и тоа во износи:

Реализацијата на Националнаа програма ќе придонесе за подобрување на состојбата на железничката инфраструктура преку вршење на тековно и инвестиционо одржување,

Извори на финансирање

Вкупно за период 2011-2013

(милј денари)

Буџет 780,23ИПА 987,60Кредити 300,00Сопствени 1.316,00ЕБОР 1.082,40Буџет-кофинансирање 186,60Вкупно 4.652,83

Коридор VIII

Вкупно за период

2011-2013 (милј денари)

Буџет 552,00

Донации 526,10

Кредити 617,00

 Вкупно 1.695,10

30

Page 31: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

изведба на ремонт и реконструкција на одделни делници долж коридорите X и Xd што ќе придонесе за зголемување на брзината, ќе се изработи дел од инвестиционо-техничката документација потребна за изградба на нова пруга на источниот дел од Коридорот VIII, како и на преостанатите делници од Коридорот X, каде што перформансите на пругата треба да ги достигнат техничките карактеристики на конвенционална железничка пруга.

Како прилози 1 и 2 кон Националната програма се доставени и табеларени прегледи на реализирани инвестиции на коридорите X и Xd и Коридорот VIII за периодот 2009 и 2010 година и Планот за периодот 2011-2013 година.

31

Page 32: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

Прилог 1Табеларен преглед на реализаирани инвестиции на Коридор X и Xd за период од 2009 и 2010 година и План за период 2010-2013 година 000,00 денари

Р.бр Коридор X и Xd 2009 2010 2011 2012 2013Вкупно за

период 2011-2013

Планирани извори на финансирање

1 ЕЛЕКТРОУРЕДИ              

1.1. Информатички систем за инфраструктура на М.Ж. 0,00 42,90 0,00 0,00 0,00 0,00 Заем од Светска банка

1.2. Опрема за телекоманда44,30 9,20 0,00 0,00 0,00 0,00

Заем од Светска банка/буџет/сопствени

1.3. Интегрирана ТК мрежа Тетово-Гостивар 0,20 8,00 0,00 0,00 0,00 0,00 Буџет

1.4. Интегрирана ТК мрежа Волково-Блаце 7,90 0,00 0,00 0,00 0,00 0,00 Буџет1.5. Интегрирана ТК мрежа Велес-Гевгелија 81,50 0,00 0,00 0,00 0,00 0,00 Заем/буџет/сопствени

1.6. Уреди за АПБ и ПП Клисура-Гевгелија 0,40 0,00 0,00 0,00 0,00 0,00 сопствени

1.7. Осигурување на 6 патни премини Велес-Битола 0,00 18,00 0,00 0,00 0,00 0,00 Буџет

1.8. Осигурување на прием на Трубарево 0,00 0,00 0,00 0,00 30,00 30,00 Буџет

1.9. Осигурување на Трубарево отпремна 0,00 0,00 0,00 30,00 0,00 30,00 Буџет

1.10. Радио диспечер(GSMR)0,00 0,00

0,00 0,00 102,00 102,00 ИПA0,00 0,00 18,00 18,00 Буџет-кофинансирање

1.11. Автоматска регулација на брзина ETCS ниво 10,00 0,00

0,00 0,00 102,00 102,00 ИПА0,00 0,00 18,00 18,00 Буџет-кофинансирање

  Вкупно 1 -ИПА 0,00 0,00 0,00 0,00 204,00 204,00    Вкупно 3- Буџет кофинанисрање 0,00 0,00 0,00 0,00 36,00 36,00  

  ВКУПНО 1 134,30 78,10 0,00 30,00 270,00 300,00  

2 МЕХАНИЗАЦИЈА              2.1. Сервисни возила 0,00 3,10 0,00 6,10 6,10 12,20 Кредит Светска Бнака (ТТФС) /Буџет2.2. Механизација ЗОП 0,00 2,50 0,00 6,10 6,10 12,20 Кредит Светска Бнака (ТТФС) /Буџет

2.3. Моторни дрезини ЗОП(1+4) 0,00 0,00 0,00 300,00 0,00 300,00 Кредит2.4. Мерна опрема 0,00 2,50 0,00 0,00 0,00 0,00 Кредит Светска Бнака (ТТФС)

  ВКУПНО 2 0,00 8,10 0,00 312,20 12,20 324,40  3 ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА              

3.1. Главен проект ремонт 54 км. 0,00 6,00 6,20 6,20 0,00 12,40 Сопствени

3.2.

Физибилити студија, идеен, основен проект, ЕИА и CBA анализи за нови траси 55 км(.Куманово-Дељадровце, Битола –Кременица и Драчево-Велес)

0,00 0,0040,00 38,40 0,00 78,40 ИПА

13,30 12,80 0,00 26,10 Буџет-кофинансирање

3.3.

Основен проект Деачево-Велес0,00 0,00

0,00 0,00 40,80 40,80 ИПА

0,00 0,00 7,40 7,40 Буџет-кофинансирање

32

Page 33: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

3.4.

Физибилити студија, идеен проект EIA и CBA анализа и основен проект Велес –Ногаевци 0,00 0,00

0,00 0,00 40,80 40,80 ИПА0,00 0,00 7,40 7,40 Буџет-кофинансирање

3.5.

Физибилити студија, идеен проект EIA и CBA анализа за Демир Капија –Миравци 0,00 0,00

0,00 0,00 6,20 6,20 ИПА0,00 0,00 1,10 1,10 Буџет-кофинансирање

  Вкупно 3 -ИПА     40,00 38,40 87,80 166,20  

  Вкупно 3- Буџет кофинанисрање     13,30 12,80 15,90 42,00    ВКУПНО 3 0,00 6,00 59,50 57,40 103,70 220,60  4 ДРУГИ ИНВЕСТИЦИИ              

4.1.

Санирање на патничка железничка станица во Скопје 0,00 0,00

75,80 75,80 0,00 151,60 ИПА13,35 13,35 0,00 26,70 Буџет-кофинансирање

4.2. Санирање на жел.станици на мрежата на македонските железници

0,00 0,000,00 0,00 183,50 183,50 ИПА0,00 0,00 32,10 32,10 Буџет-кофинансирање

4.3.Изградба на пруга Битола – Кременица

0,00 0,000,00 0,00 282,30 282,30 ИПA0,00 0,00 49,80 49,80 Буџет-кофинансирање

4.4. Набавка на опрема 2,80 2,00 12,20 12,20 12,20 36,60 сопствени4.5. Набавка на зглобна платформа и трансформатори 7,10 0,00 0,00 0,00 0,00 0,00 буџет/сопствени

  Вкупно 4 -ИПА 0,00 0,00 75,80 75,80 465,80 617,40    Вкупно 4- Буџет кофинанисрање 0,00 0,00 13,35 13,35 81,90 108,60  

  ВКУПНО 49,90 2,00 101,35 101,35 559,90 762,60

 

  ВКУПНО ИНВЕСТИЦИИ144,20 94,20 160,85 500,95 945,80 1.607,60

 

5 РЕМОНТ НА КОРИДОР X              5.1. Табановце-Куманово 0,00 0,00 62,60 214,20 30,70 307,50 ЕБОР

    11,30 38,50 5,53 55,33 Буџет(ДДВ)5.2. Ногаевци-Неготино 0,00 0,00 0,00 123,00 393,60 516,60 ЕБОР

    0,00 22,14 70,86 93,00 Буџет(ДДВ)5.3. Миравци-Смоквица 0,00 0,00 60,00 172,50 25,80 258,30 ЕБОР

0,00 0,00 10,80 31,05 4,65 46,50 Буџет(ДДВ)  Вкупно 5-кредит 0,00 0,00 122,60 509,70 450,10 1.082,40    Вкупно 5-Буџет ДДВ 0,00 0,00 22,10 91,69 81,04 194,83  

  ВКУПНО 5 0,00 0,00 144,70 601,39 531,14 1.277,23  

6 ТЕКОВНО И ОДРЖУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРА              

6.1. Одржување на пруги и ЕТП Постројки 180,00 175,00 215,00 122,00 144,00 481,00 Буџет

6.2. Одржување на пруги и ЕТП Постројки 384,00 411,00 424,00 416,00 427,00 1.267,00 Сопствени 6.3. Одржување на железнички станици 2,90 10,00 0,00 10,00 10,00 20,00 Буџет

  ВКУПНО 6 566,90 596,00 639,00 548,00 581,00 1.768,00  

  ВКУПНО (инвестиции и одржување) Коридор Xи Xd 711,10 690,20 944,55 1.650,34 2.057,94 4.652,83  

  Извори на финансирање              

  Буџет 184,00 175,00 237,10 265,89 277,24 780,23  

33

Page 34: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

  IPA 0,00 0.0 115,80 114,20 757,60 987,60  

  Буџет-кофинансирање     26,65 26,15 133,80 186,60  

  Кредити 73,30 60.2 0,00 300,00 0,00 300,00  

  Сопствени 450,90 423,00 442,40 434,40 439,20 1.316,00  

  ЕБОР 0,00 0,00 122,60 509,70 450,10 1.082,40  

ВКУПНО 944,55 1.650,34 2.057,94 4.652,30

34

Page 35: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

Прилог 2 Табеларен преглед на реализаирани инвестиции на Коридор VIII за период од 2009 и 2010 година и План за период 2010-2013 година

000 денари

р.бр.

Коридор VIII 2009 2010 2011 2012 2013Вкупно за

период 2011-2013

Планирани извори на финансирање

1 Осигурување на п. премини Ѓ.Петров-Гостивар 14,00 22,00 12,00 0,00 0,00 12,00 Буџет

  ВКУПНО 1 14,00 22,00 12,00 0,00 0,00 12,00  

2 ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА 0,00 0,00          

2.1.Физибилити студија и ЕСИА за Куманово-Деве Баир, граница со Република Бугарија

0,00 0,00 30,60 0,00 0,00 30,60 донација

2.2.

Техничка докуменатција за Куманово-Деве Баир, граница со Република Бугарија 20,20 7,50

4,00 0,00 0,00 4,00 Буџет

0,00 140,20 140,20 280,40 донација

2.3.

Техничка документација за Кичево-Лин, граница со Република Албанија 19,30 30,50

5,00 0,00 0,00 5,00 Буџет

0,00 91,80 91,80 183,60 донација

  ВКУПНО 2 39,50 38,00 39,60 232,00 232,00 503,60  

3 Експропријација              

3.1. Експропријација пруга Куманово –Деве Баир 0,00 0,00 0,00 30,60 501,30 531,90 Буџет

3.2.Надзор и ревизија на пруга Куманово-Деве Баир, граница со Република Бугарија

0,00 0,00 0,00 0,00 31,50 31,50 донација

  ВКУПНО 3 0,00 0,00 0,00 30,60 532,80 563,40  

4 ГРАДБА НА ПРУГА              

4.1. Куманово-Бељаковце 0,00 0,00 0,00 0,00 617,00 617,00 ЕИБ, ЕБОР,

  ВКУПНО 4 0,00 0,00 0,00 0,00 617,00 617,00  

  ВКУПНО Коридор VIII 53,50 60,00 51,60 262,60 1.381,80 1.696,00  

                 

  Извори на финансирање                Буџет 53,50 60,00 21,00 30,60 501,30 552,90    Кредити 0,00 0,00 0,00 0,00 617,00 617,00    Донации 0,00 0,00 30,60 232,00 263,50 526,10  

ВКУПНО 51,60 262,60 1.381,80 1.696,00

35

Page 36: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

7. ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛАОваа програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број 07- 1065/1 ПРЕТСЕДАТЕЛ23 февруари 2011 година НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА

Скопје МАКЕДОНИЈА

Трајко Вељаноски,с.р.

Дека преписот е верен на оригиналот тврди:

ЗАМЕНИК НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА

Вјекослав Анѓеловски

36

Page 37: Programa Za Zeleznicka Infrastruktura(1)

37