s - work no.25

13
NO. 25

Upload: trajan3

Post on 04-Apr-2016

223 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

On Line Magazine S - Work

TRANSCRIPT

Page 1: S - Work No.25

NO. 25

Page 2: S - Work No.25

Фернанда Грудет – најпозната Мадам во светот

„Постојат две работи за кои луѓето секогаш ќе сакаат да платат – секс и храна”, изјавила Фернанда Грудет. Таа одлучила да продава секс.И во тоа била исклучителна. Таа била до толку добра што станала некој вид култен лик, а нејзиното име многумина го препознаваат уште на првото споменување. Била позната како Мадам Клод и од 1950 година до 1970 година водела мрежа на најпрефинета и најуспешна сексуална работа. Кај неа доаѓале најмоќните мажи на светот и секако Мадам Клод се грижела тие да ја добијат најдобрата услуга на светот. Со оглед на тоа дека приказната за славната Мадам е на широко позната, а за неа во осумдесетите се снимани и филмови, прв пат оваа година во јавноста се појавија имиња на нејзините клиенти. Неодамна имињата ги откри познатиот автор Вилијам Стадием кој за моќната Фернанда во 1980 година ја напиша никогаш објавената биографијa.Помеѓу нејзините клиенти ( Мадам Клод тој збор го забранила, користела “пријатели” или „фамилија”) бил и Џон Кенеди. Американскиот претседател наводно еднаш побарал девојка за забава која ќе потсетува на неговата бивша сопруга Џеки, но посакал да биде посекси.Големите политички ривали, либијскиот водач Моамер Гадафи и израелскиот водач Моша Дајан, биле обединети околу една работа, а тоа биле девојките на Мадам Клод. Гадафи кој бил познат како ненаситен во кревет, па сексуални односи наводно имал по четири пати на ден, тој бил редовен гостин во парискиот бордел на Мадам Клод.

Page 3: S - Work No.25

Иранскиот Шах исто така и бил чест гостин, а имал и посебна испорака во Техеран. Секоја недела Мадам Клод му праќала различна девојка. Од светот на филмот доаѓале Марлон Брандо и Рекс Харисон, а помеѓу редовните гости бил и сликарот Марк Чагал кого девојките посебно го сакале бидејќи им подарувал скици од нивните голи тела. Генералниот директор на Фиат, Џани Анјели, во една прилика учествувал во оргија, а потоа целото друштво го однел на католичка миса. Меѓу редовните гости секако биле и членови на мафијата, како што е озогласениот француски ганстер Пјер Лотрела попознат како Лудиот Пит, но и полициски началници кои на Мадам Клод и пружале заштита. Кружат гласини дека дури и ЦИА купувала услуги од Мадам Клод и нејзините штитенички со цел да го задржат победничкиот морал во текот на мировните преговори во Париз во раните 1970-ти.Мадам Клод за своите „работнички” имала строги барања и била немилосрдна кога станувало збор за правилата на куќата која таа ги поставила. Еден клиент (њујоркши банкар) кажал :„Ако влезеш во некој јавен простор во Лондон или Рим, и видиш девојка која изгледа добро и е убаво облечена, а се истакнува со целокупниот изглед од другите, веднаш мораш да знаеш дека тоа е една од Клодините „лебедици “. Морале да бидат високи и убави. Многу од нив подоцна успеале како глумици и модели; таа им покривала трошоци за естетски зафати и гардероба, но девојките секако морале да ги одработат своите долгови. Инсистирала сите да знаат да говорат англиски, па ги праќала на курсеви, им кажувала кои книги би требало да ги прочитаат и наредувала своите куфери да ги имаат спакувано за да бидат секогаш подготвени за пат ако затреба.Франкоисе Фабиан, глумица која ја глумела Клод во филмот од 1970 година, за нејзиниот живот изјави дека таа се однесувала како „прогонувач на робови од американскиот југ и дека многу девојки кои работеле за неа западнале во оргномни долгови. Уште една холивудска репортерка изјавила за Клод дека била суетна и злобна и дека нејзиниот свет се состоел од богати мажи кои само сакале секс со јадните жени на кои им требале пари за егзистенција”.

Page 4: S - Work No.25

Во текот на својот престој во Лос Анџелес, Мадам Клод се обидела во редот на своите „лебедици“ да ја ангажира и легендарната глумица Џоан Колинс. Во своите мемоари Колинс пишувала за предлогот на Клод.„Вашиот сопруг не мора да знае, а верувам дека ќе заработите доволно пари за да си купите додатен луксуз” и кажала Клод. Во текот на 1977 година цените кај популарната Мадам Клод се движеле од 200 фунти за попладневна забава, повеќе од 400 фунти за вечерна услуга, па се до 666 фунти за цел ден, а цената за цел викенд била по договор. Кај Мадам Клод работеле вкупно 400 девојки, таа земала по 30 проценти од заработувачката на девојките, така што годишно заработувала околу 600.000 фунти.Лебедиците како што биле нарекувани нејзините девојки, биле најсексипилните дами од тој период, глумици, Диорови модели, убавици од средните класи, скандинавки, професорки...Сепак, бидејќи заборавила да плати данок Мадам Клод кога заминала во Лос Анџелес каде што останала до 1985 година, а кога се вратила во Париз проблемите со данокот ја чекале, па затоа морала да помине четири месеци во затвор.По излегувањето од затвор продолжила со работа. Во 1992 година цените на нејзините девојки достигнувале и до 1000 фунти за еден час. Сепак е уапсена додека убедувала за работа една девојка и е осудена на пет години затвор.Денеска Мадам Клод има 91 година и живее повлечено во Ница. А кога станува збор за нејзините лебедици, две од нив станале познати холивудски глумици, три се омажиле за аристократи, една е жена на познат благородник, една е омажена за британски милионер, една за познат музичар, а неколку од нив станале познати топ-модели.Нивните имиња остануваат тајна.

Page 5: S - Work No.25

СЕКСУАЛНАТА РАБОТА ВО АТИНА

Фотографката Мирто Пападопулус слика моменти од животот на сексуалните работници кои живеат во Грција, со што ги разбранува болните теми за сексуалната работа во оваа земја. После средбите со невладините организации, владини претставници и здравствени работници, Пападопулус открива дека разликата помеѓу проституцијата и трговијата со луѓе е понекогаш нејасна.Во Грција каде јавните куќи и бордели се легални и имаат систем на правила, сепак е тешко да се заштитат сите сексуални работници. Едно од правилата се редовните здравствени прегледи на лиценцираните сексуалните работници, но од друга страна нелегалната сексуална работа придонесе да се зголеми бројот на сексуално преносливи инфекции во последните неколку години. Во земјата се претпоставува дека има околу 15.000 сексуални работници, поголемиот дел од нив се нелиценцирани и затоа се и незаштитени. Голем број на жртвите на трговија со луѓе се имигранти кои пристигнуваат во Грција со главна цел дека од таму ќе влезат во некоја од земјите на Европската унија.Фотографскиот проект на Пападопулус е дел од работата на Армијата за спас и помош на жртвите на трговија со луѓе. За наредната година е во план работа со една од сигурните куќи (safe houses) за овие жртви во Атина. Фотографиите се дел од Flash Forward Tenth што претставува еден вид годишен извештај/книга на Фондацијата Магента.

Page 6: S - Work No.25
Page 7: S - Work No.25

ГОЛИ ПОРТРЕТИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИОТ ИДЕНТИТЕТ И СТЕРЕОТИПИ

Тела. Голи. Зборови. Сликите се создадени од објективот на Лорен Ренер која е независен уметник од Њујорк. Таа е специјализирана за уметнички портрети и комерцијална спортска фотографија. Нејзиниот последен проект се фотографии од голи поединци, а на нивните тела се испишани зборови кои ги опишуваат како индивидуалци. Тотални туѓинци помеѓу себе, едни на други ги испишуваат овие зборови на своите голи тела, што според Лорен претставува еден вид вежба за разбирање на ранливоста, знаењето за себе и надминувањето на етикетите што нашата култура многу брзо ги дава на различните поединци.Лорен Ренер запрашана за самата идеја и за целиот процес на создавање на овој проект вели :

Page 8: S - Work No.25

„Идејата за овој проект се градеше некое време за на крај да се манифестира во мојата дипломска теза. Исто така за прв пат почнав да се состанувам со жени, за време на создавањето на овој проект. Но, сепак иако живеам во прилично либерално општество, луѓето започнаа да ме категоризираат малку поинаку. Сето тоа за мене истовремено беше и страшно и фасцинантно, но исто така и шок, бидејќи јас не се чуствувам како одеднаш да сум се претворила во сосема поинаква личност, но некако мојата сексуалност вивна по првите редови од моето карактеризирање во очите на другите луѓе. Сето тоа беше многу чудно за мене, па почнав да се прашувам какво искуство имаат другите луѓе кои се етикетирани и како тоа влијае на нивниот однос со сопствениот идентитет.Околу идејата за луѓето на своите голи тела да пишуваат едни на други, Лорен вели дека важноста е во тоа да се симулира чинот на означување едни со други во општеството секој ден.

Page 9: S - Work No.25

СО ГОДИНИ СУМ ЕЛИТНА ПРОСТИТУТКА

Австралиската водителка на вести, Аманда Гоф (40) ја шокираше јавноста со своето признание дека покрај успешната медиумска кариера се занимава и со елитна проституција.Гоф која е мајка на две деца и со години работи како новинар и ТВ водител е позната и како ескорт дамата Саманта Џеј. Нејзините пријатели знаат со што се занимава и пред две години и дале целосна поддршка откако решила да ја промени професијата.„Понекогаш се прашував што правам. Имав сè, прекрасна работа во медиумите, сјаен сопруг и лудо звучи, но се одреков од сето тоа за да се занимавам со ескорт. Има моменти кога се прашувам зошто ми требаше сето тоа. Погледнете ми ги брчките зарем со нив ќе заплатувам 800 долари?“, вели таа.

Page 10: S - Work No.25

Кариерата и започнала во луксузен бордел во Сиднеј, а по неполни две години решила да започне и сопствен бизнис во овие води. Гоф објаснува дека цела ноќ помината со неа чини 5000 долари и дека кога некој ќе и наплати 12 часа „придружба“ тоа значи дека 12 часа треба да дава сексуални услуги. Таа додава дека работата како елитна проститутка и дава лична и материјална сатисфакција.

Page 11: S - Work No.25

ГЕРМАНЕЦ ЈА ОЖЕНИЛ СВОЈАТА ОМИЛЕНА ПРОСТИТУТКА

Германецот Инго (52), работник во градската управа, се решил на брак со проститутка која ја запознал во јавна куќа која често ја посетувал. Инго наводно се заљубил во Мона (34) за која вели дека само таа знае што тој сака.“Работев како проститутка три години. Така сакав. Работев како негувателка на стари луѓе, но желба ми беше да видам како е тоа да работиш во бордел” – вели Мона.Кога наполнала 30 години, веднаш после прославата на нејзиниот роденден, се вработила како проститутка. Саат време со неа чинело 100 евра. Пола од сумата ја задржувала за себе. Клиентите често и подарувале парфеми, накит, а еден презадоволен муштерија пред вратата на борделот и оставил и “BMW cabrio“.“Се чувствував како божица. Меѓутоа, често бев болна, имав болки во желудникот и секогаш имав настинка“. Работејќи, го запознала Инго.“Откако се разведив, одлучив да одам во јавна куќа. Сопственичката ми рече да изберам една проститутка, а јас веднаш почнав да се чувствувам лошо. Сакав да си одам, но ми се допадна Мона. После сексот долго време зборувавме и дознав многу работи за неа. Дознав дека го сака морето како и јас. Ми даде број од телефонот и постојано контактиравме преку пораки” – вели среќниот Инго.

Page 12: S - Work No.25
Page 13: S - Work No.25