troicnik 29, dekemvri 2010

66

Upload: -

Post on 22-Nov-2014

145 views

Category:

Documents


18 download

DESCRIPTION

Списание на Брегалничката епархија на Македонската Православна Црква.

TRANSCRIPT

Page 1: Troicnik 29, dekemvri 2010
Page 2: Troicnik 29, dekemvri 2010
Page 3: Troicnik 29, dekemvri 2010

СО БЛАГОСЛОВНА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВОМИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ Г . ИЛАРИОН

ТРОИЧНИК, број 29

ТРОИЧНИК - списание за православна вера култура, уметност, образование и воспитание, година VIII, број 29,декември 2010 г., излегува четири пати годишно.Издавач: Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква, Штип.Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион. Уредувачки одбор: јеромонах игумен Дамаскин, протоереј Николче Ѓоргев, свешт. Влатко Мирасчиев, дипл. теолог Жаклина Трајчев, дипл. теолог Жаклина Ѓоргиева. Лектура: игумен Дамаскин. Дизајн: ѓакон Тони Петрушевски.E-mail: [email protected] Печати: Европа 92, Кочани.

СЛОВО НА БОЖИЌ ...6

Протопрезвитер Михаил ПомазанскиБОГ - ПРОМИСЛИТЕЛ НА СВЕТОТ ...10

Св. Симеон Нов БогословЗА ЦЕЛТАНА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ ...14

Св. Игнатиј (Брјанчанинов)КАКО ТРЕБА ДА СЕ ЧИТАСВЕТОТО ЕВАНГЕЛИЕ ...18

Митрополит Брегалнички г. ИларионСЛОВОЗА ЕДИНСТВОТО СО БОГА ...21

СТАРЕЦ НИКОДИМ (МАНДИЦА) (1889-1975) ...26

ДУХОВНИ СОВЕТИОД СОВРЕМЕНИТЕ СТАРЦИ ...30

Архимандрит Рафаил КарелинЗА ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА ...35

П. МалицкиОД ИСТОРИЈАТАНА ХРИСТИЈАНСКАТА ЦРКВА ...44

В. ГладкиПАСТИРСКАТА СЛУЖБА ...48

Хиландарски монасиЗА СЕЌАВАЊЕТО НА СМРТТА ...54

XXристос се роди!ристос се роди!

Page 4: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 4

Возљубени читатели и верници!

Овој број на ова наше скромно православно списание, по Божја промисла, излезе во текот на Божиќниот пост, кога сите

православни христијани се подготвуваме, достојно за нашиот христијански повик, да Го пречекаме Овоплотувањето на нашиот Господ Исус Христос – Божиќ. Искрено се надевам дека овие благословени денови на пост, ги користите за очистување на вашите срца, за да постанат чисти јасли во кои ќе биде положен Богомладенецот. Последната седмица од месецот декември и првата седмица од месецот јануари, е период кога ние христијаните усрдно се подготвуваме и радуваме со божиќна радост поради приближувањето на овој велелепен празник. Нашата празнична радост е особено голема и благословена, кога ја споделуваме со нашите најблиски, со нашите семејства, роднини, пријатели, браќа и сестри во Христа Господа, бидејќи само на тој начин, преку искрената љубов помеѓу себе, вистински ќе ја почувствуваме сета благодатна топлина на овој голем празник. Затоа, да ги празнуваме празниците онака како што им доликува на христијани, како чеда на светлината. Христијанскиот празник не е световна забава украсена со преизобилни трпези, пијанства и срамни гоштевки, нешта што ги практикуваат луѓето кои не го познаваат Христос и на кого им е туѓо Светото Евангелие. Не смееме да дозволиме божиќните семејни празници да ги замениме со „спектакуларниот“ световен дочек на новата година, која за жал, голем број луѓе неприлично, недолично и нехристијански ја дочекуваат. Затоа да внимаваме, празнувајќи да не се лишиме од името христијанин, кое во овие посни денови се трудиме вистински да го задобиеме, да не ја изгубиме благодатта Божја која во овие денови со подвиг ја задобиваме. Постот важи и за време на новогодишната прослава, особено внимавајќи на неговата духовна страна. Да не дозволиме,

за само една недолична новогодишна ноќ, да го изгубиме спасението. Светлоста и убавината на божиќните празници да не ги помрачиме со недостојни прослави и неумерени гозби. Ако, нагласувајќи ја трпезата и нејзината раскошност, ја заборавиме самата суштина на празникот, неговата духовна содржина и богатство, тогаш ќе се лишиме од благодатта која изобилно се излева на онаа верна христијанска душа, која празникот христијански го слави. Затоа, да бидеме будни и да внимаваме во овие денови на изобилна радост, да не го ражалостиме Бога со нашето нехристијанско однесување, зашто во денот на Раѓањето Христово треба да пристапиме кон Трпезата Божја и да се соединиме со Бога преку Светата Причест.

Драги браќа и сестри!

Се надеваме дека на страниците и на овој број на „Троичник“, повторно ќе го привлечеме сето ваше внимание кон сите текстови кои се потрудивме да ги подготвиме. Одбравме текстови, кои според нашето мислење, ќе ви помогнат во вашиот секојдневен христијански живот, во вашиот секојдневен труд и подвиг во задобивањето на благодатта Божја и на Неговата безгранична љубов. Навистина се трудиме да се спасуваме во едно исклучително тешко време, кое е преплавено со многу искушенија и проблеми, но единствено животот со Бога е вистински одговор на сите недоумици и прашања кои го мачат современиот човек. Христос е патот на богопознанието, решение на сите животни драми и промашувања, утеха и радост на секој човек. Целта на Неговото Овоплотување е нашето враќање во човечка полнота и единство со Бога. Искрено се надеваме дека нашите грижливо одбрани текстови во овој број ќе ја збогатат вашата духовна божиќна трпеза, која во овие посни денови се подготвува во секој православен дом. Особено драги и вкусни ќе ви бидат душекорисните поуки на светите старци кои со својот ревносен живот и подвиг, Бог ги прославил уште овде на земјата. Нивните спасоносни зборови се големо богатство за нас христијаните, а кое единствено може да се најде во Православната Црква. Исто така се надеваме дека вашето внимание ќе се задржи и на советите на св. Игнатиј Брјанчанинов, за тоа како треба да го исчитуваме Светото Евангелие кое ни го проповеда нашиот Господ Исус Христос. Евангелието е книга

ВОВЕДНИК

Митрополит Брегалнички г. Иларион

Page 5: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 5

на животот која е од непроценливо богатство за нас, бидејќи во неа се среќаваме со вечноживиот Бог Кој ни се обраќа со Неговите спасоносни зборови. Затоа никогаш сами со својот разум да не ја толкуваме, туку секогаш да се обраќаме кон толкувањата на Светите Отци, кои со силата на Светиот Дух ни ја истолкувале и објасниле. Повторно и во овој број, одбравме погоден текст со совети за воспитувањето на децата во христијански дух, зашто особено денес, најмладите и најмилите членови на Христовата Црква се на жесток, немилосрден удар од безбожничкиот бран на разни лоши навики и наклоности, кои се отров за младата христијанска душа. Многу родители, соочени со повеќето специфични проблеми на денешнината, не знаат како да постапуваат заради нивно решавање, па затоа се надеваме дека овие одговори од познатиот грузиски старец, Архимандритот Рафаил Карелин, ќе ви бидат од особена корист во воспитувањето и образувањето на вашите чеда.

Овоплотениот витлеемски Богомладенец нека ве закрилува и чува во сите денови на вашиот живот, да ве исполни со благодат и радост во овие големи христијански денови, како Негови вистински синови и ќерки кои се трудат да ги исполнуваат Неговите Божествени заповеди. Ви го честитам Рождеството Христово и Го молам Семилостивиот Бог да ја исполни секоја ваша добра желба и намера со благословот Божји, секое добро дело кое ќе намислите да го сторите во новата година, за слава Божја и за ваше спасение. Благословот Божји нека дојде на вас со Неговата благодат и човекољубие, постојано, сега и секогаш, и во вечни векови! Амин.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Page 6: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 6

„Христос се раѓа - славете Го,

Христос доаѓа од небесата,

пресретнете Го.“

Со овие радосни зборови, благочестиви и православни браќа мои, ве поздравувам на денешниот ден на Раѓањето на нашиот

Спасител Христос. Како да не се радуваме и веселиме на ваков блескав ден? На што друго подобро би можеле да се радуваме и веселиме, отколку на овој највозвишен празник и ден, зашто на овој ден се роди нашиот Господ и Спасител, вистинскиот Син Божји. Затоа, мојата свештеничка должност ми налага денес да ви зборувам за раѓањето на Синот Божји. Иако многу од вас знаат како и кога се родил нашиот Господ, и кој прв се удостои да го знае и види Неговото раѓање, и кој прв Му се поклони, сепак повторно ќе ви зборувам за тоа, бидејќи никогаш не ни е доста да ги повторуваме и раскажуваме оние радости и веселби кои се во нашата вера православна.

Нашиот Господ Исус Христос, вистинскиот Син Божји, е испратен од Неговиот единосуштен и беспочетен Отец заради нас и нашето спасение и дојде на зејата како човек, за да нè избави од гревот и проклетството. Од кого Он се роди? Слушнете, сега ќе ви раскажам.

Заблудените и безумни Евреи мислеле, па и денес така лудуваат, дека Христос Бог треба да дојде на земјата со голем сјај и царска слава. Но преблагиот Бог, дојде на друг начин за да го спаси човечкиот род, ја избра за мајка Пречистата Дева, која била од царски род и племе, но живеела во сиромаштво и ни најмалку не помислувала на своето потекло, бидејќи се оддала на Бога со своето смирено срце, со вера, побожност и со своето чисто девство. Таа беше предадена на праведниот Јосиф, стар човек, која во својот чист живот со него живеела, само да има верен чувар на своето девство.

Ете, браќа, која Господ Бог ја избра за мајка да го роди Синот Божји; ете, под чие старателство била дадена Пречистата Дева; еве од која девојка Господ Исус Христос благоволил да земе тело и да стане

човек. Да, така е, браќа мои. Богатството, сјајот и раскошот не Му се секогаш пријатни на Бога, ниту го привлекуваат Неговото благоволение. Простотата, кротоста и смиреноста на срцето и благочестивиот живот, тоа нѐ прави пријатни и љубезни кај нашиот Бог и Спасител.

Нашиот Господ Исус Христос се роди во пештера, каде што се наоѓаа бесловесните животни. По раѓањето беше положен во јасли, од кои јадеа животните. А еве како тоа се случи и како за тоа раскажуваат божествените евангелисти: „А раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да се состанат, се виде дек е тешка од Светиот Дух“ ( Мат. 1, 18).

„Во тие дни излезе заповед од кесарот Август за попис на сите жители“, била дадена царска заповед за попис на сите жители и поданици во Римското царство. „И отидоа сите да се запишат, секој во својот град. Отиде и Јосиф од Галилеја, од градот Назарет, во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем“ (Лука 2, 3-4).

Витлеем се наоѓа близу Ерусалим, и тогаш бил мал град во кој се собрало многу народ за да се попишат. Во тоа место за преноќевање биле сместени сите богаташи, така што за сиромасите немало место, туку кој каде ќе се затекнел, таму и преноќевал во околината на Витлеем. Јосиф и Марија биле сместени близу до градот, во една пештера. „А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди. И Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, оти за нив немаше место во гостилница“ (Лука 2, 6-7). Така, Господ Исус Христос, Цар на небото и земјата, се раѓа во пештера и се повива и става во јасли!

Потсетувајте се често, благочестиви браќа, колку за нас се понизил нашиот Господ Исус Христос, и како уште од малата Своја детска возраст почна да ги поднесува разните потреби и проблеми, и тоа сè за наше спасение. Сето тоа Он го поднел и претрпел поради Неговата голема љубов за нас грешните. И кога ќе ви дојде некоја лукава замисла, која ве тера да се предадете во зли обичаи и веселби, исполнети со сласти и

СЛОВО НА БОЖИЌ

празници

Page 7: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 7

Page 8: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 8

страсти, тогаш сетете се и речете: Како нашиот Господ уште од Неговата детска младост поднел и претрпел толку многу лишувања и секакви маки, а тоа сè за да нè избави од власта ѓаволска, па зарем ние сега да се предаваме во власта и канџите демонски? О, не давај Боже никогаш да паднеме во стапиците и да претрпиме загуба и неправда. А вие бедни сиромаси, слушатели мои, кои живеете во секојдневни воздишки, потсетувајте се како и самиот Христос претрпе неволи уште од првиот ден на Своето раѓање, потсетувајте си, ви велам, колку несреќите на човечкиот род тежнееле на Неговата божествена душа, и најпосле, потсетувајте се како многумилостивиот Бог сето тоа Го претрпе, а сето тоа за да нѐ постави и издигне во Неговото блажено небесно царство. Затоа, со срдечна радост, треба да го прославувате денешниот блескав и спасоносен за сиот христијански свет овој радосен христијански празник.

А сега слушнете, браќа мои, на кого најпрво му е јавено Рождеството Христово, слушнете го ова внимателно, за подобро да дознаете за раѓањето на нашиот Господ Исус Христос. Боговдахновениот евангелист Лука, вака раскажува: „Имаше пастири во тој крај, кои ноќеваа таму и го чуваа своето стадо. И одеднаш се јави ангел Господов меѓу нив и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу. А ангелот им рече: „Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ; и еве ви знак: ќе најдете повиен Младенец, како лежи во јасли.“ И одеднаш, со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!“ Кога си отидоа ангелите од нив на небо, пастирите си рекоа помеѓу себе: „Да отидеме во Витлеем и да видиме што станало таму, за кое ни соопшти Господ.“ И дојдоа брзо и ги најдоа Марија и Јосифа, и Младенецот како лежи во јасли. А штом видоа, кажаа сè што им беше речено за Тоа Дете. И сите, што чуја, се восхитуваа на сето она што им расправаа пастирите.“ (Лука 2, 8-18)

Браќа мои, чудни се и особено големи делата Божји. Во Витлеем тогаш се наоѓаа многу и различни луѓе, а меѓу нив имало и мудреци и големи книжници и фарисеи, но на ниту еден од нив Господ не благоволил да го открие Неговото божествено раѓање, туку на простите и сиромашни пастири им додели благодат и достоинство, така што тие први слушнаа од ангелот за светото Рождество,

и се удостоија да видат мноштво небесна војска, кои го славеа и фалеа Бога пеејќи: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!“

Да, тогаш имало многу мудреци и Јудеи, но тие биле мудри само за себе, а не за Бога, тие го толкувале словото Божјо како што тие сакале, а заповедите Божји ги пазеле онака како што на нив им се допаѓало. Тие се гордееле со својата безумна мудрост, заборавајќи што им рекол Господ преку пророкот: „Мудроста на мудреците негови ќе загине и разум во разумните нема да има“ (Исаија 29, 14).

Но, не биле такви пастирите на витлеемските стада. Тие не помислувале на својата памет и мудрост, туку со скромна простота на срцето свое, пазеле на словото Божјо, и со сето срце и душа се труделе како да го исполнат словото Божјо и она што го чуле и виделе, и затоа се исполни во нив словото Господово: она што е сокриено од мудрите, им се откри на простите незлобиви пастири, кои биле подготвени да слушаат и да извршуваат добри совети. Ете браќа, такви биле витлеемските пастири, па затоа и први се удостоија да ја слушнат радосната вест за Раѓањето на Спасителот наш Исус Христос.

Благочестиви христијани! Вие сте по вашата професија и имот подобни на пастирите витлеемски. Вие повеќепати сте прекорувани поради тоа што не сте во високо звање, и таа ваша простота во разговорот и животот, повеќепати станува причина да ве клеветат и навредуваат, а и вие се навикнавте да говорите за себе дека сте луѓе неуки и безначајни. Но, не е така, браќа мои, не сметајте ја христијанската едноставност за поруга и клевета. Не, не и така. Смиреноста и простотата на срцето е доволно е да се искрени, а во исто време да се здружени со послушност и покорност на Божјата волја и на заповедите на нашата света мајка Црква и со верност кон власта што Бог ни ја дал. Смиреноста и простотата на срцето се добродетели со кои можете да Му угодите на Бога.

Божествениот Лука, говорејќи за пастирите, забележува дека кога се родил Христос, тие биле будни и чувале ноќна стража за своето стадо. Еве како и вие треба да бидете подобни на пастирите витлеемски. Нашиот Спасител се роди во ноќно време, и сите кои тогаш се наоѓале во Витлеем, спокојно спиеле, само ангелите биле будни, чудејќи се на големото таинство на преславното Рождество, а будни биле и пастирите за да ја извршат нивната

Page 9: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 9

должност.

Секој од нас како човек има должност на овој свет, бидејќи се раѓа за да ги исполнува своите должности како човек кон Бога и кон ближните, да Му угоди на Бога и најпосле, да добие вечно блаженство во Царството небесно. Таму нема да бидеш прашан зошто не си станал богат, голем и славен помеѓу луѓето, но ќе бидеш прашан: дали си ги исполнил своите христијански должности? Нема да те прашаат дали си се трудел за своја корист, туку, дали си го љубел ближниот свој. Затоа, браќа мои, секогаш бидете подготвени и ревносни во чесните работи, трудете се и работете онолку колку што ви допуштаат силите, секогаш славејќи и благодарејќи Му на Себлагиот Бог, на своја корист и на своите ближни, за да бидете слични на богољубезните пастири витлеемски, за да Му угодите и удоволите, како и тие што Му угодија на Оној, Кој заради нас и нашите гревови се роди и се јави на земјата.

А витлеемските пастири, кога слушнаа од ангелот за Рождеството на Спасителот, веднаш побрзаа и дојдоа да Му се поклонат. А таа вест за Спасителот, за нив била особено радосна: со желба што побрзо да Му се поклонат, толку голема радост ги обзела, така што оставиле сè и со брзи

чекори чекореле да ја исполнат својата најсвета должност. Еве браќа мои, колку е пофалено делото на пастирите витлеемски, па затоа треба почесто на нив да се потсетувате и да се трудите како нив. Кога ќе се огласи на светата црква камбаната која ви повикува на молитва, тогаш оставете ја сета ваша работа и побрзајте со вера и побожност во домот Божји, да Му заблагодарите на Бога за Неговото човекољубие и искрено да се помолите за спасение на вашите души. Но, колку жалам и воздивнувам кога ќе дојде недела или некој друг христијански празник и кога ќе видам дека црквата не е полна со христијани како што е денес. Затоа, поради љубовта на Оној Кој денес се роди и прими тело, често и уредно доаѓајте в црква за да ги слушнете светите правила, и да Му се помолите на Бога со сето срце и со полна побожност, за да се спасите во овој и во идниот живот. Амин.

Превод:

Братството на Манастирот

Св. Гаврил Лесновски

Page 10: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 10

Општата Божја промисла за светот

Мојот Отец досега работи, и Јас Работам” (Јн. 5,17). Во овие зборови на Господ Исус Христос се состои вистината за постојаната

Божја промисла за светот. Иако во седмиот ден Бог одморил од сите Свои дела кои ги направи (1Мој. 2,2-3), сепак Тој не го препуштил светот на самиот себе. Самиот Бог на сите им дава живот, дишење и сè, бидејќи во Него живееме, се движиме и постоиме (Дела 17, 25-28). Божјата сила го држи светот во постоење и учествува во сите дејства на создадените сили. Постојаноста на таканаречените “природни закони” е дејство на Божјата волја, а самите по себе тие би биле немоќни и неефикасни.

Сè што постои во светот е опфатено со Божјата промисла. Бог не се грижи само за големите работи, туку и за малите, кои наизглед се непотребни, не

само за небото и земјата, за Ангелите и луѓето, туку, и за најнезначајните созданија: птиците, дрвата, цветовите и сл. Целото Свето Писмо е исполнето со мисли за неуморната промисла на Божјата креација.

Сето непрегледно пространство во светот постои по Божја волја. Бог ги исполнува небото и земјата (Ерем. 23,24). Во псалмите се вели: “Го одвратиш ли лицето Твое тие се збунуваат, им го одземеш ли Духот Свој тие умираат и повторно во земјата се враќаат” (Пс.103,29).

Со Божја промисла живее и растителниот свет. Бог Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд на земјата, прави да расте трева по горите и растенија за полза на луѓето (Пс. 146,8). Тој ни малку не го оттргнува вниманието ниту од полските цветови, кои нè восхитуваат со својата убавина (Мт. 6,29).

БОГ - ПРОМИСЛИТЕЛ НА СВЕТОТПротопрезвитер Михаил Помазански

вероучение

Page 11: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 11

Божјата промисла се простира на сиот жив свет: Очите на сите се управени кон Тебе, и Ти им ја даваш нивната храна навреме. Ти ја отвараш раката Твоја и исполнуваш сè што е живо со сите негови потреби (Пс. 144, 15-16). Бог ниту врапчињата не ги остава без своја грижа: “ниту еден од нив не паѓа на земјата без волјата на Небесниот Отец” (Мт. 10, 29).

Но, предмет на најголема Божја грижа на земјата е човекот. На Бога Му се познати сите човечки помисли, чувства и воздишки. Тој на секого му го дава она што му е потребно, уште пред тој да побара од Него (Мт. 6,32), Го приклонува увото Свое за да го чуе оној што Го моли (Пс. 85,1) и Ја исполнува молбата доколку произлегува од искрената вера (Мт. 17, 20), доколку му е на корист на оној што моли за задобивање на Царството Божјо (Мт. 6,33). Бог ги насочува чекорите на оној кој не го знае патот. Тој го прави човекот богат или сиромав, го понижува или воздигнува, му задава рани, но и ги преврзува, Тој поразува, и со Свои раце лекува (Јов 5,18). Љубејќи ги праведните, Бог ги жали грешниците и нема да се гневи до крај, ниту вечно ќе се лути (Пс. 102, 8-9), и е долготрпелив да го доведе човекот до покајание, преку својата благост и добрина (Рим. 2,4). Оваа сеопфатна и постојана Божја грижа за светот е изразена во Символот на верата преку нарекувањето на Бог Отец како “Седржител”.

А што се однесува пак за привидните “неправди” кои често ги гледаме во страдањето на добрите луѓе, и напредокот на злобните, светиот Јован Златоуст нè вразумува со следните зборови: “Ако ни е откриено Царството Небесно и ни е покажана наградата за вечниот живот, тогаш нема потреба повеќе да испитуваме зошто праведниците на земјата трпат неправди, а непорочните живеат во задоволства. Бидејќи ако таму секого го очекува награда според заслугите, зошто тогаш да се вознемируваме поради сегашниве случувања, било да се тие среќни или несреќни? Со сегашните неволји Бог ги вежба и утврдува оние кои Му се покорни, како храбри борци, а додека слабите, мрзеливите и оние кои не поднесуваат ништо тешко претходно ги вразумува за добрите дела” (Свети Јован Златоуст). Навистина, ние и самите често гледаме како на луѓето најдобар учител и воспитувач им стануваат токму искушенијата и неволите, кои ги преживеале.

Божјата промисла за светот претставува дејство, кое во суштина е непрекинато и целовито,

иако нашиот ограничен ум во шареноликоста и промените во светот, тоа дејство го доживува во различни видови и облици. Основните облици на промислителните дејства се претставени во следните зборови “Детален православен катихизис”:

“Божјата промисла е постојано дејство на моќноста, премудроста и добрината со која Бог:

- го чува битието и силите на создавањето,

- ги насочува кон добри цели,

- на секој му помага со добро,

- а злото кое се појавува преку оддалечувањето од доброто Го пресечува или го исправува и свртува кон добри последици”.

Дејството на Божјата промисла не е, така да речеме, мешање во текот на животот кој на светот му е даден при неговото создавање, ниту пак низа на поединечни влегувања на Божјата волја во животот на светот. Животот на светот е постојано пребивање во Божјата десница. “Светот не би можел да опстане ниту за момент, ако Бог не промислува за него” (блажени Августин). “Семоќното и најсвето Слово на Отецот, кое окружува сè и секаде ги појавува Своите сили, кое осветува сè видливо и невидливо, сè опфаќа и во Себе содржи, така што не остава ништо без учество во Своите сили, туку сè и во сè, секое битие посебно и сите битија заедно, ги оживува и чува” (Свети Атанасиј Велики).

Притоа треба да се обрне внимание на уште еден момент, кој човечката мисла ја задржува во состојба на побожна восхитеност: дека Творецот Кој сè држи во Својата десница, од денот на создавањето им дал слобода на сите органски битија, па дури и на растенијата, секому по мера и во согласност со неговата природа и организација, слобода во растот и развитокот, користење на сопствените сили и искористување на средината која ги окружува. Бог на човекот му оставил уште поголема слобода, како Свое највозвишено создание на земјата, како разумно и одговорно морално битие. Со овие различни стремежи – природни, инстинктивни, а во разумниот свет и духовно слободни – Божјата промисла стои во таква врска, што сите ги содржи во себе и ги насочува кон општиот промислителен план. Сите несовршености, страдања и болести кои потекнуваат од сударот на овие различни поединечни стремежи во светот, ги лекува и поправа Божјата добрина. Таа го смирува непријателството и го насочува животот на сиот свет кон добра цел која му е поставена од висините, а на разумните Божји созданија им го

Page 12: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 12

открива патот кон постојано прославување на Бога.

Колку и да ја нарушувал човчкиот род својата предодреденост во светот и колку и да паѓал, и колку и да е голема масата на луѓе предводена од своите злобни владетели, кои го отфрлале Бога и Неговите заповеди, како што е тоа случај денес – историјата на светот ќе заврши со постигнување на целта која е поставена од Божјата промисла: ποбеда на Божјата правда, по која ќе се открие Царството на Славата, да биде Бог сè во сè (1 Кор. 15,28).

Созерцувајќи ја возвишеноста, премудроста и Божјата добрина во светот, апостолот Павле со восхитеност вели:

„О длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта! Зашто кој ја познал мислата на Господ? Или кој Му бил советник? Или кој однапред Му дал нешто за да му биде отплатено? Зашто сè е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин“ (Рим. 11, 33-36).

Божјата промисла

за човекот пред неговиот пад

Светите оци велат дека Создателот откако го создал човекот со Својата промисла, не ги напуштил првите луѓе. Благодатта Божја постојано почивала на нашите прародители, помагајќи им како небесна облека. Тие го чувствувале Бога како во своја близина. Самиот Бог бил нивниот прв учител и наставник, и ги удостојувал со Своите непосредни откровенија. Јавувајќи им се, Тој им зборувал, откривајќи им ја Својата волја. Првата книга Мојсеева, во втората и третата глава ни го претставува животот на првите луѓе. Бог ги сместил Адам и Ева во рајот (Едемска градина “рај на насладата”), каде растеле разни дрва, наизглед убави и вкусни за јадење. Такво прекрасно место, каква што била Едемската градина кај првите луѓе, создавало чувство на радост, издигнувајќи ги нивните мисли кон најсовршениот Уметник на светот. А работата пак, требало кај нив да ги развие нивните физички и духовни сили.

Како што вели пророкот Мојсеј, Бог кај човекот ги привел сите животни за да им даде имиња самиот тој. Разбирливо е дека од една страна, на човекот му се дала шанса да ја запознае разноликоста на животинскиот свет, а од друга страна му помагало за развој на неговите умствени способности и

потполно запознавање на самиот себе, во споредба со светот кој се наоѓал пред неговите очи, но и како создавање на свест за својата царска положба во однос на сите земни битија.

Јасно е дека првобитната состојба на први-те луѓе била состојба на духовна незрелост, соединета со морална чистота. Но, таа ги содржела сите услови за брзо и хармонично развивање и напредување на нивните сили, насочено кон духовно оподобување на Бога и најтесно единство со Него.

Тоа бил светол и чист ум, а и размислувањето било здраво. Но, воедно тој ум бил ограничен, без животно искуство, што се покажало во моментот на неговиот пад во грев. На него отпосле му претстоело разивање и усовршување.

Во морален поглед, првосоздадениот човек бил чист и невин. Зборовите: “и двајцата беа голи, Адам и жена му, и не се срамеа” - свети Јован Дамаскин го толкува како “врв на бесстрастие”. Сепак, чистотата кај првите луѓе не треба да се сфати дека тие наводно уште од почеток ги поседувале сите добродетели и немале потреба од усовршување. Не. Иако Адам и Ева излегле од рацете на Творецот како чисти и невини, нив отпосле им претстоело удврдување во доброто и со сопствен труд и Божја помош требало духовно да напредуваат. Свети Иринеј вели дека “било потребно човекот

Page 13: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 13

да напредува кога го добил битието, па потоа да созерцува, созерцувајќи да се засилува, усовршувајќи да се прослави и прославувајќи да се удостои за Божјо видување”.

Од рацете на Творецот, човекот телесно излегол без недостаток. Ова тело, и покрај својата восхитувачка сложена градба, не добило никаков недостаток од својот Творец, ниту внатрешен ниту надворешен. Тоа поседувало свежа и нерасипана сила, а во себе немало ниту малку нескладност, па затоа можело да биде слободно од болест и страдање. Болестите и страдањето, во Првата книга Мојсеева се претставени како последица на прародителскиот пад и како казна за гревот.

Покрај тоа, во Првата книга Битие, дадено е таинствено укажување на дрвото на животот, од кого прародителите јаделе сè до падот во грев и кое ги чувало од физичка смрт. Смртта не претставувала неопходност за човекот: “Бог човекот не го создал ниту потполно смртен, ниту бесмртен, туку способен и за едното и за другото” (свети Теофил Антиохијски).

Колку и да биле совршени човековите природни сили, на човекот како ограничено битие и тогаш му било потребно како и на секое создание постојано зајакнување од страна на Бога - Изворот на секој живот. Потребни биле соодветни средства за човековото утврдување на патот кон доброто. Такво

средство претставувала заповедта да не се јаде од дрвото за познавање на доброто и злото. Тоа била заповед за послушност. Слободното послушание е пат за духовен напредок. Каде постои доброволно послушание, таму е: а) пресекување на патот кон умисленоста; б) почитување и доверба кон оној што е над нас в) воздржување. Послушанието дејствува благотворно на умот, бидејќи ја смирува неговата горделивост, дејствува на чувствата бидејќи ја ограничува љубовта кон себеси, и на волјата бидејќи човековата слобода ја насочува на стрaната на доброто. На тој пат врз човекот дејствува Божјата благодат и го поткрепува. Тој пат им претстојувал и на првите луѓе – нашите прародители.

“Бог го создал човекот по природа безгрешен и слободен кога е во прашање волјата; ‘безгрешен’, не поради тоа што неможел да го прифати

гревот, бидејќи самото Божество не е приемчиво за гревот. Наклонетоста кон гревот не ја имал во својата природа, туку зависела од неговата слободна волја. Со помош на Божјата благодат тој можел да биде постојан и да напредува кон доброто, но, по својата слободна волја, со Божјо допуштение, би можел да се оттргне од доброто и да биде во злото” (свети Јован Дамаскин).

Современиот човек многу тешко може да ја замисли вистинската рајска состојба на човекот, која во него ја соединува моралната чистота, чистотата на умот, совршената првобитна природа и Божјата близина преку детската духовна простодушност. Но, сепак мора да се забележи дека преданието кај сите народи зборува токму за оваа состојба, која писателите ја нарекуваат “златен век” на човештвото (преданието на Кинезите, Индијците, Персијанците, Грците и другите). Големите умови кај древните незнабожци изразуваат уверување дека во далечната древност луѓето биле морално почисти од оние во поново време (Сократ). Најстарите религиски преданија и сфаќања биле посовршени од подоцните, пагански, затоа што првите луѓе биле поблиску до Бога, Кого Го познавале како свој Творец и Татко (Платон, но исто и кај Цицерон).

Превод:

Ѓакон Илија Поп-Гонов

Page 14: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 14

Ние треба да се молиме не само за своето спасение и за сопственото добро, туку и за сите оние кои ѝ припаѓаат на Црквата:

за оние кои се изгубени, заробени, заблудени, болни, за оние кои паѓаат и стануваат, за оние кои напредуваат и за совршените. За изгубените потребна е молитва, за да може Секадеприсутниот Бог да ги побара и најде; на оние кои се заробени од страсти, кои ги заробил ѓаволот, потребно им е ослободување со помош на благодатта; заблудените треба да бидат насочени кон патот на вистината; болните – да станат од постела; на оние кои паѓаат потребна им е помош од десницата Божја; на оние кои стануваат по падот или престанале да грешат, неопходно им е да бидат благодатно утврдени во Бога; на оние кои напредуваат на патот на добродетелта потребно им е отстранување на препреките и искушенијата; на совршените им е потребно самопонижување и свест за недостижноста на вистинската висина. Со еден збор, молитвата на секој христијанин треба да биде разумно барање на милоста Божја, соодветно на личните и нужни потреби.

Секој кој сака да влезе во Царството Небесно и да биде под власта на Самиот Цар – на Бога, треба да стекне страв Божји. За да достигнеме до состојбата на стравот Божји нужно е да ја бараме Божјата Умна Светлина – Светлина во која е видлив Бог. Оној кој ќе се просвети со Светлината Божја, тој има и страв Божји, се разбира самиот себе и овој суетен свет со неговите дела, не се одмаздува за себе, трпеливо ги поднесува неправедните и срдечно ревнува за задобивање на даровите на Светиот Дух. Умна Светлина е Самиот Господ

Исус Христос (Јован 1, 4-9). Оној кој стекнал страв пред Бога, строго гледа на себеси и живее според заповедите Божји. Оној пак, кој нема во себе Умна Светлина не живее по законот Божји ниту може да има мудрост, зашто таа доаѓа од стравот Божји.

Наспроти гревот на гордоста стои добродетелта на големото смирение. Соединета со кротоста, таа покажува богобојазлив човек. Мерата на човековото приближување кон Бога се одредува со мерата на неговото смирение, од кое се раѓа кротоста. Нашиот Господ Исус Христос се смири Себеси до смрт на Крст, за да можат сите верни преку Крштевањето, Покајанието и Причестувањето, да го прифаќаат Неговото смирение. Општењето со Господа Спасителот преку Светите Тајни донесува смиреномудрие и бесмртен живот. Од животот и бесмртноста на верниот му доаѓа смирение, додека пак од друга страна во смирението се чува животот и бесмртноста. Христијанинот е должен да го стекне Христовото смирение како природна особина, и да се облече во него како во царска облека. Смирението е најголемото добро и највисокото

богатство кое го издигнуваат човекот на небесата; смирението е вистина, потполно спокојство, врв на разумноста, искреност, радост и веселба. Смиреномудрието е како нозе, кои на телото на добродетелта ја носат љубовта како глава. Оној кој е смирен, со помош на просветување одозгора од Господа, преку верата станува свесен за својата човечка немоќ. Духовната зрелост која се огледува во смирението го одредува степенот на Богопознанието и самопознавањето, мирот и спокојот, милосрдието и сострадувањето со другите. Оној, на кого Господ му ги отворил очите на душата, тој најпрво се спознава самиот себеси и

ЗА ЦЕЛТАНА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ

ХРИСТИЈАНСКИ ДОБРОДЕТЕЛИ (2)Св. Симеон Нов Богослов

светоотечка ризница

Page 15: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 15

сопствената положба, а потоа и сѐ останато што треба да знае. Тој од срце сите други ги смета за неспоредливо подобри од себеси и за свети, и тоа не само побожните луѓе, туку сите, и големи и мали, и праведни и грешни, дури и оние кои отворено грешат. Ова е видлив знак дека оној кој се смирил, добил простување на сите свои гревови. Светото смирение е првиот дар кој Бог го дава на оние кои се каат, за да можат тие да се сметаат себеси за најгрешни и најбезначајни од сите, и да бидат вистински свесни дека заслужиле пропаст и вечни маки. Заповедта за смирение ја извршувале и праотците. На пример, праведниот Јов се сметал себеси за земја и пепел (Јов 42, 6). Пророкот Давид себеси се нарекувал црв, а не човек (Псал. 21, 7). Дарот на смирение, иако доаѓа одозгора од Отецот на Светлината (Јак. 1, 17), во почетокот сепак донекаде зависи и од силата на нашата волја. Смирение стекнуваат оние кои во покајанието се угледаат на царот Давид. Кај таквите луѓе преку покајанието се просветлува умот, за да можат да ја видат нечистотијата на својата душа. Оној кој се кае, и е свесен за тоа дека ги нарушил сите заповеди Божји, смирено се срамува пред секое творение Божјо. Оној кој се смирил не се осмелува да ги подигне очите, се смета недостоен да вкуси од плодовите на земјата, гледа на иконите на Господа и на Неговите светии и, сметајќи се за нечист, мисли дека и самите икони се срамат од неговите дела. Тој не смее да им се приближи и да ги допре, а влегувајќи во храмот трепери од страв да не се отвори земјата под него, па пеколот жив да го проголта. Патот на кој се задобива скрушено и смирено срце е трпењето на болести, неволи, притеснетости, како и борбата со душевните и телесни страсти, а особено е неопходно вежбањето во самопознанието. Смирениот ја сфаќа својата безначајност без Бога.

Секој човек уште од мал треба да се научи да знае што е и како ќе го заврши својот живот. Човекот се зачнува од неугледно и пропадливо семе, се обликува во утробата, расне како трева во поле, составен е од многу нежни материјали. Целиот негов живот претставува борба против смртта, и сѐ до крајот тој носи во себе пропадливост и исчезнување. Оној кој станал свесен за својата ништожност и кој

на Бога му принесува скрушено и смирено срце, се спасува токму преку таа жртва.

Длабочината на смирението треба да се мери со мерата на гревовите кои некој ги направил. Од скрушеноста на срцето се разгорува длабока вера и желба да се оддалечи од гревот. Преку жртвата на смирението се спасувале и ќе се спасуваат сите: и благородни и незнајни, и мудри и неучени, и богати и сиромаси. Смирението ја преустројува целокупната човечка природа. Оној кој го стекнал не може за себе да помисли или да каже нешто големо или високо. Господ многу се радува заради човековото смирение и скрушеност и ги фали оние кои се свесни за својата недостојност да Му се приближат без посредник. Кадешто е вистинското смирение, таму засветува Светиот Дух, таму е премудроста и познавањето на тајните на Царството Небесно. Смирението е почеток и темел на влијанието на Бог кон човекот. „На кого ќе погледнам?“ - вели Господ - „На кроткиот и смирениот, на оној кој

Page 16: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 16

трепери од Моите зборови“ (Иса. 66, 2). И уште вели: „Секој кој се понизува себеси, ќе се возвиши“ (Лука 18, 14), т.е. ќе биде таинствено возвишен со духовна промена. Праведникот постапува праведно, зашто е исполнет со благодатта на Светиот Дух, која го учи на секое добро и која му дава светост, мудрост и умешност на правилно дејствување. Христијаните со помош на смирението, со силата Христова, владеат над страстите и демоните. На мерата на вистинско и совршено смирение одговара и мерата на личното спасение. Татко на смиреномудрието е умот, кој со помош на Божествената Светлина јасно ја гледа својата немоќ. Смирените дури и во смртниот час добиваат потврда за тоа дека Милостивиот Бог ги помилувал, па затоа заминуваат во радост и веселие. Затоа смирението оправдано се нарекува почеток во искачувањето на скалата на добродетелите, и воскреснување на душата пред општото воскресение. Ете колку е славно сиромаштвото во духот, поради кое човек го задобива Царството Небесно.

Господ налага извршување на милосрдни дела од желба да ги има милостивите во општење со Себеси и да ги избави од осудата поради приврзаноста кон имотот. Господ ветува дека за одрекување од имотот ќе возврати стократно, додека ѓаволот, напротив, советува да се смета земното за свој имот, и луѓето да бидат бездушни и немилосрдни, и да не се надеваат во Христа, туку во своите имоти. Оној кој, на пример, има сокриени пари, невозможно е таквиот да верува и да се надева во Бога. Затоа да знаеме дека Бог го дава имотот за да можеме да се грижиме за оние кои страдаат, и со радост да им даваме она што им е потребно. Да се одвикнеме од тоа надежта да ја полагаме на имотот, да се ослободиме од тешките окови на љубовта кон земното и слободно да ги извршуваме заповедите на Господ Исус Христос. Луѓето кои се задоволуваат само со она што им е неопходно за живот, без пречки се движат по тесниот пат кон Вечното Царство Божјо, во себлажениот покој. Земниот живот на луѓето е тежок, но ако поминува во смирение и трпение, тогаш го води христијанинот кон спасение.

Овие две вистини бараат подетално

објаснување. Самиот Човекољубив Бог благоволил да постои таков поредок во којшто, човекот кој отпаднал од благодатта Божја, го окружуваат многу страдања, маки, непријатности и опасности. Причината поради која Бог го напушта човекот, е човековото неспокојство и оптовареност од сите страни. Тука се открива љубовта и благодатта на Седржителот. Како што таткото од љубов кон синот не сака тој да бара спокојство и утеха на друго место, туку сака да ги најде токму крај него, па во случај синот да побегне, презема сѐ што може за да го принуди да се врати во родителскиот дом, така исто и Бог постапува со нас. Во однос на паднатиот човек, Господ сѐ устроил премудро. Затоа човекот во нештата од овој свет и во земниот живот не наоѓа мир. Тешкиот живот го присилува да се врати кон себлагиот Отец Утешителот и секогаш да живее со Него. Допуштајќи страдање, Бог ги има до Себе оние кои страдаат, ги успокојува преку соединување со Себе и се радува поради нив.

Треба да се додаде дека оние кои се наоѓаат во мрачната темница на страстите и сетилата од овој свет општо земено слабо и нејасно ги сфаќаат тајните на нашата вера, а за вечните Божји ризници и за богатството на идниот живот не знаат ништо. Оние кои се ослободиле од стегите на страстите и сетилата ненадејно достигнуваат во состојба на созерцание на Умната Светлина; восредоточувајќи се со умот во себе, тие се восхитуваат од ова светло видение.

Page 17: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 17

Да замислиме дека целиот овој свет е мрачна темница. Надвор од неа се наоѓа Триипостасната Светлина Која е над секаква светлина, над секој збор и разум, неискажлива, незамислива и непристапна. Кога ќе почнеме да ги пазиме заповедите Божји и да се каеме, кога ќе станеме скрушени, тогаш и нам преку видлив небесен кров ќе ни се открие таа несоздадена и наднебесна духовна Светлина. Кога ќе ја види, душата останува восхитена од тоа чудо. Таа сака да биде потопена во созерцание и ден и ноќ. Такво е созерцанието кај почетниците, кај оние кои неодамна го почнале подвигот на добродетелтта. Но, кога човек ќе помине долго време во такво созерцување на Светлината, а да не се враќа назад во светот, нему му се отвара - или небото, или окото на срцето негово, т.е. – тој не може тоа сосема јасно да го одреди, и Светлината влегува внатре во неговата душа. Оваа пресветла и прекрасна Светлина го просветува сразмерно на тоа колку е достоен и колку е способен да ја прими. Ако тој остане во таа светлина и Светлината ќе остане во него. Оној кој е просветен од Божествената Светлина ќе разбира многу тајни. Човекот кој се наоѓа во оваа Светлина или, подобро речено, со оваа Светлина, не е надвор од себеси, туку ја гледа и сопствената состојба и состојбата во која се наоѓаат другите. За да го објасниме гореопишаното човечко Богоозарување, неопходно е уште да забележиме дека тоа е како воскресение во нас на Самиот Господ Исус Спасителот. Затоа што кај оние кои се одрекле од светот и неговата суета, кај оние кои

влегле во гробот на покајание и смирение, слегува од Небесата Господ Исус Христос. Тој влегува во нивните тела како во гроб, се соединува со нивните души и ги воскреснува од гревовното мртвило, давајќи им благодатно познание на славата на тоа воскресение.

На тој начин Воскресението Христово станува воскресение во нас, кои сме паднале во гревови и сме мртви. Воскреснувањето на душата е прифаќање на животот Христов. Многумина веруваат во Воскресението Христово, но малку се оние кои го гледаат чисто. Се поставува прашањето, како тоа Светиот Дух нѐ поттикнува да пееме: „Откако го видовме Христовото Воскресение...“, како ние да сме Го виделе Неговото Воскресение, иако воскреснал пред илјада години, а и тогаш никој не видел како Господ воскреснал? На ова ќе одговориме: Светата Црква со зборовите на оваа песна нѐ потсетува на Христовото Воскресение кое во блескањето на Божеството светлоносно се случува во секој од верните. Светлоносното присуство на Светиот Дух ни укажува на Воскресението Господово кое се случува во нас и ни дава благодат да Го видиме Самиот Воскреснат Господ Христос. Кога преку благодатта на Светиот Дух, Господ ќе дојде во нас, тогаш Го гледаме во себе, Го гледаме со духовни очи, очи кои ни даваат благодат на познание на нашето воскресение.

Превод:

Ѓакон Емил Атанасов

Page 18: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 18

Кога го читаш Евангелието не барај наслада, восхитеност или блескави мисли, туку барај да ја согледаш непогрешливата света

Вистина.

Немој да се задоволуваш со обично бесплодно читање на Евангелието. Настојувај да ги исполниш неговите заповеди и читај го по делови. Тоа е книга на животот и потребно е да се чита доживотно.

Немој да мислиш дека најсветата книга – Четвороевангелието, без причина започнува со Евангелието по Матеј, а завршува со Евангелието по Јован. Евангелистот Матеј повеќе поучува како да се исполни Божјата волја, а Јован пак ни ги

покажува начините на Божјото соединување со човекот, обновување со помош на исполнување на заповедите, што е достапно само за оние кои напреднале на патот Божји.

Кога го отвораме Светото Евангелие за да го читаме, треба да имаме на ум дека тоа ќе ја реши нашата вечна судбина. Според него ќе бидеме судени, зависно од тоа каков бил нашиот однос кон Евангелието овде на земјата, и според тоа, ќе добиеме вечно блаженство или вечна казна.

Бог ја открил својата волја врз една обична мала трошка – човекот! Книгата во која е

изложена таа величенствена и сесвета волја е во твоите раце. Ти можеш да ја прифатиш, но и да ја одбиеш волјата на Создателот и твојот Спасител, во зависност од твојата волја. Твојот вечен живот и вечна смрт е во твоите раце, па затоа размисли дека треба да се биде внимателен и благоразумен! Немој да си играш со својата вечна судбина!

Моли Му се на Бога со скрушен дух, за да ти ги отвори очите и да ги видиш сокриените чуда кои се наоѓаат во Законот Негов – Евангелието (Пс. 68,18).

Очите се отвораат и го согледуваат чудното исцелување на душата од гревот, кое го прави Словото Божјо. Исцелувањето на телесните болести беше само доказ за исцеление на душата, доказ за неверниците заслепени од земните задоволства.

Читај го Евангелието со големо внимание и стравопочит. Немој да мислиш дека во него нешто е помалку важно или пак невредно за читање. Секоја негова јота зрачи со живот, а секое пак одбегнување од живот

КАКО ТРЕБА ДА СЕ ЧИТАСВЕТОТО ЕВАНГЕЛИЕ

Св. Игнатиј (Брјанчанинов)

светоотечка ризница

Page 19: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 19

претставува смрт.

Читајќи за лепрозните, слепите, хромите и бесомачните кои Господ ги исцелил, замисли дека твојата душа, која носи многу разни гревови, се наоѓа под ропство на демонот и дека е слична на тие болни. Евангелието нè учи на вера, дека Господ Кој ги исцелил нив, ќе те исцели и тебе, ако искрено Му се помолиш за свое исцелување.

Стекни такво смирение на душата и ќе бидеш подготвен за примање на исцелението. Оној кој е свесен за своите гревови и цврсто решил да ги отфрли, способен е да го прими Бога во себе. На горделивиот “праведник”, т. е. грешник кој не ги согледува своите гревови, Спасителот Му е бескорисен.

Согледувањето на злото и гревовите во кои лежи човечкиот род, претставува дар Божји. Измоли го овој дар од Бога и тогаш ќе ти биде разбирливо Евангелието – книгата на Небесниот лекар.

Настојувај твојот ум и срце да го разберат Евангелието, така што твојот ум ќе живее и плови низ него. Тогаш твојот начин на живот ќе стане

евангелски. Постојаното читање и изучување на Евангелието може да се постигне само со стравопочит.

Преподобниот Пахомиј Велики, еден од најзна-менитите древни Оци, го знаел напамет Светото Евангелие и по Божјо откровение им наложувал на своите ученици како неизбежна обврска да го учат напамет. На тој начин, Евангелието во секој момент им било духовен раководител.

Зошто ние и денес како христијани не ги воспи-туваме децата да го читаат Светото Евангелие, а присилно бараме од нив да ги учат басните од Езоп и други не толку важни работи?

Колку голема придобивка е да го имаме во ум Светото Евангелие! Не е можно да се предвидат несреќите, кои можат да ни се случат во текот на земниот живот. Евангелието кое припаѓа на паметот им се чита на слепите и ги прати во темнината, на нивите зборува со земјоделците, ги учи судиите со самото свое присуство, раководи со трговците по пазарите, го поткрепува болниот во мачна несоница и тешката осаменост.

Page 20: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 20

Не се осудувај сам да го толкуваш Светото Евангелие и другите книги на Светото Писмо. Писмото е проповедано од Пророците и Апостолите, но под влијание на Светиот Дух (1Пет.1,21). Како е можно да не е безумно, ако се толкува слободоумно? Светиот Дух го проповедал Словото Божјо преку Пророците и Апостолите, а го толкувал преку Отците. Словото Божјо и неговото толкување е дар на Светиот Дух. Само тоа толкување е веродостојно за Православната Црква и единствено тоа е вистинско за нејзините вистински чеда!

Кој го толкува Евангелието и целото Свето Писмо слободоумно, тој со тоа го отфрла неговото толкување од страна на Отците преку Светиот Дух. Кој го отфрла толкувањето на Светото Писмо преку Светиот Дух, тој без никаков сомнеж го отфрла и самото Свето Писмо. Словото Божјо за лукавите толкувачи претставува “смртоносен мирис за смрт” (2 Кор. 2, 16); двоостар меч со кој тие самите се убиваат на своја сопствена пропаст. Со тој меч се убиле Ариј, Несториј, Евтихиј и други еретици, кои со своето слободоумно и дрско толкување паднаа во богохулство.

“На кого ќе погледнам, ако не на кроткиот и молчаливиот, кој трепери пред очите Мои” (Ис. 56,2), вели Господ. Таков биди кон Евангелието, бидејќи Господ е присутен во Него. Напушти го гревовниот живот, напушти ја земната пристрасност, па тогаш Евангелието ќе ти биде блиско и разбирливо.

“Оној кој ја мрази душата својана овој свет”, рекол Господ, т.е душата за која по падот, гревољубието постанало природна навика – “ќе ја запази за живот вечен” (Јн. 12, 25). За оној кој ја љуби својата душа, оној кој не посветува внимание на самоодрекување, Евангелието е затворено: тој ги чита буквите, но словото на животот како Дух останува за него непроѕирна завеса.

Кога Господ беше на земјата со Своето Пресвето тело, многумина Го видоа а воедно и не

Го видоа. Каква корист е за човек кога гледа со своите телесни очи, кои нему и на животните им претставуваат заедничко добро, а ништо не гледаат со духовните очи? И денес многумина секојдневно го читаат Светото Писмо, но воопшто не го познаваат.

Еден преподобен пустиножител рекол дека Евангелието се чита со очистен ум, а се разбира само во мерата на исполнување на неговите заповеди во дела. Но, точното и потполно познавање на Евангелието не може да се стекне, бидејќи тоа е дар Христов. Светиот Дух, кој се вселува во својот верен вистински служител, го прави совршен читател и вистински исполнител на Евангелието.

Вие кои се валкате во смрдливата кал на гревовите, и во нив наоѓате наслада! Подигнете ги своите глави, погледнете во чистото небо: таму е вашето место! Бог ви дава достоинство како на богови, а вие, отфрлувајќи го тоа достоинство, избирате за себе друго достоинство – животинско, најнечисто. Освестете се! Оставете ја калта доброволно! Измијте се со покајни солзи! Украсете се со солзи на умиление! Подигнете се од земјата, воздигнете се кон небото – таму Евангелието ќе ве понесе! “Додека ја имате светлината“ – а тоа е Евангелието во кое живее Христос - “верувајте во светлината, за да бидете синови на светлината!” (Јн. 12, 36).

Превод:

Ѓакон Илија Поп Гонов

Page 21: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 21

Возљубени христијани!

Бог за нас луѓето засекогаш ќе остане голема тајна, која никогаш нема да можемe да ја одгатнеме, зашто целосно да се спознае

и разоткрие суштината Божја е невозможно и за ангелите, а камоли пак за нас луѓето. Бог е недостижен за човечкиот ум, бидејќи човекот како создадено и ограничено битие не може да го осознае Создателот, Кој е бесконечен, бескраен, надумен, вечен. Бог по Својатa суштина апсолутно е недостапен за спознавање. Снегулката не може

да го испитува огнот, а човекот не може целосно да ги осознае неиспитливите судови Божји и Неговата недостижна промисла. Св. Атанасиј Велики вели: „Бог кој целосно би можел да се објасни, не е Бог.“ Светото писмо на разни начини ни сведочи за недостижноста и несфатливоста на Божјата суштина, која човековата ограниченост и немоќ е неспособна да ја разбере. Тоа самиот Бог му го кажува на светиот славен и голем угодник Божји – пророкот Мојсеј: „Лицето Мое не ќе можеш да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето

Мое и да остане жив“ (2. Мој. 33, 20). Св апостол Павле, кој бил вознесен до третото небо, го видел рајот и слушнал неискажливи зборови, вели: „Бог живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види“ (1. Тим. 6, 16). Меѓутоа, Бог по Неговото неискажливо човекољубие ни се открива нам луѓето сразмерно на нашите сили и способности, онолку колку што ни е потребно за спасение. Бог во душата на секој човек всадил способност за богопознание, за примање на натприродно Откровение. „Бог не нѐ оставил во потполно незнаење“, вели Св. Јован Дамаскин, „Прво преку Законот и Пророците, а потоа и преку својот Единороден Син, нашиот Господ и Бог и Спасител Исус Христос, ни го соопшти знаењето за Себе согласно на нашите сили... Сезнаејќи и промислувајќи за доброто на секого, Бог ни го откри она што ни е потребно да го знаеме, премолчувајќи го она што не можеме да го носиме.“ Бог е недостижен за човечкиот дух, поради ограниченоста и несовршеноста на човекот, но и поради гревопадот и помрачувањето на нашите прародители Адам и Ева, кои со прекршувањето на Божјата заповед

СЛОВОЗА ЕДИНСТВОТО СО БОГА

Митрополит Брегалнички г. Иларион

беседи

Page 22: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 22

се лишија од богопознание. Заедно со нив, и целокупното човештво е онеспособено за правилно и чисто созерцавање на Божеството и се наоѓа во пропаѓање, бидејќи се лиши од заедницата со Бога и стапи во општење со паднатите и отфрлени духови. Бог го создал човекот со голема и за голема слава, туѓ за гревот и трулежноста, како причесник на Светиот Дух и вечноста, пријател и син Божји по благодат. Но со гревот, човекот се лиши од богопознанието и како скршено огледало човечкиот ум е неспособен во себе да го согледа Бог Творецот. Распарчена од гревот, боголиката човечка душа е неспособна за спасоносното спознавање на Бога. Св. Јован Богослов вели: „Секој, што греши, не Го видел, ниту Го познал“ (1. Јован 3, 6).

Така живееше човечкиот род од Адама до Христос, далеку од Бога и поробен од демоните. Но, Бог по Неговата неискажлива милост и човекољубие, повторно го повика човекот во заедничарење со Себе. Тоа го направи на чудесен и непоимлив начин: преку испраќањето и овоплотувањето на Синот Божји, Кој сите гревови на човештвото ги зеде на Себе и се принесе на искупителна и спасоносна Жртва, за да го најде изгубеното и да го подигне паднатото човештво со Своето славно Воскресение. Преку нашиот Господ Исус Христос повторно го примивме дарот за правилно и вистинско богопознание, бидејќи Он ни го посочи вистинскиот пат кој води кон животот. „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене“ ( Јован 14, 6), вели Господ, и секој што сака да го следи тој спасоносен пат мора со труд и подвиг да се очисти од гревот, зашто само чистите по срце можат да го видат Бога. Тоа се постигнува со благодатното препораѓање на човекот, преку постојаниот труд во исполнувањето на евангелските Божји заповеди, кои нашиот Господ Исус Христос ни заповеда секојдневно да ги исполнуваме, бидејќи само на тој начин можеме да се наречеме вистински христијани и следбеници Христови.

Господ Исус Христос ни ја остави Неговата Света Црква како мајка, која се грижи за нашето спасение и заедничарење со Бога, како единствена духовна болница во која постојано небесниот Лекар ги исцелува нашите рани и болести. Никој не може да живее во заедница со Бога без православната вера, којашто единствено грижливо се чува во Светата Православна Црква, од апостолските времиња па сè до денес. Спасителот вели: „Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси“

(Јован 10, 9). Еден свет светогорски старец вели: „Ако Христос е вратата, тогаш Отецот е домoт. Затоа, кон Отецот приоѓаме преку Христа. А за да ја отклучиме вратата (Христос), потребен е клуч, а тоа е Светиот Дух.“ Никој не може да Го открие Христос без благодатта на Светиот Дух. Љубејќи го Христос и чувајќи ги Неговите заповеди, се удостојуваме со благодатно соединување со целата Света Троица. Но тоа е можно само преку Православната Црква, која како што вели Св. Симеон Нов Богослов е „нов свет и нов рај.“ Во Црквата се образува нова заедница на живот и љубов помеѓу Бога и човештвото. Црквата е тајна на единството на небото и земјата, мешање на тварното и нетварното, брак помеѓу Бога и човештвото. Таа е повторно обединување на човештвото и негово единство со Троичниот Бог. Богочовекот Христос го победи светот, а Неговата победа се состои во тоа што ја изгради Црквата, која е Негово Тело и преку Светите Тајни го облагодатува, посинува и возвисува човекот кон љубовта Божја. Затоа, вистинско богопознание е невозможно надвор од црковната литургиска заедница. Без благодатните дарови кои Бог ни ги дарува нам луѓето преку мајката Црква, невозможно е да ја очистиме сета гревовна нечистотија којашто се наталожила во нашето срце. Господ вели: „Зашто одвнатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство“ ( Марко 7, 21-22). Ако сакаме да го очистиме нашето срце и да наследиме спасение во домот на нашиот Отец, мораме да веруваме во Бога онака, како што ни заповедал самиот Бог. Мораме да го прифатиме изворното христијанство, кое во својата чистота и полнота се чува само во Православната Црква. Таа грижливо го чува од Бога предаденото учење во неизопачен и неизменет облик, без измени и додавки, без човечко и демонско умување.

Верата, по своите природни својства, е исцелителка на душата и искоренителка на страстите. „Кој поверува и се крсти“, вели Господ, „ќе биде спасен, а кој не поверува ќе биде осуден.“ (Марко. 16, 16). Прва добродетел, која душата ја води кон Бога и која е мајка на останатите добродетели, е верата. Ако го љубиме Бога, тогаш се стремиме кон Него со целото свое битие, а ова е можно само доколку верата е во заедница со љубовта. Кога во човекот верата ќе почне да се разгорува и продлабочува, тогаш се појавува покајание за сите гревови и лоши дела со кои

Page 23: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 23

сме го натажиле нашиот Отец и сме отпаднале од Неговата безгранична љубов. Покајанието е отфрлање на грешниот живот и цврста одлучност да се бориме против нашите страсти и слабости кои нѐ разделуваат со Бога. Никој не може да се приближи кон Бога, а притоа доброволно да продолжи да живее грешен живот. „Покајте се, зашто се приближи Царството небесно“ (Мт. 4, 17), се првите новозаветни зборови со кои Бог повторно нѐ повикува нас луѓето во заедничарење со Него. Он нѐ повикува и нѐ привлекува кон Себе со блаженото покајание, со кое нѐ разбудува од гревовниот сон и ни ги лекува сите рани кои гревот ѝ ги нанел на нашата душа. Вистинското покајание нѐ води на исповед кај духовниот отец, кадешто човекот смирено и скрушено ги признава и исповеда своите гревови кои го лишиле од Божјата благодат.

Покајната исповед го помирува човекот со Бога, го удостојува да се нарече син и пријател Божји, ја враќа изгубената благодат и смелоста во молитвата кон Бога. Колку само се радуваат ангелите и светителите, а и самиот Бог, кога ја слушаат искрената исповед на покајникот. Навистина, нему Бог повторно ќе му даде благодатна облека и прстен кој е печат на Светиот Дух, исто како на блудниот син. Светата тајна покајание и исповед е татковска грижа на Бога кон паднатиот човек, која преку Светата Црква ни е дадена за спасение. Без оваа Света Тајна невозможно е да се очистиме од нашите гревови и да добиеме спасение. А спасението на нашите души кое постојано го очекуваме, не значи индивидуално спасение од злото и утеха за вознемирената совест, туку напротив, спасение значи оставање на осаменоста на душата која

Page 24: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 24

живеела без Бога и наоѓање единство со нашиот Господ Исус Христос. „Нашето спасение се состои во раскинувањето на општењето со сатаната и возобновувањето на заедницата со Бога“, мудро нè поучува Св. Игнатиј Брјанчанинов. Затоа, почесто треба да се навраќаме на оваа голема тајна, која е ново крштение во покајнички солзи.

Очистен и облагодатен, добивајќи извесна слобода пред Бога, човекот чувствува потреба постојано да Му благодари и да го слави Бога, постојано да биде во духовна врска со Троичниот Бог. Затоа ни е дадена молитвата која заедно со

постот, се две крилја кои ја вознесуваат душата кон Бога. Молитвата е разговор на душата со Бога и постојано стоење пред лицето Божјо. Нашето спасение зависи од молитвата, зашто таа нѐ соединува со Бога. Молитвата е мост со кој се преминува преку искушенијата и се разбиваат демонските напади. Вистинската молитва, особено Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“, е од непроценливо значење за нашето спасение, бидејќи како што вели Св. Исаак Сирин, „таа го претставува оној мал клуч, со кој ги отклучуваме големите тајни, кои

Page 25: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 25

ниту човечко око ги има видено, ниту пак човечко уво слушнато.“ Молитвата е оган, кој го гори непријателот на нашето спасение и го истерува далеку од нас. Таа е страшен бич за демоните пред кого тие треперат. „Ни на небото, ни на земјата не постои посилно оружје од молитвата“, вели Св. Јован Лествичник. И самиот Господ во Евангелието вели: „Овој пак, род (демонскиот), се истерува само со молитва и пост“ (Мт. 17, 21). Кој сака да го очисти своето срце и да го види Бога, нека ревнува во молитвата. Молитвата е вознесување на умот и срцето кон Бога, соединување на човекот со бесмртниот Бог. Како што вели св. апостол Павле: „И јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20).

Кога Бог ќе нѐ роди за спасение, он нѐ води во блиска заедница со Себе, преку Светата тајна Евхаристија. „Кој јаде од моето тело, и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него... има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден“ (Јован 6, 56, 54), вели Господ. Искупителната Голготска жртва на Синот Божји, претставува величествено потврдување на Божјата љубов кон човештвото, и во таа Жртва се соединуваат земјата и небото, луѓето и ангелите. Затоа, Светата Евхаристија е полнота на сите Свети Тајни и севкупниот подвижнички живот на Црквата Христова. Постот, молитвата, бдението, милостината, секојдневните богослужби и сиот наш живот во Христа, се само постојана подготовка за соединување со Бога, преку Неговото Пресвето Тело и Неговата Животворна Крв, Кои ни се даваат на секоја литургија во Светата Тајна Причест. Ако не сме дел од Светата Литургија, која секоја недела се служи во нашите цркви и манастири, не можеме да имаме вистинска љубов во себе и залудно се нарекуваме христијани, зашто, ако не се соединуваме со Христа, додека живееме на земјата, преку Светата Причест, тогаш нема да заедничариме со Христос и во вечноста, бидејќи Евхаристијското соединување со Бога, почнува тука на земјата, па продолжува во вечноста.

Преку оваа најголема и најсвета Жртва од љубов, ние христијаните постануваме заедничари со Бога и помеѓу себе. Преку Светата Литургија ние стануваме едно Тело Христово, едно стадо, во кое повеќе „нема ни Елини, ни Јудејци, ни роб, ни слободен, а сè и во сè е Христос“ (Кол. 3, 11). Светата Евхаристија е Светиња над светињите, која единствено се чува во Светата Православна Црква. Во Божествената Евхаристија ја доживуваме

реалноста со Божјото заедничарење. Преку неа, Бог се вселува во човекот и го преобразува во Негов храм. Евхаристијата се „нарекува и навистина е Причест, затоа што се причестуваме со Христос. Со неа имаме заедница со Христос и учествуваме во Неговото Тело и Неговото Божество“, вели Св. Јован Дамаскин.

Драги браќа и сестри!

Без овој подвижнички пат кон богопознанието и соединувањето со Бога, невозможно е да бидеме боговидци. Ова е единствениот спасоносен тесен пат, кој Христос го предаде на апостолите да го проповедаат, а Светите Отци со својот вистински христијански живот го потврдија. Никој не може се Него да се соедини на некој друг начин. Само со најсрдечна љубов. Грешницата, која се спомнува во Евангелието, и која на Христа Му ги изми нозете со солзи и ги помаза со миро, од Него доби голема милост која ги опростува гревовите и овозможува цврсто единство со Него, „бидејќи (Го) возљуби многу“ (Лк. 7, 47). Бог ги љуби сите луѓе, но особена љубов има кон оние кои Него го љубат, се соединува со оние кои со Него се соединуваат, се дава Себеси на оние кои Го бараат и им дава богата сладост на оние кои сакаат да се насладуваат со Неговата љубов. Затоа, да го следиме Христовото Евангелие. Со силна вера и надеж во Бога да се трудиме да живееме богоугодно и да го вратиме единството со Бога. Ништо во овој свет нека не нѐ попречува во тој свет и богоугоден христијански живот исполнет со ревност и љубов кон Христовите евангелски заповеди. За спасение се потребни големи напори, необично голема ревност, трпение и самоодрекување. Да се спасуваме спасувајќи ја својата душа, зашто дните се лукави, времето е ограничено, соблазните умножени, борбата е разгорена против кнезот на овој свет, кој лукаво ги плете своите смртоносни мрежи во кои сака да нѐ улови. Но, нашиот живот, нашиот водач и учител, наша сила и спасение е Господ Исус Христос, Кој однапред ни јави дека: „Во светот ќе имате жалости“, но и ни охрабрува со зборовите: „Не плашете се, Јас го победив светот“ (Јован 16, 33). „Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на векот. Амин“ (Мт. 28, 20).

Page 26: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 26

Протосингел Никодим Мандица бил искусен бранител на Православието и најстакнат монах-мисионер во современото романско

монаштво. Овој свет отец е роден во село Бунести во областа Арџеш од родители верници. Уште од детството бил посвтен на духовноиот живот. Ја сакал молитвата, постел и ги читал светите книѓи за да подоцна сите ги збогати со неговата мудрост.

Од 1916 година до 1918 година се борел во Првата светска војна, а 1920 година се посветил на

монашкиот живот во Скитот Магура – Баку. Само што станал член на обителта на Скитот, игуменот гледајќи ја неговата послушност, веднаш го замонашува. Верниот народ го поучувал со толку голема љубов и мудрост, па и оние од најодалечените области доаѓале по збор на утеха, кој и го добивале во средбите со него.

Од 1921 до 1923 година бил свештеник-мисионер во Скитот Фрумаоса Баку. Скитот се ноаѓал во мало село кое имало потреба од свештенослужители и кое било разединето од сектите. За три години, колку што бил парох во селото, отец Никодим длабоко го изменил духовнот живот на верниот народ. Прво ги вратил во Првославието сите оние што од него се одвоиле. Потоа, им застанал на патот на разузданоста, пијанството и на семејните кавѓи, затворајќи ги кафеаните и поттикнувајќи ги луѓето да се зближуваат преку взаемна доверба и добронамерност. Тоа му успеало да го оствари преку неговиот личен пример, прекрасните црковни богослужби и силните проповеди на словото Божјо.

Потоа, во следните две години бил духовник на манастирот Ѓурѓени Роман. Неговите духовни чеда раскажуваат дека отец Никодим бил полн со љубов кон Бога и кон луѓето и бил исклучително предаден на чинот на Светата причест. Ја сакал Црквата и вистинската апостолска вера до граница на саможртва. Се одликувал со длабоко познавање на Светото Писмо,

богослужбите и учењето на Светите Отци. Заради тоа ги привлекувал душите на верниците, додека неверниците и залутаните се плашеле од него. Сите кои ги слушнале неговите беседи, душите им се просветлувале и со радост се враќале кон Христа. Неговите следбеници, исто така, кажуваат дека многу се молел во својата ќелија и дека ништо не работел без молитва. Секој ден служел, и во предвиденото време читал псалми и други молитви.

СТАРЕЦ НИКОДИМ (МАНДИЦА)ДУХОВЕН ОТЕЦ И МИСИОНЕР НА РОМАНИЈА (1889-1975)

современи свети ликови

Page 27: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 27

Потоа читал одредени поглавја од Библијата заедно со житијата на светителот на денот. И на крај, раз-говарал со народот, слушал исповеди и пишувал проповеди.

Од 1925-1935 година служел како свештеник во села во Трансилванија, во селата Пиклиса - област Алба, Хармаул, Чичеулин и Леурда Грбоулин - област Клуж. Отците кои го познавале кажуваат дека бил голем бранител на Православието и на романското единство. Најмногу се трудел да ги поврати под закрилата на Црквата оние кои од Неа отстапиле. За кратко време постигнал полно верско единство, вешто совладувајќи ги конфесионалните поделби и неморалот преку зајакнувањето на вистинската вера.

Светиот отец, согледувајќи дека Православната вера и чистотата на животот не можат да се одбранат само со жив збор, добил благослов од Романскиот Патријарх и епископ Клужски да напише и отпечати стотина илустрирани брошури. Брошурите ја содржеле длабочината на православното учење, пишувано со јазик разбирлив за верниот народ и ги делел бесплатно. Неговите духовни списи се во големина од повеќе од 40 книги, од кои секоја имала повеќе од 400 страници и уште 10.000 страници во ракопис.

Преку овие активности го остварил дарот на свештенство и дарот на просветување, спој кој ретко се среќава во романското монаштво.

Во селото Леурда Грбоулуи изградил од темели нова црква и ја снабдил со сите потребни црковни предмети дарувани од народот на Ардалија и Молдавија. После четири години свештеничка служба се вратил во Романија.

Припадниците на сектите и сопствениците не можеле да опстанат во селото каде што отец Никодим бил на служба. Припадниците на сектите морале да заминуваат во други села, бидејќи тука веќе ниту една душа не можеле да преобратат, а угостителите заминувале затоа што веќе никој не доаѓал да купува пијалоци. Тие биле единствените кои не го сакале овој Христов човек.

Еднаш некои луѓе го обвиниле кај Владиката, велејќи дека тој бил еретички свештеник. Владиката, после разговорот со отец Никодим и по разгледување на деталите, му рекол: „Врати се во својата парохија оче Никодиме, и поучувај го верниот народ како и што и досега го правеше тоа. Не наоѓам твоја вина, туку попрво би биле еретици оние кои те обвинуваат.

Од 1935-1945 година бил духовник на манасти-рот Агапиј, а потоа во следните 17 години духовник на манастирот Варатек, продолжувајќи да служи постојано како свештеник-мисионер. Светите тајни ги ивршувал со страв Божји, се молел и многу читал во својата ќелија, го исповедал народот, го поучувал народот и издавал црковни книѓи.

После 1940 година станал најопитен духовник за народот и за монаштвото во областа. Отец Никодим Светата Тајна Покајание ја сметаше за неопходна потреба на христијаните. Исповедта, според него, претставува основа за духовното растење. Светата Тајна Покајание ја вршеше на следниот начин: прво ќе му препорачал на верниот да го чита молитвеното правило, да се моли испитувајќи ја својата совест и да ги запишува своите гревови на хартија; потоа да ја исповеда без брзање, почнувајќи од гревовите од детството, овозможувајќи на личноста слободно и не двоумејќи се да ги каже своите гревови; на крај ќе поставел неколку прашања и потоа пред него ќе го искинел листот со испишните гревови. Како знак на простување и на човекот, ќе му наложел епитимија во зависност од силата на личноста и веднаш потоа читал разрешителна молитва. Ако некој имал на својата совест тешки гревови, би му допуштил уште час-два да ја испитува својата совест, а тогаш би му дал разрешна молитва.

Овој искусен духовен отец никогаш на испо-вед не укорувал грубо. Најпрвин го советувал христијанинот да престане со гревот, а потоа - да се моли. Советувал да се прочитаат дневно седум благодарствени молитви, да се чита Светото Писмо, да се учи за верата, да се читаат „Житијата на светите“ и други книги, корисни за душата. Посебно ги нагласувал важноста од познавањето на православната вера и молитвеноста: „ Оној кој не чита, тој не знае, а кој не го познава Светото Писмо и Православната вера, лесно паѓа во смртни гревови и бива фатен во замките на сектите“.

Во една прилика му рекол на своето духовно чедо: „Оче, јас не ти одредувам пост и многу метании. Оти дури и мечката и змијата постат, но мечката пак си останува мечка а змијата змија.Кога гризаат и двете убиваат. Така е и со човекот - понекогаш сурово пости, а во своето срце носи многу зло а кога ќе си дозволи јадење и пиење, паѓа во гревот прејадување. Затоа, пости и моли се во склад со својата сила, но пред сè, читај го Светото Писмо и делата на Светите Отци. Тогаш ќе научиш

Page 28: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 28

што треба да правиш, како да се молиш и постиш, од што да се воздржуваш и како да се спасиш.“

На друго свое чедо по Исповедта му рекол: „Брате, прочитај го Светото Писмо петпати. Четири пати за да изградиш четири ѕида на куќата на твојата душа и петиот пат да поставиш покрив на неа“. Една постара жена која не знаела да чита го прашала: „Оче, како да го читам Новиот Завет кога не знам да читам?“ Тој и одговорил: „Кога ќе добиеш писмо од твојот син, нели ја повикуваш комшивката да ти го прочита? Направи го истото и со Новиот Завет и двете ќе имате полза“.

Зборуваа дека, ако некој го прашал нешто, старецот не одговарал веднаш и директно. Ќе му прател Свето Писмо, Каноните, делата на Светите Отци, па така да читајќи и учејќи самиот да го најде одговорот. Исто така, зборуваа дека тој никого не повикувл на Исповед и мислел дека никој со сила не треба да се исповеда, ниту ги прашувал другите за нивните духовни чеда. На секого му дозволувал да го бара Христа слободно и во склад со својата совест.

Понекогаш им зборувал на своите духовни чеда: „Браќа, покрај читањето на светите книги, би ви го дал и ова правило: Потсетувајте се еден

со друг на Исповед, на милосрдие, на читање на Светото Писмо. Ако еден на друг не си помагате на патот на спасението, ќе дадете одговор пред Христос за оние кои се изгубени. Зар не гледате како сектите напорно работат за да ги заведат православните.

Неговите чеда, исто така, сведочат дека отец Никодим, монасите и мирјаните кои имале други духовници не ги примал на Исповед без писмен благослов, нити давал благослов да неговите духовни чеда одат од еден до друг духовник без оправдани мотиви. Ги советувал мирјаните да се исповедаат кај своите свештеници, а монасите кај духовниците на своите манастири. Ги советувал монасите велејќи им: „Кога одите кај некого кој копнее по духовни поуки, би трбало да му однесете добра книга. Однесете му малку леб и друга храна. Зар не знаете дека рибата нема да пријде на сиромашна и празна јадица. Мораме да употребиме сè што имаме за да ги приближиме душите на луѓето кон Царството Божјо. Кога ќе ја види нашата љубов, братот ќе го прими со радост словото на животот.“

На Исповед понекогаш ќе речеше: „Брате, твое послушание нека биде читањето на словото Божјо. Ако ти со словото Божјо го просветиш својот ум, тогаш ќе бидеш способен да водиш живот полн со добри и корисни дела. Ако ти речам да постиш строго и да правиш многу метании, зарем едноставно не те запознавам со силата? Ако ти речам да даваш милостина зарем едноставно не те запознавам со материјалните работи. Ако ти најнапред не ја нахраниш својата душа туку ја оставиш да гладува, каква каква корист ти ќе имашод давање милостна. Затоа прво со помош на молитвата и словото Божјо направи го силен твојот дух, па тогаш пости и давај милостина“.

Отец Никодим бил мудар и имал мерка во сè:во храна и пост, во молитва и читање, во тишина и разговор, во својата ќелија и во храмот. Сето тоа го правел во тишина , со голема преданост и страв Божји.

Монасите кои го познавале кажуваат дека тој никогаш на ги спомнувал настаните од минатото. Секој збор го изговарал внимателно за да не стори нешто погрешно или да не навреди некого. Никогаш не осудувал и не зборувал лошо за никого, ниту пак дозволувал на другите во неговата ќелија да обвинуваат и клеветат некој свој ближен.

„Не заборавајте“ - зборувал старецот - „дека за секој напразно изговорен збор ќе дадеме одговор

Page 29: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 29

на Судниот ден“ (Мат.12,36) или ќе се присетел на зборовите од Псалтирот (141,3): „Постави Господи стража на јазикот мој, чувај ја вратата на устата моја.“ Неговиот говор секогаш бил мудар и зачинет со сол.

Отците уште говореа, дека не дозволувал да се служат служби за оние кои не го читале словото Божјо. Исто така не ги примал на исповед оние кои не доаѓале во Црква и кои одбивале да читаат свети книги.

Отец Никодим имаше особена почит спрема времето и никогаш ни минута напразно не трошеше. „Времето е“ би рекол тој, „драгоцено како и душата.Ако го изгубиш времето ќе ја изгубиш и душата! Ако внимателно не го организирав времето и живеев

по тој распоред, ништо немаше да направам во животот.“

Старецот своите духовни чеда ги советувал сè да прават со молитва, да бидат доследни на своите послушанија и молитвените правила, зошто во манастирот времето секогаш е малку.

Ги поучувал монахињите велејки им: „Ако само сакате, а не поставите добар почеток, не очекувајте добросостојба. Затоа, да внимаваме, смрта да не нè затекне на спиење. Тешко нам, ако смрта нè затекне на спиење! Зашто, во каква состојба нè затекне - во таква ќе ни се суди“. (продолжува во наредниот број)

Превод:

Сашо Стојчев, студент на теологија

Page 30: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 30

• Старец Амфилохиј Патмоски •Деца мои, без вас не сакам во Рајот.

Кој ќе посади дрво, сади надеж, мир, љубов и има Божји благослов.

Секој човек сметај го за поголем од тебе, иако тој можеби има многу слабости. Не прави ништо со грубост, туку секогаш мисли дека секој човек има исто одредиште како и ти. Преку Божјата благодат сите луѓе ги сметам за свети и поголеми од мене.

Во духовниот живот има големи радости. Заминуваш и го оставаш овој свет и не мислиш повеќе за ништо. Стануваш дете и Бог живее во твоето срце.

Нашата земја е прекриена со мраз од материјализам и атеизам, а сите сме повикани да го победиме. Дури кога ќе се растопи тој мраз, ќе ја најдеме и ќе уживаме во онаа вистинска земја, која ја заораа апостолските плугови, и која е залевана со крв на маченици и со пот на преподобни. Дури тогаш умното сонце ќе ја загрее земјата, од која веднаш ќе никнат цветови, кои цветаат и раѓаат плодови како и порано – во Божја слава.

Со Божјата благодат човек духовно напредува, се преобрзува, станува поинаков и страв живее во него. Не се плаши од смртта и овој живот, иако можеби и изгледа добар, го гледа како ропство.

Секаде каде што нема православно монаштво, Црквата не постои, како што не може да има власт без војска и добро раководена држава без полиција. Монасите ги чуваат границите на нашата Црква, и ја заштитуваат од непријатели, кои во нашето современо материјалистичко време, како волци сакаат да ја уништат.

Егоистот не привлекува никого, а ако и привлече некого, бргу и тој ќе се оддалечи од него. Духовната врска станува нераскинлива само кога ќе се сретне детски дух на невиност и светост.

Кога човекот ќе се причести, добива сила и се просветлува, неговите видици се прошируваат и тој се радува. Секој го доживува на поинаков начин, според расположението и според пламенот

во неговата душа. Некој чувствува радост и одмор, друг чувствува мир, трет дух на верност, а некој пак, неискажлива сочувствителност кон секоја твар. Лично, честопати се чувствував уморен, но по Светата Причест се чувствувам како препороден.

Во часот на искушението, мораме да се стрпиме и да се молиме. Искушението е вешт мајстор. Умее од мали работи да направи големи. Искушението носи немир, тага и создава надворешна борба. Тоа знае многу вештини. Го доведува човекот во сомневање. Заради тоа имаме многу бродоломи. Кога сме притиснати со искушение, наидува Божјата благодат. Кога човекот е во искушение, ги препознава своите слабости, понижен е и ја привлекува Божјата благодат. Не дозволувај врз тебе да влијае бурата на искушенијата. Не може да те повреди.

Дозволи ѝ на својата душа со простота да ја прими ризницата дадена во светите списи на Отците на трезвеноумието на нашата Црква и обиди се да ја чуваш со доблеста смирение. Кога учењето е здружено со свет страв, ќе почувствуваш божествена благодат.

Духовната битка треба да биде запечатена со искрена љубов и смирение. Само оној што го носи ваквиот печат не ги забележува животните потешкотии, сатанската злоба, ниту омразата што ја покажуваат неговите умилкувачи.

Кога нашето срце нема љубов кон Христа, тогаш сме како кораб без гориво, како мотор без нафта. Треба секогаш со љубов да мислиме на Христа. Тогаш срцето ќе ни искокне од радост.

Љуби Го Христа, биди смирен, моли се и имај трпение. Ова се четирите точки на твојот духовен компас. Магнетната игла нека биде твоето младо христијанско срце.

Кога некој би го отворил твоето срце, би сакал во него да Го најде само Христос.

Те молам да го воспоставиш овој ред во своите дела: колку што можеш, обиди се да ја негуваш љубовта кон Христовата личност. Треба да стигнеш

ДУХОВНИ СОВЕТИОД СОВРЕМЕНИТЕ СТАРЦИ

духовни поуки

Page 31: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 31

дотаму, да ти течат солзи секогаш кога ќе го спомнеш Неговото име. Срцето мора да ти биде вистински запалено. Тогаш Он ќе ти биде Учител, Водич, Брат, Татко, Старец...

Не обрнувај внимание на земните и минливи работи. Грижи се за единството на твојата душа со Бога.

Дете мое, отецот исповедник мора да плаче, мора да тагува, дури и повеќе од човекот што дошол на исповед, за да ја ублажи (човековата тага). Твојата тага мора да биде искрена, зашто душата разбира.

Треба да си радосен! Исус има во рацете вајарско длето. Сака од тебе да направи статуа за небесните дворци.

Исусовата молитва е основа на совршенството. Не постои друг начин за очистување и осветување, освен со Исусовата молитва. Оваа молитва го

исполни Рајот со светители и светителки.

Штом ќе ја однегувате Исусовата молитва, станувате деца на дворецот. Ќе го знаете јазикот на Царот и однесувањето на вистинското благородништво.

Укажувам на многу работи за кои морам, но поголема корист ќе имате, кога, наместо јас да зборувам многу, вие ќе пролеете две-три солзи пред Христа.

Не е виновен човекот, дете мое. За жал, под човечката слабост се крие мразителот на доброто, првиот непријател на волјата Божја, ѓаволот.

Човек кој го нема Христа, сите работи ги гледа тешки и мрачни.

Љубете го Единиот, за сите да ве љубат. Нема само луѓето да ве сакаат, туку и бесловесните животни, бидејќи кога ќе се појави Божествената

Page 32: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 32

благодат, таа магнетизира и електризира сè пред себе. Сепак, не само што ќе те сакаат, тие и ќе те почитуваат, зашто во твојата личност ќе се образува чистиот девствен лик на Оној , Кого Го љубиш и на Кого Му се поклонуваш.

Дете мое, небесната љубов секогаш нека го исполнува твоето срце и нека го преплавува само со возвишени и божествени желби. Тогаш ќе уживаш во Божествениот шепот на твојот прекрасен Женик, Кој се радува да беседи со тебе, зашто твоето срце е негов престол. Мора да си го одржуваш срцето како непрестајно бела и света скинија.

Роден сум да ги сакам луѓето. Не ми е грижа дали е турчин, црнец или белец. Во секое лице го гледам ликот Божји. Можам сè да жртвувам за тој лик Божји.

Молитвата која се принесува со ревност, побожност, вера, умиление и внимание е добра и корисна. Ѓаволот на разни начини се бори против оние што се молат, додека оние што не се молат, ги сака. Човекот преку молитвата му зборува на Бога и го бара она што е добро и за спасение. Човекот кој се моли, мора да биде скрушен и смирен.

Молитвата ги исполни Небесата со толку светители. Не постои друг начин за очистување и осветување, освен преку умната молитва. Псалмите се добри и воопшто, целокупната црковна химнографија. Сепак, ги користиме за да го привлечеме и да го допреме светот. Но, ние монасите мораме таинствено да Му зборуваме на Царот. Оние што пеат се како луѓето надвор од Царскиот дворец и пеат разни песни за да го покажат своето воодушевување. Секако, царот е задоволен од тие песни бидејќи се пеат во Негова чест. Сепак, Он повеќе внимание им обрнува на тајниците на Својот дворец, на оние што Му

шепотат.

Молитвата без љубов е како птица, која наизглед е добра и убава, но, бидејќи нема крилја, не може да лета.

Сакам да основам молитвени станици низ нашата земја. Сакам во вас да го слушнам гласот Господов, Господ да зборува од вашите срца. Преку молитвата станете престол Божји.

Кога седам на високата карпа од молитвата, иако надоаѓаат многу бранови, не ме допираат, но, кога ќе ме затекнат на пониските карпи, ме заплискуваат. Умната молитва соединува, поврзува и осветува. Кога молитвениот оган е запален во душата, сè што е суво изгорува и исчезнува. Кога ќе започне молитвата чувствуваш радост, потоа сладост, и конечно, како плод доаѓаат солзите, бидејќи го чувствуваш Исусовото присуство.

Со Исусовата молитва човекот станува како дете. Таа го доведува до простодушност и невиност, каква што имаше Адам во рајот пред падот. Со оваа молитва се стекнува блажено, свето бестрастие. Со молитвата го осветуваш местото на кое што седиш и работата што ја работиш. Молитвата устројува сè. Таа прави возможно да одиш по вода. Ја отстранува оддалеченоста помеѓу тебе и другите. Им ја менува волјата на другите. Дава храброст, вера, и трпение во животот.

Заслади си ги мислите со добри мисли на утеха и надеж. Запали ги зборовите со топлината од љубовта на твојот Женик и сеќавај се на Неговите страданија што ги поднесе заради тебе, и така, остани разумен и верен.

Мора да Го сакаме Христа: тоа е неопходно за живот на нашата душа. Треба да ги сакаме и Божјите творби: животните, дрвјата, растенијата,

Page 33: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 33

птиците, и над сè, најсовршеното Божјо создание – човекот.

Осаменоста е разговор со Бога и со духовите кои ни приоѓаат со љубов и со нежност. Никогаш нема да ги заменам сувите карпи на Патмос за цветните атински градини. Луѓето во градовите се без светиот покров. Тие ги гледаат убавите цвеќиња и градини, а со срцата не Му благодарат на Бога, Кој што ни ја подари таа убавина. Од друга страна, во пустината дури и најгрдото место и птиците со најлош глас, прават да почувствуваш колку е блиску Бог. Оној што е блиску до Бог е најсреќен, дури и ако живее на карпа.

Честопати, кога некој ќе мавне со камен по куче, тоа, наместо да трча по оној што го мавнал, трча и го гриза каменот. И ние правиме исто. Искушувачот користи некој друг за да нè искушува, со зборови или со дело, а ние, наместо да се пресметаме со искушувачот, кој што го фрлил каменот, го обвинуваме каменот, човекот, својот брат кого мразителот на доброто го искористил против нас.

Човек без љубов не може да се нарече христијанин, освен ако му се потсмеваме на Христијанството.

Секогаш биди внимателен, моли се и учи како да ја обработуваш душата и како да се искачиш на висините.

• Старец Епифаниј Атински •Вистинската љубов е како пламенот на свеќата. Колку свеќи и да запалиш од него, првобитниот пламен останува непроменет. Воопшто не се намалува. И секоја нова запалена свеќа гори со истиот пламен како и другите.

Сакам сите што се до мене да имаат доволно воздух, да дишат, да не се гушат. Никого не повикувам кај себе. Никого не држам. Никого не изгонувам. Кој сака, доаѓа, кој сака, заминува. Никого не сметам за пристапник или следбеник.

Не се плашам од смртта. Секако, не поради своите дела, туку затоа што верувам во Божјата милост.

Повеќе зборувајте Му на Бога за своите деца, отколку на своите деца за Бога... Душата на адолесцентот е во состојба на експлозија на слободата. Поради тоа тешко прима совети. Значи, наместо постојано да го советувате и често да го прекорувате, препуштете им ја ситуацијата на

Христа, на Мајката Божја и на Светиите, молејќи ги да го вразумат.

Не занемарувајте ја молитвата! На трпезата, наутро, попладне и навечер. Особено никако немојте да го пропуштите малото повечерие, колку и да сте уморни. Тоа е прашање на самопожртвување, а посебно на љубов. Кога некоја драга личност ќе ве повика доцна навечер, и покрај уморот, одите да разговарате, понекогаш дури и по неколку часа, не лутејќи се, туку напротив, уживајќи.

Со своите деца постапувајте како со ждребиња: некогаш затегнете ги, а некогаш попуштете ги уздите. Кога ждребето се шутира не пуштајќи ги уздите, малку ги олабавуваме, бидејќи во спротивно, ќе се скинат. А, кога ќе се смири, ги затегнуваме уздите и го водиме каде што сакаме.

Родителите треба да ги сакат своите деца како свои деца, а не како идоли. Односно, треба да си ги сакаат децата онакви какви што се, а не такви како што би сакале тие да имаат – да бидат како нив.

Кој се плаши од Бога, од друго ништо не се плаши.

Воздржувањето во бракот, исклучително од љубов кон Бог е совршено, „одлично“. Кога брачниците имаат односи и не го спречуваат раѓањето на деца, тоа е „многу добар“ степен, а кога се воздржуваат само за да избегнат раѓање, тогаш се на ниво „добар“. Во секој случај, сите овие категории се над просекот и се законски, само под претпоставка дека и двајцата сопружници се согласуваат, а не само едниот. Во спротивно е грев.

Бог на Својот Син Му го одредил спасението на светот, а не нам... Најпрво треба да ја погледнеме својата душа, а ако можеме, да им помогнеме на пет, шест луѓе, кои се покрај нас.

Кога некој е слободен има права и обврски. Кога ќе се ожени има малку права и многу обврски. А, откако ќе добие деца, веќе нема права, туку само обврски.

Зошто ставаат внатрешни гуми на тркалата од автомобилите? За да бидат попустливи, за да се превиткуваат при преминувањето по некое каменче или дупка на патот, и на тој начин да преминат преку пречките. Ако тркалата се тврди и непопустливи, автомобилот не би можел да оди напред. Тој би се распаднал по мала оддалеченост заради малите нерамнини на теренот. Истото се случува и со попустловоста кон другите во семејството. Така се надминуваат многу проблеми и

Page 34: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 34

постојаниот духовен напредок е осигуран.

Кога луѓето се однесуваат неправедно кон нас, Бог нè оправдува.

Бог дозволува добродетелните луѓе да страдаат за да се очистат дури и од најмалата трага на страстите и за да примат уште поголем венец на Небесата. Понатаму, како што Бог допушти Неговиот возљубен Син да страда и да умре на крстот, што да се каже за луѓето, кои, колку и да се свети, имаат нечистотија и дамки од гревот?

Тагата нè очистува. Човекот е вистински човек во тагата. Во радоста, тој се менува, станува некој друг. Во тагата станува она што навистина е. А тоа е пат par excellence по кој Му приоѓа на Бога. Ја чувствува својата слабост. Многупати, кога слави и кога се радува, чувствува дека е „центар на светот“: „Јас, и никој друг!“ А во тагата се чувствува како безначајна мравка во вселената, целосно зависи од Бога и бара Божја помош. Ние, кои имаме поминато низ болка, телесна или душевна, знаеме дека никогаш толку силно, добро и долго не се молевме, како кога бевме во постелата на болката или кога бевме искушувани од некоја тешка душевна тага. А кога имаме сè, забораваме на молитвата и на постот. Заради тоа Бог допушта болка.

Не седи везден пред телевизорот... Чувај се од средствата на масовно ослепување.

За мене нема поголемо задоволство, отколку да останам во исповедалната и да го помирувам човекот со Бога.

Свештенството е многу голем Божји дар кон човечкиот род. Тоа е проводник на Божјата благодат.

Направив договор со Бога: јас ќе си ги празнам џебовите делејќи милостина, а Он ќе ги полни. Он никогаш не го прекрши договорот. Ќе го прекршам ли јас? Никогаш да не се случи!

Колку е лукав ѓаволот! На младите луѓе што успеале да се соединат во христијански брак, им шепоти: „Колку подобро ќе беше да отидеше во манастир и да живееше со небесни, духовни радости, далеку од грижите на семејниот живот, кои те сопираат и те врзуваат!“ Додека на оние што отишле во манастир, сакајќи девствен живот во Христа, им шепоти: „Колку подобро ќе беше да се

оженеше и својот дом да го направеше храм Божји, живеејќи ја радоста на брачниот живот, оддалечен од подвижничката умртвеност и осаменост, кои те мачат!“ А, ако оженетиот се замонаши, а монахот се ожени, би им го рекол спротивното. Сето ова е само за да го фрли човекот во очај и да го одвлече од патот кон спасението. Зашто и бракот и монаштвото се патишта кон спасението.

Божјата математика сосема се разликува од човечката. За нас два и два се четири. За Бог два и два можат да бидат и пет или петнаесет, или нешто сосема друго.

Во моето срце може само да се влезе. Од него не може да се излезе. Кој и да влезе, таму останува. Што и да прави, го сакам исто како кога ми влегол во срцето. Се молам за него и барам спасение за него.

За мене најголема мака е да сфатам дека сум ја нажалил саканата личност.

Превод:

Дипл. теолог Жаклина Трајчев

Page 35: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 35

Раѓање и воспитување на децата

Постои мислење дека во текот на првите 40 денa по раѓањето на детето мајката не треба да го држи Евангелието

во раце. Таквата забрана се објаснува со посебната состојба во која таа се наоѓа. Што треба да чита и да слуша бремената жена? Какви книги треба да чита младата мајка?

- Црквата никогаш не ѝ забранувала на жената да го држи и да го чита Евангелието. Ваквата забрана е плод на сопствени измислици, некој чуден христијански талмудизам, кој во својата лажна

побожност може да дојде дотаму, што целосно ќе ѝ забрани на жената да се моли и да го изговара името Божјо во одредени периоди.

Напротив, за време на бременоста и по породувањето, неопходно е мајката да го чита Евангелието, бидејши тогаш нејзината духовна состојба непосредно влијае на личноста на детето во формирањето.

На прашањето кои книги треба да ги чита младата мајка, ќе одговорам: такви што ќе го воздигнуваат нејзиниот дух и невидливо ќе ја просветуваат душата на детето. Христијанката

треба секогаш да ги избегнува развратните слики и страсните афекти, а тоа е особено важно во периодот кога мајката и детето како да сочинуваат едно битие.

Забранува ли Црквата физички однос помеѓу сопружниците откако жената ќе забремени?

- Ниту едно животно не се пари по зачнувањето. За жал, човекот е исклучок, кој така излезе дека е најсексуално создание. Со својата емоционална состојба мајката влијае на душевниот свет на сè уште нероденото дете. Во дадениот случај, половиот однос овозможува на плодот да му се пренесе страсноста, која подоцна може да заземе облик на телесна распуштеност кај детето.

Родителите им ги пренесуваат на децата своите телесни, душевни и духовни својства. Каква е нивната одговорност во врска со тоа?

ЗА ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТААрхимандрит Рафаил Карелин

семејство и воспитување

Page 36: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 36

- Родителите им ги пренесуваат на децата добрите и лоши душевни наклоности, кои можат да бидат развиени или сузбиени. Наклоностите не ја поништуваат човековата слободна волја и можноста за избор помеѓу доброто и злото. Христос ја поста-вил човековата личност над таквите фактори, какви што се наследните наклоности и општествено-националната припадност. Затоа, човекот како личност има одговорност за своите постапки.

Ги наследуваат ли децата гревовите на родителите? Може ли тие да бидат причина за болест на децата?

- На децата не се пренесуваат гревовите на родителите, туку последиците од нивните гревови: одредени генетски пореметувања и наклоностите кон гревовите. Но, човекот може да ги совлада тие вродени наклоности и да достигне високо морално совршенство. Затоа, не треба да се преценува значењето на наследноста за човековиот духовен живот. Многу повеќе се гледа наследноста кај психичките и физичките болести. На пример, кај пијаниците и наркоманите често се раѓаат деца со веќе постоечки органски заболувања. Затоа родителите треба да ја чувствуваат својата одговорност за гревовите и погубниот начин на живот, не само кон себе, туку и кон идното

потомство.

Колку често треба да се причестуваат доенчињата?

- Колку почесто, толку подобро.

За воспитувањето на децатаво христијански дух

Ќерка ми ќе наполни 13 години. Од оваа година со неа започнаа искушенија околу посетувањето на црковните богослужби: или ќе ја боли главата или ќе ѝ се спие и сл., за на крај да почне сè поретко да доаѓа в црква на богослужба. Знам дека насилно не може да се наметне љубов кон богослужбите, но сепак, треба ли да се принудува дете на таа возраст?

Второто прашање се однесува на моралното воспитување. Ќерка ми оди во православно училиште, но и таму е навлезена световната „нечистотија“ во облик на вулгарни списанија, расправи за ТВ серии и теми кои ги збунуваат и поматуваат умот и душата. Какви зборови да изнајдам за да не направам штета, но во исто време тоа „да проникне до нејзината срж“?

- Денес децата се слабо заштитени од

Page 37: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 37

разурнувачкото влијание на околината, затоа главна заштита за детето е примерот на вашиот сопствен живот и такт кон детето. Ако ликот на мајката му е мил на детето како светиња, тогаш тоа подобро ќе ја заштити неговата совест од гревовите, отколку со прекорите и лутењето. Што се однесува до зборовите што треба да се најдат за детето, барајте ги и ќе ги најдете во своето срце. Само немојте да започнувате разговор со детето во состојба на бес. Господ да ви помогне.

За обраќањето на блискитекон Црквата

Ви се молам, одговорете ми на прашањето за слободната волја и предодреденоста за стапување во верата. Околу себе гледам толку добри луѓе, кои се многу подобри од мене, а се неверници. Поради нешто Господ не ги избрал од светот. Зошто? Зарем во тоа беше мојата слободна волја да станам верник? Господ Сам ме доведе. Ако Он го предвидел устројството на мојата душа, значи дека Он Сам ја направил таква... Еве на пример, две мали момчиња во дворот, едното ја мачи мачката, а другото ја сожалува и ја носи дома за да се грижи за неа. Избрале ли тие нешто? Тие се такви, такви се родени. Оче, јас збркано се изразувам, но Вие разбирате за што зборувам. Ме мачи ова прашање бидејќи моите најблиски се многу добри луѓе, но не се верници. Јас никако не можам да сфатам: зошто не им е дадено „ниту да слушнат, ниту да видат“?

- На овој сајт има статија „За Божјата волја“ – прочитајте ја. Што се донесува до децата, детето не е биомашина, тоа веќе поседува внатрешен свет, кој на нас не ни е сосема разбирлив, а исто така и избор на добро и зло преку некои интиуции. Можеби сте забележале дека некои деца личат на бесомачници? Во нивните очи се гледа дури и злоба кон сопствените родители. Господ му ја создава душата на човекот, но со учество на душите на неговите родители, низ кои се пренесуваат зачетоците на карактерот – духовното наследство, кое на човекот му го отежнува или олеснува животот. Но, тоа не се гревови на родителите во вистинска смисла на зборот, туку само наклоности кои не ја условуваат моралноста на човекот и не ја ограничуваат неговата волја; тие можат да се совладаат и таквото совладување може да стане подвиг. Преподобен

Јован Лествичник пишува дека има луѓе кои по природа се гневливи или кротки – и додава – дека се блажени оние кои го победиле својот гнев и станале кротки. Човекот не е детерминиран ниту со наследноста, ниту со животните околности – тој поседува морална независност. Токму затоа тој се наградува или се казнува. Вашите родители можат да бидат добри луѓе на душевен план, кој е свртен кон земјата, но постои и духовен план, каде човекот себеси се доживува како појава на вечноста. Во тој поглед треба да стане нова твар. Има луѓе кои на световен начин се добри, милосрдни и праведни, но тие се задоволни со себе, тие не сфаќаат кон што треба да се стремат и таа потајна внатрешна гордост и самодоволност ја парализира нивната вера и духовен живот.

За образованиетоКако да се заштити детето од лошото

влијание во училиштето?

- Детето треба да се заштити од лошо друштво, а исто така треба да се организира и неговото слободно време. Добро е ако детето се интересира за уметност или за занаети. На пример, за класична музика како алтернатива за современиот рокенрол, за цртање и тн. Во некои случаи корисно е занимавањето со гимнастика или со интелектуални игри, како што е шахот, кој исто така може да послужи како алтернатива за компјутерските игри, кои штетно влијаат на психата на детето. Многу се корисни заедничките излети со родителите надвор од градот, за време на кои кај детето треба да се развива естетското чувство, т.е. способноста да ја гледа и да ја цени убавината на природата.

Како да се научи детето на убаво однесување кон ближните?

- Најпрво треба да се научи детето на убаво однесување кон ближните и искреност во самото семејство. Треба во детето да се разбуди желба да им се доверува на родителите за своите проблеми. Овде е потребна воспитна тактика.

Некои возрасни верници сметаат дека детето не треба насилно да се принудува да учи. Велат дека тоа не е најважно, најважни се добрите човечки особини и духовноста и со тоа го оправдуваат незнаењето на своите деца. Матурант, добро момче, не може да наброи ниту едно дело на Пушкин, не може точно да подели 35 со 2, а притоа извонредно

Page 38: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 38

и до ситници се разбира во мобилна телефонија, во различни правци на поп-музика и тн. Што треба да им се одговори на возрасните апологети на незнаењето?

- Обично децата учат лошо поради мрзеливост, а не поради духовност. Одговорниот однос кон своите обврски е еден од елементите на моралноста. Но, изучувањето на предмети како што е сексологија, не може да се одобри. Многу добро е ако родителите можат да ја следат наставата на децата и да им помагаат да се подготвуваат за настава. Но, за жал, тоа не е секогаш возможно. Детето уште од најрана возраст треба да се учи на трудољубивост и да им помага на родителите, дури и ако тоа практично не е потребно. Кај детето мора да се создаде навика за работа, навика која подоцна ќе се одрази во успехот на училиште. На апологетите на незнаењето може да им се одговори дека христијанството е служење на Бога и на луѓето и затоа тоа бара активност и дејност. Друго прашање е тоа што дејноста може да поприми различни облици – внатрешни и надворешни, како што гледаме на примери од Светиите. За децата, особено за помалите, дозволен е методот на пофалба и казна при учењето, но најважно е кај детето да се предизвика интерес за предметите што ги учи. Ако детето навистина има мали способности за учење, треба заедно со него да се молите за Божја помош, укажувајќи му на примерот на преподобен Сергеј Радоњешки и на праведниот Јован Кронштадски.

Како во децата да се воспитаат христијански доблести?

Како да се воспитаат децата да растат како верници? Сега многу деца кои се воспитувани во вера ја напуштаат Црквата. Што треба да се стори за да не се случи тоа?

- Родителите и самите мора да бидат такви, какви што сакаат да ги видат своите деца; во воспитувањето најдобро делува примерот. Кога детето ќе види дека родителот-верник постапува нечесно и лицемерно, кај него се предизвикува сомнеж во самата вера.

Како да се воспитаат кај децата христи-јански добродетели, како да се научат да слушаат?

- Децата треба да се воспитуваат уште од

најрано детство и да се учат да прават добрини. Поуките, кои не се потврдени со дело и со пример, лошо се прифаќаат и бргу се забораваат.

Многу честа е ваквата појава во семеј-ствата: повозрасните деца почнуваат да се расправаат со родителите, грубо се однесуваат кон нив. Каде е вината на родителот овде? Што е тоа родителски авторитет и како да се зацврсти? Како да се воспостави правилен контакт со детето?

- Родителите треба да размислат за својата вина, да не покажувале и тие слично непочитување и конфликтност кон своите родители, така што врз нив се исполнил законот на одмазда преку сопствените деца. Потоа, дали направиле чедоморство – абортуси, кои во човековата душа и во неговата генетика вовлекуваат комплекс на убијци и упропастувачи на своите деца, кој пак се пренесува како негативен однос на идните деца кон своите родители. Гревот на чедоморство, како загноена рана во душата, може да се излечи со длабоко и искрено покајание. За да го зајакнат родителскиот авторитет во очите на своето дете, родителите не смеат да се караат меѓусебно, особено пред децата, кои во такви случаи стануваат судии на родителите; не смеат да лажат, бидејќи децата интуитивно ја чувствуваат лагата, а особено

Page 39: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 39

кога ќе видат примери на дволичност и лицемерие кај своите родители. Трагични примери за тоа се револуционерите и безбожниците, кои потекнуваат од семејства на свештенослужители. Родителите треба да си го одржуваат зборот кој го дале на детето и од детето да бараат да ги исполни своите ветувања, но недозволиво е да го присилуваат детето да се заколнува. Во односот кон детето треба да се трудат да не ги менуваат своите барања кон него. За да се воспостави контакт со детето треба да се избегнуваат две крајности: претерана строгост и претерана попустливост, која води дотаму, што на детето му се дозволува сè. Треба да се контролира однесувањето на детето, не задушувајќи ја неговата иницијатива со досадна ситничавост.

Што треба да се прави ако нема мир во семејството: помеѓу мажот и жената, помеѓу децата и родителите? Колку во таков случај може да помогне молитвата?

- Молитвата е неопходна во сите животни

случаи, зашто Господ рекол: „Без Мене не можете да направите ништо.“ Кога во семејството нема мир, секој член во семејството треба да помисли каква е неговата вина во дадената ситуација. Во реалноста најчесто се случува обратно: луѓето, како заслепени, не ја гледаат својата вина, за себе мислат дека се во право, а дека другите се виновни за сè. Со ваков став за својата „праведност“, слогата и мирот стануваат невозможни.

Како треба да се однесува детето ако родителите не живеат во мир? Ако едниот родител е верник, а другиот не?

- Детето не смее да им биде судија на своите родители. Кавгите во семејството треба да ги прифаќа како заедничка несреќа. Тоа треба кон обата родители да се однесува со почит. Треба да го слуша родителот верник, но во некои случаи и верникот може да згреши, ако под изговор на верата не ги исполнува своите семејни должности, што предизвикува лутење кај другиот сопружник.

Како да се заштитат децата од страшните соблазни на современиот свет – пушење, пијанства, компјутерски игри итн.?

- Треба на децата да им се посветува повеќе внимание и затоа подобро е мајката да биде главен воспитувач. Во тоа е главната мисија на жената христијанка. Ако и родителите пушат, се препуштаат на пијанства, гледаат на телевизија или на компјутер непристојни слики, тогаш нивните поучни зборови за карактерност и морал, кај децата ќе предизвикуваат само лутење.

Што ќе кажете за современата музика од која младите се восхитени? Како да се оттргне детето да не ја слуша?

- Современата музика, во значителна мерка, е концентрат на страсти, кои го доведуваат човекот до патолошки состојби. Оваа музика го уништува не само моралното, туку и психо-физичкото здравје на детето. Кај детето треба да се негуваат чувствата за убавина, да се учи на естетика во облици кои се достапни на него; тогаш тоа ќе може да ја сфати какофонијата на современата рок и поп музика како

Page 40: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 40

изопаченост и бесомачност.

Денес многу адолесценти ги напуштаат родителите ако нешто не им се допаѓа. Што да се направи ако детето замине од дома? Како да се врати? Кој е виновен за тоа?

- Воспитувањето на детето родителите треба да го сметаат за поголема задача отколку работата со која што се занимаваат и да им посветуваат на децата доволно внимание. Но, при сето тоа, родителите треба да сфатат дека нивното влијание е ограничено надвор од дома и затоа, нивна задача е, колку што е тоа можно, да го неутрализираат негативното влијание на средината.

Ако семејството живее во високи христијански идеали, тешко дека кај детето ќе се појави желба да побегне од дома. Најчесто заминувањето од дома е поврзано со разочарување во родителите, разочарување кое доведува до омраза кон нив. Таквите прашања не се решаваат стандарно, овде нема стандардни рецепти. Духовно-моралното чувство и љубовта кон децата треба да им кажуваат на родителите што да прават во конкретни случаи. И воопшто, при воспитувањето треба да се избегнуваат две спротивни крајности: да се препушти воспитувањето на детето да се врши само од себе, или пак, постојано да се задушува волјата и иницијативата на детето.

Речиси сите млади луѓе се егоисти, подложни на разорни страсти. Што мислите за современата младина? Има ли надеж ова поколение да не биде изгубено?

- Не можам да размислувам за такви општи категории како што се поколенија. Христијани отсекогаш имало малку (Господ Своите следбеници

ги нарече „мало стадо“, а христијанскиот пат „тесен пат“). Во сите поколенија имало и ќе има такви што пропаѓаат и такви што се спасуват. Вие го нарекувате поколението „изгубено“, но што имало тоа па го загубило? Тоа израсна на урнатините на духовноста и затоа талка во магла. Но, Господ секаде ќе ги најде и ќе ги спаси Своите. Во денешно време децата честопати ги приведуваат кон верата родителите, кои се искомплексирани од материјализмот.

За човек да се промени, треба ли секогаш да доживее некој силен потрес? Човекот се соочува со тоа, дека со помош на убедување и советување е немоќен некого да доведе до прав пат. Сфаќа дека за таквиот му преостанува само да се моли. Треба ли да ги продолжи разговорите и убедувањата?

- Силните потреси (животни падови) му помагаат на човекот, на поинаков начин и подлабоко да го согледа животот. Честопати, преку страдањата и искушенијата доаѓа до обраќање кон Бога. Но, тоа не е правило: срцата кај многумина не омекнуваат, туку стануваат уште погруби од страданијата. Пример за тоа се двајцата разбојници, распнати покрај Христос. Тие доживувале исти маки, но еден умре со молитва на усните, а другиот проколнувајќи и богохулејќи. Може да се каже дека силните потреси го разоткриваат она скриеното што се чува во длабочината на човековата душа.

Св. апостол Павле нѐ советува да не се дружиме со еретик по едно или две опоменувања, бидејќи тој „се развратил во умот“, т.е. се наоѓа во состојба на духовна гордост. Ако сакаме нешто да го посоветуваме или да му разјасниме на некого,

Page 41: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 41

треба, пред да почнеме разговор со него, да Му се помолиме на Бога, потоа себеси да се подготвиме за да не се налутиме на него, односно да не го замразиме доколку тој ги отфрли нашите зборови. Човечкото срце го прифаќа само оној збор што доаѓа од срцето и затоа треба да се трудиме да си го очистиме срцето и да се научиме да сакаме, за другиот да нè слушне.

Ако се тоа децата, тогаш родителите треба задолжително да го контролираат нивниот духовен живот. Но, и овде треба да се покаже мудрост и внимателност. Најдобро советување за децата е примерот на родителот.

Треба ли да се убедуваат своите деца доколку тие одбиваат да слушаат или не треба – е прашање на кое не може да се даде општ одговор; тука треба да дејствуваат родителската љубов и интуиција. За срцето на секоја личност треба да се пронајде клучот кој одговара. Понекогаш лекот не дејствува веднаш на болниот, но лекарот, поаѓајќи од многу факти, треба да одлучи дали да се дава и понатаму или не.

За компјутерските игриКомпјутерските игри се страшна напаст

за современите деца (и за нивните родители), еден од главните фактори за духовна деградација на младото поколение и за неговата дебилизација. Кога човек познава семејства во кои адолесцентите речиси по цели ноќи играат игри на компјутер и веќе не се во состојба да се прилагодат на реалниот живот, кога обидите за да им се помогне завршуваат со неуспех – одеднаш ќе слушне од некои православни луѓе, па дури и од авторитативни свештеници потсмешливи зборови за педагозите и свештениците кои повикуваат на тревога поради тоа: велат, тие се против компјутерите, компјутерот е корисен, а тие го збунуваат народот предизвикувајќи непотребни стравови итн. Сето ова уште еднаш потврдува дека, додека несреќата не нè допре лично нас, додека немаме свои деца, често не сме во состојба да ја сфатиме таквата несреќа. Од друга страна, таквото духовно слепило и безгрижност обесхрабруваат. Како може да им се помогне на децата? Како да се заштитат од оваа зависност? Што да им се одговори на оние што се потсмеваат на туѓата болка?

Вообразбата е опасна стихија; тој свет што го создава самиот човек станува негова втора реалност. Преку вообразбата човекот доаѓа во допир со инферналниот (подземен, ѓаволски) свет. Довербата кон илузорниот, виртуелен, демонизиран свет преминува во медијска сугестибилност и губење на чувството за реалност.

Сега, за разлика од минатите векови, технички-те средства на човекот му овозможуваат можност да добива речиси неограничени информации, но тие информации не му го прошируваат умниот видокруг, туку ги задушуваат неговите психички можности – како што претераната тежина не го зајакнува телото, туку ги поткопува човечките сили.

Разбудувајќи го страсниот занес, компјутер-ските игри стануваат попривлечни, ќе се осмелам да речам, помагични од книжевноста. Тие ги воведуваат луѓето, особено децата, во светот на илузорната стварност, стварност која за нив е поинтересна од реалниот свет. Овде почнува деградацијата на човековата личност. За земната реалност човекот станува туѓинец, гост и дојденец; негова татковина е светот на компјутерите: тој живее во тој свет и тој свет живее во него, обземајќи го и голтајќи го. За таквите луѓе, пред сè, исчезнува небото: Бог станува апстрактна и неодредена идеја; Он не им е потребен на компјутерските играчи, па според тоа, се наоѓа надвор од границата на нивните интереси. Потоа, за нив исчезнува и земјата; нив не ги вознемируваат општествените проблеми, тие личат на полжав во куќичка во која се одвива нивниот живот. Тие веќе немаат контакти со најблиските и со роднините, веќе немаат пријатели, за нив моралните поими „добро“ и „лошо“, се заменети со други поими: добивка и губиток во играта; заради компјутерските игрички луѓето стануваат рамнодушни еден кон друг. По парализирањето на духот, започнува оладувањето на душата: човекот губи потреба од друг човек, губи потреба да општи со луѓето, не е во состојба да сака друг, ниту да доживува љубов. За таквите луѓе целиот живот станува игра, која излегува од рамките на компјутерот. Овде реалноста и илузијата си ги заменуваат местата; компјутерскиот свет станува дел од нивната душа, а околниот свет се доживува како виртуелен свет со кој доаѓаат во допир, но во кој не живеат. Компјутерските игрички создаваат свои комплекси и го зомбираат човекот, претворајќи го во биоавтомат.

Мислам дека педагозите и свештениците

Page 42: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 42

кои ги одобруваат компјутерските игрички, не размислуваат колку тоа сепродорно восхитување овозможува деградација и расчовечување на човекот. Тие се како родители кои им дозволуваат на децата да си играат со змии, не мислејќи дека децата можат таквата игра да ја платат со живот.

Како да се оддели детето од компјутерските игри? Ова е прашање на кое не може да се даде едноставен одговор. Овде треба да помогне и интуицијата на родителите, која ќе им каже како и со што треба да се занимава детето, каква алтернатива да му се понуди наместо компјутерското ропство.

Компјутерот стана составен дел на современиот живот – тоа е објективен факт. Нереално и невоз-можно е да се откажеме од компјутерот, но човекот треба да знае да го користи кога му е потребен, т.е. компјутерот да му служи на човекот, но да не дозволува тој да завладее со него.

Што да им се одговори на луѓето што им се потсмеваат на свештениците и на педагозите кои повикуваат на тревога поради компјутерските игри што ги осакатуваат детските души? Треба да се каже дека, кога ќе почне да гори кровот на некоја куќа, соседите не треба да си живеат безгрижно и да се смеат со надеж дека огнот нема да дојде до нив, туку треба сите заедно, навреме да го гаснат пожарот.

Сакам да кажам и тоа дека, за разлика од компјутерските игри, некогашните народни игри имаа воспитно и естетско значење, а компјутерските игри ги претвораат луѓето во некаков стандард – во безлична толпа.

Треба ли да му се забранува на детето да игра компјутерски игри, ако дома има компјутер и ако детето (10 години) од порано веќе ги играло? Во црковната средина по тоа прашање постојат многу различни мислења. Затоа никако не можам да донесам некоја одредена одлука, но чувствувам дека тоа не му е корисно на детето. Се трудам од време на време да му ги ограничувам игрите, но немам доволно сила целосно да му ги забранам. А и син ми силно протестира. Се плашам да не претерам. Што ми советувате?

- Ако не можете на детето да му забраните да игра компјутерски игри, кои, како дрога го носат од реалниот во виртуелниот свет, создадете алтернатива: заинтересирајте го за некој спорт, како на пример пливање или мечување, или шах, кој ги развива и памтењето и вниманието. Го повикувам Божјиот благослов на вас.

Како да се молиме за децата што се школуваат далеку од родителите?

- Читајте барем еднаш неделно акатист на Мајката Божја по сопствен избор.

Духовни маки поврзанисо возрасните деца

Молам за Вашите молитви за заблудениот син на една моја пријателка (има 17 години). Престана да оди на Литургија, да се исповедува („Што мора свештеникот да знае сè за мене?“) и да се причестува. Се занимава многу за мистиката, гатање со помош на тарот

Page 43: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 43

карти, книги за маѓесништво, компјутерски игри... Ве молам, оче, советувајте што да преземе мајка му, и воопшто, како да се однесува во таква ситуација.

- Овде можат да помогнат само молитвите на Црквата и на неговата мајка. Нејзе ѝ советувам во понеделниците да чита акатист на архистратигот Михаил. Нека ве чува Господ.

Поголемиот син ми има 25 години. Во последно време престана да оди на црква, да се причестува, да се моли дома. Што да сторам: да го принудувам, да му досадувам ли со прекорување или нешто друго?

- Ви советувам да земете некое молитвено правило за вашиот син, на пример, станете ноќе и 100 пати кажете ја Исусовата молитва „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешната“ (една бројаница). Наместо последните зборови: „помилуј ме грешната“, велете: „помилуј го Твојот слуга“, и спомнете го името на син ви. Божји благослов на вас.

Како со молитва да си ги спасат децата мајките кои веќе се во години и се немоќни (по 75-80 години)? Гледајќи како нивните возрасни деца пропаѓаат, срцето им се кине од болка, а верата во Бога сè уште им е слаба, бидејќи младоста им поминала без Црквата, во атеистичка земја.

- Можеби преку молитвата за децата, и родителите ќе се зацврстат во верата, а децата поради молитвите и солзите на родителите, ќе се покајат и сите ќе се спасат.

Следново прашање се однесува на две сестри, на кои сум им кума. Девојчињата до седмата година живееја покрај мене, имав можност да ги водам во црква и да се причестуваат. Сè се измени кога тие се преселија во друг град. Сега имаат 17 години. Начинот на живот не им е за пофалба. Ако пред 3-4 години, разговарајќи со мене по телефон, барем ветуваа дека еднаш месечно ќе одат на исповед, сега чувствувам дека меѓу нас постои слеп ѕид. Постојано давам ливчиња да се спомнуваат на Литургија, давам прилози за манастирите, се молам, но девојчињата паѓаат сè пониско и пониско. Што да правам? Да останам ли и понатаму во контакт (преку телефон) со нив, или сè да сведам само на

молитви, иако ми советуваат и воопшто да не се молам за нив.

- Молете се за вашите кумашинчиња. Но, ако чувствувате дека помеѓу вас постои слеп ѕид, покажете разумно внимание и не зборувајте им ништо за верата, сè додека самите не ве прашаат. Се сеќавам на еден ваков случај. Мажот беше верник, а жената не, иако беше со него во црковен брак. И покрај неговите обиди, жената не одеше во црква, и пред смртта не сакаше да се исповеда. Еднаш тој сонил сон: како сопругата му била жива и била во нивната соба, а тој зел нож и почнал да ѝ нанесува рани и целата била облеана во крв. Овој сон го исплашил и тој му се обратил на старецот кој бил во манастирот: каков е овој сон и што значи. Тој рекол: „Твоите обиди за да оди во црква, да се исповедува и да се причестува, обиди кои таа ги отфрлила – за неа се претвориле во разобличување на Судот Божји, а на тебе тоа ти е откриено во сон, во облик на рани на нејзиното тело“. Бидете трпеливи и молете се.

Прашање на свештеник: Често ми се обраќаат жени и мајки жалејќи се на своите деца (обично е тоа едно дете во семејството), дека не сакаат ништо да работат, ниту да учат, дека се неодговорни, а ако работат – парите ги трошат на алкохол или на дрога. Единствено што во такви моменти му паѓа на ум на човека е, макар и на сила, да се оддели саканото дете од издржување и да се натера да живее самостојно, да се соочи со тешкотиите, макар да почне да прави и грешки, но самостојно, без будното мамино око. Што мислите, дали е тоа од љубов, или пак треба сè да се поднесува и да се трпи?

- Се согласувам со вас дека, во случај на експлоатација на родителите од страна на нивните деца, особено кога тоа ќе се претвори во систем, подобро е да се оддели синот или ќерката од родителот, за да почнат со самостоен живот и да се соочат со тешкотиите врз сопствено искуство. Секако, овде има и одреден ризик, но друг излез не гледам. Љубовта која му се потчинува на гревот не е христијанска љубов, туку душевна пристрасност.

Превод:

Дипл. теолог Жаклина Трајчев

Page 44: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 44

По разделувањето на Црквите во 1054 г., настапиле тешки времиња за Православната Црква од Исток. Источните христијани биле

подложени на страшни искушенија и страдања од страна на внатрешните непријатели. Порано, непријатели на Православната Црква биле Персиј-ците и Арапите. Но, сега, од 11. век, како нејзини непријатели се појавиле новите преселници од азиските степи – турците селџуци. Истоштени од долгите војни со Арапите, Византијската империја, на чие чело стоеле слаби и неспособни државници, не можела да се спротивстави на варварите. Во втората половина на 11. век, Турците Селџуци завладеале со поголем дел од Иран, Месопотамија, ги зазеле Палестина, Дамаск, Антиохија и најпосле, ја покориле цела Мала Азија. Истовремено, дивите печенези ги опустошувале европските области на империјата. Тие загуби на империјата придонеле за страшните страдања на православните христијани. Илјадници од нив гинеле под урнатините на градовите, во пламенот на своите домови, илјадници од нив биле одведувани во ропство, а други пак останувале без покрив и без секаков имот. Исто така, и религиозното чувство на христијаните било подложено на тешко искушение. Тие биле сведоци на уништувањето на своите светињи, цркви, манастири, библиотеки и други христијански светињи. Но, најтешко за христијанското чувство било подигрувањето и исмевањето, коешто турците го вршеле над предметите и светињите кои биле одредени за религиозно почитување на христијаните.

Но, колку и да биле тешки страдањата и маките на православните христијани, кои страдале од турците, сепак, тие страдања биле од непријателите на Господ Исус Христос и на Неговата Црква. Многу потешко, од морална страна, биле оние страдања и пустоши, на кои биле изложени православните

христијани, од крајот на 11. до крајот на 13. век од своите западни „браќа“, во епохата на крстоносните војни.

Крстоносните војни имале за цел ослободување на светите места во Палестина од неверниците, и биле пројава на најблагороден порив на христијан-ското чувство. Православното население на Исток, со воодушевеност го прифатило тоа движење. Но наскоро, горко се разочарало од своите надежи. За голема несреќа на Православната Црква, тогашното силно папство ги искористило крстоносните војни за свои цели: целосно да го потчини Православниот Исток под свое духовно раководство. Папството ги искористило крстоносците за насадување на латинството на Исток. Заедно со крстоносците, во крстоносните војни се вклучиле и голем број на римокатолички бискупи, свештеници и монаси. Со нивното присуство меѓу крстоносците се објаснува и духот на нетрпеливост, кој крстоносците го пројавиле кон верата на православните христијани и кон предметите на нивното верско почитување. Својата омраза кон православните, римокатоличкото духовништво го пренело и на крстоносците. Токму затоа, православното население било подложено на истите маки и страданија од латините, какви што претрпеле и од турците. Христијаните се ужаснувале од исмејувањата и сквернавењата кои крстоносците ги вршеле над православните светињи. Фанатизмот на латините најсилно се пројавил при нивното опустошување на Солун и на Цариград. При заземањето на Солун во 1185 г., фанатизмот на крстоносците со пројавил во такви форми, што човек тешко би поверувал во тоа, ако тоа не било потврдено со сигурни сведоштва, кои силно ги изобличуваат злосторствата и престапите на крстоносците и латините.

Според зборовите на византискиот историчар Никита Хонијат: „Латините ги фрлаа на земја

ОД ИСТОРИЈАТА НА ХРИСТИЈАНСКАТА ЦРКВА

Положбата на православните христијаниво епохата на крстоносните војни

П. Малицки

историја на црквата

Page 45: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 45

иконите на Христа и на Неговите угодници, ги газеа со нозете, ги вадеа украсите, ги фрлаа на раскрсници, или пак ги употребуваа за горење наместо дрва. Некои од нив се качуваа на светиот Престол, играа оро на него пеејќи варварски најцинични народни песни и вршеа срамни работи во православните светилишта. Еден од водачите влегол со коњ во храмот на св. Великомаченик Димитриј. Миро истекувало од гробот на маченикот, а латините грабале со грниња и тенџериња, налевале од него во тава за пржење на риба, ги мачкале чизмите со него итн. Во самиот храм тие разговарале гласно, викале безобразни работи, ги фаќале псалтите за грло и со тоа го прекинувале црковното пеење, пееле цинични песни и лаеле како кучиња.“ За секојдневното однесување на победниците кон победените, византискиот историчар раскажува такви нешта, за кои е тешко да се најдат прилични зборови со кои би можеле да се опишат. Друг писател, митрополитот Евстатиј Солунски, современик на тие збиднувања, ги дообјаснува злоделата на латините во Солун: „Улиците“, - раскажува тој, - “се покриени со трупови, кои, благодарение на алчноста на крстоносците, се оставени сосема голи. Човечките тела намерно биле ставени заедно со убиени кокошки, кучиња, магариња и биле поставувани во возмутувачки пози. Телата на упокоените долго биле оставани непогребани, и кога православните

христијани ги молеле крстоносците да им дозволат да ги погребаат, тие со насмевка им одговарале: ние сме навикнати на такви работи, а освен тоа, нивната миризба и глетка ни прават наслада. Жените и девственичките биле жртви на животинските страсти на крстоносците, при што нивниот цинизам немал граници. Немајќи доволно сили да ги издржат тие маки, многу мажи и жени се фрлале од покривите или пак смртта ја барале во длабоките бунари. Никој немал доволно облека. Многумина се сметале за среќни ако имале парче рогозина со која ги покривале своите слабини. Немало доволно ниту леб, и ако христијаните се обраќале кон латините со молба за леб, како одговор добивале понижување и тепање.“

Исто така, настрадала и престолнината на Ви-зантиската империја – Цариград. Крстоносците во нивниот четврти поход го освоиле Цариград во 1204 г. и основале латинска империја на чело со свој император. Православната ерархија била уништена. Заземањето на Цариград било извршено со страшна жестокост и религиозен фанатизам. Никита Хонијат, современик на тоа собитие, во страниците на својата историја забележал неверојатни факти за злосторствата на латините: „По разни нечисти места беа расфрлани делови од телата на мачениците. Божественото Тело и Крв Христови биле фрлани и истурани по земјата. Свештените садови биле земани и користени за домашни

Освојувањето на Константинопол од крстоносците во 1204 г.

Page 46: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 46

потреби. Скапоцениот Престол во храмот Света Софија, крстоносците го искршиле на парчиња и го разделиле помеѓу себе. А некоја жена, прочуена со својот порочен живот, седнала на патријаршискиот трон и пеела непристојни песни, а потоа играла и танцувала во храмот.“

Цариград, кој уште од времето на светиот цар Константин Велики, успешно ги одбивал силните напади на персијците, арапите, аварите, бугарите, србите и печинезите, паднал во рацете на крстоносците. Три дена и три ноќи освојувачите ја разграбувале византиската престолнина и вршеле свирепи насилства. Најскапоцените богатства на најголемиот културен центар на тогашниот свет, станале плен на крстоносците, кои дел од нив уништиле на варварски начин. „Откако е светот и векот, ниту во еден град не е добиен толку плен“, вели крстоносниот историчар Вилардуен. „Дури и Сарацените се милосрдни и благи во споредба со овие луѓе, кои на рамениците го носат Христовиот крст“, забележува византискиот очевидец Никита

Хонијат.

Крстоносците насекаде се оддавале на безредија и престапи. Римокатоличката црковна ерархија, не само што не се обидувала да го спречи дивеењето на крстоносците, туку и го оправдувала. Понекогаш папите ги негирале насилствата на крстоносците, но тоа од нивна страна било само едно дипломатско лукавство. Со тоа папите сакале да покажат дека римокатолицизмот нема ништо заедничко со злосторствата на крстоносците и дека ги осудува. Затоа, според нив, христијаните треба да прават разлика помеѓу крстоносците и римокатолицизмот. Всушност, папите биле задоволни од дејноста на крстоносците. Тие во нив гледале едно многу надежно средство за воспоставување на своето духовно господарство над православниот Исток, за поримокатоличување на православниот свет. Најголем доказ за таа лицемерна папска политика кон православните е однесувањето на папата Инокентиј III при освојувањето на Цариград од страна на

Освојувањето на Константинопол од крстоносците во 1204 г.

Page 47: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 47

крстоносците. Плашејќи се дека падот на христијанската престолнина на Исток нема да даде поволни резултати за Рим, туку само ќе предизвика кај христијаните одвратност кон латините, Инокентиј со силни зборови ги порекнувал постапките на крстоносците. Но, кога тоа незаконско дело било завршено со блескави резултати за Рим – формирање на латинска империја, истиот папа зборувал со сосема друг тон. На тоа злодело, тој му дава промислително значење, дека Бог ја предава Византијската империја во рацете на верните синови на црквата – латините, и искажува надеж дека по заземањето на Цариград, во римокатолицизам ќе се обратат не само византијците, туку и Ерусалим со Александриската Црква.

Благодарение на тие папски планови, латинската пропаганда на Исток во епохата на крстоносните војни зазела огромни размери. Во сите области заземени од латините била поставена латинска црковна ерархија – епископи, митрополити и патријарси. Православната црковна ерархија била прогонувана и мнозина архиереи биле принудени да се разделат од своето паство. Најубавите цркви и манастири, а исто така и сите црковни имоти преминале во рацете на латините. Латинската пропаганда била проследена со такви насилства, што православното население се спасувало со бегство. Така било и во Цариград за време на владеењето на латините во тој град. Папскиот легат Пелагиј (1213 г.) забранил богослужбите да се извршуваат на грчки јазик, во затвор испратил многу православни свештеници и монаси, а похрабрите ги заплашувал со смртна казна. Благодарение на интервенцијата на световната власт и на енергичниот протест на византиските првенци, а плашејќи се од бунт на византискиот народ, било ставено крај на насилствата на тој фанатик.

Имајќи го сето ова во предвид, станува јасно зошто христијаните се радувале на неуспесите на крстоносците во борбите со турците, а

понекогаш христијаните гледале да им наштетат на крстоносците. Имало и случаи кога трпението на православните доаѓало до крај и негодувањето против угнетувачите преминувало во востание против нив.

Кога Византиската империја се ослободила од крстоносците, не можела да се соземе од огромните штети кои ѝ ги нанеле „ослободителите“ на Божјиот Гроб. Внатрешните сили ѝ биле ослабени, а економскиот живот целосно уништен. Православната Црква била ограбена, не само материјално, туку и многу нејзини светињи биле уништени или ограбени од латините и однесени на Запад. Во грабежите на православните светињи особено се истакнало западното духовништво, кое тие свои „подвизи“ не само што не ги негирало, туку и некои од нив, за таа своја дејност спечалиле и слава на „светители“. Така, парискиот игумен Мартин Литц особено се одликувал со својата дрскост при грабежите на православните светињи и од западните хроничари е наречен крадец-светец (praedo sanctus). Од сето ова, во душата на православните христијани се родило такво одбивно чувство против латините, што не останала ни најмала надеж за црковно обединување на Исток и Запад.

Превод:

Братството на Манастирот

Св. Гаврил Лесновски

Page 48: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 48

Големината, тешкотиите и одговорноста на пастирската служба

Според мислењето на св. Јован Златоуст, пастирската служба е толку возвишена, што со неа не може да се спореди ништо

земно, бидејќи таа спаѓа во небесните установи. „Свештенството, вели тој, иако е на земјата, сепак припаѓа на редот на небесните установи. И по својот предмет и назначеност, и по власта, свештенството ги надминува сите други човечки достоинства.“ Додека земните установи, од кои најголема е царската власт, се грижат за „земното“, за надворешните форми и поредокот на општествениот живот, свештенството не се интересира многу за овој земен живот, туку главно се грижи за „небесното“.

Свештениците, вршејќи ја својата должност, непосредно го продолжуваат делото на Господ Исус Христос, Неговата служба за спасение на човечкиот род. Како што Божествениот Врховен Пастир еднаш засекогаш изврши спасение на целиот човечки род, така и Неговите наследници, пастирите, имаат за задача да ги спасуваат душите на поедини луѓе кои им се доверени на нивната грижа.

Светлината е стихија која загрева и оживува. И пастирот, исто така, треба по својата назначеност, душите да ги загрева со љубов и спроведувајќи ги идеите на вистината, правдата и добрата во светот, да го оживотвори светот и да го воскресне од духовната смрт во вечен живот.

Така извонредно големиот позив на пастирот – да биде морален водач на стадото, или според зборовите на св. Јован Златоуст: „да се воспитаат луѓето во највозвишеното и за она што е највозвишено“, – ги надминува сите други позиви. По својата назначеност, пастирската служба е поголема и од царската. „Ние пастирите, не даваме власт над народите и градовите“, вели св. Јован

Златоуст, „туку даваме поинаква власт, поважна и од царската, или поточно, ја даваме благодатта на Св. Дух на сите оние кои ќе ни се обратат. Бидејќи овде, кај нас, тие добиваат власт над пороците и страстите, да го зауздаат гневот, да ја задушат зависта, да ја сузбијат суетата. Ниту царот на престолот не е толку значаен, колку што е значаен човекот, кој во самиот себеси успеал да го подигне здравиот разум на престолот на власта над ропските страсти.“

Свештениците „иако живеат и се наоѓаат на земјата, нивниот глас е пресуден и на небото, бидејќи добиле власт, каква што Бог не им дал ниту на ангелите и архангелите. Зашто им е речено: „Вистина ви велам: сè што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што ќе разрешите на земјата, ќе биде разрешено и на небото. (Мт. 18, 18.).“

Поради повредената човечка природа, која црковниот пастир е должен да ја поправа, кога е на својата работа, во односот кон патствата, тој ни личи не толку на воспитувач, колку на лекар. Св. Јован Златоуст, говорејќи за пастирската служба, со особена сила истакнува дека црковниот пастир мора да ги лечи духовните болести на своето паство.

Познатата евангелска вистина гласи: „Кому му е многу дадено, многу и ќе се бара од него“ (Лк. 12, 48). Колку се поголеми талантите, со кои Господ го обдарил човекот, колку е поголема власта, која ја има по својот чин и положба, толку е поголема и потешка одговорноста на оној, на кого сето тоа му е дадено. Од таа гледна точка, најголемиот повик на човекот – свештеничкиот, со самото тоа повлекува и најголема одговорност. Бог најстрого ќе бара одговор од пастирот, како ја употребил својата извонредна положба на земјата и даруваното му полномоштво да ги спасува човечките души, и колкав е и каков бил неговиот успех. Душата на човекот му е многу мила на Господа. За да ја спаси, Он не ја поштедил ни Својата сопствена крв, а за да

ПАСТИРСКАТА СЛУЖБАпо учењето на св. Јован Златоуст

В. Гладки

пастирско богословие

Page 49: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 49

не го изгуби душата спасението која го добила на овој начин, и повторно паднала во погибел, Господ ја доверил на грижа на пастирот. Пастирот мора да се грижи за душите на целото паство, „бидејќи се задолжени да одговараат“ (Евр. 13, 17) за нив на страшниот суд. Крвта на едниот загинат „ќе се бара од рацете на мрзливиот пастир.“

Ако пак, паството греши, не само затоа што пастирот е негрижлив, туку затоа што и самиот тој ги соблазнува со своето однесување, неговата одговорност ќе биде поголема и потешка.

На пастирската служба и на самата личност на пастирот, св. Јован Златоуст ѝ припишува такви црти и особини, според кои и првата и втората – и пастирската служба и личноста на пастирот – потполно се издвојуваат по своето назначување од сите световни служби и работници. Пастирствувањето не е ниту служба ниту должност, туку потполно посветување на Христос и човештвото во евангелска смисла, – таква служба, чија цел е обновување, спасение на грешникот. Затоа, пастирот не е службено лице во смислата која најчесто му се дава. Според мислењето на св. Јован Златоуст, пастирот е небесен пратеник на земјата, иако е во тело; ополномоштен е од самиот Бог како посредник помеѓу Него и грешните луѓе, и тоа посредник, кој во својата тешка служба за се е одговорен пред Бога.

Основи за успешна пастирска дејност –

духовното расположение и

образование на пастирот

Во делото пастирската дејност, успехот на духовното раѓање, пред си, зависи од богатството на духовниот живот и од она внатрешно расположение, со кое пастирот ѝ приоѓа на својата работа. Во што ја гледа св. Јован Златоуст суштината на тоа идеално пастирско расположение, од кое и зависи успехот на пастирскиот труд, што во себе треба да го создава и поттикнува секој пастир?

Пастирот, најнапред, треба да го сака своето паство со силна родителска љубов. Мајката, која љуби, го живее животот на своите деца, се радува на нивните радости и жали за нивните жалости. Пастирот во својата душа треба да преживува радост и тага поради моралната состојба на своите чеда, и неговата љубов треба да ги опфаќа сите членови од довереното му Христово стадо, не

делејќи ги добрите од лошите. Св. Јован Златоуст вели: „Свештеникот е општ татко на вселената и затоа треба за сите да се грижи, како што и Бог се грижи за сите, на чие служење му е посветен.“ Во тоа токму и се покажува љубовта по Бога, бидејќи се стреми сè да опфати. „Ако едниот го љубиш, а другиот ни, тогаш твојата љубов е човечка.“ Духот на љубовта која сè опфаќа, преживувањето на моралниот живот на парохјаните во себе, подготвеноста да го жртвува и животот за нивно добро, ја сочинува суштината на идеалното пастирско расположение.

Благодатниот дар на сострадалната љубов, добиен во тајната свештенство, пастирот на црквата треба „во себе да го загрева, бидејќи со оваа љубов се условува успехот на духовното раѓање.“ Св. Јован Златоуст длабоко верува во силата и значењето на таквата љубов заради моралното влијание врз луѓето.

Неопходно е, значи, пастирот да го поседува тоа возвишено душевно расположение. Но, поради успех во пастирствувањето, самото тоа не е доволно, како што и за мајката не е доволно да има само љубов кон своето дете, без разлика колку таа љубов е длабока, за да може да го воспита како што треба. Со силата на својата љубов, пастирот може да го задобие своето паство. Но, за да им го објасни идеалот на вистинскиот христијански живот, за да им ги покаже патот и средствата како најдобро може да се дојде до тој идеал, тоа го може само ако има соодветно образование. Образованието на пастирот, според мислењето на св. Јован Златоуст, е друг важен основ за успешна пастирска дејност. Просветувањето на душата треба да биде центар, кон кого ќе се стремат сите сили на пастирот. Овде тие се оживотворуваат и тогаш со поголема енергија дејствуваат на просветувањето на другите. Главно средство пастирот соодветно да се образува е изучувањето на богословските науки, и пред си, изучувањето на Светото писмо, кое е основа на сите останати богословски науки.

Знаењето на Светото писмо е неопходно за пастирот. Прво, затоа што е основа за неговиот сопствен развој, а второ, за да може успешно да ја исполни својата висока обврска: да вкорени во своето паство чисти религиозно-морални поими и убедувања, кои пак, пастирот може да ги усвои само со грижливо изучување на Божјите зборови. Напротив, од незнаењето на Светото писмо произлегува секакво зло. Душата станува кревка

Page 50: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 50

и плашлива, неспособна да ги исполни тешките должности на пастирската служба. Особено внимание пастирот треба да обрне на оние книги во Светото писмо, во кои особено се зборува за пастирството, како што се пастирските посланија на св. ап. Павле и други негови посланија. „Обрнете внимание на тоа, дека Павле во секој дел на своите посланија дава поуки, кои се како порачани за секој учител и пастир на Црквата“, вели св. Јован Златоуст. „Неговите посланија ни користат, не само заради сузбивање на лажното и заштита на вистинското учење, туку и заради напредување во благочестивиот живот“.

За пастирската дејност

Врз основа на горереченото за карактерот на пастирската дејност воопшто, се гледа, со какви средства, според Златоустовото мислење, може и треба пастирот да располага како морален водач на своето паство. Тие средства се: пастирското слово, примерниот живот на пастирот и молитвата. Во силата на тие главни средства пастирот мора да верува.

Пастирското слово, пред сè проповедта во сопствена смисла, е многу важно средство во рацете на пастирот, за морално да се влијае на паството. Пастирот, на прво место, треба да биде проповедник. Проповедта е морален долг на пастирот (1. Кор. 9, 16. 17.). „Да се беседи и проповеда светото Евангелие“, вели св. Јован Златоуст, „за мене тоа е свештенство, жртва која јас ја принесувам.“ Длабоко убеден дека должноста на пастирот е да проповеда, Златоуст со силно воодушевување ја изложува силата на пастирските зборови. Говорејќи во „Слово за свештенството“, за тоа дека пастирот е должен со својот вистински христијански живот да биде пример за своето паство, св. Јован Златоуст продолжува: „По делата, на пастирот му останува едно средство, еден начин на лечење (на душите на парохјаните), – поучувањето со зборови. Ете оружје, ете храна, ете благорастворување на воздухот! Тоа е лек, оган и железо. Ако тоа не влијае, се друго ќе остане без дејство. Со него ние ја издигнуваме паднатата и ја стишуваме разбрануваната душа, отсекуваме сè што е излишно, го надополнуваме она што го нема и правиме сè за нашата душа да биде здрава. Самото слово на пастирот, без никакви други надворешни мерки, е од пресудно значење, бидејќи ги изложува

мислите на Божјите зборови (Јов. 12, 48.).

За да има успех зборот на проповедникот и за да донесе плод, многу е потребно пастирот-проповедник да ја испита основата врз која ќе го сее семето на божественото учење. На пастирот, раководно начело на проповедничката дејност не треба да му биде апстрактна доктрина, која се изложува по ред, туку самата духовна состојба на слушателите, степенот на нивниот умствен и морален развој. Објаснувајќи ја оваа или онаа вистина, пастирот-проповедник треба да знае какви и колкави се поимите, убедувањата и стремежите на слушателите. А потоа слушателите, од духовната состојба во која се наоѓаат, ќе ги води кон нова. Тоа е основно начело на секое убедување и кон него се придржувале и апостолите во нивната проповедничка дејност.

И кога не успева, и кога има големи успеси со своите проповеди, црковниот пастир мора да биде неуморен проповедник. Сили за тоа секогаш ќе најде, само ако се зацврсти во мислата дека, успехот и неуспехот на проповедта не зависат од него, тоа

Page 51: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 51

е дело на благодатта Божја: таа ги наоѓа срцата способни да ја примат пораката на пастирот. Таа ги раздразнува и срцата на парохјаните и тие сосема ги пренебрегнуваат зборовите на учителот (1 Кор. 3, 5-9). Пастирот треба да се смета себеси за сад и слуга на Божјата благодат: тој е силен со благодатта, а благодатта го зајакнува неговото проповедничко дело (2 Кор. 12, 9).

Зборот на пастирот треба да биде и збор на љубов и кротост. „Нам (црковните учители) не ни е толку потребна смелост кога сакаме да изобличуваме. Попотребна ни е кротоста од смелоста, зашто грешниците од никого толку не се оттргнуваат и никого толку не мразат, како што го мразат оној кој ги изобличува. Тие бараат било каква причина за да ги избегнат прекорите. Затоа треба да ги задржуваме со кротост и снисходливост. Грешниците не можат да го поднесат разобличувачот, не само кога го слушаат неговиот глас, но и само кога ќе го видат.“ И не само што од устата на пастирот треба да излегува збор на кротост, туку и збор на трпеливоста (2. Тим. 4, 2). „Зашто, вели Златоуст, нема позгоден

лек во рацете на учителот, а и покорисен за воспитаниците, од трпеливоста. Со неа свештеникот може да го посрами и обрати и најбесрамниот парохјанин.“

Но, поради својата љубов, кротост и трпеливост, пастирот не треба да биде снисходлив „кон сите слабости на своите духовни чеда. Кога ќе се појави погоден случај, тој мора да го изобличи порокот на грешникот со сета строгост на оној што има власт. И при исправање на живо-тот на паството, некогаш е потребен збор на кротост, а понекогаш и збор на изобличување. Како што е штетно непромисленото осудување, така и кога грешниците јавно не се изобличуваат значи, и на другите им се отвора пат по кој ќе се обидат да одат.

Единствени вистински плодови, кои пастирот треба да ги очекува од својата проповедничка дејност, тоа е потполниот морален препород на своите парохјани; во нивните души да се зацари мир и радост во Светиот Дух, – Царство Божјо (Рим. 14, 17), – сето останато нема поголема важност во неговата служба.

Времето на исповедта е најзгодно средство за пастирски совети и прекори, но не е и единствено. Телесниот лекар не доаѓа

кај болниот неповикан, но духовниот лекар не треба во ова да го подражава. Пастирот не е само лекар, туку и грижлив отец. Како грижлив отец, тој самиот ќе го побара оној кој страда од лоша гревовна болест и ќе оди кај него без да биде повикан, за со својата присутност и со зборови да го подигне од онаа бездна, кон која го влече неговата гревовна страст, и ќе му го понуди лекот, кој ќе му го означи неговото искуство и пастирска љубов.

Со својата жива љубов, пастирот не треба га го остава заблудениот од своето патство, веднаш по еден или два неуспешни совети и поуки, – не треба да го остава на самиот себе и да го лиши од својата грижа, сè додека е во бројот на неговите парохјани. Пастирот не треба да се буни, ако се увери дека нема да има плодови, колку и тој да зборува. Должност е на пастирот да посади и залива, а Господово е да никне и да израсне.

Освен пастирските поуки, важно средство за морално управување со паството е и примерниот живот на пастирот. Од нашиот секојдневен живот

Page 52: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 52

знаеме, дека понекогаш добриот пример е подобар од секој збор. Затоа, од црковниот пастир се бара, со својот благочестив и полн со добродетели живот, да послужи како пример на парохијаните и како доказ дека можат да се исполнат сите Христови заповеди. Пастирите треба да бидат светилници на Христовото учење и во сè треба така да постапуваат, за со право да го носат тоа големо име. „Животот на пастирот е најдобро средство за морално управување со паството“, вели св. Јован Златоуст. „Во ова е големата улога на учителот – своите ученици да ги воспитува со своите добродетели. Учителот не треба да поучува само со зборови, но и со дела: „Оној што ќе исполни и поучи, тој ќе се нарече голем во царството небесно“ (Мт. 5, 19.). Сосема е така, зашто да се покажеш мудар во зборовите е лесна работа. А да се биде мудар на дело, тоа може само храбрата и голема душа“. „Ништо не привлекува толку кон вистината, како праведниот живот. Бидејќи, луѓето не внимаваат толку на зборовите, колку на нашите дела... ако делото е добро, по него и да изостане поуката, самото дело појасно ќе ги поучи оние кои нѐ гледаат“. Живиот пример – животот на пастирот, најнапред ќе ги убеди парохјаните дека практично е возможно да се следи евангелската наука, а потоа, тоа ќе ги загрее да го следат тој пример. Освен тоа, живиот пример секогаш пред нивните очи ќе им служи како образец, пат, по кој се доаѓа до спасение.

Освен тоа, примерниот живот на пастирот

има големо значење и е неопходен услов, кон Христа да се обратат и луѓе, кои не ја исповедаат христијанската вера (атеисти, еретици). Св. Јован Златоуст длабоко верува дека христијанството не го победило светот со човечка мудрост, но со жива активна вера, со возвишени дела, пред кои светот се поклони. И затоа, чистиот живот на христијанското општество, во кое има и отпаднати од верата, а особено строгиот христијански живот на пастирот, е најдобро и најсигурно оружје против заблудените.

„Кога на неверниците ќе им покажеме нов живот“, вели св. Јован Златоуст, „кога од земјата ќе создадеме небо, тогаш тие јасно ќе видат од какви блага се лишени. Кога ќе видат дека убаво живееме, во тоа ќе го видат Царството небесно.“ Наведените зборови на св. Јован Златоуст се однесуваат на сите христијани, но најмногу се однесуваат на пастирот, како претставник и исповедник на христијанските убедувања. И во другите свои беседи св. Јован Златоуст често ја нагласува мислата, дека зборот на пастирот може да го убеди заблудениот; – знаците и чудата се поубедливи од зборовите, „а благочестивиот живот на пастирот, особено христијанската љубов, се поубедливи и од знаците и чудата.“

Бидејќи личноста на пастирот толку многу значи за паството, пастирот така треба да го уреди својот живот, за со право да може да рече за себе со апостолското свето уверување: „Угледајте се на мене, како јас на Христос.“ Во животот на пастирот не смее да има дела и постапки, кои можат да

Page 53: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 53

го соблазнуваат неговото паство. А кога тоа ќе се случи, неможе да го оправда причината, дека парохјаните „неразмислено се соблазнуваат“ поради неговото однесување. „Немоќта на оние кои се соблазнети не е доволна да ве оправда; поради неа особено ќе бидеме осудени. Бидејќи, што сме почисти од соблазнителни дела, толку сме во поголема можност да ги поштедиме немоќните.“

Како „посредник помеѓу Бога и луѓето“, како „општ татко на сите“, пастирот има право и должност да се моли за своето паство пред престолот Божји, за да го умилостивува Бога поради гревовите на сите, не само за живите, туку и за упокоените. За спасение на неговите духовни чеда, покрај примерниот живот на пастирот и поуките, потребна е и молитвата.

Длабоко и цврсто уверен во силата и значењето на молитвата, св. Јован Златоуст ја нагласува како особена должност на пастирот. Молитвата за народот е особена одлика на мудриот и добар пастир. Таа е израз на неговата татковска љубов кон своето паство и морално го соединува со неа.

Како израз на татковска љубов, молитвата на пастирот ги побудува и парохијаните да се молат за својот пастир, и со тие заеднички молитви помеѓу нив се создава онаа духовна врска, која е залог за остварување на царството Божјо на земјата. И самиот св. Јован Златоуст, во заемните молитви на пастирот и паството гледа тесна врска на љубовта, која никаква сила неможе да ја раскине. Молејќи го своето паство да се моли за него, и укажувајќи на своите молитви за паството, св. Златоуст вели: „да се соединиме еден со друг, да се споиме со врската на љубовта, толку силно, ништо да не може да нѐ раздвои.“

Оваа важна пастирска должност – да се моли за своето патство – треба да се врши, не немарно, туку со голема стравопочит и чистота, како душевна, така и телесна.

„И навистина, по зборовите на Златоуст, треба да се издигнеш над човечката природа и да се ослободиш од слабостите човечки, па тогаш да застанеш пред престолот Божји.“ Длабоко почитувајќи ја пастирската служба, св. Јован Златоуст затоа и бара, свештенодејствата, како и другите црковни молитвословија, а особено Светата литургија, свештеникот да ги врши со голема стравопочит, сфатено во смисла на длабоко смирение, и пропратено со чувствување на светата вера, љубов и потполно предавање на Бога.

Пастирските грижи и неволи, нивното значење

и односот на пастирот кон нив

Пастирот е член на царството Божјо и тој треба да се стреми кон небесните живеалишта на Отецот небесен и непрестајно да се грижи за своето морално усовршување. Во тоа стремеж, каква улога има неговиот пастирски труд? – Самиот пастирски труд, кога се врши како што треба, доволен е да ја оправда смелата надеж на пастирот, дека ќе биде вечен наследник на Царството небесно.

Своите неволи и искушенија, пастирот треба да ги смета како особено дејство на Божјата промисла, зашто неволите и искушенијата се услов за негово морално усовршување и духовно напредување.

Но, не е само во тоа целата смисла и значење на пастирските грижи и проблеми. Доколку пастирот поднесува проблеми и лишувања заради делото Христово, тогаш тој преку неволите на своето пастирско служење, станува учесник во страдањата Христови (Фил. 1, 19. 20; 1 Петр. 4, 12. 13; Рим. 5, 1-10), а следствено и во славата Христова.

И така, пастирската служба е полна со тешки маки, лишување и проблеми, но тие маки и лишувања му даваат на пастирот најголеми духовни радости. Пастирот, кој вистински ја врши својата служба, ги препородува своите парохјани за духовен благодатен живот и тие постануваат учесници во вечното блаженство. А тој, бидејќи, трпејќи зло, добро се борел (2 Тим. 4, 5, 7), при завршетокот на својата служба, смело и радосно ќе појде таму со надеж, дека во последниот ден ќе застане од десната страна на Судијата со своите духовни деца (Евр. 2, 13), и кога ќе се јави Пастироначалникот, ќе добие венец на слава што никогаш не свенува (1 Петр. 5, 4).

Превод:

Братството на Манастирот

Св. Гаврил Лесновски

Page 54: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 54

Имајте постојано сеќавање на смртта“ – рекол Господ Исус Христос, нашиот Бог, а тоа го повторуваат и сите Свети Отци. Што,

всушност тоа значи?

Тоа значи, секој од нас, барем една секунда во секојдневниот живот, да помисли на смртта, односно на оној момент кога душата заминува во вечен живот. Тогаш помалку ќе грешиме, и нема да го правиме сето ова од што се срамат нашите дедовци и прадедовци.

Смртта, како сама смрт, за нас христијаните не е крај на животот, туку напротив, почеток на оној вечен живот кој ни бил даден во рајот, а којшто нашите прародители, заради својата непослушност го изгубиле и сега мора со очистување и покајание да се заслужи.

Затоа, вечниот живот може да биде во радост, но и во тага. Зашто не постои мртов човек; постои само жив во Бога, во пределите рајски, но и оној другиот, во пределите подготвени само за сатаната, а тоа е пеколот, не дај Боже било кој таму да стигне.

Блаженоупокоениот големосхимник, отец Агатон, дваесет и повеќе години пред да се упокои, имал сè спремно за денот „кога ќе појде дома“. Така зборувал...

Да! Во светот, кога човек ќе се упокои, роднините плачат. Во манастирите, кај монасите, тогаш најмногу се пее. Односно, опело, парастоси, помени... Сè во Православната Црква е врзано за пеењето, а најголемите химни ги напишал св. Јован Дамаскин.

Многумина размислуваат: „Кога би го знаеле барем моментот на заминувањето...?“

Таман работа! Смртниот час не му е познат на човекот и добро е што е така, зашто, ако човекот го знае, многу работи би направил, но секако, ништо добро. Тоа би било во стилот: „Ќе живеам како што ми се живее, а тогаш, пред смртниот час ќе се крстам и ќе се покајам!“ или „Сега ќе правам што сакам, а подоцна малку ќе се поправам!“

Така, смртниот час е голема тајна, а со тоа стравот од смртта е поголем!

Сите го имаме и го чуствуваме тој страв, макар што некој и ќе се „пофали“ дека тој страв го победил. Очигледно, во прашање е недоразбирање, зашто всушност се работи за „различни стравови“. Па, од што треба да се плашиме во моментот на заминувањето на душата?

Нека ова раскажување за смртта и стравот, биде повик да се согледаме себеси и да видиме колку сме духовно пораснати; дури тогаш ќе знаеме дали сме спремни да мислиме за смртта или не.

И нека овој расказ биде на корист и радост за човечката душа, а нека биде и поука, зашто нашиот Хиландар и монасите во него, веќе осумстотини години се трудат да помогнат...

Во секојдневниот живот, секако исклучувајќи ги манастирите, сè е некако така подредено, што човек нема многу време да мисли на смртта. А кога, барем малку би помислил, макар толку, колку што кога ќе помине крај гробиштата, да се сети на тие што почиваат тука, а кои всушност го продолжиле својот пат, зашто не завршува сè тука, на гробиштата... тогаш многу работи поинаку би ги правеле и многу глупости не би се случувале.

Повторно за пример ќе го земеме манастирот Хиландар. Секој ден, за време на јадењето, се читаат Житија и скоро сите говорат за патот на одредени Светители од раѓањето до смртта и за преминот на нивните души во вечен живот, што значи преминување во Рајот. Тие се свесни и го чуствуваат доаѓањето на телесната смрт и не изразуваат страв заради тоа, туку се преиспитуваат себеси што во текот на животот, евентуално, направиле лошо за да можат да се покајат.

Наше секојдневно огледало треба да биде Евангелието, а прашање е дали во него навистина сме се огледале или не. Особено ако знаеме дека во текот на денот, сме имале прилика да направиме многу добра, како на сиромашните, така и на своите ближни.

За простување потребна е само добра волја и два збора кои монасите секогаш ги спомнуваат: „Прости“ и „Благослови“, а се сеќаваме и на поуката,

ЗА СЕЌАВАЊЕТО НА СМРТТАХиландарски монаси

православен духовен живот

Page 55: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 55

добиена од нашите старци, а тоа е дека за кавга се „потребни двајца“ и едноставно, не треба да се биде вториот во тоа.

Значи, во текот на денот, во самото семејство, на работа со колегите и воопшто било каде, треба да имаме согласие, а тоа не значи сите исто да мислиме, туку само да избегнуваме да дојде до затегнувања и поделби, па меѓусебно да се гледаме како непријатели. Зашто, кога би имале време и трпение да ги сослушаме своите соговорници, многу грешки би биле заобиколени и избегнати. Всушност, дошла криза; немаме време за другиот, а како тогаш, ќе застанеме на молитва навечер и од Господа ќе бараме нешто да ни направи или да отстрани нешто од она, што нѐ мачи, кога и ние самите не сме го направиле тоа на својот ближен?!?

Во гласот на совеста кај Светогорците секогаш се слуша: „Не си му направил на ближниот, значи не си ми направил на Мене!“ Зашто, тој „ближен“, за нив е секогаш и секогаш – Христос. Така, во моментот доаѓа до кочење, а тоа значи да не направат грешки, макар и мали и да имаат духовен мир, за навечер да Му заблагодарат на Господа и по милоста Своја, Тој да им го подари и утрешниот ден кој ќе го поминат според Евангелието и така живеејќи, не се плашат од смртта и мирно ја чекаат средбата со Христа односно со Господа.

Е, таа неизвесност на средбата со Господа, тоа е тој страв.

Смртта – тоа е врата преку која мора да поминеме, за да се сретнеме со друг, подобар, вечен живот.

Кога човечката душа го напушта трулежното тело, кое станува мртво и се предава на земјата,

таа го продолжува патот, поминува низ таа врата и наидува на пречки.

Кога тоа го знаеме, секој од нас длабоко ќе се замисли над својот живот и на тоа како го поминуваме.

Еден од големите духовници на Света Гора, говореше дека најдобар начин на исповедување е, кога човек ќе си го врати својот живот во мислите и кога ќе согледа сè што погрешил, а ќе се сети што исповедал. Поразбирливо, можеби, а и подиректно кажано: треба да се врати животот од првиот свесен ден и да се почне со чистење. Тоа е всушност, тоа покајание со кое се намалува стравот од смртта и од сè што нѐ чека, на патот до гробот...

Патот на душата

Кога душата го напушта телото, оди во пресрет на Ангелот чувар, кого душата го добила на крштевањето.

Односно, ако душата не е крстена или се во прашање големи гревови, а не се покајала, тогаш, за жал, душата оди во пределите на темнината, зашто се знае дека таа душа ја следат силите на злото!

Крстената и покајана душа, значи, во придружба на ангелот, три дена ги поминува сите места кои во текот на животот ги посетувала и правела добро или зло и се потсетува на сè за, всушност, самата совест да ја обвини душата, ако направила нешто лошо, а не се покајала, не го избришала тоа и не го очистила со своето покајание во солзи.

Page 56: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 56

По три дена, на поклонувањето пред Господа, душата добива благослов, односно можност, во придружба на Ангелот, кој ја чува душата, да ги помине рајските населби кадешто пребиваат душите на светиите и праведниците, а по деветтиот ден, по второто поклонување пред Господа, ангелите ја водат низ темните места кои се подготвени за сатаната и неговите слуги, отпаднатите ангели.

Знаеме дека тие места не биле предвидени за човекот. За наша несреќа и тага, меѓутоа, се случува да има луѓе, кои по својата слабост, им служат на тие сили и непокајани, заминуваат во тие предели, зашто не се спремни за светлосните пребивалишта.

Откако ќе се навршат четириесет дена, душата повторно оди на поклонение и излегува на таканаречениот привремен Суд, каде што ѝ се дава според заслугата и по милоста Божја, макар што нас монасите нѐ потсетуваат дека душата добива по милоста Божја, а дури потоа – по заслуга, зашто човек никогаш не може многу да заслужи, туку верата и љубовта и милоста Божја ни даваат можност да се најдеме во радосните предели и тука да престојуваме до Страшниот Суд.

Оние кои тогаш, на четириесетдневното поклонение пред Господа, не добиле место во радоста, туку поради своите слабости, се оневозможени да престојуваат во светлите предели, остануваат надвор од тој домен и одат во места кои што одговараат на духовната состојба на таа душа.

Како што говореше еден духовник:

„Штом ќе ја отвориш устата, јас знам што имаш во срцето, зашто тоа што ти е во срцето, тоа ти е и на устата!“

За среќа, затоа што милоста Божја е безмерна, тие души не одат на спомнатите места засекогаш, туку и на нив им е оставена можност. Всушност, тие сами за себе, веќе ништо не можат да направат, но по заслуга, односно по молитвите на Црквата, роднините, пријателите, на следниот Велики Четврток, кога се случува ткн. отпишување на долговите, можно е да добијат преселување. Или следниот Велики Четврток... или следниот... во денот, значи, кога Господ ја востановил Светата Тајна Причест. Тогаш, душата почнува да живее во светли места, места на свежина и одмор, а тоа е

Page 57: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 57

тогаш, радост за сите нас кои сме Му се молеле на Господа.

Молитвите, кои се вршат во храмовите, а тоа е пред сѐ, Светата Литургија, најмногу што може да се даде како жртва. Потоа, парастаси, помени, палење на кандила, давање милостина за душата на упокоениот.

Има и други подвизи: метании, пост, лишување од еден оброк, кој се „поклонува“ на упокоениот кого што го сакаме, па има подвиг на неспиење; да се одвои некој час од нормалното спиење; никого да не налутиме, да го правиме подвигот на простување, помирување... Познато е дека во некои краишта, роднините на починатиот, ако тој не стигнал со некој да се помири, одат и го прават тоа наместо него; тоа е многу корисно за неговата душа.

Кога говориме за молитвите и останатите подвизи наменети за упокоениот, ако тој живеел според волјата Божја, па не му се потребни, тогаш тие жртви остануваат за нас самите, односно не пропаѓаат! Остануваат во вечноста како и секој наш збор; тие имаат сила, не можат да се избришат, остануваат вечно запишани.

Молитви, подвизи, метании, бројаници... тоа се бисери кои се корисни за душата. Не е потребно да се плаче на гробот, да се донесува цвеќе и венци. Не само што не се корисни за душата, туку се и штетни, како остаток од незнабожечките обичаи. Истото се однесува и за големите споменици, кои чинат многу, а на нив нема ништо корисно. Еден крст и малку податоци доволно е за обележување на еден христијанин. „Куќи“ и „вили“ по гробовите, дури и со телевизори, никнуваат по совет на сатаната; вистинска корист за покојникот би било, кога тие пари ќе се дадат на храмот кој се обновува, да се поклонат кандила кои постојано ќе горат пред иконите, да се дарува на сиромашните и бедните.

Солзи преточени во дијаманти

Во манастирите се прават посебни подвизи за упокоените, како што се четириесетдневното споменување на литургија и секоја сабота се прави парастас за сите упокоени православни христијани; тоа се списоци со илјадници имиња.

Молитвата за упокоените е чувство на секој човек. Оној кој привремено изгубил некој свој сакан: мајка, татко, брат, сестра, жена, пријател... може и понатаму да биде во врска со нив, но во молитвите.

„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ја душата на упокоената сестра Љубица!“. Ако е во рајот, таа или тој, тоа го чуствуваат. Поедноставно речено – како разговор по телефон. Зашто тие во Рајот не се мртви, се молат за нас и возвраќаат со љубов. Во тоа е и големината на христијанството, што љубовта не е само во еден правец, туку се враќа.

Тие молитви се најголем дар, суво злато и дијаманти за нив, зашто тие, што направиле во животот – направиле, сега останува да правиме ние за нив. А расказот за солзите преточени во дијаманти, потекнува од еден манастир.

Имено, кога се упокоил еден монах во Господа, кој по природа, бил малку непослушен и навреме и со љубов не ги исполнувал послушанијата кои му ги давал игуменот, братството било многу тажно. Игуменот имал откровение од Бога дека, починатиот брат е во пределите на темнината, па сите ги засилиле молитвите. По четириесет дена, игуменот имал повторно откровение дека Господ ги услишал нивните молитви и ги утешил браќата, па упокоениот преминал во место на радост.

Во моментот кога душата преминувала во Рајот, игуменот видел како се расправаат Ангелот чувар и сатаната. Нечестивиот се бунел зошто душата преоѓа, велејќи дека тоа е неправедно, зашто починатиот брат имал на списокот многу немарности, а Ангелот одговорил:

„Оди до манастирот, па ако можеш да издржиш таму еден час, земи ја душата назад!“. Овој рекол дека не може да се приближи ни до првиот рид, зашто молитвата е толку силна, а особено го печат солзите за овој брат, кои се преточени во дијаманти.

„Да се погрижиме за смртниот час...“

Секој ден треба да имаме сеќавање на смртта и на Страшниот Суд.

Светиот отец Нил Сорски, на пример, вели: „Отците говорат дека за нашиот духовен пат е многу корисно и потребно постојаното сеќавање на смртта и страшниот Суд“, а Филотеј Синаитски на ова додал дури и правило или редослед: „Од утрото до времето предвидено за храна, биди со сеќавање на Бога, т.е. во молитва и чување на срцето. А потоа, принесувајќи слава на Бога, потони со умот во размислување за смртта и за Судот. Кој се предава себеси на овие мисли, тој најпрво треба да ги има на

Page 58: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 58

ум овие зборови Господови:

„Оваа ноќ ќе ја побараат твојата душа од тебе. За секој празен збор, ќе дадеш одговор во денот на Судот, а што излегува од срцето, тоа го осквернува човекот!“

Или зборовите на светиот Апостол: „Крајот на сè се приближува. Денот Господов ќе дојде како крадец во ноќта. Еднаш на сите им е одредено да се јават на Судот Христов, зашто зборот Божји е жив и делотворен и ги суди намерите и помислите на срцата.“

Таткото на монаштвото, св. Антониј Велики, вели:

„Во себе треба да мислиме дека нема да го доживееме ни крајот на денешниот ден“.

Свети Јован Лествичник пишува:

„Спомнувај си за своите последни мигови и нема никогаш да згрешиш и сеќавањето на смртта секогаш нека биде со тебе“.

Свети Исак Сириски рекол:

„Секогаш носи го, човеку, во срцето свое сеќавањето за твоето заминување.“

Сите Светии постојано го имале ова сеќавање на смртта, а нив ги следеле сите кои барале спасение. И не само светителскиот, туку и поедноставениот облик на мудроста, кажува дека сеќавањето на смртта е неопходно во постигнувањето на духовно совршенство.

И што да правиме ние, страсните и немоќните? Како да научиме макар малку, за почеток, да засадиме и вкорениме во своите срца сеќавање на смртта?

„Во своето совршенство и полнота, сеќавањето на смртта и Судот, е дар и чудесна Божја благодат“ рекол Свети Исак. А нашата непостојаност, лекомисленост и тажната заборавност, е голема пречка на патот на нашето утврдување во сеќавањето на последниот ден, т.е. на смртта, Судот, Адот и вечното блаженство. Ние често ги повикуваме во памтењето, понекогаш разговараме меѓусебно за смртта, но во длабочината на своето срце, не можеме да ја вкорениме оваа мисла. Без оглед на тоа, да не бидеме малодушни и да не го прекинуваме својот труд во тоа, зашто со помош Божја, преку постојан напор и упорен труд, ќе го постигнеме саканиот успех. Кој сака да успее во тоа, треба вака да постапи: добро да запамти што е кажано, да сфати колку е неопходно и корисно сеќавањето на смртта и да се увери дека, како што

лебот најпотребен од јадењето, така и паметењето на смртта е поважно од сите добродетели; како што е невозможно гладниот да не мисли на леб, така и за оној кој се стреми кон спасение, невозможно е да не мисли на смртта. Потоа, нека го собере својот ум и нека го восредоточи на зборовите кои ги запишале Светите во своите дела, за различните и страшни облици на смртта.

Еве, на пример, што кажува Преподобниот Нил:

„Мислам дека ни е корисно да се сеќаваме и на оние различните начини на смртта, кои се случиле во наше време или во блиску до нас време, за коишто сме слушале или чиишто сведоци сме биле. Знаеме многу луѓе, не само меѓу мирјаните, туку и меѓу монасите кои живееле безгрижно, се предавале на убавините на овој живот, негувале надеж на долг живот, бидејќи по годините биле далеку од староста, а наеднаш ги покосила ненадејна смрт. Многумина од нив смртниот час ги достигнал со таква брзина, што немале време ниту за последно опростување. Едни смртта ги затекнала додека стоеле или седеле, други го испуштиле последниот здив додека јаделе или пиеле, некои завршиле одејќи по пат, некои заспале со вечен сон на постела, а некои, како што знаеме, во последниот час, се подложувале на телесни напори, толку страшни и мачни, што е тешко и да се замисли.

„Кој има очи да види и уши да чуе“

Сеќавајќи се на сето тоа, да размислиме каде се нашите пријатели и познати?!? Што останало сега од оние кои овде уживале во почести, слава, гостољубие, хранејќи се со богатство и изобилие на материјални добра. Зарем сето тоа не се претворило во пепел, чад и прав?!?

Да се сетиме на химнописецот св.Јован Дамаскин, кој за тоа говорел:

„Има ли животна сладост а да не е помешана со Бога. Или, која слава на земјата е неминлива? Зарем не е немоќна како сенка и лажлива како сон? Во еден момент, смртта сето тоа го однесува! И, сета суета од овој живот, нема да ни користи по смртта! Богатството од овој свет, не се преселува таму, ниту со нас оди славата на овој век, туку смртта, кога ќе дојде, го урива сето тоа. Затоа, разбирајќи ја суетата на овој век, зошто напразно да се возбудуваме, врзувајќи се за минливото? Патот, по кој што одиме, краток е! Нашиот живот е дим,

Page 59: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 59

магла, прав и пепел; настанува и брзо исчезнува. Дури не треба ниту да го нарекуваме „пат“; и од патот е полош!“ – според зборовите на Златоуст. „Зашто, патникот“ – заклучува Светиот – „оди таму каде што сака, а каде не сака, тој не оди. И, кога ќе се најде во гостилница, знае кога дошол и кога треба да оди. Дошол вечерта, наутро заминува, а ако посака, ќе остане подолго или ќе тргне порано“.

А ние, сакале или не, мораме неодложно да заминеме од овој свет. И, времето на нашето заминување не го знаеме. И, не зависи од нашата волја, колку време ќе останеме овде, макар ние тоа и да го посакуваме, а тогаш одеднаш надоаѓа на нас, навистина, страшното таинство на смртта. Душата со мака се разделува од телото, кинејќи ги - по волја Божја - и пресечувајќи ги врските, утврдени со нивниот природен спој. И, што да направиме тогаш, ако не сме се подготвиле и ако нѐ затекне неподготвени? Тогаш, во тој страшен момент, ќе разбереме колку е голем напорот на душата која се разделува со телото. И, колку е тогаш, силен, нејзиниот плач. Кој тогаш ќе ѝ помогне? Ќе го впери погледот таа кон Ангелите и ќе ги моли, но бесполезно. Ќе ги шири рацете свои кон луѓето, но нема да најде помош од никого, освен од Бога и од добрите дела.

„Затоа“ - вели Светиот отец, Нил Сорски - „сфакајќи ја краткотрајноста на нашиот живот, да се погрижиме за смртниот час, не предававајќи се на бескорисните грижи од овој свет!“.

Да го читаме, мили браќа и сестри, Светото Писмо, таа книга над книгите. Во неа пишува:

„Залудно се грижи секој човек. Дури и кога целиот свет би го задобиле за себе, кога ќе се најдеме во гробот, ништо нема да имаме од овој свет: ниту убавина, ниту слава, ниту власт, ниту било какво овдешно богатство.“

Еве, гледаме во гробот. И, што гледаме? Ја гледаме нашата создадена убавина, безоблична, неславна, лишена од добрина. Гледајќи ги долу коските, препознаваме ли кој е Цар, кој е сиромав, кој е славен, кој неславен...? Каде е убавината и величието на овој свет? Зарем не се претворило сè во смрдеа и одвратност? И, ете, сè заслепувачко и многупосакувано, станало непотребно и ништожно. Како што паѓа овенатиот цвет, како што се губи сенката, така исчезнува и сè човечко. Шокирани од таквото преобразување, да изговориме во својата душа – каква глетка! Каква е таа тајна што се случува со нас? Како сме изложени на гнилежот?

Како сме врзани за смртта? Навистина, според Божјата заповед, како што е напишано!

Адам, поради прекршувањето на заповедта, достигнал до болести и до секаква беда и поради вкусување на рајскиот плод, кога змијата го изродила пеколот од себе, настапила синаследна, поразителна смрт. Но Владиката, предвидувајќи ја смртта и поставувајќи граници, со длабочината на својата неискажлива мудрост, дојде сакајќи да нè научи на добро живеење и ја сотре змијата и дарувајќи ни го Воскресението, своите слуги ги преселува во вечен живот.

Затоа, да го примиме со својот ум, второто доаѓање Господово и нашето Воскресение и страшниот Суд, сеќавајќи се што сè говори за тоа Господ во Своето Евангелие – како што напишал Богогласниот Матеј:

„И, веднаш по неволите, тие денови Сонцето ќе се помрачи и Месечината ќе ја изгуби својата светлина и ѕвездите ќе попаѓаат од небото и силите Небесни ќе попуштат и тогаш ќе се покаже знакот на Синот Човечки на небото и тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата и ќе го здогледаат Синот Човечки како иде на облаците небесни, со сила и голема слава. И, ќе ги прати Ангелите Свои, со голем трубен глас и ќе ги собере избраните Свои, од четирите ветра, од крајот до крајот на Небесата ...“

А, возљубениот ученик Господов, Богогласниот Јован ги пренесува следните Негови зборови:

„Доаѓа часот во кој сите што се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји. И, ќе излезат оние кои правеле добро во Воскресение на животот, а оние кои правеле зло, во воскресение на Судот.“

И пак, Евангелистот Матеј пишува:

„А, кога ќе дојде Синот Човечки во славата Своја и сите Свети Ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Славата Своја и ќе се соберат пред Него сите народи и ќе ги раздели помеѓу себе, како што пастирот ги разделува овците. И, ќе ги постави овците од десната страна на Себеси, а козите од левата. Тогаш ќе им рече Царот на оние од десната страна: „Дојдете, благословени од Мојот Отец, наследете го Царството кое ви е подготвено од постанокот на светот!“ Тогаш ќе им рече на оние од левата страна: „Одете од Мене проклети, во вечниот оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели“. И ќе отидат овие во вечна казна, а праведниците во живот вечен“.

Page 60: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 60

Кратки поуки од Светите Отци

за сеќавањето на смртта

Смртта невидливо оди по човекот и го стигнува таму кадешто тој не се надевал и во време коешто не го очекувал. Затоа, биди секогаш таков, каков што сакаш да бидеш на крајот. Размислувај за тоа, бдеј над себеси, и нема да посакаш ниту чест, ниту слава, ниту богатство, ниту било какви други повластици и наслади од овој свет. Мисли дека ќе умреш денес или утре: тогаш сета суета ќе исчезне од твоето срце. Зошто му се почести, слава, богатство и повластици на човекот на крајот од неговиот живот? Понуди му царство, златни планини – тој нема да обрне никакво внимание на таквите понуди. Само една мисла и една грижа него го измачуваат: како да се замине оттука со надеж на спасение и вечно блаженство. Стекни од денес и ти такво настроение: секој ден од својот живот сметај го за последен и очекувај твојот Господ да те повика. При такво настроение ништо во светот нема да те привлекува, и ако постојано бидеш на оваа стража и бдееш, твојот крај ќе биде среќен... (св. Тихон Задонски).

Сатаната ја мрази помислата на смртта и се труди со сите сили да ја изгони од човекот. И ако би било можно, би ги дал и сите царства на овој свет, само за со разоноди да ја избрише во човековиот ум таквата помисла. Зашто знае, лукавиот, дека додека оваа мисла се наоѓа во човекот, неговите

лукавства нема да успеат да му се приближат (св. Исак Сириски).

Вистинска смрт е кога душата ќе се одвои од божествената благодат и ќе се здружи со гревот. Таквата смрт треба да ја избегнуваме и да се плашиме од неа повеќе отколку од пеколните маки (св. Григориј Палама).

Не треба да се плашиме од телесната смрт, туку да се боиме од душевната погибел, која е незнаење за Бога. Ете тоа е ужасно за душата (св. Антониј Велики).

Смртта е страшна за грешниците, а е радост за праведниците (св. Ефрем Сириски).

За праведниците смртта е премин во подобар живот (св. Василиј Велики).

По Господовото Воскресение, смртта не е повеќе страшна за оние кои веруваат во Христа (св. Јован Златоуст).

Смртта за христијанинот треба да биде радост, зашто од овој живот преоѓа во Царството небесно и во вечниот живот (св. Теодор Студит).

Превод:

Ѓакон Емил Атанасов

Page 61: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 61

боенка

А кога

Исус се

роди во

Витлеем

Јудејски,

во дните на

цар

Ирод,

ете

, мудреци

од исток пристигнаа

во Ерусалим

... И

кога влегоа

во куќата

, го видоа Детето со

Неговата

мајка

Марија,

и паднаа ничкум

и Му се

поклонија

; ги

отворија своите

сокровишта

и Му принесоа

дарови:

злато

, темјан и смирна

. (Mатеј

. 2:1

,11)

Page 62: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 62

Преосветување на црква во с. Град – делчевскоНа 19. 09. 2010 година, (17-та Недела по Педесетница, Чудата на св. арх. Михаил, св. мч. Созонт), Неговото

Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, ја преосвети црквата посветена на Светиот маченик Георгиј во село Град, делчевско и отслужи света архиерејска Литургија. На крајот од светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа, повикувајќи ги луѓето на меѓусебна Христова љубов и на верниците од село Град им го честита преосветувањето.

Семакедонски православен собор во ШтипНа 03. 10. 2010 година, (Собор на сите македонски светители, Св. вмч. Евстатиј Плакида), Неговото Блаженство Архиепископот

Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Нивните Високипреосвештенства: Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско - новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Американско-канадски г. Методиј и надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на архимандрит Нехтариј, игуменот Дамаскин и свештеници од МПЦ и дијаспората, отслужи Света Архиерјска Литургија во црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица во штипско Ново Село. На крајот од светата Литургија, оваа година, во организација на Брегалничката епархија се одржа Семакедонскиот православен собор на кој свое излање имаше ѓаконот Тони Петрушевски од Свети Николе, на тема „Светоста на светите.“ По излагањето, надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Им се заблагодари на Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и членовите на МПЦ-ОА што зедоа учество во прославувањето и одржувањето на Семакедонскиот православен собор, а Митрополитот Повардарски г. Агатангел објави дека идната година Семакедонскиот православен собор ќе се одржи во Полошко-кумановската епархија. На прославата која се одржува петта година по ред, присуствуваа голем број на православен народ од цела Македонија.

Page 63: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 63

Групна Венчавка во КочаниНа 09. 10. 2010 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во дворот

на храмот Св. вмч. Ѓорѓи во Кочани, ја изврши Светата Тајна Брак на над 55 возрасни парови. Во своето обраќање, Митрополитот г. Иларион, на сопружниците им ја честита Светата Тајна Брак и им посака долг живот и преуспевање во верата, за што денес се радува и Небесната и Земната Црква бидејќи тие ја исполниле и оваа Света Тајна, по што можат активно да учествуваат во светата, жива Христова Црква.

Литургија и групна венчавка во манастирот во с. Ораовица – РадовишНа 24. 10. 2010 година, (22-ра Недела по Педесетница, Св. ап. Филип; препод. Теофан Нацртан еп. Никејски), по

повод 30 години од оветувањето на манастирот посветен на Светиот великомаченик Георгиј во с. Ораовица - Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодна беседа, на која, на оние што го помагаат манастирот им додели Благодарници.

По Светата литургија, во дворот на манастирот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион ја изврши Светата Тајна Брак на над 45 возрасни парови. Во своето обраќање, Митрополитот г. Иларион, на брачните парови им ја честита Светата Тајна Брак и им посака долг живот и преуспевање во верата.

епархиски настаниуредува: ѓакон Сашо Ристов

Page 64: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 64

Осветена црква во с. Сулдурци – РадовишНа 14. 11. 2010 година, (25-та Недела по Педестница, Св. Козма и Дамјан (св. Врачи); св. мч. Јаков Костурски),

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, ја освети новоизградената црква посветена на Св. пр. Илија во с. Сулдурци – Радовиш и отслужи Света Архиерјска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа во која ја искажа својата радост за изградбата на овој прекрасен Божји дом и на сите што помогнаа во изградбата на овој свет храм им додели Благодарници и Пофалници од името на МПЦ – Брегалничка епархија. На чинот на осветувањето присуствуваше многуброен православен народ како и преставници од Општина Радовиш и личности од јавниот и приватниот сектор.

Групна Венчавка во ВиницаНа 13. 11. 2010 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во дворот на

храмот Св. Архангел Михаил во Виница, ја изврши Светата Тајна Брак на над 36 возрасни парови. Во своето обраќање, Митрополитот г. Иларион, на брачните парови им ја честита Светата Тајна Брак и Им посака долг живот и преуспевање во верата.

Page 65: Troicnik 29, dekemvri 2010

• • • TROI^NIK • • • 65

Осветена крстилна – параклис посветен на преподобна Параскева,во населбата Сењак, Штип

На 28. 11. 2010 г., (27-ма Недела по Педестница, Св. мч. Гуриј и др.; препод. Пајсиј Величковски), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Штип, ја освети новоизградената крстилна – параклис посветен на Преподобната Параскева во н. Сењак 2 во Штип и отслужи Света Архиерјска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа во која искажа дека бидејќи во овој објект се наоѓаат две цркви оваа година, за потребите на населението од оваа населба, и функционирањето на црквата денес се освети крстилната – параклис посветен на Преподобната Параскева, но со Божја помош идната година се надеваме дека ќе ја осветиме и горната црква посветена на Патронот на МПЦ Св. Климент Охридски Чудотворец. На чинот на осветувањето присуствуваше многуброен православен народ.

На Патронот на МПЦ, Св. Климент Охридски, во ШтипНа 08. 12. 2010 година, кога Македонска Православна Црква го празнува својот Патрон и Заштитник Светиот

Климент Охридски Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, каде и беше донесена честичка од моштиите на Свети Климент Охридски, отслужи Света Архиерејска Литургија. По ова Митрополитот г. Иларион отслужи акатист на Св. Климент Охридски Чудотворец, го благослови и пресече празничниот леб и одржа пригодно слово за животот и делото на нашиот Патрон и Заштитник Свети Климент Охридски Чудотворец. На Светата Литургија присуствуваше многуброен православен народ, како и Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов и преставници на јавниот и приватниот сектор.

Page 66: Troicnik 29, dekemvri 2010