troicnik 31

67

Upload: toni-petrusevski

Post on 31-Mar-2016

244 views

Category:

Documents


19 download

DESCRIPTION

Списание на Брегалничката епархија на МПЦ-ОА

TRANSCRIPT

Page 1: Troicnik 31
Page 2: Troicnik 31
Page 3: Troicnik 31

ТРОИЧНИК, број 31

ТРОИЧНИК - списание за православна вера, култура, уметност, образование и воспитание.Година IX, број 31, август 2011 г. Излегува четири пати годишно.Издавач: Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква, Штип.Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион. Уредувачки одбор: јеромонах игумен Дамаскин, протоереј Николче Ѓоргев, свешт. Влатко Мирасчиев, дипл. теолог Жаклина Трајчев, дипл. теолог Жаклина Ѓоргиева. Лектура: игумен Дамаскин. Дизајн: ѓакон Тони Петрушевски.E-mail: [email protected] Печати: Европа 92, Кочани.

ВОВЕДНИК ...4

ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО ...6

Свети Григориј БогословПОДАРИ МУ НЕШТО НА БОГАИ НА СИРОМАСИТЕ ...8

св. Симеон СолунскиКНИГА ЗА ХРАМОТ ...13

Епископ Александар Семјонов Тјан-ШанскиАСКЕТИКАТАСПОРЕД УЧЕЊЕТО НА ЦРКОВНИТЕ ОТЦИ ...21

Свештеник Владимир ЕлисеевПАТОТ НА КЛАСИЧНАТА ЈОГАИ ПОКАЈАНИЕТО ...26

ЧУДА И ИСЦЕЛЕНИЈА НАЕПИСКОП ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ ...32

ПОУКИ НА ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИКОН ХРИСТИЈАНИТЕ ВО СВЕТОТ ...34

Гермоген ШимановскиПОЛОВОСТ И ЦЕЛОМУДРЕНОСТ ...42

ЗА ХРИСТИЈАНСКИТЕ ДОЛЖНОСТИНА СОПРУЖНИЦИТЕ ...48

ЧУДОНА СВЕТИ СПИРИДОН ТРИМИТУНТСКИ ...54

СО БЛАГОСЛОВНА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВОМИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ Г . ИЛАРИОН

Page 4: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 4

Драги читатели!

Кога со своите раце ќе го прелистувате овој нов број „Троичник“, веќе празнично ќе се радуваме на големиот православен

празник, светлиот ден на Христовото Преображение. На гората Тавор нашиот Господ се преобрази пред своите ученици, осветлувајќи го целиот свет со својата светлина која неограничено се излила на Тавор и го осветлува и преобразува секое човечко срце. Господ Исус Христос се преобрази пред светите апостоли Петар, Јаков и Јован во Својата небесна слава, при што Неговото лице засветли како сонце, а облеката побелела, по зборовите на св. Матеј како светлина, по зборовите на св. Марко како снег, а по зборовите на св. Лука стана блескава. На тој начин Господ Исус Христос се покажа пред паднатиот човек во својата небесна слава, како доказ дека само Он има власт и сила да го преобрази паднатото човештво кое страда под јаремот на гревот, односно ѓаволот. Преобразувајќи се на Тавор, Господ јасно ни покажа дека преобразувањето на човечката природа е неопходен Божји услов за спасение на секој човек, бидејќи само преку нашето преобразување можеме повторно да се вратиме во заедница со Бога, да се вратиме во татковските прегратки на Бог Отецот.

Преображението на Спасителот е извор на непресушна преобразувачка сила која ја преобразува секоја твар и секое битие. Ако некој се сомнева во оваа голема Божја сила, ако некој вели дека денеска е невозможно преобразувањето и изменувањето на човековото срце, како доказ во овој број приложуваме неколку чуда од нашиот преподобен отец Гаврил Светогорец, кој преобразувајќи го своето срце стана вистинско живеалиште на Светиот Дух, избран сад од

лесновската пустина. Единствено нашиот Бог е вистински Бог, единствено православната вера е вистинска вера, која нè води кон Бога, која нè преобразува со Божјата благодат и која нè соединува со Него во вечноста. Надвор од Светото Православие нема спасение, нема благодат и нема богопознание. Затоа, преку текстот за хиндуизмот, сакаме да ви укажеме од опасноста на ова лажно и паганско учење, кое не è од Бога, и нема благодатна сила да нè соедини со Бога и да нè направи синови Божји. Тоа е измислено од ѓаволот за преку него се повеќе да ја полни пеколната ненаситна утроба со нови човечки души, затоа жално е што некои коишто се дури и крстени во Православната Црква се прелажени од ова лажно демонско учење, особено преку учењето за јогата, преку која човекот се соединува со ѓаволот, а не со Бога. Затоа, да бидеме внимателни и будни за да не станеме плен на лукавиот, а доколку знаеме дека некои наши блиски се заразени со оваа лага, да се молиме за нив и да им укажеме навреме, за опасноста од оваа хиндуистичка религија и од нејзините страшни душевни последици кои можат да настанат во душата на луѓето кои ја практикуваат.

Нека Семилостивиот Бог нè чува сите од разните секти, кои за жал се повеќе се појавуваат во нашата земја. Нека ги преобрази душата и срцето на сите заталкани и прелажани кои се далеку од Него. Да ја молиме Мајката Божја да ги преобрати заблудените, а да нè чува нас верните и нашите блиски, зашто Таа е небесната наша Мајка, Мајка на сите христијани. Како Мајка Божја, Пресвета Богородица располага со сите неисцрпни дарови на Духот Божји, а како Мајка на сите христијани таа сите тие дарови преизобилно ги излева на нас. Како Мајка Божја, Таа пред својот Син и Бог има и повеќе смелост од сите ангели и светители, да се моли за нас грешниците кои грешиме секој ден и час, дури и секоја минута го ражалостуваме и разгневуваме Бога. А Таа кон нас, своите деца, пројавува голема милосрдност и љубов, какви што неможе да пројави ниту еден ангел или светител, и со своите молитви се застапува пред престолот Божји за нас грешниците и го смилостивува и смирува праведниот гнев Божји, кој треба праведно да биде пројавен кон нас. Затоа, да му благодариме на Бога што само ние православните христијани имаме таква

ВОВЕДНИК

Митрополит Брегалнички г. Иларион

Page 5: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 5

Мајка како Пресвета Богородица, која грижливо нè чува и ни помага секогаш кога со вера се молиме пред нејзината света икона. Затоа и Бог сè повеќе ја прославува Пресвета Богородица со огромен број на чудотворни икони кои секојдневно точат свето миро и исцеленија и му даваат утеха на верниот народ Божји. Едноставно, не постои место каде што живеат православни, а да нема икона или храм на нашата многу љубена Мајка. Затоа, возљубени христијани со радост да го дочекаме големиот христијански празник посветен на Успението на Пресвета Богородица, за кого и се трудиме да се подготвиме преку светиот пост кој е одреден од Светата Црква за вистински да се подготвиме за овој многу радосен празник. Со нашиот труд да го очистиме нашето срце преку молитвата и постот и со тоа особено да ја израдуваме и смилостивиме нашата Небесна Мајка, која кога гледа дека се

трудиме на патот кон спасението, уште повеќе ни помага и уште повеќе се застапува за нас пред Бога. Затоа, да се трудиме вистински христијански да ги дочекаме Богородичните празници – Успението и Раѓањето на Пресвета Богородица, во православните храмови каде што се богослужи Света литургија и за нас се молат православни свештеници, бидејќи само на тој начин ќе добиеме благослов од Бога и молитвена закрила од Пресвета Богородица, која непрестано се моли за нас и нашата земја, и за целиот православен народ кој се труди да се спасува во овие тешки денови, во кои демоните не мируваат и не престануваат да се борат против нас. Но ние ја имаме Небесната Царица која никогаш не нè остава, туку постојано бдее и се моли за нас, сега и секогаш и во сите векови, Амин!

Page 6: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 6

Исус, по зборовите на евангелистот Матеј, „ги зеде со Себе Петра, Јакова и брата му Јована, и ги изведе во висока гора сами; и се

преобрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина. И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него. Тогаш Петар Му одговори на Исуса и рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука три сеници: една за тебе, една за Мојсеја и една за Илија.“ Додека уште говореше тој, ете, ги засени светол облак, и се чу глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја, Него послушајте Го!“ И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија. Но Исус, штом се приближи, се допре до нив и им рече: „Станете и не бојте се!“ А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа никој друг освен Исуса. А кога слегуваа од планината, Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!“ (Мт. 17, 1-9).

Која е смислата на овој евангелски расказ? Какво место во земниот живот и во служењето Христово зазема ова таинствено јавување на Неговата слава? Неспорен е фактот дека ликот Христов, онаков каков што ни го дава Евангелието, пред сè, е лик на смиреност. За Неговото раѓање не се нашло место ниту во еден град, ниту куќа: Он се роди во пештера. И Христос до самиот крај остана таков: бездомник кој, како што Самиот говореше, „нема каде глава да потслони“. Христос од оние кои ги исцелуваше или им помагаше, бараше да не говорат на никој за тоа. Он секогаш се оттргнуваше од секоја почест и слава, Он по Своја волја се врати од Галилеја, кадешто не му се закануваше никаква опасност, во Ерусалим кадешто претрпе понижувачко судење, осуда, мачење и страшна и срамна казна. „Научете се од Мене“, говореше Христос, „зашто сум кроток и смирен по срце“.

Во тој и таков Христов живот, живот на смирение и самопонижување, само неколку пати продреа зраците на божествената сила и слава. И секојпат тие Христови „прославувања“ се случиле

пред мал број на сведоци, а и тие малубројни сведоци обично не ја сфаќале смислата на тие „прославувања“. Така било и во ноќта на Неговото раѓање, кога простодушните пастири го слушнаа ангелскиот глас кој им јави, како што вели Евангелието, „радост голема“. Така беше и многу години подоцна, кога Исус дојде на реката Јордан да прими крштевање од св. Јован Крстител и кога од небото се слушна глас кој говореше: „Овој е Мојот возљубен Син...“. И конечно, до такво прославување дошло и на Таворската гора пред Неговите тројца ученици. И секојпат, таа таинствена небесна слава, тие прославувања не беа од луѓето, туку од повисоко, од небото, од Бога...

На прашањето за смислата на Христовото прославување на Таворската гора, Црквата одговара не со некакви објаснувања, туку со самото празнување на празникот Преображение, односно со радоста со која секоја година се сеќава на Преображението. Еден збор господари со тој празник, со сите негови молитви, песни и чтенија. А тој збор е „светлина“. „Да ни засветли и нам грешните, Твојата вечна светлина!“ (од тропарот на празникот). Во светот е темно, студено и страшно. И таа темнина физичката, сончева светлина не може да ја изгони. Напротив, таа светлина само го прави уште пострашен и побезнадежен човечкиот живот, кој во страдањата и самотијата неумоливо и неповратно понира кон смртта и небитието. Сè е осудено на пропаст, сè страда, сè е потчинето на несфатливиот и безнадежен закон на злото и смртта. И, погледни, во тој и таков свет се појавува смирениот и бездомен Човек Кој нема никаква власт над луѓето и никаква земна моќ. И Он им говори на луѓето дека тоа царство на темнината, злото и смртта не е вистинскиот човечки живот. Он им говори на луѓето дека таквиот свет на темнина, зло и смрт не е оној свет кој Бог го создаде во почетокот. Он им говори на луѓето дека злото, страдањето и самата смрт можат и мораат да бидат победени. Он им говори на луѓето дека е испратен во светот од Бога, Својот Отец, за да ги спаси луѓето од нивната страшна поробеност од злото и смртта.

ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО

празници

Page 7: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 7

Он говори дека човекот ја заборавил и се одрекол од својата вистинска природа и од својот вистински призив. Он говори дека луѓето мораат да се покајат за повторно да можат да го видат она што веќе не се во состојба да го видат, за повторно да можат да го слушнат она што веќе не се способни да го слушнат. Он говори дека луѓето мораат одново да поверуваат дека доброто е посилно од злото, дека љубовта е посилна од омразата, дека животот е посилен од смртта.

Христос ги исцелува и им помага на луѓето. Христос се предава Себеси на сите. Но, и покрај тоа луѓето не Го сфаќаат и не Го слушаат, луѓето не Му веруваат. Он на луѓето можеше да им ја покаже Својата божествена сила и слава, и со тоа да ги примора да поверуваат во Него. Меѓутоа, Он од луѓето бара исклучиво слободна вера, слободна љубов, слободно прифаќање на Неговата Блага Вест. Он знае дека од страв сите ќе Го напуштат и остават во часот на Неговата последна жртва и крајно самопредавање. Но, за после си, кога сè ќе се заврши, во светот да остане сведоштво за тоа каде ги повикува луѓето, што им дарува на луѓето како дар, како живот, како полнота на смислата и раддоста, Христос на гората Тавор тајно од светот и луѓето им ја јавува на тројцата Свои ученици Својата божествена слава, светлина и победничко славење кон кое човекот е вечно призван да израснува. Христос на Тавор ја пројавува

божествената светлина која го проникнува целиот свет. Божествената светлина која го преобразува човекот. Божествената светлина во која сè си добива своја крајна и вечна смисла. „Добро ни е да бидеме овде“, воскликнува светиот апостол Петар здогледувајќи ја таа светлина и таа слава. И од тоа време Христијанството, Црквата, христијанската православна вера се едно непрестајно и радосно повторување на тоа „добро ни е да бидеме овде!“, непрестајна молитва за вечна светлина, непрестајна жед за просветлување и преобразување.

Низ темнината и злото, низ сивилото и секојдневието на овој свет, како сонце низ црни облаци, продира светлината на Преображението. Таа светлина ја здогледува нашата душа, со неа се утешува нашето срце, со неа непрестајно живееме и со неа постепено се преобразува нашиот живот. „Господи, добро ни е да бидеме овде“. О, кога овие зборови би постанале и наши зборови! О, кога тие би можеле да постанат одговор на нашата душа на дарот на божествената светлина! О, кога и нашата молитва би можела да постане молитва за преобразување, за победа на светлината на Преображението во нас! „Да ни засветли и нам грешните, Твојата вечна светлина!“.

Превод:Братството на Манастирот

„Св. Гаврил Лесновски“

Page 8: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 8

Браќа и учесници во сиромаштвото! Ви се обраќам вака, бидејќи сме сите ние сиромашни и бидејќи на сите ни е потребна

благодатта Божја, иако мерејќи ги луѓето со мала мерка, мислиме дека сме поголеми од другите. Послушајте и примeте го во срцата ваши ова слово за љубовта кон сиромашмите, но не со сиромашно, туку со доброљубиво расположение на духот, за да ги наследите Небесните добра. И помолете се, Господ да ми подари благодат, за да можам да ви изговорам богато слово, за со него да ги нахранам вашите души и да го прекршам својот леб на гладниот (Ис.58,7), духовниот леб, или како Мојсеј - да придонесам да ви се даде леб од небото (2.Мојс. 16,4), или да ви дадам леб ангелски (Псал. 78,25) или да наситам со малку лебови многу народ, како што направи Исус - вистинскиот Леб (Јн.5,32) и Образецот за вистински живот.

Не лесно меѓу добродетелите да ја најдеме највозвишената, па на неа да ѝ оддадеме предност, исто како што и во многуцветнаа и со мирис исполнета градина не е лесно да си избере најубавиот и најмиризливиот цвет, бидејќи во еден момент - еден, во друг момент - друг, ни го привлекуваат погледот и сетилото за мирис, предизвикувајќи нè да ги земеме.

Секоја добродетел води кон спасението по свој, посебен пат, со сигурност доведувајќи во некое од вечните и блажени семејства. Како што постојат различни начини на живот, така има и повеќе престојувалишта во Господа (Јн.14,2), кои се доделуваат и одредуваат секому според неговото достоинство. Затоа исполнете се: еден со едни, друг со други добродетели, некој со многу, а некој, ако е можно и со сите; секој нека чекори без застанување, нека се стреми напред, неодложно следејќи ги стапките на Добриот Патеводител кој го усмерува право, водејќи го по тесната патека низ тесната врата (Мт.7,14), во непрегледните пространства на небесните блаженства.

Ако според на учењето на св. апостол Павле и зборовите на самиот Христос, за прва и најголема заповед треба да ја сметаме љубовта, на која се темелат целиот Закон и Пророците (Мт. 22,37-40; 1.Кор.13,13), тогаш нејзиниот најголемиот (највозвишен) дел подразбира, љубов кон сиромашните, сочувство и сострадание со оние кои се од ист род со нас.

Бидејќи ниедно служење не му е толку угодно на Бога колку милосрдието, бидејќи тоа му е најсродно на Бога, пред чие лице одат милоста и вистината (Пс. 88,14) и кому му приличи дарот на милоста која го победува судот (Јаков. 2,13). Праведниот Дарител, кој ја постави на мерила и ваги својата милост, за ништо нема да не награди толку со своето човекољубие, колку заради (нашето) човекољубие. Така , во согласност со заповедта која нѐ учи да се радуваме со радосните и да плачеме со оние што плачат (Рим. 12,15), должни сме да ги отвориме вратите на милосрдието кон сиромасите и кон сите кшто страдаат од која било причина; должни сме како луѓе на луѓе да им ја принесуваме жртвата на добротворство, било каква потреба да ги принудува да бараат помош: вдовство и безродителство, или прогонување од татковината или суровост од властодршците, или арогантност на оние кои управуваат, или нечовештво на собирачи на даноци, или убиствена рака на разбојници, или алчност на крадци, или запленување на имотот, и бродолом. Бидејќи, сите тие имаат еднакво право на сожалување и еднакво погледнуваат кон нашите раце, како што и ние ги воздигнуваме очите наши кон Божјите Раце, барајќи какво било добро од Господа. Меѓу сите овие, најдостојни за сожалување се оние што некогаш биле во подобра состојба, а сега ги снашла несреќа; повеќе, значи од оние кои веќе се навикнале на сиромаштијата и ја прифатиле како своја судбина. Да го следиме, значи, Словото Божјо, барајќи спокој на небесата, отфрлајќи го земното изобилие, употребувајќи го од него само

ПОДАРИ МУ НЕШТО НА БОГАИ НА СИРОМАСИТЕ

СЛОВО ЗА МИЛОСРДИЕТОСвети Григориј Богослов

светоотечка ризница

Page 9: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 9

Page 10: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 10

тоа што ни служи на корист; да ги искупиме своите души преку милостињата (Даниил. 4,24), да им дадеме на сиромасите од нашиот имот, за да го стекнеме небесното богатство. Дај ѝ на својата душа што ѝ е потребно, не само на телото, подари му нешто и на Бога, а не само на светот. Одземи барем нешто од стомакот и посвети му го на духот. Извади нешто од оганот и тргни го подалеку од распламтениот пламен. Оттргни нешто од раката на суровиот мачител и довери му го на Господа. ”Раздели на седуммина” т.е во овој живот”, и на осуммина (Проповедник.11,2), односно во оној живот во кој што ќе преминеме. Дај му малку на Оној од кого си добил неспоредливо повеќе, подари му сѐ на Оној што ти подарил сѐ. Никогаш нема да бидеш подобар од Бога, макар и да жртвуваш сè што имаш, макар и себеси да се жртвуваш заедно со својот имот: бидејќи и ова; да се предаде себеси на Господа - човекот го добива од Него самиот. Колку и да решиш да му дадеш на Бога, секогаш ќе Му бидеш должник и ништо свое нема да дадеш, бидејќи сѐ ти е дадено од Бога.

Подари Му нешто на Бога

Подари Му нешто на Бога во знак на благодарност за тоа што не си меѓу сиромашните, туку меѓу оние што можат да прават добра;

што не погледнуваш во туѓи раце, туку други погледнуваат во твоите раце твои. Збогати се себеси со благочестие (вистинска побожност), а не само со имот; со доблести, а не само со злато; или подобро, само биди доблесен. Заслужи предност пред ближниот со тоа што правиш повеќе добри дела. Кон неволниот однесувај се како што кон него се однесува Бог, одржувајќи го Божјото милосрдие. Бидејќи ништо нема толку да го уподоби човекот на Бога, како добротворството, иако Бог прави неспоредливо повеќе добро отколку човекот, кој тоа го врши според слабостите кои ги имаат луѓето. Бог го создаде човекот и повторно го изведе од гнилежност: а ти само не презирај го паднатиот брат твој. Бог пројави кон човекот најголемо милосрдие, подарувајќи му ги, покрај сè останато; Законот, Пророците, па и пред тоа природниот, незапишан закон, со кој се испрашуваат нашите дела ; разобличувајќи, вразумувајќи, управувајќи ги луѓето и најпосле, предавајќи се самиот Себеси на искупителна Жртва за живот на светот (Мт. 20,28; Јн. 6,51); подарувајќи ни Апостоли, Евангелисти, учители, пастири; исцелување, чуда, воскресенија, разорување на смртта, знаменита победа над оној кој нѐ победуваше, Завет на заштита и Завет на вистината, различни дарови на Светиот Дух и Тајната на новото спасение. А ти, ако можеш да правиш возвишени добра, кои на душата ѝ

Page 11: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 11

носат корист “ (зашто, Бог ќе те дарува со вакви богатства, само ако посакаш) – не одбивај и со тоа да му послужиш на сиромашниот или подобро, прави им добра на сите и над сите оние кои од тебе бараат, па дури и не чекајќи да ти ги бараат, “секој ден поклонувајќи се и давајќи на заем” (Пс. 37,26) и неизоставно барајќи долг со камата, т. е. со умножување на поуките (надградување) кон оној на кој што си му подарил; камата, која што секогаш кон примениот збор ја додава оној кој малку по малку во себе ги умножува семињата на благочестието. Ако не можеш со тоа да му послужиш на ближниот, направи му барем помали добри дела, кои се на друго место, а кои не ги надвишуваат твоите сили. Помогни му, дај му храна, дај му облека донеси му лек, завиј ги неговите рани, прашај го за тажната состојба во која се наоѓа, кажи му збор за смирението; осмели се, пријди му. Со тоа нема себе да се понижиш; болеста нема на тебе да премине како што мислат слабите луѓе, измамени со празни предрасуди или подобро кажано, оние кои со овој изговор сакаат да го оправдаат својот кукавичлук или одвратност кон благочестието, прибегнувајќи кон плашливоста како кон нешто важно и мудро. Во врска со ова може да те успокои примерот на лекарите кои се наоѓаат со болните во иста зграда и нивните помошници, од кои сè уште ни еден не

подлегнал на опасност, допирајќи се до болните. Но ако во тебе општењето со безволните предизвика страв и сомнеж, не дозволувај, богољубив и човекољубив Христов слуго, да те победи ниската малодушност! Биди смел, со вера победи го стравот на состраданието, својата слабост - со стравот Божји, телесните сметки - со благочестивоста. Немој да го презираш својот брат, немој да поминеш покрај него, немој да се згрозуваш од него како да е нечист, како да е заразен, како од нешто одвратно и отфрлено. Тој е твој брат, иако згрчен во несреќа. Тебе ти е препуштен беден, како на самиот Бог, иако ти премногу арогантно (можеби со овие зборови ќе те посрамам) поминуваш покрај него.Тебе ти се дава можност да го докажеш своето човекољубие, без разлика што непријателот те одвраќа од твојата сопствена среќа.

ПОДАРИ МУ НА СИРОМАШНИОТ МАКАР И НАЈМАЛКУ; ИСКРЕНОТО СОЧУВСТВО МНОГУ ЈА ОЛЕСНУВА НЕСРЕЌАТА

На секој морепловец му се заканува бродолом, толку повеќе, колку што плови смело. Исто така, секој кој е облечен со тело, поблиску е до телесна несреќа и тоа толку поблиску, колку што настапува

Page 12: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 12

смело, со кренато чело, не упатувајќи го својот поглед кон оние што лежат пред него. Додека пловиш со поволен ветар, пружи му рака на оној кој преживува бродолом; додека уживаш во здравјето и богатството - помогни му на оној што страда. Немој да дочекаш преку сопственото искуство да дознаеш колку големо зло е нечовештвото и колку е големо мекото срце што е отворено за оние на кои им треба помош. Немој да доживееш Бог да ја крене својата рака (Пс. 73,3), на оние што гордо ги возвишуваат главите и се одвраќаат од бедните. Стекни вразумување преку туѓата несреќа. Подај му на страдалникот макар и најмалку; дури и тоа нема да му биде малку на оној кој има потреба од сѐ, ниту на самиот Бог, ако твојот дар е според твиоте можности. Наместо голем дар, принеси усрдност. Немаш ли ништо што би можел да подариш? - Подај утеха со своите солзи. Голем лек за несреќникот е кога некој ќе го сожали од длабочината на својата душа; искреното сочувство многу ја олеснува несреќата. Бидејќи и ти си човек, не смееш другиот човек да го сметаш за полош од животно, за кое Законот ти заповеда да го подигнеш ако падне во јама и да го одведеш на стопанот, ако се изгуби (2.Мојс.23,4-5; 5.Мојс. 22,4). Зарем во ова заповед не се крие и друго, таинствено и длабоко значење, исто како и во многу други изрази на законот, кој се одликуваат со длабочина и двосмисленост? Но, не можам во тоа да навлегувам, бидејќи тоа е дело на Духот кој сите ги испитува и познава. А јас, колку што можам да го разберам ова и колку што тоа се однесува на моето слово - ќе кажам дека целта овде на Законот е да нè вознесе од милосрдието кон непознатото создание - кон совршеното и најважното милосрдие. И навистина, ако сме должни да бидеме милостиви и кон бессловесните, колкава ли тогаш треба да биде нашата љубов кон оние кои се од ист род и достоинство со нас? Така нѐ учи и разумот и Законот, така нè учат и најправедните меѓу луѓето; дека е подобро да добротвориме, отколку да примаме милостиња и дека милоста е над користољубието. Господ Исус Христос вели: “блажени се милостивите зашто ќе бидат помилувани” (Мт.5,7): гледаш ли дека меѓу блаженствата милоста не е на последно место! И: “Блажен е оној кој ги разбира бедните”! (Пс. 41,1); “Блажен е оној кој има милост и дава заем” (Пс. 112,5); “Секој ден се поклонува и му дава заем на праведникот” (Пс. 37,26). И затоа, да го стекнеме блаженството, да се удостоиме да бидеме наречени разумни, ни ноќта да не ги прекине нашите дела

на милосрдието. Не вели му на својот ближен; “оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам” (Изреки. 3,28). Не дозволувај да помине макар и најмалку време меѓу добрата намера и добротворството. Само човекољубието не го поднесува одложувањето. “Раздели го својот леб со гладните и скитниците сиромаси одведи ги во својот дом ” (Ис. 58,7); и сeто ова прави го со радост и простодушност. “Во братољубието бидете нежни едни кон други” (Рим. 12,10); на тој начин твојата добра намера и спремност нека ја умножи цената на твоето добро дело. Бидејќи, тоа што се прави со жал или од обврска, не може да биде пријатно и убаво; правејќи добро треба да се радуваш, а не да тагуваш.” Ако го отфрлиш од себе јаремот и престанеш да подаваш прст”, односно ако ја исфрлиш од себе ситничарската пресметливост, испрашувања и сомнежи и ако престанеш да “зборуваш лошо“ што ќе биде? - О, колку чудесна и голема награда! Колку и каков богат дар! „Тогаш твојата светлина ќе се појави како мугра и твоето здрваје наскоро ќе процвета” (Ис. 58,9). А кој не би посакал светлина и исцелување?

Така значи, ако вие браќа и Христови сонаследници, имате барем малку послушание кон мене, тогаш додека сè уште има време, да го посетиме Христа, да му послужиме на Христа, да го нахраниме Христа, да го облечеме Христа, да го прифатиме Христа, да Му оддадеме почит на Христа - не само на трпезата, како што некои прават; не со мирисно масло, како Марија; не на гробот, како Јосиф од Ариматеја; не со она што е потребно за погреб, како Никодим, кој само делумно ја покажал својата љубов кон Христа; не со злато, темјан и смирна, како што уште порано направија мудреците; туку, бидејќи Седржителот сака милост, а не жртва (Мт. 9, 13), и бидејќи милосрдието е поскапо од многу угоени јагниња (Даниил. 3,40), да Му принесеме токму милосрдие кон сиромасите, оние кои се денес долу, за да нè примаат во вечните живеалишта, кога ќе заминеме од овој свет (Лк. 16,9), односно, во самиот Христос, нашиот Господ, кому нека му е слава во вечни векови. Амин!

Превод: ѓакон Стојанчо Јанев

Page 13: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 13

Оние, кои се воодушевени од Божествената љубов и сакаат да дознаат какво символично значење имаат одделни зборови, одежди

или предмети при богослужбените обреди, со љубов нека ги примаат зборовите, кои ги кажувам, бидејќи сум воодушевен од Божествената љубов.

Господ толку нè возљубил, што ни Го испратил Својот Единороден Син, Кој се воплотил, раѓајќи се од Марија Дева и поминал низ сите човечки искушенија, за и ние да се очистиме преку Него и да се просветиме преку Неговите зборови и дела. Но, пред сè, било неопходно Самиот Тој да се соедини со сите верни на најконкретен начин, а тоа да биде основа на нашиот живот и нашето спасение, бидејќи Самиот Тој рече: „Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. Како што Ме испрати Живиот Отец и Јас живеам преку

Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене“ (Јн. 6, 56-57).

2. Овие добрини Тој ни ги соопштил преку Светите Тајни, бидејќи со крштението нè препородува, преку полагање на рака и преку дување (а). Исто така, тој ни дава благодат преку мирото, а тоа миро е Самиот Тој, бидејќи е речено: Името Ти е како разлеано миро (Песна 1, 2). Тој како Бог, Самиот се помазал, но примил помазание и како човек; а благодатно помазувајќи нѐ, ни ја дава благодатната и жива сила на Светиот Дух. А што е уште поважно, Самиот ни се дава преку светата Причест, како што рече Самиот, за време на востановувањето на оваа света Тајна: „И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши, и откако им го даде на учениците, рече: „Земете, јадете; ова е Моето тело.“ И кога ја зеде чашата, заблагодари,

КНИГА ЗА ХРАМОТсв. Симеон Солунски

вероучение

Page 14: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 14

им даде и рече: Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина за простување на гревовите“ (Мт. 26, 26-28).

3. А Христос не го направил само ова, туку заповедал тоа да се извршува до крајот на светот, бидејќи Самиот рекол: „Правете го ова за спомен Мој“ (1 Кор. 11, 24); а сакајќи да нѐ направи учесници на Својата Тајна вечера, Тој на Божествен начин го направил тоа, бидејќи Тој е Оној Кој е секаде присутен и семоќен и со Својата Божествена сила престојува во лебот, кој ние го јадеме и виното кое го пиеме, претворувајќи го лебот во Тело, а виното во Својата Крв. Со тоа ние се соединуваме со Него, а тој како Сонце на вистината, ни ја дава светлината во таа мерка, колку што сме во можност да ја примиме (созерцаваме). Но, Христос во нас не дејствува така едноставно, како што е тоа случај со сонцето, кое само зрачи со својата светлина и топлина. Тој во нас очистува сѐ што е нечисто, правејќи нѐ способни да ја примиме Божествената светлина.

4. Бидејќи ова е голема Тајна и бидејќи ние вистински го примаме Христа преку причестувањето, Црквата заповеда верниците да се подготват грижливо и темелно за заедничарење со воскреснатиот Христос. Поради тоа, причестувањето се извршува на Светата Литургија како што е востановено уште од самиот почеток (на Црквата).

5. Многумина се изненадени од тоа што го гледаме за време на богослужбите, но никој со своите сопствени сили неможе да ја сфати нејзината потполна смисла. Многумина се наоѓаат во конфузија, сакајќи да дознаат (што повеќе) за поедини работи, кои ги гледаат за време на богослужбата и ги бараат причините за тоа, но она што се случува на Светата Литургија е над секое разбирање, не само за човечките умови, туку и за ангелските, бидејќи ниту ангелскиот разум не е во состојба да разбере и објасни како Бог Логосот се

воплотил, како ние влегуваме во зедница со Него и како воопшто произлегува она што Црквата го прави и проповеда. Сепак, поради Својата неизмерна љубов, Бог не го оставил човекот без можност да го разбере она што се случува за време на светата Литургија, давајќи ни начини да спознаеме толку колку што сме во можност, бидејќи Бог поради нас се воплоти, исто како што и страдаше и воскресна заради нас.

6. На тој начин и јас, мал по дух и смирение, на вас, кои за мене имате убаво мислење, со љубов ви го предавам тоа што сум го научил од делата на Светите Оци. А бидејќи кај нас нема новотарии, ние го правиме сето она што ни го заповедал Спасителот, така како што Тој им пренел на апостолите, а тие на Светите оци.

7. Господ, прв свештенодејствувајќи ја востановил Светата Евхаристија, прекршувајќи го лебот и давајќи им ја чашата на Своите ученици. До ден денес, светата Црква ја извршува светата Евхаристија на овој начин: архиерејот или свештеникот ја подаваат Чашата и Лебот на оние кои свештенослужат со нив. За ова сведочи и апостолскиот наследник Свети Дионисиј (b), учејќи дека Литургијата така се извршува; а и ние така правиме во денешно време, бидејќи така ни заповедале Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст, кои го изложиле чинот по кој и ние денес ја служиме светата Литургија.

8. По заповед на Светите Оци, во храмот, а

Page 15: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 15

особено во олтарот, не смеат да влегуваат сите, а во никој случај не катихумените (некрстените). Поради тоа Свети Амвросиј го одалечил императорот Теодосиј не само од олтарот, туку и од храмот. Свети Григориј Двоеслов заповеда Евхаристијата да се извршува само со квасен леб, а исто така ни заповеда да се однесуваме со почит кон храмот, а строго забранува во него да се погребуваат упокоени.

9. Исидор Пелусиот, еден од древните Оци и учители на Црквата, во многубројните посланија кои ги составил, изложува толкување од некои делови на Литургијата. Во согласност со него, премудриот и Божји созерцател Свети Максим Исповедник изложува детално толкување на секое свештенодејствие од Светата Литургија, која соборната Црква ја извршува во чинот кој е пропишан. Од овие дела, како и од други дела на богомудрите Оци на Црквата, кои пред нас се труделе и занимавале околу објаснувањето на црковните тајни, со своето истражување избрав сè што може да биде од корист во нашата цел и пишувам за вас, надевајќи се на помош од благодатта Божја.

10. Прво ќе започнам со објаснување на храмот, бидејќи претставува место каде се извршуваат свештенодејствија и претставува орудие, исто како и свештеникот, бидејќи свештеникот свештенодејствува, а храмот во себе го содржи олтарот, па за тоа (за олтарот и за свештеникот) мора посебно да зборуваме.

11. Иако храмот се гради од некаков материјал, мора да го осветиме со таинствени молитви на епископот и со помазување со божествено миро. Поради тоа, како што е веќе кажано,

не им е дозволено на сите да влегуваат во сите делови на храмот. Свештенослужителите можат да влегуваат во сите делови од храмот, додека некои делови од храмот се точно назначени, за во нив да бидат мирјаните. Таквата поделба на храмот ги симболизира:

а) Христа како Богочовек, каде Божественото е невидливо, а човечкото видливо (олтарниот и средниот дел на храмот).

б) Го симболизира човекот, кој е составен од тело и душа.

в) Ја опишува тајната на Пресвета Троица, која бидејќи е недостапна по својата суштина, делумно е откриена со промисла и сила.

г) Го симболизира видливиот и невидливиот свет. Олтарот го симболизира небото, а средниот дел на храмот ја симболизира земјата.

12. Храмот може да се подели уште и на следниот начин: притвор, црква (наос) и олтар. Тие три делови ги симболизираат:

а) Пресвета Троица.

б) Небесните ангелски чинови, кои се делат на три степени (c).

в) Благочестивиот народ се дели на свештеници, верници и огласени.

г) Притворот ја симболизира земјата; наосот небото, а олтарот Го симболизира Оној Кој е над небото (d).

13. Храмот Божји со својот Жртвеник, т.е светиот Престол, го симболизира Самиот Бог. Поради тоа светиот Престол се нарекува и светиња над светињите, престол Божји, чистилиште на гревот на целиот свет, олтар на највозвишеното жртвопринесување. Под изразот завеса (e), која се наоѓа околу Божјиот престол, се подразбира небесната скинија (Евр. 8, 1-2; Јн. 14, 2; Откр. 21, 3) пред престолот, каде

Page 16: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 16

престојуваат небесните чинови - ангелите. Таквите прегради ја означуваат разликата помеѓу телесниот и духовниот свет.

14. На четирите агли (f) од Трпезата или Престолот лежат четирите краја на осветеното платно, а тоа го симболизира составот на Црквата со народите од четирите краишта на светот. На сите четири страни од платното се испишани имињата на четирите евангелисти, поради тоа што преку нив е запишано Евангелието и распространето во целиот свет.

Покрај тоа, Светата Трпеза на себе има и долна одежда, која се нарекува срачица и ја симболизира плаштаницата, во која било завиткано Христовото тело при полагањето во гробот.

15. Светиот Престол се прави од камен (g), симболизирајќи Го Христа, Кој во Светото Писмо е наречен камен темелник, а тоа значи дека Тој е основа, темел за сите верници. Христос во Стариот Завет го симболизира и каменот од кој потекло вода во пустината, а сега Тој камен (Христос) не дава само обична вода, туку река на вечниот живот, животворната Крв на Словото. Горното место го симболизира воплотениот Син Божји, Кој седи на небесата десно од Отецот. Останатите

места кои се наоѓаат од двете страни на Горното место, ги означуваат чиновите на достоинство на свештениците и бестелесните сили. Свештеникот служи како образ на Самиот Господ Исус Христос, Кого го симболизира и Евангелието и се наоѓа на средината од светиот Престол. Крстот, кој е поставен на Престолот, ја симболизира Христовата смрт на крст, која ја примил заради нас грешните.

16. Под светиот Престол се поставуваат свети мошти од светители маченици, поради тоа што тие со својата крв ја исповедале верата во Христа, Кој со Својата крв ја основал Црквата. Светиот Престол се помазува со свето миро, затоа што мирото е исполнето со силата на Светиот Дух, а Тој претставува живо миро на свештенодејствието. На светата Трпеза се поставуваат покривачи (покровци), бидејќи за сите не е видливо и разбирливо тоа што се извршува на неа. Светата Трпеза се прави издигната (h) и се украсува, бидејќи претставува престол на Живиот Бог. Оние чинови, кои можат да влегуваат во олтарот, ја претставуваат надсветовната сила. Кадењето со темјан, кое започнува од светиот Престол, го покажува слегувањето на благодатта на Светиот Дух. Палењето на свеќите и кандилата, за кои

Page 17: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 17

никогаш не треба да се штеди, го симболизира просвештението со Светиот Дух. Овие се сите симболики на олтарот.

17. Пред олтарот, наспроти царските двери, се наоѓа амвон, кој го симболизира каменот подигнат од гробот Христов. Од амвонот свештеникот или ѓаконот, според образот на ангелите, кои го благовестиле Христовото воскресение, го проповедаат (читаат) светото Евангелие и тоа ѓаконот на светата Литургија, а свештеникот на утрената, заедно со утринските молитви.

На средината на храмот од сводот виси полиелеј. Елејот ја симболизира Божјата милост, милост која во изобилие се излива врз нас. Преку чистиот пчеличен восок, кој е направен од безброј цветови од неуморните пчели, се симболизира нашето сеопшто и потполно принесување на Бога. Темјанот ја симболизира Божјата љубов која се простира насекаде околу нас. Куполата на храмот го претставува небесниот свод.

18. Свештеникот во Светото Писмо се нарекува и ангел (благовесник) на Господ Седржителот бидејќи тој е:

а) проповедник на Неговите божествени заповеди;

б) ревносен извршител на Неговата света волја.

Свештеникот го симболизира Самиот Христос, бидејќи преку ракополагањето прима власт и сила, но сепак над него е епископот, кој седи на престолот Христов и има право, како што е речено во Светото Писмо, да благословува и разрешува, бидејќи го има апостолското преемство. Затоа, кога епископот се спрема да служи света Литургија, се облекува во одежди кои имаат духовно значење и смисла.

19. Луѓето во олтарот (кои се ракоположени), се делат на три степена: епископи, свештеници и ѓакони. Епископите уште се нарекуваат и првосвештеници, бидејќи од нивните раце сите го примаат печатот на ракополагањето. Тие извршуваат разни свештенодејствија како што е: осветување на храм, крштевање, миропомазание...

Епископите се како извор на светлина и од нив истекува Божјата благодат врз верниците. Вторите по ред, свештениците, уште се нарекуваат и ереи или оние кои ја извршуваат богослужбата, бидејќи добиле потполна благодат за извршување на Светите Тајни. Иако свештеникот крштева и свештенодејствува, тој не ракополага, ниту пак може да унапреди некој свештеник во поголем

Page 18: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 18

чин. Ѓаконите се нарекуваат и служители, бидејќи имаат токму таква должност. Тие без свештеникот не можат да извршуват никаква служба, што уште ги симболизира последните ангелски чинови.

20. Свештените лица се облекуваат во одежди, кои припаѓаат на секој посебен чин. Ѓаконот облекува одежди, кои ги симболизират ангелските чинови (стихар, нараквици и орар); свештениците облекуваат стихар, што означува дека претходно бил запечатен со благодат на ѓаконство, но тој на себе става епитрахил, со оглед на тоа што сега му е дадена благодат за извршување на Светите Тајни. Епископот се облекува во сите одежди, а покрај тоа става и омофор, кој го симболизира воплотениот Син Божји. Орарот е својствен само за ѓаконите.

21. Епископот најпрво се облекува во стихар, кој ја симболизира ангелската облека. Бестелесните ангелски битија честопати се јавувале во светли облеки, исто така и ангелот кој се јавил на Христовиот гроб бил облечен во светли одежди, како што вели Светото Писмо (Мт. 28, 3). Покрај тоа, стихарот уште ја означува чистотата и непорочноста на свештеничкиот чин, поради што свештените лица не можат да се удостојат со благодатта на свештенство, ако не се навистина достојни за тоа. Кога се облекува во стихар се чита молитвата: „Ќе се зарадува мојата душа во Господа зашто ме облече во риза на спасение и ме промени во облека на веселие, како на младоженец ми положи венец и како невеста ме украси со красота“.

22. Како што напоменавме до сега, ѓаконот ги симболизира ангелските чинови, но покрај стихарот на левото рамо носи орар, кој ја симболизира нематеријалноста и духовноста на ангелските сили. Поради тоа, тој ги подражава херувимите, кои пред славата Божја ги покриваат своите лица со своите крила. Кога пристапуваат кон Света Причест, ѓаконите се препашуваат крстообразно со орарот.

На орарот се напишани зборовите: Свет, Свет, Свет - кои укажуваат на службата на ангелите Господови пред престолот на Севишниот.

На архиерејскиот стихар се претставени и извори или реки, кои го симболизираат благодатниот дар на поучување, дар кој е својствен токму за епископите (i). Покрај изворот претставени се и таблици, кои се поставени како симбол на старата и новата благодат. Тие покажуваат дека епископот, како учител е должен своето учење да го црпи од двата Завета, кои Господ ги склучил со луѓето.

23. Епитрахилот ја означува благодатта на Светиот Дух, која ни се праќа од висините, па затоа кога го става на себе, епископот или свештеникот ја кажува молитвата: „Благословен е Бог што ја излива благодатта Своја на свештениците Свои, како миро на главата што се слива на брадата брадата Аронова, се слива на полите од неговата облека“. Поради тоа секој свештеник, кога пристапува

Page 19: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 19

кон некое свештенодејствие мора да го стави епитрахилот.

24. Појасот го означува служењето на нашиот Спасител Исус Христос, но исто така ја симболизира големината на Божјата сила, која ги крепи свештенослужителите додека ја извршуваат својата служба. Молитвата која се кажува кога се става појасот е: „Благословен е Бог кој ме препашува со сила и го прави непорочен мојот пат. Ги закрепнува нозете мои како на елен и на високо ме поставува“. Епископот на појасот носи набедреник, кој ја симболизира победата над смртта и непорочноста на нашата душа. Додека го става набедреникот, епископот ја кажува молитвата: „Препаши го Твојот меч околу Твоето бедро, Силен, во Твојата красота и добрина и шири се, напредувај и царувај заради вистината, кротоста и правдата и Твојата десница чудесно ќе те води, постојано, сега и секогаш и во

вечни векови. Амин.“

25. Симболика на нараквиците е:

а) семожноста на Христовата сила

б) тоа што Тој на Тајната Вечера, со Своите раце прв ја востановил Тајната Евхаристија;

в) според некои, нараквиците ги означуваат стегите со кои биле врзани рацете на Спасителот за време на Неговите Страдање (Јн. 18,2).

26. Фелонот ја симболизира силата на Светиот Дух, но и багреницата, во која бил облечен Спасителот за време на понижувањето; поради тоа фелонот има таков облик, бидејќи е без ракави. Но сепак сметам дека таа симболика повеќе ја има сакосот, кој го носат само епископите. Тие воедно го претставуваат и многукрсниот фелон, а исто така го симболизираат и Спасителот, Кој со страдањата на крстот, ја исполнил вечната правда и ги победил

Page 20: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 20

мачителите, а нам ни подарил вистинска слобода. Поради тоа кога го облекува фелонот ја кажува молитвата: „Свештениците Твои Господи, ќе се облечат во правда и преподобните Твои со радост ќе се зарадуваат, сега секогаш и во вечни векови. Амин“.

27. Овие се ѓаконски и свештенички одежди

(j). Епископот облекува уште некои одежди, со кои се покажува епископското достоинство. Пред сè, тоа е омофорот, кој е исткаен од волна. Омофорот го означува воплотувањето и Раѓањето Христово од Пресвета Богородица. Тоа што омофорот мора дабиде направен од волна ги симболизира:

а) заблудената овца која Спасителот ја ставил на Своите рамења; таа овца е симбол на нашата природа;

б) самиот Спасител е наречен Јагне (Агнец), бидејќи Самиот Себе се принел на жртва за сите нас.

28. Источните епископи и свештеници служат света Литургија со откриена глава, со исклучок на Александрискиот патријарх. Апостолот Павле Го нарекува Христа глава, а нас членови, па затоа ни заповеда, заради почитување на Главата, молитвите да ги произнесуваме гологлави. Во прилог на ова е и тоа што секој свештеник се ракополага гологлав, а епископот при неговото ракополагање на неговата глава го поставува Евангелието, кое ги содржи зборовите кои ни се дадени од Бога.

29. Потребно е да се каже и ова: патријархот на Александрија, како и сите останати архиереи, според старото предание, носат свето покривало на главата. Дали со тоа тие постапуваат против законот? Јас тоа никогаш не сум го рекол, а и како што реков, самиот обичај е старо предание кое има корени уште од Стариот Завет. Кога првосвештеникот на главата носел кидар кое понекогаш се нарекува митра; а сега, во Новиот Завет го симболизира венецот од трње, кој бил ставен на главата на Спасителот. Носејќи митра на богослужбите, епископите во одредени моменти од богослужбата мораат да ја симнат митрата од главата, покажувајќи со тоа дека е потребно да се следи преданието на апостол Павле.

30. Епископот кој треба да свештенодејствува, слегува од солејата и оди кон западните врати од храмот, a со тоа гo симболизира симнувањето на Логосот кон нас луѓето. Потоа се облекува во свештено одејание, симболизирајќи го воплотувањето на Синот Божји. Влегувајќи низ

западните врати од храмот го покажува Христовото јавување на земјата, но и Неговата смрт на крст и слегувањето во Адот. (продолжува)

БЕЛЕШКИ

a) Се мисли на дување, кое е составен дел од светата Тајна Крштение и Миропомазание.

b) Се мисли на Свети Дионисиј Ареопагит, кого Свети Симеон Солунски многу често го споменува во неговите дела

c) Во светоотечката литература често пати се среќава формулацијата три пати по три, кога се сака да се укаже на деветте ангелски чинови.

d) Во посланието до Ефесјаните, апостолот Павле со изразот поднебје (Еф. 6, 12), го нарекува видливото небо, кое ние секојдневно го гледаме.

e) Во старите времиња, помеѓу столбовите кои биле околу престолот, од сите страни биле поставени завеси.

f) Овој опис на Свети Симеон е сличен на оној кој се среќава во Големиот Требник, кој е објавен во времето на патријарсите Филарет и Јосиф, каде во чинот на осветување на храм се вели: Кога свештениците ја примаат срачицата и врвката, ги поставуваат на светиот Престол, и ја врзуваат срачицата на сите четири аголи со врвката. Потоа на срачицата свештениците го полагаат Антимисот и го зашиваат на сите четири агли, за да не се поместува од тоа место ... Денес светиот Антимис не е на срачицата, туку на индитијата во илитонот, бидејќи со нив, како што вели Теодор Валсамон, се укажува на тоа дека: свештенодејствијата во храмот се извршуваат со благослов и дозвола на епископот, кој е надлежен за таа епархија.

g) Иако во минатото се случувало Престолот да биде направен и од дрво.

h) Се мисли на обликот на светатаТрпеза, кој асоцира на престол.

i) На соборот кој е одржан во Москва во 1675 година, за време на патријархот Јоаким, одлучено е само патријархот да може да носи извор или гамата на стихарот.

j) Тука не е вброен набедреникот, кој го носат само поедини свештеници, т.е оние кои го добиваат по заслуга од страна на епископот. (Продолжува во наредниот број.)

Превод: ѓакон Илија Поп Гонов

Page 21: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 21

Сега ќе се потрудиме накратко да го истакнеме светоотечкото учење за патиштата, кои нè приближуваат до Бога, спасението

и духовниот живот. Но, пред да започнеме да зборуваме за тие патишта, треба накратко да кажеме која е нивната цел. Таа цел, не е само целта на христијанскиот живот, туку целта на сè што е создадено. Светите Oтци ја дефинираат на различни начини, што не значи дека се спротивставуваат. Во првите векови од христијанството, Светите Отци поучувале дека смислата на човекот и

целта на неговото создавање, но и смислата на христијанскиот живот е човечкото обожување. На пример, Свети Атанасиј таа цел ја доведува во тесна врска со Светиот Дух. Слично на него се надоврзува и Свети Серафим Саровски, кој вели дека целта на христијанскиот живот е стекнување на Светиот Дух.

Во сите овие дефиниции нема никаква противречност. Сите тие на овој или на оној начин зборуваат за крајното соединување на човекот со Бога, за вистинското богоопштење. За да се оствари таа цел, секако, потребна е потполна преобразба на

АСКЕТИКАТА СПОРЕД УЧЕЊЕТО НА ЦРКОВНИТЕ ОТЦИ

Епископ Александар Семјонов Тјан-Шански

православен духовен живот

Page 22: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 22

човечката природа заради нејзината огревовеност и помраченост. Затоа, со право може е да се тврди дека таа цел е катастрофална за нашата гревовна природа т.е. за нејзината огревовеност. Само по себе се подразбира дека патот кон нејзино остварување треба да помине преку неколку видови на катастрофи.

И навистина е така . Патот до Бога води преку смртта и тоа не едноставно преку смртта, туку преку нејзино доброволно прифаќање, умирање и носење на крстот. Само на тој начин можеме да станеме заедничари на преображенската и воскресенската слава.

Сè што рековме, се однесува на определување на целта и патот на христијанскиот живот од

онтолошка гледна точка. Од морална гледна точка, таа цел е исполнување на Божјата волја, а патот до неа е одрекување од сопствената човечка волја. Така и самиот Христос ја определува целта на Своето Боговоплотување и мотивите на Своето однесување: „Јас слегов од небото, не да ја вршам Мојата волја, туку волјата на Оној Кој Ме испрати“ (Јн. 6, 38).

Така, ако сакаме да го разбереме светоотечкото учење во однос на патиштата кои нè доближуваат до Бога, најпрво треба цврсто да прифатиме дека христијанскиот живот пред сѐ е жед, потоа стремеж и барање, и на крај, можност и стварност на вистинско Богоопштење. Патот кој води до негово остварување е исполнување на Божјата волја, живата волја на Живиот Бог.

Фрагмент од фреска: Ликот на св. пророк Илија Тесвитјанин

Page 23: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 23

Сепак, не треба да се заборави дека христијанскиот живот радикално се разликува од сите други сфаќања на етичкиот живот, како што е на пример сфаќањето на древните стоици, кои сакале да го организираат својот живот со помош на апстрактни етички принципи. Христијанството не бара и не дава никакви принципи; вистинскиот христијанин не бара принципи, туку бара да се сретне со Живиот Бог и тоа не било каде и било кога, туку на секој чекор од својот живот. Во тоа може да се повикаме на Господовите зборови: „Јас сум патот, вистината и животот (Јн. 14, 6)“.

Можеби некој ќе нè запраша: ако исполнувањето на волјата Божја е целта на христијанскиот живот, тогаш како може таа да се исполни и спознае?

Отците на Црквата, пред сè, на тоа нѐ поучуваат, како да ја достигнеме таа состојба во која и самото прашање ‘што е Божјата волја’ - треба да исчезне. Со други зборови, нивната желба е Бог да се всели во нас така што Божјата волја за нас ќе стане најочигледна реалност. Ова значи дека Отците нè учат на светост.

За да ни биде јасна тајната на духовниот и аскетскиот живот, претходно треба да се истакне дека формалната слобода на паднатиот човек, слободата на изборот меѓу доброто и злото, кои многумина ја сметат за права слобода, всушност претставува ниска, а не возвишена т.е. вистинска форма. Возвишената форма не се состои во изборот помеѓу доброто и злото, туку во самиот избор и прифаќање на доброто: кај неа постои само прашањето како подобро да се исполни и оствари. Ангелската слобода е таква, а слободата на светителите кои со своето битие се утврдиле во доброто без да се колебаат во изборот помеѓу доброто и злото, откриле дека полнотата на слободата е бескрајното растење во Божјата добрина и израстување до степен и висина на Божјото совршенство. Нашиот јазик е во состојба делумно, само преку уметноста, да го долови и изрази поимот на возвишената слобода. На пример, кога тврдиме дека дека тој и тој уметник слободно пее и свири на клавир, под тоа подразбираме дека тој свири и пее слободно до тој степен, што нема потреба да бара и избира тонови... Таа слобода која постои во областа на уметноста, иако нејасна сепак ја симболизира и навестува слободата која ја бараме во областа на духовниот живот, слободата што ја имаат ангелите и светителите.

Враќајќи се повторно на прашањето за патот кој води кон светоста, овој пат го дефинираме како пат на очистување. Од првите наши чекори кон тој пат, нам ние е неопходна помош од Бога, бидејќи целиот христијански живот, од почеток до крај, е богочовечки живот... Човекот посакува, бара, достигнува, а Бог го прави самото добро. Разликата е единствено во тоа што благодатта во почеток, го следи човекот на таинствен начин, а на крајот од патот станува допирлива, како доживеано искуство.

Покрај сето тоа, нашиот пат кон Бога секогаш е пат на крст и распнување. Одрекувањето од својата сопствена волја е токму оној крст, она доброволно умирање, кое нè потсетува на Христовите страдања и ни дава можност да станеме заедничари на Неговото славно Воскресение... Еден руски богослов оваа мисла ја изразил на следниот начин: „Централниот факт на христијанството... Христовата смрт на крстот..., се поклопува во христијанското сознание со централниот акт на мистичниот пат на искачувањето кон Бога... со одрекувањето од себе поради Бога.“

Поминувајќи на конкретното изложување на Светите Отци за патот кој води кон Бога, треба да кажеме дека сите тие како прв чекор кон тој пат го сметаат одрекувањето од оние гревови, за кои човекот е сосема свесен, т.е. човекот да се труди да се ослободи од своите најнечисти слабости.

Ова треба да биде почеток. За ова се потребни хируршки средства. Потребен е постот, бдението и другите подвизи и добродетели, а овде спаѓа и одбегнување на околината во која е направен гревот а и во која лесно може повторно да паднеме во него.

Тој дел на христијанскиот труд и подвиг се нарекува практичен. Без него не може да се продолжи понатаму, а христијанскиот живот се претворува во некој вид на лицемерие или просто речено мечтаење за возвишен живот...

Но, главната и одлучувачка борба за очистување, борбата со страстите и помислите - се одвива во душата т.е. во човековото срце. Токму за таа борба зборуваат Светите Отци и учители на Црквата. После почетното надворешно воздржување над себе, прва и најнеопходна работа на човекот е да се собира во себе, да почне да стражари над својот внатрешен живот. Човекот не треба да да живее само од надворешните чувствени влијанија, туку треба да проникнува во длабочината на својата душа. Колку повеќе се продлабочува во

Page 24: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 24

себе, неговите подвизи во иднина ќе бидат повеќе плодотворни. Зошто е така? Затоа што непобитна вистина и аксиома на човечкиот живот е дека, доброто и злото имаат свои извори кои дејствуваат во човековото срце.

Светите Отци се повикуваат на цитати од Светото Писмо за да го потврдат своето кажување или цитатите ги надополнуваат со свои лични кажувања. Еве на пример, што вели за тоа св. Исихиј Ерусалимски: „Ако човекот не ја исполни Божјата волја во своето срце..., нема да биде способен да го направи тоа и надворешно “. А преподобниот пак Исак Сирин вели: „Потруди се да влезеш во својата внатрешна одаја за да ја видиш небесната“, или повторно да го цитираме св. Исихиј: „Образ на надворешните чувствено телесни подвизи е Стариот Завет, а Новиот Завет и Евангелието го симболизираат вниманието, стражарењето и чистотата на срцето“.

За да сфатиме што значи внатрешно извршување на волјата Божја, потребно е да се запознаеме со светоотечкото учење за страстите. Тоа учење може да се подели на два дела. Од една страна, Светите Отци поучуваат општо за страстите, класифицирајќи ги, го објснуваат нивното потекло, а потоа се задржуваат на главните страсти, од кои произлегуват другите помали. Од друга страна пак, нѐ поучуват за настанокот на секоја страст и секој грев посебно. Класифицирањето, кај сите нив не е исто но, заедничка им е основната поделба, на: чувствени и духовни страсти.

Како прва страст, која претставува корен на сите други, сите еднодушно ја сметат состојбата наречена „гордост“, некогаш „самољубие“, а некогаш „самост.“ Но, проблемот не е како се нарекува таа, туку проблемот е нејзината суштина. Суштината пак, е во тоа што за корен и основа на секоја страст се смета некое саможиво насочување на вниманието кон самиот себе, таков вид на интерес кон себе, кое го поставуваат во центарот на светот.

Учењето на Светите Оци, во однос на ова прашање, може да биде сфатено и на следниот начин: Човекот (или паднатиот ангел) го проектира на некој начин својот вообразен лик на некој духовен екран, се заљубува во него и започнува да му се поклонува. Сето тоа го одвлекува вниманието надвор, бидејќи човекот започнува да се пронаоѓа себеси надвор од себе. Започнувајќи да го живее

надворешниот свет, тој се оддалечува од Бога. Последиците од сето тоа е уништување на душата, создадена да ги прима благодатните енергии, кои произлегуваат од Бога.

Создадениот дух може да се замисли како некој сад, кој е изложен на полнење со бранови од љубов и светлина, кои непосредно се изливаат од Изворот на секоја љубов и светлина. Ако некој започне да го обожува празниот сад, ќе доживее неизбежна пропаст. Духот, како и природата, не поднесува празнина, па затоа штом се појавува духовна празнина, започнува да се полни со сурогат од секој вид. Од овде започнува поклонувањето кон материјалноста но, воопшто и кон чувствените гревови. Но, ова не може да го успокои човековиот дух, бидејќи мирот се пронаоѓа само кај Бога. Еден современ руски философ во однос на ова вели: „Заробеноста од гордоста придонесува ненаситна страст и алчност“. Тоа може да се разбере во таа смисла што гревовната самост е некој коефициент што им се додава на оние потреби, кои по своја суштина безгрешни и на тој начин ги трансформира во ненаситни страсти.

Некои од отците сметале дека страстите се безгрешни, ако се земат самите за себе како потреба и дека самите се потчиниле на пореметување.

Сега пред да го истакнеме она што е најважно, т.е. на учењето за борбата со помислите и страстите, треба да истакнеме дека, освен страстите имаме и други противници. Тоа се лошите духови или демони, кои поттикнуваат на страст. Но, постоењето на мрачниот свет не треба суштински да влијае на промена на човековото однесување, затоа што човекот во пракса, во повеќето случаи има работа единствено со своите сопствени страсти. Кај Светите Отци не се сретнува никаква љубопитност во однос на демонскиот свет како таков. Единствено теософите и окултистите се интересираат за демоните како такви. Во светоотечката литература нема таков интерес.

Обично, во секојдневниот живот човек треба да внимава само на своите страсти. Што се однесува на демоните самите по себе, потребно е кон нив да се има само конкретен однос: однос на потполно презирање и не обраќање никакво внимание. Затоа и кога ги споменуваат, црковните писатели тоа го прават за да го зацврстат чувството на одговорност и опасност кое ни претстои. Тоа чувство според Светите Оци е неопходно за целокупниот духовен живот, исто како и спознавањето на својата

Page 25: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 25

гревовност и немоќ во борбата со гревот...

Ваквото доживување и преживување се нарекува покајание. Безбројни се местата кај Светите Отци и во записите за молитвата, кои говорат за исклучителното значење на покајанието. Најважно од она што тие рекле е да запаметиме дека, покајанието продолжува дури и тогаш, кога човек ќе се искачи на повисок степен во духовниот живот. Колку повеќе човек духовно се подига, толку е поблиску до Изворот на светлина и појасно ги согледува своите гревови.

Светите Отци сакаат да напоменат дека евангелската историја започнува со повикот за покајание, како што тоа прво го направи Свети Јован Крстител, а потоа и Самиот Христос. Првата заповед на блаженствата не е ништо друго, туку заповед за покајание, повик за спознавање на својата духовна беда и празнина. Свети Теофан Затворник вели: „Потребно е да се спознае празнината во своето срце, потоа да се придодаде спознанието дека не е можно таа празнина да се потполни, а сето тоа да се круниса со увереност дека само Господ може да нѐ избави од тоа“. Истиот светител на друго место пишува: „Вистинското самоспознание

се состои во јасното согледување на својата немоќ и на своите недостатоци, толку што со него е исполнето сè“.

Да се согледаат своите недостатоци и гревови во суштина е едно исто, бидејќи гревовите не се во состојба да ја исполнат душата, ниту да ја згаснат нивната жед. Тие всушност во својата основа се лага и мечта. Светите Отци како да се натпреваруваат во пофалбата за покајанието, но, можеби во сето тоа ги надминал Свети Исак Сирин. Еве што тој вели меѓу останатото: „Оној кој ги спознал своите гревови, подобар е од оној што со молитва воскреснува мртви“; или: „Оној што се удостоил да се види самиот себе, подобар е од оној што се удостоил да види ангели“.

Претходно кажаните зборови „подобар е“ означуваат дека, многу подобро е да се видат и осознаат своите гревови, бидејќи тоа е вистинскиот чекор на патот кој на крајот ќе биде овенчан со зборовите Господови: „Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога.“

Превод: ѓакон Илија Поп Гонов

Св. Григориј Неокесариски

Page 26: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 26

За атеистичката свест, која во духовна смисла е без знаење, религиите се еднакви. Како последица на тоа, во нашето општество

владее општо-распространета предрасуда, дека сите религии имаат иста цел. Окултизмот сесрдно го подржува овој став, тврдејќи дека сите религии по различни патишта водат кон една иста цел. Големиот реформатор кој живеел во XIX век во Индија, Рамакришна, учел дека боговите на разните религии во суштина се исти, бидејќи сите религии зборуваат за ист Бог.

Според неговото мислење, оние луѓе кои тврдат дека само нивната религија е вистинска, личат на слепците во приказната за слонот: „Четворица слепци се приближиле до еден слон. Едниот ја допрел ногата на слонот и рекол: слонот личи на стебло. Вториот ја допрел сурлата и рекол: слонот личи на дебел стап. Третиот го допрел стомакот на слонот и рекол: слонот личи на големо буре. Четвртиот ги допрел ушите и рекол: слонот личи на голема корпа. И почнале да се караат; каков навистина е слонот?“

Во оваа приказна се подразбира претпоставката дека сите четири слепци имаат вродено, неотуѓиво право на познание на слонот, макар и преку сетилото за допир. Тие се однесуваат кон слонот

добронамерно, чесно, додека тој спокојно им дава можност да го допираат. Ништо, освен слепилото на нив не им пречи. Во однос на слонот можеби е така, но не и во однос на Бога.

До гревопадот на првите луѓе би можело и да биде како што ни раскажува Рамакришна, но луѓето згрешиле во однос на Бога и го изгубиле правото на непосредно „допирање“. Не верувајќи му на Бога, а верувајќи му на сатаната, тие направиле избор и паднале под власт на лукавиот дух. Сега тој им се подметнал на нив, лудо смеејќи им се на слепите луѓе, радувајќи се на нивната кавга во врска со она што го допреле. Грешејќи, луѓето се предале себеси под власт на сатаната, кој преку гревот добил потпорна точка во дејствувањето врз нас и во таа состојба ние не можеме да бидеме уверени дека сите наши доживувања се од Бога.

Освен тоа, Бог не е слон на кого му е сосема сеедно дали го разбираат слепците или не. На оние кои се одвратиле од сатаната и се покајале за гревовите на своите татковци, Тој самиот им се јавува и на секој начин се грижи да имаме, колку што е тоа можно и корисно за нас, вистинска претстава за Него. И повеќе од тоа, Тој самиот ги зема на Себе Си нашите гревови и самиот ги чисти нашите духовни очи. Но само во случај ако

ПАТОТ НА КЛАСИЧНАТА ЈОГАИ ПОКАЈАНИЕТО

Свештеник Владимир Елисеев

кривоверија

Page 27: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 27

сме се покајале и сме го напуштиле гревовниот пат на нашите прародители. Во приказната за четирите слепци го нема зборот „покајание“ и се подразбира дека процесот на спознавање на созданието (слонот) е еднаков со „процесот“ на спознавање на Творецот. Затоа и не е необично, што во класичната јога, која што е конкретно раководство кон хиндуистичкото „спасение“, не го наоѓаме она што е присутно во Христијанството. Не е правилно, методите кои човекот ги разработил за проучувањето на создадениот свет да се пренесуваат на спознавањето на самиот Творец и да се размислува за Него онака како што размислуваме за земните нешта, колку тоа и да ни изгледа „научно“. Да видиме што претходи на процесот на медитација или дјана - главното средство на јогиското, „духовно гледање“, со чија помош јогата ја постигнува или настојува да ја постигне вистината, разликувајќи ја лагата од вистината. Во класичната јога целиот процес на „саморазвој“ или јогиско „спасение“ (целта на јогата е ослободување од страдањата, што е слично на спасение), може да се разгледува во осум степени:

1) Јама (воздржување) во себе вклучува:

а) воздржување од нанесување на штета на сите облици на живот,

б) правичност во мислењето и говорењето,

в) забрана за крадење,

г) контрола на сетилните желби,

д) не примање на подароци.

2) Нијама (негување на добри навики) вклучува:

а) прочистување на телото со капење и земање само чиста храна (вегетаријанство), прочистување на умот развивајќи дружељубивост, добронамерност, бодрост, правење на добро на другите луѓе.

б) создавање навика да бидеме задоволни со она што доаѓа само од себе без поголеми напори,

в) умртвување на телото, т.е. стекнување навика за нечуствување студ или топлина итн.

г) навика за редовно читање на религиозни книги,

д) контемплација за Бога.

3) Асана (физички вежби): заземање на

различни положби, меѓу кои посебно важни се положбите за медитација.

4) Пранајама (контрола на дишењето): развивање на способности за вдишување, издишување, посебен ритам при задржување на дишењето заради оспособување за особени начини на дишење погодни за медитација.

5) Пратјахара (одвојување на сетилата од објектот): развивање на способност за негледање со отворени очи, неслушање среде врева, воопшто нереагирање на надворешни надразби.

6) Дхарана (сосредоточување на умот на посакуваниот објект); развивање на способност за насочување на вниманието.

7) Дјана (медитација): развивање на способност за созерцание на некој објект во постојано временско траење, без прекин.

8) Самади (соединување на умот со објектот на созерцавање): развивање на способност по пат на медитација до степен на губење на чувството на одвоеност на објектот на созерцавање и созерцателот - тие како да се слеваат во едно; самади е соединување со Апсолутот; соединување на ограниченото “јас“ со бесконечното и апсолутното постоење (32, с.15).

Овие осум степени на јога се дадени во книгата „Вовед во хиндуистичката филозофија“ на Д. Дата и С. Чатерџи (28, с. 257-26).

Јасно е воочливо дека овие осум степени можат да бидат поделени на три дела:

- морални (1 и 2)

- физиолошки (3 и 4)

- психолошки (5, 6, 7 и 8).

Од нив само моралниот аспект може да биде споредуван со православните „методи“. Иако во православната аскеза се споменува способност за ускладување на дишењето со молитвата (15, с. 140), па дури и став при молитвата (15, с. 131), нема никакви сличности во нив со пранајамата и асаната.

„Умното дејствување“ или „Исусовата молитва“ има одредена мала сличност со практикувањето на медитацијата - и таму и овде ние имаме непрекинато задржување внимание на „објект“ (ако воопшто смееме да Го наречеме Господ Исус Христос „објект“). Во аскезата таа насоченост на вниманието се нарекува „чување на срцето“, „држење на вниманието“. Но сите овие напори со сопствената

Page 28: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 28

психа и тело, претставуваат „подготвување на нивата“, додека Самиот Господ не го посее семето - под услов да сме се покајале!

Тоа како најважно нема да го најдеме ниту во етичкиот ниту во психолошкиот дел на јогата. При медитирањето е неопходна насоченоста на вниманието; при молитвата таа, исто така, е неопходна, но совршено недоволна. Освен вниманието, во молитвата е потребно и благодарно и сокрушено срце (17, с. 38). Без сокрушеност на срцето (како последица на покајанието) и Исусовата молитва може да биде погубна (17, с. 23, т.1, с. 270), може да одведе во безумие и во самоубиство. Во тој поглед покајанието се јавува како клучен момент што ја одвојува јогата од православната аскеза и може да се случи потполно уништување на душата на јогинот (оној кој практикува јога) во целата негова пракса(*)

Покајанието како одбивање од сатаната и обраќање кон Христос, претставува потпорна точка во православното спасение. Тој избор, кој е важен не само за земниот живот, туку и за вечноста, се зацврстува со Светата Тајна Крштевање, која отвара пристап на човекот кон другите Свети Тајни кои се неопходни за исцелување на целокупното негово битие. Најважно место меѓу Светите Тајни зазема Тајната на Светата Причест. Наоѓаме ли ние нешто слично во јогата? Очигледно, не! Православието всушност и се разликува од сите други религии со поседувањето на спасоносните тајни за душата на човекот.

Зборувајќи за покајанието како најважна одлика на Православието, должни сме да наведеме дека некои правци во јогата исто така зборуваат за него (21), но тоа е само за да го воведат човекот во заблуда, човекот кој е формиран во христијанската традиција, зашто смислата на тоа „покајание“ е сосема далеку од смислата на христијанското покајание. Еве што вели за тоа Рамајананда:

„Во јогата покајанието се состои во доброволното самонаметнување на ограничувања и страдања, што не значи задолжително нанесување и телесна болка. За да донесе вистинска корист во духовниот развој на човекот, покајанието мора да биде во склад со направениот грев“ (21, с. 25)...

„Ако вие го злоупотребувате алкохолот и со тоа нанесувате штета на вашето тело, грешите и го

сопирате сопствениот напредок. Ако се одвикнете од алкохолот, тоа е покајание. Употребата на тутунот му смета на вашиот јогиски развој, и така, кој се откаже од пушењето - го прави тоа по пат на покајание“ (21, с. 25).

Како што гледаме овде нема ниту збор за Бога. Ваквото „покајание“ не е покајание во христијанска смисла на зборот, во кое „борбата со гревот мора да се покаже во разоткривањето на својата душа пред Бога и луѓето, затоа што коренот на секој грев е во самољубието и самозатвореноста на човекот“ (24, с. 70).

Тоа воопшто не е покајание, туку аскетизам кој се практикува само заради себе, а не заради Бога, заради завладување и потчинување на својата телесна природа на себеси, на своето “јас“, а не на Бога, со цел човекот да стане надчовек и достигне состојба на божество, возвишувајќи се над другите луѓе. Сето ова e израз на самољубие и егоизам. Така, Шивананда во книгата „Самади-јога“, пишува

Page 29: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 29

дека, заради постигнување на конечната цел на јогата - самадија, помеѓу другото потребно е и:

- со никој да не се општи со мисли, зборови и дела;

- да се развие рамнодушен однос кон сѐ;

- да се нема грижа за ничија среќа или несреќа;

- да не се врзува за предмети и луѓе.

Се добива впечаток дека јогата поставува идеал на постигнување лично блаженство по пат на одвојување од другите луѓе, без оглед на нивната неволја или радост. Спасителот не ни заповедал да развиваме рамнодушност кон луѓето, туку љубов и да не се затвораме во себе, туку да го носиме товарот едни на други, директно укажувајќи дека нема поголема љубов од онаа, кога човек ќе си ја даде душата своја за своите ближни (Јован 13, 15).

И апостол Павле говори: „И ако имам дар на пророштво и ги знам сите тајни и сите знаења и ако имам толку силна вера што и планини да можам да преместувам, ако љубов немам, ништо не сум“ (1 Кор. 13, 2). Како што гледате, јогата нѐ води во друг правец.

Науката за јогата го признава постоењето на Бога, макар што има улога на пасивен набљудувач

во делото на „јогиското“ спасение, така што и самото поклонување на Бога се јавува како „едно од средствата за конечно достигнување на самадија“ (С. Чатерџи и Д. Дата: Вовед во индиската филозофија) (28, с. 26). Бог се разбира многу особено. Јогата вели: „Бог постои; постои како една Душа, различна од сите останати души и Тој е вечен Властодржец на сѐ создадено, вечно слободен Учител на сите учители“ (7, с. 34). Тој е „Вечна Душа (Атман) на знаењето“ (с. 37) „единствен Учител неограничен од времето“, „Учител на бесконечното знаење“ (с. 39). Во сите овие атрибути нема ниту збор за љубовта, за тоа дека пред сѐ, Бог е Љубов. Дали е сатаната тој бог за кого зборува јогата, бог на знаењето, а не на Љубовта?

Секако, и во јогата се чуствува вкусот на студено расудување и рационализам на патот кон Бога и човекот. Со сличен интелектуален став кон Бога се одликува и будизмот, во чие учење, исто така не го наоѓаме покајанието.

ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ПОКАЈАНИЕТО

Пред нас се, од една страна „осмострукиот пат“ на јогата и на будизмот, вклучувајќи ги

Page 30: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 30

физичките методи и методите за дишење и другите сложени психолошки техники, а од друга страна - покајанието.

Само еден збор „покајание“ се чини како неубедлив во споредба со целата армија од совршено разработени „психофизички техники за промена на свеста“, кои ја образуваат целата индустрија на техники, „духовен раст“, „ширење на свеста“, „отворање на внатрешните простори“ итн. Но, од друга страна, оваа повеќеструкост и „суптилност“ можат да бидат слабости на целокупната источна психо-механика.

Да ја замислиме следната ситуација: пред нас има голема и цврста челична врата која е заклучена. Оној кој нема клуч има многу други начини да ја отвори - да ја крши со алат, со лостови, да употреби машина, автомат, динамит, ласер, хемиски средства итн. Но, ниту една од овие технички можности не гарантираат отварање на вратата и не претставуваат вистински начин на отворање на врата. Секако за дивјакот кој ништо не знае за бравите, клучот кој е мало парче метал му се чини смешно во споредба со целиот тој арсенал на разорни средства и нивните надворешни ефекти: силата, оган, вревата. Во секој случај, само клучот може да ја отвори вратата без да ја скрши, а сето останато е излишно. Така е и во нашиот случај: „неубедливото“ средство, какво што се чини покајанието, се покажува како вистински клуч кој ја отвара вратата на Царството Небесно; сите други техники на кршење на вратата, затворена од Самиот Господ, се разбојнички вештини, опасни и за самиот разбојник. Токму вака можат да се оценат источните методи на „спасение“.

За големата сила на покајанието сведочи следната епизода од животот на оптинскиот старец, преподобниот Амвросиј, опишана во сеќавањата на една од неговите духовни ќерки: „Во неговата ќелија горело кандило и мала свеќа од восок на масата. Читањето од забелешките беше тешко, скоро невозможно. Го кажав она на што се сетив и тоа брзо, а потоа додадов: „Баќушка што уште да Ви кажам? Зошто се кајам? Заборавив.“ Старецот за ова ме укори.

Нагло стана од постелата на која лежеше. Правејќи два чекора, запре на половината на својата ќелија. Јас неволно на колена се свртев кон него. Старецот се исправи во целата негова висина, наведнувајќи ја главата, ги подигна нагоре рацете, во молитвен став. Ми изгледаше дека неговите нозе се одвоија од подот. Гледав на неговата осветлена глава и лице. Се сеќавам, таванот како да го снема, а главата на старецот како да го проби врвот. Тоа јасно ми се покажа. Една минута подоцна, баќушката се наведна над мене, со изменет изглед, ме прекрсти и рече: „Запомни до што може да доведе покајанието. Оди.“ Излегов од кај него тресејќи се и целата ноќ ја поминав плачејќи заради својата неразумност и немарност“ (13, с. 283; 10, с. 22-23).

Во оваа необична епизода, најважен момент е тој што преп. Амвросиј делумно ги „отвара сетилата“ на својата духовна ќерка, така што таа можела да види нешто што се однесува на невидливиот свет (отварањето на таванот). Таа не соопштува сѐ што видела, зашто видувањето за неа е потресно и неочекувано; произведувајќи силно дејство, тоа остава впечаток на необичност. И овој контакт со невидливиот свет преп. Амвросиј

Page 31: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 31

го означува како можност што е отворена само за покајанието.

За важното место на покајанието во православната аскеза сведочат зборовите на Свети Игнатиј Брјанчанинов: „Светите Отци на Источната Црква, особено пустиножителите, токму кога ги достигнале височините на духовните подвизи, тогаш сите подвизи во нив се слеале во еден - покајанието. Покајанието им го обземало целиот живот, секое дејство: тоа било последица од согледувањето на своите гревови.“

Еден од големите оци го прашале во што се состои дејствувањето на осамениот монах? Тој одговорил: „Твојата душа умртвена се наоѓа пред очите, а ти ме прашуваш какво треба да биде твоето дејствување? (Св.Исак Сирин, беседа 21)“. Плачот е најважното дејствување на вистинскиот Христов подвижник.

Согледувањето на своите гревови и раѓањето на покајание заради нив е дело кое не завршува на земјата: со согледувањето на гревовите се раѓа покајание; со покајанието се стекнува очистување; постепено очистеното око на умот почнува да гледа такви недостатоци и повреди на човечката природа, кои што порано во своето помрачување, воопшто не ги забележувало. (5, т. 2, с. 26-127).

Со покајанието започнува патот на христијанинот и постојано го придружува на тој пат. Човекот со Крштевањето се одрекува од сатаната и од сите негови дела и се обраќа кон Христа; тој го остава гревовниот живот и одлучува да живее побожен и праведен живот. Откако е донесена таа одлука, нему му се дава помош, преку светото Крштение во вид на благодатта на Светиот Дух.

БЕЛЕШКА

*) Интересно е дека во „европските“ курсеви за јога етичкиот

момент практично се заобиколува и човекот во својата грешна

состојба веднаш се фрла на вежбање асана, пранајама, медитација,

деформирајќи си ја уште повеќе психата и физиолошките процеси

во телото. Самите јогини (Индусите, а не европеизираните

учители кои трчаат по пари и слава), предупредуваат дека без

морален темел практикувањето на јога е опасно. Прочуениот

јогин Шивананда вели: „Без морално воспитување не е можно

да се успее во медитацијата“(32, с. 14). Ние исто така можеме да

речеме дека и во молитвата „моралниот темел“ е многу важен, но

покајанието не може да се изедначи со „јама и нијама“ кои ги нуди

јогата.

Превод: ѓакон Емил Атанасов

св. пророк Исаија

Page 32: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 32

Чудата на преподобниот се безбројни, како видливите пројавени преку многуте исцеленија на различни тешки болести од

него, така и многуте невидливи кои се случуваат во човечките срца кај оние кои само еден разговор со него допринел да се преобразат нивните срца, од студени камења и дом на гревот, да се претворат во топло живеалиште на Светиот Дух. За наша духовна полза и за утврдување во верата на мнозина, потребно е да спомнеме барем неколку од многуте чуда извршени од овој голем светител:

Едно дете, по име Ѓорѓи, од едно струмичко село, не можело да зборува и неговите родители честопати го носеле кај отец Гаврил да се моли за него. Еднаш, кога го однеле кај отецот, за време на вечерната богослужба, тој го однел детето в црква и му прочитал молитви. Наредниот ден отец Гаврил служел Света Литургија и за целото време усрдно се молел за детето. Откако тоа се причестило и откако завршила богослужбата, детето ги подигнало рацете нагоре и рекло: „Мамо!“. Сите присутни во црквата се израдувале и зачудиле, и му оддале слава на Бога кој прави чуда преку своите служители.

Едно благочестиво православно семејство од Скопје, сите се исповедуваат и причестуваат, го замолиле отец Гаврил да се моли за нивната ќерка,

бидејќи побегнала за некој турчин. Затоа биле многу нажалени и разжалостени, бидејќи имало опасност нивната ќерка излажена од ѓаволот да отпадне од вистинската православна вера, и да ја прими лажната вера, односно мухамеданството. Иако многу ја советувале и молеле да го остави, бидејќи не е православен христијанин, сепак таа не сакала да ги послуша. Затоа, сета нивна надеж ја положиле во Бога и во молитвите на отец Гаврил. Тој десет дена се молел за неа, кога еден ден кога влегол во олтарот не го пронашол ливчето со нејзиното име. Истиот ден, попладнето со телеграма му јавиле дека се е во ред: Девојката сама се вратила дома и решила да биде послушна на своите родители.

Една медицинска сестра од Скопје, девет години немала деца. И покрај тоа што барала помош од многу лекари, сепак современата медицина не дала поволни резултати. Често пати го посетувала отец Гаврил, заедно со нејзиното семејство и отецот им читал молитва, односно се молел Бог да се смилува над своите чеда и да ги благослови со пород. Бог го слушнал молитвениот глас на преподобниот и ги благословил со машко дете Атанасиј. Цела болница се чудела на ова големо чудо.

Преподобниот отец беше многу човекољубив

ЧУДА И ИСЦЕЛЕНИЈА НАЕПИСКОП ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ

современи свети ликови

Page 33: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 33

и милостив кон ближните. Еднаш, дојде едно семејство со трчање и во паника, бидејќи некоја кола го удрила нивниот син: „Брзо отец Гаврил, отец Гаврил, брзо моли се, моли се, готово е детето ќе умре. Во болница го однесовме и тука право кај тебе дојдовме за да се молиш.“ И отец Гаврил се молеше, влезе во црквата, не излезе. Се молеше, се молеше и кога излезе рече: „Одете, детето ќе биде дома живо и здраво. Ама тоа е, што сте работеле во недела. Внимавајте на неделата и богослужбата. Работевте ли денеска?“, а недела беше, тие одговорија: работевме, работевме. „Епа, друг пат нема да работите во недела.“

Отец Гаврил имал и голем дар на прозорливост. Често патувал за Скопје и служел бдение во храмот Св. Параскева – Петка. Еднаш, на еден голем празник во црквата, една жена, во себе се молела на Бога да и помогне со нејзината прва бременост, бидејќи имала компликации и крварења. Исто така, имала и големи искушенија во семејството. Таа се молела во себе, Бог да ѝ даде здраво и право машко дете и да ѝ даде сили за да може да го исчува. Додека таа се молела на Бога, дошол отец Гаврил и ја потчукнал по рамото и ѝ рекол: „Не се секирај, ќе родиш право и здраво дете“. Таа на тоа се зачудила

бидејќи бременоста не била видлива, и никој не знаел дека носи дете. Кога го прашала од каде знае, тој мирно ѝ одговорил: „Светиот Дух.“

Преподобниот постојано знаел однапред кога доаѓаат гости во манастирот, и многупати ги чекал пред манастирските порти. Еднаш, на еден брат негово духовно чедо, по светата богослужба, отец Гаврил му рекол да направи повеќе јадење, бидејќи ќе дојдат гости. Тој прво се противел, но сепак направил јадење. И навистина, кога ја поставил трпезата, ете пристигнале и гостите.

Долго време немало дожд во Лесново и селаните дошле да го молат отец Гаврил да се помоли на Бога – Бог да им испрати дожд. „Дојдете, ајде сите да се молиме на Бога“... и на среде молитва, за чудо и радост на сите почнало да врне дожд. Селаните почнале да му благодарат за молитвите, а отец Гаврил им се обратил скромно со зборовите: „Никогаш не ги препишувајте чудата на себе... Не сум тоа јас... Манастирот е чудотворен и свет, а и тие што доаѓаат добиваат исцеление!“

Многу му беше жал што во Скопје не е изграден храмот на Пресвета Богородица. Кога навечер шеташе покрај кејот на реката Вардар, околу тоа место, плачеше и со солзи се молеше на Мајката Божја, таа да биде милостива кон нас, бидејќи народот не е виновен што изгорената црква не е обновена. Додека сум жив ќе се молам и ако не се изгради оваа црква – големо зло ќе го снајде Скопје, зашто нема град(место) каде што нема храм посветен на Пресвета Богородица, која се моли пред Бога за сите нас!!!

А не само додека беше во тело со нас, но особено по неговото заминување од овој привремен свет, од неговите свети мошти се случуваат многу чуда и исцеленија кои Бог ги врши преку молитвите на овој голем Божји угодник, кој и во овие тешки времиња на соблазни и искушенија, не престанува да се застапува пред Божјиот престол за нас грешните. Така, Бог го прославува оној кој додека беше на земјата Него го славеше, а за поткрепа и утеха на нас христијаните кои денес се трудиме на тесниот и трнлив пат Христов.

По молитвите на преподобниот епископ Гаврил Светогорец, Господ Бог да ни удостои да бидеме жители на Небесното Царство, во вечни векови. Амин.

Превод:Братството на Манастирот

„Св. Гаврил Лесновски“

Page 34: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 34

Самите дела нема да нè спасат, туку милоста Божја, само ако правиме дела во Името на Господ Исус Христос, Кој нека не ве лишува вас, пријатели мои, од милоста Своја во сите денови на вашиот живот. Слаби ли сте или лоши, само прибегнувајте кон милосрдниот Господ Исус Христос и цврсто надевајте се во Него. Таа надеж нема да ве посрами во векови.

1. Во час на очајание знајте дека не ве остава вас Господ, туку вие Го оставате Господа. Еве, како ви налагам да живеете, во Името на Бога, кога сте сами: макар тоа да ви е мачно, или немате волја, секогаш во своите мисли повикувајте го Господа Исуса, Кој живее во вашата душа.

2. Христовите послушници треба пред своите очи да ја имаат, не својата волја, туку Божјата волја, која и на Апостолите им забранила, како што и нам ни забранува - истражување на идното, на иднината која Бог ја ставил под Своја власт.

3. Ако живеете во заедница со други, служете им како на Самиот Бог и за својата љубов, не барајте љубов, ниту за смерноста - пофалба, ниту за служењето - благодарност.

4. Она со што може да ги соблазните или нажалите ближните, тоа не правете го, а ако тие вас ве ожалостат, не гледајте на тоа како на нанесување жалост, туку како на орудие кое Бог ви го подготвил, за со него, ако имате волја, да истребете од секаква нечистотија од своето срце.

5. Пред нешто да кажете, размислете дали вашиот збор или дело ќе Го нажали Бога или вашиот ближен.

6. Не осудувајте туѓ слуга кога стои или паѓа: тој има свој Бог, Кој е силен да го одврати од падот

или да го запре во падот.

7. Паметете дека часот кој од вас го одзема вашата мрзливост, може да биде последен во вашиот живот и дека по него може да дојде смртта и судот. Оддалечете се од уживања.

8. Не нанесувајте болка никому и не враќајте за навреда со навреда, на жал со жал, па во Книгата на животот вашето име ќе биде запишано со Преподобните.

9. Ве молам вас, пријатели мои, не занемарувајте ниедно средство со кое е можно да се угоди на Бога, а такви средства се многу: умилно комуницирање со луѓето, тешење на нажалените, заземање за навредените, давање на сиромашните, одвраќање на очите од лоши содржини и постапки, спротивставување на нечистите мисли, принудување на себеси на молитва, трпение, милосрдие, праведност и др. Исполнувањето на сите тие свештени добродетели ја привлекува кон вас семоќната помош Божја, а со неа ќе ги пребродите сите тешкотии кои пред тоа изгледале преголеми за нашите сили.

10. На сите начини спротивставувајте ѝ се на вашата гневливост и со Божја помош, таа неизоставно ќе ослабне. „Ако се случи некогаш да се раздразниш или разгневиш, тогаш барем ништо не зборувај, оддалечи се или затвори ја својата уста, за да не излезе пламен од гнев и да не ја запали твојата душа и ти да ги вознемириш оние кои се со тебе. Штом пламенот ќе згасне и твоето срце ќе стане мирно, тогаш говори заради исправување на ближниот“.

11. На секој начин, пазете на ништо да не се лутите: ниту една непријатност не ни доаѓа сама од себе, секоја е допуштена од Промислата Божја

ПОУКИ НА ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ КОН ХРИСТИЈАНИТЕ ВО СВЕТОТ

духовни поуки

Page 35: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 35

Page 36: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 36

заради истите оние спасителни цели, заради кои светиот Апостол Павле го снаоѓале неволји, заради кои тој „бил во опасности на реки, во опасности од разбојници, од својот род, од незнабошци, во опасности во град, во пустини, на море, во опасности меѓу лажни браќа“ (2.Кор. 11, 26).

12. Знаејќи го тоа, не обраќајте внимание на тоа кој ве навредил и заради што, но само имајте на ум дека никој нема да се осмели да ве нажали, ако Господ не посакал тоа да му го допушти и затоа благодарете Му уште повеќе на Господа, што преку неволјите кои нè снаоѓаат јасно покажува дека не сте Му туѓи и дека ве води во Царството Небесно: „Ако поднесувате карање, Бог постапува со вас како со синови. Зашто, кој син неговиот татко не го кара?“ (Евр. 12, 7).

13. Оставете засекогаш секаква суровост и бидете пред Господа во комуницирањето со луѓето незлобиви како деца.

14. Во љубовта Божја престојувајте, учете се на неа, со неа дишите: Бог е љубов и кој во љубовта стои, во Бога престојува и Бог во него. Во живот преполн со неволји, слатко е да се живее со Божјата љубов.

15. Спасението не е во многузборливоста, туку во совршеното внимавање над себеси.

16. Одвикнувајте се од расправање и препирки: сматувајќи го срцето, тие ве лишуваат од мирот во душата. На секоја закарувачка мисла спротивставувајте се со молитвата Исусова. Не верувајте им на предрасудите.

17. Сомнежливоста воопшто не е христијанско својство и затоа не усвојувајте ја. А, мудрост со претпазливост и непорочност од нас бара Самиот Господ преку Светото Писмо: „Бидете мудри како змии и незлобиви како гулаби“.

18. Секогаш држете се до средината; крајностите никаде и во ништо не се за пофалба. Помнете го зборот на старецот: „Кој може да поднесе, сѐ подига“.

19. Секогаш бидете предадени на Божјата волја, која за вас е совршено спасоносна.

20. Со ближните комуницирајте весело и со љубов. Љубете ги, служете им: тие се скапоцени - за нив е пролеана Крвта на Спасителот, тие се членови Христови. Не нажалувајте ги дури ниту со мал незабележителен знак.

21. Спасувајте се со угодување на Господа, угодувајќи Му со сите видови на љубов. Само за тоа грижете се - да се збогатите со љубов. Оној во кого има љубов, тој во себе Го има Бога.

22. Забележете дека вие само тогаш сте потполно задоволни со сѐ , кога имате трпение, смиреноумие, послушност и љубов кон сите.

23. Не се опоменувајте со прекор за она што минало, бидејќи и Господ ќе се опомени и ќе го побара од вас она што ви го простил.

24. Во униние (малаксаност на духот) терајте го и срцето и јазикот да се молат вака: „Господи, спаси ме, пропаѓам!“

25. Ако некого за нешто молете, молете го со трпението на жената Хананејка.

26. Да се преиспитуваат туѓи пороци е грев, затоа избегнувајте таква грешна самоувереност.

27. Ако на кој било начин сте го нажалиле својот слуга, направете што е потребно за тој да ја заборави жалоста што му е нанесена.

28. Сѐ правете со разборитост, не брзајќи вашите дела да бидат успешни.

29. Злото победувајте го со добро: зло со зло не може да се поправи.

30. Без одрекување од својата волја невозможно е да се постави почеток на спасението, а пак колку поневозможно е да се спаси. Измолете за себе од Господа самоодрекување, чеда мои,

Page 37: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 37

бидејќи тоа е неопходно за спасение.

31. Ако намислете да посетите некого од ближните, преземете на себе цврста обврска, при посетата да ја зачувате кон него истата онаа љубов и истото расположение со кое сте дошле кај него, па макар и да доживеете од него и некаква навреда.

32. Кога и да се случи да дојде до непријатности во односите со блиските, свртете се прво кон себеси: по строгото испитување, ние скоро секогаш наоѓаме дека сме биле причина за незадоволството.

33. Не се оправдувајте, не се расправајте, снисходете на карактерите и на годините. Утешувајте ги сите и секој со што можете. Никого не осудувајте, не враќајте зло за зло, љубете ги сите, на сите простувајте им, на сите бидете им слуга.

34. Сметајте се себеси за последен и најгрешен од сите.

35. Љубете го Господа и молете Му се како на Отец. Смирувајте се пред сите Христијани и вашиот Господ ќе ве сака и вашиот пастир ќе се зарадува заради вас.

36. Поднесувајте нетрпеливост, неразумност, непросветеност, гнев без причина - сѐ без противење.

37. Кога ќе почуствувате кон некого дури и ненамерно чувство на непријателство, настојувајте да го победите тоа грешно чувство. Натерајте се себеси да се молите вака: „Спаси го Господи слугата Твој (името на таа личност) и по светите негови молитви смири го моето срце!“ Натерајте се себеси на човекот кој не ви е мил да му укажете секакво внимание и да му направете секаква добра услуга, па Господ, гледајќи ја вашата добра намера, не само што од вашето срце ќе го оттргне грешното непријателство, туку и ќе ви го исполни со света љубов.

Page 38: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 38

38. Ако не ве теши молитвата додека ја вршете, знајте дека таа ви подготвува божествена утеха и сладост набргу по завршувањето: „Трпејќи, потрпев заради Господа и ме услиша!“

39. Целиот свој живот, пред секое дело, раководете се од следното христијанско расудување: тоа што го намислив, да не е можеби противно на Божјата волја, да не е погубно за мојата душа, да не е за ближниот навредливо? Ако по строгото испитување, совеста не ве опомени, доведете ја својата намера до исполнување, а ако совеста ве обвини, воздржете се од тоа дело.

40. Не допирајте ја со говорот честа на својот ближен, туку употребувајте го својот јазикот само за славословење на Бога и за нечија корист и поука. Ако ви дојде да оговарате, сетете се на своите гревови, кои од младоста сте ги направиле и осудете се себеси за тоа што сте ги направиле.

41. Животот нека не ви се чини тежок, тој е неподнослив само за злобните, а оној кој верува во Господа Исуса Христа, се надева во Него, Го љуби, за тој животот секогаш е поднослив.

42. Животот ни е даден само за тоа за да Го славиме Бога, за да правиме добро на ближните и да го достигнуваме вечното Царство, по тесниот пат кој ни е покажан во Евангелието, а не за да се веселиме во него. Речено е: „Блажени се оние кои плачат“, а не оние кои се смеат.

43. Смирението (смерноста) добило свој почеток во Господа Кој се смири. Тоа е венец и убавина на сите добродетели. Она што за исушената земја е дождот, тоа е за човековата душа - смирението.

44. Смирението е добродетел која со радост и милост ја гледа и Самиот Бог: „Кого ќе погледнам“, вели Господ, „само кроткиот и смирениот, кој трепери од зборовите Мои!“

45. А, во што се состои смирението? Според моето мислење, тоа постои кога човек се смета за најгрешен од сите и никого не понижува и не навредува, не осудува, внимава само на себе и не

Page 39: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 39

бара ниту богатство, ниту слава, ниту пофалба, ниту чест, сметајќи дека за сето тоа е недостоен. Храбро трпи навреди, прекори, признавајќи во своето срце дека сето тоа и го заслужил; со сите се однесува пријатно, секому е подготвен со љубов да му послужи, не ги гледа своите добри дела и не говори за нив без потреба. Такво смирение молам од Господа Бога за вас, чеда мои, зашто тоа не само што ќе ве избави од гревот туку и ќе ве воведе во љубовта кон Него, Кој се смири Себеси до смрт и тоа смрт на Крст.

46. Љубовта покрива многу гревови. Ако на ужалените им бидете утеха, на несреќните олеснување, на бедниот помош, на сиракот татко и мајка, на болниот смирување, кон слугата покажувате милостивост, на заблудениот бидете раководител кон спасение и на секој христијанин, по можност срдечен служител, за таквата ваша љубов кон помалите браќа и членовите на нашиот Господ Исус Христос не само што ќе се избришат вашите гревови туку и ќе Го видите Господа лице во лице и ќе се зарадувате во вековите.

47. „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога“. Управувајќи со работите кои се насочени кон општествената заедница, во срцето постојано бидете жртва на Бога и така живејте во тој Вавилон - овој свет и непрекинато имајте го во својот ум Горниот Ерусалим и своето предназначение.

48. Претворете го своето благородство во служење на Господа Исуса Христа. Противете се на уживањето, избегнувајте го раскошот и не се превознесувајте пред своите слуги: тие се еднакви на вас во она највредното, зашто Господ и нив ги повикува на Својата Света Трпеза со истите зборови како и вас: „Дојдете, јадете, ова е Моето Тело...“ Пијте од неа сите, ова е Мојата Крв која се пролева за вас и за многумина!“

49. Долините, полегнати долу, речиси секогаш се плодни и родни, а повеќето високи планини се суви и без можност да се роди нешто на нив. Исто така, класот кој се издигнува над другите секогаш е празен, а кој стои со наведната глава, има во себе многу зрна. Имајте смирено (смерно) срце и ќе се збогатите со сѐ што ви е потребно за спасение.

50. На плодната долина дожд паѓа право од облакот но и од високите планини: такво е и смирението. Под дожд ја подразбирам Божјата благодат, која им се дава на смирените и тоа непосредно од Бога и преку луѓе, возвишени од Господа во овој живот, како возвишени планини. Ако во својата внатрешност бидете смерно предадени на Божјата волја и затворени за влез на Неговите непријатели, Духот Утешител ќе дојде и ќе се насели во вас.

51. На широкиот пат заборавете: Господ, по Своето милосрдие, нѐ воведува преку тесната врата во Царството Небесно, додека широкиот пат води во вечна пропаст.

52. И вам и себеси посакувам во овој живот само очистување од гревот и Го молам Господ Бог да направи со нас сѐ што Му е угодно, за да ги очисти нашите гревови и да го измие беззаконието, макар за тоа да се потребни и понижување и срам. И вие и јас треба да живееме според Божјите заповеди, а не само по човечките заповеди.

53. Заради корист на сопствената душа сакајте ја осаменоста и покорувајќи се во потполност на заповедите на Небесниот Отец, научете го своето срце на непрекината Исусова молитва. Од внатрешното престојување на Господ Бог во вас, ќе станете во сѐ потрпеливи, поизобилни со љубов и посмирени.

54. Пазете мрзливоста да не ги ослаби вашите сили за духовни подвизи, таа е првиот непријател на оние кои живеат далеку од Отецот. Но, не очајувајте и не тагувајте премногу заради своето спасение, ако понекогаш ослабнувате во подвизите.

55. Самите дела нема да нè спасат, туку Божјата милост, само ако правиме дела во Името на Господ Исус Христос, Кој нека не ве лишува вас, пријатели мои, од милоста Своја во сите денови на вашиот живот. Слаби ли сте или лоши, само прибегнувајте кон милосрдниот Господ Исус Христос и цврсто надевајте се во Него. Таа надеж нема да ве посрами во векови.

56. Не презирајте ги моите зборови и не

Page 40: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 40

сметајте ги тешки за исполнување. За Господа и со Господа ништо што е тешко - не е тешко и ништо жално - не е жално: „Зашто јаремот Негов е благ и бремето Негово е лесно“ (Матеј 11, 30).

СОВЕТИ НА ПРЕПОДОБЕН ЛАВ (НАГОЛКИН)

- Труди се повеќе да пазиш на себеси, а не да ги разгледуваш делата, постапките и односот на другите кон тебе и ако во нив не гледаш љубов, тоа е затоа што и ти самиот немаш љубов во себе.

- Каде што е смирението, тука е и едноставноста, која не ги испитува Божјите судови.

- Бог не ги одбива молитвите, но нивните желби понекогаш не ги исполнува единствено заради тоа - да устрои сѐ по Својата Божествена Промисла, најдобро што е можно. Што би било, кога Тој Севидувачкиот - потполно би ги исполнувал нашите желби? Мислам, иако не тврдам, дека тогаш сите луѓе би загинале.

- Човек што живее без внимавање над самиот себеси никогаш нема да се удостои со посета на Божјата благодат.

- Кога немате мир, знајте дека немате во себе смирение. Тоа Господ го рекол во следните зборови, кои заедно со тоа покажуваат каде треба да се бара мир. Тој рекол: „Научите се од Мене, зашто сум кроток и смирен по срце и ќе најдете мир на вашите души“ (Матеј 11, 29).

СОВЕТИ НА ПРЕПОДОБЕН МОЈСЕЈ (ПУТИЛОВ)

- Ако некогаш сте направиле некому милост - за тоа ќе бидете помилувани.

- Ако страдате со страдалниците (се чини дека ова е нешто мало) - се вбројувате во мачениците.

- Ако му простите на оној што ве навредил, не само што вашите гревови ви се простуваат, туку

станувате и синови Божји.

- Ако од срце се помолиш за спасение, па макар и малку, ќе се спасиш.

- Ако се укориш себеси, се обвиниш и осудиш пред Бога за гревовите кои ги чувствуваш на совеста и затоа ќе бидеш оправдан.

- Ако ги исповедаш своите гревови пред Бога, ќе добиеш простување и награда.

- Ако зажалиш заради своите гревови, или се расплачеш, или воздивнеш, таа твоја воздишка нема да биде сокриена од Него. „Не останува сокриена од Него“ - вели свети Симеон - „солзна капка, па ниту дел од капката“.

- Проверувај се секојдневно: што си посеал за идниот век, пченица или трње? Преиспитувајќи се, труди се да се исправаш на подобро и така живеј цел живот. Ако денешниот ден е поминат лошо, така што не си ги вознел молитвите кон Бога како што треба, ниту барем малку си се скрушил во срцето, ниту си се смирувал во мислите, ниту милостина си дал на некого, ниту си простил на оној кој некако ти згрешил, ниту си претрпел неволја, туку напротив не си се воздржал од гневот, не си се воздржал во зборовите, храната, пиењето или умот свој си го валкал во нечисти мисли, сето ова разгледувајќи го според совеста, потруди се утредента да бидеш повнимателен во доброто и погрижлив, да не правиш зло.

СОВЕТИ НА ПРЕПОДОБЕН МАКАРИЈ (ИВАНОВ)

- На вашето прашање; во што се состои среќниот живот - дали во славата или во богатството, или во тивкиот, мирен, семеен живот - ќе речам дека се согласувам со ова последното и уште ќе додадам: животот кој протекува со чиста

Page 41: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 41

совест и со смирение, донесува мир, спокојство и вистинска среќа. А богатството, честа, славата и високата позиција често пати стануваат причина за многу гревови и таквата среќа е безнадежна.

- Луѓето најчесто сакаат и бараат благосостојба во овој живот, а се трудат да ги избегнуваат неволјите. И се чини дека тоа е многу добро и пријатно, но денешната благосостојба му наштетува на човекот. Тој паѓа во различни страсти и гревови и Го гневи Господа, а поминувајќи го животот во неволји, повеќе се приближува кон Господа и полесно добива спасение и затоа Господ среќниот живот го нарекол „широк пат“: „широка е вратата и широк е патот кој води во смрт и многумина одат по него“ (Матеј 7, 13), а животот со неволји го нарекол: „Тесен е патот и тесна е вратата кои водат во вечен живот и малку се кои го наоѓаат“ (Матеј 7, 14). Значи, според својата љубов кон нас, Господ гледајќи ја нашата корист, многумина ги трга од широкиот пат и ги поставува на тесниот и трновит пат, за да го уреди нивното спасение преку трпење на болести и неволји и да им дарува вечен живот.

- ...Вие сакате, не само да бидете добра и да немате ништо лошо во себеси, туку и да се гледате таква. Желбата е за пофалба, а да ги гледате своите добри особини, тоа е веќе храна за самољубието. Сите треба да се сметаат себеси за непотребни слуги, ние сме во се неисправни, макар што во мислите не се сметаме за такви и затоа се сматуваме, наместо да се смириме. И затоа Бог не дава сила за исполнување, за да не се гордееме, туку да се смируваме и да задобиеме залог на смирение. И кога него ќе го стекнеме, тогаш и нашите добродетели ќе бидат цврсти и тоа нема да дозволи да се гордееме.

- Ние сме ограничени, мислејќи како да ја уредиме својата состојба, тагуваме, суетни сме, се лишуваме од мир, ги оставаме своите религиозни обврски за да можеме на своите деца да им оставиме подобро наследство. Но, знаеме ли дали тоа ќе им биде на корист? Не гледаме ли деца на кои им е оставено богатство, на кои тоа не им е од помош, туку напротив им послужило како повод за лоша моралност. Треба да се грижиме на децата да оставиме добар пример од сопствениот живот и да се воспитаат во страв Божји и според Неговите заповеди, тоа е нивното главно богатство. Кога ќе го бараме Царството Божјо и неговата правда, тогаш сѐ останато ќе ни се додаде (Матеј 6, 33). Вие велите: не треба тоа да се работи, денешниот свет не го бара тоа туку нешто друго! Добро, но дали вие сте ги родиле вашите деца само за светот или и за идниот живот? Утешувајте се со Божјите зборови: „Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме замрази пред вас“ (Јован 15,18), а телесното мудрување е непријателство кон Бога, зашто не се покорува на Божјиот закон ниту пак може (Рим. 8, 7). Не посакувајте вашите деца да стекнат слава од овој свет, туку да бидат добри луѓе, покорни деца, а кога Бог ќе одреди - добри сопрузи, нежни родители, грижливи за потчинетите на себеси, имајќи љубов кон сите и снисходење кон непријателите.

- ... Вие имате желба да му се приближите на Бога и да добиете спасение. Во тоа се состои сета должност на секој христијанин, која се исполнува со исполнување на Божјите заповеди, кои се засновани на љубовта кон Бога и кон ближните и се простираат сѐ до љубовта кон непријателите. Читајте го Евангелието, во него ќе најдете пат, вистина и живот, чувајте ја Православната вера и Уставот на Светата Црква, поучувајте се од делата на пастирите и учителите на Црквата и усогласувајте го својот живот со нивниот. Но самите молитвени правила не можат да ни донесат корист... Ви советувам што повеќе да обрнувате внимание на делата на љубов кон ближните: во односот кон сопругата и децата, грижете се за нивното воспитување во Православната вера и добриот морал кон вашите потчинети и кон сите ближни. Свети апостол Павле, набројувајќи разни видови на добродетели и подвизи на самоодрекување, говорел: „Иако го правам сето тоа, ако љубов немам - каква корист имам од тоа.“

Превод: ѓакон Емил Атансов

Page 42: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 42

Значењето на зборот „целомудреност“ според Светото Писмо. Поимот „целомудреност“ како чистота на душата и телото од телесните гревови и како непорочност, сеопфатен назив за сите добродетели.

Во апостолските списи и во списите на Светите Отци, под целомудреност најчесто се подразбира чистота од секакво телесно

грешно осквернување, а исто така и здравје на умот и на душата. Во нивните списи целомудреноста се означува со грчката именка „софросини“. Овој збор првобитно означувал разумност или разум (в. 2. Мак. 4,37, Дела 26, 25 и 1. Петр. 4, 7), здраво размислување, здравоумие, премудрост во животот и во зборовите. Целомудреноста е „целосна мудрост, колку умна, толку и морална“.

„Според својата етимолошка градба, зборот ,целомудреност’ укажува на здравје, неповреденост, единство и, воопшто, на нормална состојба на внатрешниот духовен живот на христијанинот, на целовитост и цврстина на личноста, свежина на духовни сили, духовна хармонија на внатрешниот човек“.

Според Свети Григориј Ниски, „целомудреноста, заедно со мудроста и разумноста, е добро усогласено располагање со сите душевни движења, хармонично дејствување на сите душевни сили“.

Целомудреноста е она што го чува човековиот дух од негово потонување во телото. Тоа е самозачувување на човечкиот дух без кое човекот станува телесен и животински и губи сè што е човечко.

Како спротивност на целомудреноста, се појавува состојба на разврат и расипаност на душата. Целината на личноста е разоткриена, се покажуваат сите ниски потреби и похоти на телото, додека душата е затрупана и преплавена со телесно, страсно и грешно. Развратниот човек како да е свртен наопаку, бесрамно покажувајќи го она што е најсрамно. Бесрамноста укажува на расипаност

и гнилост (руски и црковнословенски: „тленност“ на душата. Во развратниот човек се задржува само маската од човекот, бидејќи духот постепено умира и се гаси.

Стариот (грешен) човек пропаѓа во измамливи желби (Ефес. 4, 22), т.е. во страсти, за кои вообичаено човекот живее кога си угодува самиот на себе. „Егоистичниот живот во самоугодување и страсти, ја разложува, исцрпува и ја голта човековата природа“. Ова посебно се однесува на телесните гревови. „Другите гревови“, вели Свети Атанасиј Велики, „ѝ нанесуваат штета само на душата, додека развратникот го расипува и уништува и телото, исцрпувајќи ја душевната и животна сила“.

Според зборовите на преподобен Ефрем Сирин, „гревовната распадливост служи за уништување, бидејќи, прикриено продирајќи во длабочината, создава неисцрпен гнилеж во природата, која изгледа како незначителна, но станува неопфатлива, зашто слично како квасецот, го шири своето дејство од нозете до главата“. Душата на човекот не ја расипуваат само телесните гревови, туку и среброљубието, славољубието, зависта, омразата, гневот, дрскоста, скаменетоста на срцето, лагата, лихварството, заборавањето на Бога и секое друго зло.

Осветени во животворната купел на светото Крштение и очистени од секоја нечистотија на древната зараза, христијаните се храмови Божји (в. 1. Кор. 3, 16-17), кои никој и ништо не би требало да ги расипува и осквернува. „Ние сме“, вели свештеномаченикот, епископ картагински Кипријан, „откупени по многу висока цена – крвта на Господа Исуса Христа, Кој страдаше заради нас. Повикани сме да се потчиниме на волјата на својот Искупител во сите видови на служење на Него, прославувајќи Го и носејќи Го Господа во чисти души и неосквернето тело“.

Вообичаено е доблеста на целомудреноста да се спротивставува на телесниот и распуштен живот.

ПОЛОВОСТ И ЦЕЛОМУДРЕНОСТПОИМОТ „ЦЕЛОМУДРЕНОСТ“ ВО УЧЕЊЕТО НА СВЕТИТЕ ОТЦИ

Гермоген Шимановски

црквата и младите

Page 43: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 43

Тогаш се нарекува чистота на целомудреноста или чистота на душата и телото. Меѓутоа, под целомудреност не се подразбира само морална чистота на душата и на телото. „Целомудреноста е воздржување и надвладување на сите похоти со борба“.

Целомудрен е оној кој успева да се сочува себеси чист од секаков грев, како во мислите, чувствата, желбите и намерите, така и во делата. Апостол Павле тоа го нарекува „чистота“ (1. Тим. 5, 2), кога човекот „покрај телесната целомудреност ја зачувува и духовната и не си нанесува себеси никаква морална штета преку видот или слухот“, а исто така и преку допирот и сл. Преподобен Ефрем Сирин вели дека „вистинската целомудреност не е само чување на телото од блуд, туку и кога секој телесен дел (на пример очите или јазикот) ја зачувува целомудреноста и кога во внатрешниот човек душевните помисли не се соединуваат со порочните помисли. Според тоа, за некој да биде целомудрен, мора пред си, да се погрижи за напредување во секоја добродетел, за Светиот Дух,

Кој почива на добрите плодови, да го присоедини кон Царството небесно“.

На тој начин целомудреноста, во поширока смисла на зборот, се содржи во тоа да „се зачуваат сите доблести, внимавајќи на себе во сите постапки, зборови, дела и помисли“. Преподобниот Јован Лествичник вели дека токму целомудреноста ги опфаќа сите доблести: „Целомудреноста е сеопфатен назив за сите добродетели“ и не е ништо друго, туку непорочност. Нешто слично вели и свети Јован Златоуст: „Целомудреноста не се состои само во тоа некој да се воздржува од прељубодејствие, туку да биде слободен и од другите страсти. Според тоа, ниту користољубивиот човек не е целомудрен. И како што прељубникот е приврзан за телесната наслада, така овој (користољубивиот) е приврзан за богатството, па дури може да се каже дека тој е поневоздржан од првиот (прељубникот)“. Целомудреноста ги скротува сите страсти, ги воздржува бесловесните (животински, сетилни) стремежи на душата и телото и ги управува кон Бога“. Целомудреноста бара живот во самозаборав,

Page 44: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 44

со сестрано газење на егоизмот и секаков вид на самоугодување, кое сите цврсто ги врзува за себе“.

Во врска со наведените одредувања на целомудреноста (во потесна и поширока смисла), кај Светите Отци наоѓаме и укажувања на некои надворешни и внатрешни обележја на целомудреноста.

Свештеномаченикот Кипријан Картагински пишува: „Како прво, заповедта за целомудреноста се однесува на телото и, воопшто на нашата надворешност, а како второ на душата и на нејзините внатрешни помисли. Што се однесува до внатрешната целомудреност, таа се состои во тоа, секое добро да го правиме пред Бога и заради Бога, а не заради луѓето (заради човекоугодување), за во себе да ги уништиме и самите никулци на штетните мисли и желби, секого да сметаме за подобар од себе, да не му завидуваме на никого, ниту било што да си припишуваме себеси, туку сè да оставаме на волјата и наклонетоста на Божјата промисла, за секогаш да се сеќаваме на Божјото присуство и секогаш да бидеме приврзани за Бога и со тоа да ја зачуваме својата вера чиста и непристапна за било каква ерес, а својата внатрешна чистота да не си ја припишуваме себеси, туку на нашиот Спасител, Исус Христос, Кој е и нејзин извор. Внатрешната целомудреност се состои во тоа, сè додека сме живи да не мислиме дека сме го завршиле подвигот на доблести, туку да се подвизуваме до смртта. Внатрешната целомудреност се состои во тоа, сите напори и таги на сегашниот живот да ги сметаме за ништожни, да не се врзуваме и да не љубиме на земјата ништо освен ближните и награда за своите добри дела да не очекуваме на земјата, туку само од Бог, на Небото“.

Според зборовите на преподобен Јован Касијан, „обележјето на вистинската чистота на внатрешната целомудреност се состои во тоа, човекот во будна состојба да не дозволи грешно насладување со телесните чувства, па дури и во сон да биде без страстни сетилни движења“.

„Оној што се стекнал со совршена

целомудреност“, пишува преподобен Исаак Сирин, „не само што со борба ги воцеломудрува своите помисли, туку дури со постојана чистота и со вистинитоста на своето срце го воцеломудрува и зреењето на својот ум, не дозволувајќи му да се рашири на непотребни помисли“. Притоа, „срамот како перде виси во скриеното живеалиште на помислите и непорочноста на неговата душа, како целомудрена девојка, со вера се чува за Христа“.

Според зборовите на Кипријан Картагински, надворешната целомудреност се состои во избегнување на сè што би можело да нанесе макар и најмала дамка на душата, во воздржување од неумерено смеење и поттикнување на другите на такво смеење, во тоа што нема да се зборува нешто што ја осквернува пристојноста и вистината, во избегнување на луѓе кои водат порочен живот. Освен тоа, надворешната целомудреност се состои

Св. апостол Симон ЗилотСв. апостол Симон Зилот

Page 45: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 45

и во тоа што нема да му се дозволи на погледот да скита и да биде расеан на сите страни, во тоа што човекот нема да биде горделив, што нема да изгледа разметливо или сладострастно, во тоа што нема да се потсмева на страстите и на недостатоците на другите, што нема да зборува за она што не го знае и, исто така, што нема да зборува бесмислено и неумесно за она што не го знае.

На надворешните обележја на целомудреност се однесуваат и смиреноста (скромноста) во однесувањето и срамежливоста. „Срамежливоста е постојан сопатник на целомудреноста и на моралната чистота, кои во взаемно единство ја чуваат нашата моралност (посебно во младата возраст)... Срамот е прекрасен учител и раководител во зачувувањето на телесната чистота“.

Целомудрената смиреност на христијанинот не се покажува само во зборовите и постапките, туку и во самите телесни движења, во начинот на одење, во умешноста скромно да се однесува во општеството. Душата на човекот, како во огледало се одразува во неговата надворешност, во сите негови движења. Сето ова ни служи како одек или како пројавување на душата, бидејќи заради тесната поврзаност на душата со телото, од надворешните постапки на нашата телесна природа изведуваме заклучоци и за внатрешните особини на нашата духовна природа. Вештачки од, преслободни пози и телесни движења служат како израз на лекомисленост и нескромност. Нозете кои не чекорат како што доликува - не сведочат за целомудреност и ја разобличуваат болеста, бидејќи и во самото чекорење се забележува нешто дрско“, вели св. Григориј Богослов. Скромното држење на телото и надворешното однесување воопшто, претставуваат жив одраз на благочестив дух, добар карактер и скромност на еден христијанин. „Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе“ (Фил. 4,5).

„Целомудреноста не се состои само во непорочност на телото, туку и во скромно и долично облекување, во скромно украсување на косата“ вели свештеномаченикот Кипријан, епископ картагински.

Целомудреноста се покажува и во зборови, т.е. во чистотата на нашиот јазик. Погледот и слухот на целомудрениот христијанин се одвраќаат од сè што не е скромно (од соблазителни глетки, слики, книги, раскажувања, неумерени аплаузи и веселби и сл). „Многу срамни работи исфрла јазикот на алчните и развратни луѓе, многу скриено и соблазително има

во она што тој го исфрла во ушите на слушателот и ја повредува целомудреноста“.

Целомудрениот христијанин сè гледа со чисто око (Тит. 1,5). „Како што здравото око сè гледа чисто (јасно) и токму така одредува што е што... така и чистата душа сè гледа беспрекорно и чисто, додека поматената душа (т.е. душата осквернета со гревови), имајќи око прекриено со темнината на гревот, ниту она што е добро не може да го види како такво“, заради што подразбира дека и целомудрениот човек е лицемерен и дека има скриени пороци. Преподобниот Исаак Сирин вели дека христијанинот „кога ги гледа сите луѓе како добри и кога никој не му изгледа нечист и осквернет, самиот е со чисто срце.“

Убавината на човечкото тело во целомудрениот човек не предизвикува страстни чувства, туку го поттикнува да го прославува Творецот. Така, од житијата на светите е познато дека подвижниците, кои се прославиле со чистота и целомудреност, не биле измамувани од телесната убавина кога сретнувале некоја жена или момче со прекрасно лице, туку во своите помисли се вознесувале кон најсветата убавина, причинителот на секоја небесна и земна убавина, т.е. кон Бога. Тие Го прославувале заради тоа што на земјата создал таква убавина и се восхитувале на убавината на образот Божји, кој заблескал дури и во човечката природа повредена од гревот. Тие мисловно ја созерцувале неискажливата убавина (добрина) на лицето Божјо, убавината на светителите Божји, на светите ангели и на Пресвета Богородица, и заради тоа уште повеќе во себе ја распламтувале чистата љубов кон Бога „Кој заради Себе ја создал секоја убавина“. Некој ми раскажуваше за восхитувачки и највисок степен на чистота. Некој, гледајќи ја вообичаената женска убавина, силно Го прославувал Создателот и само заради тоа видување се распламтувал со голема љубов кон Бога и леел потоци од солзи. Навистина восхитувачка глетка! Она што за некого би било јама на пропаст, нему натприродно му послужило за стекнување на венец на славата“.

Чистата целомудреност претставува извор на внатрешна духовна радост и мир. Тоа се неизбежни сопатници на чистата и непомрачена совест: надворешно таа се пројавува во некоја скромна радост. Целомудрениот човек се одликува со воздржаност, трпение и истрајност во неволјите и искушенијата.

Целомудреноста е посебен дар Божји.

Св. апостол Симон Зилот

Page 46: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 46

Човекот не може да се стекне со чистота само со сопствени сили и настојувања: единствено според милоста и благодатта Божја на подвижникот му се дарува ослободување од „телесната битка и владеењето на надмоќните страсти“.

Вистинска целомудреност е можна само во христијанството. Во дамнина само некои, најдобрите меѓу незнабошците т.е. незнабожечките философи, можеле да се стекнат со извесен дел на целомудреност – воздржување од блудни дела и сл. Меѓутоа, „внатрешна, совршена и трајна чистота на духот и на телото, тие не само што не можеле да стекнат на дело, туку не можеле ниту да размислуваат за неа. Доблест на вистинска целомудреност може да се стекне само по Божја благодат, а неа ја поседуваат само оние христијани кои со смирен дух Му служат на Бога“.

МОРАЛНА ЧИСТОТА

Чистотата на целомудреноста како доблест која е спротивна на телесните страсти и на развратот. Во што се покажува моралната чистота на телото и на душата.

Разгледувана во потесна смисла на зборот, целомудреноста, како доблест која е спротивна на телесните страсти и на развратот се нарекува „чистота.“ Такво име за целомудреноста среќаваме кај свети Григориј Богослов, Јован Златоуст, Василиј Велики, преподобен Јован Лествичник, Исаак Сирин, Исидор Пелусиот, Марко Подвижник, Јован Касијан и други. „Целомудреноста е очистување на душата и на телото од секакво телесно (грешно) осквернување“, вели преподобен Јован Лествичник.

Рускиот подвижник, епископот Игнатиј Брјанчанинов, ја дава следнава одредба: „Чистотата е доблест која е спротивна на блудната страст. Таа е отуѓување на телото од вистинското паѓање во грев и од сите дејства што водат кон грев, отуѓување на умот од блудните помисли и фантазии, а срцето од блудните чувства и нагони, по што следува и отуѓување на телото од телесните копнежи“.

Понекогаш двете имиња за доблест се

соединуваат во единствен термин „чистота на целомудреноста“. За чистота на целомудреноста зборуваме тогаш кога, покрај телесната целомудреност, покрај чистотата од секое гревовно телесно осквернување, е зачувана и чистотата на душата од секакви нечисти помисли и желби“.

„Секој христијанин би требало да знае дека чистотата на надворешниот човек, т.е. телесната чистота, без чистота на внатрешниот човек, т.е. духот, не е чистота, како што за тоа пишува свети Ефимиј Велики. Тој вели дека човекот е блудник дури и ако не прави нечист грев со телото, но прави прељуба во мислите, имајќи нечисти помисли кои ги задржува, им се потчинува и се насладува со нив. Таквиот човек не може да биде храм на Светиот Дух, зашто Светиот Дух е сличен на пчела... и како што пчелата не влетува во смрдлив сад, така ниту Светиот Дух не влегува во нечиста душа“, пишува свети Димитриј Ростовски.

Современикот на светите апостоли, римскиот епископ Климент, кон крајот на 1 век им пишувал на коринтските христијани: „Додека сме на овој свет, додека живееме на земјата, треба да се каеме за она зло што сме го направиле со телото, за да добиеме спасение од Господа, додека сè уште има време за покајние... Според тоа, браќа, вечниот живот ќе го стекнеме дури тогаш, кога ќе ја исполниме волјата на Отецот небесен, кога телото ќе го зачуваме во чистота и ќе ги исполниме Господовите заповеди“.

Превод: дипл. теолог Жаклина Трајчев

Page 47: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 47

Тропар, глас 1.

При раѓањето девството го зачува, при упокојувањето светот не го остави, Богородице, се престави кај

животот, Мајко на Оној што е Живот, и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт нашите души.

Page 48: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 48

Хармонијата во сопружничките односи претставува услов за голема среќа во животот на двајцата сопружници. „Ако секој

ја исполнува својата должност, тогаш сè ќе биде цврсто, бидејќи кога жената ќе види дека е сакана, таа станува дружељубива и понизна, а кога ќе наиде на понизност, мажот станува кроток“ - забележува Златоуст.

Но, некои велат дека брачните односи се засновани на такви чувства, кои не смеат да се претворат во должност, во обврска. Каква љубов е тоа по наредба, каква верност е тоа, по заповед? Страста е толку пријатна сама за себе. Може ли таа од една принуда да ја позајми онаа сила која не може да ја најде во својата сопствена убавина? Будејќи во нас љубов воопшто кон луѓето, како наши браќа во Христа, Христијанството не ни принудува на онаа брачна љубов која е привидна, насилна, која не е заснована на слобода (1. Кор. 7, 39), на внатрешната, духовна приврзаност на брачните другари. Напротив, Христијанството се грижи токму за тоа, брачните односи да ја имаат онаа внатрешна основа, која гарантира отсуство на постојани кавги и раздори. Но, бидејќи не благословува брак од интерес или од принуда, Христијанството, како што знаеме, сопружничката љубов не ја ограничува на страстта, па оваа последната не ја признава за внатрешна основа на бракот и неговата судбина не ја доверува на овој слеп и водач.

Христијански духовноста не се стреми чувствата да ги препушти сами на себе, туку да ги потчини на барањата на умот и на духовните должности. Секако, тоа не е принуда, не е насилство. Тоа е гаранција на вистинското човечко достоинство. Кога би била препуштена самата на себе, сопружничката љубов лесно би можела да премине само во телесни наслади, по чие задоволување доаѓа до оладување и раскинување на сопружничките односи; но, бидејќи се потпира на духовни принципи, на сфаќање

на должноста, потчинување на умно-етичките барања, таа е постојана и неисцрпна. Колку повеќе сопружниците ќе се наоружаат со прекрасниот збор „морам“, толку поенергично ќе ја замолчат – тој, машката непостојаност и наклонетост кон развратот, а таа, женската наклонетост кон кокетирање; толку повеќе нивната љубов, хранета со сите тие жртви, ќе се разгори и облагороди. Како што ниту државата не може да живее ако не се раководи со чувството на должност, истото важи и за семејството. Должноста ни принудува чесно да работиме, ни повикува на служба кон општеството, дури и ако тоа понекогаш е поврзано со непријатности и искушенија, дури и ако му противречи на егоизмот, на стремежот кон лично спокојство и задоволства.

И така, кога и двајцата брачни другари верно ја извршуваат својата должност, тоа доведува до одржување на хармонијата и до цврсти брачни односи. Но, исто така, може лесно да се случи една од страните да ги прекршува должностите: нели ја руши тоа хармонијата на бракот, нели ја предизвикува и другата страна да отстапи од својата обврска и нели води кон раскинување на сопружничките односи? Нели е одовде и самото барање за нераскинливост на бракот условено со тоа, што и едната и другата страна правилно ќе ги извршуваат своите брачни обврски? Тоа не може да се каже. Христијанството не смета дека хармонијата на брачните односи е потполно уништена ако едната страна не ја извршува својата должност. Напротив, хармонијата може да се одржува, па дури и потполно да се обнови со тоа што другата страна е верна на должностите. Мислата на Апостол Павле, изречена за мешаните бракови, може на извесен начин да се примени и во дадениот случај. „Зашто маж безверник се осветува преку жената која верува, и жена безверничка се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле нечисти, а сега се свети“ (1. Кор. 7, 14).

ЗА ХРИСТИЈАНСКИТЕ ДОЛЖНОСТИ НА СОПРУЖНИЦИТЕ

семејство и воспитување

Page 49: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 49

Но, на кој начин мажот во жената ќе ја виде Црквата, која Му се покорува на Христа и како ќе ја сака ако таа според своите постапки ниту од далеку не е таква? Или, како жената во мажот може да Го види Христа, ако тој е злобен, насилник? Може ли таа да му се покорува на таков маж, како на Христа?

Што се однесува до љубовта на мажот, уште од порано зборувавме дека таа не може да биде уништена од непослушноста на жената, напротив, таа уште повеќе расте, па дури и победува над лошиот карактер на жената. Всушност, тешко е и да се претпостави дека и покрај целата љубов на мажот, неговата грижа за неа, верност и самоодрекување, жената, колку и да е лоша, не би го ценела тоа и не би се помирила со мажот. Така и Христос се направил Себе си послушен на Црквата, која некогаш била, како што вели Златоуст, попорочна и полоша од секоја жена. Токму во тоа се крие високо човечкиот и длабоко верниот поглед на Христијанството на човечката природа, што тоа верува во усовршувањето на таа природа, во духовен напредок на човештвото. Токму со тоа е возвишен и од сè е поразличен христијанскиот морал, затоа што тој не ни ослободува од нашите обврски кон другите, кога другите ги прекршуваат своите обврски кон нас. Поинаку никогаш не би имало мир меѓу луѓето. Христијанинот го сака

својот непријател и често од непријателот прави свој пријател; тој ги благословува оние кои го проколнуваат, а тие тогаш замолчуваат „И кој ќе ви направи зло, ако правите добро?“ (1. Петр. 3, 13).

Така е и во семејните односи. Без оглед на било каква морална маана на едниот или другиот сопружник, Христијанинот во него сепак гледа човечка личност, свој брат, божјо чедо и се однесува кон него трпеливо и снисходливо. Навистина, наведените меѓучовечки односи, меѓу другото и меѓусебните односи на сопружниците, се многу тешки, а на ниско ниво на духовен развој се дури и невозможни, сепак Христијанството, всушност, се грижи за подигање на тоа ниво, укажувајќи на средствата за негово достигнување. Тешка е положбата на угнетуваната сопруга, но не се лесни ниту другите услови на вистински човечкиот живот: не е лесно на непријателот да му се простат навредите, не е лесно секогаш да се биде чесен, внимателен, да се чува човечкото достоинство; но, духовниот човек не се одрекува од тоа. Дури и во паганството наоѓаме примери на духовна сила и самоконтрола. Наведувајќи го примерот на Сократ, кој, според преданието, трпел зла жена, Златоуст во една од своите беседи забележува: „Многу ми е тешко што и паганите (во многу нешта) биле над нас“.

Page 50: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 50

Некој ќе рече, не ли е лошо, да се потчинува жената на мажот тиранин и да се прави од неа жртва на неговото самоволие, а посебно онаа жена која од него е и попаметна и пообразована, итн?

Но, ако ѝ е дозволено да не му се потчинува, па и на неговата грубост да одговара со иста мерка, тоа нема да ѝ ја олесни судбината, туку би довело до потполно распаѓање на брачните односи, а жената само би била подложена на уште поголеми навреди и демонстрации на грубата сила на сопругот. Да се дозволи, пак, развод, значи да се откаже од возвишеното духовно значење на бракот и пак да се фрли жената во бездната на оние зла од нехристијанскиот брак, за кои порано зборувавме. И, воопшто, разводот не само што не ги уништува семејните неслоги, туку уште и ги поттикнува со тоа што на некој начин ја признава нивната законитост и нормалност. Ако принципот на развод се земе како средство против раздорот и нарушувањето на правата, тогаш луѓето би морале постојано да се разведуваат, а човечките заедници да се караат, а притоа злото сепак не би се уништило. И спротивно, тоа зло се искоренува со подигање на духовното ниво на луѓето, кон што и се стреми христијанското воспитување.

Налагајќи ѝ на жената како обврска, без разлика на сите лоши особини на мажот, да биде послушна и да прави отстапки, Христијанството во тоа гледа средство за вкоренување на мир во брачните односи и повторно воспоставување на

семејната среќа. И, колку жената е попаметна и пообразована, толку нејзината послушност кон мажот е позадолжителна и полесна од една страна, а поплодотворна од друга, бидејќи од неа не прави робинка на мажот, туку често ја доведува до возвишени духовни победи. Христијанството смета дека за жената е сосема можно на тој начин да го покори, дури и неверниот маж, нехристијанин (1. Петр. 3, 1-2; 1. Кор. 7, 16). „Ако мажот е незнабожец, бргу ќе се обрати; ако пак е Христијанин, ќе биде подобар“ – пишува Св. Јован Златоуст.

Се разбира, жената не е обврзана да исполнува било какви противзаконски барања на својот маж, неговите хирови кои се спротивни на верата и на моралот, но жената Христијанка, сепак, се труди да се однесува внимателно и скромно за да не падне во злоба и гордост. Во своите постапки, кои не се во согласност со волјата на мажот, таа покажува дека не сака да му се спротивставува на мажот, дека не сака да биде тврдоглава, туку дека не сака да биде противничка на Законот Божји. Секое одбивање да се исполнат неправедни барања, може да носи карактер на ислкучителна послушност, љубов и кроткост, но може да биде и грубо, дрско и понижувачко. Токму ова последното не е во согласност со однесувањето на христијанската сопруга; токму против тоа и апостолот пишува: „На жената не ѝ допуштам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна“ (1. Тим.

Page 51: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 51

2, 12). Напротив, првиот начин на однесување може да има многу поволно влијание врз злобниот маж и на тој начин може да стане извор на слава на жената. Ставајќи го човекот среде сите животни опасности, Христијанството на тој начин го наоружува со духовни средства, со кои не само што останува непобеден, туку станува и победник. Ете, ве испраќам како овци меѓу волци – им зборуваше еднаш Спасителот на Своите ученици – „Бидете мудри како змии и незлобни како гулаби“ (Матеј 10, 16). Овие зборови на Спасителот, секако, можат да се однесуваат на секој Христијанин, помеѓу другото – и на жените. Овој совет може да се користи и во случај на несогласувања со сопрузите во поглед на верата „А така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако некои од нив не му се покоруваат на словото, преку поведението на своите жени да се придобијат без приговор“ (1. Петр. 3, 1-2; спореди 1. Кор. 7, 16).

На тој начин на жената ѝ се признава исто толку силно духовно влијание врз мажот, на неговото исправување и усовршување, како што тоа право му е признато на мажот. Но, во овој случај

жената никако не оди кон и најмала употреба на власт, што само би можело повеќе да го раздразни мажот, туку дејствува преку влијание на својот скромен, понизен карактер, кој необично го омекнува срцето на мажот, со примерот на својот чист и богобојазлив живот, кој незабележително го подобрува и карактерот на мажот.

Всушност, однесувањето на жената Христијанка природно треба силно да влијае на секој маж-неверник. Споредувајќи го скромниот, непорочен и чесен начин на живот на таквата жена со однесувањето на незнабожечките жени – распуштени, хировити и неверни, секој маж неверник без потешкотија ќе дојде, не само до почитување на својата жена, туку и до почитување на онаа религија, на која што жената е следбеник. Во тој случај навистина нема потреба од проповед, која често не може да допре до мажот поради неговото грубо срце и сомничавост. Однесувањето на жената на јасен начин му ја покажува на мажот предноста на христијанската вера. Притоа, од друга страна, треба да се забележи дека зборовите на апостолот: „ако некои не им поверуваат на зборовите, тогаш преку однесувањето на жената и без зборови да бидат придобиени“, не ја исклучуваат во целост можноста жената на мажот да му дава потполно пристојни домашни поуки, совети, известувања. „Известувај, советувај, убедувај“ – ја повикува Златоуст жената на лошиот сопруг – ниту еден учител не може да убеди така како жената. Благочестивата и разумна жена, најпрво ќе го направи пристоен својот сопруг и неговата душа ќе ја обликува според своја желба. Бидејќи мажот нема да ги слуша ниту пријателите, ниту учителите, ниту началниците, како што ќе ја слуша разумната сопруга, додека таа го советува и известува“. Но, апостол Петар, всушност сакал да ја изрази мислата дека, постојаното, непосредно влијание на целокупниот живот на жената, проткаен со духот на Христијанството, може да влијае на мажот подобро од сите зборови.

Тертулијан живописно ја опишал тешката положба на Христијанката во домот на мажот неверник, кога нејзината вера мора да се бори со љубовта кон мажот и воопшто со брачните обврски; тој се надева дека жената преку примерот со својот живот ќе го исправи мажот и ќе го привлече кон Христа, па за неа наоѓа најдобра утеха и поддршка. „Жената, која со своите доблести се удостоила да стекне Божја благодат, најверојатно на мажот-идолопоклоник ќе му влее толку почит кон неа, што

Page 52: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 52

нема да се плаши во него да најде ниту тиранин, ниту предавник. Тој, пак, ќе почне да ѝ се восхитува на нејзините добри дела, познавајќи ги по нејзините благородни постапки. Ќе согледа дека таа во многу нешта е подостојна од него и почитта која расте кон неа, можеби од него ќе направи новообратен“. „И ако не го придобиеш, насочиш мажот кон вистинските догми“ – забележува Златоуст, – „сепак, во најмала рака, ќе му ја затвориш устата и нема да дозволиш да хули на Христијанството. А тоа не е безначајно, туку многу големо дело, нашето учење да биде почитувано заради нашето однесување“.

Историјата на црквата ни претставува многу примери на Христијанки, чии сопрузи биле груби незнабошци, а тие сепак, не само што успеале да живеат со нив, туку на нив уште и благотворно делувале.

Во Кападокија, во IV век, благочестивата Нона долго се трудела да го обрати во Христијанство својот сопруг Григориј (таткото на свети Григориј Богослов). „Жената, која од Бога му беше дадена на мојот родител – вели свети Григориј Богослов – за него не беше само соработничка, што и не е зачудувачки, туку уште и раководителка: таа со зборови и дела го насочуваше кон сè што е прекрасно. Сметаше за своја обврска во сè останато да му се покорува на мажот, според законот на сопружништвото, но не се срамеше во верата и чесноста да биде негова наставничка... често се молеше за негово спасение со врели солзи, често му кажуваше зборови полни со најсилна љубов, а понекогаш и христијански закани, известувања и сл. Притоа, ништо не делуваше така на татко ми, како нејзиниот кроток христијански карактер, нејзината искрена чесност, кои најпрво ја омекнуваат душата и пред чија сила човекот со задоволство се свртува кон доблестите“.

Капката вода, која паѓала

постојано, најпосле морала да ја пробие карпата. Изгледа дека Нона многу пати го молела мажот со неа да пее псалми. Еднаш Григориј сонувал дека заедно со жената пее псалми. Тој сон на него оставил силно влијание, а Нона во тоа го видела делото Божјо и успеала да го искористи тоа згодно влијание. Тој се крстил, а подоцна станал и епископ на градот Назианз.

Свети Григориј Богослов исто така зборува и за својата сестра Горгонија: „Таа се сврте кон верата на својот сопруг и во него не најде суров господар, туку благ сослужител...“ Кај неа строгоста не личеше на намрштеност а услужливоста на распусност), туку во едната особина се гледаше здрав разум, а во другата кроткост.

Уште побогата во таа смисла е историјата

Page 53: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 53

на Моника, мајката на блажениот Августин (IV век). Мажот ѝ Патрикиј бил незнабожец, човек со неморален, пламенен и раздразлив карактер. Но, Моника со својата кроткост и со непоколебливата цврстина на правилата успеала да му влее љубов и почит кон себе и да ја скроти грубоста на неговиот карактер толку, што тој не се осмелувал над неа да врши било какво насилство. Таа великодушно го поднесувала неговото неверство, така што за тоа ниту еден збор не му приговорила, за да не предизвика кавга. Умеела да не му се спротивставува на гневниот сопруг ниту со дело, ниту со збор. Но, кога тој ќе си дошол при себе и ќе се смирел, тогаш таа, изнаоѓајќи згоден момент, му укажувала на неоснованоста на неговите постапки ако тој навистина без причина бил неприсебен, и истиот момент го наведувала и тој самиот да го сфати и да го почувствува тоа.

Другарките на Моника многу се чуделе и ја молеле да им ја открие тајната на таквото влијание врз мажот. Моника го обвинувала нивниот јазик и им укажувала на христијанската заповед за послушност, кроткост и молчење на жените пред своите мажи. Меѓутоа, некои нејзини пријателки кон многу помирни сопрузи се однесувале сосема

поинаку: често се карале, пцуеле, противречеле, а таквото нивно однесување доведувало само до поголеми маки, кои тие ги поднесувале, секако, низ победата на физичката сила на сопругот, така што трагите на нивното лошо однесување кон сопрузите останувале на нивните унакажени лица. Само духовните, христијански средства што ги користела Моника при однесувањето со сопругот, целосно го разоружувале грубиот незнабожец. Влијанието на Моника врз Патрикиј постепено растело. На почетокот, иако самиот и понатаму останувал неверник, на сопругата не ѝ го одзел правото синот да го воспитува во духот на Христијанството, а подоцна и самиот се обратил кон Христа, токму под влијание, не толку на нејзините зборови, колку на примерот на светиот живот на својата сопруга.

Погоре спомнавме и други примери на благотворно влијание на христијанските сопруги врз сопрузите пагани, кои не само што самите преминувале во Христијанство, благодарение на тоа влијание, туку уште и го ширеле меѓу своите потчинети, или биле покровители.

Превод:

дипл. теолог Жаклина Трајчев

Page 54: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 54

За време на својот престој во Оптинскиот манастир, Николај Васиљевич Гогољ му раскажал на својот духовник отец Амвросиј

за чудото на свети Спиридон, кое се случило пред неговите очи.

Тоа се случило за време на неговото поклонение на моштите на светиот угодник Божји Св. Спиридон Тримитунтски, чии мошти се наоѓаат на островот Крф.

Свети Спиридон бил пријател на светиот Николај Мирликијски Чудотворец. Во свое време обајцата светители ја одбранија чистотата на Православната вера во борбата со ереста на свештеникот Ариј на Првиот Вселенски Собор во 325. година. Моштите на свети Спиридон поседуваат единствени својства: не само што се нетрулежни во текот на вековите, туку ја сочувале и еластичноста и мекоста својствени на обичното, живо човечко тело.

Тој ден кога Гогољ дошол на поклонение на светителот кој се слави на 25-ти декември по нов календар, со голема торжественост се правел опход со моштите околу градот. Меѓу народот се наоѓал и еден англиски патник кој израснал на скептицизмот и рационализмот на протестантската култура. Тој си дозволил себеси да даде примедба дека ’сигурно на грбот на светиот угодник Божји се направени резови и телото е внимателно балсамирано’. Потоа сосема се приближил до моштите. Какво било неговото избезумување кое се граничи со ужас, кога моштите на светителот, т.е. светителот пред очите на сите ... полека се издигнал од кивотот и го свртел грбот токму кон тој „идеен“ наследник на апостолот Тома, кој бил наречен „неверен“, и проговорил: „АЈДЕ ПРИЈАТЕЛЕ, ПОБАРАЈ ГИ СВОИТЕ РЕЗОВИ!“

Каква е натамошната судбина на тој почитуван Британец, за жал не е познато. Но Гогољ пак, тоа чудо го потресло до дното на душата.

ЧУДО НА СВЕТИ СПИРИДОН ТРИМИТУНТСКИ

божји чуда

Page 55: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 55

ОД 36,6 степени. Нему му раснат и нокти и коса. И што е најчудно – облеката која му е облечена се менува на секои шест месеци, затоа што ветвее како да не лежи во кивотот, туку постојано да оди. Чуварот на кивотот кажуваше дека, се случува клучот да не може да ја отвори бравата на кивотот. И тогаш свештениците знаат – светителот едноставно не е во кивотот, тој оди по островот.

Превод:Братството на Манастирот

„Св. Гаврил Лесновски“

Кивотот со моштите на светителот сиот е накитен со дарови од оние на кои светителот им помогнал. Местото кадешто се наоѓа реликвијата е заклучено и чуварот го отвора само за православните поклоници, додека на римокатолиците им е дозволено само да го целиваат кивотот. Писателот го опишува изгледот на светителот – светиот Спиридон – „Господи, за мене тоа беше најголем потрес во животот. Преку стаклото сосема добро успеав да го распознаам лицето на светителот. Неговите црти се сосема препознатливи, одлично зачуваната коса и белоснежните заби. Кожата e малку набрчкана и потемнета, но ја зачувала формата. ТЕЛОТО НА СВЕТИ СПИРИДОН ИМА ПОСТОЈАНА ТЕМПЕРАТУРА

Page 56: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 56

Цветници во Виница и освет на камен-темелник за нова црква во с. Уларци, кочанско

На 17. 04. 2011 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, отслужи Света Архиерејска Златоустова Литургија во храмот Св. Архангел Михаил во Виница, во присуство на многуброен верен народ а во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе празнично пригодно слово. Истиот ден во с. Уларци – кочанско освети и постави камен-темелник за изградба на нова црква посветена на Св. великомаченичка Варвара, каде што и одржа пригодно слово.

Концерт на Духовна музика во КочаниНа 16. 04. 2011 година (Лазарева Сабота), со благослов на надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство

Митополитот Брегалнички г. Иларион, се одража Концерт на Духовна музика во салата на Правниот Факултет во Кочани. Концертот го организираше Црковното Настојателство при храмот Св. Вмч. Ѓорѓи во Кочани, а настап имаше хорот Свето Благовештение при храмот Св. вмч. Ѓорѓи во Кочани. На концертот, покрај многубројниот народ присуствуваше Митрополитот г. Иларион, Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од кочанското архиерејско намесништво, како и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов и многуброен православен народ.

Page 57: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 57

Оплакување Христово – Велики ПетокНа 22. 04. 2011 година, Велики Петок, во 18 – часот, во Соборниот храм Свети Николај во Штип, Неговото

Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи бдение со пеење на статиите (Оплакување Христово) и се изнесе светата Плаштаница околу храмот, а на крајот од службата Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово.

епархиски настаниуредува: протоѓакон Сашо Ристов

Велики Четврток во ШтипВо Соборниот храм Свети Николај во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г.

Иларион, отслужи Бдение со читање на 12-те страдални Евангелија. По петтото евангелие, Митрополитот г. Иларион, го изнесе светото Распјатие, пред кое сите се поклонија и на крајот од службата Митрополитот произнесе пригодно слово.

Page 58: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 58

На Источен Петок – Балаклија потсрижување во расофор на сестра Гаврила, во Марена - метох на Лесновскиот манастир

На 29. 04. 2011 година во манастирот посветен на Животворниот Извор на Пресвета Богородица - Источен Петок – Балаклија, во месноста Марена – Злетово, метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, ја потсрижа искушеничката Силвана во расофорна, при што и го даде монашкото име Гаврила и отслужи света воскресенска архиерејска Литургија. На крајот од светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. За сите присутни верници беше организирана заедничка трпеза на љубовта во женскиот манастир Св. Спиридон, метох на Лесновскиот манастир.

Читање на Евангелието на разни јазициВо Соборниот храм Свети Николај во Штип, на 24. 04. 2011 година, беше отслужена празнична Вечерна со

читање на Евангелието на разни јазици. Чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Page 59: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 59

Храмова слава на црквата Св. великомаченик Георгиј, во КочаниНа 06. 05. 2011 година, Св. вмч. Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот

Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во храмот кој е посветен на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во Кочани, отсужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одража пригодна беседа, отслужи акатис на Св. вмч. Георгиј Победоносец, потоа со свештенството и верниот народ, со моштиите и иконата на Св. вмч. Георгиј изврши литија околу храмот и го благослови и пресече парзничниот леб. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ кој со искрена вера дојде да се помоли и поклони пред моштиите на Св. вмч. Георгиј Победоносец, кои токму, по повод храмовата слава на Кочани, беа донесени од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново на поклонение во Кочани.

Мошти на Св. великомаченик Георгиј Победоносец, во Кочани на Ѓурѓовден На 05. 05. 2011 година, во предвечерието, во храмот посветен на Св. вмч Георгиј Победоносец, на голема радост за

Градот Кочани, со благослов на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново, Игуменот на манастирот отец Дамаскин донесе честица од моштиите на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец на поклонение за верниот православен народ. Пред почетокот на вечерната богослужба, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, ја освети новоизработената храмова икона со ликот на Св. вмч. Георгиј и отслужи Празнична Вечерна Богослужба.

На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесоа моштите и иконата на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа пригодно слово.

Page 60: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 60

Групна Венчавка на Пониква – Oсоговски ПланиниНа 15. 05. 2011 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во манастирот

Св. Василиј Велики кој се наоѓа на Осоговските Планини во месноста Пониква, ја изврши Светата Тајна Брак на четири возрасни парови кои беа дел од иницијаторите и учесниците во изградбата на овој манастир. Во своето обраќање, Митрополитот г. Иларион, на брачните парови им ја честита Светата Тајна Брак и Им посака долг живот и преуспевање во верата.

Литургија и Свештеничко Епархиско Собраниево манастирот Св. великомаченик Пантелејмон, во с. Пантелеј - кочанско

На 17. 05. 2011 година, (преподобна маченичка. Пелагија, св. свештеномаченик Силуан), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во манастирот Св. вмч. Пантелејмон во с. Пантелеј - кочанско, отслужи света архиерејска литургија. По светата литургија во конаците при манастирот, во присутво на целиот клир од Брегалничката епархија, се одржа редовното годишно Свештеничко Епархиско Собрание, со кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на кое се разговараше за црковно – духовниот живот во епархијата според Догматското и Литургиското учење на Светата Соборна Апостолска Црква. По завршувањето на Свештеничкото Епархиско Собрание беше организирана заедничка трпеза на љубовта.

Page 61: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 61

Преосветување на црквата „Св. Николај“ во с. Мечкуевци – светиниколскоНа 22. 05. 2011 година, (Недела на Самарјанката, Пренос на моштите На св. Николај во Бари, св. Христофор)

и по повод 165 години од осветувањето на црквата Св. Николај во с. Мечкуевци – Свети Николе, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, ја преосвети црквата Св. Николај во с. Мечкуевци и отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа повикувајќи ги луѓето на меѓусебна Христова љубов и на сите кои допринесоа за да се преосвети црквата им се заблагодари и им додели Благодарници и им го честита преосветувањето на верниците од село Мечкуевци. По ова Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб.

Камен темелник за изградба на нова црква во с. Рајчани - кочанскоНа 28. 05. 2011 година, Св. Ахил еп. Лерински; св. Пахомиј Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот

Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерјско намесништво, го изврши чинот осветување и поставување на камен темелник за изградба на нова црква посветена на Света Троица во с. Рајчани, Спанчевка парохија – Кочанско архиерејско намесништво, општина Кочани во присуство на многубројен народ, како и Заменик Министерот за Одбрана при Владата на РМ г. Емил Димитров, Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски и Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Тони Тоневски.

Page 62: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 62

Преосветување на црквата „Св. Архангел Михаил“ кај Музичкото школо во Штип

На 29. 05. 2011 година, (Недела на Слепиот, препод. Теодор Освештен), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, ја преосвети црквата „Св. Архангел Михаил“ кај Музичкото средно училиште во Штип и отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа.

Камен темелник за изградба на нова црква во нас. Железничка во ШтипНа 29. 05. 2011 година, (Препод. Теодор Освештен), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички

г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, го изврши чинот осветување и поставување на камен темелник за изградба на нова црква посветена на Светиот Иларион епископ Мегленски и одржа содражајна пригодна беседа.

Page 63: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 63

Вечерна и Духовна Академија во Виница на Празникотна Заштитникот на Градот Св. ап. Павле – Собор на 12-те Апостоли

По повод Празникот и Заштитникот на Градот Виница Свети Апостол Павле – Собор на 12 – те Апостоли и оваа година, Советот на Општина Виница, изготви посебна програма за одбележување на денот на градот.

На 12. 07. 2011 година, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот Св. Архангел Михаил во Виница, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од брегалничката епархија, а во прекрасното источно пеење на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството.

На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на Свети апостол Павле и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа пригодно слово.

Во 20:00 часот, во присуство на многуброен православен народ, се одржа духовна академија салата при Општинската зграда. На духовната академија настап имаше црковниот хор Св. Јован Кукузител при храмот Св. Архангел Михаил во Виница со пеење на тропарот на Светите апостоли Петар и Павле и други црковни песни помеѓу кои имаше цркони рецитали од житијата и книгите на Светите апостоли Петар и Павле. На духовната академија свои обраќања имаа Градоначалникот на Општина Кочани г. Емил Дончев и Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На Духовнта академија по повод Празникот на Градот беа доделени благодарници на сограѓани од Виница за особени достигнувања и придонес за развој и афирмација на Општина Виница.

Page 64: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 64

Вечерна и Духовна Академија во Кочанина Празникот на Заштитникот на Градот - Св. апостол Петар

Мината година, по предлог на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Советот на Општина Кочани, Свети апостол Петар офецијално го прогласи за Заштитник на Градот за што и оваа година беше изготвена посебна програма за одбележување на денот на градот.

На 11. 07. 2011 година, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот Св. вмч. Георгиј во Кочани, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од брегалничката епархија, а во прекрасното источно пеење на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството.

На вечерната богослижба на Литијните стихири се изнесе иконата на Светите апостоли Петар и Павле и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа пригодно слово.

Во 19: 30 часот, во присуство на многуброен православен народ, се одржа духовна академија во НУЦК Бели Мугри во Кочани. На духовната академија настап имаше црковниот хор Св. Благовештение при храмот Св. вмч. Георгиј во Кочани со пеење на тропарот на Светите апостоли Петар и Павле и други црковни песни помеѓу кои имаше црковни рецитали од житијата и книгите на Светите апостоли Петар и Павле. На духовната академија свое обраќање имаше Митрополитот Брегалнички г. Иларион за Светиот апостол Петар како Поборник за верата и Заштитник на православниот народ.

Литургиска средба со Црковните хорови во Брегалничката епархијаво манастирот „Св. великомаченик Пантелејмон“ во с. Пантелеј – кочанско

На 19. 06. 2011 година, Недела 1 – ва по Педесетница – на Сите Светии, препод. Висарион Чудотворец, по барање и благослов на Надлежниот Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во манастирот „Св. вмч. Пантелејмон“ во с. Пантелеј – кочанско, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, а во прекрасното пеење на сите хорови при црквите во Брегалничката епархија, отслужи света архиерејска литургија. По литургијата Митрополитот Брегалнички г. Иларион имаше заедничка работна трпеза на љубовта со старешините и сите хорови при црквите во Брегалничката епархија.

Page 65: Troicnik 31

• • • TROI^NIK • • • 65

Чествување на Светитот апостол Павле, Заштитник и Патрон на ВиницаНа 13. 07. 2011 година на празникот на Собор на 12-те Апостоли - Павловден, во храмот Св. Архангел Михаил

во Виница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката и Европската епархија, отслужи света архиерјска литургија, и одржа пригодна содржајна бесседа..

По светата литургија, Надлежниот Митрополит г. Иларион, заедно со свештенослужителите, Градоначалникот на Општина Виница г. Емил Дончев, Претседателот на Советот на Општина Виница г. Мартин Павлов и многуројниот православен народ, со иконата на Светиот апостол Павле, извршија литија од храмот Св. Архангел Михаил до Градскиот Плоштад во Виница каде го благослови и пресече празничниот леб. По ова во Општинската зграда во салата за состаноци се одржа свечена седница по повод Патронот и Заштитникот на Градот Виница.

Чествување на Светиот апостол Петар, Заштитник и Патрон на Кочани На 12. 07. 2011 година на празникот на Светите апостоли Петар и Павле, во храмот Св. вмч Георгиј во Кочани,

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Надлежниот Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Европската и Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија. На светата литургија Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан одржа пригодна беседа, а Митрополитот Брегалнички г. Иларион му го честита 25 годишниот Јубилеј од хиротонијата на Отецот на Нацијата Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан за што од старешината на хрмот му поклонија мало архиерејско облекување.

По светата литургија, со иконата на Светите Апостоли Петар и Павле се изврши литија од храмот Св. вмч. Георгиј до Градскиот Плоштад во Кочани, каде Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во присуство на Митрополитите г. Агатангел и г. Иларион, свештенослужителите, Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, Претседателот на Советот на Општина Кочани г. Анче Трифунов и многуројниот православен народ го благослови и пресече празничниот леб и одржа пригодна беседа. По ова во зградата на Националната Јавна Установа за Култура Искра во Кочани се одржа свечена седница по повод Патронот и Заштитникот на Градот Кочани и беа доделени благодарници на лица кои допринеле за афирмација на градот Кочани и следуваше културно – уметничка програма по повод Патронот и Заштитникот на Градот Кочани Свети Апостол Петар.

Page 66: Troicnik 31
Page 67: Troicnik 31