vertigo wave 1 on mia - may 2011

18
Ова е обид да се запишат моменти од едно неверојатно доживување. Бродскиот дневник никако не може да долови целосна слика, таа само може да се доживее. Но го пишувам за да ни биде сврзувач во креирање на целосната приказна, што секој од нас различно си ја доживува. Емотивно и визуелно. VII ПАМПУР Регата Дубровник 2011 – 21-28 Maj 2011 Captain’s log on MIA Екипа: Vertigo Wave 1 Капетан на бродот (и адмирал на флота Вертиго): Влатко Милев (Циги) Одговорна за организација и логистика на магичната бродска кујна и главен асистент на Циги: Татјана Златановска Навигатор 1, фотограф, помошник скипер и помошник готвач: Анита Палческа Навигатор 2, GPS мајстор и министер за секирации (одговорен дали сите членови на двата елипажи имаат се што им треба): Sally Broughton – Мицова Eксперт за КЗЖ на ниво на ПАМПУР и сите поднивоа, bowman, одговорен за сидро, надзор на чакља, муринзи...: Игор Кралев (Пиги) Водач на так екипа, помошник за чакља и муринзи, раководител на сектор за џин-тоник во министерството на Оља: Димитрие Пашанку (Џими) Ресорен министер за инструментација на брод (брзина и агол на ветер и брзина на брод), логистика и правилна распределба на ресурси по бродови: Taња Танева Министер за управување со течности од најразличен карактер и помошник држач на бум: Оља Димитрова Day 1, Captain’s log on MIA Локација: Марина ACI, Сустјепан, Дубровник Дестинација: нема, бидејќи испловувањето се одложи за Недела 22.05.2011 Датум: Сабота, 21.05.2011

Upload: apalceska

Post on 14-Dec-2014

109 views

Category:

Documents


2 download

TRANSCRIPT

Page 1: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Ова е обид да се запишат моменти од едно неверојатно доживување. Бродскиот дневник никако не може да долови целосна слика, таа само може да се доживее. Но го пишувам за да ни биде сврзувач во креирање на целосната приказна, што секој од нас различно си ја доживува. Емотивно и визуелно. VII ПАМПУР Регата – Дубровник 2011 – 21-28 Maj 2011 Captain’s log on MIA Екипа: Vertigo Wave 1 Капетан на бродот (и адмирал на флота Вертиго): Влатко Милев (Циги) Одговорна за организација и логистика на магичната бродска кујна и главен асистент на Циги: Татјана Златановска Навигатор 1, фотограф, помошник скипер и помошник готвач: Анита Палческа Навигатор 2, GPS мајстор и министер за секирации (одговорен дали сите членови на двата елипажи имаат се што им треба): Sally Broughton – Мицова Eксперт за КЗЖ на ниво на ПАМПУР и сите поднивоа, bowman, одговорен за сидро, надзор на чакља, муринзи...: Игор Кралев (Пиги) Водач на так екипа, помошник за чакља и муринзи, раководител на сектор за џин-тоник во министерството на Оља: Димитрие Пашанку (Џими) Ресорен министер за инструментација на брод (брзина и агол на ветер и брзина на брод), логистика и правилна распределба на ресурси по бродови: Taња Танева Министер за управување со течности од најразличен карактер и помошник држач на бум: Оља Димитрова

Day 1, Captain’s log on MIA Локација: Марина ACI, Сустјепан, Дубровник Дестинација: нема, бидејќи испловувањето се одложи за Недела 22.05.2011 Датум: Сабота, 21.05.2011

Page 2: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Во матичната марина пристигнавме кој како... 16 луѓе на два брода, Vertigo Wave 1 и Vertigo Wave 2. Исти бродови, Bavaria 46 Cruiser. И освен имињата на екипите и типовите на бродовите, ние бевме едни две сосема различно забегани спојки на луѓе... Секој со своја приказна, некој на мотор, некој со кола, некој дојден вчера, некој денес… Важно нашите бродови беа спремни и околу 17 часот веќе бевме сместени секој во својата дома… Одлучивме да не испловиме денес, многу беше доцна… А и се заигравме ;)… Една спојка од двете екипи отиде да го проба нашиот брод и да се измоча по мостот на Туџман ;)… Ги направивме неопходните набавки, поделивме еднакво на двата брода, ... Тања веднаш не изорганизира во кујната, си напраивме мезе, некои егзотични варијанти на палента... и останавме така, со дискусија дали да одиме во Дубровник концерт на Џибони… Па си рековме, ако толку му се пее, нека дојде тој кај нас ;)…

Day 2, Captain’s log on MIA Испловување: Марина ACI, Сустјепан, Дубровник Дестинација: Oстров Шипан (Елефитски Архипелаг), северо-западна страна, Шипанска Лука Датум: Недела, 22.05.2011

Page 3: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Испловивме од маринатa некаде околу 10.30 часот, со намера да ги свртиме денес островите од Елефитскиот архиплеаг, па да спиеме на еден од нив, зависно од ветерот, кој што всушност го немаше. Ни реално, ни во најава.

Пробавме да отвориме едра, ама се се заврши на пробата... Ветер имаше дури 4 јазли. За да не ни дојде многу адреналин си влеговме во “туристичка разгчедница” мод. Ги поминавме увалата Шуњ и градчето Лопуд на Лопуд, а потоa скокнавме и до Сучурад на Шипан. Забеlлешка: Шуњ е одлично место за дневна шема – бањање, појадок, глупирање...

Page 4: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Потоа ја поминавме и главната лука на Јакљан, место кое некогаш било Српско одморалиште, ама сега беше забрането сидрење, прилично пусто иако увалата изгледа прекрасно. По пат ги подзагубивме Вертиго 2, кои скришно си коваа план до вечер да направат помор на рибите во Јадран ;). Си отидовме во Шипанска лука на преспивање. Симпатично местенце, се врзавме за бова пред ресторанот на Џино, па отидовме на прошетка. Во меѓувреме се појавија нашите другарчиња како нинџи, со готов план. Ги паркиравме на докот, бидејќи немаше место до нас, па наместо на кафе, завршивме на нивниот брод. Нивната рибарска екипа Боки и Влатко-Мирко беше спремна со некои чудни направии (парангали, карангали и слични ...али ;))))), па си седнавме да си се напиеме таму нешто, да си потераме сеир и нормално да им бидеме поддршка. Маро одлучи да се прекрсти во Маро Карангалов, бидејќи просто беше горд што има ваква екипа...

Се разбира, со оглед на тоа дека операцијата беше од целовечерен карактер, рибите ќе се јадеа утре, па ние си направивме вечера со нашите скромни залихи на риба. А потоа следеше една сеанса на иди ми - дојди ми со динги... дојде Маро, отидоа Илинка, Билјана и Вили, дојде некој друг... и така во круг.

Page 5: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Day 3, Captain’s log on MIA Испловување: Oстров Шипан (Елефитски Архипелаг), северо-западна страна, Шипанска Лука Дестинација: Остров Корчула, увала Баретица во близина на градот Корчула Датум: Понеделник, 23.05.2011

Page 6: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Денот беше некако сивкаст... Облачен, без ветер предпладнето... Веќе ни се смати во главата од толку ‘многу адреналин’ па моравме да застанеме на појадок во увалата Саплунара на Мљет. Убаво местенце... Убави брушкети... Дестинацијата за денес ни е прилично амбициозна – 30 нм до Корчула... Така да си тргнавме со време. Веќе во попладневните часови мена ветро, па отворивме едра. КОлку да видиме како тоа оди... Колку што е тоа можно на ветер од 8 јазли да се види... Сепак во каналот кај Корчула наидовме на интересен судир на североисточен ветар (бура) и западен ветер (лебиќ)... На моменти имавме 15 јазли, на моменти 5... Се заигравме пак... Овде стварно мена ветро. И видовме дека всушност на појак ветар, ни недостасува машка сила на бродот, па си правевме комбинации кој на кое место најдобро би се вклопил.

Во Корчула пристигнавме доцна, немаше место во марината па се усидривме увалата Баретица во близина... А ветерот стануваше посилен. Пред нас беше ноќ со дежурства за да не ни се откачи сидрото... Затоа, ја пративме Сали да направи ребеланс на ресурсите на Веритго 2, мала координација дали јаделе, што јаделе и во колку саат... дали има нешто вишок, а таму.... тие направиле акција за развој на пекарскиот бизнис на Корчула... го купиле целиот леб... Дечки јас пак не разбрав на крај, дали се потроши лебот? Како и да е, од операцијата “парангал” добивме одлична вечера – чорба, пржени риби…

Page 7: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Додека се занимававме со вакви суштински прашања од типот: Имаме ли сирење? Дали ни се грицките во фрижидер? Каде ни е оцетот и зејтинот? Уште колку леб да докупиме?... Си помина ноќта, а со неа и бурата.... Day 4, Captain’s log on MIA Испловување: Остров Корчула, увала Баретица во близина на градот Корчула Дестинација: Остров Ластово, северна страна, увала Заклопатица Датум: Вторник, 24.05.2011

Page 8: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Утрото во Корчула беше преубаво. Се паркиравме во марината за да направиме неопходни набавки и се разбира едно кругче по Корчуланската шема... А да... и си пробавме бурек од кај нашите земјаци ;)...

Tемпературата на морето покажуваше стандардни 54,7 степени па појадок закажавме во комбинација со бањање во увалата Пржина на јужната страна на островот. Преубаво место, со ресторанче на брегот и убава плажа, со тиркизна боја на водата. Да се запомни!!! Си направивме потпечени макарончиња, се избањавме...

Page 9: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Но, ветер имавме убав, бура со 13-15 јазли, па одлучивме што поскоро да си тргнеме за Ластово. Убаво едрење фативме натаму на константен ветар. Си ги уходавме и позициите, кој што прави на бродот: Анитке држи воланот, Тањичка кажувај по ред брзина, ветер, агол... Џими и Сали спремни за так, Пиги затегни главно едро, отпушти ванг и обратно... Капетане свака част... Така се наместивме што едрата просто спиеја... А Џими не поспеши со добар џин тоник, по што веднаш од ресорната министерка беше унапреден во раководител на секторот за џин-тоник... Беше тоа еден одличен добиток од попладне.

Во Заклопатица стигнавме околу 20.30 часот, се разбира последни. Таму се подготвуваше отворањето на официјалниот дел од регатата. Веќе сите беа лути на нас, бидејќи имавме со нас дел од опремата за озвучување и КЗЖ, а доцневме. А и експертот за КЗЖ е со нас... А без Пиги нема журка. Како и да е, се стигна некако... Ресторанчето да се забележи како место со одлична храна и многу љубезни домаќини... А журката да се забележи како ТОП!!!

Day 5, Captain’s log on MIA Испловување: Остров Ластово, северна страна, увала Заклопатица Дестинација: Остров Ластово, јужна страна, увала Скривена Лука Датум: Среда, 25.05.2011

Page 10: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Регата – прва етапа. Рута: Стартна линија: Меѓу регатен брод и светилник на ‘Ртот Св.Михајло, северна страна на Ластово Прва контролна точка: Остров Тајан (северно од Ластово) да остане од десната страна на бродот Втора контролна точка: Групата острови Сестрице (источно од Ластово) да остане од десната страна на бродот Цел: Меѓу регатен брод и ‘Рт Струга, јужна страна на Ластово

Утрото во Заклопатица беше прилично топло и без ветар. Додека скиперите се договараа за рути и почеток на трката, ние си се дружевме по бродови... Потоа направивме групно фотографирање, па се подготвивме за испловување. На испловување, нашата појака половина од екипата, наречена Вертиго 2 имаше мала незгода заради која капетанот одлучи повторно да го смени името, сега во Маро Муринго!

По разрешувањето на критичната ситуација, се упативме кон стартната линија, каде што беше договорена една почесна процедура во чест на Славе Герасимовски, нашиот скоро загинат пријател и член на ПАМПУР. Сите 10 бродови се наредивме во круг, му оддадовме почит со молчење и фрлање на цвеќиња во водата.

Page 11: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Цели насолзени и со силни емоции се наместивме на стратната линија... но имаше снемано ветер. Се одкажа првата трка... Добро ни дојде, за да си ги смириме емоциите. На сите ни значеше Славе на свој начин. Одбравме лабава варијанта во увалата Кручица, каде што нашиот капетан заедно со Дашка си купија терасиче, па им бевме на отварање на новото кафанче ;).

Околу 14 часот повторно мена ветро, почна да дува појак ветар па нашите две екипи, заедно со екипата на Шарпланинци, одлучивме сепак да си ја извозиме предвидената рута за денешната трка. Како една мини, неофицијална регата, во чест на нашиот Славе. Толку брзавме на стартната линија, да го фатиме ветро да не мена пак, што Влатко-Мирко падна во водата со се кофата, толку брзо што Дашка не го ни примети дека е наш, па со насмевка му мафна и го поздрави на поминување ;)... А потоа... фативме одлично едрење на бура од 15-20 јазли. Во првиот дел од трката имавме broad reach едрење со ветар во грб... дури малку и пеперутка.

Page 12: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Во вториот дел бозевме close call со добро навалување, балансирање и тримање едра.

По 4-5 часа добро едрење, први стигнаа Шарци, па Вертиго 2 на нашe и нивно огромно задоволство, па ние. А на целта не чекаше ‘Рт Струга... а ние одлучивме да одиме накај Радожда малку J... Си се врзавме во Скривена Лука, си истеравме “рибарски” приказни со другите екипи... Си направивме купус со колбаси за двете екипи... На ред беше роденденот на Џокe... Секој си го доживеа на свој начин, имавме преку 30 луѓе на нашиот брод... Циги си легна порано, а Маро оваа вечер не стигна да го смени името, бидејќи имаше снемано глас. Сакаше да испловиме, ама немаше кворум... цела екипа му отидe во рибари... Одлична журка Џоке!

Page 13: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Day 6, Captain’s log on MIA Испловување: Остров Ластово, јужна страна, увала Скривена Лука Дестинација: Остров Мљет, северна страна, увала Помена Датум: Четврток, 26.05.2011 Регата – втора етапа. Рута: Стартна линија: Меѓу регатен брод и ‘Рт Струга, јужна страна на Ластово Прва контролна точка: Остров Саплун (источно од Ластово) да остане од левата страна на бродот Вториа контролна точка: Остров Тајан (северно од Ластово) да остане од десната страна на бродот Трета контролна точка: Групата острови Сестрице (источно од Ластово) да остане од левата страна на бродот Цел: Меѓу регатен брод и светилник на остров Глават, источно од Ластово

Page 14: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Утрото во Скривена Лука беше прилично ветровито. Некаде 12-13 јазли во увалата. Од тие причини скиперите решија да се закаже стартот порано околу 11 часот. Излеговме на стартната линија кај ‘Ртот Струга, но таму како некој на копче да го исклучи ветерот. Само што се прогласи стартот ветерот падна на 2 јазли... Ние и онака бевме доста зад стартната линија, едно време се вративме и отаде Струга L... На два пати по 30 минути се одложуваше прекинувањето на трката... Значи цел час се печевме и се вртевме во круг...

Некои се откажаа, па се пишманија, некои се бањаа, други халуцинираа дека виделе ајкули... Сешто слушнавме на радио станицата за тој час. Токму кога требаше да се прекине мачењето, дувна ветре... буричка... 6-7-8 јазли... и почна трката. Со оглед на тоа дека беше североисточен ветер а насоката генерално на југ, речиси цело време едревме во broad reach освен на втората етапа меѓу прва и втора контролна накај островот Тајан каде што имавме добро орцање... Толку добро што за малку ќе го погодевме единственото хридче на патот. Навигатор седи кец!! J

Кон треата контролна точка накај Сестрице и потоа до целта цело време имавме ветар во грб кој достигна брзина и до 15 јазли. Одлично едрење во broad reach, до целта кај островот Глават, а потоа и до дома, во увалата Помена на Мљет. Со фино тримање на едрата... Паднаа тука и егзотични коктели, црвени, жолти... Министерката за управување со течности на бродот се покажа како ептен инвентивна... Браво Оља! Стигнавме 7-ми, Вертиго 2 на наше големо задоволство стигнаа меѓу првите 5... браво дечки!!! Сепак сите бевме многу задоволни... од денот, од уиграноста на екипата... прв пат споени заедно на еден брод, мал број на искусни членови... многу научивме и одлично се дружевме.

Page 15: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Следеше дружбата пак на сите екипи во Помена, за затворање на регата, прогласување на победниците... а потоа и неизбежната журка под надзор на Пиги. Се откачивме, се изнаигравме, се измешавме со некои чудни ликови облечени во чаршафи... а попатно и го честитавме роденденот на Дашка J...

Day 7, Captain’s log on MIA Испловување: Остров Мљет, северна страна, увала Помена Дестинација: Остров Колочеп, северо-западна страна, увала Чело Датум: Петок, 27.05.2011

Page 16: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Утрото во Помена беше резервирано за прошетка до езерата. По синоќешната журка тоа го направивме малку подоцна, но го направивме... Се разбира сите на куп, и со раскажување на дешаФките од претходните денови.

Маро Карангалов је ухватио муринг Јадролиније, са Хаваријом 42, источно од Ластова, на отоку Мљет!!! Просто не се прераскажува дискусијава овде... Неизбежно бањање во езерото... Овде темпериатурата беше повеќе од 54,7... А цената на влезниците дупло од тоа.

Page 17: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Потоа си фативме пат налај Лопуд, каде планиравме да спиеме последната вечер. На мотор, бидејќи заедно со нашата регата заврши и ветерот. По патот ги ѕирнавме увалите Полаче, каде што се избањавме, јадевме прекрасна паста од Џоке и домаќински пржени момички од Пиги и официјално и честитавме роденден на Дашка J... По пат уште ги видовме Собра и Пожурска Лука на Мљет па побрзавме кон Лопуд...

Во меѓувреме проверивме прогноза, ветерот се сврте од северен на јужен, па го сменивме планот во ко-ординација со Вертиго 2 да спиеме на Колочеп во увалата Чело која е заштитена од Југо. Стигнавме точно за прекрасно зајдисонце... и шанса Вертиго 2 да ја заврши мисијата за помор на риби на Јадранот... БравоС!

А ние си правевме рибја чорба, од рибите што ги улови Влатко-Мирко на Ластово... Па паста со туна... Па торта за трета рата на роденденот на Дашка... И на крајот незаборавна тура со динги на релација Вертиго 1- Вертиго 2... Day 8, Captain’s log on MIA Испловување: Остров Колочеп, северо-западна страна, увала Чело

Page 18: Vertigo Wave 1 on MIA - May 2011

Дестинација: Марина ACI, Сустјепан, Дубровник Датум: Сабота, 10.10.2009

Последно утро на МИА. Рано станување, возење до марината, гужва и предавање на бродовите... Просто ти се чини дека светот околу тебе се движи со брзина на светлината, а ти сеуште стоиш во лер и гледаш во едрата и во морската широчина. Си заминавме, секој на своја страна, во свое секојдневие... Ама сите заедно ќе ги броиме деновите до следното едрење...