vmsb.uklo.edu.mkvmsb.uklo.edu.mk/wp-content/uploads/2017/11/elaborat-rtg1-stefan.doc · web...

144
Универзитет “Св. Климент Охридски” - Битола Висока медицинска школа Битола ЕЛАБОРАТ за повторна акредитација на студиската програма по РАДИОЛОШКИ ТЕХНОЛОГ прв циклус тригодишни стручни студии Битола, јуни, 2016

Upload: others

Post on 28-Dec-2019

12 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Универзитет “Св. Климент Охридски” - Битола

Висока медицинска школа Битола

ЕЛАБОРАТ

за повторна акредитација на студиската програма по

РАДИОЛОШКИ ТЕХНОЛОГ

прв циклус тригодишни стручни студии

Битола, јуни, 2016

СОДРЖИНА

4Основни податоци за студиската програма и носителот на студиската програма

51. КАРТА НА ВИСОКООБРАЗОВНАТА УСТАНОВА

62. ОДЛУКА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ОД НАСТАВНО-НАУЧНИОТ ОДНОСНО НАСТАВНИЧКИОТ СОВЕТ НА ЕДИНИЦАТА

63. ОДЛУКА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СЕНАТ

64. МИСЛЕЊЕ НА СОВЕТОТ ЗА ПОТРЕБАТА И МОЖНОСТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

65. ПОДАТОЦИ ЗА ПРОСТОРОТ ПРЕДВИДЕН ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА И ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ОБЕЗБЕДЕНИ ПРОСТОРИИ КОИШТО СЕ СООДВЕТНИ ЗА ВРШЕЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

76. СПИСОК НА ОПРЕМА И НАСТАВНИ СРЕДСТВА

77. НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

78. СПИСОК НА НАСТАВЕН КАДАР ВКЛУЧЕН ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

89. ИЗЈАВИ ОД НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА УЧЕСТВО ВО ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО ОДРЕДЕНИ ПРЕДМЕТИ

810. НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКО ПОДРАЧЈЕ, ПОЛЕ И ОБЛАСТ КАДЕ ШТО ПРИПАЃА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

811. СТЕПЕН НА ОБРАЗОВАНИЕ

912. ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

913. УСОГЛАСЕНОСТ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА СО ЕДИНСТВЕНИОТ ЕВРОПСКИ ПРОСТОР ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРЕДЛИВОСТ СО ПРОГРАМИТЕ НА ЕВРОПСКИ ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ

914. ОПШТИ ДЕСКРИПТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

1015. СПЕЦИФИЧНИ ДЕСКРИПТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

1016. ГОДИНИ И СЕМЕСТРИ НА ТРАЕЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

1017. ЕКТС КРЕДИТИ СО КОИ СЕ СТЕКНУВА СТУДЕНТОТ

1118. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И НАПРЕДУВАЊЕ ВО ТЕКОТ НА СТУДИИТЕ

1119. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

1120. СТРУКТУРА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

1321. УТВРДЕН СООДНОС МЕЃУ ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ И ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ СО ЛИСТА НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ, ЛИСТА НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ И ДЕФИНИРАН НАЧИН НА ИЗБОР НА ПРЕДМЕТИТЕ

1422. ИНФОРМАЦИЈА ЗА БРОЈОТ НА СТУДЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВАТА ГОДИНА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

1423. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБЕЗБЕДЕНА ЗАДОЛЖИТЕЛНА И ДОПОЛНИТЕЛНА ЛИТЕРАТУРА

1424. ИНФОРМАЦИЈА ЗА WEB СТРАНАТА НА ЕДИНИЦАТА И УНИВЕРЗИТЕТОТ

1525. НАЗИВ СО КОЈ СЕ СТЕКНУВА СТУДЕНТОТ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

1526. АКТИВНОСТИ И МЕХАНИЗМИ ПРЕКУ КОИ СЕ РАЗВИВА И СЕ ОДРЖУВА КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВАТА

1527. РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗВЕДЕНАТА САМОЕВАЛУАЦИЈА

1628. ОБРАЗЕЦ НА ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМА

18ПРИЛОЗИ

Основни податоци за студиската програма и носителот на студиската програма

Наслов на студиската програма

Радиолошки технолог

Универзитет

Универзитет “Св. Климент Охридски“ Битола

Единица на универзитетот

Висока медицинска школа, Битола

Научно поле

Подрачје: Медицински науки и здравство (3)

Поле: Фундментални медицински науки (301), Клиничка медицина (302), Хирургија (општа) (303), Здравствена нега (сестринство) (305), Медицинска технологија (307), Јавно здравство и здравствена заштита (308), Психијатрија (309)

Научна, стручна или уметничка област

Стручна област

Вид на студии

Прв циклус стручни студии

Обем на студиите изразен во ЕКТС кредити

180 (сто и осумдесет кредити)

Звање што студентот го добива по завршувањето на студиската програма

Дипломиран радиолошки технолог

Звање на англиски јазик што студентот го добива по завршувањето на студиската програма

Bachelor of radiologic technology

Времетраење на студиите (во години)

Три години

Учебна година во којашто ќе започне реализацијата на студиската програма

2017/2018

Број на студенти што се планира да се запишат на студиската програма

53 студенти

Јазик на којшто ќе се изведува студиската програма

Македонски

Дали студиската програма се поднесува за акрдитација или за повторна акредитација

За повторна акредитација

Година на поднесување на студиската програма за акредитација/повторна акредитација

2016 година

Web страна на Универзитетот и Единицата на Универзитетот носител на студиската програма

www.uklo.edu.mk

1. КАРТА НА ВИСОКООБРАЗОВНАТА УСТАНОВА

Назив на високообразовната установа

Универзитет "Св. Климент Oхридски" Битола

Висока медицинска школа

Седиште

Битола, Васко Каранѓелевски бб

Веб страница

vmsb.uklo.edu.mk

Вид на високообразовната установа

Јавна високообразовна установа

Податоци за основачот (на приватната високообразовната установа)

Собрание на Р. Македонија

Податоци за последната акредитација

Акредитација на претходните студиски програми доделени од Одбор за акредитација и евалуација на високото образование на РМ, бр. 12-149/4-5 од 09.05.2012

Студиски и научно-истражувачки подарачја за кои е добиена акредитација

Подрачје: Медицински науки и здравство (3)

Поле: Фундментални медицински науки (301), Клиничка медицина (302), Хирургија (општа) (303), Здравствена нега (сестринство) (305), Медицинска технологија (307), Јавно здравство и здравствена заштита (308), Психијатрија (309)

Единици во состав на високообразовната установа

Постојани членки:

Технички факултет, Битола

Економски факулет, Прилеп

Факултет за туризам и угостителство, Охрид

Педагошки факултет, Битола

Факултет за биотехнички науки, Битола

Факултет за информатички и комуникациски технологии, Битола

Факултет за безбедност, Скопје

Висока медицинска школа, Битола

Правен факултет, Кичево

Правен факултет - дисперзирани студии, Битола

Технолошко-технички факултет, Велес

Ветеринарен факултет, Битола

Институт за тутун, Прилеп

Придружни членки:

ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид

ЈНУ Институт за старословенска култура, Прилеп

Национална универзитска библиотека „Св.Климент Охридски“ Битола

Студентски дом Кочо Рацин Битола

Студиски програми што се реализираат во единицата која бара проширување на дејноста со воведување на нова/и студиска/и програма/и

Прв циклус на студии

- Општа медицинската сестра

- Акушерка

- Медицинско - лабораториски аналитичар

- Физиотерапевт

- Радиолошки технолог

Втор циклус на студии

- Специјализација за интензивна нега

- Специјализација за инструментарка

-Специјализација за геронтологија со палијативна грижа

-Специјализација за семејна и патронажна грижа

- Специјализација за ментално здравје

- Специјализација за примарна здравствена заштита

- Специјализација за перинатална грижа

-Специјализација за рехабилитација во психијатрија

-Специјализација за рехабилитација во неврологија

-Специјализација за рехабилитација во хирургија, ортопедија и травматологија

-Специјализација за рехабилитација во детска возраст

-Специјализација за рехабилитација во домашни услови

- Специјализација за биохемиски анализи

- Специјализација за микробиолошки анализи

- Специјализација за санитарна екологија

- Специјализација по онкологија

- Специјализација за компјуитеризирана томографија и магнетна резонанца

Податоци за меѓународна соработка на планот на наставата, истражувањето и мобилноста на студентите

Билатерални договори со Високите медицински школи во Белград и Чуприја, Сестринската школа во Намур, Белгија и Медицинскиот универзитет во Пловдив.

ЕРАЗМУС договори со: Медицинскиот универзитет во Варна, Медицинскиот универзитет во Пловдив, Малтепе Универзитет во Истамбул, Р. Турција, Универзитет Киркларели, Р. Турција, Загребачкото велеучилиште, Загреб, Р. Хрватска, Сестринската школа во Намур, Белгија, Сестринската школа во Словенска Градишка, Р. Словенија и Универзитетот во Фоџа, Италија

Податоци за просторот наменет за изведување на наставната и истражувачката дејноста

- информатички кабинет-60м2, кабинет за физикална медицина 29,24м2, лабораторија 1-25м2, административни простории (5)-82м2, библиотека-42м2, амфитеатар 1-120м2, амфитеатар 2–66м2, кабинет за нега-50м2, 10 кабинети за наставници-250м2, предавална 1,2,3,4-128м2, останат простор (5 тоалети, соблекувална за студенти, ходници-296м2).

Податоци за опремата за изведување на наставната и истражувачката дејност

Спектрофотометар-1, аналитичка вага-1,

фотометар-2, ваги-технички-2, водена бања-1, песочна бања-1, печки за жарење-2, лабораториска стакларија, микроскопи-2, фантом за вежби во кабинетот за нега на болен-1, кукла фантом -1, нагледни средства за анатомија, графоскопи, видеобимови, персонални компјутери, статични компјутери, фотокопири, телевизори со ЛЦД проектор и др.

Број на студенти за кои е добиена акредитација

Прв циклус на студии

- Општа медицинската сестра - 65

- Акушерка - 45

- Медицинско - лабораториски аналитичар - 60

- Физиотерапевт - 80

- Радиолошки технолог - 53

Втор циклус на студии

- Специјализација за интензивна нега - 10

- Специјализација за инструментарка - 5

- Специјализација за геронтологија со палијативна терапија -5

- Специјализација за семејна и патронажна грижа - 5

- Специјализација за ментално здравје - 5

-Специјализација за рехабилитација во психијатрија-5

-Специјализација за рехабилитација во неврологија - 5

-Специјализација за рехабилитација во хирургија, ортопедија и травматологија -5

- Специјализација за рехабилитација во детска возраст - 5

- Специјализација за рехабилитација во домашни услови - 5

- Специјализација за биохемиски анализи -10

- Специјализација за микробиолошки анализи - 5

- Специјализација за санитарна екологија - 5

- Специјализација за перинатлна грижа - 5

-Специјализација за примарна здравствена заштита - 5

- Специјализација по онкологија -5

- Специјализација за компјуитеризирана томографија и магнетна резонанца -15

Број на студенти (првпат запишани)

Вкупно 29 студенти

Број на лица во наставно-научни, научни и наставни звања

26 наставници, од кои: 7 професори на висока стручна школа, 2 виши предавачи и 1 предавач на висока стручна школа во редовен работен однос и 16 наставници во дополнителен работен однос

Број на лица во соработнички звања

/

Однос наставник: студенти (број на студенти на еден наставник) за секоја единица одделно

2,3 студенти на еден наставник

Внатрешни механизми за обезбедување и контрола на квалитетот на студиите

- Внатрешна евалуација,

- Развој на наставни содржини,

- Оценување на студентите,

-Други процедури кои се однесуваат на ресурсите и логистиката на наставниот процес,

-Редовно известување на органите на управување на Школата за организирањето, динамиката и степенот на квалитет на наставниот и научниот процес на наставниците,

-Контрола на наставно – научниот процес од страна на органите на управување на Школата

Фрекфенција на самоевалуциониот процес (секоја година, на две години, на три години)

Секоја година

Податоци за последната спроведена надворешна евалуација на установата

/

Други податоци кои установата сака да ги наведе како аргумент за нејзината успешност

· Во периодот 2012-2015 гоина, Школата беше координатор на 2 апликативни проекти од Програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција од Инструментот за предпристапна помош ИПА – 2007-2013, финансирани од Европската Унија:

DELIVER PRE-SCHOOL ALTERNATIVE SERVICES- EARLY CHILDHOOD CARE проект број IPA/2010/DN022619/CN 314 291 CROSS BORDER STEM CELL REGENERATIVE MEDICINE CENTER - REMEDIC, проект број IPA/2010/DN023657/CN361144Интернационална конференција на високи школи и факултети од областа на сестринството во Битола во 2014,со учество на професори и студенти од Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Македонија

· Летна школа „Напредни сестрински вештини“ во Битола и Солун со учесници на професори и студенти од сестринските школи во Битола (Македонија), Солун (Грција) и Намур (Белгија), 8-14 септември 2014

· Меѓународна конференција во рамките на проектот „Грижа во ран детски период“, насловена "Good Regional Practices for Ensuring Holistic Development of Preschool Children" - Битола, 2014 година со 100 учесници од Македонија, Грција, Велика Британија и Чешка Република.

2. ОДЛУКА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ОД НАСТАВНО-НАУЧНИОТ ОДНОСНО НАСТАВНИЧКИОТ СОВЕТ НА ЕДИНИЦАТА

3. ОДЛУКА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СЕНАТ

[Да се вметне скенираната одлука]

4. МИСЛЕЊЕ НА СОВЕТОТ ЗА ПОТРЕБАТА И МОЖНОСТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студиската програма радиолошки технолог се реализира во најголем дел со постојните кадровски, просторни и технички ресурси што ги поседува Високата медицинска школа - Битола. Со оглед на тоа, истата не предизвикува дополнителни финансиски оптоварувања на буџетот на Република Македонија.

5. ПОДАТОЦИ ЗА ПРОСТОРОТ ПРЕДВИДЕН ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА И ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ОБЕЗБЕДЕНИ ПРОСТОРИИ КОИШТО СЕ СООДВЕТНИ ЗА ВРШЕЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Простории

м²

- информатички кабинет

60

- лабораторија 1

25

- административни простории (5 простории)

82

- библиотека

42

- амфитеатар 2

170

- кабинет за нега

50

- 10 кабинети

250

- предавална 1

40

- предавална 2

45

- предавална 3

40

- предавална 4

50

- амфитеатар 1

200

- останат простор (5 тоалети, соблекувална за студенти,

ходници)

296

Бројот на столчиња за студенти во амфитеатрите и

предавалните:

- амфитеатар 1

- амфитеатар 2

- предавална 1

- предавална 2

- предавална 3

- предавална 4

- кабинат за нега на болен (работа во мала група) вкупниот број столчиња

120

66

32

32

20

34

20

Вкупен простор:

1700 м²

Документација за просторот предвиден за реализација на студиската програма и документација за обезбедени простории коишто се соодветни за вршење на студиската програма се дадени во прилогот бр.1.

6. СПИСОК НА ОПРЕМА И НАСТАВНИ СРЕДСТВА

Вид на опрема

Количина (парчиња)

- спектрофотометар

1

- фотометар

2

- аналитичка вага

1

- ваги – технички

2

- водена бања

1

- песочна бања

1

- печки за жарење

2

- лабораториска стакларија

- микроскоп

2

- фантом за вежби во кабинетот за нега на болен

1

- нагледни средства за анатомија

-графоскопи, видеобимови, персонални компјутери, статични компјутери, фотокопири, телевизори со ЛЦД проектор и др

24

Опрема за кабинетот по физикална терапија:

-БТЛ 4620 Плус Профессионал (Доубле) - Апарат за елетро терапија, електро дијагностика и електро стимулација

-Електроди 120х80мм, 70х50мм-за секој апарат по 5 пара

-Сунѓерни навлаки 125х105мм, 70х55мм за секој пар електроди

-Преносни кабли пар

20

-Електроди графитни 120x80 мм

24

-Електроди графитни 70x50 мм

2

-Колани гумени за фиксација на електродите

24

-Сунгерсти навлаки за електродите 125x80 мм

24

-Сунгерасти навлаки за електродите 70x55 мм

24

-Електрода за точкаста апликација на експоненцијални струи

2

-БТЛ 4710 Соно Профессионал - Апарат за сонотерапија

1

-Преносни кабли пар

20

-БТЛ 4110 Ласер Профессионал - Апарат за ласеротерапија

-1-канален портабл Ласер

-Конвергентна инфрацрвена сонда 830нм, 100мЊ

1

-Наочари за користење на ласер

2

-Апликатор за ласеропунктура

1

-БТЛ 4920 Магнет Профессионал - Апарат за магнето терапија

1

-Апликатори за магнето терапија

-1 диск со фокусирано магнетно поле и пулсно магнетно поле

1

-Апликатори за магнето терапија

-Апликатор-2 диска

1

-БТЛ -08МТ Плус ЕЦГ + Спиро упграде - Апарат за спирометрија со ЕКГ

1

-Торба за носење на апаратот за спирометрија и ЕКГ

1

-Градни електроди за ЕКГ, -Детски-6, -За возрасни-6

12

-Електроди за екстремитети

-Детски-4

-За возрасни-4

8

-Терапевтска маса по Бобат

-1 секциска терапевтска маса за терапевтски вежби според Бобат и Војта

2

-Ташна за компјутерот

2

-Оптички маус за компјуетрот

2

-Болнички кревет

1

-Апарат за екстензија и суспензија

1

-Јажиња за суспенизја

8

-Васер Вага

1

-Корекција на абревијација

1

-Гумена Топка

1

-Нагледни средства за работна терапија, агломер, екелктрода, пано за деформитети на рбет

Повеќе

-Манжетни за суспензија

10

-Кројачки метра

5

-Пластични кадички

3

-Агломери

3

-Мал шкаф

1

-Голем шкаф

1

Хемиско-броматолошко токсиколошка лабораторија:

Течен хроматограф спрегнат со масен спектрофотометар (LCMS)

Индуктивно куплуван плазма емисионен оптички спектрометар (ICP)

Гасен хроматограф спрегнат со масен спектрометар (GCMS)

Високо перформансен течен хроматограф (HPLC)

1 сет

7. НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студиската програма ќе се реализира во најголем дел со постојните кадровски, технички и просторни ресурси. Финансирањето на студиите ќе се одвива во согласност со законските прописи за студирање на јавен универзитет, Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус  студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола како и Конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

8. СПИСОК НА НАСТАВЕН КАДАР ВКЛУЧЕН ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Р.б.

Звање, име и презиме на наставникот

Предмети што наставникот ги предава или е планирано да ги предава на Единицата каде што се организира студиската програма

Фонд на часови за секој наведен предмет

1

Проф. д-р Домника Рајчановска

Здравствено воспитание

2+1

Медицина на трудот

2+1

Културолошки компентенции на здравствените работници

2+1

2

Проф. д-р Снежана Стоилова

Медицинска статистика со информатика

2+1

Хигиена

2+1

Исхрана и диететика

2+1

3

Проф. д-р Изабела Филов

Ургентни состојби во медицината

2+1

Радиолошка заштита

2+2

Судска медицина

2+1

Неврологија

2+2

4

Проф. д-р Елизабета Попова-Рамова

Алтернативна медицина

2+1

5

Проф.д-р Јованка Тутеска

Физиологија

2+2

6

Проф. д-р Томе Наумов

Основи на истражување

2+0

Екологија

2+1

Принципи на предавање и администрација

2+1

7

Проф. д-р Веселин Талевски

Медицинска социологија

2+0

Медицинска етика

2+1

Правни аспекти на медицинска грижа

2+1

Менаџмент во здравство

2+1

8

Проф. д-р Ратка Нешковска

Биофизика

2+2

9

Проф.д-р Владо Ѓорѓиески

Интерна медицина

2+1

10

Проф. д-р Петар Стефановски

Патологија

2+1

Онкологија и палијативна грижа

2+1

11

Пред. м-р. Билјана Пргова

Општа радиологија

2+3

12

Пред. м-р. Златко Лозановски

Хемија

2+1

13

Виш пред. д-р Тања Јовановска

Анатомија

2+2

14

Виш пред.д-р Викторија П.Стојчевска

Социјална медицина

2+1

Примарна здравствена заштита

2+1

15

Пред.д-р Гордана Рситевска-Димитровска

Медицинска психологија со комуникациски вештини

2+1

Фармакологија

2+1

16

Проф. д-р. Василчо Спиропв

Радиографски процес

2+2

Техники на снимање 1

2+3

Радиотерапија 1

2+2

Техники на снимање 2

2+3

Радиотерапија 2

2+2

17

Проф. д-р. Виолета Никодиновска Василевска

Рентген анатомија

2+2

Комјутеризирана томографија и магнетна резонанца

2+2

18

Виш пред. м-р Владо Дамевски

Ортопедија со травматологија

2+1

19

Пред. д-р Петар Аврамовски

Хирургија

2+1

20

Проф. д-р. Снежана Михајловска

Патофизиологија

2+1

Нуклеарна медицина

2+1

21

Услуга од УКЛО

Германски јазик

2+0

22

Доц. Зора Николовски

Француски јазик

2+0

23

Лектор Лела Андреевска

Англиски јазик

2+0

24

Пред.д-р Гордана Белчевска

Радиолошка апаратура

2+2

Радиолошки методи 1

2+2

Радиолошки методи 2

2+2

Медицинска ехосонографија

2+2

25

Проф. д-р. Гоце Костовски

Радиолошка биологија

2+0

26

Услуга

Санитарно еколошко законодавство

2+1

Детални информации, посебно, за секој наставник којшто е вклучен во реализацијата на студиската програма е даден во прилог бр.4

9. ИЗЈАВИ ОД НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА УЧЕСТВО ВО ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО ОДРЕДЕНИ ПРЕДМЕТИ

Изјавите од наставниците за нивната согласност за учество во наставата по одредени предмети од студиската програма се дадени во прилогот бр.2.

10. НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКО ПОДРАЧЈЕ, ПОЛЕ И ОБЛАСТ КАДЕ ШТО ПРИПАЃА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА 2

Во согласност со меѓународната Фраскатиева класификација на научно истражувачките подрачја, полиња и области, студиската програма припаѓа во научното подрачјето медицински науки и здравство (шифра 3). Во согласност со карактерот на студиската програма за радиолошки технолог, истата е дефинирана во полињата: фундаментални медицински науки (301), клиничка медицина (302), хирургија (општа) (303), здравствена нега (сестринство) (305), медицинска технологија (307), јавно здравство и здравствена заштита (308), и областите: анатомија (30100), физиологија (30104), фармакологија (30107), друго (30118), епидемиологија (30203), физикална медицина со рехабилитација (30204), неврологија (30213), педијатрија (30217), радиологија (30221), друго (30225), хирургија (30300), друго (30309), медицинска психологија (30508), епидемиологија (30800), томографија (30701), здравствена статистика и информатика (20803),

Други научно истражувачки подрачја во кои припаѓа студиската програма:

· научно подрачје природно-математички науки (шифра 1), поле биологија (102), поле физика (103), област биофизика (10303);

· научно подрачје општествени науки (шифра 5), поле организациони науки и управување (менаџмент) (506), област менаџмент во здравство (50617), поле социологија (511), област медицинска социологија (51124).

11. СТЕПЕН НА ОБРАЗОВАНИЕ

Прв циклус стручни студии со 180 кредити, ниво во Националната рамка на високо-образовни квалификации VIБ

12. ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА 1

Едукацијта на профилот радиолошки техннолог е објективна потреба на здравствениот систем во Република Македонија и пошироко, со оглед на брзиот развој на науката и современата дигитална технологијата и нејзината апликација во радио дијагностиката и радио терапијата.

Специфичноста за едукација на овој профил доаѓа од се поголемата употреба на нова и софистицирана апаратура и потрошен материјал, како и ракување со извори на потенцијално штетни по здравјето на човекот јонизирачки зрачења.

Радиолошкиот технолог учествува во:

· припремање и изведување на класична, дигитална и итервентна радиодијагностика без, или со употреба на контрастни средства. Квалитено направената радиографија овозможува брза и точна дијагноза

· припремање и изведување на дијагностички методи во нуклеарната медицина припремање и изведување на радиотерапија што подразбира: позиционирање на пациентите, поставување на заштитни средства и филтри, бележење на податоци во врска со зрачењето и пратење на успехот, или неуспехот од радитерапијата.

Поради тоа, неопходна е современа, базична и клиничка медицинска, теоретска и прктична едукација на овие специфични медицински кадри, збогатена со знаења од други комплементарни немедицински науки како: информатика, физика, технологија, странски јазици и др.

Високата медицинска школа во Битола во рамките на својата развојна стратегија и политика воведе изучување на стручна студиска програма од областа на радиолошка дијагноза и терапија, со цел профилирање на стручни медицински кадри од оваа област. Согласно тоа, направени се измени и дополнувања на студиската програма радиолошки технолог, со цел усогласување на истата со измените на Законот за високо образование ( Закон за именување и дополнување на Законот за високо образование Службен весник на РМ, бр. 26/2009, и Правилникот за компатибилност на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола усвоен на 70-та седница на Сенатот на Универзитетот "Св. Климент Охридски" и објавен во Билтенот на Универзитетот бр. 320 од 10.06.2009 година. Направените промени се однесуваат на прилагодување на бројот на задолжителни и изборни предмети согласно измените на ЗВО, како и на изборни предмети кои ги нудиме од научното поле и научното подрачје во кое штo студиската програма припаѓа, a ги има на Единиците на Универзитетот, а во согласност со Правилникот за компатибилност на Универзитетот "Св. Климент Охридски" Битола.

13. УСОГЛАСЕНОСТ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА СО ЕДИНСТВЕНИОТ ЕВРОПСКИ ПРОСТОР ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРЕДЛИВОСТ СО ПРОГРАМИТЕ НА ЕВРОПСКИ ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ

Листа на селектирани европски високообразовни институции кои едуцираат радиолошки технолози:

1

Медицински Универзитет Софија, Бугарија

www. mu-sofia.bg

2

Медицински УниверзитетВарна, Бугарија

www.mu-varna.bg

3

Медицински Универзитет Пловдив, Бугарија

www.meduniversity-plovdiv.bg

4

Факултет за здравство, Универзитет во Љубљана, Словенија

www2.zf.uni-lj.si/en/

5

Универзитет за применети науки, Виена, Австрија

https://www.fh-campuswien.ac.at/en/studies/study-programs/detail/radiologietechnologie-bachelor.html?tx_asfhcw_course[controller]=Course&cHash=97d7379835afb146c26f7ddafd8b3a63

6

Универзитетски колеџ Даблин, Ирска

http://www.myucd.ie/courses/radiography/radiography/

7

Висока здравствена школа струкових студија у Београду

http://www.vzsbeograd.edu.rs/nastavni-planovi/osnovne-strukovne-studije/53-nastvani-planovi/1434-nastavni-plan-studijskog-programa-strukovni-medicinski-radiolog.html

14. ОПШТИ ДЕСКРИПТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Знаења и разбирање

Покажува знаење и разбирање во научното поле на студирање кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија; Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење; Покажува знаење и разбирање за разни теории, методологии.

Примeна на знаењето и разбирањето

Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата; Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми; Способност за пронаоѓање и поткрепување аргументи во рамките на полето на студирање.

Способност за проценка

Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци; Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти; Способност да оценува теоретски и практични прашања, да дава објаснување за причините и да избере соодветно решение.

Комуникациски вештини

Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани; Презема поделена одговорност за колективни резултати; Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.

Вештини на учење

Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност.

15. СПЕЦИФИЧНИ ДЕСКРИПТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Знаење и разбирање

Многу прецизно ги познава тематските области, пред се во фундаменталните науки, како што е анатомијата, физиологијата, и предмети во полињата и области од клиничката медицина кои се тесно поврзани со професијата дипломиран радиолошки технолог.

Поседува знаење и вештини да учествува во одредени истражувања, без разлика на категоризацијата ( научни и апликативни ) подобрувајки ја праксата од областа на радиолошката технологија, во доменот на надлежностите.

Има способност компетентно да следи и да користи показатели од најновите истражувања, во земјата и во странство, од радиологијата, рендген технологија, компјутерската томографија и нуклеарната медицина

Општествено-национална потреба е на земјата да располага со високо едуцирани радиолошки технолози, кои ќе ги ангажира во решавањето на здравствените потреби и проблеми кај населението.

Примeна на знаењето и разбирањето

Радиолошкиот технолог изведува дијагностички радиолошки процедури, со апликација на јонзаирачка радијација или други извори на енергија користени во дијагностиката, при тоа продуцирајќи слика на радиографски филм или компјутерски дисплеј.

Ја користи медицинската радиолошка апратура, за да креира слика на органи по препорака на доктор, за да помогне во дијагнозaта на зааболувања и повреди.

Работејќи како член на радиолошкиот тим, радиолшкиот технолог му ја објаснува дијагностичката процедура на пациентот, го позиционира правилно на снопот од рентгенски зраци, го користи своето знаење од анатомија и физиологија за да ги добие потребните резултати

Ја селектира радиолошката процедура за инвестигација, а за време на радиолошката процедура му дава потребни инструкции на пациентот.

Селектира радиолошки филмови или други рекординг медиуми. Кога е потребно прави имобилизација на пациентот и селектира соодветни технички фактори за секој пациент пооделно.

Ги користи заштитните средства од јонизирачката радијација при тоа се придржува на АЛАРА (as long as reasonable aveiable) принципот.

Ги корсти кардиналните принципи на заштита од радиациона енергија: време на експозиција, дистанца, и заштитни средства, за да да се минимизира експозицијата како за пациентот и себеси така и за останатиот персонал.

Ја обсервира, и поднесува извештај реакцијата на пациентот на радиологот за време на инвестигацијата.

Аплицира орални контрасни средства и асистира во инјектирањето на интравенските контрасни медиуми.

Оперира со различни автоматски филм процесори и ги процесира радиографиите.

Ги евалуира техничките квалитети на радиографиите, асиатира на радиологот како на пример сторирање на податоци, асистира во супервизија и трениг на студенти за радиолошки технолози.

Во терапевтските процедури ја апилицира пропишаната терапевтска зрачна терапија

Способност за проценка

Континуирана перцепција на процесите и промените во радиолошките методи и другите аспекти на компјутерската томографија и магнетната резонанца и соодветна апликација при дијагностицирањето на пациентот.

Прави соодветна проценка при примена на знаење од областа на стручните предмети при што доследно ја следи медицинската етика и деонтологија, грижејќи се чување на медицинската тајна.

Квалификувано ја спојува теоријата со праксата, истражува во пронаоѓањето на факторите на ризик за појава на болеста и на тој начин помага во разрешување на одредени дилеми .

Комуникациски вештини

Комуниколошката едуцираност ја применува ефективно за време на работа во тимот, во комуникација со болниот и семејството, при изведување на дијагностичкиот процес.

Зема активно учество во домашни и меѓународни асоцијации, од областа на радиологијата.

Учествува во тимска работа, комуницира со стручни и научни часописи, аплицира во национални и мегународни проекти. ( сам или во тимови)

Вештини на учење

Континуирано ги следи најновите медицински научни достигнувања и учествува во изработка на стручни трудови и ги презентира на разни секции, семинари, конференции, конгреси во земјата и странство.

Презема иницијатива за постојано професионално унапредување, со висок степен на самостојност во донесувањето одлуки во доменот на својата професија, како и тенденција за пренесување на знаењето и вештините на своите колеги.

Користи специјализирани софтвер и други информатички техники и технологии, при изучување на нови сознанија и вештини.

16. ГОДИНИ И СЕМЕСТРИ НА ТРАЕЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студиската програма е во времетраење од 3 (три) година односно 6 (шест) семестри.

17. ЕКТС КРЕДИТИ СО КОИ СЕ СТЕКНУВА СТУДЕНТОТ

За успешно завршување на студиската програма студентите треба да стекнат најмалку 180 ЕКТС кредити

18. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И НАПРЕДУВАЊЕ ВО ТЕКОТ НА СТУДИИТЕ

Условите и критериумите за запишување на студентите се дефинирани во согласност со Законот за високо образование на Република Македонија, Статутот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“– Битола (член 5 – член 13) и истите се објавуваат во Конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ - Битола.

Студентот напредува во текот на студирањето, односно запишува предмети преку бројот на остварените кредити (бодови). Напредувањето во текот на студиите е дефинирано и опишано во Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“– Битола, којшто е јавно објавен на web страната на Универзитетот.

19. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

По завршувањето на студиите, студентот може да го продолжи образованието на втор циклус студии.

.

20. СТРУКТУРА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Предметите на студиската програма се категоризирани во три основни групи, во согласност со измените и дополнувањата на Законот за високото образование (Сл. в. бр. 17, од 11.02.2011), и тоа: задолжителни предмети, изборни предмети што студентите самостојно ги избираат од редот на сите наставни предмети застапени на единицата на Универзитетот и изборни наставни предмети што студентите самостојно ги избираат од листата слободни изборни предмети, предложена од секоја единица на Универзитетот посебно. Во согласност со законската регулатива (Законот за изменување и дополнување на ЗВО бр. 103 од 19.08.2008 г.) Факултетот изведува клиничка настава за 10% од задолжителните и 10% од изборните предмети од секоја студиска година.

Студентот во секоја студиска година задолжително посетува практична настава, како еден од условите за запишување наредна студиска година.

Со студиската програма се предвидени вкупно 22 задолжителни предмети, коишто на студентот му обезбедуваат 105 кредити. Бројот на изборни предмети што студентите самостојно ги избираат од редот на сите наставни предмети, застапени на единицата на Универзитетот, изнесува 13, коишто на студентот му обезбедуваат 36 кредити, додека бројот на изборните наставни предмети што студентите самостојно ги избираат од листата слободни изборни предмети, предложена од секоја единица на Универзитетот посебно изнесува 4 и тие на студентот му обезбедуваат 12 кредити. Исто така, студентот има обврска да посетува и практична настава која е предвидена во секој семерстар и се вреднува со вкуипно 22 кредити, односно 2 кредити првиот семестар и по 4 кредити во останатите семестри и обврска да изработи и јавно да брани дипломски труд, којшто се вреднува со 5 кредита.

Од претходното може да се заклучи дека структурата на оваа студиска програма, од аспект за застапеноста на задолжителните и изборните предмети, е во согласност со Законот за високото образование и измените на ЗВО. Исто така, и предвидениот фонд часови за предавања, вежби и дополнителни активности неделно, во рамките на оваа студиска програма, е во согласност со Законот за високото образование. Ваквиот сооднос на теоретската и практичната настава директно води кон исполнување на поставените цели на студиската програма.

ПРВА ГОДИНА

Прв семестар

Шифра

Задолжителни предмети

кредити

фонд на часови

ВМШРТ101

Анатомија

5

2+2

ВМШРТ102

Медицинска психологија со ком. вештини

4

2+1

ВМШРТ103

Општа радиологија

6

2+3

ВМШОС104

Медицинска статистика со информатика

4

2+1

Изборни предмети

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+0

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+0

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+0

ВМШРТ105

Практична настава 1

2

0+4

Вкупно кредити I сем.

30

14+11

Втор семестар

ВМШРТ 201

Физиологија

5

2+2

ВМШРТ 202

Биофизика

5

2+2

ВМШРТ203

Радиолошка заштита

5

2+2

ВМШРТ 204

Рентген анатомија

5

2+2

Изборни предмети

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+1

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+1

ВМШРТ 205

Практична настава 2

4

0+8

Вкупно кредити II сем.

30

12+18

ВКУПНО КРЕДИТИ ПРВА ГОДИНА

60

ВТОРА ГОДИНА

Трет семестар

ВМШРТ 301

Интерна медицина

4

2+1

ВМШРТ 302

Радиографски процес

4

2+2

ВМШРТ303

Техники на снимање

5

2+3

ВМШРТ 304

Радиолошка апаратура

5

2+2

ВМШРТ 305

Радиотерапија 1

5

2+2

Изборни предмети

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+1

ВМШРТ 306

Практична настава 3

4

0+8

Вкупно кредити III сем.

30

12+19

Четврт семестар

ВМШРТ 401

Радиолошки методи 1

5

2+2

ВМШРТ 402

Медицинска етика

4

2+1

ВМШРТ 403

Техники на снимање 2

5

2+3

ВМШРТ 404

Нуклеарна медицина

4

2+1

ВМШРТ 405

Компјутеризирана томографија и магнетна резонанца

5

2+2

Изборни предмети

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+1

ВМШРТ 406

Практична настава 4

4

0+8

Вкупно кредити IV сем.

30

ВКУПНО КРЕДИТИ ВТОРА ГОДИНА

60

ТРЕТА ГОДИНА

Петти семестар

ВМШРТ 501

Радиолошки методи 2

5

2+2

ВМШРТ 502

Радиотерапија 2

5

2+2

ВМШРТ 503

Медицинска ехосонографија

5

2+2

ВМШРТ504

Неврологија

5

2+2

Изборни предмети

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+1

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+1

ВМШРТ 506

Практична настава 5

4

0+8

Вкупно кредити V сем.

30

12+18

Шестти семестар

Изборни предмети

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+1

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+1

Изборен предмет (од листата изборни предмети застапени на Единицата)

3

2+1

Изборен предмет (од листата изборни предмети од Универзитетот)

3

2+1

Изборен предмет (од листата изборни предмети од Универзитетот)

3

2+1

Изборен предмет (од листата изборни предмети од Универзитетот)

3

2+1

Изборен предмет (од листата изборни предмети од Универзитетот)

3

2+1

ВМШРТ 631

Практична настава 6

4

0+8

ВМШРТ 632

Дипломска работа

5

Вкупно кредити VI сем.

30

14+15

ВКУПНО КРЕДИТИ ТРЕТА ГОДИНА

60

21. УТВРДЕН СООДНОС МЕЃУ ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ И ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ СО ЛИСТА НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ, ЛИСТА НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ И ДЕФИНИРАН НАЧИН НА ИЗБОР НА ПРЕДМЕТИТЕ

Утврден сооднос меѓу задолжителните и изборните предмети

Број на задолжителни предмети

22

Процент на задолжителни предмети

56%

Број на изборни предмети (група 1)

13

Процент на изборни предмети – група 1

(изборни предмети што студентите самостојно ги избираат од редот на сите наставни предмети застапени на единицата на Универзитетот)

33%

Број на изборни предмети (група 2)

4

Процент на изборни предмети – група 2

(изборни наставни предмети што студентите самостојно ги избираат од листата слободни изборни предмети, предложена од секоја единица на Универзитетот, посебно)

10%

Вкупно предмети

39

Листа на задолжителни предмети

Шифра

Задолжителни предмети

кредити

фонд на часови

ВМШРТ 101

Анатомија

5

2+2

ВМШРТ 102

Медицинска психологија со ком. вештини

4

2+1

ВМШРТ 103

Општа радиологија

6

2+3

ВМШРТ 104

Медицинска статистика со информатика

4

2+1

ВМШРТ 201

Физиологија

5

2+2

ВМШРТ 202

Биофизика

5

2+2

ВМШРТ 203

Радиолошка заштита

5

2+2

ВМШРТ 204

Рентген анатомија

5

2+2

ВМШРТ 301

Интерна медицина

4

2+1

ВМШРТ 302

Радиографски процес

4

2+2

ВМШРТ 303

Техники на снимање 1

5

2+3

ВМШРТ 304

Радиолошка апаратура

5

2+2

ВМШРТ 305

Радиотерапија 1

5

2+2

ВМШРТ 401

Радиолошки методи 1

5

2+2

ВМШРТ 402

Медицинска етика

4

2+1

ВМШРТ 403

Техники на снимање 2

5

2+3

ВМШРТ 404

Нуклеарна медицина

4

2+1

ВМШРТ 405

Компјутеризирана томографија и магнетна резонанца

5

2+2

ВМШРТ 501

Радиолошки методи 2

5

2+2

ВМШРТ 502

Радиотерапија 2

5

2+2

ВМШРТ503

Медицинска ехосонографија

5

2+2

ВМШРТ 504

Неврологија

5

2+2

Листа на изборни предмети

Шифра

Изборни предмети застапени на единицата

кредити

фонд на часови

ВМШРТ 111

Медицинска социологија

3

2+0

ВМШРТ 112

Основи на истражување

3

2+0

ВМШРТ 113

Радиолошка биологија

3

2+0

ВМШРТ 121

Англиски јазик

3

2+0

ВМШРТ122

Германски јазик

3

2+0

ВМШРТ 123

Француски јазик

3

2+0

ВМШРТ 211

Хемија

3

2+1

ВМШРТ 212

Екологија

3

2+1

ВМШРТ 213

Исхрана и диететика

3

2+1

ВМШРТ 311

Патофизиологија

3

2+1

ВМШРТ 312

Патологија

3

2+1

ВМШРТ 313

Фармакологија

3

2+1

ВМШРТ 411

Хирургија

3

2+1

ВМШРТ 412

Онкологија со палијативна грижа

3

2+1

ВМШРТ 511

Социјална медицина

3

2+1

ВМШРТ 512

Ортопедија со травматологија

3

2+1

ВМШРТ 513

Судска медицина

3

2+1

ВМШРТ 611

Здравствено воспитание

3

2+1

ВМШРТ 612

Ургентни состојби во медицината

3

2+1

ВМШРТ 613

Алтернативна медицина

3

2+1

ВМШРТ614

Медицина на трудот

3

2+1

ВМШРТ 615

Менаџмент во здравство

3

2+1

Шифра

Изборни предмети од универзитетот

кредити

фонд на часови

ВМШРТ 621

Примарна здравствена заштита

3

2+1

ВМШРТ 622

Хигиена

3

2+1

ВМШРТ 623

Правни аспекти на медицинска грижа

3

2+1

ВМШРТ 624

Принципи на предавање и администрација

3

2+1

ВМШРТ 625

Културолошки компентенции за здравствените професионалци

3

2+1

ВМШРТ 626

Санитарно и еколошко законодавство

3

2+1

22. ИНФОРМАЦИЈА ЗА БРОЈОТ НА СТУДЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВАТА ГОДИНА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Бројот на студенти за запишување во првата година на студиската програма се определува со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола. Во прва година во академската 2016/2017 год. планирано е да се запишат вкупно 53 студенти.

23. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБЕЗБЕДЕНА ЗАДОЛЖИТЕЛНА И ДОПОЛНИТЕЛНА ЛИТЕРАТУРА

Институцијата има обезбедено и располага со богат и соодветен на предметните програми книжен фонд на домашни и странски монографски публикации; поседува доволен број преведени книги и литература кои се дел од проектот за превод на странски книги и стручна литература, како и голем број домашни и странски стручни списанија, што во целост ја покриваат задолжителната и дополнителната литература за предметите од студиската програма. Листата на задолжителната и дополнителната литература за секој наставен предмет е јавно објавена и достапна на web страната на единицата.

24. ИНФОРМАЦИЈА ЗА WEB СТРАНАТА НА ЕДИНИЦАТА И УНИВЕРЗИТЕТОТ

Web страната на единицата: www.vmsb.uklo.edu.mk

Web страната на Универзитетот: www.uklo.edu.mk

25. НАЗИВ СО КОЈ СЕ СТЕКНУВА СТУДЕНТОТ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студентот кој ќе ги заврши сите обврски предвидени со студиската програма се стекнува со звање - Дипломиран радиолошки технолог

Во меѓународниот промет и дипломата на англиски јазик, звањето што студентот го стекнува по завршувањето на студиската програма е - Bachelor of radiologic technology

26. АКТИВНОСТИ И МЕХАНИЗМИ ПРЕКУ КОИ СЕ РАЗВИВА И СЕ ОДРЖУВА КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВАТА

Постапката на анализа и оценка нa квалитетот на наставата се спроведува во согласност со националните законски акти (Закон за високото образование на Република Македонија, Упатство за критериумите за начинот на обезбедување и оценување на квалитетот на високообразовните установи и на академскиот кадар на Република Македонија), како и стандардите за институционална евалуација на Европската асоцијација на универзитети (ЕУА). Во согласност со зацртаната мисија на Универзитетот, обезбедувањето квалитет е составен дел на целокупното работење: настава, научно-истражувачка дејност, управување и администрација.

Воспоставувањето на процедури во обезбедувањето и контролата на квалитетот на наставно-образовната дејност е континуирана активност и ја организира и спроведува Комисија за самоевалуација формирана од страна на единицата и Универзитетската Комисија за самоевалуација формирана од страна на Сенатот на Универзитетот. Покрај другите индикатори, информации по различни прашања за студиската програма се добиваат и преку искажаното мислење од организирана студентска анкета во текот на годината и истото е во насока на преземање соодветни корективни мерки и активности.

27. РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗВЕДЕНАТА САМОЕВАЛУАЦИЈА

28. ОБРАЗЕЦ НА ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМА

ПРИЛОЗИ

ПРИЛОГ БР.1

ПРИЛОГ БР.2

Согласност за учество во изведување настава согласно член 27 од Законот за високо образование

Јас [звање, име и презиме на наставникот], вработен на [име на институцијата каде што е во работен однос наставникот] ја давам следнава

И З Ј А В А

Изјавувам дека се согласувам да учествувам во реализацијата на наставата на прв циклус студии, на студиската програма [наслов на студиската програма] на следниве предмети:

1. [Се наведуваат предметите за коишто дава согласност наставникот]

Датум и место

Потпис на наставникот

ПРИЛОГ БР.3

Предметни програми за предметите вклучени во студиската програма

Наслов на наставниот предмет

Анатомија

Код

ВМШРТ101

Студиска програма

Радиолошки технолог

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Висока медицинска школа Битола

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

Академска година / семестар

2017/2018 - I

Број на ЕКТС кредити

5.0

Наставници

Виш пред. д-р. Тања Јовановска

Предуслови за запишување на предметот

Нема

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со анатомијата како фундаментална наука, совладување на терминологијата и обезбедување на потребен квантум на знаење што обезбедува континуитет во процесот на учење и следење на понатамошниот тек на студиите.

Содржина на предметната програма:

1. Вовед во анатамомија и остеологија;

2. Видови коски, градба и рбетен столб;

3. Коски на граден кош и глава. Коски на горен и долен екстремитет;

4. Вовед во синдезмологија, поделба на зглобови и видови;

5. Зглобови на глава, граден кош, рбетен столб, горни и долни екстремитети;

6. Миологија;

7. Ангиологија;

8. Органи на системот за крвоток;

9. Респираторен систем;

10. Дигестивен систем;

11. Урогенитален систем;

12. Жлезди со внатрешно лачење, Нервен систем;

13. Сетилни органи

Методи на учење: Интерактивна настава

Вкупен расположив фонд на време

150 часа

Распределба на расположивото време

2+2

Форми на наставните активности

Предавања – теоретска настава

30 часови

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

30 часови

Други форми на активности

Проектни задачи, самостојни задачи, домашно учење

90 часови

Начин на оценување

Тестови

80 бода

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

10 бода

Активност и учество

10 бода

Kритериуми за оценување (оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовност на теоретска настава и вежби

Јазик на кој се изведува наставата

македонски

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анонимна анкета на самоевалуација

Литература

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Јовановска Тања

Авторизирани предавања

2011

2.

Аница Карговска

Анатомија на човек

Просветно дело

1994

3.

Јосиф Јосифов

Анатомија на човек

Просветно дело

1994

4.

Аница Карговска

Анатомски атлас

Просветно дело

1998

Дополнителна литература     

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Кит Л. Мур Артур Ф. Дали,

Ан М. Р. Аргур

Клинички ориентирана анатомија

Табернакул

2012

2.

Харолд Елис, Бари М.Логан,

Адријан К Диксон

Анатомија на човекот на пресеци

Табернакул

2012

Наслов на наставниот предмет

Медицинска психологија со комуникациски вештини

Код

ВМШРТ102

Студиска програма

Радиолошки технолог

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Висока медицинска школа

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

Академска година / семестар

2017/18 - I

Број на ЕКТС кредити

4.0

Наставници

Пред. д-р Гордана Ристевска-Димитровска

Предуслови за запишување на предметот

/

Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на изучување на овој предмет е запознавање на студентите со психичкиот развој и психичкитепроблеми, кои произлегуваат од медицинската пракса и основните законитости на меѓучовечките комуникацции како и важноста на комуникацијата со пациентите и нивните блиски во превенцијата, дијагностиката, терапијата и рехабилитацијата.

Содржина на предметната програма:

Медицинска психологија

Дефиниција, цел и предмет на медицинската психологија    

Улогата на здравствениот работник во третманите на современата медицина 

Мето