Бизнис Инфо 131

28
1 БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 131 www.mchamber.mk 11.04.2013 СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ Алтернативни пазари МОСТ ПРЕКУ БОСФОР ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИ И

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 31-Mar-2016

256 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Бизнис Инфо 131

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

1

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 131 www.mchamber.mk 11.04.2013

СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ

Алтернативни пазари

МОСТ ПРЕКУ БОСФОР ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ

Page 2: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

2

Page 3: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

3

4 ВОВЕДИсчекот кон брзорастечките економии надвор од европскиот континент

5 ДЕИКОдбор за надворешни односи на Турција

6 АЛТЕРНАТИВНИ ПАЗАРИ

Ирак - Сеопфатни реформи за одржлив еконосми развој

Либија - Една четвртина од бруто-домашниот производ од “Црното Злато“

Кувајт - Богата и релативно отворена економија

Грузија - Економија потпрена на земјоделски производи

Азербејџан - Развојот “плива” на нафта

Египет- Економските активности распослани по течението на реката Нил

25 ВИЗЕН РЕЖИМ

СОДРЖИНА

Издавач:Стопанска комора на Македонијаул. Димитрие Чуповски бр. 13 1000 Скопје

Главен и одговорен уредник:Саво Пејчиновски

Подготовка на текстовитe:Влатко Стојановски

Лектoр:Станка Дамјановска

Дизајн и графичко уредување:Александар Кедијоски

E-адреса [email protected] www.mchamber.mk

Печати ЕВРОПА 92 АД, Кочани

ISSN 1857- 792XНосител на материјалните права е издавачот. Забрането е препечатување, копирање и умножување на написите или на нивните делови без претходна согласност од издавачот.

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

26 ДЕЛОВНИ СОВЕТИ

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

3

Page 4: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

4

Република Турција - мост за настап на македонските компании на алтернативни пазари

ИСЧЕКОР КОН БРЗОРАСТЕЧКИТЕ ЕКОНОМИИ НАДВОР ОД ЕВРОПСКИОТ КОНТИНЕНТ

На деветнаесеттата седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија на 14.12.2012 година еден од заклучоците беше најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава годинава приоритетно да се фокусира на поддршка на компаниите-членки во воспоставување на деловните контакти на алтернативни или таканаречени трети пазари. Истиот ден, на седница на Собранието на Стопанската комора на Македонија, во рамките на која, во соработка со ДЕИК (Одбор за надврешни односи на Турција) се одржа и Форум, се промовираше стратегија за пробивање на новите блискоисточни, северноафриканските и пазарите на земјите од Заливот, и тоа со поддршка на турските компании. Република Турција, во последните две декади, спроведува успешна мулти-димензионална и мулти-регионална надворешна, вклучувајќи ја и економската политика, со своите партнерства на сите четири страни од светот. Таа е трговски и инвестициски фактор на Кавказ, во Централна Азија, Блискиот и Далечниот Исток, југоисточен Медитеран, Заливот... Европската комисија ја препозна Република Турција како локомотива за забрзано приклучување на регионот кон економијата на ЕУ уште во 2006 година. Тоа беше потврдено со вклучувањето на Турција во ЦЕФТА 2006 Договорот. Дијагоналната кумулација на потекло на стоки меѓу земјите од ЦЕФТА - Турција и ЕУ овозможи зголемување на конкурентната

способност на регионот. Но, исто така, ЕУ гледа на Турција како локомотива на развој на југоисточен Медитеран. Регионалната конвенција за пан-евро медитерански преференцијални правила за потекло, иницирана од Европската комисија, преку можност за дијагонална кумулација на потекло меѓу ЕУ, ЕФТА, земјите од Барцелонскиот процес, Западен Балкан и Турција, од

БИЗНИС ИНФОчетврток, 11 Април 2013, Бр. 131

4

Page 5: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

5

2015 ќе овозможи слободна зона на трговија меѓу носителите на Регионалната конвенција, со можност на пристапување на соседите. Предуслов се билатерални договори за слободна трговија. Турција ги потпиша со Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, Палестина, Сирија и Тунис. Но покрај царинска унија со ЕУ, слободна трговија со ЕФТА, земјите од Западен Балкан, таа има слободна трговија со Грузија, Чиле, Јапонија и во моментов преговара со уште 14 земји од далечниот Исток, Латинска Америка и од Африка. Врз основа на горе споменатите договори за слободна трговија, Република Турција во 2012 година остварила извоз од 14,5 милијарди САД долари, што е 9,5 отсто од нејзиниот вкупен извоз. Истовремено, во оваа „мрежа“ на либерализирана трговија бележи увоз од 10,7 милијарди САД долари, што е 4,5 отсто од нејзиниот вкупен увоз. Студиите за регионална соработка и интеграции покажуваат дека овие процеси обезбедуваат намалување на трошоците, зголемување на продуктивноста, зајакнување на информираноста за партнерите и, на крајот, полесно меѓусебно разбирање што своја завршница има во зајакнување на партнерствата. Затоа, проценката на Комората е дека воспоставеното институционално партнерство со ДЕИК и со Унијата на турските комори и берзи (ТОББ) за малата и ранлива македонска економија треба да биде и во функција на нејзин исчекор кон брзорастечките економии надвор од европскиот континент.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

БИЗНИС ИНФО четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

5

Одбор за надворешни односи на Турција (ДЕИК)

ВИЗИЈАТА ЗА РЕГИОНАЛНО И ГЛОБАЛНО ВЛИЈАНИЕ ВО СПРЕГА МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Одборот за надворешни односи на Турција (ДЕИК) е основан во 1986 година со директива на Тургут Озал, претседател на Унијата на комори и стоковни берзи на Турција (ТОББ). Тој започна со работа на 1 јануари 1987 година. Неговата мисија е „да им помогне на турските компании во деловните активности во странство, со цел да обезбеди координација на приватниот сектор во надворешните односи”, „во принципот за водење на приватниот сектор” и „за формирање бизнис- делегации и организирање деловни средби во рамките на официјални посети”.

ДЕИК има 750 компании-членки, 40 основачки институции, 112 деловни совети, 129 трговски и / или индустриски комори и стоковни берзи, како и 3 странски претставништва (ноември 2012 година).

Визијата на ДЕИК ја идентификува Турција како држава, која може да ги диктира економските и политичките случувања на регионално или на глобално ниво во цврста соработка меѓу јавниот и приватниот сектор и граѓанското општество; којашто поседува макроекономска стабилност; глобално е конкурентна со своите водечки претприемачи и брендови, којашто е способна за генерирање на висока технологија и иновации; има значителен удел во светската трговија; којашто е важен глобален инвестиционен, финансиски и истражувачки (R & D) центар, прикажувајќи ги највисоките стандарди во сите области.

Page 6: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

66

БИЗНИС ИНФОНОВИ ПАЗАРИ

РЕПУБЛИКА ИРАK

СЕОПФАТНИ РЕФОРМИ ЗА ОДРЖЛИВ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Порано дел од Отоманската империја, Ирак беше окупирана територија од Британија во текот на Првата светска војна. Во 1920 година, Ирак беше под мандатот на Лигата на нациите под водство на Велика Британија. Во текот на следните десетина години, Ирак ја оствари својата независност како кралство во 1932 година. Во 1958 година беше прогласена ирачка република, но во реалноста серија на моќни владетели ја раководеа земјата се` до 2003 година. Територијалните спорови со Иран доведоа до неубедлива и скапа осумгодишна војна (1980-1988).Економијата на Ирак Зголемената безбедност и сигурност во државата, како и напливот на странските инвестиции помагаат да се поттикне економската активност, особено во енергетиката, градежништвото и малопродажниот сектор. Поширокиот економски развој, долгорочната фискална стабилност и одржливиот развој на целокупниот стандард на живеење се` уште зависат од политичките реформи на централната власт. Во голема мера, државната економска политика се дефинира преку нафтениот сектор, кој обезбедува повеќе од 90% од владините приходи и 80% од девизни приходи. Ирак во 2012 година го зголеми извозот на нафта на 2,6 милиони барели дневно, што претставува значително зголемување од просекот на Ирак од 2,2 милиона во 2011 година. Владините приходи се зголемени со стабилноста на глобалните цени на нафтата во поголемиот дел од 2012 година. Националните договори со големите нафтени компании го поттикнуваат зголемувањето на извозот на нафта и девизните приходи, но истовремено Ирак ќе треба да направи значителна модернизација на механизацијата за преработка на нафта, гасоводот и на извозната инфраструктура за да се овозможи овие договори да го поттикнат навестениот економски потенцијал. Политичките и економските тензии меѓу Багдад и локалните власти доведоа некои провинциски совети да ги користат нивните буџети самостојно да го промовираат и да го олеснат инвестирањето на локално ниво. Централната банка успешно го одржа девизниот курс на околу 1.170 ирачки долари/1 САД долар од јануари 2009 година. Инфлацијата е под контрола од 2006 година како што беше обезбедена безбедноста на земјата. Невработеноста останува проблем во целата земја и покрај зголеменото вработување во јавниот сектор. Со поттикнувањето на приватното претпиемништво би се поедноставиле условите ирачките граѓани и странските инвеститори да започнат со нови бизниси. Искоренувањето на корупцијата и спроведување на реформите - како што е реструктуирање на банкарскиот сектор и развојот на приватниот сектор - ќе биде важен чекор во оваа насока.

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Ирак

НИСКА И ЕДНОСТРАНА ТРГОВИЈА Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Ирак во 2012 година достигна вредност од 4,5 милиони САД долари и тоа се должи на едностраната размена преку извозот во Ирак (составен од свежи јаболка, ракија, цигари, машини за печатење и пекарски производи).

АЛТЕРНАТИВНИ ПАЗАРИчетврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 7: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

77

БИЗНИС ИНФОНОВИ ПАЗАРИ

Обем на трговската размена со Ирак во периодот јануари – декември 2012 годинаВо САД долари

Извоз Увоз Вкупно

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $

10.242.769,00 4.465.874,00 0 0 10.242.769,00 4.465.874,00

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Ирак во 2011 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Ирак во 2011 година достигна вредност од 7,9 милиони САД $. При тоа, остварен е извоз во вредност од 7,9 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува само 6 илјади САД $. Извозното салдо го сочинуваат: свежи јаболка и грозје, кајсии, цреши, вишни, праски и сливи, ракија и дестилирани пијалаци, елеци и појаси за спасување.

Обем на трговската размена со Ирак во периодот јануари – декември 2011годинаВо САД долари

Извоз Увоз Вкупно

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $

22.362.768,00 7.919.392,00 103 6.193,00 22.362.871,00 7.925.585,00

БРОЈКИ И ФАКТИРЕПУБЛИКА ИРАK

Показатели за земјата

1. Површина: вкупно 438.317 км² (земја 437.367 км² и вода 950 км²)2. Главен град: Багдад 3. Локација: Блиски Исток, се граничи со Персискиот Залив, меѓу Иран и Кувајт4. Население: 31,8 милиони (2012 година) 5. Религии: муслимани 97% (шиити 60 -65%, сунити 32-37%), христијани или други 3%6. Етнички групи: арапи 75% -80%, курди 15% -20%, туркмени, асиријци и други 5%7. Јазици: арапски (официјален), курдски (официјален), туркмени (турски дијалект) и асирски (нео-арамејски) се официјални во областите каде што се мнозинство од население), ерменски8. Независност: 3 октомври 1932 година9. Законодавен систем: комбиниран правен систем на граѓански и исламски закон10. Извршна власт: -претседател: Јалал Талабани (од 6 април 2005 година) -премиер: Нури ал-Малики (од 20 мај 2006 година)11. Природни ресурси: нафта, природен гас, фосфати, сулфур12. Индустрии: нафта, хемикалии, текстил, кожа, градежни материјали, преработката на храна, ѓубриво, метали

Економски показатели

13. БДП куповна моќ: 155,4 милијарди САД $ (2012 година) 14. БДП стапка на пораст: 10,2% (2012 година) 15. БДП по жител: 4.600 САД $ (2012 година) 16. БДП по сектори: земјоделие 8,7%; индустрија 63,8%; услуги 25,1% (2012 година) 17. Стапка на инфлација: 6,4% (2012 година) 18. Работна сила: 8,9 милиони (2012 година) 19. Невработеност: 16% (2012 година)20. Надворешен долг: 50,26 милијарди САД $ (2012 година) Индустриска стапка на пораст: 4,8% (2010 година) 21. Земјоделски производи: пченица, јачмен, ориз, зеленчук, памук, говеда, овци, живина22. Извоз: 88,27 милијарди САД $ (2012 година) 23. Производи што се извезуваат: сурова нафта 84%, суровини и материјали со исклучок на горива, храна и добиток24. Земји во кои се извезува: Индија 22,5%, САД 22,3%, Кина 13,4%, Јужна Кореја 11,7%, Јапонија 4,8%, Холандија 4,3% (2011)25. Увоз: 56,89 милијарди САД $ (2012 година) 26. Производи што се увезуваат: прехрана, лекови и медицински препарати, алати и машини за производство27. Земји од кои се увезува: Турција 25,3%, Сирија 18,3%, Кина 11,7%, САД 7,4%, Јужна Кореја 4,7% (2011)

(Извор: ЦИА )

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 8: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

88

БИЗНИС ИНФОНОВИ ПАЗАРИ

ЛИБИЈА

ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД БРУТО-ДОМАШНИОТ ПРОИЗВОД ОД „ЦРНОТО ЗЛАТО“

Државата Либија е земја од регионот Магреб во северот на Африка, која излегува на Средоземното Море. Се наоѓа меѓу Египет на исток, Судан на југоисток, Чад и Нигер на југ, и Алжир и Тунис на запад.Со површина од речиси 1,8 милиони квадратни километри, Либија е четврта најголема држава на африканскиот континент и 17-та во светот. По стекнување целосна независност кон крајот на 1951 година, Либија станува кралство кое се одржува се` до Првосептемвриската револуција од 1969 година. Од тогаш, со државата управува полковникот Муамер Гадафи, сè до неговото ликвидирање по Либиското востание. На власт во земјата е Националниот преоден совет, стациониран во Триполи, на чело со Мустафа Абдул Џалил, кој што контролира поголем дел од државата. ОН го признаваат Националниот преоден совет за легитимна власт во Либија. Приврзаниците на Гафафи ја нарекувале Либија како Големата Социјалистичка Народна Либиска Арапска Џамахирија. Населението се состои од Арапи и Бербери. Религијата е муслиманска. Службен јазик е арапскиот. Со пронаоѓањето на значајни резерви на нафта во 1959 година, и со приходите од нејзина продажба, една од најсиромашните земји во светот успеа да се развие и да стекне значително богатство. Иако нафтата драстично го зголеми финансиското салдо на Владата, незадоволството растеше заради претераната концентрација на националното богатство во рацете на кралот Идрис и националната елита.

ЕКОНОМИЈА НА ЛИБИЈА Либиската економија исклучиво зависи од нафтениот сектор на земјата, чии приходи се добиваат од извозот на истата, и тие приходи опфаќаат една четвртина од бруто-домашниот производ (БДП). Во 1980-тите, земјата била една од најбогатите земји на светот. БДП по глава на жител е повисок од оној на земјите како што се Италија, Сингапур, Јужна Кореја, Шпанија и Нов Зеланд. Престолнината Триполи е една од најголемите туристички атракции во светот. Големите приходи на земјата која ги прибира од нафтата, како и малата популација која ја има земјата, придонело до обезбедување на висок стандард и голема социјална заштита на населението во земјата, посебно во областа на образованието и станбеното прашање. Но и покрај овие податоци, неврботеноста е на големо ниво во споредба со регионот, и истата изнесува околу 21%. Климатските услови и слабата почва доведува до сериозно ограничување на земјоделското производство во земјата. Поради ова, Либија 75% од својата храна ја увезува. Исто така, голем проблем е и водата. Околу 25% од населението немаат пристап до чиста вода. Услугите и градежниот сектор, коишто учествуваат со околу 20% од националниот БДП, имаат потенцијал за натамошно унапредување, доколку Триполи ги пренасочи капиталните трошења кон развојните проекти во услови на воспоставена безбедност во земјата. Во последните неколку години најголем раст доживува туризмот. Побарувачката за хотелско сместување и за капацитетот на аеродромите е зголемена. Неодамна од страна на либиските власти била одобрена голема

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 9: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

99

БИЗНИС ИНФОНОВИ ПАЗАРИсума на пари за обнова на аеродромите. Во моментот, 130.000 туристи ја посетуваат земјата годишно. Либиската влада се надева дека ќе ја зголеми оваа бројка да 10.000.000 туристи.

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Либија

ИЗВЕЗУВАМЕ ЕДИНСТВЕНО ПЕКАРСКИ ПРОИЗВОДИ

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Државата Либија во 2012 година достигна вредност од 758 илјади САД долари и тоа се должи на едностраната размена преку извозот во Либија единствено на пекарски производи.

Обем на трговската размена со Либија во периодот јануари – декември 2012 годинаВо САД долари

Извоз Увоз Вкупно

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $

669.294,00 757.408,00 105 578 669.399,00 757.986,00

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Либија во 2011 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Либија во 2011 година достигна вредност од 153 илјади САД $. Размената се остварува единствено преку извозот на македонски производи во Либија со минимална вредност.

Обем на трговската размена со Либија во периодот јануари – декември 2011годинаВо САД долари

Извоз Увоз Вкупно

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $

176.257,00 152.826,00 10 519 176.267,00 153.345,00

БРОЈКИ И ФАКТИРЕПУБЛИКА ЛИБИЈА

Показатели за земјата

1. Површина: вкупно 1.759.540 км² (земја 1.759.540 км²)2. Главен град: Триполи 3. Локација: Северна Африка, се граничи со Средоземното Море, меѓу Египет, Тунис и Алжир4. Население: 6 милиони (2012 година) 5. Религии: Сунитски муслимани 97%, други 3%6. Етнички групи: Бербери и Арапи 97%, други 3% 7. Јазици: арапски (официјален), англиски, италијански8. Независност: 24 декември 1951 година9. Законодавен систем: правниот систем после револуцијата во Либија е раководен од страна на државни и недржавни субјекти10. Извршна власт: премиер: Али Зајдан (од 14 октомври 2012 година)11. Природни ресурси: нафта, природен гас, гипс12. Индустрии: нафта, петрохемиски производи, алуминиум, железо и челик, преработка на храна, текстил, ракотворби, цемент

Економски показатели

13. БДП куповна моќ: 87,91 милијарди САД $ (2012 година) 14. БДП стапка на пораст: 121,9% (2012 година) 15. БДП по жител: 13.300 САД $ (2012 година)

16. БДП по сектори: земјоделие 2%; индустрија 40,1%; услуги 57,9% (2012 година) 17. Стапка на инфлација: 3,6% (2012 година) 18. Работна сила: 1,4 милиони (2012 година) 19. Невработеност: 30% (2004 година)20. Надворешен долг: 5.054 милијарди САД $ (2012 година) 21. Индустриска стапка на пораст: 2,7% (2010 година) 22. Земјоделски производи: пченица, јачмен, маслинки, урми, цитрус, зеленчук, кикирики, соја, добиток 23. Извоз: 51,48 милијарди САД $ (2012 година) 24. Производи што се извезуваат: сурова нафта, нафтени деривати, природен гас, хемикалии25. Земји во кои се извезува: Италија 22,8%, Германија 14,3%, Франција 14,2%, Кина 10,7%, Шпанија 5,2%, Тунис 4,8% (2011) 26. Увоз: 16,31 милијарди САД $ (2012 година) 27. Производи што се увезуваат: машини, полуготови производи, храна, транспортна опрема, производи за широка потрошувачка28. Земји од кои се увезува: Тунис 13,3%, Турција 9,1%, Кина 8,8%, Италија 8,4%, Египет 6,7%, Сирија 5,2%, Франција 4,9%, Германија 4,8% (2011)

(Извор: ЦИА )

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 10: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

1010

БИЗНИС ИНФО

ДРЖАВА КУВАЈТ

БОГАТА И РЕЛАТИВНО ОТВОРЕНА ЕКОНОМИЈА Кувајт или официјално Држава Кувајт е независна држава со емиратско општествено уредување во Југозападна Азија, поточно на Арапскиот Полуостров. До 19 век, Кувајт бил под отоманско влијание и по Првата светска војна Кувајт бил под раководство на Британската Империја. Големите кувајтски нафтени полиња биле откриени во 1930-те години. По стекнувањето на својата независност во 1961 година, нафтената индустрија забележала голем развој. Во 1990 година, Кувајт бил окупиран и нападнат од Ирак. Окупацијата на Ирак траела седум месеци и завршила со почетокот на Заливската војна и интервенцијата на САД. Кувајт е уставна монархија со парламентарен систем на владеење каде градот Кувајт е главен политички и економски центар. Државата е петта држава во светот според нафтени резерви, а петролејот зазема околу 95% од извозот или 80% од приходите на владата. Покрај тоа, Кувајт е единаесета најбогата држава во светот и според индексот за човеков развој е најразвиена арапска држава. Кувајт е окаракетризирана како високоприходна економија од страна на Светската Банка и еден од главните партнери на НАТО и САД надвор од сојузите.

ЕКОНОМИЈА НА КУВАЈТ

Кувајт поседува географски мала, но богата и релативно отворена економија со огромни резерви на нафта од околу 102 милијарди барели – или околу 7% од светските нафтени резерви. Нафтата учествува со речиси половина од националното БДП, со 95% од извозните приходи и со 95% од владините приходи. Кувајтски влада проектираше раст на производството на нафта на 4 милиони барели дневно до 2020 година. Зголемувањето на глобалните цени на нафтата во текот на 2011 и 2012 година ја раздвижи јавната потрошувачка и економскиот раст. Кувајт доживеа 20% зголемување на владините буџетски приходи,

што доведе до повисоки буџетски расходи, особено за исплата на плати за енормниот јавен сектор. Кувајт нема направено доволно за диверсификација на економските потенцијали, во еден дел, поради позитивната фискална ситуација, и, делумно, како резулатат на неповолната бизнис клима и историски заладените односи помеѓу националното собрание и извршната власт, која ги попречува повеќето иницијативи за економски реформи. Во 2010 година, Кувајт донесе петогодишен план за економски развој во кој ќе се вложат 130 милијарди САД долари за зајакнување на приватниот сектор, привлекување на странски директни инвестиции, како и за развој на повеќе економски сектори од национален интерес.

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 11: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

1111

БИЗНИС ИНФО

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Кувајт

ПОЛИЕТИЛЕНОТ ЈА ОБЕЛЕЖУВА ТРГОВИЈАТА Вкупната трговска размена на Република Македонија со Кувајт во 2012 година достигна вредност од 964 илјади САД долари, при што извозот е 121 илјади САД долари, а увозот 844 илјади САД долари составен единствено од полиетилен.

Обем на трговската размена со Кувајт во периодот јануари – декември 2012 година

Во САД долари

Извоз Увоз Вкупно

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $

113.353,00 121.082,00 550.670,00 843.763,00 664.023,00 964.845,00

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Кувајт во 2011 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Кувајт во 2011 година достигна вредност од 1,7 милиони САД $. Размената се остварува најмногу преку увозот на полиетилен од Кувајт.

Обем на трговската размена со Кувајт во периодот јануари – декември 2011година

Во САД долари

Извоз Увоз Вкупно

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $

122 10.051,00 1.019.251,00 1.654.294,00 1.019.373,00 1.664.345,00

ПРАВНА РАМКА ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Државата Кувајт и Владата на РМ за консолидација и репрограмирање на одредени долгови на РМ спрема Државата Кувајт (1997) ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Кувајт за економска и техничка соработка (2003)

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 12: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

1212

БИЗНИС ИНФО

ЗАКОН за ратификација на Договорот за статусот на на силите на Република Македонија во Кувајт (2003) ЗАКОН за ратификација на договорот меѓу Република Македонија и државата Кувајт за заемно поттикнување и заштита на инвестиции (2010) ЗАКОН за ратификација на договорот меѓу Република Македонија и државата Кувајт за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал (2012)

БРОЈКИ И ФАКТИ

ДРЖАВА КУВАЈТ

Показатели за земјата

1. Површина: вкупно 17.818 км² (земја 17.818 км²)2. Главен град: Кувајт 3. Локација: Блиски Исток, се граничи со Персиски Залив, меѓу Ирак и Саудиска Арабија4. Население: 2,9 милиони (2012 година) 5. Религии: Муслимани 85% (сунити 70%, шиити 30%), други (Христијани, Индуси, Парси) 15%Етнички групи: Кувајтци 45%, другите арапи 35%, јужно азијци 9%, иранци 4%, останати 7%6. Јазици: Арапски (официјален), англиски7. Независност: 19 јуни 1961 година (од Велика Британија) 8. Законодавен систем: комбиниран правен систем од англиски обичајно право, француско граѓанското право и исламски верски закон9. Извршна власт: -Претседател: Амир Сабат ал-Ахмад (од 29.1.2006 година) -Премиер: Јабир ал-Мубарак (од 30.11.2011 година)10. Природни ресурси: нафта, риба, морски ракови, природен гас11. Земјоделски производи: риба12. Индустрии: нафта, петрохемиски производи, цемент, бродоградба, преработка на храна, градежни материјали

Економски показатели

13. БДП куповна моќ: 165,9 милијарди САД $ (2012 година) 14. БДП стапка на пораст: 6,3% (2012 година) 15. БДП по жител: 43.800 САД $ (2012 година) 16. БДП по сектори: земјоделие 0,2%; индустрија 42,3%; услуги 57,5% (2012 година) 17. Стапка на инфлација: 3,2% (2012 година) 18. Работна сила: 2,3 милиони (2012 година) 19. Невработеност: 2,2% (2004 година)20. Надворешен долг: 28,21 милијарди САД $ (2012 година) 21. Индустриска стапка на пораст: 8,7% (2011 година) 22. Извоз: 109,4 милијарди САД $ (2012 година) 23. Производи што се извезуваат: нафта и рафинирани производи, вештачки ѓубрива24. Земји во кои се извезува: Јужна Кореја 17,7%, Индија 15,3%, Јапонија 13,7%, Кина 9,6%, САД 8,4% (2011)25. Увоз: 24,1 милијарди САД $ (2012 година) 26.Производи што се увезуваат: прехранбени производи, градежни материјали, возила и делови, облека27. Земји од кои се увезува: САД 12,4%, Кина 9,7%, Саудиска Арабија 8,4%, Јужна Кореја 6,5%, Индија 6,4%, Јапонија 6,2%, Германија 5%, ОАЕ 4,3% (2011)

(Извор: ЦИА )

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 13: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

13

САЕМ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА – ТРАНСПОРТ, ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГИЈА И РУДНИЦИ, ТЕХНИКА, ТУРИЗАМ И ЗЕМЈОДЕЛСКИ

СЕКТОР

Стопанската комора на Македонија и Меѓународниот саем на Триполи ве покануваат од 22 до 25 април 2013 година на исклучителен бизнис-настан во Либија

Стопанската комора на Македонија и Меѓународниот саем на Триполи организираат заедничка посета на саемската манифестација. Саемот за инфраструктура во Либија го посетуваат над 5000 регистрирани учесници/посетители на настанот, вклучувајќи експерти за просторно планирање.

Според видот и типот на излагачите, оваа меѓународна изложба е место каде што може да се создаде огромна и ефикасна соработка меѓу пазарите во Европа, Азија и меѓу земјите од Блискиот Исток.

Оваа манифестација е организирана од страна на Арапската група за развој (AGD), а овој настан се фокусира на целокупниот инфраструктурен развој на земјата и става акцент на неколку критични технолошки процеси во тој поглед. Настанот е наменет за постојано подобрување и надградување на здравството, транспортот, градежништвото, туризмот, трговијата и земјоделскиот сектор на Либија, заедно со другите критични зони на националната економија кои претставуваат предизвик за многу балкански и европски земји за соработка.

.

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 [email protected]

Page 14: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

1414

БИЗНИС ИНФО

РЕПУБЛИКА ГРУЗИЈА

ЕКОНОМИЈА ПОТПРЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ Историјата на Грузија започнува уште со старите кралства Колчис и Кавкаска Иберија и таа е една од првите држави кои го прифатиле христијанството во 4-от век. Својата најголема економска и политичка моќ Грузија ја стекнала под раководство на кралот Давид IV и кралицата Тамар во 11-от и 12-от век. На почетокот на 19-от век Грузија била припоена кон Царска Русија. На 26 мај 1918 година, по Октомвриската револуција, Грузија објавила независност. Но, на 16 февруари 1921 година, Црвената армија ја окупирала Грузија и ја вклопила во составот на Советскиот Сојуз. Воспоставена како Советска Социјалистичка Република на 25 февруари 1921, од 12 март 1922 до 5 декември 1936 година била дел од Транскавкаска Федеративна Советска Социјалистичка Република заедно со Ерменската ССР и Азербејџанската ССР. На 15 ноември 1990 година била преименувана во Република Грузија. Прогласи независност на 9 април 1991 година, под власт на националистичкиот лидер Звиад Гамсакурдиа. Како и да е, независноста не била призната од советската Влада сѐ до септември 1991 година.

ПОЛИТИЧКА СИТУАЦИЈА Грузија е приклучена кон Руската империја во 19-от век. Стекнала независнот од три години (1918-1921) по руската револуција, по што насилно била приклучена кон СССР во 1921 година, а ја вратила својата независност, со распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.Напредокот кон пазарните реформи и демократизацијата на општеството се направен во годините по стекнатата независност, процес што е континуирано миниран од страна на руските служби со поддршка на сепаратистичките региони на Абхазија и Јужна Осетија. Периодичната тензија и насилството кулминираа со петдневен конфликт во август 2008 година меѓу Русија и Грузија, со инвазија

на руските сили на големи делови од спорната грузиска територија. Со носењето на новиот устав се трансферирани многубројни овластувања од претседателот на премиерот и парламентот, вклучувајќи го и правото да именува премиер и министри. Признавајќи го поразот, Саакашвили го именува Иванишвили како премиер и и` дозволи на парламентарната партија - Грузиски сон да формира нова влада. Тензиите остануваа на високо ниво со оглед на лошата коегзистенција меѓу двајцата први луѓе до крајот на нивниот мандат. Во јуни 2011 година, владата на оваа земја ги повикала сите држави во светот кои го користат нејзиното име (Грузија) кое потекнува од руското говорно подрачје, да се откажат од него и да почнат да го употребуваат името од англиското говорно подачје - Џорџија. Според властите во Тбилиси, до сега тоа го прифатила само Јужна Кореја.

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 15: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

1515

БИЗНИС ИНФО

ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ

Грузија е демократска полупретседателска република. Шеф на државата е претседателот, а моментално на таа функција се наоѓа Михаил Саакашвили. На чело на Владата на Грузија стои премиер. Извршната власт во државата е во рацете на претседателот и Кабинетот на министри под претседателство на премиерот. Во овој кабинет министрите за одбрана и внатрешни работи се под раководство на претседателот. Законодавната власт во државата е во рацете на Собранието, кое е еднодомно и има 150 пратеници избрани за четиригодишен мандат. ЕКОНОМСКИ СОСТОЈБИ Главните економски сектори на Грузија опфаќаат одгледување на земјоделски производи, како што се: грозје, агруми и лешници, ископ на манган, бакар и злато, како и помалиот индустриски сектор за

производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци, метали, машини и хемикалии. Земјата ги увезува речиси сите потребни резерви на природен гас и нафта. Грузија има голем хидро потенцијал преку којшто го обезбедува поголемиот дел од своите енергетски потреби. Таа го надмина хроничниот недостаток на енергија и гас со обнова и реновирање на хидроцентрали и веќе се потпираат на природните увоз на гас од Азербејџан, наместо од Русија. Изградбата на нафтоводот Баку - Тбилиси - Чејхан, гасоводот Баку – Тбилиси - Ерзерум и железничката пруга Карс -Акхалкалаки се дел од стратегијата за долготраен развој и профит како резултат на стратешката

локација на Грузија меѓу Европа и Азија и својата главна улога како транзитна точка за гас, нафта и други стоки.Во 2006-2007 година економијата доживеа раст на БДП повеќе од 10% , како резултат на голем прилив на странски директни инвестиции и зголемено владино трошење. Сепак, растот на БДП забави по август 2008 година, за време на конфликтот со Русија, којшто бележи негативни тенденции и во 2009 година со намалениот влез на странски директни инвестиции со почетокот на глобалната финансиска криза.

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 16: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

1616

БИЗНИС ИНФО

НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ГРУЗИЈА

СКРОМНА РАЗМЕНА Вкупната трговска размена на Република Македонија со Грузија за периодот јануари-декември 2012 година изнесува 211 илјади САД $. Извозот изнесува 161 илјада САД долари, додека увозот е 49 илјади САД долари. Суфицитот изнесува 112 илјади САД долари. Евидентиран е само еден вид на производ во извозот: китови, полнила за молеро-фарбарски работи во износ од 124 илјади САД долари.

Трговска размена на Р. Македонија со Р. Грузија во 2012 годинаВо САД долари

Извоз Увоз Вкупно

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $

170.946,00 161.512,00 15.126,00 49.655,00 186.072,00 211.167,00

Трговската размена на Р. Македонија со Р. Грузија во 2011 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Грузија во 2011 година изнесува 116 илјади САД $.

Трговската размена на Р. Македонија со Р. Грузија во 2011годинаВо САД долари

Извоз Увоз Вкупно

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $

1.800,00 1.301,00 66.231,00 115.140,00 68.031,00 116.441,00

БРОЈКИ И ФАКТИРЕПУБЛИКА ГРУЗИЈА

Географски податоци

1. Локација: Југозападна Азија, граничи со Црно Море, меѓу Турција и Русија, со мал дел излегува на северниот дел на Кавказ; белешка - Грузија се гледа себеси како дел од Европа2.Површина: вкупно: 69.700 квадратни километри земјиште: 69.700 квадратни километри Граници: •вкупно:1461км •граничниземји:Ерменија164км,Азербејџан322 км, Русија 723 км, Турција 252 км3.Главен град: Тбилиси

Политички ситем:

4.Државно уредување: Република5.Устав: усвоен на 24 август 1995 година6.Независност: 9 април 1991 година (од Советскиот Сојуз);7.Законодавен систем: граѓанско право8.Извршна власт: -шеф на државата: претседател Михаил Саакашвили (од 25 јануари 2004 година) -премиер: Бидзина Иванишвили (од 25 октомври 2012 година)5.Население: 4,5 милиони 6.Етнички групи: Грузијци 83,8%, Азербејџанци 6,5%, Ерменци 5,7%, Руси 1,5%, други 2.5% (2002- попис)7.Религија: Православни христијани 83,9%, муслимани 9.9%, ерменско - грегоријанци 3,9%, католици 0,8%, други 0.8%, (2002- попис)8.Бруто домашен производ (БДП)

-БДП паритет на куповна моќ : 26,4 милијарди САД $ (2012 проц.)a.Стапка на пораст на БДП: 6% (2012)b.БДП по глава на жител: 5,900 САД $ (2012)c.БДП по сектори:- земјоделство: 8,3%;- индустрија: 23,7%;- услуги: 68% (2012)9.Работна сила: 1,9 милиони (2010)10.Стапка на инфлација: 4,5% (2012)11.Стапка на невработеност: 16,3% (2010)12.Стапка на индустриски развој: 11,8%(2010)13.Природни ресурси: дрво, хидроенергија, резерви на манган, железна руда, бакар, јаглен и нафта; природни услови за одгледување на цитрус и разни видови чаеви.14.Индустрии: челик, машински алати, електрични апарати, руди (манган, бакар и злато), хемикалии, производи од дрво, вино.15.Земјоделство: цитрус, грозје, чај, лешници, зеленчук, добиток.16.Извоз: 3,3 милијарди САД долари (2012)17.Извозни производи: возила, феро-легури, ѓубрива, ореви, старо железо, злато, бакарна руда.18.Извозни партнери: Азербејџан 17,3%, Турција 10,4%, Ерменија 9,9%, Казахстан 7,3%, Украина 6,2%, САД 5,5%, Канада 5,1%, Бугарија 4,7% (2011)19.Увоз: 6,6 милијарди САД долари (2012)• Увозни производи: горива, возила, машини и делови, жито и друга храна, лекови•Увозни партнери: Турција 17,8%, Украина 10%, Азербејџан 8,3%, Кина 7,6%, Германија 6.8%, Русија 5,6% (2011)20.Надворешен долг: 8,2 милијарди САД долари (2012)

(Извор: ЦИА )

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 17: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

17

информаторзакони - технологии - тендери - понуди

Page 18: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

1818

БИЗНИС ИНФО

РЕПУБЛИКА АЗЕРБЕЈЏАН

РАЗВОЈОТ „ПЛИВА“ НА НАФТА Азербејџан е унитарна уставна Република. Таа е една од шесте независни турски држави, како и активен член на турскиот Совет и TÜRKSOY заедницата. Азербејџан има воспоставено дипломатски односи со 158 земји и е членка во 38 меѓународни организации. Таа е една од основачките членови на Гуам, Заедницата на независни држави (ЗНД) и Организацијата за забрана на хемиското оружје. Членка е на Обединетите нации од 1992 година, Азербејџан беше избрана за членство во новоформираниот Совет за човекови права од страна на Генералното собрание на ОН на 9 мај 2006 година. Земјата е исто така член на ОБСЕ, Советот на Европа и на НАТО Партнерството за мир. Азербејџан е членка на Меѓународната унија за телекомуникации и член на Движењето на неврзаните земји и има статус на набљудувач во Светската трговска организација. ПОЛИТИЧКА СИТУАЦИЈА

Азербејџан - нација со мнозинско турско и шиитско - муслиманско население – добила накратко независност (1918-1920), по колапсот на руската империја. Подоцна била приклучена во Советскиот Сојуз седум децении. Азербејџан допрва треба

да го реши својот конфликт со Ерменија за Нагорно-Карабах, првенствено со ерменско население којшто регионот Москва го декларира како дел од Советскиот Азербејџан во 1920 година, откако Ерменија и Азербејџан го оспоруваат статусот на територијата. Корупцијата во земјата е на високо ниво, а владата, којашто го укина лимитот на претседателскиот мандат на референдум во 2009 година, е обвинета за авторитаризам. Иако стапката на сиромаштија е намалена во последниве години, поради приходите од производство на нафта, ветувањето за поголем економски развој како резултат на континуираниот развој на енергетскиот сектор останува главно неостварено.

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 19: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

1919

БИЗНИС ИНФО

Од јануари 2011 година, Азербејџан е непостојана членка во Советот за безбедност за 2012-2013 година.

ЕКОНОМСКИ СОСТОЈБИ

Високиот економски раст во текот на 2006-2008 година се припишува на големиот и растечки извоз на нафта, но и некои неизвозни сектори, исто така забележаа двоцифрен раст, вклучувајќи ги градежниотен сектор, банкарството, недвижнини, иако ваквото зголемување се должи пред се` на растот на производството на јаглеводород. Во 2011 година, економскиот раст забавил до 0,2%, најмногу поради намаленото производство на нафта. Тековната глобална економска криза претставува предизвик за азербејџанската економија затоа што цената на нафтата остана непроменета, потенцирајќи ја азербејџанската зависност од извозот на енергија.Извозот на нафта преку нафтоводот Баку – Тбилиси - Чејхан остануваат главна економска артерија, додека во тек се напорите за зајакнување на производството на гас. Сепак, Азербејџан има направено само ограничен напредок за воспоставување на пазарни економски реформи. Корупцијата во јавниот и во приватниот сектор се сериозни предизвици за националната економија, вклучувајќи ја потребата за зголемен влез на странски директни инвестиции во не-енергетскиот сектор, како и продолжувањето на конфликтот со Ерменија во регионот Нагорно-Карабах. Трговската размена со Русија и со другите поранешни советски републики е во опаѓање, додека напоредно се развиваат економските односи со Турција и со земјите од Европа. Долгорочниот економски развој пред се` зависи од светските цени на нафтата, од локацијата на нови нафтоводи и гасоводи во регионот, како и од способноста на азербејџанската влада да го поттикне вработувањето во неенергетските сектори во економијата. Од 2010 година почна рапидно да опаѓа производството на нафта, што го уназади вкупниот раст на земјата во 2012 година. Тоа беше главната причина што Владата на Азербејџан ја приспособи својата

претходна официјална прогноза од 5,7% раст на БДП во 2012 година на 2,5% . Благодарение на растот кај ненафтениот сектор, земјата беше во можност да го задржи растот минатата година, при што е забележан раст на БДП од 2,2%. Производството на нафта, сепак, се` уште имаше големо влијание врз домашниот сектор и врз целокупниот економски развој на Азербејџан. Според Државниот завод за статистика, БДП се зголемил за 2,2% во 2012 година, додека индустриското производство се намалило за 7,8% во неафтениот сектор и за 4,2% во нафтениот сектор.

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

Две третини од Азербејџан се богати со нафта и со природен гас. Во регионот на Мал Кавказ лежат поголемиот дел од наоѓалиштата на злато, сребро, железо,

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 20: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

2020

БИЗНИС ИНФО

бакар, титаниум, хром, манган, кобалт, молибден и антимон. Азербејџан има најголем земјоделски басен во регионот. Инаку, 54,9 отсто од територијата на Азербејџан е земјоделско земјиште. Во почетокот на 2007 година имаше 4.755.100 хектари искористена земјоделска површина. Истата година, вкупните дрвни ресурси изнесуваат 136 милиони м³. Националните земјоделски научни и истражувачки институти се фокусирани на развој на ливади и пасишта, хортикултура и суптропски култури, зелен зеленчук, лозарство и винарство, одгледување на памук и лековити растенија.

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Азербејџан

ИЗВЕЗУВАМЕ САМО ЛЕКОВИ И ПЕКАРСКИ ПРОИЗВОДИ Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Азербејџан за периодот јануари-ноември 2012 година изнесува 751 илјада САД $ и истата се остварува единствено преку извозното салдо на Македонија. Евидентирани се само 2 вида производи во извозот: лекови и пекарски производи.

Трговска размена на Р. Македонија со Р. Азербејџан во периодот јануари – ноември 2012 годинаВо САД долари

Извоз Увоз ВкупноКоличина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $125.397,00 751.239,00 0 0 125.397,00 751.239,00

Трговската размена на Р. Македонија со Р. Азербејџан во 2011 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Азербејџан во 2011 година изнесува 230 илјади САД $.

Трговската размена на Р. Македонија со Р. Азербејџан во 2011годинаво САД долари

Извоз Увоз ВкупноКоличина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $97.507,00 230.123,00 0 0 97.507,00 230.123,00

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 21: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

2121

БИЗНИС ИНФО

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Азербејџан

Стоковна размена (2000 / 2010)во илјади САД $

2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010Извоз 0.056 0,025 0,172 0,125 0,278 0,278 0,799 0,501 0,950 1.904 1.699Увоз 0 0 0,254 0,001 0 0 0,003 0,086 0,075 0,167 0,237Вкупно 0,056 0,025 0,427 0,126 0,278 0,278 0,802 1.026 0,588 2.071 1.936

*Република Македонија воспостави целосни дипломатски односи со Република Азербејџан на 28.6.2005 година.

ПРАВНА РАМКАЗАКОН ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА СПОГОДБАТА МЕЃУ ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА АЗЕРБЕЈЏАН ЗА СОРАБОТКА И ЗАЕМНА ПОМОШ ПО ЦАРИНСКИ ПРАШАЊА („Службен Весник на РМ“ бр. 115/2012)

БРОЈКИ И ФАКТИРЕПУБЛИКА АЗЕРБЕЏАН

Географски податоци

1. Локација: Југозападна Азија, се граничи со Каспиското Море, меѓу Иран и Русија, со мал европски дел северно од Кавказ2. Површина: •вкупно:86.600квадратникилометри •земјиште:82.629квадратникилометри •вода:3.971квадратникилометри3. Граници: •вкупно: 2.013 км •гранични земји: Ерменија 566 километри, Грузија 322 км, Иран 432 километри, Русија 284 км, Турција 9 км4. Главен град: Баку

Политички ситем:

5. Државно уредување: Република6. Устав: усвоен на 12 ноември 1995 година, изменет со референдум на 24 август 2002 година7. Независност: 30 август 1991 година8. Законодавен систем: граѓанско право9. Извршна власт: -шеф на државата: претседател Илхам Алијев (од 31 октомври 2003 година) -премиер: Артур Расизаде (од 4 ноември 2003 година)5. Население: 9,5 милиони 6. Етнички групи: Азербејџанци 90,6%, Дагестанци 2,2%, Руси 1,8%, Ерменци 1,5%, други 3,9% (1999 – попис)7. Религија: Муслимани 93,4%, Руси православни 2,5%, Ерменци православни 2,3%, други 1,8%

Економски показатели

8. Бруто домашен производ (БДП) -БДП паритет на куповна моќ : 98,16 милијарди САД $ (2012) a. Стапка на пораст на БДП: 3,8% (2012) b. БДП по глава на жител: 10,700 САД $ (2012) c. БДП по сектори: - земјоделство: 5,7%; - индустрија: 59,5%; - услуги: 34,7% (2012)9. Работна сила: 6,2 милиони (2012)10. Стапка на инфлација: 7,2% (2012)11. Стапка на невработеност: 1% (2012)12. Стапка на индустриски развој: -5,2%(2011)13. Природни ресурси: нафта, природен гас, железна руда, обоени метали, боксит.14. Индустрии: нафта и природен гас, нафтени деривати, челик, железна руда, цемент, хемикалии и петрохемиски производи, текстил.15. Земјоделство: памук, жито, ориз, грозје, овошје, зеленчук, чај, тутун, говеда, свињи, овци, кози.16. Извоз: 30,6 милијарди долари (2012)17. Извозни производи: нафта и гас 90%, машини, памук, прехранбени производи18. Извозни партнери: Италија 32,6%, Франција 13,3%, САД 7,6%, Германија 6.3%, Индонезија 5,4%, Чешка 5,3% (2011)19. Увоз: 10,8 милијарди САД долари (2012) • Увозни производи: машини и опрема, нафтени производи, прехранбени производи, метали, хемикалии. •Увозни партнери: Турција 18,1%, Русија 15,4%, Кина 7,8%, Германија 7.2%, Велика Британија 6,1%, Украина 4,6%, Италија 4,2% (2011)

(Извор: ЦИА )

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 22: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

22

БИЗНИС ИНФО

АРАПСКА РЕПУБЛИКА ЕГИПЕТ

ЕКОНОМСКИ АКТИВНОСТИ РАСПОСЛАНИ ПО ТЕЧЕНИЕTO НА РЕКАТА НИЛ

Древниот Египет претставува многувековна држава, која се наоѓала во североисточна Африка, по долниот тек на реката Нил. Се смета дека во Египет имало населување на човекот уште пред 250.000 години. Во текот на 4000 година п.н.е. од многу мали територијални единици – номи, биле создадени две големи империи - Горен и Долен Египет со главни градови Ераконопол и Буто. Египет под власта на Османлиската империја се нашол во 1517 година, во времето на Селим II. Значењето на Египет за Османлиите било од економско и од стратешко значење. Приходите од порезот на земјата, царината за морските и речните патишта биле користени за финансирање на војската. Градот Каиро станал голем центар во рамките на империјата. Во текот на XVIII век, Египет започнал со своите акции за добивање на автономија. Во 1798 година земјата била заземена од страна на Наполеон Бонапарта. На почетокот на Втората светска војна, Египет повторно станал протекторат на Велика Британија. Во 1952 година бил извршен воен удар и на чело на земјата дошол Гамал Абдел Насер, a за нов крал бил избран Фуад II. Во 1953 година Египет бил прогласен за република.

ЕКОНОМИЈА

Заземајќи го североисточниот дел на африканскиот континент, Египет е поделен на средина од плодната долина на реката Нил, каде што се одвиваат повеќето економски активности . Економијата на Египет била високо централизирана за време на владеењето на поранешниот претседател Гамал Абдел Насер, но нејзиното отворање е значително за време на владеењето

на поранешните претседатели Анвар Ел-Садат и Мохамед Хосни Мубарак. Каиро од 2004-2008 година спроведува динамични економски реформи со цел привлекување на странски инвестиции и заради зголемен раст на националниот БДП. И покрај релативно високото ниво на економски раст во последниве години, условите за живот на просечниот Египќанец останаа скромни и придонесоа за општонародно незадоволство. Туризмот, малото стопанство и градежништвото беа меѓу најпогодените сектори на египетската економија. Владата ги повлече

девизните резерви за повеќе од 50% во 2011 и 2012 година со цел поддршка на египетската фунта. Како резултат на неуспешните преговори со Меѓународниот монетарен фонд за влез на повеќе милијарди американски долари заем, можно е да се предизвикаат фискални поместувања и дисбаланс на плаќањата во време на криза во 2013 година.

22

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 23: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

23

БИЗНИС ИНФО

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Исламската Република Египет

ДВЕ ГОДИНИ ПО РЕД РАЗМЕНАТА ЗАБЕТОНИРАНА НА 6 МИЛИОНИ АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ

Трговска размена за периодот јануари – декември 2012 година

Имe на земја

Извоз Увоз Вкупно

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

Египет 208.850,00 751.191,00 25.430.717,00 5.316.525,00 25.639.567,00 6.067.716,00

Вкупната трговската размена меѓу Македонија и Египет во 2012 година изнесува 6 милиони САД$ . Во поглед на извозот кој изнесува 751 илјади САД $ единствено се издвојуваат: други делови и прибор за каросерии и делови на шински и трамвајски локомотиви и шински возила. Увозното салдо од 5,3 милиони САД $ го сочинуваат: чист натриум хлорид и сол, полиетилен, грав, портокали, фунгициди, шприцеви, игли и памучни ткаенини со помала вредност.

Трговска размена во 2011 година

Име на земја

Извоз Увоз Вкупно

Количина во кг

Сума во СА$ Количина во кг

Сума во САД$

Количина во кг

Сума во САД$

Египет 575.015,00 552.951,00 28.053.317,00 5.765.927,00 28.628.332,00 6.318.878,00

Вкупната трговска размена меѓу Република Македонија и Египет во 2011 година изнесува 6,3 милиони САД $ извозното салдо е 553 илјади САД $, додека увозот изнесува 5,7 милиони САД. Во билатералната трговска размена со арапските земји, Египет е меѓу првите трговски партнери на Република Македонија по обемот на размената. Проценката е дека тоа се должи не само на традиционални трговски врски од пред дваесет години, туку и на фактот дека во Египет повеќе години Република Македонија има амбасада и дека со Египет имаме постигнато одредена правна рамка која дава извесни гаранции за одвивање

23

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 24: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

24

БИЗНИС ИНФО

на трговската размена. Прекинот од две децении во стопанската соработка, кога СФРЈ имаше трилатерален договор за преференцијална трговија со Египет и Индија, има создадено вакуум во однос на размената на меѓусебни информации, што влијае на довербата меѓу потенцијалните партнери. Економските односи со Египет не треба да се набљудуваат само во контекст на билатералните односи, туку и во контекст на мултилатералните - Евромедитеранската унија и како исчекор во Африка.

ПРАВНА РАМКА ЗА СТОПАНСКА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕГИПЕТ

ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет за научна и технолошка соработка ( 2000) ЗАКОН за ратификација на трговската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет ( 2000) ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет за поттикнување и заемна заштита на инвестициите ( 2000) ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал (2000) ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет за соработка на полето на борбата против криминалот (2000) ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за културна соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет (2000) Договор за соработка и заемно признавање на сертификатите за потекло на стоките, меѓу Стопанска комора на Македонија и Федерацијата на трговско-индустриски комори на Египет (мај 2003);

БРОЈКИ И ФАКТИАРАПСКА РЕПУБЛИКА ЕГИПЕТ

24

Географски податоци

1. Локација: Северна Африка, граничи со Средоземното Море, меѓу Либија и појасот Газа и со Црвеното Море северно од Судан2. Површина на територија: 1,001,450 км2 Копно: 995,450 км2 Вода: 6,000 км23. Население: 85,3 милиони (2012)4. Етнички групи: Египќани 99,6% , други 0,4 (попис од 2006 година)5. Религија: муслимани 90%,Коптик 9%6. Јазици: арапски официјален, англискиот е широко употребуван7. Име на државата: Арапска Република Египет8. Државно уредување: Република 9. Главен град: Каиро 10. Административна поделба : 26 општини11. Независност: 28 февруари 1922 година (од Велика Британија)12. Национален ден : 23 Јули, Ден на револуцијата13. Устав: 11 септември 1971 година 14. Претседател: Мохамед Морси (од 30 јуни 2012 година)15. Правен систем: Базиран на Исламско и граѓанско право

(Извор: ЦИА )

Економија

16. БДП : 537,8 милијарди САД $ (2012)17. БДП реален раст: 2% (2012)18. БДП по жител: 6.600 САД $ (2012)19. Невработеност: 12,5 % (2012)20. Работна сила: 27,2 милиони (2012)21. Стапка на инфлација: 8,5% (2012)22. Природни ресурси: нафта, природен гас, железна руда, фосфати, манган, варовник, гипс, азбест, олово, цинк23. Земјоделие: памук, ориз, житарки, грав, овошје, зеленчук, 24. Индустрија: текстил, прехранбена индустрија, туризам, хемикалии, градежништво, цемент, метали25. Индустриски раст: 0,5% (2011)26. Извоз: 28,4 милијарди САД $ (2012)27. Производи што се извезуваат: сурова нафта и нафтени деривати, текстил, метали, хемиски производи 28. Земји во кои се извезува: Италија 8,7%, Индија 7,3%, Саудиска Арабија 6,1%, САД 5,2%, Турција 4,9%, Шпанија 4,2%, Франција 4,2% (2011)29. Увоз: 58,7 милјарди САД $ (2012)30. Производи што се увезуваат: машини и опрема, прехранбени производи, хемикалии и дрвени производи31. Земји од кои се увезува: САД 10,7%, Кина 9,1%, Германија 6,3%, Италија 5,1%, Кувајт 4,7%, Турција 4,4%, Саудиска Арабија 4,3% (2011)

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 25: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

25

БИЗНИС ИНФО

ВИЗЕН РЕЖИМРепублика Македонија и Ирак

Виза за влез во РМ (потребна виза ) Виза за влез во Ирак (потребна виза)

Државно конзуларно претставништво (ДКП) на Република Македонија акредитирано за странската државаСтрански ДКП надлежни за издавање визи на државјани на РМ

Белград ++381 11 46 75 08

Република Македонија и Либија Виза за влез во РМ (потребна виза ) Виза за влез во Либија (потребна виза)

ДКП на Република Македонија акредитирано за странската државаСтрански ДКП надлежни за издавање визи на државјани на РМ

Белград ++381 11 66 82 53

Република Македонија и Кувајт Виза за влез во РМ (потребна виза ) Виза за влез во Кувајт (потребна виза)

Државно конзуларно претставништво (ДКП) на Република Македонија акредитирано за странската државаСтрански ДКП надлежни за издавање визи на државјани на РМ

Анкара ++90 312 446 45 78

Република Македонија и Грузија Виза за влез во РМ (потребна виза ) Виза за влез во Грузија (потребна виза)

Државно конзуларно претставништво (ДКП) на Република Македонија акредитирано за странската државаСтрански ДКП надлежни за издавање визи на државјани на РМ

Анкара ++90 312 491 80 31

Република Македонија и Азербејџан Виза за влез во РМ (потребна виза ) Виза за влез во Азербејџан (потребна виза)

Државно конзуларно претставништво (ДКП) на Република Македонија акредитирано за странската државаСтрански ДКП надлежни за издавање визи на државјани на РМ

Анкара +903 124 41 26 20; ++903 124 39 92 04

Република Македонија и Египет Виза за влез во РМ (потребна виза ) Виза за влез во Египет (потребна виза)

Државно конзуларно претставништво (ДКП) на Република Македонија акредитирано за странската државаСтрански ДКП надлежни за издавање визи на државјани на РМ

Софија ++359 298 70215; Каиро ++202 23 805 269

ВИЗЕН РЕЖИМчетврток, 11 Април 2013, Бр. 131

25

Page 26: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

26

БИЗНИС ИНФО

26

Одбор за надворешни работи на ТурцијаДЕЛОВНИ СОВЕТИ

(www.deik.org ) Турско-ирачки деловен совет

Копретседател: Şerif Ercüment AksoyКомпанија и позиција: Yapa Foreign Trade, претседателКопретседател на Советот: Thamir Al Shikly, Бизнис унија на ИракКомпанија и позиција: Бизнис унија на ИракПартнерска институција: Бизнис унија на ИракИнтернет-страна: -

Турско-либиски деловен советКопретседател: Ersin TaklaКомпанија и позиција: TML Construction, претседателКопретседател на Советот: -Компанија и позиција: -Партнерска институција: Генерален сојуз на стопански комори и индустрии во

ЛибијаИнтернет-страна:

Турско-кувајтски деловен советКопретседател: İbrahim EkşiКомпанија и позиција: Hektaş İnşaatКопретседател на Советот: -Компанија и позиција: -Партнерска институција: -Интернет-страна: -

Турско-египетски деловен советКопретседател: Zuhal MansfieldКомпанија и позиција: TMG Mining and Manufacturing, претседателКопретседател на Советот: Mohamed Abdou El LameiКомпанија и позиција: Mitchell Jr. Navigation, претседателПартнерска институција: Египетска бизнис асоцијација (EBA)Интернет-страна: www.eba.org.eg

ДЕЛОВНИ СОВЕТИчетврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 27: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

27

БИЗНИС ИНФО

27

Турско-азербејџански деловен совет Копретседател: Cengiz GülКомпанија и позиција: Gül Electricity Co, претседателКопретседател на Советот: Rüfet GuliyevКомпанија и позиција: European Tobacco, претседател на Бордот на директориПартнерска институција: Министерство за економски развојИнтернет-страна: www.economy.gov.az

Турско-грузиски деловен советКопретседател: Tuğrul ErkinКомпанија и позиција: Berg Electric, генерален координаторКопретседател на Советот: Jemal Inaishvili, Грузиска комора за трговија и индустрија,

претседателКомпанија и позиција: Грузиска комора за трговија и индустрија, претседателПартнерска институција: Грузиска комора за трговија и индустријаИнтернет-страна: www.deik.org

четврток, 11 Април 2013, Бр. 131

Page 28: Бизнис Инфо 131

БИЗНИС ИНФО

28

Од 21 до 24 мај 2013 година посета на Саемот за греење, вентилација, климатизација и санитарија

SODEX ANKARA 2013, HVAC ВО ТУРЦИЈА

*Посета на Саемот со Стопанската комора на Македонија по исклучително поволни услови

Саемот може да го посети само 1 (еден) учесник од компанија, за втор, трет пријавен учесник се доплаќа симболичен износ.

Обезбедени се:- бесплатно сместување, 3 (три) ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно); - бесплатни влезници за Саемот и - организирани Б2Б средби со компании од горе наведените дејности.Посетителот ги покрива патните трошоци, како и организационите трошоци кон Комората (4.000 денари за членки по лице, а 8.000 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 30 април 2013 година.

За повеќе информации за SODEX ANKARA 2013, посетете ја веб-страната: http://www.hmsf.com/ankarasodex/eng/index.asp, или контактирајте не`.

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]