Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

46
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 31 март 2011 Број 47 од 31.03.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Членка на: СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Дијалогот на претставници од државата, универзитетите и бизнис-заедницата со заеднички заклучок ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОШКИ БАЗИРАН РАСТ Новоформираната Асоцијација на секундарни суровини и рециклатори во Комората со барање НОВА РЕГУЛАТИВА И ЕДНА ЛИЦЕНЦА ЗА ПОУСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ ИНИЦИЈАТИВИ Иницијатива на Клубот за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб ПОПИС НА ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОЕКТИ ЗА КАТАРСКИ ИНВЕСТИТОРИ ПОДГОТОВКИ

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 11-Mar-2016

283 views

Category:

Documents


12 download

DESCRIPTION

Бизнис информатор на Стопанската комора на Македонија Bussiness newspaper of the Economic Chamber of Macedonia

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 31 март 2011

Број 47 од 31.03.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Членка на:

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Дијалогот на претставници од државата, универзитетите и бизнис-заедницата со заеднички заклучок

ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА

ЗНАЕЊЕИ

ТЕХНОЛОШКИ БАЗИРАН РАСТ

Новоформираната Асоцијација на секундарни суровини и рециклатори

во Комората со барање

НОВА РЕГУЛАТИВА И ЕДНА ЛИЦЕНЦА ЗА ПОУСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ

ИНИЦИЈАТИВИ Иницијатива на Клубот за соработка со земјите

од Блискиот Исток и Магреб

ПОПИС НА ИНВЕСТИЦИОНИ

ПРОЕКТИЗА КАТАРСКИ ИНВЕСТИТОРИ

ПОДГОТОВКИ

Page 2: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 31 март 2011

СИТЕ ПРАШУВААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ, А ИДЕИ И ПРОЕКТИ НEMA

Досега никој не ми се обратил со конкретен бизнис-план и идеја што би ја поддржал. Сите доаѓаат и само прашуваат како да направат повеќе пари, а добрите идеи се оставени некаде во заднина. Концептот за мрежата на бизнис-

ангели е убава замисла, која мислам дека тешко ќе се реализира во наши услови. Таа треба да биде поддржана пред се` од самото општество. Во странство таквите инвестиции и донации се ослободени од разни давачки, но кај нас филозофијата на работењето е поинаква. Не е важно што мисли Министерството за финансии или Владата, туку е важно да се создадат услови младите луѓе да се движат напред самите. Според мене, најголема пречка во реализацијата на овој концепт е недовербата што царува меѓу луѓето од бизнисот. Јас би поддржал добри бизнис-идеи, но не значи дека проектот бизнис-ангели треба да се копира од странство и да се спроведе набрзина и ад хок.

(Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“

од Кавадарци)

ЗАГУБЕНА ЕКОНОМСКА ГОДИНА ЗА БИЗНИСОТ

Бидејќи економски годинава ќе биде изгубена, како бизнисмени од политичарите сакаме да видиме законско регулирање на финансиското работење на кое инсистираме подолг период, ефикасна програма за изградба на инфраструктурата и на енергетските капацитети.

Во овие услови стопанството најмалку што може да очекува е помош. Затоа, бизнисите мораат самите да се борат на пазарот.

(Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје)

ВО ЕУ МОЖЕ ДА СЕ ПОСТИГНЕ ПОДОБАР СТАНДАРД ЗА ПОКРАТКО ВРЕМЕ

Ако го видиме искуството на земјите кои се приклучија во Европската Унија, гледаме дека тие многу брзо ги зголемија своите стандарди. Не сите од нив, но некои направија значаен прогрес, како на пример Бугарија, Романија, Полска итн. Во поглед на очекувањата, мислам дека тоа зависи од она што Македонија го прави. Она што таа треба да го направи според мене, е да се интегрира во Европската економија, да ги воспостави истите институции на Унијата,

да ја употреби инфраструктурата која е потребна за македонските стопанственици да можат да ги искористат предностите на пазарот и да размисли јасно како да ги искористи парите за активности кои имаат голем потенцијал. Ако Македонија стане дел од тој пазар кој е блиску до неа, мислам дека таа може да постигне подобар стандард

за многу пократко време. Ќе ви дадам пример на земја која го направи тоа. Полска во 1990 имаше приход по жител од 2000 долари, денеска има 12 500 долари по глава на жител. Начинот на кој тоа го направи е преку интеграцијата во Европската Унија, исто така таа осигура солидна монетарна политика и стапките на инфлација беа внимателно контролирани. Трето што направи е тоа што инвестираше многу во образованието. Мислам дека тоа се работите од кои Македонија може да научи и ако ги примени добро тогаш не мора да чека 80 години, туку 20.

(Индермит Гил, главен економист на Светската банка за Европа

и Централна Азија)

Покровители

ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

Page 3: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 31 март 2011

- Промената на наставните програми подолго време оди многу споро во однос на она што го бара реалниот

сектор, а компаниите се на повисоко ниво од она што произлегува од универзитетите како кадар. Како компании мора да инвестираме многу во кадар кој поминал четири години на некој универзитет, а кој треба да се доедуцира, а таа едукација чини и трае од шест месеци до една година.

Антони Пешев

Ова го истакна Антони Пешев, претседавач на Собарнието на Стопанската комора на Македонија, на трибината на која претставници од бизнис-секторот и универзитетите дебатираа за трансфер на знаењето од универзитетите кон компаниите и од компаниите кон универзитетите (28.3.2011 година). И професорите и стопанствениците се согласија дека не е потребен само спој, туку и поголема интеракција. Реформа во образованието за да излегуваат кадри од универзитетите кои ќе одговорат на потребите во економскиот систем, беа барањата на претставниците на стопанските комори кои посочија дека од факултетите излегуваат во одредени области кадри кои треба да се доедуцираат и кое многу ги чини. Деканот на Машинскиот факултет Атанас Кочов рече дека треба да биде интерактивен спојот меѓу универзитетите и бизнис-секторот кој ќе се проширува и ќе се надоградува: - За игра се потребни двајца, односно и универзитетите и компаниите. Томе Неновски од Американ колеџ посочи дека реформите кои се преземаат сега во високото образование со воведување на практичната и клиничката настава водат во правец на произведување кадри кои ќе бидат посоодветни на барањата на бизнис-секторот. - Знаењето не треба да го поставиме само на оние основи на кои беше поставено порано, само на теорија, туку многу повеќе да се посвети внимание на практичното образование, односно да подготвиме лица кои по излегувањето од клупа ќе се фатат со предизвикот на работата, рече Неновски, додавајќи дека целта е да не се добиваат како што ги нарекува „интелектуални инвалиди“ кои ќе имаат многу добра теорија, а многу нешта ќе им недостигаат во практиката.

Министерот за образование и наука Никола Тодоров истакна дека квалитетот на знаење што се трансферира од универзитетите кон компаниите не е на ниво кое треба да биде. -- Потребно ни е знаење кое треба да го акумулираме кај нашите граѓани за да можеме да одиме напред.

Никола Тодоров Тренд е да се постигне економија базирана на знаења и технолошки базиран економски раст, што не е возможно да се постигне ако нема ваков трансфер на знаење, - рече Тодоров. Тој потенцира дека воведувањето на практичната и клиничката настава треба да биде придонес во овој правец и апелираше до универзитетите да го спроведат она што е договорено како политика, односно да организираат практична настава за сите студенти од прва година. Важно е, додаде, да се спроведе и клиничката настава која претставува прва нишка што ќе ја направи комуникацијата меѓу универзитетите и компаниите. Според Тодоров, сите оние компании кои се развојно фокусирани се заинтересирани да ги градат и моделираат студентите уште од почетокот и уште од прва година да ги земаат студентите на пракса.

ТРИБИНА Трансфер на знаење универзитет - бизнис - универзитет

ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОШКИ БАЗИРАН РАСТ

Доделени 25 договори на компании за проекти за поттикнување технолошкиот развојПРИМЕР ЗА ПРАКТИЧЕН ТРАНСВЕР НА ЗНАЕЊА ОД УНИВЕРЗИТЕТИТЕ КОН СТОПАНСТВОТО

Дваесет и пет компании кои имплеменираат дел од научните достигнувања во секојдневното работење на крајот од минатата недела од Владата добија договори за развојно-истражувачки и иновациски проекти. Целта на Владата, која за договорите одвојува вкупно 15 милиони денари е поттикнување на технолошкиот развој. Станува збор за проекти од заеднички интерес и активности на субјектите на технолошкиот развој и научно истражувачките институции и научните работници. Договорите, како што објавува МИА, на претставниците на фирмите им ги доделија вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за образование и наука Никола Тодооров. Во изминатите шест години преку Министерството за образование и наука се софинансирани 133 развојно-истражувачки и иновациски проекти со средства во износ од околу 960 илјади евра. Од тие пари за проектите на фирмите кои денеска добија договори се одвоени 15 милиони денари. Според министерот Тодоров, анализираните ефекти од придонесот на развојно истражувачките и иновациските проекти за поттикнување на технолошкиот равој покажуваат дека тие најмногу придонеле за подобрување на постојната

ИНТЕРАКЦИЈА

Page 4: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 31 март 2011

технологија (44 проценти), за нови производи (28 проценти), за нова технолошка постапка (15 проценти) и заподорување на квалитетот на животната средина со 11 проценти. Придонесот од софинансирање на развојно-истражувачки проекти е повеќе од позитивен. Нивната реалзиација е извонреден пример за практичен трансфер на знаења од универзитетите кон

стопанството, рече на свеченоста Тодоров. Според него, искуствата за стопанството од вклучувањето во вакви проекти во најголем број случаи се изразува преку создавање поголем профит или подобрување на квалитетот на животната средина.

Научните работници пак искуството од раководењето на таков тип проекти ги доближува до конкретните проблеми во стопанството, што придонесува за нивна посеопфатна подготвеност преку практични примери од реалниот живот да ја осовременат и збогатат наставата и да ги збогатат наставните содржини со повеќе искуство од практиката. Главна определба на Владата, истакнал вицепремиерот Пешевски, е зајакнување на врските со бизнисот и науката. - Владата, економијата и науката мора да се најдат на едно место, да формираат стратешко партнерство бидејќи тоа е платформата врз основа на која мораме и можеме да работиме. Во таа насока е и новиот закон за поттикнување и поддршка на технолошкиот развој со кој формираме платформа во оваа насока. Ќе се формира нов Комитет за технолошки развој, рекол Пешевски. Според него, во иднина ќе има повеќепати поголем буџет од сегашниот за стимулирање проекти за поттикнување на технолошкиот развој кои ќе бидат поделени во две групи, до и над 50.000 евра.

Донација од Siemens Industry So�wareза Машинскиот факултет во Скопје ПОТПОРА ЗА НОВИТЕ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ПРОИЗВОДИТЕ

Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ доби донација од компанијата Siemens Industry So�-ware за потребите на новите магистерски студии за менаџмент на животен циклус на производите. Станува збор за сто лиценци од комплексниот производ Siemens PLM So�ware што ќе биде инсталиран во PLM Центаротза менаџмент на животен циклус на производите. Со донацијата Машинскиот факултет ќе добие моќна ИТ-инфраструктура, која низ научно-наставниот процес ќе им биде на располагање на студентите, а истовремено ќе биде одлична база за соработка со компаниите во правец на подобрување на компетитивноста на нивните производи преку воведување на PLM бизнис-стратегија. Новите магистерски студии за менаџмент на животен циклус на производ ќе почнат од учебната 2011/2012 година. Развиени се како регионални студии под покровителство на Техничкиот универзитет во Торино во соработка со универзитетите во Марибор, Нови Сад, Загреб и Сплит, како резултат на Tem-pus проектот Master - PLM, финансиран од Европската комисија. Студиите ќе бидат со траење од една година, со вклучени мобилности на професорите и студентите од и кон партнерските универзитети, при што кандидатите ќе се стекнат со диплома магистер на технички науки од областа на индустриското инженерство и менаџмент, со можност за двојна диплома од Техничкиот универзитет во Торино.

ПРОЕКТ Е-ВЛАДА

СЕКОЈА ДЕСЕТТА КОМПАНИЈА КОРИСТИЕЛЕКТРОНСКИ УСЛУГИ

Денес во Македонија секоја десетта компанија користи барем една од електронските услуги што ги разви УСАИД, односно проектот Е-влада. Фирмите ги пријавуваат ваквите услуги им штедат време и пари и може да се посветат на активностите коишто всушност генерираат вредност за нивните фирми. П р о е к т о т ја подобрува и инвестициската клима, ја подобрува транспарентноста и технологијата, услугите се многу поефикасни, менаџерите можат да ги најдат сите информации на едно место.

(Филип Рикер, амбасадор на САД во Македонија)

ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ИНВЕСТИРАМЕВО ИНФОРМАТИЧКОТО ОПШТЕСТВО

Со овие проекти се поставуваат темелите за развојот на информатичкото општество во Македонија, проекти во кои Владата на РМ ќе продолжи да инвестира. Она што беше започнато ние ќе мора да го надградиме, бидејќи технологијата постојано се

менува, а со тоа и барањето на граѓаните. Затоа ние ќе бидеме фокусирани на инвестиции во информатичката технологија, со цел да се направи администрација која ќе биде ефикасна, стручна, ќе работи транспрентно и ќе им биде од корист на сите граѓани во Македонија.

(Иво Ивановски, министер за информатичко општество во Владата на Република Македонија)

ТРИБИНА

Page 5: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 31 март 2011

Новоформираната Асоцијација на секундарни суровини и рециклатори во Комората со барањеНОВА РЕГУЛАТИВА И ЕДНА ЛИЦЕНЦА ЗА ПОУСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ

Успешно управување со секундарниот отпад врз основа на квалитетна законска регулатива и подигање на нивото на дејноста согласно нејзиното место во вкупните стопански движења во државата се едни од основните правци на делување на новоформираната Асоцијација на секундарни суровини и рециклатори, - беше истакнато на редовната прес-конференцијата, одржана на 28.3.2011 година во Стопанската комора на Mакедонија. Асоцијацијата ќе делува како форма на организирање во рамките на Стопанската комора на Македонија и во неа членуваат над 100 стопански субјекти кои се вклучени во циркулацијата на секундарните суровини, односно кои вршат откуп, третман,

складирање и транспортот на секундарниот отпад, како и претставници на индустриските капацитети-рециклатори на секундарни суровини. Секундарните отпадни суровини се значајни од повеќе аспекти и тоа: од потребата на индустриските капацитети чии развојни концепти се` повеќе се базираат на користење на секундарни суровини со оглед дека во светски рамки природните ресурси од ден на ден се поограничени, аспектот на зачувување на животната средина, како и економскиот и социјалниот аспект. Поради тоа, Асоцијацијата бара нова регулатива со која секундарниот отпад ќе се разграничи од комуналниот, со оглед дека истите се разликуваат по начинот на нивното настанување, карактеристиките, како и по начинот на постапување. Новата регулатива се очекува да придонесе за развој на дејноста. Ќе се побара и вршење на дејноста постапување со секундарни отпадни суривини врз основа на една лиценца за управување со отпад која ќе содржи високи стандарди за вршење на дејноста, наместо досегашните три дозволи кои претставуваат непотребно оптоварување за стопанството. Трајната лиценца би можела да се одземе во случај ако стопанскиот субјект ги прекрши законските одредби за постапување со секундарен отпад. Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори ја афирмираше досегашната соработка

со Владиниот комитет за следење на состојбите во управувањето со отпад, што ги даде почетните резултати, но ја нагласува потребата од натамошна поширока координирана општествена активност за надминување на одредени нелегитимни појави во дејноста. Асоцијацијата ќе ги интензивира овие активности со цел намалување на присутните диви откупувачи на секундарен отпад. Новата Асоцијација ќе ја вклучи и науката во оваа дејност, ќе се организираат работилници, едукации, информирање за ЕУ-фондовите, со цел нивно поголемо искористување од страна на стопанските субјекти, од оваа се` позначајна стопанска дејност.

З. Мешкова

Групацијата на производители на заштитни врати не знае на која врата да тропне заради заштита на домашното производствоНЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА ИНТЕНЗИВНОУВЕЗУВА, ИНСПЕКЦИИТЕ МОЛЧАТ

Во рамките на Групацијата на производители на заштитни врати при Стопанската комора на Македонија, во изминатиот период на неколку наврати се актуелизирани одредени прашања и проблеми сврзани со налојалната конкуренција од увоз на безбедносни врати. Сознанијата во Групацијата се дека е присутен зголемен увоз на заштитни врати за кои не постои сигурност за нивниот квалитет и безбедност. Имено, во Република Македонија не постои овластена и акредитирана лабораторија и тела за оценка на сообразноста согласно Законот за безбедност на производите со кои би се проверил

квалитетот на увезените производи и би се намалила нелојалната конкуренција. За да се надмине ваквата состојба, а имајќи ги предвид несаканите последици кои можат да ги предизвикаат заштитните врати со неадекватен или низок квалитет, Групацијата ја истакнува потребата од донесување на правна регулатива со која ќе се обезбеди зајакната контрола на квалитетот во нивното производство и увоз. За таа цел, на 25.3.2011 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа седница на Групацијата на производители на заштитни врати со претставници на државни институции (Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Царинската управа на РМ, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот

ИНИЦИЈАТИВИ

Page 6: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 31 март 2011

инспекторат за техничка инспекција) и Организацијата на потрошувачите на Македонија. На седницата се расправаше за начинот на делување за спречување на нелојалната конкуренција и заокружување на правната регулатива. На седницата присутните потенцираа дека одредена правна регулатива е донесена преку усвојувањето на Законот за градежните производи, Правилник за пожарна класификација на градежните производи и Список на македонски национални стандарди кои се прифатени, хармонизирани стандарди. По однос на прашања и проблеми сврзани со налојалната конкуренција од увоз на заштитни врати со несоодветен квалитет и не ги задоволуваат барањата согласно Законот за безбедност на производите, се заклучи во наредниот период да се одржи состанок со претставниците на Министерството за економија, Царинската управа на РМ, Државниот пазарен испектофрат и претставници на Групацијата, на која би се предложиле мерки за спречување на нелојалната конкуренција.

Војкан Николовски

Едукативен семинар за ЦЕФТА-експертите од стопанските комори од земјите од Западен Балкан во БриселНЕОПХОДНО ДИРЕКТНО ПРИСУСТВО И ЛОБИРАЊЕВО ЦЕНТАРОТ НА ЕВРОПСКИТЕ СЛУЧУВАЊА

Во рамките на партнерскиот Проект ЦЕФТА-ДИХК, во периодот од 21 до 25 март 2011 година, во Брисел, Белгија, се одржа едукативен семинар за ЦЕФТА-експертите од стопанските комори од земјите од Западен Балкан. Од страна на ЦЕФТА-секретаријатот со седиште во Брисел, беа презентирани преземените активности во минатиот период и идните чекори кои треба да ги преземе секоја влада во регионот за целосна имплементација на Договорот за слободна трговија. ЦЕФТА 2006 е модерен договор којшто ги хармонизира правилата за трговија во регионот и инкорпорира нови обврски и пазарни услови. Освен слободната трговија, предвидува во наредниот

период и отворање на нови поглавја во процесот на целосно економско интегрирање на регионот и негово побрзо вклучување во европското семејство. Така, во скоро време, се очекува да отпочнат преговорите за ратификација за постепена либерализација на трговијата со услуги, пазарот за јавни набавки, изедначување на критериумите за инвестирање и конкурентност, обезбедување еднаков третман на домашните и инвеститорите од регионот, заштита на интелектуалната сопственост итн.

Беа поздравени донесените мерки за слободна трговија со земјоделски производи и постепено намалување на увозните царински давачки за дел од индустриските производи, како и се охрабруваат напорите за отстранување на нетарифните и техничките бариери кои го обременуваат слободниот проток на стоки и услуги. Сепак, останува заклучокот дека се` додека ЦЕФТА-земјите се наоѓаат на различно ниво на апроксимација на националните законодавства во однос на ЕУ-регулативата, царинските и другите бариери ќе го забавуваат и поскапуваат прометот во регионот. За значењето на интра-регионалната трговска размена говори и фактот што во услови на светска економска криза, земјите од регионот се ориентираат на позасилена регионална соработка, со учество од 15% во вкупната трговска размена. Сепак, ЕУ-пазарот останува доминантен партнер во размената со ЦЕФТА-земјите, со учество од над 57% во вкупната размена. За време на петдневниот едукативен престој во Брисел, одвоени претставувања имаа и: претставништвата на стопанските комори на Хрватска и Србија со седишта во Брисел, Словенечката бизнис-асоцијација (SBRA), Eвропската комора (Еurochambres), Националната германска комора (DIHK) и Kанцеларијата на трговско-индустриската комора на Турција (TOBB) . Заедничка констатација на сите говорници е дека за земјите-кандитати за членство во ЕУ е особено важно да бидат директно присутни во центарот на европските случувања и блиску до европските донесувачи на одлуки со свои постојани претставништва и економски асоцијации. Брисел, како најголем лоби-центар во светот е место каде што помалите земји треба активно да ги репрезентираат своите национални интереси и преку процесот на лобирање да се изборат за што подобра позиција во однос на ЕУ-интегративните процеси, а подоцна и како сериозен политички и економски партнер на европските институции. Главна улога на коморските претставништва е да ги застапува интересите на бизнис-заедницата пред институциите на Европската унија. Тоа го вршат преку дисеминација на информации за актуелни ЕУ-директиви и регулативи, изнаоѓање странски партнери, презентација на националните стопанства, учество во ЕУ-проекти и користење на средства од ЕУ-фондови, организирање обуки и стручни семинари, лобирање и застапување, вмрежување со релевантни ЕУ-институции и други асоцијации, поддршка на компаниите во нивната подготовка за интеграција во единствениот ЕУ-пазар итн. Отворена поддршка до ЦЕФТА-земјите за нивна побрза интеграција во европското смејство упатија претставници на Европската комисија од Генералниот директорат за проширување. Од нивна страна беше истакнат примарниот третман што му се придава на ЦЕФТА-регионот и уверувањето дека земјите од Западен Балкан се високо во агендата на Европската комисија. ЦЕФТА-Договорот како инструмент за економско интегрирање на земјите од регионот е од врвен приоритет на Европската комисија и процесот на негово спроведување е под постојан мониторинг, со цел земјите со сиот свој институционален капацитет подготвени да влезат во ЕУ. Беше повторена и политичката одлука за пристапување на ЦЕФТА-земјите кон преференцијалните правила на Паневромедитеранскиот регион и нивно интегрирање во поголема економска унија.

Влатко Стојановски

ИНИЦИЈАТИВИ

Page 7: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 31 март 2011

Клуб за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб со иницијатива за претстојната јунска посета на висока државна и стопанска делегација од Катар

ПОПИС НА ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОЕКТИ ЗА КАТАРСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Компаниите целосно ја поддржаа Стопанската комора на Македонија во иницијативата на запознавање на Катарската трговска и индустриска комора и Асоцијацијата на катарските инвеститори со инвестициони проекти на ченките на најстарата и најбројната бизнис-асоцијација во земјава. Оваа иницијатива треба да се реализира при официјалната посета на емирот на Катар, Шеик Амад Бин Калифа Ал Тани на Република Македонија, во почетокот на јуни месец годинава, во придружба на Катарскиот инвестициски Фонд и бизнисмени здружени во Комората и Асоцијацијата. На состанокот на Клубот за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб во Стопанската комора на Македонија (24.3.2011 година) е договорено, компаниите, на унифициран формулар подготвен од Комората, да достават резимеа на проектите до 10 април 2011 година, кои ќе бидат проследени до катарските партнерски организации, заедно со проектните документи. Се очекува, со ваков проактивен однос – промоција на македонските инвестициони можности пред приватниот сектор на Катар, да се олесни непосредната комуникација со потенцијалните партнери и пред официјалната посета, но и да и` се помогне на Катарската страна да ја профилира бизнис-делегацијата согласно конкретните интреси. Прашалникот може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија (www.mchamber.mk). На состанокот на Клубот, покрај 23 компании со конкретни проекти, земаа учество и претставникот на Министерството за надворешни работи и Агенцијата за промоција на инвестициите и извозот, кои ја изразија подготвеност за поддршка во реализацијата на коморската иницијатива. Особено ќе биде во функција нашиот промотор во Доха. Инаку, од претставникот на МНР присутните беа известени дека се подготвува билатерален договор за заштита на инвестициите. Со Катар, Република Македонија, за сега, има склучено: Договор за економска, комерцијална и техничка соработка; Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар за одбегнување на двојно оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и Меморандум за соработка во областа на

земјоделството. Инаку, од известувањата на Фуад Хасановиќ, амбасадор на Република Македонија во Катар, за посетите на Асоцијацијата на катарските бизнисмени, Државната агенција за туризам и Катарската трговска и индустриска комора, се дознава дека катарската страна е особено заинтересирана за инвестиции во секторите: туризам, аграр, градежништво и трговија. Тие нагласуваат дека посетата на емирот на Катар е сигнал за бизнисмените кои инвестираат, да ги испитаат сите можности дел од својот капитал да вложат во Македонија. Со цел зајакнување на трговската и стопанската соработка Катарската комора достави Предлог-меморандум за разбирање за соработка и Договор за основање деловен совет. Со потпишување на овие два документа меѓу двете бизнис-заедници,

ќе се отворат многу билатерални можности, но и за настап на трети земји во голфскиот регион. И н а к у , анализата на Стопанската комора на Македонија покажува дека вкупната трговска размена на земјава со Катар во 2010 година достигна вредност од 572.000 САД $ .При тоа, остварен е извоз во вредност од 63 илјади САД $ и увоз од 509 илјади САД $.

Трговската размена меѓу двете земји со години наназад се одвива на исклучително ниско ниво, при што за неколку години воопшто не се евидентирани податоци за размената. Токму затоа, претстојната посета во Комората се оценува како можност за пресврт во размената со овој богат Емират.

Љубица Нури

ПОДГОТОВКИ

Надворешно-трговска размена на Република Македонија со КатарСАМО ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА СО (ПРЕ)БОГАТИОТ ЕМИРАТ!?

Обем на трговската размена со Катар во 2010 годинаво САД$

име земја

количина во кг ИЗВОЗ количина

во кг УВОЗ ВКУПНО

Катар 11.711 62.847 373.191 508.844 571.691

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Катар во 2010 година достигна вредност од 572.000 САД$ . При тоа, остварен е извоз во вредност од 63 илјади САД$, и увоз од 509 илјади САД$.

ДОСИЕ - КАТАР

Page 8: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 31 март 2011

Трговска размена со Катар по годиниво САД$

2006 2007 2008 2009 2010

Извоз 6.750.464 / / 27.145 62.847

Увоз / 567.729 3.223.826 717.802 508.844

Вкупно 6.750.464 567.729 3.223.826 724.130 571.691

Трг. салдо

+6.750.464 -567.729 -3.223.826

Вкупната трговската размена меѓу Република Македонија и Државата Катар со години наназад се одвива на исклучително ниско ниво, при што за неколку години воопшто не се евидентирани податоци за размената. Во поглед на извозот единствено е регистрирана вредност од 6,7 милиони САД $ во 2006 година и тоа само за еден вид производ: други конструкции и делови од железо и челик. Во 2010 година размената е падната на најниско ниво, како во 2007 година и статистика не ја бележи структурата, бидејќи са работи за зделеки во вредност помала од 100.000 САД $. Во 2009 структурата на извозот е непозната а увозот бележи само полиетилен примарен со спечифична густина (566.125 .000 САД$), останатото е во вредност од под 100.000 САД$.На 1 јуни 2010, претседателот на Република Македонија, во рамките на учество

во Форумот во Доха за глобалните прашања, се сретна со Емирот на Катар, Хамад бин калифа Ал Тани, и имаше разговори во Катарскиот инвестициони фонд и Катарскиот образовен Фонд. На почетокот на 2008 година претседателот на Република Македонија оствари официјална посета на Катар, при што се сретна и со претставници на Стопанската комора и Агенцијата за инвестиции на земјата. На средбите во овие катарски институции беше

истакнато дека е вистинскиот период за катарски инвестиции во Македонија, со оглед на фактот дека Македонија е земја-кандидат за членство во ЕУ, при што беа посочени секторите енeргетика, туризам, земјоделие. Исто така, беше договорена возвратна посета на Инвестициониот фонд на Катар на Република Македонија, а за таа прилика, Стопанската комора на Македонија има анкетирано компании заинтересирани за катарски инвеститори. Во ноември 2007 година Стопанската комора на Македонија се обрати до Трговско-индустријската комора на Катар, со покана за посета на Стопанската комора на Македонија, придружена со бизнис-делегација од Катар. Во 2009 година беа реализирани посети на катарски високи претставници на Хрватска и на Србија, каде што беа договорени конкретни инвестициони проекти (во Хрватска во областа на гасификацијата и нафтената индустрија). Доколку Република Македонија не обезбеди директни контакти и соработката, ви за ви иницијативите во Регионот, постои реална опасност по нашата конкурентност. Постоењето на дипломатско-конзуларно претставништво во Катар и промоторот треба да се искористи за поддршка на македонското стопанство да се пробие не само во Катар, туку и во околните земји. Исто така, потребно е да се воспостави взаемно признавање на сертификатите за потекло на стоките (ги издават коморите) и потпишување конвенција за взаемно признавање на јавните исправи и други документи, како и да се поедностави процедурата за издавање на визи. Сегашната процедура дополнително ги обесхрабрува компаниите да започнат соработка. Земјите во Заливот се во долготраен процес на трговска интеграција со ЕУ. Кралството Саудиска Арабија, Кралството Бахреин, Обединетите Емирати, Катар, Султанатот Оман и Кувајт, функционираат во рамките на регионалната асоцијација на овие држави, претставена во Заливскиот совет за соработка, (Golf Coopera�on Coun-cil / GCC ). Тоа е регионална политичка, економска и општествена организација, со цел имплементирање и претставување на соработката во сите сегменти меѓу шесте арапски држави. Од 1 јануари 2008 година, економиите на овие земји функционираат во рамките на Единствениот заливски пазар и царинската унија. Заедничката економија

во моментот на интеграцијата “тежеше” 715 милијарди САД долари. Регионот се движи од нивото на соработка кон целосна економска и монетарна интеграција, планира за 2010 година - овие земји требаше да функционираат и како монетарна унија. Се планира до 2013 година регионот да влезе во зона на слободна трговија со САД. Со ЕУ, преговорите за слободна трговија траат веќе 20 години и се очекува, конечно, нивно привршување. Во овој контекст, со оглед на постоење на дипломатско-конзуларно претставништво, Катар може да се искористи и како порта за влез на компаниите во GCC-заедницата. Најновите случувања во Голфскиот регион нема да влијаат на поставените цели, но сигурно дека процесите ќе бидат забавени.

Бројки и факти: КАТАР

Локација: Блиски Исток, полуостров кој се граничи со водите на Персискиот Залив и со Саудиска Арабија.Површина на територијата: 11, 437 км2Клима: сува,умерена,убави зими,топли влажни лета.Природни ресурси: нафта, природен гас, риби.Иригација на почвата: 130 км2, лимитирано количество на природна вода ја зголемува потребата од градење поголеми фабрики за десалинизација.Договори потпишани за заштита на природата но нератификувани: Биодиверзија; Промена на климата; Промена на климата - Кјото Протокол; Хазардни отпади; Закон за морето; Озонска заштита и многу други.Географија: Стратешка позиција во центарот на Персискиот Залив, блиску до најголемите нафтени наоѓалишта.Население: 885.359 жители Стапка на раст на населението: 2,5% Националност: КатариЕтнички групи: Арапи 40%, Индуси 18%, Пакистанци 18%, Иранци 10%, останати 14%Религија: Муслимани 95%Јазици: Арапски официјален, англискиот се користи како втор јазикПисменост: над 15 год. читаат и пишуваат, а писмени се 89% од вкупното население. Име на државата: Држава КатарДржавно уредување: Традиционална монархијаГлавен град: Доха Административна поделба : 10 општиниНезависност: 3 септември 1971 година ( од В. Б.)Национален ден : 3 Септември, Ден на независностаУстав: Ратификуван на референдум од народот на 29 април 2003 година, потврден од Емирот на 8 јуни 2004 година, ефективен од 9 јуни 2005 година.Правен систем: Дискреционен систем на право контролиран од Емирот, за волја на вистината, во цивилните парници цивилниот закон почнува да се применува. Традиционалниот Шерија закон се применува во граѓански и семејни парници.Државно уредување: -Шеф на државата Н. В. Емирот Хамад бин Калифа Ал-Тани (од 27 јуни 1995 година, откако го симна од власт сопствениот татко).

Членка на интернационални организации: ABEDA, AFESD, AMF,FAO, G-77,GCC, IAEA, IBRD, ICAO, ICC, ICRM, IDB, IFAD, IFRCS, ILO, IMF, IMO, Interpol, IOC, ISO, ITU, LAS, MIGA, NAM, OAPEC, OIC, OPCW, OPEC, UN, UN - во советот на безбедност, UNCTAD, UNESCO, UNIDO, UPU, WCO, WHO, WIPO, WMO, WTO.

Економија: Суровата нафта и природниот гас се вреднуваат на повеќе од 60% од БНД, приближно 85% од експортот и 70% од владините приходи. Нафтата и природниот гас ги создадоа условите БНД по жител да биде 80% од најразвиените и најбогатите западно-европски земји. Докажаните резерви на нафта од 16 милијарди барели, со досегашното експлоатирање, обезбедуваат искористување за 23 години. Резервите на природен гас кои се проценуваат на 25 билиони м3 и повеќе од 5% од светските резерви го става Катар на трето место во светот по ресурси од тој реагенс. Во Катар перманентно се присутни мултинационални странски инвеститори за изградба на полиња за гас, така што во последните години Катар се искачува на врвот на светските лидери во експлоатација на природниот течен гас (ЛНГ). Во последните години, а со порастот на цената на овие важни реагенси, Катар бележи постојан суфицит од извозот на истите.

БДП: 91,55 милијарди $ (2008)БДП по жител е 111.000 $,Економски раст: 13,4% ( 2008)Невработеност: 0,4% ( 2008)Буџет приходи: 36,59 милијарди $Буџет расходи: 27,4 милијарди $Агрокултура: Овошје, зеленчук, живинарство, млечни производи, говеда, риби. Индустрија: Сурова нафта и рафинирани производи од истата, амонијак, вештачки ѓубриња, петрохемиски производи, челична арматура, цемент, комерцијална репарација на бродови.Индустриски раст: 13% (2008)Извоз: 55,73 милијарди САД $ ф.о.б. (2008)Производи за извоз: течен природен гас, нафта, челикЗемји во кои извезува: Јапонија 38,5%, Јужна Кореја 20,9%, Сингапур 11,1%, Индија 4,5%.Увоз: 25,11 милијарди САД $ ф.о.б. (2008),Земји од кои увезува: Франција 6,2%, САД 12,1%, Саудиска Арабија 4,6%, Италија 8,9%, Германија 9%, Јапан 8%, В.Британија 4,9%. (2008)Производи од увоз: машини, транспортни средства, прехрамбени производи и хемикалии. Аеродроми: 5 (2005), со изградени писти 3, а останатите во изградба. Хелиопорт 1. Цевководи: гас 1024 км, течен гас 87 км, нафта 702 км.Патишта: асфалтирани 1,107 км. Билатерални договори склучени помеѓу Република Македонија и Катар

- ЗАКОН за ратификација на Договорот за економска, комерцијална и техничка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар – МД – 110/05-200.- ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход – МД – 103/08-151. (Спогодбата влагува во сила на 26 септември 2008 година, види: Објава од МНР – 115/08-2).- ЗАКОН за ратификација на Меморандумот за соработка во областа на земјоделството меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар – МД – 51/09-25.

ДОСИЕ - КАРТАР

РАЗВОЈ ПОД КОНТРОЛА НА СЕМЕЈСТВОТО АЛ-ТАНИПод раководство на фамилијата Ал-Тани, уште од средината на 1800 година, Катар се трансформира од сиромашен Британски протекторат, забележлив по ловци на бисери, во независна профитабилна земја, со големи доходи од суровата нафта и природниот гас. Кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите катарската економија беше осакатена од неконтролираното експлоатирање на суровата нафта од страна на емирот, кој ја водеше земјата од 1972 година. Хамад бин Калифа Ал-ТаниНеговиот син, сегашниот емир на Катар Н. В.

Хамад бин Калифа Ал-Тани, со мирен удар го собори својот татко од власт во 1995 година и се постави за водач на државата. Во 2001 година Катар го реши долго нерешениот проблем со границите со Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Суровата нафта и природниот гас ја направи државата да има највисок БНД во светот.

Page 9: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 31 март 2011

СОРАБОТКА

Македонско-косовски бизнис-форумЗАЕДНИЧКИ ВЛОЖУВАЊА ВО ЕНЕРГЕТСКИ И ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ И НАСТАП НА ТРЕТИ ПАЗАРИ

Македонските и косовските стопанственици треба да најдат нови форми за продлабочување на соработката, за заеднички вложувања во инфраструктурни и енергетски проекти и настап на трети пазари. Властите, пак, во двете држави, да ги отстранат постојните бариери, првенствено инфраструктурите, и да создадат поволна бизнис-клима за странски инвестиции во интерес на развој на регионот. Такви пораки упатија претседателите на Македонија и Косово, д-р Ѓорѓе Иванов и Беџет Пацоли, и учесниците на Македонско-косовскиот бизнис-форум, што се одржува во Скопје, во Хотелот „Александар Палас“ (24.3.2011 година).

Вкупната трговска размена на Македонија со Косово во 2010 година споредено со 2009 е зголемена за 41 процент. Во 2009 година изнесуваше 324 милиони САД долари, а лани достина 459 милиони САД долари. Според претседателот Иванов, и покрај добрите резултати, не треба да се задоволуваме со досега постигнатото бидејќи секогаш може да се постигне повеќе. - Косово е важен трговски партнер на Македонија. Искрено се надевам дека бројот на компаниите кои соработуваат ќе се зголемува во наредниот период и убеден сум дека постојат поволни услови за тоа, - истакна Ѓорге Иванов. Тој очекува со склучениот Договор за економска соработка компании од двете земји да учествуваат и во инвестициски капитални проекти, особено во делот на земјоделството, енергетиката, инфраструктурата и туризмот.Пред учесниците на Форумот ги наброја досегашните активности за подобрување на бизнис-климата во државава и можностите за иневстиции, потенцирајќи ги технолошко-индустриските развојни зони кои според него нудат низа поволности привлечни за инвеститорите во најнапредните индустрии. Шефот на албанската држава Беџет Пацоли побара преку почести бизнис-форуми, три до четири пати годишно, стопанствениците од Македонија и Косово, да ги искористат можностите за соработка, и покрај тоа што имаат мали пазари.- Има простор за исполнување на потребите на бизнисмените и убав

амбиент за развивање на нивните контакти.Гостинот од Косово побара урамнотежување на трговската размена, како и заложби од надлежните институции за надминување на проблемите со сертификатите за потекло на стоки. Главните пречки, смета Пацоли, ќе се отстранат со овозможување слободно движење на стоките и луѓето без формалности, изградба и обнова на патната и железничката инфраструктура, подобра клима за инвестиции. И двете држави, наведе Пацоли, имаат недостиг од странски инвестиции, за што пак недостига добра законска регулатива. Укажа и на можноста за соработка во областа на енергетиката преку заеднички проекти. - Јас сум следбеник на големата идеја да се најдат заеднички инвеститори и меѓу Македонија и Косово да се издигне еден гигант производител на електрична енергија. Имаме вода, имаме можности, потребен ни е само уште инвеститор. Доколку има добра иницијатива од македонска и косовска страна и доколку се гарантира законска платформа, ние ќе ги најдеме инветиторите, - истакна Пацоли. Според македонскиот министер за економија, д-р Фатмир Бесими, одличната политичка соработка може да биде одржлива само ако биде проследена со економска. - Тоа за Македонија, Косово и регионот е веќе императив, односно создавање заеднички пазар со можности за поголеми инвестиции. За остварување на ваква соработка, неопходна е добра инфраструктура, координирани економски реформи за подобрување на деловниот амбиент, како и поефикасно судство. Според министерот Бесими, двете земји имаат меѓусебно потпишани 10-тина договори за унапредување на економската соработка. Вистина е дека имаме неурамнотежена размена, постојат можности за зголемување на трговијата, но треба да се работи на промена на структурата. Најдобар податок за тоа е дека 50% од нашиот извоз на Косово отпаѓа на нафтата.Министерот за економски развој на Косово, Бесим Беќај, истакна дека приоритет на новата Влада на Косово е развивање на модел за поголем економски раст на земјата. Економската криза уште повеќе не` наведе на меѓусебна соработка. Економскиот развој на Косово ќе се концепира преку соработката со Комората на Косово, односно од идеите на косовските бизнисмени. Двете економии имаат потреба од унапредување на бизнисот, преку здружен настап на други пазари, не само во ЕУ, туку многу пошироко. Македонија треба да му помогне на Косово, преку заедничкото делување во рамките на ЦЕФТА, за отстранување на нетарифните бариери со кои се соочува реалниот сектор.

Page 10: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 31 март 2011

СОРАБОТКА Надворешна трговска размена на Република Македонија со Република КосовоНА РЕД ПОВИСОКИ ФОРМИ НА СОРАБОТКА

Надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Република Косово, се одвива согласно Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија или ЦЕФТА 2006, потпишан помеѓу Македонија, Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и УНМИК/КОСОВО, а чија имплементација започна на 21.11.2007 година. Согласно ЦЕФТА 2006, трговската размена меѓу двете држави е целосно либерализирана. Пред тоа, билатералната стопанска соработка со Унмник/Косово се одвиваше согласно со Привремениот договор за слободна трговија со Времената Административна Мисија на ОН во Косово - УНМНИК, (1 август 2005 год. од страна на Косово, а 1 јануари 2006 од страна на Република Македонија). Освен со Република Македонија, Косово има билатерални спогодби за слободна трговија со Албанија, БиХ и Хрватска.

Обем на трговската размена на Република Македонија со Косово во 2010 година

во ооо.САД$

ВКУПНО СТРУКТУРА

УЧЕСТВО

ВО РМ

ИЗВОЗ СТРУКТУРА

УЧЕСТВО

ВО РМ

УВОЗ СТРУКТУРА

УЧЕСТВО

ВО РМ

БИЛАНС

459 823 4,2 437 772 11,7 22 051 0,2 + 415 721

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Косово во 2010 година достигна вредност од 460 милиони САД$ и учествува со 4,2% во вкупната трговска размена на земјата.При тоа, остварен е извоз во вредност од 437,8 милиони САД$ со 11,7% учество во вкупниот извоз на РМ. Увозното салдо изнесува 22 милиони САД$ со годишен раст од 128.3%. Со Косово се остварува константен трговски суфицит во трговката размена кој во 2010 година изнесува 415,7 милиони САД$. Во цела 2010 година, Косово е седми партнер на Македонија во вкупната размена со светот.

Компаративна анализа за обем на трговска размена на Р.Македонија со Косово за периодот 01-12.2010 – 01-12.2009 година

во ооо.САД$Вкупна размена Извоз Увоз

2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс

324 200 459 823 141,8 314 542 437 772 139,2 9 658 22 051 228,3

Најголемо учество во извозот на Република Македoнија во Косово имаат: • Прехрамбени производи, зеленчук и овошје. Во секторот прехрана најголемо учество имаат производите (вода, минерална и газирана; пекарски производи • Градежни материјали • Топло и ладно валани и други производи од железо и челик • Цигари што содржат тутун

Државниот завод за статистика на Македонија го нема евидентирано извозот на нафта и нафтени деривати и вода кои учестваат во голем обем во македонскиот извоз.

Во увозот во Република Макеоднија од Косово најголемо учество имаат стоките: • Прехрамбени производи, зеленчук и овошје • Градежни материјали

БИЛАТЕРАЛНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И КОСОВО

*Коморските секторски согледувања

Надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Косово услови перманентен пораст во размената на земјоделско-прехранбените производи и покрај глобалната економска криза, посебно во извозот. Најзастапени се овошјето, зеленчукот, пивото, алкохолните и безалкохолните пијалоци, преработки од млеко, кондиторски производи, сончогледово масло, цигарите и тутунот (Тутунски комбинат - Прилеп). Секако дека територијалната блискост дава услови за повисоки форми на соработка во овој сектор и потребно е продлабочување на понатамошната соработка. Македонските фирмите од градежната и неметалната индустрија имаат долгогодишна соработка со фирмите од Косово, пред се’ заради близината и компатабилноста на пазарите, но и заради самиот производ кој не трпи голем транспорт заради високите трошоци. Кај одделни производи скоро 60% од производството се пласира на косовскиот пазар. Но, мора да се напомене дека македонски фирми веќе имаат отворено свои фабрики на Косово, како што е фирмата „Ренова„ за производството на суви малтери. Најзастапени производите во извозот се: огноотпорните материјали, керамичките ѕидарски тули, керамички плочки, производи од гипс и од цемент. Од Косово увозот на градежни и неметални материјали е минимален. Македонските градежни компании имаат изведувано градежни работи на Косово во вредност од околу 600 илјади долари во 2008 година, потоа 546 илјади долари во 2009 година, а во 2010 година изведени се само 20.000 долари, со драстично намалување споредено 2009 со 2010 година на само 4%. Намалување на инвестициите на овој пазар, има и влијание и кај ангажирањето на македонската градежна оператива. Во металниот комплекс - Република Македонија со производите како лимови, цевки и профили, може да биде релевантна за Косовскиот пазар. Во изминатиот период значаен извоз (од сознанија на фирми) се остваруваше на мрежи за армирање, завртки и навртки, опрема за пакување, статички носачи за фер-греди, алуминиумски прозори и врати и други производи врзани за градежништвото. На овој пазар присутни се фирми како што се ТЦ „Металика„ од Кичево, „Дин бест“ од Скопје, „Фаморд технологија„ од Скопје, „Леов компани„ и „Динамо хит„ од Велес, „Тргометал„ од Скопје, „Фриготехника„ од с. Боговиње и други. Можности за соработка постојат во извоз на електроенергетска опрема (трансформатори, разни видови на кабли, опрема за електрозаштита, и др.), производство на нестандардна процесна опрема и ремонти на термоелектрани, разладна опрема, бојлери, армирано железо и други производи. Производство на мебел - Македонските производители на мебел имаат значително присуство на Косовскиот пазар. Близината и знатно намалените транспортни трошоци условија одредени фирми („Фатина“, „Истра“, „Технокооп“, „Дизајн фантазија“ и др.) уште од самиот почеток да извезуваат на Косовскиот пазар или пак да отворат свои претставништва. Секако, можностите за соработка не се докрај искористени, а од страна на домашните постои интерес за заеднички настап на саеми и тендери. Хемиските производи се присутни во Косово. „Алкалоид„, „Реплекфарм„ во делот на фармацевстката индустрија („Алкалоид„ преку претставништво во Косово), „Андросфарм„ - Охрид во делот на средствата за домаќинства (инвестиција на Охис, фабрика за детерџенти), како и производи од пластични маси - полиетиленски вреќи, кеси и др. Сознанија од фирмите се дека има простор и за поголем извоз на производи од хемиската индустрија, средства за хигиена и фармацевтски производи како и преработки од пластични маси. Во делот на енергетиката, Косово за Република Македонија претставува значаен фактор за целокупниот енергетски систем на земјата. Производите на ОКТА претставуваат, според слободни проценки голем дел од македонскиот извоз. Во електроенергетиката, сегашниот електроенергетски систем

Page 11: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 31 март 2011

СОРАБОТКА е поврзан со далновод од 400 кв со Косовските термоцентрали, оттука и работата на истите е од големо значење за стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Македонија. Во едно, Косово претставува квалитетен извор на енергија со кој може да се воспостават и деловни односи на производствен план. Исто така, во недостаток на директна врска со Република Албанија размената на електрична енергија меѓу двете земји се одвива преку постоечката далноводна врска со Косово. Потенцијалите во опрема за одржување на енергетски постројки и техничката подготвеност на инженерски кадар со кои располага Република Македонија во голема мера може да биде искористен во процесот на ревитализација на електроенергетскиот систем на Косово. Во производството на основни метали, Република Македонија со производите како лимови, цевки и профили, може да биде релевантна за Косовскиот пазар. Во изминатиот период значаен извоз (од сознанија на фирми) се остваруваше на цевките, бетонско железо, алуминиумски профили и цевки, и извоз на лимови-поцинкувани, пластифицирани.

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ИДНАТА СОРАБОТКА

* Увозната зависност на Косово овозможува максимално пазарно позиционирање на македонските стоки. До сега, кон овој пазар немало стратешки пристап. Кон ова придонесува немањето транспарентни податоци на ниво на нашата држава, така што билатералната трговска размена во услови на немање јавен пристап кон податоците остава впечаток на импулсивна размена. Но, исто така нема јавност и во однос на други податоци како што се они кои се однесуваат на инвестиционите активности во двете насоки. До колку би постојало заедничкото мешовито тело кое би ја следело билатералната размена, би можело да се изгради и стратешки пристап кон овој пазар. Со цел осознавање, Стопанскаат комора на Македонија и Стопанската комора на Косово треба да организираат бизнис-форуми со цел билатерално корпоративно запознавање. * ЦЕФТА 2006 создава услови за унапредување на регионалната трговска размена преку мултилатерална соработка, што до сега, не се користи оптимално. * Со Косово стреба да се воспостави систем на одбегнување на двојното оданочување . * Комората гледа унапредување на стопанската соработка преку заедничко учество во проекти финансирани од меѓународните институции и програми, особено во областа на енергетиката и транспортот. Во тој контекст со поголемо внимание треба да се следат јавните повици за јавните набавки и други тендери. Меморандумот за соработка, меѓу Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Косово, Стопанската комора на Црна Гора и Унија на Албанските комори (Валона, 9 јуни 2009 година) е во функција на иницирање на заедничките проекти кои би биле финансирани од нам достапните меѓународни фондови.

Косовска економија оствари значителен напредок, ама...ВИСОКА ЗАВИСНОСТ ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА И ДИЈАСПОРАТА

Во текот на изминатите неколку години економијата на Косово покажа значителен напредок од транзиција кон пазарен систем преку одржување на макроекономската стабилност, но сепак е високо зависна од техничката и финансиската помош на меѓународната заедница и од дијаспората. Дознаките од дијаспората – лоцирани главно во Германија и Швајцарија - се проценуваат на околу 15% од БДП. Косовските граѓани се најсиромашни во Европа со просечен годишен доход по глава на жител од само 2.500 САД $. Невработеноста е околу 40% од населението, и е главна причина која ја засилува надворешната миграција и сивата економија. Поголемиот дел од населението живее во рурални средини надвор од главниот град.Со меѓународна помош, Косово успеа да приватизира 50% од претпријатијата во државна сопственост. Минерали и метали - вклучувајќи и лигнит, олово, цинк, никел, хром, алуминиум, магнезиум и широк спектар на градежни материјали - порано беа овновната компонента на индустријата, но производството опадна поради застарената опрема и недоволните инвестиции. Ограниченото и несигурно снабдување со електрична енергија поради технички и финансиски проблеми е голема пречка за економскиот развој. Официјалната валута на Косово е еврото, но српскиот динар исто така се користи во српските енклави. Косово е една од најотворените економии во регионот, и продолжува да работи со меѓународната заедница на мерки за подобрување на бизнис климата и привлекување на странски инвестиции.

РЕПУБЛИКА КОСОВО

1. Локација: Југоисточна Европа меѓу Србија и Македонија

2. Површина:• Вкупно: 10.887 км2- Земјена површина: 10.887 км2- Водена површина: 0 км2

3. Граници:• Вкупно: 702 км• Земји со кои граничи: Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија

4. Главен град: Приштина

5. Население: 2.126.708 (2007 проц.)

6. Религија: Муслимани, Правславни , Католици

7. Бруто домашен производ (БДП)a. БДП: 5,3 милијарди САД $ (2008, проценка)b. Стапка на пораст на БДП: 5.1% (2007)c. БДП по глава на жител: 2.300 САД $ (2007)d. БДП по сектори:- Земјоделство: 20%- Индустрија: 20%- Услуги: 60% (2007)

9. Работна сила: 550.000

10. Стапка на инфлација: 5,3% (2007)

11. Стапка на невработеност: 16,6% (2009)

12. Индустрии: Рударство, базни метали, градежни материјали, кожа и др.

13. Извоз: 198,5 милиони евра (2008)

• Извозни партнери: ЕУ – 93,9 мил. евра (47,4%); Македонија- 20,1 мил.евра (10,1%); Албанија- 21,1 мил. евра (10,6%); Србија- 9,9 мил. евра (5%); ; Швајцарија 7,4 мил. евра (3,7%)

• Извозни производи: руди, метални преработки, сурова кожа и производи од кожа, машини итн.

14. Увоз: 1,928 милиони евра (2008)• Увозни партнери: ЕУ-701,9 мил.евра (36,4%), Македонија - 346,5 мил.евра (18%); Србија-208,9 мил.евра (10,8%); Турција-128,2 мил. евра (6,7%); Кина-121,1 мил. евра (6,3%).

• Увозни производи: прехрамбени производи, нафтени деривати, машини и опрема, хемиски производи, дрво и преработки од дрво

Во 2008 година Косово најголем извоз има остварено со ЕУ (47%), Албанија (10,7%), Македонија (10,1%), и Србија (5,0%). За истиот период најголем увоз во Косово е направен од ЕУ (36,4%), Македонија (18,1%), Србија (10,8%) и Турција (6,7%).

_____________________________________________________________(Извор: ЦИА)

Page 12: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 31 март 2011

АКТУЕЛНО

Експертот за атомска енергија Никола Попов со „Приказ на случувањата во нуклеарната електрана Фукушима“ и со поракаМАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГИ СЛЕДИ СВЕТСКИТЕТРЕНДОВИ ВО НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА

Професорот на МакМастер Универзитетот во Хамилтон, Канада и директор за сигурност и лиценцирање на атомска енергија во Канада, Никола Попов, смета дека во Македонија нема да има никакви последици од хаваријата во Нуклеарната централа Фукушима во Јапонија. - Се` уште се вршат анализи за несреќата и се преземаат мерки за ублажување на последиците. Убеден сум дека оваа несреќа е далеку поблага од онаа што се случи во Чернобил. Секако, ќе има последици на околината во Јапонија, но не верувам дека тоа ќе биде од некаво значение за Македонија, изјави Попов пред почетокот на предавањето на тема: „Приказ на случувањата во Нуклеарната електрана Фукушима“, што го држеше на седница на Македонската енергетска асоцијација во Стопанската комора на Македонија.

Доколку лично се прашувам, нагласи канадскиот експерт од македонско потекло, не ми смета да живеам до нуклеарна централа. Сметам дека Македонија треба да ги следи светските и европските трендови од областа на нуклераната енергија, а Владата е таа што ќе одлучи дали да гради нуклеарна централа или не, заедно со народот. Јас можам само да дадам мислење, - додаде тој. - Сите нуклеарни електрани во светот ќе посветат големо внимание на тоа што се случува во Фукушима и ќе направат ревизија на своите програми за да бидат подготвени доколку се случат слични настани на други места да бидат посигурни за населението, - рече Попов. Тој не верува дека случувањата во Фукушима ќе предизвикаат некакви последици во работењето на Атмоската централа Кршко, лоцирана на границата меѓу Словенија и Хрватска. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски рече дека Владата има намера да го користи професорот Попов, како советник за нуклеарна енергија. - За Македонија е многу важно да биде правилно информирана за тоа што се случува во Фукушима и кои би биле можните последици за државата, имајќи ги во предвид краткорочните потенцијални негативни ефекти што може да се јават, но и какви импликации ќе има вкупно на Енергетската стратегија на Македонија, - изјави вицепремиерот Пешевски пред почетокот на предавањето. Тој прецизира дека се` уште не е донесена одлука дали во Македонија ќе се гради нуклеарна централа иако тоа се предвидува во едно од сценаријата на Стратегијата за енергетика, која е веќе донесена. - Роковите за потенцијалната изградба на нуклеарна централа се далеку од истекување бидејќи процесот на подготовки трае 10 до 15 години. Одлука не е донесена ниту да се гради, ниту, пак, да не се гради, но она што го правиме се неопходните

подготовки. За да се даде одговор дали и кога треба да се почне со изградба на нуклеарна централа се потребни повеќе години на анализа, - рече Пешевски. Такво решение, нагласи, се носи врз база на стручно-економска анализа, а не само врз база на политичка дискусија.

Никола Попов - Безбедносните аспекти во носењето на таква одлука стануваат се` поважни иако не ги игнориравме ни до сега. Граѓаните може да бидат сигурни дека нема да се донесе избрзана одлука, - нагласи вицепремиерот Пешевски. Според Попов, хаваријата во Фукушима е последица на цунамито од кое биле поплавени дизел агрегатите за производство на електрична енергија потребна за функционирањето на системите за ладење на реакторите. - Пракса е електраните да се исклучуваат од системот при земјотреси, а исто така е пракса системите за ладење да не се поврзани на енергијата што ја произведува централата, туку на енергетскиот систем и да зависат од друг производител. Во случај на исклучување од системот постојат дизел агрегати кои произведуваат електрична енергија за системот за ладење, - рече Попов на предавањето. Тој нагласи дека во Фукушима се вградени реактори од постар тип BWR 3 и BWR 4 од американско потекло дизајнирани во 60-тите години од минатиот век кои се веќе 30 до 40 години во функција и оти новите имаат многу пософистициран систем за ладење на реакторите. Во светот, нагласи, има вкупно 440 рекатори од кои 90 се од тој вид, а најголем дел од нив се во Јапонија.

РАСПРАВИ

Седница на Економско-социјалниот совет за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односиУСОГЛАСУВАЊЕ СО ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУДИ ДОПРЕЦИЗИРАЊЕ ОДРЕДБИ Економско-социјалниот совет, на 28.3.2011 година, ја одржал петтата седница, на којашто учествувале претседателот на Економско-социјалниот совет и министер за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами и другите членови на Советот. Од страна на ЕСС биле разгледани: Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи и Информација за учество на делегација на Република Македонија на 100-та сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева, во јуни 2011 година, - соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика Претседателот на ЕСС и министер за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, ги информирал членовите на Советот, дека целта на измените е постапување и усогласување со Одлука на Уставниот суд на Република Македонија, конкретизирање и допрецизирање на одделни одредби од Законот, согласно предлозите и заклучоците на Економско- социјалниот совет и промени во делот на прекршочните одредби, заради воедначен пристап во примена на истите од страна на прекршочните комисии и судовите. Тој истовремено истакнал дека во измените на Законот е предвидено, по исклучок, работниот однос заснован со договор за вработување на определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време и пред истекот на рокот од пет години ако работникот работи повеќе од две години на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства, доколку работодавачот утврди дека има трајна потреба од работникот, под услови и на начин утврдени со закон. Претседателот ги информирал членовите на ЕСС дека и оваа година, македонска делегација ќе учествува на 100–та сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева, во јуни 2011 година. Соласно воспоставената пракса во оваа конференција ќе учестуваат министерот за труд и социјална политика и претставиниците на репрезентативите синдикати и Здружението на работодавачите, односно претставници од Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Организацијата на работодавачите на Република Македонија. По однос на овие прашања, членовите на Советот дадоа и свои мислења и сугести.

Page 13: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 31 март 2011

ОЛЕСНУВАЊА

Промовирана брошурата „Предлози за технолошки и бизнис-партнерства од Македонија“ на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ)ПАТОКАЗ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИДА ДОЈДАТ ДО ПАРТНЕРИ ОД ДРУГИ ЗЕМЈИ

По повод тригодишнината од постоењето на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ), што беше отворен со поддршка на Европската комисија и Владата на РМ, а го координира Скопскиот универзитет, денеска беше промовирана брошурата „Предлози за технолошки и бизнис-партнерства од Македонија“. Членка на Корзоциумот на ЕИИЦМ е и Стопанската комора на Македонија. Цел на брошурата е да им помогне на македонските мали и средни претпријатија во нивната потрага по партнерства во други земји. Во неа се опишани профилите кои од ЕИИЦМ се внесени во меѓународната база за бизнис, технолошка и научна соработка, креирана од земјите во кои е присутна Enterprise Europe Network - најголема мрежа на контактни центри кои им обезбедуваат информации и советувања на компаниите. Мрежата се состои од околу 600 локални партнерски организации во 47 земји, промовирајќи конкурентност и иновации. Брошурата е наменета за дистрибуција на меѓународни саеми, собири и промотивни манифестации. Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски промовирајќи го изданието на ЕИИЦМ рече дека Универзитетот успешно го следи темпото на глобалните научни и технолошки

иновации. - По три години работа, денеска можеме да се пофалиме дека ЕИИЦМ, чиј координатор е Универзитетот, е полноправна членка и партнер во Европската мрежа на претпријатија, која работи под Европската комисија. Македонските мали и средни претпријатија можат да ги добијат услугите од мрежата преку едношалтерски систем и сосема бесплатно, истакнал Стојковски, - а го цитира МИА. Министерот Никола Тодоров рекол дека Владата и МОН ги поддржуваат сите активности преку кои ќе се стимулира квалитетното образование, но и трансферот на нови знаења и технологии кои ќе придонесат за силно стопанство, високи технолошки стандарди и економски развој на државата. - Во 21-от век, на глобалниот европски пазар, сосема е извесно дека инвестирањето во знаењето, нови технолошки решенија и иновации е клучната димензија во технолошкиот развој, затоа што пазарот секогаш ја прифаќа поквалитетната понуда. Токму затоа, за да се одговори на сите тие предизвици на европскиот пазар, градејќи ја нашата

конкурентска предност и користејќи ги нашите технолошки можности, Владата на РМ пред три години заедно со Европската комисија го поддржа отворањето на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, давајќи значаен придонес во поврзувањето на науката, стопанството, трансферот на технологии и промоцијата на нашите мали и средни претпријатија, како клучен фактор во нашиот напредок, - истакнал министерот Тодоров.

ПОСЕТИ

Новоименуваниот aмбасадор на Молдавија во Република Македонија, Александру Пригорски, во посета на Стопанската комора на МакедонијаДИРЕКТНИ БИЗНИС-КОНТАКТИ И ПРОМОЦИЈАНА СТОПАНСТВАТА ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМАТ РАЗМЕНАТА

-Очигледно дека не е доволна само Договорот за слободна трговија – ЦЕФТА за да ја подобри размената меѓу двете земји, туку е потребно поголемо промовирање на трговскиот и инвестиционен потенцијал на корпоративно ниво, – беше заедничката констатација при посетата на Александру Пригорски, новоименуваниот амбасадор на Молдавија во Република Македонија, со седиште во Софија на Стопанската комора на Македонија (25.03.2011 година). Од страна на домаќините беше истакнато дека нетарифната бариера во билатерална комуникација на компаниите е и визниот режим, бидејќи е потребно да се оди лично во третата земја за да се добие македонска или молдавска виза. Амбасадорот Александру Пригорски вети дека ќе се разгледа можноста визите периодично да се издаваат и во Скопје. При средбата, претставникот на Комората истакна дека постои добра и долгогодишна соработка со Трговско-индустриската комора на Молдавија, и дека двете деловни асоцијации, заедно со другите од земјите-потписнички на ЦЕФТА-Договорот се партнери во Проектот за имплементација на ЦЕФТА-Договорот со Унијата на германските трговски и индустриски комори. Исто така, од страна на домаќините беше побарано да се даде помош во надминување на проблемите при увозот на стоки од Молдавија, од извозници лоцирани во Транснистрија. Инаку, во 2010 година со Малдавија вкупно се разменети стоки во вредност од 1,278 мил. САД $. Од

тоа, 355 илјади САД $ е македонски извоз. Статистиката бележи 188 илјади САД долари извоз на карфиол, брокула и друг свеж и разладен зелечук. Од друга страна, стаклена амбалажа и топло валана жица и други легирани челични производи се забележени во увозот од Молдавија.

Љубица Нури

Page 14: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 31 март 2011

Комерцијална банка АД - Скопје ОСМИ ПАТ БАНКА НА ГОДИНАТА СПОРЕД “GLOBAL FINANCE” Магазинот „Global Finance“ ја прогласи Комерцијална банка АД - Скопје за најдобра банка

во Македонија за 2011 година. Ова е осми пат Банката од магазинот да биде прогласена за најдобра во земјата.

- Во Њујорк, на 24 март 2011 година „Global Finance“ ги прогласи најдобрите банки од Централна и Источна Европа врз основа на ексклузивно истражување кое ќе биде објавено во мајското издание на магазинот. Уредниците на „Global Finance“ со помош на индустриски аналитичари, директори на корпорации и банкарски консултанти ги избраа најдобрата банка на регионот и најдобрите банки во 22 земји. Критериумите за изборот на победниците вклучуваа: пораст на актива, профитабилност, стратегиски односи, услуги на клиенти, конкурентни цени и иновативни производи, се наведува во соопштението на Комерцијална банка АД - Скопје.

„Global Finance“ веќе 18 години ги избира најдобрите банки во земјите во развој.

Стопанска банка АД СкопјеНЕНАМЕНСКИ ХИПОТЕКАРЕН КРЕДИТ СО НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ

Стопанска банка до 25 мај годинава одобрува хипотекарен кредит без административни и трошоци за проценка. Каматната стапка на кредитот е 7 отсто годишно, гарантирана за првите три години.

Станува збор за ненаменски хипотекарен кредит со износи до 40.000 евра и рок на отплата до 15 години, без жиранти, меница или административна забрана.

Кредитот е обезбеден со хипотека на недвижен имот или со залог на депозит.

Здружение на банкарство - СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИ ОД БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ

Во име на Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, Ве информираме, дека согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, сите банки/штедилници при воспоствување на деловен однос или вршење на трансакција спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот. Овој процес опфаќа идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот физичко или правно лице преку соодветни валидни документи за нивна идентификација (важечка лична карта или пасош за физички лица и тековна состојба не постара од 6 месеци за правни лица) и пополнување Апликација за идентификација/ажурирање на клиент, која во идентична форма се употребува во секоја банка/штедилница. Податоците добиени од овој процес мора да се ажурираат на редовна основа, најмалку секои 2 години. Важечката законска регулатива во Република Македонија предвидува обврска сите банки и штедилници да ја ажурираат базата на своите постојни клиенти со валидни податоци за нивна лична идентификација најдоцна до мај 2012 година. Бидејќи потврдување и ажурирање на податоците за своите клиенти на овој начин го забавува редовното работење на шалтерите во банките и штедилниците и е обемна работа, која одзема време, а со цел исполнување на горенаведените законски обврски, Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, донесе заклучок за поставување сопствен рок за спроведување на оваа акција за ажурирање на податоци (01.05.2011 година) и ги повикува сите физички и правни лица во РМ кои имаат отворено сметки во банките и штедилниците, да пристапат кон истите со цел ажурирање на нивните податоци. Во насока на наведеното, најљубезно ги замолуваме и ги повикуваме, сите наши клиенти, физички и правни лица, соодветно да се идентификуваат во нивните банки и штедилници, односно истото да не го одложуваат и да го извршат при нивната наредна посета во банката/штедилницата и заклучно со 01.05.2011 да ги ажурираат своите податоци. По истекот на наведениот рок, работењето со сметките не ќе може непречено да се одвива, се до моментот на целосна идентификација и потврда на идентитетот на клиентот од страна на банката/штедилницата. Банките и штедилниците ги бараат Вашите лични податоци и податоците за вашата трансакција, единствено со цел да ги почитуваат барањата на важечката законска регулатива, без можност и дискреционо право да постапат поинаку. Воедно, сакаме да Ве известиме дека ажурирањето на овие податоци е и во Ваш интерес, бидејки банките и штедилниците ќе бидат во можност да донесат издржана одлука базирана на повеќе валидни информации и по однос на сите Ваши барања, ќе можат навремено и на точни адресни податоци да ги испраќаат месечните извештаи, соопштенијата и дополнителните материјали со кои се олеснува соработката, меѓу клиентите и нивната банка/штедилница.

Со почит, ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВО ПРИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БАНКАРСТВО

Page 15: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 31 март 2011

Пишува: Катарина Дода

Се занимавам со изработка на филигрански накит. Пред една година се запишав на курсот за филигран, кој траеше шест месеци. И сега имам своја работилница. За оваа година колку што изработувам накит и предмети успеав да имам неколку изложби во Скопје, а бев и во Оман на „Мускат фестивал 2011“ на кој ќе се осврнам подетално. На покана на организаторот, а во соработка со Стопанската комора на Македонија, со уште 14 мои колеги - занаетчии секој со сопствени производи бевме гости на „Мускат фестивал 2011“. Таму бевме еден месец колку и што траеше фестивалот. Имавме свој павилјон, секој од нас имаше свој штанд, а ни беше дозволено да ги продаваме нашите производи без никаква обврска кон организаторите на оваа манифестација. Единствен услов од домаќините беше да демонстрираме како ги изработуваме предметите, во мојот случај да покажам како изработувам накит, и обврската да бидеме секој ден на фестивалот. Верувајте беше вистинско задоволство да се работи. Тие се, да речам „нова земја“, бидејки од пред дваесетина години почнале масовно да се школуваат, да градат патишта, современи згради, шопинг центри, со еден збор - почнале да живеат посовремено. И, сето тоа што ние го работевме за нив беше непознато и создаваше голем интерес кај посетителите. На фестивалот имаше гости - излагачи од повеќе земји, како што се: Тунис, Русија, Сенегал, Палестина, Мароко, Турција, Киргистан, Чешка, Пакистан. Не треба да споменувам дека се воспостави прекрасно дружење со колегите и се создадоа вредни нови

пријателства, кои се надеваме натаму ќе ни помогната во бизнисот. Се разбира и ние видовме нешто ново. Во оваа прилика ќе ги споменам вазните и ламбите рачно изработени од камилска кожа, потоа разни предмети изработени од дрво, стакло, чудесни мозаици. Со присутните филигранисти од сите земји- учесници, секако, се здобив и со нови искуства кои ќе ми помогнат во натамошното дизајнирање и изработка на накит. И сето тоа рачно се изработуваше на самиот фестивал. Покрај

запознавањето со вештите раце на сите учесници, посетителите имаа и вонредна прилика да присуствуваат на претставувањето на секоја со нејзината кујна, а посебен впечаток ми остави секако Оманската кујна. На фестивалот имаше еден посебен дел каде што се претстави домаќинот, наречен „Омани Вилиџ„. Таму се случуваше секојдневниот традиционален живот во Оман. Жени приготвуваа храна, мажите изведуваа разни танци, децата играа детски игри, се продаваа зачини, парфеми, се ткаеја разни материјали, жените ги шараа рацете... И морам веднаш да кажам дека за мене ова патување беше едно прекрасно искуство кое ќе го паметам цел живот. Прв пат одам во арапска земја и морам да признам дека малку се чуствував возбудено. Но, тие се толку пријателски расположени луѓе, гостољубиви, гледаа на секој можен начин да им угодат на странците и сакаат во секоја прилика тие да се чувствуваат како дома. Од самото пристигнување имавме на располагање возило со шофер, а секој ден имавме по некој излет, плажа, посета на музеи, шопинг-центри, бидејќи за се` имаше време - фестивалот почнуваше од 16 часот и траеше до 23 часот. Дури имавме и еднодневен излет, приреден од организаторот на фестивалот, во градот Низва, околу 200 километри од Мускат, коешто е родното место на Султанот. Целиот ден го поминавме во обиколка на градот, неколку музеи, нивниот пазар кој инаку го нарекуваат „Сук“ и на кој може да се најдат разни предмети изработени од разни свили со чудесни бои и дизајни, традиционални омански носии, злато,

кожа…Инаку, сите се облечени во нивен традиционален стил, мажите носат „Дисх-Дасха“, а жените „Абаја“. И, секако, на „суковите“ важи старото правило: никогаш не купувајте веднаш, со ценкање производот ќе го добиете за половина, а ако сте подобар трговец и поупорен за далеку поевтино од првобитната цена. Фестивалот се одржуваше од 24 јануари до 24 февруари 2011 година, што е најубавото време од годината во Оман. Температутата се движеше од 25 до 27 степени целзиусови, за разлика од летниот период кога достигнува до 60 степени целзиусови. А, во оваа држава се` е приспособено на временските услови, се работи двократно, рано наутро и во вечерните часови. На фестивалот се доделуваа и награди за секоја област - за најдобро изработен предмет од кожа, дрво, ткаенина. Имаше и стручно жири составено од претставници од разни земји, меѓу кои и Франција, Индија, Сирија…Јас бев единствен награден претставник од Македонија. Наградата ја добив за најубаво дизајниран и изработен накит од сите учесници на

фестивалот. Наградата беше парична, но за мене посебно значајно беше што требаше да се остават три производи коишто остануваат во Музејот на фестивалот. За крај, уште еднаш би сакала да изразам огромна благодарност до Стопанската комора на Македонија, која на мене и на сите учесници од земјава ни овозможи да бидеме гости на „Мускат фестивал 2011“, за целата нејзина неизмерна поддршка и помош. А, се надевам дека ние вративме со она што е цел на оваа манифестација – да ја презентираме нашата земја и да приодонесеме за воспоставување уште поцврсти бизнис-врски со Оман.

ИСКУСТВА

„Вешти раце“ од земјава на „Мускат фестивал 2011“ МАКЕДОНСКИ ФИЛИГРАН ВО МУЗЕЈОТ ВО ОМАН

Page 16: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 31 март 2011

Деловна средба на Македонско-руската стопанска комора „Регионите на Руската Федерација – вистински потенцијал за економски развој на македонското стопанство“РЕАЛНИТЕ МОЖНОСТИ ГОЛЕМИ- ИСКОРИСТЕНОСТА МАЛА

Македонија и Русија имаат реални можности за соработка. Македонските компании имаат огромни можности за бизнис-зделки на пазарот од 140 милиони потрошувачи. Иако постојат потенцијали, сепак, размената ниту по обемот, ниту по структурата не е на задоволително ниво. Ова било посочено на Деловната средба на Македонско-руската стопанска комора што се одржа во Скопје.- Русија е пазар од 140 милиони потрошувачи. Големината е импозантна – со тоа и можноста за бизнис-зделки. Трговската размена е доминантен облик на економската соработка меѓу Македонија и Русија, а Руската Федерација континуирано е меѓу првите 10 трговски партнери на земјата, - нагласил вицепремиерот и министер за

финансии, м-р Зоран Ставрески. Тој посочил дека македонската страна во размената бележи висок трговски дефицит, при што покриеноста на увозот со извозот не надминува пет отсто, што пак се должи на увозот на енергенсите без кои надворешно-трговската размена би била балансирана.Според министерот Ставрески, за да се намали дефицитот потребно е да се искористат компаративните предности на македонските компании во однос на потребите на рускиот пазар: – Русија е голем потрошувач на лекови, а истовремено и голем пазар за пласман на прехранбените производи. Македонската економија, од друга страна, има добар потенцијал во делот на хемиската индустрија, во производството на лекови и препарати, како и во производството и преработката на земјоделско-прехранбените производи. За да се поттикнат овие гранки, државата е подготвена да им помогне на фирмите за воспоставување соработка да формира дистрибутивни центри во Руската Федерација за македонските земјоделско-прехранбени производи, како и да помогне во нивната промоција преку саемски манифестации, изложби и слично.За подобрување на конкурентноста на македонските производи на рускиот пазар, македонска Влада на последната седница на Меѓувладината македонско-руска комисија ја афирмирала и инцијативата за потпишување

договор за слободна трговија, што ќе придонесе без трошоци значително да се подобри позицијата на македонските производи на рускиот пазар. Министерот смета дека во интерес на унапредување на соработката е да се воспостават и стратегии за развој на транспортот, како и воспоставување директна авионска линија.Соработката во градежништвото, издвоил министерот Ставрески, бележи негативен тренд како последица на двојното оданочување на градежните работи кои се изведуваат подолго од 12 месеци, но и поради непризнавањето на банкарските гаранции од македонските деловни банки, што е неопходно при склучување инвестициски договори за настап на рускиот градежен пазар. За полесен пристап на компаниите од Македонија и Русија на двата пазара се разгледува и можноста за прифатливи билатерални инструменти на меѓудржавно ниво со карактер на бартер-аранжмани, а за да се одбегне двојното оданочување. Според министерот Ставрески, ќе се покрене

иницијатива за измена на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Руската Федерација. Тој посочил дека се потребни позначајни поместувања во секторот енергетика, во кој иако има поместувања со потпишување на Договорот за подмирување на клириншкиот долг. – Најавата за влез на руската компанија „Гаспром“, за реализирање на Проектот „Гасификација на Република Македонија“, исто така е од особено значење за нашата земја. Соработката со рускиот гигант отвора повеќе можности, меѓу кои и вклучување на Македонија во Гасоводот „Јужен тек“, истакнал министерот за финансии, додавајќи дека ова е значајно за Македонија и стопанството бидејќи освен што ќе се најде на мапата на европските енергетски крстосници, ќе се добие и евтин енергенс преку кој ќе се зајакне конкурентноста на македонската економија и ќе влијае позитивно врз економскиот развој.

Од 1997 до 2008 година во Македонија се влезени 1,3 милијарди евра инвестиции од Руската Федерација. Сепак, министерот Ставрески истакнал дека Македонија може да им понуди многу повеќе на руските инвеститори. Производство на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство и инфраструктура, се стратешки сектори кои може да ги искористат инвеститорите од Русија за да го оплодат својот капитал, - додал министерот Ставрески. Амбасадорот на Руската Федерација Олег Николаевич Шчербак, изразува надеж дека двете страни ќе ги искористат потенцијалите со цел во 2012 година да се достигне размена од 1 милијарда долари: – Во насока на ваквата оптимистичка прогноза зборува и зголемената активност на македонскиот пазар од страна на крупните руски компании.Тој ги набројал најголемите рускки инвестиции во земјава: 35 милиони долари на „Лукоил“, 50 милиони инвестиции од „Солвеј“ во рудниците „Саса“ и „Бучим“, потоа 166 милиони евра инвестиции на „Синтез груп“ во изградбата на „ТЕ-ТО“, како и Проектот што за реконструкција и модернизација на трите блока на РЕК Битола што го работи „Силви машини“. Според него, важна задача што треба да се направи меѓу двете земји е да се поправи огромниот трговски дебаланс, кој создава тежок дефицит за македонската економија, како и диверзификација на рускиот извоз во Македонија,

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 17: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 31 март 2011

структура којашто, за жал, во моментот повеќе од 90 отсто се однесува на јаглеродни енергенси. Тој истакна дека Руската Федерација е заинтересирана за изградба на гасоводниот систем во Македонија, во што е вклучено и порамнувањето на клириншкиот долг – се надеваме дека наскоро околу прашањата за реализација на првата фаза на Проектот за гасификација ќе почнат и двостраните консултации: - И во однос на Проектот за приклучување на Македонија кон „Јужен тек“ уште годинава двете страни се должни да најдат конкретно решение. Главен фактор, смета амбасадорот, за решавање на овие две важни задачи мора да биде остварување и развој на директни деловни врски меѓу бизнис-заедниците на двете земји, како на федерално, така и на регионално ниво, притоа обезбедувајќи ефективна размена на информации за руските компании заинтересирани за работа на македонскиот пазар, исто така и на македонските компании подготвени за работа на рускиот пазар. - Не треба да се потценува солидниот потенцијал на руските региони, особено на оние кои се објективно заинтересирани за испорака на своето производство во вашата земја и оние кои се заинтересирани за увоз на македонски земјоделски производи. Амбасадата заедно со Македонско-руската стопанска комора веќе работи во таа насока и наскоро очекуваме во Скопје да пристигне бизнис-делегација на Стопанската комора на Вологда, - подвлекол рускиот амбасадор во земјава. Тој смета дека силен и конкретен импулс на економската соработка ќе даде одржување нова седница на Меѓувладината комисија до крајот на годинава во Македонија.Претседателот на Руско-македонската стопанска комора Ѓорѓи Дика, истакнувајќи дека постојат потенцијали за зголемување на соработката меѓу двете земји, смета дека рускиот пазар е заинтересиран за земјоделски производи и пијалаци. - Руските региони се вистински потенцијал за развој на економијата, рекол Дика, додавајќи дека постои интерес за прехранбени производи и пијалаци. Дури 65 отсто од прехранбените производи на рускиот пазар се од увоз и тука може да се најдат македонските производи.Тој го посочил и проблемот што се јавува на рускиот пазар со македонски производи кои го губат идентитетот дека се од Македонија бидејќи се увезуваат во Русија преку други земји. Според него, поттик ќе даде и отворање канцеларија за лобирање кај потенцијалните руски партнери за создавање мешовити компании.

Владата и Градот Скопје заедно ќе инвестираат во подземна сообраќајница РАСТОВАРУВАЊЕ НА СООБАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ ВО ЦЕНТАРОТ

Растоварување на сообраќајниот метеж до 50 отсто во шпицот во централното градско подрачје треба да овозможи новата подземна сообраќајница која треба да се изгради од комплексот банки до булеварот „Партизанска“. Инвестицијата е вредна 30 милиони евра, од кои 20 милиони обезбедува Владата, а 10 милиони евра Градот Скопје преку издавање општински обврзници. - Станува збор за еден голем проект за Градот Скопје и за Република Македонија каде што практично ќе се реши едно децениско прашање на растоварување на сообраќајниот

метеж во центарот на градот за стотици илјади граѓани, изјавил вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески, по потпишувањето на Меморандумот за соработка во делот на финансирање на Проектот од областа на инфраструктурата - подземна сообраќајница во Градот Скопје меѓу Владата на Република Македонија и Град Скопје, а пренесува МИА.

Тој истакнал дека проценка на Владата е да биде ангажирана и да учествува во реализирањето на ваквите проекти бидејќи станува збор за значајни инфраструктурни проекти кои решаваат прашање на стотици илјади граѓани и подобрување на животниот стандард, а од друга страна ги надминуваат финансиските можности на Градот Скопје. - Затоа донесовме одлука да учествуваме во изградбата преку финансиска поддршка со 20 милиони евра, - рекол Ставрески. Владата, како што најавил, и натаму ќе остане посветена на реализацијата на крупни стратешки инфраструктурни проекти кои се значајни и на краток рок во делот на поттикнување на градежништвото, на индустријата, на економската активност, но и на долг рок за решавање одредени прашања во однос на инфраструктурата во градско или вонградско подрачје, за подобрување на протокот на стоки и луѓе за полесно стигнување на и од работа. - Сметаме дека со сите параметри и со сите варијанти што се разгледаа оваа подземна сообраќајница има големо стратешко значење за подобрување на состојбите со сообраќајот во Градот Скопје, - истакнал Ставрески. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски истакнал дека со ова градот ќе добие побрз, посигурен и поефикасен сообраќај: - Еден од најголемите проблеми во градот Скопје е токму сообраќајот и тргнувајќи од тоа Градот распиша тендер и избра консултант за изработка на студија за решавање на сообраќајот во Градот Скопје за две клучни сообраќајници, т.е. сообраќајницата која треба да го поврзува делот од булеварот „Партизанска“ се` до комплексот на банки и од „Климент Охридски“ до пластичарската улица. Тој додал дека потпишаниот Меморандум е документ кој се потпишува можеби единствен во последните 20-30 години меѓу Градот Скопје и Владата и оти јасно говори за меѓусебна соработка меѓу Градот Скопје и Владата на Република Македонија. Сообраќајницата, која е во должина од 1,7 километри, треба да почне да се гради следната година во летниот период. Треба да заврши за 24 месеци. Градот треба да изработи инфраструктурен проект и да објави тендер

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 18: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 31 март 2011

за изнаоѓање изведувач. Ќе има две сообраќајни ленти. Просечната брзина на сообраќајницата ќе биде од 50 до 70 километри. Средствата што ги обезбедува Владата ќе бидат дел од буџетот и дел од кредит, а Градот во најголем дел ќе ги обезбеди средствата со издавање обврзници и од буџетот на Градот Скопје.

Македонија лани бележи историски најголем извоз на земјоделско-прехранбени производиОД СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ 424 МИЛИОНИ ЕВРА

Минатата 2010 година е една од најуспешните години за македонскиот земјоделско-прехранбен сектор со историски највисок износ на реализираниот извоз во последните 20 години од 424 милиони евра. Ова, како што истакнал заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Перица Иваноски на прес-конференција од која известува МИА, го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.- Ланскиот извоз е за 66 милиони евра повисок од износот на извезените земјоделски производи во 2009 година. Како

резултат на тоа трговскиот дефицит со земјоделско-прехранбените производи е намален за 34 милиони евра, односно за 23,5 проценти во однос на 2009 година. Во 2010 година вкупниот обем на трговската размена изнесува 955 милиони евра, во кои доминитраат примарните земјоделски производи со 70 проценти, потоа следат преработките на земјоделски производи со 25 отсто и рибите и производите со риби со

учество од 1 до 3 отсто, - истакнал Иваноски.Рекордниот извоз, според него, се должи на зголемувањето на производството како резултат на ефективната политика на поддршка од Владата, но и од добрите цени кои се постигнати лани кај поголемиот дел земјоделски производи. Тој нагласи дека трендот на зголемување на извозот на земјоделски производи продолжува и годинава и, како што додал, доколку не се случи нешто неочекувано се предвидува натамошен раст на извозот и зголемување на конкурентноста на производите.- Очекувано најголем извоз во 2010 бележи тутунот со 72 милиони евра кои заедно со извозот на цигари изнесува вкупно 93 милиони евра или 22 отсто од вкупната вредност на извозот. Во однос на 2009 година се бележи зголемување на извозот за 17,8 отсто. Второто место го зазема зеленчукот со 65,7 милиони евра или 15,5 проценти, а најзастапени се доматите, пиперката и зелката. Во споредба со 2009 година, зеленчукот бележи зголемување на извозот за 28 проценти, подвлекол Иваноски.Третата поголема група на извозот ја зазема овошјето со 9,2 отсто или 39 милиони евра, односно двојно повеќе од 2009 година, а најзастапени се јаболката со 12 милиони евра, трпезното грозје со 9 милиони евра по што следи бостанот.- Сличен процент и сличен износ од 38,5 милиони евра има и виното или 9 отсто од вкупниот износ, што значи дека и покрај економската криза има и количинско и вредносно

зголемување на извозот во однос на 2009 година, а особено е позитивно зголемување на извозот на вино во шишиња за 14,5 проценти, истакнал Иваноски и додал дека трендот на раст на извозот на виното продолжува и годинава.Раст од 4,3 отсто на извозот во однос на 2009 година се бележи и кај групата на преработен зеленчук и во вкупната вредност на извозот учествува со 24 милиони евра или 5,8 отсто од вкупниот извоз. Групата преработки од месо бележи драстичен пораст на извозот во однос на 2009 година за 47 отсто и со 10 милиони евра учествува со 2,5 проценти во вкупната вредност на извозот, додека кондиторските производи, маслото од сончеглед и квасецот забележале извоз од 57 милиони евра или околу 13 отсто од вкупниот извоз.- Македонија во 2010 година најмногу 75 милиони евра дала за увоз на разладено и замрзнато говедско, свинско и месо од живина или 14 отсто од вкупниот увоз, потоа следи група од десетина производи со вкупен увоз за 187 милиони евра во кои најмногу учествува шеќерот со 36 милиони евра, потоа маслото од сончоглед со 28 милиони евра.... Најзначајни партнери на Македонија и на извозната и на увозната страна се земјите од ЦЕФТА - Србија, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина каде што се извезуваат 52 отсто од македонските производи, а потоа следи ЕУ со 41 процент. Со истиот процент ЕУ учествува и во увозот, а 39,6 проценти се увезуваат од земјите на ЦЕФТА, по што следи Бразил со 7,9 проценти од вкупниот увоз, пред се` во делот на месото, - прецизирал заменик-министерот Иваноски.

Одлука на Владата на Република Македонија за продажба на државно градежно земјиште И ОВДЕ ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 1 ЕВРО ЗА КВАДРАТ

Државно градежно земјиште наменето за изградба на куќи за индивидуално домување и за изградба на катни гаражи во иднина ќе се продава по почетна цена за јавно наддавање од едно евро за метар квадратен, одлучила Владата на последната седница.- Мерката на многу граѓани во иднина ќе им овозможи полесно и поевтино да можат да купат земјиште на кое ќе изградат куќи, а на многу инвеститори, кои досега се двоумеле поради високата цена на земјиштето или исплатливоста, да изградат катни гаражи со кои во значајна мерка ќе го решат проблемот со паркирањето, изјавил премиерот Никола Груевски по давање во употреба на резервен систем на Централниот регистар во Штип, а го цитира МИА. Според премиерот, особено важно е што желбата на многу граѓани за изградба на сопствена куќа која не можела да се оствари поради немање средства сега ќе стане реалност. - Веќе испративме порака до многу градоначалници, а се надевам дека ова мое излагање ќе го чујат сите градоначалници да почнат да урбанизираат се` поголем број парцели во нивните општини за изградба на куќи на земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Штом тоа ќе го направат општините, Министерството за

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 19: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 31 март 2011

транспрот и врски и Владата ќе објават огласи за јавно наддавање за да може секој граѓанин да лицитира земјиште со почетна цена од едно евро за метар квадратен, објаснил премиерот Груевски.Тој додал дека овие мерки заедно со мерките за продажба на земјиште по истата цена за хотели, откуп на дистрибутивни центри, за земјоделски производи и фарми, индустриски објекти, ќе овозможи голем напредок и раздвижување на економијата.

Склучени 37 договори за користење средства од ИПАРД-Програмата од вториот јавен повикНАЈМНОГУ СРЕДСТВА ЗА КАПАЦИТЕТИЗА ПРЕРАБОТКА НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

На вториот јавен повик за доставување барања за користење средства од ИПАРД-Програмата 2007-2013, во вредност од 40 милиони евра, пристигнаа 112 барања за користење средства, а Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) склучи 37

договори со барателите во износ од 4,2 милиони евра.Ова го истакнал директорот на АФПЗРР, Тони Димовски, на прес-конференција, нагласувајќи дека најголем интерес имало во потсекторот овоштарство, каде што се одобрени 14 проекти, како и во потсекторот лозарство, а најмногу средства се предвидени за преработувачки капацитет за преработка на примарни земјоделски производи, овошје и зеленчук. - Вкупната вредност на инвестициите за кои се склучија договорите изнесува 4,2 милиони евра, односно кофинансирање од 50 отсто или во вредност од околу 2,1 милион евра. Тоа е задоволителен резултат бидејќи станува збор за програма која се` уште е на почетокот на имплементирање во нашата држава, рекол Тони Димовски, а го цитира МИА.Тој посочил дека најголем интерес имало за мерката 1-Унапредување на примарното земјоделско производство во насока на достигнување на стандардите на Европската унија и за мерката 2 која опфаќа кофинансирање на производствени преработувачки капацитети на земјоделски производи, како и унапредување на маркетинг-аспектот за нив.Најголеми коинвестиции, прецизира, се предвидени за три млекарници во штипскиот, прилепскиот и регионот на Градско, како и за изградба на два откупни центра за овошје и зеленчук во гевгелискиот регион. Се поддржува и една инвестиција од винарството - современ систем за полнење шишиња со вграден софтвер, како и за пречистителна станица за една кланица.

- Забележан е прогрес во однос на првиот јавен повик кога беа потпишани 27 договори од 133 апликации. Во тек е реализацијата на инвестициите за 27-те склучени договори, а веќе се исплатени шест инвестиции кои завршија со изведбата. Во текот на мај и јуни претстои дореализирање на останатите проекти кои се поголеми инвестиции, - нагласил Димовски.Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 28 февруари годинава го објави првиот јавен повик за 2011 година за доставување барања за користење средства од ИПАРД-Програмата со расположливи средства од над 20 милиони евра. Рокот за аплицирање по овој јавен повик тече до 14 април, а досега се подигнати вкупно 160 обрасци и инструкции за аплицирање.Согласно веќе објавениот Годишен план за објавување на јавни повици во 2011 година, годинава се планира објавување на уште два јавни повика за користење средства од ИПАРД-Програмата и тоа во текот на јули и октомври 2011 година.

ЕБОР и Владата на Република Македонија потпишаа Договор за поддршка на приватен проект ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Министерството за економија потпишаа Договор за поддршка на развој на мали хидроелектрични централи од страна на инвеститорот Мали хидро електрани ДОО (МХЕ).Со поддршка на ЕБОР преку кредит во износ од 6 милиони евра, потпишан во декември 2010 година, МХЕ развива седум мали хидроелектрични централи, лоцирани на седум различни реки во земјата. Тие ќе имаат вкупен капацитет на генерирање електрична енергија до 5,83 MW и ќе произведуваат просечно околу 21.630 MW електрична енергија на годишно ниво, - соопштуваат од ЕБОР.Енергетските капацитети на МХЕ ќе бидат поврзани со македонската дистрибутивна мрежа, при што компанијата ќе има договори за повластен откуп со Македонскиот електропреносен систем-оператор, кој ќе се врши согласно посебна тарифна шема, наменета за проекти за обновлива енергија. Ова е прва инвестиција на ЕБОР во приватни капацитети за производство на енергија во Република Македонија, а истата ќе се финансира преку Линијата за директно финансирање на проекти за одржлива енергија наменета

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 20: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 31 март 2011

за земјите од Западен Балкан. По завршувањето, проектот ќе доведе до намалување на емисијата на јаглерод диоксид од околу 14.000 тони годишно. -Промовирањето на производство на енергија од обновливи извори и подобрување на енергетската ефикасност на економиите, е еден од основните приоритети на ЕБОР. Ни претставува задоволоство што заедно со Владата на Република Македонија, ги поддржуваме МХЕ и нивниот значаен проект со кој ќе се покаже дека малите капацитети за производство на енергија од обновливи извори се комерцијално исплатливи и воедно ќе придонесе за задоволување на растечките потреби за енергија во земјата, - истакна Елена Урумовска, претставник на ЕБОР за Македонија.Министерот за економија, д-р Фатмир Бесими, истакна дека една од главните стратешки цели на Владата на Република Македонија, во енергетскиот сектор е поголемо вклучување на обновливите извори на енергија во енергетската потрошувачка и зголемување на енергетската ефикасност. Ова е значајно од аспект на создавање услови за безбедно снабдување со енергија и одржлив развој на земјата. Целта на Владата е заклучно со 2020 година да постигне 21% од вкупната потрошувачка на енергија во Република Македонија и да биде произведена од обновливи извори. Значаен придонес во правец на постигнување на овие цели дава и ЕБОР преку финансиска поддршка на проекти во областа на обновливи извори на енергија. – се додава во соопштението на ЕБОР.Проектот е поддржан со фондови за техничка помош обезбедени од Фондот за Западен Балкан, Специјалниот фонд на акционерите на ЕБОР и од Владата на Норвешка. По успешното завршување на проектот, МХЕ ќе можат да добијат стимулации по основ на намалување на емисијата на јаглерод диоксид. Овие средства се обезбедени од Фондот за Западен Балкан, Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и од Европската унија.Од почетокот на своето работење во Македонија, ЕБОР има обезбедено средства во вредност од над 715 милиони евра, во скоро 70 проекти, во клучните сектори на економијата на земјата, мобилизирајќи дополнителни инвестиции во вредност од над 700 милиони евра.

Распишан оглас за давање под закуп до 10 хектари државно земјоделско земјиштеВО 17 ОПШТИНИ ПОНУДЕНИ 4.000 ХЕКТАРИ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша јавен оглас за давање под закуп до 10 хектари државно земјоделско земјиште согласно најновите измени на Законот за земјоделско земјиште. Понудени се повеќе од четири илјади хектари земјиште во 17 општини во државата, а времетраењето на закупот е од 15 до 50 години во зависност од насадот и културата. За првпат може да се конкурира и за земјиште на кое се предвидува подигнување на оранжерии што не беше случај досега. Новина е и тоа што физичките лица може, но и не мора, да бидат регистрирани вршители на земјоделска дејност.Според критериумите, предност или поголем број бодови ќе имаат понудувачите кои живеат во местата каде што е огласено земјоделското земјиште.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски на прес-конференција појасни дека за разлика од претходните огласи, сега почетната цена за

хектар се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјоделското земјиште.Така, за земјиште од 1 до 4 катастарска класа цената ќе

изнесува 25 евра, а за земјиште од 5 до 8 класа ќе биде 15 евра. Почетната цена за земјоделско земјиште што се наоѓа во планиско подрачје од 1 до 4 класа ќе изнесува 15 евра, а од 5 до 8 класа - 5 евра. Во моментот тече повикот за катастарските општини Росоман и Сопот во општина Кавадарци, како и во Криволак во општина Неготино. Досега, Министерството за земјоделство има склучено 4.524 договори за закуп на земјоделско земјиште за површина од 140 илјади хектари. Од 2006 до 2010 година објавени се 40 јавни огласи за распределба на државно земјоделско земјиште на 37.790 хектари и склучени се 3.614 договори со земјоделски производители. Износот од закупнината платена во последните три години изнесува 566 милиони денари.

Законска обврска правните субјекти да извршат упис на електронско сандаче како e-mail адреса ОЛЕСНУВАЊЕ НА ДОСТАВАТА НАСУДСКАТА ПИСМЕНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Централниот регистар на Република Македонија (ЦР) на сите правни лица кои се регистрирани во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица ќе им овозможи бесплатно пријавување за упис на електронско сандаче како e-mail адреса и по 1 април годинава. На овој датум, согласно измените и дополнувaњата на Законот за едношалтерски систем и за водењето на Трговскиот регистар и на Регистарот на други правни лица, кои стапија во сила на 25 февруари годинава, истекуваше рокот во кој околу 100 илјади регистрирани правни субјекти имаа обврска да пријават електронско сандаче со e-mail адреса до ЦР на кое ќе може да им се доставуваат пишани документи и други видови податоци во електронска форма. Министерот за правда Михајло Маневски на средба со новинарите посочил, како што пренесува МИА, дека заради недоставувањето или неуредното доставување на судската писмена документација што во пракса доведува и до непотребно одложување на судските рочишта и до одолговлекување на судската постапка, пропишано е поднесоците од адвокатите, органот на државната управа, единицата на локалната самоуправа, правните лица и лицата кои вршат јавни овластувања, задолжително да содржат податоци за електронско сандаче за достава на писмената документација регистрирано согласно законот.

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 21: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 31 март 2011

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

- Доставувањето се врши по електронски пат преку информатичкиот систем на судот на адресата на електронското сандаче на примателот на доставата. Доставата по електронски пат се смета за извршена на денот на приемот на писмениот документ по електронски пат, појаснил Маневски.

Електронската пошта од електронското сандаче примателот мора да ја преземе најдоцна осум дена од денот на нејзиното испраќање. - Примателот на доставата се предупредува дека доколку електронската пошта не биде преземена од електронското сандаче во рок од осум дена од денот на нејзиното испраќање, доставувањето ќе се смета за извршено, нагласил Маневски.Во Законот за парничната постапка, кој ќе почне да се применува од 9 септември годинава, се пропишани обврските во врска со електронската достава на писмената и електронските адреси.- За примената на Законот за парничната постапка преземени се голем број едукативни мерки во функција на обука на судиите, кои ги спроведува Академијата за обука на судии и јавни обвинители заедно со УСАИД, рекол Маневски и додал дека од октомври 2010 година до денес се одржани вкупно 13 работилници кои се посветени на измените на овој Закон. На работилниците учествувале 475 судии кои работат на граѓанската материја. До денот на примената на Законот предвидени се уште пет работилници кои ќе се одржат во април, мај и јуни годинава. Директорот на Централниот регистар Ванчо Костадиновски посочил дека Регистарот е целосно подготвен навреме да ги прифати сите апликации за упис на e-mail адреса. - Целта на Централниот регистар е да се овозможи упишување на e-mail адресите кои ќе бидат еден вид електронско поштенско сандаче преку кое ќе се доставуваат сите видови писмена документација по електронски пат. Поштанското сандаче како e-mail адреса ќе биде релевантен податок упишан во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица во ЦР и ќе биде јавно достапен за секого, појаснил Костадиновски. Сите правни субјекти кои се законски обврзани можат да поднесат пријава за упис на e-mail адреса само со пополнување на образец во 27-те канцеларии на Централниот регистар низ Македонија. - Времето кое треба да го потрошат правните лица и трошоците се сведени на минимум, односно тоа е бесплатно и за 10 до 15 минути. Со самото донесување на пријавата во една од канцелариите на Централниот регистар нивната обврска завршува, а тоа можат да го направат и преку пошта до Централниот регистар, појаснил Костадиновски.

Досега до Централниот регистар пријави за упис поднеле 6.495 правни субјекти од кои на 6.000 тоа веќе им е одобрено. За правните лица кои нема да ја исполнат обврската за упишување на e-mail адреса како електронско поштенско сандаче предвидена е глоба од 500 до 1.000 евра.

Македонија ќе биде домаќин на Првиот светски конгрес за хигиенско инженерство и дизајн на EHEDG МОЖНОСТ ЗА СОРАБОТКА И РАЗМЕНА НА ИДЕИ

Македонија во септември во Охрид ќе биде домаќин на Првиот светски конгрес за хигиенско инженерство и дизајн на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG), чија цел е да ги приближи компаниите и експертите и да обезбеди можност за размена на идеи и соработка.Одлуката за избор на Македонија за организатор на Првиот светски конгрес на EHEDG во конкуренција на Германија, Јапонија, Италија и Ерменија е донесена лани во Санкт

Петербург, а своето присуство на настанот веќе го имаат најавено 33 земји од целиот свет и значајни компании од областа на прехранбената индустрија, како „Нестле“ и „Крафт фуд“. - На конгресот ќе се обработуваат теми од хигиенското инженерство и дизајнот, квалитетот и безбедноста на храната, како и производството на храна. Се работи за мошне важен конгрес, на којшто ние како Агенција за храна и ветеринарство ќе дадеме целосна поддршка за да го добие квалитетот што го заслужува, истакнал Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на прес-конференција, а го цитира МИА…Тој посочи дека веќе е најавено присуство на луѓе од врвот на бизнисот со храна, како и од меѓународните институции од таа област. EHEDG е основана во 1989 година и претставува светска мрежа во која членуваат околу 700 експерти и над 150 компании и институти кои обезбедуваат поддршка на производителите и преработувачите на храна и производителите на опрема и материјали за пакување на храната, како и на националните и меѓународните организации за стандардизација.Групацијата има 16 регионални секции од кои Македонската е единствена во Југоисточна Европа, како и 18 активни подгрупи во Европа и светот. Нивните експерти досега имаат објавено повеќе од 40 прирачници со широк сектар на теми, имаат организирано бројни меѓународни и локални тренинзи, семинари, конференции и настани. Сертификацијата на опрема што се изведува во EHEDG тест институтите претставува највисок меѓународно признат хигиенски стандард.

Page 22: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 31 март 2011

ОПШТИНСКИ БИЗНИС Крива Паланка ќе учествува со три проекти во прекуграничната соработка со Бугарија „ТУРИЗАМ БЕЗ ГРАНИЦИ“

Во рамките на проектите од ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, во кои учествуваше и Општина Крива Паланка, се одобрени три проекти „Културно наследство - мост кон заедничка иднина“; „Под едно небо“ и „Туризам без граници“. - Средствата одобрени од овие три проекти ќе бидат наменети за целосно уредување на порашената зграда на Домот на АРМ во кој е сместен Туристичко-информативниот центар и Градскиот музеј, потоа ќе се вложат средства во патната инфраструктура, поточно за асфалтирање на пат во должина од еден километар до селото Градец, како и тампонирање на пат до истото село во должина од 500 метри и холтикултурно уредување на Испосницата на

„Свети Јоаким Осоговски“ во селото Градец, - изјави за МИА градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски. Тој додаде дека во проектот „Туризам без граници“ средствата ќе бидат наменети за поставување на информатички портали во Крива Паланка, Штип и Ќустендил, Република Бугарија, каде што туристите во секој момент ќе можат да побараат информации за која било област што ги интерсира од овие општини и пошироко. Во проектите од македонска страна се вклучени општините Крива Паланка и Штип, а од бугарската страна се општините Ќустендил и Дупница. Од ИПА-програмата за прекугранична соработка за трите проекти се одобрени 859.491 евра, а Општината Крива Паланка ќе добие буџет од 406.694 евра.

Град Скопје објави јавен конкурс за најголем придонес за животната срединаПРИЈАВУВАЊЕТО ДО 15 МАЈ

Со цел промовирање и популаризирање на грижата за животната средина и природата, Град Скопје распиша јавен конкурс за избор на најеколошка компанија, која го применува стандардот ИСО 14001, како и правни и физички лица кои се залагаат за зачувување и унапредување на животната средина во главниот град, за најубаво уреден двор и најубав состав и цртеж на тема екологија, наменет за ученици од основните и средните училишта.

Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица може да доставуваат по пошта на адресата Град Скопје - Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар „Илинден“ бб. Како што соопшти Град Скопје, за првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари.За четвртата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.Пријавувањето за конкурсот трае до 15 мај годинава. Прогласувањето на победниците во сите пет категории ќе се одржи на 5 јуни, а наградите ќе ги додели градоначалникот Коце Трајановски.

ЈП „Македонски шуми“ ќе се грижи за заштита на шумскиот појас околу СтрумицаНА РЕД ПРОГРАМА ЗА ПОШУМУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА 700 ХЕКТАРИ ШУМА

По повеќегодишните натегања меѓу локалната самоуправа и Шумското стопанство „Беласица“ околу тоа кој е одговорен за заштита на шумскиот појас во околината на Струмица, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе одлука со шумите во спорното подрачје да стопанисува Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Со тоа се определува правното лице кое ќе се грижи за пошумување на ридовите, но и за целосна заштита на шумскиот појас над градот кој со години наназад немилосрдно се уништува од дивокрадците, против кои досега не се преземаа соодветни и континуирани мерки токму поради мешањето на ингиренциите меѓу Шумското

Page 23: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 31 март 2011

ОПШТИНСКИ БИЗНИС стопанство „Беласица“ и ЈП „Комуналец“.- Наши екипи веќе работат на изготвување програма за пошумување на опустошените ридови и за заштита на околу 700 хектари шума која го сочинува шумскиот појас околу Струмица. Ние и досега во повеќе наврати организиравме акции за пошумување, но заштитата на шумите не беше на највисоко ниво, пред се поради нејаснотиите кому му припаѓа овој појас и кој е одговорен за неговото одржување – ЈП „Комуналец“ или ние, истакнуваат во струмичката подружница на „Македонски шуми“, а пренесува МИА.Локалната самоуправа е подготвена со буџетски средства и во соработка со надлежните државни институции да учествува во заштитата на зелениот шумски појас над градот, кој е речиси целосно опустошен, поради што се заканува ерозија на земјиштето и загрозување на куќите во горните делови на градот. Најжалосна е сликата со исечените шуми од двете страни на патот што води од Струмица до Попчево, како и долж трим патеката до манастирот „Свети Илија“, единствен еколошки и рекреативен локалитет во околината на градот.Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев најави широка еколошка акција во текот на овој и во наредниот месец и масовно пошумување на ридовите над Струмица во соработка со комуналното претпријатие „Комуналец“ и со ШС „Беласица“.

Студија за мали акумулации на ПоникваЕМ НАВОДНУВАЊЕ, ЕМ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ

Во организација на Источниот плански регион во Кочани е претставена нацрт верзијата на Физибилити студијата со идејни решенија за изгардба на мали акумулации во месноста Арамиска чешма на Осоговските планини. Според студијата, ќе се градат три мали езерца во кои водата од Осоговијата ќе се акумулира и ќе се користи за викенд населбата на Пониква, како и за наводнување на 200 хектари површина во атарите на Кочанско и Пробиштипско.

Студијата предвидува и изгардба на два мотела со придружни објекти за развој на палнинскиот, езерскиот и ловниот туризам. Средствата за изработка на студијата во висина од еден милион и 200 илјади денари, ги обезбеди Владата на Република Македонија.

Во подготовка за градба 13 парцели од поранешната струмичка касарната ПОЧНУВА ПРОЕКТОТ ЗА НОВ ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

Тринаесет градежни парцели со вкупна површина од околу 175 илјади квадратни метри на местото на поранешната струмичка касарна се во финална подготовка за изградба на станбени згради, супермаркети, објекти за општествени потреби и други установи од јавен интерес. Десет парцели се наменети за изградба на колективни станбени згради за домување, а три за трговски центри и за други јавни и општествени потреби.- објавува МИА. - Инвеститорите се заинтересирани за овие атрактивни парцели кои се оддалечени само 300 метри од центарот на градот. Од продажбата на парцелите и од средствата наменети за комуналии во општинскиот буџет очекуваме да се слеат од 340 до 360 милиони денари, односно близу 6 милиони евра, изјавил градоначалникот Зоран Заев. Со активирањето на градежната оператива на овие парцели, практично ќе почне да се реализира проектот на Владата „Старите касарни за нов локален развој“. Според урбанистичкото решение, на местото на поранешната струмичка касарна ќе никне еден нов мини град кој ќе се простира на површина од околу 38 хектари, или на една осмина од вкупната површина на Струмица. Во овој урбан комплекс, покрај неколкуте веќе лоцирани општествени и стопански субјекти како што се Секретаријатот за внатрешни работи, бизнис-инкубаторот, една локална телевизиска станица и други, ќе биде формиран станбен блок за 1.200 до 1.600 жители, потоа ќе бидат отворени студентски дом, простор за невладините организации, основно и средно училиште, дом за стари и изнемоштени лица, младински центар, простории за деца со посебни потреби и други образовни, културни и здравствени организации и установи.

Започна проектирањето и изведбата на филтер станица во ГостиварЗДРАВА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ЗА 65 ИЛЈАДИ ЖИТЕЛИ

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денеска го објави почетокот на проектот со кој на 65 илјади жители од гостиварската општина ќе им се обезбеди здрава вода за пиење. За оваа намена предвидена е инвестиција од два милиони евра.На прес-конференција која се одржа во селото Вруток на местото каде што е предвидено да се гради филтер станица, а од која известува МИА, министерот Јакупи ги појаснил сите фази од проектот. - Во првата фаза е предвидено проектирање со што ќе се избере фирмата и начинот на кој ќе се преработува односно филтрира водата за потребите на гостиварскиот водовод. Овој проект ќе обезбеди континуирано добивање пречистена вода со што ќе се отстранат уште некои негативности на квалитетот на водата, рече министерот Јакупи. Професор д-р Петко Пеливановски од катедрата за водоснабдување, канализација и мелиорации од Градежниот факултет нагласил дека во првата фаза ќе се изгради филтер станица со две филтерски линии со по четири автоматски микрофибер филтери чиј капацитет е 800 кубни метри вода за еден час. Технологијата која ќе се примени во рализацијата на овој проект според министерот Јакупи е најсовремена од таков вид и за првпат ќе биде применета на Балканот. Планираното време за завршување на овој проект е

Page 24: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 31 март 2011

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

18 месеци, а финаниските средства за реализација на филтер станицата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

Пробиштип ќе се задолжи со кредит во јапонската банка „Џајка“ИЗГРАДБА НА ФИЛТЕР СТАНИЦА

Советот на општина Пробиштип донесе одлука за задолжување на општината кај јапонската Банка за обнова и развој „Џајка“ за обезбедување кредит за изградба на филтер станица.Со филтер станицата чија изградба се очекува да почне кон средината на оваа година, жителите на општината ќе се снабдуваат со вода за пиење од хидросистемот „Злетовица“.- Одлуката беше донесена едногласно, со што општината ќе обезбеди средства во висина од 100 илјади евра, а кредитот од јапонската банка „Џајка“ ќе изнесува 802 илјади евра, ја цитира МИА изјавата на Тони Тоневски, градоначалник на општина ПробиштипСпоред него, општината кредитот го зема на отплата од 20 години, со грејс период од три години и со поволна каматна стапка.

Јапонски грант за општина ГевгелијаНАБАВКА НА ВОЗИЛО ЗА ИЗНЕСУВАЊЕ СМЕТ

Министерството за надворешни работи на Јапонија одобри грант во вредност од 64.000 евра за набавка на возило за изнесување смет за потребите на Општина Гевгелија. Договорот за реализација на средствата го потпишаа амбасадорот на Јапонија Шигео Иватани, чие седиште е во Австрија, и градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов, во просториите на Јапонската канцеларија за врски во Скопје.

- Грантот од пријателска Јапонија доаѓа во време кога оваа замја се соочува со тешките последици од катастрофалниот земјотрес и цунамито што го зафати североисточниот дел од Јапонија, рекол Франгов, а го ситира МИА. Амбасадорот Иватани истакна дека тоа не е причина јапонската Влада да заборави на преземената обврска да помогне на граѓаните од општина Гевгелија за подобрување на комуналните услови со исполнување на обврските за доделување грант. Гевгелискиот градоначалник, изразувајќи благодарност, најави солидарна помош од општина Гевгелија до народот на Јапонија која ќе биде обезбедена од едномесечната наплата на надоместокот за јавна чистота на подрачјето на Општината во висина од 400.000 денари.

„ЕВН Македонија“ ТРИ НОВИ ТРАНСФОРМАТОРИВО ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ

Со над 200 илјади евра инвестиции во Општината Студеничани, енергетската компанија „ЕВН Македонија“ во рок од три месеци ќе изгради два нови трансформатора во село Студеничани и еден во Батинци. Трансформаторите ќе бидат со капацитет од 400 киловати со можност да се зголеми до 800. Според „ЕВН Македонија“, изградбата на трафостаниците ќе влијае жителите на оваа општина да имаат редовно и квалитетно снабдување со електрична енергија, – објавува телевизијата АЛСАТ - М од Скопје.

Градоначалникот на оваа општина, Фати Исени, вели дека чекорот на „ЕВН Македонија“ покажува за нивната посветеност за решавање на проблемите на жителите од Студеничани. Фати Исени вели дека сега жителите треба да ги плаќаат редовно сметките:- Тие ќе почнат со инвестирање во Студеничани и Батинци, градејќи три трафостаници, две во Студеничани, и една во Батинци. Исто така, ќе се зајакне и мрежата на далноводот, верувам дека за неколку месеци, до есен жителите од општината ќе имаат доволно струја. Од друга страна, ние земаме обврска да разговараме со жителите, да апелираме да се зголеми нивото на плаќање на сметките. Според австриската компанија, нивото на наплата на сметките за електрична енергија во Општина Студеничани е многу ниска, додека жителите и општинските власти велат дека се плаќаат над 30 отсто од сметките.

Page 25: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 31 март 2011

СТАТИСТИКА Индекси на индустриското производство во февруари 2011 годинаПОРАСТ ОД 10,9 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, изнесува 110,9.Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, бележи опаѓање од 2,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16,6%, а во секторот Снабдување со електрична

енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 7,9%.Според главните индустриски групи, п р о и з в од с т в о т о во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, бележи пораст во групите: Енергија за 1,2%,

Интермедијарни производи, освен енергија за 18,2%, Капитални производи за 81,9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 22,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,2%.Индексот на индустриското производство во периодот јануари - февруари 2011 година, во однос на периодот јануари - февруари 2010 година, изнесува 108,5.

Деловни тенденции во преработувачката индустријаОЧЕКУВАЊА ЗА ПОРАСТ НА НАБАВНИТЕ И ЦЕНИТЕНА ГОТОВИТЕ ПРОИЗВОДИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите ја оценуваат економската состојба на компаниите од преработувачката индустрија во февруари 2011 година како поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на февруари 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во февруари 2011 година бележи пораст во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот

на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во февруари 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали,

според оценките, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во февруари 2011 година се намалени во споредба со претходниот месец.Според менаџерите, во наредниот период, просечните набавни цени на импутите ќе се зголемат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2011 година изнесува 59,6% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во февруари 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23,0%, недоволната домашна побарувачка со 17,0%, финансиските проблеми со 12,9% и неизвесното економско опкружување со 10,8%.

Резултати од Анкетата за работната сила во четвртото тримесечје во 2010 година НЕВРАБОТЕНИ 295.371 ЛИЦЕ

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2010 година активното население во Република Македонија брои 954 928 лица од кои вработени се 659 557 лица или 69,1%, а 295 371 лице или 30,9% се невработени.Стапката на активност во овој период изнесува 57,8, стапката на вработеност 39,9, додека стапката на невработеност изнесува 30,9.

Прометот во секторот трговија, јануари 2011 година ПАД ОД 22,1 ОТСТО НА ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО СО МОТОРНИ ВОЗИЛА

Државниот завод за статистика со ова соопштение започнува со објавување на индексите на прометот во секторот - Трговија на големо и на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, во согласност со Регулативата на Советот бр. 1165/98.Според претходните податоци, индексот на прометот во секторот Трговија на големо и на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, изнесува 120.Гледано по оддели, во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010, прометот бележи опаѓање во одделот Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка за 38,9% и во одделот Трговија на големо за 22,1%, а пораст е забележан во одделот Трговија на мало за 83,1%.

Page 26: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 31 март 2011

Округот Истанбул апсолутен рекордер во извоз на Турција во 2010 годинаНА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ ЗАРАБОТЕНИ52 МИЛИЈАРДИ САД ДОЛАРИ

Округот Истанбул има најголем дел од извозот на Турција во 2010 година, - јави Агенцијата „Анадолија“. Извозот на тој округ минатата година бил речиси 52 милијарди САД долари, што е повеќе од сумата на извоз од 79 од вкупно 81 округ во државата.

Истанбул има удел од 46 отсто во вкупниот обем на извозот на државата, кој бил 112,2 милијарди САД долари. На второ и трето место се округот Бурса и округот Коџаели - 10,927 милијарди САД долари, односно 8,8 милијарди САД долари.

АТА-карнет системот се проширува и на Босна и Херцеговина АДМИНИСТРИРАЊЕТО ПРЕПУШТЕНОНА НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКАТА КОМОРА НА БиХ

Босна и Херцеговина ќе го спроведе АТА-карнет системот почнувајќи од 18 април 2011 година, што доведува до бројката од 70 земји кои го прифатиле овој меѓународен систем, намалувајќи ја документацијата и трошоците за бизнисите кои патуваат со стоката.Ова е значајно достигнување за Меѓународната трговска комора (ICC), бидејќи Босна и Херцеговина е истакната меѓу 10-те приоритетни целни земји идентификувана од страна на мрежата на организации поврзани со меѓународниот гарантен синџир на АТА-карнетот. Босна и Херцеговина е важна транзитна земја во регионот на Балканот, каде што Србија, Хрватска и Црна Гора веќе работат со овој систем за транспорт на стоки, и сега ќе биде многу полесно за корисниците на АТА-карнет кои минуваат преку Балканот.Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина ќе ги администрира АТА-карнетите, коишто се меѓународни царински документи кои дозволуваат привремен увоз и

извоз на стоки ослободени од царина и данок за период до една година. АТА-карнетите се особено корисни за компании кои носат мостри за клиенти, кои излагаат на трговски саеми или вршат транспорт на опрема. Тие ги унапредуваат трговските можности како за намалување на царинските процедури, така и за значително намалување на трошоците. Пред Босна и Херцеговина, Обединетите Арапски Емирати ќе се приклучат на АТА-карнет системот на 1 април 2011 година, а Мексико се очекува да се приклучи на АТА-системот наскоро.

Градот Букурешт со извоз колку и Србија или ЛетонијаПЛАСИРАНИ СТОКИ ЗА 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Градот Букурешт извезол во странство стоки од околу шест милијарди евра во текот на минатата година, што е речиси колку и годишниот извоз на Србија (5,6 милијарди евра) или на Летонија (5,5 милијарди евра), - објави весникот „Евениментул зилеј“.

Во првите десет месеци од минатата година фирми од градот извезле стоки во вредност од 4,75 милијарди евра, - се вели во податоци на Националниот институт за статистика. Романскиот главен град покрива над 15 отсто од извозот во целата држава кој бил 30,3 милијарди евра за тој период. Во исто време, Букурешт е и најголемиот увозник во државата. Увозот во тој период бил 11,4 милијарди евра. Во списокот на најголеми извозници во Романија по Букурешт е округот Арџеш (јужна Романија) каде се наоѓа

фабриката „Дачија-Рено“ со извоз од 3 милијарди евра.

Албанските емигранти праќаат се` помалку пари домаДОЗНАКИТЕ ПОТЕНКИ ЗА 11 ОТСТО,СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ПОВИСОКИ ЗА 23 ОТСТО

Депозитите на албанските емигранти континуирано се намалуваат како последица на глобалната економска криза, објави Централната банка на Албанија. Според извештајот на Банката за минатата година, како што јавува дописникот на МИА од Тирана, емигрантите на своите семејства во Албанија им испратиле 11 отсто помалку пари споредено со 2009 година.Во текот на 2010 година емигрантите испратиле 690 милиони евра, наспроти околу 800 милиони евра колку што биле пуштени пред три години, стои во извештајот.Што се однесува до странските инвестции, се забележува тенденција на раст. Податоците на Банката говорат дека директните странски инвестиции лани достигнале вредност од 837 милиони евра или 23 отсто повеќе од претходната година.

Просечна плата во Србија ВО ФЕВРУАРИ 340 ЕВРА Просечната плата во Србија е од 300 до 600 евра помала во однос на просечната плата во Словенија и во Хрватска, покажуваат статистичките податоци. Просечната плата во Србија е повисока за околу сто евра во однос на просечната плата во Босна и Херцеговина, а речиси е еднаква на просечната плата во Албанија.Просечната плата во Србија во февруари изнесувала 35.538 динари околу 340 евра.

РЕГИОН

Page 27: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 31 март 2011

Европскиот парламент ги поддржа плановите за зголемување на квотите за бесцарински увоз на вино од МолдавијаЕИБ ОБЕЗБЕДИ КРЕДИТ ОД 75 МИЛИОНИ ЕВРА Европскиот парламент ги поддржа плановите за зголемување на квотите за бесцарински увоз на вино од

Молдавија. Во соопштението се вели дека членовите на ЕП со големо м н о з и н с т в о

гласаа во корист (563 гласови „за“, со 14 „против“ и 14 „воздржани“) за одобрување на предлогот на Комисијата да се зголемат бесцаринските квоти од 100.000 хектолитри на 150.000 хл. за оваа година, од 120.000 хл на 180.000 хл за следната година и 240.000 хл годишно од 2013 година натаму. Предлогот на Комисијата е во пресрет на тешкотиите што Молдавија ги доживува со своите традиционални извозни пазари, особено со Русија. Европската инвестициона банка (ЕИБ) обезбедува 150 милиони евра во кредити за Молдавија, од кои половината се за финансирање на подобрувањето на квалитетот на винската индустријата на Молдавија. Финансискиот заем ќе одговори на структурните слабости на винската индустрија на Молдавија, од лозјето до финалното пакување и испораката на вино. Овој заем ќе финансира проекти на мали и средни по големина претпријатија кои се активни во овој сектор, вклучувајќи ги локалните лозари, винарите и придружните индустрии, како што е производството на шишиња. Средствата на ЕИБ ке бидат достапни единствено за инвестиции поврзани со производството на квалитетни вина во шишиња со „заштитена ознака за потекло“ или „заштитена географска ознака“, а не да се користат за проширување на површините со лозја во Молдавија. Овој проект ќе се имплементира во периодот од 2011 година до крајот на 2014 година.

Британската Влада се откажа од зголемување на маржата за гориво за да се спречи поскапувањетоЛАДЕЊЕ НА ЛАНЕЦОТ ПОСКАПУВАЊАИ ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА БИЗНИСОТ

Британската Влада одлучи да се откаже од намерата од 1 април годинава да се зголеми уште еднаш маржата на горивото за нови четири пени по литар, со цел да се спречи натамошното поскапување на бензинот и дизелот.Министерот за финансии Џорџ Озборн за време на презентација на

новиот буџет на Велика Британија пред пратениците во Долниот дом на Парламентот изјавил дека освен што нема да има ново зголемување на маржата, од вечерва се укинува и претходното зголемување на маржата на бензинот и дизел горивото од еден пени за литар, што Владата на премиерот Дејвид Камерон го донесе на почетокот од оваа година.Одлуката на министерот Озборн, како што јавува дописникот на МИА од Лондон, доаѓа по рекордното поскапување на горивото, кое ја надмина цената од шест фунти за еден галон (4,5 литри), откритието на земјите извознички на нафта дека причина за скокот на цената на бензинот не се цените на суровата нафта, туку постојаното зголемуваее на давачките што владите во светот ги воведуваат за да ги пополнат празнините во буџетот, како и по предупредувањето на домашниот бизнис дека продолженото поскапување на горивото тешко ќе му наштети на бизнисот.Владата утринава одлучи и да се замрзне планот за зголемување на маржата за алокохолот, како и за авионските карти што требаше да значи поскапување на патувањето со авион, но дозволи зголемување на давачките за тутунот и за цигарите за уште два отсто. Тоа ќе предизвика и онака скапите цигари во оваа земја да бидат уште поскапи.Претставувајќи го годинешниов буџет, министерот Озборн рекол дека тој е така компониран за да поттикне реформирање и ребаланс на националната економија, како и да им помогне на Британците и на

нивните семејства да се справат со поскапената живеачка. Тој, сепак, мораше да признае дека домашната економија оваа година не ќе може да го достигне планираниот раст. Владата претходно најави економски раст од 2,1 отсто, но сега соопшти дека планираниот раст е проектиран на 1,7 отсто, што предизвика гневна реакција на опозицијата.Лидерот на лабуристите Ед Милибанд ги обвини ториевците и либералдемократите дека погрешно ја водат економијата на земјата уште од преземањето на власта. Според негово мислење, тоа е причината за планираниот помал раст годинава од минатогодишниот, како и од оној претходно, што само го потврдува назадувањето на британската економија и нејзиното заостанување зад главните конкуренти во ЕУ.

Животниот стандард на Британците ќе продолжи да опаѓа и во следните две години НАЈТЕШКО „СТЕГАЊЕ НА КОЛАНОТ“ВО ПОСЛЕДНИТЕ ОСУМ ДЕЦЕНИИСтандардот на просечните Британци ќе продолжи да опаѓа и во следните две години, соопштува владиното Биро за буџетска одговорност. Натамошниот пад на стандардот, според економските експерти на Бирото се должи на инфлацијата, што продолжува да расте и кој ги „нагризува“ платите и заработувачката на луѓето, јавува дописникот на МИА од Лондон.

Ваквата сосотојба се очекува да трае до 2013 година, што е многу подолг период дури и од поранешните „најцрни“ прогнози на експертите. Тоа ќе предизвика „стегањето на коланот“ да биде многу поцврсто, па проценките откриваат дека приходот на едно просечно семејство од британската средна класа ќе биде помало за 1.500 фунти или приближно за 1.800 евра. Одржувањето на високата инфлација во текот на оваа година, може да предизвика забрзано зголемување на основната каматна камата, која од есента 2008 година се оддржува на

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 28: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 31 март 2011

рекородно ниско ниво од само 0,5 отсто. Зголемувањето на каматата до 6 отсто, како што се предвидува, како мерка за запирање на инфлацијата ќе предизвика тешки проблеми за голем број Британци, затоа што ќе резултира со значително поскапување на нивните месечни ануитети за станбените кредити.

Експретите на ова владино Биро сметаат дека растот на годинешниов стандард од два отсто (сметајќи го толкавото зголемување на платите) нема да биде доволен за да го покрие растот на животните трошоци од пет отсто. Од први април сите Британци што имаат годишен приход од мад 45.000 фунти ќе мора да плаќаат данок, во услови кога од 1 јануари се зголеми данокот на додадена вредност (ДДВ) на 20 отсто, од претходните 15, односно 7,5 отсто. Гуверенерот на Банката на Англија Мервин Кинг изјавил дека станува збор за најтешкото „стегање на коланот“ на Британците во последните 80 години. Министерот за финансии Џорџ Озборн призна денеска дека Британците годинава ќе имаат „тешка година за живеење“.

Секој петти во западна Европа без работаИЗГУБЕНА ГЕНЕРАЦИЈА Речиси 40 проценти млади Британци и Шпанци се без работа, а генерално во развиените западни земји невработеноста на младите се движи

околу 18 отсто, што е алармантен податок. Тинејџерот Маркус Хаувелс (16) смета дека причината поради која не може никако да најде работа е недостиг на квалификација, односно тоа што е исфрлен од средно училиште, кое подоцна не го завршил.Бирмингем кој со години беше покренувач на британското стопанство, сега е место во кое има најмногу невработени – во овој град стапката на невработеност изнесува 13 отсто, додека во Британија е на ниво од 8 отсто. Дури 13.000 млади во овој град не можат да најдат работа. Тоа што му се случува на Маркус, се случува и на многу други во земјата, без оглед на нивото на образованието, бидејќи во економијата која е ослабена од економската криза тешко се наоѓа работа. Еден од петмина Британци стари од 16 до 24 години, немале работа од октомври до декември 2010 година, покажува официјалната статистика. Ефектите на ваквата состојба, сметаат експертите, ќе се чувствуваат и во иднина бидејќи младите често ќе остануваат без работа или ќе заработуваат помалку кога ќе се вработат. Намалената социјална помош која се најавува за идниот месец може да предизвика социјални немири слични на минатогодишните, кога студентите протестираа поради зголемување на школарината. Тоа е проблем од кој се плашат речиси сите западни влади. Во идните 10 години уште 400 милиони млади ќе влезат во трка за работа, поради кое овој проблем ќе стане предизвик за многу влади, - изјави директорот на ММФ Доминик Штрос-Кан. - Соочени сме со перспектива на ‘изгубена генерација’ млади луѓе, која е осудена да страда цел живот од најлоша невработеност и општествени

услови,- вели Штрос-Кан. - Како што ќе расте тензијата меѓу државите, ќе се зголеми општествената и политичка нестабилност внатре во нациите, па може да дојде дури и до војна.И високо образованите млади луѓе имаат голема мака да најдат работа и само еден од 5 дипломирани студенти успева да најде работа. На секој оглас за испразнето работно место се јавуваат 69 кандидати, а најлошо поминуваат тие кои завршиле некои од општествените факултети. Меѓутоа, компаниите соопштуваат дека постои недостиг на инженери, технолози, математичари и експерти за природни науки. Тоа што дополнително го отежнува наоѓањето на работно место е фактот што владите секоја година го продолжуваат работниот стаж, па и бројот на нови работни места е помал. Бројот на работниците кои имаат над 65 години двојно е зголемен во изминатите 10 години, а перспективата на младите е - сива.

Бројот на вработени во Романија го достигна најниското ниво во последните 50 години РАБОТНИЦИТЕ СЕ ПРЕФРЛААТ ВО СТРАНСТВОИ НА „ЦРНО“

Романија се спушти до најниското ниво според бројот на вработени во последните 50 години или во моментов има 4,095 милиони вработени лица, соопшти весникот „Котидианул“, објаснувајќи го овој факт со зголемувањето на работа на „црно“ и заминување на многу луѓе на работа во странство. Бројот на законски вработени лица на крајот на јануари достигна 4,095 милиони лица, пресмета Министерството за труд. Во јануари 2010 година нивниот број беше 4,33 милиони лица, а во јануари 2008 година 4,76 милиони лица. Во моментов има два пати помалку законски вработени работници отколку во 1990 година, кога бројот на работници изнесуваше 8,1 милиони лица, забележа весникот. Истворемено, невработеноста покажува тренд на опаѓање во последните 10 месеци, а во февруари достигна 6,58 проценти. Според Михај Шејтан, поранешен министер за труд, овие податоци се објаснуваат со фактот дека многу луѓе работат според граѓански договори во рамки на проекти за европско финансирање, добиваат плати според

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 29: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 31 март 2011

договори за авторски права, со менанџментот и други привремени договори, и затоа не се вклучени во оваа статистика.До 2020 година нивото на вработеност во Романија треба да достигне 70 проценти (колку што во моментов е во Германија), ако се има предвид фактот дека во моментов европското ниво е 64,6 проценти, забележува весникот.

Ирска, трета година по ред, забележува негативни економски показателиЗАСИЛЕНА ГРИЖАТА ЗАРАДИПРЕЗАДОЛЖЕНОСТА НА ЗЕМЈАТА

Ирска и во четвртото тримесечје од минатата година повторно забележа негативен енономски тренд, со што со рецесија ја заврши трета година по ред, покажаа неодамнешните официјални податоци, по кои се засили загриженоста во врска со презадолженоста на земјата. Во соопштението на Владата во Даблин се наведува дека бруто-домашниот производ во последните три месеци од 2010 година опадна за 1,6 отсто, иако се очекуваше раст од 0,55 отсто, што е значително послаб резултат од оној од претходниот квартал од 0,6 отсто во плус, - пренесоа британските медиуми.

Податоците за цела 2010 година покажуваат негативен еконосмки ефект од минус еден отсто, во однос на очекуваниот раст од 0,3 отсто, а тоа дополнително ја поткопува можноста Ирска да може да се извлече од финансиската криза. Ирската економија во последните три години забележа пад на БДП од дури 12 отсто, што претставува една од најдлабоките и најдолгите рецесии во индустриски развиениот дел на светот.

„Лукоил“ ги замрзнува цените во Бугарија ВЛАДИНА МЕРКА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ И СТАНДАРДОТ

Руската нафтена компанија „Лукоил“ во чија сопственост е една рафинерија на нафта во Бугарија, на месец дена ќе ги замрзне цените на горивото, - објави бугарската Влада.- Мораторуимот на цените ќе биде во сила еден месец, а другите компании исто така разгледуваат слична варијанта, - истакна бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков.

Мораториумот на цените е една од владините мерки за запирање на цените на горивото на мало, кои се во пораст поради поскапувањето на нафтата. Дизел-горивото вчера на бензинските станици во Бугарија чинече 2,5 лева за литар (1,27 евра).Бугарската Влада ќе ги намали обврзните резерви на гориво за дистрибутерите, со што ќе се намалат трошоците.На почетокот од месецот во Бугарија имаше протести поради растот на цената на горивата, а нови демонстрации се најавени за 27 март 2011 година.

„Гугл“ постигна договор за превод на европските патенти ПРЕБАРУВАЊЕ НА 32 ЈАЗИЦИ

Американската интернет компанија „Гугл“ постигна договор со Европската служба за патенти за користење на технологијата на „Гугл“ за превод на околу 50 милиони патенти. „Гугл“ и Европската служба за патенти, чија централа се наоѓа во Минхен, ќе соработуваат во користење на технологијата на интернет компанијата за превод на 28 европски јазици, како и на кинески, јапонски, корејски и руски.

Според соопштението, истражувачите или едноставно љубопитните луѓе ќе можат да ги пребаруваат патентите на трите официјални јазици на Европската служба за патенти, англиски, француски и германски, додека на интернет страницата документите ќе бидат веднаш преведувани. Проектот се очекува да биде завршен во 2014 година.

Анкета на ЕвробариметарПОВЕЌЕТО ЕВРОПЕЈЦИ НЕ ВОДАТСМЕТКА КОЛКУ ОТПАДОЦИ ФРЛААТ

Повеќето Европејци, најмногу Романците, Бугарите и Летонците, не водат сметка колку фрлаат отпадоци, соопшти електронското издание „Прозорец кон Европа“, повикувајќи се на резултатите од анкетата спроведена од „Евробарометар“. Според неодамна објавеното истражување, околу 60 проценти од граѓаните на ЕУ не мислат дека нивното

семејство прави огромно количество смет.Многу голема е разликата со статистиките, според кои Европејците произведуваат просечно повеќе од 500 килограми годишно смет.Повеќето од европските граѓани признаваат дека е потребно да се подобри услугата за собирање на отпадоците. Осумдесет проценти од анкетираните изјавија дека нивниот избор при пазарење на одредена стока многу влијае од еколошките карактеристики на производот, како на пример можноста за повторна употреба или рециклирање.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 30: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 31 март 2011

Земјотресот во Јапонија предизвика недостиг на електронски делови во светотМОЖЕН Е НЕДОСТИГ НА АВТОМОБИЛИИ НА АВТОМОБИЛСКИ ДЕЛОВИ

Речиси сите сфери на модерниот живот во светот, од сообраќајот до комуникациите и забавата, наскоро би можеле да ги почувствуваат последиците од земјотресот во Јапонија.- Многу фабрики, кои ги произведуваат главните електронски компоненти се оштетени. Некои од нив се директно оштетени, а други пак немаат електрична енергија, - изјавил аналитичарот Дејл Форд од компанијата „ИХС и Сплај“.Форд напомена дека јапонските фабрики, оштетени во земјотресот, произведуваат 25 проценти од силициумските плочи во светот. Во нив се произведуваат и полупроводниците, кои се користат за електронските апарати во домаќинството - од компјутерите, мобилните телефони, до дигиталните фотоапарати и конзолите за играње. Силициумските плочи се потребни дури и за АБС сопирачките и трансмисионите системи во автомобилите, без разлика каде се произведуваат.Некои фабрики за автомобили го прекинуваат производството, бидејќи не можат да набават соодветни резерви на тие делови, кои се потребни за електронските елементи, што се вградуваат во автомобилите.„Тојота“ и „Хонда“ во Јапонија, па дури и „Џенерал моторс“ во САД привремено го прекинаа производството. Енди Којл, генерален менаџер на „Хонда“ во центарот на Лос Анџелес изјавил дека очекува оти наскоро ќе дојде до недостиг на автомобили, па дури и на автомобилски делови. Аналитичарот во автомобилската индустрија, Џесика Колдвел изјавила дека засега сето ова не влијаело врз цените на автомобилите.

- Од земјотресот не сме евидентирале некаква промена. Но тоа не значи дека во иднина нема да има промена, вели Колдвел.Таа додала дека доколу ситуацијата во Јапонија не се подобри, потрошувачите би можеле последиците да ги почувствуваат веќе следниот месец.

Украина ги укинува квотите за извоз на житаркитеАКО Е ПОТРЕБНО РЕГУЛАЦИЈАТАЌЕ СЕ ВРШИ СО ЦАРИНСКИ МЕРКИУкраина ќе ги укине квотите за извоз на житарките, кои се во сила до 31 март 2011 година, изјавил високиот функционер во украинската Влада, Ирина Акимова. Таа истакна дека доколку е потребно извозот на житарките ќе се регулира со царински мерки. Примената на такви мерки е можна само доколку Парламентот усвои закон, но како што рекла Акимова, Владата нема да ги продолжи

квотите за извоз на житарки, дури ни доколку пратениците не стигнат да ги одобрат мерките на царинската регулатива.Квотите за извоз на житарки Украина ги воведе есента 2010 година поради сушата, која го намали родот. Првобитно квотите важеа до крајот на 2010 година, кога беа на ниво од 2,7 милиони тони, а подоцна продолжија до 31 март годинава и се зголемија на 4,2 милиони тони.За разлика од Укарина, Русија целосно го запре извозот на житарки. Првично ембаргото требаше да важи до крајот на 2010 година, но подоцна е продолжено до средината на 2011 година.

Кина го зголемува увозот на житарки и сојаКУПУВАЊА ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА РЕЗЕРВИТЕ

Кина го зголемува увозот на житарки и легуминози во настојувањето да ги заштити своите резереви од големото намалување во оваа година. Земјата минатата година на странските пазари купи повеќе од 60 милиони тони житарки, вклучувајќи и соја, изјавил Чен Сивен, функционер на Кинеската комунистичка партија, задолжен за земјоделието. - Кина минатата година увезе дури 54,8 милиони тони соја, што е за околу 60 отсто од вкупниот светски увоз на оваа култура и воедно најголемото количество што е увезена во историјата на земјата,- рекол Чен Сивен. Според податоците на кинеското Министерство за земјоделие, Кина лани на странските пазари купила и 1,57 милиони тони пченка и 1, 2 милиони тони пченица, - пренесоа светските агенции. Чен Сивен објаснил дека растот на увозот на житарки и легуминози е поврзан со недоволното домашно производство на овие култури. Во Кина е особено голем недостигот од пченка како последица на силната суша во производните провинции на североистокот на земјата.

Се зголемува јазот меѓу најсиромашните и останатите државиНАЈЗАГРОЗЕНИ 48 ЗЕМЈИ, ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ ТРЕТИНИ АФРИКАНСКИ

Разликите во богатството меѓу најслабо развиените држави и останатите земји во светот изминатите децении се` повеќе се зголемуваат и тој тренд и натаму ќе продолжи, доколку не се преземат мерки за справување со структурите, кои ја предизвикуваат оваа состојба, се наведува во објавениот извештај на девет еминенти експерти, наменет за панел-дискусија на Обединетите нации.

СВЕТ

Page 31: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 31 март 2011

Повеќето најмалку развиени земји во светот бележат одреден економски напредок, но тие едноставно генерираат помал развој, отколку останатите држави во светот, нагласуваат експертите.

Станува збор за 48 земји, од кои повеќе од две третини се африкански, кои ОН ги класифицираа како најмалку развиени (ЛЦД). Постојат неколку критериуми некоја земја да се најде во оваа група, од кои еден е бруто домашниот производ по жител да е под 905 САД долари годишно. Панелот, со кој раководеа поранешниот претседател на Мали, Алфа Умар Конаре и некогашниот прв човек на Светската банка, Џејмс Волфенсон, беше посветен на дејствувањето на десетгодишната акциона програма за ЛЦД-земјите, која е покрената на бриселската Конференција на ОН во 2001 година. Препораките од панелот ќе бидат разгледани на конференцијата во Истанбул од 9 до 13 мај оваа година, на која треба да биде усовен планот за ЛЦД-земјите за следната деценија. На панелот беше заклучено дека и покрај одредениот економски и социјален напредок, јазот меѓу најмалку развиените и останатите земји се зголемува и тоа поради неефикасните образовни и здравствени системи, слабата и лоша храна за населението, слабата инфраструктура, зависноста од неразвиеното земјоделство и ограничените можности за извоз.Просечниот приход на населението во ЛЦД-земјите се намалил од 18 проценти од светскиот просек пред четири децении, на 15 отсто во 2008 година, се наведува во извештајот од панелот.Дел од одговорноста за таквата состојба им се припишува и на самите земји, бидејќи би требало да договараат подобри цени за суровините, кои ги извезуваат, поефикасно да се борат против корупцијата и да бараат враќање на украдените богатства.Во ивештајот се нагласува дека странската помош е од суштинска важност за побрз напредок на најмалку развиените земји. Земјите-донатори до 2013 година би требало да ги зголемат сумите за државите од групата ЛЦД на 0,15, а до 2015 година на 0,20 отсто од бруто домашниот производ.Освен тоа, на ЛЦД-земјите треба да им се овозможи при извозот да бидат изземени од царинските давачки и квоти, да се намалат нивните билатерални и мултилатерални долгови, двојно да се зголеми продуктивноста на нивните земјоделства, како и да се поттикне запишувањето на децата во училиштата.

КОРПОРАЦИИ Грчката банка Пиреос лани прват во историјата во – минусЗАГУБИ ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА

Грчката банка Пиреос објави загуби во износ од 20 милиони евра за финансиската 2010 година, предизвикани од ниската кредитна активност и економска рецесија, објававува весникот „Имерисија“, истакнувајќи дека тоа се првите регистрирани загуби во историјата на банката. Се смета дека констатираните загуби се малку помали, бидејќи очекувале загуби од 26,8 милиони евра.Минатото лето банката го издржа „стрес тестот“ на кој беше подложена од ЕУ и го зголеми капиталот на 807 милиони евра.Чистите приходи на банката, која е активно присутна во Бугарија, Романија, Србија, Албанија, Кипар, Египет, Украина и САД, одбележале раст од девет отсто и изнесувале 1,21 милијарди евра.

„Мицубиши моторс“ го зголеми производството за 10,4 проценти НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ НА ИЗВОЗОТВО ЕВРОПА

Корпорацијата „Мицубиши моторс“ соопштува дека вкупното глобално производство во февруари изнесувало 105.781 автомобили, што е за 10,4 проценти повеќе во споредба со февруари минатата година. Производството во Јапонија од 61,582 возила бележи раст од 12,7 проценти во однос на минатата година, што претставува 15-то последователно зголемување на месечно ниво во однос на декември 2009 година. Вкупно се проиведени 53.778 патнички автомобили, што е зголемување од 12 проценти во однос на минатата година, а додека производството на комерцијални возила изнесува 7.804 што е за 17,4 процетни повеќе. Во Јапонија вкупно се продадени 13.764 возила во февруари или 14,1 процент помалку во однос на истиот месец минатата година. Продажбата на патнички возила е намалена за 20,7 проценти додека продажбата на комерцијални возила е зголемена за 7,1 процент. Вкупниот извоз од Јапонија изнесува 45.574 возила што претставува пораст од 56,9 процетни во однос на февруари минатата година. Извозот во Азија е зголемен за 28,2 проценти, во Северна Африка за 133,6 проценти, а во Европа за 142,8 проценти.

„Филипс“ очекува загуба во секторот за производство на телевизориРАСТАТ ЦЕНИТЕ И ЗАЛИХИТЕ

Холандскиот електронски гигант „Филипс“ денеска соопшти дека нема да ја оствари целта, оваа година да го доведе во рамнотежа својот сектор за производство на телевизори.Ваквата оценка на раководството на „Филипс“ доведе до пад на вредноста на акциите на компанијата за 1,44 отсто на 22,25 евра.„Филипс“ објави дека во првиот квартал од оваа година очекува загуби во својот сектор за производство на телевизори од 120 милиони евра, како резултат на растот на цените и постојните залихи.

СВЕТ

Page 32: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 31 март 2011

Португалците на прагот пред пакет за финансиска помошИ НА КРАЈОТ ОД ЌОРСОКАКОТЧЕКААТ РЕФОРМИ!

*Барањето за пакетот помош се чини дека е „неизбежно“ по оставката на премиерот заради неуспехот да ги протурка мерките за закрепнување

Португалскиот премиер во оставка Хозе Сократеш предложи план за зголемување на даноците и намалување на трошоците за да се намали државниот дефицит. Експертите на лондонскиот финансиски центар Сити се плашат дека Португалија наскоро ќе биде приморана да аплицира за пакет за помош во вредност од 70 милијарди евра, по неуспехот на Владата во Лисабон во средата да ги спроведе мерките за економско закрепнување.Португалија стравува дека се наоѓа пред моментот кога ќе станат третата земја-членка на еврозоната која бара помош од ЕУ - и како и во случаите со Грција и Ирска можеби ќе биде вклучен и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).Неодманешната оставка на премиерот Хозе Сократеш ја остави земјата во политичко лимбо и предизвика дополнителен притисок врз европските лидери кои што неодамна се собраа во Брисел.

ПОКРАЈ ФИСКАЛНА И ПОЛИТИЧКА КРИЗА

- Оставката на португалскиот премиер додава политичка криза на фискалната криза и ја приближува земјата до барањето за финансиска помош, - вели Кевин Данинг од Економската разузнавачка единица.Сократеш даде оставка откако опозициските партии гласаа против неговите мерки за закрепнување. Претседателот на Европската комисија (ЕК) Хосе Мануел Баросо брзо предупреди дека земјата мора да се придржува до последните реформи кои беа најавени минатиот месец.Велика Британија можеби ќе придонесе со 3 милијарди евра во пакетот за помош за Португалија, велат од „тинк-тенк“ организацијата

Отворена Европа. Тие во четвртокот изјавија дека влогот на Велика Британија во секој пакет за спасување ќе биде меѓу 810 милиони и 3,7 милијарди евра, преку Фондот за спасување на ЕК, кој изнесува 440 милијарди евра.- Португалија неизбежно ќе побара помош, - вели Раул Рупарел од Отворена Европа. - Но случаите со Ирска и Грција јасно илустрираат дека стратегијата на ЕУ - да дадат добри пари после лоши - пропаѓа. Наместо едноставно земање помош, долгорочно ќе биде подобро за Португалија да го реструктуира својот долг сега.

Сократеш предложи план со широк спектар на зголемувања на даноците и намалувања на расходите, во обидот Португалија да го налами дефицитот и да ја поврати довербата на пазарот. Каматите на долгот на португалската Влада достигнаа рекордни високи бројки, во кои тргувањето со десетгодишните државни записи достигнаа 7,66 проценти - што нашироко се смета како неприлагодено висока цена на заемите.Сега кога планот за закрепнување беше одбиен, економистите веруваат дека Португалија мора да побара помош.- Португалија отиде чекор поблиску до потребата за пакет за помош, - рече Гери Џенкинс, шеф на истражувачката група за фиксни интереси во „Еволушн сикјуритис“. - Дури и со целосна политичка хармонија секогаш ќе беше тешко за Португалија да ги убеди инвеститорите да продолжат да финансираат, и овие записи изгледа дека ќе растат повеќе отколку што претходно од португалските служби беа опишани како нестабилен степен.

ЕВРОПСКАТА КРИЗА СЕ ПРОШИРУВА И НА МАДРИД

Канцеларот Џорџ Озборн се обидува да ги смири нервите велејќи дека навестувањата за пакетот за помош

во моментов се „шпекулации“, но се согласуа дека ситуацијата е нерешлива.- Она што се случува со Португалија, секако, е загрижувачко. Тоа не` потсетува дека не сме сами во соочувањето со овие предзвици, - подвлекува Озборн.Исто така, е јасно дека новиот механизам за европска стабилност - којшто Британија нема да го потпише - нема да биде потпишан на дводневниот состанок во Брисел како што беше планирано. Наместо тоа, крајниот рок за договорот е продолжен до крајот на јуни годинава.- Кога почнав да работам за „Сити“, често ми кажуваа да ја следам старата формула „не ветувај, но давај повеќе“. Изгледа ЕУ оди според спротивната стратегија кога ќе дојде до момент за справување со криза, - додава Џенкинс.Стравовите дека европската криза може да се прошири и на Мадрид се појавија неодамна, кога Муди ја намали вредноста на поголемиот дел од шпанскиот банкарски сектор.Холгер Шмидинг, главен економист во Банката Беренберг, аргументира дека Шпанија е во далеку подобра форма отколку незиниот ибериски сосед.- Не можете да кажете дека во овие времиња некој е безбеден. Секогаш постои опасност за некоја земја. Но Шпанија е во значајно подобра позиција отколку Португалија, на којашто, по се` изгледа, веднаш и` треба пакет за помош, - изјави Шмидинг за Телевизијата Блумберг.Британското вклучување во привремениот стабилизациски механизам од 440 милијарди евра е контроверзен, бидејќи Алистер Дарлинг потпиша за овој план на 10 мај 2010 година - за време на трката меѓу општите избори и формирањето на коалицската влада. Озборн, кој го замени Дарлинг како канцелар следната недела, навести дека тој ќе заземе поинаков правец.Британија на Ирска и` позајми вкупно седум милијарди евра, делумно преку европската помош, делумно како билатерален заем. Озборн рече дека очекува Британија да направи профит од договорот, се` додека парите евентуално се враќаат.

(„Гардијан“ – Лондон)

Словенечката економија целосно ќе заздрави во 2015 година

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 33: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 31 март 2011

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

МЕХАНИЗМИТЕ НА ПАЗАРНАТА ЕКОНОМИЈА НЕ СЕ ВОСПОСТАВЕНИ ЦЕЛОСНО

Словенечката економија целосно ќе заздрави во 2015 година, кога најверојатно економскиот раст ќе биде четири или пет отсто, - изјавил економистот Марјан Сењур за љубљанскиот весник „Дело“.Сењур верува дека во Словенија се потребни реформи, но убеден е дека многу тешко можат да се реализираат поради лошите политики.- Секоја економска мерка мора да биде изработена со експертизам, но истовремено мора да биде и политички внимателно планирана, - рекол Сењур.На прашањето дали транзицијата на социјалистичката економија е завршена, Сењур подвлекол дека механизмите на пазарната економија не се целосно воспоставени и додаде дека Словенија немала стабилна структурна сопственост.- Се` уште не пронајдовме одговарачка улога на државата во пазарната економија, а тоа би требало, нагласил Сењур, кој е и поранешен министер за економски врски и развој на Словенија од 2000 година.

Тој истакнал дека на Словенија и` недостасува куповна моќ да ги приватизира компаниите кои порано биле во државни раце, но не верува дека продавање на странци е политички или економски прифатливо и мудро.Означувајќи ги реформите на пензинскиот систем како неопходни, Сењур посочил дека би се појавиле сериозни проблеми доколку таа идеја би била отфрлена на референдум, поради тоа што растот на дефицитот во пензискиот фонд бил покриен од националниот буџет.- Доколку тоа се случи има само две

опции: би можеле да го зголемиме данокот и така да го зголемиме приходот во буџетот или да ги намалиме пензиите. Но, со тоа поголемиот дел на населението ќе стане сиромашно, - навел Сењур.Пакет-мерките за штедење, што Владата ги усвои како дел од пакетот за евро, ги оцени за солидни, но дополни дека тие се засновани на прогнозите на растот на бруто-домашниот производ од четири до шест отсто во нормални услови.- Доколку нормалниот раст е пет отсто и растот на јавната потрошувачка од два до три отсто, нема да има потреба од драстични мерки за штедење, - заклучил Сењур.

Србија и Балканот во Европа од петта класаПЕРИФЕРИЈА ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ОДЛУЧУВАЊЕ ВО ВЛИЈАНИJАТА И РАСПРЕДЕЛБИТЕ

*За тоа сведочи најавата на британскиот министер за имиграција Демјан Грин, дека неговата држава ќе забрани вработување на граѓани од новите примени држави на седум години

Неколку ноќи во командата на Дринската дивизија на Војската на Југославија во 1995 година, на стража друштво ми правеше Ерик Блер, роден во Бенгал, кој од 1933 година се претставува и како Џорџ Орвел. Во гарнизонската библиотека ги најдов „1984“ и „Животинска фарма“, па времето го скратував поистоветувајќи се со главниот јунак од „1984“. Исто како и нему и мене тие денови секој приватен момент лишен од вниманието на офицерот ми беше чиста добивка. Тогаш ја открив и реченицата од „Животинска фарма“ која е општо место за секаква опсервација на темата нееднаквост: „Сите животни се еднакви, само што некои се поеднакви од другите“.

Дискриминација според ЕвропаИако неодамна изречената и од аспект на амбициите на официјалната српска политика е многу актуелна, изјавата на британскиот министер за имиграција Демијан Грин дека неговата земја на седум години ќе го забрани вработувањето на граѓаните

од државите кои ќе бидат примени во ЕУ, во Србија остана незабележана. Овој истакнат член на Конзервативната партија, кој како пратеник од 2008 година бил сослушуван и приведуван поради сомневање дека на медиумите им давал доверливи податоци од Министерството за внатрешни работи, во парламентот на Обединетото Кралство рече дека Владата ќе воведе најстроги ограничувања за новите членки, прецизирајќи дека тоа пред се`, се однесува на Хрватска, Црна Гора, Турција, Исланд и на Македонија. Политиката на социјално-економска дискриминација во ЕУ, секако не е новост и таа е легализирана со европски закони. Овие закони во стара Европа нудат можност да се заштитат од работнички миграции од новата Европа, кои пристигнуваат. Пред седум години, кога во ЕУ се примија дури десет нови членки одеднаш, само три држави од стара Европа целосно ги отворија своите пазари за работниците од новопримените држави и се покајаа. Тоа беа Велика Британија, Шведска и Република Ирска, во кои дојдоа милиони работници. Според некои проценки, во Велика Британија тогаш дошле околу милион Полјаци, а според зборовите на Грин, лабуристичката Влада очекувала скромни 13.000 годишно. - Велика Британија нема да ја повтори грешката на лабуристичката Влада, кога на овие милиони државјани на новите членки на ЕУ, им овозможи пристап до својот пазар на трудот. Оваа Влада ќе има строги контроли, за да го спречи доаѓањето на работници од новите држави на нашиот пазар на трудот. На никого не му е во интерес уште еден непланиран прилив на работна сила од странство, бидејќи мораме да ги заштитиме интересите на британските работници, рече Грин, а неговата изјава ја пренесе лондонскиот весник „Телеграф“. Три години по големиот прием, во ЕУ во 2007 година пристапија Бугарија и Романија. Тогаш спомнатите три држави се одлучија да заземат рестриктивен став и да го блокираат доаѓањето на нови работнички маси во својата земја. Интересно е да се види како сиромашниот југоисток на Европа, т.е. неговиот српски дел ги брани пазарните интереси со сопствените празни стомаци.

Page 34: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 31 март 2011

Дискриминација според БелградБелград својата решителност да се приклучи кон ЕУ цврсто ја дефинира во 2000 година, по смената на власта на 5-ти октомври, со финансиска и логистичка поддршка од САД и ЕУ. Во знак на добра волја и потврдата на евроатланската ориентација

на земјата, српскиот пазар речиси целосно е отворен, а компаниите од Европа и САД се фаворизирани. Србија е преплавена со стока и услуги од ЕУ, а стратешки важната железарница практично е подарена на една американска компанија. Од друга страна, српскиот банкарски сектор плански е задушен, а српското производство и извоз кој некако ги преживеаја санкциите, продолжија да слабеат се` до денес. Еден од фалените потези на европскиот курс на српската држава беше субвенционирањето на компаниите од ЕУ, кои се` уште добиваат од 4.000 до 10.000 евра од државната каса на Србија, по отворено работно место. Меѓу најпознатите корисници на тие субвенции се словенечката компанија „Горење“ и италијанската „Фиат“. Некои проценки говорат дека „Фиат“ во Србија вкупно инкасирал од 5 до 6 милијарди динари. Државата со посебни мерки дополнително го стимулира купувањето на автомобили „пунто класик“, модел чие производство во Италија одамна е прекинато, но од процутот на автомобилската индустрија нема ништо. Наспроти државните трошоци, производството на „пунто“ – а да потсетиме само за 2010 година се најавени околу 200.000 нови автомобили – во Србија неодамна во вкупен збир достигна 30.000. Да не го спомнувам производството на класата ЛО во две верзии („Фиат Идеа“ и „Ланча Муса“), чие доаѓање во Србија долго се најавуваше па потоа се заборави. Вкупната инвестиција требаше да биде околу 1 милијарда евра, со тоа што Европската инвестициска банка би учествувала со 450 милиони, спрската

Влада со 250 милиони, а остатокот би го инвестирал „Фиат“. Епилогот на овие амбициозни ветувања е откази на околу 1.600 стари работници наместо отворање на ветените нови 3.600 работни места со нето плата од 500 евра по работник. Околу 900 вработени сега примаат околу 220 евра во компанијата која очигледно секогаш не може самостојно да функционира на пазарот и серизоно зависи од сиромашната српска држава. Крагуевчани се` уште го помнат свечениот митинг од 2008 година, кога во присуство на спрскиот политички врв се најави ренесанса на автомобилската индустрија. Три години подоцна, стана јасно дека од ветените стотици илјади нови автомобили во Крагуевац нема ништо. Меѓувремено, романска „Дачија“ под патронат на „Рено“ изврши сериозен наплив на отворениот српски автомобилски пазар, а политичката приказна наречена „Фиат“ повторно се покрена со доаѓањето на претседателот Борис Тадиќ во Торино, на состанок со раководството на оваа компанија и разгледувањето на новите модели кои ќе се произведуваат во иднина во Крагуевац, секако веднаш по идните избори.

На периферијата на ЕвропаВоопшто немаше обиди за систематска заштита на слабиот српски пазар и тоа поради, гледај иронија, толку саканите европски вредности, светиот слободен проток на луѓе, стока и капитал и уште што не. Ако т.н. медитеранско проширување на Европската заедница од 1981 и 1986 година (Грција, Шпанија, Португалија), беше прво, приемот на Австрија, Финска и Шведска во 1995 година второ, потоа големото проширување на ЕУ во 2004 година (10 нови членки) трето и бугарско-романското во 2007 година четврто проширување, приемот на балканските држави во два-три брана, би бил петто и веројатно најкомплицирано проширување. Балканските држави, заедно со Романија и Бугарија, дури и кога ќе ги решат сите проблеми поврзани со приемот, очекува статус на Европа од четврта, т.е. петта класа. Европа, која формално ќе ги ужива сите европски права, а реално ќе биде периферија во процесите на одлучување, влијанија и распределби на

богатството и моќта и чест центар на секакви европски иронии. Тоа ќе се види во моментот кога официјален Брисел ќе предложи истовремен прием на Србија и Косово во ЕУ. При искривен систем на вредности, секој пад закономерно се доживува како залет. Гледано низ розеви евроатлански очила, во одбраната на Грин на британските социјално-економски интереси со легализирана дискриминација, нема ништо чудно ниту суштински антиевропско. Гледајќи низ истите очила, ништо чудно нема ни во тоа што сиромашна Србија финансира богати европски компании. На прв поглед, ни во Орвеловската реченица нема иронија.

(„Гласoт на Русија“ – Москва)

Жените и натаму помалку заработуваатСЕ` УШТЕ ЗАГАРАНТИРАНИ СПОРЕДНИТЕ УЛОГИ

Мажите во Германија имаат просечно за 23 отсто поголеми плати од жените, а разликата во руралните делови на Германија, каде што живеат околу 13 милиони луѓе, е поголема и за 10 проценти во однос на градовите. - Луѓето кои живеат во рурални подрачја главно се задоволни со својот традиционален начин на живот. Истовремено, таму 40 отсто жени имаат само привремени работни места, а тоа значи дека заработуваат помалку од 400 евра месечно, изјави за „Дојче Веле“ Габриела Штурм од Сојузниот институт за урбанизам и просторно планирање. Поделбата на улогите во семејствата на село и натаму е често класична – мажот работи, оди со автомобил на работа во град, а жената е задолжена за децата и домаќинстото.Бидејќи во продолжениот престој во училиштата обично нема доволно места, на жената и` останува малку време за некоја платена работа. Затоа тие обично бараат работа што можат да ја вршат од дома. Со појавата на интернетот состојбата е олеснета и тие на тој начин можат да ги понудат своите производи и услуги. Здруженијата на жените

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 35: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 31 март 2011

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

од село систематски поддржуваат отворање на т.н. „селски интернет-портали“, вели претседателката на едно такво здружение Бригите Шерб. Тие ги поддржуваат сите жени кои живеат на село, а не само тие кои се занимаваат со земјоделие. - Тука можат да се најдат огласи на жени од село кои нудат најразлични видови на услуги – од работа во кафуле до веб-дизајн, од организации на детски родендени во селските дворови до координација на маркетиншки акции. Жените се многу креативни кога се работи за производи и нови услуги, - истакнува таа. Тоа главно не се постојани работни места, но жените од селата поради потреба научија како да искомбинираат повеќе мали работи одеднаш. Работат на фарми, продаваат млеко и јајца, изнајмуваат соби или станови за одмор преку викенд... Здружението на жени од село нудат обука во веб-дизајн за млади мајки и до сега таа шанса ја искористиле 44 жени. Според претседателката на Здружението на селските жени Бригите Шерб, состојбата ќе продолжи да се влошува ако не се подобри понудата на работни места на жените од село. Во некои села тешко да се најде пошта или банка па дури често

нема ни училиште ниту каква било институција за културни настани, - вели таа. - Руралните региони ќе имаат иднина само ако успееме во селата да ги задржиме младите образовани жени. Со секоја жена која го напушта селото, заминува и едно потенцијално семејство, - истакна Шерб.Истовремено, и натаму постои нееднаквост и во градовите. Жените во банките заработуваат 30 проценти помалку од мажите, готвачка има за 40 отсто помала плата од готвач, а поштарка 2 процента помала плата од својот колега. Германското здружение на правници бара еднакви плати за иста работа.- Потребен ни е пристап на податоците

од платните системи и потребно е со тоа да раководат други луѓе, а не тие кои тоа го правеа до сега, - вели Хајде Пфар од Здружението.По усвојувањето на закон кој гарантира еднаква плата за иста работа, во Швајцарија и Канада напредокот е видлив – просечната плата на жените се зголеми.

(„Дојче Веле“ – Бон)

Кина оваа година ќе ги надмине САД на полето на наукатаВРАЌАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА НАУЧНА СЦЕНА

Кина е на пат да ги надмине Соединетите Американски Држави на полето на науката и тоа ќе се случи во 2013 година, истакнува најновата студија на британското Кралско друштво. Земјата која ги измисли компасот, барутот и хартијата се подготвува за враќање на глобалната научна сцена. Анализата на објавените истражувања – еден од клучните показатели на научниот развој, открива „вчудовидувачки развој“ на кинеската наука. Студијата „Knowledge, Networks and Na�ons“ (Знаење, мрежии нации), темелена на стручни трудови објавени во признати меѓународни списанија, укажува дека Кина се заканува да ја загрози традиционалната доминација на САД, Европа и Јапонија.Така, во 1996 година, т.е. во текот на првата година опфатена во студијата на Кралското друштво, Американците дале 292.513 научни трудови, десет пати повеќе од Кинезите кои имале само 25.474 објавени трудови. До 2008 година Американците бројот на научните трудови незначително го зголемиле на 316.317, додека Кинезите речиси седум пати го зголемите објавувајќи 184.080 трудови.

Студијата покажува дека Кина, која веќе ја потисна Велика Британија на второ место, на најдобар пат е да ги надмине и Соединетите Американски Држави и тоа многу порано од проценките. „Проекциите варираат, но едноставната линеарна интерпретација на податоците на „Елсевиер“ – голем светски издавач на научна литература, укажува дека тоа може да се случи веќе во 2013 година“, се наведува во студијата. Професорот Крил Луелин Смит, раководител на студијата, вели дека овие податоци не претставуваат изненадување бидејќи Кина масовно инвестира во развојот и истражувањето. Кинеските инвестиции од 1999 година растеле по стапка од 20 отсто годишно и денес достигнуваат износ од 100 милијарди САД долари, а од 2006 година на кинеските универзитети на научни и инженерски студии дипломирале околу 1,5 милиони студенти. Авторите на студијата предвидуваат „драстични“ промени во глобалното научно опкружување и предупредуваат на импликации на тој тренд на компететивноста на

некои земји.

„Тука не се работи само за престиж, туку и за способноста на некоја земја да се натпреварува на светската сцена“, - се истакнува во студијата.

Меѓутоа, студијата на Кралското друштво напоменува дека растот на бројот на научните трудови на значи автоматски и раст на нивото на квалитетот.

Вредноста на некој научен труд се гледа пред се` во тоа колку пати е цитиран од страна на други научници, а на тој план Кина се` уште заостанува во однос на САД и Велика Британија.

(„Би-Би-Си“ - Лондон)

Page 36: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 31 март 2011

Назив на Проектот

B-Brussels: IPA 2011 — Инвестициска рамка за Западен Балкан — IPF TA

Референца EuropeAid/131160/C/SER/Mul�

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија

Објавено на 9.3.2011 година

Краен рок за апликација

Отворен

СекториГрадежништво-инженеринг -енергетика- животна средина- финансии-банкарство- управување со програми - транспорт

Опис на проектот

Поддршка за подготовка на инвестициони проекти во 4 сектори: траспорт, животна околина, енергетика и општесвена инфраструктура

Контакт European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary countries, Brussels, BELGIUM

Назив на Проектот

Имплементација на проект за социјална заштита (SPIL

Референца WB1477-796/11

Финансиска референца

Project ID No. P074358; Loan No. 4732- MK

Вид на набавка Испорака

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

Објавено на

Краен рок за апликација

20.4. 2011 година

СекториИнформатичка технологија: - Hardware / Equipment / So�ware

Опис на Проектот Набавка на хардвер опрема за Министерството за труд и социјална политика и центрите за социјална заштита Item 1: Desktop personal computer, Small Form Factor (284) Item 2: Laptop personal computer (32) Item 3: Laser Printer (240) Item 4: Matrix Printer (56) Item 5: Black & White mul�func�on printer All-in-One (19)Item 6: Black & White mul�func�on printer All-in-One (61)Item 7: Fax machine (6) Item 8: Document Management Scanner (66) Item 9: Phone (8) Item 10: LCD Projector (5) Item 11: Projec�on screen with stand (5)Item 12: UPS (17) Item 13: LCD Monitor (10) Item 14: USB s�ck (319)Item 15: External hard disk (3)

Item 16: Manual switch -2 computers 1 monitor (5) Item 17: Keyboard (50) Item 18: Mouse (50)

КонтактМинистерство за труд и социјална политика. A�n. Sanja Batova.ул.Кочо Рацин бр. 149. 1000 Скопје, Република Македонија. Tel: ++ 389 (0)2 3296 – 807. Fax: ++ 389 (0)2 3296 – 808. E-mail: [email protected]

Назив на Проектот

MK-Скопје: дизел нафта

Референца ECZ63891-земји-кандидати

Финансиска референца

2011/S 57-093099

Вид на набавка Испорака

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 21.3.2011 година

Краен рок за апликација

11.5. 2011 година

Сектори Енергетика

Опис на Проектот LOT 1. Procurement of oil deriva�ves LOT 2. Procurement of oil deriva-�ves Набавка на нафтени деривати за Дирекцијата за задолжителнирезерви на нафта и нафтени деривати:— екстра лесна нафта за домакинства EL-1,— мазут

КонтактДирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати Орце Николов . 71A�n: Stanisha Nikolovski1000 СкопјеРепублика МакедонијаTel. +389 23225228 +389 23225228 E-mail: [email protected] +389 23225165Internet address(es) www.dcor.gov.mk

Назив на проектот

ME-Подгорица: IPA — зголемување на свесноста за животната околина Надополнување

Референца EuropeAid/130982/C/SER/ME

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Црна Гора

Објавено на 11.3.2011 година

Краен рок за апликација

16.5. 2011 година

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија

превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Page 37: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 37четврток, 31 март 2011

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија

превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Сектори-Животна средина;-управување со програми;-комуникации, односи со јавноста;-општествени услуги. Опис на Проектот — Поддршка на Владата на Црна Гора односно на Министерството за одржлив развој и туризам за зголемување на свесноста за животната околина во општеството;— зајакнување на капацитетот на Владата и посебно на министерството, на Агенцијата за животна околина во планирање и иреализирање активности за охрабрување на населението и други засегнати страни за поголема заштита на околината;— подобрување на разбирањето и свесноста за прашања од заштита на околината на сите нивоа во државата максимален буџет : 500 000 евра.

КонтактEuropean Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary countries, Podgorica, MON-TENEGRO

Назив на Проектот

Avtodor. M4 Don автопат

Референца EBRDZ63940

Финансиска референца

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер ЕБРД

Земја Руска Федерација

Објавено на 21.3. 2011 година

Краен рок за апликација

25.5. 2011 година

Сектори Градежништво-инжинеринг:

Опис на Проектот изградба и одржување на автопатот M-4 “Don” автопат на секциите од 225,6 – km 633,0 (Subsec�on km 225,6 – km 260,0 new direc�on(Bogoroditsk bypass), Tula region; Subsec�on km 260,0 – km 287,8, Tula region;Subsec�on km 287,8 – km 321,3 new direc�on (Efremov bypass), Tularegion; Subsec�on km 321,3 – km 330,8, Lipetsk region;Subsec�on km 330,8 – km 355,0 new direc�on (Yarkino bypass), Lipetskregion; Subsec�on km 355,0 – km 414,7 new direc�on (Elets bypass), Lipetskregion; Subsec�on km 414,7 – km 464,3 new direc�on (Zadonsk – Danshino– Khlevnoe bypass), Lipetsk region; Subsec�on km 464,3 – km 492,7, Voronezh region;Subsec�on km 492,7 – km 517,0 (Voronezh city bypass);0) Subsec�on km 517,0 – km 544,7, Voronezh region;1) Subsec�on km 544,7 – km 633,0, Voronezh region

КонтактRussian Highways” State company (hereina�er the State company):2/5/4 bld., Slavyanskaya pl., Moscow, Russia 109074. E-mail address: [email protected].

Назив на Проектот

B-Brussels: IPA — интерни евалуации и мета евалуација на IPA помошта

Референца EuropeAid/131184/C/SER/Mul�

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора Србија, Турција

Објавено на 14.3.2011 година

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори Управување со програми

Опис на Проектот

Интерни евалуации за ИПА за Албанија, БиХ И Косово, Црна Гора и Србија и мета авалуација за ИПА за Албанија, БиХ, Хрватска, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција.

Контакт European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary countries, Brussels, BELGIUM

Назив на Проектот

Краткотрочен консултант (експерт за осигурување) - глобален индекс на осигурување (GIIF)

Референца WB1555-796/11

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Светска банка

ЗемјаAfghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na,Armenia, Azerbaijan, Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Bra-zil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, CostaRica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, DominicanRepublic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras,Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo,Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Feder-ated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent andthe Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Објавено на

Краен рок за апликација

11.4. 2011 година

Сектори Финансии и банкарство:

-управување со програми

Опис на Проектот

Консултантот ќе работи со регионалните тимови за поддршка на имплементацијата и супервизијата на постојните проекти и на развој на продукти

Page 38: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО38 четврток, 31 март 2011

КонтактContact: Electronic Submissions through World Bank Group eConsultant2. h�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

Назив на Проектот

B-Brussels: NSI — поддршка за воспоставување врска (поставување на мрежа за зајакнување на комуникацијата и тренинг во менаџментот со заштита од радиоактивност)

Референца EuropeAid/130924/C/SER/Mul�

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

ЗемјаAfghanistan, Albania, Algeria, Angola, Argen�na, Armenia, Aruba,Azerbaijan, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bo-livia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Costa Rica, Croa�a, Cuba, Cyprus, CzechRepublic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador,Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, French Polynesia, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary,India, Indonesia, Iraq, Israel, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kyrgyz Republic, Laos,Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Mali, Malta, Mauritania, Mauri�us, Mex-ico, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Netherlands An�lles, Nicaragua, Niger, Nigeria, Oman, Pakistan,Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia,Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Sin-gapore, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Tuvalu, Uganda, Ukraine, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Објавено на 18.3.2011 година

Краен рок за апликација

2.5. 2011 година

Сектори -Информатичка технологија; -енергетика; -заштита на околината; -односи со јавноста, комуникации.

Опис на Проектот

Реализација на интернет-професионална мрежа која треба да ја олесни соработката и размената на знаење во менаџментот со заштита од радиоактивност максимален буџет : 500 000 евра

КонтактEuropean Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary countries, Brussels, BELGIUM

Назив на Проектот

EPCG- набавка на електрични броила

Референца EBRDZ63991

Финансиска референца

6343-IFT-40219

Вид на набавка Испорака

Финансиер ЕБРД

Земја Црна Гора

Објавено на 28.3. 2011 година

Краен рок за апликација

16.5. 2011 година

Сектори -Информатичка технологија -енергетика

Опис на Проектот single phase meters – 30 000 units, three phase meters – 144 000 units CT meters – 1 500 units data concentrators – 1 200 units accompanying so�ware for meter parameterisa�on (for 10 users) – 1.

КонтактMr. Ranko Vojinovic Director Procurement Department Electroprivreda Crne Gore 2 Vuka Karadzica St., Room No. 11 Nikšic 81400 Montenegro Fax: +382 40 212 171 E-mail: [email protected] [email protected]

Назив на Проектот

Проект за зајакнување на пристапувањето на земјоделството - надополнување (набавка на лабораториска опрема)

Референца WB1563-796/11 (WB2550-777/10

Финансиска референца

Loan No 4861-MK, Project ID No. P101216

Вид на набавка Испорака

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

Објавено на 29.3.2011 година

Краен рок за апликација

17.5. 2011 година

Сектори Земјоделство, рурален развој

Опис на проектот

LOT 1. Class II Laminar flow cabinet LOT 2. LC/MS/MS Triple Quadruple – for detec�on and quan�fica-�on different types of residues LOT 3. Laboratorymicrowave oven LOT 4. Bactoscan – instrument for coun�ng bacterial flora in raw milk LOT 5. RealTime PCR System

КонтактМинистерство за земјоделие, шумарство и водостопанство Проект за зајакнување на пристапувањето на земјоделството. Влатко Мркев, експерт за јавни набавки. Јури Гагарин 15. 1000 Скопје, Република Македонија Tel&Fax: (389-2) 322-8639. E-mail: [email protected]

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАКонтакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044

факс.3244088е-маил[email protected]

www.mchamber.mk

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 39: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 39четврток, 31 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 9.4.2011 годинаСеминар: „ИНКОТЕРМС 2010“Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3 катод 12 до 16 часот

-Што е тоа Инкотермс и зошто 2010? - Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење содржи Инкотермс-правило?-Дали сте информирани за најновите измени на Меѓународните трговски правила – Incoterms® 2010 by the Interna�onal Chamberof Commerce (ICC)?Во насока на еднообразното толкување на правилата во меѓународната трговија коешто ја олеснува размената и помага да се избегнат меѓународните спорови и недоразбирање меѓу партнерите, Стопанската комора на Македонија, организира семинар на тема: “Инкотермс 2010”, што ќе се одржи на 9.4.2011 година, од 12 до 16 часот, во Комората. Програма 1. “ИНКОТЕРМС 2010”- Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2010?- Зошто се содржани во секоја фактура за промет со стоки во надворешната трговска размена?- Кои се предностите на ИНКОТЕРМС?- Тие се дел од договорот за ...?- Што не е ИНКОТЕРМС?- Поделба во 2 и 4 групи - ИНКОТЕРМС и институциските карго-клаузули за осигурување на стока- ИНКОТЕРМС и царинската вредност- Како да се користат правилата ИНКОТЕРМС 2010?- Кои се главните карактеристики на ИНКОТЕРМС 2010?- Кои правила се укинати, а кои се НОВИ?- Поединечните карактеристики на сите ИНКОТЕРМС правила:EXW, FCA, CPT, CIP, DAT, DAP, DDU, FAS, FOB, CFR, CIF.Предавач: Карло Змајшек, директор на Центарот за шпедиција во „Макпетрол“ АД – Скопје.Семинарот е наменет за: компании извозници, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со меѓународна трговија, сметководители, финансии и слично.Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 5 април 2011 година.Сите учесници на семинарот ќе добијат практичен прирачник за „Инкотермс 2010“.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 13 до 15 април 2011 година Конференција и Меѓународен саем, во Софија, Република БугаријаЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Во периодот од 13 до 15 април 2011 година, во Софија, Република Бугарија, ќе се одржат Конференција и Меѓународен саем за енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад.

Станува збор за најголем настан оваа година во Југоисточна Европа од оваа област, на којшто ќе учествуваат повеќе од 200 реномирани излагачи од 21 земја од целиот свет, кои ќе ги претстават најновите достигнувања и иновации во областа на енергетска

ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад и екологија.Истовремено ќе бидат одржани повеќе специјализирани конференции, панел-сесии и билатерални средби со учество на врвни експерти и реномирани предавачи од неколку земји.

Меѓународниот саем ќе се одржи од 13 до 15 април 2011 година, во Изложбениот и конгресен центар во Софија, Р.Бугарија.Стопанската комора на Македонија, организира посета на Меѓународниот саем и учество на Конференцијата на заинтересираните македонските компании со организиран автобуски превоз и хотелско сместување. Трошоците за превоз и сместување паѓаат на товар на учесникот. Стопанската комора на Македонија ги повикува сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество на Саемот најдоцна до 4 април 2011 година.

Контакт : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 14 до 16 април 2011 година во ОхридМЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗАТЕХНИКА ЗА ЛАДЕЊЕ

Во покануваме на 4. Меѓународна конференција за техника за ладење (климатизација и топлински пумпи) во организација на Машинскиот факултет - Скопје и Меѓународниот институт за ладење (Interna�onal Ins�tute of Refrigera�on - Paris).Подготвена е и прелиминарната програма со трудови од врвни светски експерти. Искористете ја оваа можност да се информирате за вистинските насоки на развојот на ладилната технологија, со оглед на потресите во оваа област предизвикани од глобалните закани: климатските промени и оштетувањето на озонска

обвивка. Исто така, ќе имате можност да се сретнете и да размените искуства со експерти од водечките фирми за ладење и климатизација: GEA, Johnson Controls/Sabroe, Mayekawa, Bal�more Aircoil, Evap-co, LU-VE, Guentner, Alfa Laval, Axima, Star Refrigera�on, IngersollRand, Emerson Climate Technolo-gies, Zudek, Unilever, Kra� Foods

Global, од познати универзитети и истражувачки институции. Подетални информации можете да најдете на веб-страницата на Конференцијата www.mf.edu.mk/web_ohrid2009/ohrid-2009.html Претседател на Организациониот одбор, проф. д-р Ристо Цицонков (тел. 3064-762; 070 379-366, [email protected]).

Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 40: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО40 четврток, 31 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Еднодневен семинар „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА СТРУЧНИТЕЛИЦА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА“19 април 2011 година, 8:30-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира стручна тематска обука од областа на безбедноста и здравјето при работа.Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за безбедност и здравје при работа (БЗР), со основните минимални законски барања од областа на безбедностa и здравјето при работа кои треба да се применуваат на работните места.Обучувачи на семинарот ќе бидат: eминентниот предавач од Државниот инспекторат за труд, Слоботка Таушанова-Стојановска, додека од МЗЗПР ќе бидат дипломираниот инженер по ЗПР, Борче Стојчевски, стручно лице за безбедност при работа, како и Игор Стојчески, стручно лице за безбедност при работа. Тие на

учесниците на обуката ќе им го претстават Законот за безбедност и здравје при работа, со посебен осврт врз правата и обврските на работодавачите и работниците.Во делот на з а к о н с к и т е акти и прописи, присутните ќе имаат можност да се запознаат со толкувањето на најважните

барања од:- Законот за безбедност и здравје при работа;- Правилникот за инспекциски надзор;- Правилникот за проценка на ризик и- подзаконските акти што ќе произлезат како прашања на самата обука.

Подготвувањето на изјавата за безбедност и проценката на ризик, се сметаат за една од најголемите новини на Законот за БЗР, па затоа и на оваа обука посебно внимание ќе се посвети на оваа тема, а воедно ќе биде презентиран и Европскиот водич за проценка на ризик на работно место. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15 април 2011 година. Сите учесници на обуката ќе добијат збирка на материјали со важечки законски прописи и важни документи од областа на БЗР во Македонија, брошура за ОНЅАЅ 18001, презентација за ОНЅАЅ 18001, а на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber .mk

Контакт:Ленче Зикова Анита Митревска тел: 02 32 44 054 тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 088e-mail:[email protected] [email protected]

Од 13 до 17 април 2011 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Супетар, Република ХрватскаБРАЧ СО „БИСЕР НА МОРЕТО“

Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 13 до 17 април 2011 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на шестата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во шест дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и редавања за гастрономијата. Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето на рацепти од ова поднебје и се вратија со вкупно 36 медали. Стопанската комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите и членот на жири-комисијата е обезбедено бесплатно сместување.

Сите заинтересирани компании кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 30 март 2011 година. Повеќе информации и Пријавниот лист може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Венера Андриевскател:3244037; факс:3244088E-mail:[email protected]

Page 41: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 41четврток, 31 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 20 до 22.4.2011 година во Република Црна ГораСАЕМ ЗА ЕКОЛОГИЈА ВО БУДВА

Саемот е наменет за презентација и комерцијализација на опрема, уреди и средства за рециклажа и заштита на животната средина, алтернативни извори на енергија, обновлива енергија, опрема и средства за заштита и уредување на урбаните населби, природни реткости и културно богатство.Интерес за учество на овој саем посебно изразуваат креатори на еко-проекти, производители на еко-храна, еколошки сојузи и стручни здруженија.Посебен интерес за оваа саемска манифестација има и кај креаторите на политиките за животна средина, од ресорни министерства, до специјализирани агенции, јавни претпријатија и институции.

Низ претставување на проекти за мониторинг-системи за заштита на животната средина, како и стратегии и едукативни програми, значително се придонесува кон зголемување на свеста за екологијата, како предуслов за општествено-економскиот развој.Во рамките на оваа манифестација, традиционално ќе се одржи и 6. Саем за вода, водовод и санитарна технологија.Заинтересираните за подетални информации може да го контактираат саемскиот организатор на тел. +382 33 410 405 или на e-mail: marke�[email protected]

Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 7 – до 11.5.2011 година во Република ИталијаСАЕМ ЗА ХРАНА “TUTTOFOOD 2011”ВО МИЛАНО

Во периодот од 7 до 11 мај 2011 година, Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на Меѓународниот саем за храна “TUTTOFOOD 2011” во Милано, Република Италија.Оваа саемска манифестација со својата разновидна концептуалност, професинална публика и излагачи, меѓу кои и најголемите светски трговски синџири го зазeма приматот на една од најзначајните манифестации од меѓународен карактер за прехранбена индустрија.“TUTTOFOOD 2011” ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на сите видови прехранбени производи и тоа:- леб, замени за леб и пекарски производи; ориз, житарки и додатоци; какао, шеќер и засладувачи; кафе; млечни производи; кондиторска индустрија и додатоци; слаткарство; диететска и

храна за бебиња; месо, сувомесни производи, јајца и масла за јадење; свежа и замрзната храна; гастрономија; здрава и органска храна; суровини, полупроизводи и адитиви; вино, алкохолни безалкохолни пијалаци; кетеринг-услуги и др.Идеалниот амбиент за ваков реномиран настан може да биде само Италија, каде што потрошувачката на храна претставува еден од најважните економски извори на земјата, а посебно Милано, кој е познат како светски гастрономски центар. Стопанската комора на Македонија организира заедничка посета на македонски компании на овогодинешното издание на “TUT-TOFOOD 2011”, со организиран авионски превоз и хотелско сместување. Посетата на Саемот ќе се одржи од 7 до 11 мај 2011 година (четири ноќевања), а трошоците за превоз и сместување ги покриваат учесниците. Сите заинтересирани компании своето учество на Меѓународниот саем за храна во Милано, можат да го пријават најдоцна до 6.4.2011 година.Контакт : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 10 до 12 мај 2011 година Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа во Република Србија„SEE AUTO COMPO NET 2011“ ВО КРАГУЕВАЦ

Од 10 до 12 Мај 2011 година во Крагуевац, Република Србија, ќе се одржи Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа „SEE Auto Compo Net 2011“. На овој саем ќе се престават нај еминентните производители, добавувачи, купувачи и корисниците на производите и услуги за производство на компоненти од Србија и Југоисточна Европа. Со неговото повторно одржување овој саем станува централно место на кое учествуваат добавувачи, купувачи и монтажери, производители на опрема и машини заедно со корисниците на производите и услуги за производство, одржување и сервисирање на автомобили и комерцијални возила. Саемот „SEE Auto Compo Net 2011“ ќе се одржи на 1.600 м2 изложбен простор. Саемот ќе трае три дена, при што е планирано во рамките на истиот да се организираат и одржат многубројни манифестации од типот на тркалезни маси, презентации, програм за развој на добавувачите, средби со купувачи и сл. Со учество на оваа манифестација на која производителите на компоненти можат да

Page 42: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО42 четврток, 31 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ги презентираат своите производи, ќе можат да остварат деловно комерцијални резултати. На првиот ден на Саемот ( 10 мај 2011 година) како централен настан се најавува „Средба со купувачите“, што ќе го привлече вниманието на производителите на компоненти од земјата поради можноста за директни деловни средби со производителите од Југоисточна Европа. Исто така, во рамките на саемот ќе се одржи средба на коморите и автомобилските кластери од регионот. Подетални информации може да се добијат во Стопанска комора на Македонија.Контакт:Војкан Николовски,тел.02 3244068E-mail [email protected]

Од 18 до 21.5.2011 година во Република КосовоСАЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА, ТЕХНИКА, ДРВНА ИНДУСТРИЈА „EXPOKOS 2011“ ВО ПРИШТИНА

*За излагачите 10 отсто попуст на саемскиот аранжман *За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезнициСтопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посета намакедонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2011“ во Приштина, Косово.„EXPOKOS 2011“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни

системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна

технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, електроиндустрија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување сертификати на излагачите, а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти.Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до

15 април 2011 година.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Регионалната комора со седиште во Скопје, ве води на Меѓународниот саем за висока технологија во НР Кина, од 18 do 21 мај 2011 година „CHITEC 2011” ВО ПЕКИНГОбезбеден бесплатен штанд за излагачите!

Во периодот од 18 до 21 мај 2011 година, Регионалната комора со седиште во Скопје, во соработката со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за висока технологија “CHITEC 2011”, во Пекинг, Народна Република Кина.Саемот за висока технологија во Пекинг е исклучителен настан во својата област, се простира на површина од преку 60 илјади м2, а на кој преку 2000 организации и компании вообичаено учествуваат секоја година. Саемската манифестација ја посетуваат над 200 илјади луѓе од Кина и од светот.На Саемот се излагаат најновите достигнувања во индустријата на високата технологија, вклучувајќи ја електрониката, комуникациските и информатичките технологии, енергијата и заштитата на животната средина, во биомедицината, технологијата за автомобилската индустрија, индустријата за рециклажа, зелени и иновативни технологии, а присутни се и компании кои бараат инвеститори и вложувања во постојни проекти.Регионалната комора со седиште во Скопје врз основа на својата соработка со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, која е еден од организаторите на Саемот, обезбеди бесплатен штанд за излагачи кои ќе се претстават на колективниот штанд на Стопанската комора на Белград. Покрај тоа, на сите излагачи им се нуди можност за организирање деловни средби со кинески стопанственици и презентација на нивните производи,

идеи, проекти и изнаоѓање на адекватни партнери за соработка.Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2011 година. Пријавниот лист, регистрациониот формулар и програмата може да се преземат од веб-порталот на Комората: www.mchamber.mk

Контакт:Венера АндриевскаТел:02 3244037; Факс:02 [email protected]

Page 43: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 43четврток, 31 март 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 4 до 13 ноември 2011 година во ШвајцаријаСАЕМ ЗА ПРЕХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН * Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за прехрана и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија.

Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови:- бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување;- во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалоци;- за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна;- за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно). „COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа: - месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници;- млеко и млечни производи;- риба; - какао, бонбони, чоколади, сладолед;- брашно и производи од брашно;- диетална, макробиотичка храна;- производители на здрава, био и органска храна;- пакување (хартија, фолија, пластика);- конзервирана храна;- природна минерална и изворска вода;- безалкохолни и енергетски пијалаци;- сокови сирупи и екстрати;- пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво;- вина од сите винарски земји и региони;- вински и овошни ликери, овошни и други ракии;- јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство;- опрема и машини за винарство. Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност на учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбенатаиндустрија. Саемската регионална

манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни) туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMP-TOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 15.3.2011 година.

Контакти:Венера Андриевскател:3244037; факс:3244088E-mail:[email protected]

Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) [email protected]

Page 44: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО44 четврток, 31 март 2011

ИНФОПУЛ Стапи на сила летниот ред на летање од скопскиот аеродромНАЈГОЛЕМ ИНТЕРЕС НА АВИОКОМПАНИИТЕ ЗА ЦИРИХ

Домашните авиокомпании „Мат ервејс“ и „Ерлифт сервис“ од скопскиот Аеродром „Александар Велики“ со летниот ред на летање кој стапи на сила изминатиот викенд, ќе сообраќаат кон десет дестинации. Ќе летаат кон Цирих, Дизелдорф, Рим, Берлин/Хамбург, Копенхаген, Брисел, Амстердам, Виена и Венеција, – објавува МИА.Двете компании за Цирих ќе опслужуваат патници во среда, петок, сабота и во недела, со тоа што авионите ќе им полетуваат еден по друг во утринските термини. „Мат ервејс“ ќе има утрински лет за Цирих и во понеделниците, од 2-16 август и во вторниците. Уште еден лет од 13:20 часот секој вторник компанијата за Цирих ќе има во периодот од 5-26 јули и од 23-27 септември.

„Мат ервејс“ и „Ерлифт сервис“ (ќе почне со летови од 20 април) за Дизелдорф ќе имаат два лета неделно (во среда и во сабота), за Рим во вторник, четврток и во недела, а за Берлин во четврток и во петок. „Мат ервејс“ од 3 мај до 26 јули и од 23 август до 27 септември секој вторник ќе лета и за Копенхаген, а од 9 април до 29 октомври секоја сабота ќе сообраќа до Брисел. Од 23 јуни до 1 септември „Мат ервејс“ ќе лета секој четврток и недела до Виена, а пак, секој петок од 22 април до 24 јуни 2011 година ќе лета до Амстердам. Редовни летови во целиот летен период „Мат ервејс“ ќе има секој вторник и петок и кон Венеција. Најмногу неделни летови од скопскиот аеродорм во летниот ред на летање и` се одобрени на словенечката „Адрија ервејс“, односно 14 на релација Виена-Скопје и обратно. Освен по еден секојдневен лет попладне, „Адрија ервејс“ од понеделник до петок ќе има уште по еден лет во раните утрински часови. Единаесет лета неделно на релација Скопје-Виена ќе има австриската „Аустријан ерлајнс“ со седум лета секој ден во 12:35 часот и во понеделник, среда, петок и недела уште по еден утрински лет во 4:30 часот. Хрватската „Кроација ерлајнс“ ќе биде со 12 лета неделно и секој ден ќе има по еден или по два дневни лета во 6:10 и во 22:30 часот. На компанијата и` се одобрени уште по еден лет во 16:00 часот во понеделниците и во петоците. Од 18 април до 29 октомври „Кроација ерлајнс“ ќе има уште по два утрински лета во понеделник, вторник, петок и сабота, а од 4 мај и по еден попладневен лет во среда. На чешката „Чех ерлајнс“ и се` одобрени 6 летови неделно (освен сабота) за Прага во терминот од 14:15 часот. Српскиот авиопревозник „Јат ервејс“ ќе има секој ден лет за Белград во утринскиот термин во 6:00 часот, а му се одобрени уште четири летови неделно во периодите од 16 мај до 29 октомври. Оваа авиокомпанија од 1 мај до 20 јули и од 17 мај до 30 август ќе лета и до Охрид. Унгарски „Малев“ секој ден неделно има по еден лет во 15:00 часот, но му се одобрени уште четири утрински летови и уште еден лет во четвртоците во периодот од 23 јуни до 13 септември. Турската „Туркиш ерлајнс“ има седум лета неделно во терминот од 13:50 часот. Швајцарската „Еделвајс ер“ која се појави како нова авиокомпанија на скопскиот аеродром со зимскиот ред на летање, продолжува да

лета и со летниот ред на летање. Таа ќе лета секоја среда, петок и сабота за Цирих, а кон оваа дестинација и во недела во периодот од 27 март до 24 април, а од 4 јули до 29 октомври и секој понеделник. Нови авиокомпании што се појавуваат со летниот ред на летање се “Бел ер Јуроп“ која од 16 април до 29 октомври ќе има по два лета во саботите и тоа кон Анкона и кон Рим, а во неделите кон Венеција. Германската “ХЛ ервејс“ ќе лета кон Дизелдорф секоја сабота во периодот од 27 март до 30 април, а авиокомпанијата „Хело ЛТД“ секој петок кон Цирих.

„МАТ Ервајс“ – Скопје АД АПРИЛ ЗА ВЕНЕЦИЈА, БРИСЕЛ И АМСТЕРДАМ „МАТ Ервајс“ информира дека од април со сопствен авион Боинг 737 - 500 ќе почне да лета кон Амстердам, Венеција и Брисел.Секој вторник и петок ќе лета за Венеција, почнувајќи од 8 април, а од 9-ти ќе сообраќа кон Брисел.Од компанијата најавија дека секој петок почнувајќи од 22 април лет ќе има и кон Амстердам.

Електронска распределба на линии во меѓуопштински и меѓународен превоз ЗГОЛЕМЕНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ЈА НАМАЛУВА КОРУПЦИЈАТА

Министерството за транспорт и врски денеска по 4-ти пат изврши електронска распределба на линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот сообраќај. Во предвидениот рок од 1 до 5 март 2011 година аплицирале 99 фирми, кои доставиле 302 апликации, од кои 131 апликација за нови линиии и 36 апликации за промена на постојните линии во меѓуопштински возни редови и 119 апликации за нови линии и 16 за промена на постојните во меѓународните општински линии. Министерството ја објави прелиминарната листа, а конечната ќе биде наскоро објавена. Со вакивиот начин на распределба, како што рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, се зголемува транспарентноста и се намалува корупцијата. - Имплементацијата на овој современ електронски систем, кој во огромна мера е надграден и усовршен, овозможува превозниците да се ослободат од административните процедури за прибирање на потребната документација за аплицирање, како и да се избегнат проблемите при доставувањето на некомплетна документација, рече министерот и додаде дека важно е оти превозниците имаат можност во периодот на траење на огласот во секој момент да аплицираат повеќепати и да ги дополнуваат недополнетите апликации и да вршат нивна промена. Тој додаде дека електронскиот систем на распределба на линии функционира од 2009 година и оти со помош на превозницие тој е надграден и усогласен со нивните потреби.

Page 45: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО 45четврток, 31 март 2011

ИНФОПУЛ - Имаме систем кој целосно е функционален и на многу едноставен начин врши распределба на линиите, истакна Јанакиески, а го цитира МИА.Во распределбата може да учествуваат само компании кои поседуваат лиценци за вршење превоз во патниот сообраќај. Министерот истакна дека од 2009 година кога се воведени лиценците е направена најгоелмата реформа во патниот сообраќај. Лиценцирањето, како што истакна, приоднесе за ставање ред во вршењето на превозот и за конечно селектирање кои превозниците се легални, а кои се „диви“. Досега се издадени 3.100 лиценци, од кои 448 се за вршење на јавен превоз на патници, 76 лиценци за вршење превоз за сопствени потреби на патници, 1978 за јавен превоз на стока и 598 лиценци за вршење превоз на стока за сопствени потреби. Министерот напомена дека во завршна фаза е категориизацијата на автобуските станици. Категоризирани се 25 автобуски станици, од кои седум се со прва категорија, осум се втора категорија, пет се трета и пет автобуски станици се четврта категорија.Како што најави министерот, во наредниот период ќе има акција за одземање возила, со цел елиминирање на нелегалниот транспорт. Како што информира во акција спроведена со МВР, донесени се 30 решенија за одземање возила. Распределбата по електронски пат на линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз е воведена по позитивните ефекти од примената на електронската распределба на ЦЕМТ-дозволите.

„Macedonia Timeless - Food“ првонаграден на фестивалот за туристичка комуникација во БудваНАЈДОБАР СПОТ ВО ТЕЛЕВИЗИСКА ПРОДУКЦИЈА

ТВ спотот „Macedonia Timeless - Food“ на македонската агенција „Република“ ја доби првата награда во категоријата телевизиска продукција на Меѓународниот фестивал за туристички комуникации што во изминатите два дена се одржа во Будва.На фестивалот се натпреваруваа над 80 проекти од Словенија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Црна Гора. Покрај тие од телевизиската продукција, се оценуваа и проектите во категориите печат, веб, настани, иновации.

Гран при наградата и припадна на хрватската агенција Кухариќ Матош за кампањата Atlas Airtours Ski. Меѓународното жири го сочинуваа еминентни имиња од областа на огласувањето и туризмот во регионот: Иво Лауренчиќ од Македонија, Иван Станковиќ од Србија, Едвин Јурин од Хрватска, Јиржи Хајек од Чешка и Александар Ланг од Бугарија.

Во струмичко годинава ќе се наводнуваат над 2000 хектариВРНЕЖИТЕ ГИ НАПОЛНИЈА БРАНИТЕ Во вештачките акумулации во струмичкиот регион „Турија“, „Водоча“, „Иловица“ и „Новоселка“ има доволно вода за реализирање на планот за наводнување на земјоделските посеви во текот на оваа година. Браните се наполнија од врнежите што

паднаа во последните два-три месеци, што, според земјоделските стручњаци, претставува гаранција за сигурно водоснабдување на населените места и на системите за наводнување, – објавува ИА.

Како што е предвидено со Програмата на водостопанското претпријатие „Струмичко Поле“, годинава од браната „Турија“ ќе се наводнуваат околу 1500 хектари под зеленчук и други земјоделски култури, за што ќе бидат потрошени близу 13,5 милиони кубни метри вода, а уште пет милиони кибици се наменети за редовно снабдување со вода за пиење на населението од општините Струмица и Василево.Од втората по големина акумулација „Водоча“, за наводнување на планираните 450 хектари обработливи површини ќе бидат потребни 6,5 милиони кубни метри вода, а од „Иловица“ и „Новоселка“ вкупно ќе се наводнуваат 65 хектари земјоделски посеви. Во овие системи се планирани и потребните количини вода за регионалните водоводи во општините Босилово и Ново Село.

Обележување на такси-станиците во СкопјеЈП „Улици и патишта” ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ТАКСИ – СТАНИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ

Екипи на ЈП „Улици и патишта” деновиве вршат обележување на такси-станиците на улиците во Скопје. Обележувањето се изведува со жолта боја и досега се означени 21 такси-станица во општините Центар, Гази Баба и Аеродром, соопшти Град Скопје. Според Одлуката за такси-превоз и проектот за работа на Град Скопје, предвидено е да бидат обележани вкупно 132 такси-станици.

По завршувањето на хоризонталното обележување, ќе се поставува и вертикална сигнализација на секоја од овие локации, односно за секоја такси-станица ќе постои и сообраќаен знак на којшто ќе стои името, бројот на паркинг места и амблем на Град Скопје.

Page 46: Бизнис ИНФО број 47 од 31.03.2011 година

БИЗНИС ИНФО46 четврток, 31 март 2011

Компанија од Црна Гора заинтересирана е за купување на овошни садници (зизипхус јујуба) набавка на саксии за цвеќе ,компост,пестициди

како и да ангажира сезонски работници за работа во пластениците во Подгорица од

Република МакедонијаВалидност до:18.12.2011

Компанија од Црна Гора бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

маслинови саднициВалидност до:18.09.2011

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ламинат

Валидност до:21.07.2011

Грчка компанија бара соработка со компании во Република Македонија во областа на

заштеда на енергија преку соларни системи, воспоставување на системи за ладење,

греење и осветлување во домаќинстата, комерцијалните и индустриските објекти

Валидност до:28.06.2011

Компанија од Англија бара соработка со производители на керамиди од Република

МакедонијаВалидност до:28.06.2011

Чешка компанија нуди хемиски производи,калциум хлорид,калциум

карбонат,водено стакло,силикатни хемикалии и др

Валидност до:31.05.2011

Чешка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на храна

за добиток и домашни миленичињаВалидност до:31.05.2011

Македонска компанија нуди услуги во репарирање на трансформатори и

електромашиниВалидност до:31.12.2011

Македонска компанија нуди инструменти и апарати за мерење, контрола, испитување,

управување и други намени, освен опрема за индустриска процесна контрола

Валидност до:31.12.2011

Турска компанија бара дистрибутер на современа медицинска апаратура наменета

за уролошки клиникиВалидност до:1.07.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

електронски мерни инструменти кои се употребуваат во медицината и лабараторииинкубатори,стерилизатори,дистилатори,ми

ксер,апарати за дестилирање на вода,опрема за

фототерапијаВалидност до:1.07.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на 100%

акрил предиво за плетење и ткаење- 100% ПП конец за ткаење теписи

- 50% памук + 50% акрил (ЦОТОНЕЛ)- 50% акрил + 50% вискоза

- предива и мешавина од акрилВалидност до:1.07.2011

Германски интердисциплинарен центар за специјалистички прегледи во неврохирургија,ортопедија,траумо-хирургија,неврологија

и физикална терапија за лекување на спинални и зглобни болести бара соработка

со здравствени клиники од Република Македонија

Валидност до:1.07.2011

Романска компанија бара да откупува македонско вино за потребите во 2011 година

5.000.000 литри бело и црвено виносо следните карактеристики:

бело вино околу 2.000.000 литри ферментирано но под контролирана

температура свежо, богато по вкус ,арома и мирис минимум 11,5% алкохол

Црно вино 3.000.000 литри индекс на бојата најмалку 7-8 пуени минмум 11.5% алкохол,

бараат достава на мостри и по нивната анализа на мострите се заинтересирани да ги

посетат сите винарии за идна соработкаВалидност до:2.12.2011

Македонска компанија бара соработка со партнери од Европа за пласман на

производство на брановидна хартија и картон и амбалажа од хартија и картон

Валидност до:2.12.2011

Германска компанија бара соработка со македонски производители на овошно и

зеленчуково пире/кашаВалидност до:2.12.2011

Бугарска компанија нуди шпедитерски и логистички услуги во патниот, морскиот и воздушниот сообраќај на македонски

извозници и увознициВалидност до:3.07.2011

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пламан на

изолациони материјали камена и минерална вода,ЕPS плочи за фасада,водоотпорни фолии

Валидност до:21.09.2011

Хрватска компанија бара ексклузивен застапник и дистрибутер во Република

Македонија за увоз и продажба на пиво,пенливи вина,вина и други алкохолни и безалкохолни пијалоци произведени во

Германија,Франција и ИталијаВалидност до:23.04.2011

Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на козметички препарати,шампони и други

материјали за естетикаВалидност до:23.08.2011

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на апарати

и жица за заварувањеВалидност до:23.07.2011

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман

на заштитна опрема ХТЗ, ракавици, одела,заштитни чизми,комбинизино против

хемикалии и др.Валидност до:23.08.2011

Компанија од Албанија бара фирма од дрвната индустрија во Република Македонија

за изработка на дрвени корици за мени во ресторан контакти Elida Subashi

Client Service, Pinguli & Jorganxhi Adver�sing+355 67 20 833 30

Валидност до:23.06.2011

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема и технологија за сеча и дробење на отпадно

дрво за домаќинствата, комерцијален ,индустриски отпад и органски отпад за

рециклирањеВалидност до:25.09.2011

Компанија од Германија бара соработка во областа на сточарството во Република

Македонија за увоз на приплоден добитокВалидност до:25.09.2011

Компанија од Америка производител на медицински уреди за здравствениот сектор бара соработка со македонски компании

кои дистрибуираат лекови, односно бараат пласман на најнов производ MEDPOD уред

за навремено користење на лекови од страна на пациентите кои имаат тешки и хронични

болестиВалидност до:25.09.2011

Компанија од Индија заинтересирана е да инвестира во изградба на Спа Центар во

Република МакедонијаВалидност до:28.12.2011

Компанија од Индија заинтересирана е да инвестира во градежништвото во Република

МакедонијаВалидност до:28.12.2011

Германска компанија заинтересирана е за био производство на житни

култури,малини,боровинки и др. видови на овошје во Република Македонија

Валидност до:28.12.2011

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал

www.mchamber.mkКонтакт:

Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски