проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

26
Договор за депозит Поим, основни белези и видови на договори за депозит Најпрво под поим на договор се подразбира согласност на волји со кој настануваат се менуваат и престануваат граѓанско правните односи кои настануваат помеѓу субјектите. Таков е и договорот за депозит кој подразбира договор со кој примачот на депозит се обврзува да го прими предметот од давачот на депозит да го чува и да го врати тогаш кога давачот на депозитот ке го побара. Договорот за депозит е кнсензуален договор и се склучува во моментот кога страните ке постигнат согласност за тоа дека примачот на депозит се обврзува да го прими предметот на давачот на депозит, да го чува и да го врати кога давачот на депозитот ке го побара. Како и секој договр и договорот за депозит си има свои суштествени елементи кои го карактеризираат како посебен вид на договор и по кој се разликува од другите видови договори. Суштествени елементи на договорот за депозитот се : предметот на депозитот, времето на траењето и надоместот за чувањето , доколку таков е договорен. Од овде може да се заклучи дека всушност договорот за депозит повеќе не претставува реален договор, односно договор за чие настанување, покрај постигнувањето на согласноста за волјите за чување на предметот, беше потребно и предавање на предметот на примачот на депозитот. Разликата е во тоа што сега предавањето на предметот претставува акт на исполнување на договорот, а не акт на склучување на договорот. Како карактеристики кои го издвојуваат од другите договори тоа што тој е консензуален договор што всушност значи дека се склучува во моментот во кој примачот и давачот на депозит постигнале согласност за неговите суштествени елементи. Исто така тој претставува двострано обврзувачки договор затоа што од него за двете страни произлегуваат права и обврски.Неговиот предмет може да биде само подвижна ствар. Како предмет на овој договор неможе да бидат недвижности, или пак права.Од подвижните предмети што можат да бидат предмет на договорот за депозит можат да бидат заменливи и незаменливи, потрошни и непотрошни, но новина е тоа што можат како предмет да се јават и идните премети, со тоа што со нивното ненастапување се смета дека договорот е раскинат поради тоа што неможе да биде исполнет. Договорот за депозит е траен договор бидејќи секогаш постои време во кое

Upload: darko-bajalski

Post on 28-Jul-2015

352 views

Category:

Documents


5 download

TRANSCRIPT

Page 1: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

Договор за депозит

Поим, основни белези и видови на договори за депозит

Најпрво под поим на договор се подразбира согласност на волји со кој

настануваат се менуваат и престануваат граѓанско правните односи кои настануваат

помеѓу субјектите. Таков е и договорот за депозит кој подразбира договор со кој

примачот на депозит се обврзува да го прими предметот од давачот на депозит да го

чува и да го врати тогаш кога давачот на депозитот ке го побара. Договорот за депозит

е кнсензуален договор и се склучува во моментот кога страните ке постигнат

согласност за тоа дека примачот на депозит се обврзува да го прими предметот на

давачот на депозит, да го чува и да го врати кога давачот на депозитот ке го побара.

Како и секој договр и договорот за депозит си има свои суштествени елементи кои го

карактеризираат како посебен вид на договор и по кој се разликува од другите видови

договори. Суштествени елементи на договорот за депозитот се : предметот на

депозитот, времето на траењето и надоместот за чувањето , доколку таков е договорен.

Од овде може да се заклучи дека всушност договорот за депозит повеќе не претставува

реален договор, односно договор за чие настанување, покрај постигнувањето на

согласноста за волјите за чување на предметот, беше потребно и предавање на

предметот на примачот на депозитот. Разликата е во тоа што сега предавањето на

предметот претставува акт на исполнување на договорот, а не акт на склучување на

договорот.

Како карактеристики кои го издвојуваат од другите договори тоа што тој е

консензуален договор што всушност значи дека се склучува во моментот во кој

примачот и давачот на депозит постигнале согласност за неговите суштествени

елементи. Исто така тој претставува двострано обврзувачки договор затоа што од него

за двете страни произлегуваат права и обврски.Неговиот предмет може да биде само

подвижна ствар. Како предмет на овој договор неможе да бидат недвижности, или пак

права.Од подвижните предмети што можат да бидат предмет на договорот за депозит

можат да бидат заменливи и незаменливи, потрошни и непотрошни, но новина е тоа

што можат како предмет да се јават и идните премети, со тоа што со нивното

ненастапување се смета дека договорот е раскинат поради тоа што неможе да биде

исполнет. Договорот за депозит е траен договор бидејќи секогаш постои време во кое

Page 2: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

предметот треба да се чува, без разлика колку е кратко тоа време. Надоместот кај

договорот за депозит не претставува суштествен елемент на договорот, бидејќи тој

може да се склучи и како ненаплатен договор односно договор без надоместок. Во

други случаи надоместот може да се јави како награда или пак како покритие за

издатоците што ги имал примачот на депозитот за време кога предметот бил кај него.

Кога сме кај надоместот мора де се напомене дека примачот на депозит нема право на

надомест за својот труд освен ако примачот се занимава со примање предмети на

чување, и во друг случај кога надоместот можел да се очекува со оглед на околностите

на работата.

Договорот за депозит во нашата правна литература познава и посебни

подвидови како што се договорот за невистински депозит, депозит во нужда и

угостителскиот депозит. Во деловното право , од договорот за депозит се развиле и

посебни договори како што е складирањето, банкарските парични депозити, и

депонирањето на хартии од вредност. Во практиката е познат и случајот кога како

давач на депозит се јавува лице кое не е сопственик на предметот. Примачот на

депозитот во овој случај е должен да го прими предметот а може да го врати само во

случај ако дознае или можел да дознае дека предметот е украден.

Обврски на примачот на депозит

Како основна обрска на примачот се наведува дека претставува обврската за

чување и известување и враќање на предметот.

Примачот на депозит е должен да го чува предметот како свој сопствен, а ако е со

надомест, како добар стопанственик, односно добар домаќин.

Ако се договорени местото или начинот на чување на предметот, примачот на депозит

може да ги промени само ако го бараат тоа променетите околности, инаку ќе одговара

и за случајно пропаѓање или оштетување на предметот.

За сите промени што би ги забележал на предметот и за опасностите да биде оштетен

на кој и да е начин. Примачот на депозит е должен да го извести давачот на депозитот.

Преку ова можат да се утврдат основните обрски на примачот на депозит кои се

состојат во обврска за прием на предметот, обврска за чуавање и известување и

обврска за враќање на предметот. Обврската за чување на предметот се состои

Page 3: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

всушност, во редовно одржување на супстанцијата на предметот согласно неговата

природа, како и воздржување од употреба на предметот. Вниманието кое треба го

посвети примачот на депозит, се изедначува со вниманието кое што тој го посветува во

чување на сопствените предмети а ако предметот е со надомест, тогаш тој треба да

посвети внимание во чувањето како добар стопанственик. Чувањето на предметот не

мора секогаш да се состои само во пасивно набљудување , туку понекогаш може да се

состои и во активни дејствија, како што е на пример прегледување на состојбата на

предметот , негово чистење, проветрување, преточување, полевање, исхрана и. т. н.

Ако не го извести давачот на депозитот за сите промени што ги забележал на

предметот и за опасностите да биде оштетен да биде оштетен на кој и да е начин,

примачот на депозит може да одговара бидејќи не ја извршил таа своја должност.

Предавање на предметот на чување на друг

Примачот на депозит не може без согласност од давачот на депозит,

предметот што му е доверен да го предаде на друг да го чува, инаку одговара и за

неговото случајно пропаѓање или оштетување. Примачот на депозит, доколку не е

договорено лично да го чува предметот односно доколку договорот за чување не е

склучен со оглед на личните својства на примачот на депозит, може да го организира

чувањето на предметот и преку трети лица, за чиј избор тој одговара, односно одговара

и за лицата кои по негов налог биле анагажирани околу чување на предметот, исто

како да сам го извршил тоа чување. Меѓутоа, доколку предметот е даден на чување на

трето лице без согласност од давачот на депозит или без нужда, тогаш тој одговара

каузално, и за случајното пропаѓање или оштетување на предметот. Секако, тогаш

примачот на депозит може да се ослободи од одговорноста ако докаже дека случајното

пропаѓање или оштетување би настапиле и доколку го предал предметот на чување на

друго лице.

Употребување на предметот

Примачот на депозитот нема право да го употребува предметот што му е

доверен на чување.Во случај на недозволена употреба на предметот, примачот на

депозит му должи на давачот на депозит соодветен надомест и одговара за случајното

Page 4: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

пропаѓање или оштетување на предметот што би се случиле при тоа. Кога е даден во

депозит некој непотрошен предмет и на примачот не депозит му е дозволено да го

употребува, тогаш врз односите на договарачите се применуваат правилата за

договорот за послуга а само прашањата на местото на враќање на предметот се суди

според правилата за договорот за депозит, ако договарачите не определиле нешто

друго во тој поглед.

Веќе беше истакнато дека чувањето на предметот, кај договорот за депозит,

претставува суштествена обврска на примачот на депозит, односно овој договор се

склучува токму со цел доверениот предмет да се чува, без овластување на употреба на

преметот.Чувањето на предметот се јавува како споредна обврска и кај закупот и кај

послугата, кои се склучуваат пак токму заради користење и употреба на туѓи предмети.

Примачот на депозит нема право да го употребува предметот што му е доверен на

чување и дека одговара ако го употребува предметот и од случајно пропаѓање или

оштетување на предметот што би се случиле при тоа.

Во случај кога на примачот на депозит му е дозволено да го употребува

предметот, настапува мешовит договор , па се применуваат правилата за послуга, па

само прашањата на времето и местото на враќање на предметот, се суди според

правилата за договорот за депозит. Меѓутоа во овој случај договарачите можат да

договорат и нешто друго во таков случај на пример, примачот на депозит да плаќа

надомест за употребата на предметот, во кој случај имаме и договор во кој се

помешани елементите и од договорот за закуп. Од елементите на договорот за послуга,

на пример во овој случај може да дојде предвид и одредбата за начинот на користење

на предметот, така што, доколку со договорот не е определен начинот на користење на

предметот кој се дава на послуга, послугопримачот може да го користи предметот на

начин кој одговара за неговата природа и намена. Во тој случај послугопримачот ги

поднесува трошоците на тековно , редовно одржување на предметот земен на послуга,

а ризикот од случајно пропаѓање на на предметот или оштетување го поднесува

послугодавашот , односно давачот на депозит.

Употребување и предавање на предметот на друг

Кога примачот на депозит без согласност од давачот на депозит и без нужда

спротивно со договорот го употребува предметот, го менува местото или начинот на

Page 5: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

неговото чување, или кога предметот ќе му го предаде на чување на друго лице на

друго лице , тој не одговара за случајното пропаѓање или оштетување на предметот до

кои би дошло и да постапувал во согласност со договорот.

Враќање на предметот

Примачот на депозит е должен да го врати предметот штом че го побара давачот

на депозит и тоа со сите плодови и други користи од предметот.

Ако е определен рокот за враќање на предметот, давачот на депозит може да

побара предметот да се врати и пред истекот на рокот, освен кога рокот не е договорен

исклучиво во интерес на давачот на депозит.

Враќањето се црши во местото на предавањето на предметот на примачот на

депозит, ако се договорот не е определено некое друго место, во кој случај примачот на

депозит има право на надомест на трочоците за пренос на предметот. Обврската за

враќање на предметот значи враќање токму на оној предмет што бил предаден на

чување и тоа во онаа состојба во која е примен при што се земаат предвид

истрошеноста на предметот поради протекот на времето, односно и поради неговата

употреба доколку таквата е договорена.

Права на примачот на депозит

Примачот на депозит има право да бара од давачот на депозит да му ги

надомести трошоците оправдано направени заради зачувување на пердметот, како и

штетата што ја имал поради депозитот.

Оббрската за надомест на трошоците постојат без оглед на тоа дали било

договорено, или не било договорено. Исто така заради надоместување на овие

трошоци, не е од значење дали депозитот е бесплатен или наплатен. Примачот на

депозит има право на оние трошоци кои се оправдано направени заради зачувување на

предметот, што значи трошоци, кои според вообичаениот тек на предметите и

настаните биле потребни за чување на предметот. Товарот на докажување дека се

сотрени оправадани трочоци и височината на тие трошоци паѓа на примачот на

депозитот. Примачот на депозит има право да бара од давачот на депозит и да му ја

ндомести штетата што ја имал поради депозитот. Со законот за облигациони односи не

е прецизирано на надоместот на која штета има право примачот на депозит па тоа

Page 6: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

прашање се цени од случај до случај. Во секој случај доколку примачот на депозит му

е причинета штета поради опасните својства на предметот примен на чување, а

примачот на депозит не бил запознат со тие опасности тој има право да бара

надоместување на таквата штета од давачот на депозитот.

Надомест

До колку е предвиден или пропишан надомест , неговата висина се определува

според договорот, или според тарифата на примачот на депозит доклоку се работи за

примач на депозит кој се занимава со примање предмети на чување.

Враќање на предметот во случај на бесплатен депозит

Примачот на депозит кој се обврзал бесплатно да го чува предметот

определено време може да му го врати на давачот на депозит пред истекот на

договорениот рок ако на самиот предмет би му се заканувала опасност од пропаќање

или оштетување, или ако неговото натамошно чување би можел да му причини штета.

Ако рокот не е договорен примачот на депозит може во секое време да се

откаже од договорот но должен е на даваќот на депозит да му определи примерен рок

за преземање предметот.

Полагање и продажба на предмет што се должи

Полагање во суд

Кога доверителот е во задоцнување или е непознат, или кога е неизвесно кој е

доверител или каде се наоѓа, или кога доверителот е деловно неспособен а нема

застапник, должникот може да го положи предметот што го должи кај судот за

доверителот.

Истото право го имаат и трети лица кои се правно заинтересирани да биде

исполнета обврската.

За извршеното полагање должникот е должен да го извести доверител-от ако

знае за него и неговото престојувалиште.

Page 7: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

Врз основа на горенаведените услови должникот може да изврши полагање на

предметот во суд што го должи само до-колку самиот презел претходно се што е

потребно и ако бил спремен својата обврска да ја изврши на редовен начин, односно

како што било предвидено но во тоа бил спречен од причини за коишто тој не може да

биде виновен. Полно-важно полагање во суд на предметот што се должи може да се

изврши само ако се исполнети овие претпоставки:

- доверителот да е во задоцнување, (Доверителот паѓа во задоцнување ако

без основана причина одбие да го прими исполнувањето или ако го спречи во

своето однесување. Доверителот паѓа во задоцнување и кога е готов да го

прими исполнувањето на должниковата исто-времена обврска, но не нуди

исполнување на својата стасана обврска. Доверителот не паѓа во

задоцнување ако докаже дека во време на понудата за исполнување, или во

времето определено за исполнување, должникот не бил во можност да ја

исполни својата обврска.), но полагање може да се изврши и кога

доверителот ќе одбие да издаде признаница за исполнувањето(Ако

доверителот одбие да издаде признаница, должникот може да го положи

кај судот предметот на својата обврска.);

- доверителот да е непознат, односно не се знае кому ми припаѓа поба-

рувањето со што должникот е доведен во ситуација, во невозможност

уредно да ја исполни својата обврска (во настанат спор во врска со

претходно наведеното товарот на докажувањето дека довери-телот бил

непознат паѓа исклучиво на должникот);

- неизвесно е кој е всушност доверител, постојат повеќе лица кое секое за себе

тврди дека е доверител на определено побарување па со ова кај должникот

се ствара несигурност за тоа кому треба да му го извр-ши исполнувањето;

- должникот не знае каде се наоѓа доверителот, на пример кога страни-те се

имаат договорено обврската на должникот да биде исполнета та-му каде што

доверителот се наоѓа во време кога треба обврската да се исполни, но

доверителот не се најде во тоа време и на тоа место, а ниту пак за ова не го

извести должникот;

- доверителот е деловно неспособен, а нема застапник, но за ова посто-јат

исклучоци (Исполнувањето извршено на деловно неспособен до-верител го

ослободува должникот само доколку било корисно за доверителот или

Page 8: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

предметот на исполнувањето уште се наоѓа кај него.Деловно неспособниот

доверител може, откако ќе стане деловно способен, да го одобри

исполнувањето што го примил во вре-ме на својата деловна неспособност.);

Сите претходно наведени претпоставки се алтернативни а не кумулатив-ни така

што доволно е да постои само една од нив за да во тој случај должникот може да ја

изврши својата обврска со полагање на предметот во суд. Но, во врска со ова секако

треба да се земе во предвид дека предметот на обврската треба да биде подобен за да

може да се положи во суд, односно не треба да зазе-ма многу простор, да не се рабори

за расиплива стока (по правило во суд нај-често се депонираат пари, хартии од

вредност, накит, слики и други слични предмети). Во случај кога се работи за предмети

коишто не можат да се чуваат во суд, тогаш ќе се постапи според одредбите на чл.318

од Законот за облигаци-они односи ( Кога предмет на обврската е некој предмет кој

не може да се чува во судски депозит, должникот може да бара од судот да определи

лице на кое ќе му го предаде предметот да го чува на трошок и за сметка на

доверителот. Во случај на обврска од договор во стопанството, предавањето на

таков предмет на чување во јавен склад за сметка на доверителот произ-ведува

дејство на полагање кај суд. За извршеното предавање на чување дол-жникот е

должен да го извести доверителот.), односно предметот ќе се даде на чување на друго

лице под условите пропишани во претходно наведениот член. Според одредбата од

ставот 2 на овој член правото на полагање под исти-те услови како и должникот го

поседуваат и трети лица (Обврската може да ја исполни не само должникот, туку и

трето лице. Доверителот е должен да прими исполнување од секое лице кое има некој

правен интерес обврската да биде исполнета дури и кога должникот му се противи

на тоа исполнување. Доверителот е должен да прими исполнување од трето лице ако

должникот е согласен со тоа, освен кога според договорот или природата на самата

обврска не треба да ја исполни должникот лично. Доверителот може да прими испол-

нување од трето лице без знаење на должникот, па и во случај кога должникот го

известил дека не се согласува да ја исполни неговата обврска од третото лице. Ако

должникот му понудил сам да ја исполни веднаш својата обврска, доверителот не

може да го прими исполнувањето од трето лице.) коишто имаат правен интерес да

биде исполнета обврската. Трети лица кои не-маат правен интерес да биде исполнета

обврската, не можат да извршат пол-новажно депонирање односно полагање на

Page 9: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

долгованиот предмет во суд. Кога се исполнети условите од чл.423(За неделивите

обврски во кои има повеќе должници сообразно се применуваат прописите за

солидарните обврски. Кога во неделивата обврска има повеќе доверители меѓу кои не

е ниту договорена ниту со закон определена солидарност, еден доверител може да

бара должникот да му ја исполни нему само ако е овластен од другите доверители да

го прими исполнувањето, а инаку секој доверител може да бара од должникот да им

ја исполни обврската на сите доверители заедно или да ја положи кај суд)полагање на

долгованиот предмет во суд може да дојде и во слу-чај кога се работи за неделива

обврска. Други случаи на полагање на предметот кога не постои задоцнување на

доверителот се предвидени во договорот за купопродажба според чл.508 ( Кога поради

задоцнување на купувачот ризикот преминал врз купувачот пред предавањето на

предметот, продавачот е должен да го чува предметот со внимание на добар

стопанственик, односно добар домаќин и за таа цел да ги преземе потребните мерки.

Истото важи и за купувачот кога предметот му е врачен, а тој сака да му го врати

на продавачот, било поради тоа што го раскинал договорот, било поради тоа што

барал друг предмет наместо него. И во едниот и во другиот случај договарачот кој е

должен да ги преземе мерките за зачувување на предметот има право на надомест на

трошоците потребни заради зачувување на предметот), односно чл.510

(Договорната страна која, според претходните одредби, е должна да преземе мерки

за зачувување на предметот може, под условите и со последиците наведени во

одредбите на овој закон за полагањето кај судот и за продажбата на предметот

што се должи, да го положи кај суд, да го предаде на чување на некој друг или да го

продаде за сметка на другата страна.), а исто така и кај договорот за превоз според

чл.726 (Со преземањето на пратката и товарниот лист ако е издаден, примачот се

обврзува да му го исплати на превозникот надоместот за превозот, ако во договорот

за превоз или во товарниот лист не е определено нешто друго, како и да му ги

исплати сумите со кои е оптоварена пратката. Ако примачот смета дека не е

должен да му исплати на превозникот онолку колку што бара тој, тој може да ги

врши правата од договорот само ако кај судот го положи спорниот износ.) или кога

се работи за продажба на заложен предмет поради што тој е изложен на расипување

или губење на вредноста.

Како што напоменавме претходно долѓникот за извршеното полагање ако знае

за доверителот и неговото престојувалиште е должен да го извести. Во случај кога ова

Page 10: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

известување ќе го допушти должникот одговара за пречинетата штета според

одредбите од чл.257 (Договорната страна која е должна да ја извести другата

страна за фактите што се од влијание врз нивниот меѓусебен однос, одговара за

штетата што ќе ја претрпи другата страна поради тоа што не била известена на

време.). Кога доверителот е малолетен, а нема закон-ски застапник во тој случај судот

може да му постави привремен застапник кој ќе биде известен за полагањето на

предметот. Обврската за известувањето секако терба да ја исполнат и третите лица кои

вршат полагање на предметот, кога има правен интерес за исполнувањето на

обврската. Полагањето на предметот во суд се врши според одредбите на Законот за

вонпарнична постап-ка, притоа судот не е должен да испитува дали се исполнети сите

услови кои се предвидени за такво полагање туку дејствието на полагањето во случај

на спор ќе го решат меѓу себе должникот и доверителот.

Надлежен суд за полагање

Полагање се врши кај стварно надлежниот суд во местото на исполну-вањето,

освен ако причините на економичноста или природата на работата бара-ат полагањето

да се изврши во местото каде што се наоѓа предметот.

Секој друг стварно надлежен суд мора да го прими предметот во депо-зит, а

должникот е должен да му даде надомест на доверителот ако овој со пола-гањето кај

друг суд претрпел штета.

Врз основа на Законот за судовите, основните судови се овластени да примаат

предмети што се положуваат во суд, по правило судот во местото на исполнувањето,

но секој друг основен суд мора да го прими предметот во депо-зит. Во случај кога

доверителот претрпел штета со тоа што предметот од страна на должникот е положен

кај друг суд, вториот е должен на доверителот да му исплати соодветен надомест.

Должникот е должен да ја исполни обврската, а доверителот да го прими

исполнувањето во местото определено со правната ра-бота или со закон. Кога местото

на исполнувањето не е определено, а не може да се определи ни според целта на

работата, природата на обврската или други-те околности, исполнувањето на обврската

се врши во местото во кое дол-жникот во време на настанувањето на обврската имал

свое седиште, односно живеалиште, а во недостиг на живеалиште, свое

Page 11: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

престојувалиште. Ако должник е правно лице кое има повеќе единици во разни места,

како место на исполнување се смета седиштето на единицата што треба да ги изврши

дејствијата неопходни за исполнување на обврската, ако на доверителот таа околност

при склучувањето на договорот му била позната или морала да му биде позната. Тој

што ќе исполни обврска наполно или делумно има право да бара доверителот да му

издаде признаница за тоа. Должник кој исплатил парична обврска преку банка или

пошта, може да бара доверителот да му издаде признаница само ако за тоа има

оправдана причина. Ако е издадена признаница дека наполно е исплатена главнината,

се прет-поставува дека се исплатени и каматите и судските и други трошоци, ако ги

имало. Исто така, ако должникот на повремени давања, како што се закуп-нините и на

други побарувања кои повремено се пресметуваат, како што се оние што настануваат

со трошење на електрична енергија, или вода, или со употреба на телефон, има

признаница дека го исплатил подоцна стасаното побарување, се претпоставува дека ги

исплатил и оние што стасале порано.

Полагањето на предметот во суд се уредува и со Законот за вонпарнична

постапка, според кој во судски депозит можат да се дадат пари, благородни ме-тали,

хартии од вредност и други исправи кои можат да се претворат во пари, скапоцености

и други предмети изработени од благородни метали. Во предло-гот за примање во

судски депозит предлагачот е должен да го означи предметот што се полага во депозит,

лицето во чија полза го врши депонирањето и причи-ните за депонирањето, а по

потреба за тоа ќе приложи и доказ, а судот ќе го от-фрли предлогот ако оцени дека не

се исполнети условите за примање на пред-метот во депозит. Ако лицето во чија

корист е предаден предметот, односно де-понентот, откако ќе бидат редовно повикани

да го подигнат предметот во рок од десет години ако не го подигната судот ќе утврди

дека предметот поминал во сопственоцт на државата.

Предавање на предметот на чување на друго лице

Кога предмет на обврската е некој предмет кој не може да се чува во суд-ски

депозит, должникот може да бара од судот да определи лице на кое ќе му го предаде

предметот да го чува на трошок и за сметка на доверителот.

Page 12: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

Во случај на обврска од договор во стопанството, предавањето на таков предмет

на чување во јавен склад за сметка на доверителот произведува дејство на полагање кај

суд.

За извршеното предавање на чување должникот е должен да го извести

доверителот.

Според овие одредби до предавањ ена предметот на чување на друго ли-це

може да дојде кога предметот на обврската е предмет којшто не може да се чува во

судски депозит. Доверителот може да побара од судот да определи лице и да му го

предаде предметот на тоа лице на чување на трошок на доверителот. Во случај кај

договорите во стопанството чувањето на предмети се врши во јав-ни складишта исто

така на сметка на доверителот, но разлика е тоа што не треба да се бара судот да издаде

решение за тоа. Субјектите коишто ги наведовме на коишто може да им биде предаден

предметот на чување имаат еднакви обврски како чувари на предметот по основ на

договор за депозит, односно по основ на договорот за складирање. Тие лица имаат

право на надомест на трошоците за чување и право на соодветна награда. И во овие

случаи како што наведовме претходно останува обврската на должникот да го извести

доверителот, со цел доверителот да биде запознат со времето во кое должникот ја

исполнил обврската.

Враќање на положениот предмет

Должникот може да го земе назад положениот предмет.

За земањето на предметот должникот е должен да го извести доверителот.

Правото на должникот да го земе положениот предмет престанува кога

должникот ќе изјави на судот дека се откажува од тоа право, кога доверителот ќе

изјави дека го прима положениот предмет, како и кога ќе биде утврдено со правосилна

судска одлука дека полагањето ги исполнува условите на уредно исполнување.

Одредбава се однесува на полагање на предметот во суд, така и при пре-

давањето на чување на предметот на друго лице, притоа долѓникот не мора да наведе

причини ниту пак да исполни било какови претпоставки за да може да го оствари

правото да го врати предметот. Должникот треба да го извести за тоа доверителот за

Page 13: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

враќањето на положениот предмет, во спротивно може да му причини штета. Со

земањето на предметот назад должникот ќе биде должен да ги надомести трошоците за

чување на предметот на судот, односно на друго ли-це во кој случај се применуваат

правилата од договорот за депозит. Правата на должникот да го врати положениот

предмет престанува со тоа што тој ќе изјави на судот дека се откажува од тоа право, а

таква изјава тој може да даде при полагањето на предметот во судот, но и подоцна.

Исто така кога доверителот ќе изјави дека го прима положениот предмет, се смета дека

доверителот го смета положениот предмет за свој, па на должникот не му припаѓаат

натаму никакви права врз тој предмет. Ваквата изјава на доверителот од друга страна

има за последица полагањето на долгованиот предмет да има во сезначење на

полноважно исполнување на обврската. Како трет случај кога правото на должникот да

го земе положениот предмет престанува е кога ќе биде утврдено со правосилна одлука

дека полагањето ги исполнува условите на уредно испол-нување. Тужба во оваа смисла

може да поднесе должникот и да бара да се доне-се пресуда дека полагањето на

долгованиот предмет кај судот ги исполнува сите потребни услови за да тоа доведе до

престанок на должниковата обврска. Ако има правен интерес должникот може ваква

тужба да поднесе и пред да настане спор меѓу страните, но ваква пресуда може да биде

донесена и по барање на до-верителот во смисла да се утврди дека полагањето на

предметот не е уредно и нема дејство на исполнување на обврската на должникот.

Дејство на полагањето

Со полагањето на предметот што го должи должникот се ослободува од

обврската во моментот кога го извршил полагањето.

Ако должникот бил во задоцнување, неговото задоцнување престанува.

Од моментот кога предметот е положен, ризикот од случајно пропаѓа-ње или

оштетување на предметот преминува врз доверителот.

Од денот на полагањето престанува да тече каматата.

Ако должникот го земе назад положениот предмет ќе се смета како да немало

полагање, а неговите содолжници и гаранти остануваат во обврска.

Page 14: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

Откако полагањето на предметот ќе ги исполни сите пропишани услови коишто

беа наведени во претходните одредби, полагањето ги предизвикува сите правни дејстав

предвидени за исполнување на должниковата обврска. Во оваа одредба се пропишани

дејства на полагањето што ги има должникот освен што е пропишано дека во случај на

пропагање или оштетувањње на предметот, преминува врз доверител. Други дејства на

полагањето кои се однесуваат на до-верителот се:

- сопственоста на депонираниот предмет преминува врз доверителот во

моментот кога предметот е положен;

- од моментот кога е известен за полагањеето на предметот доверителот може да

го земе предметот и со него да располага

- ако предметот го земе, односно, изјави дека ќе го земе се смета дека предметот

му е даден на доверителот, во моментот кога е положен во судот или кај некое друго

лице.

Трошоци на полагањето

Трошоците на полноважно и неотповикано полагање ги понесува довери-телот,

доколку ги надминуваат трошоците на исполнувањето што е должен да ги поднесува

должникот.

Трошоците на исполнувањето ги поднесува должникот доколку не ги причинил

доверителот. Оваа одредба се применува без оглед на тоа дали кај доверителот постои

вина за непримањето на предметот, односно за полагање на предметот во судот или кај

друго лице, бидејќи може да се случи доверителот да не е познат или да не е позната

неговата адреса па да дојде до полагање на предметот. Доколку се утврди дека

полагањето не ги исполнува условите за да се смета дека е уредно(на пример по тужба

на доверителот или пак доколку должникот го земе назад положениот предмет, во тој

случај сите трошоци на полагањето ги поднесува должникот).

Page 15: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

Продажба наместо полагање на предметот

Ако предметот е непогоден за чување, или ако за неговото чување или за

неговото одржување се потребни трошоци несразмерни со неговата вредност,

должникот може да го продаде на јавна продажба во местото определено за ис-

полнување, или на некое друго место, ако е тоа во интерес на доверителот, а

постигнатиот износ, по одбивањето на трошоците на продажбата, да го положи кај

судот на тоа место.

Ако предметот има тековна цена, или ако е со мала вредност во спо-редба со

трошоците на јавната продажба, должникот може да го продаде од слободна рака.

Ако предметот е таков што може брзо да пропадне или да се расипе, должникот

е должен да го продаде без одлагање на најпогоден начин.

Во секој случај, должникот е должен да го извести доверителот за намераваната

продажба секогаш кога е тоа можно, а по извршената продажба, за пос-тигнатата цена

и за нејзиното полагање кај судот.

Оваа одредба на должникот му овозможува обврската наместо со предавање на

предметот на должникот или со нејзино полагање во суд или кај друго лице да ја

исполни и на друг начин доколку е невозможно тоа исполну-вање да го оствари на

начин како што е наведено претходно. Кога предметот е непогоден за чување или

трошоците за негово чување или одржување се несразмерни со неговата вредност,

должникот може да го продааде предметот на начин и услови наведени во цитираната

одредба. Цената којашто ќе ја пос-тигне со одбиените трошоци за продажба ќе ја

положи во надлежниот суд. До-верителот може да ја изврши продажбата и со

посредство на нотар, или во него-во присуство кој ќе ја изврши продажбата на начин и

услови пропишани во За-конот за вршење на нотарските работи.

Во врска со продажбата на должникот не му е потребно одобрение ниту пак

некакво решение од страна на судот, туку тој таа продажба ја презема врз основа на

неговото право. Но, во секој случај должникот е должен да го извести доверителот за

намераваната продажба секогаш кога тоа нужно и по извршената продажба за

постигнатата цена и полагањето кај судот. Известувањето треба да содржи каде и кога

Page 16: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

е извршена продажбата, начин на кој е извршена, колкави биле трошоците за неа итн,

во спротивно ќе следи одговорност за причинетата штета.

Предавање на предметот на доверителот

Судот ќе му го предаде на доверителот положениот предмет под усло-вите што

ги поставил должникот.

Одредбите на овој член се применуваат во случај кога должникот ќе ја положи

постигнатата цена од продажбата на предметот, но за да може доверителот да го

преземе предметот треба да ги исполне условите што ги поставил должникот. Ако

доверителот не ги прифати овие услови и не го преземе предме- тот а се утврди дека

има право во таа смисла, со полагањето на предметот, должникот не ја исполни својата

обврска и ќе се смета дека паднал во задоцну-вање.

Продажба поради покривање на трошоците за чување

Ако трошоците за чување не бидат исплатени во разумен рок судот, на барање

од чуварот, ќе нареди предметот да се продаде и ќе го определи начин-от на продажба.

Од износот добиен со продажба ќе се одбијат трошоците на продаж-бата и

трошоците за чување, а остатокот ќе се положи кај судот за довери-телот.

Во случај кога полгањето на предметот е извршено врз основа на одлука-та на

судот на тој начин што предметот е предаден на чување на друго лице, ако на барање

на чуварот трошоците за чување не бидат исплатени во разумен рок судот на негово

барање ќе нареди предметот да се продаде на начин на што тој ќе го определи, а по

извршената продажба и одбивање на трошоците, остатокот ќе го положи во корист на

доверителот. Одредбите нема да дојдат до примена доколку при полагањето и подоцна

самиот должник ги поднесува трошоците за ќување на предметот, се додека

доверителот не го земе предметот или должни-кот не го врати назад предметот. Кога се

работи за обврска од договор во сто-панството, а предметот е предаден на чување во

јавен склад за сметка на дове-рителот, јавниот склад може предметот да го изложи на

Page 17: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

продажба и исто така да постапи како што и претходно наведовме со намирување на

трошоците за чува-ње и депонирање на остатокот во судот.

 

Банкарски парични депоэити

Договорот за паричен депозит е склучен кога банката се обврзала да прими а

депонентот да положи кај банката определен паричен износ. Со одредбите на ЗОО се

регулираат одделни типични банкарски договори, и тоа: договор за паричен депозит,

штедниот влог, депонирањето хартии од вредност, банкарска тековна сметка,

договорот за сеф, договор за кредит, договор за кредит врз основа на залог на хартии

од вредност, банкарска гаранција. Гореспоменатите договори се именувани договори,

постојат и неименувани банкарски договори, како што се: договор за дисконт на

меница, договор за форфетинг итн. кои се прилично распространети и претставуваат

документи за финансирање на разновидните банкарски трансакции. Врз основа на

карактеристикита на различните видови банкарски договори може и да се изведе

дефиницијата за банкарските договори, според која банкарски договори се по правило

двостранообврзувачки договори на облигационото правокои ги склучуваат овластените

банки со своите клиенти или со други банки, со што ги уредуваат меѓусебни права и

обврски, во согласност со постоечките прописи. Тие главно се уредуваат со

облигационото право. Потребно е да се прави разлика помеѓу банкарски договори и

“банкарски работи” односно финансиските активности на банката. Имено според

законот банкарски работи се следниве финансиски активности: прибирање депозите,

пласирање на прибраните депозити во кредити за сметка на банката и други работи кои

со закон се дадени исклучиво да ги вршат банките. Банките основани со 3.500.000 евра

капитал во денарска противредност може да ги врши следниве работи: примање сите

видови парични депозити на правни и физички лица; давање и земање депозити во

земјата; девизно-валутни работи; финансиски лизинг; платен промет во земјата;

економско-финансиски консалтинг; давање други финансиски услуги; издавање

денарски парични гаранции; купување и продажба на краткорочни хартии од вредност

за своја сметка и сметка на коминтентот; купување продажба и наплата на побарувања.

Додека банката основана со капитал од 9.000.000 евра, во денарска противредност,

Page 18: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

покрај споменатите активности може да ги врши и следниве работи: платен промет со

странство, кредитни и гаранциски работи со странство, факторинг за сметка на

коминтентите, тргување со хартии од вредност за своја сметка и за сметка на

коминтентите, тргување со девизни средства и извршување на девизни трансакции,

тргување со финансиски деривати, чување, управување со хартии од вредност и

предмети од благородни метали, копопродажба, гарантирање и пласман на емисија на

хартија од вредност и давање услуги на банка-чувар на имотот. Банките не можат да

извршуваат работи од областа на индустријата, трговијата или други активности, освен

гореспоменатите.

Постојат некои карактеристики на банкарските договори уредени со ЗОО, кои се

карактеристични за нив, како на пример:

- Една од страните на таквите договори секогаш е банката или друго правно лице

овластено да се бави со банкарски работи

- Банкарските договри се по правило секогаш формални, или за нив се издава

некаква писмена исправа, како на пример, штедна книшка.

- Тоа се наплатни правни дела, бидејки банката или наплатува или плаќа

определени износи за користењето на паричните средства или за чувањето на

определен имот или сл., или пак плаќа камата за користење на туѓи парични

средства.

- Обично банкарските договори се однесуваат на работење со пари, така што на

нив се однесуваат одредбите од ЗОО со кои се регулираат парични обврски.

- Скоро секоја банка во своето работење се служи со општи услови на одделните

договори што ги склучува, т.е. се служи со формуларни договори или атхезиони

договори.

- Со оглед на тоа што овие договори се договори на облигационото право, и за

нив важи начелото на диспозиција т.е. за слобода на уредување на

облигационите односи, освен доколку изрично не е пропишано дека определени

одредби мора да бидат содржани во договорите или не може определени

одредби да во договорот поинаку да се регулираат отколку што тоа со прписот е

одредено.

Дофоворот за паричен депозит е договор со кој панката се обврзува да прими, а

депонентот да положи кај банката определен паричен износ. Со тоа банката се

Page 19: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

стекнува со право да располага со депонираните пари и е должна да ги врати зависно

од договорените услови при положување на депозитот. За овој договор на е пропишана

посебна форма, но обично тој се склучува во писмена форма, која воедно служи и како

доказ за износот на парите што е вложен како депозит. Тоа е консензуален договор

бидејки настанува со постигнувањето на согласноста на волјите, а е товарен бидејки

банката плаќа камата на средствата што се депонираат кај неа. Паричните депозити се

делат на два вида депозити: обични парични депозити и штедни влогови. Во правната

теорија постојат 2 становишта во однос на правната пририда на договорот за паричен

депозит. Според едни овој договор по својата правна природа претставува вид на

договор за заем, а според други, овде станува збор за невистински депозит.. оние што

сметаат дека се реботи за невистински депозит поаѓаат од стопанската цел на

договорот за паричен депозит, бидејќи се работи за положување на парите кај банката,

додека другите споредувјаки ги карактеристиките на овој договор со договорот за заем,

сметаат дека овој вид паричен депозит ги има сите карактеристики на договорот за

заем и според тоа, во однос на оние прашања кои не се регулирани со одредбите од

делот за договор за паричен депозит, треба да се применуваат одредбите од договорот

за заем.

Врз основа на договорот за паричен депозит банката отвара сметка во корист и врз

товар на која ги запишува сите побарувања и должења кои ќе произлезат од

работите со депонентот или за негова сметка со трет. Не се запишуваат во

сметката оние побарувања односно должења за кои договорните страни ќе се

договорат да ги исклучат.

Банката е должна да врши исплати од сметката во границите на расположливите

средства. Ако банката извршила една или повеќе уплати и исплати во рамките на

договорот за депозит, кои ја прават сметката пасивна, за тоа мора без одлагање да го

извести депонентот кој е должен веднаш да превземе мерки за да се отстрани

долговното салдо. Банката може во одредени случаи да изврши исплата и надвор од

износот на расположливите средства, во кој случај се воспоставува кредитен однос

меѓу банката и депонентот.

Паричниот депозит може да биде по видување или орочен, со отказен или без отказен

рок, со посебна намена или без намена. Ако не е договорено нешто друго, се смета

дека сметката на паричниот депозит е по видување, па депонентот на сметката има

Page 20: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

право да располага со дел или со целото салдо во секој момент. Со депозитот по

видување депонентот може да располага во секое време, а банката е должна да врши

исплата од сметката по налог на депонентот. Кај орочените депозити, правото на

депонентот да располага со депонираните средства е на некој начин временски

условено. Тие депозити може да бидат орочени на неопределено време со отказен рок,

во кој случај извесно време пред располагањето со тие средства, депонентот и најавува

на банката дека после истекот на определено време ќе располага со тие средства;

орочени на определено време кај кои со паричните средства депонирани во банка,

депонентот може да располага по истекот на договореното време. Депозитите со

посебна намена постојат тогаш кога со договорот се определува наменско користење

на депозитот, на пример давање кредити за определени инвестиции. Со ненаменските

депозити може да се располага по свое наоѓање. Банката е должна да го известува

депонентот за секоја промена на состојбата на неговата сметка. Банката е должна

на крајот од секоја година, а ако е тоа договорено или вообичаено и почесто, да

испрати извежтај за состојбата на сметката. Со примената на компјутерите и

современата технологија, банката е во можност во секое време на барање на

депонентот да му издаде извештај за состојбата на неговата сметка. Ако меѓу

договорните страни не е поинаку договорено налозите за уплата и исплата од сметката

на депонентот се упатуваат во седиштето на банката кај која е отворена сметката. Во

случај едно лице да има повеќе сметки кај иста банка, секоја од тие сметки е

самостојна. Тоа значи дека банката не може без налог од депонентот да врши

пренесување на средства од една на друга сметка, без оглед што се на исто лице.

Банката плаќа камата на средствата што се депонирани кај неа. Висината на каматата

се утврдува со договорот за депонирање на средствата, а ако со договорот не е

предвидено ништо, важи најниската каматна стапка што се применува во местото на

исполнување на штедните влогови по видување. Ако паричниот депозит е примен како

штеден влог банката, или штедилницата му издава на депонентот штедна книшка.

Штедната книшка може да биде издадена само на име на определено лице или на

доносител. Штедната книшка се смета за легитимациона хартија, бидејки со неа

депонентот се легитимира за располагање со паричните средства што ги депонирал

како штеден влог. Штедната книшка на доносител може да се пренесува со обично

предавање, додека штедната книшка на име може да се пренесува само со цесија. При

подигнување на штедниот влог банката мора да го легитимира депонентот за да утврди

дали е тоа лице кое е овластено да подигнува пари од штедната книшка(доколку гласи

Page 21: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

на име). Кај штедните книшки на доносител секој доносител се смета дека е овластен

за подигнување на пари од штедната книшка, освен доколку банката се посомнева во

тоа негово својство. Во случај на смрт на депонентот, влогот запишан во неговата

штедна книшка влага во неговата оставина. Во штедната книшка се внесуваат сите

уплати и подигања на пари. Уписите во книшката потврдени со печатот на банката и

потписот на овластеното лице се доказ за уплатите. Тоа е соборлива претпоставка, па

така банката може да докажува дека иста уплата е запишана во книшка два пати или

дека е запишана погрешна исплата. Штедните влогови можат да бидат по видување и

орочени, и со отказен рок или без отказен рок, и на штедните влогови се плаќа камата,

чија висина е во зависност од видот на штедниот влог.

Депонирање на хартии од вредност

Поим

Со договорот за депонирање на хартии од вредност, банката се обврзу-ва дека

со надомест ќе ги преземе хартиите од вредност, заради чување и вр-шење на правата и

обврските што се бараат во врска со тоа.

Поимот на договорот за депонирање на хартии од вредност чија карак-

теристика се состои во тоа што банката не само што презема обврска да ги шува

хартиите од вредност, туку и дека ќе ги врши прават и обврските што се бараат во

врска со тоа. Врз основа на Законот за банките е предвидено како една од

финансиските активности на банките дека меѓу другото може да врши и чување и

управување на хартии со вредност. Се работи за отворен депозит бидејќи бан-ката

мора да ги има на увид хартиите од вредност, но познати се и затворени де-позити кога

депонентот и предава на банката во запечатен облик хартии од вредност коишто

банката нема право да ги отвори. Овој договор е од мешовит карактер бидејќи покрај

чувањето на хартијата, тој има состојки на договор за налог, исто така тој е двострано

обврзувачки и наплатен бидејќи банката ја врши својата должност врз основа на

надомест, за чиешто неплаќање таа има право на ретенција. Банката треба да му издаде

писмена исправа на депонентот за чување на хартијата од вредност, евентуално може

Page 22: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

да се склучи писмен дого-вор кога се работи само за чување на хартиите од вредност а

се исклучува врше-њето на правата од нив.

Врз основа на Законот за хартиите од вредност, се воведува регистар во вид на

електронски запис на хартиите од вредност така што одредбите за чува-ње на хартиите

од вредност предвидени од Законот за облигациони односи ќе можат да се

применуваат само за оние хартии од вредност коишто не се водат како електронски

запис.

Вршење на правата

Ако поинаку не е договорено, банката може да ги врши правата од де-

понираните хартии од вредност исклучиво за сметка на депонентот.

Управувањето со харијата од вредност што и се дадени во депозит по правило

банката ако не е поинаку договорено истапува како полномошник на депонентот. Во

таа смисла депонентот треба да изврши пренос на хартијата од вредност како пренос во

полномошно и на самата хартија од вредност се става клаузулата `вредност во

полномошно`. Ако се работи за депонирање на хартии од вредност на доносител во

таков случај не е потребно да се изврши пренос на правата заради остварување на

правата од хартиите од вредност, но во таков случај банката ги врши правата од

депонираните хартии од вредност исклучиво за сметка на депонентот.

Должности на банката

Банката е должна да обезбеди чување на хартиите од вредност со вни-мателност

која се бара од примачот на депозитот со надомест и за сметка на депонентот, да ги

презема сите дејствија заради зачувување и остварување на неговите права од хартиите

од вредност.

Доколку меѓу договорните страни не е договорено нешто друго, банка-та е

должна да ги наплатува стасаните камати, главнината и воопшто сите суми на кои

депонираните хартии даваат право, штом ќе стасаат тие за исплата.

Page 23: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

Банката е должна да му ги стави на располагање на депонентот напла-тените

суми, а ако овој кај банката има сметка со паричен депозит, да ги запише во корист на

таа сметка.

Со ова се регулирани должностите на банката во врска со чувањето на хартиите

од вредност и притоа се применуваат одредбите од чл. 770 ст.1 (При-мачот на депозит

е должен да го чува предметот како свој сопствен, а ако де-позитот е со надомест,

како добар стопанственик, односно како добар дома-ќин.) со кој се регулираат

обврските на примачот на депозит, а по однос на ос-тварувањето на правата на

депонентот на хартиите од вредност се применуваат одредбите за одговорноста на

налогопримачот.

Враќање на хартиите од вредност

Банката е должна, по барање од депонентот, да ги врати хартиите од вредност

во секое време.

Враќањето, по правило се врши во местото каде што е извршено депо-нирањето.

Предмет на враќањето се самите хартии од вредност, доколку меѓу до-

говорните страни не е договорено дека враќањето може да биде извршено со плаќање

на соодветен износ.

Враќањето може да му се изврши само на депонентот или на неговите правни

следбеници или на лицата кои ќе ги означат тие, дури и кога од самите хартии е

видливо дека тие им припаѓаат на трети.

Врз основа на ова произлегува дека договорот за депонорање на хартии од

вредност секогаш се третира како договор за депозит по видување без оглед на тоа што

евентуално е склучен на определено време. Ова одговара на одредба-та од чл.774

ст.1(Примачот на депозит е должен да го врати предметот штом ќе го побара

давачот на депозит и тоа со сите плодови и други користи од предметот.) за тоа

дека депозитарот е должен да го врати предметот во секој момент кога депонентот тоа

ќе го побара, но ова се однесува на тоа дека налого- давецот секогаш може да се

откаже од договорот за налог.

Page 24: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

Претходно наведената одредба во ст.3 кој има предвид создавањето на т. н.

збирни депозити кај кои се примаат во депозит хартии од вредност од ист вид на

различни иматели. Во таков случај депонентот нема право да бара враќање на

депонираните хартии од вредност, туку само нивна против вредност. Овој збир-ен

депозит е сличен на невистинскиот депозит. Доколку пак се работи за хартии од

вредност што банката требало да ги наплати кога ќе стаса нивната наплата за сметка на

депонентот, а тоа се случило во таков случај банката моѓе само да му го врати

наплатениот паричен износ односно да го запише тој износ во неговата сметка.

Банката не е овластена да испитува чии се хартиите од вредност туку е долѓна

само да ги врати на депонентот или на неговите правни следбеници или на лицата што

ќе ги означат тие, но банката може да постапи спротивно само доколку тоа е

определено со судска одлука односно доколку и е наложено хар-тиите да ги предаде на

друго лице а не на претходно споменатите лица.

Барање на трети лица

За секое барање што ќе го истакне трето лице во поглед на депонирани-те

хартии, банката е должна да го извести депонентот.

Овде треба да се има предвид одредбите од чл.770 ст.3(Кога е даден во депозит некој

непотрошен предмет и на примачот на депозит му е дозволено да го употребува,

тогаш врз односите на договарачите се применуваат прави-лата за договорот за

послуга, а само за прашањата на времето и местото на враќање на предметот се

суди според правилата за договорот за депозит, ако договарачите не определиле

нешто друго во тој поглед.), во врска со одговор-носта за надомест на штета доколку

се пропушти навремено известување.

Преземање на чување пари и хартии од вредност кај нотар

Преземање на чување пари и хартии од вредност

Нотарот може да преземе на чување готови пари, меници, чекови, јавни

обврзници и други хартии од вредност. Тој е должен да ги превземе на чување само по

Page 25: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

одлука на су или на друг орган или само ако му се дадени по повод сос- тавување на

нотарски акт за да ги пренесе на друго лице, или за да ги даде на чување кај одреден

орган. Ако преземањето при составувањето на нотарскиот акт не е потврдено во

самиот акт, за преземањето ќе се состави записник во кој точно ќе се назначат броевите

во уписникот и во депозитните книги, местото и времето на преземањето, односно

ознаката и вредноста на износот на парите, преземаните хартии, како и името на

лицето кое ги предало и неговата изјава за тоа што треба да се прави со нив. Нотарот за

преземањето ќе и издаде на стран-ката потврда во која ќе изврши спецификација на

парите и хартиите од вредност што му се предадени.

Начин на чување на парите и хартиите од вредност

Преземените пари и хартии од вредност нотарор е должен да ги чува од-воено

од неговите пари и хартии од вредност, во посебна обвивка, на која ќе го напише

предметот и името на странката. Парите што му се доверени, нотарот мора да ги чува

на посебна сметка во банка или во друга финансиска организа-ција. Нотарот без

одлагање ќе ги предаде на органот, на лицето на кое треба да му се предадат, откако

претходно ќе го утврди неговиот идентите. Примателот ќе го потврди приемот на актот

или во депозитна книга.

Неможност за предавање на парите и хартиите од вредност

Ако нотарот не моѓе да го изврши наложеното предавање на парите и хартиите

од вредност во определениот рок, должен е по истекот на тој рок, а ако рокот не е

определен, најдоцна во рок од 30 дена од денот на преземањето, без одлагање да и ги

врати на странката преземените вредности или ако тоа не е моѓно да ги предаде на

судот на чување и за тоа да го извести подносителот со препорачано писмо.

Дејство на нотарски депозит

Депозитот вложен кај нотарот има дејство на судски депозит. Одредбите од овој

дел ќе се применат на соодветен начин и во секој случај кога нотарот како судски

повереник ќе ги преземе наследните акти, парите, хартиите од вредност или

скапоценостите.

Page 26: проектна эадача на тема _Договор эа депоэит_

Користена литература

1. Закон за облигационите односи; Сл. Весник на Република Македонија бр.18. од 5.03. 2001 год.

2. Коментар на Законот за облигациони односи 3. Гале Галев; Јадранка Дабовиќ Атанасовска: Облигационо право, Скопје, 2008 4. Поп Георгиев, Д. : Облигационо право, Скопје, 1976 5. Перович С. : Облигационо право, Белград 1973 6. Антиќ О. : Облигационо право, Белград, 2007 7. Лоза Б. : Облигационо право, Белград 2000