Царински систем и политика

27
ЦАРИНСКАТА ПОЛИТИКА КАКО ЕЛЕМЕНТ НА ТРГОВСКАТА ПОЛИТИКА Царинската политика претставува свесна активност на националните власти насочена кон остварување на царинска заштита на домашното стопанство. Царинската политика како најзначаен подсистем на трговската политика, поаѓа од нејзините цели, детерминанти и критериуми. Имено, трговската политика претставува основа за утврдување на целите, детерминантите и критериумите на царинската политика. Од друга страна, царинската политика се јавува како средство за остварување на целите на трговската политика. Применувајќи го СВОЈОТ инструментариум во насока на остварување на поставените цели на царинската политика, се остваруваат и целите на трговската политика. Ваквата причинско-последична спрега помеѓу царинската и трговската политика налага детална разработка на нивната улога и значење во меѓународната трговија. АГРУМЕНТИ ЗА ЦАРИНСКА ЗАШТИТА Теоријата за царинска заштита (Theory of Tariff Protection) теоретски ги разработува аргументите за потребата од воведување на царинска заштита на националните економии. Воедно, оваа теорија ги разработува видовите на инструменти и мерки на царинската политика и нивните ефекти врз националната економија. Особен акцент се става на прашањето дали со царинската заштита на националните економии може да до|де до зголемување на користите од трговијата. Синтетизирајќи ги размислувањата на приврзаниците на оваа теорија, може да се констатира дека воведувањето на царинската заштита може да влијае кон: - зголемување на светските користи од трговијата; - зголемување на користите за националната економи/а; и - кон зголемување на користите за одредени фактор на производство. Заштитата и светските користи Царинската заштита ќе влијае кон зголемување на користите од трговијата за светот во целост, единствено ако со нејзиниот инструментариум се штити "младата индустрија" Теоретската разработка на аргументот за заштита на младата индустрија (infant industry) први ја започнаа протекционистите, особено Fridrich List, но со овој аргумент, генерално, се согласуваат сите економисти, дури и оние кои се залагаат за либерализам, на пример Paul Samuelson, Paul Krugman и други. Основната поента на аргументот за заштита на младата индустрија е дека некои производни гранки би можеле да стекнат конкурентски предности, само кога на истите, во почетниот период, би им се обезбедила царинска заштита. ОВОЈ аргумент вели дека земјата има компаративна предност на долг рок, но таа предност не може да ja реализира на краток рок, па затоа и треба заштита. Растот на нова производна гранка во една земја може да биде спречен со евтин увоз од странство, бидејќи таквото производство во друга земја започнало порано, односно производството во првата земја има задоцнет старт. Во такви услови се воведува царинска заштита, на пример, со воведување увозни царини. Co воведените увозни царини се врши поскапување на странската понуда на домашниот пазар. Теретот од воведените царини олицетворен во порастот на цените, паѓа врз потрошувачите, додека користите од истите ги чувствуваат производителите на заштитениот производ. Всушност, потрошувачите преку плаќањето на поголема цена за увозниот производ, ја финансираат долгорочната експанзија на младата индустрија. Бенефициите од воведените царини ќе се увидат кога индустријата ќе успее да реализира економија на обем, со 1

Upload: baleksov1

Post on 28-Jul-2015

2.271 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: Царински систем и политика

ЦАРИНСКАТА ПОЛИТИКА КАКО ЕЛЕМЕНТ НА ТРГОВСКАТА ПОЛИТИКАЦаринската политика претставува свесна активност на националните власти насочена кон остварување на царинска заштита на домашното стопанство.Царинската политика како најзначаен подсистем на трговската политика, поаѓа од нејзините цели, детерминанти и критериуми. Имено, трговската политика претставува основа за утврдување на целите, детерминантите и критериумите на царинската политика. Од друга страна, царинската политика се јавува како средство за остварување на целите на трговската политика. Применувајќи го СВОЈОТ инструментариум во насока на остварување на поставените цели на царинската политика, се остваруваат и целите на трговската политика. Ваквата причинско-последична спрега помеѓу царинската и трговската политика налага детална разработка на нивната улога и значење во меѓународната трговија.АГРУМЕНТИ ЗА ЦАРИНСКА ЗАШТИТАТеоријата за царинска заштита (Theory of Tariff Protection) теоретски ги разработува аргументите за потребата од воведување на царинска заштита на националните економии. Воедно, оваа теорија ги разработува видовите на инструменти и мерки на царинската политика и нивните ефекти врз националната економија. Особен акцент се става на прашањето дали со царинската заштита на националните економии може да до|де до зголемување на користите од трговијата. Синтетизирајќи ги размислувањата на приврзаниците на оваа теорија, може да се констатира дека воведувањето на царинската заштита може да влијае кон: - зголемување на светските користи од трговијата;- зголемување на користите за националната економи/а; и- кон зголемување на користите за одредени фактор на производство.

Заштитата и светските користиЦаринската заштита ќе влијае кон зголемување на користите од трговијата за светот во целост, единствено ако со нејзиниот инструментариум се штити "младата индустрија" Теоретската разработка на аргументот за заштита на младата индустрија (infant industry) први ја започнаа протекционистите, особено Fridrich List, но со овој аргумент, генерално, се согласуваат сите економисти, дури и оние кои се залагаат за либерализам, на пример Paul Samuelson, Paul Krugman и други.Основната поента на аргументот за заштита на младата индустрија е дека некои производни гранки би можеле да стекнат конкурентски предности, само кога на истите, во почетниот период, би им се обезбедила царинска заштита. ОВОЈ аргумент вели дека земјата има компаративна предност на долг рок, но таа предност не може да ja реализира на краток рок, па затоа и треба заштита.Растот на нова производна гранка во една земја може да биде спречен со евтин увоз од странство, бидејќи таквото производство во друга земја започнало порано, односно производството во првата земја има задоцнет старт. Во такви услови се воведува царинска заштита, на пример, со воведување увозни царини. Co воведените увозни царини се врши поскапување на странската понуда на домашниот пазар. Теретот од воведените царини олицетворен во порастот на цените, паѓа врз потрошувачите, додека користите од истите ги чувствуваат производителите на заштитениот производ. Всушност, потрошувачите преку плаќањето на поголема цена за увозниот производ, ја финансираат долгорочната експанзија на младата индустрија. Бенефициите од воведените царини ќе се увидат кога индустријата ќе успее да реализира економија на обем, со што ќе ја подобри својата конкурентска способност и на домашниот и на странските пазари. Основни прашања што се поставуваат при аргументацијата на потребата од надворешно-трговска заштита на младата индустрија, особено, се:прво, изборот на индустријата што треба да добие заштита. Генерално, не смее да се дозволи секоја млада индустрија да добие заштита. Заштита треба да им се обезбеди само на оние индустрии што имаат потенцијални можности да остварат економија на обем и да станат конкурентно способни на светскиот пазар; ивторо, времетраењето на заштитата. Fndnch List, смета дека заштитата на младата индустрија треба да биде временски ограничена додека да се анулира разликата меѓу увозната цена и домашната цена на заштитениот производ. За разлика од него, Manoiiesco смета дека заштитата може да биде и трајна мерка. Практиката покажува дека воведената заштита скоро секогаш е трајна, при што единствено може да дојде до промена на интензитетот на заштитата.

Заштитата и националните користиЦаринската политика може да влијае кон зголемување на користите од трговијата само за националната економија што вовела заштитни мерки, во случаите кога воведените заштитни мерки влијаат кон подобрување на односите на

1

Page 2: Царински систем и политика

размена (terms of trade) на земјата. Овој аргумент влијае кон зголемување на користите само во една земја и претставува типичен модел на политиката за осиромашување на соседот (beggar-my-neighbor policy).Односите на размена претставуваат однос на извозните и на увозните цени, од што произлегува дека земјата ќе ги зголеми користите од надворешната трговија, само ако оствари поголеми цени во извозот и помали цени во увозот. Воведената царина на увоз, како мерка што влијае врз цените, генерално jа поскапува увозната стока на домашниот пазар. Овој генерален заклучок нема да се исполни, ако износот на царината го преземе странскиот партнер (извозникот) на сметка на CBOЈOT профит. Во такви случаи, земјата ќе обезбеди увоз по пониски цени, што ќе влијае кон подобрување на нејзините односи на размена и зголемување на нејзините користи од надворешната трговија.Големите земји можат да влијаат врз светските цени, па затоа тие можат да ги зголемат своите користи од трговијата, односно да ги подобрат своите односи на размена преку воведување на увозни царини. Всушност, увозните царини преку зголемување на цената, влијаат кон намалување на светската побарувачка, и во услови на непроменета светска понуда, доаѓа до пад на цените на светскиот пазар, со што се овозможува поевтин увоз. Co цел подобрување на своите односи на размена секоја голема земја ќе воведува царини за да го штити своето домашно стопанство од странска конкуренција. Ваквата состојба во меѓународната трговија најчесто е причина за воведување контра мерки од страна на другите земји тнр. царинска одмазда (tariff retaliation). Затоа кога сите големи земји би вовеле оптимална царина, како збир на воведени царини што ги максимираат користите од трговијата за поединечна голема земја, заради големите пречки во трговијата ќе дојде до намалување на користите за сите големи земји.Во горенаведениот контекст, малите земји како price-taker, не можат да влијаат врз светските цени, и исто така тие не се во можност да ги подобрат своите односи на размена преку воведување надворешно-трговска заштита на своето стопанство.

Заштитата и користите за одреден фактор на производствоТрговската заштитна политика може да влијае кон зголемување на користите само на одреден фактор на производство во националната економија.Земја што е релативно побогата со капитал во однос на трудот, генерално, ги извезува производите од капитал- интензивните гранки, а увезува производи од трудо-интензивните гранки. При воведување на царини, земјата ќе ги штити домашните трудо-интензивно гранки (како увозни гранки), и во случаи кога доаѓа до зголемување на релативната цена на производите, ќе дојде и до релативно зголемување на заработките од труд, односно на платите. Всушност, од воведувањето на царина, што јa зголемува домашната релативна цена на производот, релативно добива факторот што интензивно се користи во производството на таа стока, а релативно губи другиот фактор, што би требало да доведе до конфронтирање ка двата фактори во рамки на производството на еден ист производ, во услови кога производот е заштитен од странска конкуренција. Заклучок е дека трудот и капиталот треба да заземат спротивни страни во лобирањето за и против заштита, но тоа ретко или воопшто не се случува.Во услови кога производителите на текстилни производи, на пример, бараат царинска заштита и ако воведената царина влијае кон зголемување на домашната цена, тогаш од воведената царина релативно повеќе користи трудот, бидејќи таа е трудо-интензивна гранка, а релативно помалку добива капиталот, како фактор што помалку се користи во производството на текстилни производи. Имено, доаѓа до релативно зголемување на заработките на вложениот труд (платите) во однос на повратокот од вложениот капитал. Воедно, порастот на релативната цена на заштитениот текстилен производ ќе влијае кон пораст на побарувачката за работна сила, што во услови на полна вработеност, ќе влијае кон пораст на платите и тоа пропорционално повеќе отколку порастот на цената на производот.При аргументирањето на ефектите од воведените царински мерки врз користите на одреден фактор на производство, посебно внимание се посветува на нивното влијание врз вработеноста во националната економија. Аргументот за зголемување на вработеноста преку трговската заштита, особено истакнуван од страна на интервенционистите, поаѓа од фактот дека преку заштитата на селектираните домашни стопански гранки се овозможува задржување или во одредени случаи зголемување на нивото на нивната активност, на пример, нивото на производство, што создава потенцијални можности за одржување или во одредени случаи за зголемување на нивото на вработеност. На краток рок, заштитните мерки може да влијаат позитивно врз вработеноста бидејќи доаѓа до зголемување на вработеноста so заштитените стопански гранки. Но, на долг рок тие имаат особено негативни импликации и влијаат кон намалување на вработеноста особено во извозните сектори. Всушност, во услови на ниска продуктивност на трудот зајакната со нови вработувања, не се овозможува постигнување на конкурентност за настап на странски пазари, со што доаѓа до намалување на производството и отпуштање од работа на вработените во извозните сектори.

2

Page 3: Царински систем и политика

Во теоретските и практичните анализи за оправдување на царинската заштита се наведуваат и други различни аргументи, и тоа: заштита од политиката на дампинг на земјата-извозник, заштита од одобрените субвенции на увозната стока во земјата на извозникот, заштита од политички, еколошки и други причини.

ЦЕЛИ НА ЦАРИНСКАТА ПОЛИТИКАПри конципирањето на царинската политика најпрво треба да се дефинираат целите, што генерално треба да бидат усогласени со целите на трговската политика на земјата. Царинската политика не треба да се усмери кон остварување на било коjа цел што истата може да ja исполни, туку само кон одредени цели (избор на цели) што во дадена економско - политичка ситуација на земјата можат најдобро да се остварат преку нејзиниот инструментариум. Тешко е да се изврши рангирање на целите, бидејќи во зависност од бројни фактори, со текот на времето, интересот за остварување на едни цели опаѓа, а за други расте. Воедно, голем проблем претставува исполнувањето на целите онака како што се зацртани.Царинската политика треба да создаде услови за подобрување на конкурентската моќ на домашните производи- тели со што ќе се овозможи динамично и рамноправно вклучување на домашните производители во меѓународната размена и соработка; за создавање на поволна производна структура на националната економи|а; и за супституција на тековите на извоз и увоз на стоки; a со цел долгорочно зголемување на ефикасноста на националната економија, односно остварување на економски раст и развој. Во одредени случаи, инструментите и мерките на царинската политика се усмеруваат кон остварување на социјални и политички цели.

Динамично и рамноправно вклучување во меѓународната размена и соработкаЗголемувањето на користите на националните економии од меѓународната трговија се во директна корелација со динамичното и рамноправното вклучување на домашните субјекти во меѓународната размена и соработка. Пресудна улога во овој процес има конкурентската способност на домашните производители за настап на меѓународните пазари. Суштината на конкурентските предности лежи во способноста да се воочат и да се искористат дадените компаративни предности.Според теоријата на компаративните предности секоја земја ќе се специјализира за производство и за извоз на оние добра кои може да ги произведе со релативно пониски трошоци (во кои е релативно поефикасна од другите земји); и обратно секоја земја ќе ги увезува оние добра кои ги произведува со релативно повисоки трошоци (во кои е релативно помалку ефикасна отколку другите земји)" Во практиката "постојат силни рамнотежи сили кои обично на секоја земја и обезбедуваат ... да биде способна за продажба на цел асортиман на производи на светскиот пазар, и на долг рок да ја зајакне својата меѓународна размена на просечно ниво, дури и тогаш кога не[зината продуктивност, технологија и квалитет на производи се послаби од оние кои ги нудат другите земји" Секоја земја има асортиман на стоки во чие производство има компаративни предности, а автоматските сили помалку или повеќе, ќе обезбедат земјата да биде конкурентна во стопан- ските гранки во кои таа предност може да се согледа.За разлика од компаративните предности кои се дадени, своите конкурентски предности земјата треба да ги создаде. Во основа земјите стекнуваат конкурентски предности во оние гранки во коишто имаат компаративни предности. Проблем претставуваат случаите кога заради влијание на одредени услови, земјите пропуштат да ги создадат оние стопански гранки во кои долгорочно би стекнале конкурентски предности.

Значајна улога врз остварувањето на меѓународна конкурентност на домашните стопански субјекти имаат:- објективните услови - природно-географските услови за производство на поединечни добра и услуги,- произведените услови - општествено-историските услови и развојот на производните сили што допринеле за фаворизирање на одредена специјализација во производството, и- вештачкото стимулирање на националната конкурентност - улогата на државата.Правилната улога на државата вo однос на создавањето на конкурентските предности, се огледува во нејзината способност да води адекватна царинска политика. Преку ефектите на инструментите и мерките на царинската политика за заштита на домашното стопанство или по пат на ограничување на слободата на изборот на специјализација на други народи со примена на различни видови на принуда - политички, финансиски и други видови притисоци, државите по вештачки пат jа подобруваат конкурентската способност на домашните субјекти на меѓународните лазари, вклучително и на домашниот.Царинската политика поаѓајќи од објективните услови и од произведените околности во националното стопанство, со својот инструментариум треба да бидат насочени кон заштита на домашните стопански гранки со цел да се подобри нивната конкурентска моќ. Стекнатата конкурентска моќ влијае кон динамично и рамноправно вклучување

3

Page 4: Царински систем и политика

во меѓународната размена и соработка и кон максимизирање на користите од размената за националното стопанство.

Промена на стопанската структура на националната економијаЦаринската политика преку воведување на царини и други инструменти и мерки на вонцаринска заштита, врши диференцирање на стопанските гранки во националната економија. Всушност, преку привилегирање на едни, како заштитени, на сметка на други, како незаштитени стопански гранки, царинската политика влијае врз стопанската структура на националната економиjа. Воведените инструменти и мерки, во основа, преку влијанието врз пазарните механизми и врз економските критериуми на стопанисување, создаваат услови за промена или за одржување на постојната стопанска структура на националната економија.Co мерките и инструментите на царинската политика, всушност, се врши прераспределба на националниот доход во корист на заштитените за сметка на незаштитените стопански гранки, особено преку прелевање на доходот од потрошувачите кон производителите на заштитените производи. "Проблемот на прераспределба на доходот е еден од основните мирители на меѓународната размена во стварниот свет. Промените во структурата на меѓународната размена влијаат кон прераспределба на доходот; притоа во исто време создавајќи губитници и добитници во националната економија". Co мерките и инструментите на царинската политика, генерално, се влијае кои зголемување на цените на производите на домашниот пазар, со што потрошувачот плаќа повисока цена за истиот отколку во услови без заштита. Всушност, потрошувачот со дел од својот доход преку плаќање на повисока цена за производот, го финансира развојот на заштитениот домашен производител.Прераспределбата на националниот доход од незаштитените кон заштитените гранки, влијае во насока на зголемување на атрактивноста на заштитените гранки и кон реалокација на производните ресурси од незаштитените во заштитените производни гранки. Привилегираната положба на заштитените гранки, реално им обезбедува можност за зголемување на нивната конкурентност на домашниот или на странските пазари, со што се овозможува нивна доминација во националната производна структура, односно во услови на отворено стопанство да бидат носители на извозот и на економскиот развој на земјата, воопшто. Koja производна гранка, на ко| начин и со КОЈ интензитет ќе биде заштитена, зависи од детерминантите, критериумите и применетите инструменти на царинската политика. Задача на царинската политика е, во согласност со развојната стратегија на земјата, да изврши оптимален избор на стопански гранки што ќе добијат третман на заштитени гранки. Генерално, заштита треба да им се обезбеди на стопанските гранки што би можеле или би требало да стекнат меѓународна конкурентност.Во развиените земји преку царинската политика, генерално, се врши одржување на постојната структура, додека во земјите во развој се влијае кон промени во националната стопанска структура. Дури и во една иста земја, во периодот на развој, со царинската политика се влијае кон промени во стопанската cтруктуpa во корист на селектираните гранки што имаат реална можност да станат конкурентни на светскиот пазар (вклучувајќи го и националниот), додека во периодот на развиеност се одржува заштитата на конкурентните гранки, односно се одржува постојаната стопанска структура на земјата.Во текот на својот развој, ако земјата сака да изврши промени во својата стопанска структура во корист на селектираните гранки, таа ќе воведе инструменти со коишто ќе го ограничи увозот на стоки соодветни на нивните финални производи, од една, и ќе го стимулира извозот на финалните производи на селектираните гранки, од друга страна. Во случај на увозна зависност на селектираните гранки, со мерки на царинската политика може да се изврши корекција на воведената заштита на увозните инпути, и тоа преку царински контингенти за суровини и репроматеријали, преку drawback и други. Co овие мерки, преку намалување на цената на чинење на финалниот производ или преку зголемување на остварените приходи, се создаваат реални можности за остварување на поголема добивка од работењето, односно поекономично и порентабилно стопанисување во селектираните гранки.При воведување на заштитни мерки заради промена на постојната стопанска структура, посебно внимание треба да се посвети на заштитата на одредени производи што се од есенцијално значење за социјалната, економската и политичката стабилност и безбедност на земјата. При утврдувањето на пожелната стопанска структура на земјата треба да се обезбеди автономија на националната економија во снабдувањето со основни прехранбени производи и со лекови за населението, со стратешки суровини за водечките стопански гранки, како и одредени средства за воена одбрана на земјата. Всушност, гранките што ги произведуваат овие производи треба да имаат посебен третман при конципирањето на пожелната структура на земјата и за нив треба да се обезбеди соодветна заштита, независно од нивото на нивната меѓународна конкурентност и можностите за нејзино стекнување.

4

Page 5: Царински систем и политика

Супституција на тековите на увоз и извоз на стокиПромените во производната структура на националната економија, непосредно влијаат кон промена на нејзината тековна извозна и увозна структура. Тоа е суштината на третата цел ка царинската политика за заштита на националното стопанство наречена супституција на тековите на увоз и извоз.Царинската политика, преку воведените царини има за цел да изврши супституција (замена) на увозните стоки со стоки од домашно производство од ист вид, односно задоволување на домашната побарувачка со стоки од домашно производство. Но, често сме сведоци на воведување ограничувања за увоз на стоки што не се произведуваат во земјата. Во вакви случаи, треба да се има предвид можноста за супституција на увозните стоки со домашни слични стоки. Имено, заштитата на производи што не се произведуваат во земјата може да ја сврти домашната побарувачка кон друг вид домашен производ, со што се остваруваат заштитни и развојни ефекти.Преку воведување на мерки со кои се врши корекција на воведените царини (царински контингенти, drawback и др.), со царинската политика може да се врши супституцијата на странските со домашните извозни производи на странските пазари.Царинската политика преку супституција на увозните и извозните текови, генерално, влијае кон намалување на обемот на увоз и кон зголемување на обемот на извоз. Токму поради тоа, земјите, особено оние во развој, често применуваат надворешно- трговска заштита со цел да го подобрат салдото на трговскиот биланс, односно салдото на билансот на плаќање, воопшто.

Остварување на економски раст и развој на националната економијаЦелите на царинската политика за остварување на пожелна производна структура на националната економи}а и за супституцијата на увозните и извозните текови со домашно производство, што непосредно произлегуваат од примарната цел за рамноправно и динамичко вклучување на домашните субјекти во меѓународната размена, не се цели сами за себе. Нивното остварување, генерално, треба да резултира во долгорочно зголемување на ефикасноста на националната економи|а, што ќе генерира НЕЈЗИН економски раст и развој. Всушност, царинската политика во начело треба да ги задоволи не само микро интересите на стопанските субјекти, туку и макро интересите, олицетворени во економски раст и развој на националната економи|а.Домашните стопански субјекти преку искористување на погодностите што им ги обезбедува царинската заштита, што непосредно се согледуваат од прелевањето на доходот во рамки на националната економија, но и од супституцијата на увозните со домашни стоки и услуги на домашниот пазар, и од замената на домашните стоки и услуги наменети за извоз со странските стоки на странските пазари, имаат реални можности за остварување на екстра приходи. Рационалната употреба на овие приходи подразбира нивно реинвестирање во функција на остварување на развојните цели на заштитените стопански субјекти, особено зголемување на обемот на производство што преку зголемување на степенот на ангажираност на производните ресурси, ќе овозможи перманентно подобрување на продуктивноста на трудот, економичноста и рентабилноста од работењето. Секако дека ваквата состојба ќе им овозможи зголемување на инвестициите за модернизација и осовременување на своето работење во согласност со современиот техничко-технолошки напредок, како и зголемување на бројот на вработените, особено на високо образованиот кадар. Дополнително остварените резултати, позитивно корелираат со подобрувањето на нивната конкурентска моќ на светскиот пазар, вклучувајќи го и националниот пазар. Зголемената конкурентност на домашните субјекти, директно влијае кон нивно динамично и рамноправно вклучување во меѓународната размена и кон зголемување на приходите од остварениот нето извоз. Еднаш воспоставената специјализација и вклучувањето во меѓународната поделба на труд врз основа на истата, генерира понатамошен развој], особено преку искористување на предностите што ги пружаат економиите на обем и екстерните економии. Наменувањето на дел од производството за извоз врз основа на зголемена конкурентност, односно зголемувањето на вкупната вредност на извозот директно и мултипликативно ќе влијае врз вредноста на националниот доход, што дополнително го зајакнува економскиот раст и развој на националната економија.Заштитените субјекти со зголемената рентабилноста од работењето, ќе влијаат кон зголемување на ефикасноста на стопанската гранка на која што и припаѓаат. Развојот на стопанската гранка ќе влијае кон зголемување на нејзиното учество во структурата на националната економија, при што колку е поголемо учеството на ефикасната гранка во стопанската струк- тура, дотолку е поголемо и нејзиното влијание врз ефикасноста на националната економи|а. Влијанието на стопанските гранки врз зголемувањето на ефикасноста на националната економија може да биде и во форма на екстерна економија, преку посредно создавање на реални можности за поттикнување на развој на други стопански гранки.Остварениот економски раст и развој на националната економија, во основа ги оправдува преземените инструменти и мерки на царинската политика од страна на државата.

5

Page 6: Царински систем и политика

Социјални и политички целиCo трговската, и вo нејзини рамки и со царинската политика, иако надвор од нивниот непосреден домен, често се прибегнува кон решавање на социјални и политички проблеми во земјата: невработеност, заштита на животната средина, заштита на културно-историското богатство на земјата, заштита на државната безбедност и одбраната на земјата и друго.Царинската политика, под одредени услови, може да влијае кон зголемување на вработеноста. На пример, штитејќи го домашното производство од странска конкуренција со царини, на заштитените гранки им се овозможува реализација на своето производство на домашниот пазар со реални можности за одржување или зголемување на производството. На тој начин, им се овозможува да го задржат постојното ниво или, во одредени случаи, да го зголемат нивото на вработеност.Во услови на политички разбранувања и во услови на потенцијално загрозување на безбедноста и мирот на земјата, националните власти секогаш прибегнуваат кон преземање на бројни мерки за заштита на државната безбедност и одбраната на земјama (national defense argument for protection). Наjчесто ce воведуваат инструменти и мерки за ограничување на извозот на стратешки материјали и на стоки сврзани со одбраната на земјата.Националните власти, па дури и некои меѓународни институции, на пример ООН, во одредени случаи, се обидуваат политичките проблеми во односите со земјите да ги решаваат преку инструментариумот на царинската политика, на пример преку воведување на прохибитивни царини.

ЦАРИНАПоим за царинаЦарината претставува еден од основните инструменти за надворешно-трговска заштита на националните економии, што е признаен од страна на Општата спогодба за царини и трговија и Светската трговска организација.Царините, првобитно имале фискална функција, односно нивна основна цел била да обезбедат приходи на владетелот. Тие служеле како постојан и изобилен приход на владетелот, поради што се дефинирале како приход од стоките што се увезувале во или се извезувале од територијата на владетелот.Подоцна, царините добиваат карактер на давачка што државата ја наплаќала заради одржување на безбедноста на своите граѓани за премин преку мостови (мостарина), преку патишта (патарина), за продажба на стока на панаѓури и слично. Оттука произлегува дефинирањето на царината како плаќање за индивидуалните погодности што државата им ги обезбедувала на своите граѓани.Поjавата на национални држави со самостојни царински системи влијаела врз квалитативно ново третирањето на царините. Од меркантилизмот наваму, царините стануваат инструменти на националните надворешно-трговски политики, така што, поради проширувањето на нивните функции нивното дефинирање станува покомплексно. Нивната фискална функција (како приход во државниот буџет) добива секундарно значење, додека примарно значење попримаат заштитната и развојната функција. Посебно внимание се посветува на влијанието на царините врз промените на релативните цени, a со тоа и на промените во вредностите на увозот и на извозот, на рамнотежата на трговскиот биланс, на развојот на одредена гранка и на националното стопанство во целина, на прераспределбата на националниот доход, врз вработеноста итн.Царината денес, генерално, претставува јавна давачка што државата ја наплаќа при надворешно-трговски промет, главно при увоз на стоки, со цел преку заштита на домашното стопанство да се оствари економски раст и развој на националната економија.

Видови цариниЦарините можат да се класифицираат според бројни критериуми, меѓу кои како најчесто споменувани се: насоката на движење на стоките; начинот на пресметување на царините; начинот на нивно пропишување; интензитетот на заштита; економските функции на царините и друго.земјите, дури и оние кои не ja потпишале Конвенцијата, воопшто не применуваат транзитни царини.- Според начинот на пресметување на царината разликуваме: царини по вредност, специфични царини и комбинирани царини.Царини по вредност, односно ad valorem царините се оние кај кои основица за пресметување на износот на царината, претставува царинската вредност на стоката. Имено, износот на царината се утврдува како производ на царинската вредност на стоката и царинската сталка утврдена за соодветниот вид стока.

6

Page 7: Царински систем и политика

Основните предности на царините ад валорем во основа се состојат во тоа што тие сразмерно го оптоваруваат увозот на одделните стоки, односно пропорционално на нивната вредност . Исто така, треба да се нагласи дека ка| голем број стоки царините можат да се утврдат единствено преку примената на овој начин на пресметување.Основен проблем при примената на царините ad valorem претставува реалното утврдување на царинската вредност на стоката. Утврдувањето на царинската вредност на стоката е релативно сложена активност, ко]а е условена од комплетната информираност и од способноста на царинските органи. Утврдувањето на реалната царинска вредност на стоките изнудува големо ангажирање на царинските органи. При тоа, особен проблем претставува веродостојноста на придружната документација според ко|а се утврдува точноста на елементите на царинската вредност на стоката. Други недостатоци на овој начин на пресметување на царините се: прво, преку пропорционалното оптоварување на увозните стоки може да се стимулира увоз на стоки од низок, односно сомнителен квалитет, и второ; се овозможува увозна инфлација и нејзино пренесување врз сите стоки, што ќе влијае врз општиот пораст на цените на домашниот пазар.Специфични царини се оние кај кои основица за пресметување на износот на царината претставува единицата мерка на соодветната стока. Износот на царината претставува соодветен дел по единица мерка од одредена стока.Основна предност на специфичните царини претставува релативно лесниот начин на нивно пресметување. Царинска основица за пресметување претставува количината на стоката по единица мерка, што лесно и точно се утврдува, без поголемо ангажирање на царинските органи.Комбинирани царини се оние кај кои царината, се пресметува и no вредност и по единица мерка на стоката . Комбинирањето може да се врши на три начини.Првиот начин на комбинирање се случаите кога во царинската тарифа за одредени тарифни ставови се предвидени специфични, а за други царини по вредност.При вториот начин на комбинирање за ист вид стока (за ист тарифен став) се предвидува делумно пресметување на царината no вредност, а делумно по единица мерка изразена во паричен израз.Третиот начин на комбинирање се врши на тој начин што за одредени стоки, во Царинската тарифа се утврдува царина по вредност, но под услов износот на утврдената царина (производот на царинската вредност и царинската стапка ad valorem) да не е помал од одреден износ no единица мерка на стоката, исто така утврден во Царинската тарифа. Доколку износот на царината no вредност е помал од износот no единица мерка на стоката предвиден во Царинската тарифа, тогаш за разликата меѓу нив се наплатува специфична царина.

Според начинот на пропишување разликуваме автономни и конвенционални царини.Автономни царини се оние што земјите ги воведуваат, менуваат, укинуваат или ги дополнуваат, самостојно, врз база на СВОЈОТ царински суверенитет.Конвенционални царини се воведуваат, менуваат, укинуваат или дополнуваат врз база на одредбите на меѓународни договори и спогодби.

Според економските функции на царините, разликуваме заштитни, фискални, одбранбени, прохибитивни, преференцијални, диференцијални и други.Заштитни се оние царини чија основна функција е заштита на домашното стопанство. Co овие царини се врши компензирање на разликата помеѓу пониската цена на увозниот производ и повисоката домашна цена на соодветниот домашен производ.Фискални се оние царини чија основна цел е обезбедување на приходи во државниот буџет.Одбранбените царини се воведуваат со цел да се неутрализираат погодностите што увозната стока ги добила во земјата на извозникот. Всушност, тие се противмерка за одбрана од вештачки зголемената конкурентност на увозната стока.Прохибитивни се оние царини што се утврдуваат на толку високо ниво што делуваат како директна забрана.Преференцијалните царини претставуваат снижување на царинското ниво врз унилатерална основа во размената со една или со група земји или врз основа на трговски договори или спогодби во размената со земјите - потписнички.Диференцијалните царини, обратно од преференцијалните, претставуваат зголемено царинско оптоварување за увоз на стоки од одредена земја или од група земји.

7

Page 8: Царински систем и политика

Ефекти на царинитеЕкономското дејство на царините (ефекти на царините) претставува промена во вредносните параметри и во односите што ги предизвикуваат овие инструменти во националниот процес на репродукција и во процесите на репродукција во другите земји. Ако промените се рефлектираат на потесно подрачје на примена зборуваме за примарни ефекти, а ако се исполнуваат на целокупното подрачје на делување се нарекуваат деривирани ефекти ѕЦарината претставува инструмент на царинската политика со што преку додавање на износот на платената царина на увозната цена, се поскапува странската стока на домашниот пазар . Всушност, со износот на царината треба да се изврши анулирање на разликата помеѓу увозната цена и нормалната цена на соодветниот производ на националниот пазар на увозникот. Co плаќањето на оваа давачка при увоз, износот на царината ја оптоварува цената на увозениот производ, со што на домашниот пазар тој производ може да се продава по повисока цена. На тој начин, им се овозможува на домашните производители да ги продаваат своите производи на домашниот пазар.Ефектите на воведените царини врз националната економија се сепак, многу комплексни па затоа треба аналитички да се разработуваат. Како најзначајни ефекти на царините особено се наведуваат: ефекти врз цените, врз односите на размена, заштитниот ефект, фискалниот ефект, ефектот врз реалокацијата на производните ресурси, врз вработеноста, редистрибутивните ефекти, плано-билансните ефекти и други ефекти.

Ефекти на царините врз ценитеЦарините влијаат на порастот на цената на увозниот производ на домашниот пазар, од што произлегува дека товарот на царините паѓа врз потрошувачите на заштитениот производ. На пример, ако увозната цена на одреден производ изнесува 10 п.е., а истиот домашен производ на домашниот пазар се продава за 12 п.е., во услови без царини, увозниот производ ќе го истисне соодветниот домашен производ од домашниот пазар, односно домашната побарувачка во целост ќе биде задоволена со странска понуда, односно од увоз. Co воведување на 20% ad valorem царина, увозниот производ ќе поскапи за износот на платената царина и на домашниот пазар ќе се продава по цена од 12 п.е., што е еднаква на цената на соодветниот домашен производ на домашниот пазар. Преку изедначување на цените на увозниот и домашниот производ на домашниот пазар, со воведената царина, на домашниот производител му се овозможува пласман на сопствениот производ, но домашниот потрошувач е тој кој ѓи плака трошоците од платената царина, преку плаќање на повисока цена за соодветниот производ од увоз.При утврдувањето на влијанието на царините врз цените постојат четири групи случаи, и тоа кога увозната царина(1) не влијае на домашните цени;(2) влијае врз цените за износ помал од износот на царината;(3) влијае врз цените точно за износот на царината, и(4) влијае врз цените за износ поголем од износот на царината.

Увозната царина нема да влијае врз домашните цениво случаите кога странскиот извозник во целост го презема износот на царините (префрлање на ефектите на царините на други лица). Во услови на силна конкуренција и отежнат пласман на стоки, a со цел опстојување или освојување на одреден пазар, странскиот извозник може преку намалување на продажната цена да го преземе целиот износ на царините за сметка на намалување на својот профит. Увозната царина, исто така, нема да влијае врз домашните цени во случаите кога таа е воведена за одредени стандардизирани производи (најчесто берзански стоки) кои се Јавуваат и на страната на увозот и на страната на извозот во земјата.

Увозната царина може да ја зголеми цената на увозниот производ за износ помал од износот на царината , во случаите кога странскиот извозник презема само дел од царините за сметка на намалување на својот профит , Увозната царина ќе ја зголеми цената на увозниот производ за износ помал од износот на царината, и во случаите кога царината е поголема од разликата помеѓу домашните и странските трошоци на производство. Цената на соодветната стока на домашниот пазар ќе се формира според домашните трошоци на производство.Увозната царина ќе ја зголеми цената на увозниот производ точно за полниот износ на царината кога царината е одредена на ниво помало од разликата помеѓу домашните и странските трошоци на производство . Во такви случаи, цената на соодветната стока на домашниот пазар ќе се формира според странските трошоци на производство зголемени за износот на царината.

Увозните царини влијаат кон зголемување на цените на увозниот производ на домашниот пазар за износ поголем од износот на царината во случаите кога производот не е увезен од крајниот корисник, туку е увезен преку еден или повеќе посредници. Секој посредник ја надградува цената на увозниот производ (зголемена за износот на

8

Page 9: Царински систем и политика

царината) за износот на својата посредничка провизија, така што крајниот корисник ќе го плати увозниот производ по многу повисока цена, при што се мултиплицирал износот на платената царина. Цената на увозниот производ за крајниот корисник ќе биде повисока доколку е повисока посредничката провизија и доколку има повеќе посредници. Ваквата пojaвa во практиката се нарекува царинска пирамида.Воведените царини, влијаат не само на зголемување на цените на увозните производи, туку преку кумулирање на ефектите влијаат и кон зголемување на цените на домашните готови производи за чие производство се користат увозно оцаринети инпути. Платената царина при увоз на инпути во домашното производство, како елемент на набавната вредност на инпутот, ја оптоварува цената на чинење на готовиот производ. Исто така, преку воведување на царини при увоз на стоки за широка потрошувачка може да дојде до зголемување на нивните цени, и до намалување на животниот стандард на населението. Во такви услови, под притисок на вработените може да дојде до зголемување на платите, што индиректно повторно ќе влијае кон оптоварување на цената на чинење на готовите домашни производи (платите како инпут во производството). Состојбата станува покомплексна кога домашното производство е извозно ориентирано, бидејќи повисоките цени непосредно ја намалуваат неговата конкурентност на меѓународните пазари.

Ефекти на царините врз односите на размена - terms of tradeУвозните царини генерално влијаат врз подобрување на односите на размена на земјата - увозник, во случаите кога извозникот презема дел или целиот износ на воведената царина. На тој начин, земјата увозник преку воведување на увозни царини добива поефтини увозни производи, односно има помал одлив на девизи за остварување на иста количина на увозни производи во однос на состојбата без увозни царини.Ефектите на царините врз подобрување на односите на размена, во основа, можат да ги искористат само големите земји. Голема земја, по дефиниција, може да влијае на нивото на светската цена. Co воведување на увозна царина ќе дојде до зголемување на цената на увозниот производ на домашниот пазар. Зголемената цена ќе влијае кон намалување на побарувачката за тој вид производ на светскиот пазар. Намалената побарувачка, пак, при неизменета понуда на светскиот пазар, ќе ја намали цената на производот и ќе овозможи поевтин увоз. Co тоа се подобруваат односите на размена и се зголемуваат користите од надворешно-трговската размена. Нормално е дека секое ниво на царини не може да ги максимира користите преку подобрување на односите на размена. Нивото на царини што ги максимира користите од надворешно-трговската размена преку подобрување на односите на размена на една земја се нарекува оптимална царина. Оптималната царина за голема земја е секогаш позитивна и е помала од нивото на прохибитивната царина.Во услови кога една голема земја, стремејќи се кон максимирање на своите користи од надворешно-трговска размена, воведува царини на оптимално ниво, постојат реални можности за одмазда, односно од воведување на увозни царини и во другите земји. Поради тоа, доаѓа до намалување на користите од надворешно-трговската размена во сите земји, односно до влошување на нивните односи на размена.Мала земја не може да влијае на светската цена, односно таа е price-taker . За неа светската цена е дадена, и е секогаш помала од рамнотежата цена на домашниот пазар. Увозот се врши по светски цени, при што доаѓа до намалување на цените на домашниот пазар и зголемување на побарувачката. Мала земја, значи не може преку воведување на царини да ги подобри своите односи на размена, односно нејзината оптималната цари- на е еднаква на нула. Впрочем, согласно овој ефект на царините, за мала земја најдобро е прифаќањето на либерализам во размената.

Заштитни ефекти на царинитеЗаштитните ефекти на царините се огледаат преку нивното дејство врз зголемувањето на домашното производство. Домашното производство ќе се зголеми поради тоа што увозната царина ќе влијае врз зголемување на цената на увозниот производ, па се намалуваат можностите за пласман на странските стоки, додека на домашните производители им се овозможува пласман на домашниот пазар. Преку изедначување на цените на увозниот и домашниот производ на домашниот пазар, со воведената царина, домашниот производител се заштитува и му се овозможува пласман на сопствениот производ и одржување на нивото на производството. Секако дека невозможно е точно да се утврди разликата помеѓу цените на увозниот и на домашниот производ и на тоа ниво да се воведе царина. Впрочем, во практиката има случаи кога царината so целост ја анулира оваа разлика, но по правило таа е поголема или помала од разликата помеѓу цените на увозниот и на домашниот производ на домашниот пазар.Во случаите кога царината е утврдена на ниво пониско од разликата помеѓу цените на увозниот и на домашниот производ на домашниот пазар, тогаш цената на увозниот производ на домашниот пазар ќе биде пониска од цената

9

Page 10: Царински систем и политика

на домашниот производ на домашниот пазар. На тој начин се намалува конкурентската способност на странскиот производител, но не се изедначува со конкурентската моќ на домашниот производител.Утврдувањето на царините на ниво поголемо од нивото на разликата помеѓу цените на увозниот и на домашниот производ на домашниот пазар, ќе влијае кон пораст на цените на увозниот производ над цените на домашниот производ на домашниот пазар. Во такви случаи домашните производители можат да ги продаваат своите производи по цени пониски од цените на увозните производи и да се најдат во поповолна положба од странските производители. Исто така, домашните производители можат да ги продаваат своите производи по цели повисоки од нивните продажни цени пред воведувањето на царини, но се уште под цените на увозните стоки. Ако така остварената разлика во цените домашните производители |а инвестираат во модернизација и зголемување на своето производство ќе се оствари позитивен развоен ефект. Тоа ќе резултира во зголемување на продуктивноста на трудот и за оспособување за рамноправна конкурентска борба на националниот пазар. Остварениот позитивен развоен ефект од воведените царини во извозно-ориентирани сектори, ќе создаде потенцијални можности за нивно динамично и рамноправно вклучување во меѓународната размена.Заштитните царини, сепак, не смеат да бидат утврдени на високо ниво бидејќи ќе се оневозможи увоз на странски стоки, односно ќе се оневозможи создавање односи на конкуренција на домашниот пазар. Високо утврдените заштитни царини може да придонесат кон погрешна проценка на конкурентските можности на домашните производители, со што ќе влијаат на стимулирање на психологијата на паразитизам.Особено важно прашање при анализа на заштитниот ефект на царините е еластичноста на странската понуда на порастот на цените. Доколку странската понуда е нееластична, односно ако и покрај воведените или зголемените царини увозот и понатаму продолжува, тогаш царините нема да имаат заштитен ефект врз домашното производство. Тоа се случаите кога странскиот извозник, делумно или целосно, ги презема царините на своја сметка. Но, ако странската понуда е доволно еластична, воведувањето или зголемувањето на царините ќе влијае кон елиминирање на увозот и задоволување на домашната побарувачка со домашно производство. Во ОВОЈ случај станува збор за прохибитивни ефекти на царините, Во практиката, ефектите на царините се помеѓу овие два екстремни случаи.Увозните царини не секогаш влијаат на зголемување на домашното производство. Тие можат да имаат негативни ефекти врз домашното производство, и тоа особено во случаите на царинска заштита на увозните инпути во увозно-зависните производни гранки, како и во случаите на заштита на финални производи.Негативното влијание на царините врз домашното производство особено се согледува при воведување на висока царинска заштита во услови на висока увозна зависност на домашното стопанство, кога може да дојде во прашање нормалното снабдување со суровини и репроматеријали на увозно- зависните производни гранки. Ако се штити домашното производство на полуфабрикати, кое не е во можност да ги задоволи потребите на домашните производни гранки што истите ги користат како инпути, тогаш нивниот увоз е неизбежен. Платените царини при увоз на инпутите ќе ги зголеми трошоците на производство на домашните увозно-зависни производствени гранки. Покрај зголемувањето на цената на чинење на готовиот производ и намалувањето на конкурентска моќ на домашните производни гранки, воведената царина може да влијае да се намали домашното производство.Во услови кога финалните производи на домашните производители се заштитени со високи увозни царини, тие можат да одлучат наместо да извезуваат, стоките да ги пласираат на домашниот пазар. Побарувачката на домашниот пазар, пак може да ја лимитира понудата, односно да го намали домашното производство и негативно да влијае врз развојот на домашното стопанство. Во случаи кога производните субјекти и покрај намаленото производство, сепак работат во рамки на оптимална искористеност на капацитетите, тогаш последиците no домашното стопанство се помали. Но, во случаи кога истите работат со минимална искористеност на капацитетите, државата ќе биде принудена да интервенира во правец на зголемување на домашното производство. За таа цел, би требало приходите од наплатените царини државата да ги употреби за стимулирање на домашните производители за извоз на нивните производи.

Фискални ефекти на царинитеЦарината како јавна давачка што се наплатува при надворешно-трговски промет, се jавува како значаен приход во државниот буџет. Како и со сите видови даноци, така и со царините се врши повлекување на финансиски средства од стопанството во корист на државниот буџет. Сепак, од аспект на домашното стопанство, ваквата состојба не треба a prior да се оквалификува како негативност, особено ако средствата од буџетот се искористат за развојни цели или како потпора на активната трговска политика.

10

Page 11: Царински систем и политика

При анализа на фискалните ефекти на царините посебно внимание се посветува на фискалните царини. Фискални царини се царините што се воведени за увоз на стоки што не се произведуваат во земјата. Тие, генерално, се воведуваат со единствена цел - обезбедување на приходи во државниот буџет.Сепак, фискалните царини, во одредени случаи, можат да креираат заштитни ефекти кај домашното производство на супститути, односно да ја свртат домашната побарувачка кон домашните супститути на увозната стока.Исто така, воведените царини на стоки што не се произведуваат во земјата можат да придонесат за активирање на механизмот на демонстрација. Имено, преку согледување на побарувачката за одреден вид производи чиј увоз е оптоварен со царина, домашните субјекти може да отпочнат со нивно производство.

Ефекти на царините врз реалокација на производните ресурсиКога се разгледува дејството на увозните царини врз реалокацијата на производните ресурси, се доаѓа до една парадоксална состојба. Производните ресурси се движат од незаштитените кон заштитените гранки, односно ги напуштаат оние гранки што се поконкурентни и што работат со пониски трошоци на производство и се селат во понеконкурентните но заштитени производни гранки, што се привилегирани во распределбата на националниот доход.Ефектите на воведените увозни царини врз реалокацијата на производните ресурси, што во основа се манифестираат на долг рок, може да имаат изразено негативно влијание врз националната економија и со тоа може да ги надминат сите позитивни ефекти. Токму затоа треба да се воспостави добра координација помеѓу царинската политика, од една, и развојната политика на земјата, од друга страна. Успешната координација ќе овозможи со царините да се оствари реалокација на производните ресурси кон селектираните гранки во стопанството во согласност со развојната стратегија на земјата.

Ефекти на царините врз вработеностаCo царините, преку заштитата на домашното производство, се овозможува заштитените гранки да го реализираат своето производство на домашниот пазар, и на тој начин да го задржат или во одредени случаи и да го зголемат нивото на вработеноста. Царините, сепак, најчесто имаат негативни ефекти по агрегатната вработеност во домашната економија, особено во извозните сектори.Воведувањето увозни царини значи меѓудругото намалување на обемот на увоз во земјата. Но, тоа повратно може да доведе до намалување на обемот на извоз во други земји. Ваквата состојба се манифестира како политика на осиромашување на соседот (beggar-my-neighbor policy). Имено, другите земји можат да применат мерки на царинска одмазда преку воведување на увозни царини со цел намалување, односно укинување на увозот на стоки од првата земја. На ТОЈ начин ќе дојде до намалување на извозот од првата земја, што ќе резултира во намалување на обемот на производство и отпуштање од работа на работниците во извозните гранки.Намалувањето на бројот на вработените во извозиите домашни сектори може да до|де и поради тоа што воведените увозни царини, влијаејќи на намалување на увозот, непосредно влијаат врз намалување на извозот од други земји. Намалениот извоз во другите земји, мултипликативно ќе влијае кон намалување на нивниот национален доход и на потрошувачката на домашни и увозни стоки. Впрочем, намалениот увоз во другите земји непосредно значи намалување на извозот од домашната земја, што ќе се одрази на намалување на обемот на производство и следствено на тоа и на намалување на вработеноста во извозните гранки.Поради тоа проблемот на агрегатната невработеност не треба да се решава со воведување царини, туку со примена на други мерки на економската политика.

Редистрибутивни ефекти на царинитеРедистрибутивните ефекти на царините се согледуваат преку прелевањето на доходот од потрошувачите кон производителите на заштитените производи. Воведените царини во основа влијаат кон зголемување на цените на увозниот производ на домашниот пазар, со што потрошувачот плаќа повисока цена за истиот отколку во услови без царина. Всушност, потрошувачот со дел од својот доход, преку плаќање на повисока цена за увозниот производ, го финансира развојот на заштитеното домашно производство.Воведената царина на прехранбени производи,на пример, претставува заштитна мерка за производителите на овие производи, и во исто време дополнителен трошок на населението, како потрошувач на истите. Значи доаѓа до редистрибуција на доходот на населението во корист на производителите на прехранбени производи. Редистрибуцијата на доходот, како резултат на воведените увозни царини, е особено комплексна кога производители и потрошувачи на одреден производ се производ- ни гранки во националното стопанство. Во вакви случаи, покрај првичната редистрибуција на доходот на потрошувачите во корист на производителите, доаѓа и до

11

Page 12: Царински систем и политика

кумулирање на ефектите на царините на штета на потрошувачите на заштитениот производ. Воведената царина на еден производ (суровина или репроматеријал) ја заштитува производната гранка што го произведува ТОЈ вид производ, но во исто време претставува трошок (давачка) за производствената гранка што истиот го користи како инпут во своето производство. Првично, доаѓа до намалување на доходот на производната гранка - потрошувач во корист на производната гранка - произведувач на заштитениот производ. Потоа доаѓа до кумулирање на ефектите на царините, што се согледува во фактот дека увозната царина преку зголемување на цената на инпутот, ќе предизвика зголемување на трошоците на производство во соодветната гранка, односно до пораст на цената на чинење на неjзиниот готов производ. Ваквата состојба мошне неповолно се изразува во случаите кога производните гранки што користат оцаринети увозни инпути едновремено се извозни сектори. Затоа теоријата на царините препорачува повисока царинска заштита за производи од повисока фаза на финализација, а пониска за суровини, репроматеријали и полуфабрикати. Нивото на заштита на готовите домашни производи, за чие производство се користат заштитени увозни инпути, се мери преку стапките на ефективна царинска заштита.

Платно-билансни ефекти на царинитеРазработката на платно-билансните ефекти на царините, всушност се сведува на влијанието што истите го имаат врз увозот на стоки во домашното стопанство. Современите царини примарно се воведуваат поради заштита на домашното стопанство, така што во извесна мера преку поскапување на увозната стока, треба да влијаат на намалување на увозот. Поради тоа се смета дека воведените царини ќе влијаат кон подобрување на трговскиот биланс на земјата.Влијанието на царините врз промените во обемот на увозот, зависи од еластичноста на домашната побарувачка за странски стоки и од еластичноста на странската понуда.Воведената увозна царина, во зависност од еластичноста на домашната побарувачка за странски стоки, има различно влијание врз обемот на увозот. Генерално, воведените увозни царини преку зголемување на цените на увозниот производ на домашниот пазар влијаат да се намали домашната побарувачка за странски стоки, поради што се намалува и увозот. Но, во случај на низок коефициент на еластичност на домашната побарувачка за странски стоки, и при високи царини, може сепак да дојде до зголемување на увозот.Во услови на нееластичност на странската понуда, странските понудувачи ќе преземат дел или целиот износ на царините на сметка на својот профит, за да не се намали нивниот извоз во земјата кoja вовела или ги зголемила царините. Во вакви случаи, подобрените односи на размена евентуално можат да го подобрат трговскиот биланс на земјата.Платно-билансниот ефект има економско значење единствено под претпоставка дека царините не предизвикуваат промени во насока на намалување на извозот. Но, како што и претходно споменавме, воведувањето увозни царини не секогаш влијае на намалување на увозот без влијание врз извозот, и тоа кон негово намалување. Како основни реперкусии врз извозот на една земја од воведување увозни царини, особено можат да се набележат:2) намалувањето на домашниот увоз, што истовремено значи намалување на извозот на другите земји, што доведува до намалување на нивниот доход, a со тоа и до намалување на способноста да купат стоки од домашната земја;3) воведувањето увозни царини на стоките што претставуваат инпути во производството за извоз, доведува до поскапување на домашниот извоз;4) со воведувањето царини доаѓа до преценување на домашната национална валута, што резултира во зголемување на увозот и намалување на извозот;5) во услови на полна вработеност, воведувањето на увозни царини може да влијае на порастот на инфлацијата. Намалениот увоз и зголемувањето на цените на странските во однос на домашните стоки, ќе предизвикаат поместување на побарувачката од странските кон домашните стоки. Поголемата побарувачка од понудата, ќе го поттикне зголемувањето на цените, што дополнително ќе ја влоши конкурентската способност на домашните производители и во земјата и во странство, и др.Воведувањето на увозни царини поради нивното комплексно влијание врз увозот и извозот, не мора да го подобри трговскиот биланс на земјата. Нерамнотежата во трговскиот биланс не може да се решава единствено со царинската политика, туку како комплексен проблем треба да се решава со инструменти и мерки на вкупната економска политика на земјата.

12

Page 13: Царински систем и политика

ДРУГИ ДАВАЧКИПокрај царините при надворешно трговскиот промет се пресметуваат и наплатуваат и други давачки во кои особено се вбројуваат: увозни и извозни такси, данок на додадена вредност, акцизи, антидампиншки и компезаторни давачки и други. Посебно внимание се посветува и на другите нецарински инструменти.

Увозни и извозни таксиАдминистративните увозни и извозни такси претставуваат нецарински инструменти чија што примена

започнала во релативно поновно време. Генерално, истите претставуваат продолжение на дејството на увозните и извозните царини, респрективно. Имајќи ја во вид оваа нивна карактеристика, како и со поограничена примена на извозните царини, во современи услови, и извозните такси се воведуваат многу ретки. За разлика од нив примената на увозните такси во надворешно-трговската политика на современите држави е релативно честа. Всушност, перманентниот процес на константно намалување на општото царинско ниво спроведуваат особено во рамки на GATT, влијаел кон се поголема примена на увозните такси. Тие се наплатуваат во комбинација со увозните царини или посебно кај стоките за кои не се наплатува царина.

Увозните такси во основа имаат заштитен карактер, однсно се воведуваат како и увозните царини заради заштита на националната економија. Истите се пресметуваат врз основа на царинската вредност на увозните производи и нивниот износ се додава на увозната цена со што се зголемува и продажната цена на увезените производи на домашниот пазар. Иако имаат директно дејство врз цените на стоките, тие сепак претставуваат поприкриен вид на заштита што потешко се открива (царинските стапки се содржани во Законот за Царинска тарифа и се предмет на намалување и контрола преку спроведување на комплексна процедура за донесување и изменување на закон, додека таксите се утврдуваат со одлука на надлежниот орган и полесно се менуваат).

Покрај заштитен, увозните такси можат да имаат и фискален карактер, и тоа особено кога се воведуваат за производи што не се произведуваат во земјата и коа се комбинираат со други административни такси како надомест за извршената услуга од страна на царинските органи. Имено, со нивниот износ се оптоварува цената на увозната стока и со тоа се дестимулира увозот на тие стоки, како и извозот на истиот вид стоки, затоа што домашните производители можат да остварат повисоки цени и на домашниот пазар.

Имајќи во вид дека таксите влијаат врз увозот на една земја, можеме да заклучиме дека тие имаат ефекти и врз платно билансната позиција на земјата, особено врз намалување на увозот. Дестимулирајќи го увозот за да се намали одливот на девизи, со увозните такси се влијае и кон обезбедување на рамнотежа во трговскиот или платниот биланс.

Данок на додадена вредностМеѓусебните односи на државите во даночната сфера се решаваат главно врз два основни принципи:

принципот според кој правото на оданочување на добрата (стоките) во меѓусебната размена го има само земјата извозник, што значи примена на принципот на земја на дестинација.

Суштината на принципот на земја на дестинација е во преземањето на низа фискални мерки со кои добрата во извозот се ослободуваат од даноците со кои се оптоварува прометот во земјата, додека при увозот, добрата се оданочуваат со данокот на додадена вредност (ДДВ), со кој во земјата увозничка се однаочуваат домашните добра. Според тоа, со ДДВ не се дискриминираат добрата од увоз, туку се оданочуваат со истите даночни стапки како и прометот на домашните добра.

Предметот на оданочување кај ДДВ е широко дефиниран (промет на добра и услуги во земјата) и во таа смисла, на оданочување подлежи и увозот на добра.

Под увоз на добра (стоки) се подразбира:1. Внесувањето на добра преку царинската линија на Република Македонија, остварено со сите видови на

транспорт, вклучително и внесувањето на стоки од страна на патинците при влез во земјата и 2. Внесувањето на добра од слободните зони, царинските зони и царинските складови во земјата, односно

нивното пуштање во слободен промет.Даночната основа на која се пресметуваат ДДВ на увозот на добра е вредноста на увезеното добро утврдена

според царинските прописи. Ако увезеното добро не се подлежи на прописите на царинење, или на плаќање царина, даночната основа се утврдува според надоместокот што е платен, или што би требало да се плати. Кога надоместокот не е познат, или кога е нереално искажан, вредноста која ќе претставува даночна основа ја утврдува надлежниот царински орган. Во даночната основа се вклучуваат царината, даноците односно акцизите, таксите и другите увозни давачки, освен ДДВ. Исто така, влегуваат и зависните трошоци, како трошоците за провизии,

13

Page 14: Царински систем и политика

пакување, превоз, осигурување и сл., кои настануваат до првото место на крајната дестинација на добрата во земјата.

Во случај на привремен извоз на доброто во странство заради поправка, ремонт или облагородувње, при повторно внесување на доброто во земјата, даночна основа претставува платениот надоместок, или вредноста се утврдува според царинските прописи, вклучувајќи ги погоре споменатите давачки и зависните трошоци.

ДДВ не се плаќа на увозот на добра чиј промет е ослободен од данокот на земјата, добрата во транзит, добрата што се внесуваат во слободните зони, царинските зони и царинските складови, добрата под режим на привремен увоз и реекспорт, повторниот увоз на привремено извезени добра, добрата кои спаѓаат под дипломатските и конзуларните аранжмани, добрата што ги внесуваат физичките лица до одредена вредност (личен багаж) итн.

Освен ослободувањето од ДДВ при увозот, постојат даночни ослободувања со право на одбивка на претходниот данок. Првенствено значење на оваа категорија ослободувања има ослободувањето на извозот на добра, односно испораката на добра кои се превезуваат или се испраќаат од странство од страна на даночниот обврзник на ДДВ, од примателот на доброто или од трето лице во нивно име, ако примателот на доброто е со седиште во странство. Во врска со ова, од ДДВ се ослободени и услугите поврзани со извозот и транзитот, како и меѓународниот превоз на добра за извоз.

Врз целокупниот увоз, освен на увозот кој се оданочува со повластена даночна стапка, се применува општата (стандардна) даночна стапка, која моментално изнесува 18%. Повластената даночна стапка (моментално 5%) се применува само на увозот на одредени добра утврдени според номенклатурата за царинска тарифа.

При увозот на добра ДДВ го пресметува надлежниот орган на царинската управа, кој ја спроведува постапката за царинење. За време на настанување на даночниот долг се смета:

1. Денот на настанување за плаќање на царината и другите увозни давачки, или денот на внесување на добрата во земјата, кога не се плаќа царина и

2. Моментот кога доброто од слободни зони, царински зони и царински складови, при транзит или привремен увоз, се пушта во слободен промет.

Даночен должник при увозот е лицето кое ги увезува добрата, односно лицето кое е наведено во соодветната рубрика од ЕЦД.

Акцизите се плаќаат, освен на прометот во земјата, на увозот на одредени специфични производи, како:- Деривати на нафта,- Преработки од тутун,- Алкохолни пијалоци,- Патнички автомобили.Обврзник на акциза при увоз на дадените добра е увозникот.Акцизата не се плаќа на наведените добра при извоз реекспорт и транзит, при увоз од страна на

дипломатски и конзуларни преставништва, кога се внесуваат во земјата како личен багаж во мали количини, кога се внесуваат во земјата во слободни економски зони, царински зони и консигнациони складови, заради подготовка за извоз итн.

Акцизата се пресметува во апсолутен износ, односно како специфична акциза, или процент од даночната основа, во зависост од видот на доброто. Основа за плаќање на акциза при увоз може да биде % алкохол по литар, количество во литри, количество во килограми, или вредност утврдена според царинските прописи, во зависност од видот на доброто.

Обврската за пресметување и плаќање на акцизата настанува во моментот на настанувањето на обврската за плаќање на царина и увозни давачки за производите што се предмет на увоз. Доколку увезените производи се ослободени од плаќање на царина, обврската за плаќање на акцизата настанува во моментот на преминување на царинската линија. Обврската за плаќање на акцизата при увоз на преработки од тутун и алкохолни пијалоци настанува во моментот на купувањето на контролни марки од Управата за јавни приходи од страна на обврзникот.

Платената акциза се враќа на извозникот за релизираниот извоз на акцизни добра, на странски дипломатски и конзуларни преставништва и функционери, во случај на повеќе платена акциза при увозот на акцизни добра,, итн.

Сите активности во врска со пресметувањето, наплатата и враќањето на акцизата при увоз, односно извоз, на акцизни добра ги обавува надлежната царинарница која ја спроведува постапката за царинење.

Додека царините претставуваат инструмент на заштита на домашното производство од конкуренцијата на увозните производи на домашниот пазар, ДДВ и акцизите не може да се квалификуваат како инструменти со таква улога. Нивните задачи првенствено се поврзуваат со постигнувањето на саканите фискални ефекти, поради нивната финансиска издашност и ефикасната наплата при увозот. Меѓутоа, ДДВ и акцизите како индиректни даноци

14

Page 15: Царински систем и политика

(односно даноци на потрошувачка) ја зголемуваат цената на добрата од увоз, исто како и царините. Во оваа смисла, многу важно е дали ДДВ односно акцизата ќе бидат наплатени во реален износ, односно на објективна и реално утврдена даночна основа (царинска вредност), како и да се елиминираат случаите на евентуално внесување на добра во земјата без плаќање на ДДВ и акцизите.

Реалното определување на висината на овие давачки и елиминирањето на појавите на шверц преку државна граница има пресудно значење, заедно со наплатата на царината (и посебно кога не се плаќа царина на некој увоз), за воспоставување на рамноправни услови за стопанисување на домашниот пазар и за елиминирање на нелојаната конкуренција преку увоз на неоданочени или недоволно оданочени добра од странство. Таквата појава може да биде со деструктивно влијание врз домашното стопанство и пазарните позиции на стопанските субјекти, поради што се заклучува дека ДДВ и акцизите немаат исклучиво фискална улога, туку може да влијаат на меѓународната размена и на воспоставањето на еднакви услови за стопанисување.Антидамингшки и компензаторни давачки

Дампингот претставува политика на ниски цени за продор на одреден пазар. Политиката на дампинг може да биде спроведена од страна на стопанските субјекти – извозници, или од страна на државата – извозник. Државниот дампинг може да се јави како социјален и како валутен дампинг. За социјален дампинг зборуваме во случаите кога државата води политика на ниски плати, па преку тоа овозможува остварување на пониски цени на чинење на готовите производи (платите како производен инпут). Додека валутен дампинг има во случаите кога монетарните власти на една држава вршат девалвација на националната валута за степен повисок од степенот на депресираност на истата.

Во случаите кога увозот од некоја земја се остварува по дампиншки цени, земјата увозник може да покрене постапка за воведување на одбрамбени мерки преку антидампиншка давачка.

Комплексната постапка за утврдување на дампинг и за воведување на анти-дампиншка давачка, е регулирана со членот VI од GATT 1994. Според овој начин, дампинг постои во случаите кога еден производ на домашниот пазар на една земја се увезува по цена пониска од неговата нормална цена и кога тој увоз предизвикува или може да предизвика штета во домашното производство.

Постапката за утврдување на дампингот и за воведување на антидампиншка давачка, што е унифицирана во сите земји, опфаќа неколку фази: поднесување на барање за воведување, разгледување на барањето, односно утврдување на нивото на разликата меѓу нормалната и увозната цена како и причините за постоењето на таа разлика; воведување на привремени мерки; и воведување на антидампиншка давачка. Ако се исполнети сите услови согласно одредбите на GATT, при утврдувањето на нивото на оваа давачка треба да се внимава бидејќи таа не смее да е поголема од дампингшката маржа. Дампиншката маржа претставува процнтуална разлика на увозната и номиналната цена на увозниот производ, во случаевите кога извозната цена е пониска. Постапката се запира ако дапмингшката маржа е минимална и изнесува 2% од извозната цена и кога обемот на увозот е незначителен. Обемот на дампингшкиот увоз се смета за незначителен ако учеството на дампингшкиот увоз во одредена земја е под 3%, во вкупниот увоз на слични производи во домашната земја.

Компензаторните давачки се воведуваат како дополнително царинско оптоварување, во случаите кога увозните стоки користат извозни потикнувања во земјата – извозник. Заради анулирање на разликите во цените предизвикани од одобрените извозни поттикнувања, земјата – увзоник може да воведе компензаторска давачка. Постапката за воведување компензаторска давачка е исто така комплексна и целосно регулирана со членот VI од GATT 1999, при што како особен проблем се јавува докажувањето дека увозната стока била предмет на извозни погодности во земјата на извозот.

Примената на антидампигшките и компензаторните давачки е алтернатива, односно при увозот на одредена стока од одредена земја може да се наплатува или едниот или другиот вид давачка.

ДРУГИ НЕЦАРИНСКИ ИНСТРУМЕНТИВо групата на нецарински инструменти се обработени инструменти за поттикнување на извозот, забрана за

увоз и извоз, квоти, дозволи, санитарни, ветеринарни и фитосанитарни мерки, стандарди за квалитет и царински и административни процедури.Инструменти за поттикнување на извозот

Инструментите за поттикнување на извозот се збир на мерки чија цел е одвишокот на домашно производство да го пренасочи кон извоз, односно дејствуваат во правец домашната стока да стане поконкурентна на странските пазари. Преку компензирањето на повисоките домашни трошоци за производство, овие мерки ги сведуваат повисоките цени на домашните стоки на ниво на светските цени, со што непосредно влијаат кон олеснување на пласманот на домашните стоки на странските пазари. Мерките за поттикнување на извозот, преку

15

Page 16: Царински систем и политика

намалување на цените на извозните производи на странските пазари, ја подобруваат конкурентската способност на домашните поризводители на странски пазари. Во оваа група инструменти особено значајни се премиите и преференциите.

Премиите претставуваат најшироко применуваат инструмент за стимулирање на извозот. Во зависност од тоа дали се утврдуваат врз основа на остварениот извоз или врз основа на обем на производство, премиите можат да бидат директни и индиректни.

Директни или отворени премии се паричен износ во домашна валута што од државниот буџет или од посебен фонд им се исплатува на извозниците на определени стоки, а износот се утврдува врз основа на однапред позната стапка и вредноста на остварениот извоз. Висината на стапката се утврдува врз основа на разликата меѓу домашната и цената на стоката на странските пазари, и на тој начин преку намалување на продажната цена на домашните стоки на странските пазари овие премии непосредно влијаат кон зголемување на конкурентската способност на домашните извозници на странските пазари.

Индиректни или прикриени премии се доделуваат во паричен износ во домашна валута од државниот буџет или посебен фонд, за оствареното производство или остварен квалитет во одредено производство. Затоа овие премии најчесто се нарекуваат производствени премии, премии за квалитет и друго. Значи во основа индиректните премии не се извозни премии, но бидејќи влијаат кон намалување на производната цена на одреден производ, посредно создаваат услови за поголема конкурентска моќ и поголем извоз.

Преференциите се инструменти на трговската политика што влијаат врз извозните цени и тоа преку компензирањето на повисоките производни трошоци или на дел од транспортните трошоци, како елементи на цените на стоките наменети за извоз. Основна разлика меѓу преференциите и премиите е во тоа што врз извозните цени, првите дејствуваат а приори преку намалување на трошоците – елементи на извозната цена, а вторите, пост ериори преку зголемувње на приходот од веќе остварениот извоз.

Забрана на увоз и извозЗабраната на увоз и извоз претставува најригорозен рестриктивен инструмент, којшто по своето економско

дејство се изедначува со прохибитивните царини. Со овој инструмент, трајно или приврмено, се забранува извозот или увозот на определени стоки. Иако може да биде мотивирана и од определени здравствени, морални, безбедносни или други причини, забраната на увоз и извоз често се воведува и од трговски причини.

Забраната на увозот или извозот, како инструмент на трговската политика претставува еден од најстарите инструменти, но во нивната улога во современи услови е значително стеснета. Всушност, нејзината примена се ограничува на сосема исклучителни случаи, и тоа особено:

Прво, при забележителнa платно-билансна нерамнотежа, се воведува забрана за увоз на одредени производи, па заштедените девизни средства, се употебуваат за позначајни надвоершно-трговски трансакции (на пример, забрана на увоз на небитни производи или на луксузна стока, заради увоз на стоки значајни за репродукција);

Второ, стимулирање на развојот на домашното произодство во модерните индустриски гранки;Трето, при општи пореметувања во земјата, на пример, за време на војна или мошне сериозни економски

нарушувања најчесто се воведуваат забрани на увоз или извоз на стратешки производи;Четврто, од еколошки причини е забранет увоз и провоз на отпадни, опасни, штетни и радиоактивни

отпадни материи, како и увоз на технологии, технолошки линии и лиценци кои во земјите извознички се забранети од еколошки причини и друго.

КвотиКвотите претставуваат одредена количина или вредност на поединечна стока, утврдена од страна на

државната власт, што може да извезе или увезе во одреден временски период. Увозот и извозот на стоки во рамки на стоковите квоти се врши согласно пропишаниот царински режим. Особено е значајно да се истакне дека ако дојде до целосно искористување на стоковите квоти пред истекот на рокот за кој се пропишани, до истекот на тој рок во земјата не се врши соодветна трансакција во надворешно трговскиот промет со тој вид на стока.

Квотите се класифицираат според насоката на движење на стоката и според начинот на нивно пропишување.Според насоката на движење на предметот на тргување, квотите можат да бидат увозни и извозни.

Увозните квоти претставуваат ограничување на увозот на одредена стока, во услови кога државната власт ја пропишува количината или вредноста на увоз на одредена стока, во одреден временски период.

16

Page 17: Царински систем и политика

Извозните квоти претставуваат ограничување на извозот на одредена стока, во услови кога државната власт ја пропишува количина или вредноста на извозот на одредена стока, во одреден временски период. Овој вид квоти се воведуваат во нестабилни политички и економски услови, заради оневозможување на извозот на храна и други производи неопходни за потребите на населението и заради обезбедување на доволен обем на суровини и репроматеријали за домашното произовдство.

Според начинот на пропишување, квотите се делат на автономни и конвенционални.Автономните, односно унилатерални квоти, ги пропишува државната власт врз основа на својот

суверенитет.Договорните, односно конвенционални квоти се воведуваат врз основа на потпишана ратификувана

спогодба помеѓу две или повеќе земји. Во основа тоа се стоковите листи за увоз и извоз, што земјите ги договараат при склучување на меѓусебните стокови спогодби.

Во рамките на конвенционалните квоти посебно внимание се посветува на инструментот “доброволно” ограничување на извозот (voluntary export restraint), односно едностраните извозни квоти воведени врз основа на договор. Економски развиените, па и политички моќните земји, трпејќи штета на своите национални пазари од изворот на одредена земја, договорно и наложуваат на земјата-партнер доброволно да го ограничи својот извоз кон неа.Според насоченоста на квотите разликуваме глобални или недикриминаторни и селективни и дискриминторни квоти.

Глобалните или недискриминаторните квоти се оние со кои што се ограничува вкупната трговија за одредена стока или услуга на една земја во светот. По искористувањето на лимитите утврдени со овој вид на квоти, независно со која земја е извршена размената, понатамошната трговија престанува.

Селективните или дискриминаторните квоти се оние со кои што се ограничува трговијата на одредена стока или услуга на една земја со друга земја. Всушност, овие квоти се составени од делови на билатералните спогодби, па по нивно искористување, престанува трговијата само помеѓу земјите – договорнички.

Во трговската политика на Република Македонија, од 1996 година наваму, не се применуваат стокови квоти под MFN статус. Сепак, во одредени случаи може да се воведе квантитативно или вредносно ограничување на прометот тнр. Заштитни мерки. Заштитните мерки за увоз се воведуваат во случаите кога се утврдува дека зголемениот увоз на определени стоки го нарушува платниот биланс, или нанесува штета, односно постои опасност од нанесување на штета на домашното произодство. Додека во случаите кога се утврдува дека зголемениот извоз на определени стоки да предизвика штета или постои опасност од настанување на штета на необновливи природни богатства во Република Македонија, тогаш се воведуваат заштитни мерки. Владата на Република Македонија врши распределба на пропишаното квантитативно или вредносно ограничување на стоките меѓу повеќе земји. Исто така, Владата ги пропишува критериумите, условите и роковите за распределба на стоките предмет на квантитативно или вредносно ограничување на извозот и увозот. Распределбата на стоките по корисници се врши со спроведување на постапка преку јавен повик.

Дозволи за увоз и извозДозволите претставуваат инструменти за директно регулирање на трговската размена. Со овие инструменти

не се врши ограничување на увозот или извозот, туку остварувањето на нивниот увоз или извоз е условено од добивање на дозвола од надлежниот државен орган. Надлежниот државен орган, согласно утврдените принципи и правила, одлучува дали одреден стопански субјект може да увезе или извезе одредена стока. Добиената дозвола значи овозможување на увоз или на извоз, додека неодобрената дозвола значи забрана за увоз или извоз на одредена стока за одреден надворешно-трговски субјект.

Инструментот дозволи се воведува за контрола и ограничување на надворешно- трговската размена на одредени видови стока и тоа:

- Стоки што се од витално значење за здравјето на луѓето, животните и растенијата (лекови, опојни дроги, отровни материи, семенски материјал и друго)

- Стоки врзани за безбедноста на земјата (оружје и муниција);- Стоки што претставуваат дел од кулурно истористкото богатство на земјата (предмети од културно

наследство (икони), уметнички предмети и друго);- Племенити метали и друго.Во теоријата и практиката, можат да се сретнат разни видови дозволи, класифицирани според следните

критериуми.

17

Page 18: Царински систем и политика

Според насоката на движење на стоките, дозволите можат да бидат увозни и извозни.Увозните дозволи се применуваат заради контрола и ограничување на увозот.Извозните дозволи се применуваат заради контрола и ограничување на извозот на стоки што се од посебно

значење за националната економија, на пример суровини, храна, стратешки материјали и друго.Според пропишаното време на примена на дозволите, разликуваме трајни и повремени дозволи.

Трајните дозволи се пропишуваат со цел подолготрајна примена на истите, и се однесуваат на стоки чиј увоз и извоз по одредени основи прикриено се забранува.

Повремените дозволи се воведуваат заради сузбивање на определени тековни негативни тенденции во трговската размена.Според насоченоста на дозволите кон различни земји, разликуваме:

1. Дозволи за контрола и ограничување на размената со една земја;2. Дозволи за контрола и ограничување на размената со група земји, и3. Дозволи за контрола и ограничување на размената со сите земји.Дозволите што се воведени со цел контрола и ограничување на една или група земји, имаат за цел

регионално насочување на трговската размена на земјата.Дозволите како инструмент за контрола и ограничување на прометот на одделни видови стоки се применува

и во трговската политика на Република Македонија, и тоа и под MFN статус и врз основа на преференцијален статус.Санитарни, ветеринарни и фитосанитарни мерки

Посебно внимание при меѓународниот промет на стоки се посветува на спроведување на мерките на здравствено санитарна, ветеринарна и фитопатолошка контрола на животни намирници и предмети за општа употеба, на животни и растенија, респективно.

Националните законодавства на скоро сите земји, со цел да обезбедат здравствено-санитарна заштита на своето население, пропшшуваат посебни закони и подзаконски акти со чии одредби се регулира прометот на животни намирници и предмети за општа употреба (со сите производи што се употребуваат како исхрана и пијалоци, вода, преработки на прехрамбена индустрија итн.)

При увоз на животни намирници и предмети за општа употреба, цариснкиот обврзник е должен кон царинските документи да приложи и потврда од надлежниот санитарен орган и пазаришен инспекторат дека стоките се здравствено исправни. Само во тој случај царинската служба ќе дозволи внес на тие стоки во земјата нивно пуштање во домашниот промет. Во спротивно ако надлежниот санитарен орган и пазаришен инспекторат утврдат дека стоките не се здравствно исправни, тогаш царинската служба на увозникот ќе му нареди стоките или да ги врати во странство или истите да се уништат под царински надзор.

Ветеринарната контрола, се врши при извоз, увоз и провоз на добиток, на добиточни производи, добиточни отпадоци, на семе за вештаќко оплодување, како и на други производи со кои можат да се пренесат заразни болети, или се претпоставува дека постои опасност тие да се појават или прошират. Овие видови производи можат да се оцаринат само ако царинскиот обврзник кон царинските документи приложи ветеринарно уверение за здравствена исправност. Дококу на надлежната царинарница и се пријави пратка на ваков вид стоки без ветеринарно уверение таа ќе нареди истите да се вратат во странство или да се уништат под царински надзор.

Царинската служба ќе одобри меѓународен промет со растенија ако за нив е издадено уверение за фитопатолошка исправност. Во спротивно таа може да побара растението да биде вратено во странство или да биде уништено под царински надзор.Стандарди за квалитет

Производите и услугите што се нудат на домашниот пазар, независно дали се од домашно потекло или се набавени од увоз треба да ги исполнуваат барањата на националните стандарди. Стандардите всушност, претставуваат национален акт со кој се регулираат техничко-технолошките барања, условите и правилата со кои се дефинираат производите и услугите; работните постапки и процесите на производство, изведувањето инвестициони работи, односно вршењето на услуги; постапките, начинот и методите за испитување на производите, односно на карактеристиките и квалитетот на стоките и услугите; еднообразните термини, дефиниции, симболи и друго.

Прописите за квалитет на производите и услугите, како еден сегмент од стандардите, ги определуваат нормите на квалитетот, постапките и методите за обезбедување, испитување и контрола на квалитетот, како и условите и барањата за постигнување и зачувување на пропишаното ниво на квалиетот на одделните производи и услуги. Во рамки на прописите за квалитет, се определува начинот на декларирање, означување на производите и услугите, како и условите и барањата во поглед на намената, трајноста, функционалноста и безбедноста при употреба на производите. Секој производ што се нуди на домашниот пазар траеба да биде амбалажиран на

18

Page 19: Царински систем и политика

соодветен начин и да има посебна декларација, во која ќе бидат внесени сите негови карактеристики, усогласени со барањата на стандардите.

Секоја земја може да пропише национални технички стандари, но истите несмеат да бидат пречка на развојот на меѓународната трговија.Царински и административни процедури

Во оваа група нецарински инструменти спаѓаат оние што ја отежнуваат царинската постапка поради прибирање и презентирање на разни документи. Овие постапки добиваат карактер на нецарински инструменти поради можноста за внесување на субјективни елементи при нивното спроведување на одредена зацртана политика од страна на државната власт. Во основа тоа се: прво, административни согласности, второ, молчење на администрацијата, трето бавна царинска процедура и друго.

Издавањето на дозволите, согласностите како и другите бројни документи во надворешно-трговскиот промет, би требало да се вршат по одреден автоматизам и во најкраток можен рок. Меѓутоа во случај кога административната процедура е комплицирана и бара долго време за да се добијат пропишаните документи, тоа неминовно се манифестира како дискриминаторана мерка.

Издавањето на административните документи од страна на државни и други институции се врши во пропишани рокови во кои треба да се заврши целокупната процедура. Секако дека за барателот на документот не е сеедно дали одредена согласност, уверение, потврда и сл. Што ги издаваат надлежните органи, ќе бидат издадени веднаш или за неколку дена, или пак ќе се чека последниот ден од утврдениот рок. Исто така, и самата процедура за издавање на документите може да биде едноставна или компликувана, што непосредно се одразува врз тековите на увозот.

Во вакви случаи надлежните органи можат да го применат тнр. Инструмент молчење на администрацијата. Тоа се случаите кога се одложува издавањето на документите, се со цел да се заштити домашното стопанство преку одвраќање на субјектите од обавување надворешно-трговски работи. Ваквата евентуална практика може да има особено сериозни последици врз обемот и динамиката на увозот, а со тоа и врз финансиките ефекти на трговските зделки кога се работи за стоки од сезонски карактер, за лесно расипливите стоки или за стоки што точно во одредено време треба да се појават на домашниот пазар, заради што нивниот увоз во некој друг период станува бессмислен.

Посебен вид на нецаринска заштита е и бавната царинска процедура, како смислена политика за заштита на домашното стопанство преку забавување на царинските формалности заради одвраќање на странските извозници од пласман на своите производи на пазарот на земјата. За смислено искористување на царинската процедура со цел да се забавува меѓународниот промет станува збор ако царинските органи влегуваат во сите детали и вршат систематски преглед на стоките, без да изразуваат минимална доверба кон изјавите на патниците, или кон податоци внесени во соодветна царинска декларација и оние што се содржани во придуржните документи; ако царинскиот преглед намерно се врши бавно; ако на граничниот царински премин се врши ригорозна контрола и на стоките што инаку се упатуваат за царинење во некоја внатрешна царинарница итн. Исто така, царинската процедура може силно да влијае и со детално проверување на стоките, нивната соодветност од аспект на примената на различни прописи за техничките норми, за нормите за квалитетот, стандардите и сл. Уште на самиот граничен премин или во внатрешните царинарници.

Посебно треба да се подвлече борбата против користењето на царинската процедура во функција на ограничување на увозот тешко може да биде ефикасна во рамките на меѓународните институции што се грижат за унапредување и за либерализација на меѓународната трговска размена, бидејќи сите аргументи колку и да се издржани, можат да се негираат од страна на земјите што ги применуваат споменатите практики.

19